Page 1

Број 482, јули, 2015 Број Број479, 483,мај, јули, 2015 2015 Број 483, јули, 2015 1 Број 478, мај 2015 483, јули, 20152015 Број 480, јуни, БројБрој 484, август, 2015

Број 484, август 2015


2

ВАШИОТ БИЗНИС НАШ ПРИОРИТЕТ!

Барате начин да го зголемите својот профит,

да обезбедите нови клиенти или партнери,

да го промовирате својот бизнис,

да ги унапредите своите знаења и вештини,

да ја зголемите својата информираност,

секогаш да бидете во тек со најновите случувања во бизнисот

и со најновите измени во законските регулативи?

Комората преку вмрежување и добро смислен маркетинг план за Ваша промоција, со лобирање и застапување на Вашите интереси, со обуки и семинари, Ви нуди можности да го креирате својот успех. Илјадници компании од секторите градежништво, туризам, земјоделство, информациски технологии, трговија и услуги, сметководство и индустриско производство учествуваат во успешното делување на Сојуз на стопански комори на Македонија.

Бидете и Вие дел од Вoдечката Македонска Деловна Мрежа

Мит.Теодосиј Гологанов бр.1, 1000 Скопје Т: 389 (02) 3091 440 Ф: 389 (02) 3090 595 Е: info@chamber.mk www.chamber.mk

Број 484,2015 август 2015 СОЈУЗ НА СТОПАНСКИ КОМОРИ НА МАКЕДОНИЈА


БИЗНИС ИНФОРМАТОР

3

ВО ОВОЈ БРОЈ НА БИЗНИС Страна 4 ГРАДЕЖНА КОМОРА: ДОСТИГНАТ Е ЛИМИТ НА НАЈНИСКА ЦЕНА НА СТАНОВИТЕ

Содржина Новости

4

Изјави и интервјуа

12

Конференци и, форуми, обуки Можности за соработка Компании членови на ССК

Градежната комора на Република Македонија во која членуваат над 450 компании со голем удел во пазарот на недвижнини, остро ја демантираат а н а л и з а т а н а и н д и в и д у а л н и нерелевантни субјекти, според која пет домашни компании ја диктираат цената на Страна 5

14

ОПШТИНА АЕРОДРОМ И ССК – ДЕЛОВЕН КЛУБ ЗА ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ И СОЦИЈАЛЕН НАПРЕДОК ССК продолжува со зајакнување на соработката со општините во нашата земја со цел забрзување на економскиот развој и создавање поволни услови за водење бизнис и

21

22

инвестирање Страна 23

ПОД ПОКРОВИТЕЛСТВО НА БИ-МЕК СЕ ОДБЕЛЕЖУВА ГЛОБАЛНАТА НЕДЕЛА НА ДОЕЊЕТО НВО Матрона, центар за промоција на здравје и човекови права, во со р а бо т к а со Здружението на педијатрите на РМ, Здружението на неонатолози на РМ, Универзитетска Клиника за гинекологија и акушерство и Здравствениот дом Скопје ја одбележува глобалната недела на доењето со серија едукативни предавања и Број 484, август 2015


БИЗНИС ИНФОРМАТОР

4

НОВОСТИ

ГРАДЕЖНА КОМОРА: ДОСТИГНАТ Е ЛИМИТ НА НАЈНИСКА ЦЕНА НА СТАНОВИТЕ Градежната комора на Република Македонија во која членуваат над 450 компании со голем удел во пазарот на недвижнини, остро ја демантираат анализата на индивидуални нерелевантни субјекти, според која пет домашни компании ја диктираат цената на становите, из ј а ва да де на бе з целосни и точно информации. Ставот на компаниите членови на Градежната комора на Македонија е дека цените на становите се формираат како резултат на трошоците за изградба што се прават, а главен приоритет при изградба е да создадат висококвалитетни, стабилни, енергетски ефикасни и економични станови, според европски квалитет и најнови стандарди. „Услови за да се намалат цените нема, освен ако се штеди на квалитет. Со понизок квалитет граѓаните ќе имаат двојнопоголеми трошоци по купувањето на станот. Трошоците за производство се зголемени, воведени се нови нормативи и за енергетска ефикасност, така што градежните компании имаат повисоките трошоци при инвестирање, а нудат максимален квалитет и реална пазарна цена. Согласно овие параметри, како стопанственици формираме цени кои гледаме да бидат достапни за граѓаните. Цените на становите во споредба со тоа какви беа пред само 5 години, веќе се значително намалени. Некој што од различни побуди го руши угледнот на комопаниите и сака да дојде до брзи пари сега може да ги намали цените, но тоа ќе биде моментална одлука, бидејќи на долгорочен план ќе работи со загуба“, изјави Роберт Хот, претседател на Градежна комора на Македонија. Со невистинитите информации кои се пласираа во јавноста за нереалната пазарна цена на становите, не само што се девалвира вредноста на непродадените станови, туку истовремено се девалвира имотот на уште 700.000 граѓани во Република Македонија. „Во формирањето на цената покрај градежните трошоци, со голем процент

