Page 1

univerzitetski vesnik И зда н и е н а Ун и вер зи тето т „С в. Ки р и л и М ето ди ј “ во С ко п ј е

Б р о ј 1 1 2, н о ем вр и 20 1 0

Е К ОНОМ С К И Ф А К У Л Т Е Т


KON {EESE NA EKONO

, декан на Медицинскиот факултет ............. 11 - 20 Проф. д-р Миле Станковски, декан на Факултетот за електротехника и информациски технологии ............ 20 - 26 Проф. д-р Александар Димитров, декан на Технолошко-металуршкиот факултет ....................................... 27 - 29 Проф. д-р Никола Јанкуловски

• Одржана ЕРАЗМУС- работилница ...... 29 • The 2012 International Fulbright Science and Technology Award for Outstanding Foreign Students ...................................... 30 • BASILEUS IIIProject ................................ 31

- Практичната настава неприменлива без финанскика поддршка ................................................ 34

13. седница

Е

кономскиот факултет во Скопје, во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”, е најстариот факултет од областа на економијата и бизнисот во Македонија, основан со Уредба на Владата на Народна Република Македонија од 14.11.1950 година, со цел „теоретски да се изградуваат и практично да се подготвуваат висококвалификувани економски кадри“. Во континуитет, вработените на Факултетот се посветени на создавање, акумулирање, пренесување и примена на знаења, со што ги подготвуваат студентите за креирање на вредности од важност за претпријатијата, за националната економија, како и за заедницата во целост. Денес, Економскиот факултет во Скопје, како дел од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, претставува највреден и најзначаен извор за образување на високостручен кадар од областа на економијата и бизнисот во Република Македонија. Годинава, Економскиот факултет при Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, го oдбележува својот јубилеј – 60 години од основањето (1950 – 2010) во време на мошне изострена конкуренција во сферата на високото образование во Република Македонија и во време на модернизација на своето работење. Со цел достоинствено и успешно одбележување на јубилејот на Факултетот, беа организирани следниве настани:

Главен и одговорен уредник универзитетски

Проф. д-р Велим ир Стојковски

весник Заменик главен и одговорен уредник М-р Илија Пиперкоски

Постојани соработници К Ко ос ст та ад ди ин на а М Мо ок кр ро ов ва а Б Би иљ ља ан на а Ф Фо от ти ин но ов вс ск ка а М М-р р М Ма ар ри иј ја а Ц Це ен не ев вс ск ка а Т То ом ми ис сл ла ав в Б Ба аш ше ев вс ск ки и

Лектор

В Ве ес сн на а И И. . Ц Цв ве ет та ан но ов вс ск ка а

Техничко уредување

Г Го ор ра ан н М Му ур ра ат то ов вс ск ки и

универзитетски весник - број 11 2


TGODI{NIOT JUBILEJ OMSKIOT FAKULTET

свечена промоција на дипломирани с т уд е н т и , о д р ж а н а в о а ул а т а н а Факултетот (1 1 ноември 2010 год. );

 м еѓународна конференција

со наслов: “Th e ch allen ges to Econ om ic Th eory an d Policy in th e Afterm ath of th e Global Econ om ic Crisis”, одржана во просториите на Факултетот (1 2 и 1 3 ноември 2010 год. );

с в е ч е н а с е дн и ц а н а н а с т а в н и о т , а дм и н и с т р а т и в н и о т и п е н з и о н и р а ниот кадар на Факултетот, на која беа доделени пригодни награди за присутните по повод јубилејот. По свечената седница беше организирана средба на генерации, збогатена со пригоден коктел и културно - уметничка програма (14 ноември 2010 год. );

универзитетски весник - број 11 2

3


 гала-вечер по повод прославата

на 60-годишниот јубилеј на Факултетот, на која беа поканети најголемите пријател и , с о р а бо т н и ц и и п а р т н е р и на Факултетот во изминатиот период (1 5 ноември 2010 год. ).

Гала-вечерта се состоеше од:  обраќање на деканот на Економскиот факултет во Скопје, ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”, проф. д-р Велимир Стојковски и министерот за образование и наука, г. Никола Тодоров;  промоција на видео за 60 години Економски факултет - Скопје;  доделување пригодни награди на наши долгогодишни пријатели, партнери и соработници;  пригодна културно - уметничка програма;  свечен коктел. Имајќи предвид дека 2010 година е јубилејна година за Факултетот, покрај споменатите активности во наведениот период (11-15 ноември), Факултетот ги организираше и следниве активности:  објавувањето на 60. јубилејно издание од Годишникот на Економскиот факултет во Скопје;  свечено предавање на тема „Добитници на

Нобелова награда по економија за 2010 година”, одржано на 24.11.2010 година на Економскиот факултет во Скопје;

 организирање на летна школа под наслов

„НАПРАВИ РАЗЛИКА – СТАНИ ‘ЗЕЛЕН’ ЕВРОПСКИ ЛИДЕР“ („MAKE A DIFFERENCE - BECOME A ‘GREEN’ EU LEADER“), организирана во соработка со Тренинг-центарот за европска интеграција EITC (European Integration Training Center – EITC) при Економскиот факултет со АИЕСЕК - Локален комитет од Скопје. Летната школа беше одржана во Охрид од 5 до 15 август 2010 година.

4

универзитетски весник - број 11 2


На крај, да ја споменеме пораката што деканот им ја испрати на вработените и на студентите во неговото обраќање по повод 60-годишнината од основањето на Економскиот факултет во Скопје: „ Не беше лесно 60 години да се биде на врвот на образованието на елитен високостручен

кадар.

Нема

да

биде лесно да

останеме на врвот и во новиот милениум. Овој јубилеј е само

еден

од

доказите за

постигнувањата во изминатите шест децении. Горди сме и почестени што сме дел од животот и среќата на илјадници дипломирани економисти, голем број семејства и компании. Од срце ќе речеме: Вредеше и секогаш ќе вреди да си дел од среќата и успехот на луѓето“.

П Пи иш шу ув ва а:: п пр ро оф ф.. д д-р р К Ки ит та а Б Би иц це ев вс ск ка а

П

о повод 1100-годишнината од смртта на св. Наум Охридски, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје организираше Меѓународен научен собир на тема Свети Наум Охридски и словенската духовна, културна и писмена традиција, што се одржа од 4 до 7 ноември 2010 во Охрид, во Конгресниот центар на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. На Собирот беа пријавени педесетина реферати, од кои тринаесет од странство (Русија, Бугарија, Литванија, Словачка, Хрватска, Италија и Германија). Работни јазици беа македонскиот јазик и сите други словенски јазици. Сесиите се одвиваа пленарно и презентирањето на секој реферат траеше до 15 минути. универзитетски весник - број 11 2

Во својот поздравен говор, ректорот проф. д-р Велимир Стојковски ги дефинира светите Климент и Наум Охридски и Охридската книжевна и духовна школа како втемелувачи на македонскиот културноисториски идентитет. Претставувајќи го седумдеценискиот развоен пат на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, ректорот со гордост подвлече дека тој е еден од ретките универзитети на кој се застапени сите традиционални и современи подрачја, а одделни студиски програми се организираат само во рамките на овој Универзитет, како дел од целокупниот виХР О Н И КА Н А М Е ЃУН АР О ДН И О Т Н АУЧ Е Н С О Б И Р „ С В Е ТИ Н АУМ О ХР И ДС КИ И С Л О В Е Н С КАТА ДУХО В Н А, КУЛ ТУР Н А И П И С М Е Н А ТР АДИ ЦИ Ј А“

Собирот се одвиваше во многу пријатна атмосфера, поткрепена со одличната организација на неговиот Програмско-организационен одбор на чело со д-р Илија Велев и на службите од Ректоратот предводени од генералниот секретар на Универзитетот, м-р Илија Пиперкоски и секретарот на Организациониот одбор, г-ѓа Костадина Мокрова. Собирот го отвори претседателот на Организациониот одбор, д-р Илија Велев, а поздравен говор одржа ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, проф. д-р Велимир Стојковски.

сокообразовен систем на Република Македонија. Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ се вклопува во современите текови на животот во Македонија, на Балканот, во Европа, како што некогаш тоа го правеле напорно, но успешно неговите патрони - браќата Кирил и Методиј. - Оваа ваша значајна дејност, базирана врз долгогодишни истражувања, - рече ректорот, обраќајќи им се на учесниците - ќе нè збогати со важни сознанија за настаните и за личностите на кои им должиме за нашата денешнина

.

5


Отворањето беше придружено и со настапот на Градскиот црковен хор на град Охрид. На вториот ден од Собирот, учесниците го посетија манастирскиот комплекс „Свети Наум“ и се поклонија на гробот на светецот. На научниот собир Свети Наум Охридски и словенската духовна, културна и писмена традиција со свои реферати настапија: Вера Стојчевска-Антиќ, Македонија, Вонвременскиот св. Наум Охридски (1100 години од неговата смрт), Димитар Ќорнаков, Македонија, Иконостасот со азурна резба во манастирот „Свети Наум“, Митрополит струмички г. Наум, Македонија, Улогата на свети Наум Охридски во обезбедувањето на континуитетот на суштината на христијанското предание, Ацо Гиревски, Македонија, За свети Наум Охридски од агиолошки аспект, Стефан Санџакоски, Македонија, Манастирот „Св. Архангел Михаил“ (900-905) на преподобен Наум Охридски Чудотворец, прво монашко општежитие во словенскиот дел од византискиот комонвелт, Михајло Георгиевски , Македонија, Поглед кон светителскиот култ на св. Наум Охридски, Марко Китевски, Македонија, Свети Наум Охридски Чудотворец, како исцелител, според македонските народни преданија, Антонија Зарадија-Киш, Хрватска, Izvorište slavenskoga kulta Sedmočislenika i njegova moguća zapadnoevropska kulturološka perspektiva, Добрила Миловска, Македонија, Пишаните извори на светите Седмочисленици, Димитар Пандев, Македонија, Житијата на св. Наум Охридски во општословенски и во македонски контекст, Волф Ошлис, Германија, Македонецот Наум Охридски и Германецот Регино фон Прим како европски дипломати, Александер Наумов, Италија, Образ св. Наума в химнографии, Ратомир Грозданоски, Македонија, Иконоликот на светителот претставен со библиските содржини во акатистот за свети Наум Охридски, Илија Велев, Македонија, Химнографските творби за св. Наум Охридски во богослужбената традиција, Алексеј Пентковскиј , Русија, Slav/nskie kanony arhangelu Mihailu, Љубор Матејко, Словачка, Kanon sv. Andrew i slav/nska/ gimnografi/, Стоја Поп-Атанасова, Македонија, Светите апостоли во химнографските дела на Климент и Наум Охридски, Ѓорги Поп-Атанасов , Македонија, Литературното дело на св. Климент Охридски во книжевната традиција на Света Гора, Марија Јовчева, Бугарија, Za edna vxzmo`na

донија, Култот на св. Наум во познатото дело на Митруш Кутели, Јасна Хорват, Нивес Томашевиќ, Хрватска, Lik i djelo svetog Konstantina Ćirila Filozofa u romanu Az, Лилјана Макаријоска, Македонија, Дејноста на Охридската книжевна школа и јазикот на црковнословенската писменост во Македонија, Милан Михаљевиќ, Хрватска, Položaj crkvenoslavenskoga jezika u hrvatskoj srednjovekovnoj kulturi, Кита Бицевска, Македонија, За некои типични јазични особености на ракописите од Кратовско-лесновскиот книжевен центар наспроти ракописите од Охридската книжевна школа, Емилија Црвенковска, Македонија, Разнообразноста на тексот на Орбелскиот триод, Маринка Шимиќ, Хрватска, Ohridizmi u hrvatskoglagoljskim rukopisima, Мери Цубалевска, Лилјана Макаријоска, Македонија, Лексичките и зборообразувачките особености на Шафариковиот триод, Маја Јакимовска-Тошиќ, Македонија, Културните врски меѓу манастирот Св. Наум и Москополе во 18 век, Маја Ангеловска-Панова, Македонија, Апокрифното наследство во словенската книжевна и народна традиција, Валентина Миронска-Христовска, Македонија, Св. Наум Охридски во македонскиот преродбенски период, Науме Радически, Македонија, Светинаумските медитации и визии за Растко Петровиќ, Лилјана Гушевска, Македонија, Лекарственикот на Архимандрит Јоаникиј, Танас Вражиновски, Македонија, Дар за бога – дар за здравје (За дарувањата на црквите и манастирите), Петер Иванич, Словачка, Св. Наум во словачката и во чешката историографија, Бобан Петровски, Македонија, Третманот на светецот Наум Охридски во учебниците по историја, Митко Панов , Македонија, Претставата за духовните традиции на Охридската архиепископија во византиската идеологија од 11 и 12 век, Сашо Цветковски, Македонија, Портрети на св. Наум Охридски во живописот на Дебарската зографска школа од 19 век, Гоце Ангелчин-Жура, Македонија, Значајни податоци во натписот на полиелејот од манастирот

atribuci/ na slav/nskata slu`ba za sv. Vit, Modest i Kriskenti/, Лора Тасева, Бугарија, Ezikxt na n/koi originalni himnografski tvorbi ot 9-10 vek v statisti~eski rakurs, Ohridskij perevod Lestvicy Joanna Sinajskogo, Татјана Попова

, Русија,

Зекирија Незири

6

, Маке-

универзитетски весник - број 11 2


„Св. Наум“, Александар Трајановски, Македонија, Охридската архиепископија и унапредувањето на Московската митрополија во автокефална црква и патријаршија, Јован Белчовски, Македонија, Истражување околу местоположбата на Светиклиментовата епархија, Јане Коџобашија, Македонија, Генезата на македонското црковно пеење, Петко Златески, Македонија, Св. Наум во контекстот на денешната глобализација, Тони Филиповски, Македонија, Деволската област и словенското просветителско дело на св. Наум, Николче Ѓургиноски, Македонија, Манастирот на преподобен Наум и развојот на словенското монашко богослужение во Охридско. Осуммина од пријавените референти од оправдани причини не присуствуваа, но нивните реферати, како што истакнаа од Организациониот одбор, ќе најдат свое место во Зборникот што ќе се подготвува за печатење. Темите на овој Научен собир опфатија повеќе дисциплини тргнувајќи од тие што беа посветени на духовната страна на св. Наум, дисциплини од историскокнижевен аспект, јазичен, историско-уметнички, па сè до филозофско-теолошките согледувања за човековото битие гледано преку ликот на св. Наум Охридски. На авторствата за св. Наум од историско-книжевен аспект, од историско-уметнички, од аспект на народната македонска традиција и разни други осврти посветени на св. Наум во Македонија се задржа д-р Вера Антиќ. Таа го истакна Москополе како центар за ширењето на култот за св. Наум. На крајот на 9 век, св. Климент и св. Наум светото Кирилометодиево предание го дислоцирале од средна Европа на Балканот. Со тоа тие ја реализирале фразата на светиот Апостол Павле во која се кажува дека на Словените им се дава правото да го слушаат Словото на свој мајчин јазик: Поскоро би изговорил само пет зборови од моите браќа разбрани, отколку илјада неразбирливи (1 Кор. 14,19). На св. Наум му припаѓа местото на монах и подвижник, кој воден од поривот да го воздигне животот надвор од себе во вечноста, последните години ги поминал монашки. Целта на постоењето за монахот и подвижникот Наум е содржана во исконската потреба на човекот да се извиши над минливоста и менливоста на животот. Постои реална можност св. Наум да го знаел монашкиот устав на св. Василиј Велики. Токму тоа можело да го инспирира за создавање на првата монашка заедница во Охрид (од излагањето на отец Стефан Санџакоски). универзитетски весник - број 11 2

