Page 1

Број 479, мај, 2015 12015 Број 2015 Број478, 480,мај јуни,

Број 480, јуни 2015


2

ВАШИОТ БИЗНИС НАШ ПРИОРИТЕТ!

Барате начин да го зголемите својот профит,

да обезбедите нови клиенти или партнери,

да го промовирате својот бизнис,

да ги унапредите своите знаења и вештини,

да ја зголемите својата информираност,

секогаш да бидете во тек со најновите случувања во бизнисот

и со најновите измени во законските регулативи?

Комората преку вмрежување и добро смислен маркетинг план за Ваша промоција, со лобирање и застапување на Вашите интереси, со обуки и семинари, Ви нуди можности да го креирате својот успех. Илјадници компании од секторите градежништво, туризам, земјоделство, информациски технологии, трговија и услуги, сметководство и индустриско производство учествуваат во успешното делување на Сојуз на стопански комори на Македонија.

Бидете и Вие дел од Вoдечката Македонска Деловна Мрежа

Мит.Теодосиј Гологанов бр.1, 1000 Скопје Т: 389 (02) 3091 440 Ф: 389 (02) 3090 595 Е: info@chamber.mk www.chamber.mk

Број 480, СОЈУЗ НА СТОПАНСКИ КОМОРИ НА МАКЕДОНИЈА 2015јуни 2015


БИЗНИС ИНФОРМАТОР

3

ВО ОВОЈ БРОЈ НА БИЗНИС ИНФОРМАТОР Страна 4

ССК ПРЕКУ САМИТОТ 100 ДО ВКЛУЧУВАЊЕ КОН КОНЗОРЦИУМОТ НА ГРАДЕЖНИЦИ ОД РЕГИОНОТ

Содржина Новости

4

Изјави и интервјуа

13

Конференции, форуми, обуки

17

Заменик претседателот на Сојуз на стопански комори на Македонија (ССК), г. Сеад Кочан, во рамки на „Самитот 100 – Бизнис лидери во Југоисточна Европа” во Словенија, учествуваше на панел дискусија на тема: „Инфраструктура и транспорт“.

Страна 5

РАЗВИЕНИ ОПШТИНИ—ПОСИЛНА ЕКОНОМИЈА

Компании членови

22

Сојуз на стопански комори на Македонија (ССК) и Заедницата на единиците на локалната самоуправа на Република Македонија (ЗЕЛС) во рамки на БФЦ СЕЕ програмата, организираа конференција на тема „Развиени општини – посилна економија“. Целта на конференцијата е да се овозможи ефективна соработка помеѓу општините, цивилниот сектор и бизнис заедницата, со цел забрзување на економскиот развој и создавање поволни услови за водење бизнис и инвестирање. Страна 6

ТУРСКИТЕ БИЗНИС АНГЕЛИ ГИ СПОДЕЛУВААТ ИСКУСТВАРА СО МАКЕДОНСКИТЕ КОЛЕГИ Сојузот на стопански комори на Ма к е д о ни ја ( ССК ) бе ш е д е л од регионален настан на кој присуствуваше Делегација на Турската асоцијација на бизнис ангели во Македонија, со што се означува почеток на иницијативата на која се одржаа неколку презентации и селекција на иновации, иновативни компании и претприемачи, а најдобрите ќе одат во Истанбул наесен, годинава. Број 480, јуни 2015


БИЗНИС ИНФОРМАТОР

4

НОВОСТИ

ССК ПРЕКУ САМИТОТ 100 ДО ВКЛУЧУВАЊЕ КОН КОНЗОРЦИУМОТ НА ГРАДЕЖНИЦИ ОД РЕГИОНОТ Заменик претседателот на Сојуз на стопански комори на Македонија (ССК), г. Сеад Кочан, во рамки на „Самитот 100 – Бизнис лидери во Југоисточна Европа” во Словенија, учествуваше на панел дискусија на тема: „Инфраструктура и транспорт“. Тој ја истакна иницијативата за вклучување на градежните компании од Република Македонија во Балканскиот конзорциум на градежни компании од регионот со цел заеднички настап на регионални и трети пазари. „Вклучување на Република Македонија кон конзорциумот на ексју државите е неопходно и е од големо значење, затоа што секоја компанија одделно не може самостојно да настапува за добивање на одредени проекти за големи зафати во странство. На овој начин градежниците очекувате да се вратат на пазарите во Либија, Ирак, Египет, Алжир и да се справат со актуелните предизвици како што се одливот на висококвалификувани кадри, тешкотии во добивање на банкарски гаранции и слично“, изјави Кочан. Заклучоците од панел дискусијата ќе бидат презентирани на надлежните министрите од сите земји во регионот. Овој Самит е признаен како еден од најважните собири на влијателни бизнис лидери и политичари од регионот. На „Самитот 100 - Бизнис лидери во Југоисточна Европа“, учествуваа повеќе од 150 бизнис лидери и претприемачи од Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Република Македонија, Косово, Албанија и Словенија. Заеднички дебатираа на шест различни работилници, посветени на енергија, економија базирана на знаење, храна и пијалаци, дигитална економија, инфраструктура, транспорт и туризам. Целта на годинашниот, четврти по ред самит е воспоставување на инклузивен и одржлив развој на главните градови во регионот во соработка со државните институции, бизнис секторот и Европската унија.

