Page 1

1 број 477, март 2015

Број 477, март 2015


2

ВАШИОТ БИЗНИС НАШ ПРИОРИТЕТ!

Барате начин да го зголемите својот профит,

да обезбедите нови клиенти или партнери,

да го промовирате својот бизнис,

да ги унапредите своите знаења и вештини,

да ја зголемите својата информираност,

секогаш да бидете во тек со најновите случувања во бизнисот

и со најновите измени во законските регулативи?

Комората преку вмрежување и добро смислен маркетинг план за Ваша промоција, со лобирање и застапување на Вашите интереси, со обуки и семинари, Ви нуди можности да го креирате својот успех. Илјадници компании од секторите градежништво, туризам, земјоделство, информациски технологии, трговија и услуги, сметководство и индустриско производство учествуваат во успешното делување на Сојуз на стопански комори на Македонија.

Бидете и Вие дел од Вoдечката Македонска Деловна Мрежа

Мет.Теодосиј Гологанов бр.1, 1000 Скопје Т: 389 (02) 3091 440 Ф: 389 (02) 3090 595 Е: info@chamber.mk www.chamber.mk

Број 477, март 2015 СОЈУЗ НА СТОПАНСКИ КОМОРИ НА МАКЕДОНИЈА 2015


БИЗНИС ИНФОРМАТОР

3

ВО ОВОЈ БРОЈ НА БИЗНИС ИНФОРМАТОР Страна 4

ТАБЛЕТ КОМПЈУТЕРИТЕ ЗА СТУДЕНТИТЕ ЌЕ ГО РАЗДВИЖАТ ИТ ПАЗАРОТ

Содржина Новости

4

Изјави и интервјуа

14

Конференции, форуми, обуки

21

Саемски водич

24

ИКТ компаниите очекуваат зголемување на продажбата на таблет компјутери и развој на дејноста со владиниот проект за доделување 12.000 ваучери од по 8.000 денари на студентите за набавка на вакви уреди. Најавуваат дека за износот на ваучерите студентите ќе добијат квалитетна понуда со избор на таблети од А класа.

Страна 5

ССК—АЕК: ПОДОБРУВАЊЕ НА ЕЛЕКТРОНСКИТЕ КОМУНИКАЦИСКИ УСЛУГИ ЗА БИЗНИС СЕКТОРОТ А г е н ци ј а т а з а е л е к т р о н ск и комуникации (АЕК) и Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) ја официјализираа соработката со потпишување на м е м о р а н д у м з а со р а бо т к а . Меморандумот го потпишаа г-ѓа Данела Арсовска, претседател на ССК и г. Роберт Орданоски, директор на АЕК. Страна 14

ИНТЕРВЈУ СО Г. РОБЕРТ ХОТ, ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ГРАДЕЖНА КОМОРА Цените на становите и градбата нема да се намалуваат!

Број 477, март 2015


БИЗНИС ИНФОРМАТОР

4

НОВОСТИ

ТАБЛЕТ КОМПЈУТЕРИТЕ ЗА СТУДЕНТИТЕ ЌЕ ГО РАЗДВИЖАТ ИТ ПАЗАРОТ

ИКТ компаниите очекуваат зголемување на продажбата на таблет компјутери и развој на дејноста со владиниот проект за доделување 12.000 ваучери од по 8.000 денари на студентите за набавка на вакви уреди. Најавуваат дека за износот на ваучерите студентите ќе добијат квалитетна понуда со избор на таблети од А класа. Министерството за информатичко општество (МИОА) денеска го објави огласот за компаниите кои сакаат да се вклучат во проектот, а утре ќе биде објавен и повикот за студентите. Може да се пријават фирми од ИТ дејноста кои работеле на пазарот најмалку две години и имаат најмалку тројца вработени. „Во денешно време кога буџетот на едно македонско семејство првенствено не е наменет за набавка на ИТ опрема оваа акција ќе придонесе за зголемување на продажбата на ИТ опремата, пред се на таблетите како најпопуларни уреди во овој момент кои се потребни за студентите. Очекуваме зголемување на продажбата, добивме информации од Министерството колку се очекува да се продаде во наредниот период, а компаниите се подготвуваат да излезат во пресрет на купувачите“, изјави г. Саша Огненовски, претседател на ИКТ комората при Сојуз на стопански комори на Македонија. Според министерот за информатичко општество и администрација г. Иво Ивановски, студентите може да набават таблети од А класа по цени од 4.500 до 8.500 денари, а со доплата и други. Ваучерите за набавка на 12.000 таблети, според Ивановски, за два до три месеци ќе покријат три четвртини од вкупниот пазар со оваа опрема во минатата година. „Анализата којашто ја направи Владата за цените и таблетите коишто беа најбарани минатата година покажува дека сумата од 8.000 денари е далеку подобра од она што беше најбаран таблет во 2014 година. Од А класа таблети во 2014 година беа увезени 15.000 таблети, а само со оваа програма којашто ја има Владата планираме да им понудиме 12.000 ваучери на студентите. Тоа значи дека три четвртини од пазарот што го имаше приватниот сектор во целата 2014 ќе ги спроведеме во два до три месеци“, изјави г. Ивановски по средба со претставници на ИТ компании. Ивановски се надева дека со проектот ќе се намалат и цените бидејќи конкуренцијата во економијата ќе се раздвижи, а компаниите ќе понудат поповолни цени и поповолни продукти за да можат студентите да ги искористат ваучерите во нивниот сектор. „Се надеваме дека овој сектор ќе продолжи да се развива, тоа е и целта на Владата, да има повеќе вработувања, а со тоа и оние кои ќе ги добијат таблетите еден ден да се вклучат во овој сектор на информатичко комуникациски технологии“, рече г. Ивановски. Број 477, март 2015


БИЗНИС ИНФОРМАТОР

5

НОВОСТИ

ССК—АЕК: ПОДОБРУВАЊЕ НА ЕЛЕКТРОНСКИТЕ КОМУНИКАЦИСКИ УСЛУГИ ЗА БИЗНИС СЕКТОРОТ

Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) и Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) ја официјализираа соработката со потпишување на меморандум за соработка. Меморандумот го потпишаа г-ѓа Данела Арсовска, претседател на ССК и г. Роберт Орданоски, директор на АЕК. Со меморандум за соработка се утврди рамката на реализација на соработката за работи од заеднички интерес, базирани на искористувањето на внатрешните потенцијали на овие две институции во насока на постигнување на целите од заеднички интерес во сферата на електронските комуникации и следење одредени клучни показатели од областа. Меѓусебната соработка ќе се реализира во различни домени од делокругот и надлежностите на нивната работа, а со цел поефикасна примена на прописите од областа на електронските комуникации, со спроведување на начелата на стручна независност, неутралност, објективност, сигурност и рационалност како и навремено информирање и консултирање на бизнис заедницата за сите законски измени, поврзани со електронски комуникации.

Број 477, март 2015


БИЗНИС ИНФОРМАТОР

6

НОВОСТИ

ПРЕЗЕНТАЦИЈА ЗА МОЖНОСТИТЕ ЗА ИСКОРИСТУВАЊЕ НА СРЕДСТВАТА ОД ФОНДОТ ЗА ИНОВАЦИИ

Компании членови на Сојуз на стопански комори на Македонија (ССК), присуствуваа на презентација за можностите за финансирање на иновативни проекти на старт ап и спин оф компании, во организација на Фондот за иновации и технолошки развој. На денешниот настан пред компаниите, претставници од организации и научно – образовни институции, беа презентирани можностите за искористување на средства од Фондот за иновации, а беа споделени и искуства од соседните земји. Заклучокот беше дека финансиската поддршка од државата за иновациските проекти треба да резултира со нови работни места и примена на нови технологии. За развој на иновациските активности има потенцијал со добро осмислени проекти. Преку тековниот повик на Фондот се обезбедува финансиска поддршка со вкупен износ од 600 илјади евра, а проектите што ќе се финансираат се до 30.000 евра, односно покривање на 85 проценти од трошоците. Јасмина Поповска, директорка на Фондот за иновации и технолошки развој на РМ, рече дека таргетот за овој повик е финансирање на околу 20 компании, со надеж дека секоја компанија ќе има барем пет лица коишто ќе бидат задолжени за активностите за реализација на проектот, но нема да бидат условени од старт да прикажат точно пет, бидејќи на некои може ќе им треба повеќе, на некои помалку вработувања. Иновациските проекти, според директорката на српскиот Фонд за иновациска дејност Наталија Сандиќ, има потенцијал. Преку програмите на српскиот Фонд, кој фукционира 3,5 години, досега се отворени 300 работни места. Јавен повик за поднесување на предлог-проекти за финансирање под инструментот за кофинансирани грантови за старт-ап, спин-оф трговски друштва и иновации

