Page 1

Информатор на Технолошко технички факултет Велес, Број 1, јануари 2014 година

Предаваое на д-р Катерина Бачева

Прв академски час за II циклус

Фудбалскипт тим вп пплн спстав

1

Презентирани ERASMUS прпграмите за мпбилнпст


Уредници: 1. Доц. д-р Валентина Павлова - декан 2. Вондр. проф. д-р Анка Т. Петкоска – продекан за наука 3.Александар Савески – претседател на Студентски Парламент

Техничка обработка: 1. Иле Михалчев – IT администратор

ТТФ ИНФО : информативно издание кое ќе претставува сублимат на сите настани, активности, новости на Технолошко технички факултет Велес и Студентскиот Парламент.

2

ТТФ ИНФО ќе се подготвува два пати во текот на една академска година односно по завршувањето на секој семестар.


Впведен збпр.....

Почитувани, Интелектуалниот капитал на факултетот, научните достигнувања, научно-истражувачките проекти, квалитетот во образованието, меѓународната соработка, нашата работа и посветеноста на нашата мисија, кои започнаа да се развиваат од учебната 2008/2009 година, се од големо значење за нас и нашата земја. Негувајќи го капиталното знаење во текот на стратегискиот развој, факултетот, секогаш бил инспириран од визионерските погледи на основачите кои ги антиципирале потребите на општеството во кое денес живееме. Со своите вкупно 990 запишани студенти, а дел од нив запишани и на магистерски студии, факултетот покажува дека се грижи за неговите ориентири главно насочени за подготвување на студентите за нивната иднина. Благодарение на укажаната доверба и најголема помош и поддршка добиена од Министерството за образование и наука на Република Македонија и Универзитетот „Св. Климент Охридски“ Битола се изврши реновирање и опремување на новиот објект во Велес, доделен првично од општина Велес. Со ова градот на Гемиџиите со матичноста на нашиот факултет заслужува да го добие и епитетот универзитетски град. Градот Велес има и своја културна историја, овде е напишан првиот драмски текст на македонски јазик од Јордан Хаџи-Константинов Џинот, на театарска сцена за прв пат настапила жена, отворена е првата гимназија на Балканот, првата библиотека, музеј, од тука потекнува и првиот фотограф. Факултетот претставува место каде се стекнуваат знаења, вештини и бројни компетенции за времето во кое живееме, нешта што носат напредок на општеството. Знаењето ги отвора видиците за иднината, за напредокот и како голема награда доаѓа после напорниот труд. Го отвора прозорецот и набргу ја заменува темнината со светла перспектива. Несомнено дека секој го посакува тој процес. „Без образование ние сме во страшна и смртна опасност за да почнеме да ги сфаќаме образованите луѓе сериозно“ (Честертон). На сите студенти им посакувам многу убави и радосни моменти во текот на целокупното студирање, да се добие знаење кое секогаш е барано како и диплома според ЕКТС системот со која ќе се биде препознатлив во земјата и светот. Во текот на периодот на предавање и реализирање на вежби како и стресните периоди на полагање колквиуми и испити да се стекнат нови и незаборавни пријателства поминати со колеги со кои се разменуваат многу искуства од секој домен.

Декан на Технолошко-технички факултет, Велес

3

Кога Вашите резултати говорат самите за себе, немојте да ги прекинувате, напротив продолжете бидејќи секој успех е триумф на упорноста!


За факултетот...

Студии на Технолошко техничкиот факултет Велес.... Технолошко техничкиот факултет Велес започнува со работа во 2008 година со седиште во Велес и дисперзирани студии во Кичево, а првите бруцоши се запишаа на насоката прехранбена технологија и биотехнологија. Подоцна, во академската 2010/2011 година покрај насоката прехранбена технологија и биотехнологија се воведува уште една насока за прв циклус на студии – нутриционизам во Велес и дисперзирани студии во Битола. Во академската 2013/2014 година, на насоката прехранбена технологија и битехнологија, матурантите имаа можност да се запишат само во Велес, а на насоката нутриционизам, покрај уписите во Велес, матурантите имаа можност да се запишат на оваа насока и на дисперзираните студии во Кичево и Битола.

Компјутерски центар ТТФВелес

Современи предавални

Лабораторија – ТТФ дисперзирани студии во Кичево

4

(проект на Владата на Р. Македонија и Министерството за образование и наука)


За факултетот... Втор циклус студии на Технолошко технички факултет Велес Од академската 2012/2013 година на Технолошко техничкиот факултет во Велес се во функција три насоки на II циклус на студии:  Управување со системи за квалитет и безбедност на храна (едногодишни студии)  Нутриционизам (едногодишни и двегодишни студии)

Во моментов околу 40 студенти студираат на втор циклус студии на овој факултет, а дел од нив ги завршуваат обврските со предвидените испити и ги започнуваат подготовките на магистерските трудови.

Прв академски час за II циклус студии, декември 2013 година

5

Наставниот кадар при факултетот размислува за подготовка на програми за III циклус односно докторски студии.


За факултетот... Академската 2013/2014 година започна во реконструирани простории На 17.09.2013 година, Технолошко–техничкиот факултет од Универзитетот „Св. Климент Охриски“-Битола, ја започна академската 2013/2014 година во реновираните простории на поранешниот хотел „Вила Зора“.

Владата на Република Македонија кон крајот на 2011 година донесе одлука со која за потребите на Технолошко-техничкиот факултет беше отстапен на трајно користење дел од поранешниот хотел „Вила Зора“ додека општината Велес го преотстапи својот дел. Со ова факултетот го реши своето просторно прашање и повеќе нема да биде потстанар во поранешното училиште „Јордан Хаџи Константинов-Џинот. Во новите простории со над 1.500 метри квадратни има четири предавални, три лаборатории, компјутерски центар, сала за состаноци и простории за професорскиот и административниот кадар. Инвестицијата е вредна 6 милиони денари, од кои една третина ги обезбеди Министертсвото за образование и наука, а другите средства се обезбедени од страна на Универзитетот Св.Климент Охридски – Битолa. Во објектот целосно се променети водоводната и електричната инсталација и системот за затоплување, поставени се нови врати и прозорци, набавени се клупи, столчиња,

6

лабораториска и опрема за далечинско учење.


