Issuu on Google+

РЕВОЛУЦИЈА

МАГАЗИН - Број 51

12 НОЕМВРИ 2011 ГОДИНА

страна 1


РЕВОЛУЦИЈА

МАГАЗИН - Број 51

12 НОЕМВРИ 2011 ГОДИНА

страна 2

Автор: Влатко Неделковски

„Револуција“, магазин за политика, економија и култура ISSN 1857- 7458 Адреса: Востаничка 67б-7 1000, Скопје Република Македонија revolucijamagazin@mkrevolucija.com http://mkrevolucija.com/ 00 389 76 52 93 89 00 389 75 63 44 94

Издавач: МУЛТИМЕДИЈАЛНА МЕДИУМСКА ПЛАТФОРМА Непрофитна организација за демократија и креирање јавно мислење Жиро сметка: 2704953485006 Даночен број: 4058011508300 Депонент на Тутунска банка АД, Скопје

Адреса: Востаничка 67б-7 1000, Скопје 00 389 76 52 93 89 00 389 75 63 44 94

Содржина


РЕВОЛУЦИЈА

МАГАЗИН - Број 51

12 НОЕМВРИ 2011 ГОДИНА

страна 3

Неделна панорам.........................................................................04 Еврото се ослободи од Берлускони и Папандреу............................08 Еврозоната не е Европа................. .............................................12 Интервју со Волфганг Шојбле…....................................................16 Државите се повиновни од банките..............................................19 Хаос, драма и катарса ………......................................................... 21 Бушавата грчка археологија…………………………................................ 25 Манифест на „Претенциозумот“……………………………………………..............29 МАЈКИ (2010) ………… ..…...............................................................32 Импресум Oсновач и главен и одговорен уредник М-р Митко Јованов, e-mail: mitko.jovanov@mkrevolucija.com Заменик на главниот и одговорен уредник и администратор Славица Ѓоргиева, e-mail: slavica.gjorgieva@mkrevolucija.com Помошник на главниот и одговорен уредник и администратор Елена Павловска, e-mail: revolucijamagazin@mkrevolucija.com Уредник на содржини за Европската унија и евроатланските интеграции: Ениса Бајрами e-mail: enisa.bajrami@mkrevolucija.com Уредник на Артвизор и Релаксација: Силвана Јовановска. e-mail: silvana.jovanovska@mkrevolucija.com Уредник за филмска уметност, стрип и уметнички анимации: Владимир Неделковски, e-mail:vladimir.nedelkovski@mkrevolucija.com Соработници-аналитичари: Светлана Пеншовски, Атанас Величков, Сенада Ибраимова, Сања Алексовска, Владимир Неделковски, Симе Симовски Надворешен соработник: Д-р. Себастијан Рајнфелдт, Виена, Австрија

Технички уредник: Миланчо Ристовски e-mail: miki.ristovski@mkrevolucija.com Маркетинг: Славица Ѓоргиевa Е- mail: slavica.gjorgieva@mkrevolucija.com моб.: +389 (0) 75 63 44 94


РЕВОЛУЦИЈА

МАГАЗИН - Број 51

Ќе почекаме, па ќе видиме Според пратеникот во германскиот Бундестаг -Јирген Климке, новата ситуација во Грција на Македонија нема да ѝ донесе старт на пристапните преговори, затоа што еврото и ЕУ, а не надворешната политика, ќе бидат приоритет на Атина. - Новата влада ќе биде преодна, ќе треба да ги подготви парламентарните избори кои ќе се одржат за три месеци. Затоа, според мое видување, не треба ниту да се очекуваат длабоки потези во однос на надворешно-политичките позиции на Грција. Темите штедење, иднината на еврото и ЕУ ќе надвладеат сè останато - ги оценува за Дојче Веле -најновите случувања во Грција и рефлексиите врз Македонија, парламентарецот Јирген Климке. Пратеникот на владејачката Христијанско-демократска унија не очекува дека во наредните три месеци може да дојде и до голем напредок во македонските интеграции. Тоа е браќа и сестри, ќе треба да почекаме уште малку, трите месеци ќе одлетаат со брзината на брзата птица-итрица... Потоа ќе видиме што ќе правиме... Повторно преговори...

НЕДЕЛНА ПАНОРАМА

страна 4

Повторно вртење во круг... Треба конечно да се одлучи, дали ќе се решава проблемот на Грција со нашето име, за да влеземе во ЕУ или пак ќе се откажеме од евроинтеграциите и ќе бараме други опции за развој.

Работава навистина многу се искомплицира... Како што вели една стара источна сентенција: „За да добиеш, треба да дадеш...“ Тоа е жестоката реалност, бесплатен ручек нема за никого! Е добро де... Има за Грците, ама нели тие се лулка на европската цивилизација, на ним се им е дозволено.

Мировниците ќе се вратат до 2014 г. Македонските мировници и натаму ќе учествуваат во мисијата ИСАФ во Кабул и тоа најрано до 2014 година. Сепак, нивното присуство таму постепено ќе се трансформира од одбранбена- во мисија која ќе биде задолжена за подигање на нивото на институции и обука на локалното население, со што ќе се овозможи целосно предавање на контролата на


РЕВОЛУЦИЈА

МАГАЗИН - Број 51

НЕДЕЛНА ПАНОРАМА

тамошната власт. Најавите дека по една деценија присуство на НАТО во Авганистан се размислува за повлекување на американските и британските војници, ја отвори дилемата дали Македонија има стратегија за намалување или повлекување на своите мировници. Министерот за одбрана Фатмир Бесими вели дека не се работи за целосно повлекување, туку за трансформирање на мисијата и во тој контекст Македонија ќе ги следи одлуките на своите стратешки партнери од Алијансата. И покрај фактот што не сме дел од НАТО, нашите мировници се важен дел од мисијата ИСАФ. Ако не друго, барем покажуваме дека припадниците на АРМ се големи професионалци. Нашите војници ќе вршат обука на локалното население. Во што ќе се изразува таа обука, баш и не ни е многу јасно, но тоа е друга тема за разговор. Важно е за нас, како држава што има аспирации за влез во Алијансата, да покажеме дека сме на ниво и совесно ги извршуваме поставените задачи.

страна 5

се надеваме, дека сите припадници на АРМ, ќе се вратат дома живи и здрави. Другиот момент, што според нас исто така е многу интересен е -што ќе се случи со Македонците, кои работат во базите на НАТО во Авганистан? Тешко дека тие ќе останат на печалба во таа негостопримлива земја и ќе си се вратат дома... Да се надеваме дека по 2014 година нема да има потреба да испраќаме мировници на различни „жешки“ локации на светот... Тоа е се разбира само една утопија, бидејќи според последните случувања, можно е да има уште жаришта, а каде што има жаришта има потреба и од миротворци... Нашиве и покрај тоа што не се дел од НАТО, веруваме дека нема да одбијат да заминат во нова мисија... Македонската крв е таква, не ти дозволува да мируваш, додека некаде се води војна, па макар и таа војна да нема никаква врска со Македонија.

15.078 гласа за поддршка Проектот за спомен куќата на Тоше Проески на „Синдикат студио“ ја доби наградата за најдобро архитектонско дело за 2011г. на Меѓународниот фестивал за архитектура во Барселона.