Број 477, март 2015


БИЗНИС ИНФОРМАТОР

7

НОВОСТИ

ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ПРОЕКТОТ ЗА АНГАЖИРАЊЕ СТРАНСКИ ЕКСПЕРТИ ЗА ДОМАШНИТЕ КОМПАНИИ

Сојузот на стопански комори на Македонија(ССК), беше дел од денешната промоција на проектот „Странски експерти за домашни компании“ во организација на Канцеларијата на Претседателот на Владата на Република Македонија. На денешната презентација присутни беа генерални менаџери и претставници на компании од различни сектори – членови на ССК. Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, соопшти дека повеќе од ветувачки се резултатите од ангажирањето странски експерти во македонското стопанство. Вкупно 45 проценти од домашните фирми ги подобриле производниот процес и маркетингот, а 10 отсто имаат придобивки во анализата на работењето и планирањето на идните активности. Според премиерот, 87 проценти од компаниите изразиле очекување дека ќе отворат нови работни места, додека 86 отсто повторно најавиле потреба и желба од ангажирање странски експерти. Пред неколку дена е објавен втор повик за македонските компании кои сакаат да ангажираат странски експерти. Рокот за пријавување е до 24 април. Повикот е наменет за фирми кои постојат најмалку две години, а имаат 5 до 250 вработени и најмалку 51 процент домашен капитал. Може да конкурираат и компании кои веќе користеа експертска помош. Проектот почна минатата година со првиот оглас на кој аплицираа 98 претпријатија од 20 градови во земјава. Најмногу беа мали фирми со максимум 50 вработени, а потоа средни и големи компании. Експертите со кои Владата стапи во контакт и беа ангажирани, главно дојдоа од Германија, Холандија, Швајцарија и Австрија. Извршниот директор на Сојузот на стопански комори на Македонија, Митко Алексов нагласи дека искуствата на компаниите од ангажирањето на странски експерти се позитивни. „Потребата од ангажирање експерти во одредени експерти е евидентна како во производниот процес, така и во останатите системски потреби во било која компанија. Најмногу заинтересирани компании имаше и има во областа на производниот сектор, ИТ услугите и услужните дејности. Верувам дека и на вториот повик компаниите ќе ја искористат стручната помош на експертите“, рече Алексов. Премиерот уште еднаш напомена дека Владата целосно ги покрива трошоците за странските експерти, освен за нивно сместување и локален транспорт. Позитивниот ефект од работата на странските експерти со домашните компании е повеќе од евидентен, оценија и претставниците од стопанските комори кои присуствуваа на денешната презентација на проектот во Владата. Најзаинтересирани за ангажирање странски експерти се фирмите од ИТ секторот, индустриското производство, технологијата, финансиите и другите услужни дејности. Број 477, март 2015


БИЗНИС ИНФОРМАТОР

8

НОВОСТИ

БИЗНИС ДЕЛЕГАЦИЈА НА ССК НА ФОРУМОТ КРАН МОНТАНА Бизнис делегација на Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) е дел од делегацијата предводена од претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов, која учествува на Кран Монтана Форумот, што се одржува во Дакла, Мароко, од 12 до 14 март 2015 година. На форумот, присутен е претседателот на ИКТ комора при ССК, г. Саша Огненовски, како и претставници на компании членови на комората од ИКТ сектор, индустрија и услужни дејности, Од страна на надлежните претставници на Мароко, покажан е интерес за унапредување на економската соработка со земјите од регионот на Балканот вклучувајќи ја и Република Македонија. Главни теми на собирот се унапредувањето на дијалогот меѓу Африка, Магреб и Европа, политиката на соработка на Мароко, како и неопходноста од подобрување на климата за странски инвестиции и обезбедување на сигурни индустриски и финансиски партнери. Предвидено е, претставниците на ССК да одржат средба со претставници на марокански стопански комори, како и потпишување на меморандуми за соработка. Форумот Кран Монтана е основан во 1986 година со цел да обезбеди широка меѓународна соработка и поврзување на економските чинители на светско ниво, како и да придонесе кон глобалниот економски раст, воедно обезбедувајќи стабилност, еднаквост и безбедност. Активностите и настаните во рамки на Форумот се насочени кон создавање платформи кои ќе им овозможат на политичките и бизнис лидери да ги имплементираат своите стратегии, да ги зајакнуваат партнерствата и да развиваат нови можности за соработка.

БИЗНИС СРЕДБИ НА ССК ВО РАМКИ НА ФОРУМОТ КРАН МОНТАНА Во Дакла, Кралството Мароко, на маргините на форумот Кран Монтана, на иницијатива на претседателот Ѓорге Иванов, беа презентирани и инвестициските можности што ги нуди Република Македонија. Министерот без ресор задолжен за привлекување странски инвестиции, Бил Павлески и бизнис делегацијата од Македонија, во чиј состав се претставници на Сојузот на стопански комори на Македонија и останатите комори, имаа средба со претставници на марокански стопански комори и бизнисмени, на која беше истакната отвореноста на Македонија, но и на Мароко за влез на нови странски инвестиции. Саша Огненовски, претседател на ИКТ комората при Сојузот на стопански комори на Македонија истакна дека Мароко е добра врата за македонските бизнис релации да можат да се прошират на африканскиот континент. „Разговаравме и за обратната ситуација, како може мароканското стопанство од африканските земји да се префрли на европските пазари“, рече Огненовски, додавајќи дека Македонија ја претставиле како добро геостратешки позиционирана пред се кон источна Европа, со што на мароканските инвеститори би им се овозможил настап на тие пазари. Во однос на меморандумот за соработка што треба да го потпишат стопанските комори на Македонија и Мароко, Огненовски рече дека првиот чекор на меморандумот ќе биде создавање погодна бизнис платформа, што подразбира регулација на двојното оданочување, намалување даноци и слични поволности што би овозможиле бизнисмените полесно да функционираат. Број 477, март 2015


БИЗНИС ИНФОРМАТОР

9

НОВОСТИ

СОСТАНОК НА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ССК СО ИЗВРШНИОТ ДИРЕКТОР НА СВЕТСКА БАНКА

Во просториите на Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК), претседателот на ССК, г-ѓа Данела Арсовска, одржа состанок со извршниот директор на Светска Банка, Mr. Frank Heemskerk, задолжен за земјите од регионот, вклучувајќи ја и Македонија. На состанокот се разговараше за економската состојба во Македонија, спроведување и имплементација на законски процедура, модели за зголемување на соработката на домашните компании со странските инвеститори во нашата земја, потоа за економскиот дел од извештајот Doing business, како и за квалитетот на образовниот кадар кој треба да одговори на новите предизвици и потребите на компаниите. На состанокот присуствуваа и Mr. Zoran Martinovski, Country head Macedonia and Montenegro – IFC, World bank group, Zorica Kalezic, Advisor to Executive Director – WB, Сузана Пенева, државен советник Министерство за финансии. Од стручните служби на ССК, присуствуваа Маја Савеска, советник и Марија Мустрик, односи со јавност. Frank Heemskerk е во дводневна посета на нашата земја и оствари средби со неколку министри, како и со претставници на Народна Банка.