Наставен кадар I дел... Ред. Проф. д-р Драган Дамјановски, Продекан за

настава на

Технолошко технички факултет Велес Проф. д-р Драган Дамјановски дипломира во 1976 година на Технолошко – металуршки факултет во Скопје, а подоцна во 1987 година се стекнува со научно звање – магистер и

го продолжува своето образование на

докторските студии на Факултетот за рударство и геологија во Белград каде што докторира во 1996 година. Членство во професионални тела: Член на Управниот одбор и основачот на Евро регионален технолошки парк, Битола, член на Управниот одбор на Регионалната стопанска комора, член на Управниот одбор на Бизнис Стартап Центарот Битола и Бизнис Инкубаторот во Битола. Во периодот од 2008 – 2012 година ја извршуваше функцијата Декан на Технолошко технички факултет Велес. Од неговото претходно работно искуство може да се издвои: директор на Фондацијата за развој на мали и средни претпријатија – Битола, советник во АД Транскоп – Битола, Директор на РИН Битола сил и РЕК Живојно, а одреден временски период е член на Извршниот совет при општина Битола. Во моментов на Технолошко технички факултет Велес ја реализира наставата по предметите: Вовед во прехранбена технологија и биотехнологија,

Вовед

во

професија

нутриционизам,

Технологија

на

алкохолни

и

ферментациони производи, Претприемништво и мал бизнис и ја извршува функцијата Продекан за настава. Проф. д-р Дамјановски е автор на повеќе научно - истражувачки трудови, учествувал во повеќе научно истражувачки проекти: ТЕМПУС и Македонско – кинеска научна соработка преку проектот за Ремедијација на контаминираната почва при Технолошко – технички факултет Велес, Имплементација на HACCP систем во млечна индустрија „Идеал Шипка“ – Битола преку Фондација за развој на мали и средни претпријатија, а како соработка на Фондацијата со Економскиот факултет од Универзитетот Аристотел во Грција е дел од проектот

7

за Подигнување на свеста за нови и претприемачки технологии.


Наставен кадар I дел ... Вондреден проф. д-р Анка Трајковска Петкоска, Продекан за наука Д-р Трајковска Петкоска по дипломирањето на Технолошкометалуршкиот факултет-Скопје, Универзитет Св. Кирил и Методиј, продолжува на постдипломските студии на истиот факултет каде се здобива со степен Магистер на технички науки во 1999 год. Потоа заминува на докторски студии на Универзитетот на Рочестер, Рочестер, Њујорк (САД), каде на Факултетот за хемиско инженерство во 2007 год. се здобива со степен Доктор на технички науки. Од работното искуство на Д-р Трајковска Петкоска битно е да се издвојат нејзините претходни вработувања како процесен инженер -технолог во фирмата Силекс а.д.-Кратово и вработувањето на Воената академија ,,Г. Михајло Апостолски,,- Скопје како помлад асистент, а подоцна и асистент по група на предмети. Научно-истражувачката дејност на Д-р Трајковска Петкоска е нејзин интегрален дел уште од додипломските студии и продолжува за време на постдипломските студии. Поминала низ повеќе интер-дисциплинарни научно-истражувачки лаборатории со што се стекнува со најразновидни истражувачки искуства. Првенствено, нејзината истражувачката дејност е во областа на нови материјали, полимери и композити, истражување на релацијата структурасвојства-апликација на материјалите, промена на структурата и својствата на материјалите со различни типови на микро- и нано-допанти со цел добивање на нов сет на фуккционални својства, површински инженеринг на полимери и други видови материјали, депозиции на тенки филмови и превлеки, нанотехнологии, итн. Досегашната научно-истражувачка работа на Д-р Трајковска Петкоска е преточена во една стручна монографија издадена во Германија 2008 година, два патенти издадени во 2007 и 2010 год. во САД, како и повеќе научно-стручни трудови печатени во рецензирани интернационални списанија и презентирани на научно-стручни конференции и симпозиуми.

8

Во моментот Д-р Трајковска Петкоска е вклучена во неколку интернационални проекти кои разработуваат теми од областа на нови и напредни материјали, нивно подобрување и апликации (1) www.dibbiopack.eu, 2) www.fp7-polysol.eu, 3) www.composol.org). Во исто време, таа соработува со неколку стопански субјекти во државата, вклучена е во постдипломските студии на други академски институции во државата, како и надворешен соработник на неколку фирми и институти надвор од земјата.


Наставен кадар I дел ... Доц. д-р Валентина Павлова, Декан на технолошко технички факултет Дипломира на Природно-математички факултет (ПМФ), Институт за хемија, при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ Скопје во 1999 година, 2001-2002 г. работи како демонстратор, на Заводот за неорганска хемија на Институт за хемија, ПМФ, додека во 2002 г. е избрана за помлад асистент на Заводот за аналитичка хемија. После 5 годишно истражување ги завршува магистерските студии со магистерската работа „Разработка и примена на високоефикасни течни хроматографски и волтаметриски методи за определување на кокаин и бензоилекгонин“, одбранета 2005 год. (просечен успех 10,0). Истата година е унапредена во Асистент на ПМФ, Скопје. 2007 год. се стекнува со научен степен Доктор по хемиски науки, со докторската дисертација„Определување на некои психостимулативни дроги во форензички примероци и различни пијалоци со примена на високоефикасна течна хроматографија“ одбранета на Природно-математички факултет, Институт за хемија, Скопје. Од 2009 год. кога е избрана во звањето Доцент на Технолошко-Tехничкиот факултет-Велес, Универзитет „Св. Климент Охридски“ Битола до денес, континуирано е ангажирана во изведувањето на наставата во Велес и на дисперзираните студии во Кичево и Битола. Д-р. Валентина Павлова има објавено повеќе од 70 научни труда и соопштенија, учествувано во 10 научно-истражувачки проекти, ментор е на 16 и коментор на 11 дипломски работи одбранети при Технолошко-технички факултет. Фокусот на научно-истражувачката работа е насочен кон: физичка, хемиска, микробиолошка анализа на примероци од вода, житни култури, овошје, пијалоци; биохемиска анализа на хумана урина и хумана крв за определување на минерален статус; биохемиска анализа на крв од стаорци. Членува во неколку научностручни здруженија: Македонското научно друштво (МНД), Сојузот на хемичари и технолози на Македонија (СХТМ), European Hygienic Engineering & Design Group(EHEDG). Она што е особена важност дека е рецензент на 4 меѓународни списанија: Food and Public Health, American Journal of Biochemistry, Resources and Environment, International Journal of Food Science and Nutrition Engineering.Во 2009 г. остварува научно усовршување на Faculty of Chemistry and Mineralogy и Centre for Biotechnology and Biomedicine (BBZ), Leipzig, Germany. Во рамките на Basileus IV проект, Erasmus Mundus Action 2 проект Lot 6-Western Balkans region, добива стипендија за academic staff наFaculty of Food Technology and Nutrition, Alexander Technological Educational Institute of Thessaloniki, Thessaloniki, Greece, јануари-февруари 2014 г. На Технолошко-технички факултет, од 2011 год. е координатор за програма ERASMUS Life-

9

long Learning (реализирани 7 студенски размени за учебна 2012-2013 год.)


