Page 1

Број 482, јули, 2015 Број Број479, 483,мај, јули, 2015 2015 Број 483, јули, 2015 1 Број 478, мај 2015 Број Број 483, јули, 20152015 480, јуни,

Број 483, јули 2015


2

ВАШИОТ БИЗНИС НАШ ПРИОРИТЕТ!

Барате начин да го зголемите својот профит,

да обезбедите нови клиенти или партнери,

да го промовирате својот бизнис,

да ги унапредите своите знаења и вештини,

да ја зголемите својата информираност,

секогаш да бидете во тек со најновите случувања во бизнисот

и со најновите измени во законските регулативи?

Комората преку вмрежување и добро смислен маркетинг план за Ваша промоција, со лобирање и застапување на Вашите интереси, со обуки и семинари, Ви нуди можности да го креирате својот успех. Илјадници компании од секторите градежништво, туризам, земјоделство, информациски технологии, трговија и услуги, сметководство и индустриско производство учествуваат во успешното делување на Сојуз на стопански комори на Македонија.

Бидете и Вие дел од Вoдечката Македонска Деловна Мрежа

Мит.Теодосиј Гологанов бр.1, 1000 Скопје Т: 389 (02) 3091 440 Ф: 389 (02) 3090 595 Е: info@chamber.mk www.chamber.mk

Број 483, СОЈУЗ НА СТОПАНСКИ КОМОРИ НА МАКЕДОНИЈА 2015јули 2015


БИЗНИС ИНФОРМАТОР

3

ВО ОВОЈ БРОЈ НА БИЗНИС Страна 4 ПОНИСКИ КАЗНИ ЗА КОМПАНИИТЕ ЗА ПОДОБРИ БИЗНИС РЕЗУЛТАТИ

Содржина Новости

4

Изјави и интервјуа

12

Намалувањето на казните за домашните компании заедно со многу други мерки кои се донесени во голем дел по иницијатива на Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) овозможуваат македонското стопанство да остварува добри резултати.

Страна 5

Конференци и, форуми, обуки

17

Можности за соработка

22

Компании членови на ССК

23

ГРАДЕЖНА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА – КОМОРА ЗА 2015 ГОДИНА

Советот на претседатели на стопанските комори како резултат на активностите, заложбите и иницијативите на Градежната комора во одредени законски измени кои треба да придонесат стабилност на градежниот сектор и позитивно да се одржат и во други економски гранки ја прогласи Градежната

Страна 7

МАКЕДОНИЈА ИМА ГОЛЕМ ИТ ПОТЕНЦИЈАЛ И Е ДОБРА ДЕСТИНАЦИЈА ЗА СТРАНСКИТЕ КОМПАНИИ

Она што го прави Владата во соработка со приватниот сектор им овозможува на домашните ИКТ компании да отвораат нови работни места и да развиваат софтвер и услуги не само за Македонија, туку и за извоз“, истакна денеска министерот за информатичко општество и администрација г. Иво Ивановски на Јавната расправа по однос на предлог - краткорочната ИKТ стратегија 2016 - 2017, на која присуствуваше претседателот на ИКТ комората при Сојуз на стопански комори на Македонија г. Саша Огненовски. Број 483, јули 2015


БИЗНИС ИНФОРМАТОР

4

НОВОСТИ

ПОНИСКИ КАЗНИ ЗА КОМПАНИИТЕ ЗА ПОДОБРИ БИЗНИС РЕЗУЛТАТИ Намалувањето на казните за домашните компании заедно со многу други мерки кои се донесени во голем дел по иницијатива на Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) овозможуваат македонското стопанство да остварува добри резултати. „Иницијатите на ССК за подобрување на деловното р а бо те њ е ка ко де л о д пакетот мерки во 2013 година се усвојуваат континуирано со наоѓање начини за нивно интегрирање. ­Со пакетот законски измени, особено измените на Законот за прекршоци што помина во Собранието, драконските казни со кои се соочуваа компаниите во изминатите години се намалија и тоа значително“, изјави г-ѓа Данела Арсовска, претседател на ССК.

Вицепремиерот и министер за финансии г. Зоран Ставрески, истакна дека со намалените казни за фирмите, се исполнува големо ветување од Владата кон домашните фирми и се придонесува за натамошно подобрување на нивниот амбиент за работа. Драстично се намалуваат казните за фирмите, што, пред се, е значајно за малите и средните претпријатија. ­ „Кај малите фирми казните ќе бидат пониски шест до седум пати во однос на досегашните, а кај средните два до четири пати пониски од досегашните, што значи дека казната доколку мора да се изрече нема да влијае значајно врз работењето на фирмите“, изјави Ставрески, одговарајќи на новинарски прашања при посетата на Сојузот на стопански комори. Целта на казните, укажа, не е да влијаат врз работењето на фирмите, туку само да го опоменат оној кој го прекршил законот да се корегира и да понатаму продолжи со работата. Таа цел ќе се постигне на ваков начин, со определување на казните сразмерно на големината на фирмите. „Со измените на Законот за прекршоци се воведува и поголема примена на институтот опомена, значи за помалите прекршоци нема воопшто да има казни, туку фирмите ќе бидат опоменети со цел да го корегираат своето работење и да продолжат понатаму“,

