Page 1

Број 482, јули, 2015 Број Број479, 482,мај, јули, 2015 2015 1 Број 478, мај 2015 Број 480, јуни, 2015

Број 482, јули 2015


2

ВАШИОТ БИЗНИС НАШ ПРИОРИТЕТ!

Барате начин да го зголемите својот профит,

да обезбедите нови клиенти или партнери,

да го промовирате својот бизнис,

да ги унапредите своите знаења и вештини,

да ја зголемите својата информираност,

секогаш да бидете во тек со најновите случувања во бизнисот

и со најновите измени во законските регулативи?

Комората преку вмрежување и добро смислен маркетинг план за Ваша промоција, со лобирање и застапување на Вашите интереси, со обуки и семинари, Ви нуди можности да го креирате својот успех. Илјадници компании од секторите градежништво, туризам, земјоделство, информациски технологии, трговија и услуги, сметководство и индустриско производство учествуваат во успешното делување на Сојуз на стопански комори на Македонија.

Бидете и Вие дел од Вoдечката Македонска Деловна Мрежа

Мит.Теодосиј Гологанов бр.1, 1000 Скопје Т: 389 (02) 3091 440 Ф: 389 (02) 3090 595 Е: info@chamber.mk www.chamber.mk

Број 482, СОЈУЗ НА СТОПАНСКИ КОМОРИ НА МАКЕДОНИЈА 2015јули 2015


БИЗНИС ИНФОРМАТОР

3

ВО ОВОЈ БРОЈ НА БИЗНИС ИНФОРМАТОР Страна 4

УНГАРСКИТЕ КОМПАНИИ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА ИНВЕСТИЦИИ ВО МАКЕДОНИЈА

Содржина Новости

4

Изјави и интервјуа

9

Конференции, форуми, обуки

11

Компании членови на ССК

Потенцијалите за унапредување на економските односи на компаниите од Република Македонија и Унгарија се големи, особено во делот на туризмот, земјоделството, инвестиции во енергетски и инфраструктурни проекти, како и заеднички настап на трети пазари. Ова се дел од заклучоците од деловната средба меѓу претседателот на Сојуз на стопански комори на Македонија (ССК), г-ѓа Данела Арсовска и официјалната делегација на Унгарија предводена од државниот секретар за економска дипломатија во Министерството за Надворешни работи, г. Левенте Маџар, како и г. Јожеф Бенце, амбасадор на Унгарија во Македонија. Страна 5

СО ДЕЛОВНИОТ КЛУБ НА ССК И ГАЗИ БАБА ДО ПОДОБАР ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ И ЖИВОТЕН СТАНДАРД

15

Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) и Општина Гази Баба ја официјализираа соработката со Меморандум, потпишан од страна на заменик претседателот на ССК, г. Сеад Кочан и градоначалникот г. Тони Трајковски. Целта на потпишување на Меморандумот значи партнерство кое треба да овозможи ефективна соработка помеѓу општината и бизнис заедницата, со цел забрзување на економскиот развој и создавање поволни услови за водење бизнис и инвестирање. Во таа насока ССК и Гази Баба формираa Деловен клуб составен од компании членови на ССК кои делуваат на ниво на општината од различни дејности и претставници на менаџментот на Општината Гази Баба. Страна 6

ССК ОСТВАРИ СРЕДБА СО ТУРСКА КОМПАНИЈА ЗАИНТЕРЕСИРАНА ЗА ИНВЕСТИЦИИ Во просториите на Сојуз на стопански комори на Македонија, извршниот директор г. Митко Алексов и оперативниот директор г. Александар Зарков, одржаа средба со претставници на турската компанија „Озгувенис“ од Измир Турција.

На средбата се разговараше за можноста за инвестиции и заеднички вложувања. Покажаа интерес и за гринфилд и за браунфилд инвестиции.