Промовирани доктори на науки во 2013...

Доц. д-р Сашко Мартиновски Доктор на науки Тема: „ГИС моделирање за стратегиско планирање на развојот на урбана средина“, Универзитет „Св. Климент Охридски“ – Битола, Економски факултет – Прилеп o Магистер по електротехнички науки: Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, Електротехнички факултет – Скопје, магистрирал со просечна оценка 10,00 o Дипломиран електротехнички инженер - компјутерска технологија и автоматика, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, Електротехнички факултет – Скопје o Вештини и компетенции: Експертни системи,Интелегентни системи, Бази на податоци (SQL), ГИС (Географски информационен систем), Програмирање (C++, Visual Basic…) o Изработка на софтвер:        

Контрола и пратење на технолошки процес Експертен систем за контрола на количка Финансико работење на производствени фирми Пратење на производтсво, анализа и детектирање на слабите точки во производтсвото, фабрика за кабли Неготино Апликација за конструкција на кабли, пресметки, материјална и финансиска конструкција на кабли во фабриката за кабли Неготино. Апликација за работење на противпожарна бригада на град Скопје. Апликација за студентска служба на Технолошко – технички факултет Велес (во согласност со ЕКТС) Разни едукативни програми

 Поле на научно истражувачка дејност:

 Експертни системи , во економијата, нутриционизмот и прехранбената технологија  Примена на ГИС во медицината, нутриционизмот, прехранбената технологија и економијата  ГИС и електронски сервиси, е-бизнис, е-маркетинг, е-трговија, е-менаџмент.....  ГИС моделирање

Доц. Д-р Сашко Мартиновски на Технолошко технички факултет Велес е ангажиран по предметите: Компјутери и апликативен софтвер/ Основи на компјутерско работење, Интернет и мултимедија, Деловно и професионално комуницирање и Маркетинг на прехранбени производи.

10


Промовирани доктори на науки во 2013... Доц. д-р Весна Антоска Дипломирала во 1996 г. на Техничкиот факултет при Универзитетот “Св.Климент Охридски„ во Битола со просечна оцена 8,9, каде што и магистрирала со просечна оцена 10,00 на тема “Нумеричка симулација на струење во меѓулопатичен простор и околу турбинска лопатка„. Во првата половина од септември 2013 година докторирала на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје, на тема “Робусност на ставот на полу-хуманоиден робот во однос на надвоерешни нарушувања„.Докторатот е дел од меѓународентригодишен проект финансиран од Европската Заедница на FP7/2007–2013–Challenge 2–„Cognitive Systems, Interaction, Robotics“ –под финансиско одобрување no. 231864 – ECCEROBOT. Доц. д-р Антоска во периодот од 1997 до 2006 г.била ангажирана и избрана за стручен соработник и помлад асистент при Техничкиот факултет во Битола. Во периодот од февруари 2008 до јуни 2008 г. кандидатката рaботи како-Локален соработник за подршка на меѓународниот консултант за: Развивање на модели за симулацијапроект подржан од Светска Банка. Од Март 2007 додекември 2008 г. работи како Државен службеник во Државниот завод за стaтистика, Сектор за Енергија и животна средина. Од септември 2007 г. е член на работната група при Министерството за животна средина и просторно плнирање на Република Македонија, за изготвување на Индикатори за животна средина од областа на енергија. Од 2007 работи на проект од Шведската агенција за развој SIDA, како одговорно лице за подготовка на податоците. Од Август 2006 до март 2007 г., вработена е како Државен службеник за информатичка технологија во Влада на РМ во соработка со Државните Универзитети.Од 1997 до 2000 година била вклучена во работата на Проект за информирање за студенти преку интернет ресурси кој се реализирал во Студенскиот информативен центар во Битола. Од 1 до 12 септември 2001 год., учествувала во работата на Третата меѓународна летна академија за талентирани студенти, финансирана од DAAD, Германија и Пактот за стабилност, која се одржува во Петровац, Црна Гора. На школата презентирала свое излагање на курсот по термодинамика и механика на флуидите.

11

На ТТФ Велес доц. д-р Антоска е ангажирана по предметите: математика 1 и 2, математика во нутриционизмот, основи на инженерска техника, моделирање и оптимизирање во нутриционизмот, биостатистика.


Мојата професија....

....со дипломиран инженер технолог Милко Велески Животот е правило кое треба да се почитува. Секој погрешен чекор скапо се плаќа. За да се истрае пред предизвикот наречен живот потребно е да се побара патот до среќата. Она што не исполнува всушност е она што го сакаме. И јас нешто во животов сакав. Отсекогаш мечтаев да создадам империја од прехранбени производи. За тој поход беше потребно од некаде да се почне, а тргнувањето стартуваше од студентските клупи.

Запишувањето на Технолошко-техничкиот факултет Велес беше дел од мојот план за реализација на соништата кои жарат во мене. Низ предавањата се здобив со многу нови информации, а желбата за надоградба ме натера да истражувам и да се борам понатаму за своите идеали. Предметите беа лесен залак па ги зедов, ако може да се каже, во еден здив. Годините врвеа, се ближеше крајот. Беше потребно да се размисли која стратегија да се примени за правилен избор во идните чекори низ мојот живот.

Долго време посакував да влезам во

составот на прехранбената индустрија „Витаминка“ бидејќи знаев дека таму, а сега тука можам брзо да учам и да напредувам во она за што долго време сонувам. Кога нешто искрено се посакува, тоа и се остварува. Така беше и со мене. Посакував, а сега еве сум во оваа гигантска индустрија. Од клупите влегов во битка за напредок. И да, вистина е она што го зборуваат дека теоријата е различна од праксата. Она што некогаш сум го читал сега тука е преточено во голем виор со кој треба човек да се справи. Сепак не е се така тешко како што звучи. Апсорбираното знаење низ претходните годините ми помага многу полесно да се справувам со препреките и предизвиците. И да има потешкотии, мора да се истрае. Што и да се случи продолжувам понатаму. Таа е мислата која ме води. Тоа е она што го сакам и за кое ќе се борам. На секого му посакувам да го оствари својот сон. Мој совет е да имате цел и да се движете кон неа. Ќе видите дека и таа ќе се приближи кон вас. Само така ќе се соедините. Јас успевам да чекорам по патот кој ме води кон занаетот наречен прехранбен мајстор - верувајте,

12

ќе успеете и вие!!! Ќе успееме сите кои тоа го посакуваме...


