Page 1

број 475, февруари 20, 2015 1

ВАШИОТ БИЗНИС НАШ ПРИОРИТЕТ

Број 475, февруари 20, 2015


2

ВАШИОТ БИЗНИС НАШ ПРИОРИТЕТ!

Барате начин да го зголемите својот профит, да обезбедите нови клиенти или партнери, да го промовирате својот бизнис, да ги унапредите своите знаења и вештини, да ја зголемите својата информираност, секогаш да бидете во тек со најновите случувања во бизнисот и со најновите измени во законските регулативи?

Комората преку вмрежување и добро смислен маркетинг план за Ваша промоција, со лобирање и застапување на Вашите интереси, со обуки и семинари, Ви нуди можности да го креирате својот успех.

Илјадници компании од секторите градежништво, туризам, земјоделство, информациски технологии, трговија и услуги, сметководство и индустриско производство учествуваат во успешното делување на Сојуз на стопански комори на Македонија.

Бидете и Вие дел од Вoдечката Македонска Деловна Мрежа.

Контактирајте не на info@mcc.mk и дознајте повеќе.

Со почит, Сојуз на Стопански Комори на Македонија

Број 475, февруари СОЈУЗ НА СТОПАНСКИ КОМОРИ НА МАКЕДОНИЈА 2015 20, 2015


БИЗНИС ИНФОРМАТОР

СОДРЖИНА

3

ВО ОВОЈ БРОЈ НА БИЗНИС ИНФОРМАТОР Страна 5

НОВОСТИ ............5

Македонија и Јапонија Преку билатерална соработка до успех во бизнисот

За време на службената посета во Јапонија, претседателот на SSK, г-ѓа Данела Арсовска и претставник на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот остварија средба со г. Јукио Хамамото, директор за интернационална соработка во министерство за економија, трговија и индустрија на Јапонија.

ИЗЈАВИ И ИНТЕРВЈУА .........9 КОНФЕРЕНЦИИ ФОРУМИ ОБУКИ ................13 Страна 6

САЕМСКИ ВОДИЧ ...............18 КОМПАНИИ ЧЛЕНОВИ...........22

Унапредување на бизнис соработката помеѓу Македонија и Албанија

Претставници од централната и локалната власт во Република Македонија, стопанственици, како и делегација од Албанија, ги сумираа потенцијалите за бизнис соработка, меѓу регионите на Полог и Корча. Страна 8

Владата ќе продава околу 1.000 единици деловен простор за бизнис заедницата во земјава

Во насока на унапредување на можностите за бизнис заедницата и создавање на услови за поефикасно стопанисување со просторот, и како одговор на барањата на бизнис заедницата, Владата на Република Македонија информира дека ја започнува постапката за продажба на деловен простор кој е во сопственост на Република Македонија. Број 475, февруари 20, 2015


4

Број 475, февруари 20, 2015


БИЗНИС ИНФОРМАТОР

5

НОВОСТИ

МАКЕДОНИЈА И ЈАПОНИЈА ПРЕКУ БИЛАТЕРАЛНА СОРАБОТКА ДО УСПЕХ ВО БИЗНИСОТ За време на службената посета во Јапонија, претседателот на Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК), г-ѓа Данела Арсовска и претставник на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот остварија средба со г. Јукио Хамамото, директор за интернационална соработка во министерство за економија, трговија и индустрија на Јапонија. На средбата разговараа за можностите за интензивирање на соработката „Билатералната соработка и институционалното поврзување, е од големо значење за успех и пробивање на компаниите од нашата земја на странските пазари. Сметаме дека тоа е најсоодветен модел за квалитетно воспоставување на темели за идна соработка“, изјави Арсовска. Таа додаде дека инвестициските можности што ги нуди Република Македонија за јапонските бизнисмени се порта за влез и етаблирање на нивниот бизнис во европски рамки. Од досегашните средби со претставници од јапонски компании и асоцијации, најголем интерес пројавиле за инвестиции во земјоделството, производството на храна и вино, автомобилските делови. Во Јапонија, ССК и Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот ги разгледаат можностите за зголемување на трговската размена, соработка на компаниите од двете земји, како и реализирање на конкретни проекти преку Јапонија кон целиот Азиски пазар.

