Page 1

univerzitetski vesnik

Издание на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје

Број 103, февруари 2010

П По оччи итту увваан ни ик ко ол ле еш шк ки ии ик ко ол ле егги и,,

Д Да а с се еб би ид де ед де ел л о од ду ун ни ив ве ер рз зи ит те ет тк ка ак ко он на аш ши ио от т,, с са ам мо о п по ос се еб бе ее ег го ол ле ем ма а ч че ес ст т,, н но ои и о об бв вр рс ск ка а.. У Ун ни ив ве ер рз зи ит те ет то от тс со о с си ит те ес св во ои и ((п по ов ве еќ ќе еи ил ли и п по ом ма ал лк ку у)) п по оз зи ит ти ив вн ни и с ст тр ра ан ни и п пр ри ив вл ле ек ку ув ва а и и п по от тт ти ик кн ну ув ва а н на а р ра аз зм ми ис сл лу ув ва ањ ње е,, а ан нг га аж жм ма ан н,, а ак кт ти ив вн но ос ст ти и.. У Ун ни ив ве ер рз зи ит те ет тс ск ка ат та а с ср ре ед ди ин на а с со оч чи ин не ет та а о од дп по ов ве еќ ќе ео од д 4 40 0..0 00 00 0с ст ту уд де ен нт ти и,, с са ам ма а п по ос се еб бе ен на ам ме ет тн ну ув ва а о оп пр ре ед де ел ле ен ни и с сп пе ец ци иф фи ик ки и и и р ра аз зл ли ич чн но ос ст ти и,, м ма ан ни иф фе ес ст ти ир ра ан ни и в во о и из зв ве ед ду ув ва ањ ње ен на а н на ас ст та ав ва а,, с сп пр ро ов ве ед ду ув ва ањ ње ен на а и ис сп пи ит ти и,, р ра аб бо от та а в во ои ис ст тр ра аж жу ув ва ањ ња ат та а и и с сл л..

С туд е н тс ки п р а в о б р а н и те л н а Ун и в е р з и те то т „ С в . Ки р и л и М е то д и ј “ в о С ко п ј е

О От тт ту ук ка а,, н не ес со ом мн не ен но ое ед де ек ка а е еп по от тр ре еб бе ен н п пр ри ид до он не ес сн на а с се ек ко ојј д де ел л н на а н на аш ша ат та а н на ау уч чн но о--о об бр ра аз зо ов вн на а ц це ел ли ин на а к ко ојј ќ ќе е б би ид де ен на ас со оч че ен н к ко он н з за ад др рж жу ув ва ањ ње ен на а п по оз зи ит ти ив вн но ос ст ти ит те еи и о от тс ст тр ра ан ну ув ва ањ ње ен на а н не ег га ат ти ив вн но ос ст ти ит те е.. Т То оа а е еи и о од дг го ов во ор ро от тн на а

Н и ко л а Г л а в и н ч е

п пр ра аш ша ањ ње ет то о,, з зо ош шт то от тр ре еб ба а д да а п по ос ст то ои и а ак кт ти ив ве ен н и и п по ос св ве ет те ен н о ор рг га ан н к ко ојј ќ ќе ес се ез за ан ни им ма ав ва а с со ос сп пр ро ов ве ед ду ув ва ањ ње ет то ои и о ос ст тв ва ар ру ув ва ањ ње ет то он на а п пр ра ав ва ат та а н на а с ст ту уд де ен нт ти ит те е.. В Во от та аа а с см ми ис сл ла а,, к ка ак ко ос ст ту уд де ен нт тс ск ки и п пр ра ав во об бр ра ан ни ит те ел л п по од дг го от тв ве ен н с су ум м д да а п по ом мо ог гн на ам м к ко он н с со оз зд да ав ва ањ ње ет то он на а п по од до об бр ро ос ст ту уд де ен нт тс ск ко ож жи ив ве ее ењ ње е,, к ко ое еќ ќе ер ра ас ст те ен на а п по оч чв ва ат та а о од дп пр ри ин нц ци ип пи и и и п пр ра ав ви ил ла а,, п пр ри ис сп по ос со об бе ен но од да а с се ес со оо оч чу ув ва а с со оп пр ре ед ди из зв ви иц ци ит те ен на а д де ен не еш шн ни иц ца ат та а.. С Се ен на ад де ев ва ам м д де ек ка а г го ол ле ем м б бр ро ојј н на а с ст ту уд де ен нт ти и ќ ќе ес се е з за аи ин нт те ер ре ес си ир ра аа ат ти и ќ ќе еп по ос ст та ав ва ат то ос сн но ов ва ан ни и п пр ра аш ша ањ ња а,, а а в во о и ис ст то ов вр ре ем ме ео оч че ек ку ув ва ам м з за ае ед дн но од да а јја а и ис ск ко ор ри ис ст ти им ме е м мо ож жн но ос ст та а и и д да а п по ок ка аж же ем ме ез за ае ем ме ен н и ин нт те ер ре ес си и р ра аз зб би ир ра ањ ње е,, п пр ри ид до он не ес су ув ва ајјќ ќи и з за а р ра аз зв во ојј н на а у ун ни ив ве ер рз зи ит те ет тс ск ка ат та а и и с ст ту уд де ен нт тс ск ка ат та а с ср ре ед ди ин на а.. С Со оп по оч чи ит т,,

Н Ни ик ко ол ла аГ Гл ла ав ви ин нч че е


ВО

Н АСОКА Н А П ОП УЛ АРИ ЗАЦИ Ј А

Н А И Н СТИ ТУЦИ Ј АТА

• •

• •

Претставување на Никола Главинче ­ студентски правобранител на УКиМ ... 2 Постапка пред студентскиот правобранител ........................................ 3 Овластувања на студентскиот правобранител ........................................ 4

Адресар на студентскиот правобранител и неговите заменици ............................................. 4 ­ 5 Хронологија .............................................. 5

П РАВОБРАН И ТЕЛ “, ДЕЛ ОД СТРАН И ЦИ ТЕ Н А ОВОЈ БРОЈ Н А

УН И ВЕРЗИ ТЕТСКИ

Усвоена Предлог­годишната сметка со завршен финансиски извештај .............. 6

СТУДЕН ТСКИ ОТ П РАВОБРАН И ТЕЛ И Н ЕГОВИ ТЕ П РАВА И Н АДЛ ЕЖН ОСТИ .

УН И ВЕРЗИ ТЕТСКИ ОТ

Докторски студии според новиот Правилник .............................................. 7 Усвоена Програма за меѓународна соработка ............................................... 7

Договор за грант за Еразмус мобилност ............................................. 10

Г . , ДОН ЕСЕ

весн и к

18

О ДЛ УКА

Ј УН И

ЗА И ЗБОР

Н А Н ОВ СТУДЕН ТСКИ П РАВОБРАН И ТЕЛ Н А И

УН И ВЕРЗИ ТЕТОТ „ С В . КИ РИ Л

М ЕТОДИ Ј “. Н И КОЛ А Г Л АВИ Н Ч Е ,

СТУДЕН Т Н А П РАВН И ТЕ СТУДИ И Н А

П РВИ “,

ФАКУЛ ТЕТ

„ Ј УСТИ Н И Ј АН

ЌЕ Ј А И ЗВРШ УВА ОВАА

ФУН КЦИ Ј А ВО Н АРЕДН И ОТ ДВЕГО ДИ Ш ЕН П ЕРИ ОД .

НИКОЛА ГЛАВИНЧЕ е ро­ ден 1987 година во Битола. Средно образование за­ вршил во ДСУ Гимназија „Јосип Броз Тито“ во Битола. Во моментот е студент на вториот циклус студии (ма­ гистерски студии) на Прав­ ниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, правосудна насока, модул по казнено право. Во досегашниот период бил активен во повеќе организации и институции, и тоа: во периодот 1999 – 2001, претседател на Еколошкото друштво на основни училишта „Колибри“ во Битола, претседател на Младинскиот актив при Гимназија­ та „Јосип Броз Тито“ во Битола во периодот 2002­ 2005, член на Управниот одбор на Француската алијанса во Битола од 2003 до

Главен и одговорен уредник ун и верзи тетски

СЕН АТ, Н А

СЕДН И ЦАТА ОДРЖАН А Н А

П РАВН И ОТ

Избор во звањето редовен професор ...... 7

ВЕСН И К ГИ

П ОСВЕТУВАМ Е ТОКМ У Н А

2 009

Утврден текстот на Правилникот за студирање на трет циклус студии ..... 6

„ С ТУДЕН ТСКИ

Проф. д-р Велим ир Стојковски

Заменик главен и одговорен уредник М-р Илија Пиперкоски

Постојани соработници К Ко ос ст та ад ди ин на а М Мо ок кр ро ов ва а Б Би иљ ља ан на а Ф Фо от ти ин но ов вс ск ка а М М-р р М Ма ар ри иј ја а Ц Це ен не ев вс ск ка а Т То ом ми ис сл ла ав в Б Ба аш ше ев вс ск ки и

Лектор

В Ве ес сн на а И И. . Ц Цв ве ет та ан но ов вс ск ка а

Техничко уредување

Г Го ор ра ан н М Му ур ра ат то ов вс ск ки и

универзитетски весник ­ број 103


Н А УН И ВЕРЗИ ТЕТОТ

ЕДИ Н И ЦИ ТЕ , КАКО И ОД Л И ЦАТА

Е ФОРМ И РАН

СТУДЕН ТСКИ П РАВОБРАН И ТЕЛ ЗАРАДИ

ОБРАЗОВН И ОТ П РОЦЕС И ОД ДРУГИ

ЗАШ ТИ ТА Н А П РАВАТА Н А СТУДЕН ТИ ТЕ .

ВКЛ УЧ ЕН И ВО Н АСТАВН О -

Л И ЦА.

С ТУДЕН ТСКИ ОТ

П РАВОБРАН И ТЕЛ ГИ Ш ТИ ТИ ЗАКОН СКИ ТЕ П РАВА Н А СТУДЕН ТИ ТЕ И

П ОДН ЕСУВА И ЗВЕШ ТАЈ ЗА СВОЈ АТА

И Н А ЕДИ Н И ЦИ ТЕ ,

КОГА И М СЕ П ОВРЕДЕН И ОД ОРГАН И ТЕ НА

УН И ВЕРЗИ ТЕТОТ

И ОРГАН И ТЕ Н А

2006, член на Коалицијата за борба против трговијата со луѓе „СЕМПЕР“ – Битола, 2004­2008, како и портпарол на Детското ликовно студио „Мал битолски Монмартр“ од 2004 до 2009 година. Бил активен и во универзи­ тетската, односно студентската средина, и тоа: член на Настав­ но­научниот совет на Правни­ от факултет „Јустинијан Први“ како претставник на својата генерација од 2005 до 2009, претседател на Комисијата за изготвување на нормативни акти за реформа на Сојузот на студенти при УКИМ, 2008, член на Комисијата за евалу­ ација на Универзитетот од редот на студентите во перио­ дот 2007­2009, член на Коми­ сијата за евалуација на Прав­ ниот факултет во периодот 2008­2010 и демонстратор по казнено право на Правниот факултет, 2008/2010 година. Покрај тоа, учествувал на студентската научна конфе­ ренција на студентите од прав­ ните факултети при УКИМ и Универзитетот „Ломоносов“ од Москва, Русија, во Охрид, 2005 година; учество и обука за ли­ дерство и комуникација во 2006 година, во организација на Данскиот совет – Скопје, Маврово, Охрид; учество на студентската конференција по повод 200 години од форми­ рањето на Универзитетот во Белград, Србија, 2008. Функцијата студентски пра­ вобранител на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје ќе ја извршува две години (2009­2011). универзитетски весник ­ број 103

П РАВОБРАН И ТЕЛ ,

Н АЈ М АЛ КУ ЕДН АШ ВО ГОДИ Н АТА,

П РАВАТА УТВРДЕН И СО АКТИ ТЕ Н А

УН И ВЕРЗИ ТЕТОТ

С ТУДЕН ТСКИ ОТ

РАБОТА ДО ДО

Р ЕКТОРСКАТА

УН И ВЕРЗИ ТЕТСКИ ОТ

УП РАВА И

СЕН АТ.

П ОСТАП КА П РЕД СТУДЕН ТСКИ ОТ П РАВОБРАН И ТЕЛ

Постапката пред студентскиот правобранител се поведува со поднесување на писмено барање. Барање може да поднесе секој студент на Универзитетот, лично или преку полномошник, доколку смета дека е повредено некое негово право наведено во закон, Статутот или друг акт на Универзитетот или единиците на Универзитетот. Барањето се доставува на адресата на седиштето на студентскиот правобранител. Поднесеното барање треба да биде потпишано и да содржи лични податоци на подносителот, да ги содржи околностите, фактите и доказите врз кои се темели барањето. Во барањето треба да биде наведен и органот, односно лицето на кое се однесува барањето. Подносителот на барањето не може да биде повикан на одговорност во врска со поднесеното барање, а за тоа се грижи деканот, односно директорот на единицата на Универзитетот.

Студентскиот правобранител ќе одлучи по барањето во рок до 30 дена од неговото поднесување. Правобранителот е должен по барањето да постапува совесно, непристрасно, ефикасно и одговорно. При поста­ пувањето е должен од соодветните институции да ги прибави сите факти и докази што се од суштествено значење за одлучување по барањето. • • • • • • • • •

Студентскиот правобранител ќе го отфрли барањето доколку:

по барањето веќе постапувал и тоа претставува завршена работа; барањето е анонимно, освен кога се работи за прашање од општ интерес; барањето не е комплетно, а подносителот по претходно укажување на студентскиот правобранител не го дополнил; барањето се однесува на дејствие што се случило пред повеќе од 1 година, освен ако оцени дека подносителот го пропуштил рокот од оправдани причини; студентот не е лично засегнат од дејствијата на кои се однесува барањето, односно барањето е поднесено од неовластено лице; барањето се однесува на приговор за оценка, а студентот не го искористил правото согласно со закон и актите на Универзитетот; решавањето на барањето не е во негова надлежност; предметот е во постапка пред судските органи или друг надлежен орган; од податоците што му стојат на располагање произлегува дека не се работи за повреда на правата на студентот согласно со закон и актите на Универзитетот.

3


Ако студентскиот правобранител поведе постапка по поднесеното барање, може да констатира дека се повре­ дени правата на подносителот на барањето, и притоа: • • • •

да даде препораки, предлози, мислења и укажувања за начинот на отстранување на констатираните по­ вреди; да предложи повторно да се преземе определено дејствие или постапка согласно со закон; да преземе иницијатива за поведување на одговор­ ност против одговорното лице; да побара постапување од други надлежни државни органи.

Ако студентскиот правобранител констатира дека се повредени одредени права на подносителот на барањето, тогаш: •

составува извештај со констатации за утврдената сос­ тојба, со препорака, односно со мислење, предлог или укажување до единицата за преземање на соод­ ветни мерки за отстранување на повредата за која е поднесено барањето.

Сите информации и документи што ќе ги добие студентскиот правобранител по службена должност се од доверлив карактер. Студентскиот правобранител се гри­ жи за заштита на идентитетот, приватноста и аноним­ носта на студентите кои поднеле барање.

Студентски правобранител Никола Главинче

e-адреса: st_pravobranitel@ukim.edu.mk факс: 02 / 3221350; моб.: 072 30 20 20; Бул. Митрополит Теодосиј Гологанов бр.28/13, Скопје (палата „Кузман“)

Заменци на студентскиот правобранител Архитектонски факултет Марија Маркоска

e-адреса: marijamarkoska@yahoo.com Факултет за ветеринарна медицина Александра Анѓелова

e-адреса: st.pravobranitel.fvm@gmail.com Градежен факултет

ОВЛ АСТУВАЊА Н А СТУДЕН ТСКИ ОТ П РАВОБРАН И ТЕЛ

Студентскиот правобранител ги штити законските права на студентите и правата утврдени со актите на Универзитетот и на единиците, кога им се повредени од органите на Универзитетот и органите на единиците, како и од лицата вклучени во наставно­образовниот про­ цес и од други лица согласно со Правилникот за изборот, разрешувањето, надлежноста и работата на студентскиoт правобранител на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, објавен во Универзитетски гласник бр.142 од 1.9.2009 година. • • • •

4

Студентскиот правобранител е овластен:

да посредува во спорови помеѓу студентите и про­ фесорите, студентите и единиците на Универзитетот, студентите и универзитетската администрација; да дава препораки во конкретни случаи со цел раз­ решување на спорови; да презема активности за кои е надлежен и по сопствено наоѓање. Ако поведе постапка по сопствена иницијатива, потребна е согласност од студентот на кого му се повредени правата; да ги стави како предмет на јавна дискусија праша­ њата поврзани со системот на заштита на студент­ ските права и заклучоците од тие прашања да ги промовира со цел подобрување на квалитетот на ви­ сокото образование и заштита на студентските права.

