Page 1

Саша Митрев, ректор на универзитетот „Гоце Делчев“

Со универзитетот Штип доживува големи промени

● Со отварањето на УГД се отворија нови перспективи за Штип

Нада Наџинска, архитект Анализа

Живееме во најкосмополитскиот град во Македонија

Правени се крупни грешки во архитектурата на градот Жарко Паунов

Единствен Македонец на конзерваториумот

„Ѓузепе Верди“ Колумна на Кирил Барбареев

Семејството и домашното воспитание Живот ● Штип е отворен град за другите. Секој ден во градот, на работа во фирмите и институциите од соседните општини доаѓаат над илјада лица, во средните стручни училишта учат 735 ученици од седум општини, а најбројни се студентите...

Џими

остана и без овци и без пари

Н и к н а п а р к о т н а г е н е рациите

Џонсон контролс се пресели во новата фабрика


2 ОД МОЈ АГОЛ

Oтворен

N

град

Иван Бојаџиски

1

Илјадници жители на соседни општини секој ден освен за викенд влегуваат во нашиот град. Едни водени од желбата за стекнување нови знаења, други поттикнати од потребата социјално да си го обезбедат семејството. Ако за младите кои во нашите средни стручни училишта стекнуваат знаења, а кои подоцна ќе им бидат визит карта за работа или за на факултет, и ако за младите кои доаѓаат во нашиот Штип за да студираат на универзитетот „Гоце Делчев“ може да се каже дека се очекувана состојба, за реката наши комшии кои доаѓаат на работа во штипските претпријатија може да се потврди дека се изненадување. Иако никој точно не го знае нивниот број, едно наше истражување кое го објавуваме во овој број на весникот упатува дека ги има близу илјада лица. Автобусите на штипски превозници, меѓу кои и автобуси на нашите конфекции, секој ден носат работна сила од соседните општини од сите четири страни на светот. И со тоа, заедно со младите кои овде се во потрага по нови знаења, го прават Штип најотворен град. Јасно е дека дел од оние кои доаѓаат на работа во градот како и оние кои студираат, се решаваат за земање на “штипско државјанство“. Тие остануваат тука да создадат семејство и да си го продолжат животот како наши сограѓани. На тој начин градот добива една нова енергија. Сосема е сигурно дека отворањето на фабриката на „Џонсон контролс“ уште повеќе ќе го забрза овој процес на мигрирање од соседните општини кон Штип. И јасно е како ден дека и понатаму, како регионален центар, остане најпосакуваната дестинација за работа и живот во регионот. А тоа е едно нови кое заслужува респект. Арт клуб. Кабаре. Хумор и сатира. Се на едно место.

2

[tipski Glas, Septemvri, 2013 br. 47

НОВО ВО ГРАДОТ

Од средината на овој месец Штип добива нов простор во кој културата ќе пулсира на еден посебен, поинаков начин. Во киното „Култура“ нашиот сограѓанин Боре Минов, приврзаник на убавото во уметноста, го отвора својот арт клуб. Во тој нов културен универзум, каде ќе се исполнуваат сите наши сетила кои го восприемаат убавото, Минов вложил многу. Но пред се идеја која во себе ја носел со децении. Во клубот ќе се одржуваат промоции на книги, сликарски изложби, ќе се водат разговори со нивните автори, секој од присутните ќе може да си го каже својот став во однос на уметноста која таа вечер ќе биде на сцена и на цена во овој култен културен простор. Во него, додека присутните се насладуваат со убав пијалак, ќе се прикажуваат и кабаретски претстави, ќе има вечери на афоризми, на хуморот и сатирата. А Душан Ковачевиќ, познатиот српски драмски писател, при едно гостување во нашиот град во „она“ време, јасно стави до знаење: град кој нема весник и кабаре и не е некој град! Штип, и со овој приватен проект на вљубеник во убавото, естетското, потреб-

ното влегува во редот на ретките градови на Балканот кој има свој арт клуб. Штипски глас му посакува успех на архитектот на оваа преубава идеја, што ќе биде и успех на градот.

3

И Штип се менува. На подобро, секако. Се отвораат нови паркови, се асфалтираат многу улици чии дупки „плачеа“ да бидат пополнети, се отвораат нови простори за радост на децата но и на пензионерите, се разубавуваат фасади на зградите во центарот на градот... Од тој аспект можеме да кажеме дека првите четири месеци на новата локална власт и на актуелниот градоначалник се исполнети со работа која е од значење за сите граѓани. Од она кое го следам како ново во градовите и општините во регионот, слободно можам да потврдам дека сме град кој најбрзо и најмногу напредува во секој поглед. А на градот, како регионален центар, му недостигаа многу работи. За тој аспект на нашето живеење во овој број на весникот донесуваме разговор со архитектот Нада Наџинска, која отворено говори за сите промашувања во однос на урбанизацијата на градот во минатото. Наџинска, иако нежна дама, направи сјаен потег: јавно го кажа, пред се како предупредување за иднината, она кое многу мажи архитекти го говорат само во кафеана, никако за јавноста! Ако од укажување на Наџинска може да се извлече некоја поука, тоа секако ќе биде фактот дека иднината на градот повеќе не смее да се обликува преку импровизации во смисла на неговата архитектура.

Н

екогаш запустениот простор пред и зад гимназијата „Славчо Стојменски“ денес е уреден во прекрасен парк со импозантна фонтана. Тоа е дело на вработените во овој вреден колектив а токму вработените се и кумови на истиот давајќи му

оваа градба и дава посебен шарм и убавина е од Матка. Фонтаната има повеќе места од кои во неа прска вода а покрај неа и во ист стил е изградена и чешма за сите жедни кои поминуваат покрај овој простор.

„Парк не генерациите“ со преубава фонтана пред Гимназијата го името „Парк на генерациите“. Идејата за вакво урбано уредување на овој простор во центарот на

Познатиот штипски поштар Благој Нофитов е меѓу првите штипјани кои посакаа да бидат сликани покрај фонтаната. –„Преу-

Штип е на Гимназијата која баво е ова што го добивме во старт беше поддржана и секоја чест на Гимназијаод градоначалникот Илчо та што ни подари ваква Захариев. убавина. Не само што е Ристе Петковски, убаво туку и просторот директор на оваа средна околу овој парк сега делуобразовна институција која ва многу посвежо од порасо фактот дека е најдобро но. Уште три години имам средно училиште во држа- до пензија а уморните нозе вата влијае на угледот на од разнесувањето писма градот, вели дека каменот почесто ќе си ги одмарам за паркот е донесен од во овој парк и покрај оваа рудникот „Бучим“ кај Радо- фонтана“, ни рече поштавиш додека каменот за рот кој дневно во просек фонтаната, кој по многу ѕвони на вратите од 400 Симон Полкарп, во градот и во Маке- нешта е специфичен и на штипски домаќинства. донија попознат како Џими црнецот, кој прави добри дела за сиромашните, доживеа да остане и без пари и без овци кои преку својата невладина организаросторот за паркирање на возилата во центарот на грација „Галилеј“ ги има дадено на неколку дот е една од поголемите болки на Штип. Невозможна сиромашни семејства за да можат да премисија станува потребата да се најде соодветно паркинг живеат во овие бурни, неспокојни времи- место. Тој проблем се изостри со отворањето на универзиња. тетот „Гоце Делчев“ кога градот стана посакувана дестинаЏими во Македонија е цели 36 го- ција за многу студенти но и за нивните родители. дини. Ми се чини неверојатен факот дека и за толку време не научил една од најважните лекции: да верува кога во името на добрината дава работи кои имаат финансиска вредност, ама и да се осигурува дека другата страна на време ќе си ја исполни обврската. Па брате Џими, ова е сепак Балкан, а и нашата Македонија е на овој простор.. А ако баш тука, на Балканот, како една од првите не ја научиш лекцијата дека на добрината не секогаш се враќа со Фотографијата која ја направивме на „споредната“ улица кај Безистенот а која е во центарот на градот најсооддобрина, тогаш не си научил ништо. Ама, има надеж бидејќи некој ветно го илустрира проблемот. Возила паркирани по должиодамна рекол дека целиот наш живот е ната на целиот тротоар, и од лево и од десно им создаваат многу мака на пешаците. Локалната самоуправа е во фаза всушност една голема училница....

4

Тесно е, нема што

П

на барање соодветно решение кое генерално ќе го реши проблемот. Тесно е, нема што, ама за се има решение.


[tipski Glas, Septemvri, 2013 br. 47

3

РАЗГОВОР Нада НАЏИНСКА

архитект во ЈП „Стипион“, лице од тимот на градоначалникот

Урбанистичкото минато ни беше полно со грешки *Предлагав проблемот со недостиг од паркиралишта да го решиме со паркинг под плоштадот, тоа беше најдобро решение, но таа идеја не наиде на поддршка кај поранешното општинско раководство. Сега плаќаме висока цена! ска

П

оследниве три месеци Нада Наџинска можете да ја видите на сите места во градот на кои нешто се гради и се создаваат нови вредности од значење за урбаниот лик на градот а кои значително влијаат на подобрувањето на животот на штипјани. Таа е дел од тимот на градоначалникот Илчо Захариев. Наџинска е дипломиран архитект со 36 годишно работно искуство. Работела во „Мегапроект“, па во ЈП „Исар“, четири години била на работа во Москва, потоа работно била ангажирана во „Актива“ од каде преминува на работа во ЈП „Стипион“ (во тоа време „Штип проект“). Нејзино дело се ОУ „Димитар Влахов“, капелата, фотоволтаичната централа на „Мавис“, зградата во старата чаршија зад НАМА и повеќе станбени единици. Какво искуство понесувате од сите места на кои сте работеле во животот? -Секаде учев по нешто ново. Сепак, најмногу го збогатив своето знаење работејќи во Москва и во „Актива“. Во главниот град на Русија стекнав драгоцени научни сознанија за конструктивните системи, работев на огромни проекти како аква паркови, трговски центри, станбени објекти. Во штипска „Актива“ стекнав нови сознанија во однос на челикот, при што јас бев проектант на првата фотоволтаична централа во Македонија, инвестиција на штипски „Мавис“. Многу научив од Иле Николов, директорот на „Актива“ , една извонредна творечка личност. Јас него го сметам за доктор за челикот. Од аспект на ваша-

та професионална определба и големото работно и животно искуство од вас би сакале да добиеме оценка за градот од неговиот урбан аспект. -Во нашата долга историја на постоењето како град имавме урбанист кој пресудно влијаеше на градбената структура, човек кој не потекнуваше од овие краишта па согласно тоа, во тоа негово време, се направија и многу грешки. Некои други архитекти кои го наследија и имаа голема улога во урбаното обликување на Штип го продолжија тој негативен развој во однос на урбаниот статус на градот. Од тој аспект сметам дека минатото ни беше полно со грешки што денес се гледа и со голо око. Да се вратиме на новото време и новите предизвици. Имаме нов плоштад, фонтана која има повеќе маани и ниту една вредност, руинирано корито на Отиња кое треба да се средува... -Во целата оваа приказна има премногу промашувања. Сите сме сведоци дека плоштадот, кој е култно место за секој град кој држи до себе, не е среќно решен. Промашен е и проектот за паркинг платформи на реката Отиња. Кога се носе одлуки како да се реши проблемот со паркирањето во центарот на градот предлагав под плоштадот да се изгради подземен паркинг. За тоа постоеја сите услови,тоа решение ќе беше најдобро за Штип. Но, претходното општинско раководство се реши за платформите и за плоштад каков што сега го имаме. Јас велам дека е во ред тоа што не го прифатија мојот предлог но барем да пону-

