Page 1

Број 479, мај, 2015 1 Број 478, мај 2015

Број 479, мај 2015


2

ВАШИОТ БИЗНИС НАШ ПРИОРИТЕТ!

Барате начин да го зголемите својот профит,

да обезбедите нови клиенти или партнери,

да го промовирате својот бизнис,

да ги унапредите своите знаења и вештини,

да ја зголемите својата информираност,

секогаш да бидете во тек со најновите случувања во бизнисот

и со најновите измени во законските регулативи?

Комората преку вмрежување и добро смислен маркетинг план за Ваша промоција, со лобирање и застапување на Вашите интереси, со обуки и семинари, Ви нуди можности да го креирате својот успех. Илјадници компании од секторите градежништво, туризам, земјоделство, информациски технологии, трговија и услуги, сметководство и индустриско производство учествуваат во успешното делување на Сојуз на стопански комори на Македонија.

Бидете и Вие дел од Вoдечката Македонска Деловна Мрежа

Мит.Теодосиј Гологанов бр.1, 1000 Скопје Т: 389 (02) 3091 440 Ф: 389 (02) 3090 595 Е: info@chamber.mk www.chamber.mk

Број 479, СОЈУЗ НА СТОПАНСКИ КОМОРИ НА МАКЕДОНИЈА 2015 мај 2015


БИЗНИС ИНФОРМАТОР

3

ВО ОВОЈ БРОЈ НА БИЗНИС ИНФОРМАТОР Страна 4

9. СВЕТСКИ КОМОРСКИ КОНГРЕС, ТОРИНО, ИТАЛИЈА

Содржина Новости

4

Изјави и интервјуа

9

Конференции, форуми, обуки

15

Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК), заедно со Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот, годинава се бронзен спонзор на Светскиот коморски конгрес организиран од страна на ICC World Chambers Federation (Светска федерација на комори). Оваа година, 9.Светски коморски конгрес се одржува во Торино, Италија во период од 10-12 јуни.

Страна 6

ССК ПОТПИША МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА СО КОМОРАТА ЗА ИНДУСТРИЈА ОД АЈДИН, ТУРЦИЈА

Саемски водич

19

Претседателот на Сојуз на стопански комори на Македонија, г-ѓа Данела Арсовска, потпиша меморандум за зајакнување на соработката со претседателот на Комората за индустрија од Ајдин, Турција ( AYSO), г. Мехмед Јунус Шахин. На состанокот присуствуваше и делегација на стoпанственици од оваа комора, од повеќе сектори. Интересот за соработка има особено во делот на секторите енергетика, туризам, агро-бизнис.

Страна 7

ОДРЖАНА СРЕДБА СО НОТАРСКАТА КОМОРА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Во просториите на Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК), претседателот на ССК г-ѓа Данела Арсовска, одржа состанок со претседателот на Нотарската комора на Република Македонија г-ѓа Зорица Пулејкова. Број 479, мај 2015


БИЗНИС ИНФОРМАТОР

4

НОВОСТИ

9. СВЕТСКИ КОМОРСКИ КОНГРЕС, ТОРИНО, ИТАЛИЈА Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК), заедно со Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот, годинава се бронзен спонзор на Светскиот коморски конгрес организиран од страна на ICC World Chambers Federation (Светска федерација на комори). Оваа година, 9.Светски коморски конгрес се одржува во Торино, Италија во период од 10-12 јуни. Организатори: ICC World Chambers Federation www.worldchambersfederation.org (Светска федерација на комори) Место на одржување: Лингото-комплекс во Торино, Италија www.worldchamberscongress.org Светскиот Коморски Конгрес претставува единствено глобално место за средба на коморите, организиран од страна на на ICC World Chambers Federation, на кој ќе присуствуваат претставници од 120 земји од целиот свет, 1600 претставници на стопански комори, а ќе се обратат и над 100 говорници лидери во своите области. Конгресот се одржува секои две години во различни региони од светот. ССК, заедно со Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот и Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони во 2013 година, беше дел од 8. Светски коморски конгрес кој се одржа во Доха, Катар. Повеќе детали за 9. Светски коморски конгрес може да погледнете на следниот линк. Светскиот коморски конгрес е единствениот меѓународен форум за здржување на коморите и бизнис – лидерите и претставува одлична можност за споделување на практични искуства, размена на идеи, интернационално проширување на бизнисот, воспоставување на нови контакти со коморите низ целиот свет. Агендата за Светскиот коморски конгрес, може да ја погледнете на следниот линк. Услови за Ваша регистрација Делегатите имаат можност да учествуваат на сите сесии и работилници во рамки на 9. Светски коморски конгрес. Исто така, отворена е и можноста да изберате учество на само еден или на два дена по свој избор, со цел да се приклучат на активностите на Конгресот кои се од значење на делегатот. Детални информации и процедурата за Ваша регистрација можете да ја погледнете на следниот линк Информации за Лингото-конгресен центар Лингото-комплексот во Торино - индустриски обновен објект, кој претходно бил првата фабрика за производство на автомобили „Фиат“ од познатиот архитект Рензо Пиано (Renzo Piano). Лингото конгресниот центар е голем, модерен објект, наменски изграден за конвенции со пространи изложбени сали и угостителски објекти и пет сали во непосредна близина. Повеќе информации, може да погледнете на следниот линк. За сите дополнителни информации можете да не контактирате на: info@sojuzkomori.org.mk или на тел. број : 02/3091-440 - контакт лице Марија Мустрик. Број 479, мај 2015


