Issuu on Google+

ттк инфо

ИЗДАНИЕ

01

ФИНАЛ НЛ 3

Септември 2008

Обраќање на Управниот Одбор Драги колеги, Изминаа 2 години од спојувањето на две банки кои со себе носат искуство и традиција во банкарското работење. Кога се навраќаме наназад изминатите две години значеа голем предизвик за акционерите но секако и за вработените во Банката. Во нашето работење веруваше и Европската Банка за Обнова и Развој и со своето учество во капиталот придонесе во зацврстување на довербата на клиентите кон банката. Во изминатиот период оваа година, принципиелниот и транспарентниот пристап во работењето на Банката резултираше со зголемување на показателите во сите области на работењето. Се започна проектот за оптимизација на работењето на ТТК Банка, во склоп на кој во месец Јуни ја реализираше првата фаза “анализа на процесите и ефикасноста на работата на вработените”. Новите производи како за физички така и за правни лица го збогатија портфолиото на ТТК Банка. Во наредниот период следи интензивен развој и промоција и на дополнителни нови производи. Истражувањето спроведено за задоволство на корисниците дава насока за подобрување на работењето во сите области. Нешто кон што се стремиме како банка се квалитетни и навремени финансиски услуги. Ова може да го обезбедиме само доколку работиме тимски, доколку ги поистоветиме нашите индивидуални цели со целите на банката, доколку заеднички продолжиме кон понатамошниот развој на Банката. Управен Одбор Атанас Спироски Николче Петкоски

Во овој број ТТК Банка НОВО! Активности Банка на поддршка Истражување/ТТК Роденден Нашите луѓе


НЛ 3 - НОВО! ТТК ФИНАЛ БАНКА ТТК Банка во Прилеп 19 март, 2008

ТТК ја отвори новата експозитура во Прилеп, со која ја прошири својата мрежа на вкупно три филијали и 26 експозитури на целата територија на Република Македонија. На присутните на отварањето, кој се собраа во огромен број, им се обрати Градоначалникот на Прилеп г-дин Марјан Рисетески кој рече: „Отварањето на оваа експозитура ќе придонесе во развојот на целокупното стопанство и индустрија во општината, а ќе придонесе и во развојот на конкуренцијата на банкарските услуги во Општина Прилеп.“ Претседателот на УО, г-дин Атанас Спировски рече „Нашата цел е да бидеме банка којашто ќе биде прв и сигурен избор на граѓаните и компаниите во Македонија. Ова не сметаме да го постигнеме само со нашето искуство, традиција и професионалност, туку со постојано подобрување на работењето и грижата за нашите клиенти. Оваа цел сакаме да ја постигнеме и со тоа што на нашите клиенти сакаме да им понудиме и подобри и поквалитетни услуги кои ќе ја олеснат секојдневната потреба во финансиското работење.“ Им посакуваме среќа и успех во работењето на нашите колеги во Прилеп!

Експозитури на ТТК на нови локации и во ново руво •

Експозитурата на ТТК лоцирана во просторите на дирекцијата во текот на Мај работи на нова локација, во ново руво. Лоцирана е во ТЦ Беверли Хилс на првиот кат. • Експозитурата во Виница е дислоцирана на нова локација со нов мебел • Кочани останува на истата локација но во ново руво • Куманово – проширување на експозитурата за 100% со комплетно нова опрема • Скопје Автокоманда дислокација на експозитурата Да им посакаме на колегите пријатна работа и многу клиенти!