деа нешто подобро. А се виде дека таква понуда немало. И, што сега треба да правиме? -Сега се најдовме во ситуација на плоштадот да мораме да коригираме доста важни работи. Моја идеја е со примена на гео текстил дел од плоштадот да го „оживееме“, да му дадеме поубав лик и содржина, односно да го намалиме тоа сивило кое таму царува. На идеја сме со цветни пирамиди и зелен и аранжмани да го украсиме нашиот плоштад. Без нови градежни реконструкции ќе му дадеме убавина и нова смисла на тој простор. Што се однесува до фонтаната се најдовме во ситуација да мораме да коригираме нешто за, барем ова лето, таа да може колку толку односно како – така да функционира. Слушам критики на наша сметка дека ова било импровизација а јас одговарам дека се работи за нужно зло бидејќи не може нешто кое вчера сме го изградиле денес да го рушиме. Почесто на местата на кои се создава нешто ново ве гледаме заедно

квалитетот на животот. По 70 години непревземање никакви активности тој одлучно се определи за репарирање на зградите на плоштадот и на улицата „Ванчо Прке“. Захариев лично стои зад секој квадрат нов асфалт во градот, зад секој нов парк во урбаните заедници Дузлак, Сењак, Баби и Осми ноември, зад новите шеталишта покрај Брегалница...Тука е и салата за венчавки за која донираа 5 – 6 фирми а јас сите нив ги организирав во една целина. Во ЈП „Стипион“ моја работна задача е во однос на урбанистичките планови а проектите на градоначалникот ги водам и како проектант. Градоначалникот Захариев е новата надеж дека Штип навистина ќе се уреди според високи стандарди и ќе биде град – гордост на сите нас кои живееме во него. Како ја гледате иднината на градот и општината? -Гледајќи како овие три месеци работи нашиот градоначалник и се што досега е изградено сосема сум убедена дека за три години ние ќе имаме многу

Наџинска на Градскиот плоштад

со градоначалникот Илчо Захариев. Кое е вашето искуство со првиот човек на општината? -Мене ми е повеќе од задоволство што имам можност да работам со една таква, исклучително инвентивна, вредна и посветена личност која знае што сака и која целото свое време го има подредено на интересите на општината. Тој го вложува дури и своето здравје за Штип да изгледа подобро, поубаво, поуредено. Негова е филозофијата во секоја населба, во секое село каде има луѓе да има по нешто кое го подобрува

поубав град. Во тој нов амбиент, чесно е тоа да се каже, најмногу ќе биде вградена неверојатната енергија, желба и знаење на градоначалникот Захариев. Ќе имаме нови пешачки зони, нови паркови, нови фонтани, многу повеќе зеленило, месноста Суитлак ќе им биде вратена на граѓаните како култно место за одмор и рекреација, Јас велам дека при таква енергија каква што покажува градоначалникот, при таква љубов спрема градот ние кои сме во неговиот тим не смееме да не го следиме, тоа едноставно не би било

Енергија која мора да се следи Енергијата која ја има нашиот градоначалник, неговата посветеност на најважните аспекти и потреби на градот и општината, неговите резултати кои секој може да ги види, ни налагаат и нам, луѓето од неговиот тим да го следиме. Се друго би било крајно нечесно! чесно од нас. Утрински весник напиша дека плоштадот во Берово е најубав на истокот од Македонија. Дознавме дека тој е ваше дело? -Да, тој факт држи. Јас го осмислив и со локалната власт која вложи многу во него истиот го направивме во форма и лик кои најмногу му личат на Берово. Во Берово мое архитектонско дело е и уредувањето на кејот на Брегалница. Мајка сте на два сина, имате премногу работа, во исто време активни сте во ВИС „Орнаменти“. Настапувате на многу приредби во Штип но и во други градови во државата. Што вам ви значи песната? -Сега ми ја допревте душата. Песната е мој придружник од моето детство. Без неа не можам. Таа ми е лексилиум, мој лек за сите болки, моја животна придружничка. Посериозно започнав да пеам во КУД „Ванчо Прке“ каде учител ми беше Мијалче Докузов. Сега сум дел од ВИС „Орнаменти“. Таму сме три жени – јас, Снежана Пиперевска и Елица Р’жанкова. Со нив сум осумнаесет години и за тоа време никогаш не се скаравме, не си рековме лош збор. И денес си другаруваме, се почитуваме, се дружиме. Во „Орнаменти“ се и музичари и пејачи но тие, за разлика од нас жените, се менуваат. Со песната ќе бидам на „ти“ се додека можам!


4

ИНТЕРВЈУ

[tipski Glas, Septemvri, 2013 br. 47

Саша МИТРЕВ, ректор на универзитетот „Гоце Делчев“

Штип драстично започна да се менува со Универзитетот Г-дин Митрев, годинава објавивте 5.063 слободни места на УГД на сите 13 факултети и над 100 студиски програми. Кои беа критериумите за една ваква бројка и што покажаа првите два уписни рока

студентите и сериозноста во прифаќањето на предизвикот на новите времиња. Од аспект на опремата тука има два дела, едниот е оној за наставата и науката, а вториот за одржувањето на системот и функционирањето на администрацијата. Ние веќе влегуваме во фазата на укинување на студентските прашања. Тие заминуваат во историјата. Очекуваме во следниот период да го решиме прашањето на Факултетот за медицински науки, ректоратот во Ново Село и образовниот центар на планината Плачковица.

Бројот на слободни места на факултетите оди во координација со Министерството за образование и наука. Оваа година како и минатите се стави акцент на техничко-технолошките науки и природно-математичките и тоа е согласно стратегијата која ја развива Има ли новини во видржавата. Дел од студискисокото образование од те програми поврзани со аспект на случувањата наставните насоки се ставо УГД. Ќе има ли нови вени во мирување. студиски програми и Што се однесува за ако ги има какви ќе бибројот на пријавени кандидат тие? дати на УГД, тој е во рамките на нашите очекувања. Од оваа студиска гоВо првиот уписен рок се пријавија 2400 студенти а дина стартува ликовната академија. Во моментот на во вториот 750. студиската програма по Во кои и какви услови, класично сликарство ступросторни, кадровски дираат пет студенти и преи други ќе започне го- даваат врвни уметници од динашнава академска Русија, докажани со своите дела во светот. Со овој чегодина. кор УГД сериозно го згоУГД може да се по- лемува својот капацитет во фали со одлични простор- областа на хуманистичките ни услови. За шест години науки. Постојат и одредени обезбедена е инфраструктурата за најголемиот број промени во делот на техфакултети, предавални, ка- ничките науки каде што побинети на наставници и голем број студиски прогасистенти, читални и слич- рами од дисперзираните но. Информатичко - техно- студии се враќаат во Штип

за автоматско управување, Обновливи извори на енергија. Годинава понудивте точно 995 слободни места за упис на вонредни студенти. Каков е интересот на оние кои работат, а сакаат да студираат на УГД?

Саша Митрев

Со отворањето на УГД бројот на граѓани кои Планирате воведувасакаат да студираат постоње електронски инјано се зголемува. Вонреддекс. Кои новини, кои ното студирање е посебна олеснувања ќе бидат категорија и многу лица кои придобивка од таа ноод различни причини не вост по која ќе бидете можеле да студираат во меѓу водечките униминатото сега ја имаат таа верзитети во државаможност, тоа е едната катета? горија на вонредни студенти. Втората категорија се Електронскиот инлица кои од здравствени декс како можност подолго причини или заради редо- време е во функција за

ваат испити или семинарски работи, електронски да бидат оценувани. Тоа значи дека студентите имаат електронско досие за целото нивно студирање. Покрај ова студентите преку е-индекс можат да вршат консултации преку компјутер со своите професори, да поднесуваат електронски барања и слично.

Голем број млади од земјата и странство го одбраа УГД

вен работен однос мораат студентите на УГД. Преку да студираат вонредно, овој систем студентите веќе пријавуваат испити, заверуваат и запишуваат семестри и сето тоа преку компјутер од дома. Наскоро, за месец до два, овој систем ќе достигне ниво кога студентските прашања нема потреба да постојат. Нивото на развој на овој систем ќе дозволува сите потребни документи и уплати студентите да ги вршат од дома, од својот компјутер, мобилен телефон или таблет компјутер. Редиците на студентски прашања ќе бидат минато, со што студентите ќе имаат повеќе време за останати Желбата за високо образование доминантна кај оваа генерација млади активности поврзани со Универзитетот. лошките можности со кои и интересот рапидно се зго- третата категорија се вонПокрај ова студенрасполага Универзитетот е лемува, како што се: Произ- редни студенти од програ- тите веќе можат електронпоказател за нашата се- водно машинство, Текстил- мата на Владата од 45 ски да запишуват и заверуриозност во пристапот кон но инженерство, Системи години па нагоре. ваат семестар, да пријаву-

Со е индексот се скратуваат и трошоците на студентите кои тие ги даваат како такса за банките при уплата на средствата потребни за студирање, бидејќи сите уплати исто така можат да се електронски. Тоа е еден комплетен систем кој на студентите во многу работи им го олеснува студирањето во смисла на заштеда на време енергија и средства. Но тука има и уште работа а тоа е што УГД заедно со Уни-банка – Скопје го имплементираше модулот „Е-плаќање“, кој во рамките на студентскиот информационен систем (еиндекс) овозможува студентите од прв циклус студии да реализираат електронско плаќање за сите видови на услуги што ги реализираат кон Универ-


[tipski Glas, Septemvri, 2013 br. 47

зитетот. На овој начин секој студент има можност преку својот електронски индекс да реализира електронска уплата со користење на валидна платежна картичка (дебитна и/или кредитна) издадена од која било банка во Република Македонија. Има ли УГД анализа за бројот на студенти од Штип, од други градови и од странство? Дали УГД сеуште е привлечен за студентите од Турција и други држави и ако има новости на ова поле да им ги предочиме на читателите на Штипски глас. На УГД студираат од сите градови на Република Македонија. Доминантниот дел се од источна Македонија, но втор град по број на студенти кои студираат е Скопје.Ние имаме студенти од повеќе земји кои студираат како интернационални студенти, најголем број од Турција. Не радува тоа што УГД се повеќе станува препознатлив за студирање во регионот а и пошироко. Од оваа година имаме повеќе студиски програми на втор циклус кои се реализираат на англиски јазик.

5

ПОЛИТИКА редни остварувања, дали и во пресрет на новата академска година има проекции за проширување и продлабочување на таа соработка. И, што Ви покажа искуството од таа соработка, односно кои се бенефитите за УГД и за студентите лично.