Лазо Лафазановски

e-адреса: lafa_bt@hotmail.com Економски факултет Сања Трајковска

e-адреса: st.pravobranitelef@gmail.com Факултет за електротехника и информациски технологии Симона Трајческа

e-адреса: simona.trajceska@feit.ukim.edu.mk Факултет за земјоделски науки и храна Васил Иљовски

e-адреса: pravobranitel.fznh@gmail.com Медицински факултет Роланд Дука

e-адреса: lantiduka@yahoo.com универзитетски весник ­ број 103


ХРОНОЛОГИЈА

Машински факултет Иван Заревски

e-адреса: ivan_zarevski@hotmail.com Педагошки факултет „Св. Климент Охридски“ Семир Пајазити

e-адреса: semir_vi@hotmail.com Природно-математички факултет Петре Божиков

e-адреса: st.pravobranitel.pmf@gmail.com Правен факултет „Јустинијан Први“ Зоран Стефановски

e-адреса: pravobranitel.pf@gmail.com Стоматолошки факултет Евгениј Поп Ацев

e-адреса: evgenij_popacev@hotmail.com Технолошко-металуршки факултет Диме Јанчев

e-адреса: st_pravobraniteltmf@yahoo.com Фармацевтски факултет Јованче Тодоров

e-адреса: st.pravobranitel.farmacija@gmail.com Филолошки факултет „Блаже Конески“ Магдален Џингова

e-адреса: st.pravobranitel.filoloski@gmail.com Факултет за музичка уметност Томе Ташев

е-адреса: tome_tasev@hotmail.com универзитетски весник ­ број 103

Согласно со чл. 340 од Статутот на Универзитетот „Св. Кирил и Ме­ тодиј“ во Скопје, заради заштита на правата на студентите на Универзи­ тетот, се формира студентски пра­ вобранител. Надлежноста, изборот и работа­ та на студентскиот правобранител се утврдуваат со акт на Сенатот на Универзитетот како орган на упра­ вување, односно со Правилникот за изборот, разрешувањето, надлеж­ носта и работата на студентскиoт правобранител на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Во изминатиот период, функци­ јата студентски правобранител ја извршуваа проф. д­р БОРЧЕ ДАВИТКОВСКИ, професор на Правниот факул­ тет „Јустинијан Први“ и доц. д­р АНА ПАВЛОВСКА ДАНЕВА, професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“. Со донесувањето на новиот Статут на Универзитетот, по иницијатива на Студентскиот парламент на Универзи­ тетот, се предвиде дека за студентски правобранител се избира студент по правни студии, со минимум завршен 4. семестар и просек на студии од минимум 8,00. Студентскиот правобранител се избира од Сенатот на Универзитетот, по предлог на Студентскиот парламент, за време од 2 години без право на повторен избор. Студентскиот парламент го предлага кандидатот за сту­ дентски правобранител врз основа на конкурс. По спроведениот јавен конкурс од страна на Студент­ скиот парламент на Универзитетот и доставениот предлог, Универзитетскиот сенат, на 11. седница одржана на 6.7.2009 година, донесе одлука со која за студентски пра­ вобранител на Универзитетот го избра НИКОЛА ГЛА­ ВИНЧЕ, студент на правните студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ ­ Правен факултет „Јустинијан Први“ ­ Скопје. На истата седница се донесе и Правилникот за изборот, разрешувањето, надлежноста и работата на студентскиoт правобранител на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. На 2.11.2009 година, со измените на Статутот на Сту­ дентскиот парламент на Универзитетот „Св. Кирил и Мет­ одиј“ во Скопје се донесе и логото на студентскиот право­ бранител на Универзитетот. На 30.11.2009 година, студентскиот правобранител да­ де свечена заклетва пред Сенатот, со која се обврза дека функцијата ќе ја врши одговорно, во рамките на законот и актите на Универзитетот. По свечената заклетва, ректорот на Универзитетот, проф. д­р Велимир Стојковски, на студентскиот правобра­ нител му врачи печат, штембил и Деловодник за работа. На 7.11.2009 година, студентскиот правобранител, врз основа на претходно спроведениот конкурс од страна на студентските парламенти на факултетите–членки на Уни­ верзитетот, донесе одлуки за избор на заменици–право­ бранители. Замениците и студентскиот правобранител се избрани со цел да помогнат во остварувањето на правата на студентите, во спроведувањето на постапките, и превен­ тивно да дејствуваат во однос на нивно почитување.

5


Ректорска управа

У УТ ТВ ВР РД ДЕ ЕН НТ ТЕ ЕК КС СТ ТО ОТ ТН НА А П ПР РА АВ ВИ ИЛ ЛН НИ ИК КО ОТ ТЗ ЗА АС СТ ТУ УД ДИ ИР РА АЊ ЊЕ Е Н НА АТ ТР РЕ ЕТ ТЦ ЦИ ИК КЛ ЛУ УС СС СТ ТУ УД ДИ ИИ И

Ректорската управа на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на седницата одржана на 16.2.2010 година, го разгледа Предлог­конкурсот за запишување студенти на прв циклус студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во учебната 2010/11 година и заклучи единиците на Универзитетот да достават одлуки за организирање на дисперзираните студии. По мошне конструктивната расправа, Ректорска­ та управа го утврди текстот на Предлог–правилни­ кот за условите, критериумите и правилата за запи­ шување и студирање на трет циклус студии, со што на заинтересираните докторанди им се овозможува со научниот степен доктор на науки да се стекнат по нови критериуми на студирање. Ректорската управа даде позитивно мислење и го утврди Предлог­проектот за воведување нови студи­ ски програми од прв циклус студии за хемија на хра­ на и хемија на материјали на Природно–математич­ киот факултет. Ректорската управа донесе Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за составот и надлежнос­ тите на комисиите на Ректорската управа, при што Александар Гиноски од Факултетот за ветеринарна медицина е член на Комисијата за настава, Миле Цеков од Технолошко­металуршкиот факултет ­ во Комисијата за наука, Дијана Шуменковска од Стома­ толошкиот факултет ­ во Комисијата за финансии, инвестиции и развој, Габриела Стаменковска од Фил­ олошкиот факултет „Блаже Конески“ ­ во Комисијата за соработка со универзитетите во земјата и во стран­ ство, Славчо Петров од Градежниот факултет ­ во Комисијата за издавачка дејност, Дарко Тодевски од Правниот факултет „Јустинијан Први“ ­ во Комиси­ јата за култура и спорт, Иван Живковски од Правиот факултет „Јустинијан Први“ ­ во Комисијата за нор­ мативна дејност, Зоран Ристиќ од Факултетот за електротехника и информациски технологии ­ во Комисијата за информатичка тенхологија и Бојана Хаџи­Иванова од Природно­математичкиот факул­ тет ­ во Комисијата за студентски стандард. Ректорската управа донесе одлуки: за избор на лектори по македонски јазик на универзитетите во странство за учебните 2010/2011 и 2011/2012 година и за утврдување листа на информации од јавен карак­ тер. Ректорската управа го утврди Предлогот за автен­ тично толкување на одредбата од членот 322, став 2 од Статутот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“

6

во Скопје и го упати на Универзитетскиот сенат, на натамошно постапување. Ректорската управа донесе заклучок Универзи­ тетот да настапи на Саемот за образование и кариера со заеднички штанд со димензии кои одговараат на финансиските средства што може да ги издвои Уни­ верзитетот за оваа намена, но и да почне со постапка за подготовка на Правилник за стипендирање тален­ тирани студенти.

У УС СВ ВО ОЕ ЕН НА АП ПР РЕ ЕД ДЛ ЛО ОГ Г--Г ГО ОД ДИ ИШ ШН НА АТ ТА А С СМ МЕ ЕТ ТК КА АС СО ОЗ ЗА АВ ВР РШ ШЕ ЕН Н Ф ФИ ИН НА АН НС СИ ИС СК КИ ИИ ИЗ ЗВ ВЕ ЕШ ШТ ТА АЈ Ј

Ректорската управа на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на седницата одржана на 24.2.2010 година, разгледа повеќе прашања од дело­ кругот на своите надлежности. Притоа, ја усвои Предлог–годишната сметка со завршен финансиски извештај за остварување на функциите на Универ­ зитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје за 2009 година, го прифати Предлог–годишниот финансис­ ки план за 2010 година, го усвои и Извештајот за приходите и расходите на средствата наменети за интегративните функции на Универзитетот, ја утврди Предлог–програмата за финансирање на ви­ дот и обемот на интегративните функции на Универ­ зитетот во 2010 година, како и Предлог–одлуката за пренамена на средствата стекнати во 2009 година за интегративните функции на Универзитетот. Ректорската управа ја утврди Предлог–програ­ мата за меѓународна соработка, а донесе и одлуки за давање согласност на лица избрани во наставно­ научни звања на Универзитетот „Св. Кирил и Мето­ диј“ за вршење високообразовна дејност на други јавни универзитети, и тоа за: Факултетот за електро­ техника и информациски технологии, Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмоло­ гија, Економскиот институт, Шумарскиот факултет и Филолошкиот факултет „Блаже Конески“.

универзитетски весник ­ број 103


Универзитетски сенат П ПО ОТ ТВ ВР РД ДЕ ЕН НИ ИЗ ЗБ БО ОР РО ОТ ТВ ВО ОЗ ЗВ ВА АЊ ЊЕ ЕТ ТО О

Д ДО ОК КТ ТО ОР РС СК КИ ИС СТ ТУ УД ДИ ИИ ИС СП ПО ОР РЕ ЕД Д

Р РЕ ЕД ДО ОВ ВЕ ЕН НП ПР РО ОФ ФЕ ЕС СО ОР Р

Н НО ОВ ВИ ИО ОТ ТП ПР РА АВ ВИ ИЛ ЛН НИ ИК К

Универзитетскиот сенат на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на седницата одржана на 29.1.2010 година, донесе одлуки за потврдување на изборот во звањето редовен професор за 10 вон­ редни професори. Притоа, беше извршен избор во звањето редовен професор на: д­р Миле Стан­ ковски, вонреден професор на Факултетот за елек­ тротехника и информациски технологии во Скопје; д­р Лазо Пекевски, вонреден професор на Природ­ но­математичкиот факултет во Скопје; д­р Весна Велиќ Стефановска, вонреден професор на Меди­ цинскиот факултет во Скопје; д­р Розалинда Исја­ новска, вонреден професор на Медицинскиот факултет во Скопје; д­р Весна Пејоска Геразова, вонреден професор на Медицинскиот факултет во Скопје; д­р Гордана Петрушевска, вонреден про­ фесор на Медицинскиот факултет во Скопје; д­р Марија Папазова, вонреден професор на Ме­ дицинскиот факултет во Скопје; д­р Весна Антов­ ска, вонреден професор на Медицинскиот факултет во Скопје; д­р Ѓорѓи Бабушку, вонреден професор на Медицинскиот факултет во Скопје, како и на д­р Славејко Сапунов, вонреден професор на Ме­ дицинскиот факултет во Скопје. Универзитетскиот сенат донесе Одлука на Сту­ дентскиот парламент авансно да му се префрлат средства за реализација на Програмата за работа на Студентскиот парламент. Исто така, беше иницирано и прашањето за про­ мена на пропагандните активности за промоцијата за запишување студенти на УКИМ, што оваа година треба да претрпат измени, а дел од средствата што се издвојуваа за таа намена да бидат искористени за доделување стипендии на талентирани студенти.

Универзитетскиот сенат на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, на седницата одржана на 22.2.2010 година, донесе Одлука за усвојување на Правилникот за условите, критериумите и прави­ лата за запишување и студирање на трет циклус студии (докторски студии) на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Неговото донесување е резултат на подолготрајно анализирање и компа­ рирање на организираните докторски студии во повеќе земји од блиското и подалечното окружување на Македонија. Во подготвителниот период беа одр­ жани повеќе седници на Работната група, а матери­ јалот беше предмет на разгледување на неколку ра­ ботилници. Универзитетскиот сенат донесе одлуки за избор во звањето редовен професор на: д­р Лидија Оло­ ловска­Гагоска, вонреден професор на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје и на м­р Владо Цветановски, вонреден професор на Факултетот за драмски уметности во Скопје. Универзитетскиот сенат го прифати автентич­ ното толкување на одредбата од членот 322, став 2 од Статутот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, според кој студентите кои се без родители, слепи, глуви, инвалиди од прва и втора група, мајки со деца до петгодишна возраст и хоспитализирани­ те, запишани на прв циклус академски или стручни студии, имаат право да студираат без плаќање пар­ тиципација и кофинансирање на студиите.

У УС СВ ВО ОЕ ЕН НА АП ПР РО ОГ ГР РА АМ МА АТ ТА АЗ ЗА А М МЕ ЕЃ ЃУ УН НА АР РО ОД ДН НА АС СО ОР РА АБ БО ОТ ТК КА А

Универзитетскиот сенат на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, на седницата одржана на 26.2.2010 година, донесе одлуки: за усвојување на годишната сметка со завршен финансиски извештај за остварување на функциите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје за 2009 година, за универзитетски весник ­ број 103

усвојување на годишниот финансиски план за 2010 година, за усвојување на извештајот за приходите и расходите на средствата наменети за интегративните функции на Универзитетот, како и за усвојување на Програмата за меѓународна соработка.

7


НА МАКЕДОНИЈА Ѝ ТРЕБА ДОКТОРСКА ШКОЛА НА УКИМ Проф. д-р Елена Думова-Јованоска,

проректор за настава на УКИМ

(и н тер в ј у о б ј а в ен о в о Гл о б ус н а 1 9 . 1 . 2 01 0 г. )

студии, како јас­ Д ноокторските дефинирана активност во

рамките на болоњскиот процес, се оформуваат со сериозна временска задршка во однос на другите т.н. „базични активности“: воведување на ЕКТС, обезбедување мобилност на студентите, препознатливост на степените на образование и органи­ зирање на студиите во циклуси. Во првите декларации од министер­ ските конференции може да се види дека се препорачува организ­ ирање на високото образование во два циклуса (додипломски/пост­ дипломски). Дури во документот кој произлезе од министерската конференција во Берлин 2003, на која патем и Македонија офици­ јално се приклучи на болоњскиот процес, третиот циклус ­ доктор­ ските студии станаа дел од офици­ јалната агенда. Од тој момент во академските кругови на земјите потписнички на Болоњската декларација се од­ вива широка дебата за тоа што е суштинскиот елемент во органи­ зирањето на докторските студии. Едни се убедени дека со ваквиот приод Европа само се обидува да го следи примерот на американски­ те универзитети во кои докторски­ те студии одамна се реалност, други, пак, цврсто стојат на ставот дека докторатот е исклучиво истра­ жувачка дејност и нема потреба од никакви промени. Оттука и диле­ мата ­ може ли активноста на док­ торско нивo да се изразува во ЕКТС? Дали има простор за мобил­ ност на докторандите и кои се очекуваните придобивки од тоа? ИСКУСТВА Со временска дис­ танца од шест години може да се констатира дека и во оваа област на европските универзитети има поместувања во посакуваната насо­

8

ка. Првичните искуства се важни, но, мора да се признае дека и по­ натаму се присутни многу дилеми. Она што може да се извлече како заклучок од досегашните искуства се следните констатации: ­

­ ­

­

Докторската дисертација претставува врвен оригина­ лен научен труд. Оваа кон­ статација останува заеднич­ ки именител на традиционал­ ниот и новиот концепт за стекнување на научниот сте­ пен доктор на науки. Се воведуваат различни фор­ ми за организирано стекну­ вање генерички знаења на кан­ дидатите. Се организираат работилни­ ци, семинари, конференциии на кои докторандите конти­ нуирано можат да го прет­ ставуваат сработеното со цел, низ дискусија пред поши­ рок аудиториум, да стекнат реална претстава за издржа­ носта на избраните насоки во истражувањето. За да се обезбеди потребен број на докторанди но и поса­ куваниот висок квалитет, докторските студии се орга­

низираат во форма на док­ торски школи (PhD и Doctoral School) на универзитетско ниво.

Сепак, сите погоре изнесени карактеристики на новиот кон­ цепт на докторски студии повеќе зборуваат за организационите еле­ менти, додека суштински новиот принцип се состои во потребата идните доктори на науки да стек­ нат чувство за сопствените компе­ тенции и начинот на кој тие комп­ етенции можат да бидат употре­ бени. Основна цел е најголемиот број на овие висококвалифику­ вани млади луѓе да си го најдат местото во економскиот и во стопанскиот сектор, а не само во академската средина, со цел да му дадат нов неопходен импулс на европското стопанство во беспо­ штедната глобална битка за паза­ ри. Единствен начин да се обезбе­ ди чувство за сопствените компе­ тенции е комуникација со реал­ ното опкружување ­ индустријата, економијата и општеството, и тоа во целиот тек на истражувањето. Од искуствата на европските уни­ верзитети, јасно е дека тоа вооп­ што не е лесно ниту во развиените земји од Европската унија а камо­

универзитетски весник ­ број 103


ли во земја како нашата во која стопанствениците водат сизифов­ ска битка со различни објективни но и субјективни пречки. Сепак, остварувањето на таа комуника­ ција е единствениот пат до успехот на целиот комплексен потфат познат како болоњски процес. ДВА МОДЕЛА Овие согледу­ вања за докторските студии се резултат од искуствата на европ­ ските универзитети. Но, како сто­ јат работите на овој план во Маке­ донија? Притоа, исто така, треба да се имаат предвид и некои фак­ ти. Законот за високото образо­ вание од 2000 година за прв пат ја дефинира законската можност за стекнување на научниот степен доктор на науки на два начина ­ традиционалниот, со пријава на тема за докторска теза или, пак, преку организирање на докторски студии со траење од три години. Заслужува да се потенцира дека тоа се случи три години пред офи­ цијалната политика на болоњ­ скиот процес за ова прашање. Но и покрај законското реше­ ние, македонските факултети и универзитети не ја искористија оваа можност, туку се држеа до традиционалниот модел. Заради објективност треба да се спомене примерот на Институтот за земјо­ тресно инженерство и инженерска сеизмологија од УКИМ кој започ­ на со докторски студии во учеб­ ната 2007/2008 година. Сепак, тоа е само позитивен исклучок, кој сигурно не е случаен имајќи го предвид обемот на меѓународна соработка што ја има оваа институ­ ција. Законот за високото образова­ ние од 2008 година пропиша дека почнувајќи од учебната 2009/2010 година (што одговара на 15 септем­ ври 2009) стекнувањето на научни­ от степен доктор на науки е можно само во форма на организирани докторски студии чија вредност из­ разена во ЕКТС е 180. Ваквото ре­ шение е несомнено ригидно и слич­ но нема во ниту една европска земја, особено не во делот на изра­ зување во ЕКТС. Од ова законско решение, со оглед на дотогашната практика, произлезе дека за една академска година факултетите и универзитетите требаше да ги под­ готват, акредитирираат (во соглас­ ност со Законот) и да организираат докторски студии, при што, имајќи го предвид посакуваниот квалитет, тоа е далеку од едноставна задача. универзитетски весник ­ број 103

Организирањето на докторски­ те студии упатува и на тоа дека док­ торандите, како и кандидатите на првите два циклуса на образова­ ние, ќе се пријавуваат на конкурс кој ќе се објавува од универзитети­ те со вообичаена академска дина­ мика, еднаш годишно или еднаш семестрално. Дополнителна нервоза создаде и фактот што законското решение од 2008 година воведе новини и во однос на положбата на затекнати­ те асистенти и соработници кои, заклучно со 2013 односно 2015 го­ дина, треба да обезбедат соодветни наставни позиции кои зависат од стекнатото образование (магистер­ ски и докторски титули). Во преод­ ните одредби на овој Закон е посо­ чено дека на сите кандидати кои имаат стекнато титула магистер на науки во согласност со регулати­ вата која важела пред 2008 година може да им биде признаена актив­ ност за стекнување научен степен доктор на науки во обем од 60 ЕКТС. Ваквото решение, несомне­ но, ќе овозможи рамноправен трет­ ман на овие кандидати во според­ ба со кандидатите кои поднеле пријави за изработка на докторски дисертации заклучно со 14 септем­ ври 2009.

