Page 1

1 Број 478, мај 2015

Број 478, мај 2015


2

ВАШИОТ БИЗНИС НАШ ПРИОРИТЕТ!

Барате начин да го зголемите својот профит,

да обезбедите нови клиенти или партнери,

да го промовирате својот бизнис,

да ги унапредите своите знаења и вештини,

да ја зголемите својата информираност,

секогаш да бидете во тек со најновите случувања во бизнисот

и со најновите измени во законските регулативи?

Комората преку вмрежување и добро смислен маркетинг план за Ваша промоција, со лобирање и застапување на Вашите интереси, со обуки и семинари, Ви нуди можности да го креирате својот успех. Илјадници компании од секторите градежништво, туризам, земјоделство, информациски технологии, трговија и услуги, сметководство и индустриско производство учествуваат во успешното делување на Сојуз на стопански комори на Македонија.

Бидете и Вие дел од Вoдечката Македонска Деловна Мрежа

Мит.Теодосиј Гологанов бр.1, 1000 Скопје Т: 389 (02) 3091 440 Ф: 389 (02) 3090 595 Е: info@chamber.mk www.chamber.mk

Број 478, СОЈУЗ НА СТОПАНСКИ КОМОРИ НА МАКЕДОНИЈА 2015 мај 2015


БИЗНИС ИНФОРМАТОР

3

ВО ОВОЈ БРОЈ НА БИЗНИС ИНФОРМАТОР Страна 4

ПАРТНЕРСТВО НА МАНУ И ССК—МОДЕЛ ЗА СТАБИЛНА ЕКОНОМСКА ИДНИНА

Содржина Новости

4

Изјави и интервјуа

19

Конференции, форуми, обуки

29

Претседателот на Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК), г-ѓа Данела Арсовска и претседателот на Македонската а каде ми ја на науки те и уметностите (МАНУ), академик Владо Камбовски, потпишаа Меморандум за соработка. Партнерството помеѓу академската заедница и приватниот сектор, во услови на зголемување на економскиот притисок од глобалната конкуренција е од круцијално значење за справување со современите предизвици во насока на унапредување на истражувањето, иновациите и технолошкиот развој. Страна 5

Саемски водич

33

МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА МЕЃУ ССК И АСОЦИЈАЦИЈА НА БИЗНИСМЕНИ ОД ТУРЦИЈА— ИЗСИАД Меморандумот го потпишаа Ми т к о А л е к со в , и з в р ш е н директор на ССК и Хасан Кучуккурт, претседател на ИЗСИАД. Делегацијата на Турција ја сочинуваа 50 бизнисмени од повеќе сектори меѓународен транспорт, Градежништво, Инженеринг, Туризам, Агро – бизнис, Услуги, ИКТ, Угостителство, кои остварија Б2Б средби со компании членови на ССК. Страна 9

ССК НА ПРВА РЕГИОНАЛНА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ВИНСКИ ТУРИЗАМ Претседателот на Туристичко – угостителската комора при Сојуз на стопански комори на Македонија, г. Аркан Керим, присуствуваше Првата регионална конференција за вински туризам - Македонија 2015, организирана од Министерството за економија и Фондацијата Тиквешки вински пат. Конференција ја отвори Министерот за економија, Беким Незири. Број 478, мај 2015


БИЗНИС ИНФОРМАТОР

4

НОВОСТИ

ПАРТНЕРСТВО НА МАНУ И ССК—МОДЕЛ ЗА СТАБИЛНА ЕКОНОМСКА ИДНИНА Претседателот на Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК), г-ѓа Данела Арсовска и претседателот на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), академик Владо Камбовски, потпишаа Меморандум за соработка. Партнерството помеѓу академската заедница и приватниот сектор, во услови на зголемување на економскиот притисок од глобалната конкуренција е од круцијално значење за справување со современите предизвици во насока на унапредување на истражувањето, иновациите и технолошкиот развој. За Сојузот на стопански комори на Македонија, ова е многу значаен ден бидејќи, соработката на науката и бизнис заедницата е модел за стабилна економска иднина. ССК и МАНУ ќе работат во насока на развој на значајни сектори за економски напредок, енергетика, инженерство, градежништво, преку искористување на квалитетот и потенцијалите од двете страни. Нема напредна држава без развиена наука која се имплементира во реалниот сектор. Знаењето, денес, е конкурентска предност за постигнување долгорочна цел и затоа бизнисот мора да се набљудува од друга перспектива, од перспективата на знаењето. Долгогодишното искуството кое го имаат врвните академици на МАНУ, во корелација со претприемничката иницијатива на бизнис заедницата ќе биде клучот за решавање на многу предизвици со кои секојдневно се соочуваме. Со официјалното потпишување на меморандумот, академијата и бизнис заедницата, заеднички на цврсти темели ќе работат во насока на поттикнување и предлагање на квалитетни иницијативи и решенија до државните институции, кои треба да придонесат за севкупен економски напредок на нашата земја. На настанот присуствуваа претседателите на гранските комори при ССК, од сите сектори градежништво, туризам, агро, ИКТ, трговија, услуги, индустрија како и академиците од повеќе одделенија во склоп на МАНУ.

Број 478, мај 2015


БИЗНИС ИНФОРМАТОР

5

НОВОСТИ

МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА МЕЃУ ССК И АСОЦИЈАЦИЈА НА БИЗНИСМЕНИ ОД ТУРЦИЈА—ИЗСИАД

Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК), потпиша меморандум за соработка со Асоцијацијата на бизнисмени индустријалци – ИЗСИАД, Измир Турција. Меморандумот го потпишаа Митко Алексов, извршен директор на ССК и Хасан Кучуккурт, претседател на ИЗСИАД. Делегацијата на Турција ја сочинуваа 50 бизнисмени од повеќе сектори меѓународен транспорт, Градежништво, Инженеринг, Туризам, Агро – бизнис, Услуги, ИКТ, Угостителство, кои остварија Б2Б средби со компании членови на ССК. „Сојузот на стопански комори на Македонија, одржувасолиднирелации со стопански комори на Република Турција. Заедно со Агенцијата за странски инвестиции на Република Македонија учествувавме на 83 -от Интернационален Саем во Измир, Турција и остваривме средби, потпишавме меморандуими за соработка и со коморите на ТУСКОН, ТУМСИАД, ТУГИАД.Минатата недела имавме средба и со Стопанската комора на Буланџак, Турција“, изјави Алексов и додаде дека нашите заложби се да влијаеме на зголемување на трговската размена со Турција. Трговската размена меѓу Македонија и Турција лани изнесувала 441 милиони американски долари што претставува раст од 14,35 отсто во споредба со 2013 година. Од 2007 година трговската размена меѓу двете земји постојано има нагорен тренд, а Турција е и една од земјите со најголем број инвестиции во Македонија.

Број 478, мај 2015


БИЗНИС ИНФОРМАТОР

6

НОВОСТИ

СО СВЕТСКИОТ ТРЕНД ЗА ЗЕЛЕНА ГРАДБА ДО 30% ЗАШТЕДА НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА И ВОДА Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК), Македонскиот совет за зелена градба и Бизнис Центарот на Скопски Плански Регион, организираа настан на тема: „Енергетска ефикасност во градежништвото - Зелена градба“. На настанот компаниите членови на ССК, пред се од градежниот сектор во соработка со општините од Скопски Плански регион и надлежните институции дискутираа на теми за заеднички да придонесат во промоција и поголема примена на енергетска ефикасност - зелената градба во градежништвото. Извршниот директор на ССК, Митко Алексов, изјави дека зелената градба e светски тренд преку кој се зголемува свеста кај компаниите и граѓаните, во праксата од европските држави излегоа резултати од кои трошоците за живот се значително намалени, а во исто време се намалува влијанието врз животната средина, предизвик со кој и Македонија се соочува во последните години. „Трошоците при зелена градба се само од 1 до 5 % повисоки и корисникот на станбениот или деловниот простор преку заштедите кои ќе ги оствари, ги враќа овие средства во првата година, бидејќи заштедата на електрична енергија е околу 30%, додека на вода околу 40% на годишно ниво“, изјави Алексов. Македонскиот совет за зелена градба, од формирањето во декември минатата година активно работи на исполнување одредени стандарди и процедури за пристапување во најголемата светска мрежа на организации во која членуваат над сто национални совети за зелена градба од целиот свет. Со членството во Светскиот совет за зелена градба (World Green Building Council), Македонскиот совет за зелена градба дополнително ја зацврстува лидерската позиција во создавањето на нови трендови во градежништвото, како и подигање на јавната свест на национално ниво за промовирање на праксата и технологијата на зелена градба. „Преку контактите со тамошните светските лидери на ова поле, се отвора можност за споделување и размена на идеи и ресурси со регионалните и светските мрежи за зелена градба. Така ќе имаме уникатна можност во пренесување на најсовремени искуства во нашата земја, во одржување на стручни обуки, семинари, се со цел да се рашири зеленото делување, кое е светски тренд. Исто така, ќе имаме можност и за учество и делување во проекти на глобално ниво“, изјави Сеад Кочан, претседател на Македонскиот совет за зелена градба и додаде дека целта на Светскиот совет за зелена градба е да создаде глобална заедница на лидери во зелена градба, управувани на национално ниво, кои преку заедничко делување ќе имаат поголем кредибилитет, подобар пристап до ресурси, а со тоа и поголемо влијание во трансформација на градежниот сектор кон поголема оддржливост. На настанот се обрати и директорот на Центарот за развој на Скопскиот Плански Регион, Анета Лозаноска Раввлинсон, заменик министерот за животна средина и просторно планирање, Стево Темелковски, државниот секретар во министерство за локална самоуправа, Билјана Цветановска Гугоска, како и експерти од областа на заштита на животната средина. Концептот на зелена градба е од огромно значење не само за градежниот сектор туку и за секој граѓанин на Република Македонија, бидејќи значително го подобрува квалитетот на живот, влијае врз подобрување на сигурноста и здравјето на човекот како и на животната средина. Број 478, мај 2015


БИЗНИС ИНФОРМАТОР

7

НОВОСТИ

ССК ОСТВАРИ СРЕДБА СО КОМОРАТА ЗА ТРГОВИЈА И ИНДУСТРИЈА ОД ПОТСДАМ, ГЕРМАНИЈА Извршниот директор на Сојуз на стопански комори на Македонија (ССК), Митко Алексов, оствари средба со Jens Ullmann, директор за меѓународна соработка на Комората за трговија и индустрија од Потсдам, Германија. Во оваа комoра членуваат околу 70.000 илјади компании и беше разговарано за можностите за соработка во делот на индустрија, градежништво , туризам, транспорт, како и трговија и услуги. Оваа средба се одржа во рамки на проектот BFC SEE , проект кој Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК), го спроведува заедно со Заедницата на единиците на локалната самоуправа на Република Македонија (ЗЕЛС). Во рамки на посетата беа организирани и средби со Германската Агенција за трговија и инвестиции, технолошки парк Adleshov - Берлин, Градоначалникот на Oranienburg, како и централата на GIZ. Исто така, делегацијата беше примена и во сенатот на град Берлин, од страна на заменик градоначалникот Dileg Kolat.