учествуваат локацијата, односно градежното земјиште, потоа комуналиите, трошоците за проектирање, ревизии и надзор, приклучоците, енергетската ефикасност што најчесто е од А-класа, што значително ги крева трошоците во производство и ангажираните средства на инвеститорите“, изјави г. Ивица Јакимовски, член на УО на Градежна комора на Македонија. Според официјалните информации просечните цени на становите минатата година во

Број 484, август 2015


БИЗНИС ИНФОРМАТОР

5

НОВОСТИ

ОПШТИНА АЕРОДРОМ И ССК – ДЕЛОВЕН КЛУБ ЗА ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ И СОЦИЈАЛЕН НАПРЕДОК С С К продолжува со зајакнување на соработката со општините во нашата земја с о ц е л забрзување на економскиот развој и создавање поволни услови за водење бизнис и инвестирање Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) и Општина Аеродром ја официјализираа соработката со меморандум, потпишан од страна на претседателот на ССК, г- ѓа Данела Арсовска и градоначалникот г. Ивица Коневски. Целта на потпишување на меморандумот значи партнерство кое треба да овозможи ефективна соработка помеѓу општината и бизнис заедницата, со цел забрзување на економскиот развој и создавање поволни услови за водење бизнис и инвестирање. Со меморандумот за соработка општината и бизнис заедницата формираат Деловен клуб составен од компании членови на ССК кои делуваат на ниво на општината од различни дејности и претставници на менаџментот на Општината Аеродром. Компаниите кои делуваат на ниво на општината заеднички здружени и преку комората, а сега и преку општинскиот Деловниот клуб ќе имаат можност навремено да ги следат и детектираат предизвиците во општината со цел подобрување на деловното опкружување. Покрај овие компании постои отворена можност да се приклучат и останати компании, комори и организации. Со потпишување на меморандумот се интензивира соработката помеѓу локалната самоуправа и бизнис секторот, дополнително и преку формирање Деловен клуб составен од претставници на компании од различни дејности. Преку овој клуб ќе се воспостави, поттикне и развива дијалогот на локално ниво меѓу јавниот и приватниот сектор и ќе се зајакнат врските меѓу потребите на пазарот на труд и вештините што се развиваат кај младите преку образовниот систем и претприемништвото. Исто така, се очекува и размена на мислења и информации, како и покренување заеднички иницијативи и предлагање мерки за унапредување на квалитетот на животот на граѓаните во општината. Со потпишувањето на меморандумот продолжува и се интензивира одличната соработка којашто постои помеѓу општината и комората. Број 484, август 2015


БИЗНИС ИНФОРМАТОР

6

НОВОСТИ

ТУК: СРЕДБА СО ПРЕТСТАВНИЦИ НА НАЈГОЛЕМИОТ И НАЈСТАР ТУР ОПЕРАТОР ВО СВЕТОТ THOMAS COOK GROUP

Во просториите на Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК), претседателот на Туристичко- угостителската комора (ТУК) при ССК, г. Аркан Керим, оствари средба со претставници на најголемиот и најстар тур оператор во светот „Thomas Cook Group“ од Англија. На средбата со директорот на „Thomas Cook“ во седиштето на компанијата во Англија, г. Тим Џотс, на која присуствувале и менаџерите на компанијата за Германија и за Белгија, г. Феликс Хортолами и г. Стефан Џоли, претседателот Керим, ја презентираше работата на ТУК при ССК, како и условите и кои ги нудат хотелиерите.

Претставниците на Thomas Cook ќе бидат и во неколкудневна посета на Охрид, при што ќе им се претстави туристичкиот производ од Македонија и потенцијалот со кој располага земјата како се уште неоткриена европска туристичка дестинација. Средбата која се оствари во ССК,

како и посетата на Thomas Cook Group е во

Број 484, август 2015


БИЗНИС ИНФОРМАТОР

7

НОВОСТИ

ПРОДОЛЖЕНИ РОКОВИТЕ ЗА АПЛИЦИРАЊЕ НА ЈАВНИ ПОВИЦИ Сојузот на стопански комори на Македонија ( ССК ) во соработка со Министерството за економија Ве информира дека се продолжени роковите за

аплицирање по Јавните повици за: 1. Субвенционирање на занаетчии (до 31 август, 2015 година) 2. Субвенционирање на претпријатија во сопственост и управувани од жени (до 31 август, 2015 година) 3. Субвенционирање на претпријатија за воведување и сертифицирање на ХАЛАЛ систем (до 31 август, 2015 година). Повеќе информации може да најдете на следниот линк.

Број 484, август 2015


БИЗНИС ИНФОРМАТОР

8

НОВОСТИ

МОЖНОСТ ЗА ДОНАЦИИ ЗА ПОГОДЕНИТЕ ДОМАЌИНСТВА ВО ТЕТОВСКО Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) ги информира компаниите членови и соработници за можноста за донирање за погодените домаќинства во Тетовскиот регион како резултат на завчерашното невреме. Во соработка со Црвениот крст информираме дека потребна е помош со донирање вода за пиење, средства за хигиена, храна, ќебиња. Помошта може да се предаде во магацините на Црвениот крст во Момин Поток од 8 до 16 часот секо ден до 15-ти овој месец. Контакт телефон за предавање донација: 3096-227.

