„МОЈОТ ИЗБОР 2011“

Page 1

„МОЈОТ ИЗБОР 2011“ ФИНАЛЕН ИЗВЕШТАЈ ОД МОНИТОРИНГОТ НА МЕДИУМИТЕ ЗА ВОНРЕДНИТЕ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2011

јули, 2011


Издавач Македонски институт за медиуми (МИМ) Јуриј Гагарин 17 -1/1, Скопје www.mim.org.mk mim@mim.org.mk

За издавачот Билјана Петковска, директор на МИМ

Автори: Проф. д-р Љубомир Јакимовски, раководител на истражувањето М-р Весна Никодиноска, програмски раководител во МИМ Петрит Сарачини, програмски раководител во МИМ Мирче Адамчевски, новинар и издавач

Обработка на податоци и подготовка Јане Стефанов, МИМ

Овој извештај е дел од интегрираната платформа за мониторинг на изборите ”Мојот избор 2011“ што ја спроведоа Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), Институтот за демократија (ИДСЦС) и Македонскиот институт за медиуми (МИМ) Мислењата што се изразени овде им припаѓаат на авторите и не ги одразуваат ставовите на сите организации кои се дел од платформата или донаторите на овој извештај. Сите права се задржани, репродуцирањето, копирањето, трансмисијата или преводот на кој било дел од оваа публикација може да се изврши единствено под следните услови: со претходна дозвола на издавачот, заради цитирање во анализи и под услови изложени во продолжение. Авторското право на оваа публикација е заштитено, но публикацијата може да се репродуцира на кој било начин и без наплата за едукативни намени. За копирањето вo други услови, за употреба во други публикации или пак за превод или адаптација, треба да се обезбеди претходна дозвола од издавачот.

2 | „МОЈОТ ИЗБОР 2011“


СОДРЖИНА

МОНИТОРИНГ НА МЕДИУМИ ......................................................................................... 4 1.

ЦЕЛ НА ИСТРАЖУВАЊЕТО .................................................................................. 4

2. МЕТОДОЛОГИЈА.......................................................................................................... 8 Примерок......................................................................................................................... 8 Единици на анализа........................................................................................................ 8 Метод на квантитативниот инструмент – категории измерени во истражувањето 9 3. РЕЗУЛТАТИ ОД МОНИТОРИНГОТ НА МЕДИУМИ ЗА ПЕРИОДОТ 23 МАЈ – 5 ЈУНИ 2011 ГОДИНА .............................................................................................................. 12 Вовед ................................................................................................................................. 12 Избалансираност и непристрасност ............................................................................... 26 Телевизии ...................................................................................................................... 27 Тон на известувањето .................................................................................................. 51 Објективно и точно известување ................................................................................ 60 Употреба на „ недоличен“ јазик ................................................................................. 66 Злоупотреби на медиумот за пресметки со колеги - новинари ............................... 67 Фактите раздвоени од мислењата, а вестите од коментарот ................................... 69 4. ЗАКЛУЧНИ СОГЛЕДУВАЊА СО ПРЕПОРАКИ ................................................... 72 АНЕКС 1:КОДЕКС НА НОВИНАРИТЕ НА МАКЕДОНИЈА ........................................ 79

3 | „МОЈОТ ИЗБОР 2011“


МОНИТОРИНГ НА МЕДИУМИ 1. ЦЕЛ НА ИСТРАЖУВАЊЕТО Изборниот процес во современото општество претставува клучен елемент на легитимирање на политичкиот систем, показател на видот, капацитетот и ефикасноста на неговите демократски управувачки практики. Современата демократија не се вреднува само преку учеството во непосредниот избор на носителите на власта, туку и според фер компетитивнaта плуралистичка понуда на идеи, проекти и платформи за целокупниот спектар на социјалното живеење и развивање на добри управувачки практики со општеството, според мерката на граѓанинот. Улогата на медиумите во изборниот процес е да овозможат најсеопфатно покривање на различните понуди, ставови и гледишта за да им овозможат на граѓаните полесно и на вистински начин да се определат на кој од актерите на изборната кампања ќе му ја дадат довербата. Ефикасното остварување на демократијата во изборниот процес зависи од можноста сите спротивставени политички гледишта да бидат соопштени слободно и со еднаква шанса за пристап до медиумите, со што граѓаните ќе донесуваат одлуки или ќе направат избор заснован врз целосна информираност за политичката понуда. Оваа можност е од суштинско значење во едно демократско општество во транзиција, бидејќи освен политичките партии што се на власт, треба да им се овозможи и на сите опозициски актери или новоформирани субјекти рамноправно да ги соопштат своите политички понуди, програми, идеи и ставови преку масовните медиуми.1 Професионалното новинарство во Македонија во изминатите години беше често критикувано во извештаите на Европската комисија,2 како и од Фридом хаус поради отсуството на независност од политичките и економски центри на моќ. Така, последниот Извештај на Фридом хаус3 истакнува дека слободата на медиумите во Македонија назадува во однос на претходните години: укажува дека е присутна самоцензура кај новинарите; се предупредува на влијанието врз независноста на медиумите од страна на владините реклами, кои се емитуваат на медиумите блиски до власта; бројот на тужбите против новинарите и висината на казните се зголемуваат; предупредува на високата исполитизираност на медиумите, како и на недостатокот од професионални вештини на многу новинари за да можат да иницираат и пишуваат комплексни истражувачки стории, и да бидат чувар на демократијата. И Извештајот на ОБСЕ/ОДИХР за текот на последните Парламентарни избори 2011, истакнува дека поголемиот број радиодифузни медиуми имале уредувачки политики кои заземале страна, како и тоа дека недостига критичка анализа и проценка, а било присутно често мешање на фактите со редакциските коментари. Што се однесува до МРТ како јавен сервис, ОБСЕ/ОДИХР забележува дека квантитетот и квалитетот на покривање на изборите превагнувал на страната на владејачките партии, што не е во согласност со законските обврски и општествената мисија на јавниот сервис.4 Дополнително и домашната медиумска и експертска јавност констатира дека слободата на медиумите е сериозно загрозена не само од центрите на политичка и економска моќ, туку и од самите медиуми поради, во последно време, 1

Трпевска Снежана (2010) Слобода на изразување, јавен интерес и медиумска регулација. Скопје: Висока школа за новинарство и за односи со јавноста. Стр. 275 2 Балканинсајт, http://www.balkaninsight.com/en/article/macedonian-journalists-expect-more-support 3 Извештај на Фридом хаус 2011 година. Пристапено од http://www.freedomhouse.org 4 ОБСЕ/ОДИХР (2011) Соопштение за прелиминарните наоди и заклучоци за мониторингот на Парламентарните избори 2011 во Македонија 4 | „МОЈОТ ИЗБОР 2011“


жестоката пресметка меѓу некои од најголемите субјекти на медиумската сцена. Не е воопшто случајно што за заштита на професионалниот и личниот интегритет, новинарите конечно успеаја да се организираат во самостоен Синдикат и најавуваат борба за почитување на нивните економски и социјални права. Како што беше истакнато во заедничката изјава на Македонскиот институт за медиуми, Здружението на новинарите на Македонија и на Независниот синдикат, по повод годинашното одбележување на 3 Мај Денот на слободата на медиумите, кај нас медиумите се изложени на силен притисок од партиите, кои ги користат за политичка пресметка со неистомислениците, им служат на сопствениците како инструмент за исполнување на нивните политички и бизнис интереси, а уредничките тимови се немоќни да се спротивстават на ваквиот вкрстен притисок. Изборниот процес, но генерално и медиумската и јавната сфера во Македонија веќе подолго време се соочуваат со недозволена медиумска концентрација. Законските одредби за недозволената медиумска концентрација не само што не се применуваат, туку Советот за радиодифузија и Комисијата за заштита на конкуренцијата како регулаторни тела меѓусебно си ја префрлаат одговорноста. Јавниот радиодифузен сервис (МРТ), по долгогодишното нестабилно финансирање, со воведувањето на систем на наплата на радиодифузната такса преку Управата за јавни приходи, се стекнува со претпоставки за поголем степен на институционална и економска автономија, а со тоа и со реални предиспозиции за поголема независност во уредувачката политика и развој на програми од јавен интерес за сите сегменти на публиката. Меѓутоа, предолго нерегулираните односи на медиумскиот пазар, за чија дисторзија многу често се виновни одделни медиуми со дампинг маркетиншки цени и други форми на нелојална конкуренција, свои консеквенци имаат преку отворени притисоци врз уредувачката политика, автоцензура на новинарите, политичко и бизнис фаворизирање или “коалицирање’, и тоа, се разбира, крајно неповолно влијае врз квалитетот на медиумските производи. Интересот да се допре до медиумите и да се воспостават колку што е можно поблиски релации, како и фокусираноста врз медиумите, кулминира во време на избори, во прв ред поради стратегијата на специјалистите за политички маркетинг и „спинување“, ангажирани од политичките актери, преку медиумите да влијаат врз регрутирање на што повеќе гласачи, а особено да допрат до неопределените и да влијаат на нивната одлука за кого ќе гласаат. Водејќи се од базичните принципи за добивање точна, непристрасна и балансирана информација, Македонскиот институт за медиуми (МИМ) спроведе мониторинг на 13 национални медиуми (седум телевизии на државно ниво и шест национални дневни весници) две недели пред одржувањето на парламентарните избори, на 5 јуни 2011 година. Целта на мониторингот беше да се утврди дали медиумите ги почитуваат професионалните стандарди при известувањето во текот на кампањата. Истражувањето, дополнително ги утврди и темите на кои новинарите критички се осврнуваа во известувањето во изборната кампања и во дебатните емисии или интервјуа со кандидатите и со експертите. Како основа за истражувањето послужија професионалните стандарди пропишани со Етичкиот кодекс на новинарите на Македонија, а беа земени предвид и меѓународните принципи и стандарди препорачани од страна на ОБСЕ, Венецијанската Комисија, Европската Комисија, Артикл 19 и Меѓународната федерација на новинарите (ИФЈ). Појдовна основа на истражувањето беше членот 14 од Етичкиот кодекс на новинарите, каде конкретно се нормира известувањето на новинарите за време на избори: „Известувањето од политичките процеси, посебно од изборите треба да биде непристрасно и избалансирано. Новинарот мора 5 | „МОЈОТ ИЗБОР 2011“


да обезбеди професионална дистанца од политичките субјекти.“ Истражувањето имаше за цел да утврди дали медиумите известуваа непристрасно и избалансирано, дали ги пренесуваа информациите точно и објективно, дали употребуваа или пренесуваа говор на омраза или „недоличен“ јазик, дали мешаа вести и коментар, факти и сопствено мислење.5 Се истражуваше, исто така, и дали медиумите промовираа култура на говорот и етика, дали некритички и селективно пренесуваа, или, пак, и самите се впуштаа во непримерна комуникација со јавноста, како и тоа дали го користеа медиумот за пресметка со личности, вклучувајќи ги и колегите-новинари.6 Во изготвувањето на своите квалитативни и квантитативни истражувачки инструменти, истражувањето базично ги вклучи сите релевантни меѓународни документи за професионалните стандарди, според кои медиумите децидно имаат должност да ги информираат избирачите точно, на фер и професионален начин. Во документот Насоки за медиумска анализа во текот на мисиите за набљудување на изборите, изработени во 2005 година од страна на Канцеларијата за демократски институции и човекови права на ОБСЕ (ОДИХР), Директоратот за човекови права и Комисијата за демократија преку правото (Венецијанска комисија) на Советот на Европа и Европската комисија, се наоѓа сублимирана анализа на етички кодекси, со која се утврдува која е мисијата на новинарството и кои се стандардите и вредностите, заеднички за новинарите и за новинарството како професија: - да се понуди веродостојна информација; -да се произведе информација која е вистинита, јасна, навремена, проверена, поддржана со докази и точна; -да се разликуваат фактите од мислењата; -вредноста на веста треба да биде базичен принцип на водење на уредувачката политика; -од известувањето треба да се исклучат предрасуди, наклонетост, дискриминација, сензационализам; новинарите треба да се свесни за опасноста од поттикнување дискриминација преку медиумите, и се должни да сторат се, за да избегнат секаква дискриминација врз основа на раса, пол, сексуална ориентација, јазик, религија, политички или други мислења, национално или социјално потекло; - новинарите се должни да се воздржат од ширење говор на омраза; - новинарите и уредниците треба да ја коригираат секоја информација која се покажала неточна и штетна; - да се почитува приватноста; - да се применуваат фер средства во собирањето информации; -новинарите треба да ја бранат својата независност од притисоците на сопствениците, огласувачите и од други центри на моќ; - да не бидат поткупувани; - да ги заштитат доверливите извори на информации;

5 6

Етички кодекс на новинарите на Македонија. Види Анекс 1 Етички кодекс на новинарите на Македонија. Види Анекс 1

6 | „МОЈОТ ИЗБОР 2011“


-да се свесни за нивната одговорност кон јавноста, изворите, државата, огласувачите (н.з. за пласирање точна, непристрасна информација во интерес на јавното добро); - да ги бранат правата на публиката. Во Насоки за медиумска анализа во текот на мисиите за набљудување на изборите, исто така, се вели дека новинарите, уредниците, продуцентите и сопствениците треба да преземат одговорност за пораките што ги продуцираат, како и за последиците од нивното емитување и публикување. Еден од документите, врз основа на кои е направена сумарната листа на стандарди во Насоки за медиумска анализа во текот на мисиите за набљудување на изборите е и Етичкиот кодекс на принципи на однесување во новинарството на Меѓународната федерација на новинарите (ИФЈ). Овој Кодекс ги претставува професионалните етички стандарди на глобално ниво. За оваа анализа е битно да се истакне дека Кодексот на ИФЈ се базира врз суштинските вредности на новинарството: кажување на вистината, независност и минимизирање на штетата. Првите два принципа се јасно елаборирани во различни домашни и меѓународни документи, а минимизирањето на штетата треба да се појасни, со оглед на фактот дека овој принцип беше многу често прекршуван при известувањето за изборната кампања на различни медиуми во Македонија. Новинарите кои се придржуваат до етичките стандарди треба да ја разберат важноста на демократската одговорност и отчетност – тие имаат обврска да се стремат да не прават штета и да направат се што е возможно за да ја корегираат секоја емитувана/публикувана информација која се покажала неточна и штетна. Дополнително Кодексот на ИФЈ подвлекува дека претставувањата кои имаат зла намера, навредите, клеветите, неосновани напади, коруптивните аранжмани или зделки, како и прифаќање мито (познато како „новинар во плико“) во која било форма, со цел нешто да се објави или, пак, забошоти во медиумите, се сериозни професионални девијантни однесувања. Новинарите, кои се стремат да ги почитуваат новинарските стандарди мора да бидат независни, односно да избегнуваат приврзаност кон политички партии, комерцијални или други интереси што влијаат, или создаваат перцепција дека може да влијаат врз нивната работа. „Обврзаноста кон професионалните кодекси е битен начин да се дефинира кој е новинар, а кој не е. Новинар е и тој што заработува за живот, [...] од новинарската работа. Новинар е и секој оној што има акредитација од признаено новинарско тело – синдикат или асоцијација или медиумска институција.“, се вели во публикацијата „Да ви ја кажеме вистината – Иницијатива за новинарство според етички стандарди“на Меѓународната федерација на новинари.7

7

White, Aidan (2008) „To tell you the truth – The Ethical Journalism Initiative“. Brussels: International Federation of Journalists. Стр. 6 7 | „МОЈОТ ИЗБОР 2011“


2. МЕТОДОЛОГИЈА Примерок

Во мониторингот беа вклучени вкупно 13 медиуми, од кои пет се комерцијални телевизии на државно ниво - А1, Канал 5, Сител, Телма и Алсат-М -М (на македонски и на албански јазик), како и два канала на Јавниот сервис МТВ1 и МТВ 2 (програмата на албански јазик). Кај телевизиите се мониторираше едно издание на вестите во ударниот термин, како и дебатни емисии и интервјуа, во периодот од 17.00 до 24.00 часот. Спомнатите радиодифузери се земени во примерокот со цел да се вклучи и комерцијалниот сектор и јавниот сервис, поради тоа што зрачат на целата територија на државата, имаат најголем опфат на публики и најголемо влијание. Се разбира, се внимаваше да бидат застапени радиодифузери и на македонски и на албански јазик. Примерокот ги опфати и дневните весници Дневник, Време, Вечер, Нова Македонија, Утрински весник и Коха (на албански јазик). Изборот на весници е направен врз база на критериумите за читаност, тираж, застапеност на сите медиумски групации во државава, индицирана политичка ориентација и јазик на кој весникот се печати. Единици на анализа

Во квалитативниот дел од ова истражување како единици на анализа кај телевизиите беа разгледувани ударните вести и прилозите што се однесуваа на изборите и на политичките актери кои беа дел од изборите и од домашната политичка сцена, додека, пак, кај весниците сите текстови и страници на кои се пишуваше за изборите и за политичките актери кои беа дел од изборниот процес. Во делот на квантитативната анализа освен ударните вести и прилозите што се однесуваа на изборите и на политичките актери кои беа дел од изборите, беа опфатени и дебатните емисии на телевизиите. Со квантитативни истражувачки инструменти се анализираа и весниците: сите текстови и страници на кои се пишуваше за изборите и за политичките актери кои беа дел од изборниот процес. Единица на анализа во квантитативниот дел од истражувањето беа сегменти од пораката што се однесуваа на релевантните субјекти. Секоја единица на анализа е поврзана само со еден релевантен субјект. Во една контекстуална единица (на пример, емисија) додека зборува секој различен кандидат, се мереше како посебна единица на анализа. Во прилог или текст, единица на анализа беше секој сегмент каде што кандидатот зборуваше или беше цитиран, или новинарот индиректно зборуваше за него. Севкупно, на 7 телевизии се анализираа 95 едиции на централните вести и 20 специјализирани емисии (дебати и интервјуа). Кај весниците, се анализираа вкупно 1223 текстови за внатрешната политика во 60 изданија на 6 национални дневни гласила на македонски и албански јазик, или по десет едиции по весник, колку што се објавија во овој период. Во однос на градењето на својата истражувачка база за проценка на квалитетот на новинарскиот производ во контекст на ова истражување, истражувачкиот тим ги истражуваше, мереше и квантифицираше податоците за просторот, времето и контекстот на уредувачката агенда и на прилозите и текстовите на новинарите и другите автори, во кои се известуваше, анализираше и коментираше за изборите и за политичките актери, како и за домашната политичка сцена којашто неизбежно ја гради контекстуалната рамка на дискурсот на политичките и други јавни актери за време на овој процес. 8 | „МОЈОТ ИЗБОР 2011“


Метод на квантитативниот инструмент – категории измерени во истражувањето

1. Вкупно времетраење на емисијата (вкупен простор на весникот) 2. Вкупно времетраење на прилогот (вкупен простор за текстот) 3. Најава на прилогот или текстот (дали е наведен во најавата или насловната страница) 4. Редослед на прилогот во емисијата (страница на весникот на која е објавен текстот) 5. Позиционирање на текстот на страницата (дали е горе или долу на страницата) 6. Локација (Се забележува изборната единица каде се случил настанот или од каде известува новинарот) 7. Жанр на прилогот/текстот 8. На кои избори се однесува прилогот/текстот 9. Повод за известувањето 10. Визуелизација/тон во прилогот/текстот за актерот (во визуелизацијата се мереа неколку видови како известување во вести во живо преку линк, директно интервју во студиото за време на вестите, директна тонска изјава снимена на настанот која е дел од прилогот, само визуелна снимка со изјава која не ја кажува актерот, туку ја пренесува новинарот, или поневлијателно пренесување на изјавата, на пример без никаква визуелизација). Кај весниците во однос на визуелните средства посебно се мереше обемот на фотографијата, и страницата на која таа е позиционирана) 11. Извори на информации (прецизни, непрецизни, комбинација на двата типа во еден контекст, или без извори воопшто) 12. Актер - актери се лица, институции или организации кои се јавуваат како субјекти (во активна улога) или објекти (во пасивна улога) во рамките на контекстот на прилогот или текстот. Тие можат да бидат претставени директно или само да се пишува за нив, да се упатува на нив. Во прилозите/текстовите можат да се појават и повеќе актери. 13. Статус на актерот (кандидат/не е кандидат/државен службеник/експерт/граѓанин/ итн) 14. Политичка/професионална припадност на актерот 15. Доминантна тема за која зборува актерот 16. Референтна тема за која зборува актерот 17. Начин на претставување на актерот (форми на директен и индиректен говор) 18. Простор за актерот (во секунди или квадратни центиметри) 19. Контекст (негативен, позитивен, неутрален, амбивалентен) 20. Кој оценува (Новинарот, некој друг, и двајцата, нема оценка) 21. Што е предмет на известувањето во однос на актерот (став на актерот, негов став кон друг актер, став на друг актер кон него, став на новинарот кон актерот) 22. Дали е актерот субјект или објект во прилогот 9 | „МОЈОТ ИЗБОР 2011“


Еден мошне важен аспект во однос на медиумскиот дискурс и производ се анализираше и низ призмата на типовите на настани и случувања, кои се повод за новинарот да го направи прилогот, и се една од главните детерминанти, кои го даваат одговорот на најважното новинарско прашање: „дали е веста вредна за објавување“ (newsworthiness). Оттука, за да добие индикатори на однесување на медиумите по ова прашање, квантитативниот инструмент на истражувањето се потпре на следната класификација на настаните од кои новинарите/авторите известуваат или за кои коментираат: • Актуелен вистински настан - Конкретен настан што се случил. Прилогот или текстот може да содржи и една или повеќе реакции за тој настан. Најважен критериум е дека се известува за самиот настан, а не за актерите. И пречекувањата на високи странски делегации, претседателски средби итн се третираа како актуелни вистински настани • Актуелен псевдо-настан Тука спаѓаат седници и состаноци на тела и комисии, како на пример, седницата на Државната изборна комисија, седница на Советот за радиодифузија и сл., на кои се соопштува за изборите, или пак вообичаена редовна активност на државни институции и политички организации (пречек на странски делегации од понизок ранг, протоколарни средби со амбасадори, редовни јубилеи и свечености, и сл.). Тие се однесуваат на редовната работа на некоја конкретна институција, или се една или повеќе реакции за некој актуелен настан, но не се сами по себе настан. Тука спаѓаат и јавните соопштенија, конференциите за печат, изјави, резултатите од анкети на јавно мислење, објавени извештаи и анализи, итн. • Промотивен псевдо-настан Тука се класифицирани специјалните настани кои претставуваат организирани свечености со промотивен карактер, на кои присуството на политичките актери не е од суштинско значење. Овој тип на настани вобичаено во светската а и во нашата медиумска пракса го користат државните функционери (особено оние што се истовремено и кандидати) за да се здобијат со тоа што медиумската наука го дефинира како предност на „тие што владејат“ (advantage of the incumbents) во медиумското присуство8. Ова најчесто што може да се случи кај јавните сервиси, кои од друга страна пак, имаат обрвска да ги пренесуваат информациите за активностите на важните јавни функционери, што честопати се користи како оправдување за зголемениот обем на известување за нив. Во овој тип на настани се вбројуваат поставувањето каментемелници за идни инфарструктурни или економски зафати и инвестиции, потпишување на меморандуми за соработка за идни инвестиции, пуштање во употреба на објекти и инфраструктурни зафати, или други средби со граѓани на државните функционери без за тоа да има посебна или редовна причина. Поставувањето на баланс во известувањето за овој тип на настани е исто така дел од забелешките кои ОДИХР ги упатува и кон јавните функционери, но и кон дел од медиумите, особено кон јавниот сервис. • Настан од кампањата (митинг, трибина, средби со граѓани и други кампањски активности на организаторите на кампањата - партиите) 8

Совет на Европа, Комитет на министри. Препорака бр. Р (99) 15 на Комитетот на министри до државите членки за мерките што се однесуваат на медиумското покривање на изборни кампањи. Пристапено од http://www.medialaw.ru/laws/other_laws/european/e-rec99-15.htm; и Канцеларија за демократски институции и човекови права на ОБСЕ (ОДИХР), Директорат за човекови права и Комисија за демократија преку правото (Венецијанска комисија) на Советот на Европа и Европска комисија (2005) Насоки за медиумска анализа во текот на мисиите за набљудување на изборите. Стр. 41

10 | „МОЈОТ ИЗБОР 2011“


• Актуелен и псевдо-настан Тука спаѓаат прилози во кои, на пример, има и директно јавување или извештај од самиот настан и, на пример, анкета на јавно мислење, анализа и сл. • Општествено случување Поводот не е конкретен настан туку поширок општествен и политички контекст, поопшто прашање. настан што се случил пред извесно време но се разгледува од денешна перспектива и се прави анализа на ефекти. Овој тип на повод за текстот или прилогот обично преовладува кај анализите и коментарите Овие податоци послужија како поткрепа за квалитативното истражување кое ги анализираше поподробно и посуштински производите на медиумите во однос на нивното почитување на домашните и меѓународните професионални и етички правила за известувањето за време на изборите и за новинарите воопшто, призма низ која истражувањето ги опсервираше медиумите во истражувачкиот период. Аналитички продукти Како резултат на мониторингот, во текот на кампањата беа издадени 2 прелиминарни извештаи, базирани врз првична квалитативна анализа, во кои беа опишани најеклатантните медиумски примери на кршење на професионалните стандарди. Истражувањето се заокружува со оваа Финална анализа која ги содржи наодите, заклучоците и препораките, базирани на комбинирана квантитативна и квалитативна анализа.