За овој специфичен начин на живот и подвиг едно филозофско размислување даде митрополит струмички г. Наум, окарактеризирајќи го како наука и уметност на духовно живеење, кој најдоследно е зачуван во Православната црква, пред сè во нејзините манастири и монашки заедници. Преподобниот наш отец Наум, охридскиот чудотворец е основоположник на монаштвото меѓу нашиот народ, а неговото влијание преку неговата просветителска дејност и преку неговите ученици се протега и многу пошироко меѓу словенските народи. Неспорна е неговата голема улога во обезбедувањето на континуитетот на суштината на христијанското Предание, на откровението на хармонијата на аскетско-исихастичкиот подвиг на црквата низ вековите до денес, истакна митрополит Струмички Наум. - Благодарение на зачестените научни собири посветени на св. Наум, денес тој сè почесто ни се претставува во нова светлина, што нè охрабрува да се впуштаме во агиолошки и теолошки размислувања, потпирајќи се не толку на нови откритија до кои тешко се доаѓа, колку на литургиската традиција, која има стари корени во Македонија

- истакна д-р Ацо Гиревски. Тој си постави за цел да го проследи св. Наум од агиолошка гледна точка, потпирајќи се најмногу на неговата празнична служба, којашто извира од неговите пет житија (три словенски и две грчки). Иконоликот на св. Наум е насликан и со библиските зборови во содржината на Акатистот. На ова восфално химнографско дело, како зборовна икона на светителот, се задржа протоѓакон д-р Ратомир Грозданоски. Тој низ библиски примери и слова аналитички го откри и го посочи библиското богатство во црковната поезија за свети Наума Охридскиот Чудотворец. Со еден поетичен израз на мислата, д-р Ратомир Грозданоски ги издвои споредбено зборовите од Евангелието со оние од богослужбената поезија за свети Наум, притоа нарекувајќи го тој земски ангел и небесен човек и ѕвезда и сонце, и учител и наставник, и војник и проповедник, и апостол и слуга, исцелител и чудотворец, сад со драгоцено богатство и скапоцен езерски бисер. Интересен пресек на резбарството во Македонија даде д-р Димитар Ќорнаков, задржувајќи се на иконостасот во манастирот „Свети Наум“, за кој тој потврди дека е направен под влијание на резбарските мајстори од Света Гора или, пак, од мајстори школувани на Света Гора. Потврда за тоа д-р Ќорнаков наоѓа во на-

7


пуштањето на плиткото резбарство од Слепченскоприлепската школа. Култот на св. Наум Охридски отсекогаш претставувал интерес во науката. Овојпат на таа тема опширно се осврна д-р Михајло Георгиевски, подвлекувајќи дека култот кон св. Наум во литературата е изразен преку пишувањето на житијата и службата, во науката - со организирање научни собири и издавање научни трудови, во уметноста - преку фрескоживописот одразен во Охридско дури во 14 век, како и преку сликањето на неговиот лик на икони, во архитектурата - преку подигнувањето на цркви и манастири во негова чест, а најзначајно култно место секако е неговиот манастир на југоисточнот брег на Охридското Езеро, што самиот го изградил при крајот на 9 век. Свети Наум е познат кај народот како исцелител, како светец што правел чуда. Бил лекар, исцелител не само на христијаните, туку и на бектешите, егупците и Египќаните, подвлече д-р Марко Китевски. Култот на св. Наум преку неговиот манастир се ширел до градот Москополе лоциран во западниот дел на Корчанската Котлина во југоисточна Албанија, а оттаму пошироко во албанските средини, па дури до Романија. Значајна соработка помеѓу црковната управа на манастирот „Св. Наум“ и Москополе има особено во 18 век, кога во тамошната печатница во 1740-1742 година се печати грчката Аколутија во која се поместуваат грчките состави, житија и служби на св. Климент и св. Наум Охридски, како и Службата на седмочислениците. На оваа тема се осврна Маја Јакимовска-Тошиќ. За св. Наум пишувале многу познати имиња и од албанската литература. И таму тој се украсува со истите епитети како и во македонската литература (исцелител, чудотворец и слично). Проф. д-р Зекирија Незири го запозна Собирот со една поема на Митруш Кутели посветена на св. Наум. Неговата поема е со наслов „Писмо од свети Наум“ и носи датум 1943. Содржината на оваа поема е составена во вид на молитва со која една мајка им се обраќа на св. Богородица и на св. Михаил во манастирот „Св. Наум“ да ѝ помогнат да ја преброди душевната состојба во која се нашла нејзината ќерка. Интересно е што култот и славата за светите Климент и Наум Охридски речиси секогаш биле афирми-

8

рани еден со друг и еден до друг, но сепак св. Климент порано се стекнал со богоугодната почит на светител. Отсуството на досега неоткриени порано пишувани извори, истакна д-р Илија Велев, е состојба што упатува кон мислењето дека светителската канонизација за преп. Наум се случила подоцна. И покрај различните мислења во науката во врска со официјалната канонизација на преп. Наум Охридски од страна на црквата, д-р Велев го потврди својот став дека процесот на официјално канонизирање на преп. Наум Охридски во светител и неговото вклучување во богослужбената црковна практика најверојатно почнал да се актуализира во периодот од владеењето на цар Самуил (9761014), а до целосна црковно-богослужбена афирмација на неговиот култ дошло во периодот меѓу 11 и 13 век. Во своето излагање, д-р Димитар Пандев даде еден спој на книжевната историја со лингвистиката. Како што самиот истакна, непосреден поттик за овој негов настап претставува рецензијата на Афанасиј Матвеевич Селишчев, шеф на Катедрата за словенска филологија на Московскиот државен универзитет, по повод второто издание на книгата Bxlgarski starini iz Makedoni/ (Sofi/, 1931). Оваа рецензија го привлекла вниманието на д-р Димитар Пандев бидејќи во неа за првпат Селишчев го употребува називот за предметот што како специјалистички студии го вовел на Московскиот државен универзитет – македонистиката. Во тој период Селишчев се вклучува во сите расправи за македонскиот јазик, литература и култура, ја сместува македонската дијалектологија во балкански контекст и ја издвојува македонската литература од другите европски литератури. Во корпусот на македонските текстови, кои Селишчев ги издвојува, особено значајно место му дава на Житието на св. Наум. Интересни согледувања за науката дадоа рускиот научник Алексеј Пентковскиј и словачкиот славист Љубор Матејко. Пентковски го истакна јужнословенското потекло на четирите досега откриени канони за архангел Михаил. За еден препис тој претпоставува дека е напишан од Климент Охридски, а вториот препис, што се наоѓа во Скопски минеј бил составен од Константин за црквата „Св. Наум“ на Охридското Езеро. Преписите укажуваат на охридскиот регион.

универзитетски весник - број 11 2


Осврнувајќи се на разночтенијата на каноните за св. Андреј и Методиј, Љубор Матејко предложи реконструкција, т.е. ново читање на акростихот во Канонот за Методиј. Интересен осврт на овој Научен собир дадоа химнографските проучувања на д-р Лора Тасева и на д-р Марија Јовчева од Бугарија. Лора Тасева даде еден исцрпен статистички преглед на јазикот на некои оригинални химнографски творби, а Марија Јовчева во своите истражувања открива дека постојат три преписи на службата за св. Вит, Модест и Крискентија, притоа нагласувајќи дека оваа служба се однесува на јужнословенските земји, иако пред тоа постоеле сомневања дека таа е донесена некаде од запад. Како потврда таа го наведува користењето на дијалогот како поетична форма, користењето на името на Светецот и сл. За Марија Јовчева, во дискусијата, Илија Велев се искажа дека таа потекнува од една многу јака школа за химнографски проучувања во Софија и дека нејзините методолошки проучувања помагаат при разрешување на многу прашања од оваа проблематика. Еден интересен споменик на рановизантиската литература од средниот век, т.н. Лествица, кој е на маргините на интересот на македонската медиевистика, беше предмет на презентирање на д-р Татјана Попова од Русија. Како што наведе Попова, досега се познати четири преводи на Лествицата: Преславски, Трновски, Охридски и преводот од Атос. Според Попова, најстар ракопис од овие преводи е Охридскиот, напишан околу 1360 година и се чува во Охридскиот музеј (Охр.92/3). Македонецот Наум Охридски, како што го нарекува св. Наума Волф Ошлис од Германија, како раководител на школите во Плиска, Преслав и Охрид, бил „мозокот“ на господарот, на владетелот. Како таков тој сигурно имал контакт со Регино фон Прим, кој бил на исти години како Наум, исто бил монах, манастирски игумен, летописец. Регино во 893 година бил присутен на историскиот собор во Преслав, каде што Ошлис претпоставува дека се сретнал со Наум. За жал, забележува Ошлис, Регино ништо не рекол за промените во писмото, па во таа смисла постави прашање дали навистина Климент и Наум учествувале во промената на глаголицата во кирилица. Ако тоа беше така, зошто тогаш Климент и Наум продолжуваат и понатаму да пишуваат на глаголица и не само тие, туку и во следните два века продолжува да живее глаголицата, заклучи Волф Ошлис. Посебно внимание на овој Научен собир предизвикаа рефератите од областа на јазикот во кои беа претставени Охридската школа (д-р Лилјана Макаријоска), Кратовско-лесновската (д-р Кита Бицевска), за јазичните, лексичките и други особености на одделни ракоуниверзитетски весник - број 11 2

писи, како Орбелскиот (д-р Емилија Црвенковска), Шафариковиот (д-р Мери Цубалевска), за Лекарственикот на архимандритот Јоаникиј (д-р Лилјана Гушевска), д-р Александра Ѓуркова, за сврзничката синонимија итн. Сите овие реферати имаа ист методолошки пристап, што, како што истакна во дискусијата д-р Црвенковска, се должи на тоа што сите тие припаѓаат на една иста школа за медиевистиката – македонската школа. Во таа смисла се издвојуваше презентирањето на сличната тематика од гостинот од Загреб д-р Милан Михаљевиќ, кој ја разгледа положбата на црковнословенскиот и хрватскиот јазик од еден друг аспект, од социолошкиот. Прашањата за местоположбата на Светиклиментовата епархија, за Охридската архиепископија и македонско-руските црковнопросветни врски, за деволската област, отсекогаш предизвикувале голем интерес во науката. На тие теми се осврнаа д-р Јован Белчовски, д-р Александар Трајановски, д-р Тони Филипоски, а на генезата на црковното пеење се осврна Јане Коџобашија. На крајот од последната сесија, претседателот на Организациониот одбор, заблагодарувајќи им се на сите учесници, го оцени овој Научен собир како многу успешен. Како што се одвиваше во мошне пријатна атмосфера, така и заврши овој Собир. На него како да се чувствуваше духот на св. Наум, како една безвремена категорија. Се искажаа искрени човечки пораки, меѓу кои силен впечаток остави завршната мисла во излагањето на д-р Петко Златески: Еден Христов следбеник мора да живее со љубов кон сите. Оние што веруваат во Бога нека не се превознесуваат и нека не прават за себе слика дека се богови, туку дека се само слика Божја, а оние што не веруваат, нека го почитуваат она златно правило „постапувајте спрема другите онака како што сакате и тие да постапуваат кон вас“

.

9


Н

а 26 ноември 2010 година, на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје се одржа промоција на ново печатено дело – промоција на монографијата Петар Стаматов , чии автори се Славе Николовски-Катин и Методија Трајковски. Петар Стаматов e наш сонародник и голем Македонец од Илиноис, САД, по чија желба со Одлука на Универзитетскиот совет, на 1 април 1988 година, е формиран Фонд, кој го носи неговото име, за стипендирање студенти кои покажуваат особени резултати во студиите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Петар Стаматов е роден пред повеќе од сто години во Смилево, а почина во 1995 година во Илиноис, САД, каде што живеел и работел повеќе од половина век. Печалбарскиот живот далеку од родниот

крај, во Америка, го започнал на 18годишна возраст. Живеејќи до крајот на својот живот на тие простори, Стаматов бил активно вклучен во прогресивните движења на Македонците во прекуокеанска Америка. Од формирањето на Фондот „Петар Стаматоф“ до денес, корисници на стипендии од овој Фонд се двесте шеесет и шест студенти од голем број факултети од сите научни области, кои покажуваат врвни резултати во студирањето, и од нив досега дипломирале над сто стипендисти. „Издавањето на оваа монографија е само скромен израз на нашата голема благодарност за доблесниот гест на донаторот Стаматов, кој ќе го паметат бројни генерации студенти-корисници на стипендии од овој Фонд“ – рече ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скоп-

је, проф. д-р Велимир Стојковски. Промотор на монографијата беше деканот на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, проф. д-р Максим Каранфиловски, кој во својата реч изрази надеж дека оваа книга ќе го добие својот живот во рацете на читателите. Од името на авторите на монографијата се обрати Славе Николовски-Катин. Инаку, на промоцијата на монографијата Петар Стаматов присуствуваа членовите на Управниот одбор на Фондот, ректорската гарнитура, декани на УКИМ, како и други членови на академската заедница, и секако, студентите-корисници на стипендиите од овој Фонд. Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје

10

универзитетски весник - број 11 2


П роф. д- р Н и кол а Ј ан кул овски , декан н а Меди ци н ски от факул тет

И З В Е Ш ТА Ј Н А ДЕКАН ОТ ЗА РАБОТАТА Н А М ЕДИ ЦИ Н СКИ ОТ ФАКУЛТЕТ П РИ УН И ВЕРЗИ ТЕТОТ “ СВ. КИ РИ Л И М ЕТОДИ Ј ” ВО СКО П Ј Е за периодот 1 април 2009 – 31 октомври 2010

Периодот беше одбележан со имплементирање на одредбите од Законот за високото образование кои се однесуваат на Медицинскиот факултет (дефинирање на статусот на Факултетот како високообразовна установа со спецификите предвидени во програмата за работа на деканот). Имотот на Медицинскиот факултет

ВОВЕД

Извештајот на деканот за работата на Медицинскиот факултет при Универзитетот “Св. Kирил и Методиј” во Скопје, за периодот 1 април 2009 – 31 октомври 2010 претставува обврска која произлегува од Законот за високото образование (Сл. Весник на РМ бр. 35/08) и од Правилникот за внатрешните односи и работењето на Медицинскиот факултет во Скопје во состав на Универзитетот “Св. Kирил и Методиј” во Скопје, (објавен во Универзитетски гласник бр. 121), а во смисла на отчетност до Наставно-научниот совет и ректорот на УКИМ. Во извештајот се презентирани активностите и резултатитe реализирани во извештајниот период што произлегуваат од Законот за високото образование, Статутот и актите на Универзитетот, Правилникот за внатрешните односи и работењето на Медицинскиот факултет во Скопје во состав на Универзитетот „Св. Kирил и Методиј” во Скопје и актите на Факултетот. Во изминатиот период Факултетот функционираше во рамките на интегрираниот Универзитет, поврзан со избор на декан и продекани, конституирање на ННС на претставнички принцип согласно со член 62 од ЗВО, формирање на Деканатска управа како орган на управување на Факултетот и други работни тела и комисии, значaјни за непречено вршење на високообразовната, научноистражувачката и здравствената апликативна дејност од областа на медицинските науки и со неа поврзаните фундаментални области на Факултетот. универзитетски весник - број 11 2

Владата на РМ донесе Одлукa на ден 21.03.2007 година со која имотот е сопственост на Република Македонија-корисник Министерството за здравство. Медицинскиот факултет остана без имот, односно корисник на Деканатската, Институтската зграда, амфитеатрите и предавалните беше Министерството за здравство. Бидејќи согласно со ЗВО високообразовна установа мора да поседува простор, кадар и опрема за акредитација и вршење на високообразовна дејност, постоеше можност Медицинскиот факултет да ја изгуби акредитацијата. Деканот побара од надлежните министерства имотот да му биде вратен на Медицинскиот факултет за да може непречено да ја врши дејноста. Владата на РМ донесе Одлука (објавена во Сл.весник на РМ број 31 од

3.3.2010 година) со која корисничките права за недвижниот имот на Факултетот ги пренесе од Министерството за здравство како корисник на УКИММедицински факултет