КОНЦЕПТ Што предвидува предложениот концепт за органи­ зирање на докторски студии на Универзитетот „Св. Кирил и Мето­ диј“? Пред да се дефинира моде­ лот на организирање на докторски студии, освен основните начела за организирање на докторски сту­ дии, прифатени од Европската асо­ цијација на универзитети (ЕУА) изложени погоре, важно е да се оценат спецификите на Универзи­ тетот. Станува збор за Универзитет во чиј состав има 21 факултет и 10 научни институти од целиот спек­ тар на научни области, почнувајќи од уметностите преку хуманистич­

ките и општесвените науки, до базичните и применетите природ­ ни науки вклучувајќи ја и медици­ ната. Ова упатува на извонредно богатство на интелектуален капа­ цитет кој, колку нескромно и да звучи, е сериозен дел од истражу­ вачкиот потенцијал на оваа земја, но, исто така, тоа говори за мнош­ твото на различни искуства и вос­ поставени процедури во сферата на изработката на докторски ди­ сертации и истражувачка практи­ ка. Суштествено е да се дефинира решение кое ќе ги антиципира различностите и ќе претставува дестилат на заедничките суштес­ твени вредности. Неумоливата статистика вели дека изминатите пет години на нашиот Универзитет со титулата доктор на науки се стекнувале око­ лу 100 кандидати годишно. Поло­ вина од нив на општествените и хуманистичките науки, а остана­ тите се релативно рамномерно распоредени на останатите научни подрачја. Ако се знае дека послед­ ните пет години ресорното мини­ стерство не презело финансирање на ниту еден нов национален научноистражувачки проект, а и бројот на стипендии за докторан­ ди е отворено прашање, станува

јасно дека е неопходно внима­ телно планирање на активностите и користење на ресурсите со цел да се постигне посакуваниот квали­ тет. Сите овие согледувања, но и искуствата на европските универ­ зитети укажуваат дека организи­ рањето на докторските студии во облик на докторска школа ќе зна­ чи најрационално обезбедување на воедначени критериуми за ква­ литет и административни проце­ дури кои ќе ги обезбедуваат тие критериуми. Ако во традиционал­ ниот модел докторандот и менто­ рот биле оставени сами да изнај­

9


дат свое решение за следење на напредокот на истражувањето, со новиот пристап, во рамките на школката, предвидени се низа активности, извештаи, презента­ ции, работилници кои обезбе­ дуваат поголема транспарентност

и ефикасност на целиот процес. Значајни придобивки од организи­ рањето докторски студии во облик на докторска школа се и рационал­ ното користење на расположли­ вата истражувачка инфраструкту­ ра како и можноста за организи­

рање на интердисциплинарни сту­ дии, кои, несомнено се иднината на научноистражувачката дејност. Препознатливоста на ваквиот мо­ дел на мапата на европските уни­ верзитети е вредност која исто така има свое значење.

ДОГОВОР ЗА ГРАНТ за ЕРАЗМУС МОБИЛНОСТ во рамките на програмата "Доживотно учење" 1) ДОГОВОР БР. MKLLP_ERA_A3.1_2009_0002

Национална агенција за европски образовни програми и мобилност Порта Буњаковец А2-1 1000 Скопје Република Македонија ЕМБС: 6301185 ЕДБ број: 4030007012234

во понатамошниот текст „Националната агенција“, претставена од нејзиниот потписник, Ратко Капушевски, в.д. директор, од една страна, и

Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ Скопје Бул. Крсте Мисирков бб. 1000 Скопје Република Македонија ЕМБС: 4066499 ЕДБ број: 4030979223120

Еразмус универзитетски чартер Број на чартерот: МК SKOPJE 01 Рок на важност на чартерот: 2013, во понатамошниот текст „Корисникот“, претставен од неговиот потписник проф. д-р. Велимир Стојковски, ректор од друга страна,

1) Одлука бр.1720/2006/ЕЗ на Европскиот парламент и на Советот од 15/11/2006 за основање на програма од областа на доживотното учење, објавена во Службен весник на ЕУ, бр. L327/45 на 24/11/2006. 10

универзитетски весник ­ број 103


СЕ ДОГОВОРИЈА: за Посебните услови , Општите услови и анексите наведену подолу:

Анекс I

Апликација за грант на високообразовна институција-корисник

Анекс II

Формулар за финален извештај

Анекс III

Обврски за мобилност на корисникот (електронска верзија објавена на интернет страната

Анекс IV

Меѓуинституционални договори (електронска верзија објавена на интернет страната

Анекс V.1 Анекс V.2 Анекс V.3 Анекс V.4

Annex V.5 Annex V.6 Annex V.7 Annex V.8 Анекс V.9 Анекс V.10 Анекс V.11 Анекс V.12 Анекс V.13 Анекс V.14 Анекс VI

www.na.org.mk) www.na.org.mk)

а) Мобилност на студенти за студирање:

Стандарден договор за грант и анекси, вклучувајќи: Договор за препознавање на мобилноста; (електронска верзија објавена на следнава интернет адреса: www.na.org.mk) Еразмус студентски чартер (електронска верзија објавена на следнава интернет адреса: www.na.org.mk) Финален извештај на студентите (за периодот на студирање) - електронска верзија објавена на следнава интернет адреса: www.na.org.mk

не се вклучени во овој договор Договор за стажирање според модел и анекси со следниве анекси: Договор за тренинг и Обврските за квалитет; Еразмус студентски чартер (Анекс V.3); Краен извештај за студенти (за периодот на стажирање); б) Мобилност на студенти за стажирање: (

)

в) Мобилност на наставен кадар:

Договор за наставен ангажман и анекси, вклучувајќи: Наставна програма (електронска верзија објавена на следнава интернет адреса: www.na.org.mk) Финален извештај на наставен кадар (за наставниот ангажман) - електронска верзија објавена на следнава интернет адреса: www.na.org.mk г) Мобилност на административен персонал:

Договор за стручно усовршување на административен персонал и анекси, вклучувајќи: Работна програма (електронска верзија објавена на следнава интернет адреса: www.na.org.mk) Финален извештај на административен персонал (за стручното усовршување) - електронска верзија објавена на следнава интернет адреса: www.na.org.mk

Упатство за високообразовните институции за менаџирање на финансиските средства на

Еразмус во академската година 2009-2010 во согласност со договорот за грант потпишан меѓу Европската комисија и Националната агенција, вклучувајќи покритија за студенти од Еразмус кои следат интезивни јазични курсеви во рамките на истата програма - електронска верзија на документот објавена на следнава интернет адреса: www.na.org.mk,

коишто претставуваат интегрален дел од овој договор (во понатамошниот текст „Договорот“). Општите услови се објавени на следнава интернет адреса: www.na.org.mk. Одредбите кои се наведени во Посебните услови ќе имаат предност во однос на одредбите од другите делови на овој договор. Одредбите изнесени во Општите услови ќе имаат предност во однос на оние од анексите. универзитетски весник ­ број 103

11


ПОСЕБНИ УСЛОВИ

Ч Л ЕН 1 – ЦЕЛ Н А ГРАН ТОТ

I.1

Националната агенција донесе одлука за доделување грант на Корисникот за спроведување акција од сферата на мобилноста – во понатамошниот текст „акцијата“ – во рамките на потпрограмата Еразмус од програмата "Доживотно учење", под одредбите изнесени во Посебните услови, Општите услови и анексите од овој договор.

I.2

Корисникот го прифаќа грантот согласно условите одредени во овој договор и се обврзува да преземе сè што е во негова моќ за да ја спроведе акцијата како што е опишано во Анекс I, освен во случај на виша сила. При спроведувањето на акцијата, Корисникот се обврзува строго да ги почитува Еразмус универзитетскиот чартер и Обврските за мобилност на корисникот изнесени во Анекс III.

Ч Л ЕН 2 – ВРЕМ ЕТРАЕЊЕ

II.1

Договорот ќе стапи на сила на датумот на кој последната од двете страни ќе го потпише истиот.

II.2

Активноста ќе се спроведе во периодот помеѓу 01.02.2010-30.09.2010 (вклучувајќи ги двата датуми).

Ч Л ЕН 3 – ФИ Н АН СИ РАЊЕ Н А АКЦИ Ј АТА

III.1 Националната агенција ќе ги кофинансира трошоците за акцијата до максимален износ од 19.400 евра во денарска противвредност според куповен курс на Народна Банка на Република Македонија на денот на трансферот на средствата и истиот износ се состои од следното: Сума од 9.300 евра во денарска противвредност за мобилност на студенти за студирање која се доделува за следниве бројки: • конечен број на предвидени мобилни студенти што заминуваат во странство: 5 • конечен број на предвидени месеци за мобилност: 30 Сума од 0 евра во денарска противвредност за мобилност на студенти за стажирање која се доделува за следниве бројки: • конечен број на предвидени мобилни студенти што заминуваат на размена: 0 • конечен број на предвидени месеци за мобилност: 0 Сума од 5.000 евра во денарска противвредност за мобилност на наставен кадар која се доделува за следниве бројки: • конечен број на предвидени мобилни професори (една група професори од страна на Корисникот кои се ангажираат на високообразовна институција) во странство 5 и втора група сочинета од персонал поканет од странски компании 0). Конечен број од двете групи: 5. • конечен број на предвидени денови за мобилност: 25 Сума од 4.000 евра во денарска противвредност за мобилност за подготвителни посети на наставен кадар и административен персонал која се доделува за следниве бројки: • конечен број на предвиден мобилен персонал кој ќе замине на мобилност за подготвителни посети: 4. • конечен број на предвидени денови за мобилност: 20 Сума од 1.100 евра во денарска противвредност се доделува за организација на мобилноста на студенти и работен кадар (без мобилност за подготвителни посети) во вкупен број 10 (десет) изнесен погоре во став 2 алинеја 1 и став 4 алинеја 1 од овој член. III.2 Реалниот краен износ за секоја од горенаведените ставки ќе биде одреден во согласност со правилата изнесени подолу: 12

универзитетски весник ­ број 103


-

За мобилност на студенти за студирање и стажирање: •

финансиската поддршка ќе биде одредена врз основа на бројот на мобилни студенти и времетраењето на нивниот престој, согласно правилата изнесени во Анекс VI.

-

За мобилност на наставен кадар и стручно усовршување на административен персонал:

-

финансиската поддршка за патни трошоци (вклучувајќи визи за влез и излез) ќе биде одредена врз основа на реално настанатите трошоци изнесени во Анекс VI од договорот и врз основа на придружните документи претставени во членот IV.2;

-

финансиската помош за престој и храна ќе биде одредена врз основа на времетраењето на престојот во странство до максималната сума одредена во согласност со правилата од Анекс VI од договорот и врз основа на доказите за датумите на патување.

-

За мобилност на лица за подготвителни посети: •

финансиската поддршка ќе биде одредена врз основа на бројот на мобилни лица и времетраењето на нивниот престој, согласно правилата изнесени во Анекс VI.

-

За организација на мобилноста:

-

овие трошоци ќе бидат одредени врз основа на бројот на учесници во програмата (мобилни студенти, вклучувајќи ги и оние кои не примаат финансиска помош од Програмата; професори и друг работен кадар од страна на Корисникот, вклучувајќи и вработени без финансиска помош од Програмата; учесници поканети од други компании) и врз основа на четирите мерила за трошоци за поединечни ставки во согласност со упатствата изнесени во Анекс VI. Во овој контекст постои можност за толеранција од 10%, што значи дека ако бројот на спроведени мобилности е помал од 10% во однос на бројот на мобилности предвидени во Член III.1 од договорот, грантот за организација на мобилноста нема да биде намален. Сепак, ако бројот на мобилности е поголем, вредноста на грантот за организација, одредена во Член III.1, нема да биде зголемена;

-

висината на износот на грантот за организација на мобилноста нема да биде намален на помалку од 500 евра, дури и ако бројот на спроведени мобилности е помал од предвидениот. Од друга страна, ако не се спроведе ниту една мобилност, вкупниот износ на грантот за организација ќе биде нула.

III.3 Сите други трошоци кои се однесуваат на акцијата ќе бидат покриени од страна на Корисникот. III.4 Трансфер на средства меѓу ставките од буџетот за мобилност: Корисникот: Долунаведените флексибилни можности се единствени и најголеми што Националната агенција може да му ги дозволи на Корисникот. • • • •

може да направи трансфер на средства до 20% од износот за мобилност за студирање во буџетот за мобилност за стажирање и обратно; може да направи трансфер на средства до 20% од износот за мобилност за наставен кадар во буџетот за стручно усовршување на административен персонал и обратно; може да направи трансфер на средства до 20% од износот за организација на мобилната активност во буџетот за мобилност на студенти или за мобилност на работен кадар. може да направи трансфер до 20% од износот на мобилност на студенти во буџетот за мобилност на работен кадар.

Друг вид на финансиски трансфер не е дозволен!

универзитетски весник ­ број 103


III.5 Измена на максималниот вкупен износ на грантот Во случај да постојат дополнителни средства кои можат да му бидат пренесени на Корисникот, вкупниот износ на грантот одреден во Член III.1 може да биде зголемен ако Корисникот оствари поголем обем на мобилност од веќе предвидениот. Корисникот треба да поднесе барање за максималниот износ на дополнителни средства во согласност со постапката одредена во Анекс VI и најдоцна до 01.05.2010. Помал обем на мобилност од очекуваниот може да резултира во намалување на вкупниот максимален износ на грантот за Корисникот. НА може да издаде дополнителен договор потпишан од двете страни или писмено известување за дополнителни одлуки со кои Корисникот писмено се согласува. Зголемувањето или намалувањето на износот на грантот ќе бара донесување на измена на веќе постоечкиот договор. Измената ќе биде во форма на писмено известување од Националната агенција до Корисникот. Измената ќе стапи на сила на денот на примање на писмото во Националната агенција, откако претходно е потпишано од правниот застапник на институцијатакорисник. III.6 Правила за доставување средства до индивидуалните учесници III.6.1 Мобилност на студенти Нивото на грантови доделени на индивидуалци-студенти ќе биде конзистентно, со можни измени оправдани според потребите. Просечниот износ на грант за стажирање треба да биде повисок од оној предвиден за студирање. Истовремено треба да се земат предвид различните услови и дополнителните трошоци коишто студентот треба да ги преземе на себе бидејќи е можно институцијата во земјата-домаќин да не е во состојба да ги понуди условите вообичаени за мнозинството универзитети. Пресметката на износите за секој студент ја прави Корисникот врз основа на упатствата изнесени во Анекс VI. Корисникот треба да ги исплати средствата потребни за мобилност на индивидуалците-учесници врз основа на документите и одредбите изнесени во анексите од овој договор: За мобилност на студенти, задолжителните документи се изнесени во Анексите V.1-4: -

за студирање: стандарден Договор за грант со назначен модел на мобилност, вклучувајќи го Договорот за препознавање на мобилноста; Еразмус студентски чартер формулар за финалниот извештај на студентите

III.6.2 Мобилност на административен персонал и наставен кадар За наставен ангажман, договорот заедно со наставната програма и финалниот извештај е изнесен во Анекс V.9-11 За стручно усовршување на административен персонал, договорот заедно со работниот план и финалниот извештај е изнесен во Анекс V.12-14. За подготвителни посети, се користат табелите за максимални дневници дозволени од Националната агенција и реални патни трошоци. 14

универзитетски весник ­ број 103


Ч Л ЕН 4 – АРАН ЖМ АН И ЗА И СП Л АТА

I V. 1

П редфи н а н си ра ње

Прва исплата во предфинансирање: Националната агенција ќе изврши трансфер на исплатата за грант до корисниците во рок од 45 календарски дена од дадениот настан (на пр. потпишување на договорот за грант; одобрување на извештаите). Националната агенција ќе го пролонгира датумот на исплата согласно приливот на финансиски средства од Европската комисија. Во рок од 45 календарски дена од денот на влегување во сила на овој Договор, корисникот ќе прими авансно плаќање од ЕУР 15.520 во денарска противвредност според куповен курс на Народна Банка на Република Македонија на денот на трансферот на средствата, кое претставува 80% од вкупната максимална сума на грантот определена во Член 3.1.

Втора исплата во предфинансирање: До 01.05.2010, Корисникот треба да испрати прв извештај до Националната агенција во согласност со правилата изнесени во Анекс VI. Ако првиот извештај покаже дека Корисникот исплатил најмалку 70% од износот на првата исплата на крајните корисници-учесници во мобилните активности, првиот извештај ќе се смета како барање за втора исплата. Во него треба да се изнесе сума за втората исплата која нема да биде поголема од 20% од вкупниот масимален износ на грантот одреден во Член III.1. Во зависност од мобилните активности изнесени во првиот извештај од страна на Корисникот:

-

ќе биде извршена втора исплата во највисок износ од 20% од вкупниот износ на грантот одреден во Член III.1. откако првиот извештај е одобрен од страна на Националната агенција или нема да се извршува понатамошно финансирање или Националната агенција ќе издаде наредба за повраток на веќе исплатените средства.

