Page 1

О.У. „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ БИТОЛА

НАША ТРИБИНА БР. 73 2013/2014

проекти

ПМИО

Втора година успешно спроведување на проектот за Меѓуетничка интеграција во образованието

активности

Ние на „Голем Одмор“ Нашите ученици на МРТВ

јубилеи

Недела на театарот 130 години од првата претстава изведена на македонски јазик во просториите на нашето училиште

Фестивал на франкофонски театар Организиран по шестти пат во соработка со Францускиот институт од Скопје.

екологија

Еко-училиште Нашите активности продолжуваат во полн ек


Секое дете да блесне со својата светлина и оригиналност – тоа е идејата која нé водеше оваа учебна година. Оваа заложба беше поттикната од свесноста дека сите ние се стремиме кон посебност и оригиналност, без разлика дали сме во улога на ученици или наставници. За тоа се потребни многу креативност, талент, храброст, посветеност, истражување, љубопитност, упорност. Токму посебноста и оригиналноста на наставниците, овозможуваат да се поттикнуваат најпозитивните квалитети кај учениците, нивните знаења и вештини.

НАША ТРИБИНА Бр. 73 Издавач: д-р Лили Бошевска, директор Редакција: Александра Упале, професор по македонски и англиски јазик Софија Јанкова Талевска, професор по македонски и англиски јазик Компјутерска обработка: Софија Јанкова Талевска Насловна фотографија: Марија Трапеновска VIIIа-9, III место на конкурсот за најдобра фотографија - „Моето училиште“ Печати: Графопром, Битола 2014

Убавината на посебноста на секоја индивидуа, евидентна е и кај учениците на ОУ „Св. Кирил и Методиј“. Сите се посебни на свој начин. Ги обединува љубовта кон училиштето кое ги прифаќа со сите нивни посебности и разлики. Толку различни, а слични во своите соништа, желби и мечти. Токму затоа Ви се обраќам на учениците, но и на наставниците, родителите, соработниците, донаторите. Навистина...годинава сите блеснавте со посебен сјај, во бројните активности во кои се внесовте толку успешно, со желба и со жар. Кога размислувам што сé направивме оваа година, дури и сеќавањето ми буди пријатни чувства, а како беше да се учествува и да се биде дел од сето тоа... почуствувавте сите на наше заедничко задоволство. Се надевам дека овој училишен весник, ќе успее да Ви долови колку динамично и интересно беше во ОУ “Св. Кирил и Методиј“ во учебната 2013/2014. Ќе нé потсети како нестрпливо се подготвувавме за почетокот на учебната година, како го изведовме одбележувањето на 130 годишнината од првата претстава на македонски јазик, неделата на театарот, фестивалот на франкофонски театар, учеството во детската емисија на МРТВ, натпреварите, посетите, екскурзиите, прославите, наградите... Патувајте низ страниците на весников и откривајте заедно со нас. д-р Лили Бошевска директор


Проект за меѓуетничка интеграција во образованието О.У. „Св.Кирил и Методиј“ веќе втора година по ред успешно го спроведува проектот за Меѓуетничка интеграција во образованието во соработка со партнер училиштето „Живко Брајковски“ од Скопје. Преку задничките активности за откривање на народното творештво на националностите од Република Македонија, нивните традиционални јадења и еколошката едукација учениците ја усвојуваат основата на заедничкиот соживот. Посебно задоволство ни претставува фактот што во овој проект, освен учениците, активно се вклучени и родителите преку учество во различни работилници, анкети и непосредна помош на учениците при истражувањата и изработката на презентациите предвидени со заедничките активности.

Ученичка заедница

Основното училиште ,,Св.Кирил и процедури кои ќе им овозможат Методиј’’ од Битола ја продолжува традицијата на училиште во кое учениците од најмала возраст се насочуваат да земаат активно учество во одвивањето на сите активности кои се однесуваат на нив. Училиштето тоа го прави преку обезбедување атмосфера и услови што ќе ги стимулираат учениците да формираат свое сопствено мислење и слободно да го изразуваат тоа мислење и преку градење механизми и

на учениците да вршат влијание врз одлуките и случувањата во училиштето За претседател на ученичката заедница свои кандидатури поднесоа учениците Марија Мојсова, Елена Атанасовска и Стефан Бојаџиев. Право на глас имаа сите ученици од предметна настава. За претседател на Ученичката заедница беше избрана Елена Атанасовска.

ПМИО– Заедничка средба

Во

рамките на Проектот за меѓуетничка интеграција во образованието учениците и наставниците од двете партнеручилишта ,,Св. Кирил и Методиј“ од Битола и „Живко Брајковски“ од Скопје реализираа заедничка средба при што беа дел од следниве работилници: „Редуцирај – реупотреби – рециклирај“ - „Изработка на ликовни трудови од лисја од листопадни и зимзелени дрвја“ „Традиционалната храна – дел од нашето секојдневие - Од зрно

пченица до погача“, ,„Фолклорна плетенка“, „Народната ризиница - наше богатство“ и “Halloeen”. Заедничката средба беше одлична можност учениците да се сретнат со своите другарчиња од партнер училиштето, а раководството на Ученичката заедница од нашето училиште да размени идеи за подобрување на работата на училиштето со раковдството на Ученичката заедница од партнер училиштето.


