Page 1


ПРОГРАМА I.

ЛОКАЛЕН ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ

Локалниот економски развој значи потреба од директна работа за економско зајакнување на локалните области со цел подобрување на квалитетот на живот на граѓаните. За подобрување на конкурентноста, главниот импулс за економски раст мора да произлезе од приватниот сектор, затоа што само тој може да создаде економска благосостојба и нови работни места на долг рок. ВМРО ДПМНЕ смета дека Општина Кривогаштани поседува потенцијал за развој и затоа локалната власт на Општина Кривогаштани, во соработка со Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во наредниот период ќе биде силно фокусирана на Локален економски развој и градење партнерство со бизнисот и земјоделците за остварување на интересите на граѓаните. Нашите најважни проекти, во новиот мандат ќе бидат: •

Изградба на индустриска зона во село Славеј (КО Врбјани)

На влезот од селото Славеј во рамки на поранешниот комплекс ЗИК Кузман Јосифовски Славеј, каде веќе постојат преработувачки капацитети, на површина од десетина хектари предвидена е изградба на Индустриска зона „Славеј“. Во тек е изработка на урбанистички план вон населено место. Од 2014 година, локациите Индустриска зона „Славеј“ ќе бидат објавени на продажба. За инвестирање во капацитети во индустриската зоната општината ќе обезбеди поволни услови, со што се очекува да се изградат економски објекти кои ќе обезбедат нови работни места. Рок на реализација: 2013-2015 година •

Континуирана поддршка на малите и средните фирми со седиште во општината и поддршка за формирање на нови мали и средни бизниси и семејни бизниси

Општинската администрација континуирано ќе излегува во пресрет на потенцијалните инвеститори и ќе обезбедува информации за ресурсите со кои располага општината (земјиште и слично), како и за погодностите кои ги нуди централната и локалната власт за започнување на бизнис. Рок на реализација: континуирано •

Промоција на општинското стопанство

Јакнење на соработката со општините Прилеп, Долнени, Крушево, Могила и другите соседни општини, пред со во креирањето на стратегијата за локален економски развој на овој регион и зајакнување на економската соработка, како и негова заедничка меѓународна промоција. Рок на реализација: континуирано

ТОНИ ЗАТКОСКИ - КАНДИДАТ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОПШТИНА КРИВОГАШТАНИ


Понатамошно унапредување и промоција на производството на тутун и раноградинарски култури

Општина Кривогаштани е дел од проектот лидер Пелагонија, во чии рамки се континуирано се врши обука на земјоделците за примена на современи агротехнички методи во земјоделството со цел унапредување на земјоделското производство. Рок на реализација: континуирано •

Проект за развој на претприемнички вештини

Во партнерство со Агенцијата за вработување на Република Македонија, Општина Кривогаштани и понатаму ќе се залага за развој на претприемнички вештини на граѓаните. Во оваа насока, ќе продолжи одржувањето на семинари во соработка со бизнис клубот од Битола. Рок на реализација: 2013-2017 година •

Изградба на покривна Кривогаштани

конструкција

на

зелениот

пазар

во

Со цел подобрување на условите за стопанисување на зелениот пазар, ќе биде изградена покривна конструкција на истиот. Рок на реализација: 2013 - 2014 година

II.

ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА

Владата на ВМРО-ДПМНЕ континуирано ги зголемува инвестициите во образованието, бидејќи веруваме дека најдобриот начин за развој на една земја и најдобриот начин да се излезе од сиромаштијата е преку знаењето и моќта која ја дава образованието. Основни приоритети на ВМРО-ДПМНЕ во областа на образованието се осовременување и унапредување на квалитетот на образованието на сите степени, создавање на млади кадри кои ќе бидат конкурентни на пазарот на трудот и развивање на здрава психо-физичка личност. Наши најважни проекти, во функција на остварување на оваа цел во следниот четиригодишен период ќе бидат: •

Изградба на спортска сала во ОУ Манчу Матак

Во рамки на проектот „145 спортски сали”, а со цел поттикнување на правилен физички развој и поттикнување на спортскиот и натпреварувачкиот дух кај младите ќе изградиме една спортска сала во ОУ Манчу Матак. Рок на реализација: јули 2015 година •

Реконструкција на системот за греење во ОУ Манчу Матак

Со цел обезбедување на просторни услови за одвивање на квалитетна настава во основните и средните училишта на територијата на Република Македонија ќе продолжиме со реконструкција на училишната инфраструктура. Во општина Кривогаштани ќе извршиме реконструкција на системот за греење во ОУ Манчу

ТОНИ ЗАТКОСКИ - КАНДИДАТ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОПШТИНА КРИВОГАШТАНИ


Матак. Средствата ќе бидат обезбедени од Банката за развој при Совет на Европа и Владата на Република Македонија. Рок на реализација: јули 2014 година. •

Реновирање на подрачното училиште во село Годивле

Со проектот се предвидува изработ ка на Основен проект и реконструкција на училишната зграда во село Годивле со што ќе се обезбедат подобри услови за работа на учениците и вработените.