Нам како Македонци, не ни останува ништо друго освен да

Во гласањето, кое заврши денеска попладне и кое се одвиваше на интернет порталот


РЕВОЛУЦИЈА

МАГАЗИН - Број 51

НЕДЕЛНА ПАНОРАМА

„Опен билдингс“, меморијалната спомен-куќа за Проески освои 15.078 гласови од целиот свет, а освои и најмногу гласови од меѓународното жири. На второ место е Музејот на сеќавањата и толеранцијата во Мексико Сити и проектот Атмосфера во Калкута.

Годинава прв пат беше воспоставена награда за која може да се гласа од цел свет, со што за своите фаворити гласаа не само архитекти, туку и луѓето од различни професии. Беа пријавени повеќе од 1.000 проекти, а право на учество добија 704. Објектите можеа да бидат од разни категории, а главен критериум да влезат во гласањето беше да се завршени оваа година. Спомен куќата на Тоше влезе меѓу фаворитите од почетокот на гласањето во август годинава. На овој начин се дава комплетна поддршка за архитектонските градби, кои се прават за да одбележат историски момент, па еве конечно прилика за Македонија- да се слушне во добро светло, а не само да не

страна 6

препознаваат по „Шампионите на Шутка“.

„Услуга со насмевка“ Преку проектот „Услуга со насмевка„ американски консултанти ги учат македонските лекари и медицински сестри како да им се насмевнуваат на пациентите во јавното здравство.

Првата лекција од работилницата, која се одржа во Деканатот на Медицинскиот факултет во Скопје е односот на персоналот кога се пред пациентите. Во проектот, кој го реализира невладина организација од САД, е вклучено и Министерството за здравство. - Не значи дека односот на медицинскиот персонал сега е лош, туку ова е тренингедукација со која очекуваме да се подобри односот кон пациентите, кои сега го мешаат квалитетот на прегледот со односот на лекарот. Почнуваме со искуства од странство, а в година почнуваме со наши програми за едукација на


РЕВОЛУЦИЈА

МАГАЗИН - Број 51

здравствените работници во други земји - изјави министерот за здравство, Никола Тодоров, кој не прецизираше дали мора странци да не учат на насмевка и дали и колку пари се потрошени за оваа едукација. Од Министерството за здравство појаснија дека парите биле обезбедени преку Американската амбасада во Скопје. Сè e тоа убаво, само немојте премногу да очекувате, пример да ви дадат и слатко со вода. Тоа ќе значи дека премногу сериозно ја сфатиле едукацијата!

Ура за нови регистерски таблички Новите регистерски таблички ќе почнат да се издаваат по завршувањето на тендерот на кој би требало да биде избран најповолниот понудувач. - Постапката е во тек и верувам дека со законските рокови за жалби и дополнителни одлучувања таа ќе заврши до

НЕДЕЛНА ПАНОРАМА

страна 7

почетокот на наредната година. Тоа значи дека на почетокот на 2012г., граѓаните ќе можат да ги добиваат новите регистерски таблички, изјави министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, по посетата на Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди.

Новите таблички нема да побаруваат дополнителни средства од граѓаните, затоа што не ќе мора да се заменуваат со постоечките. Ако сте „помодарци“, едвај ќе ја чекате промената, но и да ги промените или да возите под стари таблички, запаметете дека повторно сте од Македонија.


РЕВОЛУЦИЈА

МАГАЗИН - Број 51

ТЕМА НА НЕДЕЛАТА

страна 8

За финансиската криза м-р Митко Јованов

Еврото се ослободи од Берлускони и Папандреу Саркози директно во второ лице му се „опна“ на Камерун со следните зборови: „Ти пропушти добра прилика да ја чуваше затворена устата. Доволно ние нас постојано да не критикувате и кажувате што треба да правиме. Ви кажавте дека го мразите еврото и сега ни се мешате во нашите средби“. Канцеларката Меркел се воздржа од вмешување во оваа караница, но очигледно е дека и нејзе Камерун постојано на нерви и оди, како што и на Саркози. Меркел и Саркози кои го сочинуваат кризниот менаџмен за спас на еврото, завршија успешно две работи, ги „тргнаа премиерите на Грција и Италија од власт“. Злоупотребен европскиот ентузијазам Европа денеска се наоѓа пред најголем прдизвик после Втората светска војна. Интеграцијата на стариот континент е сопрена, или поблаго кажано успорена. Но, не само тоа, и единството на меѓу државите членки на ЕУ е доведено во прашање. Неминовно е дека не може иста одговорност да сносат државите кои се дел од Европската монетарна унија (ЕМУ) и тие кои не го вовеле оврото како платежно средство. Борбата за спас на еврото ја водат

Германија и Франција, но не и Англија, од таму и не може Англија да го има истиот статус во решавањето на кризата со еврото и веројатно е дека нема да ја засега исто како државите кои се од еврозоната. Но, мојата храброст, оптимизам, а евроскептиците, тоа го именуваат и како дрскост, е дека ЕУ ќе излезе поцврста од оваа криза. Ваквата констатација ја поткрепувам со фактите дека ЕУ е создадена токму како резултат на големите кризи и војни на Стариот континент. Иницијативата за соединување на државите во Европа е потикната за да не се повтори катастрофата како Првата и втората светска војна кои го оставија континентот и светот во рушевини. Психолошкиот момент во одвивањето на евроинтегративниот процес е многу значаен фактор. Токму затоа и се правеле многу грешки кои доведоа меѓу другото и до денешната криза. Секогаш бил присутен оптимизмот и ентузијазмот, токму во такви околности Грција станала дел од ЕМУ, иако не ги исполнувала условите. Но, Грција ги злуопотербила оптимизмот и ентузијазмот и


РЕВОЛУЦИЈА

МАГАЗИН - Број 51

ТЕМА НА НЕДЕЛАТА

продолжува и понатаму да пружа отпор и да дели „историски лекции“, наместо да ги собере заостанатите даноци и да не дозволува да излегуваат милијарди евра-приватни пари надвор од нејзините граници. Евро-држави и не евродржави На кризното заседание на Советот на министри на ЕУ во Брисел пред две недели, претседателот на Европскиот совет Херман Ван Ромппуј ја имаше непријатната задача да им соопшти на шефовите на влади и држави кои не се членки на ЕМУ дека треба да ја напуштат седницата која продолжува зад затворени врати со шефовите на влади и држави на ЕМУ, кои треба да договараат план за спас на еврото. Тоа е почеток за на поделбата на државите во ЕУ меѓу Евродржави и не евро-држави, и фактички имаме денеска две европи во рамките на ЕУ. ЕУ која ја сочинуваат Евро-држави, уште е позната како МЕРКЕЛ Европа (Шпигел). И претседателот на Франција Никола Саркози зборува за идната интеграција во Европа во две брзини, на федерално и конфедерално ниво (види http://mkrevolucija.com/component/content/ article/62-mk-vo-eu/2587-sarkozi--plan-zanova-evropa).