Од Црвениот крст на Република Македонија информираат дека заинтересираните правни субјекти и граѓани можат да се вклучат и со обезбедување парична помош на сметката на Фонд за солидарност: 300000001327966, ДБ: 4030984271620 Комерцијална Банка, како и со донирање 100 денари со повик на телефонските

броеви: 075/070/077 143-400. Црвениот крст следејќи ги случувањата на терен, донираните парични средства ќе ги насочи наменски за помош на настраданото население од поплавите, се вели во соопштението. Досега Црвениот крст дистрибуираше помош, 100 пакети храна, 200 средства за хигиена, 150 сетови за дезинфекција, 400 ќебиња, 30 душеци, 10 вреќи за спиење и 1.260 литри флаширана вода за пиење. Дополнително се дистрибуирани и 15 тони вода за пиење. Невремето во Тетовскиот регион одзеде четири човечки животи, едно лице се води за исчезнато, а 11 се повредени, и предизвика материјални штети. Во Тетово денеска и утре се прогласени денови на жалост. Владата вчера на вонредна седница донесе одлука да се исплати еднократна првична парична помош за погодените домаќинства од невремето во Тетовско, а специјално формирана Комисија ќе ги проценува штетите на имотите врз основа на што ќе се утврди висината на натамошната помош. Број 484, август 2015


БИЗНИС ИНФОРМАТОР

9

НОВОСТИ

ВО ТЕК Е ЈАВНИОТ ПОВИК ЗА ИПАРД ПРОГРАМАТА Објавен е јавен повик за доставување барања за користење финансиски средства од ИПАРД Програма за периодот 2007-2013 година. Како што соопшти Платежната агенција, повикот ќе трае најмалку 45 дена, а ќе се однесува на мерките 101, 103 и 302 - за инвестиции на земјоделските стопанства со цел нивно преструктуирање и надградба за постигнување на европските стандарди, за инвестиции за преработка и маркетинг на земјоделските и рибни производи со нивно преструктуирање и надградба, како и за диверзификација и развој на руралните економски активности. Претстојниот јавен повик ќе ги зголеми можностите по однос на типот инвестиции, обемот на потенцијалните корисници, набавката на различна земјоделска механизација вклучувајќи и трактори, како и финансиските лимити за крајните корисници на финансиската поддршка, информира Агенцијата. Правилата за користење на финансиските средства налагаат претходно склучување договор на потенцијалните корисници со Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и реализација на одобрената инвестиција согласно претходно договорените услови. Контрола на самото место и спроведувањето на надзорот

ИНФОРМАЦИЈА ЗА ОТВОРЕН ЈАВЕН ПОВИК АМБАСАДА НА ЦРНА ГОРА СКОПЈЕ Секретаријатот за развојни проекти во Владата на Црна Гора, на 1 јули 2015 година, распиша јавен Оглас за учество во постапка за добивање на средства за поттикнување на директни инвестиции. Во Јавниот оглас е предвидено средствата за поддршка на директни инвестиции, да можат да се доделат за инвестициони проекти чија минимална вредност на вложување е 500.000.00 Евра, а каде се обезбедува, предвидува отварање на најмалку 20 нови работни места, а ќе треба да се вработат во период од 3 години. Средствата наменети за поддршка на Директните инвестиции можат да се користат за финансирање на инвестициски проекти кои обезбедуваат нови вработувања како и стопански регионален развој на Црна Гора. Во постапката за доделување на средства кога се во прашање странски инвеститори кои сакаат да учествуваат на Јавниот Оглас, можат исто така да учествуваат во постапката за користење на средства, да склучат Договор за користење на средсва доколку регистрираат стопански субјект во Црна Гора. Јавниот Повик е отворен до 1 септември 2015 година. За сите дополнителни информации можете да се обратите на: Број 484, август 2015


10

Број 484, август 2015


11

ИЗЈАВИ И ИНТЕРВЈУА

Број 484, август 2015


БИЗНИС ИНФОРМАТОР

12

ИЗЈАВИ И ИНТЕРВЈУА

ГРАДЕЖНА КОМОРА: НЕМА УСЛОВИ ДА ПОЕВТИНИ СТАНБЕНИОТ КВАДРАТ Градежната комора на Република Македонија во која членуваат над 450 компании со голем удел во пазарот на недвижнини, остро ја демантираат а н а л и з а т а н а и н д и в и д у а л н и нерелевантни субјекти, според која пет домашни компании ја диктираат цената на становите, изјава дадена без целосни точно информации.