Средства: 1.900.000 денари Рок на реализација: 2013 – 2014 година •

Изградба на ограда на училишниот двор во село Крушеани

Со цел обезбедување на поголема безбедност на учениците и вработените ќе се огради училишниот двор во село Крушеани . Средства: 450.000 денари

Рок на реализација: 2013 – 2014 година •

Реновирање на подрачното училиште во село Славеј

Со проектот се предвидува изработка на Основен проект и реконструкција на училишната зграда во село Славеј со што ќе се обезбедат подобри услови за спроведување на образовниот процес.

Средства: 1.800.000 денари Рок на реализација: 2014 – 2015 година •

Реконструкција на старата училишна зграда во Кривогаштани

Со проектот се предвидува изработка на Основен проект и реконструкција на старата училишна зграда во Кривогаштани со што ќе се обезбеди простор за едносменско работење на ЦОУ “Манчу Матак” во Кривогаштани. Средства: 1.350.000 денари Рок на реализација: 2014 – 2015 година •

Бесплатен интернет во сите основни училишта

Рок на реализација: континуирано. •

Проект “Општината ги наградува најдобрите”

Со цел да ги поттикнеме најдобрите ученици, средношколци и спортисти, како општинската администрација предводена од ВМРО-ДПМНЕ, во соработка со приватниот сектор и донатори, ќе обезбедуваме средства за наградување на најдобрите ученици, средношколци и спортисти. Рок на реализација: континуирано

Проект за опремување на училиштата и училишните кабинети

ТОНИ ЗАТКОСКИ - КАНДИДАТ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОПШТИНА КРИВОГАШТАНИ


Во насока на обезбедување на квалитетна практична настава ќе ги доопремиме училиштата со потребните наставни материјали и алатки (со поддршка на Владата на Република Македонија). Рок на реализација: континуирано •

Проект: превенција од девијантно однесување

Целта на проектот е децата во училиштата освен класичното образование да добијат и неформално образование кое дава посебен осврт на неколкуте големи проблеми на денешницата - насилството и пороците. Часовите кои ќе бидат посветени на превенција од девијантно однесување ќе се одржуваат еднаш во текот на месецот од страна на педагошките, психолошките служби во училиштата и наставниците и на истите ќе бидат организирани како дебата со учениците на која тие ќе можат да ги споделат своите размислувања за темата за која ќе се говори. Рок на реализација: 2014 година. •

Проект: „Клупата во која седам - сведок засекогаш“

Целта на проектот е зачувување на школскиот инвентар преку едукација на децата. Рок на реализација: континуирано

III.

СПОРТ И МЛАДИ

Спортот и физичката култура како цивилизациски придобивки претставуваат моќно средство за човечкиот развој. ВМРО-ДПМНЕ е силно фокусирана на развој на услови за спортување на целата територија на државата и досега се реализирани бројни проекти за изградба на спортски сали, фудбалски и тениски игралишта. Спортот претставува ресурс за развој и инвестирањето во него неодминливо повратно влијае врз вкупниот развој. Затоа и во новиот мандат во Општина Кривогаштани, во соработка со Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и Агенцијата за спорт и млади ќе ги реализираме средните проекти: • Изградба на едно повеќенаменско спортско игралиште Најдобар начин да се создадат услови за развој на масовниот спорт и спортот за сите е преку изградбата на повеќенаменските спортски игралишта, кои ќе бидат ставени на располагање на сите граѓани за спортување, рекреирање и за натпреварување. Игралиштата ќе можат да се користат деноноќно и ќе бидат место за собирање и дружење на младите генерации, како и основа за создавање на здрава младина и одлична превентива од пороците на модерното живеење. Игралиштето ќе биде изградено во близина на ОУ „Манчу Матак“. (во соработка со Владата на Република Македонија и Агенцијата за млади и спорт) Рок на реализација: 2013- 2015 година Средства: 6.000.000 денари

ТОНИ ЗАТКОСКИ - КАНДИДАТ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОПШТИНА КРИВОГАШТАНИ


Афирмирање на спортот и спортската култура и поддршка за возобновување на ракомет, кошарка, одбојка, карате и други спортови

Во насока на афирмирање на спортот и спортската култура активно ќе ги поддржуваме локалните спортски клубови и ќе о рганизираме спортски активности и манифестации. Општината активно ќе ги поддржува фудбалските клубови Младост и Партизан Обршани кои се натпреваруваат во третата лига, како и другите помали клубови од општината.

