Page 1

„Блокаден прирачник“

или како изгледаше студентската блокада на Филозофскиот факултет во Загреб, пролетта 2009

1


АВТОРИ: Студенти од Филозофскиот факултет во Загреб - Независно студентска иницијатива “Slobodni Filozofski”

ПРЕВОД ОД ХРВАТСКИ: Независно студентско движење „Слободен Индекс“ Скопје, oктомври 2011 година

- КОЛЕКТИВНО ДЕЛО -

www.slobodenindeks.tk

www.slobodnifilozofski.com

Секакво умножување, дистрибуирање и користење на материјалот не само што е дозволено, туку е и пожелно, ОСВЕН ако се користи за профит. Ако некој се обидува да ти го продаде овој памфлет за повеќе од 1€, УКРАДИ ГО.

2


Овој краток документ беше испишан по блокадата на хрватските студенти врз Филозофскиот факултет во Загреб, пролетта 2009 година. Независното студентско движење од Загреб, познато под името “Slobodni Filozofski”, цели 35 дена го држеше под контрола Филозофскиот факултет, како радикална мерка во контекст на борбата за достапно и слободно образование. Блокадата заврши со компромис, но беше важна етапа за зајакнување на самостојноста на загребските студенти при борбата за своите права. Во текот на тие 35 дена целосно беше блокирана редовната настава, а на нејзино место се одвиваа алтернативни предавања организирани од самите студенти. Работата на администрацијата и малите приватни претпријатија на факултетот не беше прекината, а за време на целата блокада, факултетот беше отворен за сите граѓани. Во организацијата на блокадата учествуваа неколку стотици студенти и граѓани, и не само од Филозофскиот факултет, а за редот и мирот на факултетскиот имот се грижеа редари, повторно од студентските кругови. Целата блокада и сите одлуки поврзани со неа беа во рацете на пленумот – независно тело без постојани членови, кое делуваше во рамки на секојдневни состаноци по принципот на директна демократија. Состаноците беа отворени за сите студенти и засегнати граѓани, а за одлуките право на глас имаше секој присутен. Во борбата за слободно образование, многу студентски движења низ светот беа и се организирани на овој принцип. Пленумот има за цел да ја надмине парламентарната форма на плурална демократија, која во рамки на студентското организирање ги корумпира изгласаните претставници – лидери, наместо да воведе форма на еднаквост и учество на секој кој е засегнат. Ваквата форма, иако по природа е покревка и полесно повредлива поради својата отвореност, сепак ако е добро организирана е далеку потранспарентна и пофер бидејќи правото на одлука останува директно во рацете на засегнатите, без изгласани посредници. Идејата е секој студент да се заинтересира да ја преземе во свои раце сопствената студентска судбина, а да нема привилегирани студентски претставници. На овој принцип – нехиерархиска организација – е поставено и независното студентско движење „Слободен Индекс“. Во текот на 2009-та и 2010-та година, се јави глобален бран на студентски негодувања против забрзаната неолиберализација во секој агол од светот. Студенти од стотици градови на планетата излегоа на улиците и се кренаа против комерцијализацијата на образованието и против мерките за спас од економската криза кои ги воведоа многу влади, при што масовно се кратеа буџетите за образование и истовремено растеше цената на партиципацијата за студии. Студентите ја насетија опасноста од глобалната приватизација на јавните добра и најпрво локално, а потоа и глобално, се обединија во борбата против таквите мерки, извикувајќи: „Образованието не е на продажба!“. Но образованието во последната деценија се` повеќе се вреднува како производ, а студентот се третира како производствена машина и наместо да се