ТУРИСТИЧКО-УГОСТИТЕЛСКАТА КОМОРА ПРИ ССК НА САЕМ ЗА ТУРИЗАМ Туристичко – угостителската комора (ТУК) при Сојуз на стопански комори на Македонија (ССК), се претставува со свој штанд на Саемот за туризам „Скопје травел маркет“ кој се одржува од денес до 09 овој месец. Претседателот на ТУК, Аркан Керим, присуствуваше и на конференцијата во рамки на Саемот, која ја отвори министерот за економија, Беким Незири. Раст на македонскиот туризмот од 10 проценти за годинава најавуваат надлежните институции. Очекувањата ги темелат на интензивна промоција на понудата, развивање на кластерското здружување, соработка со туристичките центри од регионот. На саемот се претставуваат: туристички агенции, хотели, ресторани, кампови, компании за патнички превоз, потенцијални инвеститори во туристичката индустрија, авиокомпании, занаетчиски комори, како и винарски визби. На „Скопје травел маркет“ учествуваат и голем број компании од овој сектор кои се дел од ТУК при ССК.

Број 478, мај 2015


БИЗНИС ИНФОРМАТОР

8

НОВОСТИ

ЕДНАКВОСТ ПОМЕЃУ МАЖИТЕ И ЖЕНИТЕ, ПЕРСПЕКТИВИ И ПРЕДИЗВИЦИ „Eднаквост помеѓу мажите и жените, перспективи и предизвици“ е темата на третата дебата од циклусот ЕУ Разговори што денеска во организација на Секретаријатот за европски прашања (СЕП) се одржи во Скопје. На дебатата свое обраќање имаше г-ѓа Данела Арсовска, претседател на Сојуз на стопански комори на Македонија (ССК). На дебатата свое обраќање имаа и г-ѓа Лилјана Поповска, пратеник во Собрание на Република Македонија, г-ѓа Лоренс Оер, амбасадот на Франција во Р. Македонија, како и истакнати жени од повеќе сектори претставници на собраниската Комисијата за еднакви можности, универзитетски професори, стручни претставници на Министерството за труд и социјална политика, Министерството за одбрана, претставници на ЗЕЛС, претставници на граѓанскиот сектор како и претставници од Секретаријатот за европски прашања.

КОМПАНИИТЕ ОД МАКЕДОНИЈА И ТУРЦИЈА ЗАЕДНИЧКИ ЌЕ ОСВОЈУВААТ ТРЕТИ ПАЗАРИ Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) продолжува да ја зајакнува соработката со компаниите и бизнис организациите од Република Турција. Делегација од 20 бизнисмени од Стопанската комора на Буланџак, Турција, оствари средба со стопанственици од Сојузот на стопански комори на Македонија. Транспорт, градежништво, инженеринг, туризам, Агро – бизнис, Услуги, ИКТ, се секторите кои имаат потенцијал за јакнење на соработката. „Нашите заложби се да влијаеме на зголемување на трговската размена со Турција. Веруваме дека бизнис средбите ќе резултираат со извоз на македонските компании на турскиот пазар, но исто така отпочнати се преговори за заеднички вложувања и инвестиции од турски компании во Македонија и тоа во туризам, агро секторот, прехрамбената индустрија како и текстилната индустрија. Исто така ги разгледуваме и потенцијалите преку заедничка соработка да настапуваме на пазрот на Европската Унија и Блискиот Исток“, изјави г. Аркан Керим, претседател на Туристичко – угостителската комора при ССК. Сојузот на стопански комори на Македонија, одржува деловни релации со повеќе носечки стопански комори од Република Турција. Трговската размена меѓу Македонија и Турција лани изнесувала 441 милиони американски долари што претставува раст од 14,35 отсто во споредба со 2013 година. Од 2007 година трговската размена меѓу двете земји постојано има нагорен тренд, а Турција е и една од земјите со најголем број инвестиции во Македонија.

Број 478, мај 2015


БИЗНИС ИНФОРМАТОР

9

НОВОСТИ

ССК НА ПРВА РЕГИОНАЛНА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ВИНСКИ ТУРИЗАМ Претседателот на Туристичко – угостителската комора при Сојуз на стопански комори на Македонија, г. Аркан Керим, присуствуваше Првата регионална конференција за вински туризам - Македонија 2015, организирана од Министерството за економија и Фондацијата Тиквешки вински пат. Конференција ја отвори Министерот за економија, Беким Незири. Потребно е партнерство меѓу туристичкиот и винарскиот сектор, преку заедничка соработка, која ќе придонесе кон создавање конкурентни туристички производи. Винскиот туризам е нов предизвик и шанса за сите земји од регионот. Македонија бележи годишен раст на инвестициите во туризмот од 10%, со што се рангира како 7-ма на светската листа. Во последниве 8 години бројот на странски туристи во земјава е зголемен за 98%, а девизниот прилив расте од година в година и лани надмина 136 милиони долари. Винскиот туризам е нов предизвик и шанса за сите земји од регионот. Македонија бележи годишен раст на инвестициите во туризмот од 10%, со што се рангира како 7-ма на светската листа. Токму, на компаративните предности на земјава во делот на винскиот туризам, покрај на културниот, езерскиот, зимскиот и еко-туризмот, ќе се темели идниот развој на оваа значајна стопанска гранка во Македонија. Целта на конференцијата е да отвори дискусија за градење ново партнерство меѓу туристичкиот и винарскиот сектор, преку заедничка соработка, која ќе придонесе кон создавање конкурентни туристички производи.

УСВОЕНА ИНИЦИЈАТИВАТА НА ССК ЗА ИЗМЕНИТЕ НА ЗАКОНОТ ЗА АРХИВСКО РАБОТЕЊЕ Доставената иницијатива од страна на Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК), на барање на илјадници компании членови, до надлежните институции, во насока на поедноставување на канцелариското и архивското работење за приватните субјекти е усвоена. На заедничкиот настан одржан на 10.03.2015 година на ССК и Министерството за информатичко општество и администрација на Република Македонија, надлежниот министер г. Иво Ивановски, најави дека сме единствени кои имаат поднесено иницијатива за подобрување на начинот на функционирање на Законот за архивско работење. Истата, Владата на Република Македонија ја усвои врз основа на предложените измени. Така, физичките лица и правните лица од приватниот сектор со помалку од 50 вработени ќе бидат ослободени од законската обврска за водење на канцелариско и архивско работење согласно одредбите од овој закон, а за компании со 50 и повеќе вработени, ќе следат олеснувања, односно ќе имаат обврска да водат единствено основна евиденција. Позитивно од Законот за архивско работење е што компаниите беа запознаени за документарниот материјал и роковите на негово чување. Веруваме дека и во иднина како и досега, ќе продолжиме успешно да ги застапуваме интересите на компаниите и заеднички да делуваме во подобрување на условите за водење бизнис. Во изминатиот период на барање на ССК, усвоени се иницијативите за измена во законот во делот на реинвестираната добивка, задолжителна задолжница, како и останaти законски измени од голема важност за компаниите. Број 478, мај 2015


БИЗНИС ИНФОРМАТОР

10

НОВОСТИ

ЗАЕДНИЧКИ НАСТАП ЗА ПОДОБРА ЕКОНОМСКА СОРАБОТКА МЕЃУ МАКЕДОНИЈА И БУГАРИЈА Претседателот на Сојуз на стопански комори на Македонија, г-ѓа Данела Арсовска и Заменик претседателот, г. Сеад Кочан, присуствуваа на Собранието на Македонско-Бугарската стопанска комора, чиј претседател е г. Зоре Темелковски. Годишно Собрание на Македонско - Бугарската стопанска комора се одржа во средата во Скопје на кое беше усвоен нов годишен акциски план со поддршка за приоритетните активности и проектите за заеднички инфраструктурни поврзувања преку вклучување на заеднички компании во нивната изградба. На настанот присуствуваше и министерот за економија Беким Незири кој истакна дека вкупната трговска размена меѓу двете земји за минатата година изнесува 710 милиони долари што претставува раст од 2,7 отсто во споредба со годината претходно и дека Бугарија е 9-ти трговски партнер во надворешно-трговската размена.

ОДРЖАНА СЕДНИЦА НА УО НА ГРАДЕЖНА КОМОРА ПРИ ССК Во просториите на Сојуз на стопански комори на Македонија, компаниите членови на Градежната комора одржаа седница на Управен одбор. Седницата ја водеше претседателот на Градежна комора, г. Роберт Хот. По усвојување на записникот од претходната седница одржан на 28.1.2015, година, членовите го разгледуваа извештајот на активности и дискутираа за идните активности на Градежна комора.