Проекти......  ТЕМПУС ПРОЕКТ Зајакнување на врската образование - индустрија во заштитата и квалитетот на храната (Improving Academia - Industry Links in Food Safety and Quality) Цел на проектот: Развој на соработката образование-индустрија со цел да се зајакне врската помеѓу тие две компоненти и да се промовира трансферот на знаење од областа на безбедноста на храна и квалитетот на храната. Развој и имплементација на курсеви за доживотно учење за надградување на вештините и знаењето од областа на безбедност и квалитет на храната; Развој на методологија за трансфер на знаење помеѓу универзитетите и индустријата во областа на безбедност и квалитет на храната; Воспоставување на центри на знаења од областа на безбедност на храна и квалитет, каде ќе биде вклучена и соодветната легислатива.

При реализацијата на проектот, Технолошко техничкиот факултет Велес како единица во составот на Универзитетот Св. Климент Охридски Битола беше партнер со: Универзитет Св. Кирил и Методиј – Скопје,

Универзитетите од Загреб, Сплит, Осијек – Хрватска,

Универзитетите од Белград и Нови Сад – Србија, потоа Универзитетот од Lleida - Шпанија, Аристотел Универзитетот од Тесалоники – Грција, BOKU Универзитетот од Австрија, Универзитетот за прехранбена технологија, Пловдив – Бугарија, Paulo&Beatriz, Consultores Associados, LDA од Португалија,

Glasgov Caledonian University, Шкотска и University of

13

Economics - Варна, Бугарија


Мојата ERASMUS приказна......

Дефининитивно искористена можност, претставува можноста за студентска мобилност преку програмата Еразмус. Во разговорот, Ѓоре Наков истакна дека студентите во Р.Македонија не ја искористуваат оваа програма за свој личен развој, можеби од страв дека нема да успеат да се снајдат во друга држава, но едно е сигурно оној кој заминал на студии преку програмата Ерамзус се враќа со позитивно искуство. Дипл. инж. технолог Ѓоре Наков: откако беше активирана оваа програма, се одлучив да заминам на студии во Бугарија на Универзитетот за прехранбена технологија во Пловдив на насока Технологија на жито, леб, слатки и пекарски производи. Оранизираноста на Факултетите и Универзитетите се основата на ова нешто, без нив ништо!!! Се поврзавме со Универзитетот во Бугарија од каде добиме потврден одговор дека се спремни за соработка, со што таа официјално и започна. Иако Бугарија ја одбрав поради тоа што јазиците се блиски сепак следниот ден - нов предизвик, во собата ми дојде цимер од Франција, кој воопшто не знаеше Бугарски јазик, а комунацијата на Англиски се одвиваше со потешкотии. На факултетот кој беше на само 5 минути од студенскиот дом ме пречекаа во канцеларија на Еразмус и ми објаснија како ќе се одвива наставата, потоа се запознав со сите професори кои ќе ми предаваат и започнав да следам настава. Што се однесува за наставата морам да ја пофалам Македонија (барем мојот Факултет), предводи со новостите кои се имплементирани за време на наставата( мултимедијална настава, интересни презентации и.т.н), а кога станува збор за ЕКТС, според мене Технолошко техничкиот факултет - Велес и Универзитет одлично го има спроведено овој систем на студирање, точно се знае колку кредити имаш, колку треба да освоиш ако ги полижиш испитите и што ќе се случи ако не ги положиш, во Бугарија за жал кредитите ги имаат само на хартија, но од студентите ретко некој знае за што служат, сеуште го имаат стариот систем со собирање на потписи. Но во однос на практичната настава, нашата држава треба во иднина да се залага повеќе и да се најдат соодветни начини како на студентите да им се

14

овозможи повеќе практична работа во текот на студиите.


Мојата ERASMUS приказна...... студент: Александра Тасевска, Технолошко технички факултет Велес

- насока

Нутриционизам Аплицирав за Еразмус само со цел да доживеам ново искуство, различни култури, различни јазици, дополнително знаење за мојата струка, да го доусовршам Ангискиот јазик и пред се независноста. Од две понудени држави, а тоа беа Словенија и Бугарија, јас ја одбрав Словенија. И кога дознав дека ќе сум дел од Еразмус програмата бев пресреќна, затоа што ќе бидам дел од големото Еразмус семејство. Со оваа програма јас поминав еден семестар на Универзитетот во Љубљана во Словенија. Предавањата, лабораториски вежби и полагањата се одвива на Англиски јазик. Запознав многу различни култури, јазици и различни преспрективи во поглед на животот. Стекнав големо знаење и искуство, што ако останев тука немаше да го стекнам, пријателства кои ќе траат доживотно.

За студентите кои сакаат да аплицираат на Еразмус да не се двоумот за ваква шанса, затоа што ректо се случува и никогаш нема да зажалат што ќе го искусат

15

оваискуство. Затоа што еднаш Еразмус - доживотно Еразмус.


Соработници на факултетот...

Месна индустрија Агриа – Велес

Агрп Ели – Велес

Млекара Милкпм с. Нпгаевци – Велес

Милина – Прилеп

Житп Вардар – Велес

П.И Витаминка – Прилеп

ЈКП Дервен – Велес

Научна устанпва Институт за тутун – Прилеп

ЈП Лисиче – Велес

Пекара Диме - Кичевп

Малина – Велес

Студенчица – Кичевп

ЈЗУ Центар за јавнп здравје – Велес

Млекара Бистра – Кичевп

Општа Бплница – Велес

Марип Матеп – Битпла

Млекара Маврпвп – Македпнски Брпд

Камел Сплар – Скппје

ДОО Плазма, Центар за плазма технплпгии – Скппје

Институт за стпчарствп – Скппје

РЕК Ослпмеј – Кичевп

Житп Карапрман – Кичевп

Синалкп - Кавадарци

Пивара – Битпла

16

Винарија – Стпби


Соработници на факултетот...

Соработка со IAESTE - Македонија Технолошко технички факултет Велес во јануари 2013 година, склучи договор со IAESTE Македонија. Оваа организација им овозможува на студентите да аплицираат за практична работа и да стекнат практично искуство во фирми или институции надвор од нашата држава, но и студентите кои студираат на факултетите надвор од Р. Македонија можат да реализираат пракса во соодветните институции и фирми во нашата држава. Во периодот од 17.10.2013 година до 15.11.2013 година на Технолошко техничкиот факултет Велес својата пракса ја реализираше студентот Зоран Пејиќ од Технолошки факултет – Бања Лука, Република Српска. Студентот Зоран Пејиќ имаше можност да посетува настава и лабораториски вежби заедно со студентите на нашиот факултет, но реализираше и посета на повеќе институции и фирми со кои соработува факултетот.