БИЗНИС ИНФОРМАТОР

5

НОВОСТИ

ФИНАНСИСКАТА ПОДДРШКА Е НЕОПХОДНА ЗА РАСТ И РАЗВОЈ НА КОМПАНИИТЕ Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) во соработка со Бизнис Центарот на Скопски Плански Регион организираа настан тема: „Финансирање за развој на МСП“. Kомпаниите членови на ССК, лоцирани на територијата на Скопски плански регион имаа можност да се запознаат со кредитите за поддршка кои ги нудат комерцијалните банки, Македонска банка за поддршка на развојот (МБПР), Европска банка за обнова и развој (ЕБОР) како и преку останати програми за финансирање на МСП. „Финансиите се основа за добро функционирање на секој бизнис, без кои не може да се обезбеди нормално работење и да се планира раст. Без финансиска поддршка, односно поддршка од финансискиот сектор не може да функционира стопанството, не само во помалите земји, туку и во најразвиените економии. Но, актуелната состојба може да влијае и на кредитирањето на компаниите. Континуирано во последните две години имаме раст на кредитирањето, што е позитивен тренд. Очекувавме дека овој позитивен тренд ќе продолжи и годинава, меѓутоа со оглед на последните случувања ќе видиме како ќе биде развојот во тој сегмент и какви ќе бидат сигналите на комерцијалните банки“ рече Алексов. Тој посочи дека зголемувањето на каматните стапки е лош сигнал и лошо ќе влијае на работењето на компаниите. Очекувањата се дека тој негативен тренд нема да се случи, но доколку дојде до такво нешто бизнис заедницата очекува да не биде нешто драстично, туку во поднослива мерка. Проектниот Координатор на Бизнис Центарот на Скопски Плански Регион, Розалија Карчицка Василевска, истакна дека целта на ваквите средби е компаниите пред се од Скопскиот плански регион да се запознаат со условите за кредитирање и поддршка на компаниите кои се на располагање во насока на подобрување на нивната ликвидност.

СРЕДБА НА СТОПАНСКИТЕ КОМОРИ ЗА ИЗЛЕЗ ОД КРИЗАТА Бизнис заедницата заеднички иницира нормализација и стабилизација на економската и политичката криза во државава за што најавува и конкретни предлог-мерки кои ќе бидат доставени следната недела до Владата. Лошата политичка состојба, оценија на заедничка средба раководствата на сите стопански комори во Република Македонија, има негативно влијание врз стопанството, во делот на странските и домашните инвестиции, туризмот поради можното намалување на бројот на туристи кои престојуваат или најавиле доаѓање во државава. Ризикуваме, истакнува во иницијативата бизис-заедницата, од безбедносни причини да не се вратат и печалбари во летниот период кои се значителен стимул за потрошувачката во Македонија. Дополнително и опасноста од намалување на нивните депозити што во голема мера придонесуваат за макроеконската стабилност и обезбедуваат стабилност на дел од девизните резерви. Се понеатрактивни, оценуваат бизнисмените, стануваат нашите извозници чиишто производи завршуваат на пазарите на соседните земји. Bо наредниот период ќе бидат испорачани мерки кои треба да иницираат нормализација на економско политичката ситуација.

Број 479, мај 2015


БИЗНИС ИНФОРМАТОР

6

НОВОСТИ

ССК ПОТПИША МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА СО КОМОРАТА ЗА ИНДУСТРИЈА ОД АЈДИН, ТУРЦИЈА Претседателот на Сојуз на стопански комори на Македонија, г-ѓа Данела Арсовска, потпиша меморандум за зајакнување на соработката со претседателот на Комората за индустрија од Ајдин, Турција ( AYSO), г. Мехмед Јунус Шахин. На состанокот присуствуваше и делегација на стoпанственици од оваа комора, од повеќе сектори. Интересот за соработка има особено во делот на секторите енергетика, туризам, агро-бизнис. Сојузот на стопански комори на Македонија, одржува солидни релации со носечки стопански комори на Република Турција, со кои има остварено средби и потпишано меморандуми за соработка. Трговската размена меѓу Македонија и Турција лани изнесувала 441 милиони американски долари што претставува раст од 14,35 отсто во споредба со 2013 година. Од 2007 година трговската размена меѓу двете земји постојано има нагорен тренд, а Турција е и една од земјите со најголем број инвестиции во Македонија.

МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА СО КОМОРАТА ЗА ТРГОВИЈА И ИНДУСТРИЈА ОД МАНИСА, ТУРЦИЈА Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК), ја шири мрежата на бизнис партнерства со комори од Република Турција. Извршниот директор на ССК, г. Митко Алексов, потпиша меморандум за соработка со г. Аднан Арбил, претседател на Комората за трговија и индустрија од Маниса, Турција. На состанокот присуствуваше и делегација на бизнисмени од оваа комората, од повеќе сектори, кои остварија Б2Б средби со стопанствениците членови на ССК. Сојузот на стопански комори на Македонија, одржува солидни релации со стопански комори на Република Турција. Комора за трговија и индустрија од Маниса, е основана во 1908 година со речиси 25 стручни комисии кои дејствуваат во насока спроведување на професионална експертиза и скоро 7.600 активни членови, се со цел да се промовира економски развој во градот Маниса, како со домашни, така и со странски инвестиции. На тој начин придонесуваат за поддршка и развој на турската економија во целина. Мисијата на Комора за трговија и индустрија на Маниса е да обезбеди најлесен и најбрз пристап до сите видови на информации и документи, помагајќи да се подобрат бизнис перформансите, а да се заштедат времето и трошоците. Заложбите на ССК се да влијаеме на зголемување на трговската размена со Турција. Трговската размена меѓу Македонија и Турција лани изнесувала 441 милиони американски долари што претставува раст од 14,35 отсто во споредба со 2013 година. Од 2007 година трговската размена меѓу двете земји постојано има нагорен тренд, а Турција е и една од земјите со најголем број инвестиции во Македонија. Број 479, мај 2015


БИЗНИС ИНФОРМАТОР

7

НОВОСТИ

ОДРЖАНА СРЕДБА СО НОТАРСКАТА КОМОРА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Во просториите на Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК), претседателот на ССК г-ѓа Данела Арсовска, одржа состанок со претседателот на Нотарската комора на Република Македонија г-ѓа Зорица Пулејкова. На состанокот беа присутни и претставници на Меѓународната нотарска унија, составена од претседателот г. Мишел Мерлоти, нотар од Швајцарија, потпретседателот на комисијата г. Ханс Јакоб Путцер, нотар од Германија и секретарот на комисијата г. Ролан Никлаус, нотар од Швајцарија. Целта на состанокот и посетата на Меѓународната нотарска унија, е вршење експертиза на македонскиот нотаријат, преку посета на нотарски канцеларии и останати организации. Присутните имаа можност да се запознаат со функционирањето на Сојузот на стопански комори на Македонија во насока на продлабочување на идна соработка.