Број 478, мај 2015


БИЗНИС ИНФОРМАТОР

11

НОВОСТИ

ССК СО 17 ОПШТИНИ ОД СКОПСКИ ПЛАНСКИ РЕГИОН ЌЕ РАБОТИ НА РЕГИОНАЛЕН ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ Претседателот на Сојуз на стопански комори на Македонија (ССК), Данела Арсовска, потпиша меморандум за соработка со претседателот на Советот за развој на скопскиот плански регион г. Сокол Митровски. Во рамки на Регионалниот совет на скопскиот плански регион присуствуваа 17 градоначалници од општините кои ги опфаќа овој регион. На состанокот се разговараше за создавање поволни услови за работа на бизнис секторот во општините, зголемување на инвестициите, ефикасност на администрацијата, соодветна инфраструктура и партнерство со индустријата како клучни во насока на подобрување на деловно опкружување. „Двете институции заеднички ќе работат на јакнење на принципот на jавно - приватно партнерство како и делување во насока на зајакнување на капацитетот на мрежите во локалната и руралната заедница, бизнис секторот, како и стимулирање на развојот на локално и регионално ниво. Ова е дел од иницијативата на ССК, која започна да се спроведува од септември 2014 година, за зајакнување на членството од сите општини во Македонија, преку организирање на редовни средби со градоначалници и стопанственици, a во насока на подобрување на деловното опкружување преку рамномерен регионален развој“, изјави Арсовска. Она што е од големо значење за ССК, а на кое делува и Скопскиот плански регион е економски развој на општините и создавање на поволни услови за водење бизнис. ССК ги застапува интересите на бизнис заедницата во насока на подобрување на нивното деловно работење. Значителен дел од компаниите членови на ССК, припаѓаат на Скопскиот плански регион, кој опфаќа 17 општини и Градот Скопје како посебна единица на локалната самоуправа, односно 10 урбани општини кои се дел од градот Скопје и 7 рурални.

Г. АРКАН КЕРИМ, ИЗБРАН ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ТУРИСТИЧКОУГОСТИТЕЛСКА КОМОРА ПРИ ССК Туристичко – угостителската комора (ТУК) во рамки на Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК), одржа собрание на кое присуствуваа над 70 компании членови. На собранието компаниите го избраа г. Аркан Керим, генерален менаџер на „Генералтурист“ за претседател на ТУК при ССК. Како резултат на заложбите во изминатите години во областа на туризмот, како во афирмирање така и во спроведување на активности за унапредување на туризмот и угостителството, компаниите му ја дадоа довербата за претстојниот мандат на г. Керим. „Чест и задоволство ми е што компаниите ми доверија мандат да ја водам Туристичко – угостителската комора при ССК. Свесен сум за одговорноста и поддршката која ми ја дадоа колегите. Пораката на ТУК од Струга и струшко охридскиот регион кој е значаен туристички центар во Република Македонија е дека ќе ги посетиме сите општини во нашата земја за дополнително да го јакнеме членството и да го развиваме моделот на јавно-приватно партнерство за развој на туризмот во општините. Една од нашите главни задачи во иднина ќе биде, регионално и меѓународно поврзување со сите компании од секторот туризам и угостителство. На тој начин, здружени полесно ќе ги детектираме предизвиците во насока на подобро деловно опкружување и развој на оваа многу значајна гранка“, изјави Керим, по изборот за претседател на ТУК при ССК и додаде дека ќе се залага за поголема промоција на домашните компании и туризмот воопшто како и соработка со надлежните институции. Во Туристичко – угостителската комора при ССК членуваат етаблирани компании од сите дејности во секторот туризам. Од 2010 година, оваа функција ја извршуваше г. Феркан Бербери.

Број 478, мај 2015


БИЗНИС ИНФОРМАТОР

12

НОВОСТИ

ЕКОНОМИЈАТА ВО ФОКУСОТ НА ВТОР ДЕН ОД ТЕМАТСКИОТ На тематскиот конгрес на Демократската Унија за интеграција (ДУИ), вториот ден беше во фокусот на економијата. На конгресот свое обраќање имаше г-ѓа Данела Арсовска, претседател на Сојуз на стопански комори на Македонија (ССК), која наведе неколку клучни поенти во насока на зголемен економски раст и одржлив економски развој, како и креирање на нови работни места. На конгресот присуствуваше и заменик претседателот на ССК, г. Сеад Кочан, а панел дискусијата ја следеа 300 присутни гости, министри, претставници на бизнис секторот, како и членови на партијата. Пред присутните се обрати и Ерхард Бусек, поранешен заменик премиер на Австрија и координатор на Пактот за Стабилност, додека актуелно ја предводи СЕЦИ, а исто така беа презентирани двете анкети од страна на ИРИ и НДИ. Во панел дискусијата учествуваа и претседателите на другите две комори.

ДЕЛЕГАЦИЈА НА ССК НА 18. ЕВРОАЗИСКИ ЕКОНОМСКИ САМИТ ВО ТУРЦИЈА Делегација на Сојузот на стопански комори на Македонија е дел од делегацијата на Претседателот на Република Македонија, г. Ѓорге Иванов, кои од денеска до сабота ќе престојува во посета на Турција на 18. Евроазиски економски самит на Фондацијата Мармара што ќе се одржи во Истанбул. На самитот, присутен е претседателот на ИКТ комора при ССК, г. Саша Огненовски, членови на Управен одбор на ССК, г. Михајло Евросимовски и г-ѓа Маријана Ангелоска како и претставници на компании членови на комората од ИКТ сектор, индустрија и услужни дејности. Г. Иванов ќе се обрати на свеченото отворање на самитот, а ќе има обраќање и на сесијата на претседатели на тема „Патот до мирот: Каде оди хуманоста?“ На форумот најавено е учество на актуелни и поранешни претседатели, премиери, министри, истакнати личности од општествениот и политичкиот живот, невладиниот сектор и бизнис заедниците од 40-тина држави. Во состав на македонската делегацијата се и министерот без ресор задолжен за привлекување на странски инвестиции г. Џери Наумоф и министерот без ресор г. Фуркан Чако, кои ќе ги презентираат поволностите за инвестирање во Македонија пред бизнисмените кои ќе учествуваат на Евроазискиот економски форум. Ова е петто учество на претседателот Иванов на Евроазискиот економски форум на Мармара фондацијата, што се организира секоја година, почнувајќи од 1998 година. Мармара фондацијата е формирана 1985 година и е призната од страна на ОБСЕ. Преку своите советодавни капацитети ја претставува Турција во Економско-социјалниот совет на ОН. Фондацијата активно е вклучена во подобрување на регионалната соработка со цел да помогне во максимизирање на можностите што ги создава процесот на глобализација и минимизирање на неговите негативни ефекти.

Број 478, мај 2015


БИЗНИС ИНФОРМАТОР

13

НОВОСТИ

ССК ТРАДИЦИОНАЛНО И ГОДИНАВА ГО ПОДДРЖА— „МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА АУТИЗМОТ“ Меѓународниот ден на аутизмот 2. април 2015, година беше одбележан во Capitol Mall од страна на Здружение на граѓани за третман на лица со Аутизам, АДХД и Аспергеров синдром„ВО МОЈОТ СВЕТ“. Настанот беше одржан во организација на здружението „Во мојот свет“ и оваа година поддржувач на настанот беше Сојуз на стопански комори на Македонија. Покровител на настанот беше г. Иван Петков, амбасадор на Република Бугарија во Република Македонија. Настанот се отвори со химната за аутизам „Во мојот свет“ во изведба на браќата Тавитјан, Ребека, Џафер и Лозано. По химната свое обраќање имаше Господинот Иван Петков, а потоа обраќање на родител, претставник на родителите на лица со аутизам. Настанот го збогатија: Златните Славејчиња, учениците од Златан Сремец, кореографско студио Еурека, групата Ангелчиња придружувани од виолина и пијано, кошаркарите од МЗТ Скопје и секако традиционална својата поддршка ја даде мото клубот Ноќни Волци. Настанот заврши со сложување на сложувалката, симбол на лицата со аутизам и пуштање на балони заедно со членовите на Мото клубот Ноќни Волци и амбасадорите на земјите членки на Европската Унија во Република Македонија. Во знак за одбележување на овој ден стотици сини балони летнаа високо во облаците.

СЕТ МЕРКИ ЗА ПОГОЛЕМА КОНКУРЕНТНОСТ НА БИЗНИС СЕКТОРОТ На Седница на Националниот совет за претприемништво и конкурентност, која ја водеше вицепремиерот г. Владимир Пешевски се дискутираше за новиот сет од 32 мерки со ќе се јакне конкурентноста на бизнис секторот во земјава. Од олеснување на работењето на малите и средни фирми и зголемена ликвидност, преку поддршка за големите компании, до потесни врски со странските фирми се новите решенија ќе се спроведуваат во соработка со бизнисмените и науката. На седницата присуствуваше претседателот на Сојуз на стопански комори на Македонија, г-ѓа Данела Арсовска. Владата прифати над 90 отсто од предложената програма на Советот. Голем дел од мерките се предлог на ССК. Коморите ќе бидат вклучени во реализацијата на 26 од вкупно 32-те усвоени мерки за поголема конкурентност. Нивното спроведување ќе биде во точно утврдени рокови.

Број 478, мај 2015


БИЗНИС ИНФОРМАТОР

14

НОВОСТИ

ЈАВЕН ОГЛАС ЗА АПЛИЦИРАЊЕ ЗА ПРОГРАМИ ЗА ОБРАЗОВАНИЕ НА ВОЗРАСНИ Врз основа на Оперативниот план за услуги на пазарот на труд и активни програми и мерки за вработување за 2015 година, предвидени во Програмата за работа на Владата на Република Македонија 2011 – 2015 година за активната мерка, Обука за задоволување на побаруваните занимања на пазарот на труд кај приватни спроведувачи на обука, Агенција за вработување на Република Македонија, на ден 06.04.2015 година, објавува ЈАВЕН ОГЛАС до невработени евидентирани лица – активни баратели на работа 1. Се повикуваат невработените евиденирани лица – активни баратели на работа, кои се заинтересирани за стручно оспособување преку стекнување на знаења и вештини за побарувани занимања на пазарот на трудот, да се пријават најдоцна до 31.07.2015 година во Работните клубови на центрите за вработување каде се евидентирани како невработени. Обуките ќе се спроведуваат од страна на верификувани спроведувачи на обуки (приватни компании, стопански и занаетчиски комори и други верификувани спроведувачи на обуки). Обуките се однесуваат на следните занимања и градови:                  

Монтер на гасоводна инсталација со енергетска ефикасност, Скопје Готвач во угостителски објект, Скопје и Битола Службеник во книговодство, Скопје и Куманово Фасадер, Штип и Скопје Туристичко - агенциски службеник, Скопје Шивач на конфекциски материјал, Скопје, Прилеп Фризер, Скопје, Битола, Штип Стаклопластичар - Ламирач на армиран полиестер, Сруга Кројач на горни делови на обувки од кожа, Штип Оператор на универзална глодалка, Скопјe Оператор на универзален струг, Скопјe Хемиски процесен оператор за гума, Скопјe Келнер, Скопје, Битола Гипсер - монтер, Скопје, Штип Изработувач на визуелни апликации, Скопје Столар за мебел и ентериер, Скопје Офсет печатар, Скопје Млекопроизводител и одгледувач на молзни овци, Свети Николе.

