Issuu on Google+

излегува секој понеделник | 19 март 2012 година | број 25 | издавач: Општина Струмица

Одржана 53-тата седница на Советот на општина Струмица Советот на општина Струмица ја одржа 53тата седница на која го усвои четвртиот Квартален извештај за извршување на Буџетот, Годишниот извештај на Општина Струмица и Завршната сметка на Буџетот на општина Струмица за 2011-та година.

Советниците ги прифатија и извештаите за реализација на Програмата за уредување на градежното земјиште на подрачјето на општина Струмица и на Програмата за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локални патишта и улици на територијата на општина Струмица за 2011та година. Советот на општина Струмица едногласно ги усвои и извештаите за работата на Територијалната професионална противпожарна единица во Струмица и на ЈПЕД “Струмица-гас“ за 2011-та година, а ја дополни и Годишната програма за изработка на урбанистички планови на подрачјето на општина Струмица за тековната 2012-та година. Советниците донесоа и неколку одлуки за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за усогласување на намената на градежно земјиште на неколку парцели во КО Струмица.

288 пријави до сервис службата “Систем 48“ фунционирање на “Систем 48“, кој на најбрз и бесплатен начин ги сервисира потребите на граѓаните за прашања од локалниот живот.

Во изминатите 5 месеци, 288 пријави се поднесени од страна на граѓани на општина Струмица до сервис службата “Систем 48“ преку бесплатниот телефонски број 0800 48 48 48. На работниот состанок во Кабинетот на градоначалникот на општина Струмица, со одговорните лица на десет општински служби и претпријатијата кои се вклучени во тимот кој го опслужува “Систем 48“, градоначалникот Зоран Заев изрази задоволство од петмесечното

“Транспарентноста на овој систем не прави да бидеме уште поажурни и ефикасни во своето работење. Од пристигнатите 288


пријави, во рок од 48 часа е одговорено и постапено по вкупно 254 или 88,2% од овие телефонски достави“ – вели градоначалникот Заев. Најбројни се пријавите за уличното осветлување,119, заклучно со вчерашниот ден, па подигањето на сметот и јавната хигиена, а како проблем за нерешавање на преостаните пријави, градоначалникот Зоран Заев ги посочи, изградба на тротоари, кои се уште не се влезени во програмата за комунално уредување, како и барања чија што реализација е блокирана поради нерешени имотно-правни односи.

“Има пријави кои не се решени, но ние не ги криеме, туку ги објавуваме и бараме решение за нив. Тие се најчесто од инвестиционен карактер или бараат подолго решавање. Сите пријави се постираат на веб страната на општина Струмица, секој може да провери кои пријави се доставени, кои се решени, каде реагирале службите“ додаде градоначалникот Зоран Заев.

Струмичкиот Карневал се претстави во Белгија

40-тина струмички “карневалџии“ составени од карневалските групи "Ѕвезден Град", "Мулен Руж" и "Струма", со претставници од Организациониот одбор на “Струмичкиот Карневал“, беа меѓу 2-те илјади маскирани учесници од Словенија, Германија, Швајцарија, Холандија, Франција, Луксембург и од различни региони на Белгија на годинашниот карневал во Арлон, Белгија.

30-тина илјади посетители го следеа патот во поворката на струмичани, кои преку “Струмичкиот Карневал“, Македонија беше за прв пат претставена на овој карневал во Белгија, а впечатливото претставување на струмичани беше забележано и од најтиражните печатени медиуми во Белгија, објавувајќи фотографии од маската “На пат кон вселената“, дело на

карневалското здружение “Мулен Руж“. Покрај учеството во карневалската поворка, претставниците на “Струмичкиот Карневал“, беа дел и од Инагурацијата на Карневалскиот Принц во Арлон, од Маскенбалот, како и од официјалниот прием на странските делегации и секаде наидуваа на срдечен прием и респект кон “Струмичкиот Карневал“.

Струмиц@Инфо


Општина Струмица со нов проект на УСАИД Проектот за меѓуетничка интеграција во образованието на УСАИД, во реализација на Македонскиот центар за граѓанско образование, со свечена церемонија започна во вторникот во Скопје.

Во пријатна атмосфера, во присуство на голем број гости, меѓу кои и претставници од Одделението за образование и основните и средни училишта во општина Струмица, стартуваше новиот проект на УСАИД, кој се однесува на меѓуетничката интеграција во образованието во Република Македонија. Целта на овој проект, кој се планира да трае четири години, е да поттикне градење на свесност и обезбедување разновидни обуки, техничка помош и стимул за училишните одбори, директорите на училиштата, наставниците и за вработените во општините, одговорни за образованието, за поддршка на меѓуетничката интеграција во образованието. Општина Струмица е дел од четирите пилот општини заедно со Тетово, Битола и Бутел,

кои во првата година од проектот ќе поминат низ пробните модули за обука, во кои се опфатени 40 основни и 17 средни училишта.

