Issuu on Google+

Ново село се менува ▄ ▄ ▄ ▄

Реновирана куќата на Мијалкови, Новоселското училиште - ректорат Куќата на Андови - музеј Привршува градбата на цквата „Покровита Богородица“

ГОЛЕМА ИНВЕСТИЦИЈА ВО АВТОПАТ НА ИДНИНАТА МИХАИЛ ЦВЕТКОВ:

„Злетовица“

ќе биде три во едно ▄ Покрај за водоснабдување „Злетовица“ ќе наводнува и 4.500 хектари и ќе произведува струја за два града од формат на Кратово и Пробиштип

Сончеви централи кај Крупиште

Од Штип до Скопје за само 30 минути 206 Милиони евра ќе чини изградбата на автопатот

51

2018

Процент од ангажираните компании ќе бидат од Македонија

Година е рокот до кој овој автопат ќе биде изграден

Култура

▄ Централите ќе произведуваат струја за 1.000 семејства

Вера

ни го донесе

Брамс

во Штип

Штипскиот „Биг бен“ постар од Шилеровото „ѕвоно“

Директорот на драма во белградско Народно позориште режира во штипскиот Народен театар Жарко Арсовски машина за медали


2

[tipski Glas, Fevruari, 2014 br. 51

АНАЛИЗА ОД МОЈ АГОЛ

Збрлавени од политика

N 1

Иван Бојаџиски

Владата на криминален начин продала земјиште во центарот на Скопје вредна суво злато за само едно евро по квадрат. Заев преку тендери на најблиските им обезбедил два милиони евра. Министерот за здравство на семејство на новинарка чија новинарска етика и овозможува автономија само за да ја фали власта, му овозможило да заработи 400.000 евра. Семејството на уредникот Латас само од власта свртело три милиони евра. Бројот на станови на уредникот и новинар Геровски и не можел да се изброи. Министерот Тодоров одобрувал малку неетички тендери а опозиционерката Шекеринска земала малку неетичка кирија. Подолго време во нашава жална Македонија не се дебатира за нормални теми. Ненормалноста стана стил на нашето однесување. „Големите“ секојдневно си ги вадат очите, малите живеат крпено - збркано, младите гледаат да фатат магла од родните огништа во потрага по каков таков достоинствен живот. Народот си збори во стилот „добро е што не е полошо“! Луѓето се збрлавени. Од малку многу неетичката севкупна политика во македонска интерпретација. Од многуте контрадикторни информации. Оние информации кои им ги пласираат медиумите во кои речиси не остана ништо од етичноста која е предуслов за квалитетно извршување на новинарската задача. А во Македонија престојат избори. Претседателски сигурно, парламентарни извесно. Во името на власт по секоја цена ќе се изнаслушаме се и сешто. Во тоа море од информации, ако медиумите продолжат да информираат како и досега, прва ќе се удави вистината. „Не давајте ми леб, дајте ми вистина. Сега и веднаш. Лебот нема да ме одведе до вистината, вистината ќе ме нахрани за цел живот“. Веќе и не знам дали ова некаде сум го прочитал, дали сум го слушнал од некого или е тоа само моја лична интерпретација на она што ни се случува. Одамна е речено дека надежта умира последна. Ако имаме нормални избори, ако медиумите нормално си ја одработат одговорната задача, тогаш за нас надеж може да има.

2

Со првата лопата бетон фрлена од премиерот Никола Груевски кај Три Чешми започна изградбата на автопатот од нашиот Штип преку Свети Николе до Миладиновци. Од источната до централната метропола, од 2018 година, ќе се патува за половина час. Барем така беше речено на свеченоста. Убавите, безбедни и брзи автопатишта се предуслов за развој на секоја современа земја Тие се главната аорта на организмот наречен – држава. Лично ценам дека тоа е една од најдобрите работи кои ни се случуваат зашто модерен автопат, како што потенцира и премиерот Груевски, е услов број еден за секој бизнисмен кој би посакал да инвестира во некоја држава. Со изградбата на индустриската зона во која веќе работи една фабрика и над илјада лица, со отворањето на Универзитетот како наша најголема кадровска база за сите потреби на стопанството, Штип ги доби трите столба на кои се потпира секоја современа држава. Сега само стои потребата тој благодат да се искористи на најдобар можен начин. А тоа е индустриската зона да се наполни со фабрики без оглед на тоа кои се инвеститорите - домашни или странски, сеедно. На тоа треба и мора упорно да се работи.

3

И Ново село го менува својот лик. Најсликата, најопената, најисториската штипска урбана заедница добива нова вредност. Дел од куќите заштитени со закон поради својата безвремена стара македонска архитектура се уредуваат и конзервираат во својот изворен облик. Наскоро ќе биде завршена и црквата „Покровита Богородица“ чиј ктитор е семејството на бизнисменот Сашко Миладинов. Новоселското училиште во кое, на времето, учителствував Гоце Делчев станува ректорска база на УГД. Куќата на Андови прераснува во музеј на најзнаменитите личности во севкупноста на штипската историја. Со еден збор, барем дотука – преубаво Но, сега ќе настанат маките по прашањето кои личности од нашиот Штип заслужуваат да бидат поместени во споменатиот музеј. И кој треба да одлучува по тоа прашање. Кој треба да каже кои личности можат да се заведат под зборот „знаменити“. Дали се тоа историчарите, или можеби политичарите, или уметниците, можеби и новинарите. Кога ќе погледнам од мој агол мислам дека по ова прашање мора да се поведе широка јавна дебата. Без такво нешто секое решение ќе биде дискутабилно и ќе се стави под сомнеж.

Во општинската каса – 14,1 милион евра

Л

окалната власт го проектираше годинашниов буџет на 870 милиони денари, односно на 14,1 милион евра. Тоа е најголемиот проектиран буџет во поновата историја на градот и општината. Според нашите информации најголеми пари во општинската каса се очекува од ставката основен буџет, односно од данокот на имот и данокот на промет со недвижности. Оваа ставка е проектирана на 466,3 милиони денари. Вториот побогат извор од кој е планирано да се ост-

вари буџетот за тековната година се блок дотациите. Тоа се пари кои доаѓаат од државниот буџет и се наменети за финансирање на образовните институции како и институциите од областа на културата кои 4

ставката самофинансирање со 41,7 милиони денари а на четврто се донациите кои се планирани на 18,3 милиони денари. Дали овие пари до последниот денар ќе се

ИЗВОРИ

Општината планира овие пари да ги обезбеди од основниот буџет, блок дотациите, самофинансирањето и донациите имаат национален пред- најдат во општинскиот знак. Од овој извор се пла- буџет останува да се види. нирани 340, 6 милиони денари. На четврто место е

Штип скопска логистика за „Макфест“! за две години ќе одбележи

*Наградниот фонд само за трите триесетгодишен јубилеј. На првопласирани песни ќе изнесува 45.000 евра него досега се испеани над

илјада песни. На двете полуо светот традиционалните вреднос- финални вечери ќе бидат изведени по 20 ти никогаш не ги менуваат своите мелодии а првите десет од двете вечери датуми но кај нас тоа не е случај. одат во финалето. ● Па така и фестивалот на забавна музика „Макфест“, кој е една од ретките музички манифестации што се одржуваат надвор од Скопје, од годинава се збогува со своПРВАТА НАГРАДА – јата традиција. Наместо во месец октомОСУМГОДИШНА ври, од годинава па до некое ново решеШТИПСКА ПЛАТА! ние, фестивалот ќе се одржува кон крајот на месец мај! Така, за штипските работи Вкупниот награден фонд на одлучило Скопје. „Макфест“ годинава ќе изнеОд мај годинава култниот фестисува 45.000 евра! Победникот вал ќе има комплетно скопско обележје дома ќе си замине со 20.000 само што ќе се одржува во Штип. Целата евра иако е можно, како и постава која ќе го работи фестивалот е скопска а Штип ќе им биде само логисмногупати досега, неговата тика. Toа се случи откако Министерството песна да се пее само едно за култура го зеде фестивалот под свое лето. Тие пари се еднакви на покровителство. Сега, со финансиската осумгодишна штипска плата. потпора на Министерството, победникот, –„Тоа се многу пари. Јас за наместо илјада евра како што беше досенајголемиот мој успех, за прга, ќе биде награден со 20.000 евра, а тоа во место на фестивал, добив се пари во висина на осумгодишна про5.000 евра. Тоа го сметам за сечна штипска плата. И втората награда е нормално“, рече во едно за секаков респект бидејќи изнесува интервју легендата Влатко 15.000 евра, додека третопласираната Стефановски, одговарајќи на песна на фестивалот ќе инкасира 10.000 евра. Тоа говори дека вкупниот награден прашањето дали е нормално фонд само за трите првопласирани песни првата награда на Скопскиот ќе изнесува импозантни 45.000 евра. фестивал да изнесува фра„Макфест“ е една од штипските пантни 20.000 евра! културни, забавно - музички вредности. Без прекин функционира од 1986 година и

В


[tipski Glas, Fevruari, 2014 br. 51

3

РАЗГОВОР МИХАИЛ ЦВЕТКОВ,

ДИРЕКТОР НА РЕГИОНАЛНИОТ ХИДРОСИСТЕМ „ЗЕТОВИЦА

„Злетовица“ ќе биде три во едно

Г

-дин Цветков, што има ново во однос на подобрување на перформансите на „Злетовица“? Ново е тоа што Европската инвестициона банка одобри грант од еден милион евра за изработка на физибилити студија, основен проект и тендерска документација за втората фаза од хидросистемот. Физибилити студијата е готова и од неа се гледа дека целата оваа фаза е исплатлива. Но, и во оваа прилика сакам да посочам дека овој значаен регионален проект, како комплетна конструкци��а, ќе биде исплатлив само ако биде реализирана третата фаза, односно капацитетите на „Злетовица“ да се користат и за производство на струја. На овие две нови фази ние како раководство на „Злетовица“, заедно со Владата, упорно работиме. Кое е значењето на втората фаза и што регионот, или дел од општините опфатени со хидросистемот, добиваат со неа? -Со реализација на втората фаза водите од „Злетовица“ покрај за водоснабдување на пет општини (Штип, Пробиштип, Свети Николе, Карбинци и Лозово) ќе се користат и за наводнување на 4.500 хектари плодни ниви од кои 3.500 во општина Пробиштип и уште илјада хектари во општина Кратово. Во контекст на оваа потреба донесена е одлука од Ев-