Број 483, јули 2015


БИЗНИС ИНФОРМАТОР

5

НОВОСТИ

ГРАДЕЖНА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА – КОМОРА ЗА 2015 ГОДИНА Советот на претседатели на стопанските комори како резултат на активностите, заложбите и иницијативите на Градежната комора во одредени законски измени кои треба да придонесат стабилност на градежниот сектор и позитивно да се одржат и во други економски гранки ја прогласи Градежната комора за комора за 2015 година. „Како претседавач на Советот на претседатели на стопанските комори, врз основа на успесите постигнати во изминатата година и иницијативите за 2015 година, чест ми е да Ве информирам дека Градежната комора на Македонија, советот ја прогласи за комора на 2015 година. Веруваме дека и следната година градежништвото ќе придонесува во голем дел за севкупен економски раст “, изјави г-ѓа Данела Арсовска, претседател на Сојуз на стопански комори на Македонија (ССК). Вицепремиерот и министер за финансии г. Зоран Ставрески, истакна дека на иницијатива на Градежната комора при ССК, донесени се измените во Законот за ДДВ, со кои антикризната мерка наместо до 31 декември годинава, ќе важи и за следните три години. Така, данокот на додадена вредност од 5 проценти за становите останува непроменет за следните три години. Претседателот на Градежната комора при ССК, г. Роберт Хот изјави дека заедно со работните групи составени од реномирани компании членови, активно се вклучуваат и ги следат сите законски измени кои се однесуваат на секторот градежништво. Очекуваат градежниот сектор и во иднина да биде двигател на економскиот раст. „Новите проекти за изградба на делници од брзи патишта заедно со планот и натаму да се градат локални патишта очекуваме да придонесуваат за натамошен раст. Капиталните проекти се повеќегодишни и за нив е обезбедена финансиска конструкција што ни дава за право да се надеваме дека градежниот сектор и натаму ќе биде двигател на вкупниот економски раст. Лидерската позиција на градежниот сектор се одрадзува директно и индиректно и во други економски сектори, односно повлекува раст на повеќе од 26 други гранки од економијата поврзани со него. Инвестициите во инфраструктурни проекти значат основа и неопходност за раст на секоја економија“, изјави Хот.

Број 483, јули 2015


БИЗНИС ИНФОРМАТОР

6

НОВОСТИ

УСВОЕНА МЕРКАТА НА ССК ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА КАЗНИТЕ ЗА КОМПАНИИТЕ

Иницијативата на Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) за намалување на драконските казни кои беа закана за опстојувањето на бизнисите е усвоена и е дел од мерките за унапредување на деловното опкружување доставени до Владата на Република Македонија во 2013 година. „Со измените во Законот за прекршоци, покрај промените во намалување на глобите се предвидува и воведување на можност за опомена со што се остава простор за едукација на стопанствениците кои недоволно ја познаваат регулативата во насока на отстранување на недостатоците. Веруваме дека измените на Законите за прекршоци, за општа управна постапка и за парнична постапка, што вчера ги донесе Собранието со двотретинско мнозинство, во многу елементи ќе ги подобрат условите за работа на стопанските субјекти“, изјави г-ѓа Данела Арсовска, претседател на ССК. Со воведување на принципот на нивелирање на санкциите согласно економската моќ на субјектите, како вкупни приходи, број на вработени, како и примена на информативна, едукативна, па дури потоа санкциона функција сметаме дека во голема мера компаниите ќе чувствуваат помал притисок при спроведување на одреден законски процедури. Сојузот на стопански комори на Македонија е најголемата независна деловна организација, во која се здужени и успешно функционираат 9 грански комори од различни

Број 483, јули 2015


БИЗНИС ИНФОРМАТОР

7

НОВОСТИ

МАКЕДОНИЈА ИМА ГОЛЕМ ИТ ПОТЕНЦИЈАЛ И Е ДОБРА ДЕСТИНАЦИЈА ЗА СТРАНСКИТЕ КОМПАНИИ “Она што го прави Владата во соработка со приватниот сектор им овозможува на домашните ИКТ компании да отвораат нови работни места и да развиваат софтвер и услуги не само за Македонија, туку и за извоз“, истакна денеска министерот за информатичко општество и администрација г. Иво Ивановски на Јавната расправа по однос на предлог краткорочната ИKТ стратегија 2016 - 2017, на која присуствуваше претседателот на ИКТ комората при Сојуз на стопански комори на Македонија г. Саша Огненовски. Македонија има голем ИТ потенцијал и е добра дестинација за странските директни инвестиции од оваа област, истакна министерот Ивановски. „Во 2013 година ИКТ секторот придонесе со 450 милиони евра, а од 2010-та до 2013-та бележи и најмногу вработувања, над 138 отсто повеќе. Тоа значи дека потенцијал имаме и тоа го препознаваат странските компании“, напомена Ивановски. Според него, овој споредбен период од три години покажува и дека од вкупниот извоз во 2013-та, 120 милиони евра, најголем дел е развој на софтвер и услуги. „Дури 95 проценти од колачот за извозно-ориентираните информатички технологии, се однесуваа на услуги. Тоа уште еднаш докажува дека Македонија е добра дестинација за компаниите кои доаѓаат. Моментно сме во преговори и се надевам, странски инвестиции ќе продолжат да доаѓат за максимално искористување на нашиот талент за извоз на услуги кон ЕУ“, нагласи министерот, додавајќи дека вкупниот број вработени во ИКТ, околу 16.000, кој воедно претставува 2,4 отсто од вкупниот број вработени во земјава, придонесуваат со 4,1 процент во додадената вредност. Инвестирањето во студентите и идните генерации воопшто, потенцира, останува еден од клучните приоритети на Владата. „Затоа се прават и реформи во образованието. Во таа насока се и барањата на приватниот сектор за правење конкретни, брзи мерки кои ќе овозможат побрза трансформација на дипломираните ИКТ студенти и нивно активно вклучување во технологијата“, напомена Ивановски. Промените во ИКТ индустријата, се согласи претседателот на ИКТ комората при Сојузот на стопански комори (ССК) Саша Огненовски, се случуваат со 10 пати поголем интензитет од вообичаениот за другите. „Веќе имавме една ИКТ стратегија која времето ја прегази и се појави потреба од изготвување нов документ. Во тоа учествуваме сите, науката, бизнисот, Министерството, невладините организации. Нашата индусрија е водечка и треба да го повлече општеството напред во однос на економскиот развој. Неспорен факт е дека развиеното ИКТ општество дава многукратен придонес“, подвлече Огненовски. Во краткорочната стратегија што беше презентирана, а е изготвена на иницијатива на ИКТ комората при ССК со поддршка на Швајцарската амбасада, има предлог-мерки од приватниот сектор за побрз, подинамичен начин да се трансформира знаењето на дипломците. Број 483, јули 2015