Буџетот на овој проект, финансиран од УСАИД, изнесува 5.200.000 долари и опфаќа четири комплементарни компоненти, за информирање на јавноста и заедниците, оспособување на наставниците, раководството и управата во училиштата и вработените во општините - одговорни за образованието, модел на училишта и обезбедување стимул за училиштата и за локалните заедници - реновирање на училишта. Општина Струмица ќе се вклучи во сите проектни активности кои треба да бидат основа за успешна реализација за вградување на концептите на меѓуетничката интеграција во образовната политика на училиштата.

Градоначалникот Зоран Заев за бесправната улична продажба

Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев, на булеварот “Маршал Тито“, односно на тротоарот, покрај “Глобал“ и “долгата зграда“, на просторот каде продаваат дивите улични продавачи, одржа прес конференција на која

ги повика Државниот пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи да го решат проблемот со дивите продавачи. “Нашиот преубав град на кој ни завидуваат граѓаните од сите други градови во државата, се соочува со голем проблем поради индолентското однесување на некои државни институции. Струмичани се доведени во ситуација од една страна да се гордеат со изгледот на централното градско подрачје, но истовремено и да се срамуваат од нагрдувањето на тој изглед од страна на бесправната улична продажба на се и сешто, нешто што зема се поголем замав. Тоа ли го заслужуваат Струмица и


Струмичани, во таков ли град сакаме да живееме? Малостопанствениците и дуќанџиите кои уредно си ги плаќаат сите давачки се доведени до работ на пропаста. Сиромаштијата добива загрижувачки димензии, а цените на основните производи секојдневно растат. Куповната моќ на граѓаните е сведена на минимум, па поради тоа дуќанџиите немаат работа. Згора на тоа сведоци сме на невиден апсурд: Надлежните институции ги репресираат и казнуваат легалните трговци и сопственици на дуќани, а не превземаат ништо против нелегалните улични продавачи, а токму легалните се тие кои го полнат државниот буџет од кој оние кои треба да ги заштитат земаат плата. Ова го нема никаде. Луѓето од Државниот пазарен инспекторат и од УЈП, крајно време е да излезат на терен и да го решат овој проблем, впрочем за тоа и се платени. Од ова место им порачувам - ако им недостасуваат некакви ресурси, било гориво, возило, финансии, било каква помош и соработка - локалната самоуправа, Општина Струмица им стои на располагање во секое време. Поради лошата економска состојба продуцирана од власта, но и поради овој нерешен проблем, и на старата чаршија и во “Глобал“, на овој Булевар “Маршал Тито“, булеварот “Ленинова“ и на други места во градот секојдневно се затвараат дуќани. Треба ли името на старата чаршија да го преименуваме во улица “Дуќанот се издава”. Треба ли името на овој булевар да го преименуваме во “Вашарски булевар”. Времето на “вашари“ помина уште во минатиот век. Зошто некој сака да не врати во минатото? Поради ваквата хаотична состојба голем е бројот на дуќанџии и граѓани кои организирано преку социјалните мрежи јавно го изразуваат својот револт. Тој нивен револт е сосема на место и апсолутно оправдан. Ги поддржувам целосно овие сограѓани, затоа што нивниот револт е и мој револт, па ако е потребно заедно со нив ќе излезам и на протести. Ги повикувам јавно споменатите државни институции да го решат овој проблем и да се справат со се поголемото безредие во градот во делот на нелегалната продажба и трговија. Струмица тоа не го заслужува“ – изјави градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев. На новинарско прашање, дали општината има други можности и механизми, освен мандатни казни, за отстранување на оваа грда слика од булеварот, градоначалникот Заев одговори дека, општината ја има истата ингеренција кога некој граѓанин плукне или остави дрва на тротоарот или слично. “Тоа е мандатна казна од 50 евра, која што законот ја дава како можност или да ја платите или да ја одработите во комуналното претпријатие,

кои граѓани одат, ќе ја одработат и повторно се овде на улиците да продаваат. Немаме никаков ви д на надлежнос��и.