Број 482, јули 2015


БИЗНИС ИНФОРМАТОР

4

НОВОСТИ

УНГАРСКИТЕ КОМПАНИИ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА ИНВЕСТИЦИИ ВО МАКЕДОНИЈА Потенцијалите за унапредување на економските односи на компаниите од Република Македонија и Унгарија се големи, особено во делот на туризмот, земјоделството, инвестиции во енергетски и инфраструктурни проекти, како и заеднички настап на трети пазари. Ова се дел од заклучоците од деловната средба меѓу претседателот на Сојуз на стопански комори на Македонија (ССК), г-ѓа Данела Арсовска и официјалната делегација на Унгарија предводена од државниот секретар за економска дипломатија во Министерството за Надворешни работи, г. Левенте Маџар, како и г. Јожеф Бенце, амбасадор на Унгарија во Македонија. „На денешната средба дискутиравме за можностите за подобрување на економските односи на компаниите од двете земји, зголемување на трговската размена и разгледување на можности за поттикнување на заедничка идна соработка на повеќе полиња. Во таа насока предвидено е одржување на голем Бизнис форум во декември 2015 година на кој ќе присуствуваат компании од двете земји. Сметаме дека има потенцијал за унапредување на туризмот, инвестиции во енергетски и инфраструктурни проекти, како и заеднички проекти за научни и иновативни истражувања“, изјави Арсовска. Таа додаде дека потенцијалите за соработка меѓу компаниите за заеднички настап на трети пазари во иднина треба да бидат повеќе искористени, како и можностите за организирање на бизнис форуми и Б2Б средби за конкретна соработка. Исто така, на состанокот се даде поддршка на иницијативите на ССК за потпишување меморандум за соработка со водечки Стопански комори во Унгарија, со цел зголемување на соработката. ССК ја организира оваа средба во соработка со Министерството за економија и Амбасадата на Република Унгарија. Вкупната трговска размена меѓу двете земји во периодот 2012 – 2015 г. (јануари – мај) се движи меѓу 62 и 102 милиони американски долари и истата има тенденција на пораст. Најзначајни производи во извозот од Македонија во Унгарија за 2014 година се нафтени масла, делови за седишта, електрични спроводници, пекарски производи, делови за мебел, одредени земјоделски култури. Додека најзначајни производи во увозот од Унгарија во Македонија за 2014 година се електрична енергија, пченица, нафтен кокс, техника и сл.

Број 482, јули 2015


БИЗНИС ИНФОРМАТОР

5

НОВОСТИ

СО ДЕЛОВНИОТ КЛУБ НА ССК И ГАЗИ БАБА ДО ПОДОБАР ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ И ЖИВОТЕН СТАНДАРД Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) и Општина Гази Баба ја официјализираа соработката со Меморандум, потпишан од страна на заменик претседателот на ССК, г. Сеад Кочан и градоначалникот г. Тони Трајковски. Целта на по т пи ш ува ње на Меморандумот значи партнерство кое треба да овозможи ефективна соработка помеѓу општината и бизнис заедницата, со цел забрзување на економскиот развој и создавање поволни услови за водење бизнис и инвестирање. Во таа насока ССК и Гази Баба формираa Деловен клуб составен од компании членови на ССК кои делуваат на ниво на општината од различни дејности и претставници на менаџментот на Општината Гази Баба. „Компаниите кои делуваат на ниво на општината заеднички здружени и преку комората, а сега и преку општинскиот Деловниот клуб ќе имаат можност навремено да ги следат и детектираат предизвиците во општината со цел подобрување на деловното опкружување. Покрај овие компании очекуваме да се приклучат и останати, бидејќи тоа е од заеднички интерес за развој на добри бизнис решенија и економски просперитет. Развиени општини, ефикасна администрација, транспарентно локално владеење, соодветна инфраструктура и партнерство со индустријата е предуслов за економско јакнење на општината““изјави г. Кочан. Преку Деловниот клуб ќе се воспоставува, поттикнува и развива дијалогот на локално ниво помеѓу јавниот и приватниот сектор. Ќе се работи на зајакнување на врските помеѓу потребите на пазарот на труд дефинирани од страна на деловните субјекти и вештините што се развиваат кај младите преку образовниот систем и претприемништвото. „Во општина Гази Баба успешно работат домашни и странски компании од водечки индустриски сектори. Со формирањето на Деловниот клуб дополнително ќе работиме на размена на мислења, информации и постигнување на согласност околу важни економско-деловни прашања од делокругот на локалната самоуправа. Преку заеднички иницијативи ќе делуваме за измена на постоечки и донесување на одлуки од надлежност на локалната самоуправа, како и следење и давање оценки на влијанието на локалните политики врз економската и социјалната стабилност, развојот и животниот стандард во општината. Исто така, она што е неопходно е следење на состојбата со вработеноста и предлагање на мерки за поттикнување на вработувањето и усогласување на образовниот процес со потребите на пазарот на труд, како и разгледување и предлагање мерки за унапредување на квалитетот на животот на граѓаните во општината“, изјави Трајковски. Согласно одредбите на Меморандумот за соработка, општината и ССК воспоставуваат меѓусебна соработка и во делот на Саемско партнерство и поддршка на компаниите за нивно учество на саеми во други земји, преку субвенционирање на дел од трошоците во насока на нивно успешно претставување. ССК ќе помогне во креирањето на Бизнис информативниот центар на Општината Гази Баба, кој што претставува е веб базирана платформа, со свои идеи, препораки и предлози, а со цел сите услуги кои ги нуди општина Гази Баба да бидат потранспарентни за сите домашни и странски компаниите. Број 482, јули 2015


БИЗНИС ИНФОРМАТОР

6

НОВОСТИ

ССК ОСТВАРИ СРЕДБА СО ТУРСКА КОМПАНИЈА ЗАИНТЕРЕСИРАНА ЗА ИНВЕСТИЦИИ Во просториите на Сојуз на стопански комори на Македонија, извршниот директор г. Митко Алексов и оперативниот директор г. Александар Зарков, одржаа средба со претставници на турската компанија „Озгувенис“ од Измир Турција. На средбата се разговараше за можноста за инвестиции и заеднички вложувања. Покажаа интерес и за гринфилд и за браунфилд инвестиции. Сојузот на стопански комори на Македонија, одржува солидни релации со стопански комори на Република Турција. Заложбите на ССК се да влијаеме на зголемување на трговската размена со Турција. Трговската размена меѓу Македонија и Турција лани изнесувала 441 милиони американски долари што претставува раст од 14,35 отсто во споредба со 2013 година. Од 2007 година трговската размена меѓу двете земји постојано има нагорен тренд, а Турција е и една од земјите со најголем број инвестиции во Македонија.