Националната агенција има на располагање 45 календарски дена за да го одобри или одбие првиот извештај, вклучувајќи придружни документи и барање за втора исплата. Овој период може да биде продолжен ако Националната агенција издаде барање за дополнителни документи и докази од Корисникот. Во тој случај, Корисникот има рок од 30 дена да ги достави дополнителните документи. Во рок од 45 дена од одобрувањето на првиот извештај, Националната агенција треба да изврши исплата на вториот износ од грантот. Ако во периодот предвиден за доставување на првиот извештај Корисникот не исплатил најмалку 70% од првата исплатена сума на крајните корисници-учесници во мобилните активности, може да се достави засебно барање за втора исплата до Националната агенција веднаш штом тој услов биде исплонет. При оваа постапка ќе се користи истиот формулар како и за првиот извештај. Ова барање ќе биде третирано во согласност со нормалната постапка за поднесување прв извештај. IV.2 Исплата на остатокот од грантот Во рок од 60 (шеесет) календарски дена по денот на завршувањето на мобилната активност изнесена во Член II.2 30.09.2010, но не подоцна од 30.11.2010, Корисникот треба да испрати финален извештај до Националната агенција, користејќи го моделот изнесен во Анекс II. Финалниот извештај ќе се смета како барање на Корисникот за исплата на остатокот од грантот. Дополнително на финалниот извештај, Националната агенција може да побара од Корисникот

универзитетски весник ­ број 103


заверени копии од следниве придружни документи: За финансиската помош за патување (вклучувајќи трошоци за виза за влез и излез): фактури, сметки, искористени патни билети, фотокопија од виза, бординг карта итн. За финансиската помош за сместување и храна: сертификат или потврда со која се докажува времетраењето на престојот на институцијата во странство и/или други придружни документи. Сите износи во финалниот извештај ќе се пријавуваат во евра. За таа цел, корисникот секој настанат трошок ќе го претвори во евра според куповен курс на Народната Банка на Република Македонија на датумот на извршениот трансфер на средства за предфинансирање. Овој курс ќе биде применет за сите трошоци кои биле направени во периодот од датумот на првата уплата во предфинансирање до датумот на следната уплата во предфинансрање . Националната агенција има на располагање 45 календарски дена за да го одобри или одбие финалниот извештај и било која придружна документација. Овој период може да биде привремено одложен доколку Националната агенција бара дополнителни документи или информации од корисникот. Во тој случај, корисникот има на располагање 30 календарски дена за да ја поднесе дополнителната придружна документација или информации. Во рок од 45 календарски дена од одобрувањето на финалниот извештај, Националната агенција ќе изврши исплата на остатокот од грантот или налогот за наплата на износот кој треба да го надомести корисникот. Износот што ќе биде назначен во налогот за исплата или соодветниот налог за враќање треба да биде исплатен или вратен во целост без влијание на банкарски провизии или други трошоци поврзани со истата. Националната агенција може да побара делумно или целосно враќање на било кои средства од предфинансирањето ако: Финалниот извештај и/или придружните документи не се благовремено доставени Акцијата не е имплементирана во согласност со овој Договор, освен доколку Корисникот не е во состојба да го стори тоа поради виша сила. IV.3 За процесот на меѓусебно известување и информирање Корисникот ќе ги користи информатичките средства барани од страна на Националната агенција и Европската комисија, во согласност со упатствата што ќе бидат издадени. Ч Л ЕН 5 – БАН КОВН А СМ ЕТКА

Секоја исплата од грантот ќе биде направена во македонски денари (МКД) на следната банковна сметка: И м е н а ба н ка та : Н а родн а Ба н ка н а Реп убл и ка М а кедон и ј а (Н БРМ ) Адреса н а ба н ка та : Бул . “Кузм а н Ј оси фовски П и ту” бр. 1 , Скоп ј е И м е н а соп ствен и кот н а см етка та : Ун и верзи тет „ Св. Ки ри л и М етоди ј “ Скоп ј е Број н а см етка та : 1 6001 03 689785 Ѕ1 П ри ходн о кон то: 742 1 1 9 П отп рогра м а : 41

Ч Л ЕН 6 – ОП Ш ТИ АДМ И Н И СТРАТИ ВН И ОДРЕДБИ

Коресподенцијата во однос на овој договор ќе биде исклучиво писмена, со наведен број на договорот, и испратена на адресите изнесени на насловната страна од постоечкиот договор. Ч Л ЕН 7 – П РИ М ЕН Л И В ЗАКОН И Н АДЛ ЕЖЕН СУД

За овој грант се применуваат одредбите на овој договор, применливите правила на Заедницата и на 16

универзитетски весник ­ број 103


субсидијарна основа правото на Република Македонија. Националната агенција и корисникот може да започнат судска постапка во врска со одлуките на другата страна за примена на одредбите од договорот и негово спроведување пред Основен суд Скопје II Скопје. Ч Л ЕН 8 – П УБЛ И ЦИ ТЕТ,

СОП СТВЕН ОСТ И ОДГОВОРН ОСТ

Корисникот ќе го назначи доделениот грант како дел од програмата "Доживотно учење" во секој објавен документ, на сите промотивни материјали обезбедени со средства од грантот, во сите интервјуа и изјави во јавноста, согласно правилата за визуелниот идентитет донесени од Европската комисија и обезбедени на следнава адреса: http://ec.europa.eu/dgs/education_culture/publ/graphics/identity_en.html. Истовремено, Корисникот треба јавно да изнесе дека содржината на било кој објавен материјал е исклучива одговорност на издавачот на истата, и дека Европската комисија нема да преземе одговорност за било каква употреба на приложените информации. Корисникот ќе ги има сите права за интелектуална и индустриска сопственост кои следуваат со акцијата, како и за извештаите, документите и материјалите кои произлегуваат од неа. Корисникот, сепак, им го доделува правото на Националната агенција и Европската комисија да имаат увид во резултатите кои произлегуваат од акцијата со цел да се провери нивната релевантност пред да бидат објавени. Националната агенција, Европската комисија и нивниот административен персонал нема да преземаат одговорност за ниту едно барање за отштета од страна на Корисникот или некое трето лице поврзано со акцијата или со овој договор. Ч Л ЕН 9 – М ОН И ТОРИ Н Г, ЕВАЛ УАЦИ Ј А И КОН ТРОЛ А

Корисникот прифаќа да учествува и да придонесе кон активностите за мониторинг и евалуација спроведени од страна на Националната агенција и Европската комисија, како и од други лица и организации кои се овластени за истите. Корисникот им дава право на Националната агенција, Европската комисија, Европската служба за борба против измами (ОЛАФ), Европскиот суд на ревизори или лица и организации кои се овластени од нивна страна, за целосен пристап до просториите во кои се изведува акцијата, како и до сите документи кои се однесуваат на имплементацијата на истата, резултатите од неа и користењето на грантот во согласност со условите изнесени во овој договор. Тоа право на пристап се дава за период до пет години по датумот на исплата на остатокот од грантот или надоместот од страна на корисникот. Ч Л ЕН 1 0 – И ЗМ ЕН И Н А ДОГОВОРОТ

X.1

Било каква измена на условите од овој договор мора да биде предмет на дополнителен писмен договор. Било какви усни договори меѓу двете страни не се сметаат за обврзувачки по никој основ.

X.2

Секоја измена на вкупниот максимален износ на грантот доделен на Корисникот ќе му биде издадена на Корисникот пред 30.06.2010.

X.3

Ако Корисникот поднесе барање за измена на договорот, истото мора да го достави до Националната агенција најмалку еден месец пред датумот на затворање на акцијата, како што е изнесено во Член II. 2, освен во случаи кои се соодветно образложени од страна на Корисникот и прифатени од страна на Националната агенција.

Ч Л ЕН 1 1 – ДРУГИ П ОСЕБН И УСЛ ОВИ

XI.1 Следните членови од Општите услови не се применуваат на постоечкиот договор: 14.1 и 15.4. универзитетски весник ­ број 103


XI.2 Корисникот го почитува барањето утврдено во Огласот за понуди дека акцијата за мобилност не е финансиски поддржана од некој друг грант од буџетот на Европската унија. Во случај на несогласување, Националната агенција го задржува правото да го раскине договорот, повикувајќи се на Член 11.2 (г) и да примени исправки кои се изнесени во Член 12 од Општите услови. XI.3 Овој договор е изработен во 8 (осум) идентични примероци, 4 (четири) на македонски јазик и 4 (четири) на англиски јазик, и тоа по 2 (два) примерока на македонски јазик и 2 (два) на англиски јазик за секоја договорна страна.

ПОТПИСНИЦИ З а ко р и с н и ко т

З а Н а ц и о н а л н а Аге н ц и ј а

П РОФ .

Р АТКО КАПУШЕВСКИ , в.д. директор

Д- Р

В ЕЛИМИР СТОЈКОВСКИ , ректор

П ОТПИС В О СКОПЈЕ,

П ОТПИС НА ДЕН

_________________

В О СКОПЈЕ,

НА ДЕН

_________________

ОПШТИ УСЛОВИ

ПРВ ДЕЛ: ПРАВНИ И АДМИНИСТРАТИВНИ ОДРЕДБИ

Ч Л ЕН 1 – ОДГОВОРН ОСТ

1.1

Корисникот има единствена одговорност да ги исполни сите законски обврски кои му се задолжени.

1.2

Националната агенција или Комисијата нема да преземаат одговорност по ниту еден основ во случај да постои тврдење за претрпена штета која настанала при имплементацијата на акцијата. Според тоа, без оглед на тврдењата, Националната агенција и Комисијата нема да прифатат ниту едно барање за обештетување на Корисникот.

1.3

Освен во случај на виша сила, Корисникот треба да ја замени штетата која настанала кај Националната агенција или Комисијата како резултат на погрешно изведување на акцијата.

1.4

Корисникот ќе сноси лична одговорност спрема трети лица за штета која е направена од нивна страна за време на изведување на акцијата.

Ч Л ЕН 2 – КОН ФЛ И КТ Н А И Н ТЕРЕСИ

2.1

Корисникот се согласува да ги преземе сите неопходни мерки за спречување на било каков конфликт на интереси кој би можел да го наруши непристрасното и објективно исполнување на договорот. Таков конфликт може да настане како резултат на семејни или емоционални причини, од политичката или националната припадност или од друг личен интерес.

2.2

Секоја ситуација која може да доведе до конфликт мора да биде писмено изнесена пред Националната агенција, без одложување. Корисникот треба да стори сѐ што е во негова моќ за веднаш да ја поправи т.е. отстрани конфликтната ситуација. Националната агенција го задржува правото да изврши проверка на мерките коишто Корисникот ги презема и да побара од Корисникот да преземе дополнителни мерки ако смета дека истите се потребни.

Ч Л ЕН 3 – СОП СТВЕН ОСТ/КОРИ СТЕЊЕ Н А РЕЗУЛ ТАТИ ТЕ

3.1 18

Освен ако не е поинаку изнесено во овој Договор, сопственоста на резултатите од акцијата, универзитетски весник ­ број 103


вклучувајќи и права на интелектуална и индустриска сопственост, и сите придружни извештаи и документи му се пренесува на Корисникот. 3.2

Без штетни последици врз претходниот став, Корисникот им овозможува на Националната агенција и на Комисијата слободно да ги користат резултатите од акцијата за кои мислат дека се релевантни, под услов да не се прекршат било какви доверливи обврски или постоечки права за интелектуална и индустриска сопственост.

Ч Л ЕН 4 – ДИ СКРЕЦИ Ј А

Националната агенција и Корисникот се согласуваат да ја зачуваат доверливоста на секој документ, информација или друг материјал непосредно поврзан со предметот на овој доверлив договор во случај обелоденувањето на информации да нанесе штета на некоја од страните. Страните треба да се придржуваат на оваа обврска и по датумот на завршување на акцијата. Ч Л ЕН 5 – П УБЛ И ЦИ ТЕТ

5.1

Освен доколку Националната агенција не достави поинакво барање, во целокупната коресподенција на Корисникот за акцијата, влучувајќи конференции и семинари, треба јасно да изнесе дека акцијата се изведува со средства добиени од Европската унија. Истовремено, во сите материјали изнесени од страна на Корисникот во јавноста, без оглед на формата и медиумот, треба да наведе дека авторот снесува одговорност за истите и дека ниту Националната агенција, ниту Комисијата се одговорни за употребата на информациите објавени во таквите материјали.

5.2

Корисникот одобрува Националната агенција и Комисијата да ги објават следниве информации, без разлика на формата и медиумот, вклучувајќи и интернет: името и адресата на Корисникот, предметот и целта на грантот, доделениот паричен износ. Со опширно и издржано барање од страна на Корисникот, Националната агенција може да се согласи да не се објавуваат горенаведените податоци ако таквата постапка би ја загрозила сигурноста на Корисникот или би наштетила на неговите интереси.

Ч Л ЕН 6 – ЕВАЛ УАЦИ Ј А

Во случај на извршување на времена или крајна евалуација од страна на Националната агенција, Комисијата, или надворешно тело кое е овластено за тоа, Корисникот се обврзува да ги обезбеди сите документи и информации кои им се потребни на Националната агенција, Комисијата или надворешното тело за да го завршат успешно процесот на евалуација и да им ги додели правата за пристап изнесени во Член 18. Ч Л ЕН 7 – П РИ ВРЕМ ЕН О ОДЛ ОЖУВАЊЕ

7.1

Корисникот може привремено да ја одложи имплементацијата на акцијата доколку тоа е невозможно заради вонредни или крајно отежнувачки околности, имено во случај на виша сила. Корисникот треба да ја извести Националната агенција без одложување во писмена форма, со јасно изнесени причини и предвиден датум за продолжување на акцијата.

7.2

Ако Националната агенција не го прекине договорот согласно со член 11.2, корисникот ќе продолжи со имплементација откако тоа ќе го дозволат околностите и благовремено ќе ја информира Националната агенција. Времетраењето на акцијата ќе се продолжи за период кој е еднаков на времетраењето на привременото одложување. Согласно член 13, ќе биде склучен дополнителен

универзитетски весник ­ број 103


договор во писмена форма за продолжување на времетраењето на акцијата и за донесување било какви измени кои се потребни за прилагодување на акцијата на новите услови за нејзино изведување. Ч Л ЕН 8 – ВИ Ш А СИ Л А

8.1

Виша сила се одредува како исклучително непредвидлива ситуација или настан кој е вон контрола на двете страни. При случајот на виша сила, било која од страните е спречена да ги спроведе обврските изнесени во овој договор, а таквата ситуација не настанала по нивна вина и е ненадминлива и покрај сите напори истата да се реши. Дефект на опрема и доцнење на материјали за работа, работен спор, штрајк или финансиски потешкотии не можат да бидат повикани како виша сила од страната која не ги исполнила своите обврски или направила пропуст.

8.2

Страната која се соочува со виша сила треба да ја извести другата страна без одложување со препорачано писмо со доказ за прием, наведувајќи во него од каква природа е постојната виша сила, предвиденото времетраење на проблемот и можните ефекти од него.

8.3

Ниту една од страните не треба да биде наведена како прекршител на заемните обврски од договорот ако не се во можност да ги извршат истите поради постоење на виша сила. Двете страни треба да сторат сѐ што е во нивна моќ за да се намали можната штета од случајот на виша сила.

8.4

Акцијата можа да биде привремено запрена во согласност со член 7.

Ч Л ЕН 9 – СКЛ УЧ УВАЊЕ ДОГОВОРИ

9.1

Ако корисникот планира да склучи договори со кои ќе се спроведува акцијата, а кои го зголемуваат целокупниот износ на грантот доделен од Заедницата, треба да склучи договор со понудувачот кој доставил најдобра понуда за најниска цена. Притоа, Корисникот треба да спроведе транспарентна тенедерска постапка и еднакво да ги третира понудувачите со цел да се избегне било каков конфликт на интереси.

9.2

Во случај на обештетување при склучувањето договор од став 1, мора да се изнесе образложение во кое се земени предвид видот на акцијата и потребните услови за нејзина имплементација; Корисникот ќе преземе одговорност за спроведување на акцијата во согласност со одредбите од договорот. Истовремено, Корисникот мора да се изјасни во договорот дека понудувачот ќе се откаже од сите права во корист на Комисијата. Корисникот мора да биде сигурен дека Општите услови кои се однесуваат на него, во исто време ќе се однесуваат и на понудувачот со кого склучува договор.

Ч Л ЕН 1 0 – П РЕН ОС Н А ОБВРСКИ

10.1 Барање за отштета против Националната агенција не може да биде поднесено по никој основ. 10.2 Во исклучителни услови, кога ситуацијата го налага тоа, Националната агенција може да пренесе обврска од договорот или само дел од неа на трето лице, откако Корисникот ќе достави писмено барање со изнесени причини за таа потреба. Ако Националната агенција е согласна, Корисникот треба да изготви писмен договор пред да започне извршувањето на обврската која е предмет на истиот договор. Во отсуство на такво одобрение или во случај кога на се земаат предвид условите од договорот, спроведувањето на обврската нема да се примени и нема да има влијание против Националната агенција. 10.3 Во ниту еден случај преносот на обврски на трето лице нема да го ослободат Корисникот од неговите задолженија кон Националната агенција. 20

универзитетски весник ­ број 103


Ч Л ЕН 1 1 – РАСКИ Н УВАЊЕ Н А ДОГОВОРОТ

11.1

Раскинување од страна на Корисникот Во посебно оправдани случаи, Корисникот може да го повлече своето барање за грант и да го прекине договорот во било кое време со поднесување на писмено известување во рок од 60 дена во кое се наведуваат причините, и од него не се бара да обезбеди обештетување за таа сметка. Ако не се изнесени било какви причини или ако Националната агенција не ги прифаќа изнесените причини, ќе се смета дека Корисникот неоправдано го раскинал договорот и ќе сноси соодветни последици кои се утврдени во член 11.4.