ропската инвестициона банка да се бараат пари за реализација на овој проект. Ние очекуваме до крајот на годинава од ЕИБ да се изјаснат по основ на физибилити студијата, па ако од банката немаат поголеми забелешки, на што ние се надеваме, тогаш ќе пристапиме кон подготовка на договор за кредитирање на втората фаза, Имате ли сознанија колку пари би чинела реализацијата на втората фаза? Да, се работи за су- фаза. Од поодамна стома од 37 милиони евра. Но, треба да се знае и тоа дека јат мислењата дека без оваа фаза, наводнувањето реализација и на третата на 4.500 хектари плодни фаза „Злетовица“ нема ниви кои сега се без вода, да може да биде профиќе има и една своја исклу- табилна инвестиција. За чително значајна економ- што се работи и до каде ско - социјална функција. сте со активностите во однос на оваа фаза? Ќе се оствари зголемено производство на храна на овие 4.500 хектари, ќе се подобри економијата кај многу домаШест хидроцентрали ќе ќинства во општините Кратово и Прообезбедат струја колку биштип, ќе се подобшто сега заедно трошат ри социјалниот жиопштините Кратово и вот на голем број сеПробиштип мејства. Впрочем, и од Светската организација за вода и храна постојано опоменуТретата фаза значи ваат дека овој век ќе биде век на борбата за вода и изградба на неколку хидрохрана, а кон борба за по- централи. Како менаџмент добро искористување на на „Злетовица“ пред себе водните потенцијали (и) за имаме три можни решенипроизводство на храна се ја. Од сите нив најдобри приклучуваме и ние со ре- економски и финансиски али- зација на втората резултати покажал реше-

"

нието со кое се предвидува изградба на шест хидроцентрали. Првата хидроцентрала ќе биде изградена на самата брана, во делот каде се врши испуштање на водата заради одржување на биолошкиот минимум во коритото на Злетовска река. Оваа централа ќе биде со јачина од 0,15 мегавати. Три хидроцентрали ќе се градат по течението на реката, а секоја од нив ќе биде со моќност од по три мегавати, додека двете преостанати хидроцентрали ќе се градат на пробиштипскиот и на кратовскиот цевковод. Вкупната инсталирана снага на сите шест хидроцентрали ќе биде со моќност од 11 мегавати, а тоа е електрична енергија доволна да ги задоволи вкупните потреби на две општини од форматот на Пробиштип и на Кратово. Со оглед на цената која МЕПСО ја плаќа за мегават произведена електрична енергија а која изнесува 4,5 евроценти, тоа значи дека само од хидроцентралите „Злетовица“, на годишно ниво, ќе инкасира 2.160.00 евра. Точно е дека овој проект, или оваа трета фаза, во економска смисла го прави проектот исплатлив. Додека активно работите на преостанатите две фази, во регионот постои интерес за првата фаза со која петте општини од регионот ќе се

снабдуваат со квалитетна вода за пиење. Има ли нешто што до крај не е завршено во однос на оваа фаза? Фазата еден, или првата од трите фази целосно е завршена и објектите на хидросистемот целосно се предадени на управување на ХС „Злетовица“. Извршен е технички прием на браната со тоа што во гарантниот рок од една година се отстранети сите недостатоци. Водата од системот засега ја користат само две општини Пробиштип и Свети Николе. Штип е најголем град во регионот кој ќе ги користи водите од овој хидросистем, до филтер станицата на ЈП „Исар“ е изграден цевковод со капацитет од 650 литри вода во секунда, а како што сме информирани Штип ќе започне да ги користи водите од регионалниот проект од почетокот на месец април, оваа година. Свети Николе ќе го зголеми капацитетот на својата филтер станица со што ќе биде овозможено водоснабдување и на општина Лозово, но и на сите села во општините Свети Николе и Лозово. Всушност, „Злетовица“ ќе биде три во едно, ќе обезбедува вода за пиење, ќе наводнува 4.500 хектари плодни ниви и ќе произведува струја користејќи ја енергијата на водата.. ●

Европа бара информатичари и доктори Македонија продавачи, келнери, шивачи...

С

поред информација објавена во медиумите, земјите од ЕУ минатата година објавиле потреба од вработување на 198.000 информатичари, а стариот континент барал и 120.00 доктори. Во исто време, според податоците на Агенцијата за вработување објавени на нејзината веб страница, (avrm.gov.mk), во нашата држава убедливо најбарано занимање е продавач. По него следуваат транспорен работник, келнер, шивач, магазинер, обезбедувач, возач

на товарно возило а дури на 11 место се градежните инженери. Листата на професии за кои има постојано отворени огласи се заокружува со шивачи на текстил, чевларски работници, таксисти... Ова е состојба која дава јасни сигнали во однос на прашањето каде е Европа а каде сме ние. И додека во европските држави најбарани се професиите на новото време, меѓу кои се информатичари и доктори, на домашен терен најголема побарувачка има за

занимања кои се во професиите со ниска профитабилност. На оваа листа на професии за кои се заинтересирани нашите фирми не се најдоа информатичарите и докторите кои професии се најбарани во развиена Европа а од кои најголем број бегаат од државата.. ●


4

[tipski Glas, Fevruari, 2014 br. 51

ГРАДОТ

Ново село во ново руво

Н

ово село, најмалиот простор на светот со најмногу историја по квадратен сантиметар, се менува од корен. Во старовремски стил е реновирана куќата на семејството Мијалкови, која во целост ја има задржано првобитната архитектура со која куќата опстојувала низ сите бурни времиња на македонскиот опстој. Кај Јаворот се гради мала црква, на педесетина метри од неа при крај се работите на црквата „Покровита Богородица“ чиј ктитор е семејството на бизнисменот Сашко Миладинов. Завршена е и реконструкцијата на училиштето во Ново село во кое на времето учителствувал и својата револуционерна дејност ја спроведувал Гоце Делчев. Во неа наскоро ќе се смести ректоратот на Универзитетот кој го носи името на корифејот на национално – ослободителното движење на Македонија. Многу порано семејството Станчеви изврши целосна реконструкција на фасадата на семејната куќа која, како и многу други новоселски куќи е ставена под заштита на државата како наше вредно нематеријално културно богатство. Но, тука нема да заврши приказната за Ново село како посебен, култен

Новоселското училиште стана ректорат

на оваа високообразовна институција дел од куќите кои сега се слободни ќе послужат за студиите по сликарство но и за филмската академија.

Реконструираната куќа на Мијалкови

културен, образовен, архитектонски и уметнички простор каде се испишувала севкупната македонска историја. Проектите на Универзитетот предвидуваат овој простор да прерасне и во уметничка престолнина на истокот од државата. Според развојната визија на УГД, за потребите

Црквата „Покровита Богородица“

Со еден збор речено Ново село се облекува во ново руво, а притоа не менувајќи ја ниту за милиметар својата структура на старата македонска архитектура, по што оваа штипска урбана заедница е позната и надвор од границите на нашата држава.

Куќата на Андови станува музеј

Куќата на Станчеви


[tipski Glas, Fevruari, 2014 br. 51

5

РАЗНО

Електрична енергија од две сончеви централи кај Крупиште *Инвеститори се штипските фирми „Еуро солар“ и „Еси солар“, инвестицијата во двете централи е два милиони евра, произведена струја е доволна да ги задоволи сите потреби на околу илјада семејства

В

о изминатите десеттина години низ кабинетот на штипските градоначалници поминаа една чета „инвеститори“, сите до еден најавувајќи го својот „силен интерес“ за влог во енергија од обновливи извори, пред се за сонцето и ветерот. Имаше дури и инвеститор од Израел кој ветуваше дека ќе вложи една милијарда евра во изградба на сончеви централи од Овчеполието преку Штип, Радовиш и Струмица па се до Богданци. Нашиот ветер како силен енергетски потенцијал го фалеа Шпанци, Германци, Холанѓани, Руси, Белгијци но никој од нив досега не направи ништо конкретно. Затоа пак домашните фирми без некоја голема јавна врева, направија многу повеќе на овој план од странците. Прво „Мавис“ изгради свое поле на фотоволтаици во близина на селото Долани а наскоро во употреба ќе биде пуштени две нови сончеви централи во близина на селото Крупиште. Овие капацитети ги градат штипските фирми „Еуро солар“ и „Еси солар“. Двете се на површина од по два хектари.

-На ваква инвестиција се одлучивме по претходно направени севкупни анализи за исплатливоста и самоодржливоста на проектот од секаков аспект. Искуството и консалтингот е трансфериран од Германија, локацијата на која ги инсталираме фотоволтаичните модули се покажа како најидеална за ваков проект, оддалеченоста на поголемите планини и ридови даваат можности за поголема продуктивност, а сонцето речиси преку цел ден, со својата енергија, ќе ги напојува модулите. Технологијата, односно фотоволтаичните модули се набавени од Кина, земја во која се остварува 90 проценти од нивното производство, а останата опрема е од Германија. Проектот го изведуваа лиценцирани домашни фирми за ваков вид проекти, велат Сузана Ангелова и Зорка Трајковска, првата управителка на „Еуро солар“, втората управителка на „Еси солар“. Се работи за две посебни инвестиции, односно две посебни полиња на фотоволтаици инсталирани на две локации една до друга, при што, секоја од овие сончеви централи ќе остварува годишно производство од по 1,3 милиони киловат часови годишно, што значи дека двете полиња ќе остварат вкупно 2,6 милиони киловат часови електрична енергија. Тоа производство, според управителките, е доволно во текот на една календарска година со квалитетна електрична енергија да ги задоволи потребите на околу илјада домаќинства. Посебно значење овој проект има во однос на еколошките погодности на регионот и државата. Имено, според сите анализи, производството на електрична енергија која ќе се добива од енергијата на сонцето од двата капацитета ќе значи супституција на јаглен од 1.144.000 килограми, што ќе значи сериозно намалување на емисијата на јаглероден диоксид во воздухот. Овој исклучително значаен проект за добивање на електрична енергија од обновливи извори финансиски е поддржан од Европската инвестициона банка преку Охридска банка.