дот треба да размислува за ширење од секој аспект. Потребна е стратегија за развој на општината и регионот со УГД. Ја имаме неповторливата шанса да прераснеме во вистински центар

Ни најмалку не е едноставно. Универзитетите се специфични организации од многу аспекти. Академската заедница отсекогаш претставувала двигател на промените. Станува збор за институција која располага со 50.000 м2 На чело сте на инс- сопствена површина, која титуција која опфаќа се изгради за само шест над 20.000 лица. Тоа е години. Менаџирањето бара

Редици за уписи, жед за нови знаења

милиони евра. Кое е вашето мислења за тој бенефит кој го доживува градот? Универзитетот годишно има до приближно 10 милиони евра буџет кој се полни по различни основи, додека годишната плата само за вработените е приближно 50% од тој буџет. Тоа кажува дека во изминатите 6 години Универзитетот придонел со повеќе од 50 милиони евра на регионот, а најголем дел останале во Штип. Но потребно е да се нагласи дека студентите сигурно трошат повеќе од двојно од буџетот на универзитетот за своите секојдневни активности во Штип и другите центри, како што се изнајмување на станови, за исхрана, забава и слично. По наши процени станува збор за повеќе од 130 милиони евра кои се имаат потрошено околу универзитетот во изминатите 6-7 години. Ова се само генерални бројки кои можат да бидат и многу поголеми кога универзитетот ќе започне и со многуте научни проекти од земјата и странство, а чии средства ќе остануваат во Штип и регионот. Но тоа е само еден дел, тука е и општествената мисија која ја има универзитетот како институција која влијае секојдневно на подигање на културното ниво и развојот на регионот во секое поле. Сега замислете ја општината и регионот без Универзитетот. Обично кога некој ја отвора темата за Универзитетот и кога зборува за неговата оправданост и функционалност треба да биде многу внимателен и издржан во анализите и стратегиите за неговото постоење и функционирање.

за околу 2.000 лица голем напор затоа што Во текот на оваа гоповеќе од вкупниот секојдневно се соочувате дина УГД воспостави сораброј вработени во со прашање и состојби и од ботка со универзитети од Штип, во стопанство и науката но исто така и од Шпанија, Естонија, Италија, нестопанство. Тоа е одржувањето на системот Франција, Белгија, Финска знак за големата одго- со навидум банални проби Турција. Со специјалната ворност успешно да се леми околу обезбедување болница „Токуда“ во Софија менаџира еден ваков на ладење, греење, попикаде што, согласно програжив организам. Како шување на ситен инвентар мата, наставата ќе ја извеработи тимот на УГД за па до реализирање на надуваат еминентни професори вработени во болницата, каде што нашите студенти ќе се обучуваат пракШтип со УГД повеќе не истиот град. тично и ќе се запознаат со Штип мора да размислува за нова најновите современи медистратегија на свое ширење од цински методи. Истото се случува на многу факултесекаков аспект! ти. Се работат заеднички проекти со скоро сите соседни земји. Бенефитите се голеда одговори на овие учни проекти и лаборатоми бидејќи соработката потреби, како се чув- рии. почнува да се интензивира, ствувате Вие лично касе повеќе факултетите почМинатата година, во ко кормирал на тој нуваат да ја развиваат едно интервју ни репреполнет брод во намеѓусебната соработка. ковте дека студентите шиот образовен сисМобилноста се зголемува, во Штип на годишно тем? студентите, наставниците и ниво оставаат околу 10 студентите заминуваат во посети, предавања, проект- Јовче АРСОВ е новиот овластен просветен инспектор ни активности и слично.

Од аспект на организацијата планирате ли некои промени во однос на локацијата на одделни факултети кои на времето беа дисплоцирани вон Штип во блиските градови. Се говори дека дел од нив ќе бидат преселени во Штип. Колку е тоа вистина и ако е така за кои тоа факултети станува збор? Сите факултети се формирани со закон за основање кој го носи собранието на РМ. Само Собранието може да ја промени локацијата на факултет. Ние како УГД правиме наШто денес е УГД? Колпори одредени студиски ку студенти вкупно има програми за кои сметаме не него. Колкав е бродека ќе имаат интерес во јот на наставници и адШтип да ги организираме министративни работовде. Сите наши проценки ници? Какви нови ими чекори се покажаа за прапулси тие му носат на вилни. Оваа година ги доШтип? несовме најголемиот број студиски програми од техНа УГД студираат 19 ничките факултети и веднаш се зголеми интересот 000 студенти, 650 вработени и ангажирани лица. Униза техничките науки. верзитетот е од национаСоработката со стран- лен интерес. Штип веќе не ски универзитети. На е истиот град. Неговата ова поле до минатата историја драстично почна година имавте извон- да се менува со УГД. Гра-

Чест ми е да бидам дел од тимот на ваков градоначалник

Јовче Арсов, довчерашен професор по филозофија во гимназијата „Славчо Стојменски“ е новиот овластен просветен инспектор. Зад него стои 25 годишна професорска кариера, што говори дека тој е човек на и од образовниот систем на градот и државата. На новата, мошне одговорна функција, Арсов стапи од 2 септември годинава. -Понудата дојде лично од градоначалникот Илчо Захариев а јас ниту можев ниту сакав да ја одбијам бидејќи ми претставува голема чест и вистинско задоволство да бидам дел од тимот на градоначалник кој целата своја творечка енергија, целото свое време го посветува на интересите и просперитетот на општината. Тоа беше пресудно да ја прифатам оваа работа, вели Арсов. За него од големо значење е што Штип е голем образовен центар, еден од највлијателните до Македонија. Вели дека од порано ги знаел сите предизвици со кои ќе се соочува од позиција на новата функција. Укажува дека одговорноста во секторот од кој зависи какви генерации млади луѓе ќе создаваме сега и во иднина е голема. –„За почеток се соочив со фактот дека во прво одделение имаме запишано 391 ученик, но имаме и „спорни“ 43 деца од ромската заедница кои треба да тргнат на училиште ама ги нема во градот бидејќи се на сезонска работа со родителите. Се надева дека и тие ќе се запишат. Во четирите средни општински училишта имавме 874 слободни места во прва година а се потполнија 620 што значи слободни ни остануваат уште 254“, појаснува Арсов.


6

ГРАДОТ

ЈП ИСАР НА ВИСИНАТА НА ОДГОВОРНАТА ЗАДАЧА Во секој поглед и без било какви исклучоци ЈП „Исар“ во изминатите осум месеци одговори на големата задача што ја има пред градот и граѓаните на Штип. Иако имавме пеколно лето градот никогаш не остана без вода, реконструкциите на водоводните линии кои беа во плановите на претпријатието заради подобрување на водоснабдувањето беа извршени на време и квалитетно, градот се здоби со нови зелени површини, нови клупи за одмор на уморните нозе...

Водоснабдување Фактите говорат дека и покрај многу високите температури кои ги имавме летово, нашето јавно претпријатие ниту за миг не го остави градот без вода. Континуирано, навремено и со квалитетна вода беа обезбедувани сите делови на Штип. Навистина, се случуваа повремени прекини но само како резултат на дефектите на водоводните лини кои дефекти ефикасно беа отстранувани. Летово „Исар“ стави во функција нов бунар со што обезбеди дополнителни количини на сирова вода. Бунарот е на локалитетот Штипско езеро и е со издашност од дополнителни десет литри вода во секунда. Летово, од градскиот водоснабдителен систем, за прв пат во неговата историја на постоење, вода беше обезбедена и за приградската населба Караорман како и за објектите во Технолошко индустриска развојна зона ( ТИРЗ). Во текот на месец јули регистриран е досега максимален излез од филтер станицата од 345 литри вода во секунда.

Рекоснтрукција Реконструкции на водоводни линии се одвиваа во центарлното градско подрачје на дел од ул.“Вита Поп

Јорданова“ во должина од 110 метри со нови приклучоци на потег од куќен број 80 до куќен број 88 и на дел од ул.“Ленинова“ во должина од 200 метри на потег од спој со ул.“Вита Поп Јорданова“ до цркава Свети Спас со осумнаесет нови куќни приклучоци Конечно се решава и приклучувањето на населбата.Чардаклија на главниот колекторски систем. Во завршна фаза е изведба на 60 приклучоци на главната канализациона линија.

Зелени површини Покрај редовно одржување на зелените јавни површини и фудбалски игралишта, РЕ “Паркови и зеленило“ во текот на летните месеци вршеше косење и одржување на јавни зелени површини во сите приградски населби: Три Чешми, Караорман, Брегалница, Балканска, Чардаклија и Караорман. ЈП „Исар“ самопрегорно работеше на поставување на паркова опрема како клупи и корпи за отпадоци во новоформираните зелени површини на територијата на град Штип. На тој начин се создаваат услови за поголема комунална хигиена и еден поурбан лик на градот. Годинава новии зелени површини се формирани пред Клубот на пензионери во населба Баби и објектот на Стопанска банка.

Комунална хигена Нови контејнери се поставени и тие се наменети за ПЕТ амбалажа. Такви специјални контејнери се лоцирани во сите основни и дел од средните училишта. Со почетокот на учебната година ЈП „Исар“ ќе направи обид во сите училишта да го анимира проектот за собирање на пластична амбалажа.

[tipski Glas, Septemvri, 2013 br. 47


[tipski Glas, Septemvri, 2013 br. 47

7

СТОПАНСТВО

Џонсон контролс се пресели во новата фабрика во Штип

П

ознатата американска компанија од автомобилската индустрија „Џонсон контролс“ пред околу еден месец се всели во својата нова фабрика која е прв изграден стопански капацитет во штипската технолошка индустриска зона. Од халите на поранешната фабрика „Политекс“ машините на овој американски гигант кој има фабрики во над 150 држави во светот во кои работат 160.000 лица, се префрлени во новата фабрика а халите се пополнети и со нова опрема. Во моментот во штипската фабрика работат над 500 лица. Завчера бевме во посета на новиот голем стопански капацитет кој треба да ја раздвижи локалната но и државната економија и да влијае на подобрување на социјалниот елемент. Но, во фабриката ни беше речено дека дозвола за да се добијат информации за медиумите требало да се бара од дирекцијата на компанијата во Америка што е еден бавен процес. Сепак сите информации во однос на оваа голема инвестиција од порано се достапни на медиумите.

Имено, во 2011 година во штипската индустриска зона компанијата доби плац од 40.000 метри квадратни од кое под покриен простор се 12.500 метри квадратни. Камен темелникот беше ставен на 18 октомври 2011 година но со работа на неа се започна во месец септември минатата година. Работата ја доби штипската фирма „Актива“ која направи вистински деловен подвиг перфектно изградувајќи ја ис-

ција на голема инвестиција на компанија која е светски бренд. –„Во услови на светска економска криза, на тектонски бранувања во соседна Грција, Република Македонија доживува експанзија од странски инвестиции кои се огледаат во

500

20 МИЛИОНИ

Во фабриката моментно Евра се инвестирани во има околу 500 првата фабрика во вработени индустриската зона тата за помалку од една години. Оваа компанија ја гради и фабриката на белгиската фирма „Ван хол“ во индустриската зона во Бунарџик која има 36.000 метри квадратни корисен простор од кои 90 проценти се веќе завршени и во халите е започнат производниот процес.. На поставувањето на камен темелникот премиерот Никола Груевски рече дека Република Македонија започнува реализа-

Предупредување

Жилогризот ги десеткува овошните насади *Многу наши сограѓани засадија овошки а сега се најдоа во небрано

О

воштарството, во последните десеттина години зема замав. Убаво е тоа бидејки тоа е едно од подоходовните земјоделски гранки. За подигнување на овошен насад се потребни многу парични средства, квалитетен садочен материјал и многу знаење и труд за да се добие посакуваниот разултат За среќа и државата ги поттикнува и стимулира желбите на земјоделците. Подигнати – оформени се многу хектари под овоштарници. Најповеке се насадени вишни, потоа црни сливи црешни итн.