ССК НА МЕЃУНАРОДНА РЕГУЛАТОРНА КОНФЕРЕНЦИЈА ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА АЕК Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК), беше дел од дводневната Меѓународната регулаторна конференција што трета година по ред се одржува во Охрид во организација на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК). На воведната сесија обраќање имаше министерот за информатичко општество и администрација, г. Иво Иваноски кој се осврна на важноста на информациско комуникацискиот технолошки развој, кој е директно зависен од распространетоста на широкопојасниот интернет. На конференцијата, претставници на регулаторни тела од земјите учеснички: Србија, Бугарија, Црна Гора, Финска, Турција, Хрватска, Романија, Кипар, Молдавија, Кралството Белгија, Албанија, Косово и останати држави од регионот и од Европа,дебатираат на теми од областа на регулација на електронските комуникации. Меѓу другото на средбата се разгледуваат можностите како со регулаторни мерки и помош да се поттикне развојот на нови технологии и нови услуги за сите корисници на оваа индустрија. Конференцијата завршува денес со дискусии посветени на индустријата за електронски комуникации. Денес ќе се одржат и бројни презентации за иднината на електронските комуникации. Презентациите ќе ги реализираат операторите за јавни елекронски комуникациски услуги: Македонски Телеком, ONE телекомуникациски услуги и VIP оператор.

Број 479, мај 2015


БИЗНИС ИНФОРМАТОР

8

НОВОСТИ

СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА АГЕНЦИЈАТА ЗА ПРОМОЦИЈА И ПОДДРШКА НА ТУРИЗМОТ ВО ВРСКА СО НОВОНАСТАНАТАТА СОСТОЈБА Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Р. Македонија (АППТРМ), поради промената во состојбите кои влијаат на туризмот и откажување на резервациите во текот на последните неколку дена од повеќе странски партнери, одржа вонредна седница на Советот на АППТРМ. На седницата се дискутираше и се бараа решенија за настанатата ситуација. Сојузот на стопански комори на Македонија, е член на советот на АППТРМ. Директорот на Агенцијата, г.. Кристијан Џамбазовски, истакна дека се соочуваме со ситуација во која различни медиуми, домашни и странски, излегуваат со своја интерпретација на настаните, со што се предизвикува несигурност кај странските партнери и откажување на организираните патувања кон Македонија од сите странски држави. Анализите покажуваат дека најголемиот дел од откажаните резервации се од Србија, но се стравува дека и кај туристите од Бенелукс ќе има потфрлање. Холандската амбасада во Скопје на својата интернет – страница се уште ги прикажува препораките за патување во Македонија: постојат безбедносни ризици, демонстрации во Скопје секоја вечер со почеток од 18 часот.

ИНФОРМАЦИЈА ЗА НОВ СИСТЕМ ЗА ОБРАБОТКА НА ДЕКЛАРАЦИИ И АКЦИЗНИ ДОКУМЕНТИ Царинската управа е во развој на нов Систем за обработка на декларации и акцизни документи - СОЦДАД. Согласно планот, овој систем ќе биде функционален во ноември 2015. СОЦДАД овозможува комуникација со компаниите на два начина и тоа: Преку веб портал Систем кон систем комуникација со примена на веб сервиси Со цел развој на системи кои директно ќе комуницираат со СОЦДАД системот на Царинската управа, објавуваме првична верзија на неопходните спецификации и контакт лица кои се поставени на следниот линк.

Број 479, мај 2015


БИЗНИС ИНФОРМАТОР

9

ИЗЈАВИ И ИНТЕРВЈУА

КОМПАНИИТЕ СЕ ВОЗДРЖУВААТ ОД НОВИ ВРАБОТУВАЊА ПОРАДИ ПОЛИТИЧКАТА НЕИЗВЕСНОСТ Политичките случувања влијаат и на проектот Македонија Вработува. Бројот на компании кои аплицирале за ослободување од плаќање придонеси е помал од очекуваниот. „Компаниите кои сакале и им било предвидено во својот бизнис план да аплицираат за истото, поради актуелната ситуација со резерва ги разгледуваат своите проекции за да видат како ќе се одвиваат работите во периодот кој следи“, изјави г-ѓа Данела Арсовска, претседател на Сојуз на стопански комори на Македонија. Во однос на стапката на економски раст, бизнис секторот се придржува на процентот од НБРМ, но евентуалното заострување на монетарната политика, зголемување на каматите на кредитите за компаниите, велат дека негативно ќе влијае на бизнисот. „Како ова ќе влијае во наредниот период ќе видиме, но бидејќи најавите беа дека истите ќе се зголемат во периодот кој следи ќе има негативно последици, особено со оглед и на тоа што кредити кои беа овозможени преку Европската инвестициона банка, повеќе нема да бидат на располагање на компаниите“, додаде Арсовска.