Дел од слободното време се

искористи за зедничко дружење, кафе средби и размена на искуства.

Посета на Крушево

17

Посета со практикантот Зоран Пејиќ во НУ Институт за тутун – Прилеп


Членство во организации...

 Заедница на Технолошко – металуршки факултети Во мај 2012 година, Технолошко техничкиот факултет Велес партиципираше и беше прифатен како рамноправна членка на Заедницата на Технолошко – металуршки факултети. Во оваа заедница членуваат и факултетите од: Нови Сад, Марибор, Бања Лука, Белград, Скопје, Косовска Митровица, Зворник, Бор. Како резултат на членството во Заедницата, Технолошко – техничкиот факултет Велес доби право на учество на Технологијада 2012 година која се одржа во Лепенски Вир, Доњи Милановац – Р. Србија. Технолошко – техничкиот факултет Велес беше претставен од страна на проф. д-р Драган Дамјановски, доц. д-р Валентина Павлова, асс. М-р Татјана Блажевска, претседателот на Студентскиот Парламент Александар Савески и тим од 6 студенти. Студентите учествуваа во спортски натпревари, игри без граници, презентација на научни трудови.

Прпмпција на градпт Велес Прпмпција на факултетпт

Презентација на научни трудпви

18

Учествп на натпревари,


Членство во организации...

Членство во EHEDG На 23 септември 2013 год. Технолошко-технички факултет, Велес стана нов Институционален член (бр. 2013-320) воЕвропската групација за хигиенско инженерство и дизајн, European Hygienic Engineering &Design Group (EHEDG) со седиште во Франкфурт, Германија.Ова е особено значајно бидејќи ние сме првиот и единствен факултет од Република Македонијакој членува во оваа организацијакаконајвлијателна европска мрежа (http://www.ehedg.org ). Мисијата на оваа организација се дефинира како:"EHEDG овозможува производство на безбедна храна преку обезбедување на насоки како авторитет на хигиенското инженерство и дизајн на храна произведена во или увезениво Европа" (како што е договорено од страна на Извршниот комитет на EHEDG во својата стратешка дискусија во 2012 година).Основана во 1989 година, претставува конзорциум на производители на опрема, производители на прехранбени производи, истражувачи и едукативни институции, како и авторитети од јавното здравство, чија цел е да се промовира хигиената на храната во текот на производството и пакувањето. EHEDG

активно

ја

поддржува

европската

легислатива

која

бара

ракувањето,

подготвувањето, преработката и пакувањето на храна да се врши хигиенски, со употреба на хигиенска машинерија и хигиенски простории.Производителите и корисниците на опрема во прехранбената индустрија се одговорни да ги имплементираат овие барања. EHEDG им помага во тоа преку давање упатства за основните стандарди за хигиенски дизајн во согласност со националната и меѓународната легислатива. Но, безбедноста на храната не застанува на границите на Европа. EHEDG промовира глобална хармонизација на упатства и стандарди. Организациите од САД (NSF и 3-A) се согласија да соработуваат при развој на EHEDG упатствата, а за возврат, EHEDG учествува во

19

развој на нивните 3-А и NSF стандарди.


„Проблемот со немањето цел во животот е во тоа што може да го поминете целиот живот трчајќи по теренот без да постигнете гол.“

20

Бил Коупленд, историчар, поет, писател


Впведен збпр.....

Почитувани, Студентскиот

Парламент

при

Технолошко

техничкиот

факултет Велес функционира две и пол години при што во континуитет креира програма за работа со активности од: едукативен, културно – забавен, спортски карактер, а бенефитот директно може да го почуствуваат самите студенти во зависност од нивниот интерес.

Се со цел да се сублимираат овие активности, а од друга страна да се создаде можност студентите дополнително да се информираат, едуцираат, да споделат свои искуства од нивното учество во активностите на факултетот или одредени програми, конгреси и сл. се наметна потребата од формирање на информатор на Технолошко – технички факултет Велес. Секој успех е наш заеднички успех, секоја реализирана активност е резултат на тимскиот дух и енергичноста која што доаѓа од нас. Да продолжиме и понатаму со нашите успеси, во билтенот на Студентскиот Парламент да бидат впишани уште многу реализирани активности и соработки, да одговориме на предизвиците, а сето тоа за нас носи искуство повеќе, повеќе дружење и продлабочување на нашите знаења и вештини. Со почит,

Претседател на Студентски Парламент ТТФ Велес

21

Савески Александар


Инфо состаноци со студентите

Со почетокот на академската 2013/2014 година, претседателот на Студентскиот Парламент присуствуваше на првиот академски час за бруцошите во Велес и дисперзираните студии во Битола, а подоцна во месец октомври оствари повеќе средби со студентите во Велес и дисперзираните студии во Кичево и Битола. На овие средби односно инфо состаноци, претседателот ги запозна студентите со тековните активности на организацијата како и активностите кои се предвидени согласно програмата за работа за академската 2013/2014 година. Притоа беше побарано од претставниците на генерациите во континуитет да го информираат раководството на Студентскиот Парламент за тековните барања или проблеми на студентите со цел навремено да бидат пренесени до раководните тела на факултетот или Универзитетот и да се изнајде начин за нивно решавање и да даваат предлози за следни

22

активности кои би се реализирале.


Обука: Деловно комуницирање и професионален развој

За студентите при Технолошко техничкиот факултет, во организација на Студентскиот Парламент и факултетот, беше организирана еднодневна обука која што имаше за цел да им помогне на студентите на поефикасен начин да одговорат на огласите за вработување, како да стигнат до потребните информации и да се соочат со следниот предизвик кој ги очекува по завршувањето на високото образование, а тоа е нивната работна позиција каде ќе ги имплементираат знаењата и искуствата стекнати во текот на студиите.

Обука – Велес

Обука – Кичево

Обука - Битола

Цели на обуката:  Практични совети, како да бидат во тек со понудените работни позиции и актуелните огласи за работа и да бидат подготвени да одговорат на барањата на работодавачите  Да подготват професионална биографија, препораки и мотивационо писмо и со тоа да стигнат до интервјуто за работа каде ќе дојдат до израз нивните професионални вештини и способностите за деловно комуницирање кои беа опфатени и презентирани пред

23

студентите во текот на обуката.


Свечена седница на Студентскиот Парламент

На 13.11.2013 година во просториите на Технолошко технички факултет Велес беше одржана свечена седница на Студентскиот Парламент на која што присуствуваа: претседателот на Студентскиот Парламент – Александар Савески, деканот на ТТФ Велес доц. д-р Валентина Павлова, студенти и претставници од организациите со кои нашата организација остварува соработка од самото основање. Во рамки на одбележувањето на 17-ти ноември светски ден на студентите и пет годишнината од постоењето на факултетот се организира оваа свечена седница. Пред присутните беше презентирано се што е реализирано во досегашниот период, но и следните активности кои ќе бидат реализирани во текот на академската 2013/2014 година.

