Issuu on Google+


2

www.newmentor.mk

Оваа публикација е направена со поддршка на Европската Унија. За содржината на публикацијата одговорноста е на партнерите на Европската мрежа на ментори за жени претприемачи во Македонија и не ги претставува ставовите на Европската Унија.


www.newmentor.mk

3

Содржина За проектот new-Mentor ................................................................... 4 Краток опис .................................................................................................. 4 Извор на финансирање ........................................................................... 4 Партнерство ................................................................................................. 5 new-Mentor проектни цели .................................................................. 5 Остварени менторски релации ..................................................... 6 Ментори & менторирани ....................................................................... 6 Области на унапредување и обука ................................................... 7 Вмрежување на менторите на европско ниво ....................... 8 Дел од успешните приказни........................................................... 9 Зошто ги споделуваме успешните приказни? ............................ 9 Што претставува new-Mentor успешна приказна? ................... 9 Сродни бизниси водат кон договори за заеднички настап на пазари ........................................................................................................... 10 Креативност и бизнис.......................................................................... 11 Од традиционален занает до индустриско производство 14 Премин од проектна кон бизнис активност ............................. 16 Подобра продажна стратегија, повеќе гости ......................... 18 Ослободување од неманаџерски обврски – услов за водење на бизнис ...................................................................................................... 21


www.newmentor.mk

4

Европска мрежа на ментори за жени претприемачи во Македонија За проектот new-Mentor Краток опис Проектот new-Mentor се фокусира на воспоставување на национална мрежа на ментори за жени претприемачи во Македонија насочена кон поддршка на развојот на женското претприемништво и помош на жените претприемачи успешно да ги надминат предизвиците во првите години од работењето на нивните бизниси. Цел е поддршка на развојот на женското претприемништво во земјата земајќи ги предвид специфичните карактеристики на бизнисите раководени од жените. Националната мрежа на ментори е дел од Европската мрежа воспоставена и управувана од страна на Европската Комисија - Генерален Директорат: Претпријатија и индустрија, а во која моментално членуваат 17 земји од Европа. Извор на финансирање Проектот new-Mentor е двегодишен проект финансиран во рамките на CIP-EIP повикот за предлози проекти број 6/G/ENT/CIP/10/E/N0C21 “European Network of Mentors for Women Entrepreneurs” публикуван од страна на Европската Комисија. Акроним на проектот:

new-Mentor

Име на проектот:

Европска мрежа на ментори за жени претприемачи во Македонија

Проектен координатор:

Фондација за менаџмент и индустриско истражување

Времетраење:

01.09.2011 – 31.08.2013


5

www.newmentor.mk

Партнерство new-Mentor проектот се имплементира од страна на национален конзорциум составен од пет искусни организации во полето на поддршка на претприемништвото и кој ги вклучува потребните вештини за негова реализација. Партнерските организации на Европската мрежа на ментори за жени претприемачи во Македонија се: Фондација за менаџмент и индустриско истражување, Скопје Фондација Бизнис Старт ап Центар (БСЦ) Битола Национален центар за развој на иновациите и претприемачкото учење, Скопје Фондација Евро Центар, Свети Николе Агенција за поддршка на претприемништвото на Република Македонија new-Mentor проектни цели Идентификација и избор на 10 (десет) успешни претприемачи од земјата кои ќе делуваат како ментори во Мрежата Спроведување на обука од областа на менторството наменета за избраните ментори Идентификација и избор на 20 (дваесет) жени претприемачи кои ќе делуваат како менторирани во Мрежата Воспоставување на 20 (дваесет) менторски релации до средината на првата проектна година Мониторинг и евалуација на менторскиот процес Обезбедување на видливост на Мрежата и поврзување на менторите на национално и интернационално ниво Придонес кон развојот на добри пракси во претприемачкото менторство;


www.newmentor.mk

6

Остварени менторски релации Ментори & менторирани Во првиот менторски циклус на Европската мрежа на ментори за жени претприемачи во Македонија учествуваа 11 ментори и 22 жени претприемачи во улога на менторирани. Остварени се 22 менторски релации односно секој од менторите беше задолжен за менторирање на 2 жени претприемачи. МЕНТОР