Нови Производи за Население Детско Штедење Депозитен производ за најмалите

За нашите најмили и највредни корисници – децата го создадовме новиот производ Детско Штедење. Овој производ нуди најконкурентни каматни стапки и низа други новини на пазарот, интересни за идните млади штедачи, родителите и нивните најблиски. За да се отвори штедна книшка потребни се само извод од матичната книга за детето штедач и лична карта на родителот (старател). Притоа нема никакво ограничување на сумата која е потребна како минимум депозит. Овој производ е достапен за сите лица помали од 18 години. Секој нов мал штедач добива трансакциона сметка и сметка за штедење (денарска и/или девизна). Со штедната книшка, децата добиваат и картички кои се со ист изглед како и останатите картички, овие картички служат само за идентификација но во иднина со истите ќе може да добиваат бенефиции за услуги и производи наменети за деца. Родителите добиваат Т-Smile картичка бесплатно во првата година. Воедно, за прв пат ТВ реклама на ТТК Банка. За прв пат на ТВ реклама на ТТК Банка. Новиот производ за население стартуваше во месец мај со најава на прес конференција. Снимена е ТВ реклама која се емитува секој ден на канал 5 во рамки на емисијата Супер Звезда. Направена е песна за ТТК Банка и штедењето во ТТК. Реализирана е радио реклама за овој производ која оди на Радио Буба Мара.

План за Штедење Без посети на експозитури, полесно за корисниците

Новиот производ на ТТК Банка, Планот за штедење дава можност корисниците своите средства да ги штедат според потреби – плански. Планот за штедење овозможува да префрлање на средства од трансакциска (тековна) сметка на штедна сметка во ТТК Банка без воопшто да се посетат експозитурите. Префрлањето на средствата се може да се врши на одренден датум секој месец и може да се одреди износот кој што корисниците сакаат да го префрлуваат/штедат. Во духот на штедење, ТТК Банка одлучи оваа услуга да биде бесплатна.


АКТИВНОСТИ

ФИНАЛ НЛ 3

Електронско Банкарство за физички лица Самостоен развој на новиот производ!

Електронското Банкарство на ТТК Банка овозможува користење на банкарските услуги преку Интернет, на било кое место и време. Потрошувачите имаат можност на брз и едноставен начин да извршат проверка на состојбата на сметката како и проверка на промените на сите сметки. Услугата гарантира максимална заштита од невластен пристап, со користење на современи методи на шифрирање и дигитален сертификат. Одлична работа на колегите од ИТ за развој на софтверот за финкционирање на услугата!

Промоција на производи за население Промоцијата на производите за население е реализирана преку различни медиуми, користејќи иновативен пристап. Реализирани се кампањи за депозитни и кредитни нови и постоечки производи. Реализирани се нови лифлети, постери и објави во специјализирани списанија - за кредити за школување, автомобилски, туристички кредити. ТВ реклами, радио реклами, outdoor рекламирање (Movingboard, плоштад Охрид, тениски терени Александар Палас,...). Во Битола се реализирани неколку презентации во соработка со Форд, Zepter и др. соработници

Зголемени Каматни стапки за депозити Промоција на македонски и албански јазик ТТК Банка изврши измена на каматните стапки за депозитите во денари и Евра со почеток во месец Март. Оваа промена беше промовирана во повеќе медиуми. За прв пат во ТТК Банка се реализираше промоција и на Албански јазик. Оваа пракса ке продолжи и ке се интензивра во иднина.

Европско Првенство 2008 9 – 29 јуни, 2008 Во периодот од 9 – 29 јуни во Швајцарија и Австрија се оддржа тринаесетото Европското првенство во фудбал. 20 дена бевме преокупирани со најважната работа на светот, некој по своја желба, а некој под присила. Правата за пренос на Европското првенство во Македонија ги имаше телевизијата Алсат – М која во овој период рушеше рекорди во гледаноста. Според статистиката на Алсат – М телевизија, натпреварите од Европското фудбалско првенство во Македонија го следеле преку 500,000 гледачи Имајќи ја во предвид популарноста на овој турнир, ТТК Банка имаше презентација на своите кредитни производи како и производите за штедење за времетраењето на овој настан.

Кредити за возила и Туристички кредити - Outdoor Кампања MovingBoards - Скопје, Куманово, Штип, Струмица, Битола...