Универзитетот „Гоце Делчев“ доби благодарница од Владата на Москва и од „Чајка“

В

ладата на главниот град на Руската Федерација Москва и Здружението на граѓани – руски сонародници во Република Македонија „Чајка“ му доделија благодарница на универзитетот „Гоце Делчев“. Благодарницата е доделена во знак на признание за одличниот прием кој на нашиот универзитет им беше приреден на професорите и студентите од државниот универзитет „Гаврило Романовиќ Державин“ од Там-

бов а коа посета беше организирана од Владата на Москва и од „Чајка“. На ректорот на УГД проф. д-р Саша Митрев благодарницата му ја врачи Иван Бојаџиски, претседател на Здружението на граѓани за македонско – руско пријателство и соработка. Исто таква благодарница доби и ова штипско здружение на граѓани. ●

Во Штип околу 2.000 граѓани имаат проблем со шеќерот Новиот апарат во Клиничката болница го утврдува просечното ниво на шеќер во крвта за последните три години.

П

роблеми со дијабетесот (шеќерот) во нашата општина имаат околу 2.000 граѓани. Од нив околу 1.350 се на инсулин, другите со оваа болест на модерното време се справуваат со лекарства. Дванаесет години во градот постои Здружение на дијабетичари на чие чело, од почетокот па се до денес е Фаик Јамаковски. -Секој дијабетичар кој се регистрира во Центарот за дијабетес автоматски станува и член на Здружението. Наша примарна цел и задача е да го едуцираме граѓанството во однос на дијабетесот и тоа не само оние кои имаат проблеми со него туку и останатите. Во 2011 и 2012 година, значи двапати по ред, сме прогласени за најактивно здружение, вели Јамаковски. Нашиот соговорник вели дека нивната соработка со Клиничката болница е на највисоко ниво, со донации и помош на болницата е уреден простор за работа на Центарот за дијабетес каде посебно значајна е квалитетната работа на специјалистите по интерна медицина Славица Јорданова, Ленче Топликлиева и Иван Рунтев. -Со цел едукацијата да биде на највисоко ниво нашето здружение секој месец во библиотеката „Гоце Делчев“ организира предавања за кои обезбедуваме врвни стручњаци – ендокринолози од

скопските клиники. Двапати во текот на една календарска година имаме предавања за дијабетесот по што, со две екипи од Клиничката болница бесплатно се мери шеќерот на сите заинтересирани граѓани. На тој начин се откриваат нови дијабетичари, посочува Јамаковски. Во Центарот за дијабетес секој четврток во рамките на „Школата за дијабетичари“, која е единствена во државата, се врши едукација на населението а интересот е исклучително голем. Од неодамна Клиничката болница располага со апарат кој го утврдува просечното движење на шеќерот во крвта за последните три години на секој пациент кој таму ќе дојде со упат од матичниот доктор. –„Еднаш во месецот на регионалните штипски ТВ имаме настапи во чија основа е јавната едукација на населението. Благодарни сме им на телевизиите и на библиотеката која исто така без било каков финансиски надомест ни отстапува простор за едукација“, вели Јамаковски, според кого во Источна Македонија имало најмногу дијабетичари а Штип е под светскиот просек кој изнесува од 6 – 6,5 проценти на тнр. „шеќераши“ од вкупното население.


6

СТАВ

[tipski Glas, Fevruari, 2014 br. 51

Штипски глас ги замоли првите луѓе на општинските организации на ВМРО ДПМНЕ Никола Мицевски и на СДСМ Владимир Милошев за нашата јавноста да ги изложат своите видувања на најактуелните теми за Штип и за Македонија. Штипски глас им благодари за нивниот позитивен одговор на нашето барање.

Владимир МИЛОШЕВ, претседател на ОО на СДСМ

Од спин до вистина

П

остојат филмови кои имаат лоши глумци, но ќе ве изненадат со ангажманот, па и не се толку лоши на крајот. Има и филмови кои се со добри глумци, а имаат и интересна приказна. Најлоши се оние филмови со лоши глумци каде однапред се знае како ќе заврши приказната. Токму таков филм за некаква преродбеничка фарса гледаме овие осум години. Но, проблемот е во тоа што понекогаш ( во случајот со македонскиот “филм“) се работи за вистински човечки животи, а не за измислени личности на бело платно. Успехот на власта се изразува и цени по тоа како живеат нејзините граѓани. Тие се најважни, единствени судии. Ако живеат лошо – се излегува на избори и се бираат подобри предводници. Во изминатите осум години граѓаните избираа три пати. Наместо напредок, после изборите, не напредувавме. Напротив, одевме со спротивна насока – назадувавме. И секојпат се повторуваат истите ветувања за подобар живот и отворање на илјадници работни места. За чудо, гласачите веруваат, се ловат на бајат мамец, лесно забораваат и со гласањето им ги

простуваат промашувањата и лагите. Штипјани се уморни од чекање на решавање на суштинските проблеми со кои секојдневно се судираат. Полни усти ветувања, а ништо капитално не е реализирано. Каде е пешачката зона на ул. „Ванчо Прќе“? Каде е студентскиот дом? Каде е затворениот базен? Каде е покриениот пазар? Каде е тунелот кој ќе го растовари тесното сообраќајно грло во центарот на градот? Наместо тоа, претходниот градоначалник, исто така од редовите на ВМРО ДПМНЕ, со катастрофалниот проект – платформи на река Отиња, направи таков пустош во центарот на градот, кој штипјани уште долго ќе го чувствуваат. Тоа е политиката на оваа власт. За сиромаштијата, безнадежноста и очајот виновни сме ние, граѓаните, гласачите. Ова е горка, непријатна вистина кои многу не сакаат или не можат да ја прифатат - да се соочат со сопствената одговорност за со години повторените изборни промашувања. Македонија денес е во опасност. Реформи, реформатори – зборови кои постојано се спушаат од оваа владеачка гарнитура.

Мораме да почнеме да ја реконструираме нашата Македонија. Од ден на ден не има се помалку, економската состојба е катастрофална, а нацијата тоне во длабочините на апатијата. Во такви околности нема време за губење. Што порано мора да се стави крај на политичката агонија. После такви промашувања, во демократските земји неуспешните предводници се тргаат, сами заминуваат од политичката сцена. Со тоа го признаваат неуспехот, и на некој начин се извинуваат на изневерените граѓани. Граѓаните веќе навикнаа изборните вечери и постизборните утре поприлично да се разликуваат. Главното мото на СДСМ е “Да ја вратиме средната класа “. Денешната малубројна средна класа е парализирана од стравот дека ќе ги изгуби работните места и плати кои веќе ги има. Промените во секој случај ќе дојдат. Во еден момент на работниците, студентите, граѓаните сето ова ќе им преседне. Тие ќе ја вратат контролата над државата, над економија и демократијата. Наша обврска е да докажеме дека сме способни да напра-

виме држава во која луѓето нема да се плашат за идните времиња и држава во која нашите деца, пријатели, семејства, семејствата на нашите политички неистомисленици ќе можат да живеат нормален живот. Потребно е власта да се потсети на мислата на Абрахам Линколн, „Сите луѓе можеш да ги влечеш за нос некое време, некои луѓе цело време, но не можеш сите, цело време“. СДСМ влегува во изборната трка сигурна дека ова е момент за триумф на политиката на конкретни промени, сериозност и придвижување на потенцијалите во Македонија, кои сега се задушени поради погрешната политика водена со години. Време е за СДСМ и ќе ја бараме подршката од граѓаните за да го спроведеме она што го предлагаме. На крајот можеме да најдеме утеха во тоа дека се ближат избори, а со тоа и сламката на надеж. Или што би се рекло: „Ќе даде Господ да не пропаднеме до крај“! ●


[tipski Glas, Fevruari, 2014 br. 51

7

СТАВ

Никола МИЦЕВСКИ, претседател на ОК на ВМРО ДПМНЕ

За нападите, одбраната и фактите

В

елат нападот е најдобра одбрана. Тоа е навистина одлична изрека. Ама само за оние кои зад себе нижат порази, кои немаат ниту визија, ниту перспектива. А зошто е тоа така ? Затоа што слободно критикувајќи, можат да се сокријат зад сопствените неуспеси. Таков е примерот и со опозиционата СДСМ. Впрочем, она што е слика на централата, веќе речиси една деценија е слика и прилика и во Штип. Во недостаток на идеи, визија, решенија, програми, внатре-партиски поделби и хаос, наједноставната работа што можат да ја направат е да критикуваат. И затоа за нив нападот е најдобрата одбрана. Кога човек или партија нема дела зад себе, кога човек без оглед на функцијата која ја врши, зад себе има празен лист хартија, најдобро е да критикува. Така мислат дека можат да ги прекријат сопствените порази и да ги омаловажат успесите на другите. Најлошо од се е што навистина веруваат во таа идеја! А зошто? Затоа што веќе 20 години на политичката сцена се раководат од изреката: сметка без крчмар. Во случајов, прават есап без при тоа да размислуваат за народот, за неговите потреби, па сметаат дека Господ им го дал правото да го омаловажуваат нивното мислење. За разлика од некои такви филозофи,кои обожаваат да дриблаат до бескрај, до очај, кои на првите избори поминуваат со катастрофален пораз, јас одлучив да зборувам со факти. Зошто ? Затоа што пред фактите молчат и боговите. Да тргнеме од економијата. Тоа е главното тежиште на оваа Влада, уште по стапувањето на функција во 2006 година. Економија, инвестиции и нови работни места. Тоа беше политиката на ВМРО-ДПМНЕ во изминатите 8 години. Дека не се само празни зборови, ќе послужат следните факти. До 2006 година, Штип имаше 12.700 невработени. Штипското стопанство во колективната меморија имаше слика на штрајкови, протести во„Астибо“ , „Македонка“, „Црвена Ѕвезда“, „Селена“, „Алумина“ и ред други фирми предводени од кадар на СДСМ. Нема потреба да ги именуваме. Креаторите на приватизацијата во штипски рамкии добро ни се познати. Вклучително и пустошот што го оставија зад нив. Оставија и илјадници стечајни работници зад нив, истите оние кои сега секој понеделник оддржуваат состаноци барајќи решение, иако пред десет години, кога на власт им беа сегашните „политички спонзори“, тие ни пет пари не даваа за нив. Уште полошо, лидерот кој командува од „сен-