ПРЕТПРИЈАТИЕ

1

Александра Марковска Фуд Консалтинг

2

Александар Пенев

Акрон

3

Александар Попов

Глобал Медиа

4

Жаклина Голчева

Агроконсалтинг Плус

5

Закорка Блажевска

Вита Нова

6

Лилјана Давитковска

Сити Фешн Груп

7

Лилјана Ѓорѓиоска

Метал инженеринг – Градинг

8

Петар Лазаров

Македонија Експорт

9

Раде Христовски

Кандико

10 Симеон Петров

Тјунинг Центар

11 Снежана Миноска

Кодекс Консалтинг

Менторирани - сектори Услужна дејност Туризам Трговија Производство Консалтинг Козметичко студио Дизајн 0

1

2

3

4

5


www.newmentor.mk

7

За време на првиот менторски циклус (март 2012 – јуни 2013), менторските парови работеа на различни области на унапредување на бизнисите раководени од жени. Менторството се изведуваше преку месечни средби и преземање на активности за остварување на поставените краткорочни и долгорочни цели, а кои беа дефинирани во т.н. План за развој на менторираните жени претприемачи.

Области на унапредување и обука Најчести области на унапредување на кои работеа менторските парови се: менаџерски вештини, промоција и рекламирање, и продажба. Останати области од интерес се и менаџментот на човечки ресурси и мрежа на клиенти (добавувачи, клиенти итн.).

Менаџерски вештини

2% 7% 23%

13%

Мрежа на клиенти (добавувачи, клиенти итн.) Промоција и рекламирање Продажба

16%

18%

21%

Менаџмент на човечки ресурси

Производни процеси/технички вештини Извоз

Најчесто наведени теми за обука и од страна на менторите и од менторираните беа следните: промоција и рекламирање, стратегиски менаџмент и планирање, и финансиски менаџмент. Обуките предвидени во проектот се организираа во наведените области.


8

www.newmentor.mk

Вмрежување на менторите на европско ниво Менторите од Европската мрежа на ментори за жени претприемачи во Македонија зедоа активно учество во настаните организирани од страна на Европската Комисија, а беа гости и на регионалната конференција во Република Србија. Инагурација на Европската мрежа на ментори за жени претприемачи, 15 ноември 2011 – Варшава, Полска European SME Week Summit, 17 октомври 2012 – Брисел, Белгија Регионална конференција на Европската мрежа на ментори за жени претприемачи, 29 ноември 2012 – Белград, Србија


www.newmentor.mk

9

Дел од успешните приказни Зошто ги споделуваме успешните приказни? Успешните приказни најдобро ја промовираат работата менторите и менторираните во рамките мрежата, а воедно се насочени кон стимулирање на успехот на сите жени претприемачи кои во своето работење се соочуваат со слични предизвици.

Што претставува new-Mentor успешна приказна? Успешна приказна е опиплив резултат и излез од процесот на менторирање во рамките на проектот, а кој ги вклучува избраните ментори и менторирани жени претприемачи, поддржани од страна на контакт лицата (членови на проектниот тим) доделени од страна на партнерите во Мрежата. Една успешна приказна треба да ги базира на резултатите кои се директно поврзани со економските клучни индикатори на перформанса, дефинирани во рамките на проектот: Врз основа на менторските услуги, доколку се креирани нови работни места во рамките на Мрежата; Врз основа на менторските услуги, доколку се воведени нови производи, услуги или процеси од страна на менторираните; Освоени нови пазари (во земјата или во странство) од страна на менторираните поради поддршката на менторот/мрежата; Пораст на учеството на пазарот; Пораст на продажбата или профитот.