Меѓу тие овоштари бев и јас. Засадив 660 садници под вишни од сортата Облачинска, многу барана во Европа. Се беше добро до третата година по садењето. Тогаш неколку млади дрвца одеднаш се исушија. Знаејки ја сложеноста во примената на целосна агротехнолигија не бев толку изненаден, сметајки дека тоа е дел од ризикот при таква работи. Меѓутоа идната година се исушија двојно повеке дрвца. Сега веке се вклучи алармот во мене. Дојдов до странска – Француска литература за одгледување на вишни. Не-

шестe големи проекти кои ќе ја раздвижат националната економија. Во оваа фабрика „Џонсон контролс“ вложува 20 милиони долари, а во неа ќе има работа за 1.400 лица“, рече тогаш премиерот Груевски. Владимир Теплик, потпретседател на трим операциите на „Џонсон контролс“ тогаш напомна дека од дваесете фабрики кои нивната компанија ги има во Европа две се во Македонија. – „Џонсон контролс“ е серипријатно бев изненаден кога разбрав дека во Франција,Белгија,Холандија и уште некои земји вишната како овошно дрво веке не постои. Прочитaв дека во овие земји се јавил штетник Жилогриз кој направил масакр над вишните. На крајот на написот пишуваше дака за уништување на овај штетник за сега нема лек.

озна компанија која со свои фабрики е присутна во 150 држави во светот со вкупно 154.000 вработени. Во Република Македонија ние наидовме на најдобри услови за гринфилд инвестиции и поради тоа помеѓу шест држави од Југоисточ-

12.500 Метри квадратни има покриен простор овој нов индустриски капацитет на Европа и две од Африка ја одбравме вашата држава. Во фабриката ќе се произведуваат автомобилски навлаки со кои ќе снабдуваме повеќе фабрики од автомобилската индустрија во Европа“, рече Теплик. Условите за работа во фабриката се идеални. Големата локација која ја доби „Џонсон контролс“ овозможува ширење на капацитети ако за тоа се јави потреба. Но, она кое во моментов загрижува е праша-

копачија 2000 дрва под вишни. Поттикнат од желбата да им помагам на луѓето во разрешувањето на земјоделски проблеми организирав конференција за штампа, пред 8 години, на која ги кажав моите сознанија за тој проблем. Го кажав и тоа дека Жилогризот ги напаѓа сите семкасти овошја како Вишната, Црешната Сливата, Праската, Кајсијата. Бев катего- ричен дека на овоштарството во Македонија црно му се пишува. Во мојат нов овоштарник-100 дрвца, кој е три години стар минатата недела забележав дека Во овоштарник погоден од жилогризот одеднаш ми се Моите 660 дрва мо- исушија една цреша, прасрав да ги ископачам и по- ка и две црни сливи ( Стендигнам нов овоштарник од леј). Повторно се вклучи разни овошни сорти. Исто- мојот аларм посебно кога то го стори и мојат пријател разбрав дека и на имотот – Агроном Ѓорги Санев кој на еден од постарите новизаедно со неговиот брат ис- нари од сто засадени дрвца

њето дали овој капацитет ќе може да го обезбеди планираниот број од над 1.400 вработени. Имено, во источна Македонија нема доволно слободна млада работна сила бидејќи речиси сите кои завршуваат средно училиште се запишуваат на факултет а оние кои не ја прифаќаат таа можност главно одат во странство на времена работа. Овој проблем не го намалува ниту фактот дека индустриската зона во Штип е од регионален карактер и во неа е планирано да бидат лоцирани 50 фабрики во кои, во иднина, би требало да се вработат над 10.000 лица. Но, во исто време секоја од блиските општини како Пробиштип, Кочани, Свети Николе, Виница си определија свои индустриски зони поради што штипската го губи својот регионален предизвик. Наскоро се очекува и свечено отворање на фабриката.

пред пет години се исушени половина, најмногу во текот на оваа година. И таму, стручната експертиза која ја направив вели дела во прашање е жилогризот. Се работи за модра слива од типот Стенлеј. Повторно консултирав страна литература но и овој пат не прочитев дека има лек за ова зло. Апелирам до републичките служби да го земат сериозно овај проблем и под итно да организираат советувања за изнаоѓање на решение. Не би сакал и овај пат да бидам пророк за судбината на Овоштарството во Републиката. Изгледа дека пророштвото ми оди од рака иако, барем овојпат, би сакал моето пророштво да не се исполни. Но, пред се и над се во Министерството за земјоделие и научните институции – институти од областа на земјоделието мора да посветат нужно внимание на оваа појава. Љубомир – Љубчо Иванов


8

АНАЛИЗА

Штип најкосмополитски град ▌За потребите на нашите конфекции секој ден се превезуваат илјадници работници, во нашите средни училишта се школуваат 735 ученици од седум соседни општини, универзитетот секој ден ни „носи“ по над 10.000 студенти од други места...Штип е најкосмополитскиот град!

Н

а работа во наште фабрики, на студии и на работа во универзитетот „Гоце Делчев“, на школување во средните стручни училишта, во Штип од соседните градови и села секојдневно влегува река од народ. Точниот број на луѓе од други места кои токму во нашиот град си ја бараат и наоѓаат среќата останува непознат, но нашето новинарско истражување упатува на фактот дека се работи за илјадници лица. Ако за Универзитетот тој факт може да се прифати како работа која можеше да се претпостави, за средните училишта како нешто што дава можност средношколци од соседните места да изберат струка која во училиштата во нивните општини ја нема, бројноста на лица кои доаѓаат на работа во нашите текстилни и други стопански капацитети е нешто на кое никогаш досега не сме сметале. Но, што покажа нашето истражување? Автобусите и комбињата на штипски конфекции секој ден носат маса работници од Свети Николе, Пробиштип, Радовиш, Кочани како и од селата главно од кочанскиот дел. Во таа голема група луѓе не ги сметаме лицата кои токму во Штип бараат решение за своите социјални потреби а живеат во соседната општина Карбинци. Но,што за оваа состојба која Штип можеби го прави најотворен град зборуваат нашите стопанственици и личности кои се на високи позиции во образованието? ЗЕНДЕЛОВ Штип е посебен феномен во однос на ова прашање. Можеби големата вработеност на која пред се влијаат бројните конфекции придонесе за тоа да се бараат работници во соседните места. Точно е тоа дека се носат работници од Пробиштипско, Светиниколско, Кочанско, Радовишко. Би рекол од сите четири страни на светот кои се во наша близина. Пред осум години ние отворивме конфекција во Радовиш бидејќи во Штип

немаше доволно слободна работан рака.Сега во Радовиш имаме 200 вработени. Но, чесно е да се каже дека остануваме без работна рака и од причина што меѓу невработените доминираат мажите,па кога некој од нив ќе замине на работа во странство по два-три месеци ги повлекуваат и своите сопруги кои работат во штипските конфекции. Тоа е нашата реалност и поради тие факти ние ќе го имаме проблемот со недостиг од работна сила која штипското стопанство постојано ја бара преку локалните медиуми, вели Душко Зенделов, косопственик на „Штиптекс“, првата приватна конфекција во градот. МИЛАДИНОВ Фактот дека како град најмногу во Македонија увезуваме работна сила го потврдува и Сашко Миладинов, сопственик на конфекцијата„Албатрос“ која има околу 450 вработени. –„И ние носиме работници од соседните места, поточно од Свети Николе, тоа е една група работници, но факт е дека имаме потреба од нови вработување а слободна работна рака во нашата општина тешко се наоѓа. Лично сметам дека најголем проблем во целата оваа приказна е транспортот. Моја проценка е дека е време да се поработи на отворање редовни автобуски линии кои својот превоз ќе го координираат со работното време на штипските фирми, со потребите на средношколците и студентите. Тоа прашање треба да се решава и со ставање на железницата во вистинска функција, бидејќи најголем број работници ни доаѓаат од Кочани и селата кои се лоцирани долж патот Кочани – Штип. Владата треба да размисли за бенефицирање на ваквиот вид превоз од што сите ќе имаат полза, вели Миладинов. Тој укажува дека кога на странци ќе им кажат дека имаат работнички кои дошле во Штип од места оддалечени само 35 километри, а тука плаќаат кирии за станови, странците се чуделе на таквата пракса. – „Тие не потсетуваат дека кај

нив на работа се патува и по 200 километри, ама за тоа постојат брзи и уреден и железници и одлични автопатишта“, потсетува Миладинов. ЛАЗОВСКИ Техничкиот директор на „Актива“ Аргир Лазовски потврдува дека 35 проценти од вработените им се од места од соседните општини. –„Објавуваме огласи за прием на работници но од Штип немавме соодветен одглас.Затоа пак ни се јавуваа од Пробиштип и од кочанските села Чешиново, Облешево, Уларци, Кучичино, Чифлик.. Се разбира дека ги примивме сите кои одговараа на нашите потреби и критериуми. Сами си го обезбедуваме превозот што ги зголемува нашите трошоци на работење. Постои потребата да се направи нешто во смисла на организиран превоз на работниците кои доаѓаат во штипските фирми а не секој сам да го решава тоа прашање при што фирмите трпат големи трошоци. Организираниот превоз треба да биде субвенциониран“, укажува Лазовски. БОГДОВ Конфекцијата „Вабо“ има поинаква приказна. Сопственикот Ване Богдов вели дека тие го немаат ваквиот проблем бидејќи нивната филозофија е да не прифаќаат работници од другите општини освен од блиското Карбинци. –„Не примаме работници од страна поради превозот но ние и така немаме проблем со работната сила во однос на нашите потреби што, според нашите анализи е резултат на угледот кој го создадовме во јавноста како колектив кој се грижи за работниците. Во таа смисла делиме добри, едни од најдобрите во текстилната гранка, работното време е согласно законот, три пати во неделата обезбедуваме бесплатна исхрана. Кога ќе ни затребат работници тоа не е повеќе од 3 – 4 лица а нив ги обезбедуваме од Штип“, вели Богдов.

[tipski Glas, Septemvri, 2013 br. 47

сот на бројката на ученици од други места кои учат во нашите средни стручни училишта. Од страна, односно од вкупно седум други општини, ни доаѓаат 735 средношколци за кои превозот го плаќа нашата општина. Нашите средни училишта прифаќаат ученици од Кочани (195), Карбинци (179), Радовиш (154), Пробиштип (107), Свети Николе (92), Злетово (29) и Виница (12). За превоз на учениците од страна на превозниците им се исплатува сума од околу 20 милиони денари без ДДВ. Бројот на средношколци од соседните општини го потврдува и фактот дека Штип има средни училишта според желбите не младите од регионот. БАРБАРЕЕВ „Секој ден во Штип на работа на универзитетот „Гоце Делчев“ доаѓаат околу 300 лица, професори, асистенти и во помал број административен кадар. На факултетите во Штип дневно имаме по околу 10.000 студенти од сите краеви на државата, а посебно од источниот дел, а ги има и од странство. Студентите или си имаат обезбедено престој во приватно сместување или секој ден патуваат, посебно ако се од поблиските места, при што немаат организиран превоз туку самите си го решаваат тоа прашање. Но, факт е дека 19.000 студенти и вработените на универзитетот од страна го прават градот космополитски, како што е факт дека тие, на годишно ниво во Штип оставаат по десет милиони евра“, потенцира проректорот за развој Кирил Барбареев, проректор за развој.