страна 9

На ваквите ставови се се противи Англија која доби симпатии од останатите членки кои не се во ЕМУ. Саркози на Камерун: Ти пропушти шанса да ја затниш устата На споемната седница на Советот на министри пред две недели, англискиот премиер Дејвид Камерун настапи со ставот дека и државите кои не го имаат еврото воведено треба да има право да решаваат за неговата судбина и да ги блокираат некои одлуки. И бараше ваквиот став да влезе во заклучоците од состанокт. Кон ваквиот став симпатии искажаа Полска и Чешка. Но остро се спротивстави Саркози. Тој им се обрати на полјаците и чесите укажувај ќи им дека тоа не е во интерес з анив бидејќи тие се обврзале да го воведат еврото наскоро додека Велика Британија и Данска одбија да го воведат. Но интересното потоа следуваше. Саркози директно во второ лице му се „опна“ на Камерун со следните зборови: „Ти пропушти добра прилика да ја чуваше затворена устата. Доволно ние нас постојано да не критикувате и кажувате што треба да правиме. Ви кажавте дека го мразите еврото и сега ни се мешате во нашите средби“. Канцеларката Меркел се воздржа од вмешување во оваа караница, но очигледно е дека и


РЕВОЛУЦИЈА

МАГАЗИН - Број 51

ТЕМА НА НЕДЕЛАТА

нејзе Камерун постојано на нерви и оди, како што и на Саркози. Берлин и Париз со цврста рака Измината недела Меркел и Саркози кои го сочинуваат кризниот менаџмен за спас на еврото, завршија успешно две работи, ги „тргнаа премиерите на Грција и Италија од власт“. Прво, го спшречија гркот Јоргос Папандреу да спроевде реферундум на кој Грците требаше да се изјаснат дали дали го прифаќаат спасувачкиот пакет од ЕУ и дали го сакаат и понатаму еврото. Второ, се ослободија и од големиот баласт,кој беше не само на Италија, туку на ЕУ и еврото-балстот беше Силвио Берлускони. Тој, прво беше заобиколен или пак поточно изолиран од Меркел и Саркози, ја изгуби довербата во италијанскиот Парламент, сега него му останува да се бори со кривичните пријави за злоупотреба на функцијата за „фаќање женски“ и за даночно затајување преку неговите компании. Ваквите политичари како Берлускони и Карамалис во Грција, не само што им наштетија на нивните држави, туку и на ЕУ. Токму затоа сега е потербна поголема

страна 10

централизација на ЕУ, посебно државите кои се дел од ЕМУ. Тоа единствениот пат за спас на еврото и ЕУ како што е планирана да се развива. Уште една важна одлука падна на средбата на Г-20 државите во Кан, државите кои влегоа во должничка криза, Грција, Шпанија, Португалија и Италија да бидат под мониторинг на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ). И покрај противењето од Италија дека таков мониторинг им треба на државите во развој, сепак Рим ќе мора да ги отвори вратите на ММФ ако сака да ја добие помошта. Причината е недовербата што ја имаат во Берлин и Париз во Европската комисија во Брисел, бидејќи може да се влијае политички врз контролните механизми, и токму затоа ММФ ќе биде третата неутрална страна. Изминатите месеци се повеќе станува погласна поговорката низ европските ходници чија содржина е: „На почетокот францизите планира да ги скората Германците преку еврото, сега се случи обратно, да Германците ги скротуваат Французите преку еврото“ Судбината на еврото е и ЕУ е во рацете на Меркел и Саркози и зависи од од нивните способности да се справат со кризата, нивната креативност, посветеност на европската идеја


РЕВОЛУЦИЈА

МАГАЗИН - Број 51

ТЕМА НА НЕДЕЛАТА

како на нивните претходници во изминатите 60 и години. Но, и од одлучноста да ги остранат

страна 11

пречките на тој пат, како што беа Папандреу и Берлускони.


РЕВОЛУЦИЈА

МАГАЗИН - Број 51

ТЕМА НА НЕДЕЛАТА

страна 12

Еврозоната не е Европа Еврозоната може да преживее, но нема да биде сегашната Еврозона со 17 земји членки. Сето она што ќе опстане понатаму, ќе биде помало и пофокусирано околу германската финансиска и монетарна дисциплнина. Понатаму нема да има драматични ЕУ самити со Никола Саркози, придружен од саканата Ангела Меркел, создавајќи имресија на наскорешен прогрес, проследени со реализација дека, всушност, малку нешта се смениле. На пример, објавата дека на грчката влада ќе ѝ се простат 50 % од долгот, сè уште доброволно не е прифатена. Сè освен малите детали, како што е учеството на стапките или други технички работи, се договорени. Како и секогаш, политичките наслови покажаа мало разбирање за реалноста на пазарот.

Дури и смените на Владата, сега во Грција, наскоро во Шпанија, а најверојатно и во Италија, се рабира дека ќе бидат важни за домашните одлуки, но нема да бидат одлучувачки фактори. Глобалниот пазарен реализам од сега ќе одлучува дали

земјите ќе продолжат по нивниот стандарден пат. Тонот на коментарите од Германија, Австрија и Холандија ќе стане посилен и подалечен. Франција ќе мора да се сврти кон внатре и да се бори со своите финансиски проблеми. Велика Британија ќе мора да престане да проповеда и да признае дека миксот на нејзината политика е во задушувачки раст. Сè на сè, политичарите во Европа се „печени“.

ММФ е подготвена да игра клучна улога и големи нешта зависат од нејзиниот управувачки директор, Кристина Лагард: ако таа сака да го задржи авторитетот, таа мора да изгледа помалку како поранешен француски министер за финансии, а повеќе како глобален дисциплинатор- ММФ е преважна институција за сегашнава криза, за да се гледа на неа како на европска играчка. Како стигнавме до овој дебакл? На претседателот Саркози очигледно му е смачено од Дејвид Камерон, а и од Британците генeрално, за нивниот „островски“ поглед кон кризата во еврозоната. Во многу


РЕВОЛУЦИЈА

МАГАЗИН - Број 51

ТЕМА НА НЕДЕЛАТА

погледи ова е тажно, бидејќи само што заврши ФранцускоБританската иницијатива во Либија, која беше прогласена за успешна. Истото така, не е целосно фер, бидејќи и Камерон и канцеларот Џорџ Осборн, ризикуваа да се соочаат со гневот на анти-еврозонските пратеници на двата фронта. Првo, британската влада, наивно рече, дека единствен начин надвор од хаосот на Eврозоната е да да се следи логиката и да се изгради фискална унија, игнорирајќи дека многу земји-членки не сакаат да ја предадат моќта врз справување со нивната економија. Потоа, Камерон и Осборн на својата теорија ставија политички печат, понудувајќи да ратификуваат договор, правејќи измени за да е возможна таква фискална унија. Владата беше подготвена да дозволи нови симплифицирани ревизициски процедури во Лисабонскиот договор, за да се применува без референдум, специфициран во новиот Европски акт 2011.