Рок на реализација: континуирано •

Проект: Училишни лиги

Во општина Кривогаштани ќе се воведе постојана практика на организирање на училишни лиги во различни спортови (фудбал, кошарка, ракомет и сл.), со цел најнапред да се одиграат натпревари помеѓу различните одделенски екипи во едно училиште, по што најдобрите екипи ќе се квалификуваат за меѓуучилишни натпревари. Со воведувањето на училишните лиги ќе се поттикне натпреварувачкиот дух кај најголем дел на учениците и на ваков начин ќе се селектираат најдобрите спортисти во училиштата. Рок на реализација: 2013-2017 година Исто така, за правилен развој на младите ќе продолжиме со реализација на следните активности: •

Поддршка на културните друштва Илинден од Кривогаштани и Пелагонка од Обршани

Во овие културни друштва учествуваат голем број млади луѓе од општината, кои го негуваат македонскиот фолклор и традиционални песни и ора. Рок на реализација: континуирано • Трибини за неформално образование и подигнување на свеста кај младите за претприемништво Општина Кривогаштани преку организирање на јавни трибини и други настани ќе ги промовира важноста и потенцијалните придобивки од неформалното образование, со кое се подобруваат вештините, познавањата и способностите на младите луѓе и се зголемуваат можностите за нивна вработливост. На трибините ќе се истакнат и можностите за младите кои се создаваат преку развивање на претприемничката иницијативата, а ќе се презентираат и позитивни примери на успешни претприемачи и ќе се дискутира за поволностите кои ги нуди државата за започнување на сопствен бизнис. Овие трибини ќе се организираат во соработка со Центарот за едукација од Прилеп и Народниот универзитет од Прилеп, каде и досега се организираат обуки за разни занимања и занаети. Рок на реализација: континуирано • Хуманитарна акција за помош на младите од социјално загрозени семејства

ТОНИ ЗАТКОСКИ - КАНДИДАТ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОПШТИНА КРИВОГАШТАНИ


Известување на веб страната на Општината за потребата од донирање на парична помош, облека, спортска опрема, спортски реквизити со назив ДОНИРАЈ!!! Рок на реализација: 2013 – 2017 година • Кампања на локално ниво за борба против зависностите на 21 векдрога, алкохол, цигари Преку системот на образование, но и преку одржување на трибини во населените места во општината ќе се влијае врз младите со цел избегнување на штетните последици од консумирање на наркотични средства и алкохол. Рок на реализација: континуирано • Поддршка на доброволна крводарителска акција во која учество ќе земаат и спортистите Во соработка со Заводот за трансфузиологија од Прилеп ќе продолжиме со организирање на доброволни крводарителски акции во Кривогаштани. Во овие акции учество ќе земат и спортистите, со цел давање на позитивен пример кај младите за подигнување на хуманитарната свест. Рок на реализација: континуирано

IV.

ИНФОРМАТИЧКИ РАЗВОЈ

Со оглед на се поголемото значење на информатичката технологија, како општинската власт од Општина Кривогаштани ќе спроведеме низа активности за едуцирање на граѓаните за користење на компјутерите и интернетот, како и за зголемување на користењето на интернет во општината. •

Отворање на два интернет клубови

Интернет клубовите ќе бидат сместени во рамки на двете централни основни училишта Манчу Матак и Јонче Смогрески. Проектот се реализира во соработка со Владата на Република Македонија.

Рок на реализација: 2013 – 2014 година •

Изработка на веб страна на Општина Кривогаштани и редовно ажурирање на содржините со што ќе се овозможи граѓаните да бидат постојано информирани за активностите во општината.

Рок на реализација: 2013 година и континуирано •

Надградба на постојниот и воведување нов софтвер во рамките на општинската самоуправа, со цел подобрување на е-услугите кои им се нудат на граѓаните.