3


образува, тој се тренира за да се вклопи во трката за профит во растечките промени на пазарот на трудот. Главната алатка на оваа тенденција беше воведувањето на Болоњскиот ЕКТ систем, кој од една страна го поскапи образованието на светско ниво, а од друга страна значително го намали неговиот квалитет. Борбата за слободно и достапно образование ги обедини студентите од цел свет, без оглед на јазикот и географската положба, и покрај обидите на светските медиуми да ја игнорираат ваквата тивка револуција. Студентите, благодарение на интернетот, изнаоѓаат начини да се поврзат и да ги координираат своите акции, споделувајќи информации и учејќи едни од други за зацврстување на заедничката борба. Во борбата против ваквиот систем, многу студенти од различни градови се решаваа да ги блокираат своите факултети, како втор главен метод на изнудување на своите права, после излегувањето на протест. Во текот на 2010 година, над 70 универзитети во Австрија беа окупирани, истовремено со 50-тина во Германија, 30тина во Италија, но и многу други надвор од Европа. Овде на Балканот, колегите од Загреб беа првите кои организирано успејаа да го окупираат Филозофскиот факултет, и токму од тие причини решивме да го преведеме овој документ и да научиме од нивните искуства. Мошне е важно ваквите акции да бидат прецизно организирани и со доброосмислени технички детали за да не излезат вон контрола и да имаат поголем ефект. Овој документ, освен сведоштво за блокадата над Филозофскиот факултет во Загреб, уште повеќе е своевиден прирачник за организирање на факултетска окупација, но и за одржувањето на пленуми, кои се најважно тело за студентскиот активизам, како во рамки на блокадата, така и вон неа. Независно студентско движење „Слободен Индекс“ Октомври 2011, Скопје

4


ПРЕДГОВОР Целта на овој памфлет е детално да се опише како изгледаше студентската блокада (окупација) на Филозофскиот факултет во Загреб во текот на пролетта 2009 година, кога факултетот беше под контрола на студентите цели 35 дена. Со оглед на начинот на кој тоа беше изведено, попрецизно е она што се нарекува „блокада“ да се нарече „студентско превземање на контролата врз факултетот“. Има две причини поради кои решивме да го споделиме начинот на кој се одвиваше блокадата. Првата, помалку важна, е чисто од историски причини – од желба писмено да се забележи она што се случуваше. Втората и многу поважна причина е што на овој начин сакаме да ги споделиме нашите искуства со други студенти или активисти кои се борат за истата цел. Сметаме дека описот на нашата блокада на Филозофскиот факултет во Загреб може да биде интересен поради своите специфични особености. Како прво, не се работеше за типична физичка блокада на факултетот. Блокирана беше само редовната настава, додека се останато функционираше непрекинато (работата на професорите во кабинетите, управата, книжарниците итн.). Второ, факултетот беше отворен за сите: студенти од други факултети, обични граѓани, новинари итн. И трето, пленумот на кој се носеа сите одлуки во однос на окупирањето на факултетот не беше ограничен само на студенти на Филозофскиот факултет, туку на него можеа да учествуваат и имаа право на глас сите кои би се појавиле на пленумот. Мала белешка за авторството на текстот: како што се нашите акции колективни и анонимни, така е и овој прирачник, а и навистина е во секоја смисла колективно дело, бидејќи секоја глава е напишана од различен автор. Се работи за луѓе кои интензивно учествуваа во акциите околу блокадата и добро се запознаени со случајот, но целиот текст е подоцна рецензиран, надополнет и коригиран од сите заинтересирани, и се разбира, на директно-демократски начин.

Студентите од Филозофскиот факултет во Загреб, Хрватска

5


I. ОРГАНИЗАЦИЈА НА СТУДЕНТСКАТА БЛОКАДА

Студентската контрола над Филозофскиот факултет во Загреб пролетта 2009-та година беше организирана на следниов начин: трите главни органи на блокадата беа пленумот, работните групи и редарите.

