Page 1

Број 2015 Број479, 481,мај, јуни, 2015 12015 Број 2015 Број478, 480,мај јуни,

Број 481, јуни 2015


2

ВАШИОТ БИЗНИС НАШ ПРИОРИТЕТ!

Барате начин да го зголемите својот профит,

да обезбедите нови клиенти или партнери,

да го промовирате својот бизнис,

да ги унапредите своите знаења и вештини,

да ја зголемите својата информираност,

секогаш да бидете во тек со најновите случувања во бизнисот

и со најновите измени во законските регулативи?

Комората преку вмрежување и добро смислен маркетинг план за Ваша промоција, со лобирање и застапување на Вашите интереси, со обуки и семинари, Ви нуди можности да го креирате својот успех. Илјадници компании од секторите градежништво, туризам, земјоделство, информациски технологии, трговија и услуги, сметководство и индустриско производство учествуваат во успешното делување на Сојуз на стопански комори на Македонија.

Бидете и Вие дел од Вoдечката Македонска Деловна Мрежа

Мит.Теодосиј Гологанов бр.1, 1000 Скопје Т: 389 (02) 3091 440 Ф: 389 (02) 3090 595 Е: info@chamber.mk www.chamber.mk

Број 481, СОЈУЗ НА СТОПАНСКИ КОМОРИ НА МАКЕДОНИЈА 2015јуни 2015


БИЗНИС ИНФОРМАТОР

3

ВО ОВОЈ БРОЈ НА БИЗНИС ИНФОРМАТОР Страна 4

СОЈУЗ НА СТОПАНСКИ КОМОРИ СО ДОГОВОР ЗА БИЗНИС СОРАБОТКА НА ПРТ КОНТИНЕНТИ

Содржина Новости

4

Изјави и интервјуа

16

Сојуз на стопански комори на Македонија (ССК) со претставници на бизнисот од најголемите светски компании на пет континенти оствари д ого вор за и нтер нацио на л но поврзување. Во рамки на 9. Светски Коморски Конгрес во Торино, Италија, претседателот на ССК, г-ѓа Данела Арсовска, оствари средба со претседателите на водечките стопанските комори на Дубаи, Сиднеј, Токио и домаќинот на конгресот - Торино. Страна 6

Легислатива Конференции, форуми, обуки

18

19

ПРВИТЕ 16 СТАРТ АП КОМПАНИИ ПОТПИШАА ДОГОВОРИ СО ФОНДОТ ЗА ИНОВАЦИИ Претседателот на ССК, г-ѓа Данела Арсовска, присуствуваше на доделувањето на грантови од Фо нд от за и но ва ци и и технолошки развој. Претставници на 16 млади компании чии проекти беа избрани на првиот конкурс за кофинансирани грантови на стар ап и спин оф претпријатија и иновации распишан од Фондот за иновации и технолошки развој денеска ги потпишаа договорите со Фондот за нивна реализација во вкупна вредност од 458.700 евра. На настанот присуствуваше и извршниот директор на ССК, г. Митко Алексов. Страна 8

ВЛОЖУВАЊЕТО ВО ИНОВАЦИЈАТА ДАВА ЕКОНОМСКИ ПРОФИТ Вложувањето во иновациите е многу важно за македонските компании и за нивната конкурентност. Потребно е да се подигне свеста кај бизнисмените за значењето на иновацијата бидејќи таа дава економски профит, беше посочено на денешната тркалезна маса што ја организира Сојузот на стопански комори во соработка со Македонската академија на науките и уметностите. Број 481, јуни 2015


БИЗНИС ИНФОРМАТОР

4

НОВОСТИ

СОЈУЗ НА СТОПАНСКИ КОМОРИ СО ДОГОВОР ЗА БИЗНИС СОРАБОТКА НА ПРТ КОНТИНЕНТИ Сојуз на стопански комори на Македонија (ССК) со претставници на бизнисот од најголемите светски компании на пет континенти оствари договор за интернационално поврзување. Во рамки на 9. Светски Коморски Конгрес во Торино, Италија, претседателот на ССК, г-ѓа Данела Арсовска, оствари средба со претседателите на водечките стопанските комори на Дубаи, Сиднеј, Токио и домаќинот на конгресот - Торино. На средбите се разговараше за потенцијалите за соработка, бизнис поврзувања како и посета на делегација на бизнисмени од нашата земја во Сиднеј, кој ќе биде домаќин на следниот Светски Коморски Конгрес. „Секоја земја има своја специфика и таргет во бизнисот, при што на реализираните средби разговаравме за конкретни можности за соработка со дел од најголемите компании во светот. Со претседателот на комората од Торино, Винчензо Илоте, договоривме посета во Скопје и дискутиравме за заедничко учество на меѓународни тендери особено во делот на инфраструктура и градежништво. Градоначалниците на Скопје и Торино веќе имаат потпишано Договор за пријателство и соработката, а со соработка меѓу коморите дополнителено се зајакнува конекцијата за бизнисмените од двете земји“, изјави Арсовска. Сојузот на стопански комори на Македонија традиционално и годинава заедно со Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот се спонзори на 9. Светски Коморски Конгрес во Торино, Италија - единствениот меѓународен форум за здржување на коморите и бизнис – лидерите.

Број 481, јуни 2015


БИЗНИС ИНФОРМАТОР

5

ИЗЈАВИ И ИНТЕРВЈУА

ССК СПОНЗОР НА 9. СВЕТСКИ КОМОРСКИ КОНГРЕС ВО ТОРИНО Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) традиционално и годинава заедно со Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот (АСИПИ) беа дел од 9. Светски Коморски Конгрес во Торино, Италија. На конгресот, присуствуваа г-ѓа Данела Арсовска, претседател на ССК, г-ѓа Невенка Стаменковска, раководител на сектор за услуги на инвеститори во Агенцијата, претседатели на гранските комори на ССК, како и бизнис делегација на компании членови на комората. „Како спонозори на Светскиот Коморски Конгрес во Торино, Италија се заложуваме за успешна промоција како на нашата земја, така и на компаниите кои на овој начин имаат дополнителна можност за поголема презентација. Исто така, веќе се договорени и состаноци за бизнис поврзување и остварување на потенцијални бизнис партнерства со претставници на најголемите компании на глобално ниво“, изјави Арсовска. Светскиот Коморски Конгрес претставува единствено глобално место за средба на коморите, организиран од страна на на ICC World Chambers Federation, на кој ќе присуствуваат претставници од 120 земји од целиот свет, 1600 претставници на стопански комори, а ќе се обратат и над 100 говорници лидери во своите области. Конгресот се одржува секои две години во различни региони од светот. „Традиционално Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот и годинава го поддржува Светскиот Коморски Конгрес, каде на едно место се собрани најголемите брендови од целиот свет и претставува одлична можност за промоција на инвестициските потенцијали на Република Македонија. Во текот на денот предвидено е да оствариме состаноци со претседателите на коморите од Канада, Велика Британија и Ирска, од каде имаше голем интерес за нашата земја“, изјави Стаменковска Светскиот коморски конгрес е единствениот меѓународен форум за здржување на коморите и бизнис – лидерите и претставува одлична можност за споделување на практични искуства, размена на идеи, интернационално проширување на бизнисот, воспоставување на нови контакти со коморите низ целиот свет. ССК и Агенцијата беа дел и од 8. Светски Коморски Конгрес во Доха, Катар, додека 10. Светски Коморски Конгрес, предвидено е да се одржи во Сиднеј, Австралија.