ОДРЖАНА СЕДНИЦА НА АГЕНЦИЈАТА ЗА ПРОМОЦИЈА И ПОДДРШКА НА ТУРИЗМОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА На 9 јули 2015 година во просториите на Агенцијата за промоција и поддршка на туризам на Република Македонија беше одржана 2та седница на Советот на АППТ на која присуствуваше извршниот директор на Сојуз на стопански комори на Македонија, кој е воедно и член на Советот на АППТ. На седницата се разговараше за тековните активности на Агенцијата за учество на Македонија на меѓународни, регионални и локални туристички саеми во 2016 година. Исто така на Седницата се разгледуваше и програмата 2016 со цел надградба и проширување на истата како и Акцискиот план за дополнителни промотивни активности пред учеството на саемот во Париз “TOP RESSA-2015” и разно.

Број 482, јули 2015


БИЗНИС ИНФОРМАТОР

7

НОВОСТИ

ПРОГРАМА ЗА УСЛОВЕН ПАРИЧЕН НАДОМЕСТОК ЗА СУБВЕНЦИОНИРАНО ВРАБОТУВАЊЕ НА ЛИЦА ОД СОЦИЈАЛЕН РИЗИК ЈАВЕН ОГЛАС до работодавачите за учество во Програмата за условен паричен надоместок за субвенционирано вработување на лица во социјален Се повикуваат заинтересираните работодавачи, кои имаат потреба за вработување на евидентирани невработени лица (целна груба), и тоа: 

Корисници на социјална парична помош

Лица кои под 18 годижшна возраст имале статус на деца без родители и родителска грижа (корисници на парична помош 18 – 26)

Лица кои биле корисници на програмата Условен паричен надоместок за средно оразование

Членови на семејства корисници на едно од следниве права: постојана парична помош, и детски додаток

Жртви на семејно насилство кои се сместени во шалтер центри или чијшто месечен семеен приход по член на семејство во годината пред годината во која аплицираат е понизок од 50% од последната просечна нето плата објавена од Државниот завод за статистика

Лица кои биле корисници на државна стипендија во последните 15 години и чијшто месечен семеен приход по член на семејство во годината пред годината во која аплицираат е понизок од 50% од последната просечна нето плата објавена од Државниот завод за статистика

Лица до 29 години чијшто месечен семеен приход по член на семејство во годината пред годината во која аплицираат е понизок од 50% од последната просечна нето плата објавена од Државниот завод за статистика

Целосниот Јавен Оглас на: Македонски и Албански.

Број 482, јули 2015


8

Број 482, јули 2015


БИЗНИС ИНФОРМАТОР

9

ИЗЈАВИ И ИНТЕРВЈУА

СЛУЧУВАЊАТА ВО ГРЦИЈА ЗАСЕГА НЕ ВЛИЈААТ ВРЗ ПЛАТНИОТ ПРОМЕТ НА ДОМАШНИТЕ КОМПАНИИ Случувањата во Грција засега немаат големо влијание врз платниот промет на македонските компании, сметаат компаниите членови на Сојузот на стопанските комори (ССК). Но, тоа не значи, велат, дека и во наредниот период ќе биде така, пренесува МИА. „Нормално е сите држави со кои граничиме да имаат одредено влијание, но бидејќи кризата во Грција не е прелеана кај нас, се уште не ги чувствуваме ефектите и проблемите кои тие ги имаат“, изјави претседателката на ССК г-ѓа Данела Арсовска по денешната деловна средба со унгарската делегација предводена од државниот секретар за економска дипломатија во Министерството за надворешни работи на Унгарија г. Левент Маѓар. Според неа, стопанството може да се надева дека економската ситуација ќе биде подобра и оти нема да има влошување, потенцира Арсовска.