Број 480, јуни 2015


БИЗНИС ИНФОРМАТОР

5

ИЗЈАВИ И ИНТЕРВЈУА

РАЗВИЕНИ ОПШТИНИ—ПОСИЛНА ЕКОНОМИЈА Сојуз на стопански комори на Македонија (ССК) и Заедницата на единиците на локалната самоуправа на Република Македонија (ЗЕЛС) во рамки на БФЦ СЕЕ програмата, организираа конференција на тема „Развиени општини – посилна економија“. Целта на конференцијата е да се овозможи ефективна соработка помеѓу општините, цивилниот сектор и бизнис заедницата, со цел забрзување на економскиот развој и создавање поволни услови за водење бизнис и инвестирање. „Во периодот кој следи е важно не само во Скопскиот регион, туку и останатите општини да се презентираат како атрактивни за инвестирање. Соработката помеѓу општините и бизнис заедницата придонесува за зајакнување на соработката помеѓу јавниот и приватниот сектор, странските и домашните бизнисмени, како и локалната и централната власт, со цел рамномерен регионален развој и унапредување на економските односи. Стабилна и економски развиена општина е предуслов за привлекување на инвестиции“, изјави г-ѓа Данела Арсовска, претседател на ССК и додаде дека секоја општина, која ги зголемила инвестициите и го подобрила деловното опкружување, несомнено е општина која има ефикасна администрација, транспарентно локално владеење, соодветна инфраструктура и партнерство со индустријата. На настанот свое обраќање имаа и заменик министерот за локална самоуправа г. Љупчо Пренџов, г. Влатко Поповски, директор на Агенција за вработување на Република Македонија и г-ѓа Душица Перишиќ, извршен директор на ЗЕЛС. Во рамки на конференцијата градоначалници, претседатели на грански комори и членови на Управниот Одбор во ССК, претставници на Стопански комори и бизнис асоцијации во Република Македонија дебатираа на тема: „Потребите на бизнис секторот за поефикасно функционирање во општините“ во насока на детектирање на предизвиците за подобрување на секојдневното работење како и подобро запознавање на општините со можноста за сертификација. ЗЕЛС и ССК како партнерски организации во BFC SEE Националното сертификационо тело на Македонија, потпишаа договор на 26 септември 2013 година за основање на првата Регионална мрежа за поволно деловно опкружување. До сега две општини добија бизнис сертификат за поволно деловно опкружување, а четири општини Прилеп, Гази Баба, Богданци и Град Скопје го започнаа процесот на сертификација, кој се состои од исполнување на 12 критериуми. Сертификатите претставуваат, меѓународен печат за секоја општина, која сака да ги зголеми инвестициите и да го подобри деловното опкружување.

Број 480, јуни 2015


БИЗНИС ИНФОРМАТОР

6

НОВОСТИ

ТУРСКИТЕ БИЗНИС АНГЕЛИ ГИ СПОДЕЛУВААТ ИСКУСТВАРА СО МАКЕДОНСКИТЕ КОЛЕГИ Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) беше дел од регионален настан на кој присуствуваше Делегација на Турската асоцијација на бизнис ангели во Македонија, со што се означува почеток на иницијативата на која се одржаа неколку презентации и селекција на иновации, иновативни компании и претприемачи, а најдобрите ќе одат во Истанбул наесен, годинава. Македонските компании кои бараат инвестиција имаа можност да се презентираат пред делегација на Турската асоцијација на бизнис ангели (ТБАА) што престојува во Македонија во рамки на иницијативата „Meeting the Investors and Entrepreneurs 2015" за селекција на иновации, иновативни компании и претприемачи. Претседателката на Сојузот на стопански комори на Македонија, г-ѓа Данела Арсовска посочи дека во Македонија освен Фондот за иновации не постои друга институција која ги поддржува старт ап бизнисите. „Во Македонија бизнис ангелите како идеја речиси воопшто не се развиени. Се надеваме дека турските искуства, со кои денеска ќе се запознаеме, ќе имаме можност успешно да ги примениме во Македонија, особено со трансферот на ноу хау и како бизнисот може да инвестира во новите идеи и новите старт ап компании. Очекувам дека во иднина не само што ќе се развијат фондовите за инвестирање во старт ап компаниите, туку ќе се развијат и нови производи во комерцијалните банки преку кои ќе може да се финансира отпочнување на старт ап бизнис“, рече Арсовска. Г. Илија Вучков од Емкице, компанија член на ССК, посочи дека иницијативата за денешниот настан почна во јануари на бизнис-иновацискиот форум во Скопје на кој, како што нагласи, беа присутни претседателите на петте најголеми мрежи на бизнис ангели од Европа. „Иницијативата ќе трае до крајот на 2015 година при што ќе се одржат неколку презентации и селекција на иновации, иновативни компании и претприемачи, а најдобрите ќе одат во Истанбул и Брисел. Ги охрабрувам сите кои имаат добри идеи или компании кои развиваат иновативни производи да се поврзат со институциите и да пробаат да ги освојат пазарите“, рече Вучков. Тој нагласи дека средствата кои доаѓаат од националните и европските фондови даваат можност да се развие производ, но бизнис ангелите нудат и освојување на пазари. Според директорот на Агенцијата за странски инвестиции Климент Шекеровски, ваквите средби се посебно важни бидејќи ја продлабочуваат врската помеѓу државата и стопанството и придонесуваат за развој на домашното стопанство преку носење на знаење и трансфер на технологии од странските компании и презентирање информации како се пробива на нови пазари. ТБАА во Македонија доаѓа во организација на Македонската мрежа на бизнис ангели и центарот Емкице како членка, како и во коорганизација на регионалниот центар Полог, општините Тетово и Гази Баба, Сојузот на стопански комори и Комората на северозападна Македонија и Косме мрежата, со помош на Турската амбасада. Во претходните четири дена ТБАА имаше турнеја во Албанија и Косово. Турската асоцијација на бизнис ангели се смета за една од најсилните асоцијации на бизнис ангели во Европа. Претставува 70 отсто од 12-те официјално регистрирани мрежи на бизнис ангели во Турција, од кои осум се нејзини членки. ТБАА годишно инвестира околу 400 милиони долари во старт ап, мали и средни компании во Турција и игра клучна улога во развојот на иновациите и вработувањата на младите во целата држава. Број 480, јуни 2015