Број 475, февруари 20, 2015


БИЗНИС ИНФОРМАТОР

6

НОВОСТИ

УНАПРЕДУВАЊЕ НА БИЗНИС СОРАБОТКАТА ПОМЕЃУ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И РЕПУБЛИКА АЛБАНИЈА Претставници од централната и локалната власт во Република Македонија, стопанственици, како и делегација од Албанија, ги сумираа потенцијалите за бизнис соработка, меѓу регионите на Полог и Корча, на денешната конференцијата на тема: „Прекугранична соработка и претприемништво“ во организација на Сојуз на стопански комори на Македонија (ССК), како дел од „Проектот за подобрување на бизнис соработката во прекуграничниот регион - помеѓу Македонија и Албанија“. Заменик претседателот на ССК, г. Сеад Кочан, истакна дека изминатите две години, превземени се низа активности се со цел, компаниите од двете земји заедно да ја зголемат можноста за набавка на опрема, суровини, размена на технологија, заедничко воведување на стандарди, директна трговија, како и добивање поволни услови за кредит. „Бизнисот има реални потреби кои заедно со партнерите во проектот, локалната и централната самоуправа, ги лоциравме и работиме на нивно спроведување. Нашите заложби се во насока на подобрување на размена на информации за економските и трговските активности во двете земји, зајакнување на активностите за промоција на увозот и извозот, заедничка туристичка понуда, зајакнување на контролата на квалитетот и лабораториските испитувања, како и поддршка за иновации во секторот на мали и средни претпријатија“, истакна Кочан. Министерот за економија, г. Беким Незири, и за локална самоуправа г. Лирим Шабани истакнаа дека ќе се работи на интензивирање на комуникацијата помеѓу бизнис секторот со локалната и централна власт во насока на заедничко креирање и подобрување на условите за водење бизнис. Шефот на Делегацијата на Европската унија, г. Аиво Орав потенцираше за важноста на дијалогот, како и улогата на Сојузот на стопански комори во застапувањето интересите на бизнис секторот, пред институциите. На настанот се промовира новата веб платформа www.mcc-ics.org ,која е креирана во рамки на проектот, а чии цели се размена на бизнис информации и контакти, регулативи и царински постапки, можности за Б2Б бизнис конекции, нови контакти помеѓу компаниите од Полог и Корча, како и поттикнување на нови трговски иницијативи. По официјалниот дел се одржаа панел дискусии за улогата на локалната и централната власт во подобрување на бизнис соработката во прекуграничниот регион, а исто така претставниците од бизнис секторот ги претставија бизнис потенцијалите за зголемување на економската соработка во прекуграничниот регион. Сојузот на стопански комори на Македонија како носител на „Проектот за подобрување на бизнис соработката во прекуграничниот регион - помеѓу Македонија и Албанија“, во рамки на ИПА програмата за прекугранична соработка меѓу Македонија и Албанија, поддржан од страна на Делегацијата на Европската Унија, во соработка со Институтот за современи истражувања од Албанија, речиси две години работи на подобрување на прекуграничната бизнис соработката меѓу компаниите од Полшкиот регион и регионот на Корча. Број 475, февруари 20, 2015


БИЗНИС ИНФОРМАТОР

7

НОВОСТИ

ССК: СРЕДБА СО ИДНИТЕ АМБАСАДОРИ НА МАКЕДОНИЈА ВО КАНАДА И ГЕРМАНИЈА Извршниот директор на Сојуз на стопански комори на Македонија (ССК), г. Митко Алексов, оствари средба со г. Тони Димовски, кој наскоро се очекува да го отпочне мандатот како амбасадор на Република Македонија во Канада, како и со г. Сашо Марковски, амбасадор на Република Македонија во Германија. На двете одделни средби, посебен нагласок беше ставен на трговската размена на Македонија со овие земји. Германија е наш најголем трговски партнер и значителен инвеститор. Она што е од големо значење за соработка на компаниите со двете земји е посета на тамошни саеми, организација на форуми и посета на делегации каде што ќе се сретнат домашните компании со канадските, како и германските. Извршниот директор им честита и им посака успешна работа, а тие ја покажаа својата иницијатива за понатамошна комуникација со ССК и пренесување на сите потребни информации кои би биле од корист за компаниите.

ПРЕДЛОГ АКТИВНОСТИ ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ТРГОВСКАТА РАЗМЕНА СО БУГАРИЈА Оперативниот директор на Сојузот на стопански комори на Македонија, г. Александар Зарков, присуствуваше на средбата во организација на Македонско – бугарска стопанска комора, на која како заклучок беше истакнато дека за зголемување на обемот на трговска размена меѓу двете земји, потребно е подобрување на инфраструктурата, воспоставување директни авио и железнички врски, зголемување и забрзување на проодноста на стоките на границите, како и олеснување на административно царинските процедури. На состанокот присуствуваа раководни лица на повеќе комори и дискутираа за преземање на сите потребни мерки во насока на подобрување на соработката меѓу двете земји. На работен состанок се разговараше и за „Бизнис-Експо форум во Софија“ кој како што информираа од Македонско – бугарската стопанска комора, ќе биде под покровителство на премиерите на Р. Македонија и на Р. Бугарија. Вкупната трговска размена во првите десет месеци меѓу двете земји од тековната 2014 година изнесува 602,2 милиони САД $, што претставува раст од 5,7% споредено со истиот период минатата 2013 година. Извозот изнесува 274 милиони САД $, што претставува зголемување од 2%, додека увозното салдо изнесува 327 милиони САД $, или зголемување од 9% во споредба со истиот период минатата година. Во првите десет месеци од 2014 година и од 2013 година, Бугарија била шести трговски партнер на Македонија. Број 475, февруари 20, 2015