ССК ЈА ЗАЈАКНУВА СОРАБОТКАТА СО ОПШТИНА ГАЗИ БАБА Сојузот на стопански комори на Македонија денеска потпиша меморандум со општина Гази Баба со кој се зајакнува соработката меѓу бизнис заедницата и локалната самоуправа. Со потпишувањето на меморандумот се формира и деловен клуб во кој ќе членуваат околу 15 компании кои делуваат на ниво на општината и претставници од менаџментот на Гази Баба. Преку деловниот клуб се очекува да се поттикне дијалогот на локално ниво меѓу јавниот и приватниот сектор и да се создадат поволни услови за водење бизнис и инвестирање. Меморандумот го потпишаа заменик-претседателот на Комората г. Сеад Кочан и градоначалникот г. Тони Трајковски. "Гази Баба е препознатлива како општина во која има голем број компании. Интензивно работиме на

подобрување на нивните услови за работа и можноста за проширување на нивните капацитети и отворање на нови работни места. Во следниот период планираме поинтезивно да работиме на локацискиот потенцијал за отворање на нови компании, посебно во делот на обиколницата", истакна градоначалникот Трајковски. Тој најави до крајот на летото финализирање на деталниот план за обиколницата и на планот за комплексот Железара. Според Кочан, се работи за добра иницијатива преку која двете страни ќе се обидат да изнајдат решенија за определени предизвици со кои се соочуваат. "Ќе се потрудиме да ги детектираме предизвиците со што ќе се унапреди работењето. Со оглед на тоа дека има голем број компании и индустриски капацитети во оваа општина се надеваме дека кон оваа наша иницијатива ќе се приклучат и други фирми кои не се членки на ССК. Само развиена општина со добра инфрастуктура и ефикасна администрација може да биде предуслов за успешен економски развој", рече г. Кочан. Број 482, јули 2015


БИЗНИС ИНФОРМАТОР

10

ИЗЈАВИ И ИНТЕРВЈУА

ИНВЕСТИЦИИТЕ ВО ИНФРАСТРУКТУРАТА—КЛУЧ ЗА ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ Бизнис секторот очекува со новите автопати да се зголеми конкурентноста на домашната економија, бидејќи ќе се олесни и забрза транспортот, ќе се намалат трошоците. „Ова ќе овозможи побрз проток на репроматеријали до фабриките, полесен пристап до купувачите на стоката, ќе влијае врз намалување на трошоците за производство на производите. Автопатите носат големи придобивки за македонската економија“ оценува г. Сеад Кочан заменик претседател на Сојузот на стопански комори на Македонија.

МОЖНИ ОТКАЖУВАЊА НА НАРАЧКИТЕ КОН ГРЦИЈА Можни се откажувања на нарачките поради актуелната ситуација во Грција, меѓутоа ниту Европската унија ниту Грција нема да дозволат да се случи нешто поголемо, оценуваат од Сојузот на стопански комори на Македонија. Заменик-претседателот на Комората Сеад Кочан денеска изрази надеж дека ситуацијата во Грција ќе се надмине бидејќи продолжуваат иницијативите од Европската унија. „Ќе има откажување на нарачките затоа што Грција е држава која е во т.н. технички банкрот меѓутоа како што гледаме сепак Европската унија продожува со иницијативите, а Европската централна банка веќе дава пари за грчките банки. И челните луѓе на Европската унија веќе заседаваат и бараат решение така што сигурен сум дека ниту Грција, ниту Европската унија нема да дозволат нешто поголемо да се случи“, изјави г. Кочан, одговарајќи на новинарско прашање пред потпишувањето на меморандумот за соработка со општина Гази Баба.

НАПУШТАЊЕТО НА ЕВРОТО ВО ГРЦИЈА МОЖЕ ДА НАПРАВИ КОМПЛИКАЦИИ Со невраќањето на ратата од 1,6 милијарди долари кон ММФ Грција е веќе во т.н технички банкрот, на што реагираа реномираните агенции за кредитен рејтинг и ја категоризираа во групата на земји што не може да ги извршуваат рдовно0 своите плаќања и да ги сервисираат своите долгови. Како ќе се одвиваат работите во следниот период ќе видиме, но случај Грција да излезе од еврозоната и направи девалвација на новата валута, процентот се предвидува да дека би можел да се движи меѓу 45% и 85%, а падот на БДП да биде и до 10%, објаснува г. Митко Алексов од Сојузот на стопански комори. „Ваквата состојба може да предизвика домино ефект и слично да се случи во Италија, Шпанија и Португалија, која состојба економски негативно би влијаела на Германија. А, бидејќи ние ефектуираме 35% од нашиот извоз токму во Германија, може да дојдеме во состојба на намалување на обемот на нарачките, но не само од Германија туку другите земји, особено од Италија која е меѓу првите десет наши трговски партнери. Додека, во однос на Грција, може да очекуваме поевтинување на нивните производи и услуги, но од друга страна поскапување на извозот што ќе претставува можност за одредени наши производи, кои се поконкурентни односно поевтини споредено со западноевропските, да ја најдат свое место на грчкиот пазар, вели Алексов за Фактор. Број 482, јули 2015


БИЗНИС ИНФОРМАТОР

11

КОНФЕРЕНЦИИ, САЕМИ, ОБУКИ, БИЗНИС ФОРУМИ

ПОКАНА ЗА СЕДНИЦА НА УПРАВЕН ОДБОР НА КОМОРА НА СМЕТКОВОДИТЕЛИ Претседателот на Комора на Сметководители на Македонија г-дин Драган Митковски свикува седница на Управен одбор. Управниот Одбор ќе се одржи на 15.07.2015 година (среда) со почеток во 12.00 часот во просториите на ССК.