Број 481, јуни 2015


БИЗНИС ИНФОРМАТОР

6

НОВОСТИ

ПРВИТЕ 16 СТАРТ АП КОМПАНИИ ПОТПИШАА ДОГОВОРИ СО ФОНДОТ ЗА ИНОВАЦИИ

Претседателот на Сојуз на стопански комори на Македонија (ССК), г-ѓа Данела Арсовска, присуствуваше на доделувањето на грантови од Фондот за иновации и технолошки развој. Претставници на 16 млади компании чии проекти беа избрани на првиот конкурс за кофинансирани грантови на стар ап и спин оф претпријатија и иновации распишан од Фондот за иновации и технолошки развој денеска ги потпишаа договорите со Фондот за нивна реализација во вкупна вредност од 458.700 евра. На настанот присуствуваше и извршниот директор на ССК, г. Митко Алексов. Андријана Богдановска – Ѓуровиќ, генерален менаџер на KNOWLEDGE CENTER, компанија член на Сојуз на стопански комори на Македонија, потпиша договор со фондот за иновации Пред присутните се обрати премиерот Никола Груевски кој настанот, кој е прв од овој вид, го означи како испишување нова историја во делот на поддршката на иновативните идеи во Република Македонија. „Моето лично задоволство пред се произлегува од мојата длабока убеденост дека развојот на иновативниот и претприемачки дух во Македонија е процес кој треба интензивно да се помага и поттикнува посебно затоа што тоа не било правено во минатото, а процесот е од големо значење за многу развојни сегменти во нашата држава. Овие процеси се особено важни, пред се, поради фактот што и по повеќе од 20 години од напуштањето на социјализмот, развојот на претприемачкиот дух и иновативниот пристап во нашата земја е се уште на едно релативно ниско ниво. Тоа не е присутно само кај повозрасните, туку и кај значително мнозинство на млади луѓе кои воопшто не го живееле времето на социјализмот, а сепак ги чувствуваат влијанијата од тоа време“, рече премиерот г. Никола Груевски. Според него, се уште е широко распространет менталитетот на пасивна индивидуа и филозофијата дека најбитна е дипломата, а државата е таа која треба да најде соодветно вработување за таа диплома без будење на креацијата кај младите луѓе како самите да заработат, да направат бизнис, да се самовработат. Ова, додава, делумно е резултат на воспитанието пренесено од родителите, на образовниот систем во Македонија, кој иако во изминатите 20 години постепено се менуваше генерално ја занемаруваше праксата и поттикнувањето на креативниот потенцијал кај младите, но и на немањето слух и поддршка од страна на претходните влади кон поединци и фирми во делот на иновациите и претприемништвото.

Број 481, јуни 2015


БИЗНИС ИНФОРМАТОР

7

НОВОСТИ

„Целата оваа атмосфера ние како Влада решивме сериозно да ја промениме. Во изминативе неколку години преземавме бројни мерки и кампањи и конкретни проекти за поттикнување на претприемништвото и иновативниот дух кај населението, да го разбудиме креативниот дух кај младите, да ги поттикнеме да бидат похрабри, да веруваат во себе и да го искористат максимумот од своето знаење, вештини и идеи“, рече премиерот Груевски. Во тој контекст ги наведе бројните измени во наставните содржини за основно и средно образование, воведување комплетно нови наставни програми по предмети поврзани со претприемништвото, бизнисот и иновациите, донесувањето национална стратегија за претприемачко учење, како и донесувањето Закон за иновации чиј составен дел е и формирањето на Фондот за иновации и технолошки развој како централна институција за развој и спроведување на националната политика за иновации и технологии. Тој најави дека до крајот на годинава е планирано преку ФИТР да се распише уште еден повик за поддршка на иновативни проекти. Вкупниот буџет за 2015 година за оваа намена изнесува 2 милиони и 280 илјади евра, а до крајот на 2017 година вкупно 10 милиони евра за поддршка на овој вид проекти. Директорката на Фондот г-ѓа Јасмина Поповска изрази задоволство од интересот, бројот на апликации, како и од иновативноста на пристигнатите предлог-проекти на првиот распишан повик за кофинансирање грантови на старт ап претпријатија и иновации. Во втората половина од оваа година ќе биде објавен и втор повик за сите инструменти на Фондот со расположлив буџет во износ од милион и 680 илјади евра. Платформа за навигација и известување во затворени простории, микропроцесорско управување на печки на пелети, изработка на интелигентни лежечки полицајци, системи за домашна автоматизација се дел од 16 – те проекти кои се избрани на првиот повик на Фондот за кофинансирани грантови на старт ап и спин оф претпријатија и иновации.