Во месец јуни бевме доста активни и креативни! Ги промовиравме туристичкиот кредит, кредитот за школување и кредитот за возила. Одлучивме да бидеме невообичаени забавни и интересни, да бидеме блиски и непосредни со граѓаните и да презентираме еден нов начин на адвертајзинг, кој за разлика од вообичниот, кој е еднонасочен и во кој клиентот е само пасивен слушател, нуди можности за двонасочна комуникација клиент – банка, низ која ги слушнавме желбите и амбициите на луѓето низ Македонија! Кампањата се одвиваше во повеќе градови низ земјава, почнавме со Скопје, па продолживме во Битола, Куманово, Штип, Струмица и Охрид. Периодот на рекламирање соодветствуваше со најфреквентите периоди и места: саемот на туризам, баскерфест, за времетраење на европското првенство на места каде беше присутна нашата целна група.


ФИНАЛ НЛ 3 АКТИВНОСТИ Корпоративни активности Промоција на корпоративните производи е реализирана преку присуство на саемите,тркалезните маси, европскиот ден на претприемачот, новите рекламни лифлети, реклама на насловни страни во дневниот весник Бизнис и двонеделното списание на македонски и албански јазик Валута.

Нови Производи за Правни лица Богато проширување на портфолиото на производи • • • •

Орочен девизен депозит на правни лица до 12 месеци Долгорочен денарски кредит со девизна клаузула со еднократна отплата Долгорочен девизен кредит од средства од МБПР, за плаќање во странство Отворен депозит

Промоција кредитната линија на ЕБРД Април - Јули 2008

ЕБРД кредитна Линија ТТК БАНКА во соработка со Стопанската Комора на Македонија одржа серија тркалезни маси на тема "Кредитни линии скроени по мерка – Што им е потребно на малите и средни претпријатија". Тетово Пробиштип Скопје Битола

03 Април 07 Април 07 Мај 05 Јули

Оваа Кредитната Линија од Европската Банка за Обнова и Развој, наменета за финансирање на развојот на малите и средни претпријатија во Република Македонија им беше претставена на малите и средни претпријатија., претставниците на локалните бизниси, На настаните, господинот Адриано Семен, Меѓународен банкарски експерт од Еурекна, Република Италија, на присутните гости од бизнисот, им ги претстави критериумите и процесот на пристап до оваа кредитна линија. Се разбира, покрај господинот Семен, на самиот настан присуствуваа и претставници на банката, членови на УО и вработените од секторот за корпоративно банкарство, кои ја играат клучната улога во промоцијата и пласирањето на овааа кредитна линија. Настаните беа покриени од голем број медиуми.

Европски ден на претприемачот 9 мај, 2008

ТТК Банка беше единствената банка присутна на Европскиот ден на претприемачот, настан организиран во Хотелот Александар Палас во Скопје. Посетеноста беше огромна и ТТК Банка ја искористи можноста да го промовира своите корпоративни производи како и да оствари контакти и соработка со претставници од Малите и средни претпријатија.

Саеми во Штип и Тетово 8 – 17 мај, 2008 Во периодот од 8 до 10 мај 2008, ТТК Банка учествуваше на третиот меѓународен саем EXPO 2008 кој се одржуваше во Штип. Исто така, ТТК Банка зема учество и на осмиот по ред саем ЕСАЕКСПО во Тетово кој што се одржа од 15 до 17 мај 2008, во организација на Агенцијата за поддршка на претпријатијата ЕСА од Тетово. Целта на учеството на овие саеми беше да се оствари близок контакт и соработка со граѓаните и компаниите како и презентирање на новите произоводи. Колегите од Штип и Тетово како и колегите од корпоративниот сектор достоинствено ја претставија банката.


ТТК Банка, банка на поддржка

ФИНАЛ НЛ 3

Меѓународен ден на здравјето 3 април, 2008 Со скромна поддршка преку акција на вработените на ТТК Банка за помош на Бобан Ристиќ – обезбедени се преку 9000 денари за неопходна операција.

