Issuu on Google+

univerzitetski vesnik Издание на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје

XLIII ЛЕТНА ШКОЛА НА МЕЃУНАРОДНИОТ СЕМИНАР ЗА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК, ЛИТЕРАТУРА И КУЛТУРА Охрид, 28 јуни - 13 јули 2010 Скопје, 14 - 16 јули 2010

Број 108, јули 2010


УСП Е Ш Н О

О ДР

Н А М Е ЃУН АР О ДН И О Т И

КУЛ ТУР А Н А

С Е М И Н АР О Т АФ И Р М АТО Р

XLIII летна школа македонски јазик,

на Меѓународниот

семинар за

литература и култура

при Уни-

верзитетот „ Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, се одржа во Охрид од сториите Скопје од

на

28 јуни до 1 3 јули 2010 година, во проКонгресниот

14 до 16 јули

центар

на

2010 година,

УКИМ

и

во

во Државниот

студентски дом „ Пелагонија“.

На

отворањето

на

Семинарот

ќање имаше ректорот на

поздравно

обра-

Универзитетот „ Св. Ки-

рил и Методиј“, проф. д-р Велимир Стојковски.

Учесниците и гостите на Летната школа ги поздрави и им се обрати министерот за образование и наука

на

Република

Македонија,

г-дин

Никола

Тодо-

ров.

Меѓу учесниците имаше странски слависти, македонисти, балканисти, историчари, етнолози, универзитетски

професори,

научни

работници,

преве-

дувачи и студенти по македонистика, славистика и балканистика.

Учесници

на

Летната

школа

на

Меѓународниот

семинар и годинава беа истакнатите македонисти:

„Се трудам да ја презентирам земјата во Русија со превод на дострелите на македонската литература“, Олга Пањкина ............... 13

Главен и одговорен уредник П Пр ро оф ф.. д д--р рВ Ве ел ли им ми ир рС Ст то ој јк ко ов вс ск ки и

ун и верзи тетски весн и к

Заменик главен и одговорен уредник М М--р рИ Ил ли иј ја аП Пи ип пе ер рк ко ос ск ки и

Овој број го подготвија П Пр ро оф ф.. д д--р рМ Ма ак кс си им мК Ка ар ра ан нф фи ил ло ов вс ск ки и и иБ Бл ла аг ги иц ца аВ Ве ел лј ја ан но ов вс ск ка а

Постојани соработници К Ко ос ст та ад ди ин на а М Мо ок кр ро ов ва а Б Би иљ ља ан на а Ф Фо от ти ин но ов вс ск ка а М М-р р М Ма ар ри иј ја а Ц Це ен не ев вс ск ка а Т То ом ми ис сл ла ав в Б Ба аш ше ев вс ск ки и

Лектор В Ве ес сн на а И И. . Ц Цв ве ет та ан но ов вс ск ка а

Техничко уредување Г Го ор ра ан н М Му ур ра ат то ов вс ск ки и

универзитетски весник - број 108


Р ЖАН А XLI I I С Е М И Н АР З А

Л Е ТН А Ш КО Л А

М АКЕ ДО Н С КИ

УН И В Е Р З И ТЕ ТО Т „ С В .

КИ Р И Л

Н А М АКЕ ДО Н С КИ О Т Ј АЗ И К,

академиците Рина

Усикова

и

Ала

Шешкен

од Русија, професорите Волф Ошлис од Германија, Бранко Тошовиќ од Австрија, Маќеј Кавка,

Ирена

Ставови

Кавка

од

Ј АЗ И К, И

Л И ТЕ Р АТУР А

М Е ТО ДИ Ј “

Л И ТЕ Р АТУР А И

КУЛ ТУР А

Елена Верижникова, Олга Пањкина, Елена Иванова, Наталија Бороникова

и

Словачка

други.

и

Елена

Обухова

од

Програмата

Русија,

на

Лубор

Матејко

Меѓународниот

од

семинар

Полска,

проф. д­р Максим Каранфиловски, директор на Меѓународниот

проф. д­р Велимир Стојковски, ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје

семинар за македонски јазик, литература и култура

СЕМИНАРОТ ЌЕ СОЗДАДЕ АМБАСАДОРИ СЕМИНАРОТ АФИРМАТОР

НА МАКЕДОНИСТИКАТА

НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК,

Ректорот на УКИМ, проф. д­р Велимир Стојковски, ис­ такна дека со летната школа за македонскиот јазик нашата земја создава амбасадори низ светот, кои потоа го шират интересот за македонскиот јазик, литература, култура.

ЛИТЕРАТУРА И КУЛТУРА

Директорот на Меѓународниот семи­ нар за македонски јазик, литература и култура, проф. д­р Максим Каранфилов­ ски, меѓу другото ќе рече дека на меѓу­ народно ниво расте заинтересираноста за изучување на нашиот јазик.