СТОПАНСТВОТО БАРА БРЗО РАЗРЕШУВАЊЕ НА СОСТОЈБАТА СО НАЈМАЛИ ПОСЛЕДИЦИ Актуелната состојба во Македонија има негативно влијание во економијата, особено во личната потрошувачка. Бизнис заедницата очекува таа да се разреши што е можно побрзо и да не се остварат најавите за можно зголемување на каматните стапки кое дополнително ќе има негативно влијание. Ова го истакна извршниот директор на Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК), г. Митко Алексов денеска одговарајќи на новинарски прашања пред почетокот на презентацијата на кредитите за поддршка на микро, малите и средните компании, организирана од ССК во соработка со Бизнис центарот на Скопскиот плански регион. „Врз основа на информациите од нашите членки, ССК излезе со став дека состојбата е деликатна во овој момент и што е најважно таа треба да се разреши што е можно побрзо со најмали последици. Негативно влијае пред се е евидентно на намалената лична потрошувачка, особено за трајни потрошни добра и има ризици кои ги детектираат комерцијалните банки и може да дојде до поголема рестриктивност во нивната кредитна политика. Така што сите фактори негативно влијаат и се поскапува производството“, изјави Алексов. Тој додаде дека очекуваат предвидениот раст на економијата од 4 проценти да се оствари, меѓутоа додава дека треба да се земе предвид со одредена резерва бидејќи треба да се види како ќе се развиваат понатаму состојбите во земјата. Според него, актуелната состојба може да влијае и на кредитирањето на претпријатијата. „Континуирано во последните две години имаме раст на кредитирањето. Тоа е позитивен тренд. Очекувавме дека овој позитивен тренд ќе продолжи и годинава, меѓутоа со оглед на последните случувања ќе видиме како ќе биде развојот во тој сегмент и какви ќе бидат сигналите на комерцијалните банки“, рече Алексов. Посочи дека зголемувањето на каматните стапки е лош сигнал и лошо ќе влијае на работењето на компаниите. Очекува тој негативен тренд да не се случи, но доколку дојде до такво нешто бизнис заедницата очекува да не биде нешто драстично, туку во поднослива мерка. „Без поддршка на финансискиот сектор, односно зголемено кредитирање тешко може да функционира стопанството и компаниите и тоа може да влијае лошо, а тоа негативно ќе влијае на сите четири агрегати на БДП“, истакна Алексов. Број 479, мај 2015


БИЗНИС ИНФОРМАТОР

10

ИЗЈАВИ И ИНТЕРВЈУА

КРИЗАТА ВЛИЈАЕ НЕПОВОЛНО ВРЗ ДОМАШНАТА ЕКОНОМИЈА Секој потрес може да значи менување на договореното или отсуство на нови договори, а тоа не му донело добро на ниту еден бизнис и амбиент за работа. Токму затоа барањата на стопанствениците се што побрзо да се надмине политичката криза за бизнисот да продолжи да си ја „брка својата работа“, да продолжи да функционира, да бележи напредок, да вработува луѓе. „За бизнис-секторот секоја нестабилност во државата, било да е политичка или не, не е добра и може да има поразителни резултати врз економијата“ – вели претседателот на Сојузот на стопански комори на Македонија, г-ѓа Данела Арсовска. Според неа, доколку политичката криза се провлече на подолг рок тогаш последиците можат да бидат поразителни. „Најважно е тоа дека во ситуација на криза проектите ќе останат во фиоките и никој нема да пристапи кон развојните компоненти“ – смета Арсовска. Таа нагласува дека економијата е жива материја, која зависи не само од актуелните случувања во бизнисот, туку и од актуелните случувања во политиката.

„Во овој момент не можеме да кажеме ништо повеќе освен дека во овој случај политичката нестабилност во државата не е добра и дека нe би сакале да бидеме тие што ќе ги видат негативните резултати во периодот што следува. Случувањата на политичката сцена влијаат врз одлуките за инвестирање, како на странските, така и на домашните инвеститори. Веќе неколку месеци наназад земјава се соочува со политичка нестабилност и таа би можела да се одрази со негативни последици врз бизнисот. Доколку политичката криза во земјава продолжи и во наредниот период, тоа ќе влијае неповолно врз домашната економија“ – додава Арсовска.

Број 479, мај 2015


БИЗНИС ИНФОРМАТОР

11

ИЗЈАВИ И ИНТЕРВЈУА

ПРОГНОЗА НА ЕВРОПСКА БАНКА ЗА ОБНОВА И РАЗВОЈ: МАКЕДОНИЈА СО РАСТ ОД 3,5% Македонската економија годинава ќе расте со стапка од 3,5%, а в година со 3,7. Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ги објави новите пр о гно зи . В о и зв еш т а јо т за регионалните економски перспективи е наведено дека Македонија годинава ќе има највисока стапка на раст на БДП во регионот на Западен Балкан. Народната банка нотира дека во земјава има стабилни макроекономски услови, но предупредува дека ризиците доаѓаат одвнатре, односно од актуелните политички случувања. Вакви пораки во изминатиов период испратија и домашните власти, кредиторите на фискалната и на монетарната, но и претставниците на бизнис – секторот, кои предупредија дека поволните изгледи за движењето на домашното стопанство може да бидат нарушени од политичките турбуленции. „Сите овие проекции кои ги имавме, сега во наредниот период ќе треба да се земат со резерва поради новонастанатата ситуација и се надеваме дека ќе бидат остварливи во периодот кој следи“, смета г-ѓа Данела Арсовска, претседател на ССК.

ПОЕВТИНИОТ РОАМИНГ ВО РЕГИОНОТ ДОБРА ВЕСТ ЗА КОМПАНИИТЕ Многу поевтина минута разговор и уште поевтин интернет во роаминг ќе им биде достапен на македонските граѓани кога ќе патуваат во Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина. Од 30 јуни се намалуваат цените во роаминг во три сегменти, информираше Агенцијата за електронски комуникации. Така, минута разговор во роаминг, наместо 67,9 ќе чини 17,9 денари, што е намалување од 73 проценти. Драстично, за 90 проценти, паѓа цената на користење интернет во роаминг. Цената на еден мегабајт од 370 ќе падне на 43,2 денари. Поевтинуваат и СМС-пораките, кои од крајот на јуни, наместо за 12,3, ќе се испраќаат за 5,6 денари. За бизнис заедницата оваа понуда е поволна, особено за оние компании кои имаат соработници во земјите од регионот. „Се надеваме дека со ваквата одлука, во иднина ќе бидат опфатени и другите земји со кои домашните компании имаат свои бизнис партнери. Досегашните услуги беа прилично скапи, не само услугите на роаминг кои се однесуваат на телефонските разговори, туку и оние кои се однесуваат на интернетот. Сега со ова драстично намалување, цените ќе бидат пристапни“, изјави г-ѓа Данела Арсовска, претседател на Сојуз на стопански комори на Македонија. Број 479, мај 2015


БИЗНИС ИНФОРМАТОР

12

ИЗЈАВИ И ИНТЕРВЈУА

ПОТРЕБНО Е РАЗРЕШУВАЊЕ НА МОМЕНТАЛНАТА СОСТОЈБА ШТО ПОСКОРО Евентуалното продлабочување на политичката криза, е сериозен удар врз стопанството. 70 проценти од трговијата е со земјите од регионот и ваквата состојба во земјава ако се задржи на долг рок, може да предизвика намалување на обемот на работа на домашните компании. „Состојбата е деликатна и во овој момент најважно е истата да се разреши што е можно побрзо и со најмали економски последици, се останато ќе се разгледува на долг рок, бидејќи за два дена не може ништо да се каже“, изјави г. Митко Алексов, извршен директор на Сојуз на стопански комори на Македонија.