Рок на реализација: континуирано

V.

УРБАНИЗАМ И ЖИВОТНА СРЕДИНА

Основа на развојот на секоја општина се соодветните урбанистички планови усогласени со потребите на граѓаните и деловните субјекти. Согласно

ТОНИ ЗАТКОСКИ - КАНДИДАТ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОПШТИНА КРИВОГАШТАНИ


потребите општина Кривогаштани ќе работи на измена, дополнување и донесување на нови урбанистички планови, со што ќе се овозможи брзо и лесно да се дојде до дозволи за градење, што ќе придонесе за забрзан економски развој на општината. •

Изработка на планска документација за изградба на индустриска зона во село Славеј (КО Врбјани) и нејзино уредување

Рок на реализација: 2014 – 2015 година •

Изработка на Урбанистички план за населено место Кривогаштани – со површина од 12 хектари.

Рок на реализација: 2013 – 2015 година •

Изработка на Урбанистички план за нас елено место Воѓани - со површина 5 хектари

Рок на реализација: 2013 – 2014 година •

Изработка на Урбанистички план за населено место Подвис – со површина 20 хектари

Рок на реализација: 2014 – 2015 година •

Изработка на Урбанистички план за населено место Врбјани - со површина 2 хектари.

Рок на реализација: 2015 – 2016 година Општината мора да ги почитува принципите на заштитата на животната средина. На проблемот со отпадот општина Кривогаштани ќе му посвети посебно внимание преку имплементирање на проекти за спречување на загадувањето, а преку набавка на потребната опрема ќе го зајакнеме јавното комунално претпријатие, со што услугите за граѓаните ќе ги подигнеме на највисоко ниво. На тој начин ќе придонесеме за подигање на еколошката свест кај граѓаните и подобрување на квалитетот на животната средина. •

Набавка на нова механизација за справување со отпад

Преку подобрување на функционирањето на јавното комунално претпријатие и набавка на нова механизација ќе го подобриме организираното изнесување на смет од населените места Крушеани, Обршани, Бела Црква, Воѓани, Пашино Рувци, Боротино и другите населени места.

Рок на реализација: 2013 – 2014 •

Програма за енергетска ефикасност во општината

Општина Кривогаштани секоја година ќе продолжи со донесувањето и спроведувањето на Програма за подобрување на енергетската ефикасност и ќе презема мерки за заштеда на енергија. Рок на реализација: континуирано •

Трибини за енергетска ефикасност и за намалување на емисијата на штетни гасови

Општина Кривогаштани ќе се грижи за едуцирање на граѓаните како да живеат по еколошки, да не трошат многу електрична енергија и фосилни горива а со ТОНИ ЗАТКОСКИ - КАНДИДАТ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОПШТИНА КРИВОГАШТАНИ


тоа и да заштедат пари но и да ја заштитат природата. Советите ќе се однесуваат на различните методи преку кои се троши помалку електрична енергија, еден од кои е користење на нови светилки, инсталирање на сончеви колектори во поголем број на домаќинства и др. Рок на реализација: 2013-2017 година •

Проект: „Нула толеранција за дивите депонии“

Со проектот ќе се спроведат акции за чистење на дивите депонии, а потоа сметот ќе се транспортира до регионалната депонија. Граѓаните ќе се вклучат во акцијата со доброволна работа, а покрај нив ќе се вклучат и фирми кои се занимаваат со собирање на смет. Потоа врз основа на дневна контрола, непочитувањето на прописите и создавањето на диви депонии ќе се санкционира. Рок на реализација: континуирано

VI.

КОМУНАЛНИ РАБОТИ

Снабдувањето на населението на Општина Кривогаштани со чиста и квалитетна вода преку водоводна мрежа на територијата на Општината и едновремено намалување на загубите на вода во водоснабдителниот систем ќе биде наш врвен приоритет во новиот мандат. Исто така, еден од нашите најважни приоритети ќе биде доизградба на канализационите системи во општината, како важен предуслов за поздрава и почиста животна средина на граѓаните. Водоснабдување: •

Изградба на екплоатационен бунар во бунарско поле село Славеј

Со проектот се предвидува изработка на техничка документација за изградба на нов екплоатационен бунар во близина на бунарот 2 во село Славеј. Со изградбата на бунарот ќе се обезбедат дополнителни количини на вода и ќе се овозможи приклучување на други населени места во регионалниот водоснабдителен систем Кривогаштани.