БИЗНИС ИНФОРМАТОР

8

НОВОСТИ

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ИПАРД ПРОГРАМА КОН КРАЈОТ НА ЈУЛИ 2015 ГОДИНА Кон крајот на овој месец ќе биде објавен уште еден јавен повик за доставување барања за користење финансиски средства од ИПАРД Програма за периодот 2007-2013 година. Како што соопшти Платежната агенција, повикот ќе трае најмалку 45 дена, а ќе се однесува на мерките 101, 103 и 302 за инвестиции на земјоделските стопанства со цел нивно преструктуирање и надградба за постигнување на европските стандарди, за инвестиции за преработка и маркетинг на земјоделските и рибни производи со нивно преструктуирање и надградба, како и за диверзификација и развој на руралните економски активности. Претстојниот јавен повик ќе ги зголеми можностите по однос на типот инвестиции, обемот на потенцијалните корисници, набавката на различна земјоделска механизација вклучувајќи и трактори, како и финансиските лимити за крајните корисници на финансиската поддршка, информира Агенцијата. Правилата за користење на финансиските средства налагаат претходно склучување договор на потенцијалните корисници со Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и реализација на одобрената инвестиција согласно

ИНФОРМАЦИЈА ЗА ОТВОРЕН ЈАВЕН ПОВИК АМБАСАДА НА ЦРНА ГОРА СКОПЈЕ Секретаријатот за развојни проекти во Владата на Црна Гора, на 1 јули 2015 година, распиша јавен Оглас за учество во постапка за добивање на средства за поттикнување на директни инвестиции. Во Јавниот оглас е предвидено средствата за поддршка на директни нвестиции, да можат да се доделат за инвестициони проекти чија минимална вредност на вложување е 500.000.00 Евра, а каде се обезбедува, предвидува отварање на најмалку 20 нови работни места, а ќе треба да се вработат во период од 3 години. Средствата наменети за поддршка на Директните инвестиции можат да се користат за финансирање на инвестициски проекти кои обезбедуваат нови вработувања како и стопански регионален развој на Црна Гора. Во постапката за доделување на средства кога се во прашање странски инвеститори кои сакаат да учествуваат на Јавниот Оглас, можат исто така да учествуваат во постапката за користење на средства, да склучат Договор за користење на средсва доколку регистрираат стопански субјект во Црна Гора. Јавниот Повик е отворен до 1 септември 2015 година. За сите дополнителни информации можете да се обратите на: Број 483, јули 2015


БИЗНИС ИНФОРМАТОР

9

НОВОСТИ

ОДРЖАНА СЕДНИЦА НА УПРАВЕН ОДБОР НА СМЕТКОВОДСТВЕНА КОМОРА Во просториите на Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК), се одржа седница на Управен одбор на Сметководствена комора, предводена од претседателот г. Драган Митковски. На седницата се дискутираше за активностите на Сметководствена комора и постигнатите резултати во изминатиот период. Исто така, членовите на УО дискутираа за можностите за подобрување и олеснување на работата на сметководствените компании. Во таа насока предвидени се

ДЕЛОВНА СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ТУК СО АСОЦИЈАЦИЈА НА ТУРИСТИЧКИ АГЕНЦИИ И ТУРОПЕРАТОРИ - ТУРСАБ ВО ИСТАНБУЛ Претседателот на Туристичко угостителската комора при Сојуз на стопански комори на Македонија, г. Аркан Керим оствари официјална средба со претседателот на Асоцијацијата на Турски Агенции и Туроператори ТУРСАБ , г. Башаран Улусој во седиштето на ТУРСАБ во Истанбул Турција. На состанокот присуствуваа советникот на претседателот на ТУРСАБ, г. Гуннур Дикер, директорката на саемските организации при ТУРСАБ г-ѓа Есра Толгај и г. Гулберк Ашјапар од секторот за мегунардона соработка на ТУРСАБ. На средбата меѓу другото се разговараше за туриситичката соработка мегу Репубика Македонија и Република Турција и како таа да се подигне на повисоко ниво од сегашното. Договорено е во наредните денови да се потпише протокол за соработка помеѓу Туристичко угостителската комора при ССК и асоцијацијата на Турски Агенции и Туроператори ТУРСАБ која што ќе биде пред се за взаемно претставување на агенциите од двете земји на трети пазари, правна помош на агенциите од Македонија во Турција и обратно за спречување на несакани ситуации какви што имаше во изминатиот период, обуки и тим билдинг за агенции членови на Туристичко угостителската комора при ССК во Турција од релевантни и реномирани агенции и институции членки на ТУРСАБ.