Доц. д-р Валентина Павлова, декан на Технолошко – техничкиот факултет Велес посочи дека наставниот кадар е отворен за соработка, заеднички напредок и развој и целосно ги поддржува активностите на Студентскиот Парламент. Исто така истакна дека плод на успешната соработка меѓу студентите и раководството на факултетот се: членството на факултетот во Организацијата на технолошко – металуршки факултети, ИАЕСТЕ – Македонија,

24

учеството на меѓународни конгреси и натпревари.


Претседателот на Студентскиот Парламент, Александар Савески ги информираше студентите дека на седницата на Наставно научниот совет при Технолошко техничкиот факултет Велес одржана на 28.10.2013 година, едногласно беше прифатено барањето за обезбедување на просторни услови за работа на Студентскиот Парламент при ТТФ Велес и со тоа се донесе одлука за адаптирање на една просторија за потребите на студентите и организацијата. На свечената седница беа доделени потврди на студентите за посетена обука од областа на „Деловно комуницирање и професионален развој“, благодарници за студентите од завршните години на студии кои дале свој придонес во реализацијата на активностите согласно програмата за работа на Студентскиот Парламент, што ќе премине во традиција. Деканот на ТТФ Велес, доц. д-р Валентина Павлова им додели благодарници на студентите кои дадоа свој придонес во финалните подготовки на реконструираниот објект, пред

25

неговото свечено отворање.


Секторот за истражување и едукација при СПТТФ Велес во Велес и Битола

Секторот за истражување и едукација од ноември 2013 година започнува да функционира во склоп на Студентскиот Парламент при Технолошко технички факултет Велес. Студентите имаа можност да аплицираат со апликацијата која што беше поставена на интернет страната на факултетот, а потоа истата да ја проследат на e-mail адресата на Студентскиот Парламент. Моментално, секторот е формиран во Велес и Битола. Секторот за истражување и едукација во Велес брои 12 членови, а во Битола овој сектор ќе започне со работа со 10 членови. Рокот за аплицирање заврши, но секојдневно студентите се интерсираат како може да бидат дел од ова работно тело.

Цел на секторот: Имплементација на стекнатите знаења во рамки на наставната програма

Задачи на секторот:

2 3

• Истражување (анкети, експерименти) • Обработка на резултати

• Организација на едукации • Презентација и публикација на истражувањето

26

1

• Утврдување на одреден проблем • Поставување на хипотеза


Спортски активности

По повод пет годишнината од постоењето на Технолошко техничкиот факултет Велес и одбележувањето на 17-ти ноември Меѓународниот ден на студентите беа организирани повеќе спортски настани.

Студентски турнир во пинг понг Во организација на Студентскиот Парламент при Технолошко технички факултет Велес и Студентскиот Парламент при Универзитетот Св. Климент Охридски на 14.11.2013 година (четврток) беше организиран турнир во пинг понг во спортска сала Гемиџии – Велес.

На турнирот учествуваа околу 50 студенти од високообразовните единици при Универзитетот Св. Климент Охридски од Битола (Технолошко технички факултет - Велес, Технички факултет - Битола, Ветеринарен факултет – Битола, Економски факултет – Прилеп, Факултет за администрација и информациони системи, Биотехнички факултет). За првите три места од организаторот беа обезбедени пехари и дипломи, а на сите учесници им беа доделени

27

благодарници.


Спортски активности Фудбалски натпревари На 19.11.2013 година во спортската сала Гемиџии – Велес беше одигран фудбалски натпревар помеѓу екипите на Технолошко технички факултет Велес и Технички факултет Битола. Поттикнување на спортскиот дух, дружење и фер игра се дел од целите на заедничката соработка помеѓу Студентските Парламенти при ТТФ Велес и Технички факултет Битола. Домаќинот - екипата на ТТФ Велес беше поразен од страна на гостите – екипата на Технички факултет Битола (0 : 3), а на 13.12.2013 година екипата на ТТФ Велес во улога на гости одиграа фудбалски натпревар со Технички факултет во Битола. (ТФБ 2 : 5 ТТФВ). Во соработка со Универзитетот Св. Климент Охридски за сите високообразовни единици во текот на секоја академска година се обезбедуваат спортски термини кои студентите можат бесплатно да ги користат.

Екипата на Технолошко технички факултет Велес има учествувано на повеќе година го освои третото место.

28

спортски настани, а на Универзитетската лига во мал фудбал во академската 2009 / 2010


ЗДРАВИ НАВИКИ ЗА ЗДРАВ СТУДЕНТСКИ ЖИВОТ

Студентскиот Парламент при Технолошко технички факултет во перидот март- мај 2013 година спроведе анкета меѓу студентите со наслов “Здрави навики за здрав студентски живот“. Целта на анкетата беше да се утврдат животните навики на студентите, како и едукација за подобрување на истите.  Подготвен анкетен прашалник  Тим за реализација на анкета: Елена Стојанова, Ангела Тасеска, Марина Релушкоска, Ангел Пановски, Оливера Саздова, Ангел Јорданов,  Анкетирани: 160 студенти  Возраст: 19-22 години  Заклучокот од истражувањето го подготвија Маргарета Поп Икономова и Наташа Шуркова – студенти во IV година – нутриционизам

Свеста на студентите за штетните последици од пушењето и консумирањето алкохолни и енергетски пијалоци е на високо ниво, па така 69% од студентите рекле дека воопшто не пушат, 69% пијат алкохол само еднаш неделно, а дури 76% од студентите воопшто не пијат енергетски пијалоци.

29

41% од студентите пијат повеќе од 1L вода во текот на денот, а пијат помалку газирани пијалоци 42% од студентите пијат газирани пијалоци само еднаш неделно


За жал, во однос на исхраната студентите сеуште во висок процент консумираат брза храна, junk food, како и пржена храна. 58% од студентите консумираат бел леб и јадат разновидна конзервирана храна којашто е сиромашна со квалитетни нутритиенти

 Здравата исхрана е на ниско ниво.  Мало појаснување: Под здрава исхрана се подразбира внесување на балансирано количество на протеини, јагленихидрати, масти, витамини и минерали. Тоа значи, внесување на поголеми количини на протеини и јагленохидрати, а помалку масти.