и

Ставот на компаниите членови Градежната комора на Македонија е дека цените на становите се формираат како резултат на трошоците за изградба што се прават, а главен приоритет при изградба е да создадат висококвалитетни, стабилни,

ИЗМЕНИТЕ НА ЗАКОНИТЕ ЗА ПРЕКРШОЦИ СЕ ДЕЛ ОД ПОЛИТИКАТА ЗА ОЛЕСНУВАЊЕ НА БИЗНИС КЛИМАТА Измените во законот за прекршоци е иницијатива на на Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) од 2013 година за подобрување на деловното работење како дел од пакетот мерки кои треба да му даваат дополнителна шанса на бизнисот. Казната ќе се одредува според економската моќ, бројот на вработените, а ќе биде важно и дали претходно фирмата била казнувана за таков прекршок. „Сметаме дека прифаќањето на мерките на бизнис заедницата во континуитет

има многу значаен придонес во унапредување на деловното опкружување. Измените во Законот за прекршоци, треба да придонесат бизнисот да оди напред и да се развива што е можно повеќе, тоа претставува бенефит за домашните компании“, изјави г-ѓа Данела Арсовска, претседател на Број 484, август 2015


БИЗНИС ИНФОРМАТОР

13

ИЗЈАВИ И ИНТЕРВЈУА

ССК И ОПШТИНА АЕРОДРОМ ПОТПИШАА МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) и Општина Аеродром ја официјализираа соработката со потпишување Меморандум чија цел е воспоставување партнерство за забрзување на економскиот развој и создавање поволни услови за водење бизнис и инвестирање. Како што соопшти ССК, освен интензивирање на соработката, Меморандумот предвидува и формирање Деловен клуб од компании­ членки на Сојузот кои делуваат

на ниво на општината од различни дејности, како и претставници на менаџментот на Општина Аеродром. Преку овој клуб ќе се воспостави, поттикне и развива дијалогот на локално ниво меѓу јавниот и приватниот сектор и ќе се зајакнат врските меѓу потребите на пазарот на труд и вештините што се развиваат кај младите преку образовниот систем и претприемништвото. Се очекува и размена на мислења и информации, како и покренување заеднички иницијативи и предлагање мерки за унапредување на квалитетот на животот на граѓаните во општината. ­ Компаниите кои делуваат на ниво на општината, заеднички, здружени преку Комората, а сега и преку општинскиот Деловен клуб, ќе имаат можност навремено да ги следат и детектираат предизвиците во општината со цел подобрување на деловното опкружување. Покрај нив, постои отворена можност да се приклучат и останати фирми, комори и организации, информира Сојузот.

Број 484, август 2015


БИЗНИС ИНФОРМАТОР

14

КОНФЕРЕНЦИИ, САЕМИ, ОБУКИ, БИЗНИС

ОБУКА НАМЕНЕТА ЗА ЖЕНИ ВО БИЗНИСЛИДЕРСТВО ВО АКЦИЈА - БИДЕТЕ АГЕНТ ЗА Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) Ве известува дека обуката Лидерство во акција ќе се одржи во Скопје на 28 и 29-ти септември и 5-ти и 6-ти октомври 2015 година во организација на Европска банка за обнова и развој. Обуката дава комплетен преглед на лидерството и на тоа како да се искористат лидерските техники за да се постигне долгорочен успех во бизнисот. Нуди суштински вештини, ресурси и техники за ефективно лидерство и менаџмент за жени претприемачи. Водите сопствен бизнис и сакате да ги унапредите своите лидерски вештини? Тогаш, оваа обука е за вас. Таа ќе ви помогне да ги усовршите вашите лидерски вештини. На крајот на четиридневната обука, ќе се здобиете со следните способности: ·

Да креирате свесност за улогата на жените лидери и лидерството

· Да ги разберете различните лидерски концепти и да ги препознаете специфичните предизвици за жените лидери ·

Да го идентификувате и планирате својот најдобар личен лидерски стил

· Да изградите вештини за дефинирање на личните и деловните цели (визии, годишни таргети, краткорочни цели) · Ефективно да комуницирате во компанијата и со надворешните акционери, со особен фокус на комуникација со комерцијалните банки со цел надминување на препреките за полесен пристап до финансии

· Да ги подобрите преговарачките вештини и подобро да се справите со културните и половите предизвици ·

Успешно да ги користите методите за градење на мрежа од соработници

· Ефективно да комуницирате со своите бизнис партнери и акционери користејќи социјални медиуми. Формата на обуката е прилагодена за жени во бизнис. Целата програма е организирана во 2 тренинг сесии, секоја во траење од 2 дена, со пауза помеѓу сесиите. Времето помеѓу сесиите е наменето за усвојување на новите концепти покриени во првата сесија, подготовка и практична работа пред втората сесија, но пред сè за да не им одземаме многу време на генералните менаџери од нивните бизниси. Првата сесија е генерално фокусирана на лидерството и менаџментот и нивната важност, додека втората, која е комплементарна, се фокусира на Број 484, август 2015


БИЗНИС ИНФОРМАТОР

15

КОНФЕРЕНЦИИ, САЕМИ, ОБУКИ, БИЗНИС

Обуката е базирана на најдобрите светски практики и широките експертски знаења. Таа е интерактивна и вклучува практични вежби и примери од секојдневниот живот. Ве води низ лидерските пристапи и стилови од почеток до крај. Обучувачите се искусни експерти и лидери, кои ја осознале разликата која лидерството може да ја направи. Обуката ќе ја реализира APPLICATIO Training & Management (Germany) во соработка со CEFE. Тие беа избрани поради нивното искуство во областа на лидерството и поради нивното знаење за тоа што значи успешно водење на една компанија и што треба за да се инспирира раст на истата. Како што информираат од Европска Банка за обнова и развој, учеството на обуката чини 6.200 денари, а истата ќе биде на македонски јазик. Во цената на обуката се вклучени тренинг материјали, освежување итн.