Број 481, јуни 2015


БИЗНИС ИНФОРМАТОР

8

НОВОСТИ

ВЛОЖУВАЊЕТО ВО ИНОВАЦИЈАТА ДАВА ЕКОНОМСКИ ПРОФИТ Вложувањето во иновациите е многу важно за македонските компании и за нивната конкурентност. Потребно е да се подигне свеста кај бизнисмените за значењето на иновацијата бидејќи таа дава економски профит, беше посочено на денешната тркалезна маса што ја организира Сојузот на стопански комори во соработка со Македонската академија на науките и уметностите. Претседателката на Сојузот на стопански комори г-ѓа Данела Арсовска смета од големо значење е да се придонесе во развивањето на свеста за иновативноста, а потоа да се продолжи и со едукација на вработените. „Има погрешна перцепција за тоа што значи иновативноста. Многу малку знаат дека тоа не се само високо технолошки развиени решенија туку иновативноста значи да се пронаоѓаат нови производи, најмногу во рамки на организациската поставеност на една компанија и во маркетингот на една компанија“, посочи Арсовска. Според академик Таки Фити, во Македонија во последните години има напредок во оваа област, но сепак мора да се зголеми свеста кај менаџерите за иновативноста. „Македонските фирми издвојуваат околу шест до седум милиони евра на годишно ниво за иновации и развој, а во словенечката економија се издвојуваат 506 милиони. Претпријатијата кои се иновативни имаат 15 проценти побрз раст во продажбата отколку неиновативните, осум отсто побрз пораст на продуктивноста и на конкуретноста, побрз пораст на платите... Иновацијата дава економски профит, односно натпросечен профит. Од анкетите што ги прави Државниот завод за статистика укажуваат дека сите наши компании со иновацијата имаат значајни резултати во намалување на трошоците на работењето, зголемување на работењето и на профитот“, истакна академик Фити. Тој оцени дека важен чекор е и основањето на Фондот за иновации кој неодамна ги додели првите грантови на 16 старт ап компании. Вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски посочи дека до крајот на годината треба да биде објавен уште еден повик со кој се планира да бидат доделени дополнителни половина милион евра. „Развојот на иновативната дејност е еден од најважните елементи во развојот на државата. Владата има поставено стратегиски документи и соодветни активности за забрзан развој на иновативноста, но секој документ, колку и да е добро подготвен, треба да биде ревидиран од време на време. За таа цел вршиме континуиран дијалог со научната и бизнис заедницата“, рече Пешевски. Статистичките податоци покажуваат дека најиновативни се компаниите од областа на финансиите и осигурувањето по што следуваат информатичко-комуникациските фирми. Најмалку иновативноста е застапена кај градежните, транспортните и земјоделските компании.

Број 481, јуни 2015


БИЗНИС ИНФОРМАТОР

9

НОВОСТИ

МАКЕДОНИЈА ДЕЛ ОД МЕДИТЕРАНСКО-БАЛКАНСКАТА ТУРИСТИЧКА ПОНУДА

Претседателот на Туристичко - угостителската комора (ТУК) при Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК), г. Аркан Керим со делегација од комората, присуствува на конференција во Будва во организација на Министерството за одржлив развој и туризам на Црна Гора и Светската туристичка организација (UNWTO). Темата на дводневната конференција на која присуствуваат еминенти меѓународни експерти од секторот туризам е „Квалитетот како клучен за успех на медитеранската туристичка дестинација“. Конференцијата ја отвори генералниот секретар на Светската туристичка организација, Талеб Рифаи. Претседателот на ТУК, Керим оствари средба со него и се заблагодари за поддршката за промоција на нашата земја во светот. „Во фокусот на конференцијата е квалитетот на туристичките производи, кои треба да бидат двигател за успех на медитеранските дестинации. Во оваа насока дискутираме и Република Македонија да биде активно промовирана во медитеранско-балканската туристичка понуда на Светската туристичка организација. Правиме заложби нашата земја да биде промовирана во трети земји како атрактивна туристичка дестинација. Веќе остваривме средби и со комори и организации од Јордан, Турција, Словенија, Хрватска во насока на идно зцрстување и официјализирање на соработака“, изјави Керим. На конференцијата присуствуваат реномирани меѓународни експерти од областа на туризмот и повеќе од 200 учесници кои во рамки на панел дискусиите ќе имаат можност да ги претстават своите искуства како и искуствата на земјите и компаниите од каде што доаѓаат. Учествуваат и претставници на Европската комосија за заштита на животната средина, рибарство, министерства за туризам на Хрватска, Мароко, Тунис, Малта, претставници на хотели, туроператори, крузинг компании, туристички организации и сл. Конференцијата има за цел создавање на платформа за медитеранските и балкански дестинации и сите релевантни партнери за дијалог во врска со актуелните и потенцијаните предизвици во насока на остварување партнерство со земјите од регионот.

Број 481, јуни 2015


БИЗНИС ИНФОРМАТОР

10

НОВОСТИ

СОЈУЗ НА СТОПАНСКИ КОМОРИ НА МАКЕДОНИЈА НА ТРАДИЦИОНАЛНА ИФТАРСКА ВЕЧЕРА НА МАТТО Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК), присуствуваше на традиционалната ифтарска вечера во организација на Македонско – турската стопанска комора, МАТТО. На вечерата присуствуваше и претседателот на Република Македонија, г. Ѓорѓе Иванов. Обраќајќи се пред присутните претставници на јавниот и политичкиот живот, дипломати, бизнисмени и претставници на граѓански асоцијации и здруженија, претседателот Иванов рече дека рамазанските пости го означуваат духот на вековната традиција на исламот во Република Македонија. По повод светиот месец Рамазан, ССК упатува честитки со желби за добро здравје, општа благосостојба и мирен духовен живот. И во иднина унапредување на економските односи меѓу двете земји е од големо значење.

ССК НА КОНФЕРЕНЦИЈА НА ДЗЛП ПО ПОВОД ЈУБИЛЕЈОТ 10 ГОДИНИ Извршниот директор на Сојуз на стопански комори на Македонија (ССК), г. Митко Алексов, присуствуваше на конференција во организација на Дирекција за заштита на лични податоци (ДЗЛП), по повод нивниот јубилеј 10 години. Двете институции имаат потпишано меморандум за соработка во 2013 година. На меѓународната конференција за едукативниот пристап кон предизвиците од заштита на приватноста која е со поддршка од Мисијата на ОБСЕ во Скоп,је беше заклучено дека бројот на претставки за нарушување на приватноста во Македонија во 2014 година изнесува 371 од кои 331 од физички лица, 36 од правни и четири од анонимни подносители. Најмногу претставки се поднесени за нарушување на приватноста на социјалните мрежи. Во 2014 бројот на претставки е поголем за четири пати во однос на 2009 година. Од претставките 89 проценти се поднесени од граѓани. Директорот на ДЗЛП Димитар Ѓеорѓиевски истакна дека резултатите за досегашното работење на Дирекцијата покажуваат оти се наоѓа на вистинскиот пат. „Бројот на претставките кои секојдневно ги добиваме и кои на годишно ниво се прикажани во извештаите покажуваат дека во 2013, 2014 и 2015 година бележи раст во нарушувањето на приватноста во поглед на социјалните медиуми“, истакна Ѓеорѓиевски. Според податоците на ДЗЛП во 2014 година 245 претставки биле поднесени по електронски пат, 125 по писмен пат и една усно. Од претставките 54 проценти се однесувале за злоупотреба на личните податоци на социјалните мрежи. За бришење на лажен профил на Фејсбук се поднесени 130 барања, 12 за бришење на лажни профили на малолетни лица на истата мрежа. За пробиено корисничко име или лозинка на профил поднесени се 47 барања. Број 481, јуни 2015