БИЗНИС ИНФОРМАТОР

7

НОВОСТИ

КОМПАНИИТЕ ЧЛЕНОВИ НА ССК СЕ ИНФОРМИРААТ ЗА ИЗВОРИТЕ НА ФИНАНСИРАЊЕ Информирање на компаниите за финансиска или техничка поддршка во Македонија и за можности за други извори на финансирање освен класичните кредити од комерцијалните банки е целта на денешната конференција „Маркетинг брендирање иновации Холандски програми за поддршка на мали и средни претпријатија во Македонија“. Конференцијата е во организација на Сојузот за стопански комори на Македонија во соработка со Бизнис центарот на Скопски плански регион. Според извршниот директор на ССК г. Митко Алексов, на компаниите во Македонија неопходно им е потребно финансирање за да може не само тековно да функционираат, туку и да ги остваруваат и своите планови за раст и инвестиции. „Станува збор за еден актуелен сектор тоа е енергетската ефикансост и енергија каде има одредени фондови во Европската банка за обнова и развој, потоа партнерска соработка со фондови кои се на располагање за малите и средни претпријатија посебно, а се во рамки на програмите на амбасадите во Република Македонија“, рече Алексов. Оцени дека има значителен број компании членки на ССК кои ги искористуваат овие фондови во секторот на енергетска ефикасност каде инвестицијата се враќа веќе во првата година, а понатаму во следниот период таа инвестиција носи дополнителен профит на компаниите, односно намалување на тековните трошоци посебно во потрошувачка на електрична енергија, вода и други енергенси. Тој смета дека ова е дополнителен извор на финансии кои компаниите треба да ги искористуваат во Македонија. „ССК преку своите активности им помага и во иднина ќе им помага преку консултантски услуги да можат поадекватно и поефикасно да аплицираат со цел да биде поголема искористеноста на овие фондови кои се со релативно поволни услови, токму за оние компании кои имаат потежок пристап до комерцијалните кредити“, истакна Алексов. Г-ѓа Розалија Карчинска-Василева проектен координатор на Бизнис центарот на Скопски плански регион појасни дека се работи за финансиски кредитни и грантови линии и се работи за технички консултантски експертски програми на поддршка. Компаниите, додаде, ги следат овие фондови бидејќи во голема мерка се поисплатливи во однос на нивниот кредитен рејтинг кај комерцијалните банки. „Меѓутоа точно, ние како комори треба дополнително да вложиме напор и вложуваме за да им помогнеме поадекватно да аплицираат, а исто така ги информираме за постоењето на вакви фондови кои се од нивна корист“, рече Алексов.

Број 480, јуни 2015


БИЗНИС ИНФОРМАТОР

8

НОВОСТИ

ОДРЖАНА СЕДНИЦА НА УО НА СОЈУЗ НА СТОПАНСКИ КОМОРИ НА МАКЕДОНИЈА Во просториите на Сојуз на стопански комори на Македонија (ССК) се одржа седница на Управниот Одбор, која ја водеше претседателот г-ѓа Данела Арсовска. По усвојување на записникот од претходната седница, се разгледуваа реализираните активности одржани во изминатиот период. Исто така, членовите на УО, дискутираа за одредени предлози и активности на комората кои ќе се спроведуваат во периодот кој следи. На седницата претседателот на ССК г-ѓа Арсовска и заменик претседателот г. Сеад Кочан, дадоа одредени предлози во насока на подобрување на деловното опкружување.

РАБОТЕН СОСТАНОК ВО ВРСКА СО ПРЕДЛОГ ЗАКОНОТ ЗА РАБОТЕЊЕ НА ТУРИСТИЧКИТЕ АГЕНЦИИ Во просториите на Универзитет за Туризам и Менаџмент во Скопје, се одржа работен состанок со Туристичко - Угостителската комора при Сојуз на стопански комори на Македонија, во врска со Предлог законот за работење на туристичките агенции. На состанокот присуствуваше претседателот на ТУК при ССК, г. Аркан Керим, претставници од Министерството за економија на Република Македонија, а свои предлози во име на Универзитетот за Туризам и Менаџмент даде и проф. д-р Аце Миленковски. Сите засегнати страни, заеднички дадоа конструктивни предлози во насока на подобрување на Предлог законот за работење на туристичките агенции.

Број 480, јуни 2015


БИЗНИС ИНФОРМАТОР

9

НОВОСТИ

ОДРЖАНА СЕДНИЦА НА УО НА ГРАДЕЖНА КОМОРА ПРИ ССК Во просториите на Сојуз на стопански комори на Македонија (ССК), се одржа седница на Управен одбор на Градежна комора при ССК, која ја водеше г. Роберт Хот, претседател. По усвојување на записникот од последната одржана седница се водеше дискусија за идни активности на Градежната комора при ССК. Компаниите членови на УО, ги разгледаа мерките за подобрување на бизнис атмосферата во градежништвото. Во развојот на македонската економија, градежништвото има значајна улога. Од градежништвото како носечка гранка зависат многу други економски гранки.

ОДРЖАНА СЕДНИЦА НА УО НА ТРГОВСКА КОМОРА ПРИ ССК

Во просториите на Сојуз на стопански комори на Македонија (ССК), се одржа седница на Управен одбор на Трговската комора при ССК, која ја водеше г. Михаил Кирков, претседател. По усвојување на записникот од последната одржана седница се водеше дискусија за идни активности на Трговска комора Македонија. Компаниите членови на УО, дискутираа и за одредени активности и мерки во насока на подобрување на деловното работење. Во оваа комора членуваат реномирани компании од секторот трговија.

Број 480, јуни 2015


БИЗНИС ИНФОРМАТОР

10

НОВОСТИ

ОДРЖАНА ТРАДИЦИОНАЛНАТА МАНИФЕСТАЦИЈА „ДЕН НА ПЧЕНИЦАТА“ Во организација на „Агроунија“ под покровителство на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, општината Илинден и со поддршка на Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) денеска во Скопје се одржа традиционалната манифестација Ден на пченицата 2015. На настанот свое обраќање имаа министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков, претседателот на Агро-бизнис комората при ССК и генерален менаџер на „Агроунија“ г. Огнен Оровчанец и претседателот на ССК, г-ѓа Данела Арсовска. Присутни беа и заменик претседателот на ССК, г. Сеад Кочан, претседатели на гранските комори во ССК, градоначалникот на Илинден, г. Жика Стојановски, како и деканите на Факултетот за земјоделски науки и храна УКИМ - Скопје и Земјоделскиот факултет УГД - Штип. На манифестацијата се дискутираше и за тоа како да се зголеми приносот и квалитетот на пченицата и да се намалат трошоците за производство, а беше извршена обиколка на опитните полиња и на македонските сорти пченици, семепроизводство на линиии од сортите Македонска Родна, Балканија, Олга, Подобрена Оровчанка, Осатка, Агроунија Прима, семе производството на Трикикале, како и обиколка на макро, микро и компаративни опити на македонските сорти со најдобрите Балкански и Европски сорти.