­ „Ефектите од Семинарот не може да се почувствуваат веднаш по неговото завр­ шување. Тие се чувствуваат подоцна преку зголемување на бројката на заинтересирани студенти, кои лобираат за македонскиот јазик на своите универзитети, како и преку бројот од младите научни кадри што се пријавуваат на другите наши активности. На пример, расте интересот за учество на научната конференција. Кога би имале до­ волно средства би имале и дупло повеќе науч­ ници во тој дел од Семинарот. Секако основ­ ната маса од учесници се студентите. Од нив се регрутираат нови научни работници, па со текот на времето дел од нив ќе ста­ нат и големи имиња во полето на слависти­ ката“…

универзитетски весник - број 108

­ Од годинашниов Семинар, како и од секој досега, очекуваме Македонија да добие нови амбасадори. Добро е што сѐ повеќе се зголемува бројот на младите луѓе што се заинтересирани да го изучуваат македонскиот јазик. Се разбира јазикот е само еден сегмент во овој Семинар. Тука се изучуваат и македонската ли­ тература, култура, историја, традиција и сѐ што можеме да им понудиме од овие наши простори. Така сакаме да ја продла­ бочиме љубовта кон нашава држава на оние што сакаат да ни го изучуваат јазикот и што се наши потенцијални амбасадори во матичните земји од каде што доаѓаат. Oд година во година има сѐ повеќе нови заинтересирани студенти и млади научници од странство, кои сакаат да учат и да се специјализираат на полето на македонистиката. ­ Познатите слависти и врвните славистички имиња со кои традиционално соработуваме, максимално даваат, но сепак го­ лем дел од нив се на крајот од својот работен век, а катедрите на нашите единаесет лекторати во странство полека треба да се обновуваат со млад кадар. Затоа учеството на ваквите лет­ ни школи е можност за евентуално селектирање идни лектори или професори по македонски јазик на универзитетите во странство“...

3


ИСКЛУЧИТЕЛНО ЗНАЧАЈНА МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА

Почитувани учесници, македонисти Уважени гости и драги пријатели Дами и господа

Ми претставува особена чест и големо задоволство да ја отворам 43­та Летна школа на Меѓународниот се­ минар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Оваа исклучително значајна меѓународна манифе­ стација во своето долгогодишно постоење одиграла голе­ ма улога во афирмацијата на македонскиот јазик, лите­ ратурата и културата низ целиот свет. На Летната школа досега учествувале повеќе од 3000 учесници од над 45 земји, меѓу кои истакнати маке­ донисти, професори по македонски јазик и литература на странските универзитети, слависти, балканисти, преведувачи, научни работници и студенти што го изу­ чуваат македонскиот јазик по нашите лекторати во светот. На годинашната летна школа, 100 македонисти од 23 земји, ќе учествуваат на низа предавања од областа на јазикот, литературата, културата, изборни курсе­ ви од различни области, како и лекторски вежби. Кул­ турната програма нуди запознавање на учесниците со културното богатство на Македонија, а особено со кул­ турно­историските знаменитости на градот Охрид. Организацијата на Летната школа на Меѓународни­ от семинар за македонски јазик, литература и култура се темели врз долгогодишно искуство. Тука, учесниците ќе имаат можност да соработуваат и да разменат искуство со најдобрите лектори по македонски јазик, да ги слушнат предавачите од врвните научни и културни

г­дин Никола Тодоров, министер за образование и наука на Република Македонија

институции, како и да се запознаат со творештвото на истакнати уметници од Република Македонија. Во рамките на Летната школа, ќе се одржи и Науч­ ната конференција од областа на јазикот и литерату­ рата што е добра можност да се слушнат излагањата на истакнати македонисти од земјата и од странство. Досега, одржани се 36 научни конференции, на кои учествувале околу 1200 научни работници од земјава и од странство, со што значително се придонесува за збо­ гатување на меѓународната соработка на Универзите­ тот „Св. Кирил и Методиј“ со универзитетите и ин­ ституциите во странство. Министерството за образование и наука ја поздра­ вува оваа меѓународна манифестација, согледувајќи го нејзиното значење за афирмацијата на македонскиот јазик, литературата и културата низ целиот свет. Во оваа прилика ги поздравувам сите учесници на годинешната Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универ­ зитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје и им посаку­ вам успешна работа и пријатен престој во нашата земја.

содржеше теми од различни области и во целост се

Австралија,

реализираше.

Грција, Канада, Кореја, Полска, Романија, Русија, САД,

На

годинашнава

четириесет

и

трета

Летна

школа учествуваа 89 учесници од 21 земја, и тоа од:

4

Словачка,

Австрија,

Словенија,

Албанија,

Србија,

Белгија,

Турција,

Германија,

Украина,

Унгарија, Франција, Хрватска и Чешка.