10

www.newmentor.mk

Ментор: Загорка Блажевска Дипломиран фармацевт со MBA во областа на претприемништво, истрајна и вредна, атрибути кои и овозможуваат успешно работење и водење на сопствениот бизнис. Желбата да се пренесе искуството и знаењето, трпеливоста и посветеноста во работењето се карактеристики на најзиното одлично извршување на улогата ментор. Компанија: Вита Нова Трговија и застапништво на странски компании, производители на суровни за прехрана и фармација www.vitanova.com.mk


11

www.newmentor.mk

Сродни бизниси водат кон договори за заеднички настап на пазари Менторирана: Емилија Миладинова Биохол, Скопје www.biohol.com.mk Биохол е дистрибутер на органска козметика и додатоци во исхрана. Емилија го работи бизнисот во партнерски однос и првичната причина за учество во процесот на менторирање е унапредување на менаџерското работење и организациска структура на фирмата. По неколку средби со менторот освен првичните, осознава и пошироки аспекти за можности на делување во рамките на нејзиниот бизнис. Вториот предизвик се наметнува логички: како до зголемување на обемот на работа? Резултати Со процесот на менторирање во работењето на Биохол се постигнати следните резултати: унапредување на партнерските односи и менаџерските релации во фирмата како и подобра организациска поставеност, унапредување на знаењата на менторираната а со тоа и унапредување на работењето, зголемување на пазарниот удел, 10% зголемување на работата во првите 6 месеци, подобрување на пазарниот удел во Босна и Херцеговина за 5-7%, пристап кон нов пазар (Србија) или сумарно за 20% се зголемува бруто обемот на севкупно работење. “Од процесот на менторирање добив многу повеќе од колку што се надевав. Сега похрабро и посамоуверено гледам на успехот на мојот бизнис“ – Емилија Миладинова.


12

www.newmentor.mk

Креативност и бизнис Менторирана Јасмина Главинче ВизАРТ www.wizart.mk Визарт е креативно студио водено од Јасмина Главинче, коe се занимава со производство на производи од еко-пријателска, садлива хартија. Секој лист хартија е изработен рачно, од 100% рециклирана хартија во која е вметнато семе. Јасмина Главинче е извонредно креативна во изработка на своите производи, сепак доброто деловно работење на Визарт бара многу повеќе од изработка на креативни производи. Недостатокот на менаџерски сопсобности и потребата од помош при унапредување на бизнисот и негово поставување на цврсти основи се предизвици кои Јасмина очекува да ги надмине со учество во мрежата. Дополнителен предизвик претставува и потреба од стратегија за посериозен настап на пазар особено во делот на поголеми нарачки. Резултати Визарт стекнува нов деловен партнер преку што се креираат услови за подобро работење и унапредување на капацитетите на рачното производство. Јасмина ја проширува палетата на производи освен картички прави брошури, нотеси, писма, коверти, бизнис картички. Проширувањето е и во насока на нови материјали и интересни комбинации на дрво и хартија или само дрво за амблеми, беџови, значки, ознаки. Значаен резултат е и излегувањето на нови пазари, преку остварени нарачки во


13

www.newmentor.mk

Германија и Србија благодарение на новиот деловен партнер и деловноте присуство на менторот во Србија. Обемот на работата расте за 25%, а со тоа и можност за нови вработени во тимот.

“Кон мрежата пристапив со цел да решам еден предизвик, но набрзо видов дека добив многу повеќе од тоа, благодарение на менторот Загорка Блажевска и Европската мрежа на ментори за жени претприемачи во Македонија го зголемив бизнисот и истовремено остваривме договор за излез на пазарот во Србија “ – Јасмина Главинче.