Број 483, јули 2015


10

Број 483, јули 2015


11

ИЗЈАВИ И ИНТЕРВЈУА

Број 483, јули 2015


БИЗНИС ИНФОРМАТОР

12

ИЗЈАВИ И ИНТЕРВЈУА

АРСОВСКА : НАМАЛУВАЊЕТО НА КАЗНИТЕ ЌЕ ГО ПОДОБРИ ДЕЛОВНИОТ АМБИЕНТ Во вестите на Канал 5, претседателот на Сојуз на стопанска комори г-ѓа Данела Арсовска, истакна дека Иницијативата на Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) за намалување на драконските казни кои беа закана за опстојувањето на бизнисите е усвоена и е дел од мерките за унапредување на деловното опкружување доставени до Владата на Република Македонија во 2013 година. „Со измените во Законот за прекршоци,

покрај промените во намалување на глобите се предвидува и воведување на можност за опомена со што се остава простор за едукација на стопанствениците кои недоволно ја познаваат регулативата во насока на отстранување на недостатоците. Веруваме дека измените на Законите за прекршоци, за општа управна постапка и за парнична постапка, што вчера ги донесе

РОБЕРТ ХОТ: ПОВЛАСТЕНАТА СТАПКА НА ДДВ ЌЕ ГО ПОТТИКНЕ ГРАДЕЖНИШТВОТО На иницијатива на Градежната комора при Сојуз на стопански ко мори на Македо нија (ССК) донесени се измените во Законот за ДДВ, со кои антикризната мерка наместо до 31 декември годинава, ќе важи и за следните три години. Така, данокот на додадена вредност од 5 проценти за становите останува непроменет за следните три години. Ова е поддршка за градежниот сектор и ќе создаде услови за натамошна експанзија на станбената изградба. Роберт Хот, претседател на Градежната комора при ССК, рече дека градежните компании сметаат дека владината мерка ќе придонесе за стабилен раст и продолжување на нивната работа. Тоа, нагласи, е значајно за уште 26 други гранки коишто растат заедно со градежните компании. Покрај вискоградбата, оцени Хот, стабилната политика во однос на капиталните инвестиции придонесува во наредните три-четири години да продолжи стабилниот раст на градежниот сектор во нискоградбата со изградба на автопатишта, регионални и брзи патишта.

Број 483, јули 2015


БИЗНИС ИНФОРМАТОР

13

ИЗЈАВИ И ИНТЕРВЈУА

МИТКОВСКИ : ПОМАЛИТЕ КАЗНИ ЌЕ ГО РАСТЕРЕТАТ БИЗНИСОТ Измените на Законот за прекршоци го растеретуваат бизнис – секторот од високите трошоци, ги подобруваат условите за стопанисување, отвораат дополнителен простор за раст и развој на претпријатијата. “Санкциите се нивелираат согласно економската моќ на компаниите, што е особено важно за микро, малите и средните претпријатија. Предвидени се три критериуми: Прво, се зема предвид вкупниот приход на компанијата од претходната година. 10% ќе плаќаат фирмите со приходи до максимални 500 илјади денари. Горна граница е 70% за компаниите со приход од 100 милиони денари. Второ, се зема предвид бројот на вработени. За фирми до 9 работници санкцијата е во висина од 5%, а ако се има предвид дека 85% од компаниите се со толкава бројност, тогаш станува јасно зошто овие законски измени се очекува значително да го подобрат деловниот амбиент. Оние фирми кои имаат повеќе од 250 вработени ќе плаќаат до 20% од пропишаната глоба. Трет и можеби најважен критериум е поведението на фирмите во претходниот период. Ако досега немало санкција за одредена компанија, тогаш не се оди кон драконско казнување. Во игра влегува институтот опомена, што значи дека за поситни прекршоци прво ќе се оди кон укажување на грешката, а дури потоа ќе следува казната. Со воведувањето на принципот на нивелирање на санкциите согласно економската моќ на субјектите, како вкупни приходи, број на вработени, како и примената на информативна, едукативна, а дури потоа санкциона функција, сметаме дека во голема мера компаниите ќе чувствуваат помал притисок при спроведување на одредени законски процедури", изјави Драган Митковски, потпретседател за финансии при Сојуз на стопански комори на Македонија. Новите законски измени го гарантираат принципот на правичност и секоја фирма во чие работење се утврдени неправилности ќе плаќа согласно својата економска моќ. “Профитите на газдите на фирмите ќе бидат поголеми, со што и работниците навреме ќе бидат исплатени за својот вложен труд.Сега се ослободуваме од психолошкиот притисок од заканата за високи глоби, кои ги оневозможуваа

Број 483, јули 2015


БИЗНИС ИНФОРМАТОР

14

ИЗЈАВИ И ИНТЕРВЈУА

ССК: НАМАЛЕНИТЕ КАЗНИ ЗА КОМПАНИИТЕ ЌЕ ГИ ПОДОБРАТ УСЛОВИТЕ ЗА РАБОТА Усвоените измени на законите за прекршоци, за општа управна постапка и за парнична постапка, со кои се намалувaат казните за компаниите, ќе ги подобрат условите за работа, оцени денеска Сојузот на стопански комори. Иницијативата на ССК за намалување на казните кои беа закана за опстојувањето на бизнисите, соопштува ССК, е дел од мерките за унапредување на деловното опкружување доставени до Владата на Република Македонија во 2013 година. ''Со измените во Законот за прекршоци, покрај промените во намалување на глобите се предвидува и воведување можност за опомена со што се остава простор за едукација на стопанствениците кои недоволно ја познаваат регулативата во насока на отстранување на недостатоците. Веруваме дека измените на Законите за прекршоци, за општа управна постапка и за парнична постапка, што ги донесе Собранието со двотретинско мнозинство, во многу елементи ќе ги подобрат условите за работа на стопанските субјекти'', изјави г-ѓа Данела Арсовска, претседател на ССК.