универзитетски весник - број 108


Предавањата се одржаа на повеќе теми од различни области, традиционално застапени во програмата. Прегледот на одржаните предавања е наведен според областите. Од областа на лингвистиката:

Трајко Стаматоски: Годишнина од кодификацијата на македонскиот литературен јазик Људмил Спасов: Развој на графи­ скиот систем на македонскиот јазик Димитар Пандев: Развојот на стран­ ската македонистика (по повод 90 – годишнината од раѓањето на акаде­ мик Божидар Видоески) Лидија Тантуровска: За традици­ јата, за идентитетот и за современата состојба на македонскиот јазик. Од областа на литературата:

Академик Георги Старделов: Романсиерски­ от циклус во „Кукулино“ на Славко Јаневски во европски книжевен контекст Томислав Тодоровски: Митолошко­фантас­ тични елементи во романите на Славко Јаневски Илија Велев: Св. Наум Охридски по повод 1100 години од неговата смрт Вера Стојчевска Антиќ: Средновековната ма­ кедонска литературa и традицијата на Св. Наум Охридски.

универзитетски весник - број 108

Од областа на историјата, фолклорот и кул­ турата беа презентирани предавања на след­ ниве теми:

Ѓорѓи Чакарјаневски: 65 години од победата над фашизмот Илија Ацевски: Колективниот идентитет и на­ ционализмот Академик Блаже Ристовски: Сто години од обидот на Мисирков, Попарсов и Теодосија за отворање висока школа во Скопје Александар Гиревски: Прибли­ жувањето на богослужението на со­ времените јазици – предуслов за духовна обнова Сашо Додевски: Улогата на Ми­ нистерството за просвета на ДФМ во процесот на кодификација на македонскиот јазик, азбука и правопис 1944­1945 година Далибор Јовановски: Погледите на грчките интелектуалци од XIX и почетокот на XX век за Македо­ нија.

5


Главниот дел од наставата се одвиваше преку лекторските веж­ би. Семинаристите беа поделени во лекторски групи според три степени на познавање на јазикот. Лекторските групи ги водеа лекто­ рите: почетен курс со 4 часа дневно • Роза Тасевска, • д­р Лидија Тантуровска, • Андријана Павлова;

среден курс (3 часа дневно) • м­р Марија Паунова и • м­р Анета Симовска;

напреднат курс за јазик (3 часа дневно) • д­р Анета Дучевска и • д­р Симон Саздов,

напреднат курс за литература (3 часа дневно) • д­р Весна Мојсова­Чепишевска .

Наставата беше збогатена и со цик­ луси предавања на следниве теми: • Македонска лексикографија (д­р Елена Јовановска­Грујоска и д­р Лилјана Гушева),

• Македонскиот јазик надвор од Република Македонија (д­р Људмил Спасов) и • Македонска литература (д­р Марко Китевски).

6

универзитетски весник - број 108


На семинаристите им беа понудeни повеќе курсеви по избор од кои по добиените податоци за изборот на учесниците се реали­ зираа следниве курсеви: Старословенски јазик, кој го водеше проф. д­р Димитар Пандев, Историја на македонската култура ­ проф. д­р Никос Чаусидис, Историја на маке­ донскиот јазик ­ проф. д­р Људмил Спасов, Преглед на македонската ли­ тература ­ проф. д­р Науме Ради­ чески и д­р Марко Китевски и Етно­ логија на маке­ донскиот народ ­ проф. д­р Љупчо Ристовски.

Курсот за народ­ ни ора со Благоја Јова­ новски и курсот за на­ родни песни со Билјана Николовска, кој беше првпат организиран, беа проследени со голем ин­ терес и масовност од страна на учесниците.

Како составен дел на секоја Летна школа, којшто има особено значење е преведувачката работилница што годинава се одвиваше во две групи: превод од македонски на англиски и обратно која ја водеа м­р Марија Паунова и Андријана Павлова, а лекторката Роза Тасевска работеше со преведувачката работилница од македонски на руски и обратно. Во работата учествуваа 40 семинаристи од повеќе земји.

универзитетски весник - број 108

7


На Семинарот беа претставени повеќе изданија од сопствената издавачка дејност – редовните изданија од минатогодишните пре­ давања и од Научната конференција, како и збирката со македонски песни.