Посета на нива – есенско орање на нивата Посетата беше реализирана во месец

октомври во соработка со родителите, учениците и наставниците. Целта на оваа активност беше учениците да се запознаат со подготовката на нивата за есенско орање и сеење, да се запознаат со алатите и машините со кои се изведува орањето, да се запознаат со начинот на сеење, да се развие чувстство на одговорност и почит кон природата. Преку непосредната посета на нивата учениците на лице место се запознаа со активностите кои се потребни за да се добие жито, а потоа и непходниот продукт, лебот. Учениците со голем интерес го проследија објаснувањето на земјоделецот, а поставуваа и прашања на кои добиваа одговор. Потоа со внимание го проследија процесот на орање и сеење на нивата.

Генетски модифицираната храна и нејзиното влијание врз човекот

Посета на пекарница „Бомбон“

Со цел да се запознаат со

генетски модифицираната храна и нејзиното влијание врз човекот, учениците од VIII/8 и VIII/9 одделение беа вклучени во низа активности во рамките на овој проект. По дискусијата со учениците и пополнувањето на анкетни прашалници на оваа тема, учениците спроведоа интернет истражување и консултираа стручна литература и дополнителни материјали за да се запознаат со штетното влијание на генетски модифицираната храна во секој сегмент од човековиот живот. По направената анализа на добиените информации, во соработка со вклучените наставници и родители во проектот од нашето и партнер - училиштето, учениците направија презентација за генетски модифицираната храна за останатите ученици од нашето училиште.

Во посетата на пекарницата и слаткарница „Бомбон“ учествуваа наставници и ученици, а се реализира во месец април. Целите беа учениците да се запознаат со процесот на добивање на леб и пецива; да се запознаат со машините и апаратите; да се почитуваат луѓето без разлика на нивното занимање. Во соработка со родителите посетата беше успешно реализирана. Учениците претходно подготвија прашалник за вработените, а добиените одговори ги запишуваа во истиот.


Работилница со родители и ученици: „Изработка на мозаици од житни семиња“

Р

аботилницата беше реализирана во месец декември, а целите беа учениците да се запознаат со пченица, пченка, јачмен, овес и други житни растенија, да ја развиваат творечката фантазија и креативно да се изразуваат, да ги почитуваат разликите и мислењето на другите. Учениците и родителите претходно се подготвија така што на училиште донесоа разни видови житни семиња и соодветен прибор за изработка на мозаиците. Беа поделени во групи и во секоја група изработуваа мозаици со семиња.

НАУК Учениците

Темата на ликовните творби беше почитувањето на различностите меѓу луѓето. Во групите родителите и учениците соработуваа, си помагаа, се консултираа со цел успешно да ја завршат активноста. Откако се направија мозаиците секоја група направи кратка презентација на својата изработка. На овој начин учениците непосредно се запознаа со житните семиња , а истовремено ја искажаа својата креативност и желбата за меѓусебно почитување и помагање.

од V одделение во рамките на НАУК ги посетија печатниците ,,Гушевски“ и ,,Шикло““ во центарот на градот каде што вработените ги запознаа со процесот на печатење и обработка на хартијата.

„Редуцирај, реупотреби рециклирај“

Во рамките на МИО проектот

кој веќе втора година успешно се реализира во нашето училиште, продолжуваат и активностите за еколошка едукација на учениците. Учествуваат ученици од сите возрасни групи. Учениците од првата и втората возрасна група под мотото: „Редуцирај – реупотреби – рециклирај“ преку три работилници: „Изработка на ликовни трудови од лисја од листопадни и зимзелени дрвја “, „Весели празници“ и „Баба Марта“ изработуваа трудови, новогодишни и божиќни украси и црвено-бели декорации од материјали за рециклирање.


Подрачно училиште во с. Логоварди

Подрачното училиште во с. Логоварди брои 28 ученици од прво до петто одделение распоредени во три паралелки од кои две се со комбинирана настава. Училиштето се наоѓа во чиста еколошка средина, за која заеднички се грижат учениците, наставниците, но и родителите. Наставната програма успешно се реализира и со креативност и игра се развива љубовта кон учењето. Учениците се вклучени во разни наставни и воннаставни активности по сите наставни предмети. По повод 1 април денот на шегата, учениците со разнолики и креативни маски продефилираа низ с. Логоварди. На 21 март, првиот пролеттен ден учениците се приклучија кон националната еколошка кампања „Македонија земја на розите“ и засадија рози во училишниот двор. Тие исто така се активно се вклучени во активностите на Проектот за меѓуетничка интеграција и учествуваа во засадување на пченица од проектот „Од зрно до пченица“ и посетија нива како дел од активностите предвидени во програмата на проектот. Ја откриваме Македонија - нашите у~еници на екскурзија


НАСТАН НА ТЕМА „ИНКЛУЗИЈА ВО РЕАЛНИОТ СВЕТ“ Здружението за аутизам

„МаркоПоло Експлорер – Битола“ организираше настан на тема „Инклузија во реалниот свет“, во кој поддршка со учество дадоа и учениците од IVб и Iб одделение и учениците кои го посетуваат продолжениот престој од О.У. „Св. Кирил и Методиј“ – Битола. Настанот започна со доделување на сини балони на плоштадот „Магнолија“, а потоа сите деца се упатија на прошетка низ Зоолошката градина – Битола.