С

Зенделов

Миладинов

Лазовски

ИНТРИГАНТНО

О

пштината плаќа превоз за средношколци од другите општини, кои согласно своите квалификации, шансата за вработување пак ќе ја бараат во нашиот Штип како индустриски најразвиен центар во регионот. Така ќе имаме една интригантна ситуација– сега им го плаќаме превозот за да се школуваат а истото тоа ќе го правиме и кога нашите фирми ќе им обезбедат работа во штипските претпријатиСРЕДНОШКОЛЦИ Штип е ја! раритетен град и во одно-

Богдов

Барбареев


10

КОЛУМНА

[tipski Glas, Septemvri, 2013 br. 47

ДО УСПЕХОТ И ПО НЕГО

Б

ев дете, бев многу мал кога татко ми учеше на Економскиот факултет во Прилеп, тогаш беше Виша економска школа. Се сеќавам кога тато се враќаше од Прилеп, со себе носеше две лица-едното весело и другото тажно. Кое ќе го сложеше како дежурно зависеше од успехот при собирањето на знаење. Кога ќе се зададеше на горниот дел на улицата „Питу Гули“ трчав како обезглавен во куќарчето со број 21 да ја пренесам добрата вест-„Ехеј, тато е весел!“ А кога ќе се вратеше наеднаш, ненајавено ќе бапнеше во собулето на старата куќа, тогаш како да се корнеше земјата од корен. Собраните веѓи над носот и збрчканото чело зборуваа дека тато не помоинал како што требало во градот под Марковите кули. Не паѓаше на испитите, ама малите оценки за него беа исто така неуспех. Еден ден во пријатната расположба што ја правеше веселото лице на тато застанав до неко, се искиприв како пинер пред Тито и му реков: „Епа татко да знаеш и ние имаме удел во твојот успех“.

Погледна во мене како што би погледнал стар прекален борец во дете што во рачињата држи парола на која пишува „ Сметајте на нас“. Се вцрвив од прекорниот поглед. Тој потона во жал, но и праша: „Зошто мислиш така?“ Немав одговор. Немав долго време. Се додека пораснав и додека почнав да го сфаќам системот, општественото уредување во кое што живеевме. Во СФРЈ сите се колневме во КП. Никој не се потпираше на своите индивидуални способности зашто знаеше дека колективот, заедницата, партијата со висперните партиски водачи ќе ја завршат работата од убаво поубаво. А од исходот сите ќе бидат ем задоволни, ем безгрижни. Во тоа време мојата изјава пред тато беше, или едноставно можеше да се оквалификува како детско - лекоумно, односно, фриволно однесување до крајни граници. Но, дојде транзицијата а со неа и прулализмот. Многупартискиот систем. Демократијата. Луѓето почнаа да се потпираат на своите индивидуални можности. Влегуваа во партиите по свои видувања, не

оти се принудени. Секој се повикува на својата натура. Сите презентираат видокругови. Никој не се плаши да воспостави дијалог со другиот, да признае дека неговиот видеокруг пламнува во оној што иде. Во тавите услови на живот да му кажеш некому дека имаш удел во неговиот успех би било неприлично. Зашто човекот е секогаш сам и сам одлучува,така изборот да биде со другиот е избор на другипот да биде со него. Но, не излезе како што се гледа. Колективното, заедницата, здруженијата, партиите пак ја попречуваат индивидуата во својот развој, во презентација на можностите. Вредностите на индивидуата се огледаат преку оние на колективот, заедницата, партијата. Ако си од оваа партија тогаш си подобар од оние што се од другата и обратно. Ако си од оваа партија тогаш на локалните, парламентарните, претседателските си ги победил оние од другата и обратно. Ако си од страната на победничката партија тогаш ти си добриот и можеш да го замениш лошиот од поразената.

Пишува: Трајче Кацаров, писател

Тато беше член на нашата заедница, фамилијата, и сега гледам дека сум бил во право кога сум му рекол дека успехот во неговото остручување беше и наш успех, односно и наше остручување. Затоа не треба да и се зема за зло на оние кои во партиите освен тоа што се зачлениле и што од петни жили се провикнуваат на митинзите: „Бравоо! Да живее! Напред наши!“ кога ќе посакаат дел од колачот подготвен за победничкото славје. Нека каснат, нека се изнасладат, оти како што не учи филозофијата на егзистенцијата најважно е да се открие вистината. А што значи да се открие? Значи да го видиш она што не може да се види, односно да ја осознаеш неразрешливоста на битисувањето.

Августовско празнување и живеење

ПИШУВА: Стојче Самарџиев економски аналитичар

a)Фрагменти од дневности •Во првата половина (од кога е написот) на месец август празнувавме за Светите: Илија, Петка, Пантелејмон и Климент, а и Рамазан Бајрам. Имаше „зборовно“ сеќавање за 135 годишнина, 110 годишнина, 100 годишнина, 69 годишнина, а имаше и „насолзено“ сеќавање за 2001 година. •Годинава, жито се родило многу и јужно и северно од еквадорот. До наредната (житна)година, овој основен прехрамбен производ на Планетава ќе го има во задоволинелни количини за сите над 7 милијарди усти. •Зејтинот, доматите, пиперките, овошјето се поевтини од ланскиот август, комуналиите не се зголемени, а за повеќето од нас прехраната, комуналиите, струјата, телевизијата и лекарствата се над 70 про-

центи од домашниот буџет. •Американскиот долар беше и под 46 денари, швајцарскиот франак е под 50 денари, а еврото под стандардните 61,50 денари. Нашите работници во странство испратија дома повеќе долари, франци и евра отколку што нашите домашни„годишноодморци“ изнесоа во Грција,Бугарија,Турција,Албанија,Шпанија...Денарот во август, цврст -прецврст. б) Штипски украси Мостот, донација од „Актива“ на Иле е нов украс на градот но и мост-поврзувач меѓу стариот дел не Штип и Исарот. Друг донатор, кој и досега е меѓу големите донатори, донирал икони за црква во една Штипска населба. Донациите,сега се викаат општествена одговорност,порано се изразуваа како местен самопридонест и солидарни фондови. •Пред 3-4 децении со средства од местен самопридонес и солидарни фондови дарувани (издвојувани) од сите работни луѓе, се градеа и изградија

училишта (сите постојни градинки и основни училишта,медицинско училиште),многу јавни објекти (дом на културата, пионерски дом, здравен дом, филтер станицата, водоводната и канализационата мрежа и скоро сите постоечки улици и тротоари). •Средставата од местниот самопридонес од пред 31 година (1 октомври 1982 година) се користени за: филтер станицата, главниот колектор, основно училиште, брана на река Отиња, вработување, медицинското училиште, Титов парк и за ЗБ од НОБ. Во 1983 година биле наплатени 57,9 милиони тогашни динари. Од претходната година биле пренесени 8,5 милиони динари, а од претходниот местен самопридонес, кој завршил на 31 август 1982 година, останале нераспределени 19,5 милиони денари. Од вкупниот износ на расположивите средства во 1983 година од 85,9 милиони динари, во истата година за планираните намени биле распоредени 82,5 милиони динари. Почит кон поединците и целиот народ дарители и нека останат здруже-

носта, општествената одговорност, донациите, местното самоинвестирање. Тоа е судбинска потреба за иднината на овој простор.Сега „времето“ е за вакви средства со единстевена намена за здравството-Клиничкиот центар.

•Пред една деценија

стојана парчна помош добивале 77 корисника. Вкупната, просечна, месечна парична помош била околу 5,4 милиони денари.

Нова учебна година На 28 август,секоја година, е еден од најголемите православно-христијански празници Успение на Пресвета Богородица-Голема Богородица.Три дена по Празникот започнува новата учебна 2013/14 година за Стефан, Климент, Ивана, Филип...сите основци и средно-школци. Колку интерни и екстерни тестови, колку експерименти ќе ни воведат во новата учебна година –прашуваат учениците,чиј работен ден во две смени е најдолг во Македонија.

Пред десет години во Штипското стопанство работеле 1.183 претпријатија со 11.106 работници. Тековната загуба била 534 милиони денари (2,2 пати поголема од добивката), а непокриената загуба на почетокот на 2003 година била 8,3 милијарди денари. Бројот на невработените бил поголем од бројот на вработените. Меѓу невработените имало: 5 магистри, 544 со високо, 319 со више образование, а бројот •Инвестирајте ги пана невработените со средно образование бил рите од секоја втора „пакшест матурански генара- ла“цигари,вложете ѓи во банка.Донирајте,инвестиции. рајте –ВО ШТЕДЕЊЕТО И Во истата година со- ИНВЕСТИРАЊЕ ТО Е ИДцијална помош користеле НИНАТА. 915 домакинства со 2901 члена. Помош и нега добивале 596 корисника, а по-


[tipski Glas, Septemvri, 2013 br. 47

11

СТАВ

СЕМЕЈСТВОТО И ДОМАШНОТО ВОСПИТАНИЕ

Н

екогаш се говореше дека детето кое не се однесува примерно, кое не знае за ред, нема домашно воспитание. Денес децата имитираат многу работи кои не ги виделе кај своите родители, туку ги виделе од виртуелната стварност, која многу бргу почнуваат да ја живеат како реален живот. Иако тоа не го виделе кај своите родители, сепак тоа е домашно невоспитание, бидејќи секој родител, кој не го контролира своето дете пред негативните содржини и самиот е невоспитан. Живееме во време кога е загрозен опстанокот на семејството.Семејството инстиктивно чувствува дека неговиот крај значи и крај на човекот на оваа планета.Оттука и грижата, прашањата и потрагата по виновниците. Семејството ја наоѓа вината во општеството, во неговите институции. Но, не може да сфати дека тоа е постаро од секоја општествена институција, дека тоа го родила, воспитувала и подготвувала, секој човек, да го креира општеството, по својата мера. Она што семејството ќе посее тоа и ќе жнее. Да си го погледнеме општеството наше, не можеме

да се пофалиме дека сме го направиле по мерка на Човекот. Премногу е алчност,завист, измами, насилство, лицемерие... Родителите веруваат дека училиштето е виновно за проблемите со децата. Не е! Родителите се првите воспитувачи и на учителите, и на професорите, и на педагозите. Најголемите војсководачи се воспитувани во авторитарни системи на воспитание. Тврдиме дека политичарите се виновни за нашата сиромаштија и материјална беда, за несреќната состојба во која се наоѓа општеството, за моралната криза, за падот на вредностите. Не! Велиме дека се алчни, дека само за себе си гледаат. Заборавивме дека коренот на алчноста се раѓа во моментот кога родителот почнува да го условува своето дете да го изеде тоа што не го сака, нудејќи му шарена лага. Секогаш кога помеѓу работата и детето ќе ставите некој предмет, интерес, пари, ветување, за детето да го направи токму тоа што вие го сакате,и баш така, како вие замислувате, станува збор за условување, „награда“. Од тогаш, почнува да се развива алчноста, да расте, барајќи се-