АРСОВСКА: КАПИТАЛНИТЕ ИНВЕСТИЦИИ И НАТАМУ ДА БИДАТ ГЛАВЕН ДВИГАТЕЛ НА Со ребалансот на годинешниот буџет, кој го усвои Владата, домашни стопанственици очекуваат – со капиталните инвестиции да се стимулираат секторите кои генерираат економски раст. „Ако ги анализираме макроекономските индикатори, евидентно е дека влијанието што го имаше политичката нестабилност, резултираше со мала стагнација на економијата. Важно е секторите кои што беа двигатели на економијата да продолжат со раст и затоа капиталните инвестиции за кои се предвидени дел од средствата за буџетот дополнително да го стимулираат градежништвото, а предвидените субвенции- земјоделството", смета г-ѓа Данела Арсовска, претседател на Сојуз на стопански комори. Предвидено се дополнителни 18 милиони евра за капитални проекти, од кои третина ќе се потрошат за гасификација на потегот Клечовце – Штип, но и расходите од државната каса Број 483, јули 2015


БИЗНИС ИНФОРМАТОР

15

ИЗЈАВИ И

КРАТКОРОЧНА ИКТ СТРАТЕГИЈА – ИНИЦИЈАТИВА НА ИКТ КОМОРАТА ПРИ ССК

Македонија има голем ИТ потенцијал и е добра дестинација за странските директни инвестиции во оваа област. Ова го истакна министерот за информатичко општество и администрација г. Иво Ивановски, пред јавната расправа за предлог краткорочната ИКТ стратегија 2016 - 2017 во Стопанската комора, и рече дека во 2013 година ИКТ секторот придонел со 450 милиони евра и со над 138 отсто вработувања од 2010 до 2013 година. Од вкупниот извоз во 2013-та, 120 милиони

евра или најголем дел е во развој на софтвер и услуги. Промените во ИКТ индустријата, се согласи претседателот на ИКТ комората при Сојузот на стопански комори (ССК) г. Саша Огненовски, се случуваат со 10 пати поголем интензитет од вообичаениот за другите. „Веќе имавме една ИКТ стратегија која времето ја прегази и се појави потреба од изготвување нов документ. Во тоа учествуваме сите, науката, бизнисот, Министерството, невладините организации. Нашата индустрија е водечка и треба да го повлече општеството напред во однос на економскиот развој. Неспорен факт е дека развиеното ИКТ општество дава многукратен придонес“, подвлече Огненовски.

Број 483, јули 2015


БИЗНИС ИНФОРМАТОР

16

ИЗЈАВИ И

ССК: СИНОЌЕШНИОТ ПОЛИТИЧКИ ДОГОВОР НЕМА ДА ИМА ВЛИЈАНИЕ ВРЗ БИЗНИСОТ Дел од бизнис заедницата не очекува имплементацијата на синоќешниот договор меѓу владејачката партија и опозицијата да има какво било влијание врз вработувањето или инвестициите во наредниот период. Причина за тоа, како што изјави денеска претседателот на ИКТ комората при Сојузот на стопански комори (ССК) г. Саша Огненовски, е долгорочноста на договорот, односно неговата примена на малку подолг период.

„Не би можеле да прогнозираме какво ќе биде влијанието на синоќа постигнатиот политички договор. Но, дологорочноста на неговата имплементација сметаме дека ќе ги ублажи влијанијата и нема да се почувствува во бизнис секторот. Ако беше кракторочен, секако ќе имаше влијание“, истакна Огненовски пред јавната расправа за краткорочната ИКТ стратегија 2016-2017.

Број 483, јули 2015


БИЗНИС ИНФОРМАТОР

17

КОНФЕРЕНЦИИ, САЕМИ, ОБУКИ, БИЗНИС

ПОКАНА ЗА СОРАБОТКА СО УНГАРСКИ КОМПАНИИ НА САЕМОТ АГРОФУД ВО СКОПЈЕ СЕПТЕМВРИ

Почитувани членови, Во насока на постојано доставување на бизнис информации за Ваша п р о м о ц и ј а , В е информираме дека од 15ти до 18-ти септември, на саемот Агрофуд во Скопје ќе присуствуваат и компании од Република Унгарија кои се заинтересирани за соработка со македонски

ПОКАНА ЗА УЧЕСТВО НА САЕМОТ ОМЕК ВО БУДИМПЕШТА, УНГАРИЈА, СЕПТЕМВРИ 2015 Во насока на постојано доставување на бизнис информации за Ваша промоција, Ве информираме дека од 23-ти до 27-ми септември, во Будимпешта, Унгарија на најголемиот саем за земјоделство ОМЕК, имате можност да членувате, односно да

Број 483, јули 2015


БИЗНИС ИНФОРМАТОР

18

КОНФЕРЕНЦИИ, САЕМИ, ОБУКИ, БИЗНИС

МОЖНОСТ ЗА СОРАБОТКА СО УНГАРСКИ КОМПАНИИ НА САЕМОТ ТЕХНОМА Ве информираме дека од 13-ти до 17-ми октомври, во Унгарија ќе се одржи саемот Технома и воедно бизнис форумот, на кој можете да учествувате заедно со други унгарски компании.

ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН САЕМ ЗА ТУРИЗАМ ВО СОЛУН, ГРЦИЈА Во период од 12 до 14 ноември, 2015 година во Интернационалниот центар за саеми во Грција ќе се одржи Интернационален саем за туризам, организиран од страна на „National Exhibition Organization HELEXPO“.