СОСТАНОК НА ССК СО ПРЕТСТАВНИЦИ ОД АМБАСАДА НА НР КИНА Извршниот директор на Сојуз на стопански комори на Република Македонија, г. Митко Алексов, оствари средба со советникот кој треба да ја започне својата дипломатска должност во Амбасадата на Република Македонија во Каиро, Египет, г. Илчо Талески. На состанокот разговараа за можностите за соработка во секторите метало-преработувачка индустрија, прехрамбена, туризам, ИКТ и градежништво. Исто така, на состанокот се разгледаа и можностите за организирање на трговска мисија, соработка на компании од двете земји, како и за можностите за соработка со стопански комори од Египет.

Број 477, март 2015


БИЗНИС ИНФОРМАТОР

10

НОВОСТИ

СОВРЕМЕНАТА ИНФОРМАТИЧКА ТЕХНОЛОГИЈА НЕОПХОДНА ЗА РАЗВОЈ НА БИЗНИСОТ

Министерот и заменик министерот за информатичко општество и администрација, г. Иво Ивановски и г-ѓа. Марта Арсовска Томовска, одржаа состанок со компании од ИКТ комората при Сојузот на стопански комори (ССК), на кој учествуваше и претседателот на ИКТ комората, г. Саша Огненовски. На средбата присуствуваше и заменик претседателот на ССК, г. Сеад Кочан, и извршниот директор на ССК, г. Митко Алексов како и претседатели на гранските комори при ССК, г. Роберт Хот и г. Александар Милошевски. ИКТ Комората при ССК остварува редовни средби со Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) во насока на континуирано следење и применување на современи информатички технологии, неопходни за развој на бизнисот. Огненовски рече дека ИКТ Комората учествува во подготовките на краткорочната и долгорочната стратегија за развој на ИКТ индустријата во Македонија. „Со акциски план се дефинира соработката меѓу компаниите и државата, за граѓаните да добијат услуга – создадена според нивните потреби. Исто така како комора активно се вклучивме и во проектот „Компјутери за социјално ранливи категории. Идејата произлезе од членовите на ИКТ комората, кои при работењето согледувале ситуации дека многу јавни или приватни субјекти заменувале информатичка опрема која е во исправна состојба, но поради одредени околности мора да се замени со друга“, вели Огненовски. На средбата се покренаа прашања од интерес на ИТ компаниите во земјата, кои во наредниот период ќе бидат вклучени во новите владини проекти за развој на информатичкото општество. „Станува збор за повеќе проекти преку ИПА финансирањето, а апликацијата е веќе доставена до ЕУ, со која бараме финансирање на голем број електронски услуги. Со воспоставувањето на Системот за интероперабилност, во кој моментно се одвиваат две надградби, ќе се овозможи поедноставно креирање на електронски услуги. На тој начин, граѓаните ќе можат по електронски пат да ги добијат услугите што ги нудат компаниите“, рече министерот Ивановски. Тој очекува дека бизнис заедницата ќе се вклучи во развивање на софтвер за набавка на 300.000 таблети за образованието, за кои постапката треба да почне во август оваа година. Министерот и заменик министерот за информатичко општество и администрација ги презентираа проектите кои се реализирани, како и идните проекти. Исто така, се отвори и дискусија на која компаниите членови на ССК, ги споделија своите предлозите во насока на подобрување на работата на компаниите. Број 477, март 2015


БИЗНИС ИНФОРМАТОР

11

НОВОСТИ

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ССК ОДРЖА СОСТАНОК СО ДИРЕКТОРОТ НА МАКЕДОНСКО КРЕДИТНО БИРО Во просториите на Сојуз на стопански комори на Македонија (ССК), претседателот на ССК, г-ѓа Данела Арсовска одржа состанок со главниот извршен директор на Македонско кредитно биро, г-ѓа Славица Богоева. На состанокот се разговараше за можностите за соработка меѓу двете институции во насока на подобрување на работата на компаниите. Македонското кредитно биро АД Скопје е првото приватно кредитно биро во Република Македонија. Основано е на 24.12.2008 година во Скопје како акционерско друштво од страна на Клириншката куќа Клириншки интер банкарски системи АД Скопје, во името на банките. Во Македонското кредитно биро се доставуваат податоци за лица кои се однесуваат на настанати обврски по основ на кредити, гаранции, акредитиви, заеми, платежни картички, финансиски лизинг, осигурување, обврски по основ на даноци, обврски за телекомуникациски услуги, обврски за услуги од областа на енергетиката, комунални давачки, такси, придонеси, како и обврски по основ на користење на други услуги.

ОДРЖАНО СОБРАНИЕ НА ИНСТИТУТ ЗА СТАНДАРДИЗАЦИЈА НА Р. МАКЕДОНИЈА Во просториите на Факултетот за земјоделски науки и храна, се одржа дванаесетта седница на собрание на Институтот за стандардизација на Р. Македонија. На седницата присуствуваше извршниот директор на Сојуз на стопански комори на Македонија, г. Митко Алексов, кој ја извршува функцијата заменик претседател на Институтот за стандардизација. На собранието по усвојување на записникот од единаесеттата седница, се усвои извештајот за работа за 2014, а беше донесена и програмата за работа за 2015 година. Во март 2003, врз основа на Законот за стандардизација ("Службен весник на Република Македонија" бр. 54/02) и Одлуката на Владата на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр. 14/03), е основан Институтот за стандардизација на Република Македонија - ИСРМ како посебна јавна установа одделувајќи се од Заводот за стандардизација и метрологија. Со Законот за стандардизација се уредуваат целите и принципите на македонската национална стандардизација, статусот на ИСРМ како и неговите задачи, зачленувањето и неговото финансирање, подготовката, усвојувањето и објавувањето на македонските национални стандарди и нивната примена. Со Статутот на ИСРМ се уредува името, седиштето и организацијата на ИСРМ, неговата дејност, застапувањето и претставувањето, органите и нивните надлежности и одговорности, правата и обврските на членовите на ИСРМ, финансирањето и други прашања во врска со неговото работење.

Број 477, март 2015


БИЗНИС ИНФОРМАТОР

12

НОВОСТИ

ССК НА ПРОМОЦИЈА НА ИНОВАЦИИТЕ И ТЕХНОЛОШНИОТ РАЗВОЈ Компании членови на Сојуз на стопански комори на Македонија (ССК) беа дел од информативниот настан „Промоција на иновациите и технолошкиот развој“ во организација на Центарот за развој на Скопскиот плански регион и Министерството за локална самоуправа на Република Македонија. ССК ги застапува интересите на бизнис заедницата во насока на подобрување на нивното деловно работење. „Со Центарот за развој на Скопскиот Плански регион веруваме дека заеднички ќе работиме на јакнење на принципот на јавно приватно партнерство и делување во насока на зајакнување на капацитетот на мрежите во локалната и руралната заедница, бизнис секторот, како и стимулирање на развојот на локално и регионално ниво. Она што е од големо значење за нас како бизнис заедница, а на кое делува и Скопскиот плански регион е економски развој на општините и создавање на поволни услови за водење бизнис. Токму во таа насока, иновациите и технолошкиот развој се од големо значење за компаниите. Конкретно старт ап и спин оф компаниите реално тешко доаѓаат финансии, но она што е позитивно во овој сегмент е финансиската поддршка преку програмата на Фондот за иновации која веруваме дека ќе има позитивна улога за нивниот развој“, изјави г. Митко Алексов, извршен директор на ССК. На состанокот претставници на Агенцијата за вработување на РМ, извршија презентација на активните мерки за вработување годинава, како и за Фондот за иновации.

Број 477, март 2015


БИЗНИС ИНФОРМАТОР

13

НОВОСТИ

СОСТАНОК СО ПРЕТСТАВНИК ОД МЕЃУНАРОДНА КОНСУЛТАНТСКА КОМПАНИЈА CARDNO EMERGING MARKETS Извршниот директор на Сојуз на стопански комори на Македонија (ССК), г. Митко Алексов, одржа состанок со г-ѓа Дина Кариќ, претставник на меѓународна консултантска компанија Cardno Emerging Markets, која е во дводневна посета на Р. Македонија. Целта на посетата е претставување на компанијата, како и запознавање со работата на ССК, во насока на остварување на одредени можности за соработка, особено во делот на туризам, автомобилска индустрија и производство на облека. Оваа компанија има над 8.000 вработени и обезбедува социјални, економски и технички решенија, како и решенија од областа на заштита на животната средина. Работи во сите сектори вклучувајќи економски развој, здравство, јавен финансиски менаџмент, едукација во Африка, Азија, Европа и Америка, а соработуваат со USAID, DFID, DFAT, EU, SIDA, World Bank, CDC, i Global Fund. На состанокот присуствуваше и г. Гоце Карадаков, координатор ССК.

