Univerzitetski vesnik br. 103

Page 34

испити, како и член на рецензентски комисии за магистериуми и докторати. Д­р Лилија Анастасова­Николова, до изборот за вонреден професор, објавила 81 труд, а пријавила за рецензирање 11 труда. Во звањето редовен професор е избрана на сед­ ницата на Универзитетскиот сенат, одржана на 9.6.2009 година.

Д-Р САШО СТОЈЧЕВ МЕДИЦИНСКИ ФАКУЛТЕТ

Сашо Стојчев е роден на 25.7.1956 година. Основното и средното училиште ги завршил во Скопје. Дипломирал на Медицинскиот факултет во Скопје во 1981 година. Во 1982 година се вработил во Воената болница во Скопје, а во 1986 година специ­ јализирал невропсихијатрија на Воената академија во Белград. Како студент престојувал во Хајделберг ­ Германија на практика по интерна медицина, а во 1980 година на практика по гинекологија и акушер­ ство во Куопио­Финска. На Катедрата за невропси­ хијатрија бил избран за асистент, а во 1995 година за доцент по неврологија. Бил член на Собранието на Здружението на невролозите на Југославија, член на Претседателството на Здружението на невролозите на Македонија, како и на Светското здружение на невролозите. Во 1990 година престојувал на стручно усовршување од областа на neuroimaging­дијагнос­ тиката во Лондон, Велика Британија, потоа во Атина ­ Грција, како и во Анкара ­ Турција. Во 1998 година ја одбранил докторската дисертација „Евалуација на клиничките знаци и симптоми и факторите на ри­ зик во диференцијацијата на акутниот исхемичен и хеморагичен цереброваскуларен инсулт“. Бил мен­ тор на магистерски труд и рецензент на книгата „Цереброспинален ликвор“. Во 2006 година учес­ твувал во мултицентричниот проект, „Second Delphi Round“, за анализа на мозочниот удар и неговите последици, а негово поле на научно интересирање се цереброваскуларните заболувања. Д­р Сашо Стојчев во 1999 година бил избран за доцент на Катедрата за неврологија, со што бил вклучен во наставата и во комисиите за редовните испити по предметот неврологија за студентите по медицина, стоматологија и за специјалистичката настава. Во 2004 година бил избран за вонреден професор. Во 2000 година бил избран за член на Собранието на Лекарската комора на Р. Македонија, од 2001 година е член на Комисијата за ностри­ фикација на дипломи на медицински факултети стекнати во странство, од 2002 до 2006 година бил претседател на Здружението на невролозите на Македонија, а во 2008 година­член на Извршниот одбор на Лекарската комора на Македонија. До изборот за вонреден професор има објавено 41 нау­ чен и стручен труд, а за рецензирање пријавил 6 труда. Во звањето редовен професор е избран на сед­ ницата на Универзитетскиот сенат, одржана на 9.6.2009 година.

34

Д-Р ВЛАДИМИР КОТЕВСКИ МЕДИЦИНСКИ ФАКУЛТЕТ

Владимир Котевски е роден на 9.7.1960 година во Скопје. Основното и средното образование ги завр­ шил во родниот град, каде што во 1983 година дипломирал на Медицинскиот факултет и како најдобар студент на генерацијата добил пофалница од Универзитетот. Во 1984 година се вработил на Клиниката за кардиологија на Одделението за рев­ матски заболувања на срцето и срцеви мани, а од 1995 година е раководител и работи на Одделот за интензивна коронарна нега, за во 2007 година да биде назначен за раководител на Одделот за под­ готовка на пациенти за инвазивни и интервентни процедури. Истовремено работи и во Ангиограф­ ската лабораторија, каде што изведува процедури од интервентната кардиологија (балон­ангиопластика и стентирање на коронарните крвни садови). Д­р Владимир Котевски за помлад асистент по предметот интерна медицина бил избран во 1986 година. Во 1988 година го одбранил магистерскиот труд, а специјалистичкиот испит го положил во наредната 1989 година. Со звањето доктор на медицински науки се стекнал во 1997 година, со одбраната на докторската дисертација „Процена на клиничките импликации и хемодинамските карак­ теристики на хипертрофичната кардиомиопатија“. Во звањето научен соработник бил избран во 1998 година, во звањето насловен доцент во 2001 година, а во звањето доцент на Медицинскиот факултет бил избран во 2003 година. Следната 2004 година бил избран во звањето вонреден професор. Во 2001 година, од страна на Credential Committee of the European Society of Cardiology, бил промовиран во Fellow of European Society of Cardiology (FESC), а истата година od European Bord for the Speciality of the Cardiology (EBSB) бил избран за European Cardiologist (EC). Публикувал над 190 стручно­ научни трудови кои биле публикувани во земјава, во Европа, но и надвор од границите на Европа. Струч­ но се усовршувал во Ротердам ­ Холандија, Нинберг ­ Германија и Бергамо ­ Италија. Активно бил вклу­ чен во научноистражувачката студија на нови ендо­ васкуларни протези кои биле промовирани во Rochester (Mayo Clinic), како и во мултицентричната интервентна студија „Cadillac“, на четири типа на рандомизирани интервенции во третманот на акут­ ниот инфаркт на миокардот. Престојот на познатите универзитетски клиники го искористил за совладу­ вање на нови техники од областа на интервентната кардиологија, кои сѐ уште не се применувале на овие простори (интракоронарна ангиоскопија, ротабла­ циони интракоронарни техники, интракоронарен ултразвук и doppler flow­ангиокардиографски мето­ ди). Во овој период се здобил со звањето и серти­ фикат „Master in Interventional Cardiology“. Држи настава по предметот интерна медицина за студен­ тите по медицина, стоматологија, физиотерапев­ тите, логопедите, потоа за постдипломците, како и за лекарите на супспецијализација од областа на кардиологијата. Автор е на поглавјата „Срцева кате­ горизација“ и „Хемодинамското мониторирање на срцето“, во: „Современа дијагностика и терапија во медицината­2000, Прирачник за лекари“. Покрај универзитетски весник ­ број 103


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.