БИЗНИС СЕКТОРОТ ГИ ЧУВСТВУВА НЕГАТИВНИТЕ ЕФЕКТИ ОД ПОСЛЕДНИТЕ СЛУЧУВАЊА Политичката криза што премина во безбедносна криза ги стави под ризик проекциите за економски раст. „Бизнис секторот почна да ги чувствува сите овие негативни ефекти кои што се случуваат. Нестабилноста директно влијае врз бизнис секторот, има индикации за откажување на нарачките како од странство, така и домашните инвеститори веќе ги преиспитуваат своите бизнис планови и бизнис одлуки за наредниот период. Пролонгирање на неизвесноста особено во политички аспект, за бизнис секторот значи неизвесност на целата економија и тоа за нас не е добро. Се надеваме дека ќе се разреши што е можно побезболно и што е можно за пократок период“, изјави за телевизија 24 вести, г-ѓа Данела Арсовска, претседател на Сојуз на стопански комори на Македонија.

МАКЕДОНСКИОТ БИЗНИС ВО ГРЧ.. НО ОПТИМИЗМОТ НЕ ГО НАПУШТА Митко Алексов, извршен директор на Сојуз на стопански комори на Македонија посочува дека има оптимизам, бидејќи ССК се надева на брзо разрешување на политичката криза, за да се спречат поголеми негативни влијанија врз стопанството и економијата воопшто. „Проекциите кои ги имавме за економски раст во наредниот период, очекуваме дека ќе се остварат, но ќе треба да се земат со резерва поради новонастанатата ситуација. Бизнис секторот почна да ги чувствува сите овие негативни ефекти кои што се случуваат. Нестабилноста, директно влијае врз бизнисот, посебно кај компаниите кои планирале инвестиции и развој можно е да дојде до преиспитување на претходно донесените одлуки“ ­вели Алексов и посочува дека евидентно е намалување во делот на личната потрошувачка, но постојат индикации во одредени сектори за откажување на нарачките и преиспитување на обемот за следниот период. Број 479, мај 2015


БИЗНИС ИНФОРМАТОР

13

ИЗЈАВИ И ИНТЕРВЈУА

ССК: ПРОЕКЦИИТЕ НА ЕУ ЗА ЕКОНОМСКИ РАСТ ОД 3.8% ВО МАКЕДОНИЈА СЕ РЕАЛНО ОСТВАРЛИЦИ Стопанството има сили за нови вложувања и зголемување на извозот за да оствари висок економски раст годинава. Претседателот на Сојузот на стопански комори, г-ѓа Данела Арсовска, изјави дека Македонија може да постигне стапка на раст од 3.8%, која според проекциите на Европската комисија, ќе биде највисока во Европа. Бизнисмените очекуваат стабилна домашна побарувачка, но и повеќе нарачки од странство. Заздравувањето на европските економии може да значи шанса за поголем пласман на производи и услуги кај традиционалните трговски партнери. Олеснителен фактор за побрз и посигурен транспорт ќе биде и реализацијата на клучните инфраструктурни проекти долж Коридорите 8 и 10. Тоа, според бизнисмените треба значително да влијае на зголемување на трговската размена. „Како за увозно – извозно ориентираните компании, така и за компаниите во Република Македонија, доколку немаме добра инфраструктура, тоа ни ги ограничува можностите за подобро работење. Инвестициите во инфраструктурата во Република Македонија, дадоа иницијална каписла за развој на економијата, а тоа го чувствуваме во изминатите две години наназад“, изјави за Алфа ТВ, г-ѓа Арсовска, претседател на Сојуз на стопански комори на Македонија.

ПРОГНОЗИТЕ ЗА РАСТ РЕАЛНИ, НО ДА СЕ ЗЕМАТ СО РЕЗЕРВА Европската економска прогноза е добар сигнал за домашната економија, прогнозите за растот на економијата се реални, но последните настани се закана за стопанството. Проекциите што ги даде Европската комисија се истите со кои на почетокот на годинава излезе и Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК). Според претседателот на ССК, г-ѓа Данела Арсовска, создавањето нови работни места во секторот производство и засилените активни мерки на пазарот на трудот ќе донесат до значајно забрзување на растот на БДП. „Сите овие проекции кои ги имавме, сега во наредниот период ќе треба да се земат со резерва поради новонастанатата ситуација и се надеваме дека ќе бидат остварливи во периодот кој следи“, изјави г-ѓа Данела Арсовска, претседател на ССК.

Број 479, мај 2015


14

Број 479, мај 2015


БИЗНИС ИНФОРМАТОР

15

КОНФЕРЕНЦИИ, САЕМИ, ОБУКИ, БИЗНИС ФОРУМИ

ПОКАНА ЗА СЕДНИЦА НА УО НА СОЈУЗ НА СТОПАНСКИ КОМОРИ НА МАКЕДОНИЈА Претседателот на Сојуз на стопански комори на Македонија, г-ѓа Данела Арсовска, свикува седница на Управниот одбор на Сојуз на стопански комори на Македонија. Седницата ќе се одржи на 26.05.2015 година (вторник) со почеток во 14:00 часот во просториите на ССК (Бул. М.Т. Гологанов, бр.1, влез 1). Вашето присуство можете да го пријавите најдоцна до 22.05.2015 година (петок) на тел: 02 30 91 440 или на е-маил: info@sojuzkomori.org.mk. За дополнителни информации, можете да не контактирате на тел: 02 30 91 440 или на емаил: info@sojuzkomori.org.mk, контакт лице: Маја Савеска.