За да го направи ова, според дозволените исклучоци во актот, да даде нова моќ на постоечкото ЕУ тело- во тој

страна 13

случај Европската Централна Банка- министрите, беа подготвени да кажат дека промените не се „значајни“ за Британија надвор од Еврозоната. Таква одлука беше отворена за предизвик од којбило од јавноста и мораше да биде авторизирана од парламентот. Проблемот на Саркози е во тоа, што во тоа време неговата фрустрација се искачи на највисокото ниво, за време на Г-20 самитот, тој знаеше подобро од било кој дека таа теоретска одлука останува да биде само теорија. Откако неколку месеци се обидуваше да ја убеди Меркел дека ЕЦБ треба да стане заемодавец од последно ниво, Саркози дозна минатата недела дека патот е тотално блокиран. Новиот претседател на ЕЦБ, италијанецот Марио Драги, кој го замени французинот Жан Клод Трише, даде јавни изјави кои се полоши од гледната точка на Саркози. Одбивањето на Драги да дозволи да купи ЕЦБ, и тоа во големи размери, државни обврзници на земјите од Еврозоната, беше направено и покрај отпорот на Германија и ова прашање беше затворено за наредните неколку месеци, можеби и години. Претециозноста, гревот на сегашната ЕУ, никако да заврши. 17-те земји членки на Еврозоната мора да бидат сместени во нови рамки на ЕУ, кои ќе се адаптираат на реалноста на пазарот, а исто


РЕВОЛУЦИЈА

МАГАЗИН - Број 51

така ќе ги прифатат и реалностите на политиката. Напуштањето на Еврозоната не смее да биде одлука и да се напушти ЕУ. Преправајќи се дека тоа ќе биде последицата, се влева страв кај населението, кое пружа отпор против мерките на штедење, но тоа се покажа контраефективно за политичарите. ЕУ не може да се качи на друг брод на големи реформски договори врз монетарната унија.

Ако биде така, тогаш ЕУ ќе се соочи со ризикот од референдумски порази кои неизбежно ќе се случат или во Ирска, Велика Британија или може и во Холандија или Франција. Постои само еден пат за договор, за да се постигне модерен редизајн, кој може да биде ратификуван во пролетта 2012, имено тоа е Хрватскиот договор за пристапување, кој треба да се финализира во декември- и не е предмет за референдум. Исто така членот 352 од Договорот за функционирање на Европската Унија, може да се користи како легална основа за законски предлози , кои ќе ги постигнат целите на ЕУ и каде нема

ТЕМА НА НЕДЕЛАТА

страна 14

повеќе да се користат релевантни договори. Да се чуваат, против предизвиците во Европскиот суд за правда, промените направени под оваа провизија, треба да бидат ратификувани во Хрватскиот договор. Најлесниот законски пат, ќе биде да се смени постоечкиот Протокол 14 на Евро Група и да се примени Протокол 15 на Велика Британија со Данскиот Протокол и да се создаде Протокол 15 за нова, неформална не-евро група.

Европската Унија, како прво и најважно, мора да ги сопре претензиите и да естаблира дека сите 27 земји-членки се слободни да влезат или излезат од еврозоната, а притоа да не ја напуштат ЕУ. Потоа, мора да претстават неколку практични ревизии за воведување на Механизмот за девизниот курс II во критериумите за приклучување кон Еврозоната; да ја формализира позицијата на Шведска надвор од Еврозоната; да создаде поголема кохезија дозволувајќи му на претседателот на Европскиот Совет, како што е побарано од земјите во


РЕВОЛУЦИЈА

МАГАЗИН - Број 51

ТЕМА НА НЕДЕЛАТА

Еврозоната, да преседава со неформалните средби на Евро групата, но исто така и со неформалните средби на неевро групите. Исто така мора да воведе во Евро групата подисциплинирани рамки за справување со фискалните и должнички политики, сето тоа компатибилно со постоечките монетарни цели на ЕУ. Друга промена е дека ММФ, а не ЕУ, мора да го набљудува секој премин од евро групирањето во не-евро групирањето, водејќи ги членовите низ естаблирањето на нова национална валута, која ќе биде девалвирана. Транзиционото менаџирање е нешто што ММФ го има направено успешно

страна 15

многу пати претходно. Ова ќе биде многу поефективна примена од било кое Британско проширување на целите на ММФ, кое ги држи слабите ЕУ земји во Еврозоната, кои веќе се во пропаѓање или на добар пат кон тоа.

Guardian Подготвил: Елена Павловска


РЕВОЛУЦИЈА

МАГАЗИН - Број 51

ТЕМА НА НЕДЕЛАТА

страна 16

Интервју со Волфганг Шојбле, министер за финансии на Германија

Германија не владее со Европа Во интервјуто Шојбле зборува: 1. За одлуките донесени за спас на еврото, дека Грција загуби дел од суверенитетот со мерките и условите кои и се зададени и се услов да ја добие помошта и да и се отпише дел од долгот. Потоа, за Италија која мора самата да се справи со кризата и да не се надева дека ќе добие помош од ЕУ. И притоа потенцира дека со водечката улога во решавањето на кризата Германија не владее со Европа

Прашање: дали има идеја на повидок за решавање на проблемите кои доведоа до кризата? Ние градиме нова институционална архитектура за спас Евро-зоната, тоа значи повеќе Европа и повеќе стабилност.Ние мораме да изодиме долг пат за сите проблеми да ги решим. Но, шансите станаа поголеми за успех да имаме со заклучоците од состанокот. Прашање: Дали сте сигурни дека Грција ќе може да да застане на свои нозе и после добивањето на помошта. Но веќе критична е ситуацијата и со Италија?

Прашање: Политичарите и финансиските експерти го слават исходот од средбата на државите од ЕМУ во Брисел. Дали еврото е спасено? На средбата е направен добар напредок, но тоа не е последна средба на оваа тема, сеуште престои работа на патот за спас на еврото.

Да, тоа го кажуваат и од „тројката“ (ММФ, ЕММ, ЕК) Грција треба да дојде на ниво да го издржува долгот самата и потоа да ја направи својата економија конкурентна. Прашање: Кога долгот ќе биде на нивот на 120% од Бруто домашниот приход, а тоа терба да се случи кон крајот на оваа деценија, тоа е ситуација кога таа може да се консолидира и да се раздолжува самата, но само со економски раст,


РЕВОЛУЦИЈА

МАГАЗИН - Број 51

ТЕМА НА НЕДЕЛАТА

реформи, за да ја поврати довербата кај инвеститорите. Прашање: Тоа е европските фразеологии, но кажете ни директно дали со оваа помош Грција ќе биде економски доржлива? Да, реформите што следат во Грција треба да го направат тоа. Прашање: Али сепак постои загриженоста дали Грција ќе ги спроведе домаѓните задачи? ЕУ располага со механизими да притисне реформите да бидат спроведени, ако не, тогаш ќе изостане помошта. Задачите треба да се завршат во Грција, не во ЕУ, но со помош на ЕУ. Прашање: Можеби и другите држави како Португалија или Ирска, ќе побараат простување на дел од долговите како во случајот со Грција? На состанокот и Португалија и Шпанија гласаа за мерките кои се насочени за Грција. Разјаснето беше дека Грција е псоебен случај и затоа бара посебни мерки, кои пак значат и откажување од суверенитетот. Не верувам дека некоја држава би прифатила вакви строги мерки ккои и се намтнуваат на Грција за возврат да добие простување на дел од долгот

страна 17

Прашање: Доверителите се откажаа доброволно од 50% од побарувањата од Грција. Верувате дека тоа ќе даде резултат? Друга алернатива нема. Тоа е добро и за доверителите. Прашање: Пред една недела рековте дека Германија во спасувачкиот пакет односно во Европскиот фонд за спас на еврото учествува со 211 милијарди евра. Но, веќе сега спасувачкиот чадор достигнува до еден билион евра. Што е точно? Подршката на Германија е ограничена на 211 милијарди евра, другите мерки се во насока на подобрување на фунцкиите на Европскиот фонд за спас на еврото.