Средства: 1.000.000 денари Рок на реализација: 2013 – 2014 година •

Изградба на доводен цевковод од приклучна шахта на регионалниот водовод Студенчица кај село Жито ше до резервоар во Кривогаштани

Со проектот се предвидува да се изработи техничка документација за изградба на доводен цевковод од регионалниот водовод Студенчица на приклучната шахта кај село Житоше до резервоарот во Кривогаштани. Со изработената документација ќе може да се искористат средствата од кредитот од Европска Инвестициона Банка за изградба на водоводни системи. Извор на финансирање: ЕИБ 600.000 денари (за техничка документација), 3.000.000 денари за изградба

Рок на реализација: 2014 – 2016 година •

Изградба на дистрибутивна водоводна мрежа во населено место Воѓани ТОНИ ЗАТКОСКИ - КАНДИДАТ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОПШТИНА КРИВОГАШТАНИ


Со проектот се предвидува изградба на дистрибутивна водоводна мрежа во населено место Воѓани и приклучување на истата на постојната главна водоводна линија. Средства: 1.000.000 денари Рок на реализација: 2013 – 2014 година •

Изградба на доводен цевковод од Кривогаштани до главен цевковод од „Студенчица“ за резервоар во село Годивле

Со проектот се предвидува изградба на доводен цевковод за вода од Кривогаштани до главниот цевковод кој носи вода од Регионалниот водоснабдителен систем Студенчица за село Годивле. При недостаток на вода од Студенчица ќе се врши дистрибуција на вода од општинскиот водоснабдителен систем Кривогаштани до резервоарот во село Годивле кој ги снабдува со вода населените места Годивле и Кореница. Средства: 2.150.000 денари (ЕЛС буџет)

Рок на реализација: 2013 – 2015 година •

Изградба на ревизиони шахти на дистрибутивна та мрежа во село Пашино Рувци

Со проектот се предвидува да се изградат ревизиони шахти на чворните места на дистрибутивната мрежа во село Пашино Рувци. Средства: 300.000 денари Рок на реализација: 2014 – 2016 година Канализациони системи: •

Доизградба на фекална канализациона мрежа во Кривогаштани

Со проектот се предвидува да се доизгради канализационата мрежа во Кривогаштани, која е започната во 2000 година. Доградбата на фекалната канализациона мрежа го опфаќа северниот дел од Кривогаштани. Должината на трасата изнесува 1.312 метри, а должината на спојот на куќната со уличната канализација изнесува 700 метри. Со проектот ќе се комплетира канализацијата во Кривогаштани, ќе се реши проблемот со отпадните води и ќе се заштити животната средина. Рок на реализација: крај на 2013 година Средства: 91.851 евра од ЕИБ •

Изградба на канализациона мрежа во село Крушеани

Проектот предвидува изградба на канализационата мрежа во село Крушеани што ќе придонесе за поздрава и почиста животна средина на граѓаните во селото. Проектот ќе се реализира во три фази. Средства: 5.500.000 денари Рок на реализација: 2013 – 2015 година •

Изградба на канализациона мрежа во село Славеј

Проектот предвидува изградба на канализационата мрежа во село Славеј што ќе придонесе за поздрава и почиста животна средина на граѓаните во селото.

ТОНИ ЗАТКОСКИ - КАНДИДАТ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОПШТИНА КРИВОГАШТАНИ


Средства: 6.300.000 денари Рок на реализација: 2013 – 2015 година •

Изградба на канализациона мрежа во село Обршани, Бела Црква и Воѓани

Со изградбата на оваа канализациона мрежа ќе се обезбеди третман на отпадните води во овие населени места, а со тоа и поздрава и почиста животна средина. Рок на реализација: 2014 – 2017 година •

Регулација на речно корито во Кривогаштани

Проектот предвидува регулација и уредување Кривогаштани во должина од 300 метри.

на

речното

корито во

Средства: 60.000 денари (техничка документација), 3.800.000 денари Рок на реализација: 2014 – 2017 година

VII.