14

www.newmentor.mk

Ментор: Александра Марковска Жена претриемач за 2010 година која успешно ја води својата фирма за имплементација и сертификација на меѓународни стандарди повеќе од осум години. Докажан менаџер, мотиватор, активен предавач и тренер како во областа на своето работење како и на настани поврзани со развој на претприемништво. Александра е Претседател на Техничкиот комитет за безбедност на храна при ИСРМ и координатор на National Entrepreneurship and Competitiveness Council. Компанија: Фуд Консалтинг Консултантска куќа, системи и стандарди за квалитет www.fc.com.mk


15

www.newmentor.mk

Од традиционален занает до индустриско производство Менторирана: Нела Јолеска Стипико, Кичево www.stipiko.mk Нела Јолеска е на чело на СТИПИКО, фамилјарен бизнис за производство на буриња за вино. Како претприемач со двегодишно искуство во менаџирање на сопствен бизнис се соочува со сериозни предизвици, потреба од финансиски инвестиции за развој и поддршка при премин од традиционален занает во индустриско производство. Во процесот на менторство влегува со цел да се справи со предизвици со кои се соочуваат скоро сите бизниси но со специфичности за нејзиниот, потреба за позиционирање на производот, подобрување на организациската структура и процесите во фирмата, зголемено учевство на пазар а со тоа и зголемена продажба и профит. Резултати Нела остварува контакт со неколку винарии препорачани од страна на менторот. Склучени се договори за продажба на буриња и 50% е зголемено учество на македонски пазар. Во октомври 2012 година патуваат заедно во Белград на International business networking каде Нела остварува два сериозни контакти со потенцијални инвеститори.


16

www.newmentor.mk

Во текот на процесот на менторирање Нела организира успешна презентација за зреење на вино во дабови буриња на СТИПИКО, во склоп на вториот вински фестивал во Македонија.

“Менторството беше исклучително корисно искуство за мене и двата бизниси кои ги развивам (СТИПИКО и ИЗВОР), благодарение на менторката Александра која несебично и искрено го споделуваше цело свое знаење. Тоа мене ми помогна да зголемам продажба, изградам систем на управување и отворам нови потенцијални пазари за продажба. Во целиот процес на менторирање развивме пријателство и поддршка која ги надмина очекувањата од реализација на проектот и има многу додадени вредности. Ако пред година дена имав некакви очекувања од менторскиот однос меѓу мене и Александра, денес можам со сигурност да кажам дека од неа многу научив за менаџирање на сопствен бизнис, искусив и најважно од се, успеав да ги развијам своите претприемачки способности и бизниси. Искрено ти благодарам Александра.“ – Нела Јолеска


www.newmentor.mk

17

Премин од проектна кон бизнис активност Менторирана: Кристина Хаџи-Василева Консалтинг за стратешки развој, Скопје www.sdc.com.mk Кристина раководи со непрофитна консалтинг организација која работи со поддршка на странска донаторска агенција. Таа пристапи кон менторската програма со желба да врз основа на изградените капацитети развие консалтинг фирма која ќе нуди пошироко портфолио на услуги, ќе ја намали зависноста од донации, и секако ќе започне да генерира профит. Резултати Во текот на процесот на менторирање Кристина започнува да го проширува портфолиото на својата фирма. Покрај другото, започнува да аплицира на тендери и да креира мрежа на партнерства со други (странски) консултанти и консултантски фирми. Дел од обидите се со успешен резултат, па така за една година го намалува учеството на странскиот донаторот во приливот на фирмата за 4%. Воедно го проширува и портфолиото на компанијата. Очекува до крајот на 2013 година, овој процент да се зголеми.

“ Менторството беше навистина корисно за мене бидејќи не само што развив нови деловни вештини туку е ослободив во поглед на развивањето на мојот бизнис нудејќи нови услуги. Како резултат на соработката со менторката го проширив портфолиото на компанијата, а соработката со неа и со колешките менторирани ми обезбеди нови пријателства и постојана поддршка во работата.“ – Кристина Хаџи-Василева


18

www.newmentor.mk

Ментор: Петар Лазаров Претприемач познат по својот ентузијазам, посветеност и иновативност во работењето. Сертифициран тренер и одличен медијатор успешен во пружање на поддршка, мотивирање и специјализирани услуги за претпријатија. Докажан како одличен ментор во мрежата. Компанија: Македонија Експорт Фирма за промоција и трговија со македонски производи на меѓународен пазар, консултантски услуги и тренинг http://www.macedonia-export.com