ПРЕПОРАКА: Како идни нутриционисти Ви препорачуваме да се јадат дневно 5 порции на овошје и зеленчук, затоа што потребните витамини и минерали се внесуваат преку свежото овошје и зеленчук, а не преку синтетски препарати, разни додатоци или екстракти од храна, кои може да се купат во аптеките. Со тоа се намалува ризикот од срцеви заболувања, дијабет, повеќе видови на карциноми и други заболувања. Планирајте ги вашите оброци со тоа што секој ден ќе внесувате хранливи материи Вашите оброци треба да бидат разновидни и вкусно подготвени Обидете се за појадок да внесувате 1/3 до 1/4 од дневата количина на калории За вечера подготвувајте полесна храна без месо Намалете го количеството на заситени масти, сол и шеќер кое дневно го консумирате

30

ужина онака внесувајте хранаи да бидете физички Да се За храните како здрава што треба активни - тоа не е само "диета" или "програма" - тие се клучните компоненти на здравиот начин на живот. Животот го прават и навиките.....


Соработници...

 Општинска организација Црвен крст – Велес -

Реализирани III успешни крводарителски акции (февруари 2011, февруари 2012, февруари 2013)

-

Хуманитарна студентска забава Одбележување на Светски ден за борба против ХИВ – СИДА

 Фондација ФОКУС - Подготовка на Локална младинска стратегија (учество во работната група)

31

- Соработка во рамки на проектот „Зачувај – не уништувај“


Новости...

Александар Савески освои I место на Универзитетски натпревар Универзитетот Св. Климент Охридски - Битола на 05.12.2013 година одржа свечена седница по повод патрониот празник 8-ми Декември и 34 годишнината од неговото постоење.

Во рамки на свеченоста беа доделени признанија за најдобро дипломираните студенти од високообразовните единици при Универзитетот и дипломи за наградените студенти од Конкурсот за најдобар истражувачки труд и есеј. Првата награда во категоријата: најдобар истражувачки труд беше доделена на Александар Савески – студент на Технолошко технички факултет Велес,а истражувачкиот труд е на тема: Црвеното овошје како извор на антоцијани со антиоксидативно дејство. Студентот Александар Савески, при подготовката на овој труд работеше под менторство на: проф. д-р Марија Србиноска, доц. д-р Валентина Павлова и асс. м-р Викторија Стаматовска.

32

Истражувањата беа правени во Научна Установа Институт за тутун – Прилеп, што уште еднаш ја потврдува на дело соработката на Технолошко техничкиот факултет Велес со институциите и бизнис секторот.


Новости...

Предавање на д-р Катерина Бачева –најдобар млад научник за 2013 год.

Д-р Катерина Бачева е прогласена за „Најдобар млад научник“ за 2013 година. Оваа награда ја доделува д-р Ѓорѓе Иванов, претседател на Р.Македонија. Д-р Бачева одржа предавање за студентите на Технолошко – технички факултет Велес и притоа зборуваше за дистрибуцијата на тешките метали во животната средина во непосредната околина на рудникот Алшар.

Презентација на ERASMUS програмите и Кариерниот центар при УКЛО Пред студентите на Технолошко технички факултет во Велес се одржа презентација и промоција на : *програмите за мобилност на студентите и наставниот кадар ERASMUS MUNDUS BASILEUS Vи

33

*Кариерниот центар – КРЕДО кој функционира при Универзитет Св. Климент Охридски - Битола


Дипломирани инженери технолози

Студент

Тема на дипломски труд

Предмет

Ментор

Датум на одбрана

Ѓоре Наков

Влијанието на годината на бербата и условите за чување врз хемиско физичките карактеристики на вино Вранец

Технологија на алкохолни и ферментациони производи

Ред. проф.д-р Драган Дамјановски

27.06.2013

Александра Димовска

Постферметативни промени во примероци вино од винарија Изворно

Технологија на алкохолни и ферментациони производи

Ред. проф.д-р Драган Дамјановски

24.09.2013

Кристина Тосева

Различни пристапи во процесот на бистрење на виното

Технологија на алкохолни и ферментациони производи

Ред. проф.д-р Драган Дамјановски

13.09.2013

Габриела Орушевска

Определување на калциум, фосфор и железо со примена на биохемиски процес

Биохемија

Доц.д-р Валентина Павлова

15.03.2013

Игор Тодоровски

Влијание на социоекономските фактори врз конзумирањето на млеко и млечни производи во РМ

Суровини во прехранбената индустрија

Ред. проф.д-р Драган Дамјановски

19.03.2013

Маргарита Сивакова

Следење на квалитетот на вода за пиење во општина Велес

Технологија на вода и отпадни води

Доц.д-р Валентина Павлова

13.09.2013

34

насока: прехранбена технологија и биотехнологија, Велес


Биофортификација на житни култури со цинк како микронутритиент

Антиоксиданси, витамини и минерали

Доц.д-р Валентина Палова

09.10.2012

Македонка Тодорова

Застапеност на овошје и зеленчук во исхраната на населението од РМ

Антиоксиданси, витамини и минерали

Доц.д-р Валентина Палова

19.03.2013

Кети Ѓешовска

Испитување на квалитот на бело кравјо сирење во различни полимерни пакувања

Технологија на пакување и амбалажирање

Вондреден проф. д-р Анка ТрајковскаПеткоска

11.09.2012

Даниела Митушевска

Определување на олово и кадмиум со атомска емисиона спектроскопија во кајсии во Велешки регион

Инструментални и аналитички методи во исхраната

Вондреден проф. д-р Горица Павловска

26.03.2013

Елена Ѓорѓиевска

Хемиски карактеристики џемови од слива

Технологија на овошје и зеленчук

Ред. проф.д-р Драган Дамјановски

27.12.2012

Маринела Угриновска

Определување на олово и кадмиум со атомска спектроскопија во праски во Велешки регион

Инструментални и аналитички методи во исхраната

Вондреден проф. д-р Горица Павловска

10.06.2013

Eлизабета Андовска

Квалитетни својства на џемови од праска

Технологија на овошје и зеленчук

Ред. проф.д-р Драган Дамјановски

28.01.2013

Тања Стојановска

Определување на селен со атомска смисиона спектроскопија во селективни видови на печурки од Македонија

Инструментални и аналитички методи во исхраната

Вондреден. проф. д-р Горица Павловска

11.09.2012

на

35

Ана Апостолова


Определување на железо со атомска емисиона спектроскопија во селектирани видови на печурки од Македонија

Инструментални и аналитички методи во исхраната

Вондреден проф. д-р Горица Павловска

14.11.2012

Анѓел Јованов

Определување на макро и микро елементи во габи од видот Suillus

Инструментални и аналитички методи во исхраната

Вондреден проф. д-р Горица Павловска

10.06.2013

Македонка Димова

Определување на олово,кадмиум и цинк со атомска емисиона спектроскопија во млеко од Превалец, Велешко

