Page 1

univerzitetski vesnik

Ун и в е р з и т е т „ С в . К и р и л и М е т о д и ј “ в о С к о п ј е Издание на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје

Број 122, септември 2011

ФАКУЛ ТЕТ ЗА И Н ФОРМ АТИ Ч КИ Н АУКИ И КОМ П Ј УТЕРСКО И Н ЖЕН ЕРСТВО


Н а фа к ул т е т ит е на У К И М

OДРЖАНИ ПРВИТЕ АКАДЕМСКИ ЧАСОВИ НА ГЕНЕРАЦИЈАТА СТУДЕНТИ 2011/2012 У н У ни ив ве ер рз зи ит те ет то от т„ „С Св в.. К Ки ир ри ил ли иМ Ме ет то од ди иј ј“ “ в во оС Ск ко оп пј је е,, н не ег гу ув ва ај јќ ќи иј ја ат тр ра ад ди иц ци иј ја ат та а о ор рг га ан ни из зи ир ра ан но ои ис св ве еч че ен но од да аг ги ип пр ре еч че ек ку ув ва а н но ов ви ит те еа ак ка ад де ем мс ск ки иг гр ра аѓ ѓа ан ни и,, о ов ва аа аг го од ди ин на а н на а1 15 5с се еп пт те ем мв вр ри иш ши ир ро ок ко ог ги ио от тв во ор ри и в вр ра ат ти ит те ен на аа ам мф фи ит те еа ат тр ри ит те ен на а ф фа ак ку ул лт те ет ти ит те ен на аУ УК КИ ИМ Ми иг ги ио од др рж жа а п пр рв ви ит те еа ак ка ад де ем мс ск ки ич ча ас со ов ви ис со он но ов во оз за ап пи иш 1 ша ан на ат та аг ге ен не ер ра ац ци иј ја ас ст ту уд де ен нт ти и2 20 01 10 0/ / 11 1 г го од ди ин на а..

Т о Т оп пл ло од до об бр ре ед до ој јд де ен на ап по од дм мл ла ад до ок ко от тн на а У УК КИ ИМ Мм му уп по ос са ак ка аа ад де ек ка ан ни ит те ен на а ф фа ак ку ул лт те ет ти ит те е,, к ко ои ив во ос св во ои ит те е о об бр ра аќ ќа ањ ња а,, п по оз зд др ра ав ву ув ва ај јќ ќи иг ги ин но ов ви ит те е ч чл ле ен но ов ви ин на аа ак ка ад де ем мс ск ка ат та аз за ае ед дн ни иц ца ан на а У н УК КИ ИМ М,, г го оп пр ре ет тс ст та ав ви иј ја аУ У ни ив ве ер рз зи ит те ет то от т,, к ка ак ко ои ис са ам ми ит те еф фа ак ку ул лт те ет ти и.. Д Де ек ка ан ни ит те е,, и ис ст то от та ак ка а,, г го ов во ор ре еа аи из за а и ис ст то ор ри ис ск ки ио от тр ра аз зв во ој ј,, м ми ис си иј ја ат та аи и о оп пр ре ед де ел лб би ит те ез за ан на ат та ам мо ош ше ен нп пр ро ог гр ре ес св во о н на ас со ок ка ан на ау ус со ов вр рш шу ув ва ањ ње ен на а а ак ка ад де ем мс ск ка ат та ап по он ну уд да а,, к ка ак ко ои и н не ег гу ув ва ањ ње ет то ои ии ин нт те ер рн на ац ци ио он на ал ли из за ац ци иј ја ат та ан на ат тр ра ад ди иц ци ио он на ал лн ни ит те ео об бе ел ле еж жј ја аи и в вр ре ед дн но ос ст ти и..

В Во од ду ух хо от тн на ат тр ра ад ди иц ци иј ја ат та а,, б бр ру уц цо ош ши ит те е н на аУ УК КИ ИМ Мн на ао ов во ој јд де ен нг ги ид до об би иј ја аи ис св во ои ит те е и ин нд де ек кс си и..

Р Ре ек кт то ор ро от тп пр ро оф ф.. д д-р рВ Ве ел ли им ми ир рС Ст то ој јк ко ов вс ск ки и,, з за ае ед дн но ос со оп пр ро ор ре ек кт то ор ри ит те еп пр ро оф ф.. д д-р рЕ Ел ле ен на аД Ду ум мо ов ва а-Ј Јо ов ва ан но ос ск ка а,, п пр ро оф ф.. д д-р рК Ко ол ле еВ Ва ас си ил ле ев вс ск ки и,, п пр ро оф ф.. д д-р рМ Мо ом ме е С Сп па ас со ов вс ск ки ии ип пр ро оф ф.. д д-р рП Пе ец це еН Не ед да ан но ов вс ск ки и,, п пр ри ис су ус ст тв ву ув ва аш ше ен на ап пр рв ви ит те еа ак ка ад де ем мс ск ки и ч ча ас со ов ви ин на аШ Шу ум ма ар рс ск ки ио от ти иМ Ма аш ши ин нс ск ки ио от т ф фа ак ку ул лт те ет т,, к ка ак ко ои ин на аФ Фа ак ку ул лт те ет то от тз за а в ве ет те ер ри ин на ар рн на ам ме ед ди иц ци ин на аи ин на а Ф Фа ак ку ул лт те ет то от тз за ад ди из за ај јн ни ит те ех хн но ол ло ог ги ии ин на а м о ме еб бе ел ли ие ен нт те ер ри ие ер р.. Т Т ој ј,, в во ос св во ој ја ат та ар ре еч чд до о с ст ту уд де ен нт ти ит те е,, и им мј ја ау уп па ат ти ис сл ле ед дн на ав ва а п по ор ра ак ка а:: „ „...... з за ад да аб би ид де ет те ед до об бр ри и с ст ту уд де ен нт ти ии иу ус сп пе еш шн ни ив во ос ст тр ру ук ка ат та а,, с со ор ра аб бо от ту ув ва ај јт те ес со ов ва аш ши ит те еп пр ро оф фе ес со ор ри ии и а ас си ис ст те ен нт ти ии ип по ос св ве ет те ет те еи им мс се е м ма ак кс си им ма ал лн но он на ас ст ту уд ди ии ит те е,, р ра аб бо от те ет те е м мн но ог гу у,, п по оч чи ит ту ув ва ај јт те ег ги ик ко од де ек кс си ит те ен на а м мо ор ра ал лн но от то ои ие ет ти ич чк ко от то оо од дн не ес су ув ва ањ ње е.. С Са ам мо от та ак ка аќ ќе еј ја ао ос ст тв ва ар ри ит те ев ва аш ша ат та а ц це ел ли иќ ќе еб би ид де ет те ек ко ор ри ис сн ни из за ас се еб бе е,, з за а в ва аш ши ит те ес се ем ме еј јс ст тв ва аи из за ан на аш ша ат та а т та ат тк ко ов ви ин на аМ Ма ак ке ед до он ни иј ја а“ “..

универзитетски весник

Главен и одговорен уредник Проф. д-р Велим ир Стојковски

Заменик главен и одговорен уредник М-р Илија Пиперкоски

Постојани соработници К Ко ос ст та ад ди ин на а М Мо ок кр ро ов ва а Б Би иљ ља ан на а Ф Фо от ти ин но ов вс ск ка а М М-р р М Ма ар ри иј ја а Ц Це ен не ев вс ск ка а Т То ом ми ис сл ла ав в Б Ба аш ше ев вс ск ки и

Лектор

В Ве ес сн на а И И. . Ц Цв ве ет та ан но ов вс ск ка а

Техничко уредување

Г Го ор ра ан н М Му ур ра ат то ов вс ск ки и

Универзитетски весник бр. 1 09


Од ржа н п р в и от св е ч е н ч а с н а Ф И Н КИ

П

о повод новата академска 2011/12 година, на 16 септември о.г. се одржа првиот свечен час на Факултетот за информатички науки и компју­ терско инженерство (ФИНКИ) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Новиот факултет ­ ФИНКИ е формиран со спојување на двата најголеми института кои ги негуваат овие научни области, Институтот за компјутерски науки и информатика при Факултетот за електротехника и информациски технологии и Институтот за информатика при Природно­ математичкиот факултет. Универзалната сала во Скопје беше домаќин на овој настан од едноставна причина што на техничко­ технолошкиот кампус не постои доволно голем

Универзитетски весник бр. 1 22

ЗНАЧИТЕЛЕН ИНТЕРЕС ЗА СТУДИРАЊЕ НА НОВОФОРМИРАНИОТ ФАКУЛТЕТ ЗА ИНФОРМАТИЧКИ НАУКИ И КОМПЈУТЕРСКО ИНЖЕНЕРСТВО амфитеатар кој можеше да ги собере сите запишани студенти на студиските програми на Факултетот (650), како и бројните гости од индустријата кои покажаа интерес да присуствуваат на оваа свеченост. Пред големиот аудиториум ­ студенти, професори, претставници на факултетите и институтите на Универзитетот, гости од јавните институции,

индустријата и други гости, поздравни обраќања имаа деканот на ФИНКИ, проф. д­р Димитар Трајанов, ректорот на УКИМ, проф. д­р Велимир Стојковски и претседателот на Владата на Р. Македонија, м­р Никола Груевски. Деканот на ФИНКИ, проф. д­р Димитар Трајанов, истакна дека со првиот упис на студенти, овој Факултет израсна во еден од најголемите технички факултети во Република Македонија и пошироко, а со тоа ја презема и одговорноста за понатамошниот развој на информатиката во државата. ФИНКИ е факултет кој

успеа да го редефинира односот кон студентите за само неколку месеци од своето постоење, нудејќи им на студентите најсовремени комуникациски канали и сервиси што овозможуваат тие да бидат партнери во развојот на Факултетот, кој има за цел да едуцира креативни студенти кои се способни за иновации и претприемаштво. Ректорот на Универзитетот, проф. д­р Велимир Стојковски, им посака срдечно добредојде и успешни студии на сите студенти и нагласи дека во денешниот миг на забрзан техничко­технолошки развој, овој Факултет претставува водечка научна и образовна институција во Република Македонија.

3


Премиерот Никола Груевски го прогласи Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје за отворен. Во своето обраќање, тој истакна дека со најсовремените студиски програми, студентите на ФИНКИ ќе бидат иднината на Република Македонија. По поздравните говори и свеченото отворање беше одржан и првиот час. Часот го држеа четири предавачи од различни сфери, секој од нив со различни

погледи за она што значи терминот компјутерски науки и инженерство, и тоа: м­р Иво Ивановски, министер за информатичко општество и јавна администрација при Владата на Република Македонија, г. Илејанчо Гаговски, извршен директор на Мајкрософт Македонија, проф. Visarath In, од SPAWAR Systems и државниот Универзитет на Калифорнија во Сан Диего, како и проф. Julien Bourgeois од Универзитетот Franche­Comté, Франција. Студентите на ФИНКИ имаа можност да слушнат кои се очекувањата што тие треба да ги исполнат како идни инженери во областа на информатиката и комуникациските технологии од перспектива на државните институции, индустријата, како во локални така и во глобални рамки, но и научните лаборатории и институции во светот. Организирањето на првиот час на овој начин беше уште еден доказ

за блиската соработка на ФИНКИ со државните институции, индустријата и универзитетите во Европа и САД.