БИДИ ХУМАН, ПОДАЈ РАКА Учениците и оваа година ја покажаа

цвојата хуманост со цел да помогнат на кои помошта им е најпотребна. Во пресрет на 16 октомври Светскиот Ден на гладта, беше организирана акција во која сите ученици имаа можност да ја покажат својата хуманост. Тие донираа храна и хигиенски средства на ученици од социјално загрозени семејства. Учениците на О.У. „Св. Кирил и Методиј“ - Битола под мотото „Биди хуман, подај рака“ се приклучија кон хуманитарната акција за помош на настраданите од поплавите во Србија и Босна и Херцеговина

U~enici te od 3a - Na krs tosnica

Учество на ученици од

3а на работилница Да правиме кукла Иванка при НУ „Завод и Музеј“ Битола


РАЗИГРАН И ВЕСЕЛ ПРИЕМ НА ПРВАЧИЊА 48 првачиња од О.У. „Св. Кирил и Методиј“ – Битола и подрачното училиште во с. Логоварди на 02.09.2013 година го слушнаа првото училишно ѕвонче и за прв пат седнаа во училишните клупи. Нивните соученици од погорните одделенија за нив организираа разновидна културно – уметничка програма. На 10.10.2013 година првачињата од нашето училиште станаа дел од Детската организација, под заклетва и чесен татковински збор дека ќе ги слушаат наставниците, ќе бидат примерни и вредни ученици и ќе се дружат со другарчињата. Со приемот во детската организација првачињата станаа рамноправни со сите деца.


Во рамките на Основното Училиште ,,Св. Кирил и Методиј “ од Битола веќе трета година по ред функционира и продолжениот престој во кој се згрижени учениците од прво до трето одделение под водство на одделенскиот наставник Илиевска Билјана. Еве дел од нашите активности:

Хорот

на нашето училиште брои 25 членови, а во него членуваат момчиња и девојчиња. Пробите редовно се одржуваат во кабинетот по Музичко образование. Мандолинскиот оркестар е исто така составен од момчиња и девојчиња и брои 12 членови. Хорот и оркестарот редовно го претставуваат нашето училиште на регионалните смотри, а исто така и учествуваат на приредбите по повод Патрониот празник, каде што во нивните гласови и звуци може да ужива пошироката публика.

Професионално усовршување на вработените Професионалното усовршување на наставниот и стручниот кадар во училиштето продолжи и во учебната 2013/14 година. За наставниците беа одржани повеќе обуки преку

кои наставниците стекнаа нови компетенции и вештини. Од посебно значење беа дисеминациите кои ги реализираа веќе обучените наставници за наставниците почетници.

Со цел да се пренесат современите научни сознанија за големата важност на местото и улогата на родителите во развојот и воспитувањето на децата од најрана возраст, во училиштето беа организирани и обуки за родители. Факт е дека предучилишниот период претставува основа од која ќе зависи идниот развој на интелектуалните способности на секое дете. Родителите понекогаш несакајќи прават грешки и не знаат како најоптимално да го стимулираат развојот на своето дете. Исто така се потврдува и старото искуство: преамбициозните родители ги преоптоваруваат своите деца што кај нив предизвикува отпор кон учењето. Трпеливоста, посветеноста и љубовта се најзначајни во развојот на биолошкиот потенцијал на детето. Развојот на потенцијалите е сложен и динамичен процес којшто бара соработка и систематско делување на единката, семејството и општествената средина. Педагог Мирјана Лавуровска


Промоција на проектот „Со читање до лидерство“ Фондацијата

за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ – Македонија финансирано од УСАИД во О.У. „Св. Кирил и Методиј“ – Битола одржа промоција на нивниот нов проект „Со читање до лидерство“.

Целта на фондацијата е да ги зголеми јазичните и математичките вештини кај учениците од почетните одделенија, зајакнување на педагошките вештини кај наставниците, особено вештините за формативно оценување и проценка на нивото на јазична и математича писменост кај учениците и подигање на свеста кај целата заедница за важноста од јазична и математичка писменост во интелектуалниот развој на децата. О.У. „Св. Кирил и Методиј“ е меѓу првите 20 училишта во кои ќе се практикува овај пилот проект. Проектот „Со читање до лидерство“ нуди иновативни и креативни пистапи и активности, како што се: Читачки караван, Библиотека на тркала и Дигитална библиотека со материјали за учење соодветни за возраста на учениците. РАБОТИЛНИЦА

ЗАКРПИ МЕ Во соработка со организацијата

на жени Битола во нашето училиште беше организиран и успешно реализиран проектот „Закрпи ме“, одобрен од подрачното министерство за образование во рамки на годишнината на жената. Како дел од проектот беше организирана работилница од едукативен и забавен карактер со учениците од VIII одделение, на која тие научија како да изработуваат украсен накит од текстил.