СРЕДБА НА СТОПАНСКИТЕ КОМОРА ЗА ИЗЛЕЗ ОД КРИЗАТА Бизнис заедницата заеднички иницира нормализација и стабилизација на економската и политичката криза во државава за што најавува и конкретни предлог-мерки кои ќе бидат доставени следната недела до Владата. Лошата политичка состојба, оценија на заедничка средба раководствата на сите стопански комори во Република Македонија, има негативно влијание врз стопанството, во делот на странските и домашните инвестиции, туризмот поради можното намалување на бројот на туристи кои престојуваат или најавиле доаѓање во државава. Ризикуваме, истакнува во иницијативата бизис-заедницата, од безбедносни причини да не се вратат и печалбари во летниот период кои се значителен стимул за потрошувачката во Македонија. Дополнително и опасноста од намалување на нивните депозити што во голема мера придонесуваат за макроеконската стабилност и обезбедуваат стабилност на дел од девизните резерви. Се понеатрактивни, оценуваат бизнисмените, стануваат нашите извозници чиишто производи завршуваат на пазарите на соседните земји. Bо наредниот период ќе бидат испорачани мерки кои треба да иницираат нормализација на економско политичката ситуација. Број 480, јуни 2015


БИЗНИС ИНФОРМАТОР

11

НОВОСТИ

ЈАВЕН ПОВИК - СЕРТИФИКАЦИЈА НА ОПШТИНИ СО ПОВОЛНО ДЕЛОВНО ОПКРУЖУВАЊЕ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА—BFC—SEE Заедницата на единиците на локалната самоуправа на Р.М – ЗЕЛС, Сојузот на стопанските комори на Македонија – ССК и Регионалниот совет за поволно деловно опкружување на Југоисточна Европа? ОБЈАВУВААТ АВЕН ПОВИК За единиците на локална самоуправа за учество во регионалната програма Сертификација на општини со поволно деловно опкружување во Југоисточна Европа BFC SEE Програмата Сертификација за поволно деловно опкружување во Југоисточна Европа / Business Friendly Certification South East Europe (BFC SEE) е единствена регионална програма за унапредување на конкурентноста на локалните самоуправи која се спроведува во Македонија, Босна и Херцеговина, Хрватска и Србија. Програмата е наменета за општините кои имаат соодветен капацитет и стратешки се определени да ја подобрат деловната клима, да привлечат инвестиции и да го стимулираат локалниот економски развој. Јавниот повик е отворен од денот на објавување до 30.06.2015 година за сите единици на локалната самоуправа на територија на Република Македонија. Приоритет во процесот на сертификациија за поволно деловно опкружување ќе се врши според ред на пријавување на општините, со оглед на тоа што процесот е во времетраење од шест месеци до една година. Општините кои ќе се вклучат во програмата ќе добијат регионален ранг на конкурентност за оценување на квалитет на услуги кои ги нудат на инвеститорите и стопанствениците, конкретни насоки за унапредување на деловната работа, овозможување полесни услови, активна промоција како и прилика да учествуваат на регионална размена за најдобри практики.

Цена за вклучување во процесот за BFC SEE сертификација изнесува 7.000,00 ЕУР за урбани општини и 5.000,00 ЕУР за рурални општини во денарска противвредност. Дополнителни информации за програмата BFC SEE, условите за учество, како и комплетната пријавна документација можете да ја преземете од следните веб странициwww.bfcsee.org/How_to_apply www.zels.org.mk и www.chamber.mk

Број 480, јуни 2015


БИЗНИС ИНФОРМАТОР

12

НОВОСТИ

ДОДЕЛУВАЊЕ НА НАЦИОНАЛНА НАГРАДА ЗА НАЈДОБРИ ОПШТЕСТВЕНО ОДГОВОРНИ ПРАКТИКИ ВО 2014 ГОДИНА Координативното тело за општествена одговорност на претпријатија и Министерството за економија на РМ доделуваат Национална награда за најдобри општествено одговорни практики во 2014 година (посебно за големи и мали/средни претпријатија). Се доделуваат награди во следните категории: 

Однос кон вработените

Етичко управување

Односи на пазарот со снабдувачите, потрошувачите или купувачите

Однос кон животната средина

Вложување во заедницата

Оваа година прв пат ќе се додели и признание за најинвентивен проект или практика. Право на учество во изборот имаат сите претпријатија регистрирани во РМ. Едно претпријатие може да аплицира само со еден проект во една категорија, а може да учествува со повеќе проекти доколку се во различни сектори. 

Големината на буџетот за одредена практика, не е одлучувачки фактор, туку идејата, квалитетот на проектот, како и постигнатите резултати

Наградените ќе бидат избрани од страна на стручни жири комисии

Сите апликации, материјали и податоци ќе бидат третирани како доверливи

Апликациите за пријавување, со насоки и на www.economy.gov.mk, www.cbcr.mk и www.bcm.mk.

критериуми

за

селекција

се

достапни

Вашите пријави можете да ги доставите на ул. Јуриј Гагарин бр. 15, 1000 Скопје или на beti.popova@economyy.gov.mk. Пријавите треба да се испратат со назнака илик наслов на порака „Пријава за Национална награда за општествено одговорни практики во 2014“. Пријавите се примаат најдоцна до 30ти јуни 2015 година, до 15:00 часот.