Пазарниот инспекторат го врши законитото продавање или промет на стоки. Управата за јавни приходи врши надзор над фискалните сметки, легитимното продавање. Овие две институции имаат ингеренции да конфискуваат и одземат роба, согласно кое очекуваме да се реши ваквиот проблем. Ако сите ја извршиме нашата обврска согласно законот, можеме да кажеме дека ќе им помогнеме на граѓаните. Немаштија е присутна насекаде. Сиромаштијата си го прави своето. И апсолутно сите знаат од кој е продоцирана ваквата сиромаштија. И покрај се, да го толерирате ваквото бесправно продавање на секаков вид на стока, е дополнителен удар врз сите оние кои сакаат чесно, по закон да работат во ова наша земја“ – истакна градоначалникот Заев.

Промоција на брошурата, 10-те лауреати на “АСТЕРФЕСТ“ Брошурата “10 лауреати“ на Меѓународниот филмски фестивал “Астерфест“ беше промовирана во струмичката библиотека “Благој Јанков Мучето“. Автор на портретите на десетте добитници на специјалната награда “Астер“ е новинарот и филмски критичар Сунчица Уневска, а изданието го промовира Гена Теодосиевска.


Брошурата “10 лауреати“ е посветена на досегашните десетмина почесни добитници на признанијата за особен придонес во областа на филмот, ТВ и драмската уметност што ги доделуваат “Тивериополската филмска алијанса“ и “Астерфест“

струмичани. Ги видоа и посетија нашите знаменитости, уникатности, а сето тоа нашиот фестивал го прави поинтересен и поразличен од другите манифестации во државата и во светот“ – рече Горан Тренчовски, директор на “Астерфест“.

Станува збор за живописните портрети на Бранко Гапо, Карољ Вичек, Лордан Зафрановиќ, Рангел В’лчанов, Мигел Ермосо, Боро Драшковиќ, Жарко Радиќ, Лаила Пакалнина, Салаетин Билал и Тимоти Бајфорд. Наградата за животно дело “Астер“ се доделува од 2007 година.

Директорот на “Астерфест“, Горан Тренчовски го најави и осмото издание на Меѓународниот филмски фестивал “Астерфест“, кој ќе се одржи од 25-ти до 29ти мај во Струмица, под мотото “Одисеја 2012“.

“Меѓу десетмината лауреати се и оние кои за прв пат зачекориле на струмичка почва, дошле во Струмица, се дружеле со

Колумна на Зоран Заев: Помеѓу сонот и јавето Во математиката и економијата една единствена нула,сосема сеедно дали е повеќе или помалку,значи многу. Веројатно ја знаете онаа народната: “Една нула - една кула”. Но, не е така само со бројките туку и со буквите. Само една единствена буква повеќе или помалку во некој збор, целосно го менува неговото значење. Примери за тоа има многу. Сигурен сум дека секој од Вас може веднаш да наброи повеќе такви примери кога два збора со различно значење се разликуваат само во една буква. Е па,имам и јас за Вас еден таков интересен пример. Но, истиот ќе го зачувам за крајот од колумнава, како резиме на она што сакам да ви ко пренесам преку овие редови. Само ќе споменам дека разликата помеѓу двата збора од мојот пример наликува на разликата помеѓу сонот и јавето, помеѓу зборот и делото, помеѓу видливото и невидливото...

Еден исклучително важен проект кој во општина Струмица започна да се реализира минатата година, наскоро ќе ја доживее својата финализација. Станува збор за проект кој значително ќе го подобри квалитетот на живеење во општината но и ќе придонесе за развој на стопанството и земјоделството. Веста за овој капитален


проект е: Струмица се гасифицира. Кога таа вест ја пласиравме во јавноста пред неполна година, “неверните Томовци” се прашуваа како е можна гасификација без дојдовен гасовод. Дел од нив даваа иронични коментари од типот: “Заев ветува виртуелен гас” ,во смисла дека проектот е лажен, нереален или привиден. И за некое чудо, беа во право, но само во употребата на вистинскиот збор, но не и во нивното поимање за значењето на тој збор. Имено, зборот “виртуелно” во превод значи “како вистинско” или нешто што е налик на реалното а ги исполнува истите функции. И токму така, на Струмица и се случува нешто што се вика Virtual pipe line – Виртуелен цевковод или CNG (Compressed natural gas) – компресиран природен гас. За реализација на овој проект Општина Струмица пред неколку месеци го формираше претпријатието “Струмица гас” кое успеа во мошне кус временски период да ја изгради примарната гасоводна мрежа во градот во вкупна должина од 13 километри. Неодамна пристигна и неопходната опрема од Аргентина која ќе биде во функција на декомпресирање на гасот. Истиот во Струмица ќе пристигнува со цистерни од таканаречената “мајка станица” во Петрич (Бугарија), град кој се наоѓа на оддалеченост од само педесетина километри од нашиот град. Се прават последните подготовки првите количини гас до корисниците да протечат кон крајот на април, годинава. Се разбира, институции кои имаат приоритет за користење на гасот се училиштата, градинките и другите општински и јавни институции, за во понатамошните фази да бидат вклучени и стопанските и индустриски објекти и домаќинствата. Досега за овој проект се потрошени 1,6 милиони евра,средства обезбедени исклучиво од буџетот на Општината. Споредбено гледано, потрошени се средства колку за два лава и една “шмизла”, па направете анализа каков е бенефитот за македонските граѓани од лавовите и шмизлата а каква ќе биде користа за струмичките домаќинства, стопанствениците и земјоделските производители од гасификацијата на Струмица. Нашите проекции велат дека доградувањето на секундарната мрежа до домаќинствата и компаниите за нивно приклучување, ќе биде причина вкупнатата сума за гасификацијата да биде заокружена на четири милиони евра. Тоа значи дека на двата лава и шмизлата ќе ги придодадеме и останатите два лава и уште некоја ситна скулптура... и еве ви можност за нова анализа.