во својство на корисник, што значи дека согласно со Законот за високото образование и Статутот на УКИМ недвижниот имот од оваа Одлука се дефинира како имот на УКИМ-Медицински факултет во Скопје во кој се содржани објектите на институтите како внатрешна организациона единица на Факултетот, со имотни листови и површина изразена во m² и недвижниот имот лоциран во објектите на Во согласност со Законот за високото образование и Статутот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, обврска на деканите на факултетите е, најмалку еднаш во годината, до наставно-научните совети и до ректорот на Универзитетот да поднесат извештај за својата работа. Во Универзитетски весник објавуваме дел од извештаите за работа на деканите, кои по својата форма и содржина можат да бидат редактирани за оваа намена. Во овој број ги објавуваме извештаите за работата на деканот на М Ме ед ди иц ци ин нс ск ки ио от тф фа ак ку ул лт те ет, т п пр ро оф ф.. д д--р рН Ни ик ко ол ла а Ј Ја ан нк ку ул ло ов вс ск ки, и деканот на Ф Фа ак ку ул лт те ет то от тз за ае ел ле ек кт тр ро от те ех хн ни ик ка а и ии ин нф фо ор рм ма ац ци ис ск ки ит те ех хн но ол ло ог ги ии, и п пр ро оф ф.. д д--р рМ Ми ил ле е С Ст та ан нк ко ов вс ск ки и и деканот на Т Те ех хн но ол ло ош шк ко о––м ме ет та ал лу ур рш шк ки ио от т ф фа ак ку ул лт те ет, т п пр ро оф ф.. д д--р рА Ал ле ек кс са ан нд да ар рД Ди им ми ит тр ро ов. в

11


универзитетските клиники (предавални, амфитеатри, библиотеки, кабинети на шефови и секретари на катедри за хирургија и интерна медицина со имотни листови и квадратура, како и имотот на Сојузот на студентите на Медицински факултет, зградата на читалната на студентите на Факултетот и студентскиот компјутерски центар). Целокупниот недвижен имот се дава на трајно користење без надомест. Финансирање на Факултетот

Медицинскиот факултет за вршење на наставната дејност добива средства од Министерството за образование и наука. Финансирањето се врши согласно со методологија, а наставниците, соработниците и другиот кадар се исплаќаат согласно со условно неквалификуван работник (УНР) по коефициентот на сложеност во зависност од работното место и квалификациите. Со години наназад Медицинскиот факултет беше обесправен, односно на сите факултети вредноста на УНР беше 4.990,00 денари, а на Медицинскиот факултет беше 3.370,00 денари. Со вонредни напори, во услови на замрзнати плати и забрана за нивно зголемување, се успеа да се издејствува согласност од министерот за финансии за зголемување на вредноста на УНР и негово изедначување со другите факултети. Сметано од 1.11.2009 година, зголемен е коефициентот на сложеност (УНР) за високообразовната дејност на Факултетот, што претставува корекција и зголемување на наставниот денар за 27%. Така, на пример месечниот додаток за наставна дејност на редовен професор од клиниките од нето 7.107,00 денари се зголеми на нето 9.058,00. За редовен професор од институтите, во редовен работен однос на Факултетот, делот од платата за настава се зголеми за 27%, односно од нето 27.125,00 денари на нето 34.210,00 денари.

и е објавен во Универзитетски гласник бр. 158 од 4. 8.2010 година. Донесен е Правилникот за работа на Етичката комисија за истражувања на луѓе и е објавен во Универзитетски гласник бр. 159 од 22.9.2010 година. Во февруари 2010 година е добиена согласност од Министерството за финансии за вработување на 435 лица избрани во наставно-научни, научни и соработнички звања. На 27.10.2009 година склучени се спогодби со ЈЗУ наставни бази кои целосно вршат настава за студиските програми на Факултетот и со ЈЗУ Универзитетската клиника „Св. Наум Охридски“ во Скопје. Договорите за работа со лицата избрани во звања од ЈЗУ Универзитетски клиники и ЈЗУ наставни бази не се потпишани бидејќи сѐ уште не е донесена одлука од Владата на РМ за зголемување на бруто-платата за клиничките наставници и соработници, а со цел пласија за експерименти на животни

Со ова, Медицинскиот факултет од МОН добива бруто за 2.309.806,00 денари месечно повеќе од претходно, односно бруто, за 27.717.672,00 денари (450.693 евра) повеќе на годишно ниво

.

НОРМАТИВНО УРЕДУВАЊЕ НА ФАКУЛТЕТОТ

На 5.5.2009 година одржана е тематска седница на ННС во полн состав (сите избрани наставно-научни работници, претставници од соработниците и студентите) на која се донесе Правилникот за внатрешните односи и работењето на Медицинскиот факултет во Скопје во состав на УКИМ , потврден од страна на Универзитетскиот сенат на 13. 5.2009 година. тите да останат непроменети. Деканот има контиСогласно со член 179, став 4 од ЗВО, по претходно нуирани активности за надминување на овој проблем. потпишан меморандум меѓу министерот за здравство, ректорот на УКИМ и деканот на Медицинскиот ОРГАНИ НА ФАКУЛТЕТОТ факултет, на 21.04.2009 година склучени се Спогодби меѓу УКИМ во Скопје-Медицинскиот факултет и Наставно-научен совет Универзитетските клиники за уредување на меѓусебНа 28. 5.2009 година, одржана е конститутивна и ните односи во вршењето на образовната, научноработна седница на ННС на која се конституира ННС истражувачката и здравствената дејност, како функкако стручен орган на Факултетот согласно со член 62 ционална целина, согласно со потребите за спрове- од ЗВО, на претставнички принцип, а по претходно дување на студиските програми, како и за уредување спроведени избори за членови во ННС од катедрите. на работниот однос. Во истиот контекст, согласно со На IV редовна седница на ННС, одржана на овие спогодби, на 15.7.2009 година, потпишани се 24.12.2009 година, донесени се одлуки за формирање анекси на спогодбите, за просторот и лицата избрани на постојаните тела - одбори и комисии на Наставново звања вработени во Универзитетските клиники. научниот совет согласно со членовите 58 и 59 од ПраДонесен е Правилникот за работа на Етичката коми- вилникот на Факултетот (Наставен одбор, Научен

12

универзитетски весник - број 11 2


одбор, Одбор за постдипломски студии, Здравствен АКТИВНОСТИ НА НАСТАВНОодбор, Кадровски одбор, Одбор за специјализации, НАУЧНИОТСОВЕТ Одбор за судско-медицински вештачења, Одбор за Во извештајниот период, ННС одржа 6 редовни, 2 јавно здравство, Одбор за издавачка дејност, Комисија тематски и 2 изборни седници. за библиотечно работење, Етичка комисија за истраСогласно со Законот за високото образование, Стажување на луѓе, Етичка комисија за експерименти на тутот на УКИМ и Правилникот за внатрешните односи животни, Одбор за меѓународна соработка). и работењето на Медицинскиот факултет во Скопје во состав на УКИМ, на редовните, т.е. на работните Деканатска управа седници на ННС, беа разгледувани и усвојувани акти На 23.11.2009 година, се конституира и започна со од надлежностите на ННС, како стручен орган на работа Деканатската управа на Факултетот, како ор- Факултетот. ган на управување согласно со ЗВО и Правилникот на На седниците во мај, јуни, ноември и декември Факултетот. 2009, март и мај 2010 година, ННС расправаше и реВо извештајниот период, Деканатската управа со- шаваше како стручен орган на Факултетот во рамките гласно со ЗВО и Правилникот на Факултетот, донесе на своите надлежности. низа акти од својот делокруг на работа и утврди повеќе Од јуни 2010 година, материјалите за седниците на предлог-правилници и предлог-одлуки кои беа проце- ННС се доставуваат до членовите во печатена форма, дурирани до ННС заради нивно донесување. а заради транспарентност и достапност за сите лица избрани во наставно-научни звања кои не се членови на ННС, се објавуваат и на интернет-страницата на Медицинскиот факултет

.

Нови катедри и центри

За реализација на наставата на студиските програми на Медицинскиот факултет, ННС донесе одлука за формирање на Катедра за хумана генетика и Катедра за семејна медицина. По предлог од Наставниот одбор и Одборот за специјализации, ННС го усвои Проектот за формирање на Центар за семејна медицина. На V редовна седница на ННС на 25. 3.2010 година донесена е одлука ЈЗУ Завод за рехабилитација на слух, говор и глас да биде наставна база на Медицинскиот факултет согласно со условите, нормативите и стандардите за вршење на високообразовна дејност за студиските програми на Факултетот.

АКТИВНОСТИ НА КАДРОВСКИОТОДБОР

Декан и продекани

На изборната седница одржана на 22. 9.2009 година, ННС утврди кандидат за декан, а изборот е потврден од Сенатот на УКИМ на 29. 9.2009 година. На 20.10.2009 година, ННС избра четири продекани поделени по ресори. Раководители на институти и катедри

Согласно Правилникот на Факултетот спроведена е постапка и деканот по предлог на стручните колегуми од институтите, односно катедрите ги именуваше раководителите на институтите и катедрите, со мандат од 4 години. универзитетски весник - број 11 2

Кадровскиот одбор во извештајниот период одржа шест редовни состаноци на кои беа разгледувани прашања во надлежност на Одборот: - донесена е одлука за ангажирање на специјалисти (афирмирани стручњаци и научници од практиката) за вршење на високообразовна дејност согласно со ЗВО и Одлуката од ректорската управа од 2. 7.2009 година; - заради правилна имплементација на Правилникот на УКИМ за критериумите и постапката за избор во наставно-научни, научни, наставно-стручни и соработнички звања, формирани се две комисии за проверка на бодирањето на кандидатите; - дадена е согласност за вршење на високообразовна дејност во други високообразовни установи на УКИМ и на други државни универзитети согласно со ЗВО, Статутот на УКИМ и други подзаконски акти; - поведена е постапка за избор на проф. д-р Клод Клеман Абу за почесен професор на УКИМ; - со претходна согласност од Ректорската управа, избрана е за визитинг-професор проф. д-р Ирене Ланг, редовен професор по интерна медицина и васкуларна биологија при Медицинскиот факултет во Виена;

13


НАСТАВНО-ОБРАЗОВНА ДЕЈНОСТ

Во извештајниот период, активностите во наставнообразовната дејност беа насочени кон усогласување на студиските програми со најновите измени на Законот за високото образование и Правилникот на Одборот за акредитација на високото образование. За таа цел, беа комплетирани содржините на предметните програми со организација на испитите, за студиските програми по општа медицина и тригодишните стручни студии, кои беа акредитирани со привремено решение од 2005 година, сѐ до нивното усогласување со ЗВО. Изготвени се елаборати за измени и дополнувања на интегрирана студиска програма по општа медицина, тригодишни стручни студии за медицинска сестра/техничар и радиолошки технолози, кои ги содржат сите елементи од одредбите на Правилникот на Одборот за акредитација на високото образование. Одборот за акредита-

ција ги оцени позитивно елаборатите и издаде решенија за акредитација за овие три студиски програми (решенија бр. 12-54/4; 12-54/5 и 12-54/6 од 6.10.2010 година)

Направен е софтвер за електронски студентски картон на катедрите за секој предмет. Во картонот се води електронска евиденција за активностите на секој студент (бодови од присуство на теоретска настава, практична настава, семинари, колоквиуми и завршен испит) Направен е софтвер за електронски студентски прашања - студентско досие, со што за секој студент има евиденција за ислушани и положени предмети, прецизно следење на потребните услови за запишување на предмети и пријавување на испити, како и презапишување (преслушување) на предметите

.

. Направена е комплетна реорганизација на просторот во службата за настава, со што е постигната функционална целина на секторот за тригодишни стручни студии и секторот за општа медицина. На тој начин, на студентите им е овозможена поголема достапност до потребните информации и административни постапки во службата. За прв пат е организирана клиничка пракса за студентите од VI студиска година по општа медицина кои студираат по ЕКТС, како менторска настава. Во учебната 2009/2010 година, Медицинскиот факултет во Скопје, потпиша Договор со Стоматолошкиот факултет во Скопје, за регулирање на правата и обврските што произлегуваат од наставните услуги. За разлика од претходните договори со кои Стоматолошкиот факултет префрлаше симболични средства за материјални трошоци, со овој договор за првпат, од

. Изготвено е уверение за положени испити од прв циклус студии по ЕКТС за тригодишните стручни студии, согласно со Правилникот за содржината и формата на дипломата, упатството за подготовка на додатокот на дипломата и другите јавни исправи (Службен весник на РМ бр. 84/09). Подготвен е предлог-курикулум за втор циклус за тригодишните стручни студии, во траење од една (спе- вкупните средства од партиципација на студентите со цијализирање во потесна област) и/или две години кофинансирање на Стоматолошкиот факултет, на (магистер). Предлогот е доставен до катедрите за раз- Медицинскиот факултет се исплаќаат средства, спогледување. Катедрите треба да достават содржини на ред бројот на часови со кои нашиот Факултет учеспредметните програми. твува во наставата. Поаѓајќи од одговорноста да се грижи за квалитеФакултетот ги исплаќа средствата на секоја катедтот и начинот на изведување на постојните програми, ра според процентот на учество во вкупната настава на Медицинскиот факултет, квалитетот на програмите на Стоматолошкиот факултет. се мониторира со анонимна студентска анкета. ЕваВо согласност со одредбите на Конкурсот и Упатлуацијата се спроведува по завршување на наставната ството на УКИМ за реализација на Конкурсот за запипрограма за секој предмет и наставниот кадар. шување на студенти во прва година, Факултетот презеЗа таа цел е направен модул за електронска сту- де низа активности: дентска евалуација на предметите, со што во целост По конкурсот на УКИМ за запишување на студенти се избегнуваат трошоците за спроведување на евалуа- во прва година, во учебната 2009/10 година на Факулцијата и обработката на податоците. тетот се запишаа: 163 на општа медицина: 34 стручни Направена е електронска евиденција на присут- медицински сестри/техничари 32 радиолошки техноноста на студентите и наставниците на теоретските лози, 32 физиотерапевти, 21 логопед. предавања, со целосно мрежно поврзување на амфиПо конкурсот на УКИМ за запишување на студенти театрите и Деканатот. Евиденцијата е достапна на во прва година во учебната 2010/11 година на Факулинтернет-страницата на Медицинскиот факултет. тетот се запишаа: 213 на општа медицина, 101 стручна медицински сестри/техничар, 52 радиолошки технолози, 75 физиотерапевти и 51 логопед. Во почетокот на учебните 2009/10 и 2010/11 година, одржани се предавања за студентите кои се запишуваат во прва година на Медицинскиот факултет. На предавањата студентите се запознаваат со принципите на ЕКТС, курикулумот на студиските програми и правилата за студирање на Медицинскиот факултет. Во извештајниот период на студиите по општа медицина дипломирале 313 студенти, а на тригодишните стручни студии дипломирале: 74 стручни медицински сестри/техничари, 60 радиолошки технолози, 10 физиотерапевти и 2 логопеди. Активности на Наставниот одбор

Наставниот одбор во извештајниот период одржа 5 редовни седници на кои беа разгледани и реализирани активности, и тоа:

14

универзитетски весник - број 11 2


- формирани се конкурсни комисии за упис на студенти во прва година на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Медицински факултет во Скопје, за учебните 2009/2010 и 2010/2011 година; - формирани се рецензентски комисии за 16 учебници и учебни помагала: - согласно со ЗВО и одредбите на Правилникот за условите кои треба да ги исполнува истакнат стручњак од практиката од соодветна област за изведување клиничка настава, формирана е Комисија за имплементација на Правилникот на министерот за образование и наука. - Комисијата донесе одлука сите избрани лица во звања со работно искуство над 10 години, кои се специјалисти од одредена област да се стекнуваат со статус „стручњак од практиката“. - Анализирани се резултатите од електронската евалуација на наставата за студиите по општа медицина и тригодишните стручни студии по ЕКТС за учебната 2009/10 година. - Направени се измени и дополнувања на правилата за студирање - Испечатени се студентски информатори со новите измени и дополнувања на правилата за студирање за учебните 2009/10 и 2010/11 година.