ка“ не се дрзна ниту да го потпише Законот за стечајци со кои најголем дел од штиските стечајци се згрижија. Но, ете, и преку тоа ќе поминеме. Реков ќе зборувам со факти, со позитивни иксуства, а не со критизерство и ефтин партиски популизам. До 2006 година, Штип со бројка од 12.700 невработени. Од 2006 до денес, по речиси осум години, ситуацијата е сосема поинаква. На бирото за вработување во 2013 година евидентирани беа 4500 невработени а оваа 2014 година, 2500. Но за партија како ВМРО-ДПМНЕ тоа е мотив повеќе оваа бројка во следните две години да ја намалиме повекекратно. Преку мерката за самовработување, над 200 штипјани добија неповратни средства во висина од 3000 евра за отпочнување на сопствен бизнис. Тоа практично значи, околу 600.000 евра за креирање на успешна стопанска клима. Велат бројките се немолосрдни и не може да ги омаловозжи никој со ефтини реченици или смешни слогани од типот на...да ја вратиме средната класа. Оние кои ја уништија средната класа, сега станаа милостиви, па одлучиле да ја враќаат. Да !.. Истите оние, кои на средната класа во „Астибо“ и „Македонка“ со над 9.000 вработени им ставија катанец на фабричките хали. Тие ќе ја враќааат средната класа. Мене тоа ми изгледа на типична сцена од филм во која злосторникот се враќа на местото на злосторството, а секој штипјанец би им вратил... аман !...не не спасувајте повеќе ! Во Штип е изградена ТИР зона. Кога почна да се гради, нашите конкуренти велеа дека тоа ќе остане само обична нива. Дека ќе остане празна. Но види чудо ! Уште незавршена, првиот инвеститор, и тоа никој друг туку големиот автомобилски гигант Џонсон Контролс дојде и почна да гради. Ни повеќе ни помалку, капацитет за 1450 вработени. И сега уште поинтересно ! Ние сеуште не се израдувавме на успехот на Џонсон Контролс, а веќе стигнува најавата за втора фабрика за градежни материјали и намерата да се гради трет погон за автомобилски каросерии на штипска фирма во соработка со странски партнер. И сега видете ја реалноста. Истите кои ТИР зоната ја нарекуваа нива, никаде ги нема! Па макар и џентлменски да подадат рака и да кажат...добро е, зграшивме, небевме во право! Македонци, штипјани, наши деца, ќе работат таму, ќе издржуваат семејства...ќе имаат иднина.

За неполн месец, втор значаен проект ќе започне да се реализира во Штип. По 70 години, Штип ќе добие нов автопат. Инвестиција која се мери во милиони евра, а не во празни зборови. Седмици не делат од почеток на стартот на градежните зафати кои носат нов важен момент и во здравството, новата клиничка болница. Ама веќе однапред знам што ќе зборуваат. Дека тоа е реклама. Тоа им е стара теза и веќе видена работа. Но јас велам, клиничката болница ќе биде гордост не само за Штип туку и на источна Македонија. Но, ако ги прашате нашите конкуренти, ќе ви кажат само лошо. Тие не се радуваат на еден ваков историски успех за Штип! Небаре по тој пат, или во таа клиничка болница ќе се возат и лекуваат само пациенти на ВМРО-ДПМНЕ. И да не заборавам уште нешто. Доволно е само да го споменам името на Универзитетот „Гоце Делчев“. Гордоста на градот, институција која ја врати вербата во високото-образование и ги врати студентите од соседна Бугарија, Србија, Романија дома. Универзитет, кој е проект на Владата на ВМРО-ДПМНЕ и најголемната гордост на истокот. Повеќе и да кажам, не можам, бидејќи секој штипјанец, знае што значи тој за нас. Впрочем, во него работат луѓе со знаење, без оглед на партиската припадност, религија или националност. Во него се едуцираат нашите деца, нашата иднина, иднината на нашата држава Р. Македонија. Во ЈП „Исар“ во кој работам извесно време, евидентни се промените. Успесите можат да ги негираат само оние со дебела партиска заднина, кои се радуваат само на зло и пораз, но не и на колективен успех. Нема да слушнете добар збор од тие, кои со години не плаќале рати од меѓународен кредит, за да купат социјален мир и политичка фотеља, прикажувајќи се како душегрижници и политичари кои „мислеле“ на нардотот. Секако, се додека ЈП „Исар“ не беше доведен пред колапс. Така им е најлесно. Некој друг ќе се грижи како да ја извади фирмата од кал, бидејќи тие одамна завршија со раководењето и со нивните поразителни резултати. И сега повторно факти. ЈП „Исар“ не само што застана на нозе, не само што самостојно, без ничија поддршка

почна да враќа долгови, туку почна со инвестиции, со развојни проекти, па дури и со купување на основни средства за работа, кои со години беа само мисловна именка. Но ако ја прашате опозицијата, за нив тоа не е успех. Впрочем, што има тие да уживаат во туѓи успеси, кога се дел од партија чии директори ги создадоа проблемите. И сега да се вратам со факти во реалноста. 10 месеци се зад новиот градоначалник и новиот состав на Советот. Остварени се над 155 проекти ! Инвестирани се над 1.5 милиони евра за локални патишта! Пред нас е работна година со нови 3 милиони евра инвестиции во патна инфраструктура, а пред се радост, заради новиот пат Штип - Миладиновци и клиничката болница. Ама за нашите конкуренти тоа не се факти за радост. Напротив! Тие се раководат од онаа народната, да му умре козата на комшијата. Драги мои, успехот на една партија се легитимира на избори. Сето друго се само празни зборови. А види чудо! До сега седум пати зборуваа дека се е лошо, дека државата оди надолу, дека само што не пропаднавме, а кога ќе излезат на избори, доживуваат дебакл и катастрофа. Па ако работите биле толку црни колку што се обидува некој да ги прикаже, зарем во овие седум изборни циклуси немаше народот да гласа против ВМРО-ДПМНЕ ? Па по толку апокалиптични сценарија, театарски претстави со протести во Парламентот,по улиците на нашата држава, тензии и црни статистики, Македонија веќе одамна не би постоела. Но таа се уште е жива! Економијата функционира, се отвораат фабрики, градот живее и пулсира. Сето она што опозицијата го зборува, очигледно служи за покорување на сопственото членство. Затоа и велам. Нападот е најдобра одбрана. Ако немаш резултати, тогаш плукај по другите. Тоа е најлесно...нели !?


8

[tipski Glas, Fevruari, 2014 br. 51

ИНВЕСТИЦИИ

СТАРТУВАШЕ НАЈЗНАЧАЈНАТА ИНВЕСТИЦИЈА ЗА ИСТОКОТ ▌ Од Штип до Скопје за половина час

Автопатот ќе биде во должина од 47 километри, неговата вкупна ширина ќе изнесува 29 метри, од двете страни ќе има по Наместо за час и некоја минута, од 2008 година од Штип до две коловозни ленти и уште по една лента за застанување. Скопје ќе се патува за половина час. Наместо по стариот, Вкупната инвестиција изнесува 206 милиони евра, рокот на руиниран пат преку Велес, по четири години од истокот кон враќање на кредитот е дваесет години, грејс периодот е ��ет метрополата ќе се вози преку Свети Николе, по најсовремен години а каматата на годишно ниво изнесува два проценти. автопат изграден според сите светски стандарди. Според вицепремиерот Владимир Пешевски патиштата Реализацијата на најголемата и најзначајна инвестиција се симбол на развојот на една држава. –„Со новиот автопат за Штип и регионот започна на 21 февруари, со свеченото источниот регион ќе стане поатрактивен, ќе доаѓаат странски но поставување на камен темелникот кај штипската приградска и домашни инвеститори, ќе се развива земјоделието бидејќи населба Три Чешми. Првиот бетон го фрлија премиерот Никола земјоделското производство побргу и посигурно ќе стигнува до Груевски и амбасадорот на НР Кина во Република Македонија метрополата Скопје и до странските пазари, пооперативна ќе Чуи Џивеи а потоа стане лопатите во раце индустриската ги фатија зона“, рече Милиони евра ќе чини Процент од ангажираните Година е рокот до кој овој кинескиот Пешевски. изградбата на автопатот компании ќе бидат од автопат ќе биде изграден амбасадор во Миле Македонија Македонија и Јанакиевски, повеќето министер за министри. транспорт и -Овој 21 февруарски ден ќе се памети како датум на кој врски, рече дека е започнат еден од најголемите проекти кој во започна да се гради првиот автопат на истокот од државата, секоја смисла ќе ја заживее Источна Македонија.-„Во овој автопатот Миладиновци – Свети Николе – Штип. Неговиот потфат половина од градежната оператива која ќе биде историјат датира од 2007 година кога започнавме да бараме ангажирана е од Македонија а најмалку 49 проценти од концесионери, па откако такви не најдовме, преминавме на ангажираните работници ќе бидат од нашата држава“, рече втората фаза – барање сериозни кредитори. Во тоа име Јанакиевски. трипати се сретнав со премиерот и еднаш со претседателот на На свечениот чин присуствуваа градоначалниците на Кина, по што со кинеската Ексим банка договоривме сите општини од регионот, пратеници, општествени и јавни исклучително поволен кредит“, рече Груевски. работници.