Прашање: Поконкретно што значи тоа? Кога на Грција ќе и бидат ставени на располагање 100 милијарди евра, тогаш Европскиот фонд гарантира со 20 милијарди евра а остатокот доверителите. Во случај на


РЕВОЛУЦИЈА

МАГАЗИН - Број 51

ТЕМА НА НЕДЕЛАТА

неуспех, тогаш со 20 милијарди евра се обештетуваат доверителите. На овој начин се штитиме и од шпекулантите, бидејќи во спасот на Грција учествуваат и приватните доверителите Прашање: Дали со фондот тежок еден билион евра ќе биде доволен за спас и на Италија?

страна 18

Прашање: Што треба Италија да направи? Тоа што Владата во Рим вети пред своите европски партнери. Да го намали дефицитот брзо, да го долгот да го намали, конкурентноста на пазарот да ја зајакне. И реформи во социјалниот систем и на пазарот на работна сила.

Прашање: Дали Германија е на пат да стане држава која ќе има хегемонија во Европа?

Италија мора да да ги заврши своите домашни задачи, реформите да ги спроевде и да ги убеди пазарите. За Италија нема помош, тоа го знае и Владата во Рим. Прашање: Но, спасот на еврото зависи од Италија? Спасоот на Еврото е кога секој ги извршува своите задачи. Тоа значи дека помошта е меѓусебна межу државите во ЕУ, но евроспката помош значи и помош за себеси да си помогнат. Не може проблемите на Италија да се решаваат во Германија.

Европското единство е од национален интерес на Германија. Што е за Европа добро, тоа е добро и за Германија. Ние ен сакаме со Европа да владееме, тоа е нонсенс. Од нас другите како голема членка на ЕУ истотка заедно со Франција, да бидеме грб на другите и да преземиме водство. Затоа кога Германија и Франција ќе бидат на иста страна може да се решат големи прашања. Прашање: Може да се формира економска влада на ЕУ? Во ЕУ има заедничка валута, но нема заедничка финансиска политика. Тоа треба да се уреди и со примени во европскиот договор.


РЕВОЛУЦИЈА

МАГАЗИН - Број 51

Прашање: И треба на ЕУ финансиски министер, како што предлага претседателот на ЕЦБ Трише? Не. Потребно е да се именува комесар во рамките на ЕК кој ќе

ТЕМА НА НЕДЕЛАТА

страна 19

ги контролира мерките кои ги спроведуваат владите. И ќе биде овластен да санкционира но и е потребно да се овозможи да постапува и Европскиот суд.

Интервјуто е објавено во германскиот неделен магзаин „Шпигел“ Подготвил: Митко Јованов


РЕВОЛУЦИЈА

МАГАЗИН - Број 51

ТЕМА НА НЕДЕЛАТА

страна 20

Државите се повиновни од банките Секогаш е добро, или подобро да речеме, сè станува едноставно, ако при рака ни е непријател, кому можеме да го усмериме своето незадоволство и целиот свој гнев, па единствено тој непријател треба да го победиме или уништиме. И штом тоа го сториме, сè е во ред. Во моментот „банките“ се во функција на таква поедноставна слика на светот- или зборувајќи со современ јазик, во функција на редукција на комплексноста. Уништете ги банките и сето зло на овој свет, ќе исчезне! Ах, кога сè би било така едноставно.

Се разбира, спротивставувајќи се на оваа будалеста и популистичка парола, никако не значи да ги поштедиме „банките“ од секаква критика, а особено не сите банки. Банкарската криза во 2008-та година, започнала така што на американските градители на семејни куќи, во исчекување на неограничениот раст на цените на недвижностите, во рацете масовно им се туркани

хипотеки, за кои, секој разумен човек (и секој разумен градител на семејни куќи) знаел дека е невозможно да се отплатат во случај на неповолни промени. Потоа, менаџерите на банките овие долгови, толку долго ги пакувале и препакувале, сè додека од нив не се направени профитабилни вредносни хартии, на кои потоа во голем стил наседнале и германските државни банки, значи, оние веќе „подржавени“ банки со своите изместени „претпријатија со посебна намена“- во потрага по „нови“ поими на бизнисот. Новите полиња на бизнисот- тоа се оние полиња за кои ништо не знаеме. А зошто тоа го сториле? Пред сè, затоа што нивните посредници, не биле грозни капиталисти со полуцилиндeр на главата и дебела цигара во устата, туку честитите премиери и навидум разумните министри за финансии, кои сакале со добра камата, профит од редовните даноци -да ги нахранат државните каси и своите амбиции.

Веќе овој осврт е доволен да се сфати дека барањето да се стават банките под контрола на


РЕВОЛУЦИЈА

МАГАЗИН - Број 51

државата, односно, политичарите, кои и самите се коцкале, или да бидат целосно подржавени, како што левичарите тоа го барале во Германија- сепак, е прилично наивно. Кон ова треба да приклучиме и една друга димензија.

Сегашната финансиска криза, всушност, не е банкарска, туку должничка криза предизвикана со задолжување на политичарите и нивните држави. Овој пат довербата во финансиските институции е уништена, затоа што никој не знае кога државите, кои со децении безгрижно и бесрамно таложеле долгови над долгови, ќе бидат во состојба да почнат да ги враќаат, а да не зборуваме за тоа кога ќе бидат во состојба да ги вратат. И тука не треба само да ги прекоруваме Грците (кои се задолжени преку глава, но во споредба и не преставуваат толку голем проблем), туку треба да речеме дека -таа критика чука на вратата на секоја држава и секој избирачод Вашингтонг преку Токио, Рим, Париз до Берлин.

ТЕМА НА НЕДЕЛАТА

страна 21

Како ние го финансиравме соединувањето на Германија? Сигурно не онака како неодамна Тео Вајгел, во својата наивност, кога ветуваше- од ситна заштеда, туку со преземање на нови долгови, кои ќе ги отплатуваат нашите деца и нашите внуци. Не, шлаканица треба да добијат политичките производители на долговите, кои ние гласачите ги биравме, бидејќи заедно со нив сакавме да одиме по полесниот пат „„buy now, pay later – купи сега, плати подоцна“. Тие се виновни барем исто колку и „банките“. Но, ние го најдовме нашето жртвено јагне и бегаме од сопствените грешки. Не се надевајте на тоа! Der Tagesspiegel Еленa Павловска


РЕВОЛУЦИЈА

МАГАЗИН - Број 51

БАЛКАНСКИ ДОПИСИ

страна 22

Хаос, драма и катарса Хаос, драма и криза се грчки зборови. Катарса исто така е збор со грчки корени. Во моментот Европа се наоѓа помеѓу хаосот и катарсата, додека политичките драми во Атина и во Рим, достигнуваат до точка на вриење. Едниот пат води кон уништување; другиот кон преродба. И покрај фактот дека сè уште постои надеж, неколку погрешни чекори, ќе ги донесат работите до провалија. Драмите во двете лулки на европската цивилизација си личат и се поврзани на некаков многу интересен начин.