Број 480, јуни 2015


БИЗНИС ИНФОРМАТОР

13

ИЗЈАВИ И ИНТЕРВЈУА

РАСТЕ БРОЈОТ НА КОМПАНИИТЕ КОИ ГИ КОРИСТАТ ПОВОЛНИТЕ КРЕДИТНИ ЛИНИИ Најголем интерес има за кредитите за подобрување на енергетската ефикасност од Европската банка за обнова и развој. Вкупниот фонд на програмата е 12 илјади евра, почна лани, а ќе трае до 2017-та година. Повеќе објави на: МРТ Сител 24 Вести МИА Останатите објави можете да ги погледнете на следниот линк.    

КОЛКУ МАКЕДОНСКИТЕ БИЗНИСМЕНИ ГИ КОРИСТАТ ФОНДОВИТЕ НА ЕУ? Интервју за Канал 5 со извршниот директор на Сојуз на стопански комори на Македонија, г. Митко Алексов.

ТУРСКИ БИЗНИС АНГЕЛИ ВО ЗЕМЈАВА БАРААТ ИНОВАТИВНИ КОМПАНИИ Македонските фирми и претприемачи кои бараат инвестиција ги презентираат своите идеи пред Турската асоцијација на бизнис ангели што престојува во земјава. Ќе се селектираат иновации, претприемачи и иновативни компании. „За стартапот треба многу да се дискутира затоа што во овој момент во Македонија освен Фондот за иновации не постои друга институција која ги поддржува старт ап бизнисите“, вели г-ѓа Данела Арсовска, претседател на Сојузот на стопански комори.

„САМИТ 100“—ДОГОВОР ЗА НОВАТА ЕРА Заеднички настап на трети пазари за проширување на бизнисот. Македонските компании, кои се дел од Самитот 100, кој се одржува во Порторож, бараат можност за поврзување и заедничко дејствување со компаниите од регионот. Само на тој начин, велат, би можеле да опстојат надвор од границите на Македонија. „Вклучување

на Република Македонија кон конзорциумот на ексју државите е неопходно и е од големо значење, затоа што секоја компанија одделно не може самостојно да настапува за добивање на одредени проекти за големи зафати во странство. На овој начин градежниците очекувате да се вратат на пазарите во Либија, Ирак, Египет, Алжир и да се справат со актуелните предизвици како што се одливот на висококвалификувани кадри, тешкотии во добивање на банкарски гаранции и слично“, изјави Кочан.

Број 480, јуни 2015


БИЗНИС ИНФОРМАТОР

14

ИЗЈАВИ И ИНТЕРВЈУА

СТОПАНСТВОТО БАРА БРЗО РАЗРЕШУВАЊЕ НА СОСТОЈБАТА СО НАЈМАЛИ ПОСЛЕДИЦИ Актуелната состојба во Македонија има негативно влијание во економијата, особено во личната потрошувачка. Бизнис заедницата очекува таа да се разреши што е можно побрзо и да не се остварат најавите за можно зголемување на каматните стапки кое дополнително ќе има негативно влијание. Ова го истакна извршниот директор на Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК), г. Митко Алексов денеска одговарајќи на новинарски прашања пред почетокот на презентацијата на кредитите за поддршка на микро, малите и средните компании, организирана од ССК во соработка со Бизнис центарот на Скопскиот плански регион. „Врз основа на информациите од нашите членки, ССК излезе со став дека состојбата е деликатна во овој момент и што е најважно таа треба да се разреши што е можно побрзо со најмали последици. Негативно влијае пред се е евидентно на намалената лична потрошувачка, особено за трајни потрошни добра и има ризици кои ги детектираат комерцијалните банки и може да дојде до поголема рестриктивност во нивната кредитна политика. Така што сите фактори негативно влијаат и се поскапува производството“, изјави Алексов. Тој додаде дека очекуваат предвидениот раст на економијата од 4 проценти да се оствари, меѓутоа додава дека треба да се земе предвид со одредена резерва бидејќи треба да се види како ќе се развиваат понатаму состојбите во земјата. Според него, актуелната состојба може да влијае и на кредитирањето на претпријатијата. „Континуирано во последните две години имаме раст на кредитирањето. Тоа е позитивен тренд. Очекувавме дека овој позитивен тренд ќе продолжи и годинава, меѓутоа со оглед на последните случувања ќе видиме како ќе биде развојот во тој сегмент и какви ќе бидат сигналите на комерцијалните банки“, рече Алексов. Посочи дека зголемувањето на каматните стапки е лош сигнал и лошо ќе влијае на работењето на компаниите. Очекува тој негативен тренд да не се случи, но доколку дојде до такво нешто бизнис заедницата очекува да не биде нешто драстично, туку во поднослива мерка. „Без поддршка на финансискиот сектор, односно зголемено кредитирање тешко може да функционира стопанството и компаниите и тоа може да влијае лошо, а тоа негативно ќе влијае на сите четири агрегати на БДП,“ истакна Алексов и додаде дека никогаш не може да се каже оти финансирањето на малите и средните претпријатија е доволно. Малите и средните претпријатија, како што вели, постојано имаат потреба за зголемено финансирање од аспект на остварување на плановите за развој, раст и инвестиции на малите и средни претпријатија. Без финансии тоа не можат да го направат. Зоран Кимов, од Капитал банка посочи дека во последните три години има континуиран раст на поддршката на овие претпријатија и оти кредитното портфолио е зголемено тројно што покажува дека таа е на задоволително ниво. Број 480, јуни 2015


БИЗНИС ИНФОРМАТОР

15

ИЗЈАВИ И ИНТЕРВЈУА

ИНТЕРВЈУ СО Г-ЃА ДАНЕЛА АРСОВСКА, ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ССК ЗА „РАДИО СЛОБОДНА ЕВРОПА“ Претседателот на Сојуз на стопански комори на Македонија г-ѓа Данела Арсовска за емисијата Индекс на Радио Слободна Македонија, даде интервју кое го водеше уредниот Маја Дамјановска. Разговараа за актуелната политичка криза и влијанието врз економијата, прогнози на Европската комисија, евентуален раст на каматните стапки и многу други прашања. Интервјуто во целина може да го погледнете на следниот линк.