БИЗНИС ИНФОРМАТОР

8 ИЗЈАВИ И ИНТЕРВЈУА НОВОСТИ

ВЛАДАТА ЌЕ ПРОДАВА ОКОЛУ 1.000 ЕДИНИЦИ ДЕЛОВЕН ПРОСТОР НА БИЗНИС ЗАЕДНИЦАТА ВО ЗЕМЈАВА Во насока на унапредување на можностите за бизнис заедницата и создавање на услови за поефикасно стопанисување со просторот, и како одговор на барањата на бизнис заедницата, Владата на Република Македонија информира дека ја започнува постапката за продажба на деловен простор кој е во сопственост на Република Македонија. Предмет на овој процес ќе бидат околу 1000 единици деловен простор. Во првата фаза, за кој е донесена и одлука, ќе биде објавен јавен оглас за продажба на 100 единици деловен простор со кои стопанисува АД за стопанисување со деловен простор во државна сопственостСкопје. Согласно владината одлука во овој прв пакет се содржат 100 деловни простории низ целата територија на Република Македонија, меѓу кои во Скопје 22 деловни простории, Кичево 11, Куманово 9, Тетово 8, Битола 7, Штип 7, Прилеп 6, Струмица 4 деловни простории и деловни простории во други градови, односно се работи за постапка за продажба на деловен простор во 19 градови на целата територија на државата, а вкупната квадратура на деловните простории кои се предмет на продажба во овој прв пакет е 7.253 метри квадратни Постапката за продажбата на деловните простории ќе ја води АД за стопанисување со деловен простор во државна сопственост—Скопје, согласно Законoт за продажба и давање под закуп на деловните згради и деловните простории на Република Македонија. Огласот кој ќе биде објавен ќе трае 30 дена, а сите заинтересирани физички и правни лица пријавите за учество ќе можат да ги достават електронски на интернет - странатаwww.deloven-prostor.mk. Во рамките на самиот поднесок покрај пријава од подносителот, во која се наведени име и презиме, односно назив, адреса и контакт телефон, треба да се достави банкарската гаранција за сериозност на понудата за учество на јавното наддавање во износ од 2% од проценета вредност на деловниот простор за кој се аплицира. Физичките лица кои аплицираат треба да достават и уверение за државјанство, во оригинал или копија заверена на нотар, не постаро од 6 месеци, а правните лица доказ за регистрација на правното лице издаден од соодветен регистар, во оригинал или копија заверена на нотар, не постар од 6 месеци. По пријавувањето, субјектот кој аплицирал ќе добие известување за тоа кога ќе се одржи електронската јавна аукција за деловниот простор за кој аплицирал, со наведен ден и час и шифра за влез во системот на електронска аукција. На денот на одржување на јавната електронска аукција, оној субјект кој аплицирал и во наддавањето истакнал највисока цена за деловниот простор се здобива со право и можност да го купи тој деловен простор. По завршувањето на аукцијата најповолниот понудувач е должен во рок од 15 дена од денот на приемот на писменото известување за избор да ги уплати средствата согласно постигнатата крајна цена од наддавањето и до Комисијата да достави доказ за извршената уплата и потоа да се пристапи кон склучување на договор. Со овој процес се очекуваат позитивни ефекти, приватниот сектор ќе добие можност да купи деловен простор и на тој начин да може да ги остварува разните ефекти од стопанисувањето со истиот простор кој би бил во негова сопственост, што несомнено ќе придонесе за подобрување на економскиот перформанс на приватните субјекти и за поголеми можности за раст и развој на нивната дејност. Број 475, февруари 20, 2015


БИЗНИС ИНФОРМАТОР

9

ИЗЈАВИ И ИНТЕРВЈУА

СО ТРАНСФЕР НА ПАРИ И НА ЗНАЕЊА ДО ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК Македонија ќе се најде на меѓународната финансиска мапа, ќе има зголемен прилив на даноци во буџетот, но и нови работи места. „Се очекува финансиските зони во Република Македонија да донесат трансфер на знаења и на вештини, во одредени сектори да влијаат на зголемување на платите, да ја намалат невработеноста, но и да придонесат за дополнителен пораст на БДП на Македонија. Овие слободни финансиски зони ги има во многу земји, во САД, Англија, Луксембург и во државите во кои се воспоставени има висок економски пораст. Сметаме дека со воспоставувањето финансиски зони и кај нас ќе има значително зголемување на економскиот пораст, врз основа на правилата што ќе бидат воспоставени во самите зони. Многу е важно дека не само деловниот сектор, туку и воопшто секој поединец што е квалитетен и квалификуван ќе може да го најде своето место во финансиските зони “ – смета г-ѓа Данела Арсовска, претседател на Сојузот на стопански комори на Македонија.

ПОПЛАВИТЕ УНИШТИЈА ГОЛЕМ ДЕЛ ОД ПОСЕВИТЕ ВО НАЈГОЛЕМАТА ЖИТНИЦА ПЕЛАГОНИЈА

Г. Огнен Оровчанец експерт за земјоделство и претседател на Агро-бизнис комора при ССК вели дека без разлика какви и мерки да се преземат после вакви катастрофи неминовни се штетите кои долгорочно ќе ги претрпи полјоделството и општо целото земјоделство во текот на претстојната година. „Дефинитивно

пролетната сеидба ќе задоцни бидејќи не може да влезе во нивите за да се почнат подготовките, а состојбата може и да се влоши бидејќи се најавуваат нови дождови. Да беа временските услови добри, веќе требаше да биде почната сеидбата на сончогледот, пченката, јачменот, сега се ќе се пролонгира. Ова што сега се случува е многу полошо од тоа што го очекувавме. Само за пример, ако житата се три дена се под вода почнува оштетување на листовите од растението, но после три дена целиот коренов систем скапува. Штетите ќе бидат огромни а лошото е што не можат да се надоместат. Сега требаше да почне прехраната на есенските култури, но не може да се влезе во нивите. Од друга страна постои опасност од појава на болести, штетници. Штом престанат дождовите и кога ќе се повлече водата, треба веднаш да се почне со прскање против плевели и болести“, вели г. Огнен Оровчанец, претседател на Агро – бизнис комора во ССК.

Број 475, февруари 20, 2015


БИЗНИС ИНФОРМАТОР

10

ИЗЈАВИ И ИНТЕРВЈУА

НОВИТЕ ВРАБОТУВАЊА ЌЕ ЈА РАЗДВИЖАТ ЕКОНОМИЈАТА Собранието го изгласа Законот за вработување на 3.000 лица на неопределено време. Владината мерка која предвидува склучување на договори за вработување на хонорарци во државните институции ја поздравија и синдикалците. „Сигурно

дека позитивно ќе се одрази врз тие луѓе. Тоа ќе се одрази и врз економијата, на краток рок ќе се раздвижи. Пред се психолошката бариера, нема неизвесност, со тоа сигурно ќе се придобие и луѓето да се посветат повеќе, да размислуваат и поамбициозно да работат и да напредуваат. Квалитетна работа на администрацијата е од големо значење и за бизнис заедницата. Од друга страна значи 3000 луѓе ќе се здобијат со здравствено и пензиско осигурување. Во тој дел нема да зависат ниту да плаќаат приватно здравство ниту пак ќе зависат од своите брачни другари или родители, нема да се водат во евиденција на невработени“, вели г. Сеад Кочан, заменик претседател на ССК.