ЗЕМЈОДЕЛСТВО

Земјоделството е основно занимање на најголемиот дел од граѓаните на Општина Кривогаштани. Затоа, како општина ќе овозможиме максимална поддршка на нашите земјоделци со цел да помогнеме во практичното реализирање и промовирање на мерките за финансиска поддршка и субвенционирање на земјоделското стопанство во насока на структурно прилагодување од традиционално кон модерно конкурентно земјоделство. Особено во земјоделството е посигурно кога знаеш дека некој искрено го цени твојот тежок труд и секогаш е тука подготвен да помогне. Затоа преку отворен дијалог со земјоделците во соработка со Владата на Република Македонија во новиот мандат ќе се залагаме за: •

Отворање

на канцеларија на подрачната единица Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство

од

Прилеп

на

Во насока на поддршка на граѓаните кои се занимаваат со земјоделство и сточарство, во општина Кривогаштани ќе се залагаме да се отвори канцеларија на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. •

Изградба на сточен пазар

Со реализацијата на овој проект општина Кривогаштани ќе добие модерен сточен пазар, каде граѓаните од општината и пошироко ќе можат да набавуваат крупен и ситен добиток. Рок на реализација: 2014 – 2015 година •

Продолжување со трибините за добри земјоделски практики

Општина Кривогаштани ќе продолжи со организирањето на трибини на кои ќе поканиме и како пример ќе ги истакнеме успешните земјоделци кои низ дискусија со присутните земјоделци ќе го презентираат сопственото искуство во конкретна земјоделска област. На трибините ќе се врши и непосредно советувања за употреба на добри земјоделски и хигиенски практики за ТОНИ ЗАТКОСКИ - КАНДИДАТ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОПШТИНА КРИВОГАШТАНИ


сточарите за подобрување на квалитетот на млекото, производството на месо и подобрување на приносот во полјоделските култури и овоштарството. Рок на реализација: континуирано •

Проект: „Полски пат“

Со изградба на повеќе полски патчиња на територијата на општината значително ќе се олесни пристапот на земјоделците до обработливите површини. Рок на реализација: 2013-2017 година •

Промоција на потребата за органско производство

Органското производство, шумските плодови, чаеви и другите самоникнати растенија со кои изобилува околината, а истите се се повеќе барани на пазарот. Оттаму, Општина Кривогаштани во соработка со претставници на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе го промовира и популаризира развојот на органското производство и собирањето и третманот на самоникнатите растенија. Рок на реализација: 2013-2017 година •

Поддршка за искористување на ИПАРД средствата

Со цел зголемувањето на искористувањето на средствата од програмите за финансиска поддршка и ИПАРД, како и олеснување на пристапот на земјоделците од Општина Кривогаштани до средства со кои ќе можат да го прошират сопственото производство Општината ќе организира советувања за земјоделците со претставници од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството и други експерти. Рок на реализација: 2013-2017 година

VIII.

КУЛТУРА

Културата е трајна и се надградува. Затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да го развива актуелното творештво и да го заштитува културното наследство, а во тој контекст нашата општина Кривогаштани се обврзува да ги негува и чува локалните традиции, фолклор и духовност. Во таа насока ќе ги реализираме следните •

Уредување на Домот на културата и кино салата во Кривогаштани

Со оглед на тоа што домот на културата е институција која во целост ќе ги организира сите културни настани во општина Кривогаштани, ќе го уредиме ентериерот на овој објект со што ќе се обезбедат услови за негово непречено функционирање. Проектот опфаќа и доградување на влезниот дел од кино салата и внатрешно опремување истата, со што би се подобриле условите за одвивањето на културниот живот на граѓаните.

Средства: 1.000.000 денари Рок на реализација: 2013 – 2014 година

ТОНИ ЗАТКОСКИ - КАНДИДАТ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОПШТИНА КРИВОГАШТАНИ


Поддршка на манифестацијата „Избор на најубава народна носија“

Оваа манифестација се одржува речиси 40 години каде учествуваат претставници од сите општини во Македонија. Рок на реализација: континуирано •

Поддршка на културните друштва Илинден од Кривогаштани и Пелагонка од Обршани

Организирање

на

активности

и

манифестации

во

насока

на

промовирање и зачувување на културното наследство

IX.

МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА

Нашата Општина ќе биде насочена кон соработка и збратимување со општини во и надвор од нашата земја и комуникација со иселениците кои живеат и работат во европските и прекуокеанските земји. Ќе ја продолжиме и негуваме 80 годишната соработка со населеното место Мраморак од општина Ковин, Србија. Ќе продолжиме со поддршка на проектот за унапредување на земјоделството, кој се спроведува во рамки на прекуграничната соработка помеѓу Општина Кривогаштани, Техничкиот факултет од Битола, градот Лерин и факултетот Аристотел од Солун.