ПОКАНА ЗА ТРАДИЦИОНАЛЕН НАСТАН „ДЕН НА ПЧЕНИЦАТА“ Ни претставува чест и задоволство и годинава да бидете дел од традиционалниот настан „Ден на пченицата“ во организација на „Агроунија“, под покровителство на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, општината Илинден, како и со поддршка на Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК). Датум: 27 мај 2015 година (среда) Место: Агроунија, ул. 500 бр. 2а - Општина Илинден Почеток: 11:00 часот Обиколка и презентација на опитно поле: 12:00 часот Заеднички ручек: 13:00 часот во хотел „Белви“ На настанот свое поздравно обраќање ќе има г. Огнен Оровчанец, претседател на Агро-бизнис комората при ССК и генерален менаџер на „Агроунија“, г-ѓа Данела Арсовска, претседател на Сојуз на стопански комори на Македонија, најавено е присуство и обраќање на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, г. Михаил Цветков, градоначалникот на општина Илинден, г. Жика Стојановски, како и деканите на Факултетот за земјоделски науки и храна УКИМ – Скопје и Земјоделскиот факултет УГД-Штип. По официјалното обраќање на кое ќе се дискутира и за тоа како да се зголеми приносот и квалитетот на пченицата и да се намалат трошоците за производство, ќе биде извршена обиколка на опитните полиња и презентација на македонски сорти пченици, семепроизводство на линии од сортите Македонска Родна, Балканија, Олга, Подобрена Оровчанка, Осатка, Агроунија Прима, семепроизводство на Тритикале како и обиколка на макро, микро и компаративни опити на македонските сорти со најдобрите Балкански и Европски сорти. Број 479, мај 2015


БИЗНИС ИНФОРМАТОР

16

КОНФЕРЕНЦИИ, САЕМИ, ОБУКИ, БИЗНИС ФОРУМИ

МОЖНОСТ ЗА ВАШЕ УЧЕСТВО НА МЕЃУНАРОДНИ САЕМИ ВО ЈАПОНИЈА, ФРАНЦИЈА, ИТАЛИЈА И АНГЛИЈА Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија Ве известува дека во периодот од јуни до декември 2015 година ќе учествува на следните интернационални саемски манифестации:

1

JAFA

Јапонија

Токио

24-27 Септември

2

IFTM – TOP RESA

Франција

Париз

29 Сеп – 2 Окт

3

TTG

Италија

Римини

8-10 Октомври

4

WTM

Англија

Лондон

2-5 Ноември

Според Упатството на АППТ на РМ за начинот и постапката за учество на интернационални саемски манифестации за туризам, право за учество имаат сите правни лица, здруженија, организации, државни институции, образовни институции кои работат во областа на туризмот и тоа на следниот начин: 1. Пакетот за закуп на едно работно место(пулт), една маса за преговори со две столчиња со еден или двајца претставници предвидува:      

Монтажа и демонтажа на опрема на штандот Осветлување и одржување на хигиена на штандот Обезбедување на една или две влезници на саемот за сите денови Транспорт на промотивен материјал до 30 килограми Вклучување во официјалниот каталог, користење на остава и гардероба Натпис и лого на Учесникот на работното место(пултот)

1. Пакетот за учество само со промотивен материјал до 30 килограми е бесплатно и предвидува:  Дистрибуција на промотивен материјал  Изложување на промотивниот материјал на заеднички сталак  Делење на промотивниот материјал од страна на претставниците на АППТ  Користење на маса за преговори по претходно пријавен термин кај менаџерот на саемот, не подолго од 20 минути од состанокот  Износот на котизацијата за учество на саемските манифестации според Точка1 со закуп на пулт во Јапонија, Франција и Англија е во висина од 30.000,00 денари без ДДВ.  Износот на котизацијата за учество на меѓународната саемска манифестација според Точка1 во Италија (Римини) е во висина од 6.000,00 денари без ДДВ. За дополнителни информации и за пријавување на Вашето учество за присуство на саемските манифестациите можете да ме контактирате на:sgeorgieva@sojuzkomori.org.mkили на телефонскиот број: 02/3091-440. Контакт лице: Сања Георгиева.

Број 479, мај 2015


БИЗНИС ИНФОРМАТОР

17

КОНФЕРЕНЦИИ, САЕМИ, ОБУКИ, БИЗНИС ФОРУМИ

МОЖНОСТ ЗА ВАША ПРОМОЦИЈА НА САЕМИ ВО БУКУРЕШТ, РОМАНИЈА Во насока на Ваша промоција и пласман на Вашите производи и услуги Сојуз на Стопански комори на Македонија соработува со Амбасадата на РМ во Романија и Ви нуди можност за Ваше претставување на меѓународни саеми. Во текот на 2015 година во Букурешт ќе бидат организирани следниве меѓународни саеми:                 

Dentistry and dental technologies international exhibition, 14.05.2015 - 16.05.2015 International trade fair for consumer goods, 28.05.2015 - 31.05.2015 Auto parts and accessories international fair, 28.05.2015 - 3105.2015Cars, Trucks and Utility Vehicles Trade Show, 28.05.2015 - 3105.2015 Alternative medicine and complementary therapies, 28.05.2015 - 31:05.2015 International trade fair for furniture, equipment and accessories, 19.09.2015-23.09.2015 International exhibition for beauty equipment, products, body care and hairdressing, 01.10.2015 04.10.2015 International exhibition of textiles, ready-made clothes, leather goods, furs, footwear and leatherwear, accessories, 01.10.2015 - 04.10.2015 Bucharest International Technical fair, 14.10.2015-17.10.2015 International trade fair for renewable energy, conventional energy, equipment and technologies for the oil and natural gas industry,14.10.2015 – 17.10.2015 Invention and innovation show, 14.10.2015 - 17.10.2015 nternational trade fair of equipment and products in agriculture, horticulture, viticulture and animal husbandry, 28.10.2015 - 01.11.2015 International trade fair for the food industry, 28.10.2015 - 01.11.2015 International exhibition for packaging, packaging materials, machines and specific equipment, 28.10.2015 - 01.11.2015 Wines, alcoholic and non-alcoholic beverages trade show, 28.10.2015 -01.11.2015 Romanian Tourism Fair,12.11.2015-15.11.2015 International exhibition for equipment, furniture and supplies for hotels and restaurants, 12.11.2015 15.11.2015 Dentistry and dental technologies international exhibition, 19.11.2015 - 21.11.2015