Оваа година „HELEXPO“ подготвува специјална понуда за интернационалните учесници и ги нуди следните понуди за учество на саемот:  

Еден штанд од 12 квадратни метри Наплата на такси (19 евра/метар квадратен X 12 метри квадратни = 228 евра) и регистрација од 90 евра плус ДДВ)

За подетални информации и пријава на саемот за туризам: philoxenia@helexpo.gr

Број 483, јули 2015


БИЗНИС ИНФОРМАТОР

19

КОНФЕРЕНЦИИ, САЕМИ, ОБУКИ, БИЗНИС

„MARKETPLACE AUSTRIA“ Ве информираме дека до Сојуз на стопански комори на Македонија е доставена информација за настан „Marketplace Austria“ кој ќе се одржи на 07.10.2015 во Австриската Стопанска Комора во Виена и е настан со најголема посетеност во комората. Имено Австриската Стопанска Комора организира B2B средби помеѓу австриските фирми-производители на прехранбени производи и интернационални увозници на прехранбени производи. Во таа насока покануваат претставници да учествува на овој настан и да ги испитаат можностите за соработка со австриските производители и останатите учесници. На следниов линк, можете да ги видите сите фирми кои се пријавени досега, да ја видите програмата и сите останати релевантни информации во врска со настанот. Исто така Ве информираме дека доколку сакате да учествувате на овој настан како и на b2b средбите, задолжително треба да се регистрирате на ВЕБ страната те. на горенаведениот линк.

41 МЕЃУНАРОДЕН САЕМ НА КРЗНО КОСТУР 2016 Со задоволство Ве информираме дека 41-от Меѓународен саем на крзно Костур 2016 година ќе се одржи од 5 до 8 мај 2016 во Костур, Грција. Доколку Ви се потребни дополнителни информации, Ве молиме контактирајте го организаторот на следната адреса: Костурското здружение на крзното "Пророкот Илија" 1, ул Valala. 52100 Костур, Грција Тел .: + 30.24670.22353; 2467044441; Факс: + 30.24670.28271 Е-пошта: akf@otenet.gr; info@furfairkastoria.com Web: www.furfair.gr; www.furfairkastoria.com

Број 483, јули 2015


БИЗНИС ИНФОРМАТОР

20

КОНФЕРЕНЦИИ, САЕМИ, ОБУКИ, БИЗНИС ФОРУМИ

МОЖНОСТ ЗА ВАШЕ УЧЕСТВО НА МЕЃУНАРОДНИ САЕМИ ВО ЈАПОНИЈА, ФРАНЦИЈА, ИТАЛИЈА И Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија Ве известува дека во периодот од јуни до декември 2015 година ќе учествува на следните интернационални саемски манифестации: 1

JAFA

Јапонија

Токио

24-27 Септември

2

IFTM – TOP RESA

Франција

Париз

29 Сеп – 2 Окт

3

TTG

Италија

Римини

8-10 Октомври

4

WTM

Англија

Лондон

2-5 Ноември

Според Упатството на АППТ на РМ за начинот и постапката за учество на интернационални саемски манифестации за туризам, право за учество имаат сите правни лица, здруженија, организации, државни институции, образовни институции кои работат во областа на туризмот и тоа на следниот начин: 1. Пакетот за закуп на едно работно место(пулт), една маса за преговори со две столчиња со еден или двајца претставници предвидува:      

Монтажа и демонтажа на опрема на штандот Осветлување и одржување на хигиена на штандот Обезбедување на една или две влезници на саемот за сите денови Транспорт на промотивен материјал до 30 килограми Вклучување во официјалниот каталог, користење на остава и гардероба Натпис и лого на Учесникот на работното место(пултот)

1. Пакетот за учество само со промотивен материјал до 30 килограми е бесплатно и предвидува:  Дистрибуција на промотивен материјал  Изложување на промотивниот материјал на заеднички сталак  Делење на промотивниот материјал од страна на претставниците на АППТ  Користење на маса за преговори по претходно пријавен термин кај менаџерот на саемот, не подолго од 20 минути од состанокот  Износот на котизацијата за учество на саемските манифестации според Точка1 со закуп на пулт во Јапонија, Франција и Англија е во висина од 30.000,00 денари без ДДВ.  Износот на котизацијата за учество на меѓународната саемска манифестација според Точка1 во Италија(Римини) е во висина од 6.000,00 денари без ДДВ. За дополнителни информации и за пријавување на Вашето учество за присуство на саемските манифестациите можете да ме контактирате на:sgeorgieva@sojuzkomori.org.mkили на телефонскиот број: 02/3091-440. Контакт лице: Сања Георгиева. Број 483, јули 2015


БИЗНИС ИНФОРМАТОР

21

КОНФЕРЕНЦИИ, САЕМИ, ОБУКИ, БИЗНИС ФОРУМИ

МОЖНОСТ ЗА ВАША ПРОМОЦИЈА НА САЕМИ ВО БУКУРЕШТ, РОМАНИЈА Во насока на Ваша промоција и пласман на Вашите производи и услуги Сојуз на Стопански комори на Македонија соработува со Амбасадата на РМ во Романија и Ви нуди можност за Ваше претставување на меѓународни саеми. Во текот на 2015 година во Букурешт ќе бидат организирани следниве меѓународни саеми:

            

International trade fair for furniture, equipment and accessories, 19.09.2015-23.09.2015 International exhibition for beauty equipment, products, body care and hairdressing, 01.10.2015 04.10.2015 International exhibition of textiles, ready-made clothes, leather goods, furs, footwear and leatherwear, accessories, 01.10.2015 - 04.10.2015 Bucharest International Technical fair, 14.10.2015-17.10.2015 International trade fair for renewable energy, conventional energy, equipment and technologies for the oil and natural gas industry,14.10.2015 – 17.10.2015 Invention and innovation show, 14.10.2015 - 17.10.2015 nternational trade fair of equipment and products in agriculture, horticulture, viticulture and animal husbandry, 28.10.2015 - 01.11.2015 International trade fair for the food industry, 28.10.2015 - 01.11.2015 International exhibition for packaging, packaging materials, machines and specific equipment, 28.10.2015 - 01.11.2015 Wines, alcoholic and non-alcoholic beverages trade show, 28.10.2015 -01.11.2015 Romanian Tourism Fair,12.11.2015-15.11.2015 International exhibition for equipment, furniture and supplies for hotels and restaurants, 12.11.2015 15.11.2015 Dentistry and dental technologies international exhibition, 19.11.2015 - 21.11.2015

За дополнителни информации можете да не контактирате на: info@sojuzkomori.org.mk или на тел: 02/3091-440.