Извештај за примена на програмата Математика со размислување

Во

учебната 2013/2014 година во основните училишта во нашиот град формирани се Тимови за учење и поддршка на наставниците во одделенска настава за примена на програмата Математика со размислување. Оваа програма содржи најразновидни активности, техники и стратегии со чија помош се олеснуваат математичките процеси и законитости од една страна, а од друга се поттикнува и развива математичкото размислување кај учениците. Освен тоа, програмата нуди прифаќање различни начини на решавање на задачите по математика за доаѓање до точниот резултат. Тимот за учење во нашето училиште го сочинуваат одделенските наставници: Весна Јанкулоска и Наташа Илиевска. Сакаме да ја споменеме и

соработката со педагогот и директорот на училиштето кои исто така ја даваат својата поддршка за примената на програмата и за понатамошно сертифицирање на наставниците. Од активностите кои се реализирани позначајни се следниве: разговори со наставниците за времето, содржините и целите кои треба да се остварат на часовите по математика, посета на делови од часовите каде Тим за учење и што се воочуваат применетите Наташа Илиевска активности од програмата МР, Јанкулоска воочување на ангажираноста на

РАБОТИЛНИЦА

На

учениците, давање поддршка на наставниците за понатамошна примена на оваа програма, релизирање на работилници. На 31.03.2014 г. е реализирана Работилница „Со бројки, сликички и приказни - до текстуална задача!“ .Целите на работилницата беа следните: Да се олесни осмислувањето на текстуални задачи и да се подобри точноста на решавање текстуални задачи преку примена на активности од Програмата МР. Тимот за учење и поддршка продолжува со активности и наредната учебна година. Оној кој се решил да подучува, никогаш не смее да престане да учи!

08.04.2014 година Здружението на граѓански активизам ФОРУМ 16 – Битола одржа работилница за човекови права и превенција на говор на омраза на Интернет во нашето училиште. Учениците кои учествуваа во оваа работилница своите ставоиви за човекови права и борбата против говор на омраза ги искажаа преку цртеж. Цртаа на тема „Доколку би бил супермен/херој , како би ја искористил својата моќ за да го променам светот на подобро“.

поддршка: и Весна


ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА 4 НОЕМВРИ Во многуте активности кои ги организира општина Битола по повод 4 ноември, Денот на ослободувањето на градот Битола, во активноста која се одржа пред монументалниот споменик на македонскиот непокор пред Домот на културата учениците од О.У. „Св. Кирил и Методиј“ – Битола учествуваа во изработката на македонското знаме од црвени и жолти цветови.

положување цвеќе Пред бистата на Стерјо Горгиев


ИСТОРИСКИ ЧАС ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА МЕСЕЦОТ НА ДЕПОРТАЦИЈА НА ЕВРЕИТЕ ОД МАКЕДОНИЈА

Нашето

училиште го одбележа месецот на депортација на Евреите од Македонија со неколку активности. За истиот час беа поставени основните цели на знаењата на учениците за Холокаустот во Втората светска војна и неговите последици како и проширување на истите преку директно учество на учениците во одбележување на еден историски настан. Во реализацијата на историскиот час учествуваа учениците кои членуваат во историската секција. Планот за одбележувањето на овај историски настан беше организирано во три етапи и тоа : Прва етапа – реализација на наставен час предвиден според наставниот план. Втора етапа – изработка на материјали во вид на домашна задача.

Трета етапа – Одбележување на историскиот настан депортација на Евреите од Македонија во текот на Втората светска војна со посета на Магазата во Битола каде што беше организирана изложба на слики и предмети. Целите беа постигнати, учениците умеат да препознаат слики поврзани со Холокаустот во Втората светска војна, ги објаснуваат појавата на антисемитизмот низ историјата и неговата штетност, ги опишуваат фабриките за убивање т.е. коцентрационите логори како последица на Холокаустот, знаат за штетноста и последиците, односно жртвите, кои се појавуваат во текот на Втората светска војна за време на Холокаустот, самостојно знаат да ги искажат своите знаења.

ОДИМЕ ВО МУЗЕЈ

По повод Меѓународниот ден на мирот 21 септември и

Меѓународните денови на културата се одржа ликовна работилница во НУ Завод Музеј и Галерија. Ни претставуваше посебно задоволство да присуствуваме на оваа ликовна работилница на која учениците цртаа симболи на мирот и историски предмети на хамер поставен во должина на музејот.

По повод Меѓународниот ден на музеите, 18 Мај, во НУ Завод и Музеј, Битола, беа организирани едукативни работилници на повеќе теми под мотото „Одиме во музеј“ на кои учествуваа и учениците од нашето училиште.