П р в а ка де м ски ч а с н а Ф а кул те тот з а д и з а ј н и те хн о л о ги и н а м е б е л и е н те р и е р

Ф

акултетот за дизајн и техно­ логии на мебел и ентериер успешно го спроведе Конкурсот за запишување на студенти во прв циклус студии и Конкурсот за запишување на студенти во прв циклус студии во рамките на „Проект 45“. Првиот академски час се одржа во амфитеатарот бр. 40 на Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје, во присуство на ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, проф. д­р Велимир Стојковски, проректорите проф. д­р Елена Думова­Јованоска, проректор за

4

настава, проф. д­р Моме Спасовски, проректор за меѓународна соработ­ ка и проф. д­р Коле Василевски, проректор за наука, како и во присуство на државниот секретар во Министерството за образование и наука на Република Македонија, г­ѓа Елизабета Тодоровска. По интонирањето на химната на Република Македонија, студентската химна Gaudeamus igitur и химната на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, деканот на Факултетот, проф. д­р Борче Илиев, изнесе поздравен говор, ги поздрави студентите, при

што потенцираше дека присутните студенти се прва генерација на студенти во прв циклус студии на новоформираниот факултет. Исто така, ректорот на Универзитетот, проф. д­р Велимир Стојковски, ги поздрави студентите и им посака успешни студентски денови и многу успех во студирањето. На првиот академски час, деканот на Факултетот свечено им подели десет индекси на најдобрите студенти запишани во прв циклус на студии кои ги стипендира Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Универзитетски весник бр. 1 22


Н АГ Р АД И „ 2 6 Ј УЛ И - Ф Р АН К М АН И Н Г ”

Наградите „26 јули ­ Франк Манинг“, по желба на донаторот Франк Харкорд Манинг – почесен граѓанин на градот Скопје и основач на наградниот фонд ­ им се доделуваат секоја година на најдобрите студенти во завршна година на студии од областа на архитектурата, општествените науки и уметностите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Чинот на врачувањето и доделувањето на оваа награда е симболично поврзан со историјата на градот Скопје ­ со трагичниот катастрофален земјотрес од 26 јули 1963 година, кога филантропот Манинг одлучи секоја година да доделува награди за најдобрите студенти на Универзитетот, на тој начин изразувајќи ја својата љубов и приврзаност кон градот Скопје. Во согласност со Одлуката за доделување на награди и предлозите на факултетите од областа на архитектурата, општествените науки и уметностите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, на најдобрите кандидати во завршна година на студии во учебната 2010/2011 година, на 16 септември 2011 година, триесет и вторите награди „26 јули ­ Франк Манинг“ им беа доделени на следниве студенти: Универзитетски весник бр. 1 22

Филолошки факултет „Блаже Конески“ • Виктор Јованоски (10,00)

Филозофски факултет

• Ана Дишлиеска­Митова (9,93)

Економски факултет

• Горан Ивановски (9,93)

Правен факултет „Јустинијан Први“ • Катерина Митевска (9,88)

Факултет за ликовни ументости

• Дарко Алексовски (9,88)

Архитектонски факултет

• Христина Стојчевска (9,23) 5


На УКИМ

ОДРЖАН НАУЧЕН СО Б И Р

В

о рамките на Програмата за прослава на дваесетгодиш­ нината од независноста на Репуб­ лика Македонија, на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на 21 септември 2011 г. беше органи­ зиран научен собир на тема „Уло­ гата и посветеноста на академската заедница во остварувањето на са­ мостојноста и развојот на Репуб­ лика Македонија“. На собирот, говорејќи за при­ донесот на академската заедница во осамостојувањето и развојот на Ре­ публика Македонија, беше заклу­ чено дека македонската интели­ генција и универзитетскиот кадар, со своето стручно знаење и потен­ цијал, се браникот и носечкиот столб во историскиот од на др­ жавната независност. Собирот го отвори ректорот проф. д­р Велимир Стојковски, кој

истакна дека професорите од УКИМ, како прв и најстар универ­ зитет во земјава, се заслужни за формирањето на државните капа­ цитети, за законодавната, изврш­ ната и судската власт, зашто учес­ твувале во креирањето на сите стратегии, закони и акти од раз­ лични општествени области, од Уставот во 1991, монетарното оса­ мостојување до ден­денешен. Професорот на Економскиот факултет, академик Таки Фити, рече дека УКИМ дал двајца од шестемина досегашни премиери на независна Македонија ­ Никола Кљусев и Владо Бучковски, 66 професори биле членови во владите во изминатите 20 години и голем број советници во Владата и во Народната банка на РМ. Најзначаен придонес од Еко­ номскиот факултет бил монетар­ ното осамостојување на Македонија во 1992 кое, како што рече, е мани­ фестација на вистинска државност. Тим професори успеале да го во­ ведат денарот во исклучително тешки услови на инфлација, недо­ стиг од девизни резерви и компро­ митираност на динарот. Академик Фити посочи дека кадарот од Еко­ номскиот факултет е заслужен и за други клучни сегменти во економ­ ската политика ­ развивањето на антиинфлациската програма, на­ ционалната стратегија за развој, солидниот даночен систем според европски модел, идејата за рамен данок. Професорот од Правниот фа­ култет, академик Владо Камбовски, во своето излагање истакна: „Про­ гресивните идеи на интелектуал­ ците биле движечка сила за проме­ ни, како што Волтер и другите француски мислители ја навестиле Француската револуција или маке­ донските преродбеници од 19 век

ја приближиле македонската самосвест за револуционерна акци­ ја“. Академикот Камбовски посочи дека кадарот од Правниот факултет во изминатите две децении е ак­ тивно вклучен во подготовката на Уставот како највисок правен акт, но и на целокупната легислатива без која државата не може да функ­ ционира. „Универзитетот е фабрика на знаење, клучен фактор за развој и за зачувување на културните и оп­ штествените вредности“ ­ рече Камбовски, според кого академска­ та заедница сега е исправена пред исклучително важна задача ­ да го развива високото образование и науката од кои зависи одржливиот развој. За улогата на историчарите говореше доц. д­р Никола Жежов, продекан на Филозофскиот факул­ тет, кој истакна дека интелектуал­ ците низ историјата секогаш биле гласот на идејата за самобит­ ност. Тој рече дека академската заедница била на тест во 1991 го­ дина, зашто дел од неа се сомневал во таа идеја и во можноста Маке­ донија да го оствари вековниот идеал. Жежов ја нагласи и актуелната улога на историчарите во решава­ њето на спорот за името наметнат од Грција зашто, како што рече, ги раскопале одамна заборавените факти за патот кон независноста и помогнале на виделина да излезат многу настани и личности од историјата. Проф. Жежов истакна дека сега македонските историчари се најповикани да ја одбранат државата од полувистини и повика власта да смета на нивната стручна помош.

1 53. седница на Ректорската управа

П Р ОД ОЛ Ж Е Н И Р О КО В И Т Е З А Р Е А Л И З А Ц И ЈА Н А КО Н К У Р С О Т З А З А П И Ш У В А Њ Е Н А В Т О Р Ц И К Л УС С Т УД И И

Ректорската управа на Универ­ зитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на 22 септември 2011 годи­ на, ја одржа 153. седница, на која разгледа повеќе прашања од својот делокруг на одлучување. Притоа, усвои позитивно мислење по след­ ниве предлог­проекти, и тоа: за во­ ведување студиска програма за професионални студии за програ­ мер на Институтот за математика

6

на Природно­математичкиот фа­ култет; за воведување студиска програма од втор циклус по упра­ вување со системи за безбедност и здравје при работа на Машинскиот факултет; за измени и допол­ нувања на студиската програма од втор циклус по менаџмент на чо­ вечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко­правни истражувања; за измени и допол­

нувања на студиската програма од втор циклус по социолошки науки ­ менаџмент на општествени проме­ ни на Институтот за социолошки и политичко­правни истражувања; за измени и дополнувања на студис­ ката програма од втор циклус по комуникации на Институтот за социолошки и политичко­правни истражувања; за измени и допол­ нувања на студиската програма од Универзитетски весник бр. 1 22


втор циклус по политички науки на Институтот за социолошки и политичко­правни истражувања; за воведување студиска програма од втор циклус по комуникации, нови медиуми и социјални мрежи, на Институтот за социолошки и политичко­правни истражувања; за воведување студиска програма од трет циклус ­ докторски студии по економски науки (предлагачи и организатори: Економски факултет и Економски институт) и за воведување студиска про­ грама од трет циклус ­ докторски студии по органи­ зациски науки и управување (менаџмент) (предлагачи и организатори: Економски факултет и Економски институт). Ректорската управа го прифати предлогот за до­ полнување на Конкурсот за запишување студенти на трет циклус ­ докторски студии на студиските програ­ ми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во учебната 2011/2012 година, со следниве студиски програми: македонистика (предлагачи и организато­ ри: Филолошки факултет „Блаже Конески“, Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“ и Институт за македонска литература), наука за книжевност (пред­ лагач и организатор: Филолошки факултет „Блаже Конески“) и културологија (предлагачи и организато­ ри: Филолошки факултет „Блаже Конески“, Филозоф­ ски факултет и Институт за македонска литература). Ректорската управа донесе одлуки за давање одо­ брение за изведување високообразовна дејност од страна на визитинг­професори на Медицинскиот и на Природно­математичкиот факултет во Скопје, одлуки за давање согласност на лица избрани во наставно­ научни звања на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ за вршење високообразовна дејност на други јавни универзитети, и тоа за: Факултетот за земјоделски науки и храна, Факултетот за физичка култура, Еко­ номскиот институт и за Фармацевтскиот факултет, како и одлуки за давање одобрение за изведување настава од страна на стручњаци од практиката, и тоа за: Медицинскиот факултет, Факултетот за драмски уметности, Филозофскиот факултет, Факултетот за електротехника и информациски технологии, Фило­ лошкиот факултет „Блаже Конески“ и за Правниот факултет „Јустинијан Први“. Ректорската управа донесе одлуки за усогласување на основачкиот акт на Фондацијата „Константин Сто­ јанов“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје со новиот Закон за здруженија и фондации, за изменување и дополнување на Правилникот за орга­ низација и систематизација на работните места во Централната стручна и административна служба – Ректорат на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, а го усвои и Извештајот за работата на Меѓуна­ родниот семинар за македонски јазик, литература и култура во 2010/2011 година и донесе Одлука за избор на лектор по македонски јазик на Универзитетот во Прага, Република Чешка, за учебните 2011/2012 и 2012/2013 година. Ректорската управа донесе одлуки за објавување Дополнителен конкурс за запишување студенти на прв циклус студии во рамките на реализацијата на „Про­ ектот 45“ во учебната 2011/2012 година, за продол­ жување на роковите за реализација на Конкурсот за запишување студенти на втор циклус студии на сту­ диските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во учебната 2011/2012 година и за потврдување на изборот на раководители на студис­ ките програми за трет циклус ­ докторски студии. Универзитетски весник бр. 1 22

36. седница на Универзитетскиот сенат

П О Т В РД Е Н И З Б О Р О Т Н А Д- Р ДИ М И ТАР ТРАЈАН О В ЗА ДЕ К АН Н А ФИ Н КИ

Универзитетскиот сенат на Универзитетот „Св. Ки­ рил и Методиј“ во Скопје, на 29.9.2011 година ја одржа 36. седница, на која разгледа повеќе прашања од де­ локругот на своите надлежности. Универзитетскиот сенат донесе одлуки за верифи­ кација на мандатот за член на Универзитетскиот сенат на: проф. д­р Лилјана Мирческа, од Природно­мате­ матичкиот факултет во Скопје, проф. м­р Владо Цве­ тановски, од Факултетот за драмски уметности во Скопје, акад. Љупчо Коцарев и на проф. д­р Марјан Гушев, од Факултетот за информатички науки и комп­ јутерско инженерство во Скопје, и на: Дорина Ѓорчева, Трајче Митрев, Исмаил Бафтијари, Владимир Нело­ ски, Дејан Грамбазов, Бојана Арсовска, Ивица Петров­ ски, Благоја Неделковски, Игор Николовски и Рената Петровска, од Студентскиот парламент. Универзитетскиот сенат ги усвои проектите за во­ ведување студиска програма за професионални сту­ дии за програмер, на Институтот за математика на Природно­математичкиот факултет, за воведување студиска програма од втор циклус по управување со системи за безбедност и здравје при работа на Ма­ шинскиот факултет, за измени и дополнувања на сту­ диската програма од втор циклус по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и по­ литичко­правни истражувања, за измени и дополну­ вања на студиската програма од втор циклус по социолошки науки ­ менаџмент на општествени промени на Институтот за социолошки и политичко­ правни истражувања, за измени и дополнувања на студиската програма од втор циклус по комуникации на Институтот за социолошки и политичко­правни истражувања, за измени и дополнувања на студиската програма од втор циклус по политички науки на Институтот за социолошки и политичко­правни истражувања, за воведување студиска програма од втор циклус по комуникации, нови медиуми и соци­ јални мрежи, на Институтот за социолошки и поли­ тичко­правни истражувања, за воведување студиска програма од трет циклус­докторски студии по еко­ номски науки (предлагачи и организатори: Економски факултет и Економски институт) и за воведување студиска програма од трет циклус­докторски студии по организациски науки и управување (менаџмент) (предлагачи и организатори: Економски факултет и Економски институт). Универзитетскиот сенат донесе Одлука за допол­ нување на Конкурсот за запишување студенти на трет циклус ­ докторски студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во учебната 2011/2012 година, за дополнително акреди­ тирани студиски програми. Универзитетскиот сенат донесе Одлука за потврду­ вање на изборот на д­р Димитар Трајанов, вонреден професор, за декан на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство во Скопје. Истовремено, Универзитетскиот сенат даде соглас­ ност на Правилникот за измени и дополнувања на

7


Правилникот за внатрешните односи и работењето на Градежниот факултет, на Правилникот за измени и дополнувања на Правилникот за внатрешната органи­ зација и работа на Шумарскиот факултет и на Статутот на Установата за координација и поддршка на актив­ ности на Мрежата на правни факултети на Југоисточ­ на Европа „Центар на мрежата на правни факултети на Југоисточна Европа“ во Скопје. Универзитетскиот сенат донесе одлуки за избор во звањето редовен професор на: д­р Ванчо Узунов, вон­ реден професор на Правенот факултет „Јустинијан Први“, д­р Слободан Богоевски, вонреден професор на Технолошко­металуршкиот факултет, д­р Розалина Попова Коскарова, вонреден професор на Педа­ гошкиот факултет „Св. Климент Охридски“, д­р Ненад Георгиев, вонреден професор на Факултетот за земјо­ делски науки и храна, д­р Зоран Димов, вонреден професор на Факултетот за земјоделски науки и храна, д­р Среќко Ѓорѓиевски, вонреден професор на

Факултетот за земјоделски науки и храна, д­р Биљана Петановска Илиевска, вонреден професор на Факул­ тетот за земјоделски науки и храна и на д­р Марјан Кипријановски, вонреден професор на Факултетот за земјоделски науки и храна. Универзитетскиот сенат донесе одлуки за користе­ ње на средства наменети за капитални трошоци на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и за други дополнителни активности на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Универзитетскиот сенат донесе заклучок, средствата од интегративните функции што УКИМ ги префрла на факултетите за реализација на научноистражувачки дејности, капитални инвестиции и по други основи согласно со Програмата, не влегуваат во основицата за пресметување на 5% што факултетите ги одвојуваат за интегративните функции на Универзитетот.