11 | „МОЈОТ ИЗБОР 2011“


3. РЕЗУЛТАТИ ОД МОНИТОРИНГОТ НА МЕДИУМИ ЗА ПЕРИОДОТ 23 МАЈ – 5 ЈУНИ 2011 ГОДИНА Вовед Медиумското известување за Парламентарните избори 2011 се одвиваше во услови на жестока партиско – политичка кампања, која се прелеа и во медиумската сфера. Квалитативната анализа и квантитативните податоци покажаа дека известувањето на дел од медиумите за изборите беше поларизирано и навивачко, а кампањата се одвиваше во етничко – политички и партиски поделен медиумски амбиент. Кај голем дел од мониторираните медиуми беа забележани прекршувања на повеќе професионални стандарди. Мониторингот утврди дека дури и кај некои медиуми коишто во сите претходни изборни циклуси важеа за умерени и непристрасни, можеше да се забележи нарушување на професионалните стандарди и добрите новинарски практики. Анализата покажа дека наместо повеќе информации за понудите на политичките партии и нивните решенија за иднината на граѓаните и на земјата, во медиумите доминираа меѓупартиските, но и конфронтациите меѓу самите медиуми. Во текот на мониторингот беше забележано дека комуникацијата на дел од политичарите и медиумите со јавноста беше спуштена на непримерно ниво, а личните напади и недоличниот јазик добиваа значајно место во политичкиот и медиумскиот дискурс. Голем дел од вината за начинот на којшто информираа медиумите за изборите може да се лоцира и во начинот на кој партиите и политичките актери пристапуваа кон медиумите во последното предизборие, но и во начинот на кој се позиционираа некои медиуми. Како реакција на тоа дел од политичките актери избегнуваа да се појавуваат или да даваат изјави за одредени медиуми. Во овој период од 12 дена, на 7 национални телевизии се организираа само 9 дебатни емисии меѓу претставниците на политичките партии, од кои 4 меѓу политичките претставници на три албански партии на Алсат-М, 3 дебати на партиите поддржани од етничките Албанци на МТВ 2, а во медиумскиот простор на македонски јазик се организираа само 2 дебати помеѓу политичките актери на телевизијата Телма. Самиот овој факт говори дека политичкиот дијалог во земјава не е на неопходното ниво кое е очекувано од демократските земји, особено за време на изборите. А освен негување на културата на дијалогот, за развој на политичка култура иманентна за стабилни демократски општества, суштествено е да се надминуваат сите бариери кои ги оневозможуваат новинарите генерално да известуваат коректно, професионално и избалансирано за политичките актери во кампањата. Причините за отсуството на разновидност на спротивставени ставови, идеи и гледишта кај медиумите во предизборниот период потекнуваа од два извора: (1) од политичарите кои селектираа медиуми каде ќе се појавуваат, и (2) од самите медиуми, кои на некои политички субјекти им отстапија повеќе простор, а други беа минимално застапени или дури отсуствуваа од вестите. Притоа, крајната штета ја трпеа гласачите, кои беа лишени од можноста да се соочат со разновидност на мислења, спротивставени гледишта и идеи, што потенцијално влијае не само врз нивото на нивна информираност, туку и врз можноста самостојно да одлучат при изборот за кого ќе гласаат, а со што би ја надминале познатата „спирала на молкот“ (Е. Н. Нојман) и стравот од санкции поради изборното определување . 12 | „МОЈОТ ИЗБОР 2011“


Она што особено загрижува е фактот дека медиумите и овојпат не демонстрираа професионална солидарност. Тие го „проголтаа“ валканиот начин на водење кампања од страна на политичарите, и ја префрлија кавгата на медиумски терен, напаѓајќи се меѓусебно во име на нечии други – најчесто сопственички и други парцијални интереси. Наместо промовирање култура на говорот и етиката, поттикнување и негување на толеранција и афирмирање аргументи, некои медиуми се впуштија не само во непристојна комуникација со јавноста, туку и во пресметки со свои колеги и со други медиуми. Тажна и алармантна е констатацијата дека медиумите не успеаја да се наметнат целосно и ефективно како конструктивни и влијателни актери во кампањата, и на тој начин да ја остварат и зајакнат нивната улога на чувари на јавниот интерес и коректори на политиката. Овие констелации, во комбинација со несоодветната поставеност на медиумскиот пазар и концентрацијата на медиумската моќ, се поголемото влијание на политичките и бизнис актери во уредувачката политика на медиумите, определените нејаснотии во медиумската регулатива за известувањето пред и за време на кампањата, и од друга страна хроничните проблеми како недостатокот на економската кондиција и кадровски потенцијал во медиумите, незаштитеноста на новинарите и други фактори кои ја поткопуваат одржливоста и независноста на медиумите, имаа битно влијание врз начинот на кој информативните редакции известуваа за кампањата и на самиот квалитет на новинарскиот производ. Сепак, охрабруваат податоците дека кај дел од анализираните медиуми не беа забележани поголеми отстапувања од професионалните новинарски стандарди. Весникот „Нова Македонија“ беше најпозитивен пример кога станува збор за известувањето на новинарите за изборната кампања, како и телевизијата Телма, која на умерен начин ги покриваше предизборните активности, политичките случувања и активности поврзани со нив, како и политичките актери. Позитивни поместувања во медиумското известување за изборите можат да се посочат и кај медиумите и јавниот дискурс на албански јазик. За разлика од минатото, политичките актери од албанско етничко потекло имаа далеку поконструктивен пристап во меѓусебните ривалитети и односите кон медиумите, што се рефлектираше и во поумереното и поизбалансирано известување, коешто генерално може да се констатира кај овие медиуми. Квалитетот на медиумското известување за изборите низ призмата на бројките од квантитативниот истражувачки инструмент Со квантитативниот истражувачки метод на овој инструмент се квантифицираа податоците за медиумското известување за изборите и за актерите од домашната политичка и јавна сцена кај националните телевизии и весниците за време на предизборната кампања Во периодот од 23 мај до 3 јуни (12 дена), кај седумте национални телевизии и шесте национални весници на македонски и на албански јазик беа мониторирани вкупно 95 централни изданија на вестите, со вкупно времетраење од 55 часа, 4 минути, и 50 секунди. Најголема должина на информативните емисии е забележана кај А1 телевизија, а најкуси се централните вести на Алсат-М на македонски јазик и оние на МТВ 2 на албански јазик.

13 | „МОЈОТ ИЗБОР 2011“


Дплжина на централните инфпрмативни изданија МТВ 1 8:24:01

А1 10:47:15 Алсат М - MK 4:40:11

Алсат М -АЛ 6:33:11 Телма 5:48:35

Сител 6:28:09

Канал 5 6:27:06

МТВ 2 5:56:22

Од овие нешто повеќе од 55 часа, прилозите во кои се известувало за случувањата од домашната политичка сцена траеле вкупно околу 35 часа и 45 минути, при што конкретно за актерите кои се произнесувале за изборите и за домашните политички случувања и состојби е отстапен простор во должина од 27 часа, 34 минути 20 секунди, од кои речиси подеднакво време е посветено на известувањето во и надвор од изборната рубрика. Треба да се потенцира дека прилозите поместени во изборните рубрики речиси исклучиво се однесуваа на партиските митинзи и прес конференции. Но од друга страна, голем дел од прилозите кои беа надвор од изборната рубрика, се однесуваа на политичките актери кои се натпреваруваат или се истакнати членови на партии што се кандидираат на изборите. Овие прилози имаа огромно влијание врз начинот на кој медиумот ја гради сликата за одредени политички актери, особено за оние кои се натпреваруваат на изборите. Најмногу простор за политичките случувања и актерите надвор од изборната рубрика одвоила А1 телевизија, 3 часа и 30 минути. Следуваат Сител, па потоа Телма, Алсат и Канал 5, а најмалку време за актерите надвор од изборната рубрика во централните вести одвоила МТВ 2, само 36 минути.

14 | „МОЈОТ ИЗБОР 2011“


Известуваое вп централните вести за пплитичките случуваоа и избприте 12:00:00 10:48:00 9:36:00 8:24:00 7:12:00 6:00:00 4:48:00 3:36:00 2:24:00 1:12:00 0:00:00

Алсат М - MK

Алсат М -АЛ

Канал 5

МТВ 1

МТВ 2

Сител

Телма

Вкупнп времетраеое на емисијата

10:47:15 4:40:11

6:33:11

6:27:06

8:24:01

5:56:22

6:28:09

5:48:35

Прпстпр за актерите вп известуваоетп за дпмашните пплитички случуваоа

6:13:10

2:13:19

3:17:05

3:21:05

4:02:32

2:02:02

4:12:48

2:12:27

Вкупен прпстпр за актери вп избпрна 2:42:19 рубрика

0:46:19

1:26:54

1:10:17

2:39:20

1:26:02

2:04:15

1:28:31

А1

Сепак, доколку се види соодносот на времето одвоено за актерите од домашната јавна и политичка сцена во и надвор од изборната рубрика, може да се констатира дека телевизијата Телма, како и централните информативни изданија на јавните сервиси, им даваат квантитативно поголем простор на политичките актери во изборната рубрика. Кај вестите на Канал 5, Алсат-М на македонски и А1, овој сооднос е во корист на присуството на актерите во известувањето надвор од изборната рубрика. Кај Сител се забележува ист обем на известување за актерите во и надвор од изборната рубрика.

Сппднпс на застапенпст на актерите вп и надвпр пд избпрната рубрика 100% 90% 80% 70% 60% 50% 40% 30% 20% 10% 0%

Не Да

А1

Алсат М - Алсат М - Канал 5 MK АЛ

МТВ 1

МТВ 2

Сител

Телма

15 | „МОЈОТ ИЗБОР 2011“


За разлика од електронските медиуми, каде што јасното одвојување на изборната рубрика од останатите вести е пропишано и регулирано, кај весниците, оваа граница помеѓу изборната рубрика и другите прилози од политичката и јавната сцена во кои се појавуваат актерите не може да се воспостави стриктно. Кај дел од весниците постои јасно означена изборна рубрика, дел од нив ги позиционираат вестите поврзани со изборите секогаш на исти страници (но не ги означуваат), а кај некои весници текстови во кои се присутни политичките актери има во повеќе рубрики. Се забележува, исто така, дека известувањето за политичките актери и за изборите застапува доста мал дел од вкупната површина на весниците, каде, освен останатите рубрики, значаен дел од просторот заземаат и рекламите, особено оние од кампањата. Најмногу за домашните политички актери и за настаните поврзани со изборите се известувало во Дневник, кој има и најмногу отпечатена површина, а најмалку за политичките актери и изборите се пишувало во весникот Вечер.

Во овој период, известувањето во ТВ вестите за кампањата на политичките партии и актери и нивните други активности се фокусираше на неколку од нив. Најголем простор добија коалициите предводени од ВМРО-ДПМНЕ и од СДСМ. Потоа, убедливо на трето место следува известувањето за ДУИ, а во медиумското известување позабележителен простор се одвои и за ДПА, ВМРО-НП, Обединети за Македонија, Нова Демократија и НДП. Двојно помала минутажа од овие актери доби ЛДП, а пак известувањето за активностите на другите партии и политички актери беше далеку помало во обем и речиси незабележливо.

16 | „МОЈОТ ИЗБОР 2011“


Значаен простор од известувањето заземаа и активностите на државните функционери на национално и локално ниво, дел од кои директно или индиректно беа поврзани со кампањата, при што кај многу од медиумите може да се констатира нивна доминација во известувањето за домашните политички случувања надвор од изборната рубрика. Делумно добра покриеност може да се констатира и за активностите на државните независни регулаторни тела и комисии (ДИК/ОИК, СРД, Аникорупциската комисија, Комисијата за верификација на фактите), како и за активностите и ставовите на невладините организации, независните агенции и другите институции и организации, кои во овој процес придонесоа со својата експертиза, преку спроведување на разни анкети на 17 | „МОЈОТ ИЗБОР 2011“


јавното мислење, истражувања, и организирање на дискусии за различни теми од различни општествени области.

Мала, но добра покриеност може да се констатира и за другите неполитички субјекти и граѓаните, кои во медиумите добија простор да ги искажат своите размислувања за општествените случувања кои беа предмет на новинарскиот интерес, а и да се произнесуваат по прашања кои ги тангираа изборите и политичките партии. Сепак, кај некои медиуми, како што ќе објасниме подетално подолу, овие ставови на неполитичките субјекти честопати се ставаа во функција на уредувачката политика или на тези на ставовите на новинарите, со кои се критикуваа одредени политички субјекти. Значаен дел од известувањето за овие избори беше посветен и на медиумите и медиумските групации. Поголем дел од известувањето, и кај весниците и кај телевизиите, 18 | „МОЈОТ ИЗБОР 2011“


беше фокусиран кон случувањата поврзани со медиумите блиски до Велија Рамковски, а повидливо присуство како субјекти или објекти во известувањето добија и други медиумски групации, како МПМ, одредени новинари и медиуми кои се блиски до политичари коишто се дел од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, и јавниот сервис. Во известувањето во овој дел доминираа меѓусебните обвинувања и дискредитации. Сите медиуми, исто така, беа третирани во медиумското известување во однос на опсервациите на регулаторот, партиите, граѓанскиот сектор и јавноста за нивното известување за кампањата и изборите.

Што се однесува до структурата и карактеристиките на самиот новинарски производ, повеќе од евидентно е дека доминацијата на информативните жанрови наспроти интерпретативните и аналитичките се зголемува. Доминираат вестите и извештаите, а анализите или другите пообемни интерпретативни жанрови ги има се помалку. Медиумите го намалуваат просторот на содржини преку кои се анализираат понудите на политичките опции, што ги оневозможува граѓаните да добијат поквалитетни информации за да можат да направат информиран избор на денот на гласањето. Кај вестите на телевизиите, делумна жанровска разновидност и подинамична реализација на информативниот производ се забележува кај ТВ А1 и кај ТВ Сител, а во помал обем и кај јавниот сервис МТВ1, додека најмалку различности во жанровската структура, со доминација на вестите и извештаите, нудат вестите на Алсат-М на македонски јазик и вестите на МТВ 2 на албански јазик.

19 | „МОЈОТ ИЗБОР 2011“


Кај весниците, во однос на жанровската разновидност, најадекватна распределба може да се забележи кај Дневник, а потоа и кај Утрински Весник, Нова Македонија и Време. Кај Коха во овој период речиси отсуствуваат редакцискиот коментар и уводниците, а најмалку жанровска разновидност во политичкото известување нуди весникот Вечер. Во Утрински весник, Коха и Дневник се забележува и позначителен простор отстапен за интервјуата со политичките актери, што не е случај со другите весници.

Во однос на настаните и случувањата кои ги следат новинарите, продолжува трендот на штуро и неинвентивно следење пред се на митинзите и другите настани од кампањите на партиите за анимирање на гласачкото тело, актуелните псевдо-настани (прес конференции, соопштенија, состаноци на работни тела, интервјуа, изјави) и промотивните псевдо-настани на политичките актери, каде што новинарите повеќе ја играат улогата на пренесувачи на информации, отколку што ја остваруваат нивната улога да ги опсервираат критички настаните и случувањата, да ги анализираат и да информираат за сите значајни аспекти и агли важните политички случувања во земјава. Најголем простор за известување од митинзите и другите кампањски активности на партиите отстапила А1 (која има и најдолги вести), следена од ТВ Сител и Алсат М на албански. Нешто помалку простор одвоија Канал 5 и Алсат М на македонски (која е со далеку покуси вести во минутажа). За кампањата на партиите најмалку прилози и простор за актерите одвоиле централните вести на ТВ Телма и на МТВ 2 на албански јазик.

20 | „МОЈОТ ИЗБОР 2011“


Гледање на настаните низ поширока призма на општествено случување најмногу се забележува кај А1, која во вестите нуди и дебати, и анализи, и коментари во вид на ТВ колумни. Во однос на отстапениот простор, позабележлив исчекор во оваа насока прави и ТВ Сител, каде што исто можат да се забележат коментари на уредниците и анализи. Наспроти општата доминација на известувањето од кампањски и од псевдо-настани, кај Телма е забележливо предимството што оваа телевизија го дава на известувањето од актуелни и вистински настани. Освен А1 телевизија, поголем обем на известување од актуелни и вистински настани е забележано и кај Канал 5, делумно кај Сител, МТВ1 и Алсат-М на македонски, а најмалку за актуелни и вистински настани се известувало во вестите на Алсат-М и на МТВ2 на албански јазик. Од друга страна, најмногу отстапен простор за актерите при нивно организирање или учество во промотивни настани, како што се пуштање во употреба на нови објекти и нова инфраструктура, поставување камен - темелници, откривање на спомен - обележја, потпишување на меморандуми за соработка и инвестиции, се забележува кај МТВ 1 и кај МТВ 2. Позначајно известување за овие настани е забележано и кај Канал 5 и вестите на Алсат-М на албански

Кај весниците, на кои поради технологијата на производство им е и поприроден аналитичниот пристап, кај речиси сите весници тоа се отсликува преку подеднаков третман во отстапувањето на простор за известувањето од псевдо настаните и третирање на настаните низ поширока призма на општествено случување, преку анализи, коментари, колумни, уводници, белешки итн. Доминација на овој пристап се забележува кај Дневник и Нова Македонија, а тој е најмалку присутен кај весникот Вечер. Најмногу за настаните од кампањата пишувал Утрински весник, потоа Коха, Дневник, и Време, а овие настани се третирале сосем кусо во Вечер и во Нова Македонија. Позабележлив простор (со критички тон) за промотивните настани отстапија Утрински весник и Време, помалку Вечер (претежно во позитивен контекст) Коха и Дневник (двата весника претежно неутрално), а најмалку за промотивните настани известувал весникот Нова Македонија. Весниците Утрински Весник, Нова Македонија, Дневник и Вечер одвоиле значаен простор за известувањето од актуелни и вистински настани, наспроти помалиот простор што за актуелните и вистински настани го понудиле Коха и Време.

21 | „МОЈОТ ИЗБОР 2011“


Притоа, се забележува дека токму партиите ги користеле најмногу псевдо-настаните, како прес конференциите, соопштенијата, организирањето на средби со разни групи на интерес (стопанственици и стопански комори, земјоделци, стечајци и други формални и неформални групи на граѓани), и давањето на изјави и интервјуа, за да им се обратат на медиумите и граѓаните. Преку овие начини на претежно еднонасочни начини на комуникација, вообичаено актерите се оние кои ја диктираат темата и начинот на дискурс, а новинарите претежно ја играат улогата (освен во коментарите) на пасивни пренесувачи на пораката.

Што се однесува до промотивните настани, известувањето за нив во доминантен дел се однесува на промотивните активности на државните функционери, кои беа мошне 22 | „МОЈОТ ИЗБОР 2011“


активни во овој период, а голем дел од нив истовремено беа и кандидати на изборите. Најмногу отстапен простор за овој тип на настани се воочува кај МТВ 1 и МТВ 2, потоа кај Канал 5, Сител, и Алсат-М. И А1 известува за овие настани, при што е забележливо критичкото известување, а актерите од државните институции во прилозите честопати се третираат како партиски кандидати кои го (зло)употребуваат отворањето на нови објекти и улици и другите промотивни активности на кои присуствуваат за промоција во кампањата.

Кај весниците, најмногу простор за промотивните настани посветиле Вечер (во претежно позитивен и неутрален контекст), Утрински весник и Време (претежно критички), и Коха (претежно неутрално). Дневник и Нова Македонија известуваат во помал обем и прилично избалансирано за овој тип на настани

Во однос на претходните изборни циклуси, воочливо е и намалувањето на обемот и бројот на дискусионите емисии, пред се на дебатите, на сметка на еднонасочната комуникација со медиумите и граѓаните, која ја преферираат одредени политички опции во земјава. Забележани се вкупно 9 дебатни емисии меѓу политичките актери од различни партии-конкуренти на изборите, од кои 2 на ТВ Телма, при што беше забележително отсуството на претставниците на владејачката ВМРО-ДПМНЕ. Претставниците на албанските политички партии дебатираа меѓусебно 4 пати на ТВ Алсат, и 3 пати на МТВ 2, при што отсуствуваа претставници на најголемата опозициска партија, ДПА, поддржана претежно од гласачи Албанци. Овој начин на известување на медиумите, но и дискурсот на политичките актери, се рефлектира и во осиромашувањето на медиумскиот производ во однос на темите коишто тој ги третира.

23 | „МОЈОТ ИЗБОР 2011“


И во овој циклус, покрај кусите информации за промотивните активности на партиите и нивните програми (со отсуство на подлабока анализа на истите), доминираа информациите за меѓусебните партиски препукувања, меѓусебните обвинувања за криминал и корупција и други оценки и квалификации на политичките актери за нивната конкуренција. Многу помалку простор се посветуваше на посуштинско презентирање и анализа на партиските програми и понуди, и на теми кои се релевантни и важни за граѓаните во контекст на нивниот избор на денот на гласањето, пред се на економските аспекти како што се вработувањето, намалувањето на сиромаштијата, развојот на економската и патната инфраструктура, поврзувањето со регионалните текови (коридорот 8 и 10), неопходните инвестиции за развој на енергетскиот потенцијал, развојот на малите и средни претпријатија, туризмот, или пак анализа и дискусија за начините за привлекување инвестиции во економијата. Од речиси 50 теми кои беа мониторирани, во медиумското известување позначаен простор се забележа за едвај десетина. Од оние теми што се поврзани со понатамошниот развој на општеството, а не со самите партии и изборниот процес, со релативно пристоен обем се известуваше за меѓународната политика и ЕУ интеграциите (главно низ призмата на визната либерализација и проблемот со името), за борбата против криминалот и корупцијата (со фокус на финансирањето на партиите и медиумите), се зборуваше општо за подобрување на економијата и инфраструктурата (главно преку призмата инвестициските зафати како проектот Скопје 2014).