САЕМ ЗА ХРАНА И ТЕХНОЛОГИИ ЗА ОБРАБОТКА WORLD FOOD, ИСТАНБУЛ, ТУРЦИЈА Сојузот на стопански комори на Македонија ( С С К ) В е информира за можностa за учество на саемот за храна и технологии за обработка - World Food, кој ќе се одржи од 3. до 6. септември 2015 година, во И с т а н б у л Турција. Саемот има традиција од 23 години, на кој компаниите од оваа област имаат можност да се претстават со своите производи. Во 2014 година, на саемот учествувале 365 компании од 37 земји од светот. World Food е водечка компанија за саем на интернационалната трговија која ги покрива сите клучни индустриски сектори за храната и за пазарот со пијалоци. За повеќе информации, Ве молиме погледнете на следниот линк.

Број 484, август 2015


БИЗНИС ИНФОРМАТОР

16

КОНФЕРЕНЦИИ, САЕМИ, ОБУКИ, БИЗНИС

ПОКАНА ЗА СОРАБОТКА СО УНГАРСКИ КОМПАНИИ НА САЕМОТ АГРОФУД ВО СКОПЈЕ СЕПТЕМВРИ

Почитувани членови, Во насока на постојано доставување на бизнис информации за Ваша п р о м о ц и ј а , В е информираме дека од 15ти до 18-ти септември, на саемот Агрофуд во Скопје ќе присуствуваат и компании од Република Унгарија кои се заинтересирани за соработка со македонски

ПОКАНА ЗА УЧЕСТВО НА САЕМОТ ОМЕК ВО БУДИМПЕШТА, УНГАРИЈА, СЕПТЕМВРИ 2015 Во насока на постојано доставување на бизнис информации за Ваша промоција, Ве информираме дека од 23-ти до 27-ми септември, во Будимпешта, Унгарија на најголемиот саем за земјоделство ОМЕК, имате можност да членувате, односно да

Број 484, август 2015


БИЗНИС ИНФОРМАТОР

17

КОНФЕРЕНЦИИ, САЕМИ, ОБУКИ, БИЗНИС

МОЖНОСТ ЗА СОРАБОТКА СО УНГАРСКИ КОМПАНИИ НА САЕМОТ ТЕХНОМА Ве информираме дека од 13-ти до 17-ми октомври, во Унгарија ќе се одржи саемот Технома и воедно бизнис форумот, на кој можете да учествувате заедно со други унгарски компании.

ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН САЕМ ЗА ТУРИЗАМ ВО СОЛУН, ГРЦИЈА Во период од 12 до 14 ноември, 2015 година во Интернационалниот центар за саеми во Грција ќе се одржи Интернационален саем за туризам, организиран од страна на „National Exhibition Organization HELEXPO“.

Оваа година „HELEXPO“ подготвува специјална понуда за интернационалните учесници и ги нуди следните понуди за учество на саемот:  

Еден штанд од 12 квадратни метри Наплата на такси (19 евра/метар квадратен X 12 метри квадратни = 228 евра) и регистрација од 90 евра плус ДДВ)

За подетални информации и пријава на саемот за туризам: philoxenia@helexpo.gr

Број 484, август 2015


БИЗНИС ИНФОРМАТОР

18

КОНФЕРЕНЦИИ, САЕМИ, ОБУКИ, БИЗНИС

„MARKETPLACE AUSTRIA“ Ве информираме дека до Сојуз на стопански комори на Македонија е доставена информација за настан „Marketplace Austria“ кој ќе се одржи на 07.10.2015 во Австриската Стопанска Комора во Виена и е настан со најголема посетеност во комората. Имено Австриската Стопанска Комора организира B2B средби помеѓу австриските фирми-производители на прехранбени производи и интернационални увозници на прехранбени производи. Во таа насока покануваат претставници да учествува на овој настан и да ги испитаат можностите за соработка со австриските производители и останатите учесници. На следниов линк, можете да ги видите сите фирми кои се пријавени досега, да ја видите програмата и сите останати релевантни информации во врска со настанот. Исто така Ве информираме дека доколку сакате да учествувате на овој настан како и на b2b средбите, задолжително треба да се регистрирате на ВЕБ страната те. на горенаведениот линк.

