Page 1

ФУДБАЛ

Sport Lifemix Издание броj 1

12 Декември 2008

Македонските Хероини

Издание бр. 1 1


Тенис, ФУДБАЛ, кошарка

Федерер се почасти со куќа

Роже Федерер е избран за најелегантен спортист на планетата, според шпанска „Марка“.

В

Кварежма добитник на „Златната канта“

Р

икардо Кварежма, португалскиот репрезентативец кој оваа сезона дојде во Интер за 18,6 милиони евра, е крунисан со непосакуваната титула за најлош фудбалер во италијанската Серија А, со што го наследи својот соиграч од Интер, Адријано, кој заслужено ја доби во минатата година. „Златната канта“ не е награда која некој би ја посакал за Божиќ, туку е саркастична награда која се доделува на играчот кој ќе покаже најмалку во однос на она што од него се очекува. Најлошиот фудбалер го бираат слушателите на популарната радио-емисија „Катерспорт“, која се емитува на програмата на „РАИ 2“. Интер веќе три сезони доминира на италијанските терени, но и неговите играчи доминираат со овој избор. Пред Кварежма, „наградата“ два пати по ред ја доби Адријано, кој се наоѓа на третото место во овогодинешниот избор, а поранешниот фудбалер на Интер, Кристијано Виери, го „освои“ второто место.

о 2008 Роже Федерер не го собори рекордот на Пит Сампрас за освоени гренд-слем титули, но сепак, со заработени 43.317.870 долари, тој го помина својот идол на листата за вкупна заработка во кариерата. И што би правел човек со толку пари?! - Федерер одлучи да го зголеми својот имот купувајќи куќа во источно швајцарскиот град Валбела. Ова не е прв пат тенисерот, кој е роден во Базел, да купува имоти во источна Швајцарија. На почетокот од оваа година, Федерер се здоми и на брегот на Циришкото Езеро, во „даночниот рај“ Волерау, каде први соседи му се Ф1 пилотите на Ферари Кими Раиконен и Фелипе Маса, како и пензионираната, поранешна најдобра тенисерка на светот, Мартина Хингис. Швајцарецот исто така има и ексклузивен имот во Дубаи каде тренира неколку пати годишно.

„Пензиониран“ дресот со број 21 на Дивац во Сакраменто

В

ладе Дивац е првиот Србин, чиј дрес ќе биде „пензиониран“ од страна на еден НБА тим. Сакраменто засекогаш ќе се збогува со бројот 21, а свеченоста е закажана за 31. март кога во Калифорнија гостува екипата на Њу Орлеанс, за која настапува некогашниот член на Сакраменто, Пеѓа Стојаковиќ. Дивац кариерата ја започна и ја заврши во ЛА Лејкерс, а играше и за Шарлот. Сепак, највпечатливи беа неговите настапи за преродената екипа на Сакраменто, која ја предводеше заедно со легендарниот Крис Вебер. „Кралевите“, во ерата на Дивац, Вебер, Биби, Кристи, Туркоглу и Боби Џексон беа редовни учесници во плејофот, но никако не можеа да ја поминат пречката која се вика Лејкерс. Во полуфиналето на западната конференција во

2 Sport Life MIX

2001 година беа „прегазени“, а само една година подоцна загубија несреќно со 4-3. Клучниот момент во таа серија се случи во четвртиот натпревар, на кој Сакраменто водеше и со 24 поени. Лејкерси на само неколку секунди до крајот имаа напад, но по шутот топката се одби до Дивац, кој ја исфрли надвор од рекетот. Во тој момент најприсебен беше Роберт Хори, кој биеше прецизно за три поени, со кои Лејкерс победија и изедначија на 2-2. Владе во НБА кариерата одигра 1.134 натпревари, на теренот помина 33.284 минути, постигна 13.398 поени (100 тројки), а во просек 11,8 по натпревар, имаше 9.326 скока, 3.541 асистенции, 1.631 блокада, 1.288 украдени и 2.470 загубени топки.


Формула 1, Фудбал

Бугарија домаќин на Ф1 трка!?!

П

о ненадејното откажување на тимот на Хонда, од Формула 1 пристигна уште една неверојатна вест. Имено, Бугарија на 15 декември ќе испрати понуда до челниците на ФИА за организирање на трка од „најбрзиот циркус на светот“. Се очекува пистата да биде изградена близу Плевен, каде е започната изградбата и на пистата за одржување на трки од Мото ГП-шампионатот. Првиот човек на Формула 1, Берни Еклстоун, пристигнува во Бугарија во јануари за да се запознае на лице место со можностите за изградба на трасата и условите за евент-

уално одржување на трка од шампионатот. Пред две години, исто така се појавија шпекулации дека холандски и британски инвеститори се заинтересирани за изградба на писта во Бугарија на која би се одржувале трки од Ф1, а сега нашиот источен сосед се надева дека ќе ја добие организацијата на една трка во 2011 година. Според поранешниот министер за внатрешни работи, Румен Петков, една од најприоритетните работи за неговата земја е одржување на Мото ГП или Ф1 трка.

Анри конечно се разведе

Ф

удбалерот на Барселона, Тјери Анри и` исплати осум милиони фунти на својата поранешна сопруга Клер Мери, со што конечно стави крај на судскиот спор по разводот со британската манекенка. Тјери и Клер се запознаа во 2001 за време на снимањето на реклама за „Рено Клио“ и ја имаат тригодишната ќерка Теа. Во јули тие не успеаја да постигнат договор, откако 27-годишниот модел бараше десет милиони фунти, врз основа на примањата на фудбалерот, неговите пари заработени од реклами, како и заедничката куќа во Хемпштед, северен Лондон, вредна шест милиони фунти. Очигледно е дека крајот на разводот позитивно влијае на Анри, а тоа најдобро го почуствуваа фудбалерите на Севилја на кого им „заби“ хет-трик во саботата.

Ѕ

Кака опасно „шофериште“

вездата на Милан, Кака, се има докажано ка-ко мајстор во избегнување на гужвата на фудбалскиот терен, но истото не важи и за патиштата на Милано, каде го удрил својот автомобил при едно панорамско возење. Имено, Кака снимал видео-запис за еден бразилски веб-сајт, во кој требал да вози низ Милано, коментирајќи ги знаменитостите на градот, како Миланската катедрала, модната улица и седиштето на Милан. Сè се одвивало во најдобар ред, сè додека Кака не се размуабетил и удрил во автомобилот што возел пред него. На големо изненадување на Кака „човекотжртва“ на судирот не реагирал вообичаено, како во било која друга ситуација, туку кога видел кој му го удрил автомобилот се насмеал и рекол: „Тоа си ти Кака! Најдобар си, ти благодарам.“

Издание бр. 1 3


SPORT LIFE ДОБИТНА КОМБИНАЦИЈА

Поранешната Мис Италија од 2000 година

ЏОРЏИЈА ПАЛМАС вереница на фудбалерот на Болоња, Давиде Бомбардини, типува за Вас:

„Сигурна победа за Болоња во дуелот против Торино!!!“

4 SPORT Sport LIFE Life MIX

Sport Life Mix  

Sport Life Mix Editorial - issue 1

Read more
Read more
Similar to
Popular now
Just for you