Исто така, информативните редакции безмалку воопшто не ја третираа и анализираа понудата на кандидатите во теми и области кои се важни за поткрепа на овие процеси, а кои години наназад се посочуваат како главни предизвици за просперитетот и економскиот напредок на државата. Не се понуди визија, ниту конкретни планови или пак стратегии во однос на тоа како државата ќе продолжи да ги реализира и турка 24 | „МОЈОТ ИЗБОР 2011“


евроатлантските интегративни процеси, регионалната соработка, реформите во јавниот сектор и воспоставувањето на ефикасна администрација, финализирање на процесот на децентрализација, владеењето на правото, начините за реформирање на судството. Безначаен квантитет и квалитет на информации беше понуден и за други теми кои влијаат на општествената кохезија, просперитетот на општеството и развојот на нејзините човечки потенцијали, како и остварувањето на правата на сите граѓани, како што се образованието, одржливиот развој, социјалната инклузивност и социјалната заштита, како и еднаквите можности. Освен делумно кај медиумите на албански јазик и во дискурсот на политичките актери Албанци, речиси и не се известуваше за меѓуетничките односи и понудите на политичките партии за надминување на предизвиците од оваа област. За дискриминацијата, за состојбите со маргинализираните групи, или пак за граѓанскиот дијалог и активизам, речиси и не се известуваше и анализираше, ниту во медиумите на македонски, ниту пак кај оние на албански јазик.

Недостатоци во однос на потребните информации кои ќе им овозможат информиран избор на граѓаните од секој дел на Македонија се воочува и во однос на нееднаквиот обем на информации во однос на изборните единици. Во известувањето за оваа предизборна кампања и за политичките случувања на домашната сцена, доминираа содржините во кои се известуваше за случувања во главниот град и во првата изборна единица, со што националните медиуми не им овозможија на граѓаните од другите делови од земјата да се информираат поподробно за понудите и квалитетите на кандидатите во другите изборни единици.

25 | „МОЈОТ ИЗБОР 2011“


Избалансираност и непристрасност Јавната претстава за политичките партии, кандидати или лидери не се обликува само преку обемот на времето што им се доделува, а што се истражува со квантитативни инструменти, туку и преку начинот на кој тие се претставени во вестите, што е тема на квалитативната анализа. Така, владејачката партија може да биде претставена во диспропорционално фаворизирачка светлина, додека опозицијата во негативна, и обратно. Во некои случаи неизбалансираноста во известувањето подразбира свесен обид на медиумите да влијаат врз исходот на изборната кампања или да манипулираат со мислењето на гласачите.9 За неизбалансираност и пристрасност при известувањето кај 9

Артикл 19 (1994) Насоки за покривање на изборите од страна на радиодифузните медиуми во 26 | „МОЈОТ ИЗБОР 2011“


радиодифузните медиуми зборуваме кога постои претерана критика или исто такво фаворизирање на само еден политички субјект или учесник во кампањата, кога не е застапена втората страна или не е овозможено да се слушнат спротивставени гледишта или идеи. Овие принципи се нарушени и кога не е овозможено право на одговор, поправка или на демант на истиот медиум. Ова особено важи за провладините медиуми, кои треба да овозможат да се слушне и одговорот на опозицијата или на критизерите на власта на изјави кои се дадени од страна на претставници на власта.10 Што се однесува до вестите и емисиите за тековните случувања на радиодифузните медиуми (вклучувајќи ги дебатите и интервјуата), пожелно е да постои избалансиран избор на претставници од политичките партии, а програмите да се одвиваат според правилата за фер однесување, избалансираност и непристрасност.11 За да се обезбеди плурализам на ставови, гледишта и идеи од политичкиот спектар, радиодифузните медиуми (и јавните и приватните) мора да ги почитуваат правилата за фер, избалансирано и непристрасно покривање на изборите, да им се даде еднаков третман на сите значајни политички гледишта и политички партии. Целта е да се поттикне и одржи демократска дебата,12 која, во случајов, при известувањето за изборната кампања, недостигаше кај поголемиот дел медиуми во Македонија поради две причини: (1) наклонетоста на дел од медиумите кон одредени политички партии; (2) поради бојкотот на политичките партии. На некои медиуми и двете тенденции се јавуваа во паралелни комбинации. Телевизии

Наспроти очекувањата за повисока професионалност во текот на овие избори, по 20 години повеќепартиски систем во Македонија, беше забележана неизбалансираност и пристрасност кон одредена политичка опција кај повеќе радиодифузни медиуми на македонски јазик. Беа евидентирани суптилни, но и експлицитни форми на фаворизирање или критикување на одредена политичка опција. Притоа, се користеа различни медиумски алатки за изразување на претерана поддршка или тенденциозна критика, и тоа преку позиционирање на темите, односно поставување агенда на вестите, преку континуирано форсирање на одредени теми, скандали и афери во почетните прилози, со повторување кадри за да се потенцира пораката, или со секојдневно повторување на една иста изјава за да се засили ефектот од веста, итн. Во однос на уредувачката политика, некои телевизии „промотивните“ активности на Владата во врска со некои однапред планирани проекти ги пренесуваа во позитивно светло, а кај други речиси априорно и во пакет беа критикувани проектите кои владините претставници ги претставуваа во текот на кампањата. Најочигледни примери на претерано фаворизирање и тенденциозно критикување беа забележани кај телевизиите Сител и А1, подеднакво; додека поумерено критички, односно фаворизирачки од претходните две телевизии, се известуваше кај телевизиите Канал 5 и кај јавниот сервис МТВ 1. Во централните вести, МТВ 2 известуваше во поголем обем за државните функционери од владејачката ДУИ, но не беше забележано тенденциозно известување за другите политички актери, иако, споредбено, тоа е помало во обем. Телевизиите Телма и Алсат-М известуваа релативно умерено и избалансирано.

транзиционите демократии, стр. 35. Преземено од: www.article19.org/pdfs/tools/electionbroadcastingtrans.pdf 10 Ибид. Стр. 56 11 Совет на Европа, Комитет на министри. Препорака бр. Р (99) 15 на Комитетот на министри до државите членки за мерките што се однесуваат на медиумското покривање на изборни кампањи. Стр. 4 12 Ибид. Стр. 5 27 | „МОЈОТ ИЗБОР 2011“


Телевизијата А1 отворено се декларираше дека на овие избори ќе ја поддржи целата опозиција, односно партиите што не се на власт,13 а тоа кажано експлицитно во етерот, во стартот на кампањата не оставаше простор за сомневање за фаворизирачки тенденции во полза на опозицијата. Во исто време, главниот и одговорен уредник на оваа телевизија се обиде јавноста да ја дезавуира со изјавата дека: „остануваме во одбрана на професионалните принципи на новинарството, без компромиси, [...] во кампањата што следува на нашата информативна програма објективно ќе бидат застапени сите партии и од власта и од опозицијата.“ И покрај ваквото оградување, јавното заземање страна не е во согласност со Препораката бр. Р (99) 15 на Советот на Европа, усвоена од Советот на министри за земјите членки на СЕ на 9-ти септември 1999 год. Според оваа препорака покривањето на изборните кампањи од страна на радиодифузните медиуми, и јавни и комерцијални, треба да биде фер, балансирано и непристрасно. Тоа значи дека треба да им се даде еднаков третман на сите страни инволвирани во изборниот процес, не толку во смисла на одвојување на еднакво време за секој, туку да се овозможи сите политички гледишта и партии да бидат слушнати.14 Сепак, од тоа што го покажа мониторингот во периодот од 23 мај до 5 јуни, телевизијата А1 зазеде критички став кон владејачката коалиција, особено кон ВМРОДПМНЕ, што е евидентно од повеќе показатели. Почнувајќи од визуелните прикази (снимките, кајроните, табеларните прикази, насловите на прилозите), или анализа на просторот отстапен за автентично пренесување на ставот на актерите (преку директни изјави и тонски снимки, директно присуство во студиото, присуство со линк во директен пренос од местото на настанот итн) преку добиените квантитативни податоци кај А1 може со „голо око“ да се забележи неизбалансиран пристап кон актерите од владејачките партии и оние од опозицијата, што само делумно беше резултат и на одбивањето на претставниците на владејачката ВМРОДПМНЕ да учествуваат во двонасочна комуникација со новинарите на А1 и други актери пред камерите на телевизијата, а и поради состојбите во кои и самата телевизија е актер во политичките случувања.

13

Интернет страница на ТВ А1, http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=138039 Совет на Европа, Комитет на министри. Препорака бр. Р (99) 15 на Комитетот на министри до државите членки за мерките што се однесуваат на медиумското покривање на изборни кампањи. Пристапено од http://www.medialaw.ru/laws/other_laws/european/e-rec99-15.htm 14

28 | „МОЈОТ ИЗБОР 2011“


Во однос на агендата на вестите, квалитативната анализа утврди дека во почетните прилози во тек на повеќе денови се известуваше за притисоци, закани, заплашувања од страна на членови на ВМРО-ДПМНЕ врз членови од други опозициони партии - СДСМ, ВМРО-НП, ОМ (на 23, 26 - 31 мај); се критикуваа промотивни активности на власта (29 мај) или се известуваше за афери поврзани со премиерот, членови на Владата и власта воопшто (31 мај, 1 јуни, 2 јуни). Во поголем дел од вестите, прилозите беа негативни за ВМРО-ДПМНЕ и претставниците на власта. Во изборниот блок, редоследот на вести за активностите на партиите, во најголем број случаи беше предвидлив кај повеќето телевизии. Во зависност од наклонетоста на телевизијата, се почнуваше со вест за една иста политичка партија. Кај А1, првиот прилог во изборната рубрика најчесто беше резервиран за активностите на опозициската СДСМ. Во периодот од 23 до 26 мај, во овој блок во вестите на А1, по прилогот за СДСМ следуваше прилог за изборните активности на ВМРО-ДПМНЕ, што претставуваше релативно избалансиран пристап од гледна точка на јавно декларираната уредувачка политика. После овој датум, агендата на прилозите во ударните вести во изборната рубрика, но и генерално во вестите во ударните термини, се менува. На 28, 29, 30, 31 мај, извештаите за митинзите на ВМРО-ДПМНЕ се емитувани дури после прилозите за ОМ, ВМРО-НП, Демократска десница, ЛДП и извештаите за албанската опозиција. Во овој период во изборниот блок, по извештајот на ВМРОДПМНЕ најчесто следи прилог за активностите на ДУИ. Прилозите за СДСМ често беа подолги и содржеа повеќе изјави од говорниците (пример: Б. Црвенковски, Р. Шеќеринска и С. Јакимовски, прилог во вестите на А1 од 28 мај), други денови имаше извештаи за две активности на СДСМ во вестите. Од друга страна, пак беше забележано дека некои прилози за ВМРО-ДПМНЕ и за ДУИ содржеа само изјава од Н. Груевски или од А. Ахмети. На А1 се сретнуваа прилози базирани на само еден соговорник или само на едната страна во приказната.. Во прилогот „Владејачката ВМРО-ДПМНЕ бесправно доделува државно земјиште“ (28 мај), граѓаните од кои има неколку изјави во прилогот, велат дека се пожалиле во општината, а од градоначалникот добиле одговор дека „сака да помогне, но од горе го притискаат“. За да се обезбеди балансираност, новинарски стандард е репортерот да го контактирал или да истакне дека не добил изјава од градоначалникот, да побара објаснување од надлежните институции или изјави од другите набедени во приказната. 29 | „МОЈОТ ИЗБОР 2011“


И од квантитативните податоци за А1 може да се види дека во просторот што е отстапен за државните и партиските функционери од владејачката коалиција, речиси е подеднаков просторот за нивните ставови, и просторот за ставовите на други актери, кои нив ги оценуваат. Се забележува дека значаен дел од минутажата отпаѓа на оценки на новинарот за актерите од владејачката коалиција и државните функционери кои се нејзини членови. Споредено со опозициската коалиција, просторот во кој автентично се пренесуваат ставовите на актерите од владејачката коалиција е далеку помал, а просторот за нив го надополнуваат општи и базични информации (кој, што, кога, каде). Во минутажата која и е отстапена на опозицијата, во најголем дел се пренесуваат ставовите на актерите за настани и теми, добар дел од минутажата отпаѓа на оценка на други актери, во најголем дел критики кон власта и владејачките партии .

Кај одредени медиуми, пак, често се консултираа експерти што гравитираат кон политичката опција што е блиска до медиумот, што резултираше со отсуство на плурализам на независни ставови и идеи што дел од гласачкото тело реално го очекува. Тука треба да се нагласи дека откако СРД во својата анализа ја оцени А1 како неизбалансирана, телевизијата информираше дека „владејачката ВМРО-ДПМНЕ во континуитет ја бојкотира А1 и ги игнорира сите наши повици за учество во дебатите и давање изјави за А1 телевизија. Затоа резултатите во анализата на СРД не можат да бидат поинакви“. (А1, 31 мај 2011). Индикативно е дека во оваа изборна кампања – инаку прв пат во изборните циклуси во независна Македонија - телевизијата А1 ја користеше категоријата „вонредни вести“ за да известува директно од митинг на политичка партија (Вонредно издание на вестите на А1 со директно вклучување од митингот на ОМ од Штип и обраќањето на Љ. Бошковски, 2 јуни, 2011). Ова е недозволено интригирање и вознемирување на публиката и медиумски невообичаено со оглед на фактот што телопот/кајронот за „вонредни вести“ на телевизијата по правило се користи само во случаи кога се случило нешто многу значајно, неочекувано и непредвидено, а во изборните кампањи познати се и времето и говорниците. Во однос на обезбедување плурализам на гледишта на различни политички актери, ТВ А1 направи интервјуа со лидерите на повеќе партии, главно од опозицијата – Љ. Георгиевски, Љ. Бошковски, Ј. Манасиевски, Б. Црвенковски, С. Ангелов и Ф. Петровски итн. На предизборниот ТВ дуел што А1 го најавуваше без согласност на премиерот Никола Груевски, тој не се појави, иако телевизијата неколкупати упатуваше покани и во

30 | „МОЈОТ ИЗБОР 2011“


самата емисија, така што разговорот се одвиваше само со кандидатката за премиер од СДСМ, Радмила Шеќеринска. Спротивно од А1 - тенденциозно критикување на опозицијата и фаворизирање на власта беше забележливо кај Сител телевизијата, особено од страна на поедини уредници-водители. Експлицитно фаворизирање на ВМРО-ДПМНЕ, кај Сител се сретнува во некои прилози, најави, па и одјави на прилогот. Пластичен пример за ова е најавата/коментар на новинарот – уредник за тоа колку луѓе биле присутни на централниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ на 30 мај, а колку на митингот на СДСМ што се одржа на 15 мај. „Она што е реално што може секој да го види, ... е дека дупло повеќе луѓе имаше на митингот на ВМРО-ДПМНЕ отколку на СДСМ. СДСМ ни приближно немаше ништо позади семафорите кои водат до мостот Гоце Делчев, а ВМРО-ДПМНЕ имаше луѓе и на мостот Гоце Делчев, и пред пошта и десно од пошта, па барем дупло повеќе од она што Црвенковски тврдеше дека го има.“ (Најава за прилогот „Над 100.000 луѓе на синоќешниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ“, 30 мај) Советот на Европа и Артикл 19 препорачуваат разновидност на мислења, ставови и гледишта и во дебатни емисии, интервјуа и дискусиони емисии, со што би се обезбедил политички плурализам. На ТВ Сител можеа да се видат интервјуа со експерти, како Џејсон Мико, на пример, кој истакна дека „очекува владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ ... да освојат мнозинство мандати,“ а за опозицијата вели „Бранко е репрезент на неуспешни политики на минатото“ (1 јуни). Исти ставови се пласирани и преку интервјуа со тројца европратеници - кои беа дел од кампањата на ВМРО-ДПМНЕ - во прилогот „Демократска и фер кампања оценка на европратениците“, каде сите соговорници истакнуваат дека очекуваат партијата на Груевски да победи (29 мај). Фаворизирањето на владејачката коалиција од страна на ТВ Сител се гледа уште веднаш од квантитативните податоци, и тоа од отстапената минутажа, па се до начинот на кој се гради приказната и монтира прилогот. Видливо дека владејачката коалиција и нејзините претставници во актуелната власт добиле далеку поголема можност автентично да ги изразат своите ставови преку автентични тонски снимки, и директно јавување и присуство во живо во вестите. За разлика од тоа, за опозицијата доминираат минутите со снимки без тон или без визуелна презентација воопшто.

31 | „МОЈОТ ИЗБОР 2011“


Карактеристично за известувањето на ТВ Сител од партиските митинзи во изборниот блок во вестите е дека првиот прилог во мониторираниот период секогаш е поврзан со коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, со директно јавување од местото на настанот и интервју со носители на листи и кандидати за пратеници за определена изборна единица (вести на Сител, 28, 29, 30, 31 мај, 1 јуни). Другите партии најчесто беа застапени со пократки извештаи, во кои имаше или немаше изјави на говорници или, пак, прилогот беше базиран на изјава на само еден говорник на митинзите . Во вестите се сретнуваа и такви прилози во кои немаше соговорници, а новинарот самиот е извор на веста, поставува прашања и сам ги одговара, каков што е случајот во прилогот „Медиумско-партиска коалиција А1 телевизија - СДСМ“ од 27 мај. Во насока да и се овозможи на втората страна да биде слушната новинарот наведува дека не добил одговор од новинарката која „Сител јавно ја праша“, ниту, пак, од УЈП, на која, исто така, јавно и ги поставиле прашањата. Задача на новинарот е да поставува прашања до институциите и до сите оние за кои постои сомневање дека се осомничени за злоупотреби, но и да направи дополнителен чекор и да ги контактира, а потоа да наведе дека не добил одговор. Додека А1 ја критикуваше власта дека предизборно асфалтира улици и презема други урбанистички зафати („Скопје пред избори“, 24 мај; „Злоупотреба на функции“, 1 јуни), Сител, Канал 5, МТВ 1 ги претставуваа во фаворизирачка светлина „промотивните“ активности за проекти на владините функционери. Во препораките на Советот на Европа се предупредува дека носителите на највисоки владини и други јавни функции, кои во исто време се и кандидати за пратеници можат да се обидат да добијат дополнително покривање на нивните активности, како вид на привилегија од функцијата што ја извршуваат. Затоа Препораката на Советот на Европа истакнува дека не смее да постои привилегиран третман на јавните авторитети во вестите и во програмите за тековни настани.15 Ова е проблематично, бидејќи владините претставници во време на избори имаат „двоен“ идентитет – како кандидати за пратеници во случајов- и како, претставници на техничката влада до моментот на конституирање на нов кабинет. Сепак, беше забележано дека повеќе медиуми известуваа афирмативно за промотивните активности на владините функционери, министрите и на премиерот. Во овој контекст, квантитативните податоци покажуваат дека во ударните вести на ТВ Сител актерите од опозицијата во новинарскиот производ најчесто биле предмет на оценка на новинарот и на нивните политички конкуренти од владејачките партии (претежно критички и во негативен контекст), а дека нивните критики кон владејачката партија биле пренесувани во далеку помал обем, што претставува своевидно цензурирање на содржината и критиката. Од друга страна, освен широкиот простор за автентично пренесување на ставовите, во пренесувањето на дискурсот на претставниците на владејачката коалиција значајна минутажа добиваат нивните оценки на другите актери, т.е конкуренти од опозицијата.

15

Совет на Европа, Комитет на министри. Препорака бр. Р (99) 15 на Комитетот на министри до државите членки за мерките што се однесуваат на медиумското покривање на изборни кампањи. Стр. 7

32 | „МОЈОТ ИЗБОР 2011“


Додека кај А1 многу често се известуваше за притисоци и закани врз членови на ВМРО-НП, ОМ, СДСМ и други партии, Сител, Канал 5 и МТВ 1 се обидуваа да ги маргинализираат партиите на Љ. Георгиевски и Љ Бошковски, особено со постојано известување - дури и во почетните прилози во вестите - за одлевање на нивното членство во ВМРО-ДПМНЕ и со употреба на квалификации како „масовно“, „се ситни членството“, „бран одлевања“ итн. Овие информации не секогаш беа поткрепени со прецизни извори и бројки. Кај телевизијата Канал 5, формите на фаворизирање на ВМРО – ДПМНЕ како владејачка партија беа присутни, но поумерени. Во начинот на претставување на актерите, оваа телевизија освен во минутажа, им даде предност и на директните изјави на актерите на владејачката коалиција, а им овозможи, за разлика од опозицијата, и јавување во живо и директно присуство во студиото на вестите.

Канал 5 емитуваше прилози кои се промотивни за ВМРО-ДПМНЕ и за нејзините претставници во власта на централно и локално ниво најчесто при крајот на вестите („ВМРО-ДПМНЕ со нови проекти во здравството“ (23 мај); „Стајковци доби игралиште“ (24 мај); „Домашните компании да бидат двигател на стопанството“ (26 мај); „По 3 илјади евра за самовработување“ (27 мај); „Монтажно паркиралиште во Аеродром“ (27 мај); „Индустриското производство зголемено на 11 проценти“ (28 мај); „Новиот пат во Могила за развој на селата“, (29 мај); „Нова водоводна мрежа во Ќерамидница“ (29 мај); „Кредит 33 | „МОЈОТ ИЗБОР 2011“


за мали и средни претпријатија“ (30 мај) со изјава од З. Ставревски; „30% поевтин зелен картон“ (31 мај) ; „Зелениот картон поевтин и за повеќе од 30 %“ (1 јуни), „Нов дом на културата во Кадино“ (1 јуни) итн. Иако фреквентното појавување на владините функционери во предизборие се коси со Препораката на Советот на Европа, сепак беше забележано дека активностите на вицепремиерот и министер за финансии З. Ставревски беа покриени со прилог речиси во сите вести од 23 мај до 3 јуни (со исклучок на два дена), а често се појавуваа и вицепремиерот В. Пешевски, градоначалници К. Трајановски, И. Коневски, С. Митревски итн. Индикативно е што прилозите за промотивните активности на владините претставници најчесто се базираа на најава на водителот и на една изјава на функционерите. Вакви прилози засновани само на една изјава, се сретнуваа и на други теми на вестите на Канал 5 (слично како и кај А1 и Сител), како на пример, „Злоупотребени основци за политичка пропаганда од ОМ“ (2 јуни), при што има само најава на водителот и изјава на директорот кој зборува дека е „згрозен“ од начинот на водење на таква партиска политика. Квантитативните податоци покажуваат дека актерите од опозицијата во новинарскиот производ најчесто биле предмет на оценка на нивните политички конкуренти од владејачките партии (претежно критички и во негативен контекст), а дека нивните критики кон владејачката партија биле пренесувани во далеку помал обем, што претставува своевидно цензурирање на содржината. Од друга страна, исто како и кај ТВ Сител, освен широкиот простор за автентично пренесување на ставовите, во пренесувањето на дискурсот на претставниците на владејачката коалиција значајна минутажа добиваат нивните оценки на другите актери, т.е конкуренти од опозицијата.