Број 478, мај 2015


БИЗНИС ИНФОРМАТОР

15

НОВОСТИ

2. Обуката ќе се реализира во период од 3 месеци, а по завршување на обуката, кандидатите ќе изведуваат практична работа во реални услови кај работодавачи во времетраење од 1 месец, доколку како спроведувач на обуката се стопански комори, занаетчиски комори. Доколку како спроведувач на обука се приватни компании (работодавачи) обуката може да се реализира во период од 3 месеци, а практична работа во реални услови кај работодавачи во времетраење од 1 месец кај истата приватна компанија (работодавач). 3. Лицата вклучени во обуките ќе добијат месечен надомест од 6.200,00 денари, со вклучен персонален данок на доход и осигурување во случај на несреќа при работа и професионално заболување. 4. Невработените лица кои ќе ја завршат обуката, практичната работа и успешно ќе го положат предвидениот испит, ќе се стекнат со сертификат издаден од верификуваните спроведувачи на обука. 5. На корисниците на социјална помош за времетраење на обуката ќе им биде активно правото на користење на социјална помош. 6. Условите, правата и обврските ќе бидат уредени со склучување на договор помеѓу Агенцијата за вработување на РМ и селектираните кандидати.

Детални информации можат да се добијат во работните клубови на 30 Центри за вработување каде лицата се евидентирани како невработени. Tелефон: 02/3298-297 Веб страна: www.avrm.gov.mk.

Број 478, мај 2015


БИЗНИС ИНФОРМАТОР

16

НОВОСТИ

ЈАВЕН ПОВИК ЗА КОРИСТЕЊЕ НА СТРАНСКА ЕКСПЕРТСКА ПОМОШ ЗА ДОМАШНИ КОМПАНИИ Една од мерките кои Владата на Република Македонија веќе ја имплементира е ангажирање на странски експерти и користење на нивната стручна помош за потребите на македонските компании, со цел зајакнување на конкурентноста на домашните компании и зголемување на економскиот раст. Во тек е Јавниот повик со кој Владата на Република Македонија ги повикува компаниите од приватниот сектор да пројават интерес за користење на стручна помош од странски експерти. Владата ги покрива средствата потребни за ангажирање на странски експерти (дневници, авионски карти, осигурувања и сл.). Домашните компании ќе имаат обврска да ги покријат единствено локалните трошоци за ангажман (за сместување, храна и локален транспорт) за периодот во кој експертот ќе престојува во домашната компанија. Експертите престојуваат во домашната компанија од 7 до 21 ден врз основа на што треба да дадат совети и мислења во насока на подобрување на работењето и размена на искуства во сферата која е предмет на интерес. Компаниите кои аплицираат на овој Јавен повик трае до 20 април, 2015 година и потребно е да ги исполнуваат следните услови:  Да постојат најмалку 2 години (за што како доказ со апликацијата се доставуваат последните два Биланси на успех  Да имаат најмалку 5, а најмногу 250 вработени (за што како доказ со апликацијата се доставува Декларација за прием на МПИН)  Да имаат имаат најмалку 51% учество на домашен капитал (за што како доказ со апликацијата се доставува Тековна состојба од Централен регистар на Република Македонија) Јавниот повик и Апликацијата за пројавување на интерес може да се најде на страната на Владата на Република Македонија. (www.vlada.mk). Заинтересираните компании може да аплицираат на следниот начин: Преку он-лине електронска апликација:http://vlada.mk/konkursi/apliciraj/stranskieksperti Во писмена форма со пополнување и поднесување на апликацијата во архивата на Владата, со назнака на дописот: „Пројавување интерес за користење на стручна помош од странски експерти“ на адреса: Влада на Република Македонија, бул. Илинден, бр. 2, 1000 Скопје

Број 478, мај 2015


БИЗНИС ИНФОРМАТОР

17

НОВОСТИ

НОВА МЕРКА НА АГЕНЦИЈА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Дозволете ни подетално да Ве информираме во врска со новите дополнувања на Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност, објавен во „Сл. весник на РМ“ бр.56 од 07.04.2015 година, а кој стапи на сила на ден 15.04.2015 година. Со новите членови од Законот е предвидено ослободување од плаќање придонеси од задолжително социјално осигурување и персонален данок на доход, или пак само ослободување од плаќање придонеси до задолжително социјално осигурување. Притоа, опфатени се следните групи на лица за кои ќе можат да се користат овие ослободувања: 

невработено лице до 35 години возраст, кое што претходно немало заснован работен однос или

невработено лице до 35 години возраст кое имало претходно заснован работен однос, но предвработувањето согласно мерката од овој член немало заснован работен однос најмалку три месеци.

невработено лице на возраст од 35 до 50 години, кое во последните 15 години било најмалку 10 години невработено и најмалку три месеци пред вработувањето немало заснован работен однос согласно мерката предвидена во овој член;

невработено лице на возраст над 50 години;

невработено лице кое е родител на три или повеќе деца и кое најмалку три месеци пред вработувањето немало заснован работен однос; самохран родител и член на еднородителско семејство кое најмалку три месеци пред вработувањето немало заснован работен однос; приматели на социјална парична помош; деца без родители и родителска грижа; жртви на семејно насилство; инвалидно лице со утврдена инвалидност согласно Закон за вработување на инвалидни лица и лице со утврдена намалена работна способност или професионална неспособност за работа за 50% согласно прописите од пензиското и инвалидското осигурување; професионални војници на кои им престанал работниот однос согласно Законот за служба во Армијата на Република Македонија и родители на деца со пречки во развојот кои се корисници на посебен додаток најмалку три месеци пред вработувањето согласно мерката од овој член.

невработено лице на возраст над 58 години кое во последните две години пред вработувањето согласно мерката од овој член, немало засновано работен однос.

За таа цел, потребно е да поднесете Барање до надлежниот Центарот на вработување според Вашето седиште. Во зависност од мерката која сакате да ја користите, се пополнува соодветно барање, достапно во електронскиот систем на АВРМ. Барањето се пополнува во соработка со службеникот во Центарот за вработување. На крај, истото се печати и се потпишува од Ваша страна и од службеното лице, по што соодветно се заведува. Лицето за чие вработување е поднесено барање за користење на мерката треба да биде евидентирано како невработено лице во евиденцијата на АВРМ, најмалку 1 ден пред поднесување на барањето за вработување.

Број 478, мај 2015


БИЗНИС ИНФОРМАТОР

18

НОВОСТИ

ОПШТИ УСЛОВИ КОИ ТРЕБА ДА ГИ ИСПОЛНИТЕ СЕ:

1.невработеното лице кое сакате да го вработите, во последните две години да не било претходно вработено кај Вас; 2.да не сте го намалиле бројот на вработени лица сметано од 15.03.2015 година до денот на вработувањето на нови работници, освен во случај на смрт или пензионирање. Доколку сте го зголемиле бројот на вработени лица сметано од 15.03.2015 година до денот на вработувањето на нови работници, не треба да сте го намалиле вкупниот бројот на вработени лица до денот на вработувањето на новите работници; 3.да немате неисплатени плати, придонеси од задолжително социјално осигурување и даноци повеќе од два последователни месеци, што се докажува со потврда издадена од Управата за јавни приходи или по пат на размена на податоци по службена должност преку Агенцијата. Исполнувањето на првиот и вториот услов ќе се утврдува согласно податоците од електронскиот систем на АВРМ, а исполнетоста на третиот услов ќе се утврдува врз основа на Доказ/Потврда од УЈП. Потврдата од УЈП потребно е да се однесува за двата месеци пред поднесување на барањето. Од тие причини, се препорачува при поднесување на барањето да ја обезбедите Потврдата. Исто така , барањето треба да е поднесено во истиот месец кога е издадена Потврдата. Во тек се спроведуваат соодветни мерки за подготовката и адаптација на електронскиот систем на Агенцијата за вработување, со цел реализација на горенаведените мерки. Во таа насока, Барањата ќе можете да ги доставувате до надлежните Центри за вработување веќе од наредната недела. Дополнително на веб-страната на Агенцијата за вработување (www.avrm.gov.mk) ќе биде објавено Известување кое ќе ги содржи подетални информации за начинот и постапката на поднесување на Барањата.

Број 478, мај 2015


БИЗНИС ИНФОРМАТОР

19

ИЗЈАВИ И ИНТЕРВЈУА

ССК ЈА ЗАЈАКНУВА СОРАБОТКАТА СО ОПШТИНИТЕ ВО НАСОКА НА ПОДОБРИ УСЛОВИ ЗА ВОДЕЊЕ БИЗНИС За намалување на невработеноста и економски развој во идниот период ќе се засили соработката меѓу Сојузот на стопански комори и планските региони во земјава. Целта е да се обезбедат услови локалните бизнисите да се шират за да се отворат нови работни места. „Продлабочување на соработката на Сојуз на стопански комори на Македонија, со општините на локално ниво за подобрување на условите за бизнис и отворање на нови работни места“, рече г-ѓа Данела Арсовска, претседател на ССК.

НОВИТЕ МЕРКИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ЌЕ ГИ МОТИВИРААТ КОМПАНИИТЕ ДА ГО ЗГОЛЕМАТ БРОЈОТ НА ВРАБОТЕНИТЕ Позитивен одзив на новите мерки пристигна и од бизнисмените, работодавачите и од компаниите. Тие ги оценија мерките како корисни и позитивни бидејќи, според нив, ќе придонесат за намалување на невработеноста, а ќе значат и олеснување на давачките за компаниите. „Овие мерки ја потврдуваат стратегијата на Владата да продолжат почнатите проекти во

делот на вработувањата. Со новите мерки се овозможува компаниите да бидат мотивирани, да ги зголемат капацитетите на човечки ресурси преку квалификување работници за своите потреби, а во тоа државата ќе даде голем придонес преку ослободување од персонален данок и останатите давачки за придонеси на работниците “ – г. вели Сеад Кочан, заменик претседател на ССК.

