Issuu on Google+

Издание броj 10 27 ФЕВРУАРИ 2009

Клинсман си ги

загуби пријателите во Баерн Минхен

Издание бр. 10 1


Клинсман си г

ФУДБАЛ

Управата на клубот веќе нема доверба во младио говорат дека во следната сезона нема да сед гигант.

К

ога Јирген Клинсман пристигна да го засили нападот на Баерн Минхен во 1995 година, на извонредниот голгетер не му беше потребно премногу време за да ги освои симпатиите на буквално сите во редовите на германскиот гигант. Иако веќе имаше триесет и една година, Клинсман со склоп на својата фудбалска генијалност и насобраното искуство експресно се промовираше во лидер на Баварците. Во 1996 година беше освоен Купот на УЕФА, следната сезона Баерн Минхен се врати и на тронот на Бундеслигата, период во кој што „Клинси“ на 65 натпревари во дресот на овој тим постигна вкупно 31 гол. Потоа следеше трансфер во Сампдорија, при што буквално сите му посакаа на германскиот ас многу среќа до завршувањето на кариерата. Истите тие навивачи не го криеја оптимизмот кога управата на Баерн успеа да го убеди Клинсман да го прекине својот престој во САД и да се врати во Германија за да седне на клупата на најголемиот фудбалски клуб во оваа земја. Сите очекуваа продолжување на извонредната серија игри со коишто Баерн многу лесно стигна до титулата во минатата сезона, па дури и атак на трофејот во Лигата на шампионите. Сепак, не беше потребно да мине премногу време за да се забележи дека Клинсман не спаѓа во она мало одбрано друштво на одлични фудбалери и исто такви тренери.

Подготовките, сериозен проблем?

Она што е забележливо уште на прв поглед е фактот дека Баерн Минхен игра многу слабо на првите натпревари по паузата. Така, овој тим имаше очаен старт на сезоната со само две победи во првите седум кола, по што исто така се говореше за евентуален отказ за Клинсман. Германската јавност отворено коментираше како овој млад стратег не успеал премногу добро да ги истемпира подготовките на тимот, па фудбалерите се максимално изморени за првите натпревари од сезоната. Со самото тоа што Баерн влезе во фуриозен финиш на првиот дел од сезоната и во преостанатите десет меча имаше учинок од осум победи и

2 Sport Life MIX


ги загуби пријателите во Баерн Минхен

от стратег, за кого сите прогнози ди на клупата на германскиот

две реми, Клинсман успеа барем накратко да ги замолкне своите душмани. Сепак, откако баварскиот гигант ги покажува истите симптоми на болеста и на стартот од пролетната полусезона, станува јасно дека во есенските критики имало и доста вистина. Како поинаку да се протолкува фактот дека на последните четири натпревари Баерн Минхен оствари една победи и претрпе дури три порази. Ваквиоту чинок повторно ги разбуди критичарите, кои се се погласни во своите коментари како Клинсман воопшто не заслужува да биде кормилар на актуелниот германски првак.

Пасивност на трансферпазарот

Клинсман сигурно го сноси поголемиот дел од вината поради слабите резултати и бледите изданија на Баерн Минхен, но никако не смее да биде посочен како главен виновник за она што му се случува на актуелниот германски шампион. Еден од главните проблеми на овој тим е што како фудбалерите, така и челниците на клубот премногу ги потценија своите противници по лесно освоената титула минатата сезона. Токму затоа баварскиот гигант воопшто не беше активен на трансфер-пазарот во текот на летото, како и во овој јануарски преоден рок. Ангажманот на Тим Боровски, Брено, како и она на Лендон Донован уште од самиот почеток беше оценет како доведување на фудбалери што ќе ја греат клупата, бидејќи управата сметаше дека „тимот од соништата“ што газеше лани ќе продолжи во ист стил и во новата сезона. Сепак, Клосе и Тони веќе влегуваат во залезот на својата кариера, Рибери се повеќе внимава да не се повреди, а во средината на теренот се зависи од ветеранот Зе Роберто, кој за една до две години ќе замине во пензија. Ако на ова се додаде максимално шупливата одбрана со крајно нестабилниот Ренсинг на голот, кому му беше дадена целосна поддршка по пензионирањето на Оливер Кан, јасно е зошто Баерн Минхен во моментов се наоѓа само на четвртата позиција на табелата. И јасно е зошто „големиот“ Фран Бекенбауер во последно

време се почесто го критикува и спортскиот директор Ули Хенес. Информациите од Германија говорат дека заедно исто како и на Клинсман, деновите му се избројани и на Хенес, но управата на клубот најверојатно ќе почека до крајот на сезоната пред да почне со коренитите промени што се најавени.

Подмладување на тимот

Јасно е дека Клинсман веќе ги загуби сите свои пријатели на „Алијанц арената“, па германските медиуми најавуваат дека тој ќе добие отказ дури и во случај да стигне до титулата во Бундес-лигата. Фактот дека главните германски играчи Бастијан Швајнштајгер, Мирослав Клосе и самите почнаа да коментираат за чудните методи на работа на овој стратег е само уште една потврда за тоа дека деновите на Јирген Клинсман како тренер на Баерн Минхен се избројани. А неговиот наследник, кој и да е, ќе има пред себе доста тешка задача. Лука Тони во неколку наврати веќе изјави дека сака да се врати во Италија, за Франк Рибери се интересираат најголемите европски клубови, Марк ван Бомел и Зе Роберто летово стануваат слободни играчи и најверојатно ќе ги сменат клупските бои. Сето ова е најава дека во Баерн Минхен нешто ќе мора да се менува. Засега е договорен само трансферот на Андреј Тимошчук, украинскиот играч за врска од редовите на Зенит, но Бекенбауер најавува мал ремонт во тимот. Приоритет на Баварците ќе биде подмладување на сите делови од тимот, па за очекување е ангажман на елитен млад голгетер на местото на Тони, најмалку уште двајца одлични играчи за врска, како и нов дефанзивец што би го зазел местото на Лусио, уште еден во низата презаситени фудбалери на овој тим. Дали овој рез ќе ги даде очекуваните резултати, останува да се види, исто како и тоа дали Јирген Клинсман ќе ја преживее новата кампања против него. Реално гледано, шансите тоа да се случи се мали, но доколку Баерн влезе во посакуваниот ритам и сепак дојде до титулата, Бекенбауер би можел да го смени својот став и да му даде нова шанса на овој стратег.

Издание бр. 10 3


SPORT LIFE ДОБИТНА КОМБИНАЦИJА

Англискиот топ модел

Луси Пиндер

како добар познавач на фудбалот на Островото типува за вас: „Победа чиста како солза за Ливерпул на гостувањето против Мидлсборо!!!“

4 Sport Life MIX


Sport Life Mix, issue 10