Канал 5 во континуитет ја покриваше темата за раситнување на ВМРО-НП и на ОМ. Така, во тек на 12 дена мониторинг во ударните вести на Канал 5 имаше 10 прилога што се однесуваа темата за раситнување на членството на помалите партии, често во почетните прилози на вестите: „1200 члена од ВМРО НП преминаа во ДПМНЕ“ (23.05.2011); „Љубе и Љубчо остануваат без членство“, (24.05.2011); „Љубе и Љубчо и натаму губат членство“ (25.05.2011); „Нов бран одлевања во ВМРО ДПМНЕ“ (27.05.2011); „Членови на ВМРОНП од Гази Баба и Струга преминуваат во ВМРО ДПМНЕ“ (28.05.2011); „Членови од ВМРО НП од Берово се вратија во ВМРО ДПМНЕ“ (29.05.2011); „Ново одлевање во ВМРО ДПМНЕ“ (граѓани од о. Илинден досегашни членови на ОМ) (31.05.2011); „Се 34 | „МОЈОТ ИЗБОР 2011“


ситни членството на Љубе и Љубчо“ (01.06.2011); „Членови на ВМРО НП не сакаат коалиција со Црвенковски“ (02.06.2011); и „Членови заминуваат од кај Филип и од СДСМ“ (03.06.2011). Во поглед на точноста како професионален новинарски стандард, во голем дел, прилозите се засновани само на една изјава, на оние кои заминуваат во ВМРОДПМНЕ. Кај Канал 5, при подготвувањето извештаи од партиските пресови и за партиските митинзи во изборната рубрика, по правило се известуваше прво за ВМРО-ДПМНЕ, а потоа за СДСМ. Меѓутоа треба да се истакне дека најчесто се правеа извештаи и за двете партии подеднакво, но не беше правило да се подготвуваат извештаи од митинзи на ОМ, ВМРО-НП или ЛДП. Албанските партии, пак, најчесто беа застапени со најава од водителот и изјава од лидерите на партиите, и позиционирани на крајот од изборниот блок. На МТВ 1, преку зголемување на временската рамка на вестите екстензивно се известуваше за активностите на владејачката коалиција и тоа, како во почетните прилози на вестите, така и по изборната рубрика во делот вести за Македонија. Дисбалансот е воочлив не само во минутажата одвоена за актерите, туку и во начинот на кој актерите добиваат можност да бидат претставени во прилогот. Видлива е доминантната минутажа која е отстапена на директните аудиовизуелни изјави за државните функционери, вклучувајќи тука и директно присуство во студиото во живо за време на вестите, што може делумно и да се оправда и со обврска на јавниот сервис да известува за активностите на државните функционери. Но, сличен однос МТВ1 применува и кон владејачката коалиција воопшто, а директните ставови на опозицијата се застапени далеку помалку, и тоа најмногу во изборната рубрика, со извештаи од кампањските активности. Кај начинот на претставување на актерите од опозицијата, значително повеќе минути немаат аудиовизуелен запис, споредено со времето каде што тие добиле можност директно да и се обратат на јавноста преку јавниот сервис.

Покривањето на активностите за новите владини проекти е дел од фаворизирачкиот став кон владејачката ВМРО-ДПМНЕ. Исто како и кај Канал 5, во прилозите за креирани настани доминираа одредени владини министри и градоначалници. Ова го илустрираат следните примери: „Во наредниве 4 години Владата ќе инвестира 670 милиони евра за субвенции за земјоделското производство“, (24 мај) интервју со вицепремиерот и министер за финансии З. Ставрески од Струмица; „Инвестициите во наредните 2 години ќе растат и до 10 проценти“ (25 мај) најавува З. Ставрески; „Евтини кредити за малите и 35 | „МОЈОТ ИЗБОР 2011“


средни компании кои сакаат да градат мини туристички комплекси“ (26 мај), изјава од З. Ставревски; „Последниве 2 месеци Македонија се наоѓа во фокусот на странските инвеститори“ (26 мај), изјава од В. Мизо, „Велешки стопанственици задоволни од средбата со В. Пешевски“, (26 мај); „Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставревски очекува пад на стапката на невработеност под 20 насто“ „Бесплатно паркирање на катната гаража во Аеродром“, изјави на К. Трајановски, В. Тодоровиќ, „Кружен тек во Ѓорче Петров, изјава на К. Трајановски, С. Митревски (сите прилози се емитувани на 27 мај); „Вицепремиерот Ставрески во Могила“, „Реконструкција на водоводната мрежа во Ќерамидница“, К. Трајановски и Г. Јанкуловска (29 мај); Груевски на средба со трите синдиката за утврдување на минимална плата (30 мај); „ Инвестициите на германски Кромберг и Шуберт во Жабени“, (1 јуни) изјава од З. Ставрески итн. Фаворизирачкиот тон кон ВМРО-ДПМНЕ можеше да се забележи и во прилози како „Предизборна кампања преку Фејсбук“ од 25 мај, кој се состоеше од најава на водителката, а во прилогот е пренесено само видео од премиерот Н. Груевски кој одговара на прашање на граѓани на Фејсбук и информација на новинарката која ја пренесуваме интегрално: „Секако не изостанаа и прашањата за социјалата, за надворешната политика, и за секирациите на граѓаните дали ќе се реши прашањето околу името за Македонија да влезе во НАТО и ЕУ.“ Емитувањето доверливи дипломатски документи на МТВ1 беше анализирано во прилогот насловен „Специјалната војна пред изборниот ден се реализира преку Викиликс“ од 3 јуни 2011. МТВ1 објави серија прилози во кои се вивисецира недоличната “мачо“ изјава на Б. Црвенковски како лидер на опозицијата и поранешен Претседател на Републиката за судбината на стечаецот Ј.А., како и случајот „Рамковски и Сведмилк“. Новинарот ги илустрира прилозите во тек на два дена со фотографија на која анонимен граѓанин му бакнува рака на Црвенковски и го повикува Црвенковски да се повлече од политиката: „Ако е така како што вели А. (стечаецот н.з.) со кого патем се согласуваат огромен број корисници на социјалните мрежи на Интернет тогаш следен чекор на Црвенковски би требало да биде повлекување од политиката“. Критиката на партнерство меѓу СДСМ и ТВ А1 е интерпретирано во форма на дилема: „Останува отворено прашањето што се му вети СДСМ на Велија па слави уште отсега“ итн. (26, 27, 28, 29 мај) Во конструирањето на својот дискурс и пренесувањето на дискурсот на актерите, новинарите и уредувачката политика, новинарите на МТВ1 одбраа да не ги коментираат ставовите и дејствијата на актерите, но затоа повторно беа пристрасни во однос на поголемо давање на можноста актерите од владејачката коалиција да ги изразат своите ставови, а пак кај известувањето за опозицијата доминираа базичните информации за активностите. И тука, се забележува дека далеку повеќе минутажа и се отстапува на владејачката коалиција кога таа ги критикува конкурентите од опозицијата, отколку што е тоа случај кога критиките се во обратна насока.

36 | „МОЈОТ ИЗБОР 2011“


Од изборот на темите кои континуирано беа следени на МТВ 1 се издвојуваат преминувањата од неколку помали партии во ВМРО-ДПМНЕ. Прилозите, слично како и кај Сител и Канал 5, беа пренесени преку изјави на оние што ја напуштаат партијата, а понекогаш и со изјави од претставници на ВМРО-ДПМНЕ. При известувањето новинарот ги опишува помалите партии како „две сателитски партии“ на кои им се „ситни членството, а ВМРО-ДПМНЕ ја опишува со зборови како „старо јадро“ „вистинска“, „матична“, што го одредува и тонот на известувањето. Во однос на агендата на вестите и на кратките извештаи во изборната рубрика на МТВ 1 нема фаворизирачко правило според кое пресот на владејачката партија треба да биде прв. Треба да се нагласи дека на овој програмски јавен сервис, првпат во еден изборен процес отсуствуваа дебатните емисии, иако неговата општествена улога е да понуди и да им овозможи на гласачите да добијат што повеќе информации што ќе им помогнат да се одлучат при гласањето. И домашната регулатива16 и меѓународните препораки, упатуваат дека „радиодифузерите кои се финансирани од јавни фондови треба да обезбедат комплетна и непристрасна слика за политичкиот спектрум при покривањето на изборите [...] бидејќи треба да му служат на јавниот интерес и да понудат различни, плуралистички и широк избор на гледишта цело време, а особено за време на избори.17 Кај сите 4 телевизии - МТВ 1, Канал 5, Сител и А1 - се сретнуваа прилози во кои отсуствува втората страна, како и спротивставени гледишта, а некаде, пак, сосема отсуствуваа изјави од соговорници, односно известувањето се базираше единствено врз новинарот како извор. Едностраното известување како да стана практика во медиумското покривање на изборната кампања кај повеќето телевизии и весници. Под еднострано известување се подразбира и само еден извор во прилог или текст, но и селективно известување, како на пример, за инцидентите. Така, телевизијата А1 на повеќе наврати известуваше само за заканите, притисоците и инцидентите од страна на власта, и тоа во почетните прилози на вестите (на 28, 29 и 30 мај), а кај Сител и МТВ 1 беше забележано дека истиот ден, 28 мај, се известуваше само за проблемите кои ги прави опозицијата. Имајќи го предвид фактот дека во ист ден, на 28 мај, се случиле напади врз членови од 16

Закон за радиодифузија Совет на Европа, Комитет на министри. Препорака бр. Р (99) 15 на Комитетот на министри до државите членки за мерките што се однесуваат на медиумското покривање на изборни кампањи. Стр. 5 17

37 | „МОЈОТ ИЗБОР 2011“


двете партии, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, едностраното известување може да се протолкува како тенденциозно пласирање информации, или своевидно цензурирање на содржината. Кај одредени медиуми, пак, често се консултираа експерти што гравитираат кон политичката опција што е блиска до медиумот, или, пак, отсуствуваше плурализам на независни ставови и на идеи. Телевизијата Телма беше најумерена при известувањето и генерално ги почитуваше професионалните стандарди во периодот кога се спроведуваше истражувањето. Ретко се случуваше во прилозите да нема отстапено простор за одговор на „повиканата“ страна, освен во неколку случаи кога обвинувањата доаѓаа од помали политички партии. Но, кога се работеше за ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, телевизијата секогаш ја бараше втората страна. Во однос на агендата на вестите, може да се каже дека не секогаш известувањето за СДСМ беше прво во изборниот блок, но ВМРО-ДПМНЕ речиси никогаш не се први во редоследот на вестите. Дополнително, известувањето за активности на СДСМ секогаш беше поместено понапред од тоа за ВМРО-ДПМНЕ. Во изборната хроника немаше правило на фиксен редослед на извештаите за партиските активности: еднаш први беа ДУИ, потоа ЛДП, Сојуз на Роми, СДСМ , ВМРО-ДПМНЕ итн. Што се однесува до суптилните форми на фаворизирање на одредена политичка опција или благонаклонетост изразена во визуелните прикази (фотографиите, снимките, кајроните, табеларните прикази, насловите), и во поголемиот простор за ставот на актерите кој се пренесува автентично преку директни изјави и тонски снимки, директно присуство во студиото, или присуство со линк во директен пренос од местото на настанот, кај Телма дури и во тој однос може да се забележи избалансиран пристап кон актерите од опозицијата во однос на оние од владејачките партии.

Во изборната хроника на Телма беа емитувани информации за сите настани поврзани со изборниот процес: седници на ДИК, Антикорупциската комисија за финансирање на партиите, дилемите околу поддршката на синдикатите за одредени политички субјекти итн. Телевизијата не емитуваше прилози од сите митинзи на политичките партии. Во некои вести за одделни партии воопшто немаше извештај од митинг, туку само од пресконференции. Телма објави и неколку прилози со критички став за предизборните активности на Владата (често во најавите): „На последниот ден од изборната кампања свечено е пуштена жичарницата до Милениумскиот крст на Водно, на која учествуваа претставници на власта на чело со премиерот Груевски. Ваквата свеченост е уште еден пример на засилената кампања да се искористи владината позиција во партиски цели, при што се редеа настани – од удирање камен темелници се до сечење ленти.“ (3 јуни) 38 | „МОЈОТ ИЗБОР 2011“


Новинарите на Телма мошне ретко ги коментираат ставовите и дејствијата на актерите. Се забележува мала предност за опозицијата, можеби само во давањето повеќе минутажа на можноста актерите од опозицијата да ги изразат своите ставови во споредба со тие од владејачката коалиција. Освен тоа, блага предност во минутажата за опозицијата кај Телма се забележува кога таа ги критикува конкурентите од власта, отколку што е тоа случај кога критиките се во спротивен правец.

Кај медиумите на албански јазик делумни недостатоци во помал обем констатирани се главно кај избалансираноста на уредувачката агенда, т.е местото и важноста кое им е отстапено на политичките актери во вестите и начинот на кој тие се претставени преку техничките средства и уредувачките интервенции што ги имаат на располагање. Поконкретно, тие се забележуваат во однос на наклонетоста на уредувачката политика при креирањето на редоследот на прилозите во вестите, зголеменото и повторувачко известување за одреден актер и суптилното фаворизирање на одредени политички субјекти преку зголемено известување за нив надвор од изборните рубрики, а делумно и со позитивна конотација или поголемо и позначајно присуство во визуелните прикази (фотографиите, снимките, кајроните, табеларните прикази, насловите), како и во поголемиот простор отстапен за ставот на актерите кој е пренесен автентично, преку директни изјави и тонски снимки, директно присуство во студиото, или присуство со линк во директен пренос од местото на настанот.

39 | „МОЈОТ ИЗБОР 2011“


Кај медиумите на албански јазик, опфатени со овој мониторинг, беше забележано релативно умерено и избалансирано известување за четирите моментно најактивни политички субјекти со гласачи претежно со албанско и за двете најголеми партии со гласачи претежно со македонско етничко потекло. Другите партии на Албанците (ПДП, НДУ, ДУА) и на Македонците (ЛДП, ОМ, ВМРО-НП, СДУ, Демократска десница, ПОДЕМ итн.), како и кај македонските медиуми, беа далеку помалку застапени. На МТВ 2 и на Алсат-М се организираа 7 дебати, каде албанските политичари од спротивставени политички опции дебатираа меѓу себе, но отсуствуваа претставници на ДПА, и партиите со претежно македонско гласачко тело. Отсуството на претставници од другите етнички заедници при известувањето во дебатните емисии и кај медиумите на македонски и на албански јазик, само укажува на поделениот медиумскиот простор и на јавната сфера кај нас. На тој начин се создава и впечатокот како да постојат две паралелни „реалности“, како последица на стереотипните поделби на „ние“ и „ тие“. Кај медиумите на албански јазик, овој пристап можеби делумно може да се оправда и со јазичната платформа и целната публика на која и се обраќаат 40 | „МОЈОТ ИЗБОР 2011“


медиумите на албански јазик. Во тој контекст, за поздравување е пристапот на телевизијата Алсат-М, која титлуваше дел од дебатите меѓу актери-Албанци на македонски јазик. Кај македонските медиуми, што се однесува до етничкиот баланс во вестите, кај повеќето телевизии се известуваше за активностите на поголемите албански партии во изборната рубрика каде се пренесуваа извештаи од пресови или од митинзи, но ретко надвор од неа. Пример за ваков забележителен исклучок е веста за информациите добиени од Викиликс, во која се објаснуваше што разговарале лидерот на ДУИ А. Ахмети и американскиот амбасадор во Македонија Ф. Рикер, а која ја пренесоа повеќето медиуми. Информациите за изборните активности на ДУИ како владејачка, односно за опозиционите партии на Албанците кај повеќето телевизии беа поместени по извештаите за партиите од македонскиот блок и тоа кон крајот од вестите. МТВ 2 одбра пристап воопшто да не ги коментира и анализира, туку само да ги пренесува настаните, базирајќи се исклучиво на прецизни извори. Но, од друга страна, беше забележана блага наклонетост на уредувачката политика кон ДУИ како владејачка партија, главно поради воочливото зголемено известување за нејзините активности во ударните вести надвор од изборната рубрика, при што значаен дел од известувањето отпадна на предизборни настани, на кои присуствуваа и говореа министри и јавни функционери кои истовремено беа и кандидати на оваа партија на изборите. Кај МТВ 2, на пример, преку квантитативните податоци е видливо и доминантното присуство на пренесувањето на информациите за ставовите и мислењата на државните функционери и партиските функционери од ДУИ. Кај речиси сите други актери од сите други партии (освен НДУ на Руфи Османи) доминираат општите информации за нивните активности, пренесување на дискурсот на меѓусебно оценување и критикување, а не посуштинското пренесување на ставовите на актерите.

На МТВ 2, во однос на претходните циклуси, беше забележано дека на изборната рубрика и се дава предност во однос на останатите настани покриени од уредувачката агенда. Но, со ова само „технички“ и несмасно се одбегнува недостатокот што беше нотиран со претходните мониторинзи на ОДИХР. Имено, иако сега прилозите за изборите беа речиси секогаш први во уредувачката агенда, изборната рубрика беше штура, и во неа политичките партии беа присутни два до три прилози, еден од кои редовно е само најава за митинзите од таа вечер на главните 4 партии од „албанскиот“ и двете најголеми партии 41 | „МОЈОТ ИЗБОР 2011“


од „македонскиот“ политички блок. Притоа, скоро секогаш во збороредот на новинарот во овој повторувачки прилог најпрвин беа најавувани митинзите на ДУИ. За жал, и овој пат МТВ 2 главните информации за активностите на партиите ги емитуваше во доцните вечерни часови, надвор од ударното време на гледаност. Делумно, овој недостаток беше надоместен со емитуваните интервјуа и дебатни емисии, со кои граѓаните добија можност да се информираат подетално со понудите на активните политички актери кај Албанците во Македонија. За останатите настани од земјата кои следеа во ударните вести на МТВ 2 доминираше известувањето за активностите и ставовите на државните функционери, со доминација на функционерите на албанската партија на власт, во однос на другите државни функционери, за кои исто така се известуваше. Доминираше известувањето за нивното присуство на промотивни настани (отворање нови објекти, поставување камен темелници, најава за инвестиции во инфраструктура, итн). На пример во еден ден, 2 јуни, беа забележани дури 6 прилози за активности на владини министри или градоначалници, 5 од кои беа од промотивни настани. И во другите денови, надвор од изборната рубрика, која беше релативно избалансирана, доминираше известувањето за државните функционери надвор од нивните редовни активности, и тоа претежно при промотивни настани. Иако известувањето при вакви настани беше речиси секогаш неутрално и трансмисионо, ваквата уредувачка политика и давање поголем пристап на политичките актери, кои воедно беа носители на јавни функции, може само делумно да се оправда со обврската на јавниот сервис да известува за новоотворени јавни објекти или пуштање во употреба на друга инфраструктура, кои граѓаните ќе можат да ги користат, а претераната присутност на овој тип на известување може да се протолкува и како благонаклонетост на уредувачкиот тим на МТВ кон политичарите кои се моментално носители на функции, а и кандидати на овие избори. Кај МТВ 2 беа забележани само неколку прилози во кои можеше да се насети дисбаланс во начинот на кој новинарот ја гради својата сторија и ги избира изворите. Таков е случајот со прилогот за настанот на „Борка“ за борба против ракот на 28ми мај, каде од сите присутни политичари беше пуштена само изјавата на министерот Османи, иако други медиуми дадоа изјави и од други политички актери кои беа на настанот (нпр, Алсат-М М, колку за споредба, во прилогот за истиот настан има изјави и опозицискиот кандидат Шеќеринска, и од актуелната министерка за внатрешни работи и кандидат на владејачката партија Јанкулоска). Сличен недостаток можеше да се забележи во прилогот за поменот на загинатите цивили од семејството Зимбери во конфликтот од 2001 година во село Слупчане, каде што беа пуштени аудиовизуелни изјави снимени на самото место на претседателот на здружението на ветераните на ОНА и градоначалникот на Липково, а не и изјава на Абедин Зимбери од ДР, за чиешто семејство се држеше поменот. Наместо тоа, новинарот избра да пренесе на самиот крај од прилогот: „во име на семејството се заблагодари Абедин Зимбери“, без воопшто да покаже снимка на Зимбери од настанот, или да пренесе негова изјава. Кај МТВ 2 во два случаи (26 и 27 мај) беше забележано и нецелосно објавување на податоците за објавените анкети. Кај објавувањето на анкетите се забележува и користење на зборови како „победници на изборите“, „убедливо водство“ во известувањето и во испишаните кајрони (т.е визуелната презентација на анкетата) за партиите кои водат во 42 | „МОЈОТ ИЗБОР 2011“


анкетите кај македонскиот и албанскиот политички блок, што може да се протолкува како фаворизирање на одреден политички субјект. Индиции за помала наклонетост на уредувачката политика кон владејачката ДУИ беа забележани и кај Алсат-М, поради редовното давање на примат на прилозите за митинзите на ДУИ во изборната рубрика, и поради забележаното зголемување на известувањето за промотивни настани на кои присуствуваа функционери од оваа партија кои се кандидати на овие избори. Бројот на прилозите надвор од изборната рубрика за функционерите на ДУИ е поголем од оној за сите други партии на Албанците заедно, дури и ако се исклучат прилозите каде што функционерите на оваа партија настапувале како државни функционери. Од друга страна, известувањето во овие прилози беше неутрално, и во рамките на добрите новинарски практики, а во известувањето на Алсат-М имаше и критицизам, кој беше воочлив во известувањето за власта и за партиите воопшто. Во првите минути на ударните вести на Алсат-М на албански јазик се известуваше пред се за главните светски и домашни настани, вклучувајќи ги тука и информациите за други аспекти на изборниот процес и политичката битка надвор од митинзите, кои беа покриени со изборната рубрика. Меѓу другото, се известуваше за средби на политичките партии со други групи на интерес, земјоделци, стопански комори, итн, но и од пресовите на политичките партии, каде се изнесуваа партиски програми, но далеку повеќе партиските говорници се користеа за меѓусебни обвинувања. Известувањето за политички актери на главните партии на Албанците и двете најбројни кај Македонците во овој дел на вестите надвор од изборната рубрика беше неутрално, а во прилозите, речиси без исклучок, е присутен ставот на оние кои се засегнати од темата, кој се пренесува автентично и професионално. Сепак, може да се констатира дека присуството на главните опозициски партии на Албанците во првите ударни четири-пет прилози на вестите пред изборната рубрика беше помало во однос на претставниците на владејачката партија. Можеби тој впечаток се засилува поради значителното известување за претставниците на владата и министерствата, кое се зголемуваше како што наближуваше крајот на кампањата. Сепак, известувањето не беше ставено во функција на промовирање на властите и беше неутрално, иако неретко се известуваше од промотивни настани организирани од државните функционери, што се секако се должи на зголемената активност и на државните функционери и нивно присуство на разни настани во последните денови на кампањата, но и на одлуката на уредништвото да ги следи оние настани, за кои таа смета дека се важни за гледачите претежно од албанско етничко потекло. Со тоа, Алсат-М во кампањата делумно се однесуваше и како јавен сервис, што е еден континуитет во уредувачката политика на оваа куќа. Севкупно, ставовите на владејачката партија и нејзините функционери надвор од изборната рубрика биле застапени во 14 прилози, а бројот на сите други прилози во кои се изнесуваат ставовите на опозициските албански партии изнесува 6. Во овие 14 прилози во кои се известува за ДУИ, нејзините истакнати членови и функционери (вклучувајќи ги државните функционери) и нивните ставови и активности, 9 прилози се од псевдо-настани (прес-конференции, состаноци, средби), 4 од промотивни настани, и 1 од актуелен настан (фудбалски меч со политичкиот ривал ДПА),. Во 11 од овие 14 прилози ДУИ и нејзините функционери се единствената страна за чијшто став и активности се известува. Од овие 14 прилози, шест се извештаи за промотивни и псевдо-настани на кои политичките претставници на оваа партија се појавувале како носители на државни функции, а осум кога тие настапувале како партиски функционери. 43 | „МОЈОТ ИЗБОР 2011“


Од друга страна, за ставовите на ДПА надвор од изборната рубрика има вкупно 3 прилози, од кои еден актуелен настан за фудбалскиот меч меѓу активистите на ДПА и ДУИ, едно присуство во прилог во кој ДПА обвинува за користењето на приватната посета на косовската претседателка Јахјага од страна на ДУИ во кампањата, и еден прилог од прес на ДПА, во кој се обвинува ДУИ за, како што се вели, „моноетничките проекти“ на досегашната влада. Само во еден од овие прилози има присуство само на ДПА како актер, а во таа едиција на вести веднаш по тој прилог следеше и реакција на ДУИ, со што се постигнува баланс и неутралност во известувањето. Во градењето на прилогот преку тоа што новинарот го пренесува за актерот и од него кон јавноста, Алсат М зазема еден коректен пристап, пренесувајќи ги доминантно ставовите на актерите, а отстапувајќи помалку простор за меѓусебните оценувања на актерите

Севкупниот број на прилози за другите две поголеми албански партии (НДП, ДР) е 3, во кои тие изнесуваат критики на сметка на ДУИ, а во истите прилози, кои се неутрални и коректни, се исто така застапени и ставовите на оваа владејачка партија. Во ударните вести на Алсат-М во овој период, изборната рубрика е избалансирана, но е обмислена речиси исклучиво како известување од партиските митинзи. Во прилозите во оваа рубрика (редовно за четирите доминантни партии кај Албанците и 2 кај Македонците) се упатува на главните акценти од говорите на политичарите, кои се илустрираат со куса изјава од митингот. При изборот на изјавите, уредништвото на АлсатМ има поумерен пристап, и се труди да селектира изјави на говорниците на митинзите за различни области, со што редакцијата се обидува да продуцира разноликост на теми во различни денови кај актерите. Сите присутни актери (тоа се речиси секогаш 6 партии) добиваат речиси еднаков третман во однос на времетраењето и визуелизацијата. Од друга страна, забележително е дека изборната рубрика секогаш почнува со прилог за митинзите на ДУИ. Исто така, треба да се забележи дека изборната рубрика во повеќето денови беше сместена подолу во уредувачката агенда.