СОВЕТНИЦИ ЗА КАРИЕРА ЗА ПОМАЛ ЈАЗ МЕЃУ ОБРАЗОВАНИЕТО И ПАЗАРОТ НА ТРУДОТ Митко Алексов, извршен директор на Сојузот на стопанските комори на Македонија, вели дека пазарот на трудот е флексибилен во зависност од понудата и побарувачката. „Во одредени периоди постои разлика во потребата за ангажирање кадри. Секако дека има можност за вработување, како магистри од општествените науки така и специјализирани стручни кадри од различни дејности“ - рече Алексов.

Број 478, мај 2015


БИЗНИС ИНФОРМАТОР

20

ИЗЈАВИ И ИНТЕРВЈУА

ТРЕБА ДА СЕ БИРААТ ТУРИСТИЧКИ АГЕНЦИИ ДОВЕРЛИВИ ЗА СКЛУЧУВАЊЕ НА АРАНЖМАНИ Туристичко угостителската комора при Сојуз на стопански комори на Македонија (ССК) ги предупредуваат граѓаните да бидат внимателни во следниов период од каде ги купуваат аранжманите во пресрет на летните годишни одмори. Во секторот туризам има многу сериозни и добри агенции кои долги години работат на пазарот и коишто се доверливи за склучување на аранжмани. Треба да се внимава на агенции кои штотуку го освојуваат туризмот во Македонија, односно неопходно е корисниците на туристичките услуги да бидат информирани за сите податоци и детали во врска со конкретен аранжман. „Ние како Туристичко-Угостителска комора при ССК, заедно со Министерството за економија работиме на регулирање и воспоставување на соодветни критериуми за добивање на лиценца за работење на туристичките агенции. Со ова сите засегнати страни и патниците и надлежните институции и агенциите ќе бидат максимално заштитени и ќе се минимизираат негативни последици во секторот туризам“ изјави г. Аркан Керим, претседател на Туристичко- угостителска комора при ССК.

ССК: ПРОЕКЦИИТЕ НА ЕУ ЗА ЕКОНОМСКИ РАСТ ОД 3.8% ВО МАКЕДОНИЈА СЕ РЕАЛНО ОСТВАРЛИВИ Стопанството има сили за нови вложувања и зголемување на извозот за да оствари висок економски раст годинава. Претседателот на Сојузот на стопански комори, Данела Арсовска, изјави дека Македонија може да постигне стапка на раст од 3.8%, која според проекциите на Европската комисија, ќе биде највисока во Европа. Бизнисмените очекуваат стабилна домашна побарувачка, но и повеќе нарачки од странство. Заздравувањето на европските економии може да значи шанса за поголем пласман на производи и услуги кај традиционалните трговски партнери. Олеснителен фактор за побрз и посигурен транспорт ќе биде и реализацијата на клучните инфраструктурни проекти долг Коридорите 8 и 10. Тоа, според бизнисмените треба значително да влијае на зголемување на трговската размена. „Како за увозно – извозно ориентираните компании, така и за компаниите во Република Македонија, доколку немаме добра инфраструктура, тоа ни ги ограничува можностите за подобро работење. Инвестициите во инфраструктурата во Република Македонија, дадоа иницијална каписла за развој на економијата, а тоа го чувствуваме во изминатите две години наназад“, изјави за Алфа ТВ, Арсовска, претседател на Сојуз на стопански комори на Македонија.

Број 478, мај 2015


БИЗНИС ИНФОРМАТОР

21

ИЗЈАВИ И ИНТЕРВЈУА

ЗА СТОПАНСТВОТО Е НЕОПХОДНО ШТО ПОСКОРО ДА СЕ РЕШИ ПОЛИТИЧКАТА КРИЗА Добро би било политичката криза да се реши за стопанството да ги оствари предвидените резултати. “Најважно е тоа дека во ситуација на криза проектите ќе останат во фиоките и никој нема да пристапи кон развојните компоненти. Во овој момент не можеме да кажеме ништо повеќе освен дека во овој случај не е добра политичката нестабилност во државата и дека нe би сакале да бидеме оние кои ќе ги видат негативните резултати во периодот којшто следува” – рече Арсовска.

НОВИТЕ МЕРКИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ЌЕ ГИ МОТИВИРААТ КОМПАНИИТЕ ДА ГО ЗГОЛЕМАТ БРОЈОТ НА ВРАБОТЕНИТЕ Стартува на сила проектот “Македонија вработува“. Работодавачите ќе можат да вработуваат лица преку проектот со кој се предвидува ослободување од плаќање на придонеси за вработување на невработени лица поделени во пет категории. „Сметаме дека ова е исклучителна можност за компаниите да ги прошират своите човечки капацитети, апсурдот кој што го имаме во државата покрај голема невработеност да немаме доволно стручни кадри, оваа можност да се искористи во таа насока- да се квалификуваат луѓе кои што ќе можат да придонесат во компаниите. Веќе атмосферата кај голем дел од компаниите и менаџерите се коментираат позитивно овие мерки“, вели заменик претседателот на Сојузот на стопански комори, Сеад Кочан.

Број 478, мај 2015


БИЗНИС ИНФОРМАТОР

22

ИЗЈАВИ И ИНТЕРВЈУА

ДАЛИ ЗАД ЕВТИНИТЕ ТУРИСТИЧКИ АРАНЖМАНИ СЕ КРИЕ ОБИД ЗА ЛЕСНА ЗАРАБОТКА? Голготата што ја поминаа 400-тина македонски туристи во Истанбул, кои измамени од туристичката агенција “Јупитер” едвај се вратија во Македонија, отворија серија прашања. Како работат македонските туристички агенции,дали зад евтините аранжмани се крие само обид за лесна заработка на штета на потрошувачите? Македонските туристи беа задржани во хотел во Истанбул, затоа што туристичката агенција „Јупитер“ не го платила нивното хотелско сместување. По 12-часовното малтретирање во Турција, вчера се вратија во Македонија. Револтирани раскажуваат дека биле држени пред хотелот како заложници, без да им бидат дадени пасошите. Патниците кои за првомајското патување платиле по околу 60 евра, најавуваат колективна тужба против агенцијата. Министерството за економија ја проверува целата документација на агенцијата и најави дека доколку се најдат неправилности ќе и биде одземена лиценцата. Телевизијата Алсат-М објави дека според информации од Централниот регистар за туристичката агенција “Јупитер Интернационал” има отпочнато постапка за бришење по службена должност, согласно член 552-а од Законот за трговските друштва“, која што била покрената уште во јануари годинава. Зошто се уште и агенцијата склучувала договори останува непознато. Ова не е прв пат агенцијата “Јупитер” да е инволвирана во малверзации со туристички аранжмани. Овие случувања влијаат во секторот туризам во Македонија, а најмногу на работењето на туристичките агенции, вели во интервју за Фактор, Аркан Керим, претседател на Туристичко – угостителска комора при Сојузот на стопански комори на Македонија. Фактор: Како ги коментирате последните случувања со туристичката агенција “Јупитер”, која на 400тини Македонци наместо првомајски одмор им приреди вистинска голгота? Керим: Како Туристичко – Угостителска комора при Сојуз на стопанските комори на Македонија, сметаме дека корисниците на туристичките услуги се ставени во неповолна положба и за таа цел во иднина потребно е граѓаните кога ќе купуваат туристички аранжмани да се информираат за сите детални податоци во врска со аранжманите, се со цел во иднина да не се повторуваат негативни ситуации.

Број 478, мај 2015


БИЗНИС ИНФОРМАТОР

23

ИЗЈАВИ И ИНТЕРВЈУА

Фактор: Како ваквите случувања влијаат врз туристичкиот пазар, односно колку со ваквите случувања страдаат и другите туристички агенции

кои

работат

според

законските

прописи? Керим: Овие случувања влијаат во секторот туризам во Република Македонија, а најмногу на работењето на туристичките агенции. Во последно време луѓето патуваат на своја рака без ангажман на туристички агенции, а за жал овој случај може дополнително да влијае тој тренд да продолжи. Фактор:На што треба да внимаваат потрошувачите при договарањето на аранжманите со агенциите, за да бидат сигурни дека нема да бидат измамени? Керим: Во секторот туризам има многу сериозни и добри агенции кои долги години работат на пазарот и коишто се доверливи за склучување на аранжмани. Треба да се внимава на агенции кои штотуку го освојуваат туризмот во Македонија, односно неопходно е корисниците на туристичките услуги да бидат информирани за сите податоци и детали во врска со конкретен аранжман. Фактор: Колку надлежните институции вршат контроли на терен и дали тие треба да се зајакнат? Керим: Ние како Туристичко-Угостителска комора при ССК, заедно со Министерството за економија работиме на регулирање и воспоставување на соодветни критериуми за добивање на лиценца за работење на туристичките агенции. Со ова сите засегнати страни и патниците и надлежните институции и агенциите ќе бидат максимално заштитени и ќе се минимизираат негативни последици во секторот туризам. Фактор: Постои ли нелојална конкуренција меѓу туристичките агенции во земјава? Керим: Постои, и поради сето тоа потребно е како што претходно нагласивме да се спроведат одредени мерки за здрава конкуренција во работењето на Туристичките агенции. Фактор: Честопати агенциите промовираат евтини аранжмани, колку зад тие аранжмани може да се кријат и измами во однос на цената, она што се нуди, односно дали во обид за лесна заработка се занемаруваат услугите ? Керим: Сметаме дека доколку се спроведат мерките кои ги анализиравме и подготвивме како комора за подобрување на туризмот во Македонија во иднина нема да има проблеми за патниците, агенциите и надлежните институции, односно напротив ќе се зголеми квалитетот на услугите.