11.2

Раскинување од страна на Националната агенција Националната агенција може да донесе одлука за раскинување на договорот без обештетување на другата страна во следниве случаи:

11.3

(а)

ако настанала промена на правната, финансиската, техничката, организациската или сопственичката ситуација во која се наоѓа Корисникот, со можност истата да влијае сериозно врз договорот или да ја доведе во прашање одлуката за доделување грант;

(б)

ако корисникот не успее да ја исполни суштинската обврска која произлегува од условите на овој договор и неговите анекси;

(в)

во случај на виша сила, како што е изнесено во член 8, или ако акцијата е привремено одложена како последица на вонредни околности, според член 7;

(г)

ако Корисникот е во стечај или ликвидација или ако неговото работење е предмет на судска постапка;

(д)

ако Корисникот e осуден за некаков прекршок во однос на професионалното однесување или за злоупотреба на службената должност со пресуда која има важност од степен на res judicata;

(ѓ)

ако корисникот дал лажни изјави или поднел лажни извештаи кои не се согласуваат со реалната состојба со цел да се стекне со грантот кој се обезбедува со овој договор;

(е)

ако Корисникот намерно или од невнимание ги прекршил правилата од договорот; ако направил пропуст или грешка, или ако бил предмет на пресуда за измама, корупција или било каква друга незаконска дејност која е штетна за финансиските интереси на Унијата и може да му донесе загуби на нејзиниот буџет;

Постапка за раскинување на договорот Постапката започнува со испраќање на препорачано писмо со доказ за прием. Во случаите кои се наведени под точките (а), (б) и (г) од член 11.2, Корисникот ќе има рок од 30 дена за да го изнесе своето мислење и преземе соодветни мерки за да продолжи со исполнување на неговите обврски согласно договорот. Ако Националната агенција не успее да го потврди приемот на овие забелешки со обезбедување на нивно одобрување во писмена форма во рок од 30 дена од приемот, постапката за прекин на договорот ќе продолжи да тече. Кога известувањето е дадено, прекинот ќе стапи на сила на крајот на периодот на известувањето, кој започнува да тече од датумот на добивање на известувањето за одлуката на Националната агенција да го прекине договорот. Доколку известувањето не е дадено во случаите кои се наведени под точките (в), (д), (ѓ) и (е) од

универзитетски весник ­ број 103


претходниот став, прекинот ќе стапи на сила од денот по датумот на добивање на известувањето за одлуката на Националната агенција да го прекине договорот. 11.4

Последици од раскинување на договорот Доколку настане прекин на договорот, исплатите од страна на Националната агенција ќе бидат ограничени на подобните трошоци кои биле направени од страна на корисникот до датумот кога прекинот стапува на сила согласно член 16. Корисникот ќе има рок од 60 дена од денот на раскинување на договорот да изготви барање за последна исплата на средства во согласност со член 14.2. Ако во истиот овој рок не е поднесено никакво барање за исплата, Националната агенција нема да ги надомести трошоците направени од страна на корисникот до датумот на прекин на договорот и треба да си ги поврати средствата исплатени во предфинансирање. Како исклучок, по истекот на рокот за известување изнесен во став 3 од овој член, кога Националната агенција го раскинува договорот врз основа на фактот што Корисникот не го поднел финалниот извештај во предвидениот рок изнесен во Посебните услови и не ја исполнил својата обврска во период од два месеци по добивањето на писмената опомена испратена од Националната агенција по пат на препорачана пошта со доказ за прием, Националната агенција нема да изврши надомест на трошоците направени од страна на корисникот до датумот на кој завршила акцијата и ќе си ги поврати сите средства исплатени во текот на предфинансирањето. Како исклучок, во случај на неправилно раскинување на договорот од страна на Корисникот или од Националната агенција врз основа на точките (д), (ѓ), и (е) од став 2, Националната агенција може да побара делумно или целосна исплата на износите кои веќе се иплатени според договорот, пропорционално на сериозноста на престапот и откако на Корисникот му е дозволено да го изнесе своето образложение за истиот.

Ч Л ЕН 1 2 – ФИ Н АН СИ СКИ КОРЕКЦИ И

Врз основа на Финансиската регулатива, која го регулира општиот буџет на Европската заедница, секој корисник за кој постои тврдење дека ги прекршил своите задолженија, ќе снесе финансиски корекции во висина од 2% до 10% од вредноста на грантот, имајќи го предвид принципот на пропорционалност. Оваа стапка може да биде зголемена од 4% до 20% ако Корисникот повторно се најде виновен за кршење на било кои правила во текот на пет години по истекот на првата. За било каква одлука за извршување финансиски корекции, Корисникот ќе биде известен во писмена форма од страна на Националната агенција. Ако Корисникот изнел лажни тврдења во однос на севкупниот износ на грантот или паушалното финансирање, Националната агенција може да воведе корекции од 50% од севкупниот износ или од паушалното финансирање. Ч Л ЕН 1 3 – ДОП ОЛ Н И ТЕЛ Н И ДОГОВОРИ

13.1 Секоја измена на условите од грантот мора да биде предмет на дополнителен писмен договор меѓу двете страни. 13.2 Дополнителните договори не смеат да имаат предмет-промени кои можат да ја доведат во прашање одлуката за доделување грант или да резултираат во нееднаков третман на кандидатите. 13.3 Ако Корисникот поднесува барање до Националната агенција за измени во договорот, тоа мора да го стори во догледно време пред датумот на кој истото ќе стане делотворно и при сите случаи еден месец пред да заврши акцијата, или при исклучителни околности, во рок предложен од Корисникот, а прифатен од Националната агенција.

22

универзитетски весник ­ број 103


ВТОР ДЕЛ – ФИНАНСИСКИ ОДРЕДБИ

Ч Л ЕН 1 4 – БАРАЊА ЗА И СП Л АТА

Исплатите ќе се вршат во согласност со одредбите за исплата утврдени во Посебните услови. 14.1

Предфинансирање Предфинансирањето има за цел да му овозможи на Корисникот почетни средства за изведување на акцијата. Каде што се бара во Посебните услови, Корисникот ќе треба да издаде финансиска гаранција од банка или од одобрена финансиска институција која работи во некоја од земјите членки на Европската унија. Гарантот ќе биде од првостепено значење при повикот на Националната агенција и истиот нема да бара од Националната агенција да се обраќа кон главниот должник (Корисникот). Гарантот ќе остане на сила сѐ додека не е исплатен целокупниот износ од грантот. Националната агенција ќе го ослободи гарантот во рок од триесет дена од датумот на исплата на целокупниот износ.

14.2

Исплата на остатокот од грантот Исплатата на остатокот од грантот, која не може да се повтори, се извршува откако ќе заврши акцијата, врз основа на постигнатите резултати. Истата може да биде и во вид на налог за повраќање на средства ако претходно исплатените суми од фазата на предфинансирање го пречекориле целокупниот износ на грантот, одреден во согласност со член 16. Корисникот треба да поднесе барање за исплата на остатокот од грантот во предвидениот рок со следнава документација: финален извештај за имплементација на акцијата; образложение за сумата за која е доставено барањето со наведени реални трошоци или со пресметани трошоци за секоја ставка поединечно; изјава за целовитоста, точноста и верноста на информациите изнесени во барањето за исплата; особено важно, Корисникот треба да потврди дека акцијата ја изведува во согласност со потпишаниот договор и дека неговото барање за исплата е поддржано со соодветна документација на која може да се изврши проверка во секое време; целосен извештај за сметките и целокупниот износ на трошоци за акцијата во периодот изнесен во Посебните услови; кадешто се бара во Посебните услови, извештај за завршната сметка од акцијата изготвен од ревизорска куќа или од Државниот завод за ревизија. Целта на ревизорскиот извештај е да се потврди дека условите за грантот изнесени во договорот се исполнети, дека сите документи доставени до Националната агенција од страна на Корисникот се изготвени според одредбите во договорот и дека барањето за исплата на остатокот од грантот е оправдан; истиот ревизорски извештај ќе потврди дека завршната сметка за сите расходи е комплетна, точна и верна на реалните трошоци и финансиската поддршка добиена за имплементација на акцијата. По примањето на наведената документација, Националната агенција ќе го искористи рокот изнесен во Посебните услови со цел да: го одобри финалниот извештај за имплементација на акцијата; побара дополнителни придружни документи ако тоа е потребно за одобрување на извештајот; го одбие извештајот и побара да биде доставен нов извештај.

универзитетски весник ­ број 103


Ако Националната агенција не се изнесе во однос на финалниот извештај на Корисникот во предвидениот рок, извештајот ќе се смета за одобрен. Одобрувањето на извештајот со барањето за исплата, нема да се смета како признавање на автентичноста, целовитоста и точноста на изјавите и информациите кои истиот ги содржи. Ако е издадено барање за дополнителни информации или нов извештај, рокот за нивно разгледување ќе биде продолжен додека истите информации претходно се прибираат. Корисникот ќе биде известен за таквото барање и за продолжувањето на рокот за разгледување преку формален документ. Корисникот треба да го запази рокот изнесен во Посебните услови за благовремено доставување на информациите или новите извештаи. Продолжувањето на периодот за одобрение на извештајот може да ја пролонгира и исплатата на преостанатиот дел од грантот за ист временски период. Кога некој извештај е одбиен и е издадено барање за нов, ќе се примени постапката за негово одобрение изнесена во Посебните услови. Во случај извештајот повторно да биде одбиен, Националната агенција го задржува правото да го раскине договорот, повикувајќи се на член 11.2 (б). Ч Л ЕН 1 5 – ОП Ш ТИ ОДРЕДБИ ЗА И СП Л АТА Н А СРЕДСТВА

15.1 Сите исплати од страна на Националната агенција ќе бидат извршени во евра во денарска противвредност според куповниот курс на Народна Банка на Република Македонија. Сите исплати од страна на Националната агенција ќе бидат извршени во зависност од пристигнатиот прилив на средства од Европската комисија. 15.2 Националната агенција може да го запре периодот на исплата изнесен во Посебните услови во било кое време, притоа известувајќи го Корисникот дека неговото барање за исплата не може да биде исполнето бидејќи истото не соодветствува со одредбите од овој Договор или бидејќи придружните документи не се соодветно изготвени за потребите на ревизијата. Националната агенција може да ја запре исплатата во било кое време ако постои сомневање или е потврдено дека Корисникот ги прекршил одредбите од договорот, особено ако таквото сомневање доаѓа од страна на извршената ревизија како што е неведено во член 18. Националната агенција ќе го информира Корисникот во најбрз можен рок за било каква одлука за запирање на исплатата по пат на препорачано писмо со доказ за прием со изнесени причини за таквата одлука. Запирањето на исплатата ќе стапи на сила на датумот на испраќање на писменото известување од страна на Националната агенција. Преостанатиот период за исплата ќе започне повторно на денот кога е примено правилно барање за исплата; кога се примени придружните документи, или на крајот од периодот на запирање на исплатата одреден од Националната агенција. 15.3 По истекот на рокот за исплата, без штетни последици врз претходниот став, на Корисникот ќе му биде пресметана камата на задоцнета исплата по стапка одредена од Народната банка на Република Македонија; стапката по која ќе се смета каматата ќе биде истата која стапила на сила на првиот ден од месецот во кој спаѓа крајниот датум за исплата. Оваа одредба нема да се применува врз корисници на грант кои се јавни институции од замјите-членки на ЕУ. Каматата на задоцнета исплата ќе го покрие периодот од еден ден по крајниот датум за исплата, се до датумот на кој е извршена исплатата (заклучно со тој ден), како што е регулирано во член 15.1. Како исклучок, кога каматата пресметана согласно со горенаведените одредби од овој став е помала или еднаква на 200 евра, истата ќе му биде исплатена на Корисникот само по пат на барање доставено во рок од два месеца од денот на примање на задоцнетата исплата. 15.4 Националната агенција ќе ја одземе каматата од износот на остатокот кој треба да му биде исплатен на Корисникот, ако во предфинансирање е пресметана камата чиј износ е поголем од 50000 евра како што е наведено во Посебните услови. Каматата нема да се смета како добивка со која ќе се изведува акцијата. 24

универзитетски весник ­ број 103


Кога исплатите во предфинансирање надминуваат износ од 750000 евра за секој договор поединечно на крајот од фискалната година, каматата ќе биде повратена за секој поднесен извештај. Земајќи ги предвид ризикот од финансиските околности и природата на акцијата која се финансира, Комисијата може да побара повраток на каматата пресметана на износи од предфинансирање пониски од 750000 евра најмалку еднаш во годината. Ако постои камата која го надминува остатокот од износот кој треба да му биде исплатен на Корисникот како што е наведено во член 14.2, или постои камата пресметана од износи во фазата на предфинансирање, изнесена погоре во овој став, Националната агенција треба да ја поврати согласно член 17. Каматата пресметана во предфинансирање, исплатена на земји-членки на Унијата нема да биде обврска на Националната агенција. 15.5 Корисникот ќе има на располагање период од два месеца од денот на примање на писменото известување за одлуката на Националната агенција за целокупниот износ на грантот кој ги одредува износот на остатокот од грантот или налогот за повраток на средства согласно член 16, или во краен случај, од датумот на примање на сумата од остатокот од грантот, да побара писмено образложение за одлуката за целокупниот износ на грантот, изнесувајќи причини за своето евентуално несогласување. По истекот на овој рок, такви барања нема да бидат разгледувани. Националната агенција се обврзува писмено да се произнесе во рок од два месеца од датумот на кој барањето за образложение е примено, наведувајќи соодветно објаснување за повратниот одговор. Оваа постапка се изведува без штетни последици врз правото на Корисникот да поднесе приговор против одлуката на Националната агенција. Согласно одредбите од државното законодавство, приговорот мора да биде поднесен во рок од 8 календарски дена од денот на примање на писменото известување до Управниот одбор на Националната агенција. Ч Л ЕН 1 6 – ОДРЕДУВАЊЕ Н А ВКУП Н И ОТ ГРАН Т

16.1 Без штетни последици врз информациите во однос на член 18 добиени отпосле, Националната агенција ќе го усвои износот за последна исплата на Корисникот врз основа на документите кои ги одобрила, а се изнесени во член 14.2. 16.2 Износот исплатен од страна на Националната агенција до Корисникот не смее да го пречекори вкупниот максимален износ на грантот одреден во Посебните услови по никаков основ. Финансирањето во вид на реални трошоци и паушалното финансирање е ограничено на износите одредени во претходниот член од Посебните услови. Финансирањето според мерила за трошоци за поединечни ставки се одредува според формулите изнесени во Посебните услови врз основа на имплементација на акцијата и со максималните ограничувања одредени во Посебните услови. Ако утврдените услови за исплата на сумите, како што е наведено во Посебните услови, не се исполнети или се само делумно исполнети во текот на изведување на акцијата, Националната агенција ќе ги запре или намали средствата во сооднос со реалната ситуација на исполнување на условите. 16.3 Без штетни последици врз правото да се раскине договорот согласно член 11 или правото на Националната агенција да примени корекции согласно член 12, ако акцијата не е благовремено, доволно или воопшто изведена, Националната агенција може да го намали износот на грантот кој бил претходно доделен во сооднос со реалната ситуација на исполнување на условите изнесени во овој Договор. 16.4 Врз основа на износот од последната исплата и од сите исплати во фазата на предфинансирање, Националната агенција ќе ја одреди сумата за исплата на остатокот од грантот како износ кој му се должи на Корисникот. Ако постојат исплатени суми од фазата на предфинансирање, кои го надминуваат вкупниот максимален износ на грантот, Националната агенција треба да издаде налог за враќање на вишокот исплатени средства. универзитетски весник ­ број 103


Ч Л ЕН 1 7 – П ОВРАТОК Н А СРЕДСТВА

17.1 Ако постои износ кој му е исплатен на Корисникот како одвишок или ако постои барање за повраток на средства согласно правилата од договорот, Корисникот се обврзува да ги врати истите средства на Националната агенција под услови и во рок кои таа ќе ги одреди. 17.2 Ако корисникот не ги врати бараните средства во рокот одреден од Националната агенција, на износот ќе биде пресметана камата според стапка одредена во член 15.3. Каматата на задоцнета исплата ќе го покрие периодот од еден ден по крајниот датум за исплата, до датумот на кој е извршена исплата на задолжената сума (заклучно со тој ден). Ако Корисникот го исплаќа долгот на рати, секое парцијално плаќање прво се внесува како дел за плаќање на давачки и затезна камата за задоцнето плаќање, а потоа како дел за отплаќање на главнината. 17.3 Ако не биде извршена исплата во предвидениот рок, средствата можат да бидат повратени со компензација на средства кои му се должат на Корисникот, откако ќе биде известен по пат на препорачано писмо со доказ за прием или со повикување на финансискиот гарант во согласност со член 14.1. Во исклучителни околности, оправдани со потребата од чување на економските интереси на Заедницата, Националната агенција може да ги поврати своите средства преку компензација и пред предвидениот рок. Претходна согласност од Корисникот не е потребна. 17.4 Банкарските трошоци кои ќе настанат во процесот на повраток на средствата на Националната агенција, ќе ги подмири Корисникот. 17.5 Корисникот се согласува дека ако не одговори соодветно на барањето за повраток на средствата, против него ќе бидат преземени правни мерки за присилна наплата од Законот за извршување (“Службен весник на РМ” Бр. 35/05; 50/06, 129/06, 8/08 и 83/09) од страна на Националната агенција во согласност со националното законодавство. Ч Л ЕН 1 8 – КОН ТРОЛ А И РЕВИ ЗИ Ј А