СРЕДБА НА ИЗВРШНИОТ ДИРЕКТОР НА ССК СО СОВЕТНИК ВО АМБАСАДАТА НА РМ ВО ЕГИПЕТ

Извршниот директор на Сојуз на стопански комори на Република Македонија, г. Митко Алексов, оствари средба со советникот кој треба да ја започне својата дипломатска должност во Амбасадата на Република Македонија во Каиро, Египет, г. Илчо Талески. На состанокот разговараа за можностите за соработка во секторите метало-преработувачка индустрија, прехрамбена, туризам, ИКТ и градежништво. Исто така, на состанокот се разгледаа и можностите за организирање на трговска мисија, соработка на компании од двете земји, како и за можностите за соработка со стопански комори од Египет.

Број 477, март 2015


БИЗНИС ИНФОРМАТОР

14

ИЗЈАВИ И ИНТЕРВЈУА

ЦЕНИТЕ НА СТАНОВИТЕ И ГРАДБАТА НЕМА ДА СЕ НАМАЛУВААТ! Новите проекти за изградба на делници од брзи патишта заедно со планот и натаму да се градат локални патишта и натаму ќе придонесуваат за раст во градежниот сектор, кој ќе продолжи да биде двигател на економскиот раст, вели во интервју за “Фактор“, стопанственикот и претседател на Градежната комора при ССК, г. Роберт Хот. Вели дека како и сите останати сектори, и градежништвото не е имуно на неликвидност, но апелира до банките за посилна кредитна поддршка на градежниот бизнис. Фактор: Какви трендови се очекуваат во градежништвото годинава. Според податоците од Народната Банка , во овој сектор, кој се смета за водечки со уделот во БДП, е забележано намалување на активноста? Хот: Како и изминатите неколку години и оваа година градежништвото ќе биде двигатал на македонската економија. Капиталните инвестиции во инфраструктурните проекти гарантираат перманентен раст на градежниот сектор и во наредните неколку години. Тоа го велам бидејки капиталните проекти се повеќегодишни проекти и за нив е обезбедена финансиска конструкција и тоа ни дава за право да се надеваме дека градежниот сектор и натаму ќе биде во раст. Исто така, како што е познато, веќе се градат неколку брзи и локални патишта. Растот на градежниот сектор и неговата лидерска позиција како двигател на македонската економија се одразува директно и индиректно и во други економски сектори, односно градежниот сектор повлекува раст на повеќе од 26 други гранки од економијата кои директно или индиректно се врзани со него. Фактор: Кои се клучните економски проекти кои ќе го движат градежништвото? Хот: Изградбата на автопатиштата Демир капија – Удово, Кичево-Охрид и Миладиновци-Штип ке бидат основниот двигател на растот на градежниот сектор. Најавата за започнување на нови капитални проекти во железничкиот сообраќај, новиот тендер за изградба на автопат на делницата ГостиварКичево и останатите инфраструктурни проекти како локални патишта, брзи патишта се гарант за перманентен раст на градежниот сектор. Инвестициите во инфраструктурни проекти значат основа и неопходност за раст на секоја економија. Секој економски експерт во светот ќе ви потврди дека за развојот на економијата на секоја држава неопходни се инвестиции во инфраструктурата. Ние како Градежна комора цврсто го подржуваме курсот да се вложува во изградба на инфраструктурни проекти бидејки тие, покрај моменталниот позитивен ефект што го имаат врз градежниот сектор, ќе имаат далекусежен ефект врз целата македонска економија. Основа за привлекување на странски инвестиции е добра инфраструктура и мислам дека со веќе започнатите капитални проекти во автопатиштата и сите останати најави за нови проекти во инфраструктурата, Македонија ќе стане лидер во регионот во однос на инфраструктурната изграденост. Само во овие три години ќе се изгради автопатна инфраструктура повеќе од половина километража од колку што е изградено во последните 65 години. Фактор: Колку и како изградбата на автопатите ќе влијае врз вкупната градежна активност? Хот: Повеќе од јасно е дека никоја земја во регионот не започнала со изградба на три автопата одеднаш и тоа е голем потстрек за градежниот сектор. Само на градилиштата на овие капитални инфраструктурни проекти изминатата година се вработени околу 1000 нови градежни работници и тој тренд ќе продолжи како што изградбата ќе го достигнува зенитот. Број 477, март 2015


БИЗНИС ИНФОРМАТОР

15

ИЗЈАВИ И ИНТЕРВЈУА

Фактор: Каква е состојбата со работната сила во градежништвото? Дали на пазарот има доволно и кавлификувана работна сила? Хот: Состојбата со работната сила во градежниот сектор не е сјајна. Недостаток на работна сила хронично се чувствува. Исто така старосната структура на градежните работници е доста висока, во просек над 50г што уште повеќе ја усложнува состојбата. Потребна е преквалификација на работната сила и затоа градежната комора при ССК веќе презема одредени иницијативи за кои наскоро ќе излеземе во јавноста со конкретен проект. Цени на станови, ликвидност во градежниот бизнис… Фактор: Каква е понудата и побарувачката во овој период на пазарот со недвижности ? Хот: Доста се зборува за ова прашање и често ми го поставуваат. Доколку претходните проекти за кои зборувавме се државни инвестиции во инфраструктурата, пазарот на недвижности е целосно пазарна категорија. Факт е дека во октомври и ноември лани има издадено повеќе одобренија за градба за разлика од истите месеци 2013 што покажува дека нема застој во тој дел на градежниот сектор. Фактор: Какви цени на становите може да се очекуваат? Хот: Цените на становите се исто така пазарна категорија и ставот на групацијата за високоградба при Градежната комора е дека сегашните цени се на долниот лимит на рентабилност и нема да се намалуваат. Фактор: Колку проектот “Купи куќа-купи стан“ влијаеше врз понудата и побарувачката на станови? Хот: Проектот “Купи куќа – купи стан“ на повеќе начини влијаеше позитивно. Најпрво придонесе да се намалат каматните стапки на станбените кредити. Исто така субвенциите овозможуваат под исклучително поволни услови секој да дојде до дом за своето семејство. Самиот проект еволуираше преку повеќе измени и секоја беше подобра од претходната така да последните измени кои овозможуваат исклучително фантастични услови, односно 50% субвенционирана рата во првите 5 години за купување на стан и 75% субвенционирана рата во првите 5 години за изградба на куќа. Со овие услови се обезбедува повеќе од 14 000 евра државна субвенција за изграба на куќа. Беа организирани неколку саеми за проектот на кои сите чинители на самиот проект ,Министерството за финансии, банките и градежните компании беа на едно место со граѓаните и тие контакти преку овој начин на промоција на самиот проект, вродија со резултати, интересот за проектот драстично се зголеми и тој тренд очекувам да продолжи и во иднина. Мое мислење е дека ова е многу важен проект и треба да продолжи бидејќи сите сме свесни за одливот на нашите млади луѓе во странските земји, па ова е еден од начините да се помогне на оваа категорија на граѓани. Со обезбедување можност секој млад брачен пар да дојде до стан, ние практично влијаеме тие млади луѓе да ги задржиме во нашата земја. Фактор: Каква е ликвидноста на фирмите во градежниот бизнис? Хот: Ликвидноста е проблем на сите компании и градежниот сектор не е имун на тоа. Потребен е свеж капитал за инвестирање и се надевам банките ке излезат во пресрет на градежните компании знаејќи дека градежништвото сепак е двигател на македонската економија.