За дополнителни информации можете да не контактирате на: info@sojuzkomori.org.mk или на тел: 02/3091-440. Број 479, мај 2015


БИЗНИС ИНФОРМАТОР

18

КОНФЕРЕНЦИИ, САЕМИ, ОБУКИ, БИЗНИС ФОРУМИ

ИНТЕРНАЦИОНАЛНА САЕМСКА МАНИФЕСТАЦИЈА „RDA“ Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија ве известува дека од 21 до 23 јули, 2015 година ќе учествува на Интернационална саемска манифестација за туризам „RDA“, во Келн, Германија. Според упатството на АППТ на РМ за начинот и постапката за учество на интернационални саемски манифестации за туризам, право на учество имаат сите правни лица, здруженија, организации, државни институции, образовни институции кои работат во областа на туризмот и тоа на следниот начин: 1. За закуп на едно работно место (пулт), една маса за преговори со две столчиња со еден или двајца претставници Овој пакет предвидува:  Монтажа на демонтажа на опрема на штандот  Осветлување и одржување на хигиена на штандот  Обезбедување на една или две влезници на саемот за сите денови  Транспорт на промотивен материјал до 30 килограми  Вклучување во официјалниот каталог, користење на остава и гардероба  Натпис и лого на Коучесникот на работното место (пултот) Износот на котизацијата за учество на „RDA“е во висина од 6.000,00 денари без ДДВ. 2. Учество само со промотивен материјал до 30 килограми е бесплатно. Овој пакет предвидува: - Дистрибуција на промотивен материјал - Изложување на промотивниот материјал на заеднички сталак - Делење на промотивниот материјал од страна на претставници на АППТ - Користење на маса за преговори по предходно пријавен термин кај менаџерот на саемот, не подолго од 20 минути од состанок Рок за пријавување: Рокот за пријавување на горенаведените саемски манифестации е 12ти февруари 2015 година. Напомена 1: Учеството на саемските манифестации под Точка 1 треба да го утврдите во писмена форма со пополнување на Формуларот кој ви е доставен во прилог на истиот е маил. Бројот на пултовите е ограничен, затоа ќе се оди по принципот кој прв се пријавил. Напомена 2: За учество на саемските манифестации под Точка 2, ве информираме дека материјалот треба да го доставите во просториите на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на РМ на ул. Дебарца бр. 2, 1000 Скопје, не покасно од 20 дена пред почетокот на манифестациите. За дополнителни информации: Е-маил: nikola.gjoshev@tourismmacedonia.gov.mk

Број 479, мај 2015


БИЗНИС ИНФОРМАТОР

19

КОМПАНИИ ЧЛЕНОВИ НА ССК ЈУНИ 2015 БИЗНИС КОНФЕРЕНЦИИ 1ви 3та Меѓународна конференција за земјоделство и храна, Елените, Бугарија 3ти Меѓународна Конференција за бизнис и економски анализи, Бандар Сери Бегаван, Брунеи Дарусалам 2ра Меѓународна конференција за наука, технологија, инженерство и менаџмент, Дубаи, Обединети 3ти Арапски Емирати 4та Меѓународна конференција за психолошки науки и психолошко однесување, Бандар Сери Бегаван, 3ти Брунеи Дарусалам 4ти Меѓународна конференција за глобален бизнис, економија и социјални науки, Дурбан, Јужна Африка 4ти (SIBR) Конференција за интердисциплинарна бизнис и економија за истражување, Бангкок, Тајланд 1ва Меѓународна конференција за медицинска етика, здравствена системи и глобални бизнис прашања, 6ти Мајами, Соединетите Американски Држави Меѓународна конференција за напредок во бизнис менаџментот и информатичката технологија, 7ми Истанбул, Турција 7ми Меѓународна академска конференција за Бизнис, Истанбул, Турција 7ми Финансиска стратегија и сметководствени вештини, Дубаи, Обединети Арапски Емирати 7ми Меѓународна бизнис конференција, Лондон, Велика Британија 8ми 2ра Меѓународна конференција за образование и општествени науки, Истанбул, Турција Европска академска конференција за одржлив бизнис, туризам и угостителство, (Харвард кампус 8ми Бостон), Соединети Американски Држави Меѓународна академска конференција за бизнис и економија и менаџмент на Универзитетот Харвард во 8ми Бостон, Соединети Американски Држави 8ми Стратешко и бизнис планирање, Лондон, Велика Британија 8ми Меѓународна конференција за одржливост во туризмот, Њујорк, Соединети Американски Држави 9ти 2ра Меѓународна конференција за иновации во бизнисот и менаџментот, Куала Лумпур, Малезија Меѓународна конференција за одржлив развој во бизнис туризмот и науките, Бостон, Соединетите 11ти Американски Држави 11ти 14та Европска конференција за Методологија за истражување на бизнис и менаџмент, Валета, Малта Меѓународна конференција за иновации во општествените наука, бизнисот и образованието, Њујорк, 12ти Соединети Американски Држави 14ти Бизнис финансиски и сметководствени вештини, Дубаи, Обединетите Арапски Емирати 15ти Креативна Работилница, Барселона, Јуни, 15 - 21 15ти 3та Меѓународна конференција за трговија, бизнис, економија и право, Единбург, Велика Британија 16ти Меѓународна конференција за академска дисциплина, Фиренца, Италија 17ти Животна средина и животински производи, Нотингам, Обединето Кралство 18ти Конференција за истражување, совршеност во бизнис и економија, Рим, Италија 18ти 15та Европска конференција за е-власт, Портсмут, Велика Британија 18ти Нови трендови за одржлив бизнис и одржлива потрошувачка, Букурешт, Романија 19ти 5ти Меѓународен симпозиум за управување со инженеринг и конкурентност, Зрењанин, Србија 21ви 17та Меѓународна академска конференција, Виена, Австрија 21ви Конференција за бизнис и менаџмент, Виенам Австрија 23ти Меѓународна конференција за академска дисциплина, Барселона, Шпанија 24ти Меѓународна конференција за економија и менаџмент, Јуни, 24 - 25 јуни, Катманду, Непал Број 479, мај 2015