ЌЕ РАСТЕ ЦЕНАТА НА СТАНОВИТЕ? Градежниците бараат да се пролонгира антикризната владина мерка која стапи на сила пред повеќе од пет години, а се однесуваше на намалување на стапката на данокот од 18 на 5%. Оваа мерка истекува по Нова година. Надлежните сметаат дека во период на политичка криза дополнително ќе изврши негативно влијание во градежниот сектор. Градежниците тврдат дека укинувањето на оваа мерка ќе значи и поскапување на станбениот квадрат. „Отпочнати се разговори со Министерството за финансии и се бара пролонгирање на оваа стапка, нешто што би било од голем бенефит не само за градежниот сектор во Република Македонија, туку и за крајниот корисник, односно за граѓаните кои бараат да си го обезбедат станбеното прашање. Се надеваме дека во периодот кој следи, односно до пред крајот на оваа година ќе имаме позитивни резултати од овие разговори и дека ќе останат условите кои ги имаме до сега, односно стапката од 5% нема да се промени“, изјави г-ѓа Данела Арсовска, претседател на Сојуз на стопански комори на Македонија, во интервју за Радио Слободна Македонија.

ЌЕ ИМА ЛИ РАСТ НА КАМАТИТЕ? Бизнисот и аналитичарите со негодување ја примаат веста за можниот раст на каматите. “Ако се случи такво нешто, односно ако се оставарат најавите на НБРМ, очекувам тоа да не биде драстично, или да биде во рамките на некоја поднослива мерка зошто без кредитна поддршка, стопанството тешко ќе може да функционира и сето тоа негативно, би рекол, лошо ќе се одрази врз вкупната економија, врз компаниите“, изјави Митко Алексов од Сојузот на стопански комори апелирајќи за што побрза разрешница на политиката криза. Број 480, јуни 2015


16

Број 480, јуни 2015


БИЗНИС ИНФОРМАТОР

17

КОНФЕРЕНЦИИ, САЕМИ, ОБУКИ, БИЗНИС ФОРУМИ

9. СВЕТСКИ КОМОРСКИ КОНГРЕС, ТОРИНО, ИТАЛИЈА Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК), заедно со Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот, годинава се бронзен спонзор на Светскиот коморски конгрес организиран од страна на ICC World Chambers Federation (Светска федерација на комори). Оваа година, 9.Светски коморски конгрес се одржува во Торино, Италија во период од 10-12 јуни. Организатори: ICC World Chambers Federation www.worldchambersfederation.org (Светска федерација на комори) Место на одржување: Лингото-комплекс во Торино, Италија www.worldchamberscongress.org Светскиот Коморски Конгрес претставува единствено глобално место за средба на коморите, организиран од страна на на ICC World Chambers Federation, на кој ќе присуствуваат претставници од 120 земји од целиот свет, 1600 претставници на стопански комори, а ќе се обратат и над 100 говорници лидери во своите области. Конгресот се одржува секои две години во различни региони од светот. ССК, заедно со Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот и Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони во 2013 година, беше дел од 8. Светски коморски конгрес кој се одржа во Доха, Катар. Повеќе детали за 9. Светски коморски конгрес може да погледнете на следниот линк. Светскиот коморски конгрес е единствениот меѓународен форум за здржување на коморите и бизнис – лидерите и претставува одлична можност за споделување на практични искуства, размена на идеи, интернационално проширување на бизнисот, воспоставување на нови контакти со коморите низ целиот свет. Агендата за Светскиот коморски конгрес, може да ја погледнете на следниот линк. Услови за Ваша регистрација Делегатите имаат можност да учествуваат на сите сесии и работилници во рамки на 9. Светски коморски конгрес. Исто така, отворена е и можноста да изберате учество на само еден или на два дена по свој избор, со цел да се приклучат на активностите на Конгресот кои се од значење на делегатот. Детални информации и процедурата за Ваша регистрација можете да ја погледнете на следниот линк Информации за Лингото-конгресен центар Лингото-комплексот во Торино - индустриски обновен објект, кој претходно бил првата фабрика за производство на автомобили „Фиат“ од познатиот архитект Рензо Пиано (Renzo Piano). Лингото конгресниот центар е голем, модерен објект, наменски изграден за конвенции со пространи изложбени сали и угостителски објекти и пет сали во непосредна близина. Повеќе информации, може да погледнете на следниот линк. За сите дополнителни информации можете да не контактирате на: info@sojuzkomori.org.mk или на тел. број : 02/3091-440 - контакт лице Марија Мустрик. Број 480, јуни 2015


БИЗНИС ИНФОРМАТОР

18

КОНФЕРЕНЦИИ, САЕМИ, ОБУКИ, БИЗНИС ФОРУМИ

ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН САЕМ ЗА ТУРИЗАМ ВО СОЛУН, ГРЦИЈА Во период од 12 до 14 ноември, 2015 година во Интернационалниот центар за саеми во Грција ќе се одржи Интернационален саем за туризам, организиран од страна на „National Exhibition Organization HELEXPO“. Оваа година „HELEXPO“ подготвува специјална понуда за интернационалните учесници и ги нуди следните понуди за учество на саемот:  

Еден штанд од 12 квадратни метри Наплата на такси (19 евра/метар квадратен X 12 метри квадратни = 228 евра) и регистрација од 90 евра плус ДДВ) За подетални информации и пријава на саемот за туризам: philoxenia@helexpo.gr.

„MARKETPLACE AUSTRIA“ Ве информираме дека до Сојуз на стопански комори на Македонија е доставена информација за настан „Marketplace Austria“ кој ќе се одржи на 07.10.2015 во Австриската Стопанска Комора во Виена и е настан со најголема посетеност во комората. Имено Австриската Стопанска Комора организира B2B средби помеѓу австриските фирмипроизводители на прехранбени производи и интернационални увозници на прехранбени производи. Во таа насока покануваат претставници да учествува на овој настан и да ги испитаат можностите за соработка со австриските производители и останатите учесници. На следниов линк, можете да ги видите сите фирми кои се пријавени досега, да ја видите програмата и сите останати релевантни информации во врска со настанот.