18.1 Корисникот се обврзува да достави соодветни информации ако истите се побарани од страна на Националната агенција, Комисијата или друго надворешно тело овластено од Националната агенција или Комисијата, за проверка на начинот на исполнување на условите од договорот. 18.2 Корисникот се обврзува да ги држи на располагање сите оригинални документи поврзани со овој договор, особено сметководствени и даночни документи, вклучувајќи потврди и сметки за направените трошоци за акцијата, или во краен случај, ако за истиот постои издржано образложение, да се обезбедат заверени фотокопии од истите документи кои ќе се чуваат на соодветен медиум кое ќе го зачува нивниот интегритет согласно државното законодавство, во период од пет години од датумот на исплата на остатокот од износот на грантот. 18.3 Корисникот се согласува, Националната агенција, државното тело кое врши надзор на Националната агенција или Комисијата да извршат ревизија на начинот на користење на средствата од грантот, извршена директно од нивниот персонал или од друго овластено тело. Таквата ревизија може да биде спроведена во текот на исполнувањето на договорот, додека не е исплатен остатокот од грантот, и во период од пет години по исплата на остатокот од грантот. Националната агенција може да ги искористи резултатите од извршената ревизија за повраток на било кои претходно исплатени средства. 18.4 Ако контролата покаже дека е исплатена сума за настан или активност која не е извршена или ако на Корисникот му е паушално исплатена сума како одвишок, Националната агенција има право да ја поврати истата. Ако Корисникот издал лажни потврди, Националната агенција ќе примени финансиски корекции согласно член 12. 26

универзитетски весник ­ број 103


18. 5 Корисникот се обврзува да им дозволи на Националната агенција, Комисијата или трето овластено лице, во секое време да имаат пристап до сите места кадешто акцијата се изведува, како и до сите информации, вклучувајќи информации и во електронски формат, со цел да се спроведе ревизијата. 18.6 Врз основа на Регулативата од Советот (Еуратом, ЕЗ) бр. 2185/96 и Регулативата (ЕЗ) бр. 1073/1999 од Европскиот парламент и Советот, Европската служба за борба против измами (ОЛАФ) може да спроведе контрола на лице место согласно процедурите на европското право за заштита на економските интереси на Заедницата. Националната агенција може да ги искористи резултатите од извршената контрола за повраток на било кои претходно исплатени средства. 18.7 Европскиот суд на ревизори ќе ги има истите права како Националната агенција и Комисијата, особено правата за пристап. Ч Л ЕН 1 9 – ЗАШ ТИ ТА Н А П ОДАТОЦИ

19.1 Сите податоци содржани во овој договор ќе бидат обработени од страна на: Националната агенција согласно на националното законодавство, посебно Законот за заштита на лични податоци (“Службен весник” на Република Македонија бр. 7/05; 103/08) институциите и телата на Заедницата согласно Регулативата (ЕЗ) Бр. 45/2001 на Европскиот парламент и на Совет за заштита на поединци во однос на обработката на личните податоци и слободниот проткот на тие податоци. 19.2 Тие податоци ќе се обработуваат единствено во врска со исполнување на договорот и негови последователни акти од страна на Националната агенција и Комисијата, без да се нанесе некаква штета со можноста истите податоци да се пренесат на инспекциските и ревизорски тела во согласност со европското законодавство, како што е наведено во член 18. 19.3 Корисникот може да добие пристап до неговите лични податоци со писмено барање со цел да коригира неточни или нецелосни информации. Корисникот може да достави било какви прашања до Националната агенција во врска со обработката на неговите лични податоци. Корисникот може да поднесе приговор против начинот на кој Националната агенција ги користи неговите лични податоци до Дирекцијата за заштита на личните податоци на Република Македонија или за начинот на кој Комисијата ги користи неговите податоци до Европска супервизија за заштита на податоци.

година. Докторирал со одбрана на докторска­ та дисертација „Факторска анализа на вари­ јаблите кои ја дефинираат структурата на кошаркарската игра кај екипите од НБА­ лигата, европските репрезентации и А­1 Мак­ Партнер лигата“, во 1997 година. По дипло­ мирањето бил вработен во УФК „Методија Митевски­Брицо“ во Скопје, а во 1985 година се вработил на Факултетот за физичка култу­ ра како помлад асистент по предметот кошар­ ка. Од 1990 до 1993 година бил ангажиран како предавч по физичко воспитување во Одделението за физичка култура, сега Центар за физичко воспитување при Факултетот, за настава на нематичните факултети при УКИМ. Во 1993 година повторно бил вработен како помлад асистент, во 2000 година бил избран за насловен доцент, а во 2001 година за доцент. Д­р Милан Наумовски ја вршел и тренерската работа во повеќе кошаркарски клубови. Покрај изве­ дувањето на додипломската настава, активно учес­ твувал и во научноистражувачки проекти, а неговите

С о г л а с н о с о о д р е д б и т е о д З а ко н о т з а в и с о ко т о о б р а з о в а н и е , ка ко и н а С т а т ут о т н а Ун и верзи тетот „ Св. Ки ри л и М етоди ј “ во Скоп ј е, Ун и верзи тетски от сен а т п оч н ува ј ќи о д 3 с е д н и ц а о д р жа н а н а 4 . 1 1 . 2 0 0 8 г о д и н а , д о н е с е о д л уки з а и з б о р в о з в а њ е т о р е д о в е н п р о ф есо р . Во овој број н а Ун и верзи тетски весн и к, ќе б и д а т о б ј а в е н и кр а т ки б и о г р а ф с ки п о д а то ц и з а п р о ф е с о р и те ч и ј и з б о р е и з в р ш е н в о и з м и н а ти о т п е р и о д . Д-Р МИЛАН НАУМОВСКИ ФАКУЛТЕТ ЗА ФИЗИЧКА КУЛТУРА

Милан Наумовски е роден на 5.5.1955 година во Скопје. Дипломирал на Факултетот за физичка кул­ тура во 1982 година, каде што и магистрирал во 1995 универзитетски весник ­ број 103


стручни и научни трудови биле презентирани на конгреси, симпозиуми и семинари во земјата и во странство. Има објавено 49 научни и стручни трудо­ ви, како и 4 современо конципирани учебници, кои се во функција на студентите и наставниците по физичко воспитување, кои претставуваат олеснува­ ње на предвиденото градиво по предметот кошарка. До изборот за редовен професор, д­р Милан Нау­ мовски има објавено 29 научни трудови публи­ кувани во списанија со импакт­фактор. Исто така, во коавторство ги има објавено книгите: „Кошарка“ во 1995 година, „Баскетбол“ во 1998 година и „Правила­ фудбал, кошарка, одбојка, ракомет“, а самостојно ги има објавено книгите: „Теоретски основи на кошар­ ката“ во 2003 година и „Практикум по кошарка“ во 2005 година. Д­р Милан Наумовски учествувал во 3 научно­ истражувачки проекти: „Утврдување на критериуми за селекција и ориентација на младите спортисти“, „Утврдување на специфичноста и варијабилноста на некои морфолошки и моторички димензии кај учи­ лишната и студентската младина во РМ“ и „Анализа и компарирање на некои антропометриски и мотор­ ни димензии кај младите од Словенија и Македонија на возраст од 15 до 18 години“. Во звањето редовен професор е избран на седни­ цата на Универзитетскиот сенат, одржана на 13.5.2009 година.

Д-Р ДАНИЕЛА ШУКОВА-СТОЈМАНОВСКА ФАКУЛТЕТ ЗА ФИЗИЧКА КУЛТУРА

Даниела Шукова­Стојмановска е родена на 29.3.1965 година во Скопје. Основно и средно обра­ зование завршила во родниот град. Дипломирала на Медицинскиот факултет во Скопје во 1983 година. На Факултетот за физичка култура се вработила во 1993 година, како помлад асистент по предметот хигиена на телесното вежбање. По полагањето на предвидените испити на постдипломските студии во 1996 година го одбранила магистерскиот труд, по што била избрана за асистент. Во 1999 година ја одбранила докторската дисертација „Различниот статус на телесната маса и нејзините импликации врз антропометрискиот, биомоторичкиот и функ­ ционалниот простор кај ученичките од вишите одде­ ленија на основните училишта од Скопје“ и се здо­ била со академскиот степен доктор на науки од областа на физичката култура. Истата година била избрана во звањето доцент, а во 2004 година во звањето вонреден професор. Д­р Даниела Шукова­Стојмановска е добро под­ готвен стручњак настојувајќи да биде во тек со нови­ те информации и истражувања од областа на хигие­ ната на телесното вежбање, како и од областа на спортската исхрана, и нив да ги вгради во теоретски­ от и практичниот дел од предметот. Во изминатиот период ја изведувала наставата на редовните студии, на постдипломските студии и на Вишата тренерска школа. Била ментор или член на комисија на повеќе дипломски работи, како и член на комисија за одбрана на докторска дисертација.

28

Д­р Даниела Шукова­Стојмановска учествувала на повеќе симпозиуми и конгреси во земјата и во странство и досега како автор или коавтор објавила 95 стручни и научни трудови. Учествувала и во изра­ ботката на два учебника: автор е на авторизирани предавања за постдипломски студии: „Истражувања во хигиената на телесното вежбање“, коавтор на учебникот за постдипломски студии: „Истражување во подрачјето на кинезитерапијата“. Покрај тоа, учествувала во два научноистражувачки проекта. Била член на Комисијата за антидопинг при Аген­ цијата за млади и спорт, како и на комисијата „Жена и спорт“, во Македонскиот олимписки комитет. Освен објавените трудови, д­р Даниела Шукова­Стој­ мановска има прифатени два труда, за учество на Меѓународен конгрес во Нови Сад. Ги предава предметите хигиена на телесното вежбање 1, хигиена на телесното вежбање 2 и спортска исхрана. Во звањето редовен професор е избрана на сед­ ницата на Универзитетскиот сенат, одржана на 13.5.2009 година.

Д-Р ДУШАН АЛЕКСОВСКИ И З И И С

Душан Алексовски е роден на 19.2.1945 година во с. Одрено, каде што завршил основно образование, а средно образование завршил во Крива Паланка. Во 1970 година дипломирал на Рударско­геолошкиот факултет ­ насока: геофизика во Загреб, Р. Хрватска. Истата година се вработил на Институтот за зем­ јотресно инженерство и инженерска сеизмологија. Постдипломските студии од областа на инженер­ ската сеизмологија и земјотресното инженерство при УКИМ ги завршил во 1984 година со одбрана на магистерски труд. Во 2003 година успешно ја одбра­ нил докторската дисертација „Дефинирање на дина­ мичките карактеристики на материјалите на насип­ ните брани со геофизички испитувања во природна големина“. Во периодот 1972­1977 година е вработен на ИЗИИС како стручен соработник­геофизичар, а од 1977 до 1998 година како виш стручен соработник. Во 1998 година бил избран за асистент во областа инженерска сеизмологија во Одделот за природни и технолошки хазарди и геотехника, а во 2003 година бил избран во звањето виш научен соработник. Работи на проблемите поврзани со примената на геофизичките сеизмички методи на истражувања за потребите на инженерската сеизмологија и земјо­ тресното инженерство, инженерската геологија, гео­ техниката, хидрогеологијата и други геоистражувач­ ки работи. Д­р Душко Алексовски учествувал во реализација на над 250 стручни извештаи, проекти и студии, како и во 3 научноистражувачки проекти. Како автор и коавтор на повеќе од 30 трудови учествувал на домашни и меѓународни конференции, симпозиуми и семинари. Учествувал и во 18 апликативни проек­ ти. Во звањето научен советник е избран на сед­ ницата на Универзитетскиот сенат, одржана на 13.5.2009 година. универзитетски весник ­ број 103


Д-Р ЗОРАН ТРАЈКОВСКИ МЕДИЦИНСКИ ФАКУЛТЕТ

Зоран Трајковски е роден 1958 година во Кумано­ во. Дипломирал на Медицинскиот факултет во Скопје во 1985 година. Во 1988 година се вработил на Институтот за радиологија. Во 1992 година ја завршил специјализацијата по радиологија, а во 1993 година бил избран за асистент по предметот радиодијагностика. За научен соработник бил из­ бран во 1999, во звањето доцент во 2002 година, а во звањето вонреден професор в0 2003 година. Доктор­ ската дисертација „Радиолошка пренатална, пост­ натална и постмортем евалуација на коскените дис­ плазии“ ја одбранил во 1998 година. Во 1995 година бил на студиски престој во Лозана ­ Швајцарија, каде што работел на едукацијата во областа на педи­ јатриската радиологија. Д­р Зоран Трајковски учествувал на повеќе кон­ греси во земјата и во странство. Објавил 97 трудови од областа на радиологијата. Автор е на книгите: „Ургентна неонатална абдоминална хирургија, кли­ нички и радиолошки аспекти“, „Летални скелетни дисплазии“, „Апендицит­ултразвучна дијагностика и диференцијална дијагноза“, „Практична педијат­ риска радиологија ­ од симптоми до дијагноза“ (во печат), како и на учебните помагала: „Ангиографска техника“ и „Техника на магнетска резонанца“. Учес­ твувал, како научник­истражувач, во научноистра­ жувачкиот проект „Македонска мултицентрична студија за летални скелетни дисплазии“, раководен од проф. д­р Миодраг Врчаковски. Д­р Зоран Трајковски бил учесник на постдип­ ломскиот курс „Менаџмент во здравството, обука за наставници“, што се одржал на Универзитетот „Хај­ нал Имре“ во Будимпешта ­ Унгарија. Работи на Институтот за радиологија на проблематики од областа на педијатриската радиологија, а е и раково­ дител на Одделот за педијатриска радиодијаг­ ностика. До изборот за асистент имал објавено 6 труда, за реизбор за асистент имал објавено 16 труда. За избор во звањето научен соработник објавил 31 труд, за доцент ­ 69 труда, а за избор во звањето вон­ реден професор има објавено 16 труда. Во звањето редовен професор е избран на сед­ ницата на Универзитетскиот сенат, одржана на 9.6.2009 година. Д-Р СВЕТЛАНА АНТЕВСКА-ГРУЈОСКА МЕДИЦИНСКИ ФАКУЛТЕТ

Светлана Антевска­Грујоска е родена 1955 година во Скопје. Основното и средното образование го завршила во Скопје, а дипломирала на Медицин­ скиот факултет во Скопје во 1980 година. Волон­ терската специјализација по радиологија ја завр­ шила во 1985 година. Во 1990 година била избрана за асистент по предметот радиологија. Оттогаш била вклучена во практичната настава за студентите по медицина и стоматологија. Во 1992 година била на студиски престој во Берлин ­ Германија, а следните години престојувала на семинари за стручно усовр­ шување за ултразвук и мамографија во Хајделберг, Салцбург, Турку и во Виена. Докторската дисерта­ ција под наслов „Радиолошки придонес во дијагнос­ универзитетски весник ­ број 103

тиката на ракот на дојката“ ја одбранила во 1997 година. Д­р Светлана Антевска­Грујоска во 1999 година била избрана за научен соработник по предметот радиологија. Раководител е на Одделението за гени­ тоуринарна радиодијагностика при Институтот за радиологија. Во 2000 година престојувала на струч­ но усовршување на Универзитетската болница во Виена. На Високата школа за технолози е одговорен наставник по предметот радиолошка заштита. Во рамките на активностите на невладината органи­ зација „Животна искра“, а со цел подигање на свеста кај женската популација, одржала 30 предавања низ Македонија. Била соработник во проектот „Унапре­ дување и заштита на здравјето на жените преку јавна кампања за превенција и рана дијагноза на рак на дојка“. Д­р Светлана Антевска­Грујоска во 1990 година била избрана за асистент по предметот радиологија и била вклучена во изведувањето настава за студен­ тите по медицина. За научен соработник била избра­ на во 1999 година, во звањето доцент била избрана во 2002 година, а во звањето вонреден професор во 2004 година. Со звањето супспецијалист по гинеко­ лошка и мамадијагностика се здобила во 2005 година и континуирано учествува во едукацијата и оспособувањето на доктори за работа во оваа област. Има објавено 59 стручно­научни публикации, а за изборот за вонреден професор приложила 13 нере­ цензирани стручно­научни публикации. Во звањето редовен професор е избрана на сед­ ницата на Универзитетскиот сенат, одржана на 9.6.2009 година.

Д-Р КРИСТИН ВАСИЛЕВСКА МЕДИЦИНСКИ ФАКУЛТЕТ

Кристин Василевска е родена на 29.6.1952 година во Битола, каде што ги завршила основното и средното образование. Дипломирала на Медицин­ скиот факултет во Скопје во 1976 година. Од 1976 до 1980 година била вработена во Медицинскиот цен­ тар „Д­р Трифун Пановски“ во Битола. Во 1982 годи­ на била вработена на Медицинскиот факултет во Скопје, на Институтот за епидемиологија и биоста­ тистика со медицинска информатика и станала член на истоимената Катедра. Во 1982 година била избра­ на за помлад асистент. Специјализација завршила во 1986 година, кога била избрана за асистент. Во 1998 година ја одбранила докторската дисертација „Епидемиолошки карактеристики на ракот на дојка­ та во Република Македонија“, по што била избрана во звањето доцент. За вонреден професор била избрана во 2004 година. Стручното усовршување за спречување на внатреболничките инфекции го спровела во Клиниката „Јосиш Кајфеш“ во Загреб, а практицирала во одделите на хируршките клиники (Клиника за тораковаскуларна хирургија и Клиника за трауматска хирургија), а во периодот 1997­1998 година работела на контрола на споменатите инфек­ ции во гинекологијата и акушерството и ја форми­ рала со закон дефинираната Комисија за надзор, контрола и спречување на инфекциите при Клини­ ката за гинекологија и акушерство на Клиничкиот


центар при Медицинскиот факултет во Скопје. Пост­ дипломската едукација за превенција на малигните заболувања ја завршила во Брисел, како стипендист на Европската онколошка асоцијација, а посетувала и едукациски семинари за рано откривање и скри­ нинг на малигните болести, како и Семинар за креи­ рање на онколошки регистри. Од 1984 година рабо­ ти како шифрант и контролор на морталитетните податоци за РМ. За таа намена била на стручно усовршување на повеќе семинари во Женева, во Рим и во Саутемптон, со што се стекнала со познавања за можностите за директно преоѓање од работа со „Де­ веттата ревизија“ во работа со „Десеттата ревизија“. Во консултација со експертите на Медицинскиот факултет во Скопје ги обработила првите дваесет поглавја на „Десеттата ревизија“ кои се однесуваат на нозолошките причини за смрт (болести, симпто­ ми и синдроми). Д­р Кристин Василевска извршувала повеќе опш­ тествени активности во областа што стручно ја по­ крива. Била координатор и соработник на Мини­ стерството за здравство на РМ со Светската здрав­ ствена организација за надзор на заразните болести, била член и потпретседател на Комисијата за за­ разни болести, а како член ја претставувала Репуб­ лика Македонија на Дубровничката спогодба меѓу земјите од Балканот и била презентер на ставовите на Министерството за здравство на повеќе значајни научни собири од областа што е нејзино поле на стручно дејствување. Активно учествувала во форми­ рањето на Македонското научно здружение за аути­ зам во рамките на УКИМ, чиј претседател е, член е на здруженијата на епидемиолози, инфектолози и микробиолози, во текот на формирањето на Школа­ та за јавно здравство престојувала на семинар во Русија, каде што се запознала со достигнувањата на школите во тој регион на Источна Европа, а престо­ јувала и во Школата за јавно здравство во Ерусалим, Израел. Учествувала во два научни проекта. Ментор е на три специјалистички теми, еден магистерски труд и на повеќе студентски теми за конгрес. Со ко­ легиумот на Институтот учествувала во пишувањето на три учебници, едно учебно помагало, а учеству­ вала и во обработката на уште едно учебно помагало од областа на пулмоалергологијата. До изборот за редовен професор, д­р Кристин Василевска објавила 55 трудови. Во звањето редовен професор е избрана на сед­ ницата на Универзитетскиот сенат, одржана на 9.6.2009 година.