Проект „НАМАЛУВАЊЕ НА НАСИЛСТВОТО ВО УЧИЛИШТЕТО ПРЕКУ РАЗВИВАЊЕ НА МУЛТИКУЛТУРНА, МУЛТИЕТНИЧКА И МЕЃУРОДОВА И ТОЛЕРАНЦИЈА“

Работилница: „ Другарство – ДА, насилство – НЕ ! “

На 04.02 2014 година реализирана е работилница

во рамките на проектот за намалување на насилството во основните училишта. Во работилницата зедоа учество учениците од прво до петто одделение, дел од родителите и одговорните наставници за проектот. Учениците ја изразија својата креативност и изработуваа ликовни творби, а потоа истакнаа различни пораки за намалување на насилството. Преку овие свои творби ги предложија најдобрите начини за решавање на проблемите. Наспроти насилството - да царува другарувањето, играта, почитувањето на разликите. На крајот на работилницата се реализира изложба од готовите ликовни ученички творби и дружење на сите ученици.

Членови на тимот: Весна Јанкулоска, Розета Илиевска, Флора Димовска, Жаклина Веловска, Катерина Петровска, Наташа Илиевска, Александра Упале

Активност: „Со прегратка против насилството“

Во рамките на мајските празнувања во чест

на патрониот празник на нашето училиште, на 20.05.2014 година во центарот на нашиот град, на плоштадот „Магнолија“, реализирана е активноста „Со прегратка против насилството“ Во оваа активност се вклучени ученици од сите одделенија од нашето училиште. Учениците им подаруваа прегратки на случајните минувачи на плоштадот истакнувајќи ја паролата: Другарство – ДА, насилство – НЕ! Со овие детски и искрени прегратки, учениците ги искажаа своите ставови против насилството, против тоа големо зло , а наспроти него, посакаа љубовта и мирот да зацаруваат насекаде во светот.


Европски наставници во посета на нашето Европско училиште Наставниците по историја од цела Европа кои

присуствуваа на годишната конференција на Еуроклио - најголемата организација на историчари од Европа, беа и во посета на О.У. „Св. Кирил и Методиј“ - Битола каде присуствуваа на час по историја. Тие беа топло пречекани од директорот на нашето училиште нашите ученици и вработени.

Ден на Европа - Романија На 9-ти мај најпрво со презентација на учениците за Европската Унија, а потоа и со претставување на европската земја Романија на плоштадот Магнолија, ОУ. „Св. Кирил и Методиј“ Битола го прослави Денот на Европа.

На 9-ти мај најпрво со презентација на учениците за Европската Унија, а потоа и со претставување на европската земја Романија на плоштадот „Магнолија“, О.У. „Св. Кирил и Методиј“ - Битола го прослави Денот на Европа.


ИЗЛЕТ НА ГОЛЕМА ЛИВАДА Учениците од нашето училиште

реализираа излет на Пелистер – Голема Ливада. Излетот беше од рекреативен и забавен карактер. Топлото сонце и свежиот планински воздух им дозволија на учениците да се дружат, да играат, да се забавуваат, но и да го прошират своето знаење за природата што ги опкружува односно да научат нешто повеќе за ендемските видови на растенија и животни кои ги има на планината Баба.


„Македонија без отпад“ Учениците од О.У. „Св. Кирил и

Методиј“ исто така се вклучија во националната акција за чистење и О.У. “Св. Кирил и Методиј“ развивање на свест околу отпадот Битола во рамките на – „Македонија без отпад“ проектот „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“ во текот на учебната година реализираше повеќе точки на акција од четирите еко стандарди:

Son~ev kolek tor

Исто така поставена е мрежа во училишниот двор со што се овозможи поголема безбедност за учениците и минувачите.

Поставен е паркинг за велосипеди во училишниот двор

Поставување на сончев

Voz so cve tna dekoracija

колектор со што се овозможува искористување на сончевата енергија во една од канцелариите каде е приклучен печатар и компјутер кои работат на сончева енергија.

Резервоар za do`dovna voda

Во текот на целата година се

Za{ ti tna ograda

собира дождовната вода во посебен резервоар поставен за тоа, со цел заштеда на водата и правилно искористување на истата.

Во дворот на

училиштето поставен е воз – цветна декорација со цел разубавување на дворното место.

Rabotilnica - Za{ teda na energija По повод Светскииот

ден за заштеда на енергија во О.У. „Св. Кирил и Методиј“ - Битола се одржа работилница на истата тема во која учениците од VI до VIII одделение преку бура на идеи го дадоа своето мислење за тоа како повеќе да штедиме енергија


НЕДЕЛА НА ТЕАТАРОТ

По повод одбележување на јубилеј – 130

години од првата претстава на македонски јазик, изведена во 1883 година од учителите македонци од тогашната женска гимназија во просториите во кои денес се наоѓа О.У. „Св. Кирил и Методиј“- Битола, од 02 до 06 декември во нашето училиште под мотото „130 години креативен македонски непокор“ беше организирана Недела на театарот, за да им оддадеме почит на наставниците во училиштето кои во период на туѓа власт го изразиле својот македонски непокор преку театарска претстава која ја одиграле на македонски јазик – битолски говор.