Донација од 85,000 денари за СОС Детско Село 12 јуни, 2008

Во рамките на кампањата Детско Штедење на ТТК Банка како општествено одговорна банка, на децата од СОС Детското Село – Скопје им донираше 85.000 денари, односно по 1000 денари за секое дете. На сметката на СОС Детското Штедење која ТТК Банка ја отвори за оваа намена, сите лица кои имаат желба да донираат средства ќе можат да го сторат тоа, обезбедувајќи им на децата

Ве водиме на Титов врв, III пат 9 јуни, 2008

На 24 и 25 мај 200 година, во организација на Планинарскиот клуб “Љуботен” се одржа 27 то традиционално искачување на највисокиот врв на Шар Планина – Титов Врв 2008 година под покровителство на ТТК Банка. ТТК Банка е генрален спонзор на овој настан по трет пат и е традиционален партнер на овој настан кој пренесува дел од прекрасните убавини на нашата земја. На искачувањето на 2.474 метри високиот Титов Врв учествуваа повеќе од 700 учесници од 44 планинарски клубови од цела Југоисточна Европа, ентузијастви и љубители на природата.

Звуци од Македонија - ТТК Банка во поддршка на културата! Охрид 02 Август

ТТК Банка во рамки на својата посветеност на поддршка на културното наследство, ја реализираше својата поддршка на Мартин Вучиќ и проектот “Звуци од Македонија” со свое учество како генерален спонзор. Проектот беше претставен во рамките на Охридско Лето 08 на концерт кој се одржи во еден од македонските храмови на култура Античкиот Театар во Охрид и тоа на еден од поголемите македоснки празници, 2 Август, Илинден. ТТК Банка се одлучи за ваква соработка бидејќи како банка со традиција и искуство на една страна и иновација и ентузијазам од друга поддржува активности кои претставуваат вистинска вредност во општеството, активности кои придонесуваат во зачувување на културното наследство и традиција како и зачувување на автентичниот индентите на творештвото во Македонија. Во наредниот период следува поддршка на вакви и слични проекти од страна на ТТК Банка.


ФИНАЛ НЛ 3 Одиме напред!

Истражување на задоволството на корисниците

Со цел да се приближи до корисниците, да одговори на потребите и да ги открие полињата каде треба да се подобри, ТТК Банка во текот на Јуни и Јули изврши истражување на задоволството на корисниците, спроведено од страна на Gfk групацијата. Резултатите од ова истражувањето ќе придонесат да се: зголеми лојалноста на потрошувачите, да се намалат трошоците, подобри пристапот кон нови клиенти како и подобрување на работните процеси во банката. Истражувањето покажа: • Речиси секој Македонец има “своја банка” за свои деловни и приватни потреби, односно 71% од населението во РМ на возраст над 15 години соработува со некоја банка. • Поголемиот број на корисници на ТТК се корисници на оваа банка помалку од една година, додека бизнис корисниците од 3 до 5 години. • 42% од вкупната база на корисници се премногу задоволни и 54% се задоволни. Само 4% од корисниците се прилично незадоволни или незадоволни. • 84% од корисниците дефинитивно би продолжиле да ги користат услугите на ТТК Банка, додека 80% би ја препорачале оваа банка на свои пријатели и роднини. Анализирајќи ги овие податоци доаѓаме до заклучок дека ТТК Банка оди на правиот пат, меѓутоа сепак притисокот од големата конкуренција на банкарскиот пазар од земјата и странство наложува банката и понатаму да инвеситра во подобрување на квалитетот на производите и услугите како и во професионалноста во работењето. Задоволниот потрошувач е наша најдобра реклама со тоа што потрошувачот ќе го сподели своето позитивно искуство од банката со своите пријатели и роднини. Исто така претставува поттик за вработените да го зачуваат задоволниот потрошувач од една страна и да донесат нови потрошувачи од друга страна. Како основни обрвски кои произлегуваат од овие податоци кои треба да се извршат се: зголемување на базата на корисници, преку зголемување на квалитетот и брзината на услугите, нудење на конкурентни производи, тимска работа, зголемување на професионалноста, љубезноста и достапноста на персоналот како и постојано следење на потребите и желбите на потрошувачите.