БИЗНИС ИНФОРМАТОР

11

НОВОСТИ

ПОПОЛНУВАЊЕ НА ПРАШАЛНИК ЗА РАЗВОЈ НА УСЛУГИТЕ НА НАЦИОНАЛНАТА КАНЦЕЛАРИЈА ЗА ТРАНСФЕР НА ТЕХНОЛОГИИ Би сакале да Ве информираме дека Сојузот на стопански комори континуирано соработува со Министерството за образование и наука на Република Македонија и во насока на проследување на бизнис информации Ве известуваме дека кон крајот на годината ќе биде основана Националната канцеларија за трансфер на технологии (НТТО). Целта на Националната канцеларија за трансфер на технологии (НТТО) е да поттикне активности за истражување и развој во Македонија, комерцијализација на истражувањето, а особено соработката помеѓу универзитетите и стопанството. Врз основа на горенаведеното Ве покануваме да пополните прашалник кој подолу Ви го проследуваме и кој се спроведува помеѓу компаниите со иновативен потенцијал, а со цел ангажирање на технолошкиот потенцијал во Република Македонија и идентификување на конкретните потреби на македонските компании. Резултатите од анкетата ќе послужат како база за развој на услугите на Националната канцеларија за трансфер на технологии, како и за идентифицирање на нејзините потенцијални партнери. Прашалникот е достапен на македонски и англиски јазик на следните линкови: 

МК: (http://goo.gl/forms/Mo9cnR9exC)

EN: (http://goo.gl/forms/34uxc6Ig7F) За дополнителни информации можете да не контактирате на е-маил: anikolova@sojuzkomori.org.mk.

КАТАЛОГ НА КОМПАНИИ ОД УКРАИНСКА ПРЕХРАНБЕНА ИНДУСТРИЈА Подготвен е електронски каталог на украинска прехранбена продукција „Ukrainian Food 2015“ од страна на Сеукранскиот аграрен совет и е со цел за воспоставување на деловни врски со заинтересираните субјекти од претприемничката дејност на Македонија. Електронски каталог на украинска прехранбена продукција „Ukrainian Food 2015“ можете да го погледнете на следниот линк.

Број 481, јуни 2015


БИЗНИС ИНФОРМАТОР

12

НОВОСТИ

ПРОГРАМА ЗА УСЛОВЕН ПАРИЧЕН НАДОМЕСТОК ЗА СУБВЕНЦИОНИРАНО ВРАБОТУВАЊЕ НА ЛИЦА ВО СОЦИЈАЛЕН РИЗИК ЈАВЕН ОГЛАС за регистрирани невработени лица заинтересирани за учество во Програмата за условен паричен надоместок за субвенционирано вработување на лица во социјален ризик. 1. Се повикуваат евидентираните невработени лица (целна група) и тоа: Корисници помош

на

социјална

парична

Лица кои до 18 годишна возраст имале статус на деца без родители и родителска грижа (корисници на парична помош 18-26) Лица кои биле корисници на програмата Условен паричен надоместок за средно образование Членови на семејства корисници на едно од следниве права: постојана парична помош, и детски додаток Жртви на семејно насилство кои се сместени во шелтер центри или чијшто месечен семеен приход по член на семејство во годината пред годината во која аплицираат е понизок од 50% од последната просечна нето плата објавена од Државниот завод за статистика Лица кои биле корисници на државна стипендија во последните 15 години и чијшто месечен семеен приход по член на семејство во годината пред годината во која аплицираат е понизок од 50% од последната просечна нето плата објавена од Државниот завод за статистика Лица до 29 години чијшто месечен семеен приход по член на семејство во годината пред годината во која аплицираат е понизок од 50% од последната просечна нето плата објавена од Државниот завод за статистика Износот на субвенцијата за плата ќе зависи од изборот на работодавачите за кој модалитет на погодности ќе се одлучат, и тоа: Шест месечна субвенција на бруто плата, со обврска работникот да се задржи дополнителни шест месеци на работа Доколку работодавачот се одлучи за овој модел на погодности, субвенцијата ќе се исплаќа во два износа – еден понизок за лицата кои немаат квалификации и еден повисок за оние лица со повисок степен на образование или кои ќе бидат вработени на места на кои се извршуваат покомплексни работни задачи. Понискиот износ на субвенцијата е бруто месечна плата од 14.900,00 МКД по вработено лице, а повисокиот износ на субвенцијата е бруто месечна плата од 17.000,00 МКД по вработено лице и овие износи ќе се исплаќаат во текот на првите 6 месеци од периодот на субвенционирано вработување. Дополнително на ова, во текот на првите 6 месеци од периодот на субвенционираното вработување, на работодавачот ќе му се исплаќаат по 5.000,00 МКД по вработено лице преку оваа програма и истите ќе бидат наменети за покривање на трошоците за обука и материјали.