Неделата на театарот беше отворена со театарската претстава „Сезнајко“ одиграна од учениците од III, IV и V одд. Потоа следуваа претставите: „Чудовиштето од шумата“ чиј автор е Емилија Илиевска од VIII (9) одд. одиграна од учениците од VIII (9) одд., „Чорбаџи Теодос“ каде како актери се претставија учениците од VIII(8) одд., па театарските претстави „Роденденската забава на баба Алима“ и „Волшебници“ одиграни од учениците од V одд. „Роденденот на Ирена“ со учениците од IV и V одд. и „12 месеци“ одиграна од учениците од VII одд. Кон одбележувањето на овај јубилеј се приклучија и НУ Народен театар - Битола кои на нашите ученици им овозможија бесплатно да ја проследат театарската претстава „Смртта на трговскиот патник“. Почесни гости во одбележувањето на неделата на театарот во нашето училиште беа и актерите од македонските народни приказни Шенка Колозова, Владо Дојчиновси и Гоце Тодоровски, кои пред нашите ученици ја одиграа претставата „Итриот и завидливиот“.

Неделата на театарот беше заокружена со настапот на актерите на драмското студио „Солза и смеа“ кои ја одиграа театарската претстава „Дете голомеше“.


Фестивал на франкофонскиот театар Festival de théâtre francophone О.У. „Св. Кирил и Методиј“ – Битола во соработка

со Францускиот институт од Скопје и оваа година традиционално по шести пат го организираше Фестивалот на франкофонскиот театар кој се одржa на 22.03.2014 година. Целта на овај фестивал е промоција на францускиот јазик и франкофонијата како и можноста публиката да открие еден нов детски свет со изобилство од драмски таленти кои вредат да бидат слушнати и видени. На овај фестивал со нивни театарски претстави, песни и танци се претставија шест училишта од Република Македонија и тоа: О.У. „Дане Крапчев„ - Скопје, О.У. „Гоце Делчев“ – Неготино, О.У. „Даме Груев“ – Битола, О.У. „Гоце Делчев“ од Могила, О.У „Гоце Делчев“ од Битола и ОУ „Св. Кирил и Методиј“ – Битола. Фестивалот на франкофонскиот театар е од образовен, забавен и натпреварувачки карактер затоа што се избира најдобра театарска претстава, најдобар изговор на француски јазик и најдобар актер/актерка. Оваа година нашето училиште се претстави со две театарски претстави - „Четири ветрови за едно летало“ на учениците од шесто одделение и наставничката Елизабета Дамева и „Каков успех“ на учениците од петто одделение и наставничката Дијана Кузмановска. Оваа претстава беше избрана за победник на фестивалот на Франкофонски театар. На фестивалот учествуваа и учениците на наставничките Флора Димовска, Магдалена Гурабиевска и Весна Јанкуловска кои се претставија со модерни француски песни. Наставник по француски јазик Елизабета Дамева


НИЕ НА „ГОЛЕМ ОДМОР“ Учениците од ОУ. „Св. Кирил и Методиј“ – Битола

со големо задоволство ја прифатија поканата и настапија на училишната програма „Голем одмор“ на Македонската радио телевизија. Идејата на оваа емисија покрај забавниот карактер е и да се афирмираат учениците и да ги прикажат своите знаења, вештини и таленти, но и да се прикажат пред пошироката јавност

многубројните активности, проекти и настани што се реализираат во нашето училиште. Богатата програма и веселиот дух на учениците ја направи емисијата разиграна и весела. Настапот во живо пред камерите на МРТВ за учениците беше едно ново и големо искуство, кое се надеваме во иднина ќе биде достапно за сите наши ученици.

Франкофонски настан „Мадагаскар“ Во рамките на Франкофонијата, Здружението на професори по француски јазик на 24 Феврури 2014 година организираше спектакл за презентација на франкофонска земја. Основните и средните училишта од Битола за своја тема го одбраа Мадагаскар, неговата култура и традиција. Учениците кои го изучуваат францускиот јазик од осмо oоддление, деветтолетка, од нашето училиште се претставија со еден традиционален и еден модерен танц од Мадагаскар. Наставник по француски јазик Елизабета Дамева


1 АПРИЛ - ДЕНОТ НА ШЕГАТА

Традиционално на 1 април во нашето

училиште се одбележа денот на шегата. По тој повод учениците од О.У. „Св. Кирил и Методиј“ – Битола и учениците од подрачното училиште во с. Логоварди ја покажаа својата креативност. Дел од нив заедно со своите наставнички продефилираа низ Широк Сокак. Како и секоја година и оваа маскенбалот беше од забавен и едукативен карактер

НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ ВО АМЕРИКАНСКОТО КАТЧЕ

На покана на Американското катче од Битола учениците од О.У.

„Св. Кирил и Методиј“ – Битола учествуваа на прославата на Ноќта на вештерките. Ноќ на вештерките (или Halloween) е празник што се слави на 31 октомври. Овој ден често е поврзан со црната и портокаловата боја и посебно со симболот на тиквичката која се резба и во неа се става свеќичка за да свети. По тој повод беше организиеран маскенбал на кој нашите ученици ја покажаа својата креативност.