19

www.newmentor.mk

Подобра продажна стратегија, повеќе гости

Менторирана: Лидија Ќосевска Мура Вал http://www.villalidija.com Бизнисот на Лидија Ќосевска е изнајмување на приватни апартмани за туристичко сместување во Охрид. Нејзината Вила Лидија се наоѓа во центарот на градот и има убаво уредени студија и апартмани. Предизвиците со кои Лидија се соочува при водењето на бизнисот се намален интензитет на гости, потреба од дополнителни извори на финансирање, зависност од локалните власти и туристички агенции и недоволно развиени менаџерски вештини. Лидија многу позитивно и со голем ентузијазам влегува во менторската програма и остварува многу успешна релација со менторот.


20

www.newmentor.mk

Резултати Како резултат на процесот изработена е нова веб страна и бизнис картички со кои Лидија ќе настапува при нудење на своите услуги. Зголемен е бројот на гости во период кој не се смета за туристичка сезона. Потпишан е договор за соработка со туристичка агенција од Србија преку кои ќе се пополни 70% од капацитетот за сместување во текот на туристичката сезона. Поднесена е нова апликација за агенцијата booking.com, преку која се очекува редовен прилив на гости а претходно е одбиена заради несоодветно барање и неразвиена веб страница.

“Непроценливо искуство, прекрасен ментор кој ми отвори сосема нови видици при начин на привлекување на нови клиенти, нудење на нови услуги, вреднување на сопствениот труд, размислување како да се дојде до нов капитал за проширување на бизнисот и каде се може да се нуди рекламниот материјал”. - Лидија Ќосевска


21

www.newmentor.mk

Ментор Раде Христовски Претприемач кој води свој бизнис повеќе од дваесет години. Искусен менаџер со професионален и одмерен пристап во работењето, ефективен лидер со исклучителна репутација во регионот во кој работи. Кординатор на Ротари клубовите во Македонија за 2012/13 година и член на Собранието на Стопанската комора на Македонија. Компанија Кандико Кандико – мрежа на маркети и дистрибуција на производи за широка потрошувачка


www.newmentor.mk

22

Ослободување од неманаџерски обврски – услов за водење на бизнис Менторирана Милка Акимовски Боди Мими, Битола, www.bodym.mk Милка Акимовски најавата за менторски средби ја прифаќа со задоволство, со очекување дека менторот ќе и помогне во начинот на менаџирање на компанијата и изборот на вработени. Милка поседува одлично професионално искуство во областа на козметик��та но тешко се справува со услужување на клиентите и напоредно водење на сопствен бизнис. Резултати Менторот благодарение на своето долгогодишно искуство уште на самиот почеток лесно ги согледува предизвиците со кои Милка се соочува и дава предлози за решавање на основните проблеми. Милка врз основа на советите на менторот започнува да се ослободува од неменаџерските обврски во студиото и истите ги пренесува на своите вработени. Повеќе време посветува на управување со студиото и негова промоција според насоките и идеите кои и ги дава менторот. Вработување на две нови лица е еден од позначајните резултати постигнати во рамките на процесот на менторирање. “Менторот ми помогна за многу прашања во мојот бизнис: како подобро да го менаџирам, како подобро да ги промовирам козметичките услуги, како да ги поставувам целите ... резултат на сето тоа е напредок во бизнисот” - Милка Акимовски


23

www.newmentor.mk

Издавач: Европска мрежа на ментори за жени претприемачи во Македонија New-Mentor www.newmentor.mk Aгенција за поддршка на претприемништвото на Република Македонија www.apprm.gov.mk Фондација за Менаџмент и индустриско истражување, Скопје www.mir.org.mk

Брошурата во PDF може да се превземе на следната веб страница: www.mir.org.mk

Скопје, август 2013


24

www.newmentor.mk


Брошура newmentor za web