Број 481, јуни 2015


БИЗНИС ИНФОРМАТОР

13

НОВОСТИ

Потенцијални корисници на оваа мерка се категориите на лица кои се опфатени во целната група наведена во точката 1 од овој оглас: Шест месечна субвенција на нето плата, и шеесет месечно ослободување од плаќање на придонеси од задолжително социјално осигурување Доколку работодавачот се одлучи за овој модел на погодности, субвенцијата ќе се исплаќа во два износи – еден понизок за лицата кои немаат квалификации и еден повисок за оние лица со повисок степен на образование или кои ќе бидат вработени на места на кои се извршуваат покомплексни работни задачи. Понискиот износ на субвенцијата е нето месечна плата од 10.500,00 МКД по вработено лице, а повисокиот износ на субвенцијата е нето месечна плата од 11.900,00 МКД по вработено лице и овие износи ќе се исплаќаат во текот на првите 6 месеци од периодот на субвенционирано вработување. Дополнително од денот на склучување на договорот за вработување .работодавачот ќе биде ослободен од плаќање на придонеси од задолжително социјално осигурување во времетраење на 60 месеци за лицата вработени преку оваа програма согласно Законот за дополнување на законот за вработување и осигурување во случај на невработеност (службен весник бр.56 од 07.04.2015 година), Забелешка: Плаќањето на персоналниот данок на доход останува обврска на работодавачот. Потенцијални корисници на оваа мерка се следниве категории на лица кои се дел од целната група наведена во точката 1 од овој оглас: Корисници на социјална парична помош Лица кои до 18 годишна возраст имале статус на деца без родители и родителска грижа (корисници на парична помош 18-26) Жртви на семејно насилство кои се сместени во шелтер центри или чијшто месечен семеен приход по член на семејство во годината пред годината во која аплицираат е понизок од 50% од последната просечна нето плата објавена од Државниот завод за статистика Членови на семејства корисници на едно од следниве права: постојана парична помош, и детски додаток, кои истовремено исполнуваат и еден од следниве услови: родители на деца со пречки во развојот кои се корисници на посебен додаток најмалку три месеци пред вработувањето согласно мерката од овој член инвалидно лице со утврдена инвалидност согласно Закон за вработување на инвалидни лица и лице со утврдена намалена работна способност или професионална неспособност за работа за 50% согласно прописите од пензиското и инвалидското осигурување невработено лице кое е родител на три или повеќе деца и кое најмалку три месеци пред вработувањето немало заснован работен однос самохран родител и член на еднородителско семејство кое најмалку три месеци пред вработувањето немало заснован работен однос Шест месечна субвенција на нето плата, и триесет и шест месечно ослободување од плаќање на придонеси од задолжително социјално осигурување и персонален данок на доход со обврска работникот да се задржи дополнителни дванаесет месеци на работа. Доколку работодавачот се одлучи за овој модел на погодности, субвенцијата ќе се исплаќа во два износи – еден понизок за лицата кои немаат квалификации и еден повисок за оние лица со повисок степен на образование или кои ќе бидат вработени на места на кои се извршуваат покомплексни работни задачи. Понискиот износ на субвенцијата е нето месечна плата од 10.500,00 МКД по вработено лице, а повисокиот износ на субвенцијата е нето месечна плата од 11.900,00 МКД по вработено лице и овие износи ќе се исплаќаат во текот на првите 6 месеци од периодот на субвенционирано вработување. Дополнително од денот на склучување на договорот за вработување .работодавачот ќе биде ослободен од плаќање на придонеси од задолжително социјално осигурување и персонален данок на доход во времетраење на 36 месеци за лицата вработени преку оваа програма согласно членот 98-д од Законот за дополнување на законот за вработување и осигурување во случај на невработеност (службен весник бр.56 од 07.04.2015 година). Број 481, јуни 2015


БИЗНИС ИНФОРМАТОР

14

НОВОСТИ

Работодавачот има обврска да ги задржи сите учесници во програмата дополнителни 12 месеци по истекот на 36 месеци од периодот на ослободување од плаќање на придонеси од задолжително социјално осигурување и персонален данок на доход Потенцијални корисници на оваа мерка се лицата кои ги исполнуваат следниве два услова: Невработени лица до 35 години возраст кои претходно немале засновано работен однос или невработени лица до 35 години возраст кои имале претходно заснован работен однос, но пред вработувањето согласно оваа мерка (член 98-д од Законот за дополнување на законот за вработување и осигурување во случај на невработеност ,службен весник бр.56 од 07.04.2015 година) немале заснован работен однос најмалку три месеци Се дел од целната група наведена во точка 1 од овој оглас Работодавачот нема да смее на вработените да им исплаќа плати пониски од добиената субвенција во периодот од 6 месеци субвенционирано вработување Заинтерисираните невработени лица од точка 1 на овој Јавен оглас, пријави можат да поднесат во работните клубови на 30-те Центри за вработување во РМ најдоцна до 08.07.2015 година или до целосно пополнување на предвидениот број на вработувања согласно оваа мерка Доколку нема доволен број на пријави, Агенцијата за вработување на Република Македонија ќе ги повика лицата кои ги имаат потребните квалификации и истите ќе бидат директно вклучени во програмата Детални информации можат да се добијат во работните клубови на 30 Центри за вработување во Република Македонија. Критериуми за селекција на корисници: Апликантот мора да припаѓа на целната група наведена во точка 1 (еден) од Јавниот оглас. Апликантот мора да биде регистриран како невработено лице во Агенцијата за вработување на Република Македонија кое активно бара работа.

Број 481, јуни 2015


15

Број 481, јуни 2015


БИЗНИС ИНФОРМАТОР

16

ИЗЈАВИ И ИНТЕРВЈУА

ЗА ПОГОЛЕМА ИНОВАТИВНОСТ НА БИЗНИСИТЕ НЕ СЕ ПОТРЕБНИ САМО ПАРИ ТУКУ И СВЕСТ Во Република Македонија последниве години расте бројот на иновациските фирми, но сепак, нашиот бизнис сектор според сите релевантни индикатори врзани за иновациската дејност, стои лошо Дека од големо значење за развој на иновациите е развојот на свеста за нив, смета претседателската на ССК, г-ѓа Данела Арсовска. Според неа процентот на иновации во бизнисот може да се зголеми со едуцирање и на компаниите и на вработените за тоа како можат да пристапат поинаку. ­ „Од многу големо значење е тоа што Македонија иако се наоѓа во оној европски просек на држави

каде иновациите во компаниите се околу 40­тиот, 50­тиот процент, загрижувачки е делот што во истражувањето и развојот македонските компании навистина издвојуваат многу минимални средства и иновативните сегменти во рамки на компанијата се практично маргинализирани, вели таа и додава дека перцепцијата за иновативност кај нас е погрешна, зашто малкумина знаат дека таа не е само високотехнолошки развиени решенија, туку исто така значи и да се пронаоѓаат нови производи најмногу во рамки на организациската поставеност на една компанија, како и во маркетингот“, изјави Арсовска.

МАКЕДОНИЈА ДЕЛ ОД МЕДИТЕРАНСКО—БАЛКАНСКАТА ТУРИСТИЧКА ПОНУДА Претседателот на Туристичко - угостителската комора при Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) г. Аркан Керим со делегација од комората, присуствува на конференција во Будва во организација на Министерството за одржлив развој и туризам на Црна Гора и Светската туристичка организација (UNWTO). „Во фокусот на конференцијата е квалитетот на туристичките производи, кои треба да бидат двигател за успех на медитеранските дестинации. Во оваа насока дискутираме и Република Македонија да биде активно промовирана во медитеранско-балканската туристичка понуда на Светската туристичка организација. Правиме заложби нашата земја да биде промовирана во трети земји како атрактивна туристичка дестинација. Веќе остваривме средби и со комори и со организации од Јордан, Турција, Словенија, Хрватска, во насока на идно зцрстување и на официјализирање на соработката“, изјави Керим. Објава на веб портали: Даили.мк.