З

оолошката градина во Битола по повод првиот ден на пролетта организираше манифестација „Прв пролеттен ден во Зоолошката градина“, на која учествуваа и ученици од нашето училиште. Тие поблиску беа запознати со животните преку едукативна тура, а исто така зедоа учество во забавниот дел од програмата. Исто така на 10.05.2014 г. учениците од нашето училиште беа во посета на зоолошката градина каде се одржуваше промоција на филмот „Рио 2“ преку едукативна работилница за изработка на бразилски удирачки инструменти и зумба забава. Учениците присуствуваа на проекција на трајлерот на филмот „Рио 2“ и учествуваа во работилницата каде изработуваа бразилски удирачки инструменти. Беа поделени и награди: влезници за филмот, книги, боенки и играчки. Оваа голема забава беше  во организација на Центарот за култура од Битола, невладината организација Биосфера и ЗОО градина.

МАКЕДОНИЈА - ЗЕМЈА НА ЦВЕЌЕТО, ЗЕМЈА НА РОЗАТА Учениците од О.У. „Св. Кирил и

Методиј“ – Битола се вклучија во националната еколошка кампања „ Македонија земја на цвеќето – Земја на розата“ која се реализираше на денот на пролетта 21 март 2014 год. За таа цел нашите ученици изработија предмети и оригами од различни материјали и изработените предмети ги изложија за продажба. Со собраните средства од оваа изложбена продажба се набавени рози и истите се засадени во училишниот двор.


НОВОГОДИШНО ПРИЈАТЕЛСТВО

„Секој има свое место и свое значење на овој свет, и дека се што се случува во жи вотот и добро и лошо на јдобро е да го споделиме со пр ијател“ – е само дел од пораката пренесена на ученицит е од театарската нового ди шна претстава „Новогодиш но пријателство“ одигра на во просториите на нашето училиште. Претставата беше класична, интерактива, новогодишна приказна во која преку многу музика и та нци учениците беа вове дени во магијата на зимата. Покрај забавниот кара кт ер , претставата имаше и ед укативна цел бидејќи уч ениците преку ликовите не само што се забавуваа, туку и научија многу за природните за кони, за важноста да се има пријател во животот, за жртвувањето и простува њето.

ВЕЛИГДЕНСКИ ТРАДИЦИИ Во Битолската магаза беше

презентирана традиционалната изложба на Велигденски традиции. Истата се организира по 4-ти пат и е во организација на Етно Илинден. На изложбата беа изложени 35 носии, делови од покуќнина, елементи од народни носии, народни инструменти и ракотворби. Учениците од О.У. „Св. Кирил и Методиј“ – Битола ја посетија оваа изложба.


„Велигденско јајце и цвет за детска радост“ По повод големиот

христијански празник Велигден, на 17 април (Велики четврток) нашето училиште во соработка со „Здружението на ликовни педагози – Битола“ организираше продажна активност на детски творби на креативни велигденски јајца на тема „Велигденско јајце и цвет за детска радост“. На изложбата имаше најразновидни украсени јајца кои беа сместени во прекрасни кошнички и украсни предмети, а беа вклучени сите ученици од прво до петто одделение и дел од учениците од предметна настава.


Патрон празник на училиштето На литературниот конкурс по повод Патрониот празник на училиштето на тема: „Моето училиште „Св. Кирил и Методиј““, трета награда доби ученичката Ева Пајаковска, втора награда доби ученичката Андреа Китановска, а прва награда доби ученичката Магдалена Илиевска.

Во

состав на ПМИО проектот на нашето училиште и како дел од мајските празнувања за „Св. Кирил и Методиј“, нашите ученици денес на Плоштадот Магнолија изиграа народни танци и ора на различни етнички заедници во Р. Македонија

На ликовниот конкурс по повод Патрониот празник на училиштето на тема „Моето училиште „Св. Кирил и Методиј““, трета награда доби ученичката Марија Питошка, втора награда доби ученичката Емилија Илиевска, а првата награда ја доби ученичката Викторија Јованоска. На конкурсот по фотографија по повод Патрониот празник на училиштето на тема „Моето училиште“, третата награда ја делеа ученичките Марија Трпеновска и Мариа Крстевска, втора награда доби ученичката Елена Маслинко, а прва награда доби ученикот Стефан Бојаџиев Наставничкиот Совет на ОУ. „Св. Кирил и Методиј“ – Битола ги додели следните награди: пофалена за ангажирање во наставата и воннаставните активности е Антонија Божиновска, првенец во областа на францускиот јазик е Ана Анастасова, превенец во областа на природните науки и техниката е Јани Патче, првенец во областа на математиката е прогласена Јована Крстевска, спортист на генерацијата е Лидија Поповска, а првенец на генерацијата во сите области е Стефан Бојаџиев.

Istoriski ~as

За успешна соработка во активностите на нашето училиште, ОУ. „Св. Кирил и Методиј“ им се заблагодарува на г. Тони Ристевски и „Електротехника“, г. Николче Петковски и „Автоделови Татар“, г-ѓа Гордана Петров за донација на книги во училишната библиотека и Телевизија „Орбис“.

О.У. „Св. Кирил и Методиј“ за најдобар наставник во предметна настава ја прогласи наставничката по француски јазик Елизабета Дамева, најдобар наставник во одделенска настава е Лидија Поповска, а најдобар вработен е училишниот педагог Мирјана Лавуровска.