Весници Кодексот на новинари на Македонија наведува дека новинарите треба да се придржуваат кон етичките стандарди, кои налагаат да се обезбеди професионална

44 | „МОЈОТ ИЗБОР 2011“


дистанца од политичките субјекти,18 како и почитување на плурализмот на идеи и ставови19 што подразбира застапеност на различни и спротивставени гледишта. Според Кодексот на професионални принципи на ИФЈ, пак, новинарите кои се стремат да работат по највисоките стандарди треба да бидат независни од политички, комерцијални и други интереси.20 Овие правила важат независно од тоа дали станува збор за печатени или за електронски медиуми. Кога се зборува за избалансираност и непристрасност кај печатените медиуми, треба да се истакне разликата која Советот на Европа ја прави во однос на радиодифузните медиуми: на печатените медиуми генерално им е дозволен поголем степен на пристрасност отколку на радиодифузните медиуми. Според препораките на Советот на Европа, не постои посебна регулатива за печатот во однос на известувањето или во однос на уредувачкото покривање на изборите во земјите членки на оваа организација. Врз основа на традицијата и со оглед на различната природа на печатените и радиодифузните медиуми, кај првите се толерира постоењето на умерена политичка наклонетост. Начинот на кој публиката има пристап до весниците и начинот и на кој тие имаат влијание врз публиката, суштетствено се разликува споредено со радиодифузните медиуми. 21 Иако на прв поглед Кодексот на новинарите на Македонија и Кодексот на ИФЈ како да отстапуваат од препораките на Советот на Европа, во демократиите на Западна Европа и САД вообичаена практика е да се дава предност на саморегулирачките механизми и тела. Угледните и мненски влијателните весници кои ја почитуваат својата публика и јавноста, со цел да ја задржат својата позиција на продаден тираж на пазарот, консеквентно инсистираат на етичките стандарди, бидејќи тоа се вредностите кои новинарите се обврзале да ги почитуваат со влегување во професијата. Во Македонија не постои регулатива која се однесува на печатените медиуми, но и во услови на најфлексибилно толкување на препораките на Советот на Европа, печатените медиуми треба да се раководат од уставната рамка за правата и слободите на јавно информирање и на медиумите, како и од почитувањето на базичните професионални стандарди во известувањето, новинарската и етиката на медиумите. Затоа во ова истражување печатените медиуми се составен дел од анализата во однос на избалансираноста и непристрасноста, негувањето на плурализам на идеи и мислења, дали е застапена или контактирана и втората страна и остварувањето на уставно гарантираното право на демант. Експлицитна пристрасност беше забележана кај дел од весниците на македонски јазик, почнувајќи од фаворизирачки или прекритички насловни конструкции на ударните страници на весниците, преку изборот на темите, преку покривање или непокривање на настаните (визуелно или текстуално), преку отстапување повеќе простор за одредени политички субјекти, се до едностраното известување, кое во некои текстови се базираше само врз ставот на новинарот. Кај некои весници се сретнуваа иронични, навредливи, па дури и недолични наслови („Некој фрлал шишиња врз Радмила, да не возел Бранко пред неа?!“, (Вечер, 3 јуни 2011) и „Ј***логија“, наслов на коментар во Вечер, 30 јуни 2011), а некаде се сретнуваа и 18

Кодекс на новинарите на Македонија. Чл. 14 Ибид. Во делот Принципи на однесување 20 Кодекс на принципи на ИФЈ во White, Aidan (2008) „To tell you the truth – The Ethical Journalism Initiative“. Brussels: International Federation of Journalists. Стр. iii 21 Совет на Европа, Комитет на министри. Препорака бр. Р (99) 15 на Комитетот на министри до државите членки за мерките што се однесуваат на медиумското покривање на изборни кампањи 19

45 | „МОЈОТ ИЗБОР 2011“


наведувачки/агитирачки конструкции: „Предизборен удар врз идната мандатарка Нападот врз Шеќеринска е застрашувачки сигнал“ (Време, 3 јуни 2011). Беа забележани и фотографии на насловна страна, со контрадикторна симболика и наслов: беше прикажана црвена бесилка за изборниот процес, но во заднина доминираше црвената боја со плакати од ВМРО-ДПМНЕ („Бесилки за изборниот процес“, Време, 2 јуни). Во весникот Време, кој се поврзува со Рамковски, во голем дел текстови очигледно е дека и се дава многу повеќе простор на СДСМ и други опозициони партии (ВМРО-НП и ОМ), во споредба со ВМРО-ДПМНЕ, кон која се негува доминантно критички став. Може да се претпостави дека причината е истата која беше истакната на А1 - дека владејачката партија ги бојкотира со недавање изјави и одбивање да учествува во интервјуа или дебати. Се користат повеќе механизми за да се нагласи критичкиот тон кон владејачката партија: еднострано известување, наведувачки наслови, оставање голем простор за експерти и политички соперници критични кон ВМРО-ДПМНЕ, фотографии кои не соодветствуваат со текстот, критики и негативен тон кон најистакнатите раководители на оваа партија и слично. Примери за еднострано известување, каде експертските искази експлицитно ги ставаат ВМРО-ДПМНЕ во негативно светло или изнесуваат негативни ставови за состојбите и развојот на државата се забележуваат во текстовите „Манифестот се загуби во навредите“, (27 мај) или „Скопје 2014 ќе му пресуди на Груевски“ (3 јуни).

Се сретнуваат наслови кои отворено агитираат за опозицијата и против власта, а некои се наведувачки („Предизборен удар врз идната мандатарка - Нападот врз Шеќеринска е застрашувачки сигнал“ (3 јуни 2011)). Друг пример за негативно наведување во наслов е текстот „ВМРО-ДПМНЕ однапред бара виновници – Странците алиби за изборните инциденти?(31 мај), во кој се вели дека ВМРО-ДПМНЕ разработувале сценарио да ги „обвинат тајните служби на една соседна држава“, што требало да и послужи како алиби доколку на изборите се случат инциденти. Со самото доделување на толку голем простор на политичките соперници на Н. Груевски (СДСМ, ВМРО-НП и ОМ) се промовираат ставови со кои уредништвото е априори контра ВМРО-ДПМНЕ. Пример за претерано фаворизирање се сретнува дури и кај подлистокот „Фармер“, каде на три страници во позитивно светло се презентирани политики од програмата на СДСМ за земјоделието. (23-24 мај, 2011). Весникот Вечер, од друга страна, го следи моделот на ТВ Сител: се забележува често фаворизирање и промовирање на активностите на владините функционери („Зелениот картон поефтинува за 30 проценти“, „Земјоделците остануваат силен партнер на ВМРОДПМНЕ“, „Македонија доби европска гинекологија“ (1 јуни), „Ново помошно фудбалско 46 | „МОЈОТ ИЗБОР 2011“


игралиште во Кадино“ (28/29 мај)), а се критикува опозицијата („СДСМ украл пола милион евра од самиот себе“ (1 јуни, „Љубе, Љубчо и Бранко го губат членството“ (26 мај) итн. Одредени наслови, исто така, изразуваат фаворизирање, како на пример, насловот на насловна страница „И на митинг ВМРО-ДПМНЕ, дупло пред СДСМ“(31 мај) е вовед во 2 и 3 страница. На втората страница следува уште еден наслов „Сликите се кажуваат!“, при што на цела страница се распослани фотографии од централниот митинг на владејачката партија, како и две споредбени фотографии од Гугле (Google Earth) кои треба да прикажат дека на митингот на ВМРО-ДПМНЕ имало повеќе народ отколку на оној на СДСМ. Во текстот, пак, на третата страница, насловна конструкција „Централен митинг на ВМРОДПМНЕ во Скопје, најмасовен досега во плуралистичка Македонија – Груевски: Победуваме!“, истакнува фаворизирачки тон кон владејачката партија, за чиј митинг во текстот се вели дека „според проценките е еден од најмасовните во плуралистичка Македонија.“ Весникот повеќепати не ја консултирал втората страна во приказната (како на пример во текстовите „И Бранко како Велија, со прехранбени производи на црно“ (25 мај), „Тука те чекавме, бе брат!“ (1 јуни), „Победа му изгради куќа на Љубе на Бале!“ (3 јуни) итн. Кога се зборува за овозможување плурализам на мислења и развивање демократска дебата, треба да се каже дека во политичките текстови во Вечер многу ретко се сретнуваат експертски мислења.

Кај весниците Дневник и Утрински весник не се евидентирани поголеми и експлицитни отстапувања од професионалните стандарди за непристрасност и избалансираност. Сепак, се забележуваше суптилно критикување или фаворизирање на одредена политичка опција, и тоа не толку преку новинарски ставови во текстовите, туку повеќе преку изборот на темите. Генерално гледано, тоа се покажува преку изборот на темите, афирмативни или критички наслови кај некои текстови, преку позиционирањето на текстовите и фотографиите, преку изборот на експерти и колумнисти блиски до одредена опција. Треба да се забележи дека кај двата весника имаше релативно избалансираниот пристап, кога се зборува за отстапување простор за интервјуа, портрети на политичарите од различни политички опции кај Македонците и кај Албанците, како и претставување на изборните единици. Во весникот Дневник, се забележува ситуација кога кај еден дел од текстовите тонот е благо афирмативен за власта, но се сретнуваат и текстови каде таа се критикува, преку изворите, или, пак, ставовите на некои колумнисти. Онаму каде што весникот навестува 47 | „МОЈОТ ИЗБОР 2011“


суптилна наклонетост кон владејачката партија, тоа не е експлицитно демонстрирано преку новинарското известување, туку произлегува од изборот и пласманот на темите и од дел од насловите. На пример, на 27 мај на насловна страна на весникот е текстот „ВМРОДПМНЕ со 100.000 гласа предност пред СДСМ“, во кој се објавуваат резултати за анкетата на агенцијата Рејтинг. Текстот е илустриран со голема неутрална фотографија (графикон). Од друга страна, пак, текстот: „Опозициски кандидати за пратеници соработувале со тајните служби“, во истиот број, весникот се повикува на неофицијални извори за да се истакне дека тие биле од опозициските партии. Или, на 31 мај, на втората страница има обемен извештај со две фотографии (едната од птичја перспектива) од митингот на ВМРО-ДПМНЕ пред Владата во Скопје. („Груевски: Црвенковски на 5 јуни ќе замине во пензија“), или, пак, направено е интервју со шведската парламентарка која беше дел од караванот на ВМРО-ДПМНЕ (26 мај) итн.

Од анализата не може да се констатира експлицитно пристрасно известување во однос на една или друга политичка опција. Текстовите најчесто ја консултираат втората страна. Во однос на група експерти кои се консултираат на различни теми поврзани со изборите, се забележува дека неколкумина се појавуваат по најмалку два пати (Ж. Даскаловски, Б. Ванковска, Н. Поповски). Во Утрински весник не се сретнува експлицитно фаворизирање на некој политички субјект, колку што се забележува покритички однос кон владејачката ВМРО-ДПМНЕ. Поретко тоа е оценка на новинарите во текстовите, а повеќе се гледа преку насловите, позиционирањето на текстовите и слично. На пример, во текстот „Немојте за овој, немојте за оној, кој е нервозен?“, доминира сликата на Груевски, во однос на помали слики со иста димензија за Бошковски , Георгиевски и Ангелов ). Меѓутоа, овие тројца актери не се доминанти - што визуелно наведува на заклучок дека сликата на Груевски е одговор на прашањето во насловот „[...] кој е нервозен? (25 мај 2011). Или, пак, насловот „Можен ли е пресврт на изборите“ од 1 јуни, кој оди на насловна страна, исто така, може да се протолкува како инсинуирање. Од аспект на плурализам на мислења, и во Утрински се забележува фреквентно користење на изјави од неколкумина од група експерти, при што во 10 броја на весникот неколку експерти биле консултирани по најмалку два пати (П. Арсовски, М. Најчевска, О. Кадриу, Ѓ. Спасов, В. Мисев, В. Божиновски), а еден дури 4 пати (Н. Поповски). Меѓутоа, исто така треба да се констатира дека во мониторираниот период, Утрински во најголем дел текстови најчесто ја консултирал и втората засегната страна во текстовите, и притоа е наведено доколку поради некои причини не успеале да добијат изјава. („Шекеринска го 48 | „МОЈОТ ИЗБОР 2011“


вика Груевски на дуел“, 26 мај, „Стевчо и Љубе го плашат премиерот“ на 1 јуни, 2011). Весникот објави и демант на текстот „Ни висат европските пари за Коридорот 10“ од 28/29 мај, објавен на 31 мај.

Во Утрински, во однос на етничката застапеност, за истакнување е дека се консултираат експерти од албанската заедница („Се китат и со туѓи инвестиции“, професорката Ш. Хаџимустафа од Универзитетот на ЈИЕ во Тетово, 28/29 мај, односно „Идила во албанскиот блок“, соговорници се О. Кадриу и С. Тахири, 28/29 мај итн). Кај весникот Нова Македонија, освен во некои авторски текстови, не се забележани прекршувања на професионалните принципи. Најчесто се известува избалансирано и не е забележано јасно и експлицитно приклонување кон одредена политичка опција. На пример, во една критичка анализа за партиските пораки се наведуваат двата слогани, на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, еден до друг: „Да ја завршиме кариерата на Бранко Црвенковски – на 5 јуни!“ и „За да им ставиш крај на лагите на Груевски – излези и гласај на 5 јуни.“ Понатаму следат критички осврти од експерти насочени кон пораките што ги испраќаат двете најголеми партии на Македонците – ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. („Го вклучија егото, го исклучија граѓанинот“, 31 мај 2011). Дури и во фотографиите се настојува да се обезбеди баланс, како во текстот „Валкај локално, трпи изборно“ (3 јуни), во кој се претставени и Груевски и Црвенковски како гледаат на две спротивни страни. Редакцијата настојува да постигне избалансираност со тоа што кога во еден текст се презентираат ставови на учесници во кампањата, тие се спротивставени еден на друг и со приближно ист отстапен простор: како на пример ставот на ВМРО и СДСМ за името („Партиите избегнуваат да зборуваат за името“, 26 мај 2011). Исто така, во рубриката „Изборна дневна доза“ се пренесуваа кратки вести со активностите и ставовите на политичките партии. Се сретнуваат и одделни авторски текстови каде новинарот отворено зборува позитивно за ВМРО-ДПМНЕ, а негативно за Црвенковски („Црвенковски се замислување како екстра вешт муватор, и потврден државотворец“, (3 јуни 2011), но има и коментари во кои избалансирано се критикуваат состојби. На пример, поднасловот на „Политичкото цунами во јавниот сектор“ гласи „Сведоци сме како деновиве брутално и безобразно и се одзема душата на администрацијата. Кој како ќе стигне, власт, опозиција, медиуми.., навалиле на јавниот сектор.“ (26 мај)

49 | „МОЈОТ ИЗБОР 2011“


Весникот Нова Македонија, поради аналитичкиот пристап во текстовите, консултира поширок круг експерти, од различна етничка припадност, од кои поретко некои се повторуваат и по два пати во десет изданија на весникот (Ж. Даскаловски, А. Муслиу, И. Мехмети, З. Савевски, С. Тахири). Во весникот Коха на албански јазик, иако е забележлив можеби најизбалансиран пристап во известувањето за активностите и ставовите на партиите на Албанците (дури и за помалите), евидентен е фактот дека, освен еден серијал критички текстови, целосно отсуствува известување за кампањата и ставовите на Нова Демократија.22 Занемарливо е и известувањето за помалите партии кај етничките Македонци, а текстовите за изборните каравани на двете најголеми партии и коалиции со гласачи претежно од македонско потекло во страниците посветени на изборите речиси редовно се објавуваа без фотографија.

И кај Коха делумно се забележува зголемено известување за носителите на јавни функции од редовите на владејачката ДУИ и често користење на функционери како извори во сториите, што може да се протолкува како пристрасност, но при тоа новинарите се неутрални кон актерите. Во Коха може да се забележи и критицизам на адреса на законодавната и особено извршната власт, но и на партиите воопшто. Таков е примерот на текстот со наслов „Професорите во камапања, образованието на одмор“ (доминантен дел од насловната страница и од 3 страница, 27 мај), во кој се критикува вклучувањето на вработените од образованието во партиските активности, со што се подрива образовниот процес во најважниот период, т.е крајот на учебната година. Истиот ден, на истите страници, Коха објавува текст со наднаслов „Партиите ја игнорираат фискалната политика“ и наслов „Не зборуваат за даноците“. Во текстот новинарот прави анализа на ставовите и програмите на партиите со претежно албанско гласачко тело за оваа област, и, иако ги пренесува нивните ставови за ова прашање, ги критикува партиите за 22

Во овој контекст, треба да се земе предвид дека оваа одлука на уредувачката политика е под влијание на јавните несогласувања меѓу неа и политичката партија, на чијашто листа, меѓу другото, беше и кандидат кој е управител на конкурентски медиум, релации кои влијаат негативно на можноста новинарите да известуваат професионално и докрај во согласност со добрите новинарски практики за известување при изборите

50 | „МОЈОТ ИЗБОР 2011“


недоследностите, недореченостите и малото внимание што го посветиле на овој дел од економските програми. Слична критика се упатува во викенд изданието од 28/29 мај, овојпат на адреса на недоволната идеолошка профилираност на партиите на Албанците (наднаслов „Албанските партии без профил“, наслов „Лево-десно, за да се земе власта“, доминантен дел од насловната страница и страница 3), или пак за финансирањето на партиите воопшто („Црните пари на партиите, појдовна точка за корупција“, (25 мај) најавено на насловна страница и поопширно на страна 3). На оваа линија на критика е и доминантниот текст на насловната и 3 страница од изданието на Коха од 23/24 мај (наднаслов „Албанците немаат кадровска политика“, наслов „Лидерите не го положуваат испитот за избор на кадри“), во кој се пренесуваат ставовите на аналитичари и експерти кои ги критикуваат партиите на Албанците за слабите кадровски понуди на овие избори.

Тон на известувањето

Во квалитативна смисла, тонот на известувањето се проценува според застапеноста на повеќе елементи, а во прв ред: дали постои експлицитна оценка на новинарот за релевантниот субјект; каква е рамката во која се информира за конкретен субјект; дали се користи манипулативната употреба на филмови, слики и звуци; каков е изборот на зборови; дали се почитуваат професионалните стандарди. Рамката ја претставува вредноста на новинарскиот прилог за субјектот, односно контекстот на известувањето. Поимот на ’врамување’, имено, не е поврзан со вистинитоста или невистинитоста на контекстот, туку со светлината што тој контекст ја фрла врз субјектот. Постојаното известување за определен политички субјект во проблематичен контекст (на пример настани со насилство, покренати постапки за корупција итн.) во текот на кампањата може да укажува на намера субјектот да и се претстави на јавноста во негативен контекст; Кога се говори за манипулативната употреба на филмови, слики и звуци се мисли на конзистентно користење на агол на снимање со кој масата луѓе присутни на собирите на одделни партии или кандидати се прикажува да изгледа поголема отколку што реално е, додека пак со аголот на снимање на собирите на други организатори на кампања се прикажува да изгледа дека се присутни помалку луѓе. Други слични примери се: емитување филмски снимки што не кореспондираат со настанот за кој се известува, со цел да се фаворизираат одделни партии или кандидати; користење придружни музички или визуелни ефекти кои му даваат предупредувачки, сатиричен, патриотски или оптимистичен тон на прилогот; и употреба на манипулативни тонови на гласот или сарказам од страна на новинарите и презентерите. Следната суштинска димензија на тонот на известување е изборот на зборови (или реченици) кога се известува за политичките субјекти или кога се презентираат информациите. На пример, провладините медиуми може во прилогот да го пуштат премиерот со директна изјава за некоја појава или процес, а лидерот на опозицијата само да го цитираат. Затоа, покрај новинарските прилози во мерењето на времето посебно ќе бидат издвоени директните изјави на кандидатите, претставниците на политичките партии, претставниците на власта или другите носители на политички функции.

51 | „МОЈОТ ИЗБОР 2011“


Заеднички именител на овие димензии е почитувањето на основните професионални новинарски стандарди при известувањето.23 Типични примери кои го одредуваат негативниот тон на известувањето беа прилозите на А1 за „Феудализмот во Кратово“ (24 мај 2011 година) и на Сител со наслов „Дебреште запустено – Велија дарува само пред камери“ (25 мај 2011 година). Овие два прилога се само дел од серијалите кои одеа на двете телевизии, а се однесуваа на Љ. Иванов Ѕинго и В. Рамковски. Прилогот на ТВ А1 беше драматично најавен „Пустош: уништени фабрики, луѓе без работа. Кратово во 21 век“. Преку избрани кадри (заклучени порти, скршени прозорци и напуштени хали на фабрики), драматична музика во заднина, избор на зборови како„пустош“, „уништени фабрики, луѓе без работа“, „шокантни изјави“, „скандалозни снимки“, со изјави на акционери и емитување на тајни снимки за уценувани акционери кои мора да ги продадат акциите за да ја задржат работата, соговорници кои зборуваат за сиромаштијата и безработицата, како и за неквалитетна вода за пиење, новинарите од А1 пренесуваат слика за Кратово како за запуштен град. Прилогот го обвинува Љ. Иванов Ѕинго, кој е коалиционен партнер на Н. Груевски за „пустошот“ во Кратово, со што острилото на критиката е вперено и кон Владата. Серијалот на A1 продолжува со прилозите „Како до кратовскиот водовод?“ (Ѕинго го контактирале но не сакал да коментира, но затоа има изјава од С. Јакимовски на лице место од Кратово, кој е носител на листа на СДСМ во Изборна единица 3) и „Уцени кон акционерите на Силекс“ емитувани на 25 мај, „Ѕинго го запоседна и пазарот во Кратово“ (26 мај), „Феудализам во Кратово“ (29 мај), „Македонија е тужена во Стразбур за изворот на ’Добра вода’“ (2 јуни), текст што е пренесен од неделникот „Фокус’). Без оглед дали се вистинити прилозите или не, преку пласирање на прилози во кои Ѕинго е спомнат во изразито критички контекст, може да се согледа тенденцијата за негово исклучително негативното врамување.