НАУЧНОИСТРАЖУВАЧКА ДЕЈНОСТ

Во извештајниот период започнаа реформите во третиот циклус на високото образование, и за првпат во историјата на Медицинскиот факултет во Скопје, се воведува Школа за докторски студии при УКИМ . Согласно со Законот за високото образование од 2008 година, реформите во полето на третиот циклус студии имаа за цел да се обезбеди хармонизирање на докторските студии, да се создаде единствен истражувачки и образовен систем во Европа и да се подигне нивото на квалитет во таа сфера. Карактеристики на третиот циклус студии вклучуваат и коменторство, курсеви за стекнување генерички знаења, организирање на работилници, семинари и симпозиуми за следење на работата и напредувањето на докторандот. Од посебно значење е тоа што докторските студии ќе бидат регулирани за сите единици на Универзитетот со единствени акти, како што е Правилникот за условите, критериумите и правилата за запишување и студирање, донесен на Универзитетскиот сенат на 18. редовна седница од 22.2.2010 година, а Стручниот совет за докторски студии кој ќе го формира УКИМ ќе биде одговорен за објавувањето на конкурсот, за уписите, за координација на студиите и за обезбедување на нивниот квалитет. Во тој правец, активностите на Медицинскиот факултет беа започнати уште во мај 2009 година. Во текот на ноември, декември 2009 и јануари 2010 година, изготвени се две студиски програми по јавно здравство и по општа медицина со 3 модула: за базична медицина, за клиничка медицина и за молекуларна медицина. Во Предлог-студиската програма за докторски студии учествуваат вкупно 9 катедри со 74 изборни предмети од модулот базична медицина, и 19 катедри со вкупно 123 изборни предмети од модулот клиничка медицина. Курикулумите на вкупно 150 потенцијални ментори се вклучени во студиската програма. Предлогуниверзитетски весник - број 11 2

програмата за докторски студии на Медицинскиот факултет беше усвоена на V редовна седница на ННС, одржана на 22.1.2010 година. Предлог-критериумите за менторство на докторските студии беа донесени со предлог-одлука која е прифатена на VI редовна седница на ННС, одржана на 25.5.2010 година. Студиската програма во моментот е во фаза на акредитација. Во рамките на активностите за хармонизација на докторските студии со истражувачкиот и образовниот систем во Европа, претставници од Медицинскиот факултет присуствуваа на состанокот организиран од асоцијацијата ORPHEUS (Organisation for PhD Education in Biomedicine and Health Sciences in the European System) во Вирцбург-Германија, во февруари 2010 година, а подоцна, продеканот за наука ги презентираше реформите во третиот циклус студии на Медицинскиот факултет во Скопје на состанокот на ORPHEUS во април 2010 година во Виена. Научноистражувачки проекти

Во извештајниот период е работено на 14 домашни, 5 меѓународни научноистражувачки проекти и 5 програми со Министерството за здравство. Опремување на лаборатории

Медицинскиот факултет аплицираше на Проектот за опремување на лаборатории, на повикот на Министерството за образование и наука при Владата на РМ. Прифатени се 42 проекта за кои во септември 2010 година е распишан тендер за јавни набавки. Научноистражувачки проекти на Институтот за претклиничка и клиничка фармакологија со токсикологија

Во однос на научноистражувачките проекти во извештајниот период, Институтот за претклиничка и клиничка фармакологија ја продолжи и унапреди соработката со спонзорите на овие проекти од претходниот период: АЛКАЛОИД АД - Скопје, РЕПЛЕК-ФАРМ ДООЕЛ - Скопје, ЈАКА 80 АД - Радовиш и КРКА д.д., Ново Место, со која во мај 2010 потпиша петгодишен договор за соработка. Остварени се 22 научноистражувачки проекта во соработка со странски партнери, а во тек се 4, додека со партнери од РМ се остварени 4 проекти.

15


Активности на Научниот одбор

Во извештајниот период, Научниот одбор одржа 8 редовни состаноци. Разгледани и одобрени за изработка се вкупно 47 новопријавени теми за докторски дисертации (според старата програма, последен датум за пријавување на тема за изработка на докторска дисертација беше 14.9.2009 година). За оцена на веќе изработени докторски дисертации процедурирани се 20 труда. Во изминатиот период се одбранети вкупно 23 докторски дисертации. Одредени се 39 ментори за изработка на докторски дисертации. Формирана е Комисија во нов состав, за проверка на готови докторски дисертации и имплементација на новите студиски програми за докторски студии, а прифатена е со одлука на ННС на V редовна седница одржана на 25.3.2010 година. На седницата на ННС, одржана на 24.12.2009 година, усвоена е одлука сите научноистражувачки проекти да бидат усвојувани од страна на ННС, а претходно да бидат разгледани на седница на Научниот одбор. Формирана е Работна група за изготвување на работен материјал за предлог-измени и дополнувања на критериумите за избор во наставно-научни и научни звања согласно со Правилникот на УКИМ, на 3.5.2010 година која предложи измени и дополнувања на критериумите за избор во звања на УКИМ, адаптирани согласно со спецификите на Медицинскиот факултет. Предлог-изменетите критериуми беа разгледани на седница на Научниот одбор во мај 2010 година, и беа усвоени на седницата на ННС од 25.5.2010 година, а потоа беа дадени за понатамошна процедура на Универзитетот. Активности на Одборот за постдипломски студии

Одборот за постдипломски студии во извештајниот период одржа 9 редовни состаноци. Разгледани и одобрени за изработка се вкупно 30 магистерски труда и 2 теми за јавен труд. Исто така, беа одредени вкупно 30 ментори за новопријавените теми. За оцена на веќе изработен магистерски труд беа процедурирани вкупно 24 труда и еден јавен труд. Одбранети се 28 магистерски труда и еден јавен труд.

АКТИВНОСТИ НА ОДБОРОТ ЗА СПЕЦИЈАЛИЗАЦИИ

Во извештајниот период, работата на Одборот главно беше насочена кон непречено и квалитетно вршење на специјалистичка и супспецијалистичка едукација на Медицинскиот факултет. По акредитацијата започната е специјализацијата по ургентна медицина, а воведена е специјализацијата по семејна медицина. Согласно со Меморандумот потпишан меѓу Медицинскиот факултет-УКИМ и Министерството за здравство за соработка во областа на семејната медицина и во согласност со здравствената стратегија на РМ до 2020 година, беа реализирани повеќе активности кои резултираа со: - преименување и адаптирање на курикулумот за специјализација по ПЗЗ во специјализација по семејна медицина; - запишани се првите 10 специјализанти по специјалноста семејна медицина (ноември 2009); - изготвен е курикулум и план за доедукација на лекарите кои ќе бидат опфатени со програмата за имплементирање на семејната медицина во РМ;

16

- запознавање и обука за начинот на полагање на специјалистичкиот испит по семејна медицина; - целата активност во врска со проектот семејна медицина е под супервизија на Катедрата за семејна медицина од Медицинскиот факултет во Љубљана и Европското здружение на лекари по семејна медицина; Bo извештајниот период следеше усогласување на специјализации со европските курикулуми за специјалностите: трансфузиска медицина, медицинска биохемија и хируршки гранки (процедурата е во тек). На Медицинскиот факултет во извештајниот период се започнати 310 специјализации (278 приватни). Со специјалистичко звање се стекнале 213 лекари на Медицинскиот факултет, додека со супспецијалистичко звање се стекнале 11 специјалисти.

АКТИВНОСТИ НА ОДБОРОТЗА МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА

Во текот на учебната 2009/10 одржани се 3 одбори и преземени се следниве активности: - во јануари 2010 беше потпишан Меморандум за соработка со американско-австриската фондација (ААФ) - Институт отворено општество. Преку оваа фондација од 1993 до денес се реализирани 360 учества на еднонеделни семинари од разни области и 70 подолги студиски престои во австриски болници. Прв таков симпозиум беше реализиран пред одржувањето на Кардиолошкиот конгрес на тема „Визуализациони методи во кардиологијата“ за повеќе од 50 учесници, лекари-специјалисти. Поканет предавач беше проф. д-р Рајнмилер од Грац, по што ќе следува постапката за негов избор за визитинг-професор. - Во јуни 2010, потпишан е Договор со Катедрата за семејна медицина од Медицинскиот факултет во Љубљана, што претставува продолжување на проектот со Министерството за здравство. Во септември 2010 година потпишан е Договор за соработка со Медицинскиот факултет во Риека, од што би требало да следат повеќе активности во правец на размена на студиските програми, едукација и размена на студенти и специјализанти, како и заедничко учество во научноистражувачки проекти. - Во рамките на Еразмус-програмата, која е активна на УКИМ од 2009 година, воспоставени се контакти и потпишани договори со Медицинскиот факултет во Марибор и Медицинскиот универзитет во Варна. Мобилности на наставници и студенти

Од април 2009 година, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје со потпишувањето на Еразмусчартерот го започнува своето учество во ЕРАЗМУСпрограмата, која се одвива под покровителство на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. Во февруари 2010, на Медицинскиот факултет е организирана презентација за студентите, по што следеше конкурирање, а подоцна и прифаќање на апликациите од страна на Универзитетот на пет студенти и три наставници. Со оглед на проблемите во реализирањето на активностите на Агенцијата, мобилуниверзитетски весник - број 11 2


ностите во целост не можеа да бидат реализирани. По контактот со Еразмус-координаторот во Љубљана, започнати се престои за два студента (за учебната 2010/11). Два наставника со средства од Ректоратот реализираа две мобилности во траење од по една недела, исто така на Медицинскиот факултет во Љубљана. Во рамките на мобилноста на наставен кадар во тек е тромесечен престој на проф. д-р Матија Томшич од Клиниката за ревматологија при Медицинскиот Факултет во Љубљана на нашата Клиника. Во текот на престојот, освен во рутинската активност на Клиниката, професорот е вклучен и во наставата за студенти и специјализанти, а исто така се планира да биде вклучен во воведувањето нови методи и во организирањето едукативни семинари за лекари-специјалисти. Меѓународни проекти

- Од 2010 година, Медицинскиот факултет е вклучен во CEEPUS-проектот „Примена на прототипи во медицината“. Во рамките на проектот, во февруари 2011 ќе се реализира еден студиски престој на Медицинскиот факултет во Марибор. - Медицинскиот факултет се вклучи во две COST-акции. Тоа би требало да биде почеток на поинтензивни активности од кои ќе произлезе поголемо ангажирање на наставниот кадар во научноистражувачки проекти раководени од институции од земјите на ЕУ. - Започнати се повеќе активности и контакти околу проектот „Телемедицина и е-здравство во Република Македонија“, кој претставува дел од Балканскиот проект, веќе реализиран во Косово, а во моментот се во тек активностите околу неговото имплементирање во Црна Гора и Албанија, во кој, со просторот, опремата и човечките ресурси ќе учествува и Медицинскиот факултет.

Активности со студенти

- Медицинскиот факултет го поддржа организирањето на 59. Генерално собрание на Интернационалната федерација на медицински студентски асоцијации во организација на Сојузот на студенти по медицина на Македонија (ССММ), на кое учествуваа околу 800 студенти од земјата и странство. - Со поддршка од Медицинскиот факултет, здружението ЕМСА-Македонија организираше twinning проект со студенти од Мастрихт, Холандија; аплицираше за организирање на Генералното собрание на здружението за 2012 година и од 28.6-2.7.2010, ЕМСА организираше петдневна Летна школа за ургентна медицина - Во текот на август и септември 2010, за првпат се спроведе активност, студентите активно да учествуваат во работата на клиниките како медицински сестри и техничари. Овој проект реализиран оваа година за 20 студенти, би требало во иднина да стане помасовен и да им овозможи на студентите, преку активно учество во работата на клиниките, стекнување на повеќе практични знаења и вештини. - Медицинскиот факултет во соработка со Лионс клубот-Австрија, овозможи едномесечен прес-

универзитетски весник - број 11 2

тој на осум студенти во повеќе клиники во Австрија. - Во рамките на соработката со Универзитетот во Мичиген, се одвиваат активности за реализирање на клиничка ротација на првиот студент од нашиот Факултет во почетокот на 2011 година. Учество на конференции и работилници

- Медицинскиот факултет учествуваше на Годишната конференција на Здружението на европските медицински факултети, која беше посветена на интернационализацијата на медицинската едукација и реформите на курикулумите и студиските програми. - Во август 2010, во Будимпешта беше организирана работилница од страна на Централниот европски универзитет од Будимпешта и Европската асоцијација за стратешко менаџирање на универзитетите при Eвропската комисија, посветена на benchmarking-от на високообразовниот систем, на која Медицинскиот факултет во Скопје учествуваше со свои претставници.

Посета на делегации од странство

- Во текот на јуни 2010 година, професори од Нирнберг, проф. д-р Fischlein и проф. д-р Niklewski беа во посета на Медицинскиот факултет при што понудија можност за реализирање на дел од специјалистичките турнуси на македонските специјализанти. - Шестчлена делегација од државната администрација на Народна Република Кина за традиционалната кинеска медицина, беше во посета на Медицинскиот факултет во септември 2010 година. Во рамките на посетата се организираше работилница на која беа поканети лекари кои имале едукација во таа област, како и претставници од заинтересираните катедри. Дискусијата на средбата беше насочена кон можностите за воведување на традиционалната кинеска медицина во апликативната дејност, но и во курикулумите на Факултетот во рамките на додипломската или постдипломската и специјалистичка настава. - Од 12-14 октомври 2010, во посета на Медицинскиот факултет беа раководители од Националниот центар за научни истражувања на Франција и Европскиот центар за нуклеарни истражувања, д-р Denegri и д-р Dobrzynski. Од таа посета се воспоставија контакти со Амбасадата на Франција и Францускиот културен центар, при што е дадена можност за реализирање на магистерски и докторски студии од областа на медицинската физика, радиотeрапијата, радиодијагностиката и нуклеарната медицина.

Формирање на алумни на Факултетот

- Започната е активност за ангажирање на доктори кои се едуцирале на нашиот Факултет, а денес се еминентни стручњаци во странство (проф. д-р Јанко Гогушев од болницата Некер во Париз и д-р Иво Бошкоски од Gemelli Hospital во Рим).

17


АКТИВНОСТИ НА ОДБОРОТЗА ЈАВНО ЗДРАВСТВО

Одборот за јавно здравство на Медицинскиот факултет, во рамките на континуираните активности, во периодот април 2009 - септември 2010 година одржа повеќе работни состаноци. Наставата по базичните курсеви за шестата генерација постдипломци по јавно здравство се одржуваше во континуитет во текот на учебните 2008/2009 година и 2009/2010 година. На распишаниот конкурс за прием на кандидати за постдипломски студии по јавно здравство во учебната 2009/2010, аплицираа вкупно 33 кандидати, а во декември 2009 започна редовната настава за седмата генерација постдипломци по јавно здравство согласно со предвидената програма. Во дадениот период беа поднесени и разгледани повеќе пријави на кандидати за магистерски тези кои беа процедурирани по вообичаениот тек, а во периодот април 2009 - септември 2010 беа одбранети вкупно 16 магистерски тези од областа на јавното здравство. Одборот учествуваше во реализацијата на курсевите за обука за менаџмент и лидерство во здравството. Во однос на меѓународната соработка, беше организирана дводневна работилница со меѓународно учество посветена на развојот на едукацијата во областа на јавното здравство со фокус на третиот циклус - докторски студии по јавно здравство во рамките на Медицинскиот факултет во контекст на хармонизација со постојните програми за докторски студии во земјите од ЕУ. Во работата на овој меѓународен состанок учествуваа и врвни странски експерти од областа на јавното здравство - проф. д-р Андерс Фелдспанг од Универзитетот од Архус, Данска и проф. д-р Теодор Тулчински, од Хадаса универзитетот од Ерусалим, Израел. Претставници од Одборот учествуваа и на работните состаноци на ASPHER во Цирих, Швајцарија и Рен, Франција, а кои беа фокусирани на развојот на докторските студии по јавно здравство во Европа. Институтот за социјална медицина учествуваше и ги поддржа активностите на International Scientific Committee of the European Public Health Association (EUPHA), како и на активностите на World Federation of Public Health Association (WFPHA). Исто така, значајно беше и учеството во активностите на Research Net Project, активностите на Постојаниот комитет на

Регионалното биро за Европа на СЗО, и учеството во активностите за стратегиски пристапи и акциони планови за имплементација на Европската стратегија за превенција и контрола на хроничните незаразни болести и остварување на Милениумските развојни цели на Обединетите нации. Посебно значајна активност на Институтот беше организацијата на Меѓународната научна конференција за бруцелозата во Југоисточна Европа и Медитеранот во ноември 2009 во Струга, од која произлегоа 36 научни трудови, објавени во меѓународно-референтни списанија.