Број 477, март 2015


БИЗНИС ИНФОРМАТОР

16

ИЗЈАВИ И ИНТЕРВЈУА

ПРЕДВРЕМЕНАТА ИСПЛАТА НА КРЕДИТОТ КОН ММФ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ „Предвремената исплата кон Меѓународниот монетарен фонд на кредитната линија за претпазливост за Македонија претставува позитивен сигнал за странските инвеститори и за домашните компании дека економијата е во добра кондиција и постои макроекономска стабилност“ , оценува извршниот директор на Сојузот на стопански комори Митко Алексов. Тоа е особено важно, вели Алексов, ако се има предвид дека многу земји-членки на Европската унија не се во состојба редовно да ги сервисираат своите долгови и тешко добиваат одобрување за пролонгирање за враќање на долговите. Според него, дополнителен позитивен сигнал е кредитниот рејтинг на Македонија од ББ+, односно нашето рангирање во земји со стабилна економија и умерено ниво на задолженост. Македонија предвреме и во целост го исплати долгот кон Меѓународниот монетарен фонд (ММФ). На 27-ми минатиот месец е префрлена и последната рата од кредитната линија за претпазливост, во вредност од 174 милиони долари. Со предвремената исплата заштедени се пет милиони евра на камати и курсни разлики, а подобрен е и имиџот на земјата зашто се намалени јавниот и државниот долг за 1,7 процентни поени. Кредитот во износ од 312 милиони долари Македонија го зеде во 2011 година, а почна да се враќа кон средината на 2014-та. Последната рата е исплатена со средства од девизните резерви.

СО ВЛЕГУВАЊЕТО НА МАКЕДОНИЈА ВО ЕУ ЌЕ СЕ ЗГОЛЕМИ НАДВОРЕШНО ТРГОВСКАТА РАЗМЕНА Митко Алексов, извршен директор на Сојузот на стопански комори на Македонија, вели дека со влегувањето на Република Македонија, како полноправна членка во рамките на Европската Унија, надворешнотрговската размена ќе се зголеми. „Домашните компании ќе се соочат со поголема конкуренција, токму затоа во претпристапниот период е потребно компаниите добро да се подготват и максимално да ги искористат претпристапните европски фондови“ - вели Алексов.

Број 477, март 2015


БИЗНИС ИНФОРМАТОР

17

ИЗЈАВИ И ИНТЕРВЈУА

ГРАДЕЖНИЦИТЕ ОД ЕКСЈУ СО КОНЗОРЦИУМ ЌЕ СЕ ВРАЌААТ НА ТРЕТИ ПАЗАРИ Г. Роберт Хот, претседател на Градежната комора на ССК вели дека идејата за конзорциум на градежните оперативци од поранешните југословенски републики е добра, прифатена е и во тек е нејзиното реализирање. „Веќе е разговарано на таа тема и разговорите се во тек со останатите комори. Исто и нашата Комора размислува дека е потребно здружување на сите компании во конзорциум за настап на сите пазари, не само на странските, туку и на домашниот пазар, каде во принцип поголемите компании ни ги земаат работите“, вели Хот, додавајќи дека иницијативата е во процес на реализација.

КОЧАН: НЕВРАБОТЕНОСТА СЕ НАМАЛУВА—СЕ СПУШТИ НА 27.6% Домашните стопанственици очекуваат тенденцијата на пад на невработеноста да продолжи пред се поради политиките за вложување во инфраструктурата и спроведувањето конкретни мерки преку Агенцијата за вработување. „Постојат шанси тие да се зголемат и во делот на индустриското производство каде што имаме континуиран раст во изминатава година, сето тоа дава основа да бидеме оптимисти и да очекуваме раст и во тој дел“ вели Сеад Кочан, заменик претседател на ССК. Инфраструктурните проекти што се спороведуваат преку капиталните инвестиции, се една од причините за намалување на невработеноста на 27,6 проценти, сметаат од Сојузот на стопански комори на Македонија. Според нив, вработувањата не се само во градежништвото туку и во 20 други сектори кои учествуваат токму во овој сектор. „Во континуитет 16 месеци имаме раст на индустриското производство. Тоа е дополнителен сигнал дека во иднина токму компаниите од индустријата ќе придонесат за дополнително зголемување на вработеноста во Македонија“, изјави г. Митко Алексов, извршен директор на Сојузот на стопански комори.

РАСТОТ НА БДП И НАМАЛУВАЊЕТО НА НЕВРАБОТЕНОСТА ПОЗИТИВНИ ПАРАМЕТРИ Експертите и стопанствениците очекуваат стапката на БДП да продолжи да расте бидејќи има услови за тоа. „Растот е позитивна појава и тој би продолжил ако продолжат инвестициските активности во земјава. Очекуваме растот да достигне и до 4 проценти“, рече г. Сеад Кочан - заменик претседател на ССК Добриот економски амбиент, во комбинација со мерките и програмите на Агенцијата за вработување, направија простор за отварање на нови работни места и ја намалија стапката на невработеност. Само во градежништвото лани се вработиле до 10. 000 лица, СДИ пак повлекоа голема бројка на работници. Со оглед на случувањата во повеќе сектори, се очекува бројот на невработени уште да се намалува. „Со оглед на тоа што се најавуваат нови фабрики да влезат во земјава, нови капитални инвестиции, инфрастуктурни проекти изградба на коридори, железници се очекува и понатаму да се намали невработеноста и да се отворат нови работни места“, рече г. Сеад Кочан - заменик претседател на Сојуз на стопански комори За една година невработеноста се намали за 1 процент. Во 2013 беше 28,6 проценти, лани пак стапката се спушти на 27, 6 отсто и е на историско најниско ниво. За период од три години се предвидува да падне на 22 проценти. Број 477, март 2015


БИЗНИС ИНФОРМАТОР

18

ИЗЈАВИ И ИНТЕРВЈУА

КРАН МОНТАНА: ПРЕЗЕНТИРАНИ МОЖНОСТИТЕ ЗА ИНВЕСТИРАЊЕ ВО МАКЕДОНИЈА Во Дакла, кралството Мароко, на маргините на форумот Кран Монтана, по иницијатива на претседателот Ѓорге Иванов, беа презентирани и инвестициските можности што ги нуди Република Македонија. Стопанствениците од Мароко веќе биле запознати дека Македонија е земја со поволна бизнис клима. Претседателот на ИКТ комората при ССК, г. Саша Огненовски истакна дека истакна дека Мароко е добра врата за македонските бизнис релации да можат да се прошират на африканскиот континент. На следниот линк можете да го погледнете разговорот во целина.

КАПИТАЛНИТЕ ПРОЕКТИ И СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИЦИИ ЈА НАМАЛИЈА НЕВРАБОТЕНОСТА Инфраструктурните проекти што се спроведуваат преку капиталните инвестиции, се една од причините за намалување на невработеноста на 27,6 проценти, сметаат од Сојузот на стопански комори на Македонија. Според нив, вработувањата не се само во градежништвото туку и во 20 други сектори кои учествуваат токму во овој сектор. „Во континуитет 16 месеци имаме раст на индустриското производство. Тоа е дополнителен сигнал дека во иднина токму компаниите од индустријата ќе придонесат за дополнително зголемување на вработеноста во Македонија“, изјави г. Митко Алексов, извршен директор на Сојузот на стопански комори.

ГАСИФИКАЦИЈАТА ЌЕ ЈА ЗГОЛЕМИ ПРОДУКТИВНОСТА НА КОМПАНИИТЕ Пониски трошоци за граѓаните и за компаниите, зголемена конкурентност на домашната економија, поевтино производство на електрична енергија, заштита на животната средина. Ова се само дел од придобивките од гасификацијата на земјава, проект кој по многу ветувања и најави конечно почна да се реализира. Руската компанија „Стројтрансгас“ означи почеток на изградбата на првата делница од магистралниот гасовод, од кумановско Клечовце до Штип, во должина од 61 километар. Инвестицијата е вредна 75,5 милиони долари, од кои 60 милиони се резултат на затворениот клириншки долг од времето на СССР. Изградбата треба да финишира до јуни идната година. Бизнисот очекува значително намалување на трошоците за работа и зголемена конкурентност. „Гасификацијата ќе ги зголеми рентабилноста и продуктивноста на компаниите , а ќе ја зголеми и нашата конкурентност на пазарот со поевтини финални производи“ – оценува извршниот директор на Сојузот на стопански комори, г. Митко Алексов.