23

Канцеларија за демократски институции и човекови права на ОБСЕ/ОДИХР, Директорат за човекови права и Комисија за демократија преку правото (Венецијанска комисија) на Советот на Европа и Европска комисија (2005) Насоки за медиумска анализа во текот на мисиите за набљудување на изборите. Стр. 85

52 | „МОЈОТ ИЗБОР 2011“


На ова следеше серијал од контра-прилози на ТВ Сител што започна со репортажата „Дебреште запустено - Велија дарува само пред камери“, во која кадрите се фокусираат на калливи разорани улици, разрушени сиромашни куќи, ѓубришта, комбинирано со сликите на насмеаниот Рамковски, со испишани црвени бројки врз кадрите кои го означуваат наводниот долг на Рамковски кон државата и драматична музика во заднина. Преку избор на соговорници кои го отсликуваат Рамковски во негативно светло и преку саркастични реченични конструкции на новинарот, се создава дополнителен негативен контекст за сопственикот на А1, кој е во притвор под сомневање на затајување данок во голем износ преку злосторничко здружување. Дополнително на ТВ Сител следуваше и серијал прилози за Кратово на навидум секојдневни теми: „Единствената фабрика за сунѓери успешно работи во Кратово“, „Врвни резултати на ’Добра вода’“, „Кратово-историски град кој прераснува во туристичка локација“, „Кратовчани згрозени од политичката монтажа за водата“, „Ликовите од А1 во први редови на митинзите на СДСМ“, „Кратово - како навистина живеат младите!“ итн (26, 27, 28, 29, 30 мај, 3 јуни). Индикативно е што ниту еден друг град не е толку експлоатирана тема во вестите на ТВ Сител пред избори, како што е родниот град на Ѕинго, што наведува на заклучок дека целта на прилозите е да се амортизира ефектот на серијата прилози на А1. За медиумските познавачи на пропагандата и противпропагандата несомнено е дека (ин)директна мета на овие прилози беше, всушност, Владата на премиерот Груевски.

Освен случајот со Кратово, кај ТВ Сител се забележани и посуптилни примери на врамување. Така, на пример, неколку дена во вестите се обработуваа прилози за бенефициите кои пензионерите ги добиле откако ВМРО-ДПМНЕ е на власт и се правеше споредба дека тоа не било случај во времето на СДСМ (27, 29 и 30 мај). Индикативно е што медиумот предизборно ги потсетува пензионерите што се направила оваа власт за нив. Треба да се напомене и тоа дека на ТВ А1, власта се спомнува, директно или индиректно, како одговорна во прилози на најразлични теми: поплавени домови во скопските села, поради неисчистените канали (24 мај); работниците од “Маврово инженеринг“ кои работеле на владини проекти, а не зеле плата со месеци; четворица наводно се самоубиле поради немаштија („Човечкото достоинство го допре дното“, 25 мај, и „Работата на црно ги натера на бесилка“, 27 мај); “Хакирана Интернет-страницата на 53 | „МОЈОТ ИЗБОР 2011“


Министерство за транспорт од страна на невработен информатичар, кој не може да најде работа (26 мај); во прилогот „Миленко Неделковски должи плати“, соговорникот кој ја чувал фармата со кози на Миленко, а наводно не добил плата за тоа, ја кине членската книшка од ВМРО-ДПМНЕ зашто веќе не бил задоволен од Владата (30 мај) итн. За посебна анализа е еден серијал на социјални приказни нa А1, кои се емитуваат во текот на предизборна кампања, а Владата или институциите се посочуваат како виновници за главните аспекти од приказните. Освен веќе спомнатиот случај со градежните работници, со својата драматична емоционална рамка отскокнува прилогот „Укината социјална помош за едно од двете болни деца од Прилеп“ (25 и 26 мај), за социјално ранливо семејство со дете болно од церебрална парализа на кое Центарот за социјални работи во Прилеп му ја укинал паричната помош наводно поради примениот локум од СДСМ. Дел од серијалот е и „Сторија за малиот Леон“ (31 мај и 1 јуни), за детето за кое, Фондот за здравство е обвинет дека не му покрива трошоци за лекувањето во болница во Белгија. Неспорно е дека социјалните теми во услови на драматично раслојување во општеството, неминовно претставуваат релевантен дел од вестите, а редакциите треба да одвојат ресурси за континуирано откривање, истражување и емитување прилози на вакви теми, со цел да се зајакне јавната свест, солидарноста и правичноста во државата. Неспорно е и тоа дека новинарите треба недвосмислено да ги повикаат институциите на одговорност кога станува збор за кршење права или неисполнување обврски кон одредени ранливи социјални категории. Меѓутоа, треба да се истакне дека кога се работи за чувствителни и тешки човечки или семејни судбини, а посебно за деца или други маргинализирани групи, медиумите се одговорни доколку ги експлоатираат за комерцијални или политички цели. Кога се објавуваат во контекст на предизборните критики на власта или специјализираните институции и служби под нејзина контрола, перцепцијата добива политичка конотација, па слабиот ефект, може и да ја намали важноста на приказната. Со натуралистичката нарација и визуелизација, новинарот и медиумот ги подложуваат на тн. дополнителна виктимизација овие лица или семејства со тешка медицинска или социјална положба. Луѓето во ваква положба, и поради ниското образование и чувството на заштита на приватноста, често може да бидат злоупотребени за политички или други егоистички цели. Друг пример преку кој се гледа негативниот тон на известувањето кај одредени медиуми е забележлив преку покривањето на случајот „Пајажина“, каде централна фигура е сопственикот на ТВ А1 Рамковски. Станува збор за „врамувања“ преку кои јавноста можеше да слушне различна приказна за случајот во различни медиуми. Така, во прилогот „Одложено судењето на Рамковски“ на А1 вестите од 23 мај, 2011 година, највпечатлив е изборот на зборови на новинарот: „Следуваше апсење и постапка во која доминираше желбата на власта да се пресмета со медиумот кој критички ги опсервираше состојбите во земјата“ [...] „Во таа пресметка власта и истражните органи направија низа грешки кои само докажуваат дека станува збор за монтиран политички процес, во која единствена цел е да се задуши слободата на медиумите.“; „Семејството Рамковски порачуваше дека битката за А1 е битка за слободата на говорот.“ Намерата на прилогот е случајот „Пајажина“ да се претстави како битка за слобода на говорот, односно битка против власта која сака да ја задуши слободата на медиумите. Дополнително, визуелно и текстуално се прави конструкција со тоа дека поддршката за наводните преку 700,000 потписи за А1, всушност, е директна поддршка на политичката опција што таа ја застапува. Во вестите на ТВ Сител, пак, од истиот датум, при известувањето за случајот „Пајажина“ новинарот е критички настроен кон Рамковски, коментирајќи дека тој „не 54 | „МОЈОТ ИЗБОР 2011“


издржа, а уште еднаш да не испрати политичка порака како поддршка на Црвенковски и СДСМ: ’5ти јуни изгледа далеку, но јас уште од сега славам,’ рече сопственикот на А1, Време, Шпиц и Коха е Ре среде судница.“ И МТВ 1, како и весникот Дневник ја пренесоа изјавата на Рамковски, а насловот во Дневник вели дека тој „се крсти во изборите“. Доколку споредбено се разгледаат прилозите на А1, Сител, Време, Вечер МТВ 1 и Дневник, ќе се забележи дека последната изјава на Рамковски не е пренесена на А1 и во Време, односно е целосно изоставена, што може да се оцени како своевидно селектирање информации и цензурирање на публиката. Експлицитен пример за врамување е и веста која ја пренесоа неколку печатени и електронски медиуми (Вечер, Сител, Канал 5, МТВ1) дека убиецот од Драчево, кој својата жртва ја чувал во спалната соба, се сликал со Б. Црвенковски и С. Јакимовски. Некои медиуми тоа го претставија како „Убиецот од Драчево пријател со Бранко?!“ (Вечер, 31 мај, 2011) Поврзувањето на лидерот на опозициската СДСМ со овој настан од црната хроника, како и изборот на зборови на некои медиуми, претставуваше обид уште еднаш да се фрли негативна светлина врз личноста на Црвенковски. Во однос на известувањето на Канал 5, забелешки се евидентирани и кај тонот на известувањето, при што, опозициските партии најчесто се претставени во негативен контекст и тоа во почетните прилози на вестите. Во неколку наврати, новинарите изнесуваат заклучоци и конструкции кои се потпираат на непроверени информации. Од друга страна, владејачките партии се претставени во позитивно светло. Еден таков пример е прилогот „Опозицијата свесно манипулира со бројките“ (30 мај, 2011), каде водителот во најавата, која многу наликува на коментар вели: “Како што и се очекуваше – опозицијата денес се обиде преку снимки и фотографии за синоќешниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ пред Владата, да ја манипулира јавноста дека нивниот митинг на 15 мај со кој го прекршија изборниот закон имал двојно повеќе луѓе од митингот на ВМРО-ДПМНЕ. Дека опозицијата со помош на медиумите на Рамковски свесно манипулира говорат фактите, снимките и фотографиите од синоќешниот , досега најмасовен митинг , каде точно се гледа колкава е поддршката што од граѓаните ја има владејачката партија. За да биде појасно кој лаже, а кој ја зборува вистината, најдобро сведочат снимките што имавте можност да ги видите.“

На овие избори можеше прв пат да се забележи симбиозата меѓу традиционалните и Интернет порталите и другите нови медиуми. На МТВ 1 прилогот „Сознанија на Курир за 55 | „МОЈОТ ИЗБОР 2011“


осомничениот убиец од Драчево, Давчевски“ од 30 мај, е во целост пренесен од презентерката на вестите без видео: „Морничави сознанија за осомничениот убиец кој повеќе од една година во спалната соба еден метар под земја ја чуваше својата жртва.“ Овде се појавува замрзната фотографија на која е прикажан Давчевски прегрнат со Б. Црвенковски, претседател на СДСМ и кандидатот за пратеник С. Јакимовски. „Профилот на Давчевски на социјалната мрежа Фејсбук говори многу за неговата личност и карактер, имено истражувајќи го убиството како и неговата личност „Курир“ дојде до фрапантни сознанија и податоци. Овој човек не само што е обожавател на повеќе фашистички групи на Фејсбук, туку и неговите фотографии на профилот изобилуваат со крв и насилство. Воедно како најизненадувачка е фотографијата на која Давчевски е сликан со лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски и со носителот на листата од оваа партија за третата Изборна единица Стевчо Јакимовски.“ До крајот на прилогот како заднина стои истата фотографија. Вообичаена практика е една редакција да пренесува прилог на друга и тоа задржувајќи се главно на факти кои можат лесно да се проверат, а без притоа отворено да се презентира сопствен став. Контекстот во кој се пренесува прилогот е очигледна рамка: податоците од животот на осомничениот убиец, потенцирање на неговата склоност кон крв, насилство и врски со фашистички групи. Па така “неутралното“ преземање на туѓ текст добива карактер на имплицитна критика на претставници на една партија.

Кога станува збор за манипулативната употреба на филмови, слики и звуци, како дел од одредување на тонот на известувањето, на МТВ1 тие беа забележани во 4 прилога на две теми. Два прилога се однесуваа на недоличната изјава на Б. Црвенковски за стечаецот Ј.А, и неговата поранешна сопруга. А, во другите два тема беа Рамковски и „Сведмилк“, при што новинарот користеше слики на кои еден граѓанин му бакнува рака на Црвенковски, архивски снимки кои ја прикажуваа А1 телевизија, нивната екипа, млекарницата „Сведмилк“, снимки од приведувањето на Рамковски и од почетокот на неговото судење и монтирани фотографија на ликот на Рамковски поставен врз пајажина. Во весникот Дневник се забележува бивалентна ситуација. Имено, кај еден дел од текстовите на редакциските новинари тонот е благо афирмативен за власта, а во други таа се критикува, особено преку ставовите на некои надорешни колумнисти. Кога се зборува за тонот на известувањето, треба да се нагласи дека весникот објави еден од најцитираните текстови, на кој се повикуваа како медиумите со про-десничарска ориентација, така и владејачките партии кога ја критикуваа опозицијата и нејзиниот лидер Б. Црвенковски. Станува збор за текстот „Црвенковски крие имот во Хрватска и Србија“ објавен на 24 мај 2011 година, во кој се консултирани двете страни (иако не добиле 56 | „МОЈОТ ИЗБОР 2011“


веднаш одговор од страна на СДСМ), се цитираат спротивставени гледишта, направени се дополнителни проверки и приложени се фотокопии од документи.

Кај Утрински весник негативниот тон за владејачката ВМРО-ДПМНЕ се забележува во некои текстови преку изборот на зборови или поставување прашања на кои лесно може да се претпостави одговорот во некои текстови, како на пример: „Дали најголемата десничарска партија станува свесна дека на овие избори голем дел од гласовите на кои досега се потпираше почнува со сигурност да ги губи, па нервозата си го прави своето и од митинзите се бара гласачите да не го заокружуваат бројот пред ВМРО-НП, Обединетите за Македонија, Достоинство или, пак, на Демократска десница.“ (25 мај). Негативниот тон е изразен и преку конструкцијата на насловите како „Никој не и предвидува блескава победа на ВМРО-ДПМНЕ“ од 28/29 мај. Насловот е прекритички и и противречи на содржината на текстот во кој има сублимат на сите анкети за изборите, од кои повеќето предвидуваат победа на владејачката партија. Во одделни текстови се сретнуваат и новинарски шпекулации, во стилот дека „повеќе од извесно е дека нивниот идентитет (на кодошите, н.з.) неофицијално ќе биде обелоденет преку владејачките партии или медиумите блиски до власта“, во текстот „Предизборен лов на кодоши“ од 2 јуни итн.

57 | „МОЈОТ ИЗБОР 2011“


Кај весникот Време, пример за класично врамување беше фотографијата на насловната страница од 2 јуни 2011 година, на која насловот гласи „Бесилка за изборниот процес“. Прикажана е фотографија со контрадикторна симболика: во преден план е црвена бесилка, а во заднина доминира црвената боја со плакати од ВМРО-ДПМНЕ на кои е заокружено „ДА“, а активисти на партијата седат пред постерите. Иако не се знае ниту кој, ниту зошто ги поставил бесилките, пораката што ја испраќа фотографијата, како и бојата на самите бесилки, наведува на мислење дека ВМРО-ДПМНЕ ќе му наштети на изборниот процес. Генерално, уредувачката политика се стреми да презентира примери и ситуации каде ВМРО-ДПМНЕ е претставен во негативно светло и се критикува опширно за наводно неуспешните политики или незаконски дејствија на партијата.

Во весникот Вечер тонот на известувањето е доминантно позитивен за ВМРОДПМНЕ, а негативен за опозицијата, особено за лидерот на СДСМ - Б. Црвенковски, партиите ОМ и ВМРО-НП. Пример за врамување во Вечер се фотографиите на цела втора страна на 31 мај, над кои насловот е „Сликите се кажуваат“, а пораката е дека ВМРОДПМНЕ имале повеќе приврзаници на централниот митинг од СДСМ. Или, пак, текстот „Тука те чекавме бе брат“ (1 јуни) во кој се пишува за „коалицијата “ меѓу А1 и СДСМ, а илустрацијата е монтирана фотографија со Црвенковски пред кого стојат купчиња пари.

Во Нова Македонија, пак, контекстот во кој се презентирани актерите е најчесто неутрален. Се остава простор на читателот да извлече сопствени заклучоци од презентираните информации. Има неколку примери каде Н. Груевски и ВМРО-ДПМНЕ се 58 | „МОЈОТ ИЗБОР 2011“


претставени во негативно светло. На пример, има напис за предизборните сечења на ленти со саркастичен наслов „Власта вчера најмногу остваруваше,“ (2 јуни) при што има врамени бројки на објекти пуштени во употреба (исто така насловот оди и на насловна страна). Во целина текстот има и сличен тон: „Колку ли ќе отворат утре, на последниот ден од предизборната кампања, покрај веќе најавената жичница на Водно? Од владиниот прв ешалон, најактивен со сечењето ленти и фрлањето лопати е вицепремиерот и министер за финансии З. Ставрески...“. Во истото издание има и поднаслов „најмалку извинувања дал Груевски, иако најчесто му се барале, а најмногу Црвенковски, кој се извинувал и тогаш кога тоа не било јавно побарано од него.“ Сепак не се остава впечаток дека некој се фаворизира, или, пак дека се наведува читателот, туку дека станува збор за фер критика.

Како пример за врамување кај весникот Коха може да се протолкува текстот „Кој ја создаде Нова демократија?“ (28-29 мај 2011), најавен на насловна страница со визуелно инсценирање преку фотографија на која лидерот на партијата Имер Селмани е заедно со премиерот Груевски и вицепремиерот Ставревски (од времето кога Селмани беше дел од Владата), со што новинарот настојува да имплицира одговор на прашањето поставено во насловот.

59 | „МОЈОТ ИЗБОР 2011“


Објективно и точно известување

Објективното известување спаѓа во темелните принципи на професионалното новинарско работење. Во науката за новинарство и комуникации се уште постојат многу дилеми околу дефинирањето на објективноста, затоа што таа сепак, зависи од тоа од која страна се известува. За илустрација на тоа колку објективноста е флексибилен поим, доволно е да се наведат најнови примери од конфликти меѓу одделни земји (на пример, Русија и Грузија во август 2008), при што медиумите ја презентираат верзијата на својата страна како објективна вистина.24 Затоа продолжуваат теориските и професионалните дебати во кои според едни погледи работата на новинарот е само да известува за појавите и за светот и да биде неутрален набљудувач, додека според други новинарот, како и секој друг граѓанин, е длабоко инволвиран во социјалниот и политичкиот живот и негова должност е да идентификува и да промовира акции што ќе донесат добробит за заедницата. Меѓутоа, постоењето на објективна општествена реалност не може да се релативизира до тој степен за да биде доведена под сомнение. Објективноста, според признаени авторитети подразбира веста да биде веродостојна или проверена, да се прикажат спротивставени мислења, да се презентираат дополнителни докази (истражени поткрепувачки факти), употреба на наводници (цитирани мислења, со цитатите новинарот може да обезбеди дистанца кон обработената тема), структурирање на информацијата во одмерен редослед (најважното на почетокот, а следните ставови треба да содржат информации од помало значење). 25 Неопходно е да се истакне дека во известувањето од кампањата кај повеќе медиуми беа забележани вести каде се наведуваат непрецизни извори: „според партиски извори“, „според неофицијални информации“, „експертите велат“, „аналитичарите велат“, „добро упатени извори“, „дипломатски извори“, извори на телевизијата итн. На пример, на ТВ А1, во два прилога во вестите од два едноподруго дена („Во битката за власт не се бираат средства“, 28 мај и и 29 мај), новинарот, повикувајќи се на обвинувања на граѓаните, наведува дека докторката во еден град во внатрешноста, активист на владејачката партија, ги уценувала болните од дијабетес дека инсулин ќе добијат само ако гласаат за ВМРОДПМНЕ. Не се наведува информација дали новинарот ја прашал втората страна, (се вели камерата не успеала да регистрира) се презентираат изјави од соговорници, а информацијата се „поткрепува“ со наводни „кажувања од граѓаните“, кои воопшто не се дел од извештајот. Друг пример на истата телевизија е прилогот „Тајни преговори за името“ од 2 јуни, во кој новинарот, освен на грчките медиуми, се повикува и на неименувани дипломатски извори во Македонија и во странство, кои наводно потврдуваат дека се водат тајни преговори за името. Ваквите медиумски производи познати како “пробни балони“ најчесто се темелат врз чисти шпекулации и поради тоа целта не темата да стане јавно релевантна, туку да се нанесе штета на политичкиот актер за исклучително сензитивно прашање од национален карактер.

24

Кодекс на принципи на ИФЈ, во White, Aidan (2008) „To tell you the truth – The Ethical Journalism Initiative“. Brussels: International Federation of Journalists 25 Кунчик, Михаил и Ципфел, Астрид (1998) Вовед во науката за публицистика и комуникации. Скопје: Фондација „Фридрих Еберт“. Стр. 157 60 | „МОЈОТ ИЗБОР 2011“


Кај поголемиот број телевизии е присутна практиката на потпирање само на еден извор во известувањето. Кај ТВ Сител има прилози базирани на новинарот како извор (не е издвоено како коментар). Притоа новинарот голем дел од времето поставува прашања, дел реторички, а дел упатени кон субјектот на прилогот или кон институциите. Во прилогот „Медиумско-партиска коалиција А1 телевизија - СДСМ“ новинарот, повторно се осврнува на случајот со новинарката од А1 која учествуваше во подготовка на серијалот „Феудализам во Кратово“, поставувајќи јавно низа прашања до новинарката и до институциите, на кои, како што вели не добил одговор, а низ кои се проткаени и квалификации и констатации: „Кој и за кои цели и купил стан на М. Ј.? Кој и за кои цели и ги плаќа ратите од кредитот со кој го отплаќа станот? (нарушување на приватноста) [...] Што ли ја натера М.Ј. да се врати во А1? Дали уште тогаш паднал договор за спонзорство на стан од СДСМ? Дали има и други новинари кои што ги купиле Велија и СДСМ заедно?“... „Немаме ниту одговор од УЈП како и на кој начин новинарите од А1, иако сметката им е блокирана, земаат плата? Дали примањето плата во кеш е кривично дело? Дали неплаќањето на данок е кривично дело? Кој и со кои средства ги врши исплатата на новинарските плати? Кој е тој што влегува во ризик да прави кривично дело само новинарите на А1 да бидат исплатени? Зошто законот во Македонија важи селективно и не се применува кога се во прашање новинарите на А1 телевизија?“ (ТВ Сител, 27 мај 2011) Професионалната етика не дозволува самиот новинар да одговора на своите прашања, при што коментира и изнесува констатации за недокажани или непроверени информации. Новинарот треба да пренесува информација базирана на факти, и да остави гледачот сам да донесува заклучоци.

61 | „МОЈОТ ИЗБОР 2011“


Кај МТВ 1 не се сретнуваат често, но има прилози базирани врз непрецизни и нејасни извори. Еден пример е прилогот „Специјалната војна пред изборниот ден се реализира преку Викиликс“ од 3 јуни 2011, во кој репортерот вели: „А1 телевизија, со тежок фалсификат се обидува да му наштети на премиерот Никола Груевски, а да му помогне на Бранко Црвенковски во изборната трка, дознава МТВ од сопствени извори.[...] МТВ од сопствени извори дознава дека целиот случај е креиран од грчките служби, објавен преку бугарскиот интернет портал Бивол точка бг, а превземен од А1 телевизија. Нашите извори велат дека се работи за класична местенка на штета на Груевски, а во корист на Бранко Црвенковски.“ Целиот прилог се потпира на, како што е истакнато „нашите извори“, па дури и за заклучокот на прилогот се користи истиот „извор“.

Во серијалот прилози за раситнувањето на членството на ВМРО-НП и ОМ, кај Канал 5 има случаи на непрецизно информирање. Така во прилогот „Љубе и Љубчо и натаму губат членство“ (25 мај), и водителот и новинарот во прилогот велат дека 1.200 членови преминале од ВМРО-НП, ОМ и СДСМ во ВМРО-ДПМНЕ. Изворот за бројката е од ВМРО-ДПМНЕ, но не и од партиите кои изгубиле членство, иако е тешко да се 62 | „МОЈОТ ИЗБОР 2011“


претпостави дека некој би давал воопшто информации за сопствената губитничка позиција.

Кај весникот Дневник иако преовладуваат текстови базирани врз извори, во неколку случаи е констатирана употреба на анонимни или непрецизни извори. Така, на пример во текстовите „Дали Црвенковска има и српско државјанство“, новинарот се повикува на „нашите извори“. Во текстот „Преку мито на граница до азил во ЕУ“ покрај прецизните, се користат и непрецизни и неименувани извор ( 25 мај) . За тоа како и претставниците на меѓународната заедница се инволвираат во изборната кампања и меѓупартиските конфронтации илустрација е текстот „Албанците стивнаа, Македонците се разгневија,“ каде се користат „дипломатски извори“, „високи претставници од ЕУ“ (31 мај 2011).