За дополнителни информаци Ве молиме контактирајте не на е-маил: ljdimoska@sojuzkomori.org.mk или на тел: 02 3091 440.

Број 482, јули 2015


БИЗНИС ИНФОРМАТОР

12

КОНФЕРЕНЦИИ, САЕМИ, ОБУКИ, БИЗНИС ФОРУМИ

ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН САЕМ ЗА ТУРИЗАМ ВО СОЛУН, ГРЦИЈА Во период од 12 до 14 ноември, 2015 година во Интернационалниот центар за саеми во Грција ќе се одржи Интернационален саем за туризам, организиран од страна на „National Exhibition Organization HELEXPO“. Оваа година „HELEXPO“ подготвува специјална понуда за интернационалните учесници и ги нуди следните понуди за учество на саемот:  

Еден штанд од 12 квадратни метри Наплата на такси (19 евра/метар квадратен X 12 метри квадратни = 228 евра) и регистрација од 90 евра плус ДДВ) За подетални информации и пријава на саемот за туризам: philoxenia@helexpo.gr.

„MARKETPLACE AUSTRIA“ Ве информираме дека до Сојуз на стопански комори на Македонија е доставена информација за настан „Marketplace Austria“ кој ќе се одржи на 07.10.2015 во Австриската Стопанска Комора во Виена и е настан со најголема посетеност во комората. Имено Австриската Стопанска Комора организира B2B средби помеѓу австриските фирмипроизводители на прехранбени производи и интернационални увозници на прехранбени производи. Во таа насока покануваат претставници да учествува на овој настан и да ги испитаат можностите за соработка со австриските производители и останатите учесници. На следниов линк, можете да ги видите сите фирми кои се пријавени досега, да ја видите програмата и сите останати релевантни информации во врска со настанот.

Исто така Ве информираме дека доколку сакате да учествувате на овој настан како и на b2b средбите, задолжително треба да се регистрирате на ВЕБ страната те. на горенаведениот линк. На следниот линк Ви испраќаме и кратко видео за настанот „Marketplace Austria“ : http://wko.tv/play.aspx?c=3181.

Број 482, јули 2015


БИЗНИС ИНФОРМАТОР

13

КОНФЕРЕНЦИИ, САЕМИ, ОБУКИ, БИЗНИС ФОРУМИ

МОЖНОСТ ЗА ВАШЕ УЧЕСТВО НА МЕЃУНАРОДНИ САЕМИ ВО ЈАПОНИЈА, ФРАНЦИЈА, ИТАЛИЈА И АНГЛИЈА Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија Ве известува дека во периодот од јуни до декември 2015 година ќе учествува на следните интернационални саемски манифестации:

1

JAFA

Јапонија

Токио

24-27 Септември

2

IFTM – TOP RESA

Франција

Париз

29 Сеп – 2 Окт

3

TTG

Италија

Римини

8-10 Октомври

4

WTM

Англија

Лондон

2-5 Ноември

Според Упатството на АППТ на РМ за начинот и постапката за учество на интернационални саемски манифестации за туризам, право за учество имаат сите правни лица, здруженија, организации, државни институции, образовни институции кои работат во областа на туризмот и тоа на следниот начин: 1. Пакетот за закуп на едно работно место(пулт), една маса за преговори со две столчиња со еден или двајца претставници предвидува:      

Монтажа и демонтажа на опрема на штандот Осветлување и одржување на хигиена на штандот Обезбедување на една или две влезници на саемот за сите денови Транспорт на промотивен материјал до 30 килограми Вклучување во официјалниот каталог, користење на остава и гардероба Натпис и лого на Учесникот на работното место(пултот)

1. Пакетот за учество само со промотивен материјал до 30 килограми е бесплатно и предвидува:  Дистрибуција на промотивен материјал  Изложување на промотивниот материјал на заеднички сталак  Делење на промотивниот материјал од страна на претставниците на АППТ  Користење на маса за преговори по претходно пријавен термин кај менаџерот на саемот, не подолго од 20 минути од состанокот  Износот на котизацијата за учество на саемските манифестации според Точка1 со закуп на пулт во Јапонија, Франција и Англија е во висина од 30.000,00 денари без ДДВ.  Износот на котизацијата за учество на меѓународната саемска манифестација според Точка1 во Италија (Римини) е во висина од 6.000,00 денари без ДДВ. За дополнителни информации и за пријавување на Вашето учество за присуство на саемските манифестациите можете да ме контактирате на:sgeorgieva@sojuzkomori.org.mkили на телефонскиот број: 02/3091-440. Контакт лице: Сања Георгиева.