когаш повеќе за „помалку“. Авторитарниот систем на воспитание е роден во семејството, од кое метастазирал во сите пори на општеството. Како последица добиваме искривено изворно човечко битие, кое не може да биде толерантно, ниту може да се почитува себе ниту другиот човек. Зошто традиционалното семејство му давеше на општеството подобри и послушни граѓани, помалку насилни, отколку што тоа го прави денес современото семејство? Затоа што последиците на авторитарноста се криеле, затоа што воспитувале со награди, казни и ќотек (после два шамари детето почнува да слуша и секој народ капитулира после Атомска бомба и 250 000 убиени за две секунди), затоа што постојано создавале страв.Наградата и казната биле именителите за сите области на нашиот живот. Сè што општеството не дозволувало да исплива на површина, да се манифестира како проблем, тоа како и да не постоело. Всушност, многу девијации, кои денес постојат, постоеле и порано, но биле сокривани. И тогаш имало патологија, насилства, емоционални, физички и

ментални болести, отуѓување. Денес сè е на површина што некогаш се прикривало, затоа што се воведоа „плишани“ воспитни модели, и така детето стана водачот во семејството. Тоа го создава светот на квалитет преку она што го гледа на ТВ и компјутерот. Затоа денес има деца од 9 години кои му кажуваат на својот дедо што е најдоброто за него.Според истражувањата: дете кое гледа 2-4 часа дневно ТВ, ќе види околу 8000 убиства и 100 000 други насилства до завршување на основното образование. Програмите за деца имаат 6 пати повеќе насилство од програмите за возрасните. Детето годишно гледа повеќе од 20 000 реклами, 2/3 од нив се за храна, и тоа штетна храна. Негативните ефекти од ТВ кај тинејџерите се: намален интерес за читање и учење; лоши здравствени навики; негативни ставови; зголемена сексуална активност. Авторитарниот систем се сруши, но останаа слугите на системот кои добро се одржуваат и прават хаос, внесувајќи страв во човекот. Човекот се умори, сè ова трае предолго, се

Пишува: Кирил Барбареев, проректор за развој на УГД. чекаат промени, а промени нема да има се додека има слуги на срушени системи. За да се отвори вратата на врвните, вечни вредности, на добрината, љубовта, честа, ние мора да се ослободиме од авторитарните воспитни модели, од слугите на системот кој веќе не постои. И тоа, треба да почне да се случува, бидејќи без развој на духот и високата свесност понатаму не се може. Материјалното и духовното мора да се урамнотежат. Но за тоа да се случи треба да се напуштат моделите на воспитание со принуди и казни, со условувања и награди,со презаштитување од работа, ред и вистина, со вербализирање и злоупотреба на имитаторските облици на учење.Тоа е обврска и на семејството и на образовниот систем. Оти, сè додека постои семејството, ќе постои и човекот, додека постои човекот ќе постои и светот и векот.

Оставивме белег, на потег е новата генерација во Младинската

Пишува: Бојан Кереместевски, советник во Советот на Општина Штип

С

екоја генерација има своја битка! Растејќи во овој град, полн со интересни настани и случки, град на големи луѓе, политичари, интелектуалци, архиепископи, атентатори, град на луѓе од еснафот, се пранојдов себе си во политиката. Она што потекнувам од традиционално вмровско семејство, и внук на политички затвореник за идеалите на ВМРО, беа само дополнителен мотив. Уште од мал паметам и јас, но и моите врсници кога на училиште секојдневно одев со дневен весник, кога вестите ми беа позанимливи од филмот и политичката литература од романот. Меморијата која ја поседувам и други работи, беа пресудни да се насочам кон политиката.

Јасна мисија, јасна визија и јасна цел! Главната цел, на нашата генерација беше модернизирање на младинската, или препознатливата Унија на млади сили на ВМРО ДПМНЕ. Успеавме во тоа! Ние ја разбудивме надежта и вербата во младиот човек. Кога ќе се сетам на многу премрежја и збиднувања, од Охридскиот Конгрес на партијата до денес, гордо стоиме зад се она што го остваривме. Го поминав секое скалило во УМС. Тоа беа најубавите моменти во мојот живот. Токму нашата генерација, беше главен иницијатор за победите во 2006-та, 2008-ма, 2009-та, 2011-та и 2013-та година на ВМРО-ДПМНЕ. Во ниту еден момент УМС не стоеше со скрстени раце.УМС беше составен дел на секоја наша победа со широко прифатен концепт, концепт прифатен од сите млади луѓе. Тајната на успехот беше спој од младост, енергија и работа. Младите беа носечка сила на ВМРО-ДПМНЕ, и носители на преродбата на духот, УМС е место каде идеите оживуваат. УМС нуди перспективи, и гради силни и цврсти личности,

искусни луѓе кои не се плашат од предизвиците. Енергија на новото време! УМС е составен дел на секоја наша победа. Ако ги погледнеме опшествените случувања во земјава, ќе сфатиме дека младите не беа статисти во тие процеси. Главната предност на ВМРО-ДПМНЕ е во разбирањето на новото време и младоста, која ја доби заслужената шанса во нашата партија. Младоста во комбинација со одговорност, тоа е енергијата која ја носи победата, но пред се и над се, тоа е енергијата која ги носи победите и реформите во нашата земја. УМС во изминатиот период беше расадник на кадри, во секоја сфера, како во извшната, така и во локалната власт. Искуството на постарите членови се пренесува континуирано на помладите! Неблагодарно е да не ги споменам сите поранешни претседатели и раководства на Унијата на млади сили во Штип. Не смееме, а да не се потсетиме на почетоците на основањето. Во почетокот на деведесетите, да се биде

член на ВМРО, било многу тешко, но и многу опасно. Кога транзиционите политичари сакале да го уништат супстратот на ВМРО, некои млади луѓе го почуствувале моментот на повик од татковината, и несебично и самопрегорно, ја формирале младинската на ВМРО. Тие луѓе преку нивното дело, и преку делото на многу други генерации, успеаа да го создадат патот, за денес да бидеме најголем и најслилен политички подмладок во Република Македонија. Благодарност до нив! Никој не сака годините залудно да му минат! Ниту една генерација, не смееме да дозволиме да го носи епитетот изгубена. Премногу изгубени имавме во изминатите дваесет години. Генерациите кои следат, ќе добијат шанса во изградбата на подобар Штип. Љубовта кон татковината и градот се нашиот поттик! Тоа е единствениот предизвик да се биде дел од младинската на ВМРО-ДПМНЕ. Пред Македонија стојат многу предизвици, а младите ќе бидат во дел од решавањето на сите нив!


12

Џими црнецот остана и без овци и без пари „Јас сум овчар на кого стадото му е украдено“, вели Џими

С

имон Поликарп, на нашата јавност познат исклучиво како „Џими црнецот“ (немој некој да не обвини за расизам оти само така читателот може да знае за кого тоа станува збор) сега е во нова мисија. Преку својата фондација „Галилеј Балканс“ чиј основач и претседател е токму тој, а која фондација има активности низ целата наша држава, Џими се обидува да го развива овчарството и преку него да им помогне на сиромашните луѓе во Македонија. Но, Џими, односно Симон е разочаран од односот на оние на кои, и на еден ваков начин се обидувал да им помогне во животот. „Си ставивме во задача преку развој на овчар-

[tipski Glas, Septemvri, 2013 br. 47

ЖИВОТ

ството да им помогнеме на сиромашните кои сакаат да си го вадат лебот преку оваа сточарска гранка. На дванаесет семејства од реонот на Градско им дадовме бескаматни кредити за секој со нив да купи по сто овци што е некоја гранична линија со која може да се издржува семејство. Имаме договори после две до три години, откако нешто ќе заработат, ќе застанат на здрави социјални нозе, да почнат да го враќаат кредитот а со него ние да финансираме други сиромашни граѓани. Но, со нашиот народ навистина било тешко да се работи. Луѓето на кои им помогнавме не сакаат да го почитуваа

Пробиштип. Но, наместо да стане стручњак по рударство тој се занимаваше со разни бизниси. Работеше како угостител, па како бизнисмен, се ангажира во невладиниот сектор, беше „манекен“ за горска вода со момчињата од „К – 15“ и не се симнуваше од ТВ екраните, проповедник на евангелитето...„Сега сум овчар кој го изгубил своето стадо“, со насмевка вели Џими. Џими живее во Штип со сопругата Билјана која работи во ЈП „Исар“ и својот дел од обврската. Од синовите Адамс (23) сту12.000 овци кои ги финансиравме со вкупно 120.000 евра успеавме да си повра„Среќните лица тиме само околу 170 грла, на луѓето на односно се обештетивме со кои им скромни 12.000 евра“, вели помогнавме е популарниот Џими кого го нашата сретнавме во општината најголема каде беше да поднесе докунаграда за она менти за субвенции за овците . кое го Овој симпатичен чоработиме! век од родната Нигерија во Штип дојде во 1977 година со намера да учи во средното рударско училиште во

дент на јазици при УГД и Ангел (22) години кој ќе оди на курс за фитнес во Англија. Вели дека хуманоста, да им се помага на сиромашните, немоќните е негов животен принцип. Од тој аспект ја формирал христијанската фондација „Галилеј Балканс“. -„Како и секоја невладина организација и ние пари добиваме по пат на донации од наши партнери од странство на база програмите кои ги изготвуваме. На таков начин ги изградивме дневните центри за хендикипирани во Негорци и во Волково, го реновиравме училиштето во Селце во кое село изградивме и игралиште за децата, изградивме две училници во ОУ „Ванчо Прќе“ за ученици со посебни потреби, донесовме вода во Црвени Брегови во општина Неготино. Среќните лица на луѓето на кои им помогнавме е нашата најголема награда“, вели Симон Поликарп, алијас Џими црнецот.

Гневот на рекордерот во крводарителство

Н

а 14 минатиот месец Миланчо Манев, по јубилеен 150 пат доброволно даде крв. Овој човек – хумана институција го направи тоа по пауза од една и половина година, време во кое реши да го каже своето „не“ на начинот на кој се третираат крводарителите и доброволното дарување крв. Но, повикот од едно семејство на кое му беше неопходна крв од групата „А позитив“ не можеше да го остави рамнодушен. „Осумнаесет месеци апстинирав поради постапката во нашата Клиничка болница. Имено, кога западнав во лоша здравствена состојба на едно од нивните одделенија ме оставија на Господ Бог да види што ќе се случува со моето здравје! Останав крајно револтиран од постапката на одделни специјалисти и тогаш си дадов за-

вет дека никогаш повеќе нема да давам крв. Ако во нашиот здравствен систем може да се има така неодговорен однос кон човек кој 150 пати дал крв во просек по 350 грама од едно дарување, или вкупно 52,5 литри крв, тогаш можам само да си замислам како се постапува со други пациенти“, вели Манев. Кај најхуманиот штипјанец, кога е во прашање доброволното дарување крв има уште една поинаква состојба на гнев. Вели дека тој гнев произлегува од фактот дека во нашиот Клинички центар немало крв од крвната група

Миланчо Манев: „Гневен сум поради лошиот третман кој го имав во Клиничката болница, ако со мене така се постапува можам само да помислам како им е на другите“

тој дарувал крв токму на еден ваков принцип. –„Ако во здравствената институција која е од регионален карактер нема крвни залихи од крвната група која е убедливо најприсутна кај нашите луѓе, тогаш можам да си замислам како стоиме со крвни резерви од групите кои се ретки. Анализирајќи ја состојбата дојдов до заклучок дека денес нешто дебело не е во ред со организациската поставеност на заводите за трансфузи-

2.000 КРВОДАРИТЕЛИ ПОМАЛКУ! Според евиденцијата на Општинската организација на Црвеникот крст во Штип за последните дванаесет години бројот на крводарители во општината е намален за 2.095 лица! Во 1991 година во оваа организација биле евидентирани 4.895 доброволни дарители на крв, а во моментот таа бројка е спадната на 2.800 лица. Бројки кои сами по себе се доволно силна опомена дека нештата во оваа област стануваат загрижувачки.