Пленум Пленумот е централно тело на одлучување на факултетот под студентска контрола. На пленумот сите одлуки се носат по пат на директна демократија, вклучувајќи ја и одлуката околу продолжувањето или прекинувањето на контролата над факултетот. Пленумот е собир на сите заинтересирани студенти и граѓани каде секој има право на говорење и право на гласање. Сите одлуки се носат со мнозинство на гласови. Пленумот секој пат го водат различни модератори, кои се бираат на крајот на секој пленум. За време на блокада пленум се одржува секојдневно, а во нормални околности обично еднаш неделно, а по потреба и почесто. Пленумот постои единствено во моментите кога членовите на одреден колектив делуваат на општ состанок за да донесат заеднички одлуки. Не постојат членови на пленумот туку само учесници во пленумот. Надвор од тој чин на заедничко собирање, дискутирање и одлучување, пленумот не постои. Тој не е формално тело како студентскиот парламент со своја зграда и вработени – пленумот не конституира колектив, колективот го конституира пленумот.

Работни групи и секции Работните групи и секции се специјализирани групи на пленумот кои се занимаваат со поединечни прашања. Разликата меѓу секција и работна група е што секциите имаат мандат даден од пленумот за извршување на одредена задача, додека работните групи се едноставно кажано состаноци на кои се поканети сите заинтересирани за да одлучат во однос на некоја конкретна проблематика. Секциите имаат постојано членство (мандат се дава на целата секција, а не на поединци), додека во работните групи, како состаноци отворени за сите, нема постојани членови. Мандатот на секциите им се доделува поради специфични задачи кои често мораат да

6


се завршат во краток рок па не можат да чекаат до редовниот пленум, или пак поради природата на задачата, не може да се очекува тоа да го прави секој пат различна група или недефиниран број на луѓе. Во мандатните секции спаѓаат: програмска, медиумска, блогерска секција, секција за обезбедување и секција за весникот. Секциите по потреба добиваат нови членови. Работни групи се, на пример, меѓупленумска работна група, група за анализа на документи, техничка група итн. Понекогаш се случува да се оформи и работна група и секција за иста проблематика, на пример медиумска работна група (состанок на сите заинтересирани) и медиумска секција (мандатна секција задолжена за пишување изјави за медиуми и одржување контакти со медиуми). Постои и една мандатна работна група за мини-акции; таа нема постојано членство, но има мандат сама да ги планира и одредува своите акции. Јасно е дека пленумот може во секој момент да ги одземе мандатите кои ги дал, а за делувањето на сите групи и секции може да се дискутира на пленумот. Секциите и работните групи се должни да работат во рамки на одлуките донесени на пленумот. Работните групи, како и пленумот, се отворени за сите, но поради нивната природа на нив обично учествуваат помал број луѓе, кои се посебно заинтересирани за некое прашање. Работната група нема моќ за независно носење одлуки, туку секоја нејзина одлука мора да биде изгласана на пленумот. На работните групи им се префрлува одговорноста за решавање на поединечни проблеми, кои поради својата специфичност и недостатокот на време, не е можно да се решат на самиот пленум. Бројот на работните групи не е ограничен, може да се основаат нови работни групи секој пат кога ќе се јави потреба. Спротивно од тоа, бројот на секциите е повеќе или помалку постојан. На Филозофскиот факултет во Загреб за време на блокадата и по неа делуваа следниве работни групи и секции: -

-

Техничка работна група – се занимава со технички прашања во однос на пленумот, подготовка на дневен ред и модераторство Меѓупленумска работна група – координира студенти од различни пленуми/факултети Работна група за мини-акции – организира разни акции со кои се промовира идејата за бесплатно образование (флешмобови, перформанси, изложби...) Работна група за проценка и понатамошно делување – ја проучува моменталната ситуација и расправа за понатамошни правци на делување Работна група за анализа на документи – прави детална анализа на различни службени документи (статути, закони, дописи) важни за акцијата Работна група за ширење демократија – група организирана по блокадата (есен 2009) со цел ширење на директната демократија надвор од факултетски и студентски рамки (на пример, во фабриките, меѓу работниците итн.) Медиумска секција – однос со медиуми, пишување изјави за јавноста, спроведување на медиумски стратегии

7


-

Програмска секција – задолжена за организирање на алтернативни наставни програми за време на блокадата. Блогерска секција – група задолжена за одржување на порталот на „Слободни Филозофски“ – виртуелна архива на студентски акции за бесплатно образование (www.slobodnifilozofski.org)

Освен овие основните, постоеја и други работни групи, како групата за одржување на интернет форумот, групата за петиции и други.