1 5. седница на Ректорската конференција на јавните универзитети

О С Л О Б ОД У В А Њ Е Н А С Р Е Д С Т В АТА З А М Е Ѓ У Н А Р ОД Н И П Р О Е КТ И

Ректорската конференција на јавните универзите­ ти во Република Македонија, на 13.9.2011 година, ја одржа 15. седница, на која присуствуваше и м­р Панче Кралев, министер за образование и наука во Владата на Република Македонија, при што беа разгледани повеќе актуелни прашања од делокругот на нејзините надлежности. Ректорската конференција на јавните универзитети во Република Македонија, по опстојната дискусија по нацрт­верзијата на Националната стратегија за науч­ ноистражувачката и развојната дејност во Република Македонија (2011­2020), ги донесе следниве заклу­ чоци: универзитетите во Република Македонија ја поддржуваат потребата од донесување на Национална стратегија за научноистражувачката и развојната деј­ ност во Република Македонија за периодот од 2011 до 2020 година; универзитетите констатираа дека сред­ ствата што се издвојуваат за финансирање на научно­ истражувачката дејност во Република Македонија се недоволни и поради тоа предлагаат процентот на средствата за финансирање на оваа дејност постепено да се зголемуваат, со што ќе се создадат предуслови за нормално извршување и развој на научноистражувач­ ката дејност; универзитетите искажуваат подготвеност активно да се вклучат со сите расположливи ресурси во конципирањето и реализацијата на конечната вер­ зија на текстот на Националната стратегија за научно­ истражувачката и развојната дејност во Република Ма­ кедонија, да остваруваат соработка со Комитетот за научноистражувачка дејност и другите соодветни ор­ гани и тела при Министерството за образование и наука. Ректорската конференција на јавните универзитети во РМ расправаше за одредени проблеми од доменот на финансиската автономија на универзитетите кои произлегуваат од функционирањето на сметката 788 ­ сметка на самофинансирачки активности; реали­ зацијата на средствата од сметката 785 ­ средствата од меѓународните проекти обезбедени од странските до­ натори и за проблемите кои произлегуваат од обврс­ ката на универзитетите да плаќаат персонален данок

8

на доход на надоместоците за патни, дневни и други трошоци за лицата ангажирани во меѓународните проекти. 1. Универзитетите ги евидентираат сопствените приходи на сметката 788 ­ сметка на самофинан­ сирачки активности, која функционира според претходно изготвени планови на предлог на единиците на универзитетите и самите универзитети, усвоени од органите на универзитетите, а во согласност со динамиката на приливот на средства. Универзитетите, по правило, во месец август во тековната година изработуваат проекции за тро­ шење на средствата од сметките на сопствени приходи за наредната година. Утврдените проекции консолидирано се доста­ вуваат до Министерството за образование и наука, кои потоа Министерството ги доставува до Мини­ стерството за финансии, и тие треба да претста­ вуваат дел од Буџетот на РМ, меѓутоа овие проек­ ции во Буџетот на РМ по правило се вградени со помали износи или воопшто не се земени пред­ вид. Во меѓувреме, на универзитетите настануваат одредени промени, како во поглед на потребите кои треба да се искажани во проекциите, така и во поглед на планираните приходи. Тоа упатува на потребата од измени во плановите кои, на предлог на универзитетите, треба да ги вршат соодветните министерства. Ваквиот начин на функционирање на сопствените сметки го отежнува финансиското работење и ис­ полнувањето на обврските на универзитетите спрема партнерите­коминтентите. 2. Универзитетите спроведуваат соодветна постапка и во поглед на меѓународните и други пректи за кои средствата ги обезбедуваат меѓународни и други партнери. Меѓусебните обврски на универ­ зитетите и другите субјекти се регулирани со про­ ектните договори. Ваквата постапка создава голе­ ми проблеми кои негативно се одразуваат не само во поглед на преземените обврски, туку и врз Универзитетски весник бр. 1 22


странските партнери кои искажуваат забелешки и недоверби. 3. Според постојната регулатива, при исплата на надоместоци за патни, дневни и други трошоци за лицата ангажирани во проектот, а кои се во редовен работен однос на универзитетите, универзитетите имаат обврска да пресметуваат и да плаќаат персонален данок на доход. Ваквото мислење произлегува од ставот дека проектот е посебен субјект со сопствен единствен даночен број во кој нема вработени лица и сметка преку која се вршат сите трансакции околу неговото функционирање, при што не се има предвид фактот дека овој вид сметки функционираат во рамките на универзитетот и преку нив се обезбедува легитимитетот на проектите кои се од времен каракатер, така што ваквиот начин го отежнува функционирањето и реализацијата на задачите и обврските кои произлегуваат од договорите потпишани со донаторите. Поаѓајќи од горенаведените состојби, Ректорската конференција одлучи да предложи до Владата на РМ и до Министерството за образование и наука, во рам­ ките на нивните надлежности да утврдат мерки за над­ минување и поефикасно функционирање на овој сег­ мент од дејноста на универзитетите, и тоа: 1. Да се поедностави постапката во поглед на улогата на проекциите, односно финансиските планови, да не се вршат измени во утврдените финансиски планови на ниво на универзитети и тие да бидат планирани во буџетот според искажаните потреби во проекциите. 2. Министерствата да овозможат ­ да покажат поголема флексибилност во поглед на проширувањето на плановите и да не го врзуваат проширувањето на плановите со реализацијата, бидејќи плановите се побарани за соодветните сметки (788 и 785) согласно со средствата со кои располагаат и средствата се трошат со одредена динамика, не веднаш како што впрочем се бара од министерствата. Флексибилноста е особено потребна во четвртиот квартал од годината. 3. При анализа за проширување на плановите на сметките на проектите треба да се имаат предвид средствата на денарските сметки и средствата на девизните сметки депонирани во НБРМ за соод­ ветните проекти. Да се даде можност девизните средства, по укажана потреба, да се повлекуваат од девизната сметка, да се трансферираат на де­ нарската сметка и се трошат согласно со буџетот на проектот. 4. При обезбедување согласност за проширување на плановите, да се гледа реализацијата на пла­ новите на ниво на корисник­единка (универ­ зитет), односно потпрограма (41, 42, 43, 44, 46 во зависност за кој универзитет станува збор), а не на ниво на програма (4) високо образование. 5. Да се утврди регулативата со која ќе се обезбеди пренамената на плановите на сметките 788 и 785 без процентуално ограничување (сега е можна пренамена во висина од 20%). 6. Да се утврди регулативата со која ќе се обезбеди ослободување од плаќањето на персонален данок при реализацијата на службените патувања, од­ носно при исплата на патни, дневни и други трошоци за лицата што патуваат во земјата и во странство ангажирани во проектот, а вработени на универзитетот и единиците на универзитетот. Универзитетски весник бр. 1 22

Поради тоа, Ректорската конференција на јавните универзитети во РМ упати барање до Владата на РМ и Министерството за образование и наука, да помогнат во надминувањето на горенаведените проблеми. Исто така, беа разгледани и прашањата во врска со непополнувањето на работните места на наставно­ научниот кадар кои по основ на пензионирање или на друг начин се ослободуваат, со статусот и со третманот на соработниците (помлади асистенти и асистенти), со педагошката оспособеност на кадрите кои се подготву­ ваат за изведување на наставно­образовна дејност, како и за прашањата во поглед на одговорностите на учесниците во наставно­образовниот процес. Истовре­ мено беа актуализирани отворените прашања во врска со примената на актите на Министерството за образо­ вание и наука за формата и содржината на дипломите, во делот на внесувањето одредени елементи во дипломите кои се однесуваат на почетокот со работа на студиските програми, бидејќи се работи за дина­ мична материја. Имено, на одредени факултети кои се основани пред повеќе од 50 години, а на кои се воведу­ ваат нови студиски програми, внесувањето на датумот на основањето на студиската програма значи нереален приказ за основањето на факултетот, особено при користење на ваквите дипломи во странство. Ректор­ ската конференција на јавните универзитети предлага, во дипломите за почеток на студиската програма, да се внесува годината на основање на високообразовната установа, како и за третманот на Законот за јавни службеници во високото образование.

БИ-БИ-СИ ДОНИРАШЕ ОПРЕМА ЗА УНИВЕРЗИТЕТСКОТО РАДИО

Македонската редакција на Би­би­си, по доне­ сувањето на одлуката на Светскиот сервис на Би­би­ си, во рамките на програмата за штедење на британската влада за затворање на регистрираната канцеларија во Скопје, одлучи да ја донира опремата од радиостудиото. Македонската редакција на Би­би­си сметаше дека оваа опрема ќе биде најцелисходно искористена доколку е достапна за студентите по новинарство на УКИМ, и во таа насока, одлучи целата опрема од ра­ диостудиото да ја донира на Универзитетското радио С т уд е н т F M 9 2 , 9 . Свечениот чин на примопредавање на опремата се одржа на 22 септември 2011 година, во просто­ риите на Универзитетското радио. На свеченоста говореа ректорот на УКИМ, проф. д­р Велимир Стојковски, уредничката на македон­ ската редакција на Би­би­си, г­ѓа Жанета Скерлев и претседателот на СПУКМ, г. Иван Живковски. На настанот присуствуваа проректорите на УКИМ, новинари во поранешната редакција на Би­би­си на македонски јазик, претставници на медиумите, како и голем број студенти. Во знак на благодарност за донираната опрема, УКИМ изработи и спомен­табла која е поставена во просториите на Радиото.

9


Лична карта на новоформираниот Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство Факултетот за информатички науки и компјутер­ ско инженерство (ФИНКИ) е резултат на здружува­ њето на кадарот од двата најголеми института од областа на информатиката и компјутерската техника во Македонија – Институтот за информатика (ИИ) при Природно­математичкиот факултет и Институ­ тот за компјутерска техника и информатика (ИКТИ) при Факултетот за електротехника и информациски технологии. Моментално, Факултетот брои 68 наставници и соработници и 4 вработени во администрацијата. На Факултетот работат 9 редовни професори, 6 вонредни професори и 16 доценти. ФИНКИ започна со настава во сите студиски годи­ ни на додипломско ниво во септември оваа година, со настава на постдипломските студии во текот на месец ноември, како и со трет циклус на студии по стара програма. На додипломските студии активни се 8 различни насоки, меѓу кои: информатика и компју­ терско инженерство (8 семестри) и професионални студии по информатика (3 семестри), префрлени од ФЕИТ, и академски студии по информатика (8 семес­ три) и професионални студии по информатички тех­ нологии (3 семестри), префрлени од ПМФ. Дополни­ телно се отворија нови 4 насоки согласно со потре­ бите од ИКТ­кадарот во индустријата: компјутерски науки и инженерство, примена на Е­технологии, мрежни технологии и компјутерска едукација. На но­ вите програми, студентот ја одредува должината на траењето на студиите да биде 6 или 8 семестри според сопствената желба за усовршување. Оваа учебна го­ дина на ФИНКИ во прва година се запишаа 650 сту­ денти на сите 8 насоки, додека, пак, од погорните до­ дипломски години на ФИНКИ се префрлиле 1000 студенти од постојните насоки на ФЕИТ и ПМФ. На втор циклус студии, ФИНКИ нуди 11 насоки на едногодишни магистерски студии и 4 двегодишни магистерски студии. 11­те едногодишни студии се префрлени од матичните факултети, и тоа 4 од ПМФ: инженерство на интелигентни системи, компју­ терски науки, кодирање и криптографија, софт­ верско инженерство (TEMPUS) и 7 од ФЕИТ: комп­ јутерски мрежи и е­технологии, интелигентни информациони системи, софтверско инженер­ ство, содржински базирано пребарување, биоин­ форматика, екоинформатика (TEMPUS) и систем во чип (TEMPUS). Двогодишните магистерски студии се новитет на ФИНКИ и се наменети за студентите кои дипломи­ рале со 6 семестри. Оваа година се активираа 4 нови насоки, и тоа: инженерство на интелигентни си­ стеми, компјутерски науки, кодирање и крипто­ графија и софтверско инженерство (TEMPUS). Моментално на ФИНКИ се запишани 130 студенти на