Во културната програма на Меѓународниот семи­ нар се претставија истакнати културни дејци од Маке­ донија од најразлични сфери на културното живеење во нашата земја, главно преку промоција на нивните остварувања во доменот на културата. Така, учесници­ те и гостите на Семинарот имаа извонредна и един­ ствена можност да присуствуваат на неколку промо­ ции на книги од: • Раде Силјан (во соработка со ДПМ), Бобан Пет­ ровски ­ Хералдика и инсигниа,

Олга Пањкина – Современа македонска драма (од едицијата Библиотека на литературата на Ма­ кедонија на која страсно работи Олга Пањкина);

две книги збирки поезија приредени од акаде­ мик Иван Доровски, првата целосно посветена

8

на стиховите на Гане Тодоровски (избор, препев и предговор на Иван Доровски), под наслов Ма­ кедонски монолог (Брно: 2009, 122), а втората избор од светската поезија под наслов Лирска средба (Lyrická setkání, Брно: 2010, 411); Томислав Османли – Дваесет и првиот (награ­ да, „роман на годината“ на „Утрински весник“),

Димитар Пандев – Пропатување низ приказни­ те, и • Лилјана Пандева – Од агендата на Калина, Ка­ лина. Во соработка со Факултетот за драмски уметности, за учесниците на Семинарот беа изведени две драм­ ски едночинки (како дипломски претстави) и беа прикажани 4 снимки на драмски претстави од фон­ дот на ФДУ („Чорбаџи Теодос“, „Сомнително лице“, „Црнила“ и „Вејка на ветрот“ во изведба на најрено­ мираните македонски актери). Фондацијата „Рамковски“ овозможи проекција на документарниот филм за Блаже Конески и подари книги од сопствената продукција за учесниците на Семинарот. Во рамките на културната програма продолжува и редовната соработка со културните манифестации

универзитетски весник - број 108


особено со Охридско лето (учесниците присуствуваа на свеченото отворање), како и со Балканскиот фол­ клорен фестивал со посета на целовечерниот концерт на ансамблот „Танец“. Се организираше посета на зна­ чајни археолошки локалитети (Плаошник и Херакле­ ја), музејски збирки, разгледување на градот Охрид,

учествуват во работата на семинарот како академи­ ците Рина Усикова, Ала Шешкен, професорите Волф Ошлис, Олга Пањкина, Ирена и Мачеј Кавка, Бранко Тошoвиќ, Елена Верижникова, Елена Иванова, Ната­ лија Бороникова, Елена Обухова, Лубор Матејко и други.

со посета на најзначaјните културно­историски споме­ ници: црквата Св. Софија, Куќата на Робевци, фили­ јалата на МАНУ во куќата „Уранија“ (учесниците при­ суствуваа на свечената седница посветена на св. На­ ум), Античкиот театар, Галеријата на икони, црквата Богородица Перивлепта, Плаошник и Самоиловата тврдина, како и предавање и разгледување на мана­ стирскиот комплекс „Св. Наум“. За време на посетата на Св. Наум, за учесниците беше организиран заед­ нички ручек на островчето со фолклорен концерт на ансамбл од с. Велгошти.

Градоначалникот на Охрид за учесниците на Семинарот организираше посета на манастирските комплекси во селата Лакочереј и Скребатно, со ручек во Скребатно. За учесниците на Меѓународниот семинар се орга­ низираше и излет во Битола со посета на Педагош­ киот факултет на Битолскиот универзитетот „Св. Климент Охридски“, при што се оствари средба со проректорот на Универзитетот, проф. д­р Љупчо

Повеќе видни личности присуствуваа на програм­ ските активности во рамките на летната школа. Меѓу нив беше и првиот претседател од осамостојувањето на Република Македонија, г. Киро Глигоров, кој оства­ ри средба со истакнати македонисти, кои со децении

универзитетски весник - број 108

Трпезановски, деканот на Факултетот, проф. д­р Ди­ митар Талевски и вработените. Во организација на домаќините беше организирана посета на археолош­ киот локалитет Хераклеја и на градскиот музеј со спомен­ собата на Кемал Ататурк, како и разгледување на градот со стручни објаснувања на проф. д­р Александар Стерјовски. Посетата заврши со ручек во ресторанот „Шумски фенери“ на падините на Пелистер во организација на домакините.

9


Во рамките на Летната школа, на 5 и 6 јули се одржа 37. Научна конференција од областа на јазикот и литературата, што се одржува секоја година и е добра можност да се слушнат излагањата на истак­ нати македонисти од земјата и од странство. Бројот на учесници во двете секции беше 58, од земјата и од странство (Албанија, Австрија, Германија, Србија, Полска, Русија, Јужна Кореја, Чешка, Словенија, Хрватска, Бугарија, и од Македо­ нија). На годинашнава Научна конфе­ ренција координатори беа на: ­ Лингвистичката секција ­ проф. д­р Симон Саздов и Литературна­ та секција – проф. д­р Весна Мој­ сова­Чипишевска. Се работеше на следниве теми: Лингвистичката секција: 1.