НАГРАДЕНИ УЧЕНИЦИ НА НАТПРЕВАРИ Евгенија Пројкоска 8б(9)одд. – II место општински натпревар „Млади Библиотекари“ Стефан Бојаџиев 8б(8)одд. – III место републички натпревар (англиски јазик) Андреа Китановска 4 одд. – I место општински натпревар (математика) Андреа Меркоска 4 одд. – III место општински натпревар (математика) Борис Гушевски 5 одд. - III место општински натпревар (математика) Тамара Делева 6б одд. - II место општински натпревар (математика) Емилија Илиевска 8а(9)одд – I место регионален натпревар (математика) Андреа Китановска 4 одд. - II место регионален натпревар (математика) Елена Маслинко 6в Тамара Делева 6б одд. - III место регионален натпревар (математика) Марија Мојсова 7а одд - II место регионален натпревар (математика) Бојана Јовановска 8б(9)одд. – I место регионална Смотра (астрономија) Бојана Јовановска 8б(9) одд. – II место републички натпревар (астрономија) Теодора Струмениковска 8а(9) – III место регионална Смотра (мететорологија) Дамјан Николовски 8б(9) одд. – I место регионална Смотра (применета географија) Дамјан Николовски 8б(9)одд. – II место републички натпревар (применета географија) Милица Мојсова 8б(8) одд. – II место регионален натпревар Смотра (применета физика) Тијана Петковска 8б(9) одд. – II место регионален натпревар - Смотра (електроника) Мариа Крстевска 7а Ана Анастасова 8а(8) одд. – II место регионален натпревар (француски јазик) Стефан Бојаџиев 8б(8) одд. – I место државен натпревар (џудо до 60 кг) Христијан Рахманов 7б одд. – II место регионален натпревар - Смотра(бродомоделарство) Андреј Бабаџовски 7а одд. – III место регионален натпревар – Смотра (воздухопловно моделарство) Тамара Делева 6б одд. – III место регионален натпревар- Смотра (конструкторство) Иван Коминовски 8б(8) – III место регионален натпревар – Смотра (кино-видео техника) Кире Аспров 7б одд – II место регионален натпревар – Смотра (ракетно моделарство) Александра Андоновска 8б(8) одд. – II место регионален натпревар- Смотра (автоматика) Јани Патче 8б(8) одд. – I место регионална Смотра (фото техника) Јани Патче 8б(8) одд. – I место државна Смотра (фото техника) Михаил Ѓоревски 3б одд. – II место Есенски крос Бојана Тодорова 3б одд – III место Ноќна трка „4ти Ноември“ Евгенија Пројкоска 8б(9) одд. – II место општински и регионален натпревар (физика) Елена Атанасовска 8а(9) одд. - II место општински и регионален натпревар (физика) Стефан Бојаџиев 8б(8) одд - II место општински и регионален натпревар (физика) Тијана Петковска 8б(9) одд. - III место општински и регионален натпревар (физика) Јована Крстевска 8а(8) одд. - III место општински и регионален натпревар (физика) Емилија Илиевска 8а(9) одд. - III место општински и регионален натпревар (физика) Марија Трапеновска 8а(9) Иван Карабеговиќ 5бодд – I место Ноќна трка „4ти Ноември“ Дарко Стојановски 5б одд. – II место Ноќна трка „4ти Ноември“ Учениците од 5б одд. – I место Франкофонски театар – најдобра претстава „Каков успех“ Андреа Стојановска 4б одд. – I место Есенски крос Андреа Стојановска 4б одд. – I место Ноќна трка „4ти Ноември“ Марија Кузманоска 4а одд. – III место Есенски крос Анастасиа Ѓоргиевска 3а oдд – II место Ноќна трка „4ти Ноември“ Сара Василевска 8б(9)одд – II место ликовен конкурс „Трговија со луѓе“ Марко Ивановскио 6а одд – општински натпревар пофалница(математика) Леон Асим 5бодд – регионален натпревар пофалница (математика) Борис Гушевски 5б одд - регионален натпревар пофалница (математика) Емилија Илиевска 8а (9)одд - регионален натпревар пофалница (математика) Вероника Наумовска 6в одд– општински и регионален натпревар „Spelling bee” Инес Трифуновска 5 одд- општински и регионален натпревар „Spelling bee” Ивановски Марко 6а одд – општински натпревар „Spelling bee” Јонческа Емилија 6б одд – општински и регионален натпревар „Spelling bee” Климентина Патче 5а одд – општински натпревар „Spelling bee” Стефан Бојаџиев 8б(8) Петар Николовски 5а одд – општински натпревар „Spelling bee” Мартина Тасевска 5а одд – општински натпревар „Spelling bee” Димитар Атанасовски 5а одд – општински натпревар „Spelling bee” Стефан Бојаџиев (капитен), Јани Патче (заменик капитен), Антонија Божиновска, Анастасија Видевска - 8б(8) Михајло Рашајковски, Емилија Илиевска 8а(9) - I место регионален натпревар по прва помош

ОУ „Св. Кирил и Методиј“ Булевар 1 Мај 274 7000 Битола Тел/факс: 047 237 222 e-mail: sv.kim.bitola@gmail.com


Наша Трибина Бр.73 2013/2014  
Advertisement
Read more
Read more
Similar to
Popular now
Just for you