Редари Редарската служба за време на блокадата физички го држи самиот факултет под контрола. Редарите го чуваат редот и внимаваат на факултетскиот имот. Тие се впуштаат во акција за прекин на настава секој пат кога одреден професор ќе се обиде да ја бојкотира блокадата со одржување час, а тоа редарите го прават преку разговор со професорот или со предизвикување на бучава. Редарите треба да ги обезбедуваат сите стратешки точки во објектот. Членството во редарската служба е слободно и променливо.

Делегатска должност Како за времетраењето на блокадата, така и после нејзиниот прекин, често ќе се јавуваат ситуации во кои одлуките на пленумот треба да се имплементираат или да се елаборираат на различни луѓе, здруженија, колективи, па дури и други пленуми надвор од самиот пленум. Во такви ситуации, пленумот најпрво мора да одлучи дали сака воопшто да оствари комуникација со некои од различните актери, а потоа да одбере делегати кои таа работа треба да ја извршат. Поради деликатниот проблем на преставување на пленумот од страна на неколку луѓе, и импликацијата на стапување во контакт со актерите од различни профили, потребно е детално да се продискутира дали делегати се воопшто неопходни (или е доволно на пр. само да се прати соопштение), а доколку се, прецизно да се дефинираат нивните задачи и овластувања. ДЕЛЕГАТИТЕ НЕМААТ ПРАВО НА ДОНЕСУВАЊЕ ОДЛУКИ ВО ИМЕ НА ПЛЕНУМОТ. Тие делуваат исклучиво како пренесувачи на информацијата и во своите настапи во име на пленумот се држат до одлуките кои ги донесол пленумот (поради тоа делегатите мора да се темелно запознаени со одлуките). Ако од делегатите се побара да кажат лично мислење, треба да одбијат. Исто така, не помалку важно, делегатите се должни на пленумот да поднесат детален извештај за својата активност и да ги пренесат сите информации кои ги собрале.

8


Функционирање на факултетот за време на блокадата Филозофскиот факултет во Загреб за време на блокадата, освен ноќе, беше отворен за сите граѓани, исто како и пленумот, работните групи и алтернативните предавања. На новинарите им беше дозволено да го снимаат само почетокот на пленумот (точка: известувања). Понатаму можеа да учествуваат на пленумот како граѓани, без снимање. За време на студентската контрола, освен редовната настава, се` останато функционираше непрекинато (факултетската управа, професорски консултации, книжари, Центар за странски јазици, копирници итн.). Во спорни случаи во неколку наврати за (не)одобрување на работата одлучуваше пленумот.

Директна демократија Важен дел од студентското само-организирање е директно демократскиот начин на одлучување. Покрај самата цел (бесплатно образование достапно на сите), тоа е еден од најважните аспекти на целата акција. Директната или непосредна демократија е состав во кој сите одлуки се носат на демократски начин, со гласање на сите присутни. За разлика од претставничката (парламентарна) демократија, при која на избори се гласаат неколку претставника кои потоа неколку години можат, без непосреден демократски надзор, да прават што сакаат, во директната демократија секогаш одлучува мнозинството, и притоа секој засегнат има право на глас. На тој начин директната демократија ги поттикнува луѓето на активност, заинтересираност и учество во одлуките. Директно-демократскиот принцип е организиран во рамки на пленумот – собир на сите заинтересирани, на кој секој има право да си го каже мислењето и секој има еднакво право на глас. Сите одлуки се носат со мнозинство на гласови. Предност на ваквиот пленумски начин на одлучување е што сите одлуки се носат демократски, што не постојат лидери и со тоа значително се намалува можноста за манипулација. Во составот на претставничка демократија, со избрани водачи кои можат самостојно да носат одлуки, постои голема опасност од злоупотреба и манипулации (што е видлив случај и во нашите дневно-политички државни уредувања). Пленумот, пак, во ниту еден момент не може да избере претставници кои ќе можат самостојно да носат или спроведуваат одредени одлуки. Пленумот единствено, како што е погоре наведено, може да избира делегати (секој пат различни) кои ќе ги пренесат одлуките на пленумот или пак на пленумот ќе му пренесат одредени предлози или прашања за разгледување. Во таквиот делегатски состав се оневозможува манипулација на одредени претставници.