ПОЛИТИЧКАТА КРИЗА НЕИЗВЕСНОСТ ЗА ЕКОНОМИЈАТА Политичката нестабилност ќе ги замрзне економските очекувања за зголемена потрошувачка и повисок економски раст, предупредуваат стопанствениците. - Доколку имало одредени планови за развојни активности или планови за инвестирање, тогаш тие на краток и на среден рок ќе подзастанат, а тоа негативно ќе влијае на целокупната економија, вели г. Митко Алексов, извршен директор на Сојуз на стопански комори.

Број 475, февруари 20, 2015


БИЗНИС ИНФОРМАТОР

11

ИЗЈАВИ И ИНТЕРВЈУА

ПОЗИТИВНИ РЕАКЦИИ НА ОПЕРАТИВНИОТ ПЛАН ЗА НОВИ ВРАБОТУВАЊА Скоро 11 милиони евра Владата ќе стави на располагање за отворање на нови работни места. Парите ќе бидат наменети за поддршка за самовработување, субвенционирање на лица со социјален ризик, млади невработени лица до 29 години. „Ова е поволно бидејќи одредени компании имаат план за проширување на својата дејност и имаат потреба од нови вработувања. Меѓутоа, знаеме дека кај компаниите понекогаш и до 50 проценти од трошоците отпаѓаат на плати. Оваа мерка која ќе субвенционира директни вработувања во компаниите плус исто така ќе се субвенционираат и обуки за овие нововработени. Тоа значи дека компанијата нема да има дополнителни трошоци за доедукација на новите вработени и тие се очекува за два-три месеци веќе да почнат да бидат оперативни односно да придонесуваат и даваат резултати во компаниите“, изјави г. Митко Алексов, извршен директор на ССК.

КОМПАНИИТЕ МОЖЕ ДА АПЛИЦИРААТ ЗА СРЕДСТВА ОД ФОНДОТ ЗА ИНОВАЦИИ Компаниите од денес може да аплицираат за средства од Фондот за технолошки развој. Со Фондот за иновации и технолошки развој се предвидени кофинансирани грантови за 20-ина проекти на старт-ап и спин-оф компании и истите ќе може да добијат најмногу до 30.000 евра. Фондот ќе финансира 85 проценти од вкупните трошоци на проектите. Целта е да се зголеми иновативноста кај македонските претпријатија и примената на научно истражувачки проекти од универзитетите во комерцијалниот дел преку формирање спин-оф претпријатија, а апликација можат да поднесат сите микро, мали и средни претпријатија, новоосновани претпријатија кои постојат најмалку 6 години, спин-оф претпријатија кои се во доминантна сопственост домашни компании на македонски граѓани. Повик за грантови на следниот линк.

Број 475, февруари 20, 2015


12

Број 475, февруари 20, 2015


БИЗНИС ИНФОРМАТОР

13

КОНФЕРЕНЦИИ, САЕМИ, ОБУКИ, БИЗНИС ФОРУМИ

ОБУКА ЗА НОВИОТ ЗАКОН ЗА ЗАБРАНА ЗА СПРЕЧУВАЊЕ И ВРШЕЊЕ НА НЕРЕГИСТРИРАНА ДЕЈНОСТ Експерти од Министерството за труд и социјална политика на Република Македонија, ќе одржат обука во врска со Новиот Закон за забрана за спречување и вршење на нерегистрирана дејност („Службен весник на РМ“, бр. 199/14 од 30.12.2014 година). Обуката ќе биде спроведена на 27.2.2015 (петок) во 10.00 часот во хотел ТЦЦ Гранд Плаза, бул 8. Септември 2/2 1000 Скопје (Карпош). Бројот на места е ограничен и седењето е означаено. Вашето присуство пријавете го најдоцна до 26.2.2015 (четврток) на телефон 075 254 082 и на marija.mustrik@sojuzkomori.org.mk. *Котизација за членови на ССК 1500 денари, за останатите компании 3000 денари. Максимум за оваа цена може да присуствуваа две лица од компанијата. Уплата на жиро сметка број: 210-0589952401-21, банка НЛБ Тутунска банка Цел на дознака: Котизација за обука – Нов закон - нерегистрирана дејност Целта на обуката е компаниите да се запознаат со Законот за забрана за спречување и вршење на нерегистрирана дејност, кој за прв пат се носи во Република Македонија и во кој се застапени многу нови аспекти за регулирање на вршење на одредени дејности кои досега не беа опфатени и соодветно третирани со постојните материјални закони кои ја уредуваат ова област. Обуката ќе ја спроведат советници од Министерство за труд и социјална политика:   

г. Миле Стојановски – државен советник г-ѓа Елеонора Јовановиќ – советник г. Горан Велески – советник

За време на обуката во врска со Новиот Закон за забрана за спречување и вршење на нерегистрирана дејност ќе бидат опфатени следните точки:             

Што е регистрирана дејност; Што е нерегистрирана дејност; Кои дејности се забранети со Законот; На кого се забранува вршење на неригистрирана дејност; Регистрирање на нерегистрираната дејност; Третман на помагањето и соучесништво при вршење на нерегистрирана дејност; Услови за вршење на огласување; Управни мерки на надлежните државни органи; Пломбирање на простории, простор во кој се врши нерегистрирана дејност; Одземање предмети во врска со нерегистрирана дејност; Надлежни државни органи за постапување по Законот; Санкции за вршење на нерегистрирана дејност, избегнување на поднесување прекршочно барање; Жалба на решение на државен орган.