10

едногодишни или двегодишни магистерски студии. На трет циклус студии по стара програма се запи­ шале или префрлиле околу 20 докторанди. ФИНКИ има добиено акредитација на две студи­ ски програми за трет циклус и има акредитирано 13 ментори. Од почетокот со својата работа, ФИНКИ органи­ зираше гости – предавачи од индустријата во траење на блок часови по 11 различни предмети (почнувајќи од втора до четврта година на студии). Овој концепт посебно ќе се интензивира на постдипломските сту­ дии. Дополнително, ФИНКИ редовно организира јав­ ни предавања за своите студенти на кои гостуваат видни експерти од индустријата со меѓународно искуство. Повеќе за овие активности на ФИНКИ мо­ же да се види на следнава интернет­адреса: ФИНКИ има склучено договори за соработка со над 50 локални ИКТ­компании. Договорите за сора­ ботка особено внимание посветуваат на учество на експерти од индустријата во наставниот процес на ФИНКИ, учество на професори на ФИНКИ во конти­ нуираното образование на кадарот на компаниите, заедничко учество на проекти кои ги вклучуваат и студентите на ФИНКИ, како и организирани студент­ ски практики за студентите на ФИНКИ. Во продолже­ ние може да се најде списокот на компании со кои ФИНКИ има склучено договори за соработка: Би сакале да ја истакнеме соработката со Microsoft и NVIDIA, врз основа на која не само што обезбедивме размена на експертско искуство туку и добивме бесплатни софтверски алатки и хардвер наменети за студентите. Во тек се слични преговори со регионалните претставници на Adobe, Samsung и HP. На тoj начин ја зголемивме и видливоста на ФИНКИ на интернационално ниво. Како резултат на тие активности, студенти на ФИНКИ од завршните студиски години ќе бидат препорачани за практика во Google. Факултетот остварува соработка и со различни студентски сервиси и организации, а моменталните активности поврзани со студентските организации можат да се следат на страницата: Тековно, како резултат на квалитетниот кадар, ФИНКИ е дел од 13 државни и меѓународни проекти. Универзитетски весник бр. 1 22


ДОГОВОР ЗА СОРАБОТКА меѓу

УНИВЕРЗИТЕТОТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДЈ“ ВО СКОПЈЕ, РЕП УБЛ И КА М АКЕДОН И ЈА

и УНИВЕРЗИТЕТОТ ВО ГЕТЕБОРГ, ШВЕДСКА

Целта на овој Договор е да промовира соработка меѓу: (1) Универзитетот во Гетеборг (во понатамошниот текст: УГ), државна високообразовна институција, основана со владина одлука и допол нително регулирана со Законот за високото образование (1992:1434) и Уредбата за високо образование (1993:100), со постојана адреса: PO Box 100, СЕ 405 30 Gothenburg, Sweden (“ГУ”), и (2) Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (во понатамошниот текст: УКИМ), државна високообразовна институција, со постојана адреса: бул. Крсте Мисирков бб, 1000 Скопје, Република Македонија. Посебните договори меѓу индивидуални факултети и катедри ќе бидат дода дени на овој Договор. Ваквите договори ќе се потпишуваат од страна на деканите и шефовите на катедри и ќе ги прецизираат деталите за соработка. 1. Договорни активности ците за школарина ќе бидат покриени од Со потпишувањето на овој Договор, двете страна на универзитетот-домаќин. Уни институции ја изразуваат својата подгот- верзитетот-домаќин ќе им обезбеди статус веност да ја охрабрат соработката и кон - на студент на размена на студентите кои тактот меѓу факултетите и катедрите пре - реализираат студентска мобилност. Про цедурите за размена се прецизирани во ку: • размена на студенти (прецизирајте Анекс. го бројот на студенти); • размена на наставен кадар; 3. Еднаква можност Двата универзитета се обврзуваат на по • организирање на заеднички актив ности за истражување; литиката за еднакви можности и недис • размена на публикации, универзи - криминација врз основа на раса, пол, сексуална ориентација, возраст, етничка при тетски изданија и книги; • други заемно договорени активнос - падност, религија, националност или фи зичка попреченост. ти.

2. Финансии и школарина

Двете страни се согласни сите финансис ки спогодби да бидат предмет на договор и усогласени во зависност од расположливоста на средствата и други ресурси. За имплементација на активностите на секој поединечен проект, спецификите ќе бидат заеднички одредени. Размената на студенти ќе се одвива врз основа на реципроцитет, при што трошо Универзитетски весник бр. 1 22

4. Времетраење и измени

Овој Договор влегува во сила од денот на неговото потпишување и се склучува за период од три години. Последователно ќе биде обновуван по автоматизам секоја година, освен ако која било од страните не побара раскинување во форма на пис мено известување шест месеци пред исте кувањето на Договорот. Секоја модифи кација или промена на Договорот мора да 11


биде направена во писмена форма со На студентите осигурувањето им доделува бесплатно медицинско лекување, вклучузаемна согласност. вајќи и стоматолошка интервенција, под Додадените договори од факултетите се услов да станува збор за неопходна ин валидни само за времетраењето на овој тервенција за време на нивниот престој во Шведска. Осигурувањето не покрива заш Договор. тита која може да се одложи додека стусе врати дома, како што се некои Студентите кои го започнале својот прес - дентот видови на стоматолошки интервенции. тој на кој било од двата универзитета пред датумот на престанок на Договорот, можат Студентите од УГ кои реализираат студентска мобилност на УКИМ се осигурани да ги завршат студиите. од страна на Шведското државно осигурување за време на нивното студирање во странство. 5. Здравствено осигурување (http://www.kammerkollegiet.se) Студентите од УКИМ кои реализираат студентска мобилност на УГ се осигурани 6. Договор од страна на Шведското државно осигуОвој Договор за соработка се потпишува рување за студенти од странство во Шведво два идентични и автентични примерока ска (за повеќе информации: на англиски јазик, по еден примерок за http://www.kammerkollegiet.se). секоја од договорните страни.

УНИВЕРЗИТЕТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ВО СКОПЈЕ РЕКТОР Проф. д-р Велимир Стојковски

УНИВЕРЗИТЕТ ВО Гетеборг РЕКТОР Проф. д-р Пам Фредман

Анекс 1: П роцедура за ра зм ен а н а ст уден ти 1 . Сел екци ј а н а ст уден ти

Кандидатите кои ќе реализираат студентска мобилност ќе бидат селектирани од страна на нивната матична институција и нивните апликации ќе бидат комплети рани и испратени до универзитетот-до маќин за официјално прифаќање. Двете институции ќе обезбедат помош за пое динците при избирањето на предмети и ќе се потрудат да обезбедат доволен број предмети за редовни студии. Уни верзитетот-домаќин ќе има дискреција за прифаќањето на студентите. Сите студенти ќе останат запишани како редовни студенти на нивната матична институција и нема да бидат запишани како студенти за стекнување звање на универзитетотдомаќин. 12

2 . Врем етра ење н а ст уди и те

Како правило, студентите кои реализи раат студентска мобилност ќе можат неа да ја реализираат во времетраење од еден или два семестра. Во поединечни случаи може да се преговара за пократки или подолги студиски престои. За секој семестар, двете институции ќе вложат напори да селектираат приближно ист број на студенти. Размената мора да биде избалансирана во однос на семес трите на размена во период од три годи ни. 3 . Ш кол а ри н а и трош оци

Трошоците за школарина и другите тро шоци поврзани со студирањето ќе бидат покриени од страна на универзитетотдомаќин. Патните трошоци, сместување Универзитетски весник бр. 1 22


то, медицинските трошоци и осигурува - но испратен директно до универзитетот њето, како и сите други лични трошоци ги што го испраќа студентот, во согласност покриваат студентите. со претходно дадени упатства. Секој универзитет ќе додели оценки и кредити за академските достигнувања на секој Двете институции ќе ги вложат сите на - студент врз основа на сопствените вос пори за да им помогнат на студентите да поставени процедури и скали за оценудобијат соодветно сместување. Сепак, вање. крајната одговорност во изнаоѓање на сместување ја има студентот. Универзитетот-домаќин има право веднаш да ја прекине студентската мобил Универзитетот-домаќин ќе ги информира ност на секој студент што ќе го прекрши студентите за сите критериуми во однос кодексот на однесување. на личното и здравственото осигурување, како и осигурувањето на студентското живеалиште на соодветниот универзитет. Двата универзитета меѓусебно редовно ќе ги испраќаат сите потребни информа ции и материјали во однос на нивните Официјалниот препис на оценки за ака - важечки правила за аплицирање, крите демските достигнувања на секој студент риумите за упис, правилата, бројот на кој реализира студентска мобилност на слободни места за размена и задолжи универзитетот-домаќин ќе биде навреме - телните трошоци (доколку постојат). 4. См ест ува ње

7. Кодекс н а одн есува ње

5 . Оси г урува ње

8. И н форм а ци и

6. П реп и с н а оцен ки

О

д 28 до 30 септември 2011 година, Универзите­ тот „Св. Кирил и Методиј” беше домаќин на тридневен координативен состанок на конзорциумот на заедничката програма за мобилности BASILEUS, на кој учествуваа претставници од следните ЕУ – универ­ зитети­партнери: Универзитет во Гент – координатор на проектот, Белгија; Универзитет „Софија Антипо­ лис“ во Ница, Франција; Универзитет „Ла Сапиенца“ во Рим, Италија; Универзитет во Љубљана, Словенија, Софиски универзитет „Св. Климент Охридски“, Буга­ рија, Технолошко­образовна институција „Алексан­ дар“ во Солун, Грција и Универзитет во Хајделберг, Германија, како и следните универзитети­партнери од регионот на Западен Балкан: Универзитет во Корча, Албанија, Универзитет во Скадар, Албанија, Универ­ зитет во Сараево, Босна и Херцеговина, Универзитет „Св. Климент Охридски“, Битола, Република Македо­ нија, Универзитет на Југоисточна Европа, Тетово, Ре­ публика Македонија, Универзитет во Приштина, Ко­ сово, Универзитет во Црна Гора, Црна Гора, Универ­ зитет во Белград, Србија, Универзитет во Крагуевац, Србија, Универзитет во Нови Сад, Србија и Универзи­ тет во Загреб, Хрватска. Целта на овој координативен состанок на партне­ рите од конзорциумот на заедничката програма за мобилност BASILEUS беше по пат на дискусија и заед­ ничко усогласување да се разгледаат релевантните прашања поврзани со имплементацијата на BASILEUS I, II и III. Агендата на состанокот ги опфаќаше следниве аспекти поврзани со успешната имплементација на програмата: подготовка на завршни и финансиски извештаи за реализирани активности во рамки на Универзитетски весник бр. 1 22

ОДРЖАН КООРДИНАТИВНИОТ СОСТАНОК НА ЕРАЗМУС МУНДУС BASILEUS ‐ КОНЗОРЦИУМОТ ЗА МОБИЛНОСТ BASILEUS I и II, преглед на процесот на селекција во рамки на BASILEUS III, распределба на расположли­ виот буџет помеѓу партнерите во конзорциумот за имплементација на студиските престои, финансиски менаџмент, обезбедување на квалитет, нови правила во имплементацијата на BASILEUS III, како и можнос­ ти за идна соработка на партнерите во конзорциумот.

Финалниот извештај за имплементацијата на ак­ тивностите во рамките на BASILEUS I треба да биде доставен до Европската комисија, до 30 јануари 2012. Претставниците на универзитетите­партнери беа ин­ формирани за позитивните страни и препораките до­ биени од страна на Европската комисија за поднесе­ ните извештаи за напредокот на реализацијата на ак­ тивностите во рамките на BASILEUS I и II од септем­ ври 2010 година. Беше потенцирана препораката за зголемување на бројот на мобилности на студенти кои спаѓаат во рамките на целната група 3. Партнерите беа запознаени со финансиската конструкција на проекти­ те BASILEUS I и II, за тоа колку средства се потрошени по ставки во текот на имплементацијата на проектите.

13


Дел од програмата за состанокот беше посветена на BASILEUS III. Партнерите добија информација за новите правила на имплементација одредени од страна на Европската комисија и за настанатите промени во рамките на конзорциумот. Преку табеларен преглед, партнерите беа запознаени со распределбата на мобилностите за секој партнер поединечно, односно колку биле предвидени, а колку финансирани мобилности, по ниво на студии и целна група. Во насока на успешно интегрирање на студентите во образовниот процес на институцијата­домаќин беше потенцирано дека конзорциумот на заедничката програма за мобилности BASILEUS треба да размисли

П РИ М Е-

ЕРАЗМУС-ПРОГРАМАТА

И

ПРИЗНАВАЊЕТО НА СТУДИИ

(PRIME Problems ofRecognition In Making Erasmus)

2 СТУДИЈАТА ПРИМЕ 2.1. Методологија

Специфичните цели на студијата беа да ги открие проблемите во процесот на признавање на предметите положени за време на реализиран студентски престој и да ги открие нивните извори, нивната географска и институционална распределба и дали во одредени научни области се забележуваат повеќе проблеми во однос на други.