Број 483, јули 2015


БИЗНИС ИНФОРМАТОР

22

МОЖНОСТИ ЗА СОРАБОТКА

ПОКАНА ЗА ПАРТНЕРСТВО ОД КОМПАНИЈАТА HEVESGEP KFT УНГАРИЈА Во насока на изнаоѓање на партнери за соработка за Вашите компании, Ве информираме дека од областа на земјоделството, компанијата Hevesgep KFT од Унгарија која се занимава со производство на земјоделски машини, е заинтересирана за соработка со македонска компанија. Подетални информации за компанијата можете да ги погледнете на следната веб страна www.hevesgep.hu

КОМПАНИЈАТА EXIMO ОД ГЕРМАНИЈА Е ВО ПОТРАГА ПО ПОТЕНЦИЈАЛНИ КЛИЕНТИ НА МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ ВО МАКЕДОНИЈА Компанијата Eximo e една од водечките европски тргувачи со млечни производи која служи на добавувачи и клиенти низ целиот свет. Тргуваат со сите производи на пазарот на млечни производи многу години и може да им помогнат на нивните деловни партнери со специјална флексибилност и динамика. Бидејќи Eximo се спои со компанија Fude + Serrahn Milchprodukte GmbH & Co. 2012 година, исто така нудат можност да ги користиме сопствените капацитети за производство и употреба на оваа сплотеност за да се прошири на пазарот. За повеќе информации во врска со компанијата и производите, можете да ја погледнете нивната веб страница. www.eximo.de kuhar@eximo.de Целните групи на клиенти се во потрага по нови пазари, како во овој случај Македонија, можат да бидат различни, но треба да имаат бизнис / фабрики во следниве делови: ··Бомбони и чоколадо · Пекарски производи Број 483, јули 2015


БИЗНИС ИНФОРМАТОР

23

КОМПАНИИ ЧЛЕНОВИ НА ССК

ПРЕКУ СИСТЕМОТ НА ПАКОМАК СЕ СОБРАА И ПРЕРАБОТИЈА 11500 ТОНИ АМБАЛАЖЕН ОТПАД ИЛИ 31 ТОН ДНЕВНО, СО ШТО СЕ СПАСИ ШУМА Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) позитивно го оцени годишниот извештај за постапување со отпад од пакување доставен од страна на компанијата Пакомак. Според него преку системот на Пакомак, компанија член на ССК се собраа и преработија 11500 тони амбалажен отпад, од што 6500 тони хартија, 4030 тони пластика, 882 тони стакло (кое досега никој не го собираше, а нема ниту интерес кај домашен капацитет за рециклирање), како и композит, метал и дрво што претставува 27,35% од пријавените количини, со што се исполнети националните цели за 2014 година. Пакомак уште со самиот почеток на своето работење го прифати предизвикот за зачувување на природните богатства на одржлив начин како и обврската да се грижи и да ја сочуваат природата и околината за следните генерации. Доколку се земе во предвид светски познататa калкулација дека 1 тон рециклирана отпадна хартија спасува 17 дрва, заштедува 26 m3 вода, 320 л. нафта, 4.000 kWh електрична енергија и 2,3 m3 место за одложување на отпадот, во тој случај придонесот на Пакомак во 2014 година за заштита на околината само од рециклирањето на хартија на сликовит начин би изгледал вака: со рециклирање на отпадната хартија спасена е шума од 110,500 дрвја и заштедено е вода потребна да наполни 56 олимписки базени, заштедена е електрична енергија која би ја потрошиле 5200 семејства во трособен стан во период од една година, заштедено е приближно околу 2.080.000 литри нафта и намалено е оптеретувањето на местото наменето за складирање на отпадот за 14900 m3. МЖСПП позитивно ги оцени и сите активности на Пакомак поврзани со едукација, вложување во инфраструктура и сите други активности кои се реализираат а кои се од интерес на пошироката јавност, а со кои се придонесува кон создавање почиста и поубава животна средина. Најголемите македонски компании кои се здружени во системот за управување со амбалажен отпад на ПАКОМАК создаваат нешто повеќе од 42.000 тони амбалажа, што претставува над 39% од вкупниот амбалажен отпад што годишно се создава во Македонија. Пакомак соработува со повеќе општини во Македонија на различни проекти преку кои се зголемува капацитетот на комуналните претпријатија за селективно собирање на амбалажата од производите. За истакнување е донацијата на камиони за собирање отпад во Тетово, како и донација на амбалажни контејнери во неколку други општини, со кои значајно се подобри комуналната инфраструктура. „И натаму ќе продолжиме со инвестиции во комунална инфраструктура во градовите низ републиката, бидејќи во повеќето општини се уште нема доволно контејнери за комунален отпад, ниту пак за селективно собирање. Наша цел е интензивирање на соработката со локалните самоуправи, и на различни локации да има барем по еден контејнер за амбалажен Број 483, јули 2015


БИЗНИС ИНФОРМАТОР

24

КОМПАНИИ ЧЛЕНОВИ НА ССК

Од 01.01.2011 во Македонија на сила е Законот за управување со пакување и отпад од пакување. Согласно овој закон, сите компании кои произведуваат или увезуваат производи во Македонија, должни се да организираат систем со кој отпадот од амбалажата на нивните производи ќе се собере и однесе на рециклирање или енергетско искористување. Какво било отстапување од законската регулатива може сосема да го наруши концептот на законот и да ги девалвира сите досегашни напори за негова имплементација.