X.

БЕЗБЕДНОСТ И ПРОТИВПОЖАРНА ЗАШТИТА

Противпожарната заштита ќе биде на листата на приоритети за создавање на ефикасен систем на превенција и заштита од пожари во општината. Во општина Кривогаштани од неодамна функционира професионална противпожарна единица, а со оглед на важноста на противпожарната заштита, како општинска администрација ќе ги преземеме сите мерки и активности за функционирањето на противпожарната заштита да го издигнеме на повисоко ниво. Во следниот период континуирано ќе спроведуваме активности за јакнење на капацитетот на општина Кривогаштани за справување со пожари. •

Проверки на екипираноста, формациската поставеност, степенот на обученост и спремноста на професионалната противпожарна единица.

Организирање на обуки за справување со пожари на професионалната противпожарна единица, обуки во земјоделските и шумските средини за справување со пожари и обуки во образовните институции.

Размена на искуства и меѓународна соработка во областа на противпожарната заштита, со посебен акцент на опасностите од пожарите кон работната и животната околина. ТОНИ ЗАТКОСКИ - КАНДИДАТ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОПШТИНА КРИВОГАШТАНИ


XI.

СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА

Социјална заштита и социјална превенција е основен императив на политиката на ВМРО ДПМНЕ и ние како општинска власт се грижиме за подобрување на положбата на ранливите групи во нашата општина. Грижата за децата останува да биде во фокусот на нашите заложби. Секое дете треба да се вклучи во процесот на социјализација преку згрижување во предучилишните установи. Ќе се залагаме за подобрување на условите за престој во градинките со цел да им обезбедиме сигурно и безбедно детство на најмладите. Како општина ќе се грижиме и за обезбедување на достоинствен живот на старите лица, лицата со инвалидност, децата без родители и родителска грижа и децата во ризик. Во таа насока ќе продолжиме да се грижиме за: •

Социјализација на најмладите и нивно згрижување во предучилишните установи. ВМРО-ДПМНЕ ќе се залага подобрување на условите за престој за на најмладите во постојните детски градинки и за ширење на мрежата на нови.

Обезбедување на достоинствен живот на старите лица преку развој на сервисни служби за нив и развој на мрежата на домови за стари лица и поддршка на клубот на пензионери

Ширење на мрежата на институционални и вонинституционални облици за социјална заштита на лицата со инвалидност, децата без родители и родителска грижа, како и децата во социјален ризик.

Во соработка со Центарот за Социјални грижи од Прилеп ќе овозможиме еден ден во неделата во општината да доаѓа лице од центарот, со цел излегување во пресрет на потребите на граѓаните

XII.

ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА

ВМРО–ДПМНЕ во континуитет спроведува реформи за подобрување и унапредување на квалитетот на здравствената заштита на граѓаните на Република Македонија. Во соработка со Владата на Република Македонија, ќе продолжиме континуирано да го унапредуваме системот на здравствена заштита, со што ќе се овозможи корисниците на здравствените услуги да бидат задоволни, а нивните проблеми брзо и ефикасно решени. Здравствената заштита во општина Кривогаштани функционира добро, имајќи го во вид пред се бројот на приватни здравствени установи по жител. Во новиот мандат ќе ги реализираме следните проекти: •

Кампања во Општина Кривогаштани за рано спречување на рак на матка и дојка

Во соработка со стручни лица ќе се организираат трибини на кои пред засегнати групи ќе се презентира потребата од превенција и рано откривање на рак на матка и дојка. Исто така на овие трибини ќе се презентира можноста за

ТОНИ ЗАТКОСКИ - КАНДИДАТ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОПШТИНА КРИВОГАШТАНИ


бесплатна ХПВ вакцина за спречување на ракот на матката кај женската популација и скрининг на матка и дебело црево. Рок на реализација: континуирано •

Бесплатни здравствени превентивни прегледи

Општина Кривогаштани, во соработка со Министерството за здравство ќе организира пунктови за проверка на холестерол, гликемија во крв и ќе се грижи за навремено информирање на населението од нашата општина за можноста за бесплатни прегледи. На пунктовите ќе се делат брошури и материјали за промоција на здрав начин на исхрана и стил на живеење. Прегледите ќе ги вршат медицински екипи, а целта на оваа акција е поттикнување на свеста кај населението за потребата од навремени превентивни прегледи и редовна контрола на своето здравје. Рок на реализација: континуирано •

Систем за закажување на прегледи за преглед

Општина Кривогаштани, во соработка со матичните лекари активно ќе се вклучи во промоција на проектот „Мој термин‘‘ со кој во голема мера ќе се придонесе кон намалување на времето на чекање на пациентите за одредени здравствени услуги и дијагностички процедури, пред се при посета на здравствените установи во Прилеп или Скопје. Рок на реализација: континуирано

XIII.