206

51

2018


10

П

[tipski Glas, Fevruari, 2014 br. 51

КОЛУМНА

ОБЛЕКУВАЊЕ ПО СЕЗОНИ

реде само месец дена кај нас во Македонија, поточно во Скопје пристигна рускиот писател Виктор Ерофеев. Пристигна заедно со нобеловецот Орхан Памук за да ја примат наградата што ја доделува Издавачката куќа „Табернакул“. Наградата е во износ на 5000 евра и признаине кое зборува за високите вредности што овие двајца исклучителни писатели и интелектуалци ги прилагаат во светската културна ризница. Тоа беше причина плус да му се посветам малку повеќе на Ерофеев иако поодамна сум ја читал повеста напишана од него, со наслов „Добриот Сталин“. Ме заинтересира „Енциклопедијата на руската душа“. Читајќи ја наидов на едно место каде што авторот напишал: „Филозофијата на дeведесетите (се мисли на тие во Русија) стана компјутерска игра. Виртуелноста кружеше во воздухот како пролетна магла. Секој имаше по неколку животи. Облеката не се менуваше по сезони туку по купување...Тоа беше деценија на руското тело. Загубата на материјализмот доведе до откривање на материјалноста...“ Во наведениот текст ја потцртав реченицата: „Облеката не се менуваше по сезони туку по купување.“

Но, зошто токму таа реченица ми остави впечаток? Зашто ме врати во детството. Ме врати во времето кога облеката ја менувавме по сезони. Се сеќавам само што ќе зазимеше мама и тато ме водеа во продавницата „Борово“ на улицата „Ванчо Прче“ да ми купат обувки за зима. Бев дете што сакаше чизмите да ми бидат од кожа. Не сакав скаени, уште помалку гумени. „Внимавај сега на нив. Немој да ги искинеш пред време. Тие треба да издржат до пролет.“ Ме советуваа откако ќе ги купевме, т.е. откако ќе ги наденев на нозете и ќе тргневме од продавницата кон дома. Мислев дека цел свет знае за моите нови чизми, дека цел свет гледа во нив. На пролет, поточно за „Велигден“ мама и тато повторно ќе ме фатеа за рака и во „Нама“ или „Емона“ ме водеа да ми купат облека за да бидам дотеран за Светиот празник, а и за сезоната пролет. „Ете така, за Велигден секој треба да биде облечен во чиста облека, по можност и нови. Ќе ми речеа додека ме облекуваа за да ме испратат кај кумот по црвени јајца. Само што ќе почнеше летото некаде пред десети јули, пак ќе ме фатеа за рака и пак по продавниците за облека. Требаше да ми

се купи облека за лето, т.е. за крајот од школската година. Беше обичај на денот кога ни се доделуваа ученичките книшки, десетина дена по завршувањето на школската година, да бидеме во нова облека. А бидејќи сезоната беше летна се разбира и новата облека беше за лето. Само што ќе се приближеше летото кон крајот, само што ќе дувнеше ветерот откај реката и ќе го разнесеше се’ уште благиот мирис на есента, мама и тато пак ќе ме фатеа за рака и по продавниците за облека. Најчесто ми купуваа



Руба краси, руба гнаси. За голите и гладните оваа сентенца не значи ништо

патики. Вообичаено на почетокот на школската година наставниците по сите наставни предмети ни диктираа што треба да купиме, т.е. што треба да имаме за да можеме школската годна непречено да ја следиме. И така додека не пораснав, односно додека не станав маж, вработен, односно додека имавме само неколку продавници за обле-

Пишува: Трајче Кацаров, писател

ка и за обувки во градот, облеката ја менував по сезони. Кога се осамостоивме, всушност кога ги снема брендовите „Астибо“, „Клуз“, „Борово“, „Планика“ „Рашица“ и др. кога почнаа да никнуваат на секој чекор тезги полни со ефтина турска и кинеска роба, почнав облеката да ја менувам по сезони. Морам да кажам дека забелешката на Ерофеев: „Загубата на материјализмот доведе до откривање на материјалноста“ е токму погодена. Денес никој повеќе не гледа што ќе стави на себе. Едно време имавме по еден пар фармерки и по една блуза, како и по еден пар чевли, ама бевме облечени. Сега имаме по десетици и пак се чувствуваме необлечени, голи. Мајка ми цел живот ја повторува нејзе најомилената сентенца: „Руба краси, руба гнаси.“ За голите и гладните таа не значи ништо.

Средна класа создавање, постоење и губење (македонско седум децениско постоење 1944-2014)

ПИШУВА: Стојче Самарџиев економски аналитичар

В

о почетокот на втората петолетка (така се нарекувале 5-годишните планови), 1952 година, во Македонија активни биле 41,6 насто од 1,2 милиона жители. Истата година, во држаното стопанство (без членови на СРЗ и приватните производители-занаетчии), биле вработени околу 71 илјади, од кои во рударството 5.012, индустријата 15.990, здравството 4.309 лица и т.н. Во 1962 година вкупниот број на вработени во општественото стопанство бил 174 илјади, од кои во рударството 5.983, индустријата 48.236, здравството 9.137 лица и т.н. Според истата статистика во 1952 година во државните органи и правосудството биле вработени 17.672 лица, а во 1962 година 13.235 лица. Во 2012 година, статистички, активно е околу 46 насто од вкупното население. Бројот на искажаните вкупно вработени е околу 660 илјади, од кои во рударството 4.387, прера-

ботувачката индустрија 109.487, и здравството 34.337 лица и т.н. Низ статистиката од бројки, какви и да се, се согледуваат и податоците за: кога и од каде се создавала средната класа, колку време постоела и со што е помагано нејзиното постоење и исчезнување-преточувајќи се во другите две класи-богатата и сиромашната. Од втората половина на шеесетите до крајот на осумдесетите години на минатиот век во стопанските претпријатија и во општествените дејности се вработиле илјадници инженери математичари, физичари, хемичари, биолози, лекари и од другите видови на високо и вишо образовани млади луѓе. Само во Штип кон крајот на осумдесетите, биле вработени над 17 насто со ВСС и ВШС од вкупниот број на вработени. Средната класа (без капитал) се создаваше, во основа, од две големи (изворни) групи на активно население: земојоделците (селото) и занаетчиството (градот). Тој процес на создавање траеше околу дваесетина години (1965-1985). Средната класа се создаваше во големите стопански препријатија, банките, об-

разовните институции и установи, здраствените организации, судовите, културните установи и државните органи и институции. Создавањето на средната класа ја овозможуваа и високиот пораст на техничката опременост на трудот, зголемената квалификуваност на непосредните производители, зголемената отвореност спрема странство (увоз-извоз на стоки, услуги и посебно извозот на работната сила), среднорочно високата стапка на пораст на производството и фкупниот стопански развој ( 7-8 насто годишно). Посебно забрзување во создавањето на оваа група и даваше кредитната политика. Кредити даваа „сите“: производители, трговци, градежници, банки, па се до СЗБ. Кредитите беа под многу поволни услови: подплата од 3 до 20 години, камати и до 1 насто (од стамбените фондови во препријатијата, често и без камата), со лесно доваѓање до покритие-депозит-гаранција (денарска и девизна) на која се одобруваа три пати повеќе поголеми кредити. Во тоа време кредитни организации беа С и З за становање и станбените задруги.Популарните Сизови градеа станови со сердства

собрани од придонесите на личните доходи на вработените и доходот на претпријатијата (4+3 насто). Станбените задруги, освен кредити, продаваа и без данок на промет (сегашниот ДДВ). Стапката на инфлација беше висока и постојана, заедно со синдикатот, притискаа таа да биде пратена и со стапката на порастот на личните доходи. Високата инфлација во споредба со фиксните камати и одплати на кредитите (не се правеа усогласувања-деноминацији, односно ревалоризации на кредитните услови) доведоа во 1989 година, како последна година на цела СФРЈ, со извршената дениоминација на Ју динарот, една во економијата ретка појава: кредитодавателите да должат на кредитокорисниците (тоа беше Ју должничка криза, која во светски рамки се случуваше по 2008 година). Фиксните рати тогаш станаа со износи од 0,00 (и повеке нули) динари, а депонираните германски марки си останаа во износи какви би биле во времето кога се давале како гаранција (5,10 и повеке илјади). Издвојувањето на оваа група беше и посебно

одбележана со„феноменот“ -имаш куќа врати го станот (1977-87 година).Се изградија цели населби за класата која не го сакаше општественото „сечие и ничие“ и работничката класа, која исто така „малку“, гризна од добрите Ју-кредити. Кон крајот на осумдесетите години овој слој почна да се прелева низ новонастанатите ДОО и ДООЕЛ, а еден поголем дел го снема-пропадна или си јадеше од претходно создаденото и зачуваното, често пати и со распродавање на дел од личниот (покуќнина) имот. Средната класа не може да се врати. Таква класа во Македонија нема, односно нема од каде да се врати. Средната класа треба да се создаде. Таа не се создава за 4-5години, не се создава ни со враќањето на дел од било кој данок (даноците се мали). Таа може да се создава во најмалку дведеценински период под одредени услови. Основна-појдовна предпоставка за создавањето на класата е членството во ЕУ и НАТО.Тоа е сега, а што после 5 и повеќе години-сега е„потешка прогноза“. За понатаму во некој нареден број За нашиот локал во овој период-најдобри се ИНВЕСТИЦИИЕТЕ во КЛИНИЧКИОТ ЦЕНТАР-ШТИП.