Линк од законот: (http://www.mtsp.gov.mk/content/pdf/zakoni/Zakon_neregistrirana_dejnost.pdf) Број 475, февруари 20, 2015


БИЗНИС ИНФОРМАТОР

14

КОНФЕРЕНЦИИ, САЕМИ, ОБУКИ, БИЗНИС ФОРУМИ

ENTERPRISE EUROPE NETWORK: БИЗНИС СРЕДБИ (B2B) ВО РЕПУБЛИКА БУГАРИЈА Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК), како дел од најголемата европска мрежа на претпријатија EEN - Enterprise Europe Network, Ви нуди можност за нови бизнис соработки преку учество на брокерски B2B настани во месец март во Република Бугарија. 

 

IndustryMatchMaking – IMM2015 12 март 2015 година(10:30 – 18:00ч., Inter Expo Center, Софија, Бугарија) сектори:

    

електроника, ИТ, телекомуникации автоматизација, роботика, системи за контрола електронски компоненти, електроника и опрема индустриска автоматизација

Go Green to Environment 2015 – G2E2015 13 март 2015 година(10:30 – 18:00ч., Inter Expo Center, Софија, Бугарија) сектори:

 

     

повеќе информации на линкот

енергетска ефикасност инженерство на животна средина / технологија рециклирање од отпад до енергија индустриски третман на вода повеќе информации на линкот

Рок за регистрација и за двете средби е 27 февруари 2015г.

Учеството на средбите е бесплатно (доколку учесникот добие список на договорени средби, а не дојде на истите, се наплаќа надоместок од 100еур). За регистрација за средбите и за сите дополнителни информации можете да нè контактирате на тел. 02 3091 440 или info@sojuzkomori.org.mk, контакт лице: Светлана Бошкоска.

Број 475, февруари 20, 2015


БИЗНИС ИНФОРМАТОР

15

КОНФЕРЕНЦИИ, САЕМИ, ОБУКИ, БИЗНИС ФОРУМИ

СЕДНИЦА НА УПРАВЕН ОДБОР НА ИКТ КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Претседателот на ИКТ комора на Македонија, г. Саша Огненовски, свикува Седница на Управен одбор на ИКТ комора на Македонија. Седницата на Управен одбор на ИКТ комора ќе се одржи на 27.02.2015г. (петок) со почеток во 14:00 часот во просториите на ССК на новата локација (ул. Митрополит Теодосиј Гологанов бр.1, Скопје). Вашето присуство за седницата можете, можете да ги пријавите на емаил: sboskoska@sojuzkomori.org.mk. За сите дополнителни информации можете да нѐ контактирате на тел. 02 3091 440 или пак, на email: sboskoska@sojuzkomori.org.mk, контакт лице: Светлана Бошкоска, координатор.

Број 475, февруари 20, 2015


БИЗНИС ИНФОРМАТОР

16

КОНФЕРЕНЦИИ, САЕМИ, ОБУКИ, БИЗНИС ФОРУМИ

ИНТЕРНАЦИОНАЛНА САЕМСКА МАНИФЕСТАЦИЈА „RDA“ Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија ве известува дека од 21 до 23 јули, 2015 година ќе учествува на Интернационална саемска манифестација за туризам „RDA“, во Келн, Германија. Според упатството на АППТ на РМ за начинот и постапката за учество на интернационални саемски манифестации за туризам, право на учество имаат сите правни лица, здруженија, организации, државни институции, образовни институции кои работат во областа на туризмот и тоа на следниот начин: 1. За закуп на едно работно место (пулт), една маса за преговори со две столчиња со еден или двајца претставници Овој пакет предвидува:  Монтажа на демонтажа на опрема на штандот  Осветлување и одржување на хигиена на штандот  Обезбедување на една или две влезници на саемот за сите денови  Транспорт на промотивен материјал до 30 килограми  Вклучување во официјалниот каталог, користење на остава и гардероба  Натпис и лого на Коучесникот на работното место (пултот) Износот на котизацијата за учество на „RDA“е во висина од 6.000,00 денари без ДДВ. 2. Учество само со промотивен материјал до 30 килограми е бесплатно. Овој пакет предвидува: - Дистрибуција на промотивен материјал - Изложување на промотивниот материјал на заеднички сталак - Делење на промотивниот материјал од страна на претставници на АППТ - Користење на маса за преговори по предходно пријавен термин кај менаџерот на саемот, не подолго од 20 минути од состанок Рок за пријавување: Рокот за пријавување на горенаведените саемски манифестации е 12ти февруари 2015 година. Напомена 1: Учеството на саемските манифестации под Точка 1 треба да го утврдите во писмена форма со пополнување на Формуларот кој ви е доставен во прилог на истиот е маил. Бројот на пултовите е ограничен, затоа ќе се оди по принципот кој прв се пријавил. Напомена 2: За учество на саемските манифестации под Точка 2, ве информираме дека материјалот треба да го доставите во просториите на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на РМ на ул. Дебарца бр. 2, 1000 Скопје, не покасно од 20 дена пред почетокот на манифестациите. За дополнителни информации: Е-маил: nikola.gjoshev@tourismmacedonia.gov.mk

Број 475, февруари 20, 2015


17

Број 475, февруари 20, 2015


18

ГРАДЕЖНИШТВО

САЕМСКИ ВОДИЧ—МАРТ 2015 МАРТ 2015 БИЗНИС КОНФЕРЕНЦИИ 1ви Конференција за протокол и организација на настани, Дубаи, ОАЕ 1ви Меѓународна конференција за Бизнис и економија, Ал Аин, ОАЕ