лидери истакнаа дека се готови да го запрат финансирањето на Грција, ако Владата на Папандреу направи каков било потег за излез од еврозоната. Тоа по сè изгледа дека е „плашлива“ закана, поради фактот дека Атина е поврзана со Рим. Ако Грција биде турната од работ на провалијата пред која таа се наоѓа, Италија исто така може да биде повлечена и тогаш еврото ќе пропадне. Иронијата е во тоа дека спасот на Атина се крие во стравот од уште поголема катастрофа околу Јонското море. Берлускони беше принуден да ги смирува Меркел и Саркози за време на средбата на Г-20 во Кан и се согласи да побара од страна на италијанскиот парламент -гласање на доверба во врска со некакви сомнителни програми со реформи, а исто така и на супервизија од страна на ММФ.

Решението на Јоргос Папандреу да повика на одржување на референдум, во однос на прашањето дали Грците го поддржуваат новиот спасувачки план за државата, беше почеток на една реакција, што ќе ја симне од власт неговата влада (веќе факт), а по сè изгледа и владата на Силвио Берлускони. Лудата идеја за референдумот, што не стана реалност, ги шокираше Ангела Меркел и Никола Саркози, двајцата

Настаните во Кан, а и фактот дека Берлускони не доби поддршка од својот министер за финансии, може да се смета,


РЕВОЛУЦИЈА

МАГАЗИН - Број 51

како последната шајка во мртовечкиот сандак на италијанскиот премиер. Крајот на политичкото владеење на Берлускони и Папандреу, теоретски би требало да се прифати како повод за славење. И покрај фактот дека италијанскиот премиер се однесува скандалозно, за разлика од својот грчки колега и двајцата премиери ги донесоа своите земји до питачки стап. Воедно, со тоа и двајцата политичари припаѓаат на политички касти, што долги години ги омаловажуваа сопствените народи. Крајот на нивните политички кариери, може да се прифати на некој начин, како почекот на процес на преродба. Сè уште не се знае дали нивните наследници, ќе успеат да ја решат заплетканата ситуација. Во последните две седмици, ги посетив и двете земји и мислам дека создавањето на влади за национален спас- се најдобриот излез од сегашната комплицирана состојба. Тоа може да се случи пред или по спроведувањето на вонредни избори. За жал старите политички елити нема да си заминат одеднаш... Тие продолжуваат да критикуваат во врска со различните аспекти на општествено-политичкото живеење, а во истото време или гледаат кон провалијата или пак паѓат во неа. Во меѓувреме, голем дел од Европа би го поддржал нивното

БАЛКАНСКИ ДОПИСИ

страна 23

„туркање во провалијата“, ако двете земји беа доволно силни за да го преживеат падот.

Факт е дека Саркози, Меркел и компанијата се виновни поради фактот дека не се подготвени за да реагираат на ситуацијата.

Така наречениот целосен план, што беше договорен на средбата на 26-ти октомври, беше најновата задоцнета мерка за спас. Планот за рекапитулација беше само дел од тоа што беше потребно, но и тој не беше комплетиран, туку беше оставен за решавање во јуни следната година. Сега стариот континент се натпреварува со времето. Грците треба да се стабилизираат, пред Европа да ги остави да се снаоѓаат сами со кризата. Италијанците треба да си ја вратат довербата на


РЕВОЛУЦИЈА

МАГАЗИН - Број 51

Европејците. Останатите земји треба да бидат подготвени со вонредни планови за спас, ако Атина и Рим повторно разочараат со своите активности.

БАЛКАНСКИ ДОПИСИ

страна 24

Сите треба да работат многу посветено, бидејќи сè ќе се претвори во хаос.

Автор: Ројтерс Подготвил: Атанас Величков


РЕВОЛУЦИЈА

МАГАЗИН - Број 51

БАЛКАНСКИ ДОПИСИ

страна 25


РЕВОЛУЦИЈА

МАГАЗИН - Број 51

БАЛКАНСКИ ДОПИСИ

страна 26

Атанас Величков

Бушавата грчка археологија Нема што да се лажеме драги мои, Грците таман на време ја најдоа гробницата на Александар Македонски!!! Меѓу редовите објавени ексклузивно во рускиот весник „Аргументи и факти“, Грците ни го покажаа својот среден прст... Исто како што и ние им го покажавме со нашето инаетење и неприфаќање да додаме географска одредница кон нашето државно име... Многу средни прсти се насобраа! Пред неколку години познатото германско издание „Фокус“ им покажа среден прст на креаторите на демократијата.

Потоа, тие нам ни покажаа, кога нè блокираа за влез во НАТО. Па ние им вративме со нашиот инает и така еден бескраен круг, да ти се слоши од вртење... Грците, драги мои, мешаат и немаат намера да се чешат. Еве, сега ја најдоа гробницата на Александар и за да биде циркусот полн - тврдат дека го нашле и сандакот со десетте божји заповеди...

Освен задолжена, Грција ќе испадне дека е и божествена земја. Значи, нема лабаво со нашите јужни соседи, од убавиот Јунанистан. Според информациите на македонскиот информативен портал „Курир“, веста за откривањето на гробницата на Александар треба да се прифати со голема доза на резерва... Како што се наведува, весникот „Аргументи и факти“ си имал „на ти го - дај ми го“ со браќата Грци... Замислете ја иронијата, драги мои: додека Европската Унија се чуди како да го спаси „работливиот“ грчки народ и неговата „Елиники демократија“, грчки научници „мртви-ладни“ си играат на Индијана Џонс и прават археолошки откритија, достојни за познатата шоу програма „Рипли - Верувале или не“. На тоа му велам јас „селото гори, бабата си ја чешла“... Да Ви кажам искрено, не очекував дека Грците ќе стигнат до тоа ниво... Во претходни мои написи сум спомнувал дека ги бидува да прават пари од


РЕВОЛУЦИЈА

МАГАЗИН - Број 51

БАЛКАНСКИ ДОПИСИ

историја (била таа реална или измислена), ама тоа веќе е црешата на тортата... Врв... Па тоа е појако дури од свадбата на Аркан и Цеца... Замислете навистина да испадне дека гробницата на Александар била на остров Тасос, тие што одат на одмор во Грција би требало да се изедат со сè партали од нервоза... Паметот си го барале на Закинтос и други такви одморалишта. Требало да одат на Тасос... Земаш едно лопатче за песок и ајде на истражување... Копни тука, копни таму, сè нешто ќе излезе. Сега ако не се појави гробница, може да се начека барем некој изгубен часовник, како тој на Мило Ѓукановиќ или пак некој брош како тие на „челичната дама“ на братскиот германски народ, Ангела Меркел. Треба акција драги мои, треба иницијатива, еве и сами гледате дека браќата Грци не се зафркаваат... Си ја најдоа гробницата на Александар, а заедно со неа и сандакот со 10те Божји заповеди. Нема да се зачудам ако го откриле и градникот на кралицата Викторија, а пред некое време нели, на аукција и ги продадоа гаќите... Ако Грците го пронашле и градникот, ќе можат да го стават и него на аукција, ем ќе спечалат некое евро, ем ќе се знае дека од Грција почнува сè... Работава стигна до таму, па дури нема да се зачудам ако DMX и Џет Ли не се одлучат да снимат нов дел од нивниот филм

страна 27

„Од лулка до гроб“ токму во Грција... Кога Бугарија може да биде атрактивна дестинација за фаците од Холивуд, нема причина Грција да биде игнорирана на тоа поле... Овој што им е главен на научниците, што ја пронашле гробницата на Александар, ако не го направат министер за култура во новата преодна влада, да не се викам Атанас Величков!