АКТИВНОСТИ НА ЕТИЧКИТЕ КОМИСИИ

Активности на Етичката комисија за истражувања на луѓе

Етичката комисија за истражување на луѓе во извештајниот период одржа 15 седници, од кои 13 редовни и 2 тематски седници. На редовните седници беа разгледани вкупно 85 студии, од кои 5 македонски и 54 странски студии, 1 поднесок за докторска дисертација, 1 поднесок за магистерски труд, 23 поднесоци за научноистражувачки проекти, и едно барање за утврдување на протокол на етички правила при истражување со луѓе. Изготвен е Правилник за работа на Етичката комисија за истражувања на луѓе. Активности на Етичката комисија за експерименти врз животни

Етичката комисија за експерименти врз животни во извештајниот период одржа 2 седници, од кои 1 редовна и 1 тематска седница. На редовната седница беа разгледани и одобрени 3 предлог-проекти за научноистражувачка работа. Изготвен е Правилник за работа на Етичката комисија за истражувања на животни. Активности на Одборот за судско-медицински вештачења

Одборот за судско-медицински вештачења во извештајниот период одржа пет редовни и две вонредни седници. На седниците се расправаше за 26 предмети испратени од судовите во Македонија, при што за 24 се формирани комисии за вештачење, а два се вратени. Од вкупно 24 предмети 18 се завршени, а 6 предмети се во постапка на решавање. Интернет-страница

За поедноставно администрирање на информациите за сите дејности и активности на Медицинскиот факултет, изработена е динамична интернетстраница на македонски и англиски јазик. Ова овозможува секојдневно информирање на студентите и наставниците и дава можност за дополнување на страницата со нови информации.

18

универзитетски весник - број 11 2


Извештај од централната медицинска библиотека при Медицинскиот факултет

како составен дел на Медицинскиот факултет, спроведена е јавна набавка за вмрежување и инсталирање на мрежна опрема за поврзување на компјутери на Институтот за патологија, Институтот за патофизиологија и нуклеарна медицина и Институтот за судска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија. Инвестицијата е во вредност од 1.374.397,00 ден. Воедно, инвестирањето во оваа опрема овозможи целосно поврзување на наведените институти со Деканатот во еден интегриран систем кој овозможува подобрување на системот за јавни набавки и финансиското работење, зголемена ажурност во јавните набавки, елиминирање на непотребните активности, целосно следење на склучените договори за јавни набавки и реализација на нарачките, како и изготвување извештаи. Исто така, се изврши обука на лица назначени од раководителите на институтите за работење во софтверската програма, која беше надоградена и усовршена за оваа намена, согласно со законските промени и потребите на директните корисници. Се изврши и поврзување на магацинското работење како дел од материјалното сметководство во интегрираниот софтверски систем.

Една од приоритетните задачи на Библиотеката е збогатување на библиотечниот фонд со странски медицински списанија, македонски емдицински списанија, книги, учебници, докторати, конгресен материјал и друг вид литература. Во извештајниот период: - направена е претплата на 14 странски списанија во печатена форма за 2009, односно за 11 во 2010 година; - направена е претплата за проектот HINARI (Health Internetwork Access to Resarch Initiative) кој е финансиран од СЗО, а обезбедува авторизиран пристап до над 200 списанија во полн состав (http://www.who.int/hinari/en/); - обезбеден е пристап и до EBSCO базата, што овозможува пребарување на над 1500 странски списанија во полн сосав според правилата одредени со EBSCO publishing (http://search.ebscohost.com/); - купени се 55 книги преку Ovid/Wolters Kluwer (http://ovidsp.ovid.com). Книгите се достапни во електронска форма по впишување на доделеното корисничко име и лозинка; - според одлуката на ННС, за потребите на библиотеката купени се 14 наслови на книги изда- Инвестиции во градежни работи дени од професори на Медицинскиот факулЗа извештајниот период, во доменот на градежнотет, публикувани во извештајниот период; занаетчиските работи и тековното и инвестиционо - добиени се 18 учебници од странски реномира- одржување, на Медицинскиот факултет инвестирани ни автори наменети за студентите, како пода- се средства во износ од 32.000.000,00 денари. рок од поранешни студенти на Медицинскиот факултет, кои сега живеат и работат во САД; Реконструкции и опремување на амфитетари и - како подарок од проектот на Владата за превод предавални на Медицинскиот факултет на странски учебници според кои се учи на реВо овој извештаен период беа реновирани сите амномирани универзитети во светот, добиени се фитеатри и предавални: 17+7 наслови на книги преведени на македон- целосно реновирање на амфитеатар 1, 2, и 4 ски и албански јазик; (сменети прозорци, тапацирани седишта, об- од средствата на Факултетот, купени се за поновени клупи, паркет и друга столарија, клитребите на наставниот кадар и студентите и ма-уреди); други странски книги и списанија. - амфитеатар 3 и амфитеатар на Инфективна Добиените книги и списанија, како и објавените труклиника (санација на прозорци, обновени клудови во домашните медицински списанија, континупи, паркет и друга столарија); ирано се внесуваат и обработуваат во заемната библио- предавална на Институтот за радиологија (нографско-каталошка база на податоци COBISS и може ви клупи, столчиња); да се пребаруваат преку веб-страницата http:// - изградба на санитарен чвор за студентите во vbmk.vbm.mk/cobiss, односно со пребарување на поИнститутската зграда; датоците од Централната медицинска библиотека во - изградба на санитарен чвор за студентите кај склоп на оваа база: http://www.vbm.mk/scripts/cobiss? амфитеатар 4 (зградата на Интерните клиниid=1328455474749768&ukaz=BASE&bno=40026 ки). Продолжена е соработката со Spencer Eccles Heаlth Sciences Library od Salt Lake city (USA) за порачување Инвестиции во лабораториска опрема трудови по електронски пат. За институтите на Медицинскиот факултет е набавена лабораториска опрема во вкупен износ од ФИНАНСИИ, ИНВЕСТИЦИИ 20.051.212,83 денари. Опремата е испорачана во текот И РАЗВОЈ на 2010 година на 7 институти и на Катедрата за физиИнвестиции во компјутери, компјутерска мрежа и кална медицина и рехабилитација. друга опрема Со цел комплетирање на компјутерската мрежа на ЗДРАВСТВЕНА ДЕЈНОСТНА институтите и катедрите, извршена е набавка на перМЕДИЦИНСКИОТФАКУЛТЕТ сонални компјутери, лаптопи, печатачи и друга компВо извештајниот период Медицинскиот факултет јутерска опрема во вредност од 4.324.975,00 денари. Со за вршење на здравствена дејност има потпишано донабавката на оваа опрема се овозможи замена на до- говор со Фондот за здравствено осигурување на Макетраената и амортизирана опрема и доопремување на донија и со 42 други јавни здравствени установи (клиинститутите и катедрите за непречено одвивање на ники, општи болници, заводи, институти), како и со дејностите на катедрите и институтите. приватни здравствени установи, во специјалистичкоВоведен е единствен интегриран информатички сис- консултативната дејност. За реализираната здравстветем и целосно мрежно поврзување на сите институти универзитетски весник - број 11 2

19


на активност на Медицинскиот факултет фактурирани се 486.187.641, а наплатени 369.588.398 денари. Од напред искажаното произлегува дека во извештајниот период Факултетот активно функционираше и ги вршеше високообразовната, научноистражувачката и здравственоапликативната дејност, како функционална целина на трите дејности. Преку активноста за враќање на имотот на Факултетот, инвестициите со кои се подобрија условите за работа и настава, меѓународната соработка, воведувањето на нова програма за докторски студии и обемната здравствена дејност, проширена и осовременета со нова апаратура и зголемување на платите на наставничкиот, соработничкиот и другиот кадар, беа исполнети најголем дел од предвидените активности дадени во Програмата на деканот. За сѐ досега направено, и изнесено во овој Извештај, би сакал да се заблагодарам на раководителите на катедрите, раководителите на институтите, наставниците, научните работници, соработниците, продеканите и стручната служба на Факултетот, како и сите вработени, без чија помош овие активности не ќе можеа да се реализираат. П ПО ОС СЕ ЕТ ТА АН НА АУ УК КИ ИМ М О ОД ДС СТ ТР РА АН НА АН НА А Д ДЕ ЕЛ ЛЕ ЕГ ГА АЦ ЦИ ИЈ ЈА АН НА АС СО ОК КА А--У УН НИ ИВ ВЕ ЕР РЗ ЗИ ИТ ТЕ ЕТ ТО ОТ Т О ОД ДЈ ЈА АП ПО ОН НИ ИЈ ЈА А

Ректорот на Универзитетот „ Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, проф. д-р Велимир Стојковски, на 26 ноември 2010 година, прими висока делегација на реномираниот Сока-универзитет од Јапонија, како и претставници на Јапонската амбасада во Белград: Масару Катано, Норико Катано и Митсуачи Одзора. Средбата беше одржана по иницијатива на гостите, и произлезе како резултат на согледувањата од нивната анализа за местото и позицијата на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во високообразовниот простор на регионот. На оваа работна посета на УКИМ, која беше реализирана и водена од желбата за соработка со најдобрите,

беа дефинирани областите и целите за вос-

поставување на академска соработка помеѓу Универзитетот „ Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и Сока-универзитетот од Јапонија.

20

П роф. д- р Ми л е Стан ковски , декан н а Факул тетот за ел ектротехн и ка и и н формаци ски техн ол оги и

П О Д О Б Р У В А Њ Е КВ А ЛИ ТЕ ТОТ

ВО

Н А

СИ ТЕ

С Ф Е Р И Н А Д Е Ј С Т В УВ А Њ Е

ВОВЕД

Во периодот 14 септември 2009 - 15 септември 2010, Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) работеше во релативно добри услови. Со овој Извештај за работа на деканот во изминатиот едногодишен период се дава видување на работата на ФЕИТ во сите сфери на дејствувањето. Особено сакам да ги истакнам неколкуте работи кои ја одбележаа изминатава година: • обид за подобрување на просторните услови на Факултетот; • иницијатива на министерот за образование и наука за поделба на Факултетот; • активности за зголемување на бројот на новозапишани студенти на енергетските насоки; • успешна организација на меѓународната конференција ЕПЕ-ПЕМЦ 2010; • подготовка на Елаборатот за трет циклус на студирање – докторски студии; • издавање на монографијата за Факултетот.

СТРУКТУРА, ОРГАНИЗАЦИЈА И УПРАВУВАЊЕ

Организационата структура на Факултетот во овој извештаен период остана непроменета.

УПИСНА ПОЛИТИКА

Во текот на оваа година, особено внимание беше посветено на запознавање на матурантите со можностите на ФЕИТ заради нивна правилна определба. Заради тоа, Центарот за нови студенти, кој работеше оваа година на привлекување нови студенти, продолжи да работи перманентно преку цела година, а не само во периодот пред уписи. Врз основа на направените анкети на новопримените студенти се констатира универзитетски весник - број 11 2


на кој начин и во кој период ја донеле одлуката да се запишат на нашиот Факултет. Врз основа на податоците на анкетата беа насочени активностите за привлекување нови студенти. Имајќи ја предвид конкуренцијата што се појави во изминатите години од новите универзитети и факултети, како Деканат се ангажиравме во промовирањето и афирмацијата на нашиот Факултет со воспоставените активности: „Отворен ден“ - презентација на Факултетот во средните училишта и сл. Се засили агитацијата и маркетингот во средните училишта низ земјата кои даваат потенцијални студенти за упис на ФЕИТ преку делење на брошури, информатори и пропаганден материјал за матурантите. Факултетот учествуваше на манифестациите: „Ноќ на истражувачите“ и „Саем на образование и кариера“. Бевме присутни и на разните средношколски натпревари. Исто така се ангажиравме резултатите на ФЕИТ да бидат широко претставувани преку јавните гласила (дневни и периодични весници, електронски медиуми), како и снимање на специјални емисии за работата и постигањата на ФЕИТ. Во однос на малиот број студенти кои се запишуваат на „енергетските“ насоки, беа преземени неколку активности: • Се разговараше со компаниите кои вработуваат инженери од овој профил да стипендираат одреден број на студенти. Врз база на меморандумот за соработка со ЕВН - Македонија кој го потпишавме минатата година, договорено е ЕВН да стипендира пет студенти од прва година. • Во август оваа година потпишавме меморандум за соработка со ЕЛЕМ, во рамките на кој е предвидено ЕЛЕМ да стипендира пет студенти почнувајќи од прва година. • И покрај нашите напори не успеавме ваков договор да постигнеме и со МЕПСО. • При јавните настапи на деканот, секогаш особено беше потенцирано дека е тренд бројот на студенти од областа на енергетиката во светот да се зголемува и можноста за наоѓање работа по завршувањето на студиите е голема и извесна.

грама ИКИ. Согласно со Уредбата за вршење високообразовна дејност, студентите од таквите предмети се поделени во 2 до 3 групи, при што за нормално одвивање на наставата за сите групи на користење се земени две училници од Технолошко-металуршкиот факултет. • Обезбедување на доволен број студенти во група кај студиските програми со изразено мал број на студенти (КИЕЕ и ЕЕУ), со што се доаѓа во ситуација одделни предмети да не бидат активирани во наставата. Во тие случаи настанува проблем кај студентите при добивањето на потребниот број кредити. За надминување на оваа состојба, деканот поведе иницијатива за реализирање на поранешната одлука на ННС за реорганизација на студиските програми од областа на енергетиката. Студии од втор циклус - магистерски студии

Во текот на 2010 година добиена е акредитација за студиската програма биоинформатика, со што бројот на студиски програми на вториот циклус студии стана 25. Во учебната 2009/2010 се запишаа 333, а во 2010/2011 на студиите од втор циклус се пријавија 160 кандидати, при што запишувањето е сè уште во тек и се очекува бројот на студенти да достигне 200. Тоа е околу 2/3 од бројот на запишани студенти во првите две генерации и ваквиот пад на бројот на студенти беше очекуван со оглед на тоа што останаа многу

НАСТАВНО-ОБРАЗОВНА ДЕЈНОСТ

Студии од прв циклус - додипломски студии

Во учебната 2010/2011 (седма генерација по ЕКТС) се запишани 520 студенти во прва година, што е за 4% повеќе во однос на бројот на запишани студенти во минатата учебна година (2009/2010). Бројот на запишани студенти е помал од бројот на запишани во трите учебни години пред 2009 кога со одлука на Владата на РМ беа преполовени квотите за студенти со кофинансирање, а се отворија и студии од областите на ФЕИТ на други универзитети и факултети. Сепак, и во такви услови на Факултетот се запишува значаен број на студенти и за истакнување е дека состојбата кај нас е значително подобра од состојбата кај останатите технички факултети на УКИМ. Слично како и минатите години, така и во оваа извештајна година, во поглед на изведувањето на наставата може да се согледаат следниве специфики: • Организирањето на нормалното изведување на наставата поради изразено голем број на студенти по одделни предмети од студиска проуниверзитетски весник - број 11 2

21


малку кандидати за упис со завршени додипломски студии по стариот систем и е намален бројот на дипломирани студенти по ЕКТС во 2010 година. Од генерацијата запишана во 2008, теми за магистерски работи имаат пријавено 62% од студентите (100 студенти не пријавиле тема), додека од генерацијата запишана во 2009, теми имаат пријавено 9% од студентите (300 студенти не пријавиле тема). Ваквата состојба се должи на фактот дека најголем дел од запишаните студенти се и вработени и прилично бавно ги исполнуваат обврските поврзани со студирањето. Тоа се потврдува и со податокот за релативно слабата посетеност на наставата којашто се организира во вечерните часови и за време на викендите. Студии од трет циклус на студии - докторски студии

Во април 2010, на седницата на ННС беше усвоен Елаборатот за студиска програма од трет циклус - докторски студии по електротехника и информациски технологии. Потоа, во мај 2010 Елаборатот доби позитивно мислење од Стручниот совет за докторски студии на УКИМ. Процесот за акредитација на студиската програма беше забавен до крајот на летото во очекување на Уредбата за нормативи и стандарди за основање на високообразовни установи и за вршење на високообразовна дејност. Во моментот Елаборатот е дополнет со информации согласно со новата Уредба и се очекува до крајот на годината студиската програма да биде акредитирана, а првите кандидати да се запишат во јануари 2011. Просторни и кадровски ограничувања во наставата

И покрај големите напори не се направени особени подобрувања во однос на наставниот процес на Факултетот. Проблемите во оваа сфера може да се третираат од два аспекта: просторен и кадровски. Просторниот проблем е особено изразен поради неможноста да се организира наставата во помали групи студенти како што е предвидено според ЕКТС. Во тековната учебна година (2010/2011), на нашиот Факултет студираат 2887 студенти на додипломските студии, при што по ЕКТ-системот има 2337 студенти (2079 студенти на четиригодишни студии и 258 на тригодишни студии) и 550 апсолвенти по старите студиски програми. Притоа, за одбележување е и постоењето на одредени предмети кај коишто бројот на запишани студенти е екстремно голем и достигнува дури и до 430. За одбележување е дека заради непречено одвивање на наставата на Факултетот, моментално работат 29 демонстратори избрани на ННС. Финансирањето на овие млади кадри е од сопствената сметка на Факултетот. Во текот на овој извештаен период неколку пати имаме испратено барања до Ректоратот на УКИМ и до Министерството за образование и наука за одобрување на вработување на соработници со кои би се надминал постојниот проблем. Во овој извештаен период се одобрени едно доцентско и три асистентски места. Но, ова е далеку од доволно за да се покријат потребите за одвивање на наставата.