Број 477, март 2015


БИЗНИС ИНФОРМАТОР

19

ИЗЈАВИ И ИНТЕРВЈУА

СТАТИСТИКА: РАСТОТ ПРОДОЛЖУВА, НЕВРАБОТЕНОСТА СЕ НАМАЛУВА Растот на бруто домашниот производ од 3,8% во 2014-та, кој воедно е и еден од највисоките во Европа, е охрабрувачки сигнал за стопанството. Економијата бележи стабилен и континуиран раст, индустријата стои цврсто на здрави нозе. Невработеноста се намалува. „Со оглед на тоа што се најавуваат нови фабрики да влезат во земјава, нови капитални инвестиции, инфраструктурни проекти, изградба на коридори, железницата, се очекува и понатамошен раст, како и отворање на нови работни места“, смета заменик претседателот на ССК, г. Сеад Кочан. „Проекциите за годинава се дека ќе имаме поголем раст на бруто- домашниот производ во 2015та од минатогодишниот. Очекуваме економски раст од 4 проценти. Тоа би било доста успешно“, прогнозира извршниот директор на Сојузот на стопански комори, г. Митко Алексов.

НОВИТЕ МЕРКИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА НЕВРАБОТЕНОСТА СЕ КВАЛИТЕТНИ Г. Сеад Кочан, заменик претседател на Сојузот на Стопански комори на Македонија вели дека компаниите и менаџерите позитивно ги коментираат мерките со кои ќе се реализираат нови вработувања,а имаат за цел креирање на нови работни места и намалување на невработеноста. “Овие мерки ја потврдуваат стратегијата на владата да продолжат отпочнатите проекти кои што ги има во делот на вработувања. Со овие мерки се создава еден континуитет и се овозможува, се дава една исклучителна можност на компаниите тие да бидат мотивирани, да се зголемат капацитетите на човечките ресурси во нивните компании и така да се даде можност на голем број луѓе кои не се кфалификувани да работат во една компанија, да добијат простор да бидат квалификувани, а со тоа државата ќе даде голем придонес во делот на ослободување на персонален данок и останатите давачки за придонеси. Сметаме дека ова е исклучителна можност за компаниите да ги прошират своите човечки капацитети, апсурдот кој што го имаме во државата покрај голема невработеност да немаме доволно стручни кадри, оваа можност да се искористи во таа насока- да се квалификуваат луѓе кои што ќе можат да допринесат во компаниите. Веќе атмосферата кај голем дел од компаниите и менаџерите се коментираат позитивно овие мерки, се препознава стратегијата на Владата дека има намера сериозно да се зафати со проблемот – невработеност и да се изнајдат сите можни начини да се мотивираат и компаниите и невработените да се активираат и да најдат работа “ изјави г. Сеад Кочан, заменик претседател на ССК. Број 477, март 2015


20

Број 477, март 2015


БИЗНИС ИНФОРМАТОР

21

КОНФЕРЕНЦИИ, САЕМИ, ОБУКИ, БИЗНИС ФОРУМИ

„СО ПОДОБРИ ПОЛИТИКИ НА ПОДДРШКА ДО ПОВЕЌЕ ВРАБОТУВАЊА ВО БИЗНИС—СЕКТОРОТ Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) во соработка со Министерството за труд и социјална политика на Република Македонија (МТСП), Агенцијата за вработување на Република Македонија (АВРМ), Центрите за вработување и Националниот совет за претприемништво и конкурентност, организираат Форум со работодавачи: „Со подобри политики на поддршка до повеќе вработувања во бизнис-секторот“, на кој ќе бидат презентирани активните мерки и програми за вработување годинава. Форумот ќе се одржи на 30 март, 2015 година (понеделник), во х. Импексел 2 (ул. Костурски Херои бр. 38, Скопје, позади Универзална сала), со почеток во 11 часот. Во рамки на форумот ќе се обрати претседателот на Сојуз на стопански комори на Македонија (ССК) г-ѓа Данела Арсовска, министерот за труд и социјална политика, г. Диме Спасов, како и директорот на Агенцијата за вработување на Република Македонија г. Влатко Поповски. По официјалниот дел на обраќање на највисокото раководство од трите институции, состанокот ќе продолжи на оперативно ниво и компаниите ќе може да се информираат за мерките и програми за вработување годинава. Сметаме дека Форумот е од особена важност и е организиран на барање на компаниите, во насока на информирање за најновите активности и бенефиции од користењето на мерките и програмите за вработување годинава. Ќе ни биде особена чест и задоволство доколку бидете дел од Форумот. Вашето присуство можете да го пријавите на е-меил: marija.mustrik@sojuzkomori.org.mk, контакт лице: Марија Мустрик.

Број 477, март 2015


БИЗНИС ИНФОРМАТОР

22

КОНФЕРЕНЦИИ, САЕМИ, ОБУКИ, БИЗНИС ФОРУМИ

ИНТЕРНАЦИОНАЛНА САЕМСКА МАНИФЕСТАЦИЈА „RDA“ Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија ве известува дека од 21 до 23 јули, 2015 година ќе учествува на Интернационална саемска манифестација за туризам „RDA“, во Келн, Германија. Според упатството на АППТ на РМ за начинот и постапката за учество на интернационални саемски манифестации за туризам, право на учество имаат сите правни лица, здруженија, организации, државни институции, образовни институции кои работат во областа на туризмот и тоа на следниот начин: 1. За закуп на едно работно место (пулт), една маса за преговори со две столчиња со еден или двајца претставници Овој пакет предвидува:  Монтажа на демонтажа на опрема на штандот  Осветлување и одржување на хигиена на штандот  Обезбедување на една или две влезници на саемот за сите денови  Транспорт на промотивен материјал до 30 килограми  Вклучување во официјалниот каталог, користење на остава и гардероба  Натпис и лого на Коучесникот на работното место (пултот) Износот на котизацијата за учество на „RDA“е во висина од 6.000,00 денари без ДДВ. 2. Учество само со промотивен материјал до 30 килограми е бесплатно. Овој пакет предвидува: - Дистрибуција на промотивен материјал - Изложување на промотивниот материјал на заеднички сталак - Делење на промотивниот материјал од страна на претставници на АППТ - Користење на маса за преговори по предходно пријавен термин кај менаџерот на саемот, не подолго од 20 минути од состанок Рок за пријавување: Рокот за пријавување на горенаведените саемски манифестации е 12ти февруари 2015 година. Напомена 1: Учеството на саемските манифестации под Точка 1 треба да го утврдите во писмена форма со пополнување на Формуларот кој ви е доставен во прилог на истиот е маил. Бројот на пултовите е ограничен, затоа ќе се оди по принципот кој прв се пријавил. Напомена 2: За учество на саемските манифестации под Точка 2, ве информираме дека материјалот треба да го доставите во просториите на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на РМ на ул. Дебарца бр. 2, 1000 Скопје, не покасно од 20 дена пред почетокот на манифестациите. За дополнителни информации: Е-маил: nikola.gjoshev@tourismmacedonia.gov.mk

Број 477, март 2015


23

Број 477, март 2015


БИЗНИС ИНФОРМАТОР

24

АПРИЛ 2015 БИЗНИС КОНФЕРЕНЦИИ 1ви 4ти

(ISBM) Меѓународен симпозиум за бизнис и менаџмент, Куала Лумпур, Малезија (AETM’15) Национална конференција за nапредок во инженерство, технологии и менаџмент, Амала, Индија

8ми

Креативна работилница, Дубаи, Обединети Арапски Емирати, Април 8 - 11

8ми

Обука за трансформирање и Конференција за ментoрство, Хамилтон, Нов Зеланд

8ми

Конференција за здравство, менаџмент, и технологија, Вашингтон, Соединети Американски Држави