Македонскиот јазик во спо­ редба со другите јазици – формална и функционална класификација на неменли­ вите зборови во македонски­ от јазик во споредба со дру­ гите јазици

2. Истражувањата за македон­ скиот јазик надвор од грани­ ците на Република Македо­ нија – статусот и корпусот на македонскиот јазик во со­ седните држави и во регио­ нот.

Литературната секција: Македонската литература во балкански, европски и светски контекст, со три поттеми: 1.

Книжевниот подвиг на Гри­ гор Прличев

2. Книжевно­историското дело на Ѓорѓи Абаџиев 3. Книжевниот планетариум на Славко Јаневски

10

универзитетски весник - број 108


На 14 јули со автобуси организирано се тргна кон Скопје, со исплани­ рана маршрута на денот што опфати посета на Прилеп и посета на спо­ мен­куќата на Блаже Ко­ нески во Небрегово, каде што имаше презентација на филм за овој наш ис­ такнат творец, во продук­ ција и организација на фондацијата „Рамковски“, проследена со настап на актерот Славко Нинов. Екскурзијата се зао­ кружи со посета и ручек во винаријата „Попова Кула“ во Демир Капија. Доцна вечерта семина­ ристите пристигнаа во Скопје и беа сместени во Студентскиот дом „Пела­ гонија“.

ментарен филм за оваа наша голема хума­ нистка, а Семинарот доби пригодна стату­ етка на Мајка Тереза.

Наредниот ден, 15 јули, се реализираше про­ грамата предвидена за Скопје: посета на спомен­ куќата на Мајка Тереза каде што на семинаристи­ те им се прикажа доку­

Потоа, програмата продолжи со средба со писателите во Друштвото на писателите. во просториите на ДПМ, со промоција на најновата книга преводи на руски јазик на македонски драми во превод на Олга Пањ­ кина. Потоа следеше разгледување на кул­ турно­историските споменици на главниот град: црквата Св. Спас, Старата чаршија, Скопското кале, црквата Св. Пантелејмон, Куршумли ан и др. На 16 јули, учесниците на Семинарот во зградата на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ и Институтот за македонска литература имаа средба со раководителите на научните институти – Институ­ тот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, Инсти­ тутот за македонска литература, Институтот за нацио­ нална историја и Институтот за фолклор „Марко Це­ пенков“, каде што, покрај претставувањето на дејнос­ та на овие значајни институции, беше организирана и изложба на нивните изданија. Потоа следеше посета на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, запознавање со неговата дејност и со неговата изда­ вачка продукција. Тука се одржа и затворањето на го­

универзитетски весник - број 108

динашнава 43. Летна школа на Меѓународниот семи­ нар за македонски јазик, литература и култура. Овој последен ден на Семинарот се заокружи со пригоден прием на десетина семинаристи кај градо­ началникот на Град Скопје, г. Коце Трајановски, а вечерта учесниците проследија драмска претстава во рамките на Скопско лето во Куршумли ан. Македонската телевизија и А1 оваа година актив­ но ја следеа работата на Семинарот. Работата на Семинарот активно ја следеа и претставници на Ма­

11


Во однос на финансирањето, Семинарот повторно се соочува со проблеми. Надлежните министерства не покажуваат доволно разбирање за важноста на оваа манифестација, исклучително важна за афирма­ ција на Македонија низ целиот свет. За одбележува­ ње е обезбедувањето значителна финансиска поддрш­ ка од страна на Комерцијална банка од Скопје. Во оваа пригода изразуваме голема благодарност до Комерцијална банка, што овозможи реализирање на дел од содржините на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура. Благодар­ ност им должиме и на оние што помогнаа со мате­ ријали: Фондацијата „Рамковски“, А1, ДПМ, Утрин­ ски весник, Време, Шпиц, Нова Македонија, Охрид­ ско лето, Скопско лето, Собранието на град Охрид и Собранието на град Скопје, Универзитетот „Св. Кли­ мент Охридски“ од Битола, дебарско­кичевската ми­

трополија од Охрид, како и Заводот за заштита на културното наследство од Скопје, Филолошкиот фа­ култет „Б. Конески“, МАНУ и др., со што придонесоа да се збогатат содржините на Семинарот, како и информираноста на семинаристите за културниот живот во Македонија. Спроведената анкета меѓу учесниците на Семи­ нарот покажува главно задоволство од лекторската настава и од поголемиот дел од циклусите, курсевите и предавањата со сугестии за воведување на некои нови содржини. Позитивно е оценета културната и другата дополнителна програма. Сумирајќи ги впечатоците на учесниците на Се­ минарот и на Научната конференција, ангажираните соработници, предавачите и другите посетители и оваа година може да се каже дека Семинарот успеа да задржи завидно ниво на квалитет и препознатливост меѓу семинарите од сличен тип и дека тој и натаму има мошне високо реноме меѓу странските македо­ нисти, слависти и другите заинтересирани за македо­ нистичка проблематика.