9


II. Како да се организира пленум?

Вовед Пленум е, едноставно кажано, состанок на сите заинтересирани членови од одреден колектив. На пленумот, сите членови на тој колектив имаат право да учествуваат, што му дава на пленумот демократска легитимност, иако не е неопходно на секој пленум да учествуваат апсолутно сите членови на колективот. Важно е сите присутни да учествуваат рамноправно во донесувањето на одлуките без можност за застапување, односно пренесување на гласот од страна на една личност или група на претставници. Пленумскиот облик на одлучување произлегува од системот на непосредна или директна демократија. Директнодемократскиот облик на одлучување, спроведен преку пленум, е единствен доследно демократски начин на донесување на одлуки од заеднички интерес. Основна цел на пленумското организирање е да ги вклучи сите заинтересирани во процесот на одлучување, особено за прашањата од општествена важност, како што се: правото на бесплатно образование, правото на општествена заштита, работничките права, и сл. Можноста за учествување во процесот на донесување на одлуки побудува интерес за политичко дејство кај оние кои се чинат инертни, незаинтересирани, безволни. Аргументираната правна дискусија го демистифицира процесот на донесување на одлуки, уважувајќи го мислењето на секој поединец кој соработува. Донесувањето одлука е обврска на сите. Меѓутоа, се поставува прашањето: кои се тоа “сите”? Позади одлуката, донесена со темелна рационална аргументација, стојат сите членови на телото, кое ја донело таа одлука. Темел на ваквото одлучување е: секој кој сака, може да учествува. Значајно е да се напомене, дека пленумот за пренесување на своите одлуки не користи некаква сила, туку моќта на аргументите – оние кои не доаѓаат на пленум не се присилени да ја прифатат одлуката, но се известени за неа. Важно постигнување од овој процес на одлучување е дисперзијата на одговорности на сите учесници, кои се свесни дека зад одлуките не стои никаков надреден авторитет, организирана група или управен одбор, туку исклучиво самите учесници во гласачкиот процес. Луѓето кои активно учествуваат во донесувањето на одлуки веќе не е можно да се отпишат како пасивни, заинтересирани и неодговорни набљудувачи.

10


Тука ќе се концентрираме на организирањето на пленумот во вонредна ситуација, како што е заземањето и преземањето на работничките или образовните организации. Намерно ја разгледуваме разликата меѓу заземање и преземање, бидејќи може да се каже дека некоја институција е преземена дури тогаш кога пленумот, составен од сите членови на дотичниот колектив, или барем од сите оние, кои се доволно заинтересирани да се појават на пленумот, ќе го изгласа заземањето. Зависно од околностите, (како што се големината на колективот, можната саботажа, заплашувањето со санкции и слично) заземањето може, но не мора, да се планира во релативна тајност. Во случај на такво планирање, прво се изведува акција, зградата се зазема, па дополнително се легитимира, се презема. Секако, далеку подобар е обликот акцијата да се легитимира од страна на сите заинтересирани пред самото изведување, но, поради претходно наведените причини, тоа не е секогаш можно. Кога секогаш би се чекало на однапред дадено експлицитно одобрување од мнозинството, од практични причини, ништо не би можело да се преземе. Целосната демократска легитимност од самиот почеток не може и не смее да биде пречка на директната акција, иако е важно самата акција од почетокот да е внатрешно потполно директнодемократски организирана. Во случајот на релативна конспиративност, значајно е да се подготви терен така што, што е можно повеќе членови ќе знаат или насетуваат дека нешто се случува, т.е. ќе се испита каква е општата клима во однос на прашањето за проблемот, заради кој се планира да се почне со заземањето.