9ми

7ма Европска Конференција за интелектуален капитал, Картагена, Шпанија

9ми

(JCTEF) 1ва конференција за трговија, економија и финансии, Кјото, Јапонија (ICBEM'15) Меѓународна конференција за бизнис, економија и менаџмент, Април, 9 - 10, Пукет, Тајланд

9ми 9ми 9ми

Повик за труд: 4та Европска Бизнис Конференција за истражување, Лондон, Велика Британија Меѓународна академска интердисциплинарна конференција за модерна економија и социјални науки, Ополе, Полска

9ми

(ICEFR) 4та Меѓународна конференција за економија и финансиски концепти - Токио, Јапонија

9ми

9та Меѓународна конференција за економски и социјален развој, Истанбул, Турција

10ти

(ICBST) 2ра Меѓународна конференција за бизнис, наука и технологија, Хатијаи, Тајланд (ICMH2015) 2ра Меѓународна конференција за менаџмент и општествени науки, Лос Анџелес, Соединети Американски Држави Меѓународна конференција за иновации во бизнис, економија, маркетинг и е-технологија, Њујорк, Соединети Американски Држави (ICABE2015) 2ра Меѓународна конференција за Напредок во бизнис и економија, Лос Анџелес, Соединети Американски Држави Европската академска конференција за одржлив бизнис туризам и угостителство, Париз Париз, Франција (ICTTB2015) Меѓународна конференција за одржливост на туризам и бизнис инфовации, Париз, Франција (ICABMIT) 10та Меѓународна конференција за Напредок во Бизнис менаџмент и информатичка технологија, Париз, Франција

11ти 11ти 11ти 12ти 12ти 12ти 12ти 12ти

Меѓународна академска конференција за Бизнис и Економија, Универзитет на Виена, Австрија Градење на лидерски вештини: Креирање на посилни односи за посилна организација, Дубаи, Обединети Арапски Емирати

13ти

Повик за труд: Конференција за економија, банкарство и финансии, Париз, Франција

13ти 13ти

Евро-американска конференција за академски дисциплини, Париз, Франција (ICBTS2015) Меѓународна конференција за одржлив развој во туризмот и бизнис науките, Париз, Франција

13ти

Конференција за социјални науки и бизнис, Сиднеј, Австралија

14ти

15та Академска конференција, Рим, Италија

15ти 16ти

3та Меѓународна конференција за бизнис, економија и сметководство, Хо Чи Мин, Виетнам Меѓународна конференција на интердисциплинарни студии, Сан Антонио, Соединети Американски Држави

17ти

Креативна работилница - Април, 17 - 20, Њу Јорк, Соединети Американски Држави

18ти

Прва глобална конференција за креативна Индустрија, Хонг Конг

19ти

Планирање и Управување со маркетинг, Дубаи, Обединети Арапски Емирати

19ти

Меѓународна конференција за академска дисциплина, Виена, Австрија

20ти

9ти годишен глобален самит за рафинирање, Хаг, Холандија

20ти

30та Меѓународна Бизнис Конференција за истражување, Дубаи, Обединети Арапски Емирати

21ви Меѓународна конференција за бизнис, економија, маркетинг и компјутерски науки, Банкок, Тајланд 22ри Интернационална Конференција за бизнис и интернет, Таипеи, Тајван 22ри 3ти Меѓународен форум за науки, Аман, Јордан 23ти 24ти

(ICRES) - Меѓународна конференција за Истражување на образованието и науката - Анталија, Турција Глобална Конференција за бизнис менаџмент и општествени науки, Дубаи, Обединети Арапски Емирати Број 477, март 2015


БИЗНИС ИНФОРМАТОР

25

КОМПАНИИ ЧЛЕНОВИ НА ССК МАЈ 2015 БИЗНИС КОНФЕРЕНЦИИ 4ти Меѓународна конференција за бизнис, применети науки и технологија, Торонто, Канада 4ти Меѓународна конференција за бизнис и економија, Анкара, Турција 4ти 2ра Годишна Меѓународна конференција за бизнис, право и економија, Мај, 4 - 7, Атина, Грција Конференција за стратешки бизнис менаџмент и економски истражувања, Бостон, Соединети 5ти Американски Држави 6ти 6та Глобална Исламска маркетинг конференција, Истанбул, Турција 6ти 2ра Меѓународна конференција за финансии и бизнис економија, Дубаи, Обединети Арапски Емирати (GABER) 16та Меѓународна конференција за бизнис и економија, Њу Јорк, Соединети Американски 7ми Држави 10ти Технички Проектен менаџмент, Дубаи, Обединети Арапски Емирати 11ти Финансиски анализи, планирање и контрола, Лондон, Велика Британија Повик за труд: Конференција за Глобален Бизнис и истражување на општествени науки, Бали, 11ти Индонезија 12ти Меѓународна Бизнис Конференција, Ајман, Обединети Арапски Емирати 12ти 16та Меѓународна академска конференција, Амстердам, Холандија 12ти Бизнис Дизајн: Истражување, Мелбурн, Австралија 12ти Меѓународна Конференција за бизнис, менаџмент, туризам и угостителство, Мелака, Малезија 12ти (IISES) 16та Меѓународна академска конференција, Амстердам, Холандија 15ти 2ра Меѓународна конференција за бизнис, Јалова, Турција 15ти (ICSEP) 2ра Меѓународна конференција за општество, образование и психологија, Рим, Италија 15ти 5та Меѓународна конференција за управување со услужна наука, Рим, Италија 15ти Истражување на Интердисциплинарно управување, Опатија, Хрватска 17ти Проект за буџетирање и управување со трошоци, Дубаи, Обединети Арапски Емирати 18та Меѓународни Мултидисциплинарни академски конференции: Промовирање на глобален напредок 18ти и академски квалитет, Париз, Франција 18ти Меѓународна академска конференција за бизнис, економија и менаџмент, Прага, Република Чешка 18ти Американско - канадска конференција за академски дисциплини, Торонто, Канада Меѓународна конференција за претприемништво, менаџмент, образование, наука, компјутери и 18ти технологија, Истанбул, Турција 18ти 18ти Корпоративен форум за финансии, Сиднеѕ, Австралија Меѓународна конференција за инженерство, наука, бизнис и менаџмент, Дубаи, Обединети Арапски 20ти Емирати 12та Годишна конференција за унапредување во бизнисот, образованието, науката и технологијата, 20ти Лондон, Велика Британија (ICMTSET) 3та Меѓународна конференција за современи трендови во науката за инженерство и 20ти технологија, Дубаи, Обединети Арапски Емирати 22ри Меѓународна конференција за бизнис менаџмент и информациски технологии, Дурбан, Јужна Африка 22ри Глобално Бизнис истражување, Риверсајд, Соединетите Американски Држави 22ри Меѓународна Постдипломска конференција за уметност, образование и бизнис, Бандунг, Индонезија 22ри Меѓународна конференција на англиски јазик за специфични цели (ESP), Ниш, Србија 24ти Финансиско сметководство, Дубаи, Обединети Арапски Емирати 25ти 2ра Годишна Меѓународна конференција за сметководство и финансии), Коломбо, Шри Ланка 25ти 25ти Светски Конгрес за Истражување, Патаја, Тајланд 25ти Повик за труд: 4та Глобална Конференција за бизнис и финансии, Мелбурн, Австралија Меѓународна конференција за академски дисциплини (на кампус на Харвард), Бостон, Соединетите 26ти Американски Држави Меѓународна интердисциплинарна конференција за унапредување на бизнис и економија, Лас Вегас, 26ти Соединетите Американски Држави 26ти Глобална Конференција за бизнис и финансии, Сан Хозе, Коста Рика 26ти Меѓународната конференција за бизнис и општествени науки, Монте Карло, Монако 26ти Меѓународна конференција за управување со технологија, Хамамет, Тунис 27ми 24ти Светски Бизнис Конгрес, Фамагуста, Кипар Конференција за Инженеринг, менаџмент системи и иновации, Вашингтон, Соединети Број Американски 477, март 2015 27ми Држави