Број 481, јуни 2015


БИЗНИС ИНФОРМАТОР

17

ИЗЈАВИ И ИНТЕРВЈУА

ССК СПОНЗОР НА СВЕТСКИОТ КОМОРСКИ КОНГРЕС ПОД МОТОТО „БИЗНИС ЗА МИР“ Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК), традиционално и годинава се дел од деветтиот Светски коморски конгрес во Торино, Италија. „Како спонзори на Светскиот коморски конгрес се заложуваме за успешна промоција како на нашата земја, така и на компаниите кои на овој начин имаат дополнителна можност за поголема презентација“, вели г-ѓа Данела Арсовска претседател на ССК. Веќе се договорени и состаноци за бизнис поврзување и остварување на потенцијални бизнис партнерства со претставници на најголемите компании на глобално ниво. Изјавите можете да ги погледнете на: 

Сител

Канал 5

МРТ 1

ИНВЕСТИЦИСКИ БУМ ВО ПАТНАТА ИНФРАСТРУКТУРА Се градат нови, се обновуваат стари патишта, градежната оператива е на терен. За економската емисија Бизнис 365 на МРТ1, изјава даде заменик претседателот на Сојуз на стопански комори на Македонија, г. Сеад Кочан. Емисијата во целина може да ја погледнете на следниот линк.

НЕМА ДА ИМА ПОСЛЕДИЦИ ВРЗ ЗЕМЈАВА АКО ГРЦИЈА ИЗЛЕЗЕ ОД ЕВРОЗОНАТА Евентуалниот банкрот и излез на Грција од еврозоната нема да удри позначајно врз македонската економија. „Не очекуваме големи негативни ефекти ако Грција излезе од еврозоната, сепак ние со нашите производи и услуги сме доволно конкурентни може некој производи ќе бидат поефтини од грчките а ние би можеле да ги употребиме и да ги процесуираме а пота и да ги извеземе во ЕУ како наш прв трговски партнер, или во некои трети земји.“ рече г. Митко Алексов, извршен директор на Сојузот на стопански комори на Македонија Алексов вели дека може сериозен проблем во делот на туризмот да имаат Турција, Малта, Хрвтаска, Бугарија односно туристите да почнат да летуваат во Грција оти цените ќе бидат багателни. 

Алфа

Алсат М Број 481, јуни 2015


БИЗНИС ИНФОРМАТОР

18

ЛЕГИСЛАТИВА

ИЗМЕНИ И ДОПОЛНУВАЊА НА ЗАКОНСКА РЕГУЛАТИВА Почитувани членови, Би сакале да Ве информираме дека во насока на континуирано следење на Законската регулатива, а во Ваш интерес Ви проследуваме измени и дополнувања на постоечки закони и предлог нови законски решенија. ЈУНИ, 2015 ГОДИНА Предлог на Закон за дополнување на Законoт за продажба и давање под закуп на деловните згради и деловните простории на Република Македонија Целосниот Предлог Закон објавен од страна на Министерство за транспорт и врски можете да го погледнете на следниот линк. 

Изменување и дополнување на Законот за јавните патишта Целосниот Закон објавен од страна на Министерство за транспорт и врски можете да го 

погледнете на следниот линк. Предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за вршење на работи за застапување во царинските постапки 

Целосниот Предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за вршење на работи за застапување во царинските постапки можете да го погледнете на следниотлинк.

Предлог за изменување и дополнување на Законот за управување со отпадот 

Целосниот Предлог за изменување и дополнување на Законот за управување со отпадотобјавен од страна на Министерство за животна средина и просторно планирање можете да го погледнете на следниот линк.

Предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност 

Целосниот Предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност објавен од страна на Министерство за финансии можете да го погледнете на следниот линк.

Изменување и дополнување на Законот за договорите во патниот сообраќај 

Измените на Законот за договорите во патниот сообраќај објавени од Министерство за транспорт и врски можете да ги погледнете на следниот линк.

Број 481, јуни 2015


БИЗНИС ИНФОРМАТОР

19

КОНФЕРЕНЦИИ, САЕМИ, ОБУКИ, БИЗНИС ФОРУМИ

ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН САЕМ ЗА ТУРИЗАМ ВО СОЛУН, ГРЦИЈА Во период од 12 до 14 ноември, 2015 година во Интернационалниот центар за саеми во Грција ќе се одржи Интернационален саем за туризам, организиран од страна на „National Exhibition Organization HELEXPO“. Оваа година „HELEXPO“ подготвува специјална понуда за интернационалните учесници и ги нуди следните понуди за учество на саемот:  

Еден штанд од 12 квадратни метри Наплата на такси (19 евра/метар квадратен X 12 метри квадратни = 228 евра) и регистрација од 90 евра плус ДДВ) За подетални информации и пријава на саемот за туризам: philoxenia@helexpo.gr.

„MARKETPLACE AUSTRIA“ Ве информираме дека до Сојуз на стопански комори на Македонија е доставена информација за настан „Marketplace Austria“ кој ќе се одржи на 07.10.2015 во Австриската Стопанска Комора во Виена и е настан со најголема посетеност во комората. Имено Австриската Стопанска Комора организира B2B средби помеѓу австриските фирмипроизводители на прехранбени производи и интернационални увозници на прехранбени производи. Во таа насока покануваат претставници да учествува на овој настан и да ги испитаат можностите за соработка со австриските производители и останатите учесници. На следниов линк, можете да ги видите сите фирми кои се пријавени досега, да ја видите програмата и сите останати релевантни информации во врска со настанот.

Исто така Ве информираме дека доколку сакате да учествувате на овој настан како и на b2b средбите, задолжително треба да се регистрирате на ВЕБ страната те. на горенаведениот линк. На следниот линк Ви испраќаме и кратко видео за настанот „Marketplace Austria“ : http://wko.tv/play.aspx?c=3181.

Број 481, јуни 2015


БИЗНИС ИНФОРМАТОР

20

КОНФЕРЕНЦИИ, САЕМИ, ОБУКИ, БИЗНИС ФОРУМИ

МОЖНОСТ ЗА ВАШЕ УЧЕСТВО НА МЕЃУНАРОДНИ САЕМИ ВО ЈАПОНИЈА, ФРАНЦИЈА, ИТАЛИЈА И АНГЛИЈА Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија Ве известува дека во периодот од јуни до декември 2015 година ќе учествува на следните интернационални саемски манифестации:

1

JAFA

Јапонија

Токио

24-27 Септември

2

IFTM – TOP RESA

Франција

Париз

29 Сеп – 2 Окт

3

TTG

Италија

Римини

8-10 Октомври

4

WTM

Англија

Лондон

2-5 Ноември

Според Упатството на АППТ на РМ за начинот и постапката за учество на интернационални саемски манифестации за туризам, право за учество имаат сите правни лица, здруженија, организации, државни институции, образовни институции кои работат во областа на туризмот и тоа на следниот начин: 1. Пакетот за закуп на едно работно место(пулт), една маса за преговори со две столчиња со еден или двајца претставници предвидува:      