НАСТАВЕН КАДАР

Носител на примарната дејност на Факултетот е наставниот кадар. Во таа смисла, во изминатиот период се продолжи со активности во насока на

22

поддршка на професионалното напредување и надградување на кадровскиот потенцијал на ФЕИТ. Беа примени поголем број на демонстратори избрани на Наставно-научниот совет, а тројца докторирани асистенти беа избрани за доценти. Четворица асистенти се на престој во странство заради докторски студии. Се продолжи со стимулативните мерки за учество на домашни и меѓународни конференции преку покривање на трошоците за котизација и патување, публикувањето трудови во научно-стручни списанија, како и членувањето во професионални здруженија и организации. Во таа смисла на сите учесници на ЕТАИ 2009, МакоЦигре 2009, како и ICT Innovation 2009 и 2010 им беа покриени дел од трошоците за котизација, патување и сместување.

СТУДЕНТИТЕ НА ФЕИТ

Дејноста на Факултетот е првенствено насочена кон едукација на студентите. Ресурсите на Факултетот во прв ред беа насочени кон подигање на нивото на едукацијата на студентите на сите три образовни нивоа на студирање на ФЕИТ. Во изминатиот период, добар дел од активностите беа насочени кон реализација на потребите и барањата на студентите, а во прв ред: • Активна соработка на Факултетот со студентската организација на ФЕИТ во однос на изведувањето на наставата и повратните информации од студентите за квалитетот и недостатоците во наставниот процес. И оваа година имаше барање од студентите за организација на дополнителни ден-сесии. Конечно се прекина практиката за организација на дополнителни ден-сесии.

• Продеканите и деканот имаа приемни часови за студентите, при што беа направени повеќе средби со студентите за решавање на одредени проблеми и унапредување на наставниот процес. • Комуникацијата со студентите се одвиваше и преку службените електронски адреси на проуниверзитетски весник - број 11 2


деканите и деканот, ЦНС и службата за студентски прашања. • Во рамките на своите можности, Факултетот ги поддржуваше формите на студентско организирање како што беа Студентскиот сојуз на ФЕИТ, Организацијата за меѓународна размена на студенти ИАЕСТЕ, БЕСТ, ЕЕСТЕЦ, студентскиот огранок на Македонската секција на ИЕЕЕ и др. • Факултетот даде финансиска поддршка за „Електријада 2010“, која се одржа во Чањ, Црна Гора. Нашите студенти постигнаа особен успех освојувајќи го седмото место од 16 факултети. Покрај тоа, беше освоено второ место (англиски јазик) и две трети места (автоматика и електроника - 2).

се одржа на 29.1.2010, при што беа промовирани студентите кои дипломирале или магистрирале во текот на 2009 година. На промоцијата беа промовирани 27 магистри, 434 дипломирани инженери, 2 инженера со завршен степен и 4 инженери по информатика. Во текот на 2009 година, 44 студенти дипломирале со посечна оценка поголема или еднаква на 9. На промоцијата беа наградени и студентите кои постигнале одличен успех по години: 7 студенти со просечна оценка 10 и 83 студенти со просечна оценка поголема или еднаква на 9. Втората промоција се одржа на 18.6.2010 (на денот на ФЕИТ), при што беа промовирани студентите кои дипломирале или магистрирале од почетокот до мај 2010 година. Промовирани беа 16 магистри, 130 дипломирани инженери, 1 инженер со завршен степен и 2 инженера по информатика. Во овој период немаше Организација на студентски манифестации дипломирани студенти со посечна оценка поголема РОБОМАК: Од страна на студентската организација или еднаква на 9. ЕЕСТЕЦ и студентскиот огранок на Македонската секВо иднина промоциите ќе се организираат еднаш ција на ИЕЕЕ, заедно со Факултетот беше организира- годишно, во терминот во јуни. на манифестацијата РОБОМАК на која учествуваа повеќе студенти од земјата и од странство. МанифестациНАУЧНОИСТРАЖУВАЧКА ДЕЈНОСТ јата имаше натпреварувачки карактер, но беа одржани Втората основна дејност на Факултетот е научноиси поголем број предавања од областа на роботиката. тражувачката дејност, во рамките на која се изведуваат Заради надминување на одредени слабости на мани- фундаментални, развојни и применети истражувања. фестацијата одлучивме од идната година Факултетот Во изминатиот период се работеше на следниве активда се вклучи поактивно во организацијата. ности: Проект „Лаборатории“ - програма на Владата на Семинари: РМ за опремување на лаборатории на државните уни• Во организација на Фондацијата „Вили Брант“ верзитети. беше организиран IV семинар „Технички и Нови научноистражувачки лаборатории на ФЕИТ економски аспекти на обновливите извори на Во јануари 2010 година беа отворени две нови наенергија“. Семинарот беше посетуван од голем учноистражувачки лаборатории, сместени во преуредената просторија во анекс-зградата. Едната лабораторија е доделена на истражувачката група од областа на безжичните комуникации (WinGroup), а другата за истражувања од областа на системите на чип. Проекти финансирани од МОН

По завршувањето на осум национални проекти од ФЕИТ, финансирани од МОН во периодот 2006-2009 година, во септември 2009 година беа поднесени завршните извештаи, а во ноември 2009 елаборатите за нив. Сите осум проекти беа успешно завршени. За жал, ниедна предлог-апликација доставена од ФЕИТ на конкурсите од мај до јуни 2009 за билатерални проекти со Хрватска и Словенија не беше прифатена за финансирање. Во декември 2009 година, по пауза од неколку години, повторно беше објавен конкурс за финансирање на национални научноистражувачки проекти. И покрај краткиот рок, празничниот период и истовремениот конкурс за лаборатории, во јануари 2010, од ФЕИТ до МОН беа уредно доставени 36 предлог-апликации за национални проекти, претходно разгледани и одобрени од Деканатот и Деканатската управа. Во септември 2010 беа објавени резултатите од конкурсот, според кои 3 од доставените 36 предлог-апликации се прифатени за финансирање во периодот јаброј на студенти на кои им беа доделени ди- нуари 2010 - декември 2011 со годишен буџет од пломи. 600.000 денари, за што деканот и раководителите на проектите потпишаа договори со МОН.

Промоција на дипломирани и наградени студенти и магистри

Во 2010 година беа организирани две промоции на дипломирани студенти и магистри. Првата промоција универзитетски весник - број 11 2

Меѓународни проекти

Во изминатиот период започна администрирањето

23


на меѓународните проекти преку Ректоратот на УКИМ. Комплетното администрирање на новите проекти е на ниво на Универзитетот. На Факултетот остана администрирањето на неколку тековни меѓународни проекти. Во изминатиот период состојбата со проектите е следнава: • 1 ФП7-проект заврши во овој период; • 4 ФП6-проекти завршија во овој период; • 5 ТЕМПУС-проекти завршија во овој период; • 1 ДААД-проект заврши во овој период; • 8 билатерални проекти завршија во овој период; • 4 ФП7-проекти се во тек; • 1 СЕЕ-ЕРА-НЕТ проект во кој ФЕИТ е учесник; • 2 ТЕМПУС-проекта се во тек; • 1 билатерален проект е во тек.

Подготовка на портал за трудови

прифати сите барања за средби со странските компании и тие беа успешно организирани и одржани (на пример, со DATEF и DYNA BRAIN од Италија, Ness Technologies од Чешка итн.). На средбите, покрај вообичаеното претставување на Факултетот, секогаш се изразува спремноста за поблиска соработка меѓу ФЕИТ и компаниите, како и за флексибилноста во профилирањето на потребните кадри на различни начини. Голем дел од компаниите доаѓаат и по неколку пати, а некои од нив веќе ја започнуваат својата работа во Р. Македонија. Во изминатата година, ФЕИТ го посетија претставници од неколку странски универзитети и институции: Техничкиот универзитет од Севастопол, Украина, Центарот за телеинфраструктура од Алборг, Данска, Универзитетот од Марибор, Словенија. Универзитетот од Осло, Норвешка, Југозападниот државен универзитет од Бугарија, Универзитетот од Загреб и ЦАРНЕТ од Хрватска итн. УКИМ потпиша договори за соработка со Техничкиот универзитет од Севастопол и со Универзитетот од Осло. Во рамките на договорот со Универзитетот од Осло, предвидена е размена на студенти на магистерски студии од нашиот Факултет. Се очекува првите наши студенти да поминат еден семестар во Осло во периодот јануари-јуни 2011. ФЕИТ потпиша договор за соработка со Центарот за телеинфраструктура од Алборг. Во извештајниот период, исто така, на ФЕИТ се одржани голем број предавања од поканети предавачи, главно во рамките на активностите на одделите од Македонската секција на ИЕЕЕ или инженерските здруженија, но и на покана на ФЕИТ.

ФИНАНСИИ И СОРАБОТКА СО СТОПАНСТВОТО

На иницијатива на Деканатот, изработен е портал за објавени трудови од наставниот кадар на ФЕИТ, кој Финансиското работење во извештајниот период 15 е во фаза на тестирање. Целта на порталот е да се има септември 2009 - 14 септември 2010 година беше насоажуриран увид во публикациите (за потесната и поши- чено кон реализирање на следниве активности: роката јавност) и полесно да се прават прегледи на об• подобрување на работните услови за вработејавени трудови за различни намени (избори во звања, ните и студентите; критериуми за ментор итн.). Се предвидува порталот • одржување на вредноста на бодот во делот да почне со работа до крајот на 2010 година. финансиран од сопствената сметка; • организација на 14. Конференција ЕПЕ-ПЕМЦ Одржани конференции 2010; • ЕПЕ-ПЕМЦ 2010 (во организација на ФЕИТ и • тековни комунални трошоци; МАК-ЗЕЕПУ); • јавни набавки. • Мулти-конференција ЕТАИ-ААС-ДЕЦОМ-ТТ 2009 (во организација на ЕТАИ, потпомогна- Соработка со стопанството та од ФЕИТ); Соработката со стопанството е една од приоритет• МАКО-ЦИГРЕ 2009 (во организација на ните цели и задачи не само на деканот, Деканатот и МАКО-ЦИГРЕ, потпомогната од ФЕИТ); Деканатската управа, туку и на секој вработен на • ICT Inovations 2009, ICT Inovations 2010 (во Факултетот. организација на ИКТ-АКТ, потпомогнати од Главно, соработката со стопанството се одвиваше ФЕИТ). преку следниве форми: експертски и стручни услуги за потребите на стопанските субјекти, заеднички развојМЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА но-истражувачки проекти, консултантски и услуги на Меѓународната соработка се одвиваше на две нивоа вештачење, студентски практики, спонзорирање про- соработка со соодветни академски институции од моција на дипломирани студенти, спонзорирање насстранство и соработка со странски компании. тани на Факултетот и сл. Во рамките на активностите на Агенцијата за странЗа истакнување се договорите со АД ЕЛЕМ и ЕВН ски инвестиции на РМ, ФЕИТ беше контактиран за Македонија за стипендирање напредни студенти од остварување на средба од неколку странски компании, прва година запишани на енергетските студиски пропотенцијални инвеститори во РМ. Вообичаено, стран- грами. Во разговорите со претставниците од двете комските компании, покрај интересот за другите економ- пании беше констатирана неопходноста од зголемуваски фактори во РМ, се интересираат за кадрите кои ње на бројот на студенти на енергетските студиски можат да ги најдат на пазарот на трудот. ФЕИТ ги програми и особено привлекувањето на студенти со

24

универзитетски весник - број 11 2


натпросечни резултати во средното пред универзитетското образование. Бројот на пријавени и запишани студенти кои ги исполнуваат овие критериуми е значително зголемен спореден со претходните академски години. Очекуваме позитивен одѕив од оваа кампања и, секако, нејзино продолжување во наредните години. Во извештајниот период беа склучени меморандуми за соработка и со компаниите: ЕЛЕМ, ЕЦС, ИТГМА, Квазар, Ера Сити и Nextsense. Согласно со Програмата за работа на деканот, беше предвидено продолжување со работа на акредитацијата на лабораториите на Факултетот од страна на релевантни институции надлежни пред Министерството за економија, за усогласување со европските стандарди. За реализација на оваа програмска точка, реализирана е средба со раководни лица од Агенцијата за акредитација на РМ и во тек се активности во насока на акредитација на заинтересирани лаборатории при Факултетот. Реализацијата на овие активности секако ќе значи зголемена конкурентност на нашите лаборатории, а со тоа и можност за учество на домашни и меѓународни јавни повици кои ќе значат и подобрување на материјално-финансиските основи на Факултетот. Претстојни активности

Од претстојните активности би сакал да го истакнам донесувањето на Правилникот за плати при УКИМ. На ниво на Ректоратот се усвоени рамковни принципи за финансирањето на вработените при Универзитетот, при што секоја единица треба да донесе одлука за плати усогласен со Правилникот на Универзитетот, како и спецификите на единицата. Како втора значајна активност во претстојниот период би сакал да ги истакнам заложбите за подобрување и унапредување на просторните капацитети на Факултетот. За оваа цел постојат размислувања, идеи и концепции на ниво на Деканат и Деканатска управа и се надевам дека во претстојниот период ќе успееме да реализираме дел од нив. Можеме да кажеме дека материјално-финансиските активности и соработката со стопанството во извештајниот период се реализираа врз основа на програмата и тековните потреби.