„А позитив“ па иако семејното, другарското дарување крв е со закон забрането, последниот пат

ологија. Таа состојба настана откако службите за трансфузиологија кои беа во надлежност на

локалните здравствени институции поминаа под капата на Републичкиот завод за трансфузиологија и со тоа се создадоа многу проблеми од животно значење за граѓаните. На оваа тема јас сум подготвен да дебатирам со секого кој има поинакви аргументи, но тврдам дека новата организациска поставеност ги прави овие проблеми“, потенцира Манев. Овој хуман човек денес има 61 година а крв започнал да дарува на неполни 18 години како вработен во ТК „Македонка“. Крв дарувал во просек по 3,5 пати во годината. Секогаш кога било неопходно, кога во здравствените институции имало потреба од крв тој бил првата опција. Денес, разочаран од како што вели „новите состојби во оваа хумана сфера“, планира да прекине со своите хумани активности. Ние, сепак не сме сосема сигурни дека Миланчо Манев, кој е хуман бренд на Штип, ќе постапи баш така. Но, неговата порака е сосема јасна и по тоа прашање треба да се постапува за утре да не биде доцна.


[tipski Glas, Septemvri, 2013 br. 47

13

KULTURA

Жарко ПАУНОВ, единствен Македонец кој студира на „Ѓузепе Верди“

на Средното музичко училиште кај професорката Станка Спасикова преку која ја запознав проф.Нина Среброва Илиевска со која работев во текот на целото мое школување во средното училиште, која ми беше ментор и која ми ги изби-

ваната студентска десетка. тар. Се бараат шестимна нај-Истата година магис- добри од 40 пријавени а меѓу трирав кај проф. Романов со тие шест е и младиот штипјаиста оценка поголема од де- нец Паунов. Со оркестарот сетка. Но, проблем беше што „Ѓузепе Верди“ го свири „Чајво Скопје и во Македонија во- ковски број 1“. општо не може да се доктори-Првите два испита ги ра на пијано. Тој факт не при- положив со максимални 30 сили мене и една моја колеш- бод, идниот месец ме очекува ка од Битола да си ја пробаме нов испит по што ќе имама среќата во Италија, на конзер- половина од кредитот што ми ваториумот „Ѓузепе Верди“ кој го отвора патот наместо за чее сон на илјадници млади му- тири овие магистерски студии зички таленти од цел свет. Прв да ги завршам за само две гоуслов беше да го совладаме дини. Убеден сум дека тоа и италијанскиот јазик кого го на- ќе го направам, ни рече Жарпорно го учев еден месец, ја- ко. зикот некако ми легна и науСтудирањето во Итачив доволно за да можам да лија е скапа работа и неговите конкурирам за упис на конзер- родители ги чини 1.300 евра ваториумот. Во Италија зами- месечно. Но, тие се решени да нав во месец ноември, мина- вложат се во талентот на свотата година каде ми беше ос- јот син. Пробале да добијат тавено време од две недели стипендија, државните органи за да се подготвам да свирам им рекле дека за такво нешто 60 минутен рецитал. Откако за нема стипендии!? Неодамна раше натпреварите на кои успешен беше оценет мојот Владата на Република Италитребаше да одам. Професорката Нина ме запозна со ДОЈДЕТЕ НА РЕЦИТАЛОТ НА ЖАРКО проф. Борис Романов на ФМУ во Скопје на кого му се бенНа 11 овој месец Жарко Паунов ќе одржи еднодисав како музички талент па часовен рецитал во Мултимедијалниот центар многу пати под негова закрила на УГД – поранешен Пионерски дом. Жарко ќе и настапував на летните семисвири дела од Шопен, Лист, Шуберт, Рахмањинари кои беа во склоп на Охнов, Скријабин. Гостинка ќе му биде Марта Рисридско лето. Делата кои ги товска, еден извонреден вокал. свирев беа на во избор на проф. Романов, тој ништо не сакаше да препушти на случајот со мојата музичка кариера, рецитал добива задача во ја распишала конкурс за стивели Жарко Паунов. Негов најголем успех време од три часа да вежбам пендирање на странски стуво „македонските музички де- дело кое не го знам, да го денти е меѓу избраните бил и нови“ беше настапот со Маке- научам и со него да се прет- Жарко од Штип кој од јануари донската филхармонија со ко- ставам пред комисијата, што идната година, како голем таја, како солист го свири кон- јас успешно го направив, посо- лент на европската сериозна музика, ќе прима стипендија цертот за пијано и оркестар од чува младиот Паунов. Втората магистратура од 620 евра месечно. Јасно е Сергеј Рахмањинов. Во 2011 година Жарко дипломира во во Италија е највисок степен дека во ликот на ова младо класата на Романов со оценка на студии по клавир. Позната- момче Штип ја има големата cum laude која оценка е нешто та професорка Аделе Арно го шанса да го добие својот Сиповеќе од чиста десетка и која избира во нејзината класа со мон Трпчевски, ако не и нешто се дава на студенти кои заслу- која работи и оди на аудиција повеќе од тоа. жиле повеќе од многу посаку- за „Концерт со клавир и оркес-

центи од вредноста беа домаќински потрошени а остануваат уште 30 проценти од проектите кои ќе бидат завршени кога ќе се добијат средствата

вели Зоран Читкушев, директор на оваа установа од областа на културата. Во овој период извршени се археолошки истра-

*Младиот штипјанец е единствениот Македонец кој успеал да биде примен на конзерваториумот „Ѓузепе Верди“ во Милано, Италија. Пред него стои голема светска музичка кариера како пијанист

И

ма 24 години и по многу нешта е раритетна млада личност. Момчето од нашиот Штип е единствениот Македонец кој воопшто досега е примен на престижниот музички колеџ „Ѓузепе Верди“ во Милано, Италија.Тој таму е веќе една година на втората своја магистратура со која ќе се стекне со титулата „концертен маестро по пијано“ со што ќе може да има право на солис-

цврстата и непоколеблива решеноста да се успее таму каде што успехот се мери со европски и светски аршини и каде тој има најголеми вредности. -Во родниот Штип завршив Нижо музичко училиште кај професорката Ирена Спасикова кога учествував на државни натпревари, бев првак на Македонија, а имав само девет години. Продолжив

Паунов на концерт со оркестарот на „Ѓузепе Верди“ тички концерти насекаде низ светот. Патот на Паунов до Милано, градот на модата, фудбалот и музиката е една преубава приказна за осознавањето на својот талент, за упорноста и работливоста, за

Г

одинашново лето за вработените во Заводот за заштита на спомениците на култура и музеј Штип беше време на нови предизвици.

тира од 14 и од 17 век. Извршивме конзерваторски работи и на етнолошките и историски експонати како и на етнолошки експонати од текстил. Овие

дел случувања од сферата на културата кои ги имавме во уметничката галерија „Безистен“. -Пред нас е новиот

Активно лето во заштита на спомениците на култура Стручниот дел од екипата, етнолози, археолози, историчари на уметноста нумизматичари, конзерватори беа посветени на реализација на проектите кои беа финансирани од Министерството за култура.

за нив.

жувања на локалитетот Тополничка река во населбата Дамјан во општина Радовиш. Работено е на исто такви истражувања и на Екстра мурос во близина на археолошкиот локалитет „Баргала“ а беа извршени и истражувања на Џавалџиски гробишта кои се наоѓаат покрај десниот брег на Козјачка река. Се работеше и на конзервација на свероисточниот бедем на локалитетот „Баргала“, исто такви работи беа извршувани на подната површина на црквата Екстра мурос а конзеерваторски работи беа извршени и на иконите од црквата Пресвета Богородица во штипско ново село. -Покрај ова работевме Од активностите на Баргала и на конзервација на фрескоДоделените средства за овие вет проекти на разни локации живописот на црквата Свети проекти во висина од 70 про- во општината и во регионот, Спас, кој фрескоживопис да-Задоволни сме од она што успеавме да го сработиме а кое беше наша работна и стручна обврска. Нашите стручни екипи беа постојано на терен и работеа на де-

експонати се собрани од разни места, а нив прво ќе ги конзервираме, ќе ги подредиме а потоа и ќе ги изложиме пред нашата јавност, појаснува директорот Читкушев. Во овој период Музејот доби повеќе нарачки за извршување на заштитно – конзерваторски основи и е документиран поголем дел од наодите по што истите се документирани во документацијата на музејот. Во моментит во тек е печатење н а четири публикации за кои оваа институција има добиено средства од Министерството за култура. За одбележување секако е и фактот дека од почетокот на годинава Музејот организира десет изложби од кои дел беа во рамките на Штипското културно лето па Музејот беше соработник во најголемиот

предизвик, а тоа е нашата работа на истражување на една некропола на локалитетот Беш тепе анче кај Радање а ќе работиме и на заштитните археолошки истражувања на локалитет во близина на Градските гробишта во Радовиш за потребите на оваа општина, ги најавува Читкушев идните

Летово се работеше на девет проекти во општините Штип, Карбинци и Радовиш

активности на оваа динамична институција.


14

СПОРТ

[tipski Glas, Septemvri, 2013 br. 47

ВАСИЛ КОЦЕВ, претседател на ФК Брегалница:

Задоволни сме од постигнато, денес во МФЛ секој секого може да победи

В

о првите шест кола од годинашново првенство во Македонската фудбалска лига штипска Брегалница освои 11 од 18 можни бодови. Успех или очекуван просек, одговор на ова прашање може да си даде секој од верните навивачи на клубот. Прекинот на првенството поради настапите на репрезентацијата во квалификациите за Светското фудбалско првенство во Бразил кое ќе се одржи идната година беше повод плус за интервју со Васил Коцев, претседател на ФК Брегалница Г-дин Коцев, која е вашата оценка за учинокот на Брегалница во првите шест кола?