3ти (ICBTS) 2015 - Меѓународна конференција за одржлив развој во бизнис туризмот, Патаја, Тајланд 3ти CERBA) - Конференција за Рударство, Торонто, Канада 4ти Европска академска конференција за бизнис туризам и угостителство, Брег Патаја, Тајланд 4ти Меѓународна конференција за организација на стратегии, бизнис модели, и управување со ризик, ОАЕ 4ти 42 Годишен состанок на асоцијација за бизнис симулација и искуствено учење, Лас Вегас, САД 5ти (GABER) - 15та Меѓународна конференција за бизнис и економија, Орландо, САД 5ти Меѓународна конференција за глобализација на претпријатија и економски развој, Вашингтон, САД 5ти Креативна работилница, Сингапур, 5 - 7 Март, 2015 6ти Меѓународна конференција за сметководство, бизнис и економија, Бандунг, Индонезија 6ти Пролетна Глобална конференција за менаџмент, Лос Анџелес, САД 6ти Национална конференција за човечки капитал и управување на организации, Бангалор, Индија 9ти Планирање, организирање и контрола на проекти, Лондон, Велика Британија 9ти 5та Бизнис стратегија за човечки ресурси, Велика Британија Викторија 11ти Меѓународна конференција за хуманистички и општествени науки, Вашингтон, САД Меѓународна конференција за управување, бизнис, економија, општествени науки и хуманистички истражувања, 12ти Дубаи, ОАЕ 12ти Меѓународна конференција за иновации и интеграции, Куала Лумпур, Малезија 13ти (PAR) Меѓународна конференција за лидерство, Опатија, Хрватска (Hrvatska) 14ти (IBESRA) - 2ра Меѓународна конференција за бизнис, економија, социјални науки и истражување, Дубаи, ОАЕ 15ти Стратешко планирање и поставување на цели: Поставување на бизнис цели, Дуваи, ОАЕ 15ти Вештини за подготовка на Буџет, Дубаи, ОАЕ 15ти Приоритети за управување со продуктивност, Дубаи, ОАЕ 15ти Меѓународна конференција за наука за храна и преработувачка индустрија, Бангкок, Тајланд 16ти Меѓународна конференција за академска дисциплина, Лас Вегас, САД 18ти Креативна работилница, Прага, Чешка, 18 - 24, 2015 19ти (WEI) - Меѓународна академска конференција за бизнис и економија, Атина, Грција 22ри Меѓународна Бизнис Конференција, Сан Хуан, Порторико 22ри Втора Азиска конференција за милениумски развојни цели, Хирошима, Јапонија 23ти (ICBER) - 6та Меѓународна конференција за истражување на бизнис и економија, Сабах, Малезија 25ти Меѓународна конференција за управување, образование и социјални науки, Коломбо, Шри Ланка 25ти (ICMBS) 2015 - Меѓународна конференција за управување и наука за однесување, Сингапур 25ти 34та Меѓународната конференција за организациски развој на науката, Порторош, Словенија 25ти (ABSRC) 2015 - Конференција поврзана со наука за истражување, Венеција, Италија 25ти Самит за спортски бизнис 2015, Сиднеј, Австралија 26ти Иднината на здравствената заштита од симпозиум, Лос Анџелес, САД 26ти Креативна работилница, Фиренца, Италија, Март 26 - Април 1, 2015 26ти Меѓународна конференција за женско лидерство, Филаделфија, САД 28ми Глобална конференција за иновации и здравје, Њу Хевн, САД Број 475, февруари 20, 2015


19

АПРИЛ 2015 БИЗНИС КОНФЕРЕНЦИИ 1ви 4ти

(ISBM) Меѓународен симпозиум за бизнис и менаџмент, Куала Лумпур, Малезија (AETM’15) Национална конференција за nапредок во инженерство, технологии и менаџмент, Амала, Индија

8ми

Креативна работилница, Дубаи, Обединети Арапски Емирати, Април 8 - 11

8ми

Обука за трансформирање и Конференција за ментoрство, Хамилтон, Нов Зеланд

8ми

Конференција за здравство, менаџмент, и технологија, Вашингтон, Соединети Американски Држави

9ми

7ма Европска Конференција за интелектуален капитал, Картагена, Шпанија

9ми

(JCTEF) 1ва конференција за трговија, економија и финансии, Кјото, Јапонија (ICBEM'15) Меѓународна конференција за бизнис, економија и менаџмент, Април, 9 - 10, Пукет, Тајланд

9ми 9ми 9ми

Повик за труд: 4та Европска Бизнис Конференција за истражување, Лондон, Велика Британија Меѓународна академска интердисциплинарна конференција за модерна економија и социјални науки, Ополе, Полска

9ми

(ICEFR) 4та Меѓународна конференција за економија и финансиски концепти - Токио, Јапонија

9ми

9та Меѓународна конференција за економски и социјален развој, Истанбул, Турција

10ти

(ICBST) 2ра Меѓународна конференција за бизнис, наука и технологија, Хатијаи, Тајланд (ICMH2015) 2ра Меѓународна конференција за менаџмент и општествени науки, Лос Анџелес, Соединети Американски Држави Меѓународна конференција за иновации во бизнис, економија, маркетинг и е-технологија, Њујорк, Соединети Американски Држави (ICABE2015) 2ра Меѓународна конференција за Напредок во бизнис и економија, Лос Анџелес, Соединети Американски Држави Европската академска конференција за одржлив бизнис туризам и угостителство, Париз Париз, Франција (ICTTB2015) Меѓународна конференција за одржливост на туризам и бизнис инфовации, Париз, Франција (ICABMIT) 10та Меѓународна конференција за Напредок во Бизнис менаџмент и информатичка технологија, Париз, Франција