Маќеј Кавка, професор на Јагие­ лонскиот универзитетот во Краков, Полска, вели дека изучувањето на македонскиот јазик и запознава­ њето на македонката култура прет­ ставува огромно задоволство. ­ Јас во Македонија дојдов прв­ пат пред 30 години како лектор на катедрата за полски јазик на Фи­ лолошкиот факултет во Скопје и веднаш многу ја засакав вашата земја, а особено вашата култура и јазик. Јас постојано соработувам со моите колеги од Македонија на различни лингвистички проекти и тоа за мене преставува големо задоволство.

„Ние, македонистите од светот, мисли­ ме дека нема што да се коментира за вашиот идентитет. Не треба да се диску­ тира за ова прашање. Ако некој го оспорува тоа е негова работа, а не работа на Ма­ кедонија. Македонија постои, има свој јазик, литература и култура и бесмислено е некој да го оспорува идентитетот на македон­ ската држава”.

12

универзитетски весник - број 108

СЕМ И Н АРИ СТИ ТЕ ЗА СЕМ И Н АРОТ . . .

кедонското радио, неколку други телевизиски куќи Телма, Канал 5, Скај нет и др. како и радиостаници од Охрид и Скопје. Покрај следењето на дописниците, за семинаристите беа доставувани по 10 бесплатни весници од „Утрински весник“, „Време“, „Шпиц“, „Нова Македонија“ и др.


„ СЕ ТРУДАМ ДА Ј А П РЕЗЕН ТИ РАМ ЗЕМ Ј АТА ВО РУСИ Ј А СО П РЕВОД Н А ДОСТРЕЛ И ТЕ Н А М АКЕДОН СКАТА Л И ТЕРАТУРА“ Олга Пањкина

По повод „Современа македонска драма“, која неодамна беше објавена во Русија. Јас сум повеќегодишна учесничка на Семинарот за маке­ донски јазик, литература и култу­ ра. Го сметам Семинарот за из­ вонредно полезна работа. Тој ми овозможува да го подигнам мое­ то стручно ниво, да имам средби со научници и писатели и да со­ берам материјал за натамошна творечка работа во Москва. Се разбира, Семинарот има цел по­ широко да ги запознае семина­ ристите со македонската тради­ ција и култура. Годинава, покрај разгледувањето на убавиот Ох­ рид, Семинарот ни овозможи да ја посетиме Битола, со Хераклеја. Бевме и на концертот на „Танец“. Патем ќе одбележам дека ансамб­ лот има гостувано и во Москва и за мене секоја средба со „Танец“ е едно доживување. Многу сакам да играм оро, секогаш со огром­ но задоволство го посетувам кур­ сот по оро што се одржува во рамките на Семинарот. Мојата десетгодишна ќерка, исто така, добро знае да игра македонски ора, има и оригинална народна носија од централниот дел на Македонија.

мислив како „Библиотека на ли­ тературата на Македонија“. Со првата книга „Раскази“ си поста­ вив цел наеднаш да ги запознам руските читатели со еден поши­ рок круг македонски писатели (во збирката се застапени 50 прозаисти) и токму жанрот на расказот ми го овозможи тоа. Со втората книга „Современа маке­ донска драма“, која содржи пие­ си од осум врвни македонски драматурзи, сакав да го привле­ чам вниманието не само на чи­ тателите, туку и на театарските дејци со надеж дека некои од пи­ есите ќе бидат изведени на рус­ ката сцена. Верувам дека може да се случи тоа, бидејќи послед­ ниве години во светот се зго­ лемува интересот за Балканот, а во тој контекст и за Македонија.

Сега ја подготвувам третата книга од серијата посветена на современата македонска поезија. Поезијата ја препејувам одамна. Секако, таа е сфера која бара по­ себен однос. Бара душа од преве­ дувачот. Имам и пошироки пла­ нови. Веќе во постапка ми е фор­ мирањето друштво кое ќе ги обе­ Што се однесува до мене, дини Македонците кои живеат и мојот минатогодишен престој во работат во Москва, како и Русите Македонија резултира со четири што се вљубени во Македонија. нови книги: „Современа македон­ ска драма“, „Времето на козите“ ­ Годинава втор пат учеству­ од Луан Старова, „Храм, сепак, вав на Меѓународниот фестивал храм“ од Ристо Василевски и „Ом­ на словенската поезија „Распе­ раза – длабоко“ од Драгица Нај­ ани букви“ што се одржува во ческа. Твер, стар руски град на реката Волга каде што многу пати пре­ Од друга страна, во Русија, се стојувал и Пушкин… Доделува­ трудам не само со превод на до­ њето на наградата „Кристално стрелите на македонската литера­ перо“ ми дојде како едно изнена­ тура да ја презентирам земјата, дување. Ја примив со голема ра­ туку пишувам и за постигнувања дост. Во Русија преведувачката и во другите области, како што школа е на високо ниво, затоа се, на пример, мозаиците на Бај­ наградата несомнено дава повод рам Газанфер, музичкото твореш­ за гордеење, а од друга страна те тво на композиторот Трајко Про­ обврзува. Примајќи ја наградата копиев. кажав дека ја сфаќам како аванс ­ Да, веќе ми се објавени две­ и дека ќе ја „одработам“ со ната­ те книги од едицијата што ја за­ мошни препеви.