Одбележување на вториот роденден на ТТК Банка 29 јуни, 2008

Вработените на ТТК Банка на 29 јуни го прославија вториот роденден на Банката. Локацијата беше хотелот Белви во близина на Скопје. Имаше доста игри и забава. Па нека ни е среќен

Банкарски игри 2008 16 – 19 мај, 2008 Вработените на ТТК Банка и синдикатот допринесоа за активно и успешно учество на Банкарските игри во Охрид. Игри, забава дружба... учествувавме но за жал без видни резултати. Ова треба да ни биде потстрек наредната година да настапиме поорганизирани и поподготвени во настапите особено групните.


Нашите луѓе

ФИНАЛ НЛ 3 Да им посакаме добредојде! Нови Вработени во ТТК Банка (01.01.2008 – 01.09.2008) Александра Ристоска Сектор Операции Анета Мирческа Сектор Операции Горан Чакар Сектор за Управување со ризик Даниел Исјановски Сектор за Корпоративно Банкарство Дарко Видовски Сектор за работа со Население Елена Младеновска Јеленковиќ Оддел за Маркетинг Елена Цветаноска Сектор за Корпоративно Банкарство Емилија Јандреска Сектор за работа со Население Жарко Митревски Сектор за Средства и ликвидност Александар Кочовски Сектор за управување со ризици Кети Бикоска Сектор за работа со Население Маја Николоска Сектор Финансии Маријан Трифуновски Сектор за Управување со ризик Михаела Харалампиев Сектор Операции Наташа Апостолоска Сектор за работа со Население Олгица Јаневска Седмакова Сектор за Управување со ризик Петре Ташевски Оддел за Маркетинг Родна Турновалиева Оддел за Човечки ресурси Борче Стаменковски Сектор за Средства и Ликвидност Владимир Ѓеровски Оддел за Управување со прописи Елена Митев Сектор Финансии Магдалена Тодоровска – Палевска Сектор за Управување со ризик Марија Богоеска Оддел за Маркетинг Наташа Стојановска Сектор за Корпоративно Банкарство

Човечки Ресурси Како и изминатата година Одделот за човечки ресурси продолжи со активна и иновативна работа посветена на интересите на вработените и менаџментот во ТТК Банка. Предизвици во 2008 година се: проектот за усовршување и доусовршување на вработените, како и проектот за мотивација и наградување на вработените. Стратегијата за 2008 година на Одделот за човечки ресурси опфаќа неколку програми кои ги имплеметира со соодветни проекти и тоа:

Програма: Регрутација и планирање на човечки ресурси За успешно реализирање на програмата за регрутација секогаш се потребни подготвени и квалитетни кадри кои ке одговорат на предизвиците во банкарското работење. За таа цел од Човечки ресурси информираат за остварена соработка со Универзитети и Факултети во Република Македонија со цел ангажирање на волонтери и практканти. • Се започна со планот на ангажирање на волонтери и практиканти во работењето на ТТК Банка. Се ангажираа вкупно 15 волонтери практиканти во работата и низ експозитурите на ТТК Банка во периодот од Јуни до Септември. ��� Одделот за човечки ресурси ги претстави новите можности и начини за градење на кариера во ТТК Банка, како учесник на “Ден на Кариерата“ во организација на New York Coledge – Скопје и во организација на Универзитетот на Југоисточна Европа - Тетово. Како дел од проектот за Планирање на човечките ресурси освен во доменот на регрутација на млад и квалитетен кадар, Одделот за Човечки ресурси започна проект за оптимизација на работењето на ТТК Банка – во соработка со Тимот за промени, со што во месец Јуни се реализираше првата фаза “анализа на процесите и ефикасноста на работата на вработените во рамките на секој Сектор, Оддел и Служба.