[tipski Glas, Fevruari, 2014 br. 51

11

СТАВ

ВОСПИТУВАЊЕТО НА КАИН ...„Вие сте осудени да живеете во состојба на пропаѓање. Не на пропаст, затоа што пропаста е дефинитивна состојба и не на благосос- тојба, од која сте далеку, туку на пропаѓање. Постојано и постојано пропаѓање. Во истите дупки. На ист начин. Повторно и повторно. Упорно и тврдоглаво. Никогаш не извлекувате никакво искуство. Па мечка во циркус научува да вози велосипед...После две ракии ви светнуваат очите и почнувате да се прегрну- вате, бакнувате и да му се заканувате на цел свет. Или не пијте или научете подобро да поднесувате алкохол...“ Ова е дел од драмата „Диво Месо“ на Горан Стефановски напишана пред повеќе од триесет години.Вистинска слика на нашето опш- тество претставена преку неколку ликови кои многу јасно и прецизно ја отсликуваат нашата вечна реалност. Драма која ја дијагностицира и објаснува состојбата на нашиот човек, нашето семејство, нашата средина, нашата татковина.Воопшто не е за чудење како идејата на драмата е актуелна континуирано до денес. Тројцата браќа во драмата имаат различни погледи на светот. Едниот обземен од идеалот и надежта дека системот може да се сруши и промени на подобро, вториот обземен од страста за успех и по секоја цена подготвен на сè па дури и да го понижи своето семејство и третиот кој ја загубил надежта и разочаран бара утеха во алкохолот. Родителите немоќни

сведоци на губењето на куќата и пропаѓањето на семејството. Менталитетот на ова семејство е сликата на македонскиот менталитет денес. А, што е всушност менталитетот (лат: mens - „ум“, „нешто поврзано со духот“) - тоа се доминантните размислувања, душевните особини, склоности, судови и концепти на однесување на еден човек или на еден цел народ. Кои се доминантните наши особини, она по што ние сме тоа што сме? Најпрвин тре- Мрзеливи сме, ба да си каже- разгалени, завидливи, ме дека сме без работни навики, мрзеливи и себични и љубоморни, разгалени; ни пречи успехот на дека немаме другите...тоа се нашите работни навики; завидни доминантни особини! сме, себични и љубоморни; го мразиме секој што постигнал успех или се обидуваме да докажеме дека тоа не е негов вистински успех; нашето колективно несвесно има омраза кон богатите луѓе; ние не го почитуваме подобриот од нас и се обидуваме по секоја цена да не успее; успехот на секој човек е сомнителен; за секој имаме муабет со дисквалификација; ја уништивме надежта на секој чесен и добронамерен човек; немаме чувство за припадност и заедништво, затоа што ја

губиме енергијата во докажување кој треба да биде шеф на групата; не можеме да се договориме за ништо оти не разбираме Пишува: што е подредување Кирил Барбареев, а што понижување; проректор за развој на УГД. не сакаме да видиме дека младите видоа два излеза едниот во странство а другиот во хедонизам; велиме дека сме библиска земја а деата ги воспитуваме да бидат како Каин. Генерации со вакви особини се доминантниот дел кои го обликувале и создавале нашиот мен- талитет. Вакви вредности и идеи, чувства и модели на однесување се пренесувани на потомствата. Нашето општество е градено преку вакви воспитни вредносни концепти во политиката, науката, културата, религијата, економијата. Колку побрзо сфатиме дека ваквите особини нас не кочат толку побрзо ќе почнеме да го менуваме и градиме нашиот вистински менталитет. И за крај да завршиме со ликот на таткото: „...Сè ќе запустите. Не признавате ни ѓавол ни бог. Немате ред ни во главите, ни во телата. Сè на своја рака, со првиот ветар, како муви без глава. Мислите сè што лета се јаде. Европа ве бара! И се прди на Европа за вас...“

Политичкото како бегство

Пишува: Трајче Стојанов, Доц. д-р по филозофија, професор на УГД

О

д кога постои, човештвото е во потрага по идеално општество, по своевидна утопија која би ги решила човековите маки. И во сите дијагнози, на сите мислители, теоретичари, утописти, политичари...се констатира еден факт-човекот е несреќно суштество. Токму на ваква воопштена констатација може да се сведат сите социо-политички дијагнози. Да, човекот е трагично и несреќно суштество, тоа е нешто во што сите се согласуваат. Разликите не се на ниво на дијагноза, разликите се јавуваат на ниво на терапија: левичари, десничари, либерали, демократи, комунисти, анархисти...сите имаат различен лек за ваквата трагична состојба. И токму благодарениа на оваа наивна верба во политичките средства како валидна терапија за тешката дијагноза, всушност опстојува политичкото воопшто. Но, за жал таа верба е илузија. Да, човекот е длабоко несреќно и трагично суштество, но терапијата е несоодветна-ниту една општествена акција не може да ја промени оваа состојба. Затоа што таквата состојба е иманентна на човековата

метафизичка природа, таа не е производ на општествено-политичките околности. Човекот во својата длабока природа е противречно и трагично суштество, а не во контекстот во кој ја остварува својата егзистенција.

од друг - така и за владетелите - кои се надеваат дека власта ќе им ја донесе среќата. Така, и владеаните и владетелите постојано се лажат еден со друг во еден постојан, маѓичен груг со години и векови надевајќи се...

Но, човек се мами, мисли дека е потребно само да се смени системот, да се промени уредувањето и одеднаш се ќе биде поинаку, дека одеднаш се ќе се смени, дека ќе блесне нова зора, дека неговата природа ќе се трансформира и препороди...и види чудо, тој ќе стане среќно, ако не и бесмртно суштество. Токму на оваа илузија почива политичката илузија. Токму заради тоа што во текот на историјата некаде таму далеку во минатото сме го испуштиле, сме го загубиле ова темелно сознание, сме го потрупале, намерно или ненамерно сме заборавиле каде е изворот и лекот за човечките несреќи. Сме го грабнале политичкото дејствување, можеби и да заборавиме на тој корен, да се опиеме, дури и да создадеме илузија дека еве божем нешто чиниме, правиме дејствуваме...Затоа што тешко е тоа сознание дека проблемот е иманентен, длабоко во нас, и дека промената, лекот е работа врз себе, а не надвор од себе. А тоа е тешко, ѓаволски тешка е работата врз себе, затоа подобро, полесно ни е да „работиме“ на нешто надвор од себе, надевајќи се дека тоа ќе промени нешто внатре. А и полесно ни е така да се оправдаме себе си, затоа што постојано ќе имаме да обвиниме некој надвор од нас, некој од кој наводно зависи нашата среќа или несреќа. Така, политичкото се јавува како бегство, како прибежиште, како за оние кои се владеани - затоа што мислат дека нивната несреќа е причинета

А од кого може да зависи мојата и само мојата среќа или несреќа, освен од мене самиот...и многу веројатно од Бога.

Од овој број Штипски Глас ќе излегува последната недела во месецот и ќе биде сублимат на настаните во односниот месец


12

[tipski Glas, Fevruari, 2014 br. 51

ИСТОРИЈА

ШТИПСКИОТ „ БИГ БЕН“ ПОСТАР ОД ШИЛЕРОВОТО „ЅВОНО“

Изгледот на Саат кулата 1900 година

В

еста дека во Мека ќе биде изградена ,,најголемата Саат кула во светот“е целосна потврда дека овие градби, и денес не го загубиле своето значење. Саат кулите секаде во светот се обележја со кои се гордеат градовите и нациите. Бренд за Лондон е Саат кулата - Big Ben. Може ли Лондон да се замисли само еден ден без часовникот што означува пладне (точно дванаесет). Не, таму ќе има револуција заради тоа. Исто како и во големите светски центри Лондон, Москва Цирих, Венеција.... и кај нас, Саат кулите се наоѓаат во центарот на градот и во близината на старите пазари. Но, што е со нашата Саат кула? Таа повеќе не го мери времето како што тоа го правела во изминатите векови. Овој симбол на штипската чаршија кој е присутен во сите туристички водичи за Штип, тоне во заборав, часовникот не работи, конструкцијата се распаѓа. Каков е овој наш менталитет, времето минува а ние стоиме. Историјата на штипскиот „саат“, како профана архитектура, и важен ориентир во градот, е многу блиска со историјата на Саат кулите во Македонија како нов феномен во Османската империја. Почнувајќи од XVI век, во градската силуета на речиси сите градови во Македонија, со оглед на нивниот ориентален стил, покрај џамијата, безистенот, анот и амамот влегувала и саат кулата. Таа претставувала дел од поголемиот урбан комплекс и важен архитектурен елемент во јавниот живот на градот. Саат кулите биле градени од камен најчесто во централните зони на чаршијата, во близината на трговските места и пазарите.

Самиот назив “Саат кула“ значи кула која има саат, споен со ѕвоно што го мери и отчукува времето. Истите биле донесувани како воен плен, од походите на турската војска во Средна Европа. Часовниците биле со големи димензии и вообичаено се поставувале да може се гледаат од далеку, но имало и такви, како што е штипската саат кула, кои немале часовник што може да се види, туку само да се слуша. Одчукувањата на саатите се слушале на неколку километри од местотположбата на Саат кулата. Значи саатот не се гледал ама се слушал и по бројот на одчукувањата се знаело колку е часот. Најпрвин саатите го отчукувале времето a la turca (лунарен саат), а подоцна a la franga (европско време). Во Македонија, покрај тоа што се граделе оригинални саат кули, било вообичаено за таа на-

мена да се користат одбранбените или беговските кули, кои имале улога за набљудување и одбрана. Тие биле доволно високи за да се постави часовник кој ке се гледа на сите страни. Таму каде што оваа висина не била доволна истите биле надоградувани. Инаку Саат кулите биле привилегија само на оние градови во кои имало седишта на некава управа .Тоа значело дека, ако во една населба се гради саат кула, станувало збор за развиен град. Штипската Саат кула, импозантен средновековен споменик на културата, била градена како објект со станбено-одбранбена функција, познат како беговска кула. Оваа кула подоцна била адаптирана во саат кула, така што и била додадена висока дрвена конструкција со вграден механизам донесен како воен плен. Историјата на новото штипско ѕвоно, подарок од покрстената ан‘ма Анка, датира од Австротурската војна во 1689 година кога Штип бил освоен од Австроунгар-

ците. Две години подоцна Турците повторно го зазеле. По прастариот друм наречен „Памучен пат“, по кој подоцна и Наполеон набавувал памук од Турција, пристигнале Пиколоминиевите катани и го запалиле Штип. Тогаш од Безистенот била грабната и штипската убавица, подоцна Анка ан‘ма, од кое време датира и песната: Телалин лиџба личеше Соборо да се собере, Порано да се собере Порано да се растуре Ќе врве војска московска Ќе грабат Анка ан‘ма На старјо сердар ќерка му На младјо сердар сестра му........ И кога градот го исполнила војска московска (така била наречувана христијанската војска) па „ју тај пусти безистен“ ја грабнале Анка со девет нејзини робинки. Петре Маџаринот ја натерал преку Пребек боса да