41 МЕЃУНАРОДЕН САЕМ НА КРЗНО КОСТУР 2016 Со задоволство Ве информираме дека 41-от Меѓународен саем на крзно Костур 2016 година ќе се одржи од 5 до 8 мај 2016 во Костур, Грција. Доколку Ви се потребни дополнителни информации, Ве молиме контактирајте го организаторот на следната адреса: Костурското здружение на крзното "Пророкот Илија" 1, ул Valala. 52100 Костур, Грција Тел .: + 30.24670.22353; 2467044441; Факс: + 30.24670.28271 Е-пошта: akf@otenet.gr; info@furfairkastoria.com Web: www.furfair.gr; www.furfairkastoria.com

Број 484, август 2015


БИЗНИС ИНФОРМАТОР

19

КОНФЕРЕНЦИИ, САЕМИ, ОБУКИ, БИЗНИС ФОРУМИ

МОЖНОСТ ЗА ВАШЕ УЧЕСТВО НА МЕЃУНАРОДНИ САЕМИ ВО ЈАПОНИЈА, ФРАНЦИЈА, ИТАЛИЈА И Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија Ве известува дека во периодот од јуни до декември 2015 година ќе учествува на следните интернационални саемски манифестации: 1

JAFA

Јапонија

Токио

24-27 Септември

2

IFTM – TOP RESA

Франција

Париз

29 Сеп – 2 Окт

3

TTG

Италија

Римини

8-10 Октомври

4

WTM

Англија

Лондон

2-5 Ноември

Според Упатството на АППТ на РМ за начинот и постапката за учество на интернационални саемски манифестации за туризам, право за учество имаат сите правни лица, здруженија, организации, државни институции, образовни институции кои работат во областа на туризмот и тоа на следниот начин: 1. Пакетот за закуп на едно работно место(пулт), една маса за преговори со две столчиња со еден или двајца претставници предвидува:      

Монтажа и демонтажа на опрема на штандот Осветлување и одржување на хигиена на штандот Обезбедување на една или две влезници на саемот за сите денови Транспорт на промотивен материјал до 30 килограми Вклучување во официјалниот каталог, користење на остава и гардероба Натпис и лого на Учесникот на работното место(пултот)

1. Пакетот за учество само со промотивен материјал до 30 килограми е бесплатно и предвидува:  Дистрибуција на промотивен материјал  Изложување на промотивниот материјал на заеднички сталак  Делење на промотивниот материјал од страна на претставниците на АППТ  Користење на маса за преговори по претходно пријавен термин кај менаџерот на саемот, не подолго од 20 минути од состанокот  Износот на котизацијата за учество на саемските манифестации според Точка1 со закуп на пулт во Јапонија, Франција и Англија е во висина од 30.000,00 денари без ДДВ.  Износот на котизацијата за учество на меѓународната саемска манифестација според Точка1 во Италија(Римини) е во висина од 6.000,00 денари без ДДВ. За дополнителни информации и за пријавување на Вашето учество за присуство на саемските манифестациите можете да ме контактирате на:sgeorgieva@sojuzkomori.org.mkили на телефонскиот број: 02/3091-440. Контакт лице: Сања Георгиева. Број 484, август 2015


БИЗНИС ИНФОРМАТОР

20

КОНФЕРЕНЦИИ, САЕМИ, ОБУКИ, БИЗНИС ФОРУМИ

МОЖНОСТ ЗА ВАША ПРОМОЦИЈА НА САЕМИ ВО БУКУРЕШТ, РОМАНИЈА Во насока на Ваша промоција и пласман на Вашите производи и услуги Сојуз на Стопански комори на Македонија соработува со Амбасадата на РМ во Романија и Ви нуди можност за Ваше претставување на меѓународни саеми. Во текот на 2015 година во Букурешт ќе бидат организирани следниве меѓународни саеми:

            

International trade fair for furniture, equipment and accessories, 19.09.2015-23.09.2015 International exhibition for beauty equipment, products, body care and hairdressing, 01.10.2015 04.10.2015 International exhibition of textiles, ready-made clothes, leather goods, furs, footwear and leatherwear, accessories, 01.10.2015 - 04.10.2015 Bucharest International Technical fair, 14.10.2015-17.10.2015 International trade fair for renewable energy, conventional energy, equipment and technologies for the oil and natural gas industry,14.10.2015 – 17.10.2015 Invention and innovation show, 14.10.2015 - 17.10.2015 nternational trade fair of equipment and products in agriculture, horticulture, viticulture and animal husbandry, 28.10.2015 - 01.11.2015 International trade fair for the food industry, 28.10.2015 - 01.11.2015 International exhibition for packaging, packaging materials, machines and specific equipment, 28.10.2015 - 01.11.2015 Wines, alcoholic and non-alcoholic beverages trade show, 28.10.2015 -01.11.2015 Romanian Tourism Fair,12.11.2015-15.11.2015 International exhibition for equipment, furniture and supplies for hotels and restaurants, 12.11.2015 15.11.2015 Dentistry and dental technologies international exhibition, 19.11.2015 - 21.11.2015

За дополнителни информации можете да не контактирате на: info@sojuzkomori.org.mk или на тел: 02/3091-440.