Монтажа и демонтажа на опрема на штандот Осветлување и одржување на хигиена на штандот Обезбедување на една или две влезници на саемот за сите денови Транспорт на промотивен материјал до 30 килограми Вклучување во официјалниот каталог, користење на остава и гардероба Натпис и лого на Учесникот на работното место(пултот)

1. Пакетот за учество само со промотивен материјал до 30 килограми е бесплатно и предвидува:  Дистрибуција на промотивен материјал  Изложување на промотивниот материјал на заеднички сталак  Делење на промотивниот материјал од страна на претставниците на АППТ  Користење на маса за преговори по претходно пријавен термин кај менаџерот на саемот, не подолго од 20 минути од состанокот  Износот на котизацијата за учество на саемските манифестации според Точка1 со закуп на пулт во Јапонија, Франција и Англија е во висина од 30.000,00 денари без ДДВ.  Износот на котизацијата за учество на меѓународната саемска манифестација според Точка1 во Италија (Римини) е во висина од 6.000,00 денари без ДДВ. За дополнителни информации и за пријавување на Вашето учество за присуство на саемските манифестациите можете да ме контактирате на:sgeorgieva@sojuzkomori.org.mkили на телефонскиот број: 02/3091-440. Контакт лице: Сања Георгиева.

Број 481, јуни 2015


БИЗНИС ИНФОРМАТОР

21

КОНФЕРЕНЦИИ, САЕМИ, ОБУКИ, БИЗНИС ФОРУМИ

МОЖНОСТ ЗА ВАША ПРОМОЦИЈА НА САЕМИ ВО БУКУРЕШТ, РОМАНИЈА Во насока на Ваша промоција и пласман на Вашите производи и услуги Сојуз на Стопански комори на Македонија соработува со Амбасадата на РМ во Романија и Ви нуди можност за Ваше претставување на меѓународни саеми. Во текот на 2015 година во Букурешт ќе бидат организирани следниве меѓународни саеми:

            

International trade fair for furniture, equipment and accessories, 19.09.2015-23.09.2015 International exhibition for beauty equipment, products, body care and hairdressing, 01.10.2015 04.10.2015 International exhibition of textiles, ready-made clothes, leather goods, furs, footwear and leatherwear, accessories, 01.10.2015 - 04.10.2015 Bucharest International Technical fair, 14.10.2015-17.10.2015 International trade fair for renewable energy, conventional energy, equipment and technologies for the oil and natural gas industry,14.10.2015 – 17.10.2015 Invention and innovation show, 14.10.2015 - 17.10.2015 nternational trade fair of equipment and products in agriculture, horticulture, viticulture and animal husbandry, 28.10.2015 - 01.11.2015 International trade fair for the food industry, 28.10.2015 - 01.11.2015 International exhibition for packaging, packaging materials, machines and specific equipment, 28.10.2015 - 01.11.2015 Wines, alcoholic and non-alcoholic beverages trade show, 28.10.2015 -01.11.2015 Romanian Tourism Fair,12.11.2015-15.11.2015 International exhibition for equipment, furniture and supplies for hotels and restaurants, 12.11.2015 15.11.2015 Dentistry and dental technologies international exhibition, 19.11.2015 - 21.11.2015

За дополнителни информации можете да не контактирате на: info@sojuzkomori.org.mk или на тел: 02/3091-440.

Број 481, јуни 2015


БИЗНИС ИНФОРМАТОР

22

КОНФЕРЕНЦИИ, САЕМИ, ОБУКИ, БИЗНИС ФОРУМИ

ИНТЕРНАЦИОНАЛНА САЕМСКА МАНИФЕСТАЦИЈА „RDA“ Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија ве известува дека од 21 до 23 јули, 2015 година ќе учествува на Интернационална саемска манифестација за туризам „RDA“, во Келн, Германија. Според упатството на АППТ на РМ за начинот и постапката за учество на интернационални саемски манифестации за туризам, право на учество имаат сите правни лица, здруженија, организации, државни институции, образовни институции кои работат во областа на туризмот и тоа на следниот начин: 1. За закуп на едно работно место (пулт), една маса за преговори со две столчиња со еден или двајца претставници Овој пакет предвидува:  Монтажа на демонтажа на опрема на штандот  Осветлување и одржување на хигиена на штандот  Обезбедување на една или две влезници на саемот за сите денови  Транспорт на промотивен материјал до 30 килограми  Вклучување во официјалниот каталог, користење на остава и гардероба  Натпис и лого на Коучесникот на работното место (пултот) Износот на котизацијата за учество на „RDA“е во висина од 6.000,00 денари без ДДВ. 2. Учество само со промотивен материјал до 30 килограми е бесплатно. Овој пакет предвидува: - Дистрибуција на промотивен материјал - Изложување на промотивниот материјал на заеднички сталак - Делење на промотивниот материјал од страна на претставници на АППТ - Користење на маса за преговори по предходно пријавен термин кај менаџерот на саемот, не подолго од 20 минути од состанок Рок за пријавување: Рокот за пријавување на горенаведените саемски манифестации е 12ти февруари 2015 година. Напомена 1: Учеството на саемските манифестации под Точка 1 треба да го утврдите во писмена форма со пополнување на Формуларот кој ви е доставен во прилог на истиот е маил. Бројот на пултовите е ограничен, затоа ќе се оди по принципот кој прв се пријавил. Напомена 2: За учество на саемските манифестации под Точка 2, ве информираме дека материјалот треба да го доставите во просториите на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на РМ на ул. Дебарца бр. 2, 1000 Скопје, не покасно од 20 дена пред почетокот на манифестациите. За дополнителни информации: Е-маил: nikola.gjoshev@tourismmacedonia.gov.mk

Број 481, јуни 2015


23

Број 481, јуни 2015


БИЗНИС ИНФОРМАТОР

24

КОМПАНИИ ЧЛЕНОВИ НА ССК

„ХАЛКБАНК“—ИФТАРСКА ВЕЧЕРА ПО ПОВОД РАМАЗАН ХалкБанк, компанија член на Сојуз на стопански комори на Македонија, о р г а ни з и р а ш е т р а д и ц и о на л на Ифтарска вечер, по повод светиот месец Рамазан. Н а в е ч е р а т а , пр и су с т в ув а ш е Пр е тсе да те ло т на Р е публ ик а Македонија, д­р. Ѓорге Иванов, како и претставници на јавниот и политичкиот живот, дипломати, бизнисмени и претставници на граѓански асоцијации и здруженија. Рамазанските пости го означуваат духот на вековната традиција на исламот во Република Македонија. На настанот присуствуваше и генералниот директор на ХалкБанк А.Ш. Турција г. Али Фуат Ташкенсенлиоглу.