универзитетски весник - број 108

13


В

о учебната 2009/2010 година работеа 11 лекторати по македон­ ски јазик на универзитетите во странство под надлежност на Меѓународниот семи­ нар за македонски јазик, литература и култура. Тоа се лекторатите во: Албанија (Тирана), Полска (Краков и Сосновјец), Романија (Крајова), Русија (Москва), Тур­ ција (Истанбул), Унгарија (Будимпешта), Франција (Париз), Чешка (Прага и Брно) и во Хрватска (Риека). Во наведените лекторати наставата се изведува на различно ниво: во Москва, Париз и Сосновјец се работи за петго­ дишни студии од кои излегуваат дипло­ мирани студенти со назив на дипломата дипломиран македонист. Во другите цен­ три, во секој различно, македонскиот ја­ зик е задолжителен, изборен или факул­ тативен предмет во рамките на славис­ тичките и балканистичките студии. Покрај постојните лекторати уште на десетина универзитетски центри маке­ донскиот јазик го предаваат професори од матичните универзитети, и тоа во: Ха­ ле (Германија), Сиднеј (Австралија), То­ ронто (Канада), Бјелско Бјала, Гнезно, Ополе, Познањ (Полска), Воронеж, Перм и Санкт Петербург (Русија), Чикаго (САД), Љубљана и Марибор (Словенија), Бел­ град, Нови Сад, Ниш (Србија), Загреб, За­ дар (Хрватска) и др. МСМЈЛК прави оби­ ди да помогне во работата на сите овие центри и да понуди настава по македон­

ски јазик секаде каде што се појавува можност (на универзитетите во Нитра, Лајпциг, Марибор, каде ЛЕКТОРИ ПО МА КЕДОНСКИ ЈА ЗИК НА УНИВЕРЗИТЕТИТЕ ВО СТРА НСТВО - за учебната 2010/2011 година -

АЛ БАН И ЈА – Тирана ,

д-р Валентина Нестор, лектор

П ОЛ СКА –

Краков,

Анета Тодевска, лектор

Сосновјец,

Оливера Јовеска, лектор

РОМ АН И ЈА – Крајова,

Милица Петрушевска, лектор

РУСИ ЈА –

д-р Рина Усикова, наставник по

М осква ,

јазик м-р Елена Верижникова,

наставник по јазик д-р Ала Шешкен, наставник по

литература м-р Емил Ниами, лектор

ТУРЦИ ЈА –

И станбул,

м-р Мајда Шабанова, лектор

УН ГАРИ ЈА –

Будимпешта,

Панда Стојановска, лектор

ФРАН ЦИ ЈА – П ариз,

д-р Фроса Пејоска-Бушеро,

наставник м-р Огнен Вангелов, лектор

Ч ЕШ КА –

ХРВАТСКА –

Брно,

Игор Станојоски, лектор

П рага,

Бисера Александровска, лектор

Риека ,

д-р Горан Калоѓера, наставник д-р Васил Тоциновски, лектор

што се присутни наши млади научни работници и докторанди). Состојбата на лекторатите е релативно стабилна во поголемиот број од нив. Треба да се искористат позитивните најави и жел­ би за размена на лектори со универзитетите во Љуб­ љана, Киев, Братислава, Загреб, како и да продолжат напорите за испраќање лектори Н Н во Мадрид, Пекинг, Грац и други универзи­ У УК КИ ИМ М.. тети како Лисабон, на пример, кои би можеле прифатат наши лектори со наше финанси­ Во почетокот на учебната година, од 1 до 17 септември да Со наши финансии и без размена може 2010, се организира настава по македонски јазик за рање. се направи стратешка мрежа од наши странските студенти. Наставата се изведуваше 10 дена да лекторати во земјите кои се од стратешки со по 3 часа дневно, ја посетуваа 120 слушатели, а ја интерес за нашата земја и за што може да се изведуваа 3 лектори - наставници и соработници од направи заедничка стратегија со МНР. А АС СТ ТА АВ ВА А П ПО О М МА АК КЕ ЕД ДО ОН НС СК КИ И ЈЈА АЗ ЗИ ИК К З ЗА А С СТ ТР РА АН НС СК КИ ИТ ТЕ Е С СТ ТУ УД ДЕ ЕН НТ ТИ И Ш ШТ ТО О С СЕ Е З ЗА АП ПИ ИШ ШУ УВ ВА АА АТ Т Н НА А