Д-Р БИЛЈАНА ТАУШАНОВА МЕДИЦИНСКИ ФАКУЛТЕТ

Билјана Таушанова е родена во Скопје, каде што ги завршила основното и средното образование. Дипломирала на Медицинскиот факултет во Скопје во 1981 година. Од 1983 година е вработена на ООЗТ Институти при Медицинскиот факултет, прво на Институтот за судска медицина, потоа на Инсти­ тутот за епидемиологија, а подоцна поради недостиг на помошнонаставен кадар работела како асистент на Институтот за микробиологија. Во 1986 година завршила курс за современи епидемиолошки мето­

30

ди одржан во Саутемптон, а во 1989 година го поло­ жила специјалистичкиот испит. Во 1995 година ма­ гистрирала на Медицинскиот факултет во Загреб, а пак, во 1999 година на Медицинскиот факултет во Скопје ја одбранила докторската дисертација „Ева­ луација на заштитната вредност на BCG–вакцинаци­ јата кај децата во Р. Македонија“. Д­р Билјана Таушанова во 1987 година била из­ брана за помлад асистент, за асистент во 1990 годи­ на, во 1999 година била избрана во звањето доцент по предметите епидемиологија и биостатистика со медицинска информатика, а во 2004 година била избрана во звањето вонреден професор. Во периодот 1999­2003 година била шеф на Катедрата за епиде­ миологија и биостатистика со медицинска информа­ тика. На Школата за јавно здравство е одговорен наставник за модулот: контрола на хронични неза­ разни заболувања. Член е на Интернационалната епидемиолошка асоцијација, Европската респира­ торна асоцијација, Комисијата за подготвување и ревидирање на правилниците за имунизација, серо­ профилакса и хемиопрофилакса при Министерство­ то за здравство, како и на Македонско­хрватската академска асоцијација. Има објавено 116 стручни и научни трудови, од кои 40 во странски списанија или во зборници на трудови од меѓународни научни собири. Учествувала на повеќе курсеви и семинари посветени на наставата, како и на Школата за јавно здравство. Во 2004 година ја добила наградата „13 Ноември“, за коавторство во книгата „Калкулоза на уринарниот тракт“ од проф. д­р Александар Ставри­ дис. Д­р Билјана Таушанова активно учествува во из­ ведувањето на теоретската и практичната настава по предметите епидемиологија и биостатистика со медицинска информатика за студентите на Меди­ цинскиот и Стоматолошкиот факултет, како и на Високата школа за сестри, рендген­техничари, физиотерапевти и логопеди. Била ментор на 4 маги­ стериуми и на повеќе специјалистички теми. Била коавтор во 4 учебници. Учествувала на бројни кон­ ференции, работилници, семинари и остварила студиски престои во земјата и во странство. Во склоп на стручната дејност активно учествува­ ла во тимот кој вршел контрола на интрахоспитал­ ните инфекции на хируршките клиники и на Гине­ колошко­акушерската клиника во Скопје, активно учествувала на стручни собири, семинари и конгре­ си, како во земјата, така и во странство, каде што ја промовирала потребата од ревизија на национал­ ната програма за борба против туберкулозата, од аспект на резултатите од сопствените научни истра­ жувања. Косовската бегалска криза, војната во зем­ јата и нивните реперкусии врз епидемиологијата на акутните заразни заболувања и на туберкулозата, како и вкупното влијание на двете кризи врз јавното здравство во Македонија, биле предмет на опсер­ вација и тема на еден нов циклус на трудови, кои биле објавени во домашни и во странски списанија, а ги презентирала на научни собири и конгреси. До изборот во звањето редовен професор презентирала 47 научни и стручни трудови на конгреси и симпо­ зиуми во земјата и во странство. Во звањето редовен професор е избрана на сед­ ницата на Универзитетскиот сенат, одржана на 9.6.2009 година. универзитетски весник ­ број 103


Д-Р ВЛАДО СТОЛЕВСКИ МЕДИЦИНСКИ ФАКУЛТЕТ

Владо Столевски е роден на 4.3.1959 година во Гостивар. Основно и средно образование завршил во Тетово. Дипломирал на Медицинскиот факултет во Скопје во 1984 година. На Клиниката за хируршки болести во Скопје е вработен од 1985 година. Маги­ стрирал во 1992 година. Специјалистичкиот испит го положил во 1993 година, а во 1998 година докто­ рирал со одбрана на докторската дисертација „Се­ ларно­параселарни тумори – хируршки третман“. За помлад асистент по предметот хирургија бил избран во 1988, за асистент во 1993, во звањето доцент бил избран во 1999 година, а за вонреден професор во 2004 година. Покрај редовната настава, значајна е и неговата континуирана менторска активност во едукацијата на студентите, специјализантите и на постдипломците. Бил ментор на магистерски труд. Д­р Владо Столевски континуирано се едуцирал, се образувал и се надградувал на повеќе европски универзитетски клиники во областа на неврхирур­ гијата. Особено е значаен неговиот практичен придонес во микрохируршкото лекување на пато­ лошките процеси во пределот на селарно­параселар­ ната регија. По воведувањето на трансназо­транс­ сфеноидалниот микрохируршки пристап во лекува­ њето на хипофизарните аденоми на Неврохирур­ шката клиника во Скопје, тој по спроведената едукација ја воведува ендоскопијата како асистирач­ ка метода при транссфеноидалниот микрохируршки пристап. Со свои трудови учествувал на повеќе стручни конгреси во земјата и во странство. Автор е во три стручни книги: „Неврохирургија“ ­ Угринов­ ски Ј., Јовковски С., Столевски В., Медис информа­ тика, Скопје, 1992 г.; „Современа дијагностика и терапија во медицината­2000, Повреди на главата“ ­ Столевски В. ­ Медицински факултет при Универзи­ тетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Македонија, 2000 г.; „Неврохирургија ­ за студенти по медицина и стоматологија“ ­ Јовица Угриновски, Спасе Јов­ ковски, Илија Панговски, Кирил Лозанче, Владо Столевски ­ Култура, Скопје, 2003 г. Бил главен и одговорен уредник на стручното списание: Acta Chirurgica Macedonica. Има објавено 69 трудови (од кои 3 книги), при што 53 (од кои една книга) се веќе рецензирани. До изборот за редовен професор обја­ вил 16 трудови (од кои 2 книги). Во звањето редовен професор е избран на сед­ ницата на Универзитетскиот сенат, одржана на 9.6.2009 година.

Д-Р ПЕРО ПЕТРОВСКИ МЕДИЦИНСКИ ФАКУЛТЕТ

Перо Петровски е роден на 16.2.1950 година во Скопје, каде што ги завршил основното и средното образование. Дипломирал на Медицинскиот факул­ тет во Скопје во 1974 година. Од 1975 година е вработен на Клиниката за хируршки болести во Скопје. Специјализацијата по општа хирургија ја завршил во 1983 година, кога ја завршил и супспе­ универзитетски весник ­ број 103

цијализацијата по детска хирургија. Во овој период бил на стручен престој на Клиниката за детска хирургија во Белград. За помлад асистент по пред­ метот хирургија бил избран во 1981, а за асистент во 1984 година. Звањето примариус му било доделено во 1998 година, во звањето доцент бил избран во 1999 година, а во звањето вонреден професор бил избран во 2004 година. Д­р Перо Петровски бил шеф на Отсекот за детска трауматологија на Клини­ ката за детска хирургија во Скопје, потоа ја извр­ шувал функцијата в.д. директор и директор на иста­ та Клиника. Бил член на Претседателството на Здру­ жението на детските хирурзи на Југославија, пот­ претседател на Здружението на хирурзите на Маке­ донија, како и претседател на Здружението на дет­ ски хирурзи на Македонија. Во 1998 година ја одбра­ нил докторската дисертација „Вредноста на еластич­ ната стабилна интрамедуларна остеосинтеза (ЕСИО) во лекувањето на фрактурите на дијафизата на фе­ мурот кај школски деца“. Има објавено над 80 струч­ ни и научни трудови. Присуствувал на голем број меѓународни конгреси во земјата и во странство, како со свои теми, така и како коавтор на различни трудови. До изборот во звањето редовен професор објавил 72 труда Во звањето редовен професор е избран на сед­ ницата на Универзитетскиот сенат, одржана на 9.6.2009 година.

Д-Р ЗОРАН КАРАЏОВ МЕДИЦИНСКИ ФАКУЛТЕТ

Зоран Караџов е роден на 23.7.1958 година во Сењ, Р. Хрватска. Основното и средното образование ги завршил во Куманово. Дипломирал на Медицин­ скиот факултет во Скопје во 1984 година. Во 1985 година бил примен како приправник на Клиниката за хируршки болести, а во 1988 година го положил специјалистичкиот испит по општа хирургија. За помлад асистент по предметот хирургија бил избран во 1989 година, а за асистент во 1992 година. Во 1998 година ја одбранил докторската дисертација „Проценка на ХЛА­експресијата, нејзиниот сооднос со локорегионалната и системска имунокомпетенци­ ја и улогата на лимфната дисекција во дијагностика­ та, терапијата и прогнозата на желудочниот кар­ цином“. Во 1999 година бил избран во звањето до­ цент по предметот општа хирургија на Медицин­ скиот факултет во Скопје, а во 2003 година бил избран за вонреден професор по истиот предмет. Ја извршувал функцијата помошник на генералниот директор на УКЦ­Скопје за хируршка и ортопедска дејност. Член е на Универзитетскиот сенат на УКИМ. Д­р Зоран Караџов, како помлад асистент и по­ доцна како асистент, активно учествувал во изведу­ вањето на практичната настава по предметот хирур­ гија. На студентите им ги пренесувал и знаењата од практичната настава по општа и воена хирургија. По изборот за наставник се посветува на изведување не само на теоретската и практичната настава за студентите по медицина и стоматологија, туку и на едукација на специјализантите по општа хирургија,


урологија и гинекологија и акушерство. Во овој период бил ментор на повеќе специјализанти, а бил ментор и при изработка на еден магистерски труд и на една докторска дисертација. Во својот професионален развој, д­р Зоран Кара­ џов покажал совесност, студиозност и ефикасност во решавањето на одредени проблеми во дигестивната патологија. Во 1992 година, по престојот на Инсти­ тутот за дигестивни заболувања започнал со вове­ дувањето на екстензивните хируршки зафати и лимфните дисекции во третманот на карциномите на желудникот и на дебелото црево, што претста­ вуваше нов квалитет во хируршкото лекување на овие заболувања. Во 2003 година ги вовел лапаро­ скопските процедури во лекувањето на карциномот на дебелото црево и на желудникот. Стручно се усовршувал во Белград (Србија), Токио (Јапонија), Еланкур (Франција), Вилнус и Каунас (Литванија), а учествувал и во реализацијата на проектот „Епиде­ миолошки, клинички и терапевтски карактеристики на желудочниот карцином во Република Македони­ ја“. Член е на асоцијациите IGCA i IASG. До по­ следниот избор има објавено 42 труда и една книга, а до изборот за редовен професор има приложено 10 труда, една книга и една публикација. Во звањето редовен професор е избран на сед­ ницата на Универзитетскиот сенат, одржана на 9.6.2009 година.

Д-Р МИХАИЛ ГРУНЕВСКИ МЕДИЦИНСКИ ФАКУЛТЕТ

Михаил Груневски е роден во Виена, Австрија, во 1954 година. Во Скопје ги завршил основното и средното училиште. Дипломирал на Медицинскиот факултет во 1981 година. Од 1984 година е вработен на Институтот за радиологија. Специјализација по радиодијагностика завршил во 1987 година. За по­ млад асистент по предметот радиологија бил избран во 1985 година, за асистент во 1988, во звањето доцент бил избран во 1998, а за вонреден професор во 2004 година. Од 1989 до 1995 година бил раково­ дител на Одделението за мускулоскелетна радиоди­ јагностика, а сега е раководител на Одделението за торакална радиологија. Учествувал на многубројни домашни и меѓународни конгреси и семинари и има изработено повеќе од 100 научни трудови. Член е на Македонското лекарско друштво и на Здружението на радиолозите на Македонија. Бил предавач на Здружението на радиолози на Македонија, потоа претседател на Научно­едукативниот одбор на Европскиот конгрес на радиолози во Виена, како и рецензент на книгата „Бронхиектазии во детството“ од проф. д­р Марија Манева. Д­р Михаил Груневски бил автор на 84 рецензи­ рани и на околу 30 нерецензирани труда, и публи­ цирал материјал од три проекти, од областите тора­ кална радиологија, скелетна радиологија и дијаг­ ностика на глава и врат. Бил визитинг­професор на Еге­универзитетот во Измир, како и на Картал­уни­ верзитетот во Истанбул, Турција. Добитник е на диплома­благодарница доделена од Турската асоци­ јација на радиолози. Бил предавач на 1. Балкански радиолошки форум во Херцег Нови, на 2. Балкански

32

радиолошки форум во Охрид и на 5. Национален конгрес на Србија и Црна Гора; бил презентер на иницијативната конференција за медитеранска ра­ диологија во Палермо, Италија, потоа коелаборатор и коавтор во: Васков, и радиолошки Атлас на болес­ тите од максилофацијалната хирургија, како и прет­ седател на повеќе радиолошки конгреси. Член е на надворешен научен борд на Бугарското радиолошко списание. Д­р Михаил Груневски бил панел­доктор за амбасадите на Австралија и Нов Зеланд. Во звањето редовен професор е избран на сед­ ницата на Универзитетскиот сенат, одржана на 9.6.2009 година.

Д-Р СВЕТЛАНА МИЦЕВА-РИСТЕВСКА МЕДИЦИНСКИ ФАКУЛТЕТ

Светлана Мицева Ристевска е родена во 1950 го­ дина во Скопје. Дипломирала на Медицинскиот фа­ култет во 1976 година. По дипломирањето работела во Катлановска Бања и во Медицинскиот центар во Куманово. За асистент била избрана во 1982 година, во звањето доцент во 1999 година, а за вонреден професор во 2004 година. Магистрирала во 1982 го­ дина, а во 1998 година ја одбранила докторската дисертација „Клинички и лабораториски каракте­ ристики на бенигна нетоксична струма во Р. Маке­ донија“. Била ангажирана во изведувањето на практичната настава за студентите по медицина, стоматологија и фармација, како и за вишите рендген­техничари. По изборот за доцент била вклу­ чена во целосната теоретска и испитна активност на Катедрата за патофизиологија и на Катедрата за нуклеарна медицина, а учествува и во изведувањето на наставата за специјализантите по нуклеарна медицина, како и за лекари кои специјализираат други области од медицината. Дел од наставата по овие дисциплини остварува и на постдипломските студии на Природно­математичкиот факултет. Д­р Светлана Мицева­Ристевска стручно се усо­ вршувала на семинари, курсеви и научни посети во Берлин, Германија, на Институтот за нуклеарни нау­ ки во Винча, Србија, во Лондон, Англија, Варшава, Полска, Будимпешта, Унгарија и во Бреша, Италија. Била шеф на катедрите за патофизиологија и за нуклеарна медицина, потоа член на Кадровскиот одбор на Медицинскиот факултет во Скопје, дирек­ тор на Институтот за патофизиологија и нуклеарна медицина, член на Македонското лекарско друштво, на Лекарската комора на Македонија, Здружението за нуклеарна медицина на Македонија, на Европ­ ската и на Светската асоцијација за нуклеарна мецицина и на Здружението за артериска хипертен­ зија. До изборот во звањето вонреден професор публикувала 93 труда. По изборот за вонреден про­ фесор, во коавторство, ги објавила учебните пома­ гала: „Практикум по општа и специјална патолошка физиологија“ за студентите по медицина и стомато­ логија, „Нуклеарна медицина во клиничка пракса“, за специјализантите по интерна медицина и „Осно­ ви на нуклеарната медицина“. Покрај тоа, со група автори учествувала во изработката на монографии­ те: „Јодниот дефицит во Македонија“, „Корекција на јодниот дефицит во Македонија“ (за која, со другите универзитетски весник ­ број 103


автори, е добитник на републичката награда „Гоце Делчев“) и „Јодниот дефицит во гравидитет и лак­ тација“. Д­р Светлана Мицева­Ристевска била автор и коавтор на повеќе научни трудови, изнесени на собири во земјата и во странство, публикувани во домашна и странска медицинска периодика. Најго­ лем дел од трудовите се од областа на тироидната патологија, нефроурологијата, паратироидните жлезди, методите со маркирани клетки и др. Во звањето редовен професор е избрана на сед­ ницата на Универзитетскиот сенат, одржана на 9.6.2009 година.