Поради тоа, беа направени два прашалника за да се соберат податоци од универзитетите (ПРИМЕ­ прашалник) и независно од студентите (ПРИМЕ­ прашалник за студенти). За прибирање на податоците, прашалниците беа дистрибуирани преку мрежата и претставништвата на Мрежата на Еразмус­студенти одбрани од страна на локален ПРИМЕ­ координатор. ПРИМЕ ­ прашалник (за универзитети)

Целни групи на овој дел од истражу­ вањето беа вработените во канцелариите за меѓународна соработка и/или коорди­ наторите за Еразмус­студентска размена на универзитетите и/или факултетите. Истражувањето беше спроведено како структурно интервју, направено од страна на локалните ПРИМЕ­координатори од претставништвата на Мрежата на Ераз­ мус­студенти во периодот од февруари до јуни 2009 година. Имајќи ги предвид раз­ ликите во процедурите и нивото на цен­ трализираност, локалните координатори ги интервјуираа или вработените во цен­

14

Беа разгледани одредени прашања поврзани со процедурата за обезбедување на квалитет кои се однесуваа на спроведување на внатрешна и/или надворешна евалуација и вклучување на студентите во процесот преку пополнување на евалуациони формулари. На состанокот, исто така, беа разгледани и можностите за идна соработка помеѓу партнерите во конзорциумот, при што беа посочени и други потенцијални извори на финансирање освен Еразмус Мундус Акција 2 ­ партнерства.

СТУДИЈА ЗА РЕАЛИЗАЦИЈАТА НА

(Втордел)

2.1.1.

и да пронајде поефикасни процедури за обезбедување на квалитет, односно следење на студентите за рано откривање на можни проблеми.

тралните канцеларии за меѓународна соработка на универзитетите или координаторите за меѓународна студентска размена на факултетите. Големината на примерокот во студијата зависи од напорите на локал­ ните ПРИМЕ­координатори и соработката на соодвет­ ните институции.

Прашалникот се состои од основна статистика за програмите за мобилност на студенти на универзите­ тите, усогласеност на студиските програми со болоњ­ скиот процес (вклучувајќи ја и употребата на ЕКТС), обезбедување на информации, процедури за усогласу­ вање и потпишување на договор за учење и, особено, признавањето на положените предмети во странство. Универзитетите (или факултетите) беа исто така за­ прашани за разликите во процедурите на програмата Еразмус и другите програми за мобилност на студенти. 2.1.2. ПРИМЕ ­ прашалник за студенти

ПРИМЕ­прашалникот за студенти беше спроведен пократко, како он­лине истражување, развиено во по­

Автори на студијата:

Мадара Апсалоне (Madara Apsalone) од Латвија, Томас Борт (Tomas Bort) од Чешка Република, Стефан Федтих (Stefan Fiedrich) од Австрија, Тони Филони (Toni Filoni) од Италија, Јулија Пени (Julia Penny) од Австрија и Дафне Шерер (Daphne Scherer) од Италија/Данска.

Универзитетски весник бр. 1 22


доцнежната фаза од проектот со цел да се добие по­ универзитети (од кои 26 беа исто така дел од ис­ инаков став за проблемите со признавањето. Главно, тражувањето спроведено на универзитетите). Тие прашалникот беше испратен до поранешни студенти 30 универзитети соодветствуваат на скоро три кои реализирале студентска мобилност од универзи­ четвртини од добиените одговори за програмата тетите кои беа предмет на истражување на ПРИМЕ­ Еразмус. студијата, преку добиените контакти од канцелариите за меѓународна соработка. Поради овие причини, тоа г) Циклус/ниво на студии. Поголемиот број од студен­ беше спроведено подоцна од истражувањето на уни­ тите кои учествуваа во истражувањето беа запи­ верзитетите – од април до јуни 2009 кога веќе беа шани на прв или втор циклус на студии. Многу познати поголемиот број на универзитети кои учеству­ мал број од учесниците, 0,6% од оние што уче­ ваат во студијата. Дополнително на ова, истражување­ ствувале во програмата Еразмус и 1,7% од студен­ то беше исто така поддржано од локалните претстав­ тите кои учествувале во други програми за мобил­ ништва на Мрежата на Еразмус­студенти кои на ност, беа студенти запишани на трет циклус сту­ нивните поранешни студенти кои реализирале сту­ дии. дентска мобилност во странство им испратија покана да го дадат својот придонес кон студијата преку одговарање на on­ line прашалникот. Студијата е резултат на работата на голем број Студентите одговараа на пра­ шања за нивните студии, видот и времетраењето на нивниот студи­ ски престој, за процесот на усогла­ сување и потпишување на догово­ рот за учење, за информираноста (особено за програмите за студент­ ска мобилност), како и за процеду­ рите и крајниот исход од признава­ њето на предметите.

мотивирани студенти и членови на Мрежата на Еразмус-студенти од цела Европа. Иницијатори на проектот ПРИМЕ беа Џорџио Маринони (Giorgio Marinoni) од Италија и Матијас Фенер (Matthias Fenner) од Швајцарија, и двајцата поранешни претседатели на Мрежата на Еразмус-студенти.

2.2. Опис на податоците

2.2.1. Податоци од студенти

а) Програми за студентска мобилност. Вкупно, пода­ тоците добиени од студентите ги опфаќаат одгово­ рите од 2 367 поранешни студенти кои реализи­ рале студентска мобилност, каде што најголемиот дел од нив учествувале во Програмата за доживот­ но учење – Еразмус. Само 4,9% заминале во стран­ ство во рамки на друга програма за мобилност, како што се ЦЕЕПУС или билатерални договори или, пак, биле т.н. „самофинансирачки студенти“, односно не биле дел од ниту една официјална програма за студентска размена. Високиот про­ цент на Еразмус­студенти меѓу оние што одгова­ рале на прашалникот се должи на фактот што прашалникот главно бил дистрибуиран на Ераз­ мус­студенти. Иако програмата Еразмус е една од најважните и најпопуларни програми за реализи­ рање на мобилност на студенти на европско ниво, постојат и многу други програми. Студијата ПРИ­ МЕ главно се фокусира на програмата Еразмус. б) Земја. Што се однесува до програмата Еразмус, 2 251 студент од 29 европски земји учествувале во он­лине спроведеното истражување. Повеќе од половината од учесниците доаѓаат од пет држави: Италија (16,9%), Шпанија (13,5%), Полска (12,4%), Австрија и Германија (5,9% за секоја поединечно).

в) Матични универзитети на студентите. Вкупно, од­ ѕивот на Еразмус­студентите беше добиен од 239 високообразовни институции. За анализата, пред­ вид беа земени сите универзитети со барем 25 до­ биени одговори од студенти кои учествувале во програмата Еразмус, што вкупно изнесуваше 30 Универзитетски весник бр. 1 22

д) Времетраење на студентската размена. Иако сту­ дискиот период во рамките на програмата Ераз­ мус треба да трае најмалку 3 месеци (и максимум 12 месеци), прашалникот покажа дека 3,4% од студентите се вратиле порано (0,8% од студентите се вратиле подоцна). Според тоа, времетраењето на престојот на студентите во странство варира од 1 до 3 месеци и повеќе од 12 месеци. 2.2.2. На ниво на универзитет/факултет

Вкупно 100 универзитети со различен тип на уре­ дување од 24 различни земји учествуваа во студијата ПРИМЕ. Постојат големи разлики во однос на голе­ мината на универзитетите. Некои од универзитетите кои учествуваа се меѓу најголемите високообразовни институции во нивните земји, другите се од типот на помали високообразовни институции. Бројот на сту­ денти варира од само неколку стотини до неколку илјади. 68,9% од одговорите се добиени на универзитетско ниво, а 31,1% се податоци добиени на ниво на факул­ тет. Примерокот исто така опфаќа факултети од раз­ лични научни подрачја, на пр. факултети од областа на општествените науки, медицина, економија и ме­ наџмент или историја. Повеќе од половината од универзитетите­учесници доаѓаат од пет држави: Полска (20%), Италија (11%), Литванија (8%), Латвија и Чешка (секоја по 7%).

Во некои универзитети, одговорите беа добиени директно од поодделните факултети, наместо или за­ едно со оние добиени од канцелариите за меѓународна соработка.

15


За подеталната анализа чија цел беше идентифи­ кување на проблемите околу признавањето и изворите од кои произлегуваат тие проблеми, 30 универзитети (од кои се добиени повеќе или 25 одговори од сту­ денти) беа анализирани согласно со наведените проб­ леми од страна на студентите. Факултетите/универзитетите беа исто така запра­ шани за бројот на студенти кои реализираат мобил­ ност во странство во зимскиот семестар 2008 и летни­ от семестар 2009. Бројот на студенти кои реализираат мобилност во странство по факултет варираше од нула до 150 во зимскиот семестар 2008 и од нула до 114 во летниот семестар 2009. 2.3. Ограничување во истражувањето

Истражувањата во рамките на ПРИМЕ беа дизајни­ рани со цел да се добие информација за процедурите поврзани со меѓународните програми за размена на студенти во високото образование, признавање на по­ ложените испити во странство и проблемите кои се појавуваат во текот на тој процес. Истражувањето главно се фокусираше на програмата Еразмус, иако универзитетите беа исто така запрашани за други програми за мобилност кои им ги нудат на своите студенти. Имајќи ги предвид добиените податоци, мо­ ра да се направат ограничувања во заклучоците.

Податоците не се репрезентативни за други уни­ верзитети освен за оние кои учествуваа во истражу­ вањето. За да се направи веродостојна генерализација за целата популација (во нашиот случај, целата попу­ лација ја претставуваат сите високообразовни инсти­ туции во Европа кои учествуваат во програмата Ераз­ мус 2008/2009), потребно е да се обезбедат веродос­ тојни одговори од доволно голем случаен примерок на универзитети. Зборот „случаен“ во овој контекст значи дека секој универзитет кој учествува во програмата Еразмус ќе има еднакви шанси да учествува во истражувањето. Згора на тоа, истражувачите/локал­ ните координатори не би имале никакво влијание врз изборот на универзитети кои би учествувале во истра­ жувањето (односно факторите како блискоста на уни­ верзитетот до истражувачкиот тим, или соработката на персоналот не би имале влијание врз учеството на универзитетите). Примерокот на студијата ПРИМЕ од околу 100 ин­ ституции кои учествуваа во истражувањето е релатив­ но мал особено ако се земе предвид можниот максима­ лен број на одоговори. Покрај тоа, дали една институ­ ција учествува или не, не беше одредено по случаен пат, туку беше предодредено од неколку фактори: • постоењето на претставништво на Мрежата на Еразмус­студенти на универзитетот; • мотивацијата и вклученоста на локалниот ПРИ­ МЕ­координатор; • желбата и ентузијазмот на вработените на универ­ зитетот да бидат дел од истражувањето. Истите ограничувања се однесуваат на примерокот на студенти. Имајќи предвид дека постоењето на прет­ ставништво на Мрежата на Еразмус­студенти на уни­ верзитетот (и неговата соработка со канцелариите за меѓународна соработка) претставува добар знак за мобилноста на студентите, голема е веројатноста дека

16

универзитетите земени како примерок за ПРИМЕ припаѓаат на групата универзитети во Европа кои имаат помали проблеми во процесот на признавање од еден просечен универзитет.

Квалитетот и веродостојноста на податоците доби­ ени со истражувањето исто така зависат од студентите и универзитетите. Анализата тргнува од претпостав­ ката дека бројките и фактите добиени од страна на учесниците се точни и соодветствуваат со реалноста. Сепак, одредени разлики во ставовите на студентите и универзитетите можеби повеќе се резултат на неточни одговори отколку на различни ставови. Со деталното разгледување на собраните податоци беа пронајдени нејасни работи кои им биле или не можеле да им бидат очигледни на авторите.

3 СТАТИСТИЧКА АНАЛИЗА 3.1

Информации за програмата Еразмус и други програми за мобилност

Сметајќи дека обезбедувањето на информации за програмите за мобилност и признавањето е еден од предусловите за подобрување на квалитетот на меѓу­ народната размена на студенти во високото образо­ вание, ПРИМЕ­истражувањето ги опфати и начините и ефективноста на информациите за програмата Ераз­ мус и другите програми за мобилност кои ги даваат универзитетите кои учествуваат во истражувањето. 3.1.1.

Информации за програмата Еразмус

Според резултатите добиени од студијата ПРИМЕ, најчесто, канцелариите за меѓународна соработка даваат информации за студентската размена во рам­ ките на програмата Еразмус, а по нив следуваат ака­ демските координатори и координаторите на факул­ тетите, Мрежата на Еразмус­студенти и Еразмус­ координаторите. Испитаниците навеле разни начини на добивање на информации кои се категоризирани во состаноци (семинари, сесии), интернет (интернет­ страницата на универзитетот, други интернет­страници), промотивен материјал (брошури, прегледи, постери, флаери), индивидуални консултации, е­пошта и активности организирани од локалните претставништва на Мре­ жата на Еразмус­студенти.

Состаноците најчесто се неформални. Некои од ис­ питаниците одржуваат состаноци со поранешни и ид­ ни студенти заинтересирани за мобилност, други организираат настани за општа промоција на мобил­ ности за студентите (како денови на Еразмус или информативни ноќи). Исто така се организираат со­ станоци за давање на упатства на студентите кои зами­ нуваат на мобилност во странство, редовни групни консултации, разни презентации и информативни се­ минари. Најчесто посетувани интернет­страници се оние на универзитетите и факултетите, особено делот кој содржи информации за меѓународна соработка. Одредени одделенија за меѓународна соработка имаат своја интернет­страница. Универзитетите предлагаат студентите да ги користат интернет­страниците на Универзитетски весник бр. 1 22


институциите кои ги застапуваат студентите (студент­ ските сојузи) и јавно достапните информации кои се однесуваат на мобилност на студенти.