Број 482, јули 2015


БИЗНИС ИНФОРМАТОР

14

КОНФЕРЕНЦИИ, САЕМИ, ОБУКИ, БИЗНИС ФОРУМИ

МОЖНОСТ ЗА ВАША ПРОМОЦИЈА НА САЕМИ ВО БУКУРЕШТ, РОМАНИЈА Во насока на Ваша промоција и пласман на Вашите производи и услуги Сојуз на Стопански комори на Македонија соработува со Амбасадата на РМ во Романија и Ви нуди можност за Ваше претставување на меѓународни саеми. Во текот на 2015 година во Букурешт ќе бидат организирани следниве меѓународни саеми:

            

International trade fair for furniture, equipment and accessories, 19.09.2015-23.09.2015 International exhibition for beauty equipment, products, body care and hairdressing, 01.10.2015 04.10.2015 International exhibition of textiles, ready-made clothes, leather goods, furs, footwear and leatherwear, accessories, 01.10.2015 - 04.10.2015 Bucharest International Technical fair, 14.10.2015-17.10.2015 International trade fair for renewable energy, conventional energy, equipment and technologies for the oil and natural gas industry,14.10.2015 – 17.10.2015 Invention and innovation show, 14.10.2015 - 17.10.2015 nternational trade fair of equipment and products in agriculture, horticulture, viticulture and animal husbandry, 28.10.2015 - 01.11.2015 International trade fair for the food industry, 28.10.2015 - 01.11.2015 International exhibition for packaging, packaging materials, machines and specific equipment, 28.10.2015 - 01.11.2015 Wines, alcoholic and non-alcoholic beverages trade show, 28.10.2015 -01.11.2015 Romanian Tourism Fair,12.11.2015-15.11.2015 International exhibition for equipment, furniture and supplies for hotels and restaurants, 12.11.2015 15.11.2015 Dentistry and dental technologies international exhibition, 19.11.2015 - 21.11.2015

За дополнителни информации можете да не контактирате на: info@sojuzkomori.org.mk или на тел: 02/3091-440.

Број 482, јули 2015


БИЗНИС ИНФОРМАТОР

15

КОМПАНИИ ЧЛЕНОВИ НА ССК

ФХ3Х: УСПЕХОТ ВО ПРЕТПРИЕМНИШТВОТО РЕЗУЛТАТ НА УПОРНОСТ И СПОСОБНОСТ НА УЧЕЊЕ „Работењето на визуелни ефекти и анимација во врвни холивудски филмови од страна на македонска компанија им изгледаше како апсурдна идеја на повеќето луѓе во нашето опкружување кога јас и соосновачот Миливоје Ѓорѓевиќ започнувавме со ФХ3Х. Вербата во себе, упорноста, подготвеноста на учење и љубовта кон работата направија денес тој сон да е реалност“.

Ова го изјави денеска Кристијан Даниловски еден од сопствениците на ФХ3Х, компанија член на Сојуз на стопански комори на Македонија во просториите на компанијата по повод промоцијата на учебникот за претприемништво „Кршење на мраз на претприемачки начин“ во кој нивното искуство е презентирано како една од 15-те студии на случај за успешни претприемачи од Централна и Источна Европа, пренесува МИА. „Многумина ни кажуваа, дури и не убедуваа дека тоа што сме го наумиле не е можно и дека треба веднаш да се откажеме, да не губиме време. За многумина беше и ерес нашата замисла да успееме на светскиот пазар. Реални проблеми имаше. Тогаш глобалната соработка или аутсорсингот беше во зачеток, самиот тогашен пазар не беше подготвен, технологијата и интернетот во 2004 година кога работевме на „Авијатичарот“ не беше доволно развиена, работевме на снимени ДВД-ја, буквално „летаа“ тие фајлови. Така што проблеми имаше, но ние си останавме на нашата замисла, верувавме во она што го знаеме, што беше уште побитно бевме подготвени да го научиме се она што не го знаеме, а имаше доста и се покажа дека сето тоа е неопходно за да го достигнеме ова што сме денес. Пораката на младите кои ќе учат од овој учебник е „верувајте во себе, а не во тоа што ви го велат другите дека е невозможно“, вели Даниловски.