БИЗНИС ИНФОРМАТОР

26

КОМПАНИИ ЧЛЕНОВИ НА ССК ЈУНИ 2015 БИЗНИС КОНФЕРЕНЦИИ 1ви 3та Меѓународна конференција за земјоделство и храна, Елените, Бугарија 3ти Меѓународна Конференција за бизнис и економски анализи, Бандар Сери Бегаван, Брунеи Дарусалам 2ра Меѓународна конференција за наука, технологија, инженерство и менаџмент, Дубаи, Обединети 3ти Арапски Емирати 4та Меѓународна конференција за психолошки науки и психолошко однесување, Бандар Сери Бегаван, 3ти Брунеи Дарусалам 4ти Меѓународна конференција за глобален бизнис, економија и социјални науки, Дурбан, Јужна Африка 4ти (SIBR) Конференција за интердисциплинарна бизнис и економија за истражување, Бангкок, Тајланд 1ва Меѓународна конференција за медицинска етика, здравствена системи и глобални бизнис прашања, 6ти Мајами, Соединетите Американски Држави Меѓународна конференција за напредок во бизнис менаџментот и информатичката технологија, 7ми Истанбул, Турција 7ми Меѓународна академска конференција за Бизнис, Истанбул, Турција 7ми Финансиска стратегија и сметководствени вештини, Дубаи, Обединети Арапски Емирати 7ми Меѓународна бизнис конференција, Лондон, Велика Британија 8ми 2ра Меѓународна конференција за образование и општествени науки, Истанбул, Турција Европска академска конференција за одржлив бизнис, туризам и угостителство, (Харвард кампус 8ми Бостон), Соединети Американски Држави Меѓународна академска конференција за бизнис и економија и менаџмент на Универзитетот Харвард во 8ми Бостон, Соединети Американски Држави 8ми Стратешко и бизнис планирање, Лондон, Велика Британија 8ми Меѓународна конференција за одржливост во туризмот, Њујорк, Соединети Американски Држави 9ти 2ра Меѓународна конференција за иновации во бизнисот и менаџментот, Куала Лумпур, Малезија Меѓународна конференција за одржлив развој во бизнис туризмот и науките, Бостон, Соединетите 11ти Американски Држави 11ти 14та Европска конференција за Методологија за истражување на бизнис и менаџмент, Валета, Малта Меѓународна конференција за иновации во општествените наука, бизнисот и образованието, Њујорк, 12ти Соединети Американски Држави 14ти Бизнис финансиски и сметководствени вештини, Дубаи, Обединетите Арапски Емирати 15ти Креативна Работилница, Барселона, Јуни, 15 - 21 15ти 3та Меѓународна конференција за трговија, бизнис, економија и право, Единбург, Велика Британија 16ти Меѓународна конференција за академска дисциплина, Фиренца, Италија 17ти Животна средина и животински производи, Нотингам, Обединето Кралство 18ти Конференција за истражување, совршеност во бизнис и економија, Рим, Италија 18ти 15та Европска конференција за е-власт, Портсмут, Велика Британија 18ти Нови трендови за одржлив бизнис и одржлива потрошувачка, Букурешт, Романија 19ти 5ти Меѓународен симпозиум за управување со инженеринг и конкурентност, Зрењанин, Србија 21ви 17та Меѓународна академска конференција, Виена, Австрија 21ви Конференција за бизнис и менаџмент, Виенам Австрија 23ти Меѓународна конференција за академска дисциплина, Барселона, Шпанија 24ти Меѓународна конференција за економија и менаџмент, Јуни, 24 - 25 јуни, Катманду, Непал Број 477, март 2015


БИЗНИС ИНФОРМАТОР

27

КОМПАНИИ ЧЛЕНОВИ НА ССК

ЗЛАТНАТА ЕВРОПСКА НАГРАДА ЗА КВАЛИТЕТ И БИЗНИС УГЛЕД ЗА УНИВЕРЗИТЕТОТ ЗА ТУРИЗАМ И МЕНАЏМЕНТ

Универзитетот за туризам и менаџмент, од Скопје, е добитник на Златната европска награда за квалитет и бизнис углед во областа на образованието. Станува збор за Меѓународната Аристотел награда за организации кои се инспирација за останатите, со нивните резултати, нивното управување и нивната визија. Оваа престижна Меѓународна Аристотел награда ја доделува Светското бизнис собрание - World Business Assembly (WBA). Свечената седница на која се доделуваат наградите, претставува одлучна можност светските лидери во политиката, науката и стопанството да дискутираат и да соработуваат. Наградата беше врачена на раководството на Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје. Меѓународната Аристотел награда е именуван по грчки филозоф и научник, чие име остана како еден од највлијателните научници низ милениумите. Церемонијата на доделувањето на признанија е импресивен меѓународен настан, кој годинава се одржа во Истанбул, Турција. Пракса е да се одржува во еден од 14 избрани градови во светот се со цел е да се покријат сите географски региони во светот, кои можат да придонесат за интелектуален развој. Наградата се доделува на светските лидери во своите области, кои покажаа интелектуален капацитет, иницијатива и енергија за да ги реализираат своите идеи. Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје, е член на Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК). Нивната мисија е создавање, спроведување и одржување на највисок квалитет во образованието. Подготовка на високо стручни кадри, кои ќе умеат да се соочат со предизвиците, што во иднина ќе им ги постават нивните професионални кариери.

Број 477, март 2015


БИЗНИС ИНФОРМАТОР

28

КОМПАНИИ ЧЛЕНОВИ НА ССК

„БИДИ КОМПЛЕТЕН МЕНАЏЕР“ Самоменаџирање, тимско менаџирање и корпоративно менаџирање

Македонија експорт, компанија член на Сојуз на стопански комори на Македонија Ве поканува на 6та обука по ред “Биди комплетен менаџер” во соработка со PriceWaterHouseCoopers Macedonia и Тренинг Центарот на Македонска берза. Најголемиот предизвик на еден менаџер е како да се справи со сопствените емоции, како најдобро да преземе контрола врз себе и да ги зајакне релациите со другите. Развијте ги Вашите менаџерски вештини пристапувајќи од сите аспекти на работењето – самоменаџирање, тимско менаџирање икорпоративното менаџирање, и стигнете до повисоко ниво на современ менаџер. Обуката ќе се одржи на 30 Март (понеделник) во просториите на тренинг центарот Хипериум. Обуката е наменета за сите сегашни и идни менаџери, сите оние кои сакаат да го надградат сопственото знаење за подобрување на менаџерските и лидерските способности. Повеќе информации можете да прочитате од документот во прилог, да испратите email на pwcacademyskopje@mk.pwc.com или пак да се јавите на броевите +389 (0) 2 3140 900 и +389(0)70 724 303. Лице за контакт: Марина Чулева. Македонија експорт – член на Сојуз на стопански комори на Македонија

Број 477, март 2015


29

Број 477, март 2015


30

Сојуз на стопански комори на Македонија Мет.Теодосиј Гологанов бр.1, 1000 Скопје Т: 389 (02) 3091 440 Ф: 389 (02) 3090 595 Е: info@sojuzkomori.org.mk www.chamber.mk

Податоците се изготвуваат врз основа на постојното законодавство во времето на © Сојуз на стопански комори на Македонија 2015 Сите права се задржани. Оваа публикација е изготвена од Сојуз на стопански комори на Македонија, кој е ексклузивен носител на сите права, како што е утврдено и со Законот за индустриска сопственост и Законот за авторски и сродни права. Без претходна писмена дозвола на Сојуз на стопански комори е забрането да се репродуцира, дистрибуира, става на располагање на јавноста (интернет) и други форми на комуникација со јавноста, преработува, или било која друга употреба на авторско дело или делови од него во некој размер или процедури, вклучувајќи фотокопирање, печатење или електронска форма. Логото на Сојуз на стопански комори на Македонија, е регистрирана трговска марка Скопје, јануари 2015

Број 477, март 2015

Profile for Macedonian Chambers of Commerce

Бизнис информатор бр. 477  

Таблет компјутерите за студентите ќе го раздвижат ИТ секторот

Бизнис информатор бр. 477  

Таблет компјутерите за студентите ќе го раздвижат ИТ секторот

Advertisement