Митските слики на Јужните Словени - Никос Чаусидис (1)

Page 192

- родилка, на овој накит ja наоѓаме, веќе, во голема мера шематизирана. Нозете на фигурата ce cè уште раширени, но краевите во вид на зооморфни протоми, постепено се заменуваат со рибни перки. Меѓу препоните е претставен сегментот кој некогаш го носел значењето на породот што излегува од нејзината утроба. Тоа е показател дека спомнатата митска слика се трансформира, под влијание на една друга варијанта на овој мотив.54 Фигурата со овие одлики опстанала и во современиот словенски фолклор, и тоа пред cè како стилизиран мотив на народните везови. Многу почесто и во многу позачувана состојба е застапена кај Источните Словени (T. XXXIX - 19, 20, 21, 24, 25). Овој мотив, во нешто постилизирана форма, го наоѓаме и на јужнословенските народни везови (Т. XXXIX - 22, 23). Интересен е примерот од Македонија (22), каде на претставата (во голем степен геометризирана поради начинот на везење), cè уште се насетуваат не само зооморфните нозе туку и рацете, па и крилјата на фигурата. Примерите број 20, 23 и 24 ja илустрираат појавата на мешање и претопување на оваа претстава со една друга симетрична композиција - мотивот на лаѓа со два зооморфизирани клуна, во која се вози антропоморфна фигура (види шема на T. XXXIII - Д, Ѓ).

3. Редуцирана варијанта на божицата - родилка со нозе во вид на животински протоми (T. XL) Мотивот на родилката со нозе во вид на животински протоми, се јавува и во редуциран облик, што претставува резултат на повеќе процеси: а) демитизацијата на оваа митска слика б) потенцирањето на елементите од сликата, кои носеле одредено симболичко значење, и како последица на тоа, засенчување на оние кои такви значења немале. в) приспособувањето на оваа митска слика кон функцијата што ја поседувал предметот на кој таа била прикажана. Поради овие причини се губат рацете и лицето на фигурата. На некои предмети кои служеле како накит, главата се претвора во ушка за нивно прикачување, така што, од фигурата останува само торзото со зооморфизираните нозе (шема: T. XL - 1*, а, б, в). Оваа претстава е честа на накитот од времето на големата преселба на народите, кој се поврзува со културните групи на Аварите, Угро-финците, кавкаските народи или Словените (T. XL-2,5,6,8). Како постојан мотив се наоѓа на металните опкови на дрвените ведра, пред cè од Западна и Средна Европа (T. XL-4,7,10). Наведените примероци при54

Се работи за симболичката варијанта на жена со долна половина на телото во вид на риба (за нејзината симболика види стр. 137-140).

189


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.