Број 482, јули 2015


БИЗНИС ИНФОРМАТОР

16

КОМПАНИИ ЧЛЕНОВИ НА ССК

ПРОКРЕДИТ БАНКА—ПРВА ИНСТИТУЦИЈА КОЈА ЌЕ ВОЗИ ЕЛЕКТРОНСКИ АВТОМОБИЛИ ВО МАКЕДОНИЈА 5 електрични автомобили од марката ,,Фолксваген,, модел Е-АП што значи ,,Комплетно е л е к т р и ч но ” к о и н е ја загадуваат животната средина пристигаат во Скопје во текот на месец Јули за потребите на ПроКредит Банка. Одлуката за воведување на електрични возила се дел од големата регионална иницијатива за здрава средина на ПроКредит Банките во Југоисточна Европа, во рамките на која беа набавени вкупно 50 возила на електрично полнење. Во текот на месец Април и Мај бесплатно беа поделени и ½ милион платнени торбички а воедно и беше спроведена голема кампања за едукација на граѓаните против употреба на пластика. Г- ѓа Емилија Спировска, Член на Управниот Одбор на ПроКредит Банка, Македонија изјави: ,,Комплетно сме посветени на здрава и чиста околина и сме во чекор со современите трендови во технологијата. Ќе стигнеме до клиентите брзо и ефикасно, и без употреба на гориво. Нашиот возен парк сега се обновува со електрични возила за урбана средина и со хибридни возила за подалечни дестинации. Во Централната Управа инсталиравме 4 станици за напојување со 230 V, но во нашата нова Управна зграда која е во фаза на изградба овие возила ќе се напојуваат со струја од соларни панели". Социјалната одговорност на ПроКредит Банка не се концентрира само на една акција годишно, туку е култура внатре и надвор. ПроКредит Банка има воспоставено високи внатрешни стандарди и посебен сектор во банката за енергетска ефикасност и заштита на природата. ’Имаме висока еколошка свест – ветување за сегашните и идни генерации, свест на која инсистираме и кај вработените и кај клиентите”, додаде Г-ѓа Спировска. ПроКредит Банка од 2003 година со сега е една од најактивните институции во Македонија во областа на заштита на животната средина. „Социјалната одговорност на ПроКредит Банка не се концентрира само на една акција годишно, туку е култура внатре и надвор. Воспоставивме високи внатрешни стандарди и посебен сектор во банката за енергетска ефикасност и заштита на природата. Имаме висока еколошка свест – ветување за сегашните и идни генерации, свест на која инсистираме и кај вработените и кај клиентите.” ПроКредит Банка е една од најактивните институции во Македонија во областа на заштита на животната средина.

Број 482, јули 2015


БИЗНИС ИНФОРМАТОР

17

КОМПАНИИ ЧЛЕНОВИ НА ССК

Тој додава дека пресудна за успехот била и целосната поддршка од семејствата. За тоа да се биде дел од учебникот вели е чест и добро е што младите во Македонија ќе можат да учат за претприемништво од македонска компанија, но подвлекува дека нивното искуство треба да го земат како инспирација, но не и да го пресликаат зашто нема рецепти за успех. Успехот на светско рамниште, подвлекува, денес е плод на квалитет, доверба кај партнерите, конкурентност со цени и постојани вложувања во човечките ресурси. Професорките Македонка Димитрова и Илијана Петровска од Американ колеџ Универзитетот нагласија дека на пишувањето на оваа сторија на случај за ФХ3Х работеле 2,5 години, а пресудна била соработката со сопствениците на компанијата. „Не е ни малку лесно некој да ви ги отвори вратите и да ви каже што и на кој начин работи, каде успеал, каде не успеал. Тоа е буквално едно соголување и нашите бизнисмени од мала земја како и во повеќе мали земји од Централна и Источна Европа и не сакаат многу да зборуваат за тоа. Затоа сум горда на нашата соработка со ФХ3Х кои не импресионираа со нивните успеси и начинот на нивната работа. Особено сум задоволна што од оваа студија на случај за наша македонска компанија ќе учат и странски студенти, бидејќи ова претставува и прв случај од ваков вид македонска компанија да се најде во едно вакво многу значајно издание“, рече Димитрова. За Петровска од особено значење е соработката на Универзитетот со бизнис-секторот, а оваа студија произлегла од потребата македонските студенти да стекнат образование за претприемништвото од македонски компании, бидејќи студентите потешко може да се идентификуваат со искуствата на компании формирани од Марк Цукенберг или Стив Џобс. На промоцијата се обрати преку скајп и Марк Сосна, професор по претприемништво на ИЕСТЕ школата за бизнис во Барселона, кој подвлече дека било привилегија да се опишат тие единствени стории, кои се надева дека ќе ги инспирираат идните генерации претприемачи. Во учебникот преку 15 успешни приказни на компании од 10-тина европски земји се отсликува бизнис климата во Европа и тешките услови за освојување на светските пазари. Автори на универзитетскиот учебник се Џулија Пратс, Марк Сосна и Силвија Шишко – Романчук, а издавач е светскиот издавач Пелгрејв Мекмилан. На сопствениците на ФХ3Х денеска им беше врачен примерок од учебникот, потпишан од светки признатиот претприемач Берт Твалфховен. Публикацијата следи откако на иницијатива на Универзитетот Американ колеџ Скопје, ФХ3Х беше номиниран и прогласен за Европски шампион за претприемништво од Меѓународниот академски совет при Европска фондација за претприемачки развој во Варшава во 2011 година, заедно со уште 24 компании од Централна и Источна Европа.