Кај поединечни текстови во Утрински весник се сретнуваат непрецизни извори, како „се дознава неофицијално од иселенички кругови“, “според неофицијални информации“, „според партиски извори, „велат добро упатени клинички извори“, „наш анонимен соговорник, кој бил неколкупати шеф на изборен штаб“. Овие редакциско – уреднички флоскули за избегнување на професионална одговорност или манипулирање со 63 | „МОЈОТ ИЗБОР 2011“


публиката е присутно во неколку текста: „Списоците во дијаспората каша попара“ (26 мај); „Секој со свој дрим-тим“ (31 мај); „Пред избори, сепак ја стокмија гинекологија“ (31 мај), „Кој ќе слави, а кој ќе протестира в понеделник (3 јуни 2011) итн. Во некои текстови во Утрински весник се забележани и инсинуации или сугестивно наметнување заклучоци од страна на новинарот. Така во текстот „Турбо сече ленти ама молчи за парите од ММФ“ (25 мај) се вели: „[...] може да претпоставуваме, односно да заклучиме дека можеби ММФ и' даде еден вид политичка поддршка на Владата, со тоа што и' дозволи предизборно да ги троши слободно фондовските пари.“ Меѓутоа, претходно новинарот вели дека не добил одговор од Министерството за финансии на прашањето колку точно пари се потрошени од кредитот од ММФ, ниту пак за што се потрошени. Консултираниот експерт вели дека „можеме да се сомневаме дека тие пари одат за намени што се поврзани со изборни потреби на власта“, а сепак во првата реченица на текстот се вели „парите од ММФ турбо се трошат предизборно,“ од што се добива впечаток дека се трошат за изборните активности на власта.

И кај текстови во весникот Време се сретнува користење непрецизни извори како „експерти“, „аналитичари, дознаваме „неофицијално“, анонимни извори и слично (пример: „Странците алиби за изборните инциденти“, 31 мај, во кој во првата реченица се вели: „Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ разработува сценарио кое треба да и послужи како алиби доколку на изборите в недела се случат инциденти, дознаваме од партиски извори“. Наместа новинарот се повикува на анонимни аналитичари, за да поентира дека „притисоците и скандалите што се случуваат секојдневно во предизборната кампања, за политичките аналитичари се опасен сигнал и тие прогнозираат дека состојбата може да биде уште полоша в недела, доколку резултатите не се по волја на власта “ („Бесилки за изборите“, 2 јуни 2011).

64 | „МОЈОТ ИЗБОР 2011“


Во весникот Вечер често се користеа непрецизни извори, се сретнуваа текстови во кои не беше консултирана втората страна („И Бранко како Велија, со прехранбени производи на црно“ (25 мај), „Тука те чекавме, бе брат!“ (1 јуни), „Победа му изгради куќа на Љубе на Бале!“ (3 јуни)), а имаше и такви каде самиот новинар беше извор на информацијата, без воопшто да се консултираат други извори на информации.

Весникот Нова Македонија и телевизијата Телма, исто како и медиумите на албански јазик - МТВ 2, Алсат-М и весникот Коха (освен во односот кон Демокрациа е Ре - претежно се базираат на јасни и прецизни извори, со одбегнување на шпекулативни информации.

65 | „МОЈОТ ИЗБОР 2011“


Употреба на „ недоличен“ јазик

Нивото на комуникација на дел од политичарите со јавноста се одвиваше на непримерно ниво, што се рефлектираше и преку начинот на комуникација на медиумите со политичарите и со јавноста. Кампањата изобилуваше со навредлив и вулгарен речник, со лични дисквалификации, со многу иронија и цинизам. Според Етичкиот кодекс на новинарите на Македонија, новинарот треба да се придржува и до општо прифатените општествени стандарди на пристојност...., а наедно „мора да ја негува културата на говорот и етиката. Неспоиво со новинарската професија е непримерната комуникација со јавноста.“ Еден од поголемите гафови во кампањата е поврзан со недоличната изјава на Б. Црвенковски, поранешен претседател на државата и актуелен лидер на СДСМ, која беше повеќекратно пренесена на повеќе медиуми. Најочигледен пример за непримерна комуникација со јавноста во мониторираниот период беше текстот во весникот Вечер, со наслов „ДНО: Црвенковски во потполно пијана состојба изјави дека не ги **** жените на стечајците“, објавен на 26 мај 2011 година. Недоличната изјава на поранешниот претседател на државата која контекстуално е мачо-сексистички вулгарна, но не содржеше експлицитни зборови, во Вечер беше „преведена“ и поставена на насловната страница. Инаку, веста беше преземена од прилогот во вестите на Сител на 25 мај, во кој беше пренесена изјавата на Црвенковски во целост. Насловот на прилогот беше :„Што им порача Црвенковски на стечајците и на нивните сопруги“, а прилогот беше проследен со 66 | „МОЈОТ ИЗБОР 2011“


испишан текст врз замрзнатата слика на Црвенковски: „Овој човек го бара нашиот глас за да биде наша власт. За да може да стигне, бе брат“, при што изјавата беше потенцирана со повторување двапати во истиот прилог. Оваа изјава на Црвенковски, како најголем гаф на кампањата, Сител телевизија ја користи со повторување и во вестите следниот ден. И на МТВ 1 изјавата на Црвенковски беше повторувана повеќе денови во вестите, исто како и спотот со стечаецот. Патем, платеното политичко рекламирање е забрането на МТВ. Изјавата на Црвенковски беше пренесена и на Канал 5 на 25 мај, а потоа беа пренесувани реакции во текот на следните денови, и повторно емитувана на 28 мај. Во вестите на ТВ А1 и во весникот Вечер, пак, изјавата на Црвенковски воопшто не беше спомната во никаков контекст. Несомнено дека улогата на медиумите е да бидат критички настроени и да претставуваат општествен коректив. Меѓутоа, недозволиво е од комерцијални или политички мотиви тие да бидат креатори или комуникациски канали за манипулација со судбината на обичните граѓани, кои во изборните кампањи најчесто се злоупотребуваат. Стечаецот, кој учествувал во спот на ВМРО-ДПМНЕ, потоа беше навреден од Црвенковски, а медиумите уште многупати потоа недоличната изјава ја употребија за политичка дискредитација. Треба да се нагласи дека според меѓународните етички кодекси, новинарите треба да инсистираат да ја минимизираат штетата, колку што е можно повеќе во корист на јавниот интерес и на општото добро. Меѓутоа, таблоидизацијата што ги зафати интензивно македонските медиуми се повеќе води кон апсурдната појава дека “добра вест“ е “само лошата вест“. Така, во весникот Вечер, на 30 мај 2011 година, беше објавен воведник - коментар под наслов „Ј***логија“, во кој освен вулгарни и за јавна комуникација непримерни зборови, авторот истакнува недолични квалификации за личности од политичкиот живот. Во весникот Дневник на 25 мај, под наслов „Случај Пајажина - Рамковски се крсти во изборите и Стразбур“ е објавен текст најавен со фотографија од Рамковски со лисици. Иако е познато дека Рамковски е муслиман, во насловот е употребена формулацијата „се крсти“, што може да се протолкува како непочитување на религиската определба на секоја индивидуа. Недоличниот и лош јазик во изборната кампања, на редакциите може да им послужи и како алиби преку преземање на реченични склопови да изразат и став кон определени политичари. Така во Утрински весник, во текстот „Екс-сопартијците ќе ги загрозат Ѓорчев и Милошоски“ од 30 мај, новинарот беневолентно пренесува туѓи потсмешливи и навредливи зборови: „Колку и да се обидува ВМРО-ДПМНЕ да ги маргинализира помалите партии од македонската десница, сепак, видлива е нервозата кај нејзините кандидати, особено кај Ѓорчев. Тој е прилично вознемирен кога Бошкоски во свој стил вели: ’Николче диктаторче и Влатче клатиглава го валкаат историското ВМРО’“. И воопшто не му е сеедно кога Додовски порачува дека ’во источна Македонија ништо не е сменето во последните пет години, освен фризурата на Ѓорчев!’“ Злоупотреби на медиумот за пресметки со колеги - новинари

Новинарската етика вели дека новинарот треба да ги чува угледот и достоинството на својата професија, да ги поттикнува заемната солидарност и различност на ставовите и да не го употребува својот медиум за пресметка со личности, вклучувајќи ги и своите колеги.

67 | „МОЈОТ ИЗБОР 2011“


Во оваа кампања, евидентна беше поларизацијата на различни медиумски групации, кои го поделија и медиумскиот простор и јавната сфера врз политичка основа. Овој принцип беше многу често прекршуван од страна на повеќе телевизии и весници. Како што спомнавме погоре, две од највлијателните телевизии изработија цели серијали на тема „Рамковски и А1“ и на тема „Ѕинго и Сител“, при што крајната цел беше индиректно да се дискредитира опозицијата или власта. На 25 мај во вестите на ТВ Сител беа објавени дури 4 прилози во кои централен лик беше Рамковски и новинарите кои работат во неговиот медиум. Новинарот посвети цел еден прилог само за новинарката од А1 која заедно со уште еден колега, го направи прилогот „Феудализам во Кратово“ еден ден претходно. Во истите вести Сител го емитуваше и прилогот „Колку и кои новинари на А1 се на платен список на СДСМ“, во кој адвокат објаснува дека ќе бидат поднесени кривични тужби за клевета и неовластено снимање против ТВ А1, и против новинарите кои го подготвија прилогот. Прилогот голем дел зборува само за еден од двајцата новинари. На ова реагираше ТВ А1, истакнувајќи дека поради навреди и дисквалификации на новинарите на А1, телевизијата ќе ја тужи ТВ Сител и главниот и одговорен уредник, како и авторите на прилозите во кои „неаргументирано и со лаги, вербално се линчува А1 и нашите новинари. Нема да дозволиме да бидеме вовлечени во судир со нашите колеги од ТВ Сител, но тоа не значи дека немаме право да известуваме за транзициските профитери, па макар тие биле и медиумски магнати. Истражувачката сторија на М. Ј. и М. И. за состојбите во Кратово, која е поткрепена со изјави и документи, претставува школски пример за репрезентативно новинарство за кое свој суд даваат гледачите“, се вели во редакцискиот став А1 за прилозите на ТВ Сител на 26 мај. Темата се туркаше во целиот период на предизборието и тоа на повеќе медиуми, а на 30 мај водителот на Сител истакна: „Сите медиуми во светов [...] понекогаш знаат да манипулираат и да пласираат нешто што е полувистина, па дури и лага. Ни Македонија, ни ние не сме ангели, ни некој исклучок, но едно сакам да знаете: сите медиуми во Македонија тоа што го манипулираат не може да се мери со она што само А1 го манипулира. Тоа се мајстори, татковци, мајки, основоположници, темелници на манипулацијата во македонските медиуми“. Треба да се напомене, дека дисквалификациите често таргетираа цели медиуми, но беа емитувани и прилози во кои тема беа и одделни новинари. Медиумската „воена стратегија“ се сведе на поистоветување на целата телевизија и сите нејзини новинари со личноста на Рамковски или на Ѕинго, односно на поистоветување на медиумот со опозицијата или со власта, што можеше да се види од изборот на зборови – „политичко медиумско опозициски брак“ (ТВ Сител за ТВ А1 и СДСМ, 29 мај), „времето во Кратово застанало, но ветриштата на промени го топат стравот“ (ТВ А1 за Ѕинго, 29 мај, 2011), „македонската јавност е сведок дека тандемот СДСМ – А1 се обидува вината за пропаѓањето (н.з. на Сведмилк) да ја префрли на Владата во обидот да се купат ситни политички поени“ (МТВ 1, 28 мај) и сл. И весникот Вечер со повеќе текстови на тема „коалиција меѓу А1 и СДСМ“ влезе во пресметката со Рамковски, но и со опозицијата. Телевизиите, Канал 5 и МТВ 1, исто така, на повеќе наврати објавуваа вести за А1 и за сопственикот Рамковски, често коментирајќи и внесувајќи новинарски/редакциски суд во известувањето. Медиумската војна меѓу А1 и МПМ, која започна неколку месеци пред изборите, се разгоре повторно после персоналните уреднички промени во весникот Дневник . 68 | „МОЈОТ ИЗБОР 2011“


Прилогот „Случај пари во шише“, во вестите на А1 (28 мај), новинарот го отвори со тврдење: „УЈП го стави во фиока случајот ’Пари во шише’. Епилог нема. Евидентно е само силното скршнување в десно на најсилниот весник на ВАЦ – Дневник“. Констатацијата дека по промената на главниот и одговорен уредник на Дневник, весникот ќе биде наклонет кон ВМРО-ДПМНЕ или „скршнува в десно“ нема медиумска конотација од аспект на различните публики, туку е чисто политичка. Уредувачка политика е автономна работа и легитимно право на медиумот, новинарите и сопствениците. Фактите раздвоени од мислењата, а вестите од коментарот

Во новинарската пракса во земјите членките на ЕУ, коментарите во врска со изборната кампања емитувани во дневно - информативните емисии се одвоени како посебни аудио - визуелни целини, и се означени или со името и презимето на авторот, или како редакциски коментар. Во препораките на Артикал 19 дури се препорачува коментарите да не се емитуваат на медиуми кои се финансирани од јавни средства. Основен новинарски принцип е да се разликува меѓу вести и мислења и тие да не се мешаат. Разликувањето меѓу информација и коментар подразбира дека примачот на пораката ќе може да ги раздвои фактите од мислењето.26 Иако тоа го нормира и Правилникот на СРД, кај повеќе медиуми се мешаа вестите и личното мислење на новинарот во прилозите и во текстовите. Коментирањето беше присутно кај некои медиуми во најавите на прилозите (најчесто кога станува збор за извештај од прес конференција), а некаде се сретнуваа ситуации кога целиот прилог беше мислење на новинарот. Ретки се примерите кога коментарите се посебно означени во вестите, како што налага Правилникот на СРД. Генерално, кај весниците, коментарите беа јасно одвоени, иако се сретнуваа новинарските текстови во кои се комбинираа фактите со лични ставови на новинарот или на редакцијата. Така, кај дел од уредниците - водители на вестите на ТВ Сител беше забележано коментирање во најавите на прилозите, вклучувајќи ја и генералната најава, па и одјава на прилогот. Во вестите од 26 мај 2011 година, водителот во генералната најава коментираше дека Црвенковски и Рамковски создале „прва конкретна медиумско партиска коалиција за наредните избори“ и дека имаат заеднички интереси: „СДСМ да победи и да се избега од законските постапки за перење пари и друг вид финансиски криминал“. Потоа додаде дека граѓаните треба да решат дали ќе гласаат против сопствените закони и за легализација на организиран криминал, објаснувајќи подоцна во најавата што ќе значи ако се гласа за СДСМ: „Ако се гласа за победа на СДСМ, евидентно е, според изјавите на Велија Рамковски и на Црвенковски дека ќе запре судската постапка против Рамковски за утаја на данок и перење пари и ќе запрат сите постапки против раководството на СДСМ, а ги има бајаги кај потпретседателите на СДСМ, а се најавуваат и за претседателот.“ Понатаму, се забележува коментирање и од страна на новинарот кој го подготвил прилогот: „...овој љубовен триаголник на партија, медиум и невладин сектор (н.з. Сорос) станува медиумска перверзија која се уште не е видена во Македонија, а секако не е видена во демократска Европа...“ (26 мај, 2011 година) Кај ТВ Сител се сретнуваат и објаснувања до гледачите, како на пример: „Многу е битно, наредната влада да има многу пратеници, над 62 во секој случај, затоа што таа влада ќе може да го брани името од нападите од Грција, ќе може да ги доврши реформите. Ниту кај ВМРО ДПМНЕ ниту кај граѓаните, е време да се делат гласовите по малите партии, кои и да се тие...“ (30 мај)

26

Артикл 19 (1994) Насоки за покривање на изборите од страна на радиодифузните медиуми во транзиционите демократии. Стр. 46 69 | „МОЈОТ ИЗБОР 2011“


Коментирање беше присутно и кај ТВ А1, во најавите и во прилозите. Така во вестите на 28 мај, во прилогот „Во битката за власт не се бираат средства“, новинарот вели „Како што се ближи 5-ти јуни, нервозата кај владејачката партија е се повидлива. „Револтирани жителите на Градско кои дојдоа да слушнат како може да биде подобро во земјоделството, со свирежи и извикувања за крај на диктатурата, го искажаа својот гнев кон владејачката структура особено од локалните моќници.“ Треба да се истакне дека телевизијата има посебно одвоени прилози, кои одат под кајронот „Анализа“, каде се пласираат пошироки елаборации на одделни теми, како и редакциски ставови или коментирање. Меланж од жанрови, со проткаено сопствено мислење на новинарот, беше забележливо и во прилози во вестите на МТВ 1 во мониторираниот период, на пример во прилози поврзани со недоличната изјава на претседателот на СДСМ Б. Црвенковски или со В. Рамковски и “Сведмилк“. Во прилозите за Рамковски и Сведмилк (на 26, 27, 28 и 29 мај), се изнесуваат документи за поткрепа на тврдењата, но и ставови и заклучоци на новинарот, со употребува на конструкции низ целиот прилог како „де факто партнерот на СДСМ - Рамковски“ или „тандемот СДСМ-А1“ обидувајќи се да ги поистовети двата субјекта (МТВ1, 28 и 29 мај). Во друг прилог, пак, во кој се пренесува реакцијата на стечаецот кој беше навреден од Црвенковски, по неговата изјава: „Него изгледа вискито го натера да го каже тоа, тоа што го пие - вискито“, новинарот констатира и сугерира: „Ако е така како што вели А. (стечаецот н.з.), со кого патем се согласуваат огромен број корисници на социјалните мрежи на Интернет, тогаш следен чекор на Црвенковски би требало да биде повлекување од политиката, онака како што се повлекоа речиси сите политичари во светот кои до сега си дозволиле во јавноста да бидат видени по дејство на алкохол, формално или неформално.“ (МТВ 1, 26 мај 2011) Од 23 до 27 мај, на Канал 5 во прилозите и најавите не беше забележано коментирање. Веќе на 28 мај во најавата за прилогот „Велија и должи на Сведмилк 2 милиони евра само по две пресуди“, презентерот вели: „поради долгот на Велија со куси ракави останаа и млекарите, за кои неговите медиуми трубеа, а лично Рамковски се прогласи на најголем душегрижник на млекопроизводителите.“ На 29 мај во кајрон оди насловот „СДСМ за кампањата, ВМРО-ДПМНЕ со тужба“, а презентерот коментира: „Од СДСМ со обвинувања дека милионски суми плаќала ВМРО на медиуми на рекламни агенции. СДСМ без никаков доказ ниту повод ја спомна и Канал 5, со што уште еднаш докажа колкаво е нивното лицемерие. Нивните мегафони добиваат милионски суми за рекламниот простор од нив, како и за бесплатна политичка програма што ја нарекуваат вести, а Канал 5 од СДСМ добива јавно валкани квалификации кога без никаков доказ се истураат лаги за некакви пари. Дали додека плукаат наоколу се запрашале како ја режираат својата црна кампања на нивната телевизија.“ (29 мај 2011) На Канал 5 се сретнуваат и проценки како „најголем собир во македонската историја – ВМРО-ДПМНЕ на централен митинг пред Владата“ во генералната најава на вестите на 29 мај. Следниот ден презентерот во најавата за прилогот „Опозицијата манипулира со бројките“ чита редакциски коментар дека „како што и се очекуваше –опозицијата денес се обиде преку снимки и фотографии направени пред почетокот на синоќешниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ пред Владата, да ја манипулира јавноста дека нивниот митинг одржан на 15 мај, со кој го прекршија изборниот закон и предвреме ја започнаа кампањата, имал двојно повеќе луѓе од митингот на В-Д. Дека опозицијата со помош на медиумите на Рамковски свесно манипулира говорат фактите, снимките и фотографиите од досега најмасовниот митинг. Од нив точно се гледа колкава е поддршката што ја има владејачката партија. За да биде појасно кој лаже, а кој ја зборува вистината, најдобро сведочат снимките што можевте да ги видите.“ 70 | „МОЈОТ ИЗБОР 2011“


Кај весниците новинарите поретко коментираа и ретко пренесуваа вредносни судови во текстовите (ова не се однесува на колумните и на коментарите). Кај весникот Вечер, се забележува експлицитно мешање на информации со коментар на новинарот, кај Време се сретнуваат инсинуации и наведувања, а во Утрински и Дневник беа забележани само посуптилни инсинуации како форма на елегантно избегнување на експлицитно мешање на новинарски коментари и вести/факти. Кај Вечер се сретнуваат текстови како „И Бранко како Велија, со прехрамбени производи на црно“ (25 мај), во кој е забележливо коментирање и инсинуирање: „Во времето на комунизмот понизноста на граѓанинот подразбираше, под морање, да се даваат кафе, бонбониери и наполитанки на шалтерски службеник, лекар или наставник, ако сакате да му го видите лицето, и да побарате услуга преку ред. Во СДСМ, како владетели од тоа време, таа навика им останала… Дали и тие се од магацините на Велија?!“, завршува текстот со реторичко прашање, бидејќи на илустрацијата е со Рамковски и Црвенковски заедно, а во преден план се кафе и локум, брендирани со лого на СДСМ. Кај ТВ Телма и весникот Нова Македонија, како и кај медиумите на албански јазик, МТВ 2, Алсат-М и Коха не беа регистрирани експлицитни примери на мешање на факти и уредувачки/новинарски коментари.

71 | „МОЈОТ ИЗБОР 2011“


4. ЗАКЛУЧНИ СОГЛЕДУВАЊА СО ПРЕПОРАКИ 

Улогата на медиумите во изборниот процес Новинарите и медиумите дадоа значаен придонес за одржувањето на слободни, фер, демократски и мирни предвремени парламентарни избори. Особено признание заслужуваат оние новинари, редакции и медиуми кои и во услови на вкрстени притисоци од центрите на политичка и економска моќ, настојуваа доследно да се придржуваат според високите професионални стандарди и вредности во известувањето. Во професионалната новинарска и поширока медиумска заедница се повеќе треба да дојде до израз и почитувањето на кодексите и другите саморегулирачки механизми, со што би се стеснил просторот државата или други регулаторни тела да го шират своето влијание и врз продукцијата и содржинскиот контекст на медиумските производи. Во Македонија е создадена и реално функционира плуралистичка медиумска структура, во која доминантна е приватната сопственост. И според бројот на печатените и аудиовизуелните медиуми, во споредба со големината на територијата и вкупното население, а особено степенот на економска развиеност, Македонија според сите реални параметри има премногу голем број на медиуми. Нивното опстанување на малиот и недоволно развиен пазар е под силно влијание на таблоидизацијата и продукцијата на банални содржини со надеж дека така полесно ќе се продадат на публиката. Во услови на остра конкуренција на пазарот - особено на телевизискиот- се развива и една типично „гладијаторска борба“ за што поголем дел од маркетиншкиот колач. Во услови кога и државата, а особено Владата и други органи се јавуваат како огласувачи, се создаваат поволни услови за формирање на “медиумско - политички коалиции“. Една од специфичностите на македонскиот медиумски пејсаж е што телевизии во приватна сопственост, во различни периоди и зависно од конјуктурата и на економскиот и на политичкиот пазар, ја трансформираат својата програмска ориентација како провладина или проопозиционерска. Една од причините за ваквата парадоксална состојба е што МРТ како јавен радиодифузен сервис речиси 20 години е во програмска, економска и технолошка криза, и дури сега се навестуваат можности за реално извршување на неговата општествена мисија. 