Исто така Ве информираме дека доколку сакате да учествувате на овој настан како и на b2b средбите, задолжително треба да се регистрирате на ВЕБ страната те. на горенаведениот линк. На следниот линк Ви испраќаме и кратко видео за настанот „Marketplace Austria“ : http://wko.tv/play.aspx?c=3181.

Број 480, јуни 2015


БИЗНИС ИНФОРМАТОР

19

КОНФЕРЕНЦИИ, САЕМИ, ОБУКИ, БИЗНИС ФОРУМИ

МОЖНОСТ ЗА ВАШЕ УЧЕСТВО НА МЕЃУНАРОДНИ САЕМИ ВО ЈАПОНИЈА, ФРАНЦИЈА, ИТАЛИЈА И АНГЛИЈА Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија Ве известува дека во периодот од јуни до декември 2015 година ќе учествува на следните интернационални саемски манифестации:

1

JAFA

Јапонија

Токио

24-27 Септември

2

IFTM – TOP RESA

Франција

Париз

29 Сеп – 2 Окт

3

TTG

Италија

Римини

8-10 Октомври

4

WTM

Англија

Лондон

2-5 Ноември

Според Упатството на АППТ на РМ за начинот и постапката за учество на интернационални саемски манифестации за туризам, право за учество имаат сите правни лица, здруженија, организации, државни институции, образовни институции кои работат во областа на туризмот и тоа на следниот начин: 1. Пакетот за закуп на едно работно место(пулт), една маса за преговори со две столчиња со еден или двајца претставници предвидува:      

Монтажа и демонтажа на опрема на штандот Осветлување и одржување на хигиена на штандот Обезбедување на една или две влезници на саемот за сите денови Транспорт на промотивен материјал до 30 килограми Вклучување во официјалниот каталог, користење на остава и гардероба Натпис и лого на Учесникот на работното место(пултот)

1. Пакетот за учество само со промотивен материјал до 30 килограми е бесплатно и предвидува:  Дистрибуција на промотивен материјал  Изложување на промотивниот материјал на заеднички сталак  Делење на промотивниот материјал од страна на претставниците на АППТ  Користење на маса за преговори по претходно пријавен термин кај менаџерот на саемот, не подолго од 20 минути од состанокот  Износот на котизацијата за учество на саемските манифестации според Точка1 со закуп на пулт во Јапонија, Франција и Англија е во висина од 30.000,00 денари без ДДВ.  Износот на котизацијата за учество на меѓународната саемска манифестација според Точка1 во Италија (Римини) е во висина од 6.000,00 денари без ДДВ. За дополнителни информации и за пријавување на Вашето учество за присуство на саемските манифестациите можете да ме контактирате на:sgeorgieva@sojuzkomori.org.mkили на телефонскиот број: 02/3091-440. Контакт лице: Сања Георгиева.

Број 480, јуни 2015


БИЗНИС ИНФОРМАТОР

20

КОНФЕРЕНЦИИ, САЕМИ, ОБУКИ, БИЗНИС ФОРУМИ

МОЖНОСТ ЗА ВАША ПРОМОЦИЈА НА САЕМИ ВО БУКУРЕШТ, РОМАНИЈА Во насока на Ваша промоција и пласман на Вашите производи и услуги Сојуз на Стопански комори на Македонија соработува со Амбасадата на РМ во Романија и Ви нуди можност за Ваше претставување на меѓународни саеми. Во текот на 2015 година во Букурешт ќе бидат организирани следниве меѓународни саеми:                 

Dentistry and dental technologies international exhibition, 14.05.2015 - 16.05.2015 International trade fair for consumer goods, 28.05.2015 - 31.05.2015 Auto parts and accessories international fair, 28.05.2015 - 3105.2015Cars, Trucks and Utility Vehicles Trade Show, 28.05.2015 - 3105.2015 Alternative medicine and complementary therapies, 28.05.2015 - 31:05.2015 International trade fair for furniture, equipment and accessories, 19.09.2015-23.09.2015 International exhibition for beauty equipment, products, body care and hairdressing, 01.10.2015 04.10.2015 International exhibition of textiles, ready-made clothes, leather goods, furs, footwear and leatherwear, accessories, 01.10.2015 - 04.10.2015 Bucharest International Technical fair, 14.10.2015-17.10.2015 International trade fair for renewable energy, conventional energy, equipment and technologies for the oil and natural gas industry,14.10.2015 – 17.10.2015 Invention and innovation show, 14.10.2015 - 17.10.2015 nternational trade fair of equipment and products in agriculture, horticulture, viticulture and animal husbandry, 28.10.2015 - 01.11.2015 International trade fair for the food industry, 28.10.2015 - 01.11.2015 International exhibition for packaging, packaging materials, machines and specific equipment, 28.10.2015 - 01.11.2015 Wines, alcoholic and non-alcoholic beverages trade show, 28.10.2015 -01.11.2015 Romanian Tourism Fair,12.11.2015-15.11.2015 International exhibition for equipment, furniture and supplies for hotels and restaurants, 12.11.2015 15.11.2015 Dentistry and dental technologies international exhibition, 19.11.2015 - 21.11.2015

За дополнителни информации можете да не контактирате на: info@sojuzkomori.org.mk или на тел: 02/3091-440. Број 480, јуни 2015