Брошурите и постерите се главно дел од печатени­ от промотивен материјал за студентите. Иако брошу­ рите се најчесто користени, некои од испитаниците на своите студенти им даваат специјални информативни пакети и водичи за програмата Еразмус; други корис­ тат флаери, постери и универзитетски гласници (вес­ ници) во кои понекогаш се објавуваат и „успешни сто­ рии“ и лични искуства на студенти кои веќе реализи­ рале студентска мобилност. Индивидуални консултации најчесто се вршат пре­ ку канцеларијата за меѓународна соработка, Еразмус­ координаторите или преку телефон. Некои од испита­ ниците формираат бироа за давање помош: други ну­ дат консултации при изборот на универзитет­домаќин. Покрај гореспоменатите канали за добивање на информации, испитаниците исто така обезбедуваат информации и преку е­пошта користејќи мејлинг лис­ та. Тие исто така ги почитуваат активностите кои ги презема Мрежата на Еразмус­студенти за обезбедува­ ње на информации за програмата Еразмус и студиски­ те размени.

Најкористените начини за информирање на сту­ дентите за програмата Еразмус се состаноците и семи­ нарите, по што следува објавувањето на информации на разни интернет­страници и дистибуцијата на про­ мотивни материјали како брошури, флаери и постери. Скоро две третини од испитаниците организираат индивидуални консултации со студенти, 21,% користат е­пошта и 7,6% организираат активности преку Мре­ жата на Еразмус­студенти. Мнозинството институции ги сметаат информа­ циите за доста ефективни. Информациите добиени преку остварување на личен контакт, како што се ак­ тивностите организирани од Мрежата на Еразмус­ студенти, индивидуалните советувања и состаноци, се рангирани многу повисоко од информациите кои се добиваат кога нема оставрување на личен контакт, како што се брошурите и интернет­страниците. Е­пош­ тата, како начин, многу помалку се користи и исто така е помалку ценета споредено со другите начини на да­ вање информации. Универзитетите изјавиле дека информациите по­ врзани со програмата Еразмус на студентите им се пласирани доволно однапред: 60% од испитаниците даваат информации не помалку од половина година пред заминувањето на студентот и само 8% даваат ин­ формации помалку од два месеца пред заминувањето на студентот. Исто така, универзитетите беа запрашани дали ги даваат Еразмус­ универзитетскиот чартер и Еразмус­ студентскиот чартер обезбедувајќи информации за правата и обврските кои ги имаат универзитетите и студентите.

Повеќето од универзитетите го даваат Еразмус­сту­ дентскиот чартер или и универзитетскиот и студент­ скиот. 6,8% од испитаниците на своите Еразмус­сту­ Универзитетски весник бр. 1 22

денти не им даваат никакви чартери, а како причина за тоа главно го наведуваат немањето време и органи­ зациските проблеми. 3.1.2. Информации за други видови на студентска размена

Заедно со информациите за програмата Еразмус, институциите на своите студенти им даваат информа­ ции за други програми за мобилност. Слично како и за информациите за Еразмус, канцелариите за меѓуна­ родна соработка се оние кои главно ги информираат студентите за други програми за мобилност. Сепак, спротивно на програмата Еразмус, повеќе информа­ ции се добиваат од страна на академските советници и советниците на факултетско ниво и од поединци, како што се Комисијата, студенти кои реализирале мобил­ ност, министерства, професори и други. Интернетот е најчесто споменуваниот извор за до­ бивање на информации, по што следуваат брошурите и други промотивни материјали, индивидуални кон­ султации и состаноци. Е­поштата се користи повеќе отколку кај Еразмус­програмата и некои од испитани­ ците пак ги спомнуваат активностите организирани од страна на Мрежата на Еразмус­студенти. Информациите за другите програми за мобилност се рангирани од испитаниците како доста неефектив­ ни споредено со оние за програмата Еразмус. Сепак, индивидуалните консултации и семинари сé уште се сметаат за најефективни начини. Информациите за други програми за мобилност се даваат малку подоцна од оние за Еразмус. Само 40% од испитаните универзитети изјавиле дека тие обезбеду­ ваат информации не подоцна од шест месеци пред заминување на студентот, додека соодносот на оние што даваат информации пред помалку од два месеца од реализирањето на мобилноста е една десетина. 3.2. ЕКТС

Европскиот кредит­трансфер и акумулациски сис­ тем (ЕКТС) е алатка која овозможува споредба на по­ стигнатите резултати во рамки на една студиска про­ грама во европскиот високообразовен простор и по­ мага во хармонизацијата на различните скали на оце­ нување кои постојат во Европа. Неговата цел е резул­ татите од учењето да ги направи потранспарентни во земјите­потписнички на Болоњската декларација, да го олесни процесот на признавање на студии и курсеви и со тоа да ја зајакне мобилноста. ЕКТС се користи во сите земји кои се вклучени во болоњскиот процес и тие се сметаат за основачи на процесот. Пред сé, ЕКТС обезбедува образовен процес фоку­ сиран на студентот со што потребите и барањата на студентот се ставаат во центарот на наставната програ­ ма и целиот образовен процес. 3.2.1. Како се пресметуваат ЕКТС­кредитите?

Пресметувањето на ЕКТС­кредитите се заснова на оптовареноста на студентот за да ги постигне очеку­

17


ваните резултати од учењето (севкупниот резултат од учењето) кои се дефинирани во националните и ев­ ропската рамка на квалификации. Оптовареноста го означува просечното време кое му е потребно на еден студент да ги заврши сите активности поврзани со резултатите од учењето, на пр. индивидуално учење, предавања, пишување на семинарски работи или по­ лагање на испити. Во рамки на една академска година, еден редовен студент треба да стекне околу 60 ЕКТС­ кредити, каде што еден кредит означува 25­30 часа ра­ бота. Значи, еден семестар и едно тромесечје одгова­ раат на 30 и 20 ЕКТС­кредити соодветно. Оптоваре­ носта на еден студент е од 1 500 до 1 800 часа по академска година. Кредитите се доделуваат на целата квалификација или студиска програма, како и на нив­ ните образовни компоненти (како што се модули, де­ лови од курсеви, дипломска работа, стажирање или лабораториска работа). Според Водичот за ЕКТС, најважните документи кои ја олеснуваат употребата на ЕКТС (а со тоа и при­ знавањето) се каталогот за студиските програми, апликациониот формулар за студенти (и за студенти кои реализираат мобилност и за оние што стажираат), преписот на оценки, како и додатокот на дипломата. Сите овие документи ќе придонесат за транспарент­ ност. 3.2.2. Имплементација и употреба на ЕКТС­кредити на универзитетите кои учествуваат во студијата ПРИМЕ

Поголемиот број (89%) од универзитетите кои учествуваат во истражувањето потврдиле дека корис­ тат ЕКТС­кредити, при што повеќе од една десетина (11%) го потврдиле спротивното. Тие универзитети користат национални кредит­системи. Голем број од универзитетите кои не го применуваат ЕКТ­системот, наместо него, обезбедуваат кодови за конверзија, кои се користат за конвертирање на ЕКТС­кредитите во кредити од националниот систем. 90,6% од испитани­ ците ги применуваат ЕКТС­кредитите доброволно. Останатите преферираат да не го користат ЕКТС доколку имаат друг избор.

Некои од универзитетите сé уште не почнале со употреба на ЕКТС­кредити бидејќи уште се во транзи­ ционен период на преоѓање од локален во ЕКТ­систем. На пример, некои универзитети користат ЕКТС­креди­ ти на факултетите кои веќе ги имаат поделено своите студиски програми на прв и втор циклус на студии. Други високообразовни институции истовремено ги користат двата система. Исто така, постојат податоци дека некои од универзитетите ги користат ЕКТС­кре­ дитите само за меѓународните студенти и/или студис­ ки програми, но не за сите студиски програми. Овие податоци добиени со студијата ПРИМЕ се исто така поддржани од друга неодамнешна студија спроведена од страна на Извршната агенција за обра­ зование, аудиовизуелност и култура на Европскта комисија во 2009. Нивниот извештај за трендовите во болоњскиот процес покажа дека значително се разли­ куваат начините на имплементација на ЕКТС од една до друга земја­потписничка на Болоња. Студијата исто така истражуваше дали употребата на ЕКТС е одредена со националното законодавство во секоја земја.

18

3.2.3. Пресметување на ЕКТС­кредити

За алокацијата и пресметувањето на кредити, во принцип, универзитетите користат два различни при­ стапа. Првиот начин го вклучува академскиот персо­ нал кој ја проценува просечната оптовареност на сту­ дентот за успешно реализирање на барањата на курсот. Проблематичен аспект на оваа процедура мо­ жеби е тоа што на поединечни компоненти им се дадени различен број на кредити врз основа на пред­ метот или програмата. Вториот пристап е постатичен бидејќи кредитите кои се даваат на еден предмет не се индивидуално „договорени“. Високообразовната ин­ ституција го стандардизира бројот на кредити кои можат да бидат доделени на секој вид програма и ком­ понента. “Без разика на применуваниот метод за ало­ кација на кредити, главниот елемент кој го одредува бројот на кредити е проценетата оптовареност потреб­ на за постигнување на очекуваните резултати од уче­ њето. Само бројот на часови за консултации не смее да се користи како основа за алокација на кредити, би­ дејќи часовите за консултација се само еден елемент од оптовареноста на студентот”. Универзитетите од студијата ПРИМЕ кои изјавиле дека користат ЕКТС­кредити, ги засноваат своите пре­ сметки или само на оптовареност (44,5%) или на оптовареност и видот на предметот, пр. предавање, семинар итн. (24,4%). За 13,4%, бројот на ЕКТС­креди­ ти кој се алоцира на еден предмет е одреден од самата негова природа. Само мал процент од испитаниците користат други методи за пресметување. 10,9% вооп­ што не користат никакви посебни методи за пресмету­ вање.

Според ПРИМЕ­истражувањето, ЕКТС е најчесто користен кредит­ систем, како што всушност налагаат целите и препораките на Болоњската декларација. Разгледувајќи го земениот примерок за ПРИМЕ, во најголемиот број на случаи, и институцијата­испраќач и институцијата­домаќин ги имаат прифатено и ги користат ЕКТС­ кредитите. Ова треба да придонесе за поедноставување на признавањето бидејќи нема потреба од конверзија на ЕКТС­кредитите во нацио­ нални кредити. ЕКТС­кредитите со кои се стекнал еден студент во Германија треба да бидат, на пример, екви­ валентни на оние стекнати во Литванија. Ова значи дека студентите од Литванија и Германија кои одат во Германија и Литванија соодветно, не треба да се соо­ чуваат со проблеми при процесот на признавање доколку договорот за студирање е правилно пополнет и потпишан. Сепак, некои студенти тврдат дека по враќањето не добиле целосно признавање на стекна­ тите кредити во странство. Тие едноставно „изгубиле“ неколку кредити иако предметите како такви не биле признати.

Како што се наведува во извештајот Трендови В на ЕУА, неправилната и површна употреба на ЕКТС е сé уште распространета што претставува пречка и за мо­ билноста и за признавањето. Од објавувањето на из­ вештајот во 2007, можеби ситуацијата се подобрила, но сé уште треба многу да се направи. Високообразов­ ните институции и лицата одговорни за креирање на високоообразовните политики треба да преземат одго­ ворност за насочување на понатамошниот развој на ЕКТС во правец кој ќе им овозможи ефективно да Универзитетски весник бр. 1 22


одговорат на предизвиците на отворен и вистински европски високообразовен простор. 3.3. Договор за студирање

Договорот за студирање е преговаран и обврзувач­ ки договор помеѓу Еразмус­студентот, неговата ма­ тична институција и неговата институција­домаќин. Тој одредува кои предмети, модули или други образов­ ни компоненти ќе ги изучува студентот за време на студискиот престој во странство заедно со ЕКТС­кре­ дитите доделени на секоја од компонентите. Потпишу­ вањето на договор за студирање во рамките на програ­ мата Еразмус е задолжително, но сепак универзите­ тите не се обврзани да ја користат стандардизираната форма препорачана од Европската комисија. Догово­ рот за студирање се потпишува за период од еден семестар или една академска година и е подложен на измени, сé додека измените се прифатени од сите три страни (институцијата­испраќач, институцијата­дома­ ќин и Еразмус­студентот). По завршувањето на пре­ стојот во странство, институцијата­домаќин издава препис на оценки на студентот и неговата матична ин­ ституција каде што точно се наведени положените предмети и постигнатите резултати. Доколку тие соод­ ветствуваат на првично договорените предмети, ма­ тичната институција, со Еразмус­универзитетскиот чартер е обврзана да му даде целосно признавање на студентот. Згора на тоа, оние што го потпишуваат договорот за студирање во име на нивните институции мораат да имаат овластување да ги спроведат таквите обврски. Институцијата­домаќин е обврзана да го запише сту­ дентот на договорените курсеви и да обезбеди започ­ нување на образовните активности. Матичната инсти­ туција потврдува дека студентот ќе добие признавање на кредитите стекнати во партнерската институција. Еден од важните аспекти на договорот за студирање – особено од гледна точка на студентите – е дека матич­ ната институција нема да дозволи студентите „да би­ дат принудени да преговараат со поединечни профе­ сори за академското признавање.” Иако постоењето на договор за студирање го олес­ нува признавањето, сепак беа посочени неколку про­ блеми кои се однесуваат на процедурите. Отсуството на соодветни и прецизни одредби е посочено како ед­ на од пречките. Согласно со Конвенцијата за призна­ вање на квалификации која се однесува на високото образование во Европа, признавањето е дефинирано на следниов начин: „формално признание за вреднос­ та на образовна квалификација стекната во странство од компетентна власт за пристап кон понатамошно образование и/или вработување.” Сепак, оваа дефини­ ција е многу широка. Со имплементацијата на болоњ­ скиот процес, целата слика за високото образование од 1997 е променета. Поради тоа, колку што е можно по­ брзо, потребна е конкретна и јасна дефиниција која нема да доведе до забуни и слободно толкување. Так­ вата дефиниција ќе го намали ризикот од недоразби­ рање и можноста универзитетите да постават сопстве­ ни правила. Резултатите од ПРИМЕ­истражувањето кое се зас­ нова на 119 универзитети и факултети покажуваат дека 95,8% од интервјуираните институции обезбедуваат Универзитетски весник бр. 1 22

