Page 1

Fotografija i grafi~ki dizajn

Модна и рекламна фотографија

Модната фотографија е оној дел од фотографијата кој што се концентрира на правење фотографии од облека или модни додатоци ( на модели или самостојно) за да бидат објавувани во модни списанија, реклами или за циркулирање на идеите помеѓу модните дизајнери. Модата е постојано рекламирање. Таа го рекламира вашиот личен имиџ и идентитет. Познатите личности се движечки реклами за јавноста и за нивните обожаватели. Претходниците на модната фотографија датираат назад во 18-от век,кога сликите на модерни алишта биле публикувани и често рачно обојувани. Париз во тоа време бил центар за продукција на тие списанија кои што се извезувале и во Англија. Техниката на фотографија била развиена во 1830-тите години но не долго потоа почнал да егзистира и “занаетот” на модна фотографија. Најраната популарна фотографска техника , дагеротипијата ,не можела да се користи за масовно печатење. Подоцнежните техники ја овозможиле продукцијата на таканарежените ”carte de visite”, односно некој вид карти;ки или разгледници , кои што биле изработувани за поединци и кој што исто така опишувале славни личности од театарската и музичката сфера на тој период.

28

Барон Adolphe de Meyer, се смета за првиот моден фотограф. Во 1913 год, Меjер ги направил првите модни фотографии за магазинот Вог. Модерните модни фотографии може да бидат со нагласено комерцијално или естетско чувство. Најчесто модните фотографи практикуват да снимаат на егзотични локации со драматично осветлување. Помеѓу најпознатите модни фотографи се : Philipe Halsman , Helmut Newton i Herb Ritz. Списанијата Spisanijata Vogue ,Bizarre и Life magazine, се познати извори на модна фотографија. Модната фотографија има тенденција да биде заштитен знак на идеалите на убавината во одреден период ,како и да биде индикатор за политичиката и социјалната клима. На пример за времетраењето на војната во Ирак, модните трендови (консеквентно на тоа и модната фотографија) покажува значаен пораст на воените ,маскирни принтови во облеката. Модната фотографија е променлива како модата. Во неа постојат трендови, уредниците брзо се заситуваат од некој тип на фотографија и тргнуваат во потрага по нов, свеж поглед кој барем за некој период ке им обезбеди предност, интересни насловни страни и што поинтересни модни прилози. Целта е да се зголеми интересот на публиката и да се продадат во


Fotografija i grafi~ki dizajn

што поголем тираж, а тука квалитетната и интересна фотографија е најважна. Освен модната фотографија,

која служи како илустрација во списанието и може да се рече дека е и главна содржина, постои и модна фотографија од рекламен вид, во кој фотографијата е темел на рекламните кампањи. Тоа се воедно и двата основни типа на модна фотографија, а двата типа имаат иста цел , продавање на одреден производ. За да се постигне тоа фотографите мора да делуваат како дел од тимот кој вклучува луѓе од различни професии. Ако е фотографијата дел од едиторијал, односно ако заврши на страниците на некој моден магазин, кој е дел од уредничката концепција, фотографот најчесто добива упатства од уредникот или модниот уредник , а ако е дел од рекламна кампања,од различни луѓе од маркетиншките агенции или директно од претставникот на производителот. Во зависност од концептот на неговата работа, фотографот можеби ќе мора тие упатства да им ги пренесе на другите членови на креативниот тим, а може и да ги добие како член на тој тим. Во тимот најчесто се наоѓаат стилисти , шминкери, фризери и модели. Модната фотографија е делување на сите овие личности, а фотографот е оној кој мора се што поединците замислиле да го сложи во складна и хармонилна целина од која се олекува да ги изненади и воодушеви уредниците , уметничките директори, модните дизајнери, производителите и читателите

29


Fotografija i grafi~ki dizajn

на списанијата. Од модниот фотограф се очекува да биде и повеќе од фотограф, тој мора да биде не само уметник туку и водач на тимот кој мора складно да ги спроведе во дело идеите створени во нечија глава. Многу често креативните желби на фотографите се во несогласување со намерите на уредникот. Ова го илустрира изјавата на Ана Винтур , моден уредник во Вог, која вели : “ Нашите потреби се едноставни. Ние сакаме фотографот да земе еден фустан, да ја направи девојката да изгледа убаво, да ни даде многу слики од кои што ќе одбираме и да не покажува лични ставови и дрскост. Фотографите, барем оние што вредат , секкогаш сакаат да создаваат уметност.” Тоа значи дека во овој случај, визијата на фотографот како ” откачен уметник “ не одговара на условите на работа. Исто така , тука многу се почитува поговорката “Времето е пари” , бидејќи фотографот не троши само свое време туку и времето на целата екипа а преку добра организација на работата и мотивирање на соработниците тоа време драстично се скратува. Тука не се работи само за хонорарот на соработниците, ако се работи за проект кој изискува многу , мора да се изнајми студио и опрема кои не се ефтини и се изнајмуваат на саат. Доколку пак се патува на некоја локација во прасање се други трошоци , сместување, дневници, изнајмена опрема и секако додатен транспорт доколку фотографот не ја одработи својата работа во одредениот рок. Од друга страна и модните магазини имаат рокови кои треба да се почитуваат,

30

а модните дизнајнери или производители не сакаат нивната најнова колекциија со денови да се влече по снимањата наместо да биде изложена на погледите на идните купувачи. Истото важи и за каталошката фотографија. Освен фотографскиот талент потребно е да се има и други таленти или знаења и вештини како што се организација и припрема за снимање, чувство за тимска работа, организација и водење на екипата. Битно е тимот да е ускладен, да осигура квалитет и брзина на работата, како би се почитувале зададените рокови и би се задоволиле потребите на нарачателот. Како резултат на дигиталната манипулација со фото техники, визуелниот речник на располагање на фотографот или креативниот директор енормно ги помести границите на фотографијата од ограничена со реалноста што може да се постигне на-сет или со алатка во некој компјутерски програм за едитирање на фотографии. Објекти на екстремни пропорции, конструирани само во фантазијата, перфектни луѓе и пејзажи, невозможно да се постигне без употреба на компјутер. Нешто што би можело да биде замислено може да се создаде на компјутерот и како такво се применуваа за илустрација на еден концепт. Во исто време, како дигиталната манипулација беше отворање на нови можности за фотографија, доаѓањето на интернет беше вртење на главата на конвенционалните модели за тоа како луѓето ги консумираат медиумите и создавање на цел еден нов свет на можности за рекламирање.


Modna i reklamna fotografija  

Modna i reklamna fotografija

Read more
Read more
Similar to
Popular now
Just for you