БИЗНИС ИНФОРМАТОР

21

КОНФЕРЕНЦИИ, САЕМИ, ОБУКИ, БИЗНИС ФОРУМИ

ИНТЕРНАЦИОНАЛНА САЕМСКА МАНИФЕСТАЦИЈА „RDA“ Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија ве известува дека од 21 до 23 јули, 2015 година ќе учествува на Интернационална саемска манифестација за туризам „RDA“, во Келн, Германија. Според упатството на АППТ на РМ за начинот и постапката за учество на интернационални саемски манифестации за туризам, право на учество имаат сите правни лица, здруженија, организации, државни институции, образовни институции кои работат во областа на туризмот и тоа на следниот начин: 1. За закуп на едно работно место (пулт), една маса за преговори со две столчиња со еден или двајца претставници Овој пакет предвидува:  Монтажа на демонтажа на опрема на штандот  Осветлување и одржување на хигиена на штандот  Обезбедување на една или две влезници на саемот за сите денови  Транспорт на промотивен материјал до 30 килограми  Вклучување во официјалниот каталог, користење на остава и гардероба  Натпис и лого на Коучесникот на работното место (пултот) Износот на котизацијата за учество на „RDA“е во висина од 6.000,00 денари без ДДВ. 2. Учество само со промотивен материјал до 30 килограми е бесплатно. Овој пакет предвидува: - Дистрибуција на промотивен материјал - Изложување на промотивниот материјал на заеднички сталак - Делење на промотивниот материјал од страна на претставници на АППТ - Користење на маса за преговори по предходно пријавен термин кај менаџерот на саемот, не подолго од 20 минути од состанок Рок за пријавување: Рокот за пријавување на горенаведените саемски манифестации е 12ти февруари 2015 година. Напомена 1: Учеството на саемските манифестации под Точка 1 треба да го утврдите во писмена форма со пополнување на Формуларот кој ви е доставен во прилог на истиот е маил. Бројот на пултовите е ограничен, затоа ќе се оди по принципот кој прв се пријавил. Напомена 2: За учество на саемските манифестации под Точка 2, ве информираме дека материјалот треба да го доставите во просториите на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на РМ на ул. Дебарца бр. 2, 1000 Скопје, не покасно од 20 дена пред почетокот на манифестациите. За дополнителни информации: Е-маил: nikola.gjoshev@tourismmacedonia.gov.mk

Број 480, јуни 2015


БИЗНИС ИНФОРМАТОР

22

КОМПАНИИ ЧЛЕНОВИ НА ССК

„НЕОКОМ“, КОМПАНИЈА ЧЛЕН НА ССК ПРОСЛАВИ 25 ГОДИНИ ПОСТОЕЊЕ Компанијата Неоком е една од водечките бизнис ИТ компании, член на Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК), прославува 25 години постоење. Низ годините се етаблира како репер за останатите ИТ компании на Македонскиот пазар, континуирано инвестирајќи во професионализација и едукација на сопствениот кадар, како и градејќи здрав еко систем со своите клиенти. Партнерствата со голем број на производители на софтвери и ИКТ опрема овозможија Неоком на пазарот да понуди решенија кои најдобро ќе вклопат дури и кај корисниците со специфични потреби. Во 2005-та година, Неоком го оформи Интернет и Телекомуникацискиот оператор Неотел, со што на своите клиенти им овозможи избор во интернет и телекомуникацискиот пазар. Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) упатува честитки по повод прославувањето на јубилејот и посaкува многу успех во идното работење. Својот роденден Неоком го прославува со богата музичка програма, гости и соработници од нашата земја како и од странство.

Број 480, јуни 2015


БИЗНИС ИНФОРМАТОР

23

КОМПАНИИ ЧЛЕНОВИ НА ССК

УТМС НА СЕДНИЦА НА ИЗВРШНИОТ СОВЕТ НА СВЕТСКАТА ТУРИСТИЧКА ОРГАНИЗАЦИЈА ВО РОВИЊ Делегација на Универзитетот за туризам и менаџмент предводена од Ректорот Проф. д-р Аце Миленковски,во својство на придружна членка, присуствува на 100-тата седница на Извршниот совет на Светската туристичка организација (UNWTO) во Ровињ, Република Хрватска. На оваа јубилејна седница присуствуваат четириесетина делегации, со повеќе од 200 учесници на чело со Генералниот секретар на UNWTO, г-дин Талеб Рифаи, кој воедно е и Professor Honoris Causa на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје. На седницата во Ровињ се дискутира за главните приоритети на организацијата во наредните две години, како и за понатамошниот развој на туристичкиот сектор во време кога растот и развојот на туризмот, продолжува и покрај многубројните предизвици. На маргините на официјалната програма беа остварени средби со Генералниот секретар г-динот Рифаи, извршниот директор Марсио Фавиља, регионалниот директор на UNWTO за Европа, Изабел Гарања, при што беше потенцирана важноста на Универзитетот како дел од образовниот сектор во UNWTO, кој придонесува за растот и одржливиот развој на Светската туристичка организација, во рамките на перманентниот пораст на светската економија (2014/2013 4,7%) Исто така, при средбата со Ректорот Џафар Џафаров од Азербејџанскиот Универзитет за туризам и менаџмент беше отворена и можноста за институционална соработка и договорена взаемна посета. Делегацијата, во рамките на промотивните активности на планот на поддршката на стопанскообразовниот сегмент на Република Македонија, ги апострофираше и можностите кои ги овозможува кооперацијата при вакви средби на највисоко интернационално ниво, под патронат на Обединетите нации.

Број 480, јуни 2015


24

Сојуз на стопански комори на Македонија Мет.Теодосиј Гологанов бр.1, 1000 Скопје Т: 389 (02) 3091 440 Ф: 389 (02) 3090 595 Е: info@sojuzkomori.org.mk www.chamber.mk

Податоците се изготвуваат врз основа на постојното законодавство во времето на © Сојуз на стопански комори на Македонија 2015 Сите права се задржани. Оваа публикација е изготвена од Сојуз на стопански комори на Македонија, кој е ексклузивен носител на сите права, како што е утврдено и со Законот за индустриска сопственост и Законот за авторски и сродни права. Без претходна писмена дозвола на Сојуз на стопански комори е забрането да се репродуцира, дистрибуира, става на располагање на јавноста (интернет) и други форми на комуникација со јавноста, преработува, или било која друга употреба на авторско дело или делови од него во некој размер или процедури, вклучувајќи фотокопирање, печатење или електронска форма. Логото на Сојуз на стопански комори на Македонија, е регистрирана трговска марка Скопје, јануари 2015

Број 480, јуни 2015

Profile for Macedonian Chambers of Commerce

Biznis informator br. 480  

ССК преку Самитот 100 до вклучување кон конзорциумот на градежници од регионот

Biznis informator br. 480  

ССК преку Самитот 100 до вклучување кон конзорциумот на градежници од регионот

Advertisement