TEN BARRELS CABERNET SAUVIGNON RESERVA 2011 МЕЃУНАРОДНИ УСПЕСИ ВО ПРВАТА ПОЛОВИНА од 2015 - КАМНИК Ten Barrels Cabernet Sauvignon Reserva 2011 е премиум црвено вино на винаријата Камник кое во првиот дел на 2015 освои три значајни признанија на два високорангирани меѓународни натпревари. Две големи признанија за ова вино пристигна во февруари од Израел. Станува збор за престижните двоен златен медал и за големиот меѓународен шампионски трофеј освоени на Теравино 2015, Израел (ТerraVino 2015 – Mediterranean International Wine & Spirit Challenge, Israel). Овој вински натпревар, кој е еден од главните меѓународни натпревари на годишнo ниво во Израел, се одржа во Нетанја под покровителство на Меѓународната организација за лозараство и винарство (OIV), со учество на примероци на вино од 29 земји во светот и меѓународен тим од еминентни судии. Златен медал за Ten Barrels Cabernet Sauvignon Reserva 2011 пристигна и од најважниот вински настан во Романија, Меѓународниот вински натпревар Букурешт 2015 (International Wine Contest Bucharest 2015 - IWCB) кој се одржа кон крајот на мај, исто така под покровителство на реномираната Меѓународна организација за лозараство и винарство (OIV). На овој вински натпревар учествуваа примероци на вино од 27 земји во светот оценувани од судии од Швајцарија, Израел, Молдавија, Италија, Русија, Србија, Австралија, Австрија, Полска, Португалија, Франција, САД. Ten Barrels Cabernet Sauvignon Reserva 2011, вино добиено од сортата Cabernet Sauvignon, е вистинска резерва со препознатлив, зрел и раскошен мирис со овошно-зачински карактер. Потсетува на ситнозрнесто црвено овошје во комбинација со сладок корен, темно чоколадо, печено кафе и нане, надополнети со ванилинско-зачински тонови. Вкусот е полн, хармоничен, со ц в р с т а с т р у к т у р а , импресивни и нагласени танини и п р о д о л ж е н пријатен послевкус кој на ова вино му дава посебен ш а р м . Специфичноста и посебноста на ова вино се должат на н е г о в о т о одлежување во нови барик буриња од француски и американски даб во тек на 31 м е с е ц . Особено важно за ова вино е Број 483, јули 2015


БИЗНИС ИНФОРМАТОР

25

КОМПАНИИ ЧЛЕНОВИ НА ССК

МАКЕДОНСКИТЕ КОМПАНИИ УЧЕСТВУВАА НА РЕВОЛУЦИОНЕРНИОТ ТИМ БИЛДИНГ ПРОЕКТ: ОСВОЈУВАЊЕ НА МОНТ ЕВЕРЕСТ Промените на деловното окружување кои со рапидност и динамика се случуваат на пазарот, создаваат неминовна потреба од прилагодувања во внатрешните процеси и односи на компаниите. Во таа насока, особено се важни комуникациските односи помеѓу вработените, задржувањето на ентузијазмот, пристапот кон работата и односот индивидуа-тим. Паралелно со динамичните промени на пазарот, во внатрешните системи на светските компании се воведува играта, поточно доаѓа до таканаречена гејмификација на процесите со силно потенцирање на принципот заслужи и добиј. Следејќи ги овие два паралелни тренда, Seavus Едукативниот и Развоен Центар, компанија член на Сојуз на стопански комори на Македонија, во соработка со ДООР Македонија воведе бизнис симулација – тим билдинг игра: Освојување на Монт Еверест, која е револуционерен чекор во организациското однесување. Играта

вклучува елементи на стратегија, планирање, компромис, калкулација на ризик, тимско и индивидуално одлучување, искуствено учење и многу забава. До сега е превземена од бројни светски компании како: IKEA, Microsoft, BOCSH, SONY, Coca –Cola и многу други. Со цел промоција и симулација на играта Освој го Монт Еверест, Seavus Едукативниот и Развоен Центар во соработка со ДООР Македонија организираше едно дневен настан со повеќе македонски банки, ИТ и производствени компании на кој се симулираше играта. Преставниците од компаниите имаа можност да искусат комплетно нов пристап во тим билдингот и да уживаат освојувајќи го Монт Еверест.

Број 483, јули 2015


26

Сојуз на стопански комори на Македонија Мет.Теодосиј Гологанов бр.1, 1000 Скопје Т: 389 (02) 3091 440 Ф: 389 (02) 3090 595 Е: info@chamber.mk www.chamber.mk

Податоците се изготвуваат врз основа на постојното законодавство во времето на © Сојуз на стопански комори на Македонија 2015 Сите права се задржани. Оваа публикација е изготвена од Сојуз на стопански комори на Македонија, кој е ексклузивен носител на сите права, како што е утврдено и со Законот за индустриска сопственост и Законот за авторски и сродни права. Без претходна писмена дозвола на Сојуз на стопански комори е забрането да се репродуцира, дистрибуира, става на располагање на јавноста (интернет) и други форми на комуникација со јавноста, преработува, или било која друга употреба на авторско дело или делови од него во некој размер или процедури, вклучувајќи фотокопирање, печатење или електронска форма.

Логото на Сојуз на стопански комори на Македонија, е регистрирана трговска марка Скопје, јануари 2015

Број 483, јули 2015

Profile for Macedonian Chambers of Commerce

Бизнис Информатор бр. 483  

Бизнис Информатор бр. 483

Бизнис Информатор бр. 483  

Бизнис Информатор бр. 483

Advertisement