КАДРОВСКА СОСТОЈБА НА ФЕИТ

На Факултетот има 128 вработени (на платен список) и на 1 наставник и 6 соработници им мирува работниот однос или вкупно 135 вработени. Во овој период на Факултетот се случија следниве кадровски промени: • нововработени лица: еден доцент и 3 помлади асистенти; • престанок на работен однос со пензионирање: 1 наставник, 2 виши технички соработника и 4 од административно-стручната служба; • лица на кои им мирува работниот однос – 7; • ангажирани лица по договор - 15 (во стручно/техничките служби; • демонстратори избрани од ННС - 28; • доделени демонстратори за лаб. вежби - 15. Овде треба да се забележи дека 43 лица се ангажирани со договор за дело, а нивното финансирање е на товар на сопствената сметка на Факултетот. Ова е истакнато неколку пати до Универзитетот и до државните органи, но проблемот сè уште останува да егзистира. универзитетски весник - број 11 2

СТРУЧНИ СЛУЖБИ НА ФАКУЛТЕТОТ

Во извештајниот период, стручните служби на Факултетот за електротехника и информациски технологии, покрај тековните работи што произлегуваат од нивните права и обврски утврдени со Правилникот за организација и систематизација, имаа зголемен обем на работа кој произлезе од активностите кои се наложија со донесување на новиот Закон за високото образование и интегрирањето на Универзитетот. Во текот на извештајниот период, работено е на следниве активности: подготвувани се материјали и одлуки на ННС и на Деканатстска управа; реализирани се јавни набавки; вршено е перманентно ажурирање на документацијата на Факултетот за учество на јавни повици за апликативни проекти; изработени и ажурирани се повеќе акти, како и изработени се упатства за работа и функционирање на Факултетот. Студентската служба е една од најоптоварените служби на Факултетот. Со постојниот број на вработени, како и бројот на студентите, таа не е во состојба секогаш навремено да ги извршува поставените задачи. Ова особено е евидентно со зголемениот број на студенти на вториот циклус на студирање - магистерските студии. Заради тоа, во текот на изминатата година доделувани се одреден број на луѓе кои помагаа при извршувањето на задачите на оваа служба. На ниво на УКИМ, во тек е изработка на информационен систем. Нашиот Факултет ќе биде првиот факултет каде што ќе се имплементира новиот систем. Очекуваме дека со информациониот систем ќе се зголеми ефикасноста во работата на оваа служба. Библиотеката на ФЕИТ продолжи со збогатување на библиотечниот фонд и подобрување на квалитетот на услугите за своите корисници. Во Библиотеката пристигна поголем број наслови на стручна литература од акцијата за превод на стручна литература на Владата на РМ, при што сите добиени наслови беа средени, евидентирани, обработени и внесени во библиотечниот фонд во потребниот број. Во оваа акција беа доставени повеќе од 3.000 единици. За одреден дел од вишокот единици беше пронајден соодветен простор, во договор со одредени институти. Проблемот со сместување на овие книги и оние што допрва ќе дојдат изискува изнаоѓање соодветно просторно решение. Преку членството во Македонските електронски библиотеки (МЕБ), Библиотеката обезбеди пристап до повеќе електронски бази на податоци од големо значење за областите кои ги покрива Факултетот, од типот на Cambridge Journals, SAGE Journals Online и Oxford Journals. Редовно беше ажуриран делот за Библиотеката на веб-страницата на ФЕИТ, каде што редовно се поставуваа информации за новодобиените книги на месечна база. Освен тековните работи од типот задолжување и раздолжување на корисници со литература, средување на магацинскиот простор и организација на единиците, се изврши укоричување на оштетени единици и се ревидираа инвентарните книги од постар датум. Навремено беа дисеминирани информации до наставниот кадар и студентите, а беа обучувани и корисници-студенти за пребарување на информации на интернет и во електронските бази на податоци и беа упатувани за начинот на организирање на информациите во овој тип на извори.

25


ДРУГИ АКТИВНОСТИ НА ФЕИТВО ОВОЈПЕРИОД

Во ноември 2009 година, кај Холандската влада конкуриравме за финансиски грант за изградба на центар за наука, иновации и технологија на ФЕИТ. Апликацијата беше на конкурс за финансирање на инфраструктурни проекти од Холандската влада преку Фондацијата ОРИО. Финансирањето од холандската фондација може да биде на проекти поддржани од владата на соодветната држава. Нашата апликација беше доста високо оценета и помина во вториот круг на евалуација. Во вториот круг на евалуација имаше барање да се одговори на поголем број на прашања. Бевме повикани да го презентираме проектот во Холандија. Од нашата Влада беше побарано да го стави проектот во буџетските проекции за наредните години и за тоа да испрати писмо. Такво писмо не беше испратено. На крајот проектот не ја помина втората фаза на евалуација. Имавме ветувања дека Владата на РМ ќе го поддржи проектот во следниот конкурс кој се распиша летото 2010 и кој заврши во октомври, но и овојпат од МОН не добивме поддршка за проектот. Презентации на институтите

Од јануари 2010 година, Деканатот на ФЕИТ започна со нова форма на претставување на резултатите, активностите и плановите на институтите. Презентацијата на институтите треба да ги постигне следниве цели: популаризација на резултатите, активностите и плановите на институтите пред академската заедница, деловната заедница и институциите на РМ и ЕУ; поттикнување на меѓусебна соработка и размена на искуства и идеи; интензивирање на соработката со стопанството и други институции во насока на заедничко решавање на реални проблеми од стопанството и општеството; вклучување на студентите (посебно од втор и трет циклус) во активностите на институтите; зголемување на бројот на успешни проектни апликации и реализирани проекти; зголемена применливост на постигнатите резултати во стопанството и општеството. Серијата презентации започна со Институтот за АСИ и заклучно со јуни 2010 се презентираа ИЕ, ИЕММ, ИЕМТА, ИЕТЕЗЕЗ, ИЕЦРП. Сите презентации беа организирани на високо ниво и беа масовно посетени, со што се оправдува нивното одржување. Во периодот септември - декември 2010 ќе се одржат презентациите на преостанатите 4 институти (ИКТИ, ИМФ, ИПЕЕС и ИТК). Промоција и издавање на монографија по повод 50 години ФЕИТ и брошура на англиски јазик

Во насока на заокружување на активностите за одбележување на 50-годишниот јубилеј на Факултетот, на 23.12.2009 беше одржана предновогодишна свечена вечера во хотелот „Александар палас“, на која беше промовирана подготвената монографија по повод јубилејот. Монографијата ја промовираше д-р Момчило Богданов, професор во пензија. По промоцијата на монографијата и направените корекции во периодот јануари-април 2010, монографијата е испечатена во тираж од 500 примероци (книги во тврд повез + електронска верзија на ЦД) во јуни 2010 година, кога беа свечено доделени примероците на вработените и пензионерите од ФЕИТ.

26

Согледувајќи ја потребата за претставување и промоција на ФЕИТ во разни прилики во странство или при посета од странски институции, во периодот јуни - август 2010 беше подготвена и кратка брошура за Факултетот на англиски јазик. Брошурата е испечатена во тираж од 1000 примероци, од кои, првите 500 примероци им беа поделени на учесниците на меѓународната конференција ЕПЕ-ПЕМЦ 2010 во Охрид. Промоција на преведени книги

Во рамките на проектот на Владата на РМ „Превод на 500 стручни, научни книги и учебници од кои се учи на врвните, најдобрите и најреномираните универзитети во САД и Англија, а од областа на правото во Франција и Германија“ и дополнителни 50 книги од информатичко општество, на ФЕИТ беа одржани две промоции (април и септември 2010) на 40-тина наслови главно од ИКТ - областите. На двете промоции свои обраќања имаа деканот на ФЕИТ, претседателот на Владата на РМ и министри од Владата на РМ.

ШТО ВО СЛЕДНАТА ГОДИНА?

Во следната академска година, главните правци на дејствување на деканот и Деканатот ќе бидат насочени кон: • решавање на просторните и кадровски проблеми; • воведување на информационен систем во работењето на Факултетот; • иновирање на студиските програми на прв циклус студии; • реорганизација на студиските програми од енергетика; • започнување на студии од трет циклус според ЕКТС; • организирање на работилница за ЕКТС; • донесување на одлука за распределба на плати. Најголем дел од овие активности ќе бидат детерминирани од две активности кои ги презема Министерството за образование и наука: во собраниска процедура е закон за формирање на нов Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство и најави за реорганизација на УКИМ со поделба на пет нови универзитети. Во наредниот период очекуваме максимална поддршка и ангажираност на сите вработени на Факултетот, кои со своето интелектуално и професионално дејствување ќе придонесат кон подобрување на работните услови, креирање атрактивни студиски програми и перманентен развој на сите дејности на Факултетот. Со тоа нашиот Факултет не само што ќе ја задржи, туку и значително ќе ја подобри водечката позиција во високото образование од областа на електротехниката и информациските технологии во државата.

универзитетски весник - број 11 2


П роф. д- р Ал ексан дар Ди ми тров, декан н а Техн ол ош ко- метал урш ки от факул тет

КО Н ТИ Н УИ РАН И АК ТИ В Н О С ТИ З А Р Е А ЛИ З АЦИ Ј А Н А П О С ТАВ Е Н И ТЕ П Р О ГРАМ С К И ЦЕ ЛИ

Во третата година од мандатот на деканот на Технолошко-металуршкиот факултет, во периодот од 1.10.2009 до 30.9.2010 година, реализирани се голем број активности, кои подетално ќе бидат претставени и групирани според областа.

ОСОВРЕМЕНУВАЊЕ НА НАСТАВАТА

Наставната функција на Факултетот е сè уште доминантна во однос на научноистражувачката и апликативната дејност. Иако зголемувањето на научноистражувачките и апликативните проекти е во значителен раст, како резултат на соработката со многу европски фондови, и понатаму главна активност на Факултетот е наставата. За подобрување на наставата, како на додипломско така и на постдипломско ниво, во текот на 2009/2010 година беа преземени и реализирани следниве активности: 1. По предлог на деканот, Наставно-научниот совет наТМФдонесеСтратегијазаразвојзапериодот од 2010 до 2015 година, составена од четири стратешки цели: Стратешкацел1 : модернизирање на постојните студиски програми и воведување на нови; Стратешкацел2: подобрување на квалитетот и ефикасноста на наставата; Стратешкацел3: воведување на доживотно учење и подобрување на мобилноста на наставниците и студентите; Стратешкацел4: зголемување на креативноста и иновативноста, вклучувајќи го и претприемништвото на сите нивоа на образование. Притоа, за нивна реализација формирана е Комисија и истовремено деканот започна со организирање на состаноци со сите институти поединечно, со цел поактивно следење на имплементираните активности. 2. Подготовка и предавање на акредитација на студиските програми за трет циклус - докторски студии по МЕТАЛУРГИЈА и ТЕХНОЛОГИЈА. Со реализацијата и на овие програми, ТМФ може да се пофали дека заклучно со учебната 2009/2010 година успешно ја заврши реформата за воведување на ЕКТСво наставата во сите три циклуси на студирање. 3. Организирани и отворени дисперзирани студии по металургија и метални материјали во Кавадарци. За овие студии е обезбеден простор во универзитетски весник - број 11 2

4.

5. 6.

7.

8.

Домот на културата во Кавадарци, кој беше реконструиран и опремен за реализација на редовна настава, со финансиска поддршка на Министерството за образование и наука. Оваа учебна година ТМФ ја започнува со првите 30 студенти. Во соработка со Фондацијата „Willy Brandt“од Италија и Канцеларијата на Светска банка во Скопје беше организиран втор семинар – „Зајакнување на капацитетите за управување со отпад“. Семинарот го посетуваа студенти од ТМФ, претставници на јавните комунални претпријатија и општините. Организирани промоции на учебници и книги издадени од професори на ТМФ: Хемиски реактори 1 и Хемиски реактори 2 од проф. д-р Филимена Поповска, Вечните пет од проф. д-р Светомир Хаџијорданов. Во рамките на ТЕМПУС-проектот со наслов „Инженерство на храна“, во текот на 2009/2010 беа организирани постдипломски специјалистички студии, на кои настава одржаа еминентни професори од познати европски центри. Наставата ја посетија повеќе од 70 студенти, на кои свечено им беа доделени сертификатите по завршувањето на овие студии, на денот на Факултетот. Започна практична настава за студентите од трета година на ТМФ, која успешно се реализира во летниот период, во времетраење од 4 недели. Многубројните контакти со компаниите кои беа заинтересирани за овој вид на соработка резултираа успешно, овозможувајќи им на студентите во нивните погони да ги стекнат своите први практични знаења. Токму за оваа можност јавно сакам да им се заблагодарам. Започнати се активности за воведување редовна практика и студиска програма за потребите на Johnson Metti.

МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА

Меѓународната соработка има посебна тежина и е неопходно нејзино посебно негување и унапредување. Во текот на оваа година, Деканатот потроши многу време и енергија за зголемување на овие активности. Во таа насока, реализирани се следниве активности: - изработена и аплицирана ОРИО-апликација за реконструкција на лабораториите, фасадата и прозорците на зградата; - одржана билатерална средба со делегација од Универзитетот во Зеница; - на 7.12.2009 потпишан е трилатерален договор помеѓу ТМФ-УКИМ, Техничкиот универ-

27


зитет и Хемиско-металуршкиот универзитет во Софија, Бугарија; - во соработка со ЛЕЦО од Прага, одржана е работилница за промоција на инструментите од палетата на ЛЕЦО; - учество на регионална средба Германија-Бугарија-Македонија-Албанија во Софија, за воспоставување на ДААД-проектна соработка за регионална студиска програма за обновливи извори, енергетска ефикасност и еколошки чисти технологии; - воспоставена е соработка со Француската амбасада за реализација на н+1 магистерски студии, и добиени 2 стипендии за магистерски студии на 2 студента од ТМФ (Мишела Темкова и Тодор Стојановиќ).

ПРИБЛИЖУВАЊЕ НА ТМФ ДО ИДНИТЕ АКАДЕМСКИ ГРАЃАНИ

За подобра презентација на ТМФ пред идните академски граѓани, потенцијални студенти на ТМФ, како и пред пошироката македонска јавност, беа преземени бројни активности: - спроведена е професионална кампања за презентација на ТМФ. Во рамките на рекламната кампања беа спроведени следниве активности: организирани се отворени денови; учество на Саемот на образование; организирани презентации пред средношколците во Куманово, Велес, Прилеп, Неготино, Кавадарци, Штип, Пехчево, Кочани, Тетово, Гостивар; објавени натписи и статии во списанијата: Инженерство и Студент; повеќе ТВ-настапи на МРТВ 1, Телма и Сител; учество на манифестацијата Ден на науката на плоштадот „Македонија“; - во соработка со Институтот за текстилно инженерство, беше организирана модна ревија на студентите од IV година на насоката конфекциско инженерство;

28

- формиран и отворен Центарот за кариера на Факултетот. За потребите на овој Центар, испечатен е флаер за негова популаризација. Исто така, поставена е и нова веб-страница на Центарот за кариера. Како дел од предвидените активности се реализираа: предавања од менаџерски и педагошки карактер; обука за пишување мотивациско писмо и CV од УСАИД-Кариера, предавање од компанијата за човечки ресурси – ХР Глобал; - одржано е Годишното собрание на Алумниорганизацијата на ТМФ, и избран е новиот претседател, г. Симеон Наумоски, дипломиран инженер-технолог, директор на ВИТАМИНКА - Прилеп.

ПОДОБРУВАЊЕ НА ИНФРАСТРУКТУРАТА НА ФАКУЛТЕТОТ

За обезбедување услови за изведување на квалитетна и современа настава, како и за подобрување на инфраструктурата на ТМФ, беа реализирани повеќе градежни работи и набавена е нова опрема.

ПОДОБРУВАЊЕ НА СТУДЕНТСКИОТСТАНДАРД

Факултетот со неговата поставеност, интеграциите што ги има во рамките на Универзитетот и државата, не може битно да влијае врз подигањето на студентскиот стандард. Меѓутоа индиректно, преку разни форми на дејствување може да го олесни режимот на студирање и да го намали оптималното време за добивање на диплома. Во таа насока, во текот на оваа учебна година беа реализирани следниве активности: - обезбедена е нова просторија за Студентскиот парламент на ТМФ, опремена со нов мебел, компјутер и безжичен интернет; - редовно се врши осовременување и надополнување на веб-страницата на Факултетот;

универзитетски весник - број 11 2


- во соработка со БОМЕКС, Скопје, колегите од Институтот за неоргански технологии организираа практика за студенти од Македонија, Босна и Србија во фабриката во Пехчево; - Деканатот, во рамките на своите можности, финансиски ги помогна сите активности што ги реализира Студентскиот парламент на ТМФ. Притоа, беа покриени и дел од средствата за учество на Технологијадата во Горни Милановац-Србија, како и учеството на студентските игри во Охрид.