Програма: Тренинг и едукација Во 2008 Одделот за човечки ресурси започна со имплеменатција на годишниот план за обуките на менаџментот и вработени. Програмата опфака обуки, тренинзи и семинари од надворешни организации и интерни средби во рамките на оддделни сектори и тоа: • Продажни вештини - Темата ги опфати сите вработени вклучени во продажба на финансиските производи кои ги нуди ТТК Банка • Прва помош и противпожарна заштита • Во соработка со EBRD и EUREKNA, се организираа и реализираа обуки за Секторите: Работа со Население, Управување со ризици и Корпоративно Банакарство на тема Управување со Ризиците во Кредитирањето • Во рамките на индивидуалните посети на вработените, ТТК Банка имаше претставници и размена на искуства со нивно учество на неколку Интернационални семинари и Конференции; • Се организираа обуки од областа на компјутерските вештини. • Како дел од интерните обуки се организраа средби од Секторот Население и секторот Корпоративно Програма: Наградување и мотивација Како дел од оваа програма се започна со имплементација на проектот за Промоција на вработените. Првата промоција се реализираше на крај на првото полугодие, со што се создадоа нови можности за унапредување на вработените. Како резултат на воведување на новата систематизација и градација на работните места се воспоставија нови можности за градење на кариерата; Со цел активно следење и соодветно наградување на секој вработен се воведе и новиот начин на наградување на вработените преку проектот за мерење на перформансите. Секојдневното работење се збогати со настанот организиран за вработените по повод прославата на 2 години постоење на ТТК Банка А.Д. Скопје, на кој преку дружење се реализира и делот за јакнење на капацитетите на вработените и тимската работа. Соодветна поделба меѓу работа и забава ке им даде на нашите вработени храброст и желба да се соочат со сите предизвици од секојдневието. Одделот за човечки ресурси како и изминатата година ќе се стреми кон што поуспешно спроведување на овие програми и реализирање на сите активности поврзани со работата и забавата на Нашите вработени.


ФИНАЛ НЛ 3

За интерното списание

Почитувани колеги/колешки, Добра интерна комуникација е особено важна за остварување на целите на банката но секако и за остварување на позитивна работна атмосфера која ќе ги мотивира вработените да придонесуваат за целокупниот развој на банката. Секоја организација најдобро функционира доколку бизнис целите и вредностите на компанијата се совпаѓаат со целите и вредностите на вработените. Вработените кои се запознати со целите, стратегијата и активностите во работната организација се помотивирани и поефикасни во своето работење. Едно од најчестите користени решенија за запознавање на вработените со целите и активностите е издавањето на интерно списание. Во рамките на ТТК Банка, издавањето на интерно списание ќе овозможи подобрување на интерната комуникацијата, ќе им овозможи на вработените да бидат информирани за сите активности, можност да се оддаде признание на вработените кои што допринеле во последниот период за развој на Банката. Исто така, интерното списание дава една слика до каде сме стигнати, кои активности треба да се завршат во наредниот период и исто така допринесува за подобрување на корпоративниот имиџ на Банката. Првиот број се однесува на периодот од почетокот на 2008 до 31.08.2008. Во иднина, предвидено е интерното списание да се издава квартално, односно секои 3 месеци. Во рамките на ова списание, ќе се внесуваат информации за активности кои го одбележале изминатиот период, кои се особено битни за понатамошниот развој на банката како и активности и настани интересни за читателот. Исто така е предвидено во секој број од списанието да се обрне внимание на работата на сектори, оддели и вработени, со цел вработените да имаат можност подетално да се запознаат со работата и тековните активности и да се запознаат со подобро своите колеги. Во овој број ви го претставуваме одделот Човечки ресурси и активностите на одделот кои што го одбележаа изминатиот период. Ве повикуваме на соработка, слободна комуникација, испраќајте информации, слики, прилози за Вашата работа, Вашите интереси вон работното време или доколку имате необични хобија. Се надеваме дека интерното списание ќе предизвика внимание и интерес од страна на вработените и во иднина се надеваме за успешна соработка со сите сектори.

Со почит, Оддел за Маркетинг


TTK Info 1