оди по нивните кочии..... Анка се жално молеше: Бре Петре бре Маџарине Ако ме мене не жалеш, Барем ми жали детето Барем го фрли кочија

Мене ми купи папуци Боса по пат да не одам......... По долго време од овој настан, во 1755 година, по истиот овој пат, од Беч (унгарско име за Виена) во Штип пристигнало џиновско ѕвоно со механизам, со натпис Cossmich Fran. Cherin,Wien, Anno 1755, подарок од веќе старицата Анка ан‘ма со желба со векови да ги отчукува часовите, и да ги потсетува генерациите на нејзината носталгична љубов кон родниот град. Интересен е податокот дека вакви ѕвона со механизми биле направени само две, едното од нив пристигнало во Штип, постаро е од Шилеровото „Ѕвоно“. И навистина, околу два века ова ѕвоно неуморно ги отчукувало часовите. Се слушало дури до Овче Поле. Постојат дури и легенди за јачината на ова ѕвоно. Но со почетокот на Втората светска војна, ова ѕвоно, според кажувањата на старите Штипјани, во 1941 година било демонтирано и однесено во Бугарија а на негово место вградено сосема друго. Саат кулата во 1934 година исто така претрпела извесни промени. Поради дотраеноста на дрвената конструкција која на ветерот се нишала повеќе не била безбедна за околината. За таа цел, бил изработен проект од инжинерот Кудравски (руски емигрант) и висината на кулата била знатно намалена. Во таков облик останала и до денеска. Но откако престана да се слуша ѕвоното на часовникот на ова вредно недвижно културно наследство, а го снема и големиот часовник од зградата на текстилното училиште, за Штип застана времето. Крајно неприфатливо е, камбаната на Саат кулата која му дава карактеристичен белег на нашиот град, повеќе да не се слуша. Нели е врвна срамота за нас како штипјани и сите градски татковци, кои поминуваме покрај неа, да допуштаме споменик кој е ставен под заштита на државата, забот на времето да го уништува. Елена Јосимовска

Саат кулата денес


[tipski Glas, Fevruari, 2014 br. 51

13

KULTURA

Вера ни го донесе Брамс во Штип Не ме интересира за колку пари би можело да се продаде ова пијанино, само сакав истото да му го подарам на градот на моето детство, вели Вера

П

ијанино од 1888 година, на кое своевремено свирел и компонирал еден од најславните композитори на светот Јоханес Брамс е депонирано во музејот на нашиот град. Музичкиот инструмент е подарок од нашата сограѓанка Вера Јосифова – Хорват која на ваков начин сакала да му се оддолжи на нејзиниот роден Штип. „Моја голема желба беше пијаниното да остане во институција која ќе знае да го чува и негува за сите идни времиња. Нашиот музеј е најсоодветното место за

тоа и оттука мојата решеност инструментот на кој стои потписот на Јоханес Брамс да го дадам на чување во оваа наша институција од културата“. Со овие зборови 74 годишната Вера, вечниот вљубеник во музиката и музичкото творештво, ја образложи својата потреба наместо на аукција на која, можеби, можела да заработи и големи пари, славното пијанино да му го подари на Штип, градот на своето детство. Вера вели дека пијаниното го купила во Штип во 2000 година. „Сакав на помлад роднина да му купам пијанино, барав таков инструмент низ Македонија, па кога дознав дека едно старо пијанино стоело во магазин во Штип а неговиот сопственик сакал да го продаде отидов на лице место. Го видов

пијаниното, отсвирев нешто на него, звукот беше прекрасен и го купив за тогашни илјада марки. Подоцна дознав дека ова пијанино во Македонија го донела штипјанка која живеела во Швајцарија“, вели Јосифова – Хорват. Во родниот Штип Вера завршила нижо музичко училиште. Нејзин професор бил славниот руски емигрант Сергеј Михајлов, кој токму во нашиот град ја постави „Паљачи“, како прва изведена опера во Македонија. Вера сакала да продолжи на средното музичко училиште во Скопје бидејќи важела за голем пијанистички талент, но не успеала да го оствари својот сон бидејќи тоа биле сиромашни времиња а нејзините родители немале пари да го финансираат нејзиното дошколување надвор од Штип. Животниот пат подоцна ја води во Хрватска каде се мажи, за потоа со сопругот да заминат да продолжат да живеат во Германија. „Каде и да бев во мојот стан секогаш имаше пијанино. Во Германија живеев до 1987 година а от-

како во 1996 година ми почина сопругот се вратив во Штип. И тогаш

започнав да барам пијано без кое мојот живот не беше целосен. Но, денес, кога веќе фаќа староста, одлучив дека е најдобро пијаниното да му го подарам на нашиот музеј бидејќи тоа го сметам за најдобро и за овој славен инструмент но и за мојот роден град“, порачува донаторката. Неа не ја интересирало тоа колку пари евентуално би можела да заработи ако пијаниното со потписот на Јоханес Брамс го дала на аукција. Вели дека нејзе парите не и биле важни, најважно од се и било нејзиниот роден град да има раритетен музички инструмент какво што е пијаниното. – „Од тој аспект мојот сон е остварен“, вели Вера.

Директорот на драма во белградско Народно позориште режира во Штип

С

пасое Ж. Миловановиќ, директор на драма при белградско Народно позориште е новиот, привремен жител на Штип. Во нашиот град го донесе уметноста бидејќи негова задача е да направи квалитетен театарски производ на кој токму тој го става својот режисерски потпис. -Тука сум за да ја режирам претставата „Мрачна комедија“ од англискиот драмски писател Питер Шефер. Ја прифатив поканата на Трајче Кацаров, првиот човек на штипскиот театар да гостувам како режисер и заедно донесовме одлука на сцената на ШНТ да го поставам овој текст за кој, барем јас така сметам, ќе ја привл��че штипската публика како и гледачите од други места кои ќе имаат можност да ја видат, вели Миловановиќ. Нему не му е непознат фактот дека штипската театарска куќа најмногу љуби на својата сцена да поставува комедии. Го прашуваме режисерот Миловановиќ за што станува збор во „Мрачна комедија“. -Збор е за една исклучително интересна сос-

тојба кога во една просторија во која ќе се најдат повеќе личности снемува струја, па во тие мигови на светло и мрак се добива една слика на испревртени животи при што се открива секоја скриена намера. Тоа е состојба во која на актерите им се овозможува целосно да се разиграат низ сцени кои говорат за сите аномалии на општеството. Не е тајна фактот дека условите на сцените во Белградско народно позориште и во Штипскиот на-

сцената исто така и во однос на нивните технички можности. Го прашуваме Миловановиќ дали, во однос на ова прашање, има некои проблеми. -Перформансите на ШНТ, сцената и сите технички помагала, се на ниво кое овозможува создавање на квалитетна претстава. Сепак, најважни се актерите. Штипскиот театар има мошне квалитетна актерска екипа, јас тоа го заклучив откако ги одгледав двете последни театарски претстави на оваа театарска куќа. Ме фасцинира играта на актерите а да не беше така немаше да се нафаќам во Штип да работиме театар, порачува белградскиот режисер. Миловановиќ тврди дека сиот тој потенцијал ќе се види на премиерата која треба да се случи на 27 март, годинава. Нашиот гостин не е првпат во Македонија. Бил С Миловановиќ во Охрид, Битола и Скопје роден театар не се исти, каде гледал театарски дека тука постои голема претстави и учествувал на квалитативна разлика како театролошки дебати. во поглед на големината на

Актерска проба

„Кога сега дојдов во Македонија веднаш отидов во новиот Македонски народен театар за да го видам истиот. Ме фасцинира тоа што го видов. Всушност, сериозноста на една држава се огледа преку тоа колку таа вложува во кул-

драма при БНП, може, еден убав ден, да ни го донесе овој култен српски театар во нашиот град. „Да, го сакам тоа многу. Но, знаете, се зависи од слободното време на нашиот театар но и од финансиските можности БНП

„Ќе направам се еден убав ден белградско Народно позориште да гостува во Штип со некоја своја претстава“

турата. Ова има посебна вредност ако таквите вложувања се прават во економски тешки времиња. Таквите држави имаат иднина“, вели Миловановиќ. Не интересираше и тоа дали нашиот гостин, од функцијата директор на

да дојде во Македонија и во Штип со некоја своја претстава. Во секој случај јас упорно ќе работам тоа и да се случи“, ни рече Миловановиќ на крајот од нашиот разговор.


14

[tipski Glas, Fevruari, 2014 br. 51

СПОРТ

ратист па и јас неговите успеси ги прифаќам како свои. Тој има повеќе резултати, јас го имам највредниот со светски сјај.

ЖАРКО АРСОВСКИ, СПОРТИСТ НА ШТИП ЗА 2013 ГОДИНА

Соба преполна со медали Вашата лична карта ? Имам 28 години, вработен сум на УГД како референт на спортска сала, во брак сум со Виолета, професорка по соло пеење во средното музичко училиште „Сергеј Михајлов“, живеам во куќата на моите родители, каратето е мојата спортска страст и љубов. Што за вас значи изборот за спортист на 2013 година на Штип? Едноставно – непроценливо многу. Затоа што тоа признание доаѓа од моите сограѓани иако јас сум немал многу време да поминувам во Штип. За мене ова признание е како да сум освоил светски или европски медал. Тој вид на поддршка од штипјани ќе знам посебно да го ценам и истата да ја потврдам со нови медали од големи натпреварувања. Сакам да кажам дека ова ми е вторпат да бидам избран за спортист на годината на Штип, првиот мој ваков избор беше во 2010 кога го освоив третото место на светско првенство во Белград. Како течеше вашата спортска кариера? Со каратето се „заразив“ на десетгодишна возраст а до денес, според некоја моја евиденција, сум имал над 2.000 борби. Сум учест-

Се сметаш ли за славна личност: Славни се политичарите, актерите, пејачите, големите спортски имиња. Јас повеќе се сметам за спортски амбасадор на мојот град и мојата држава.