НАУЧНОИСТРАЖУВАЧКА РАБОТА

Технолошко-металуршкиот факултет континуирано ја негува научноистражувачката работа преку реализација на национални и меѓународни проекти од кои произлегуваат голем број отпечатени трудови во еминентни списанија со меѓународно влијание. Во текот на 2009/2010 година, за одржување на континуитетот во оваа област беа реализирани следниве активности од страна на Деканатот: - добиени се 2 ТЕМПУС-проекта: Improving Academia – Industry Links in Food Safety and Quality и Creation ofUniversity - enterprise cooperation network for education non sustainable technology; - добиени се два македонско-словенечки научноистражувачки проектa со наслов: Нанокомпозити од биоразградливи полимери и керамички полнители и Екстракција на капсаицин и обоени материи од македонски лути пиперки; - добиен е меѓународен проект со Република Бугарија, под наслов Синтеза-структура-својства на поликомпонентни керамички системи, добиени по метода на контролирана кохидролиза; - организирани курсеви за доживотно учење; - аплицирани eлаборати за 5 нови лаборатории на тендер, распишан од Владата на Р. МакеО ДР ЖАН А ЕРАЗМУС -

Р АБ О ТИ Л Н И ЦА

Н

а 30 ноември 2010 година, во Ректоратот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје се одржа работилница за пренесување на новите искуства и препораки што произлегуваат од Еразмус-програмата за мобилност. На состанокот беа пренесени позитивните искуства и новини околу признавањето на студентските престои реализирани во странство, презентирани на конференцијата Признавање на студентската мобилност и студиските престои реализирани во странство, одржана на 1112 октомври во Љубљана, Словенија. На работилницата присуствуваа 60 учесници: продеканите за настава и Еразмус-координаторите од универзитетски весник - број 11 2

донија. Од петте апликации беа избрани две на првиот распишан конкурс, т.е. апликацијата за текстилна лабораторија и лабораторија за ласерски истражувања; - во соработка со Фармацевскиот факултет при УКИМ, беше подготвен и аплициран интердисциплинарен ТЕМПУС предлог-проект со наслов Design and Establishing ofUniversity PhD Curriculum in Nanoscience, Nanotechnology and Nanomedicine.

ДРУГИ АКТИВНОСТИ

- За сите вработени беше организирана еднодневна екскурзија во Кнежино, Кичево. - Завршено е озеленувањето на површините во дворот на Факултетот што не беа посадени со трева. Деканот на ТМФ и во четвртата година од својот мандат ќе се ангажира да ги реализира целите кои беа поставени во програмата при неговиот избор. За нивна реализација, деканот со ист интензитет и елан ќе биде фокусиран во насока на подобрување и осовременување на наставниот процес и воведувањето на докторски студии, организирани по ЕКТС. Понатаму, ќе се насочиме кон подобрување на инфраструктурата на лабораториите и набавка на научноистражувачка опрема, неопходна за рамноправно учество во научно-истражувачките проекти со останатите земји од регионот и пошироко. За реализација на овие цели, деканот и голем број вработени на ТМФ активно работат на подготовка на проектни апликации за добивање на финансиски средства од разни европски фондови и Министерството за образование и наука на Република Македонија. Се надеваме дека вложениот труд на крајот ќе биде награден и дека наскоро ќе бидеме во состојба рамноправно да соработуваме, ако не со врвните европски универзитети, барем со оние што се рангирани во средината. сите факултети и студенти. Свое излагање имаа проректорот за меѓународна соработка, проф. д-р Моме Спасовски, на тема: „Искуства и препораки за промоција на постапките и организацијата на престојот при студентската мобилност“ и проректорката за настава, проф. д-р Елена Думова-Јованоска, на тема: „Искуства и препораки за обезбедување на флексибилност на студиските програми и алатки за препознавање на студиските престои во партнерските институции“. По излагањето на проректорите следуваше интерактивна дискусија со учесниците, одговарање на поставените прашања, споделување на досегашните искуства на Еразмус-координаторите и продеканите за настава со студентите од нивните матични факултети, кои веќе реализирале студентска мобилност во странство. По иницијатива на проректорката за настава, проф. д-р Елена Думова-Јованоска, се поведе иницијатива за создавање интензивна соработка со продеканите за настава и Еразмус-координаторите од сите факултети за изработка на табела со статистички податоци околу реализираните мобилности за секоја студиска програма одделно.

29


INTERNATIONAL FULBRIGHT SCIENCE AND TECHNOLOGY PROGRAM The 2012 International Fulbright Science and Technology Award for Outstanding Foreign Students DEADLINE: April 30, 2011

The U.S. Embassy in Skopje is pleased to announce the opening of the worldwide competition for the FY 2012 International Fulbright Science and Technology Award for outstanding foreign students. The award is designed to be among the most prestigious international scholarships in science and technology. The International Fulbright Science and Technology award is for Ph.D. study at top U.S. institutions in science, technology, or engineering. The program is funded by the Bureau of Educational and Cultural Affairs (ECA) of the Department of State. Approximately 40 fellowships will be awarded worldwide for candidates who demonstrate unique aptitude and innovation in scientific fields. All grantees receive tuition, a monthly stipend for up to 36 months, health and accident coverage, a book and equipment allowance, professional conference allowance, travel support, and specially tailored enrichment activities, and are eligible to apply for additional research funding. After three years, U.S. universities will be expected to cover the remaining expenses toward completion of a Ph.D. More information about funding can be found on the program website at: http://scienceandtech.fulbrightonline.org/ The eligible fields are: 1. Aeronautics and aeronautical engineering 2. Agriculture (theoretical or research-based focus only) 3. Astronomy/planetary sciences 4. Biology 5. Biomedical engineering 6. Chemistry 7. Computer sciences/engineering 8. Energy 9. Engineering (electrical, chemical, civil, industrial, mechanical, ocean, and petroleum) 10. Environmental science/engineering (theoretical or science research-based focus only) 11. Geology/earth and atmospheric sciences 12. Information sciences and systems (engineering focus only) 13. Materials science/engineering 14. Mathematics 15. Neurosciences 16. Oceanography 17. Public health (biostatistics or epidemiology) 18. Physics

30

A brief description of each field of study is available at http://scienceandtech.fulbrightonline.org/ eligibility Eligibility: • Applicants must be citizens of Macedonia • Applicants must apply through the U.S. Embassy Public Affairs Section in Skopje • Applicants must have completed an undergraduate degree • Applicants must be proficient in English with a recent TOEFL score (or equivalent) of 580 or higher • The GRE General Exam must be taken by Summer 2011. A high score is expected. • Note: A GRE Subject Exam score report will also be needed for all selected candidates in the following fields of study: biology; biochemistry, cell, and molecular biology; chemistry; computer science; mathematics; and physics. The online application should include: A completed online which is located at: https://apply.embark.com/student/ fulbright/international A clearly written research objective Clearly written personal statement A professional resume or CV A professional resume or curriculum vitae Three letters of reference (submitted electronically and attached to the online application). Academic transcripts from each postsecondary institution attended scanned and attached to the online application; (original transcripts and/or notarized copy should be sent by mail to the US Embassy Skopje). Detailed information on this program, including a list of frequently asked questions and profiles of current recipients, are posted online at http://scienceandtech.fulbrightonline.org/ or http://www.foreign.fulbrightonline.org/ Each applicant is required to submit an online application at https://apply.embark.com/student/ fulbright/international. along with all supporting documents. For questions, please contact Gazmend Ilazi, Educational Affairs Assistant,at the US Embassy E-mail: ilazig@state.gov

универзитетски весник - број 11 2


универзитетски весник - број 11 2

31


20. ПЛАНИНАРСКА ТУРА ПО ПОВОД 13 НОЕМВРИ, ДЕНОТ НА ОСЛОБОДУВАЊЕТО НА ГРАДОТ СКОПЈЕ

По повод 13 Ноември, Денот на ослободувањето на градот Скопје, Центарот за физичко образование при Факултетот за физичка култура ја организираше 20. по ред планинарска тура „Водно 2010”, за редовните студенти од прва година на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

дентите од УКИМ даруваа крв, а се реализираше во соработка со Црвениот крст на Република Македонија и Заводот за трансфузиологија, и аукција на подарени уметнички дела од студентите на Факултетот за

Планинарската тура се одржа на 11.11.2010 година, под покровителство на ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје, проф. д-р Велимир Стојковски. Самата планинарска тура имаше спортско-рекреативен, забавен, хуманитарен и еколошки дел. Спортско-рекреативниот и забавниот дел се состоеше од пешачење на студентите до средно Водно, каде што маестро Драган Даутовски со студентите од Факултетот за музичка уметност ги забавуваа учесниците на планинарската тура. Хуманитарниот дел се состоеше од две активности: крводарителска акција, во која сту32

универзитетски весник - број 11 2


за земјоделски науки и храна, како и Центарот за физичко образование при ФФК. Тие го исчистија врвот на Водно, поточно платото околу Планинарскиот дом и Милениумскиот крст. За првпат оваа година планинарската тура финансиски и организациски беше потпомогната од Одделението за спорт на град Скопје, т.е. од градоналиковни уметности, имено учесниците на чалникот на град Скопје, Коце Трајановски. планинарската тура имаа можност да откупат уметнички дела, а собраните средства беа На стартот на планинарската тура наменети за студенти на УКИМ со посебни студентите беа поздравени од директорот на потреби. Агенцијата за млади и спорт, Диме Спасов, градоначалникот на град Скопје, Коце Еколошкиот дел се состоеше од еколошка Трајановски и ректорот на Универзитетот акција „Чисто Водно“, во која беа вклучени „Св. Кирил и Методиј” во Скопје, проф. д-р околу 100-тина студенти и професори од Велимир Стојковски. Факултетот за физичка култура, Факултетот

универзитетски весник - број 11 2

33


1 13 3.. с се ед дн ни иц ца а н на а Р Ре ек кт то ор рс ск ка ат та а к ко он нф фе ер ре ен нц ци иј ја а н на а ј ја ав вн ни ит те е

у ун ни ив ве ер рз зи ит те ет ти и

П Р АКТИ Ч Н АТА Н АС ТАВ А Н Е П Р И М Е Н Л И В А Б Е З Ф И Н АН С И С КА П О ДДР Ш КА

Ректорската конференција на јавните универзитети во Република Македонија, на 25 ноември 2010 година, ја одржа 13. седница, на која беа разгледани повеќе актуелни прашања. Разгледувајќи го прашањето за состојбите во врска со примената на правилниците за практичната и клиничката настава беше констатирано дека постои неприменливост на одделни решенија кај одделни студиски програми и научни подрачја, додека кај клиничката настава најголем проблем ќе се јави во делот на финансирањето. Токму затоа е неопходно подобрување и допрецизирање на одделни решенија, па поради тоа беше побарано: членот 3 од Правилникот за начинот и условите за организирање на практична настава за студентите да се редефинира и да гласи: „Од страна на високообразовните институции се обезбедуваат услови во рамките на универзитетот или во соработка со соодветни субјекти за изведување на практичната настава”; а членот 6 од Правилникот да гласи: „Пред почетокот на практичната настава од страна на високообразовната институција се известува студентот и му се издава документ-потврда за негово упатување за извршување практична настава”. Што се однесува, пак, до прашањето за актуелните ссостојби во врска со примената на Уредбата за нормативите и стандардите за основање на високообразовни установи и за вршење на високообразовна дејност (во делот што се однесува на студиите од трет циклус - докторски студии), беше истакнато дека се предвидени услови кои се многу рестриктивни и не овозможуваат успешно одвивање на наставно-образовниот процес на студиите од трет циклус - докторски студии. Прашањето со изборот на менторот, за бројот на објавените научноистражувачки трудови, за присутвото на менторот на одбраната на докторскиот труд и слично ќе создава тешкотии при практичната примена на Уредбата. Таквите решенија на долг рок ќе создадат тешкотии во создавањето на кадарот на универзитетите. Поаѓајќи од тие констатации, Ректорската конференција на јавните универзитети заклучи: член 15, став 1 да се измени и да гласи: „На високообразовните установи кои изведуваат студиски програми од трет циклус универзитетски докторски студии, менторот на докторскиот труд

34

треба да има најмногу 8 научни и стручни трудови или учество на меѓународни собири во дадено научно поле во последните 5 години”; член 15, став 2 да се измени и да гласи: „Менторот на докторскиот труд не може да биде претседател на Комисијата за оцена и одбрана на докторскиот труд”. Ректорската конференција на јавните универзитети, разгледувајќи го прашањето за практичната примена на одделни решенија во Правилникот за содржината и формата на дипломата, упатството за подготовка на додаток на дипломата и на другите јавни исправи, заклучи во дипломата да се става бројот и датумот на решението за почеток со работа на високообразовната установа (кога таа била формирана), издадено од Министерството за образование и наука. Истовремено, беше заклучено да се побара од Министерството за образование и наука да предложи измени во Законот за високото образование со цел пролонгирање на рокот за завршување на стекнувањето со научен степен доктор на науки за соработничкиот кадар, ангажиран на високообразовните установи. Преодниот период да биде до 2012 година, со цел соработничкиот кадар кој е ангажиран на универзитетите да ги заврши обврските околу одбраната на докторските дисертации. Ректорската конференција на јавните универзитети го разгледа барањето на Владата на Република Македонија за делегирање на пет члена од секој државен универзитет по еден во Управниот одбор на Македонската академска истражувачка мрежа (МАРНет), како јавна установа која врши дејност од јавен интерес. За членови на Управниот одбор на МАРНет се предложени и прифатени следниве лица: проф. д-р Маргита Кон Поповска, редовен професор на Природно-математичкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје, проф. д-р Пеце Митревски, редовен професор на Техничкиот факултет при Универзитетот „Св. Климент Охридски” во Битола, проф. д-р Владо Гичев, вонреден професор на Факултетот за информатика при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, PhD Etienne Schneider, предложен од Универзитетот „Св. Апостол Павле” во Охрид и проф. д-р Арбр Челику, вонреден професор на Филолошкиот факултет при Државниот универзитет во Тетово. универзитетски весник - број 11 2


Традиционалните студентски драмски средби

Отворањето на СКОМРАХИ, вообичаено, за-

СКОМРАХИ, кои по деветнаесетти пат ги

почна со пригодна свеченост, по која следеше

организира Факултетот за драмски уметности

првата театарска изведба на идните актери од

при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во

четврта години на студии на Факултетот за

Скопје, годинава се одржаа од 1 до 5 ноември на

драмски уметности во Скопје. Во деновите на

сцените на МНТи Драмскиот театар во Скопје,

манифестацијата, домаќините одиграа уште две

како и во просториите на ФДУ.

театарски претстави, а со свои изведби настапија и учесниците од: Факултетот за

сценски уметности од Тирана, Националната академија за театарска и филмска уметност „Крстју Сарафов“ од Софија, Факултетот за драмски уметности од Белград, Академијата за театар, радио, филм и телевизија од Љубљана, како и од Академијата за сценски уметности од Сараево. Во рамките на фестивалот беа прикажани и филмски проекции од страна на сите учесници, а беше одржана и една работилница.

СКОМРАХИ, кои за првпат се одржаа во 1988 година, пред сѐ имаат за цел да ја интензивираат и развиваат соработката меѓу студентите од факултетите и академиите по драмски уметности, првенствено во регионот, а понатаму и на европско тло. И покрај тоа, и годинава оваа манифестација беше еден од најпосетуваните културни настани на скопската публика.


Универ зитет „Св. Кирил и Методиј “ бул. Крсте Мисирков б.б., 1 000 Скопје, Македонија : +389 2 3 293 293 : +389 2 3 293 202 : ukim@ukim.edu.mk : www.ukim.edu.mk



 

Univerzitetski vesnik br. 112  

Универзитетски весник број 112, издание на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Република Македонија.