Д-Р ЛИЛЈАНА МАНЕВА-КОСТОВСКА МЕДИЦИНСКИ ФАКУЛТЕТ

Лилјана Манева­Костовска е родена во 1948 го­ дина во Штип. Основно и средно образование завр­ шила во Скопје. Студиите на Медицинскиот факул­ тет во Скопје ги завршила во 1972 година. Од 1973 година е вработена на Клиниката за радиотерапија и онкологија при Медицинскиот факултет во Скопје. Специјалистичкиот испит по радиологија­радиоте­ рапија го положила во 1979 година, а следната годи­ на била избрана за шеф на Отсекот за тумори на дојката и градниот кош. Во 1983 година била избра­ на за асистент по предметот радиологија, во 1996 година е избрана во звањето научен соработник, во 2001 година за виш научен соработник и во 2006 година за вонреден професор, со што е вклучена во наставата за студентите по медицина и стоматоло­ гија, како и на Високата школа за радијациони техничари. Вршела и раководни должности. Доктор­ ската дисертација „Туморските маркери MCA, CEA, Ca 15­3, во серумот и линфосцинтиграфија на интра­ мамарните лимфни жлезди кај болните со рак на дојката. Дијагностичка и прогностичка вредност во раната детекција на далечни метастази и локоре­ гионални рецидиви“ ја одбранила во 1994 година. Коавтор е на учебникот „Радиотераписка онкологи­ ја“. Д­р Лилјана Манева­Костовска стручно се усовр­ шувала во Љубљана­Словенија, Венеција­Италија, Осло­Норвешка, Тенерифе­Шпанија, Москва­Русија. Член е на Лекарската комора на Македонија, Маке­ донското лекарско друштво, Македонското здруже­ ние за радиотерапија и онкологија, чиј претседател била во неколку мандати, Европската онколошка школа, Европското здружение за радиотерапија и онкологија и на Европското здружение за медицин­ ска онкологија. Во 1990 година, во рамките на YUGOS­проектот била вклучена во протоколот за рак на дојка, и во проектот за туморски маркери во рамките на Медицинскиот факултет во Скопје. Во тек е изработка на два проекта во кои е водител, и тоа: Ibondronate (Bondronat) ­ таблети во терапија на коскена болка кај пациенти со коскени метастази од рак на дојка; Clearance ­ Clodronate disodium for metastasis prevention in international survellance. По нејзина иницијатива во 1993 година било форми­ рано друштвото на жени кои се лекуваат од малигни заболувања „Животна искра“. Со вработувањето на Клиниката за радиотерапија и онкологија и по избо­ универзитетски весник ­ број 103

рот за асистент била вклучена во практичната наста­ ва по предметот радиотерапија за студентите на медицина, стоматологија и за вишите рендген­ техничари, а од 1996 година, по изборот за научен соработник била вклучена и во теоретската настава. Учествува во специјалстичката и супспецијалис­ тичката едукација по онкологија со радиотерапија. Била ментор на јавен труд, ментор на трудови на студенти по медицина и на медицински сестри, член на рецензентски комисии за магистерски трудови и докторски дисертации, како и во комисии за нивна одбрана. Во 2008 година била избрана за шеф на Катедрата за онкологија со радиотерапија. Д­р Лилјана Манева­Костовска, до изборот за редовен професор, изработила 92 труда, а потоа приложила 9 труда за рецензирање. Во звањето редовен професор е избрана на сед­ ницата на Универзитетскиот сенат, одржана на 9.6.2009 година.

Д-Р ЛИЛИЈА АНАСТАСОВА-НИКОЛОВА МЕДИЦИНСКИ ФАКУЛТЕТ

Лилија Анастасова­Николова е родена на 8.8.1947 година во Скопје, каде што завршила основ­ но и средно образование. Студиите на Медицински­ от факултет во Скопје ги завршила во 1972 година. Од 1972 година е вработена на Институтот за радио­ терапија и онкологија при Медицинскиот факултет. Во 1977 година била избрана за помлад асистент, а во 1978 година ја завршила специјализацијата по радиологија и онкологија. Во 1982 година била избрана за асистент. Во 1994 година ја одбранила докторската дисертација „Значење на туморските маркери АФП и ХЦГ во третманот на герминативни­ те тумори на тестисот“, а во 1996 година била избра­ на за научен соработник при Катедрата за онкологи­ ја со радиотерапија, со што била вклучена во наставата за студентите од Медицинскиот и Стома­ толошкиот факултет, како и на Вишата школа за рендген­техничари. Во 2001 година била избрана за виш научен соработник, а во 2006 година во звањето вонреден професор. Од 1979 година е шеф на Отсе­ кот, а од 1988 година е шеф на Одделот за тумори на урогениталниот тракт. Д­р Лилија Анастасова­Николова учествувала како автор и коавтор со многу трудови на научни и стручни радиолошки и онколошки конгреси, симпо­ зиуми, интерсекциски состаноци, како и на поголем број европски и светски конгреси и стручни усовр­ шувања во Хамбург ­ Германија, Виена ­ Австрија, Будимпешта ­ Унгарија, Пекинг ­ Кина, Рио де Жанеиро ­ Бразил, Париз ­ Франција и во Стокхолм ­ Шведска. Остварила стручни престои во Париз ­ Франција и во Љубљана ­ Словенија. Член е на европските здруженија на радиолозите и онколо­ зите, при што учествувала на курсеви организирани од нив во Будимпешта ­ Унгарија, Тенерифе ­ Шпа­ нија и во Лисабон ­ Португалија. Учествувала на неколку проекти на Медицинскиот факултет во Скопје. Била ментор на трудови на студенти и меди­ цински сестри, член на комисии за специјалистички


испити, како и член на рецензентски комисии за магистериуми и докторати. Д­р Лилија Анастасова­Николова, до изборот за вонреден професор, објавила 81 труд, а пријавила за рецензирање 11 труда. Во звањето редовен професор е избрана на сед­ ницата на Универзитетскиот сенат, одржана на 9.6.2009 година.

Д-Р САШО СТОЈЧЕВ МЕДИЦИНСКИ ФАКУЛТЕТ

Сашо Стојчев е роден на 25.7.1956 година. Основното и средното училиште ги завршил во Скопје. Дипломирал на Медицинскиот факултет во Скопје во 1981 година. Во 1982 година се вработил во Воената болница во Скопје, а во 1986 година специ­ јализирал невропсихијатрија на Воената академија во Белград. Како студент престојувал во Хајделберг ­ Германија на практика по интерна медицина, а во 1980 година на практика по гинекологија и акушер­ ство во Куопио­Финска. На Катедрата за невропси­ хијатрија бил избран за асистент, а во 1995 година за доцент по неврологија. Бил член на Собранието на Здружението на невролозите на Југославија, член на Претседателството на Здружението на невролозите на Македонија, како и на Светското здружение на невролозите. Во 1990 година престојувал на стручно усовршување од областа на neuroimaging­дијагнос­ тиката во Лондон, Велика Британија, потоа во Атина ­ Грција, како и во Анкара ­ Турција. Во 1998 година ја одбранил докторската дисертација „Евалуација на клиничките знаци и симптоми и факторите на ри­ зик во диференцијацијата на акутниот исхемичен и хеморагичен цереброваскуларен инсулт“. Бил мен­ тор на магистерски труд и рецензент на книгата „Цереброспинален ликвор“. Во 2006 година учес­ твувал во мултицентричниот проект, „Second Delphi Round“, за анализа на мозочниот удар и неговите последици, а негово поле на научно интересирање се цереброваскуларните заболувања. Д­р Сашо Стојчев во 1999 година бил избран за доцент на Катедрата за неврологија, со што бил вклучен во наставата и во комисиите за редовните испити по предметот неврологија за студентите по медицина, стоматологија и за специјалистичката настава. Во 2004 година бил избран за вонреден професор. Во 2000 година бил избран за член на Собранието на Лекарската комора на Р. Македонија, од 2001 година е член на Комисијата за ностри­ фикација на дипломи на медицински факултети стекнати во странство, од 2002 до 2006 година бил претседател на Здружението на невролозите на Македонија, а во 2008 година­член на Извршниот одбор на Лекарската комора на Македонија. До изборот за вонреден професор има објавено 41 нау­ чен и стручен труд, а за рецензирање пријавил 6 труда. Во звањето редовен професор е избран на сед­ ницата на Универзитетскиот сенат, одржана на 9.6.2009 година.

34

Д-Р ВЛАДИМИР КОТЕВСКИ МЕДИЦИНСКИ ФАКУЛТЕТ

Владимир Котевски е роден на 9.7.1960 година во Скопје. Основното и средното образование ги завр­ шил во родниот град, каде што во 1983 година дипломирал на Медицинскиот факултет и како најдобар студент на генерацијата добил пофалница од Универзитетот. Во 1984 година се вработил на Клиниката за кардиологија на Одделението за рев­ матски заболувања на срцето и срцеви мани, а од 1995 година е раководител и работи на Одделот за интензивна коронарна нега, за во 2007 година да биде назначен за раководител на Одделот за под­ готовка на пациенти за инвазивни и интервентни процедури. Истовремено работи и во Ангиограф­ ската лабораторија, каде што изведува процедури од интервентната кардиологија (балон­ангиопластика и стентирање на коронарните крвни садови). Д­р Владимир Котевски за помлад асистент по предметот интерна медицина бил избран во 1986 година. Во 1988 година го одбранил магистерскиот труд, а специјалистичкиот испит го положил во наредната 1989 година. Со звањето доктор на медицински науки се стекнал во 1997 година, со одбраната на докторската дисертација „Процена на клиничките импликации и хемодинамските карак­ теристики на хипертрофичната кардиомиопатија“. Во звањето научен соработник бил избран во 1998 година, во звањето насловен доцент во 2001 година, а во звањето доцент на Медицинскиот факултет бил избран во 2003 година. Следната 2004 година бил избран во звањето вонреден професор. Во 2001 година, од страна на Credential Committee of the European Society of Cardiology, бил промовиран во Fellow of European Society of Cardiology (FESC), а истата година od European Bord for the Speciality of the Cardiology (EBSB) бил избран за European Cardiologist (EC). Публикувал над 190 стручно­ научни трудови кои биле публикувани во земјава, во Европа, но и надвор од границите на Европа. Струч­ но се усовршувал во Ротердам ­ Холандија, Нинберг ­ Германија и Бергамо ­ Италија. Активно бил вклу­ чен во научноистражувачката студија на нови ендо­ васкуларни протези кои биле промовирани во Rochester (Mayo Clinic), како и во мултицентричната интервентна студија „Cadillac“, на четири типа на рандомизирани интервенции во третманот на акут­ ниот инфаркт на миокардот. Престојот на познатите универзитетски клиники го искористил за совладу­ вање на нови техники од областа на интервентната кардиологија, кои сѐ уште не се применувале на овие простори (интракоронарна ангиоскопија, ротабла­ циони интракоронарни техники, интракоронарен ултразвук и doppler flow­ангиокардиографски мето­ ди). Во овој период се здобил со звањето и серти­ фикат „Master in Interventional Cardiology“. Држи настава по предметот интерна медицина за студен­ тите по медицина, стоматологија, физиотерапев­ тите, логопедите, потоа за постдипломците, како и за лекарите на супспецијализација од областа на кардиологијата. Автор е на поглавјата „Срцева кате­ горизација“ и „Хемодинамското мониторирање на срцето“, во: „Современа дијагностика и терапија во медицината­2000, Прирачник за лекари“. Покрај универзитетски весник ­ број 103


тоа, автор е и на четири поглавја во учебникот „Интерна медицина“, а се јавува и како рецензент на монографиите „Коронарна артериска болест“ и „Карцином на белите дробови“. Во звањето редовен професор е избран на сед­ ницата на Универзитетскиот сенат, одржана на 9.6.2009 година.

Д-Р НАДА МАРИНА МЕДИЦИНСКИ ФАКУЛТЕТ

Нада Марина е родена на 26.1.1947 година во Тетово, каде што завршила основно и средно обра­ зование. Дипломирала на Медицинскиот факултет во Скопје во 1970 година. Одреден период работела во Медицинскиот центар во Тетово, а од 1975 година била вработена на Клиниката за ревматологија при Медицинскиот факултет. Специјализацијата по интерна медицина ја завршила во 1980 година, а супспецијализацијата за ревматологија во 2002 година. Раководител е на Одделението за дегенера­ тивни ревматски болести. Во 1978 година била избрана за помлад асистент, кога и почнала со прак­ тична настава за студентите по медицина и стомато­ логија, а во 1980 година била избрана за асистент. Во 1998 година ја одбранила докторската дисер­ тација „Анализата на синовијалната течност кај ревматоидниот артритис од клинички и патогенет­ ски аспект“. За научен соработник била избрана во 1990 година, а за доцент по предметот интерна медицина во 2001 година. За вонреден професор била избрана во 2004 година. Д­р Нада Марина активно била вклучена во научноистражувачката активност на Клиниката и учествувала во изработката на повеќе трудови од областа на ревматологијата со кои учествувала на бројни конгреси, симпозиуми и интерсекциски состаноци во земјата и во странство. Активно е вклучена во проектот за примена на биолошка тера­ пија кај болните со тежок и агресивен ревматоиден артритис. Била ментор на магистерски труд и на докторска дисертација. Член е на Македонското лекарско друштво, Европската лига за борба против ревматизмот, како и на Македонската асоцијација против ревматизмот. Во звањето редовен професор е избрана на сед­ ницата на Универзитетскиот сенат, одржана на 9.6.2009 година.

Д-Р АНГЕЛ ОНЧЕВСКИ МЕДИЦИНСКИ ФАКУЛТЕТ

Ангел Ончевски е роден 1947 година во Скопје. Основното и средното образование ги завршил во родниот град, а на Медицинскиот факултет во Скоп­ је дипломирал во 1972 година. По завршувањето на задолжителниот лекарски стаж се вработил во Службата за школска медицина при Здравствениот дом во Скопје. Потоа работел во Службата за итна медицинска помош и домашна посета, а од 1976 година се вработил на Клиниката за нефрологија. универзитетски весник ­ број 103

На Клиниката работел како лекар во Одделението за интензивна нега, подоцна како раководител на Отсе­ кот за васкуларни пристапи, а од 1998 година бил раководител на ова Одделение. По положениот специјалистички испит по интерна медицина се стекнал со звањето специјалист ­ интернист, а во 1985 година го добил почесното звање нефролог од Југословенското здружение за нефрологија. Во 1993 година се стекнал со звањето примариус. По завршу­ вањето супспецијализација од областа нефрологија и положениот испит се стекнал со звањето супспе­ цијалист­нефролог. Во 1998 година ја одбранил док­ торската дисертација „Артериско­венска фистула како оптимален васкуларен пристап за хемодија­ лиза“. По изборите и реизборите за асистент, научен соработник и виш научен соработник бил избран во звањето вонреден професор. Бил ментор на лекари­ специјализанти, на магистерски и докторски тру­ дови, а исто такаучествувал и во научен проект од МАНУ. Д­р Ангел Ончевски се диференцира во опера­ тивните техники за обезбедување васкуларни при­ стапи до циркулацијата за изведување хемодијализа и раководи со Одделението и амбулантата за васку­ ларни пристапи. Новата медицинска област ­ дија­ лизата не е можна без васкуларни пристапи за хемо­ дијализа и со својата работа станал пионер и вте­ мелувач на хирургијата на пристапи (access surgery) во нашата земја. Во текот на повеќегодишната рабо­ та ги применува сите оперативни техники прифате­ ни во светот и изведува разни сопствени подобру­ вања и нивни модификации. Тој е автор на три ори­ гинални методи, кои се потврдени, светски верифи­ цирани и претставуваат значаен медицински придо­ нес во областа на васкуларните пристапи за хемоди­ јализа. За првпат во нашата средина, заедно со д­р Чакалароски ги применува новите техники и методи за лекување на болни: секвенционална ултрафил­ трациона хемодијализа, хемоперфузија, контину­ ирана амбулантска перитонеална дијализа (CAPD) и континуирана артериско­венска хемофилтрација (CAVH). Стручно се усовршувал во Љубљана ­ Сло­ венија, како и во Лион и Париз ­ Франција, а во 1977 година активно учествувал во тимот за трансплан­ тација на бубрези на Клиниката за нефрологија при Медицинскиот факултет во Скопје, на првите транс­ плантации на бубрези. Има едуцирано голем број млади лекари и медицински сестри. На Клиниката ја создал Школата за васкуларни пристапи, што претставува раритет и во поширокиот регион, а е реткост и во светот. Д­р Ангел Ончевски сопствените искуства ги презентирал во повеќе излагања и трудови на кон­ греси, симпозиуми и во списанија од областа на нефрологијата, дијализата, трансплантацијата и вас­ куларните пристапи, одржани во земјата и во стран­ ство. Како автор и коавтор учествувал во 210 стручни и научни труда, како и во 2 книги на странски и во 3 на домашни издавачи. Член е на Македонското лекарско друштво и на Здружението на нефролозите на Македонија. Редовен член е на ERA­European Re­ nal Association, ISN­International Society of Nephro­ logy, ESAO­European Society for Artificial Organs и на VAS­Vaskular Access Society. Во звањето редовен професор е избран на сед­ ницата на Универзитетскиот сенат, одржана на 9.6.2009 година.


Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ бул. Крсте Мисирков б.б., 1000 Скопје, Македонија : +389 2 3 293 293 : +389 2 3 293 202 : ukim@ukim.edu.mk : www.ukim.edu.mk

Univerzitetski vesnik br. 103  

Универзитетски весник број 103, издание на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Република Македонија.

Read more
Read more
Similar to
Popular now
Just for you