11ти 11ти 11ти 12ти 12ти 12ти 12ти 12ти

Меѓународна академска конференција за Бизнис и Економија, Универзитет на Виена, Австрија Градење на лидерски вештини: Креирање на посилни односи за посилна организација, Дубаи, Обединети Арапски Емирати

13ти

Повик за труд: Конференција за економија, банкарство и финансии, Париз, Франција

13ти 13ти

Евро-американска конференција за академски дисциплини, Париз, Франција (ICBTS2015) Меѓународна конференција за одржлив развој во туризмот и бизнис науките, Париз, Франција

13ти

Конференција за социјални науки и бизнис, Сиднеј, Австралија

14ти

15та Академска конференција, Рим, Италија

15ти 16ти

3та Меѓународна конференција за бизнис, економија и сметководство, Хо Чи Мин, Виетнам Меѓународна конференција на интердисциплинарни студии, Сан Антонио, Соединети Американски Држави

17ти

Креативна работилница - Април, 17 - 20, Њу Јорк, Соединети Американски Држави

18ти

Прва глобална конференција за креативна Индустрија, Хонг Конг

19ти

Планирање и Управување со маркетинг, Дубаи, Обединети Арапски Емирати

19ти

Меѓународна конференција за академска дисциплина, Виена, Австрија

20ти

9ти годишен глобален самит за рафинирање, Хаг, Холандија

20ти

30та Меѓународна Бизнис Конференција за истражување, Дубаи, Обединети Арапски Емирати

21ви Меѓународна конференција за бизнис, економија, маркетинг и компјутерски науки, Банкок, Тајланд 22ри Интернационална Конференција за бизнис и интернет, Таипеи, Тајван 22ри 3ти Меѓународен форум за науки, Аман, Јордан 23ти 24ти

(ICRES) - Меѓународна конференција за Истражување на образованието и науката - Анталија, Турција Глобална Конференција за бизнис менаџмент и општествени науки, Дубаи, Обединети Арапски Емирати Број 475, февруари 20, 2015


20

КОМПАНИИ ЧЛЕНОВИ НА ССК МАЈ 2015 БИЗНИС КОНФЕРЕНЦИИ 4ти Меѓународна конференција за бизнис, применети науки и технологија, Торонто, Канада 4ти Меѓународна конференција за бизнис и економија, Анкара, Турција 4ти 2ра Годишна Меѓународна конференција за бизнис, право и економија, Мај, 4 - 7, Атина, Грција Конференција за стратешки бизнис менаџмент и економски истражувања, Бостон, Соединети 5ти Американски Држави 6ти 6та Глобална Исламска маркетинг конференција, Истанбул, Турција 6ти 2ра Меѓународна конференција за финансии и бизнис економија, Дубаи, Обединети Арапски Емирати (GABER) 16та Меѓународна конференција за бизнис и економија, Њу Јорк, Соединети Американски 7ми Држави 10ти Технички Проектен менаџмент, Дубаи, Обединети Арапски Емирати 11ти Финансиски анализи, планирање и контрола, Лондон, Велика Британија Повик за труд: Конференција за Глобален Бизнис и истражување на општествени науки, Бали, 11ти Индонезија 12ти Меѓународна Бизнис Конференција, Ајман, Обединети Арапски Емирати 12ти 16та Меѓународна академска конференција, Амстердам, Холандија 12ти Бизнис Дизајн: Истражување, Мелбурн, Австралија 12ти Меѓународна Конференција за бизнис, менаџмент, туризам и угостителство, Мелака, Малезија 12ти (IISES) 16та Меѓународна академска конференција, Амстердам, Холандија 15ти 2ра Меѓународна конференција за бизнис, Јалова, Турција 15ти (ICSEP) 2ра Меѓународна конференција за општество, образование и психологија, Рим, Италија 15ти 5та Меѓународна конференција за управување со услужна наука, Рим, Италија 15ти Истражување на Интердисциплинарно управување, Опатија, Хрватска 17ти Проект за буџетирање и управување со трошоци, Дубаи, Обединети Арапски Емирати 18та Меѓународни Мултидисциплинарни академски конференции: Промовирање на глобален напредок 18ти и академски квалитет, Париз, Франција 18ти Меѓународна академска конференција за бизнис, економија и менаџмент, Прага, Република Чешка 18ти Американско - канадска конференција за академски дисциплини, Торонто, Канада Меѓународна конференција за претприемништво, менаџмент, образование, наука, компјутери и 18ти технологија, Истанбул, Турција 18ти 18ти Корпоративен форум за финансии, Сиднеѕ, Австралија Меѓународна конференција за инженерство, наука, бизнис и менаџмент, Дубаи, Обединети Арапски 20ти Емирати 12та Годишна конференција за унапредување во бизнисот, образованието, науката и технологијата, 20ти Лондон, Велика Британија (ICMTSET) 3та Меѓународна конференција за современи трендови во науката за инженерство и 20ти технологија, Дубаи, Обединети Арапски Емирати 22ри Меѓународна конференција за бизнис менаџмент и информациски технологии, Дурбан, Јужна Африка 22ри Глобално Бизнис истражување, Риверсајд, Соединетите Американски Држави 22ри Меѓународна Постдипломска конференција за уметност, образование и бизнис, Бандунг, Индонезија 22ри Меѓународна конференција на англиски јазик за специфични цели (ESP), Ниш, Србија 24ти Финансиско сметководство, Дубаи, Обединети Арапски Емирати 25ти 2ра Годишна Меѓународна конференција за сметководство и финансии), Коломбо, Шри Ланка 25ти 25ти Светски Конгрес за Истражување, Патаја, Тајланд 25ти Повик за труд: 4та Глобална Конференција за бизнис и финансии, Мелбурн, Австралија Меѓународна конференција за академски дисциплини (на кампус на Харвард), Бостон, Соединетите 26ти Американски Држави Меѓународна интердисциплинарна конференција за унапредување на бизнис и економија, Лас Вегас, 26ти Соединетите Американски Држави 26ти Глобална Конференција за бизнис и финансии, Сан Хозе, Коста Рика 26ти Меѓународната конференција за бизнис и општествени науки, Монте Карло, Монако 26ти Меѓународна конференција за управување со технологија, Хамамет, Тунис 27ми 24ти Светски Бизнис Конгрес, Фамагуста, Кипар Конференција за Инженеринг, менаџмент системи и иновации, Вашингтон, Соединети Број 475,Американски февруари 20, 2015 27ми Држави