Број 484, август 2015


БИЗНИС ИНФОРМАТОР

21

МОЖНОСТИ ЗА СОРАБОТКА

ПОКАНА ЗА ПАРТНЕРСТВО ОД КОМПАНИЈАТА GLOBAL PLASZTIK УНГАРИЈА

Почитувани членови, Во насока на изнаоѓање на партнери за соработка за Вашите компании, Ве информираме дека компанијата Globál Plasztik од Унгарија која се занимава со големопродажба на амбалажи, пластични гранулати и стреч фолии, е заинтересирана за соработка со македонска компанија. Подетални информации за компанијата можете да ги погледнете на следната веб страна http://www.globalpalsztik.hu/

Број 484, август 2015


БИЗНИС ИНФОРМАТОР

22

КОМПАНИИ ЧЛЕНОВИ НА ССК

ПОЧНУВА ИЗГРАДБА НА ЕЛИТНИОТ ОБЈЕКТ АДОРА ФЛЕТАЈТРОН ВО КИСЕЛА ВОДА

На локацијата н а поранешната фа бр ик а за сапуни „Цветан Димов" во Скопје денеска ќе почне изградбата на објектот кој ќе изгледа како познатата з г р а д а „Флетајрон" во Њујорк од 1902 година. Станбеноделовниот комплекс Адора Флетајрон во Скопје, ќе се гради на парцела од 4.400 квадратни метри. Ќе се изгради објект од 16 ката кој ќе содржи деловен простор и 14 нивоа за станови. Инвестицијата проценета на 40 милиони евра е на градежната компанија „Адора Инженеринг", компанија член на Сојуз на стопански комори на Македонија (ССК). Адора Flatiron Скопје го носи духот на Њујорк во централното подрачје на Скопје, со што македонската метропола ќе биде дел од светските градови со атрактивната архитектура на Њујоршката урбанистичка икона Flatiron. Предизвик за тимот на Адора инженеринг беше со референцата на култната зграда на Менхетн од 1902, во слични локациски услови во Скопје, во 2015 да изгради препознатлив симбол на светското културно наследство.

Елитниот објект Адора Flatiron Скопје започна да се гради на просторот меѓу бул. Македонија и ул. Иван Козаров, познат како Стара Рампа, во Кисела Вода, на само 1 километар оддалеченост и 10 минути пеш од строгиот центар на метрополата, со панорамски поглед на Порта Македонија и главниот плоштад во Скопје.Detal fasada Adora Flatiron Skopje Зградата со висина од 54 метри има приземје, мезанин и 16 катови, елитни станови од 31 до 119 м² и луксузен апартман на врвот од 260 м² со фантастичен поглед на Скопје. Објектот има 29 луксузни деловни простории од 45, 90, 123 до 277 м², со можност за спојување до 508, 527, 1035 и 1770 м², со идеални услови за успешни бизниси и модерни паркиралишта.Timot na Adora inzenering so maketata Објектот има сопствени 350 модерни паркиралишта на три нивоа. Со препознатливиот архитектонски изглед со елементи на неокласицизам и впечатливи детали, атрактивниот објект Adora Flatiron Скопје, со докажана стабилност и стандардизиран европски квалитет нуди одлични услови заБрој домување 484, август 2015


БИЗНИС ИНФОРМАТОР

23

КОМПАНИИ ЧЛЕНОВИ НА ССК

ПОД ПОКРОВИТЕЛСТВО НА БИ-МЕК СЕ ОДБЕЛЕЖУВА ГЛОБАЛНАТА НЕДЕЛА НА

НВО Матрона, центар за промоција на здравје и човекови права, во соработка со Здружението на педијатрите на РМ, Здружението на неонатолози на РМ, Универзитетска Клиника за гинекологија и акушерство и Здравствениот дом Скопје ја одбележува глобалната недела на доењето со серија едукативни предавања и практични работилници поврзани со доењето пренесувајќи ја пораката надвор од здравствените институции во јавноста. Покровители на настанот се Би-МЕК, компанија член на Сојуз на стопански комори на Македонија, претставник на Medela, светски лидер за производи за подршка на доењето и City Mall Скопје, а е поддржан и од Клиничката болница Аџибадем Систина, болница Ремедика и болница Плодност. На одржаната прес конференција се зборуваше за актуелната состојба и перспективите за унапредување на доењето во РМ како и за перспективите за отварање на банка за хумано млеко, улогата на раѓалиштата и неонатологот во иницијација на доењето и на превентивниот тим и патронажната сестра во одржувањето на доењето. Беа најавени серија едукативни предавања и интерактивни работилници не само во врска со здравствените и медицинските аспекти на доењето но и пошироко, психолошките и емотивни аспекти и продолжувањето на дијадата мајка бебе, совети од нутриционист како и работилници со искусни медицински сестри за совладување на техниките и сите потешкотии кои може да се појават за време на доењето. За време на Светската недела на доењето Матрона заеднички со сите наведени институции, компании и здравствени организации јавно повикува на зголемување на свесноста за важноста и придобивките од доењето, порака која треба да се пренесе надвор од болниците и родилните сали до широката јавност таргетирајќи ги не само идните родители и семејствата со новородени, но и целото општество и младите луѓе заради тоа што сите мора да ја разбереме важноста на доењето и да помогнеме во зголемување на процентот на доење и создавање на услови за тоа. Придобивките од доењето во однос на растот и развојот на децата се добро познати. Постојат научни докази дека доењето доведе до значајно намалување на смртноста кај децата кои биле доени до 2 години, односно ексклузивно во првите 6 месеци. Воедно ова одбележување на Светската недела на доењето претставува најава на низата активности на НГО МАТРОНА за поддршка на доењето во тек на целата година. Овогодинешното мото на Светската недела на доење потенцира дека доењето и работата можат да одат заедно. Почеток на работа, не мора да значи и крај за доењето. Постојат многу начини да се продолжи со доење и по започнување со работа, но потребна е поддршка од општеството и од работодавачите.