Број 482, јули 2015


БИЗНИС ИНФОРМАТОР

18

КОМПАНИИ ЧЛЕНОВИ НА ССК

ЕУРОЛИНК ОСИГУРУВАЊЕ СО НОВО ОСИГУРУВАЊЕ „МУДАР ИЗБОР 2+1“ Еуролинк осигурување АД Скопје, компанија член на Сојуз на стопански комори на Македонија веќе неколку месеци ја спроведува кампањата „Мудар Избор“ 2+1, со која се промовира осигурување од професионална одговорност, нагласува Марија Томеска – претседател на управен одбор на Еуролинк осигурување АД Скопје. Целта на пакетот за осигурување од професионална одговорност „Мудар избор“, истакнува таа во интервју, е да го поедностави, збогати и популаризира овој тип на осигурување, за да се зголеми свесноста на правните субјекти и индивидуи дека осигурувањето може значително да им помогне за стабилност и за сигурност при давање или користење на какви било услуги. Со полисата од професионална одговорност, посочува, Еуролинк Осигурување обезбедува правна помош и заштита на осигуреникот во судската постапка, ги исплаќа основаните барања за надомест на штета и ги надоместува трошоците на судската постапка. Таа нагласува дека со потпишување на договорот за осигурување на професионална одговорност, одговорноста за надомест на штета се префрла врз осигурителната компанија. Предноста на овој тип на осигурување, подвлекува Томеска, е финансиската стабилност за фирмата, која може да си ги планира трошоците на работењето, но, не може да ги планира загубите кои може да настанат заради оштетување на клиентите.

Број 482, јули 2015


БИЗНИС ИНФОРМАТОР

19

КОМПАНИИ ЧЛЕНОВИ НА ССК

Посебен интерес за професионална одговорност, укажува, пројавуваат правните субјекти кои за добивање на лиценца во одредена дејност се обврзани да достават гаранција до одредено министерство или регулаторен орган но се повеќе и правни што немаат таква обврска. Најзастапени дејности кои се осигуруваат од професионална одговорност се здравствените работници, пред се ПЗУ по општа медицина и специјалистичките ординации, адвокати, нотари, извршители, геодети, туристички агенции, медијатори, стечајни управници, ревизори, сметководители, аптеки, носители на права за пуштање на лекови и медицински помагала во употреба, проектанти, трговски друштва со лиценци за ревизија над изградба, надзор над изградба и изведба на градба. Според Томеска, осигурителниот бизнис во Македонија веќе долго време е главно посветен на задолжителните класи на осигурување каде што секако доминира осигурувањето на возилата од авотоодговорност, додека пак истовремено, посочува, веќе стана клише да се зборува за енормниот потенцијал за развој што го има овој пазар и светските трендови кон кои би требало да се приклучиме. Во изминатиот период Еуролинк активно работи на актуелизирање на интересот и на потребата на граѓаните за станбеното осигурување и ќе продолжи во иста насока на проширување на понудата за групно осигурување на станови и осигурување на индивидуални куќи по атрактивни цени. За корпоративните корисници е креиран нов пакет БИЗНИС КОМПЛЕТ со кој ги преземаме финансиските трошоци што можат да произлезат од штети настанати на имотот, опремата и резервите на нашите корпоративни осигуреници. Како новост во овој пакет, а според тековните светски трендови, е вклучен и ризикот прекин на работа што ги покрива сите фиксни трошоци за време на застој во бизнисот поради настаната имотна штета. „Клучен фокус и во следниот период ќе бидат активностите поврзани со едукација и зголемување на свеста на нашите граѓани за бенефитите и неопходноста од осигурителните продукти, како и креирање на лесно разбирливи и сеопфатни продукти по достапни цени кои ќе обезбедат заштита на тоа што го граѓаните го создавале цел живот“, вели Марија Томеска – претседател на управен одбор на Еуролинк осигурување АД Скопје.

Број 482, јули 2015


20

Сојуз на стопански комори на Македонија Мет.Теодосиј Гологанов бр.1, 1000 Скопје Т: 389 (02) 3091 440 Ф: 389 (02) 3090 595 Е: info@chamber.mk www.chamber.mk

Податоците се изготвуваат врз основа на постојното законодавство во времето на © Сојуз на стопански комори на Македонија 2015 Сите права се задржани. Оваа публикација е изготвена од Сојуз на стопански комори на Македонија, кој е ексклузивен носител на сите права, како што е утврдено и со Законот за индустриска сопственост и Законот за авторски и сродни права. Без претходна писмена дозвола на Сојуз на стопански комори е забрането да се репродуцира, дистрибуира, става на располагање на јавноста (интернет) и други форми на комуникација со јавноста, преработува, или било која друга употреба на авторско дело или делови од него во некој размер или процедури, вклучувајќи фотокопирање, печатење или електронска форма. Логото на Сојуз на стопански комори на Македонија, е регистрирана трговска марка Скопје, јануари 2015

Број 482, јули 2015

Profile for Macedonian Chambers of Commerce

Бизнис информатор бр. 482  

Унгарските компании заинтересирани за инвестиции во Македонија

Бизнис информатор бр. 482  

Унгарските компании заинтересирани за инвестиции во Македонија

Advertisement