За жал, проектот ќе се реализираше и порано доколку не се случеше игнорантскиот однос на Владата и Министерството за финансии кои не не удостоија со само еден потпис за да дадат позитивно мислење за кредитирање од Светска банка, иако Струмица го има највисокиот кредитен рејтинг во државава. Но, општина Струмица веќе шеста година ја бидува без трошка помош од власта, па ќе ја биде и овој пат. Она што е најважно е секако економската исплатливост на проектот и бенефитите од него. Проценките велат дека Општината ќе заштеди околу 300 илјади евра годишно за греење на училиштата и другите институции под нејзина надлежност. Струмичките компании и производни капацитети ќе имаат можност да го осовременат своето работење и притоа да заштедат околу 10 милиони евра годишно. Голема заштеда ќе имаат и раноградинарите кои воведувајќи го гасот како енергенс за загревање на своите стакленици и пластеници ќе добијат и порано производство, станувајќи притоа поконкурентни на пазарот. Се разбира, вистинска благодет ќе имаат и домаќинствата кои со природниот гас ќе заштедат и до 40% годишно од средствата кои досега ги трошеа за греење. Особено е важно да се каже дека гасоводната мрежа во Струмица ќе биде компатибилна за приклучување кон Националниот гасовод, доколку дојде до негова реализација. Велам доколку...е тука е поентата на вториот дел од приказнава. Неоддамна пред македонската јавност излезе министерот Ставревски и објави дека Националниот гасовод е веќе договорена работа и треба годинава да почне да се гради, мавтајќи притоа со некаква мапа на гасоводната мрежа низ Македонија. Дај Боже да е така, ама не е. Во текстот под наслов “Газпром со години наназад не кажува од каде ќе најде гас за Јужен тек“ објавен од страна на Агенцијата за енергетика на Република Македонија, покрај одредените експертски аналитички видувања за непрецизноста и нејасноста на целиот проект, стои и тоа дека за евентуалниот крак на “Јужен тек” од Бугарија до Македонија само се размислува и дека ништо конкретно не е договорено. Тоа значи дека работите се искомплицирани до тој степен што гасификацијата на Македонија, како проект, “виси” и е под голем знак-прашалник. Иако Груевски и Ставревски добро го знаат тоа, сепак го лажат сопствениот народ. Наместо да ја соопштат веста дека Националниот гасовод е сосема неизвесен, тие по навика фингираат лажен оптимизам за сопствени политички цели.


Од овие две дијаметрално спротивни делови од приказната, епилогот е следниов: гасификацијата на Струмица е реалност, а изградбата на гасовод во Македонија, сега засега е само фикција. Е, токму тоа ми беше муабетот. Не е исто ГАСИФИКАЦИЈА и ГАСИФИКЦИЈА. Само едно мало “а”

разликата ја прави драстична. Но, не е само во тоа разликата. Некој сонот го прави јаве. За други пак, и јавето е само сон.

Зоран Заев, Градоначалник на општина Струмица

(превземено од www.press24.mk)

Се известуваат граѓаните на општина Струмица дека на 29 март (четврток) во 14.00 часот во просториите на Дом на АРМ ќе се одржи јавна раправа за Студијата за оценка на влијанието врз животната средина за Автопат Штип – Струмица. Студијата може да се види и во Одделението за заштита на животната средина секој ден од 08:00 до 16:00 часот. Контакт 034/348-030 локал 109.

Општина Струмица, “СтрумицаИнфо“, контакт: 034/348-030, info@strumica.gov.mk


StrumicaInfo broj 25