Избалансираност и непристрасност Избалансираноста и непристрасноста се клучните критериуми/ индикатори за вреднување на улогата на медиумите во демократското општество. Таа улога е особено видлива и значајна во изборниот процес. Поголемиот број на мониторираните и влијателни медиуми – А1, Сител, МТВ1, Канал 5, Вечер, Време, па и Утрински весник и Дневник – во изборната кампања известуваа неизбалансирано и пристрасно, како во квалитативна, така и во квантитативна смисла. Неизбалансираноста одделни медиуми ја аргументираа со (не)достапност до извори и информации (како ТВ А1, весниците Време и Утрински весник) поради критичкото известување за владејачките партии. Меѓутоа, телевизијата А1 и во услови на бојкот од страна на власта и тешкотиите новинарите да добијат изјави или соговорници, избалансираноста и непристрасноста можеше да ја покаже во информации од митинзите и пресовите на ВМРО-ДПМНЕ. Одделни медиуми поради експлицитното заземање страна во вестите и програмата наменета на изборната кампања отстапија повеќе простор на едни политички партии во однос на други. Така, Сител, Канал 5, МТВ 1, МТВ 2, весниците Коха и Вечер отстапија видливо повеќе простор за владејачките партии, додека А1 и Време (заедно со медиумската групација која се поврзува со Велија Рамковски) повеќе простор за 72 | „МОЈОТ ИЗБОР 2011“


опозицијата. Неизбалансираноста беше резултат на јавно декларираната политичката поддршка на определена партија (А1 и СДСМ), додека други медиуми се движеа по тенката линија меѓу избалансираност и пристрасност, во обидот да го сочуваат кредибилитетот кај својата публика и јавноста пошироко. При ова, се разбира, треба да се има предвид фактот дека и на новинарите и на уредниците и на сопствениците на медиумите, суштински добро им се познати професионалните стандарди и вредности во известувањето. Неизбалансираноста и пристрасноста беа забележливи кај јавниот сервис (МТВ 1 и МТВ 2). Кај МРТ со години наназад се забележува фаворизирање на владејачките структури. Меѓутоа, на овие избори стана очигледно дека фокусот на политичките партии – и владејачки и опозициони - се префрла повеќе кон комерцијалните медиуми (Сител, А1, Канал 5). Исто така, овој пат во изборниот процес беа масовно користени комуникациските алатки на Интернет и социјалните мрежи, па така и телевизијата на релативно краток рок може да добие сериозен конкурент во Јутјуб, кој може да одземе голем дел од рекламниот изборен колач.

ПРЕПОРАКА Новинарите како професионалци и медиумската заедница пред сопствениците треба да постават јасни барања кои ќе им овозможат својата обврска за непристрасност и избалансираност при известувањето од изборниот процес да ја остваруваат со дигнитет. Тоа ќе овозможи плурализам на ставови, гледишта и идеи, а со тоа и подигање на политичката култура во општеството. Медиумската заедница во соработка со цивилното општество треба да стори повеќе за да ја елиминира инерцијата и да констатира дека беше забележана доминација на едностраното известување, во смисла на консултирање само на едната страна, или, пак, консултирање на извори кои имаат слични ставови со уредниците или политичките партии. Особено треба да се истакне дека повеќето медиуми консултираат една иста група од 20-тина експерти, кои ја окупираа(т) медиумската и јавната сфера. Овие експерти - од кои некои немаат никаков творечки или академски бекграунд - во принцип треба да бидат независни. Но, често дел од нив ја прилагодуваат својата изјава во зависност од медиумот кој ги контактира. Дополнителна неповолна појава е што медиумите имаат “свој список“ на експерти кои ги контактираат или ги канат за учество во телевизиски емисии почесто од други, стремејќи се да најдат потврда на своите тези. Проблемот кој произлегува од користењето или некористењето на експертите, односно кои експерти, кога и како се консултираат или ангажираат, всушност, генерално е значаен, бидејќи не е поврзан само со изборните кампањи, туку влијае и врз предиспозициите за иницирање и развивање демократска дебата за отворање на спорните прашања во општеството. Силно треба да бидат поддржани сите инцијативи и форми на професионално и синдикално организирање на новинарите, на коморска организација на медиумите. Практиката покажува дека професионалните новинарски стандарди вредности се почитуваат и унапредуваат преку поставување јасни правила на саморегулација. Механизмите на саморегулација можат повеќе да придонесат кон зачувување на независноста на новинарите во редакциите, на заштита на нивните права, но и на принципиелно дефинирање на нивните обврски. Во претстојното усогласување на Законот за радиодифузна дејност со новата Директива за аудиовизуелните медиумски сервиси на ЕУ, за негување на медиумскиот плурализам неопходно е стриктно оневозможување на концентрација на сопственоста, да се утврдат и механизми за надлежните регулаторни тела за непостапување во врска со неа. Своевидната криза на медиумската сцена во Македонија, како и дебатата за слобода на 73 | „МОЈОТ ИЗБОР 2011“


изразувањето и слобода на медиумите, која доби и ЕУ димензија, всушност започна кога инспекциските државни органи влегоа во медиумскиот конгломерат на ул. Перо Наков. Незаконската концентрација може да влијае на намалување на разноликоста на медиумите на пазарот, но може и да ја ограничи и уредувачката независност.27 

Тон на известувањето Повеќето медиуми – МТВ 1, Сител, А1, Канал 5, Вечер, Време, Утрински весник, Дневник - имаа негативен или позитивен тон при известувањето за одредена политичка опција, што се забележуваше од изборот на зборови на новинарите при обработка на темите, од начинот на „врамување“ на приказните, од употребата на кадри, музика, фотографии и нивно контекстуализирање. Тонот на известувањето на медиумите зависеше од наклонетоста на медиумите кон одредена политичка опција. Меѓутоа, освен експлицитната оценка на новинарите за политичките субјекти што го одредува позитивниот или негативниот тон на известувањето, друг елемент на овој професионален стандард во квалитативна смисла е и врамувањето или контекстуализацијата на политичките субјекти или актерите во медиумското известување за други теми, кои се надвор од известувањето за кампањата. Примери за врамување беа серијалите на социјални приказни, кои се емитуваа во текот на предизборната кампања, во кои Владата или институциите беа посочени како виновници за главните аспекти од приказните, или пак серијалите на текстови и прилози преку кои медиумите се препукуваа или се дискредитираа меѓусебно. Според европските и меѓународните стандарди во време на избори треба да се избегнува контекстуализирање на социјалните стории (како на пример сториите со градежните работници, со болни и хендикепирани деца), со цел овие теми со хумана димензија, да добијат достоен веродостоен третман од страна на гледачите. Ваквите стории, контекстуализирани во изборната кампања, може да придонесат за дополнителна секундарна виктимизација, односно оние кои се жртви на насилство, нехумано постапување, без заштита на дигнитетот и приватноста, преку медиумска експлоатација може да бидат дополнително оштетени.

ПРЕПОРАКА Во споредба со поранешните наставни програми, новите силабуси за образование на новинари според ЕКТС ги инкорпорираат и темите за известување за различностите. Меѓутоа, анализата на тн. „агенда сетинг“ покажува дека надвор од изборниот период, на насловните страници на весниците и најавите на ТВ вестите доминираат теми поврзани со криминал, насилство, судски процеси. Некогашната “црна хроника“ како последица на таблоидизацијата се префрли на насловните страници и почетните минути на ТВ вестите. Уредниците, а особено сопствениците тоа го објаснуваат со изговорот дека такви вести или теми им овозможуваат поголем комерцијален ефект. Меѓутоа, факт е дека и новинарите и уредниците малку работат на сопственото самообразование, па поради тоа покажуваат и бесчувствителност во комерцијализацијата на содржините. Професионалните медиумски организации и саморегулаторните тела треба да реагира секогаш кога се комерцијализираат индивидуални или семејни драми и трагедии, а посебно во случаите на дополнителна виктимизација од страна на медиумите. 27

Канцеларија за демократски институции и човекови права на ОБСЕ (ОДИХР), Директорат за човекови права и Комисија за демократија преку правото (Венецијанска комисија) на Советот на Европа и Европска комисија (2005) Насоки за медиумска анализа во текот на мисиите за набљудување на изборите. Стр. 22

74 | „МОЈОТ ИЗБОР 2011“


Недоличен јазик

Новинарите треба да имаат не само демократска, туку и социјална одговорност – треба да бидат посветени на принципите: да не се постапува тенденциозно и со умисла да се наштети на нечиј интегритет и да се исправи секоја неточна информација. Исто така, новинарите не треба да продуцираат или да пренесуваат малициозни и навредливи индивидуални или колективни репрезентации кои користат недоличен јазик. Етичките кодекси ги обврзуваат да ја негуваат културата на говорот и етиката, и никогаш да не си дозволат да влезат во недолична комуникација со публиката и со јавноста. Во текот на кампањата, политичарите го спуштија нивото на пристојност и добар вкус во меѓусебната комуникација, но и нивото на комуникација со медиумите и со граѓаните. Употребата на тн. “валкана облека“ (афери,скандали итн.) започна пред официјалниот почеток на кампањата. Во одделни периоди наместо позитивна кампања со изнесување предлози и проекти, повеќе беше користена против-пропагандата со разни форми на „спинувања“. Во голема мерка политичките партии и другите актери се насочија повеќе кон пронаоѓање афери за политичките противници од спротивниот табор. Медиумите наместо да се постават како коректив на ваквиот политичкиот дискурс, често, всушност, им помогнаа на политичарите и „спин-докторите“ сериозно да ги загадат каналите, не само на политичката, туку и на пошироката општествена комуникација и да го засилат дискурсот на недоличен политички јазик. Недоличниот политички и медиумски дискурс ја дерогира новата политичка култура, која во општествата во транзиција мора да совладува и многу други бариери, а пред се инерцијата од претходниот систем.

ПРЕПОРАКА Медиумите имаат исклучително голема одговорност за негување на културата на говорот и етиката. Независно од тоа што во изборните кампањи во принцип поради компетитивноста на партиско – политичките понуди се заострува политичкиот дискурс, медиумите треба да бидат селективни и да се грижат тоа да не стане и доминантен медиумски или нивен редакциски дискурс. Никакви конкурентски или комерцијални ефекти не можат да ја надоместат штетата од прифаќање или практикување недоличен јазик. Таблоидизацијата на медиумите, а во последно време и на телевизијата, сериозно ги соочува новинарите и медиумите од обврската за заштита на децата и малолетниците, на што упатуваат и директивите на ЕУ, конвенциите и препораките на Советот на Европа. Медиумската заедница може да очекува широка поддршка од јавноста воопшто, како и од експертската и од научната јавност, во своите залагања да ги поттикнува новинарите и медиумите да бидат носители на политички и општествен дискурс кој промовира нови вредности. Сопствениците на медиуми кои се раководат исклучиво од своите комерцијални или други бизнис интереси треба да бидат изложени на критичко опсервирање на јавноста. Ништо толку многу не ја деградира новинарската професија како користењето или преземањето на валкан и недоличен јазик, а освен новинарите никој друг не може подобро да ја заштити од тоа. 

Објективно и точно известување Во интерес на вистината и во интерес на правото на јавноста да добие точна информација, новинарите имаат должност да ги доистражат аферите кои политичките партии ги извадија за спротивставените страни во текот на кампањата. За аферите, скандалите и обвинувањата најчесто се известуваше преку извештаи од прес-конференции на самите партии, без подетални истражување на вистинитоста на овие информации (освен во неколку исклучоци на А1, на пример). Во текот на кампања, времето за истражување на сите информации кои се пласираа со дневна динамика од партиските 75 | „МОЈОТ ИЗБОР 2011“


центри, е кратко. Но, тоа не значи дека со завршувањето на кампањата, интересирањето на новинарите треба да запре.

ПРЕПОРАКА Наместо слепа трансмисија на партиските прес или брифинг информации, професионалното новинарство бара проактивно и ангажирано истражување. Свесни за финансиската и кадровската лимитираност на редакциите, сепак, сметаме дека медиумските организации во соработка со редакциите треба да иницираат активности за перманентно едуцирање на новинари кои ќе специјализираат истражувачко новинарство, како и за изнаоѓање домашни, европски и меѓународни фондови со цел да се пополни овој празен простор во македонската медиумска сфера.

Фактите раздвоени од мислењата, а вестите од коментарот

Критикувањето на власта и воопшто на политичките актери е оправдано од аспект на обезбедување на јавно добро. Но, како што впрочем се вели и во Кодексот на принципи на ИФЈ, дури и кога се изразува/пишува фер коментар или критика, новинарот треба да се придржува до принципите на вистината, на независноста и на стремежот за минимизирање на штетата.

ПРЕПОРАКА Телевизиите треба да воспостават категорија коментар, која ќе биде соодветно обележана во вестите, со цел да се избегне коментирањето во прилозите и во најавите и одјавите. Се почест е манирот/стилот на уредување и водење на телевизиските дневници, во кои всушност нема информации, туку разни форми или варијации на коментари. Тоа се оправдува со критичкиот став на некој медиум или со претензиите на друг да го узурпира правото да пресудува за се во општеството. Прецедентното право на Европскиот суд во Стразбур, во овој поглед утврдува дека медиумите на публиката треба да и посредуваат информации и факти, а таа самата е доволно компетентна да формира мислење. Весниците треба да го унапредат стилот на коментирање во веќе воспоставените рубрики посветени на коментари, едиторијали и колумни, при што треба да се избегнува ламентирањето како рецидив од една поранешна новинарска практика. Во Македонија треба да се поддржува тн. мненски печат кој прв станува жртва на гладијаторската борба на пазарот. 

Медиумска конструкција на реалноста

Преку различното известување на различни медиуми, се создава различна слика или медиумска конструкција за личностите, состојбите и ситуациите, при што на граѓаните им се пласираат контрадикторни информации од различни медиуми. На пример, на ТВ Сител насловот на прилогот беше „Нема враќање на визите“ на 24 мај, а потоа „Потврда и од ЕУ парламентот – нема враќање на визите (27 мај), а на ТВ А1 - „Се враќаат визите?“ и „Кој е виновен за визната закана“ (24 мај), што алудира на еден од коалиционите партнери во Владата. Друг пример беше прилогот на ТВ Сител „Синдикатите и ВМРО-ДПМНЕ пред договор за минимална плата“ (30 мај), на Канал 5 одеше прилогот „Премиерот да се договори со синдикатот“(30 мај), а веста на ТВ А1 коментираше: „Синдикално дно: Политизиран синдикат“

76 | „МОЈОТ ИЗБОР 2011“


За отворањето на Клиниката за гинекологија на Канал 5 се емитуваше прилогот „Отворена новата клиника за гинекологија“ (31 мај), на Сител „Отворен објектот на новата гинекологија“ (31 мај), при што во позитивен контекст се зборуваше за настанот, додека, пак, во вестите на А1 од 2 јуни, приказната на истата тема беше негативна за Владата: „Хаос во здравството, новата клиника за гинекологија се уште не е отворена за пациентите“.

ПРЕПОРАКА Со цел да се оневозможи манипулирање со мислењето на граѓаните, јавноста треба да се едуцира како критички да им пристапува, да ги анализира и проценува медиумските содржини и пораки што доаѓаат од различни извори. Бидејќи најголемиот дел медиумски пораки се создадени за стекнување профит и/или моќ и поради тоа секогаш треба да се има резерва кон објективноста на медиумските пораки. Медиумски писмените граѓани се поретко субјект на манипулација. Затоа се препорачува поткревање на нивото на медиумската писменост кај сите возрасни групи, почнувајќи од најмладите консументи на медиумите, па се до возрасните, преку обуки и кампањи за подигање на јавната свест. Треба да се обучат и доедуцираат и медиумските работници, кои учествуваат во создавањето на пораките. 

Интернет – „слободна“ зона каде центрите на моќ имаат помало влијание

Одредени активности на политичките актери, кои во текот на изборната кампања беа позиционирани на Интернет, поточно на социјалните мрежи Фејсбук, Твитер и други, укажуваат на потенцијалните трендови од аспект на тоа каде и како ќе се одвива политичката комуникација со јавноста во иднина. Премиерот Никола Груевски одговараше во живо на прашања на граѓаните на Фејсбук, а Радмила Шеќеринска избра друг начин на комуникација, во реално време од штабот на СДСМ, во разговор на Фејсбук. Интернетот како слободен и нерегулиран простор, за разлика од традиционалните медиуми, остава можност за поширока и инвентивна комуникација и досег дури и до онаа јавност која не е консумент на традиционалните медиуми (најчесто помладите генерации). Меѓутоа, Интернетот, за разлика од традиционалните, нема стандарди за точност, избалансираност или етика, што го одредува и квалитетот на медиумскиот производ.

ПРЕПОРАКА Традиционалните медиуми треба да ја имаат предвид конкуренцијата која им се заканува од Интернетот. Битен фактор е тоа што и маркетинг агенциите, заедно со публиката, почнаа да се префрлаат онлајн, што исто, така, претставува закана за традиционалните медиумски канали. 

(Само)регулирачки механизми и практики на медиумскиот пазар

Во Македонија постои дуален медиумски систем но поради начинот на финансирање и ограничувањата во рекламирањето, МРТ не е некој позначаен субјект на пазарот. Од друга, страна постојат и законски ограничувања за емитување на платена политичка пропаганда на неговите програмски сервиси. Начинот на кој ќе се регулира пазарот останува отворено прашање од самиот почеток на плурализацијата на медиумската сфера. Во почетокот анонимните финансиски и други средства од странски извори влијае одделни медиуми да се чувствуваат супериорно и 77 | „МОЈОТ ИЗБОР 2011“


многу комотно на пазарот. Идејата за саморегулирачки документ што ќе го потпишат печатени и електронските медиуми периодично се актуелизира, но, практично се останува на тоа. Поради тоа на медиумскиот пазар владее жестока конкуренција, а концентрацијата на електронски и печатени медиуми во еден конгломерат и нудењето на заеднички пакети за рекламирање со огромни дисконти, практично го дисторзира пазарот. Посебен проблем е што изборната законска регулатива во последен момент ги регулира прашањата во врска со платеното политичко рекламирање.

ПРЕПОРАКА Меѓу приоритетите на СРД како регулаторно тело и на Комисијата за заштита на конкуренцијата, треба да бидат расчистувањата на состојбите со медиумската концентрација. СРД мора да биде не само целосно транспарентен, туку и реално да ги вклучи и професионалните медиумски институции и асоцијации во креирањето и донесувањето на подзаконските акти. Сите измени во изборното законодавство поврзани со изборната кампања и платеното политичко рекламирање преку медиумите треба да се донесуваат во тесна консултација со медиумската заедница и научни, стручни и други професионално компетентни институции. На тој начин ќе се избегнат и одредби за можни „дисконти“ кои се дел на политичко пазарење во Собранието, а потоа во практиката создаваат можности за “легална корупција“. Обидот да се расчистат работите од надлежните државни или судски органи, потоа создава дополнителни фрустрации и се користи од страна на различни центри на моќ, што влијае на сликата за медиумската слобода во Македонија.

78 | „МОЈОТ ИЗБОР 2011“


АНЕКС 1. КОДЕКС НА НОВИНАРИТЕ НА МАКЕДОНИЈА ПРИНЦИПИ НА ОДНЕСУВАЊЕ: Слободата на медиумите е неприкосновено право. Основна задача на новинарите е да ја почитуваат вистината и правото на јавноста да биде информирана во согласност со член 16 од Уставот на Република Македонија. Новинарите имаат улога да пренесуваат информации, идеи и мислења и право да коментираат. Почитувајќи ги етичките вредности и професионалните стандарди во пренесувањето на информациите, новинарите ќе бидат чесни, објективни и точни. Право и должност на новинарите е да настојуваат да ја спречат цензурата и искривувањето на вестите. Следејќи ја својата улога во градењето на демократијата и на цивилното општество, новинарите ќе ги бранат човековите права, достоинството и слободата, ќе го почитуваат плурализмот на идеите и ставовите, ќе придонесуваат за јакнење на правната држава и во контролата на власта и на другите субјекти од јавниот живот.

ВРЗ ОСНОВА НА ОВИЕ ПРИНЦИПИ И ЕТИЧКИ ВРЕДНОСТИ: 1.Новинарот има право на слободен пристап до сите извори на информирање што се од јавен интерес. Новинарот треба да објавува точни, проверени информации и нема да прикрива суштински податоци и да фалсификува документи. До колку информацијата не може да се потврди, или станува збор за претпоставка, односно шпекулација, тоа треба да се каже и да се објави. Точноста на информацијата треба да се провери колку што е тоа можно. 2.Ако новинарот е спречен да дојде до бараната информација има право за тоа да ја информира јавноста. 3.Новинарот ќе настојува да биде обезбедено објавување на исправка, деманти и одговор во случај кога ќе биде утврдена неточност на информацијата. 4.Новинарот ќе го назначи изворот на информациите, но ако изворот бара да остане анонимен, новинарот ќе го заштити. 5.Новинарот ќе ги почитува законите во државата, но нема да објави или сокрие ништо што е во спротивност со јавниот интерес. 79 | „МОЈОТ ИЗБОР 2011“


6.Новинарот не смее да го користи медиумот за објавување или прикривање информации за стекнување лична корист. Митото, корупцијата и изнудувањето се неспојливи со новинарската професија. Не смее да се дозволи рекламирањето и другите комерцијални мотиви да влијаат врз слободата на информирањето. Треба да постои разграничување меѓу рекламирањето и новинарскиот текст со илустрацијата. 7.Новинарот ќе ја почитува приватноста на личноста, освен кога тоа е во спротивност со јавниот интерес. Новинарот е должен да ги почитува личната болка и жалост. 8.Начинот на информирање во случаи на несреќи, елементарни непогоди, војни, семејни трагедии, болести, судски постапки мора да биде ослободен од сензационализми. Во судските постапки треба да се почитува принципот на пресумпција на невиност, да се известува за сите инволвирани страни во спорот и да не се сугерира пресуда. 9.Новинарот не смее да интервјуира или фотографира деца под 16 години без согласност од родителите или старателите, освен ако тоа не е во согласност со правата на детето. Истото се однесува и за лица со посебни потреби, кои не се во состојба свесно да расудуваат. 10.Новинарот нема свесно да создава ниту преработува информации што ги загрозуваат човековите права или слободи, нема да говори со јазикот на омразата и нема да поттикнува на насилство и дискриминација по која било основа (национална, верска, расна, полова, социјална, јазична, сексуална ориентација, политичка...). 11.Новинарот ќе се придржува и на општо прифатените општествени стандарди на пристојност и почитување на етничките, културните и религиозните различности во Македонија. 12.Плагијаторството е неприфатливо. Цитатите не смеат да се користат без да се нагласи изворот или авторот. 13.Новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот. 14.Известувањето од политичките процеси, посебно од изборите треба да биде непристрасно и избалансирано. Новинарот мора да обезбеди професионална дистанца од политичките субјекти. 15.Новинарот мора да ја негува културата на говорот и етиката. Неспојливо со новинарската професија е непримерната комуникација со јавноста. 16.Новинарот ќе ги чува угледот и достоинството на својата професија, ќе ги поттикнува заемната солидарност и различност на ставовите и нема да го употреби својот медиум за пресметка со личности, вклучувајќи ги и своите колеги. 17.Новинарот има право да одбие работна задача до колку е во спротивност со принципите на овој Кодекс. 80 | „МОЈОТ ИЗБОР 2011“


ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ: Новинарите кои работат во согласност со овој Кодекс ја уживаат поддршката на својата медиумска куќа и на својата професионална организација. Во согласност со законите на Република Македонија, новинарите ќе го прифатат судот во однос на професијата само од своите колеги и ќе бидат надвор од политичко и друго влијание. За почитувањето на принципите од Кодексот се грижи Советот на честа на Здружението на новинарите на Македонија. Скопје 14.11 2001 Новинарите на Македонија

81 | „МОЈОТ ИЗБОР 2011“


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.