Ова последното беше „мала шега“, не ми се верува дека на Грците им е дојдено до култура, додека нивната „земја на чудата“ тоне како дупнато кајче на Охридското Езеро... Кога ќе се замислам подлабоко, абре дојдено им е до култура, сега кога ќе го стават сандакот со заповедите на аукција, ние има да гледаме и да се грееме како џанкери околу запален контејнер на комуналното... Не треба да имаш многу памет за да ти текне дека научниците од Јунанистан, ќе спастрат на две на три некој сандак, што личи на тој библискиот и ќе го шитнат на некој милијардер, кој има многу пари и малку мозок... Инаку во врска со гробницата, ги повикувам сите гатачки и бајачки од Македонија, да се обидат да стапат во контакт со


РЕВОЛУЦИЈА

МАГАЗИН - Број 51

БАЛКАНСКИ ДОПИСИ

Александар и тој да им објасни, дека не го погребале на Тасос туку на некое друго место... Не треба туку така да им се дадеме на Грците, штом можат тие да си прават филмови, можеме и ние. Па нека се слушаат пискотници од Пиреа до Метеори... Додека групата научници ја играле играта „Кој сака да биде Индијана Џонс“, Андонис Самарас, Каролос Папуљас и Јоргос Папандреу го „насамарија“ еминентниот грчки економист -Лукас Пападимос да ја спасува Грција...

На Пападимос црно му било пишано, да се сетат на него дури кога ножот допре до коската, ама тоа е, секој со среќата. За речиси три месеци, нашите јужни соседи ќе си организираат избори и по сè изгледа на власт ќе се врати десната партија „Нова демократија“. Кога сме веќе кај таа партија, се прашувам каде е Константинос Караманлис, поранешниот премиер на Грција? Го снема како снег во април. Другата ѕверка на „Нова демократија“, Дора Бакојани си направи пајтон партија и сега е пратеничка, си се снајде чупето...

страна 28

Матни времиња драги мои, Балканот врие, а јас лично многу многу не се секирам за Грците, зашто паметни се тие, ќе се снајдат... Туку ќе отворам една заграда и ќе го споменам Силвио „Бунга-бунга“ Берлускони. Една легенда си заминува драги мои, а светот веќе навистина нема да биде ист... Толку од заградата, не се секирајте, нема повеќе да трујам за наследникот на Џакомо Казанова. Очекувам деновиве некоја група искомплексирани архелози од Грција да ја пронајде Ева од Неа Врасна. Нели ние го најдовме Адам од Говрлево, па да се комплетира парот, бидејќи на Балканот, патиме од синдромот „ај да си ги мериме“. Бељата настанува тогаш, кога метрото ќе се најде во погрешни раце. За крај би сакал само да напоменам дека нема да биде голема трагедија ако навистина е пронајдена гробницата на Александар. Сепак, ако ја гледаме картата на етничка Македонија, Тасос заедно со Солун е наш и нема место за непотребни секирации... Браќа Грци, Ви посакувам што побрзо да се исправите на нозе и да почнете сами да си ги плаќате сметките. Јас не сум почитувач на ликот и делото на спонзорушите и не сум импресиониран од идејата Вие како наши соседи да се однесувате како такви... Имајте жал кон малите Германчиња, кои што штедат од својот оброк, за да можат Вашите археолози да се


РЕВОЛУЦИЈА

МАГАЗИН - Број 51

фолираат со некакви приказни како оние од 1001 ноќ...

БАЛКАНСКИ ДОПИСИ

страна 29

Да не испадне сега дека Ви солам памет, ама пофраерски е да се стегнете малку и да покажете дека навистина сте држава која заслужува да биде дел од Европската Унија.


РЕВОЛУЦИЈА

МАГАЗИН - Број 51

АРТВИЗОР

страна 30

Сања Алексовска

Манифест на „Претенционизмот“ Едни од најважните граѓани на Р.Македонија, воедно и едни од најинтелигентните, упатија остри критики кон Берлин за негирање на нивното постоење во тамошните документи. Гневот на нашите елитни граѓани треба да ги мотивира сите -не толку важни граѓани да се приклучат кон ваквиот манифест, затоа што во нашата држава нема место за непретенциозност. Во одборот на претенциозноста се вклучени Марин Докузовски, Индира Кастратовиќ, Венко Андоновски, Калиопи Букле, Симон Трпчески, Есма Реџепова, Дарко Митревски, Борис Трајанов и Гоце Смилевски. Чувствата како и егото на македонските уметници и спортисти се длабоко повредени поради ваквата неправда, која ја претрпија и решија да се дигнат и да кажат - НЕ! Ти не можеш да го негираш мојот постигнат труд! Па затоа осумтемина храбри души ги составија своите сили со една цел- крај на потценувањето на македонски уметници и спортисти во Европа.

Еве некои од пораките упатени до еврокомесарот Штефан Филе, се со цел да се потврди постоењето на македонските ВИП кругови. Драг Филе Сигурна сум дека сте слушнале за мене бидејќи имам настапувано во Брисел многу пати.

Како една од највлијателните поп икони во Македонија и човек кој е абасадор на добра волја, ми се крши срцето кога ќе слушнам дека мојата работа е негирана. Ве молам слушнете го мојот добро познат хит "На пат до Претенциозија" и најдете место во вашето срце, за да си признаете дека тоа што се случува- не е во ред. Со љубов Калиoпи


РЕВОЛУЦИЈА

МАГАЗИН - Број 51

Другару Филе Во една не толку далечна земја живеат луѓе, луѓе на чии постигнувања се негира како што би им се негирала вода на рибите. Зошто некој би сакал да им негира вода на рибите кога им е потребна за живот? Земете момент и размислете за тоа. Ние нема да дозволиме да ни го одземето она кое што ни припаѓа, ние сме уметници...ние сме папокот на светот. Венко Андоновски До Филе Сигурно ме знаете, затоа што јас бев тој кој ја донесе Македонската Кошаркарска Репрезентација до високото четврто место на Европското Првенство.

И додека бевме таму, сите ми викаа Марин! Марин! Мислам, без никаков проблем сите ме

АРТВИЗОР

страна 31

поддржуваа, и сега се враќам тука и слушам некој од Белгиј�� ми кажува ти не си Марин. Абе доста ајде, никаков пласман немавте на ЕП, ќе ми кажувате тука приказни! И сите одиме ајде - Марин! Марин! Марин! Марин Докузовски- лидер на манифестот Еврокомесару Филе Ние сме уметници.Она што го работиме е од примарна важност за нашиот развој како нација. Не знам за другите но ние го промовираме македонскиот јазик со тоа што зборуваме на македонски, пееме на македонски, размислуваме на македонски.

И кога некој ќе го негира моето зборување, пеење, размислување на македонски, ме тера да се запрашам дали јас како македонски уметнички крем навистина постојам? Одговорот е дека- постојам и Европа тоа треба да го сфати еднаш засекогаш.


РЕВОЛУЦИЈА

МАГАЗИН - Број 51

Борис Трајанов Мил мој Филе Луѓето во Македонија ме знаат како голем хуманитарец, жена која сака да помага и жена со стил. Пеев пред едни од најголемите лидери во светов како Тито и Гадафи.