вувал на безброј меѓународни турнири, моментно сум член на КК „Макпетрол“ – Скопје и на карате клубот при универзитетот „Гоце Делчев“ каде и работам. Најдобри резултати? Третото место и бронзениот медал на светско карате првенство во Белград во 2010 година. Тоа е највисокото достигнување на карате спортот во Македонија. Јас сум и двократен европски универзитетски шампион и тоа за 2010 и 2013 година. Двапати ја освојував премиер лигата „Париз опен“, во 2012 и во јануари месец 2014 година. Во мојата карате ризница имам помеѓу 150 и 200 медали и други признанија од дома и од светот.

Колку каратето е популарно меѓу младите во Штип? Во градот работат четири карате клубови со вкупно близу 200 млади, имаме таленти и тоа е добро. Сепак, условите не се најдобри па јас и мојот брат Сашко моравме сами да отвориме наша сала со сите потребни помагала во неа. се е љубовта, таа нас како личности најмногу не врзува за некој од индивидуалните спортови.

Дали Штип е (доволно) спортски град? Мојот одговор е – да, но претежно сме град на боречки спортови. Борењето, каратето, боксот и кик бокс се најдобрите и најтрофејни спортови во Штип..Тоа се индивидуални спортови, во нив зависиш самиот од себе.

Колку има самоодрекување во твојот спорт за да се остварат така високи резултати? Самоодрекувањето е максимално. Ние спортистите не можеме да уживаме во храната која другите ја консумираат, нашето слободно време е ограничено, два до трипати на ден сме на тренинг, за нас само неделата е ден за одмор и тоа ако не сме некаде на натпревари.

Се вложува ли доволно во спортот? Не се вложува. Посебно не во поединечните спортови кои носат најмногу резултати и медали. Но, тоа и не е најбитното, најважно од

Што ви значи братот Сашко? Тој е мојот идол. Мој брат поради кого влегов во каратето. Тој е и мој тренер, постар од мене е четири години па секој мој успех го доживува како свој. И тој е активен ка-

Јога релаксација

Е

дно од големите откритија на јогините од минатото е дека опуштеноста на телото и умот е состојба што може да се постигне и што зависи од нас самите. Јогата и практикувањето релаксација се можност секој човек да направи нешто навистина корисно за себе, а посредно и за нашето опкружување. Од стотабилизираната психофизичка опуштеност почнува сè. Таа е основата за подобро здравје и неопходен предуслов на патот на самоспознанието. Тоа резултира со здрав и продуктивен начин на живеење, добар однос со луѓето околу нас, правилно согледување на животните ситуации, нивно прифаќање и соодветно решавање. Во секодневието и понатаму може да се јават проблеми од различен карактер, но битно е дека начинот на прифаќањето и решавањето ќе се менува. Кога сме смирени, поголема е веројатноста да донесеме посоодветни одлуки и решенија, отколку кога сме напнати и нервозни. Јога релаксацијата оди понатаму од опуштеноста, таа е состојба на ускладеност на физичката и менталната активност, проследена со изострена будност на свеста. Релаксацијата се практикува како техника кој има исклучителна делотворност во отстранувањето на стресот и неговото негативно влијание врз човекот.

Посебно за луѓе кои почнуваат да се занимаваат со јога, техниката на релаксција е првата можност за вистинско задлабочување во себеси. Не случајно се вели дека состојбата на релаксација е природна состојба на човекот. За да се дојде до неа нема потреба од надворешни стимули, организмот и умот на човекот имаат способност сами да ја постигнат.

Колку свет прошетавте? Уф, тоа е многу. Речиси и нема земја во која не сум бил. Мексико, Јапонија, Франција, САД, Русија, Холандија, Србија, Германија. Насекаде стекнав многу пријатели, другари колеги, добар дел противници но само во арената, ние надвор сме си големи пријатели. Всушност, тоа е и суштината на спортот. До кога активно во овој спорт? Се додека сум најдобар, се додека мислам дека можам повеќе. Потоа, ќе останам со спортот но како тренер...Кариерата може да трае до 35 години иако наидуваме и на натпреварувачи и до 40 годишна возраст.

Релаксацијата се темели врз намалувањето на активноста на организмот и на постојаниот немир на умот, при што свеста продолжува само да набљудува, да сведочи. Тоа сведочење на свеста го враќа човекот во сегашниот миг, како највистинско време на постоење. Постојат различни начини на практикување на релаксација. Во суштина битни се неколку елементи: потребно е да создадеме соответни услови, да завземеме добра положба на телото и да проследиме одреден свесен психоментален процес, кој го поттикнува опуштањето на телото и смирувањето на умствената активност. Практикувањето на релаксацијата е дел од програмите кои се предаваат на часовите во Јога друштво Штип. Оваа техника уште на првиот практичен час влијае на практикантите да ја намалат напнатоста, која се јавува како последица на брзото темпо на современиот живот. Релаксацијата како техника може многу да ни помогне ако секојдневно ја практикуваме, но ако таа прерасне во една внатрешна состојба, ќе стане наш принцип на дејствување во ситуациите од секојдн��вието... Едукациијата во врска со релаксацијата на часовите во Друштвото, се работи според методологијата на јога учителот Павлос К. Хасанагас. Томе Биновски, јога инструктор tbinovski@yahoo.com Facebook: Јога Друштво Штип


[tipski Glas, Fevruari, 2014 br. 51

TR-MR

ov -Mi Re k e ~e R i T

15

RAZONODA Двојна грешка Новинарството му го пере мозокот на народот? Двојна грешка! Ниту има новинарство, ниту народот има мозок! Разбирање Ние лесно ќе се разбереме со странците Ама тешко со нас самите Некаде и никаде Македонецот ќе оди некаде само да не е дома. А и тоа некаде може да биде за – никаде! Возење Ќе се гради нов автопат Штип-Св.Николе-Миладиновци Се создаваат услови секоја влада Да може побрзо и побезбедно Да го „вози“ својот народ!

Razmisluva: Iv. BOJ

Ништо ново Насекаде нов ден – нова нафака. Само кај нас Нов ден – стари гајлиња!

Броевите од 1 до 9 впишете ги во блоковите со големина 3 x 3 полиња (врамени со здебелени линии), така да секој број може да се најде само еднаш во водоравната или хоризонталната насока



С У Д О К У



СКРИВАЛКА треба да пронајдете два скриени предмети

ВИЦОТЕКА Петре му вели на Павле: -Павле, знаеш ли дека јас и Господ сме баџанаци! -Не трескај глупости бе Павле, како тоа е можно. -Така бе, јас ја зедов Цвета а Господ ја зеде сестра и Вера! Влегува Павле дома, се фрла на кревет па и вели на жена си: -Цвето мори, мртов уморен сум, нозете не можам да ги мрднам. Цвета се приближува кон него, го затнува носот и му вели: -Абе Павле, според смрдеата тебе нозете ти умреле пред три недели. Млада жена го погребува својот маж. Попот и вели: ајде баци го пред да влезе. -Абе Попе ти ист си како и мојот маж и он цел живот ми викаше „Жено ајде баци го пред да влезе“!

ШТИПСКИ ГЛАС Основач, главен и одговорен уредник: Иван Бојаџиски 072/214-159 Компјтерска подготовка: Јорданчо Бојаџиски

Печатено во печатница „Европа 92’-Кочани Дистрибуција: „Басе прес“ -Штип

Се одржува родителски состанок а учителот Павле го прашува ученикот Миле: -Миле, сите на родителски дојдоа со родителите, само ти со дедо ти. Оти не дојдоа мајка ти и татко ти? -Го доведов дедо ми оти он најслабо слуша! Павле му се жали на Петре: -Изутринава смрзнав, температурата беше минус. -А јас Павле смрзнав кога видов минус на тековната сметка.


16

ПЕРИСКОП

[tipski Glas, Fevruari, 2014 br. 51

Приказна за русите Игор и Викторија, нови жители на Штип П

одолго од една година Штип има нови жители во ликот на Игор и Викторија Јегорови. Дојдени се од Русија за да го продолжат животот во нашиот град. На Факултетот за образовни науки Игор предава класично сликарство а неговата сопруга Викторија цртеж. Овде велат тие, им се бендисува се. „За разлика од Москва каде животот е многу динамичен, често и напорен, во Штип и Македонија се тече поспокојно. Тоа за уметниците од нашиот профил си има една своја посебна убавина“, вели Игор. Толку се вљубиле во Македонија што решиле да побараат и македонско државјанство! „Во Штип и Македонија не фасцинира леснотијата со кои луѓето склопуваат пријателства. Храната е речиси иста како и во Русија, па од тој аспект таа не ни претставува проблем. Игор многу го сака штипскиот леб, јас го обожавам македонското бело вино. Пред секој ручек ќе испиеме по еден аперитив, задолжително е тоа домашна, штипска ракија која ја купуваме или ни ја подаруваат пријатели. Ваква ракија носиме секогаш кога одиме во Русија, кај нашите, бидејќи многу ја сакаат“, порачува Викторија. Овој млад уметнички и брачен пар живее во населбата „Сењак“. Со нив е и нивниот тригодишен син Андреј кого секое утро го носат во градинка. –„Мал е, дете е, ама уште сега мора да учи три јазика: руски, македонски и англиски. Задоволни сме бидејќи добро му оди“, велат Игор и Викторија. Прекрасните слики на Гоце Делчев, Филип Втори, Александар Македонски, Цар Самоил, Сократ, Јосиф Ковачев и Тодор Александров, изработени од Игор, ги красат просториите на ректоратот на универзитетот „Гоце Делчев“. Во новиот ректорат на УГД, во училиштето во Ново село, ќе греат новиот портрет на Гоце во природна големина и големата слика под наслов „Влегување на антифашистите во Скопје“. „Сакаме да патуваме низ Македонија. Во слободното време ги посетуваме најпознатите историски и туристички места. Насекаде одиме со сликарскиот прибор, отсекаде се враќаме со нови слики на кои го овековечуваме местото кое сме го посетиле. Македонија е прекрасна земја, вистинска инспирација за уметниците“, велат Викторија и Игор. ●


Br51