на некој посебен начин се издвојува од другите. Наш хендикеп пред натпреварот со Македонија ГП беше тоа што не ни дојде сертификатот за Ристе Наумов, а ако тој беше во екипата денес сигурно ќе имавме два бода повеќе. Неговите квалитети, неговото искуство се несомнени и со Наумов во нападот ќе бидеме многу подобри. Секоја конкуренција е здрава и услов да се оди напред, од тој агол погледнато како Брегалница стои со играчкиот кадар? -Под договор имаме 22 фудбалери и уште петмина младинци под стипендиски договор. Имам искуство во фудбалот и

терен, имаше најмногу публика. Тоа говори дека штипјани го сакаат и ценат фудбалот што нашата одговорност за добри резултати ја прави уште поголема. Фалангата е посебен феномен. Таа дава таква поддршка на фудбалерите што мислам дека и самата има голем придонес за добрите резултати во изминатите шест кола. Ние секој петок имаме состанок со водството на навивачката група и притоа се договараме навивањето да биде спортско, достоинствено и фер за да не ни се случуваат инциденти а со тоа и високи парични и друг вид на казни. Имаме прекрасно разбирање со Фалангата, таа е нашиот дванаесетти играч. Која е иднината на Брегалница? Колку во клубот се работи со помладите категории, колку за вас како прв човек тоа е важна работа? - Тука сте во право. Младите се иднината на се па и на фудбалот. Во таа смисла ценам дека сме на вистинскиот пат. Имаме десет тренери во младинските школи во кои се опфатени над 300 млади и пионери. Тие се нашата иднина. Неодамна во работата со младите категории ги вклучивме и

В. Коцев

Без пари нема ништо, посебно нема фудбал. Како клубот стои со финансиите, исплатени ли се фудбалерите... -Засега пари добиваме само од локалната самоуправа но сериозно размислуваме да се обратиме и до нашата бизнис заедница. Во право сте кога велите дека без пари нема фудбал, посебно не врвен фудбал, но факт е дека со средствата кои ги добиваме од општината до последен денар ги имаме намирено обврските кон фудбалерите. Кога зборувам за бизнис заедницата мислам на фактот дека за поголема мотивација на фудбалерите потребно е да обезбедиме дополнителни средства за посебни награди на фудбалерите кои на еден натпревар ќе дадат посебен придонес за успехот. Со поставување на рекламни паноа на стадионот, парите кои ќе ги добиеме за таа услуга, ќе ги вложиме исклучиво во младите категории за создавање подобри услови за работа. Од една од прес конференциите Теренот на кој се -Јас како и управата на клу- согласно тоа игра е во пристојна сосда бот сме задоволни иако се уште можам тојба но нема соодветни сме под импресии на фактот дека кажам дека за терени за тренинг иако денес можевме да имаме уште секое место таков простор има на тимот три бода на своето конто. Еден во самиот стадион. Како да бод ни избега од натпреварот со имаме одличсе обезбеди и таа потрепрва Вардар во Скопје а два со Македо- на ба? постава и нија ГП во Штип. -Таа констатација одлична клудржи. Во нашите планови па, што значи е да го уредиме помошниМЛАДИ дека имаме от тренер кој се граничи Тренерот Илиевски, портпаролот Михаилов и претседателот Коцев соодветна засо автобуската станица и Мислиме на фудбалската мена за секого. Нашиот тренер фудбалските легенди Стојан Ар- на него да тренираат младите. Во иднина на Штип, во досега добро си ја врши работата сов и Стевче Илиев а од нив оче- план ни е да ја средиме и прошитака што и од овој аспект куваме на младите да го пренесат риме источната трибина на која младинските школи Брегалница ги има сите ресурси има 2.000 места за седење а со тренираат над 300 деца. да оди на висок пласман наместо интервенцијата може да се обезФАЛАНГА да се бори за опстанок. бедат убави услови за 4.000 глеШтип отсекогаш бил споГи следите и другите натдачи. Тоа е наша обврска кон Фалангата е нашиот превари, ја знаете формата и менуван како еден од најфудверната публика која се врати на дванаесетти играч. Пред можностите и на другите клубо- балските градови во државата нашиот стадион, кога по првите секој натпревар имаме ви во Првата фудбалска лига, кога се работело за публиката, три натпревари дома градот го средба со раководството па оттука какви се вашите про- односно за посетеноста на натзафати еуфоријата наречена фудза навивањето да биде ценки за до крајот на сезоната? преварите. Фалангата како набал. фер и спортски -Во нашето фудбалско пр- вивачка група со папочна врска венство во моментот имаме најго- е врзана за клубот. Каква е соралема изедначеност на екипите кои ботката со неа? -Штип треба да биде горд своето огромно фудбалско знаесе во елитното фудбалско друштво. Денес секој може секого да по- на фактот дека и во првите шест ње. беди бидејќи не постои екипа која кола, од кои три се играа на наш


[tipski Glas, Septemvri, 2013 br. 47

TR-MR

ov -Mi Re k e ~e R i T

15

RAZONODA Состојба Завршната сметка од работењето на општината за минатата година е усвоена со – едноминутно молчење! Факт е Пролетери од сите бивши социјалистички земји Заебале сте се! Ништо ново Што ново ќе ни донесат новите избори ако кандидати ни се – стари? Голем Македонец Сопругата ја испрати на работа во Англија синот го вработи во Германија ќерката си се смести во фирма во Шпанија а тој упорно не убедува дека е подготвен да умре за Македонија! Состојба Кој тебе со леб Ти него со камен (Нова македонска вистина)

Razmisluva: Iv. BOJ

Пат патуваме Едни отидоа во политиката Други во бизнисот А трети и најбројни во – мајчина!

Броевите од 1 до 9 впишете ги во блоковите со големина 3 x 3 полиња (врамени со здебелени линии), така да секој број може да се најде само еднаш во водоравната или хоризонталната насока



С У Д О К У



СКРИВАЛКА треба да пронајдете два скриени предмети

ВИЦ ПО ВИЦ – ВИЦОТЕКА

ШТИПСКИ ГЛАС Основач, главен и одговорен уредник: Иван Бојаџиски 072/214-159 Компјтерска подготовка: Јорданчо Бојаџиски

Печатено во печатница „Европа 92’-Кочани Дистрибуција: „Басе прес“ -Штип

Момче на девојката си додека шетаат низ градот: -Т имаш нешто единствено, нешто најубаво, нешто кое ниту една друга девојка го нема! - Фала ти драги, а што е тоа? – со сјај во очите го очекува девојката одговорот. -Па ме имаш мене, рекло момчето. ☺☻☺☻☺☻☺☻☺☻☺☻☺☻☺☻☺☻☺☻☺☻☺☻☺☻☺☻☺☻☺☻ Лазо оди на пазар во Штип. -Колку ви се пиперките? -Сто денари, вели продавачката. -Ај мајката, а да не ви се полнети? ☺☻☺☻☺☻☺☻☺☻☺☻☺☻☺☻☺☻☺☻☺☻☺☻☺☻☺☻☺☻☺☻ Мите се пушта на девојка во диско: -Работиш девојче некаде? -Да, работам. Во конфекција. -Тешко ти е? -Не прашувај, одвај чекам да се одморам. -А да те средам па девет месеци да си седиш дома? ☺☻☺☻☺☻☺☻☺☻☺☻☺☻☺☻☺☻☺☻☺☻☺☻☺☻☺☻☺☻☺☻ Зошто влав не купува кока кола? Затоа што на неа пишува „сподели“! ☺☻☺☻☺☻☺☻☺☻☺☻☺☻☺☻☺☻☺☻☺☻☺☻☺☻☺☻☺☻☺☻ Цветко на другарот Трпе: -Ми стигна покана од бившата жена за на свадба. -Добро де... -Што се нема да направи таа само за да ме види!


16

ПЕРИСКОП НА ШТО СТЕ ФОКУСИРАНИ

Нешто ново, одамна посакувано во градот

В

Елизабета Oрлова–Ефрео текот на овој месец градот ќе добие нов, несекојмова, дневен, одамна посакусоработник во кабинетот ван простор за културни настана градоначалникот

С

екое утро заедно со колегите ја разгледуваме агендата за работа. Посебно се подготвуваме за приемите на веќе најавените делегации. Во текот на работниот ден постојано контактирам со нашите сограѓани кои доаѓаат во Општината за решавање на своите потреби, намери и проблеми. Попладне посветувам големо внимание на моето семејство, извршувајќи ги домашните обврски и средувајќи го нашиот преубав двор. По семејниот ручек, додека нашите семејно знаеме да прошетаме низ нашата населба или да се дружиме со најблиските. Љубе Здравков, раководител на фондот за пензиско осигурување

С

е уште е лето и дел од вработените користат одмор па основна задача ми е да ја организирам работата на начин да не трпат корисниците на нашите услуги. Аргументите ми даваат за право да кажам дека тој дел од одговорноста коректно го имаме остварено. Во текот на работното време редовни работни активности бидејќи треба да се решаваат барањата за пензионирање. Попладне ручек со семеј- ството и следење на вестите на националните и регионални ТВ, приквечер со другарите некаде на кафе а потоа пак дома па малку домашни активности, малку пред телевизорот.

[tipski Glas, Septemvri, 2013 br. 47

ни. Во поранешното кино „Култура“ се отвора Арт – клуб. Негов архитект е Боре Минов, сопственик на фирмата „Мибор“. „Ангажирав дел од поранешното кино, го опремивме за да може да прифати осумдесет лица, направивме мала сцена на која ќе има и клавир а ни остануваат уште некои ситни нешта за да почнеме со работа“, вели Минов. На сцената од овој нов културен простор ќе настапуваат уметници од секаков профил. Двапати во неделата ќе има кабаретски претстави, ќе се преставуваат истакнати сатиричари, ќе има поетски средби, ќе се свири исклучиво џез музика, ќе се одржуваат промоции на нови книжевни дела но и на слики. „Додека на сцената се одвива културен настан некој од нашите сликари ќе црта портре-

Боре Минов која за него е многу инспиративна. „Арт – клубот ќе биде најсилниот културен епицентар на истокот од државата. Тоа е нешто што можат да си го дозволат само градови во кои културата е доминантна категорија. Во Штип има на стотина пицерии, кафеани, кафулиња и во сите нив човек може да се напие кафе и некој пијалак ама само Арт клубот ќе овозможи две задоволства на исто место и во исто време“, вели Кацаров. На Минов, создателот на Арт клубот, идеја му е после секој културен настан да се отвори дебата за истиот. –„Одиме на промоции на нови книги на разни места, одиме на изложби на слики а откако настанот ќе се заврши сите си заминуваме дома. Во Арт клубот нема да биде така. После секој таков настан ќе се отвори полемика за делото кое е промовирано, за личноста на авторот, за нивото на културниот живот во градот“, укажува Минов.

Вања Џамбазова, Социјален работник

С

екогаш точно и на време сум на работа во општината каде за квалитетен почеток на работниот ден го пиеме првото кафе со колешките. Потоа се предавам на работните обврски кои се од доменот на социјалната, детската и здравствената заштита. Тоа се работни обврски кои произлегуваат од нашата програма за работа. По работниот ден дома на семеен ручек за потоа да се препуштам на најубавиот дел од мојата сегашност – обемните подготовки за мојата свадба.

ти по свој избор. Во исто време публиката ќе има можност да ужива во одбрани пијалаци и да следи програма каква што не може да се види на ниту едно друго место во градот. На идеја сум во тој простор да бидат изложени дела на штипски сликари како и по еден примерок од книги напишани од штипски автори. Па ако некој посака да го купи односното дело ќе може да го направи тоа во нашата книжарница која е составен дел на тој простор“, посочува авторот на оваа преубава идеја. Штип одамна има потреба од такво катче. Драматургот и писател Трајче Кацаров со „двете раце“ ја подржува иницијативата на

Ние со радост го очекуваме стартот на Арт – клубот бидејќи е тоа нешто кое го сонуваме подолго време. Дури од 1988 година кога во театарот започна да работи Штипското кабаре кое беше сензација во тие години.

Д

одека се насладувате со одбран пијалак ќе можете да следите џез музика, кабаретски претстави, настап на афористичари, промоции на нови книги и сликарски промоции а потоа да учествувате во дебатата во однос на настанот!

Br47  
Read more
Read more
Similar to
Popular now
Just for you