Број 478, мај 2015


БИЗНИС ИНФОРМАТОР

24

ИЗЈАВИ И ИНТЕРВЈУА

РАЗВИЕНИ ОПШТИНИ—ПОБОГАТА ДРЖАВА Креирање поволни услови за работа на бизниссекторот, зголемување на инвестициите, ефикасноста на администрацијата, соодветна инфраструктура и партнерство со индустријата се главните цели на меморандумот за соработка што го потпишаа претседателката на Сојузот на стопанските комори (ССК), г-ѓа Данела Арсовска, и претседателот на Советот за развој на Скопскиот плански регион, г. Сокол Митровски. Договорот беше потпишан во рамките на регионалниот совет на Скопскиот плански регион, на кој присуствуваа 17 градоначалници од општините. „Двете институции заеднички ќе работат на јакнење на принципот на јавно-приватно партнерство, како и на дејствување во насока на зајакнување на капацитетот на мрежите во локалната и руралната заедница, бизнис-секторот, стимулирање на развојот на локално и регионално ниво“ - рече Арсовска. Таа додаде дека ова е дел од иницијативата на ССК почната да се спроведува од септември 2014 година за зајакнување на членството од сите општини во Македонија преку организирање редовни средби со градоначалници и стопанственици и во насока на подобрување на деловното опкружување преку рамномерен регионален развој. Според Арсовска, она што е од големо значење за ССК, а на кое дејствува и Скопскиот плански регион, е економски развој на општините и создавање поволни услови за водење бизнис. ССК ги застапува интересите на бизнис-заедницата во насока на подобрување на нивното деловно работење. Значителен дел компании-членови на ССК му припаѓаат на Скопскиот плански регион, кој опфаќа 17 општини и градот Скопје како посебна единица на локалната самоуправа, односно 10 урбани општини што се дел од градот Скопје и седум рурални.

МЕРКИТЕ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ПОЗИТИВНИ ЗА КОМПАНИИТЕ По објавувањето на новите мерки, позитивни реакции стигнаа од бизнисмените, работодавачите и компаниите. Тие, мерките ги оценија како корисни и позитивни кои од една страна ќе придонесат за драстично намалување на невработеноста, а од друга страна ќе значат олеснување на давачките за компаниите. “Овие

мерки ја потврдуваат стратегијата на владата да продолжат отпочнатите проекти кои што ги има во делот на вработувања. Со овие мерки се создава еден континуитет и се овозможува, се дава една исклучителна можност на компаниите тие да бидат мотивирани, да се зголемат капацитетите на човечките ресурси во нивните компании и така е се даде можност на голем број луѓе кои не се квалификувани да работат во една компанија, да добијат простор да бидат квалификувани, а со тоа државата ќе даде голем придонес во делот на ослободување на персонален данок и останатите давачки за придонеси. Сметаме дека ова е исклучителна можност за компаниите да ги прошират своите човечки капацитети, апсурдот кој што го имаме во државата покрај голема невработеност да немаме доволно стручни кадри, оваа можност да се искористи во таа насока- да се квалификуваат луѓе кои што ќе можат да допринесат во компаниите. Веќе атмосферата кај голем дел од компаниите и менаџерите се коментираат позитивно овие мерки, се препознава стратегијата на Владата дека има намера сериозно да се зафати со проблемот – невработеност и да се изнајдат сите можни начини да се мотивираат и компаниите и невработените да се активираат и да најдат работа “ изјави за Лидер, г. Сеад Кочан, заменик претседател на ССК. Број 478, мај 2015


БИЗНИС ИНФОРМАТОР

25

ИЗЈАВИ И ИНТЕРВЈУА

ССК ИНИЦИРА ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА АРХИВКО РАБОТЕЊЕ Физичките и правните лица од приватниот сектор со помалку од 50 вработени ќе бидат ослободени од законската обврска за водење на канцелариско и архивско работење, а за компании со 50 и повеќе вработени, ќе следат олеснувања, односно ќе имаат обврска да водат единствено основна евиденција. Ова го предвидуваат измените на Законот за архивско работење што се иницирани од Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК). Доставената иницијатива од страна на ССК, на барање на илјадници компаниите членки, до надлежните институции, во насока на поедноставување на канцелариското и архивското работење за приватните субјекти е усвоена. На заедничкиот настан одржан на 10.03.2015 година на ССК и Министерството за информатичко општество и администрација на Република Македонија, надлежниот министер Иво Ивановски, најави дека сме единствени кои имаат поднесено иницијатива за подобрување на начинот на функционирање на Законот за архивско работење. Истата, Владата на Република Македонија ја усвои врз основа на предложените измени, соопшти ССК. Оттаму посочуваат дека позитивно од Законот за архивско работење е што компаниите беа запознаени за документарниот материјал и роковите на негово чување. Веруваме дека и во иднина како и досега, ќе продолжиме успешно да ги застапуваме интересите на компаниите и заеднички да делуваме во подобрување на условите за водење бизнис. Во изминатиот период на барање на ССК, усвоени се иницијативите за измена во законот во делот на реинвестирана добивка, задолжителна задолжница, како и останати законски измени од голема важност за компаниите, посочуваат од ССК.

Број 478, мај 2015


БИЗНИС ИНФОРМАТОР

26

ИЗЈАВИ И ИНТЕРВЈУА

ПОЕДНОСТАВУВАЊЕ НА ПРОЦЕДУРИТЕ ЗА ПРЕНАМЕНА НА ЗЕМЈОДЕЛСКО ЗЕМЈИШТЕ ВО ГРАДЕЖНО Се подготвуваат измени и дополнувања во Законот за земјоделско земјиште, со кои се опфатени одредбите во поглед на начинот и постапката за трајна пренамена на земјоделско во градежно земјиште и одредбите со кои се регулира обесштетувањето на корисниците на земјоделското земјиште под закуп на кои договорите им се раскинуваат поради пренамена во градежно земјиште. Ако се поедностават процедурите за пренамена на земјоделското земјиште во градежно, што би значело забрзување на целата постапка, ако се обезбедат повеќе инвестиции, а притоа се води сметка и за еколошките стандарди, измените на законот би можеле да имаат позитивни ефекти. Претседателот на Градежната комора при Сојузот на стопанските комори на Република Македонија, г. Роберт Хот, вели дека во согласност со измените и дополнувањата на предлог-законот за земјоделско земјиште и условите за пренамена на земјоделско во градежно земјиште, доколку дојде до пренамена, тоа би значело можност за инвестирање. „За градежниот сектор ова би значело и зголемување на активностите и продолжување на позитивниот тренд во градежништвото, како една од движечките гранки во македонската економија“ - појаснува Хот. Тој додава дека во овој контекст од големо значење би било поедноставување на процедурите за пренамена на земјиштето во градежно, што би значело забрзување на целата постапка, повеќе инвестиции и водење сметка за еколошките стандарди.

БИЗНИС КЛИМАТА И ЕКОНОМСКАТА СОСТОЈВА ВО РАМКИ НА ПРЕДВИДУВАЊАТА Макроекономските параметри покажуваат дека бизнис климата и економската состојба во Македонија се движи во рамки на предвидувањата, оцени денеска Митко Алексов, извршниот директор на Сојузот на стопански комори на Македонија. „Очекуваме да ги добиеме резултатите за првиот квартал од годинава во делот на БДП што ќе покаже дали предвидениот раст од 4 проценти за целата година ќе почне да се остварува. Според индикациите и активностите кои ги имаме пред се од носечките сектори, односно градежниот, рударскиот, металниот, текстилниот и метало-преработувачкиот сектор и преработките на храна очекуваме овие резултати да бидат поволни“, рече Алексов.

Број 478, мај 2015


БИЗНИС ИНФОРМАТОР

27

ИЗЈАВИ И ИНТЕРВЈУА

ПОМОШ ЗА БИЗНИСОТ ПРЕКУ ОДЛОЖЕНО ПЛАЌАЊЕ НА ЗАОСТАНАТИТЕ ПРИДОНЕСИ Мерката предвидува за долг по основ на неплатени придонеси до 2008-та и од први јануари 2009та со закон да се овозможи плаќање на главниот долг на рати. Ако се исплати за 12 месеци, должникот ќе се ослободи до 70 проценти од каматата. Одложеното плаќање на заостанатите придонеси од пензиско и инвалидско осигурување и ослободувањето од каматата е мерка која многу ќе му помогне на бизнисот, оценуваат од Сојузот на стопанските комори. Новината според извршниот директор Алексов ќе помогне компаниите да го затворат долгот кон државата, а при тоа да не претставува товар за компанијата. Мерката предвидува за долг по основ на неплатени придонеси до 2008-та и од први јануари 2009-та со закон да се овозможи плаќање на главниот долг на рати. Ако се исплати за 12 месеци, должникот ќе се ослободи до 70 проценти од каматата, ако се плати на 24 рати, за 50 проценти. Со мерката ќе бидат опфатени малите бизниси, земјоделците, трговците. „За оние компании кои до 31.12.2008 од разни причини, дали како влијание на економската криза, западнале во одредена тековна ликвидност, и не биле во состојба да исплатуваат придонеси на своите вработени, со оваа мерка значително ќе се олесни враќањето на нивниот долг“, смета Митко Алексов, извршен директор на ССК. За десетина дена се очекува разгледување на законското решение на седница на влада, а финалното кон крајот на мај. Законот предвидува секоја компанија да склучи договор со фондот за пензиско и инвалидско осигурување.