21

КОМПАНИИ ЧЛЕНОВИ НА ССК ЈУНИ 2015 БИЗНИС КОНФЕРЕНЦИИ 1ви 3та Меѓународна конференција за земјоделство и храна, Елените, Бугарија 3ти Меѓународна Конференција за бизнис и економски анализи, Бандар Сери Бегаван, Брунеи Дарусалам 2ра Меѓународна конференција за наука, технологија, инженерство и менаџмент, Дубаи, Обединети 3ти Арапски Емирати 4та Меѓународна конференција за психолошки науки и психолошко однесување, Бандар Сери Бегаван, 3ти Брунеи Дарусалам 4ти Меѓународна конференција за глобален бизнис, економија и социјални науки, Дурбан, Јужна Африка 4ти (SIBR) Конференција за интердисциплинарна бизнис и економија за истражување, Бангкок, Тајланд 1ва Меѓународна конференција за медицинска етика, здравствена системи и глобални бизнис прашања, 6ти Мајами, Соединетите Американски Држави Меѓународна конференција за напредок во бизнис менаџментот и информатичката технологија, 7ми Истанбул, Турција 7ми Меѓународна академска конференција за Бизнис, Истанбул, Турција 7ми Финансиска стратегија и сметководствени вештини, Дубаи, Обединети Арапски Емирати 7ми Меѓународна бизнис конференција, Лондон, Велика Британија 8ми 2ра Меѓународна конференција за образование и општествени науки, Истанбул, Турција Европска академска конференција за одржлив бизнис, туризам и угостителство, (Харвард кампус 8ми Бостон), Соединети Американски Држави Меѓународна академска конференција за бизнис и економија и менаџмент на Универзитетот Харвард во 8ми Бостон, Соединети Американски Држави 8ми Стратешко и бизнис планирање, Лондон, Велика Британија 8ми Меѓународна конференција за одржливост во туризмот, Њујорк, Соединети Американски Држави 9ти 2ра Меѓународна конференција за иновации во бизнисот и менаџментот, Куала Лумпур, Малезија Меѓународна конференција за одржлив развој во бизнис туризмот и науките, Бостон, Соединетите 11ти Американски Држави 11ти 14та Европска конференција за Методологија за истражување на бизнис и менаџмент, Валета, Малта Меѓународна конференција за иновации во општествените наука, бизнисот и образованието, Њујорк, 12ти Соединети Американски Држави 14ти Бизнис финансиски и сметководствени вештини, Дубаи, Обединетите Арапски Емирати 15ти Креативна Работилница, Барселона, Јуни, 15 - 21 15ти 3та Меѓународна конференција за трговија, бизнис, економија и право, Единбург, Велика Британија 16ти Меѓународна конференција за академска дисциплина, Фиренца, Италија 17ти Животна средина и животински производи, Нотингам, Обединето Кралство 18ти Конференција за истражување, совршеност во бизнис и економија, Рим, Италија 18ти 15та Европска конференција за е-власт, Портсмут, Велика Британија 18ти Нови трендови за одржлив бизнис и одржлива потрошувачка, Букурешт, Романија 19ти 5ти Меѓународен симпозиум за управување со инженеринг и конкурентност, Зрењанин, Србија 21ви 17та Меѓународна академска конференција, Виена, Австрија 21ви Конференција за бизнис и менаџмент, Виенам Австрија 23ти Меѓународна конференција за академска дисциплина, Барселона, Шпанија 24ти Меѓународна конференција за економија и менаџмент, Јуни, 24 - 25 јуни, Катманду, Непал Број 475, февруари 20, 2015


БИЗНИС ИНФОРМАТОР

22

КОМПАНИИ ЧЛЕНОВИ НА ССК

Број 475, февруари 20, 2015


23

Број 475, февруари 20, 2015


24

Сојуз на стопански комори на Македонија Мет.Теодосиј Гологанов бр.1, 1000 Скопје Т: 389 (02) 3091 440 Ф: 389 (02) 3090 595

Податоците се изготвуваат врз основа на постојното законодавство во времето на © Сојуз на стопански комори на Македонија 2015 Сите права се задржани. Оваа публикација е изготвена од Сојуз на стопански комори на Македонија, кој е ексклузивен носител на сите права, како што е утврдено и со Законот за индустриска сопственост и Законот за авторски и сродни права. Без претходна писмена дозвола на Сојуз на стопански комори е забрането да се репродуцира, дистрибуира, става на располагање на јавноста (интернет) и други форми на комуникација со јавноста, преработува, или било која друга употреба на авторско дело или делови од него во некој размер или процедури, вклучувајќи фотокопирање, печатење или електронска форма. Број 475, февруари 20, 2015

Логото на Сојуз на стопански комори на Македонија, е регистрирана трговска марка

Profile for Macedonian Chambers of Commerce

Бизнис информатор бр. 475  

Македонија и Јапонија - преку билатерална соработка до успех во бизнисот

Бизнис информатор бр. 475  

Македонија и Јапонија - преку билатерална соработка до успех во бизнисот

Advertisement