На денешен ден, со цел промоција и поддршка на доењето, Би-МЕК Медела заедно со Број 484, август 2015


БИЗНИС ИНФОРМАТОР

24

КОМПАНИИ ЧЛЕНОВИ НА ССК

ДОНИРАНИ ПУМПИ ЗА ИЗМОЛЗУВАЊЕ НА МАЈЧИНО МЛЕКО НИЗ ПОГОЛЕМИТЕ РАЃАЛИШТА НИЗ МАКЕДОНИЈА

По повод Светската недела на доењето (1-7 А в г у с т ) компанијата Б и - М Е К , ексклузивен застапник на М е д е л а , с в е т с к и лидер за производи за поддршка на мајките кои дојат донира

професионални болнички пумпи за измолзување на мајчиното млеко до сите поголеми раѓалишта низ Македонија. „Пумпите за измолзување се од огромно значење за мајките во периодот по раѓањето за воспоставување на процесот на доење. Имајќи го во предвид значењето на мајчиното млеко, како и клучната улога на доењето во развојот на новороденчето, располагањето со болничка пумпа за измолзување во раѓалиштата го олеснува и помага овој процес.“ , изјави г-ѓа Тања Евросимовска, директор во БиМ Е К и д о д а д е „Би-МЕК како авторизиран претставник на Медела од 2005 та година интензивно работи за поддршка на доењето со бројни проети. Во 2011 година одбележувајќи ја Светската недела на доење, дониравме мали електрични пумпи за измолзување во повеќето раѓалишта низ Македонија, а годинава продолжуваме со уште поголема донација на професионални болнички пумпи низ поголемите раѓалишта и стоиме на располагање и за останатите раѓалишта низ Македонија.“ Покрај донацијата на медицински пумпи за измолзување, Би- МЕК е покровител на одбележување на Светската недела на доењето во Скопје Сити Мол со серија едукативни предавања и практични работилници за мајките пренесувајќи ја пораката надвор од здравствените институции во јавноста. Целта на ваквите активности е сите идни родители да ја разберат важноста на мајчиното млеко за новороденчето и

Број 484, август 2015


БИЗНИС ИНФОРМАТОР

25

КОМПАНИИ ЧЛЕНОВИ НА ССК

KNOWLEGDE CENTER : ИСТРАЖУВАЊЕ НА ТЕМА “ВЛИЈАНИЕТО НА УПРАВУВАЊЕТО СО ЗНАЕЊЕТО ВРЗ КОНКУРЕНТСКАТА ПРЕДНОСТ НА КОМПАНИИТЕ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА”

Компанијата Knowledge Center во моментот работи на теренско истражување за докторски труд на тема “Влијанието на управувањето со знаењето врз конкурентската предност на компаниите во Република Македонија”. Истражувањето ги опфаќа сите компании членки на Сојузот на Стопански Комори на Македонија. Прашалникот опфаќа четири процеси на управување со знаење: (1) генерирање на знаење, (2) организација на знаење, (3) дисеминација на знаење и (4) апликација на з н а е њ е т о . Дополнително, прашалникот о п ф а ќ а прашања и за влијанието на (1) организациската култура, (2) структура и (3) технологија врз управувањето со знаењето. Би Ви биле благодарни д о к о л к у учествувате во истражувањето. Прашалникот нема да Ви одземе повеќе од 10 минути, но потребно е да се одговорат сите прашања кои се обележани со ѕвезда. Линкот до прашалникот е https://www.surveymonkey.com/r/upravuvanjesoznaenje Доколку се потребни повеќе информации за истражувањето и прашалникот, можете да не контактирате на Телефон 076 60 60 60 Е-пошта: andrijana.djurovic@theknowledge-center.com www.theknowledge-center.com

Број 484, август 2015


26

Сојуз на стопански комори на Македонија Мет.Теодосиј Гологанов бр.1, 1000 Скопје Т: 389 (02) 3091 440 Ф: 389 (02) 3090 595 Е: info@chamber.mk www.chamber.mk

Податоците се изготвуваат врз основа на постојното законодавство во времето на © Сојуз на стопански комори на Македонија 2015 Сите права се задржани. Оваа публикација е изготвена од Сојуз на стопански комори на Македонија, кој е ексклузивен носител на сите права, како што е утврдено и со Законот за индустриска сопственост и Законот за авторски и сродни права. Без претходна писмена дозвола на Сојуз на стопански комори е забрането да се репродуцира, дистрибуира, става на располагање на јавноста (интернет) и други форми на комуникација со јавноста, преработува, или било која друга употреба на авторско дело или делови од него во некој размер или процедури, вклучувајќи фотокопирање, печатење или електронска форма.

Логото на Сојуз на стопански комори на Македонија, е регистрирана трговска марка Скопје, јануари 2015

Број 484, август 2015

Profile for Macedonian Chambers of Commerce

Бизнис Информатор бр. 484  

Бизнис Информатор бр. 484  

Advertisement