Број 478, мај 2015


28

Број 478, мај 2015


БИЗНИС ИНФОРМАТОР

29

КОНФЕРЕНЦИИ, САЕМИ, ОБУКИ, БИЗНИС ФОРУМИ

МОЖНОСТ ЗА ВАШЕ УЧЕСТВО НА МЕЃУНАРОДНИ САЕМИ ВО ЈАПОНИЈА, ФРАНЦИЈА, ИТАЛИЈА И АНГЛИЈА Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија Ве известува дека во периодот од јуни до декември 2015 година ќе учествува на следните интернационални саемски манифестации:

1

JAFA

Јапонија

Токио

24-27 Септември

2

IFTM – TOP RESA

Франција

Париз

29 Сеп – 2 Окт

3

TTG

Италија

Римини

8-10 Октомври

4

WTM

Англија

Лондон

2-5 Ноември

Според Упатството на АППТ на РМ за начинот и постапката за учество на интернационални саемски манифестации за туризам, право за учество имаат сите правни лица, здруженија, организации, државни институции, образовни институции кои работат во областа на туризмот и тоа на следниот начин: 1. Пакетот за закуп на едно работно место(пулт), една маса за преговори со две столчиња со еден или двајца претставници предвидува:      

Монтажа и демонтажа на опрема на штандот Осветлување и одржување на хигиена на штандот Обезбедување на една или две влезници на саемот за сите денови Транспорт на промотивен материјал до 30 килограми Вклучување во официјалниот каталог, користење на остава и гардероба Натпис и лого на Учесникот на работното место(пултот)

1. Пакетот за учество само со промотивен материјал до 30 килограми е бесплатно и предвидува:  Дистрибуција на промотивен материјал  Изложување на промотивниот материјал на заеднички сталак  Делење на промотивниот материјал од страна на претставниците на АППТ  Користење на маса за преговори по претходно пријавен термин кај менаџерот на саемот, не подолго од 20 минути од состанокот  Износот на котизацијата за учество на саемските манифестации според Точка1 со закуп на пулт во Јапонија, Франција и Англија е во висина од 30.000,00 денари без ДДВ.  Износот на котизацијата за учество на меѓународната саемска манифестација според Точка1 во Италија (Римини) е во висина од 6.000,00 денари без ДДВ. За дополнителни информации и за пријавување на Вашето учество за присуство на саемските манифестациите можете да ме контактирате на:sgeorgieva@sojuzkomori.org.mkили на телефонскиот број: 02/3091-440. Контакт лице: Сања Георгиева.

Број 478, мај 2015


БИЗНИС ИНФОРМАТОР

30

КОНФЕРЕНЦИИ, САЕМИ, ОБУКИ, БИЗНИС ФОРУМИ

6. МЕЃУНАРОДНА ИНВЕСТИЦИСКА КОНФЕРЕНЦИЈА „SARAJEVO BUSINESS FORUM 2015“ 6. Меѓународна инвестициска конференција „Saraevo Business Forum 2015“ е организирана од страна на Bosna Bank International Saraevo (BBI) во соработка со меѓународни партнери и со поддршка на Министерството за надворешни работи на Босна и Херцеговина. Конференцијата ќе се одржи на 13ти и 14ти мај, 2015 година. „Saraevo Business Forum“ е деловна манифестација која во континуитет се одржува секоја година и претставува конкретна и единствена деловна прилика за поврзување со странски инвеститори и пронаоѓање на партнери/инвеститори за одредени проекти. На конференцијата ќе се одржат презентација за можностите за вложување како во Босна и Херцеговина така и во соседните земји (Хрватска, Македонија, Црна Гора, Албанија и Словенија). На оваа конференција се очекува учество на голем број високи званици и претставници од сферата на бизнисот од земјите од регионот и многу други странски држави, односно голем број на новинари. Стопанствениците од Босна и Херцеговина и регионот во соработка со BBI VIP бизнис клуб, Стопанска комора на ФБИХ, Стопанска комора на Република Србија и Стопанска комора на дистрикт Брчко, организира работилница за изработка на визибилити студии и друга потребна документација за унифицирано и мериторно претставување на проект на овој бизнис форум. На конференцијата се очекува голем број на институционални и индивидуални инвеститори, што претставува можност за воспоставување на контакти и презентација на проекти од сите големини (од инфраструктурниот до СМЕ проект). Фокус на Конференцијата „Saraevo Business Forum 2015“ покрај традиционалното поврзување на стопанствениците низ билатерални состаноци, како и до сега ќе биде регионална соработка и претставување на економски потенцијал на БиХ и регионот. Дискусијата ќе ги пратат можностите на инвестирањата од областа на ИТ, ХАЛАЛ производство, инфраструктура, туризам, земјоделие и енергетика. Сите дополнителни информации можете да ги погледнете на следната веб страна: www.sarajevobusinessforum.com. Број 478, мај 2015


БИЗНИС ИНФОРМАТОР

31

КОНФЕРЕНЦИИ, САЕМИ, ОБУКИ, БИЗНИС ФОРУМИ

ИНТЕРНАЦИОНАЛНА САЕМСКА МАНИФЕСТАЦИЈА „RDA“ Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија ве известува дека од 21 до 23 јули, 2015 година ќе учествува на Интернационална саемска манифестација за туризам „RDA“, во Келн, Германија. Според упатството на АППТ на РМ за начинот и постапката за учество на интернационални саемски манифестации за туризам, право на учество имаат сите правни лица, здруженија, организации, државни институции, образовни институции кои работат во областа на туризмот и тоа на следниот начин: 1. За закуп на едно работно место (пулт), една маса за преговори со две столчиња со еден или двајца претставници Овој пакет предвидува:  Монтажа на демонтажа на опрема на штандот  Осветлување и одржување на хигиена на штандот  Обезбедување на една или две влезници на саемот за сите денови  Транспорт на промотивен материјал до 30 килограми  Вклучување во официјалниот каталог, користење на остава и гардероба  Натпис и лого на Коучесникот на работното место (пултот) Износот на котизацијата за учество на „RDA“е во висина од 6.000,00 денари без ДДВ. 2. Учество само со промотивен материјал до 30 килограми е бесплатно. Овој пакет предвидува: - Дистрибуција на промотивен материјал - Изложување на промотивниот материјал на заеднички сталак - Делење на промотивниот материјал од страна на претставници на АППТ - Користење на маса за преговори по предходно пријавен термин кај менаџерот на саемот, не подолго од 20 минути од состанок Рок за пријавување: Рокот за пријавување на горенаведените саемски манифестации е 12ти февруари 2015 година. Напомена 1: Учеството на саемските манифестации под Точка 1 треба да го утврдите во писмена форма со пополнување на Формуларот кој ви е доставен во прилог на истиот е маил. Бројот на пултовите е ограничен, затоа ќе се оди по принципот кој прв се пријавил. Напомена 2: За учество на саемските манифестации под Точка 2, ве информираме дека материјалот треба да го доставите во просториите на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на РМ на ул. Дебарца бр. 2, 1000 Скопје, не покасно од 20 дена пред почетокот на манифестациите. За дополнителни информации: Е-маил: nikola.gjoshev@tourismmacedonia.gov.mk

Број 478, мај 2015


32

Број 478, мај 2015


БИЗНИС ИНФОРМАТОР

33

КОМПАНИИ ЧЛЕНОВИ НА ССК МАЈ 2015 БИЗНИС КОНФЕРЕНЦИИ 4ти Меѓународна конференција за бизнис, применети науки и технологија, Торонто, Канада 4ти Меѓународна конференција за бизнис и економија, Анкара, Турција 4ти 2ра Годишна Меѓународна конференција за бизнис, право и економија, Мај, 4 - 7, Атина, Грција Конференција за стратешки бизнис менаџмент и економски истражувања, Бостон, Соединети 5ти Американски Држави 6ти 6та Глобална Исламска маркетинг конференција, Истанбул, Турција 6ти 2ра Меѓународна конференција за финансии и бизнис економија, Дубаи, Обединети Арапски Емирати (GABER) 16та Меѓународна конференција за бизнис и економија, Њу Јорк, Соединети Американски 7ми Држави 10ти Технички Проектен менаџмент, Дубаи, Обединети Арапски Емирати 11ти Финансиски анализи, планирање и контрола, Лондон, Велика Британија Повик за труд: Конференција за Глобален Бизнис и истражување на општествени науки, Бали, 11ти Индонезија 12ти Меѓународна Бизнис Конференција, Ајман, Обединети Арапски Емирати 12ти 16та Меѓународна академска конференција, Амстердам, Холандија 12ти Бизнис Дизајн: Истражување, Мелбурн, Австралија 12ти Меѓународна Конференција за бизнис, менаџмент, туризам и угостителство, Мелака, Малезија 12ти (IISES) 16та Меѓународна академска конференција, Амстердам, Холандија 15ти 2ра Меѓународна конференција за бизнис, Јалова, Турција 15ти (ICSEP) 2ра Меѓународна конференција за општество, образование и психологија, Рим, Италија 15ти 5та Меѓународна конференција за управување со услужна наука, Рим, Италија 15ти Истражување на Интердисциплинарно управување, Опатија, Хрватска 17ти Проект за буџетирање и управување со трошоци, Дубаи, Обединети Арапски Емирати 18та Меѓународни Мултидисциплинарни академски конференции: Промовирање на глобален напредок 18ти и академски квалитет, Париз, Франција 18ти Меѓународна академска конференција за бизнис, економија и менаџмент, Прага, Република Чешка 18ти Американско - канадска конференција за академски дисциплини, Торонто, Канада Меѓународна конференција за претприемништво, менаџмент, образование, наука, компјутери и 18ти технологија, Истанбул, Турција 18ти 18ти Корпоративен форум за финансии, Сиднеѕ, Австралија Меѓународна конференција за инженерство, наука, бизнис и менаџмент, Дубаи, Обединети Арапски 20ти Емирати 12та Годишна конференција за унапредување во бизнисот, образованието, науката и технологијата, 20ти Лондон, Велика Британија (ICMTSET) 3та Меѓународна конференција за современи трендови во науката за инженерство и 20ти технологија, Дубаи, Обединети Арапски Емирати 22ри Меѓународна конференција за бизнис менаџмент и информациски технологии, Дурбан, Јужна Африка 22ри Глобално Бизнис истражување, Риверсајд, Соединетите Американски Држави 22ри Меѓународна Постдипломска конференција за уметност, образование и бизнис, Бандунг, Индонезија 22ри Меѓународна конференција на англиски јазик за специфични цели (ESP), Ниш, Србија 24ти Финансиско сметководство, Дубаи, Обединети Арапски Емирати 25ти 2ра Годишна Меѓународна конференција за сметководство и финансии), Коломбо, Шри Ланка 25ти 25ти Светски Конгрес за Истражување, Патаја, Тајланд 25ти Повик за труд: 4та Глобална Конференција за бизнис и финансии, Мелбурн, Австралија Меѓународна конференција за академски дисциплини (на кампус на Харвард), Бостон, Соединетите 26ти Американски Држави Меѓународна интердисциплинарна конференција за унапредување на бизнис и економија, Лас Вегас, 26ти Соединетите Американски Држави 26ти Глобална Конференција за бизнис и финансии, Сан Хозе, Коста Рика 26ти Меѓународната конференција за бизнис и општествени науки, Монте Карло, Монако 26ти Меѓународна конференција за управување со технологија, Хамамет, Тунис 27ми 24ти Светски Бизнис Конгрес, Фамагуста, Кипар Конференција за Инженеринг, менаџмент системи и иновации, Вашингтон, Соединети Американски Број 478, мај 2015 27ми Држави