БИЗНИС ИНФОРМАТОР

20

КОМПАНИИ ЧЛЕНОВИ НА ССК

КОМПАНИЈАТА „ТРАНСМЕТ“ ЗАЕДНО СО ЦРВЕНИОТ КРСТ ВО ХУМАНА МИСИЈА Промовиран е новиот проект „Училишни клубови за едукација и превенција“ кој ќе го имплементира Црвен крст на Град Скопје со финансиска поддршка на донаторот Друштво за градежништво, транспорт и трговија ТРАНСМЕТ ДОО Скопје. Целта на проектните активности е зајакнување на капацитетите на младите во 19 основни и средни училишта на територија на град Скопје и пружање помош во заедницата. Работата на клубовите во голема мерка ја олеснува вон наставната и неформална едукација на младите на теми од областа на здравствено превентивните и социјално хуманитарните активности, а се иницираат и нови иновативни форми за младинско ангажирање. Со повторното активирање на овие клубови ќе се реализираат едукативни и здравствено превентивни активности, обуки, едукации, јавни настани, се иницира младинско ангажирање, соработка со други НВО и локалната самоуправа и ќе се допре до голем број граѓани. Генералниот директор на Трансмет Сеат Кочан, истакна дека компанијата и вработените во неа несебично се вклучуваат во сите проекти и кампањи на Црвен крст, хуманитарните организации, граѓанските здруженија кои имаат за цел да им помогнат на оние на кои им е потребно. „Чест ми е што компанијата Трансмет ја доби приликата да се вклучи во дел од активностите на Црвениот Крст. Денешниот настан е дел од низата активности што ги спроведува Трансмет во делот на општествената одговорност. Особено ми е чест што Трансмет како компанија директно ќе добие можност да влијае и да ги поттикне младите да се мобилизираат и активираат во проекти кои опфаќаат едукативни активности, обуки, ангажман, соработка, како и имплементација на нивни идеи во секојдневието. Преку овој проект што ќе почнеме да го имплементираме се надеваме дека ќе ги поттикнеме младите со својата креативност активно да се вклучат во хуманитарни акции и со тоа да ја покажат општествената одговорност како млади личности“, истакна Кочан. Генералниот секретар на Црвениот крст на РМ Саид Саити ја најави и ја честиташе неделата на Црвениот крст од 8 до 15 мај. „Оваа година мотото на одбележување на Светскиот ден е „Нашите принципи во акција“. Со цел да ја упатиме силната порака на тие 7 принципи кои се водилка во нашето работење и кои на некој начин успеваат да покренат ангажман и интерес кај многу наши граѓани, волонтери да посветат дел од слободното време во работењето на Црвениот крст на Македонија“, потенцираше Саити. Генералниот секретар на Црвен крст на Град Скопје Сузана Тунева Пауновска информираше дека Црвениот крст на Република Македонија може да се пофали со голем број на волонтери, околу 7.000, а на ниво на свет има 17 милиони волонтери, бројка која е за почит. 8 Мај е токму денот кога се чествуваат сите тие нивни активности на терен. Број 479, мај 2015


БИЗНИС ИНФОРМАТОР

21

КОМПАНИИ ЧЛЕНОВИ НА ССК

МАНИФЕСТАЦИЈА НА SCHMITZ CARGOBULL МАКЕДОНИЈА— ПРЕТСТАВУВАЊЕ НА АКТУЕЛНИ ТРАНСПОРТНИ РЕШЕНИЈА Не пропуштајте! Запознајте се од прва рака со најновите технички достигнувања! SCHMITZ CARGOBULL Македонија Ве поканува на манифестација која ќе се одржи на 27 мај, 2015 година, со почеток во 16:00 часот. Манифестацијата ќе се одржи во дворот на SCHMITZ CARGOBULL Македонија, каде што ќе се претстават актуелните транспортни решенија. Разговарајте со колегите од светот на транспортот како и со соработниците за најновите транспортни решенија, сервисни услуги како и за актуелните понуди за финансирање. SCHMITZ CARGOBULL Македонија со нетрпение и задоволство очекува богата размена на знаења и искуства и секако забавно попладне. Вашето присуство можете да го пријавите на: info@cargobull.com.mk и задолжително носете ја Вашата покана.

Број 479, мај 2015


22

Сојуз на стопански комори на Македонија Мет.Теодосиј Гологанов бр.1, 1000 Скопје Т: 389 (02) 3091 440 Ф: 389 (02) 3090 595 Е: info@sojuzkomori.org.mk www.chamber.mk

Податоците се изготвуваат врз основа на постојното законодавство во времето на © Сојуз на стопански комори на Македонија 2015 Сите права се задржани. Оваа публикација е изготвена од Сојуз на стопански комори на Македонија, кој е ексклузивен носител на сите права, како што е утврдено и со Законот за индустриска сопственост и Законот за авторски и сродни права. Без претходна писмена дозвола на Сојуз на стопански комори е забрането да се репродуцира, дистрибуира, става на располагање на јавноста (интернет) и други форми на комуникација со јавноста, преработува, или било која друга употреба на авторско дело или делови од него во некој размер или процедури, вклучувајќи фотокопирање, печатење или електронска форма. Логото на Сојуз на стопански комори на Македонија, е регистрирана трговска марка Скопје, јануари 2015

Број 479, мај 2015

Profile for Macedonian Chambers of Commerce

Biznis informator br. 479  

9. Светски коморски конгрес - Торино, Италија

Biznis informator br. 479  

9. Светски коморски конгрес - Торино, Италија

Advertisement