АРТВИЗОР

страна 32

чувствуваат како такви и сметаат дека нивното постоење е негирано, нивниот труд и напорна работа не е доволно ценет, се молат да им се придружат на нашите Супер 8 уметници и спортисти и да се потпишат во „Манифестот на Македониумот“, бидејќи што повеќе претенциозност има, толку подобро. Работата на уметниците и спортистите треба да се третира во светски рамки и заслужува почит! Помогнете им да бидат слушнати!

И кога некој ја негира мојата музика и она што го работам, прави да се чувствувам тажно и ми ја одзема желбата да посвојувам деца и притоа никогаш да не ги видам. Помислете на животите кои ги уништувате, па тогаш пробајте да ме негирате. Есма Реџепова - кралица на ромската Музика Сите македонски уметници и спортисти и оние кои се

Помогнете им да не бидат третирани како и останатите!


Од перото на Владимир Неделковски

МАЈКИ (2010) Улоги: Емилија Стојковска, Милијана Богданоска, Ана Стојановска Режија: Милчо Манчевски Сценарио: Милчо Манчевски Продуцент: Кристина Калас (За да не се наруши автентичниот стил на авторот, текстот не е редактиран)

„Маде ин Маседониа“ (?) Добро прочитавте, „Мајки“ или Mothers (да не се помеша со слично-именуваниот Motherf.ckers) е најновото чедо на шлагот од „Богатата и квалитетно-врвна“ македонска филмска индустрија, репрезентирана од господинот Милчо Манчевски. Токму така, филмот кој никако да доживее премиера во нашите кина, затоа што не е важно: дека режисерот и сценаристот и актерите и локациите за снимање, како и самата филмска приказна извлечена (исцицана) од документи и архиви и сè друго заклучно со мастиките кои ги џвака Милчо, значи СЀ, е со македонско потекло. И вака, навистина не гледам причина, зошто филмов би се давал прво дома кај нас, наместо што уредно се „шета“ по сите светски фестивали, независни кина и сл. Она што

е навистина забавно е, фактот што филмов е примен (наводно) со добра критика во цел свет. Демек, испаѓа сите го разбрале и сите се воодушевиле и тн... ИАКО, содржината на Мајки е 100% македонска, односно наменета за просечниот Македонец.

Видете и сами; еве ви директен превод од она што светот го чита за Мајки, на интернет енциклопедијата Wikipedia: “Филмот е своевиден триптих, во чиј состав влегуваат три различни и една друга, сосема независни приказни. Првата приказна се одвива во


СКОПЈЕ. Во фокусот се две деветгодишни девојчиња кои, решаваат да пријават манијак во полиција, иако воопшто не го виделе. Втората приказна се одвива во МАРИОВО: новинарска екипа составена од новинар, камерманка и снимател на звук -снимаат документарен филм за животот на село во напуштените села во Македонија. Така, се среќаваат со единствените жители на едно напуштено село - брат и сестра на околу 80-90 години, кои се скарани од нивната младост до сега и кои не попуштаат да се помират и покрај тоа што се целосно осамени и во селото и во животот. Третата приказна е фактографска. Овој дел од филмот е со документарен карактер. Станува збор за приказна за познатиот македонски сериски убиец новинарот Владо Танески од Кичево, кој силувал и убивал пензионирани чистачки.”

ТРИ ПРИКАЗНИ?! Море, Википедија била многу великодушна. Ако некој седне да го гледа целиов филм (како мене, будалата) ќе издржи некои десет минути поради „приказната“ со девојчињата и манијакот, па ќе падне во длабок сон, Т.E. ВО КОМА, следејќи ја „втората“ приказна од цели 15 (и со зборови петнаесет) минути, па наеднаш ќе се разбуди и рассони, кога ќе почне ВИСТИНСКИОТ ФИЛМ. Од некаде, од половина час во филмот, започнува одличен документарец за животот и смртта на новинарот Владо Танески, попознат како серискиот убиец од Кичево. Абе, овој дел ви е... МАСЕДОНИАН ОНЛИ! Нема ништо друго освен, автентични, потресни слики и снимки од архивите на МВР и Јавното Судство; па интервјуа со сите личности директно или индиректно поврзани со убиецот и неговите жртви; па други документи, извадоци од


весници, клипови од странски вести кои во тоа време говореле за случувањата; уште, интервјуа со наши познати фаци од полицијата, обвинителството, стручните лица на Судска Медицина (Еј, тука и јас си ги видов бившиот ми професор и асистент) и кој уште не. Целиот овој случај е обработен со таква темелна анализа, на која би позавидел и американскиот режисер на документарци, Мајкл Мур. За целата оваа работа, која е, искрено, изведена совршено, Милчо има едно ГОЛЕМО БРАВООООООООООООООООО! Ама, за целиот филм... Па, иако е подобар од претходниот шит, пардон хит „Сенки“ и уште постариот „Прашина“... АМА ОВА НЕ Е НИ НАРАТИВЕН ФИЛМ НИТУ ПА Е ВИСТИНСКИ ДОКУМЕНТАРЕЦ! Мислам како воопшто дошол до самото име, Мајки?! Човечеее... Сфаќате ли што сакам да кажам? Типов (Милчо) ја силувал вистинската приказна за кичевскиот убиец, од неа направил филм, си го присвоил, си го потпишал и сега го шета низ свет, фалејќи

се со него како да е неговото животно дело и дури и заработува слава и пари, НА СМЕТКА НА ТРИ МРТВИ ЖЕНИ, ЕДЕН МРТОВ УБИЕЦ И НЕКОЛКУ СОЦИЈАЛНО ОСАКАТЕНИ СЕМЕЈСТВА!!! ОКЕЈ, МИЛЧО! И ХОЛИВУД СНИМА ФИЛМОВИ СПОРЕД ВИСТИНСКИ ПРИКАЗНИ (затоа што како и ти, нема оригинални и свои идеи), АМА ДУРИ И ХОЛИВУД ПРАВИ ФИЛМСКИ ПРИКАЗНИ СПОРЕД ВИСТИНСКИТЕ ПРИКАЗНИ! ТИ, БЕ, БРАТ... СИ ДАЛ ФОТКИ, СНИМКИ, ВЕСТИ И ВЕСНИЦИ НА НЕКОЈ СИ ОД ТВОИТЕ КАМЕРМАНИ И МОНТАЖЕРИ И КОМПЈУТЕРЏИИ И СИ ИМ РЕКОЛ: „Дечки, ај од ова материјаливе, слепете една целулоидна лента, додека испушам една цигара, па треба во Кан да летам, за да го промовирам моето најдобро, досега“. И Мики, Ти вака се нарекуваш креативен уметник (и тоа внимавај, најдобар што дошол од РМ)?


Добро, Милчо, настрана... Ако можам да ги замолам сите наши уметници, во оваа пригода: дај бе, кажете со што се дрогирате, што вакво неповторливо творештво и оригиналност, напросто се излева од вашиот шуп.. мислам талент последниве години? Работава е „Јас имам таленат! Не...“ конечна оценка (за првиот дел од филмот) 8,5/10 Остатокот од филмот нека го оценат (и нека бараат оштета) личностите кои се вистинските актери во вистинкиот живот. Се читаме!



probaRevolucija