БИЗНИС ИНФОРМАТОР

34

КОМПАНИИ ЧЛЕНОВИ НА ССК ЈУНИ 2015 БИЗНИС КОНФЕРЕНЦИИ 1ви 3та Меѓународна конференција за земјоделство и храна, Елените, Бугарија 3ти Меѓународна Конференција за бизнис и економски анализи, Бандар Сери Бегаван, Брунеи Дарусалам 2ра Меѓународна конференција за наука, технологија, инженерство и менаџмент, Дубаи, Обединети 3ти Арапски Емирати 4та Меѓународна конференција за психолошки науки и психолошко однесување, Бандар Сери Бегаван, 3ти Брунеи Дарусалам 4ти Меѓународна конференција за глобален бизнис, економија и социјални науки, Дурбан, Јужна Африка 4ти (SIBR) Конференција за интердисциплинарна бизнис и економија за истражување, Бангкок, Тајланд 1ва Меѓународна конференција за медицинска етика, здравствена системи и глобални бизнис прашања, 6ти Мајами, Соединетите Американски Држави Меѓународна конференција за напредок во бизнис менаџментот и информатичката технологија, 7ми Истанбул, Турција 7ми Меѓународна академска конференција за Бизнис, Истанбул, Турција 7ми Финансиска стратегија и сметководствени вештини, Дубаи, Обединети Арапски Емирати 7ми Меѓународна бизнис конференција, Лондон, Велика Британија 8ми 2ра Меѓународна конференција за образование и општествени науки, Истанбул, Турција Европска академска конференција за одржлив бизнис, туризам и угостителство, (Харвард кампус 8ми Бостон), Соединети Американски Држави Меѓународна академска конференција за бизнис и економија и менаџмент на Универзитетот Харвард во 8ми Бостон, Соединети Американски Држави 8ми Стратешко и бизнис планирање, Лондон, Велика Британија 8ми Меѓународна конференција за одржливост во туризмот, Њујорк, Соединети Американски Држави 9ти 2ра Меѓународна конференција за иновации во бизнисот и менаџментот, Куала Лумпур, Малезија Меѓународна конференција за одржлив развој во бизнис туризмот и науките, Бостон, Соединетите 11ти Американски Држави 11ти 14та Европска конференција за Методологија за истражување на бизнис и менаџмент, Валета, Малта Меѓународна конференција за иновации во општествените наука, бизнисот и образованието, Њујорк, 12ти Соединети Американски Држави 14ти Бизнис финансиски и сметководствени вештини, Дубаи, Обединетите Арапски Емирати 15ти Креативна Работилница, Барселона, Јуни, 15 - 21 15ти 3та Меѓународна конференција за трговија, бизнис, економија и право, Единбург, Велика Британија 16ти Меѓународна конференција за академска дисциплина, Фиренца, Италија 17ти Животна средина и животински производи, Нотингам, Обединето Кралство 18ти Конференција за истражување, совршеност во бизнис и економија, Рим, Италија 18ти 15та Европска конференција за е-власт, Портсмут, Велика Британија 18ти Нови трендови за одржлив бизнис и одржлива потрошувачка, Букурешт, Романија 19ти 5ти Меѓународен симпозиум за управување со инженеринг и конкурентност, Зрењанин, Србија 21ви 17та Меѓународна академска конференција, Виена, Австрија 21ви Конференција за бизнис и менаџмент, Виенам Австрија 23ти Меѓународна конференција за академска дисциплина, Барселона, Шпанија 24ти Меѓународна конференција за економија и менаџмент, Јуни, 24 - 25 јуни, Катманду, Непал Број 478, мај 2015


БИЗНИС ИНФОРМАТОР

35

КОМПАНИИ ЧЛЕНОВИ НА ССК

ЗЛАТНАТА ЕВРОПСКА НАГРАДА ЗА КВАЛИТЕТ И БИЗНИС УГЛЕД ЗА УНИВЕРЗИТЕТОТ ЗА ТУРИЗАМ И МЕНАЏМЕНТ Академик Ве поканува на дводневениот Семинар за напредни правни практики по работно право и градежништво кој е дел од серијата практични семинари на коишто се обработуваат најважните правни теми преку мноштво практични примери, сметајќи дека тој пристап е најефикасен за совладување на која било правна материја. Дводневниот семинар ќе се одржи на 11 и 12.05.2015 год. (понеделник и вторник) во конференциската сала на хотел Метропол, Охрид. На овој семинар ќе бидат обработени две тематски целини, и тоа: работното право и правната регулатива која се однесува на градежништвото, и тоа од страна на угледни, компетентни и врвни стучњаци од Македонија и регионот чијашто потесна специјалност е токму темата за која ќе говорат на семинарот, ќе дискутираат и одговараат на поставените прашања од учесниците од областа на работното право и градежништвото (градење и градежно земјиште). Цената за учество на дводневниот семинар за едно лице е 6.100,00 ден.+18% ДДВ, а цената за учество на еден ден од семинарот е 4.500,00 ден.+18% ДДВ. Во цената за учество на семинарот на семинарот е вклучено: работни материјали, акредитација за учество, сертификат. За оние учесници кои ќе учествуваат и двата дена на семинарот добиваат и карта за организирана забава на брод кој ќе плови по Охридското езеро. Плаќањето за учество на обуката се врши по основ на про-фактура.

Подетелни информации за дводневниот семинар можетеда видите на следниов линк : http://www.akademik.mk/wp-content/uploads/2015/04/Seminar-Ohrid.pdf

Број 478, мај 2015


БИЗНИС ИНФОРМАТОР

36

КОМПАНИИ ЧЛЕНОВИ НА ССК

ОГЛАС ЗА СТИПЕНДИРАЊЕ НА СТУДЕНТИ НА „TRANSMET ACADEMY“

ТРАНСМЕТ, како водечка компанија со висок степен на општествена одговорност, продолжува со праксата на поддршка на иницијативи за личен развој на најталентираните студенти од Република Македонија.За таа цел, во соработка со Националната Асоцијација на Престижни Академски Граѓани (НАПАГ), го распишува својот оглас за СТИПЕНДИИ на 10 најдобри студенти од сите факултети во Република Македонија за присуство на сертифицираната академија за развој на креативни, иновативни и бизнис-вештини 1.УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИЈАТА -Студентот да има комплетирано најмалку една година од студии на прв циклус, на било кој факултет во Република Македонија -Студентот да има просек повисок од 8.50 2.ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ -Фотокопија од потврда или страница во индекс за заверен трет семестар или повеќе -Приложен индекс -Кратка биографија (CV) 3.НАЧИН НА ПРИЈАВУВАЊЕ -Националната асоцијација на престижни академски граѓани е одговорна за прием на пријавите.Студентите може да се пријават електронски на napag@napag.mk или на телефонскиот број 071 259 345 со оставање на податоци за нивно име, презиме,факултет, година, просек, контакттелефон и email. Број 478, мај 2015


БИЗНИС ИНФОРМАТОР

37

КОМПАНИИ ЧЛЕНОВИ НА ССК

4.РОК НА ПРИЈАВУВАЊЕ -Последниот рок за пријавување е 20.05.2015 5.ОПИС НА СТИПЕНДИЈАТА -Ќе се стипендира личниот развој на 10 најуспешни студенти од сите факултети во Република Македонија кои ќе имаат привилегија да присуствуваат на Transmet Academy, првата и единствена тримесечна сертифицирана академија чија цел е да го надгради нивниот голем потенцијал преку стекнување вештини неопходни за успех во 21-виот век и кои се барани од работодавачите. Повеќе детали за академијата може да се најдат на: http://napag.mk/wp/?p=1462 6. СЕЛЕКЦИЈА НА КАНДИДАТИТЕ -Предност при селекција ќе имаат кандидатите од Градежниот Факултет во Скопје -Процесот на селекција и финалната селекција на кандидатите ќе го направи НАПАГ врз основа на пратените апликации, при што само селектираните кандидати ќе бидат повикани на дополнително интервју во просториите на НАПАГ. Кандидатите кои ќе бидат избрани да ја добијат оваа стипендија, ќе присуствуваат на академијата која започнува во Септември 2015 година.

Број 478, мај 2015


38

Сојуз на стопански комори на Македонија Мет.Теодосиј Гологанов бр.1, 1000 Скопје Т: 389 (02) 3091 440 Ф: 389 (02) 3090 595 Е: info@sojuzkomori.org.mk www.chamber.mk

Податоците се изготвуваат врз основа на постојното законодавство во времето на © Сојуз на стопански комори на Македонија 2015 Сите права се задржани. Оваа публикација е изготвена од Сојуз на стопански комори на Македонија, кој е ексклузивен носител на сите права, како што е утврдено и со Законот за индустриска сопственост и Законот за авторски и сродни права. Без претходна писмена дозвола на Сојуз на стопански комори е забрането да се репродуцира, дистрибуира, става на располагање на јавноста (интернет) и други форми на комуникација со јавноста, преработува, или било која друга употреба на авторско дело или делови од него во некој размер или процедури, вклучувајќи фотокопирање, печатење или електронска форма. Логото на Сојуз на стопански комори на Македонија, е регистрирана трговска марка Скопје, јануари 2015

Број 478, мај 2015

Profile for Macedonian Chambers of Commerce

Бизнис информатор бр. 478  

Партнерство на ССК и МАНУ - Модел за стабилна економска иднина

Бизнис информатор бр. 478  

Партнерство на ССК и МАНУ - Модел за стабилна економска иднина

Advertisement