НЕБО ОД БОИ И НОТИ НАД СКОПЈЕ—„ПРОКРЕДИТ“ БАНКА ПРОСЛАВИ 12 ГОДИНИ ПОСТОЕЊЕ ПроКредит Банка, компанија член на Сојуз на стопански комори на Македонија, им подари на граѓаните спектакуларно доживување- небо од бои и ноти и многу позитивна енергија. Настанот беше организиран по повод 12 годишното успешно работење на германската ПроКредит Банка во Македонија. Дождот кој врнеше постојано до самиот почеток на настанот не ја спречи позитивната енергија. Во Градскиот Парк во Скопје дојдоа многу родители и деца, клиенти и долгогодишни партнери на ПроКредит Банка, бројни граѓани. Присутните уживаа во несекојдневното дружење во природа со мирисот на липи и трева, со добра музика и многу позитивна енергија. Настанот започна со едукативни игри и креативните работилници за најмладите. Вечерта граѓаните имаа можност да уживаат во едночасовен концерт на камерниот оркестар предводен од Емин Џијан, чија музика беше изведена за прв пат со цел подарокот од ПроКредит Банка за граѓаните да биде уникатно доживување. Како завршница небото над Скопје го обои спектакуларен музички огномет, кој за прв пат се изведе во Македонија и беше незаборавно доживување за граѓаните. „Овој ден го посветуваме на позитивната енергија, бидејќи тоа е движечка сила на секој од нас. 12 годишното успешно работење на ПроКредит во Македонија сакаме да го прославиме на еден поинаков начин со уникатен настан на отворено, настан кој е подарок за сите граѓани. Она што Ви го подаруваме вечер е токму во духот на ПроКредит – позитивна енергија, уникатност и ентузијазам во се што работиме“ порачаа од ПроКредит Банка на настанот. Пред 12 години германската ПроКредит започна со работа во Македонија како специјализирана банка за финансиска услуга за мали и средни претпријатија. ПроКредит Банка веќе 12 години е енергична и прогресивна банка на бизнисите и граѓаните. Број 481, јуни 2015


БИЗНИС ИНФОРМАТОР

25

КОМПАНИИ ЧЛЕНОВИ НА ССК

ВИНАРИЈА „КАМНИК“ - ДОСТИГНУВАЊА И СВЕТСКИ НАГРАДИ—МАЈ 2015 Винаријата Камник, компанија член на Сојуз на стопански комори на Македонија со својот уникатен пристап во создавањето на вино, правејќи единствена комбинација од најмодерните светски методи и традиционалните македонски вредности на производството на виното, комбинирајќи ги науката и уметноста, природата и знаењето, со вистинска страст за совршенстово, продолжува да создава вина кои се рангирани меѓу најдобрите на светот. Едно од најновите признанија се однесува на виното TEN BARRELS SYRAH RESERVA 2012 а доаѓа од престижниот Syrah du Monde®2015 каде ова вино беше наградено со златен медал Станува збор за единствениот натпревар на светот на кој се оценуваат единствено Syrah/Shiraz вина. Овој реномиран светски настан годинава се одржа помеѓу 20 и 22 мај во Ампуис, Франција, организиран од страна на Forum Œnologie. На натпреварот имаше конкуренција од 418 винарии од 26 земји, што ја изразува димензијата на еден од најважните светски настани за Syrah/Shiraz вина. Освен златниот медал за TEN BARRELS SYRAH RESERVA 2012, како дополнително признание за извонредноста на квалитетот е и фактот што ова вино е рангирано на престижното трето место на листата на 10 НАЈДОБРИ Syrah ВО СВЕТОТ, со што Македонија, заедно со Австралија, Франција, Јужна Африка, Португалија и Канада, стана една од 6-те држави чии Syrah вина се наоѓаат во листата на топ 10 Syrah во светот. Во однос на самиот натпревар Syrah du Monde®, интересно е да спомене дека се издвојува од другите меѓународни натпревари благодарение на стандардите за квалитет кои се многу построги од она што претставува норма, и на тоа што останува верен на принципите на кои се темели: разновидност, квалитет и високи стандарди. Syrah du Monde®2015, дава и свој специфичен опис за TEN BARRELS SYRAH RESERVA 2012 како вино чија арома открива џем од јагоди и зачински ноти, богат и раскошен вкус и добар баланс. TEN BARRELS SYRAH RESERVA 2012 е вино кое е добиено од сопствените насади, а неговата посебност произлегува од двојната редукција на приносот, што резултира со парцијално дехидрирање на гроздовите на самата лоза. Раскошот на вкусот и аромата на ова вино произлегува од 25-месечното одлежување во нови барик-буриња од француски и американски даб. Уште едно вино кое во текот на мај на винаријата Камник и донесе високи признанија е и Merlot Signature 2012 Grand Reserva. Станува збор за моќно црвено вино кое освои златен медал на VINO LjUBLjANA 2015, Словенија како и шампионската титула на GAST 2015, Хрватска. Од винаријата Камник велат дека овие престижни признанија за нив се повеќе од само признанија со кои може да се гордеат, тие се повик кон креирањето на совршени вински вкусови, кон потрагата по совршеното која е динамична и постојана.

Број 481, јуни 2015


26

Сојуз на стопански комори на Македонија Мет.Теодосиј Гологанов бр.1, 1000 Скопје Т: 389 (02) 3091 440 Ф: 389 (02) 3090 595 Е: info@chamber.mk www.chamber.mk

Податоците се изготвуваат врз основа на постојното законодавство во времето на © Сојуз на стопански комори на Македонија 2015 Сите права се задржани. Оваа публикација е изготвена од Сојуз на стопански комори на Македонија, кој е ексклузивен носител на сите права, како што е утврдено и со Законот за индустриска сопственост и Законот за авторски и сродни права. Без претходна писмена дозвола на Сојуз на стопански комори е забрането да се репродуцира, дистрибуира, става на располагање на јавноста (интернет) и други форми на комуникација со јавноста, преработува, или било која друга употреба на авторско дело или делови од него во некој размер или процедури, вклучувајќи фотокопирање, печатење или електронска форма. Логото на Сојуз на стопански комори на Македонија, е регистрирана трговска марка Скопје, јануари 2015

Број 481, јуни 2015

Profile for Macedonian Chambers of Commerce

Бизнис информатор бр. 481  

ССК со договор за бизнис соработка на пет континенти

Бизнис информатор бр. 481  

ССК со договор за бизнис соработка на пет континенти

Advertisement