Инструментални и аналитички методи во исхраната

Вондреден проф. д-р Горица Павловска

11.09.2012

Дајана Гуцева

Промена на хем.состав при стоење на отворени сокови од јаболка и праска

Технологија на безалкохолни и освежителни пијалоци

Вондреден проф.д-р Горица Павловска

05.07.2013

Стефани Тонева

Дoбивање на хемиски анализи на рафинирано сончогледово масло

Технологија на масти и масла

Вондреден проф. д-р Горица Павловска

05.07.2013

Светлана Чуруковска

Определување на кадмиум со атомска емисиона спектроскопија во селектирани видови печурки од Македонија

Инструментални и аналитички методи во исхраната

Вондреден проф. д-р Горица Павловска

28.01.2013

Александар Савески

Имплементација и примена на HACCP системот на линијата за производство на млечен сладолед во Милина

Квалитет и безбедност на храна

Ред. проф.д-р Драган Дамјановски

28.10.2013

36

Габриела Бранковска


Карактеристики на брашно добиено од цинк-биофорифицирана пченица

Антиоксиданси, витамини и минарали

Доц.д-р Валентина Павлова

29.10.2013

Филип Митревски

Филтрирање на вода за пиење во општина Велес

Технологија на вода и отпадни води

Доц.д-р Валентина Павлова

12.11.2013

Викторија Басарова

Дејство и статус на дигестивни ензими кај пациенти од општина Велес

Биохемија

Доц.д-р Валентина Павлова

30.09.2013

Љупка Нецинова

Влијание на времетраењето на складирање врз квалит.карактеристики на џемови од малина и праска

Технологија на овошје и зелнчук

Ред. проф.д-р Драган Дамјановски

03.12.2013

Павле Коцев

Зголемување на содржина на железо во житни култури преку биофортификација

Антиоксиданси, витамини и минарали

Доц.д-р Валентина Павлова

09.10.2012

Биљана Попова

Карактеристики ZELL-OXYGEN

Антиоксиданси, витамини и минарали

Доц.д-р Валентина Павлова

26.02.2012

Анита Велковска

Биохемиски методи за определување на натриум и калиум

Биохемија

Доц.д-р Валентина Павлова

27.12.2012

Драги Поповски

Определување на присуство на ензиминвертаза во квасец

Основни процеси во прехранбената индустрија

Ред. проф.д-р Драган Дамјановски

21.03.2012

Соња Елисковска

Влијанието на петти канал на река Црна за време на пролетниот период

Технологија на вода и отпадни води

Доц.д-р Валентина Павлова

09.07.2012

на

37

Славица Темелкова


Дипломирани инженери технолози насока: прехранбена технологија и биотехнологија, Кичево

Марина Костеска Рената Стефаноска Билјана Божиноска

Влатко Пејоски Вања Стаматоска Ајсер Емроска Александар Данилоски Николина Мисајлеска

Тема на дипломски труд Микробиолошка анализа од Петти канал во месец мај Реолошки карактеристики на различни типови на брашно Определување на цинк со атомска емисиона спектроскопија во селектирани видови печурки од РМ Хемиски третман на вода за парни котли во РЕК Осломеј Осврт на имлементација на НАССР систем во млекара Бистра Микробиолошка анализа на вода од црна река Тековни и нови начини за дезинфицирање на вода за пиење во општина Кичево Застапеност на некои макроми. И микром.во хумана крв

Соња Здравеска

Дијана Гинкоска

Технологија производство колачи

на на чајни

предмет

ментор

Технологија на вода и отпадни води Технологија на жито,леб и пекарски проиозводи Инструментални и аналитички методи во исхрана

Доц.д-р Валентина Павлова Ред.проф.д-р Драган Дамјановски

Датум на одбрана 03.10.2013

21.11.2011 2

Вонр.проф.др Горица Павловска

01.10.2012

Вонр.проф.др Горица Павловска Ред.проф.д-р Драган Дамјановски Доц.д-р Валентина Павлова Доц.д-р Валентина Павлова

26.06.2013

Антиоксиданси,в итамини и минерали Инструментални и аналитички методи во исхрана

Доц.д-р Валентина Павлова Вонр.проф.др Горица Павловска

24.08.2012

Технологија на шеќер и кондиторски производи

Ред.проф.д-р Драган Дамјановски

30.01.2013

Општа Хемија Квалитет и безбедност на храна Технологија на вода и отпадни води Технологија на вода и отпадни води

04.07.2012

28.03.2013

30.01.2013

27.09.2012

38

Студент


Александар Димоски

Хемиска анализа чешменмска вода Кичево

Александра Јакимоска

Компаративна студија за оправданост од имлементирањена соларни системи во млеко преработувачки капацитети во региони во Кичево Имплементација на НААССР системот на линија за произ.на овчо сирење во млекара Бистра Следење на квалитетот на водата во пречистелната станица М.Брод Квалитетни карактеристики на полнето млечно чоколадо

Катерина Ќипроска

Дарко Стојчески Милко Велески

Eлена Наумоска

на Инструментални од и аналитички методи во исхрана

Технологија на производство на ржанопченичен леб со кисело тесто

Вонр.проф.д-р Горица Павловска

24.10.2013

Процесна опрема во прехрамбена технологија

Вонр.проф.др Анка П.Трајкоска

16.05.2013

Квалитет и безбедност на храна

Ред.проф.д-р Драган Дамјановски

16.10.2013

Технологија на вода и отпадни води

Доц.д-р Валентина Павлова

26.06.2013

Технологија на шеќер и кондиторски производи Технологија на жито,леб и пекарски проиозводи

Ред.проф.д-р Драган Дамјановски

03.10.2013

Ред.проф.д-р Драган Дамјановски

19.12.2013

Подготвиле: 1. Бошко Петровски – референт по ЕКТС (дипломирани студенти – Велес) 2. Виолета Спасеноска – референт за студентски прашања (дипломирани студенти –

39

Кичево)


Прптести прптив рестартираое на Тппилица

Ден на дрвптп

Ппсета на Винарија СТОБИ

ICAMES, 2012 - Турција

Нутриципнистите вп хумана мисија, Битпла

Ппчитувани читатели, Вашите ппфалби, критики и предлпзи ги пчекуваме на e-mail: spttfv@gmail.com Следнипт брпј ќе излезе вп јуни 2014 гпдина.

40

Студентска вечер

Медиумска прпмпција на факултетпт

ТТФ ИНФО  

број 1 информатор на Студентски Парламент при Технолошко технички факултет Велес

Advertisement