договор за студирање за Еразмус­студентите и 87,4% за студентите кои одат во странство во рамки на други програми за мобилност пред заминување на студен­ тите. 70,6% од универзитетите кои обезбедуваат дого­ вори за студирање не користат различни процеси на преговарање за договорот за студентите кои реализи­ раат студиски престој во рамките на програмата Ераз­ мус или други програми за мобилност. Аналогно на ова, одговорите од ПРИМЕ­прашалникот за студенти покажуваат дека 93,5% од испитаниците кои учеству­ вале во програмата Еразмус имале потпишано договор за студирање за целокупниот нивен престој пред зами­ нување. Повеќе од 1/3 од испитаниците потврдуваат дека главната причина поради која немаат валиден договор за студирање за целокупниот период на престојот пред заминување е пролонгирањето на периодот на сту­ дентски престој. 15% од Еразмус­студентите не можеле да го потпишат нивниот договор за студирање бидејќи не биле познати предметите кај универзитетот­дома­ ќин и околу 17% го потпишале нивниот договор за сту­ дирање дури за време на студискиот престој или по неговото завршување. Податоците покажуваат дека непостоењето на по­ специфични правила за договорот за студирање прет­ ставува една од главните пречки за правилна подго­ товка на престојот во странство. Доколку студентите го продолжат времетраењето на нивниот престој, един­ ственото правило е дека договорот за студирање треба да биде променет. Оваа нејасна ситуација може подоц­ на да доведе до проблеми со признавањето бидејќи универзитетите не се обврзани со договор за студира­ ње. Покрај препораката дека каталогот на студиски програми „треба да биде објавен на интернет­страни­ цата на институцијата така што сите заинтересирани можат лесно да ги пронајдат бараните информации (тој треба да биде објавен благовремено за студентите да можат да ги изберат предметите)“, некои од уни­ верзитетите новите информации поврзани со студис­ ките програми за меѓународни студенти ги објавуваат прилично доцна. Поради тоа, студентите – особено оние што остануваат подолго од еден семестар ­ често се соочуваат со проблеми бидејќи прегледите на сту­ диските програми кај институцијата­домаќин не се достапни пред почетокот на академската година. ПРИМЕ­испитаниците одговориле дека имаат потреба од промена на нивниот договор за студирање бидејќи универзитетите или промениле или укинале одредени предмети, или, пак, го промениле распоредот на сту­ диската програма. Во тие случаи студентите не биле во можност да ги следат нивните првично избрани пред­ мети. Бидејќи не постојат обврзувачки одредби или договори за навремено истакнување на новините во студиските програми, матичните универзитети и сту­ дентите мораат да се справуваат со непредвидени образовни компоненти. Последователно на тоа, веро­ јатноста од промена на договорот за студирање и за­ грозување на процесот на признавање исто така се зго­ лемува. Разгледувајќи ги ПРИМЕ­податоците добиени од универзитетите, не постои јасен тренд за периодот кога универзитетите обично го потпишуваат договорот

19


за студирање. Околу 1/5 од универзитетите кои учес­ твуваа во студијата изјавиле дека договорот се пот­ пишува еден месец пред заминувањето на студентот. Другата петтина од испитаниците одговориле дека договорот го потпишуваат помалку од еден месец пред заминување. Кај 21,2% од универзитетите, договорот се потпишува два месеца пред заминување. Најголемата група (27,1%) од универзитетите во примерокот на ПРИМЕ изјавиле дека договорот за студирање се пот­ пишува 2­4 месеци пред почетокот на студискиот престој. Само 12,7% од универзитетите тврдат дека до­ говорот се потпишува повеќе од 4 месеци временски период пред заминувањето на студентите. Причините поради кои постојат различни периоди на потпишу­ вање и комплетирање на договорот за студирање се многубројни и тешко можат да се истражат. Згора на тоа, не постои јасен показател дека задоцнетото потпи­ шување на договорот за студирање има какво било влијание врз признавањето на испитите.

Да заклучиме, податоците добиени од ПРИМЕ­ис­ тражувањето јасно не покажуваат дека договорот за студирање би бил од најголема важност за признава­ њето на испитите. Всушност, 44% од Еразмус­студен­ тите кои немале валиден договор за студирање пред нивното заминување сепак добиле целосно признава­ ње, а само 5% пријавиле дека не добиле никакво приз­ навање. Згора на тоа, 48% не морале да преполагаат испити по нивното враќање на матичниот универзи­ тет. Околу 35% од тие студенти морале да преполагаат некои од испитите и само 14% морале да ги препола­ гаат сите испити. Во споредба со студентите кои го имале потпишано договорот за студирање за целото времетраење на нивниот студиски престој, може да се види дека само 66% добиле целосно признавање. 29,7% добиле делумно признавање, а во 3,9% од случа­ ите немало признавање на ниту еден испит. (Продолжува)

Проф. д‐р Горан Ајдински, декан на Филозофскиот факултет

СЕ З ГОЛ Е М УВ А И Н ТЕ РЕСОТ З А СТУДИ РАЊЕ Согласно со активностите и задачите кои беа оства­ рени во периодот од септември 2010 до септември 2011 година, а врз основа на програмата што беше понуде­ на, Извештајот ќе го претставам низ неколку подрачја: наставна дејност, научна дејност и проектни актив­ ности, меѓународна соработка, кадровска екипира­ ност, техничка опременост, уредување на просторот, студенти и Студентски парламент и настани.

НАСТАВНА ДЕЈНОСТ

Подготовка и прием на студенти. Филозофскиот факултет сѐ повеќе внимание посветува на подготов­ ката и приемот на идните студенти. Продолживме во континуитет со подготовката за прием преку инфор­ мирање, рекламирање и лобирање во средните учи­ лишта од страна на тимови наши професори, соработ­ ници и координатори. Организиравме претставувања на нашите програми во повеќе средни училишта со значителна материјална, техничка и персонална под­ дршка од страна на Факултетот. По вторпат го органи­ зиравме отворениот ден на Филозофскиот факултет со голема медиумска покриеност, посетеност и ангажира­ ност на наши професори и соработници. Отворениот ден предизвика голем интерес кај учениците од сред­ ните училишта. Во месеците, пред приемот на студен­ тите, вршевме информирање и рекламирање во печа­ тените и електронските медиуми. Имавме многу добро организирани и успешни приемни денови, каде што се пријавија 877 кандидати за студирање во првиот упи­ сен рок и 247 кандидати во вториот уписен рок. Прет­ ходно успеавме да издејствуваме досега најголема кво­ та за прием на студенти во I година. Очекуваме да се запишат вкупно 1.132 студенти.

20

Кредит­трансфер систем. Продолживме во кон­ тинуитет со подобрувањето на веќе применетиот кре­ дит­трансфер систем и имплементација на програмите за I и II циклус. Успешно го организиравме приемот на студенти на постдипломски студии. По 9 месеци на­ порна работа, како и повеќе од една година исчеку­ вање, корекции и приспособување на програмите, во јуни 2011 година добивме акредитација на докторските студии (III циклус) и решение за почеток со работа на 9 студиски програми. Филозофскиот факултет е прв факултет од областа на општествените науки во Репуб­ лика Македонија кој доби акредитација на студиските програми за III циклус. Филозофскиот факултет е во фаза на изработка на новите програми за I циклус, и нашиот урнек послужи, односно помогна како рамка за подготовка на другите студиски програми на факултетите на Универзитетот. Го издадовме првиот додаток на дипломата на ниво на Универзитетот, и тој е препорачан да го приме­ нуваат и другите факултети. Настава. Наставниот процес се одвива според планираната динамика. Постојано го подобруваме и го зголемуваме информирањето кај студентите и настав­ ниците преку мониторите и веб­страницата на Факул­ тетот. Иако постоеја спротивставени мислења кај студен­ тите и наставниот кадар за самото постоење на колок­ виумската недела, сметаме дека постепено сите ја при­ фатија и веќе е составен и неминовен дел од испитниот процес. Донесовме одлука за паралелно студирање со која се регулираат сите сегменти од оваа проблематика, како и одлука за запишување на предмети од друг из­ борен модул, со која се регулира дополагањето на Универзитетски весник бр. 1 22


предмети од други насоки во рамките на иста студиска програма и здобивањето на дипломираните студенти со звања од сродна научна област. Соработката со Ректоратот за сите отворени праша­ ња кои се однесуваа за наставата, меѓународната сора­ ботка и администрацијата се одвиваше на високо ниво и без сериозни тешкотии. На наше задоволство, се решија многу проблеми и заеднички се организираа голем број на активности, собири и манифестации.

Предавања, теренска настава и вежби. Преда­ вањата, вежбите и теренската настава се изведуваа со предвидената динамика и согласно со ангажираноста и програмата за работа на наставниците и соработни­ ците. Започнавме да ги реализираме практичните вежби на студентите во институционална форма, со­ гласно со измените во Законот за високото образо­ вание. И натаму се соочувавме со проблеми околу обезбедување на простор за предавања и вежби. Некои проблеми околу ангажираноста на наставниот кадар, наставата, реализацијата на вежбите и испитите и на­ таму се присутни. Евалуација. Посебна комисија составена од наши професори спроведе внатрешна евалуација на Факул­ тетот. Во континуитет на таа евалуација, спроведена беше и надворешна евалуација на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од страна на надворешна комисија од странство (експерти, професори и студенти), во која учествуваше и Филозофскиот факултет. Евалуацијата за Универзитетот доби највисоки оценки од комиси­ јата и релевантните институции во Европа.

НАУЧНА ДЕЈНОСТ И

ПРОЕКТНИ АКТИВНОСТИ

Научни собири, дебати и конференции. Во текот на учебната година организиравме и дадовме поддрш­ ка во организацијата на 14 меѓународни научни соби­ ри, конференции, летни универзитети и 5 домашни научни собири. Поддршка на наставниците и соработниците. Продолживме да ја применуваме Одлуката на Дека­ натската управа за комплетно покривање на трошо­ ците за учество на меѓународен собир, конференција или конгрес на наставници и соработници кои еднаш во годината во странство и во нашата земја имаат при­ јавено труд и ако добијат покана. Беа остварени вкуп­ но 55 патувања, односно престои на конференции, конгреси и научни собири на наставници и соработ­ ници од Филозофскиот факултет во странство. Нашите наставници и соработници настапија со свои излагања на меѓународен план во значителна мера повеќе от­ колку минатата година. Проекти. Се реализираат, односно усвоени се 5 до­ машни и 9 меѓународни проекти. Покрај придобив­ ката во науката, усовршувањето на наставниот кадар и студентите, студиските престои и размената на искус­ тва, од проектите очекуваме да добиеме техничка и софистицирана опрема, како и финансиски средства за потребите на Филозофскиот факултет. Издавачка дејност и литература. Ја продол­ живме и ја унапредивме издавачката дејност. Таа се однесуваше на наставниците и соработниците на на­ шиот Факултет. Комплетно ги покривме трошоците на наставниците и соработниците за изработка на учеб­ ник, монографија и учебно помагало. Издадени се (со одобрение на Комисијата за издавачка дејност) 5 мо­ Универзитетски весник бр. 1 22

нографии, 11 учебници и 4 учебни помагала. Ја спро­ ведуваме Одлуката на Деканатската управа за одобру­ вање средства за покривање на трошоците за печатење на списанијата на Филозофскиот факултет еднаш во годината (беа финансирани списанијата: „Жива анти­ ка“, „Дефектолошка теорија и практика“ и „Безбеднос­ ни дијалози“). Исто така, се одобри и печатење на 5 зборници. Продолживме со поддршката и со практи­ ката за набавка на книги за секој институт согласно со утврдениот износ (Одлука на Деканатската управа) и потреба.

МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА

Филозофскиот факултет оваа учебна година имаше голем број активности и случувања на меѓународен план, кои се однесуваа на студиски размени на студен­ ти и наставен кадар, учество на меѓународни конфе­ ренции, предавања на професори и експерти од стран­ ски универзитети, меѓународни проекти, договори за соработка и сл. Повеќето од студентите престојуваа по еден или неколку дена на нашиот Факултет. Беа посе­ тени соодветните институти каде што странските сту­ денти ги запознававме со работата на Факултетот и институтите. На наше големо задоволство, интерес за соработка пројавија 3 универзитети од Јапонија. Се водеа разговори на ниво на Факултет, а беше посетен и Ректоратот. Студенти од постдипломските студии пројавија ин­ терес да ги продолжат своите студии во странство. Студенти од Институтот за дефектологија учествуваа со свои теми на една меѓународна студентска конфе­ ренција. Студенти од Институтот за социологија вршеа истражувања на одредена проблематика и тоа истра­ жување јавно го презентираа на стручна трибина. Овие активности претставуваат уште една потврда за квали­ тетот и интересот што го имаат нашите млади колеги за постојано усовршување. Студиски размени, престој, обука и учество на конференција на студенти. Беа реализирани 71 сту­ диски престој на студенти од странство на Филозоф­ скиот факултет: AGH универзитетот во Краков, Пол­ ска (студиски престој/размена на Институтот за социологија) – 6 студенти; Факултетот за историја при Московскиот државен универзитет „М. В. Ломоносов“, Русија (студиски престој/размена на Институтот за историја) – 1 студент; Универзитетот во Истанбул, Турција (студиски престој/размена на Институтот за психологија) – 1 студент; Училиштето за глобални студии, Гетеборг, Шведска (студиски престој/разме­ на на Институтот за безбедност, одбрана и мир) – 1 студент; Филозофскиот факултет при Универзитетот во Сараево, Босна и Херцеговина (студиски пре­ стој/размена на Институтот за историја на уметноста со археологија) – 2 студента; Филозофскиот факултет при Универзитетот во Ниш, Србија (студиски прес­ тој/размена на Институтот за психологија) – 4 сту­ денти; Факултетот за развојна и клиничка психологија при Универзитетот Сапиенца во Рим, Италија (студис­ ки престој/размена на Институтот за психологија и Институтот за дефектологија) ­ 13 студенти; Факулте­ тот за развојна и клиничка психологија при Универзи­ тетот Сапиенца во Рим, Италија (студиски прес­ тој/презентација на истражување за докторска ди­ сертација, спроведено во Македонија, Институт за дефектологија) ­ 1 докторанд; Педагошкиот факултет при Универзитетот во Благоевград, Бугарија (студис­

21


ки престој/размена на Институтот за педагогија) – 14 докторанди; Јагјелоњскиот универзитет во Краков, Полска (студиски престој, истражување за докторска дисретација на Институтот за социјална работа и со­ цијална политика); Универзитетот Хосеи од Јапони­ ја (студиски престој/размена на Институтот за исто­ рија, одржано предавање од професор на Институтот за историја) – 14 студенти; Gakushuin University, сопственост на кралското семејство, Токио, Јапонија (студиски престој/размена на Институтот за истори­ ја, одржано предавање од професор на Институтот за историја) – 14 студенти.

Беа реализирани 9 студиски престои на студенти од Филозофскиот факултет во странство: • Ерасмус/Басилеус, Универзитет во Осло ­ 7 сту­ денти; • Ерасмус/Басилеус, Универзитет во Стокхолм и Универзитет во Лунд – 1 студент; • учество на Меѓународна студентска конференција на Факултетот за специјална едукација и рехаби­ литација при Универзитетот во Белград и посета на институции ­ 15 студенти. Студиски престој на наставен кадар. Одржани се 27 предавања од страна на професори од странство на Филозофскиот факултет во Скопје. Оваа бројка на одржани предавања е скоро за двапати поголема во однос на минатата година. Тука не се земени предвид предавањата на професорите кои престојувале повеќе дена на Филозофскиот факултет. Одржано е едно предавање на професор од нашиот Факултет на универзитет во странство. Реализирани се студиски престои на 2 професора од Филозофскиот факултет во странство во траење од една година. Едни­ от од нив во моментот е сѐ уште на студиски престој. Над 100 професори, стручњаци и специјалисти од странство престојуваа на нашиот Факултет и учеству­ ваа на конференции и научни собири и манифестации. Конференции и научни собири. Организирани беа 12 меѓународни конференции и 2 летни универзитета. Бројот на одржани конференции и научни собири во организација на Факултетот е значително поголем од минатата учебна година. Факултетот даваше и голема поддршка на многу конференции иако не беше орга­ низатор. Меѓународни проекти. Во тек на реализација се 9 меѓународни проекти. Во постапка на апликација и преговори се уште неколку меѓународни проекти (при­ лог 1). Договори и соработки. Потпишавме договори за соработка со министерства, државни институции, уста­ нови, центри и невладини организации. На меѓунаро­ ден план потпишавме неколку договори со универзи­ тети, факултети, организации и институции. Во текот на ова учебна година очекуваме и реализација на пот­ пишаните договори и спроведување на планираните активности.

КАДРОВСКА ЕКИПИРАНОСТ

Вработување на соработници. Една од најваж­ ните задачи на Филозофскиот факултет е постојаниот прием на млади стручни кадри од кои зависи и идни­ ната на високообразовниот процес. Вложивме доста напор, испративме повеќе барања и лобиравме до со­ одветните државни институции кои се одговорни за прием на нови вработувања. На големо задоволство на

22

сите вработени наставници на Филозофскиот факултет добивме средства за неколку места за соработници. Се вработија 6 соработници (на институтите за филозо­ фија, педагогија, дефектологија, историја, социјална работа и социјална политика и историја на уметноста со археологија). Постапката за вработување на уште 2 соработника е во тек и во најскоро време очекуваме нови вработувања (на институтите за родови студии и класични студии). Со преземање од Институтот за национална историја се вработи 1 наставник на Институтот за историја. Овие нови вработувања во голема мера ќе ја ублажат лошата состојба со кадровската екипираност. Сметаме дека и понатаму постои потреба за нови вработувања. Дадовме поддршка за избор на демонстратори со­ гласно со потребите на институтите и законските нор­ мативи. Вработување на администрација и технички персонал. Испративме повеќе барања за вработување на неопходните стручни профили за вршење на адми­ нистративните работи до соодветните институции и министерства. Тие барања постојано ги обновуваме, но за жал сѐ уште немаме позитивен одговор од надлеж­ ните државни органи за трајно вработување. Ангажи­ равме привремено уште 6 лица во администрација (техничка поддршка во Службата за студентски пра­ шања, електротехничар, благајник, референт за јавни набавки, референт за постдипломски студии и биб­ лиотекар на Институтот за психологија).

ТЕХНИЧКА ОПРЕМЕНОСТ

Веб­страница. Веб­страницата на нашиот Факул­ тет постојано се ажурира и дополнува со податоци и информации за сите студенти (додипломски, постдип­ ломски и докторски студии). За нејзиното одржување се ангажирани еден информатичар, еден наставник и координаторот за ЕКТС. Во тек е повторно редизајни­ рање на новата веб­страница, која очекуваме да биде готова до крајот на оваа година. Wireless­мрежа. Бесплатната интернет­конекција и понатаму континуирано може да се користи во аула­ та и бифето на Факултетот. ЛЦД­информативни монитори. На мониторите кои се поставени пред Службата за студентски праша­ ња, холот на Факултетот и бифето (вкупно 3), односно на тие места каде што престојуваат студентите, конти­ нуирано се доставуваат информации кои се однесуваат за нивните предавања, испити, одредени измени во наставниот процес, тековни конференции и собири, информации од студентската организација и слично. Мултимедија и техничка поддршка. Обезбедени се нови 3 смарт­табли за три институти (сега се вкупно 6) со кои го започнавме процесот на модернизирање на наставно­образовните помагала кои се користат во современите наставни процеси. Во наредните години, секој институт ќе добие вакви табли. Се изработи нова софтверска програма, односно лиценциран софтвер за потребите на постдипломските студии. За потребите на Факултетот обезбедивме 2 сервер­машини. Вове­ довме контролор за евиденција на работното време за потребите на администрацијата. Извршивме набавка на 24 персонални компјутери, 5 преносни компјутери, 10 печатачи, 5 скенери и 5 ЛЦД­проектори. Целата техничка опрема е поделена по институти. Мобилна телефонија. Ја подобривме комуника­ цијата на наставниот кадар, администрацијата и пер­ соналот преку мобилната телефонија. Универзитетски весник бр. 1 22


УРЕДУВАЊЕ НА ПРОСТОРОТ

Адаптација и реновирање. Адаптиравме 5 каби­ нети. Поставивме нови подни облоги на горниот кат во аулата, со што беше заменета подната облога стара повеќе од 30 години. Се модернизираа 5 предавални, и тоа: предавалните на институтите за филозофија, социологија, класични студии, социјална работа и социјална политика и историја на уметноста со архео­ логија. Во предавалните се поставени нови смарт­таб­ ли, бимови и компјутери, со што наскоро ќе профунк­ ционира комлетниот мултимедијален систем. Инсти­ тутот за родови студии доби нова библиотека, која е ставена во функција за потребите на студентите. Внатрешно и надворешно уредување. Започнав­ ме со тендерски постапки за уредување на просторот на Факултетот и надвор од него. Извршивме рекон­ струкција и аранжирање на 2 фонтани во аулата на Фа­ култетот. Извршивме реконструкција на пристапната патека на потегот спрема Филозофскиот и Филолош­ киот, како и спрема Правниот факултет. На новата па­ тека поставивме нови канделабри, го уредивме трев­ ниот простор пред Факултетот и поставивме нови клу­ пи и жардињери. Го реконструиравме на неколку мес­ та покривот на Факултетот. Се посветува внимание на вентилацијата на Факултетот и во најскоро време ќе се реконструира вентилациониот систем и ќе се постави нов вентилационен систем во големиот амфитеатар. Извршивме чистење на подрумските простории, каде што се поставува ново осветлување и се создаваат по­ добри услови за архивирање на документите.

СТУДЕНТИ И СТУДЕНТСКИ ПАРЛАМЕНТ

Финансиска поддршка. Им даваме континуирана поддршка на студентите и Студентскиот парламент со финансиска поддршка во организација на студентски собири, конференции, студиски престои, студентски игри и други активности. Студентите се вклучени во организацијата и реализацијата на позначајните нас­ тани кои се случуваат на Филозофскиот факултет. Се трудиме и понатаму да ги подобруваме условите за студирање на студентите. Настава и испити. Настојуваме да ја подобриме информираноста кај студентите преку веб­страницата

Универзитетски весник бр. 1 22

и информативните монитори со соопштенија за наста­ вата, прикази, случувања и слично. Исполнети се не­ колку барања кои се однесуваат на дополнителните, односно продолжителните сесии. Зголемен е приста­ пот на информирање, консултации и советување на студентите со Деканатот. Во границите на нашите можности настојуваме да ги решаваме тековните проблеми на студентите кои најчесто се однесуваат на испитите и испитната сесија. Ја подобруваме органи­ зацијата и функционирањето на Службата за студент­ ски прашања. Ги комплетиравме свечените одори со набавка на уште 100 нови, кои студентите ќе ги носат при доделу­ вањето на дипломите.

НАСТАНИ

Настани на Факултетот. Во текот на календар­ ската 2010 година, со повеќе настани го одбележавме големиот јубилеј ­ 90 години од постоењето на Фило­ зофскиот факултет и високото образование во Маке­ донија. Најзначаен настан беше централната прослава која се одржа на 16 декември во Македонската опера и балет, со директен пренос на МРТВ. Со големо залага­ ње од страна на членовите на Организациониот одбор, на повеќето наставници, соработници, демонстратори и студенти, успешно беа привршени подготовките кои траеја неколку месеци. За потребите на оваа значајна манифестација беше снимен и документарен филм и беа доделени неколку плакети на поединци и инсти­ туции. Го организиравме традиционално Меѓународниот ден на хендикепираните ­ 3 декември. Филозофскиот факултет и Македонското научно здружение за аути­ зам помогнаа во организацијата на манифестацијата по повод 2 април, Светскиот ден на аутизмот. Традиционално, на Денот на словенските просве­ тители св. Кирил и Методиј ­ 24 Мај, организиравме посета на наставниот кадар и вработените на Факулте­ тот, овојпат на градот Амстердам, каде што се посетија голем број на музеи и културно­историски споменици. Се остварија повеќе средби, консултации и разго­ вори со наставниците и соработниците, раководите­ лите на институтите и раководителите на наставно­ научните колегиуми на Факултетот. Редовно се одржуваа седниците на Наставно­науч­ ниот совет и Деканатската управа.

23


Универ зитет „Св. Кирил и Методиј “ бул. Крсте Мисирков б.б., 1 000 Скопје, Македонија : +389 2 3 293 293 : +389 2 3 293 202 : ukim@ukim.edu.mk : www.ukim.edu.mk

Univerzitetski vesnik br. 122  

Универзитетски весник број 122, издание на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Република Македонија.

Read more
Read more
Similar to
Popular now
Just for you