ТРАНСПОРТ ИНФРАСТРУКТУРА

И

ПАТНА

Важен предуслов за економскиот развој е транспортната инфраструктура, која влијае врз деловните можности, но и врз вкупната привлечност на Општината за работа и инвестирање. Ефикасната и сигурна патна инфраструктура ја олеснува и поттикнува мобилноста на луѓето и стоките, ја надминува ограниченоста на локалните пазари и создава претпоставки за рамномерен регионален развој. Оттука, вложувањата во инфраструктурата се од витално значење за намалување на невработеноста и сиромаштијата, за зголемување на конкурентноста на економијата, постигнување забрзан економски раст и порамномерен регионален развој. •

Поправка и санација на магистралниот пат Кривогаштани – Бучин (општина Крушево) – Вашареица (Општина Могила)

Овој пат е од особено значење за општината бидејќи ја поврзува со соседните општини, пред се Битола каде голем дел од населението секојдневно патува заради извршување на работни обврски. •

Реконструкција на локален пат Пашино Рувци – манастир Св. Ѓорѓија во должина од 1260 метри. Проектот се реализира во соработка со Владата на Република Македонија.

Средства: 6,1 милиони денари.

ТОНИ ЗАТКОСКИ - КАНДИДАТ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОПШТИНА КРИВОГАШТАНИ


Рок на реализација: втора половина на 2013 година. •

Изградба и асфалтирање на улици во населените Кривогаштани, Воѓани, Врбјани, Обршани и Славеј.

места:

Со проектот се предвидува изградба и асфалтирање на улици во населените места Кривогаштани, Воѓани, Врбјани, Обршани и Славеј . Рок на реализација: 2013 - 2016 година •

Изградба на улица во населените места: Пашино Рувци, Воѓани, Боротино и Кривогаштани

Со проектот се предвидува изградба на улица во населените места: Пашино Рувци, Воѓани, Боротино и Кривогаштани во вкупна должина од 1500 метри . Рок на реализација: 2014 - 2015 година

Средства: 250.000 денари (техничка документација) •

Изградба на локален пат Подвис-Вранче

Проектот опфаќа тампонирање и асфалтирање на локалниот пат во должина од 1.5 километри.

Рок на реализација: 2014 – 2015 година Средства: 4.145.000 денари •

Изградба на улици во населените места: Кривогаштани, Воѓан и, Кореница, Славеј и Боротино

Со проектот се предвидува да се асфалтираат улиците Никола Карев во Кривогаштани во должина од 450 метри, улица во Кореница во должина од 100 метри, улица во Воѓани во должина од 200 метри, улица во Славеј во должина од 200 метри и како и Боротино (втора фаза Л=250 метри).

Рок на реализација: 2015 - 2016 година Средства: 6.500.000 денари •

Уредување на улица Маршал Тито во централното подрачје во Кривогаштани

Проектот ќе се спроведува во три фази преку кои ќе се уреди централното подрачје во Кривогаштани во должина од 900 метри . Рок на реализација: 2014 – 2016 година

Средства: 3.100.000 денари •

Уредување на улица Маршал Тито во централното подрачје во Крушеани

Со проектот се предвидува да се уреди централното подрачје во Кр ушеани во должина од 400 метри.

Рок на реализација: 2014 – 2015 година Средства: 300.000 денари •

Изградба на јавен паркинг простор до сточниот пазар

Рок на реализација: 2013 – 2014 година Средства: 4.350.000.000 денари

ТОНИ ЗАТКОСКИ - КАНДИДАТ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОПШТИНА КРИВОГАШТАНИ


Изградба на јавен паркинг простор до фудбалско игралиште во Кривогаштани и Обршани

Рок на реализација: 2015 година Средства: 4.000.000.000 денари

ТОНИ ЗАТКОСКИ - КАНДИДАТ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОПШТИНА КРИВОГАШТАНИ

Тони Заткоски - Програма 2013-2017  

Тони Заткоски - Програма 2013-2017

Read more
Read more
Similar to
Popular now
Just for you