Филолошкиот факултет ,,Блаже Конески” во Скопје. 14

универзитетски весник - број 108


IN MEMORIAM П О Ч И Н А ХО Р АС Л АН Т - П О З Н АТ М АКЕ ДО Н И С Т -

донесе за негово изучување во светот. Тој беше еден од најзаслуж­ ните странски македонисти, знае­ ше да го оцени вистинското место на македонскиот јазик во словен­ ското јазично семејство, да ги из­ дели сите негови специфики во однос на другите словенски јазици и преку бројни студии и статии да го популаризира во светската линг­ вистика.

Н

а 11 август почина профе­ сорот Хорас Лант, име што ќе остане запишано со златни букви во македонистиката. Акаде­ мик Лант е автор на првата грама­ тика на македонскиот јазик напи­ шана на англиски јазик, што прет­ ставува и прва научна граматика на македонскиот јазик напишана од странец: Лант Х. Г. 1952. „A grammar of Macedonian literary language“. Скопје: Државно книго­ издателство на Македонија. Лант доаѓа во Македонија во 1951 година и со поддршка на Уни­ верзитетот во Харвард престојува тука три месеци. Престојот го ко­ ристи за собирање материјал за Граматиката, како и за интензивни контакти со македонските линг­ висти, а особено со Блаже Конески, кој му помагал постојано, во сите фази на подготвувањето на Граматиката. Ова е една од нај­ често цитираните книги во врска со македонскиот јазик во светската славистика и балканистика. Гра­ матиката на Лант одигра огромна улога во меѓународната афир­ мација на македонскиот јазик и беше поттик за многу слависти од северноамериканскиот континент и од Европа да се зафатат со проу­ чувањето на одделни аспекти на македонскиот јазик. Во неа се дава структуралистички опис на маке­ донскиот јазик. Лант е еден од првите странски слависти што покажаа интерес за македонскиот јазик и многу при­

универзитетски весник - број 108

Хорас Г. Лант, еден од водеч­ ките американски слависти, е ро­ ден во Вестон (САД) 1918 година. Високо образование стекнува на универзитетите во Харвард (1937­ 1941), Беркли (1941­1942), Прага (на Карловиот универзитет 1946 ­ 1947) и на Универзитетот Колум­ бија во Њујорк. Во Прага го посе­ тувал првиот универзитетски курс по македонски јазик организиран во странство што во 1946/1947 годи­ на го водел професорот Антонин Фринта. Беше професор емеритус на Харвардскиот универзитет и долгогодишен шеф на катедрата за словенски јазици и литератури. Негов потесен пред­ мет на научен интерес беше палеославистика­ та, историјата на сло­ венските јазици, со­ циолингвистиката. Има напишано бројни трудови во кои го раз­ гледува социолингви­ стичкиот статус на ма­ кедонскиот јазик и по­ ради тоа може да се смета и за еден од основоположниците на македонската социо­ лингвистика. Автор е на голем број книги, на статии­ те за словенските јази­ ци, меѓу кои и за ма­ кедонскиот, во изда­ нијата на Енциклопе­ дија Британика. Обја­ вил повеќе студии и статии од областа на македонистиката: Морфологијата на ма­

кедонскиот глагол, 1951; Преглед на македонската литература, 1952; Создавањето на македонскиот стандарден јазик: некои факти и ставови, 1959; За загубата на де­ клинацијата во бугарскиот и во ма­ кедонскиот, 1965; За старословен­ ското Асеманово евангелие, 1982; Некои социолингвистички аспек­ ти на македонскиот и на бугарски­ от, 1984; Времето и македонскиот јазик, 1992 и други. Лант беше член на МАНУ над­ вор од работниот состав. Во 2007 година, по повод 40­годишниот ју­ билеј на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура беше одликуван за негови­ от придонес во областа на маке­ донистиката со Медал за заслуги за Македонија. Славистиката и македонисти­ ката загубија голем специјалист. Македонија загуби голем пријател. Нека му е вечна слава! (проф. д-р Емилија Црвенковска)

15


Универзитет „Св. Кирил и Методиј “ бул. Крсте Мисирков б.б., 1000 Скопје, Македонија : +389 2 3 293 293 : +389 2 3 293 202 : ukim@ukim.edu.mk : www.ukim.edu.mk


Univerzitetski vesnik br. 108