Зошто и како пленум? Накратко, се поставува прашањето: како воопшто да се организира колективно директнодемократско тело? Нас не ни е намерата да навлегуваме премногу во теорија. Идејата ни е, преку опис на процесот на воспоставување на диреткнодемократско тело на Филозофскиот факултет во Загреб, да ги посочиме проблемите со кои се сретнавме и така да го олесниме организирањето на слично тело од друг колектив во иднина. Акцијата е подготвена од неслужбени канали, а дополнително е, во полна смисла, легитимизирана со одлука од страна на сите студенти за понатамошно блокирање на наставата. Меѓутоа, важно е да се спомне, дека и пристапот кон акцијата блокирање беше слободен (не му беше забрането никому да се вклучи), иако тоа секако не можеше отворено да се најавува (освен непосредно пред акцијата). Сите состаноци во текот на подготовките за блокадата, исто така, беа засновани на директнодемократски основи. Тоа беа своевидни предблокадни пленуми (иако претежно стануваше збор за отворени состаноци на кои се одлучуваше директнодемократски). Првиот поголем предблокаден пленум беше 5 дена пред самата акција за превземање на контрола над факултетот, кога трибина за бесплатно образование (на која присуствуваа повеќе од 200 луѓе), спонтано се претвори во

11


пленум кој изгласа блокада на факултетот. Блокадата беше конечно потврдена со масовен пленум на првиот ден од преземањето на контрола над факултетот. За време на подготовката за акцијата постоеја недоумици кој се` има право да учествува на пленумот и на кој начин да им се оневозможи пристап на непоканетите. Заклучено е дека, освен студентите од засегнатиот факултет, право на учество имаат и заинтересираните граѓани, што би го вклучило и кадарот од факултетот, студентите од другите факултети, работниците... Бидејќи е поставено барање од општ интерес – факултетите да бидат јавни установи, на располагање на сите, со спроведување на една доследна политика би се постигнала политика со широко отворени врати за секого. Таквиот пристап се покажа исправен, бидејќи пленумите привлекоа како граѓани, така и студенти од другите факултети, на кои набрзо се развија бунтови инспирирани од нашиот. Главен приговор кон ваквиот пристап беше стравот дека пленумот би можел да биде опструиран од страна на злонамерни поединци или групи. Тоа не се случи. Напротив, настана успешен интеграциски момент, проследен со рамноправност и вклученост во донесувањето на сите темелни одлуки. Пред блокадите поединци искажуваа сомнение за тоа дали директнодемократскиот начин на организирање воопшто ќе може да функционира, но блокадата јасно покажа дека тие стравови беа целосно неосновани. Преовладуваше мислењето дека, ако борбата за темелно човечко право, како што е правото на образование, не може да собере доволен број заинтересирани, тогаш моментот е очигледно промашен и целата акција е осудена на пропаст. Веќе на првиот ден од блокадата на наставата, во сала со капацитет од 350 до 400 места за седење, се собраа двојно повеќе учесници. Одлуката за продолжување на блокадите беше донесена со огромно мнозинство гласови. Цели 35 дена, додека траеше блокадата, инциденти немаше, ниту на пленумот, ниту внатре, ниту, пак, во околината на факултетската зграда. На подготвителните состаноци се водеше голема дискусија за тоа како би требало да изгледа блокадата. Дали да се блокира секоја активност во зградата на факултетот или некои активности да се игнорираат? Дали е потребно физички да се оневозможи влез во зградата? На крајот беше одлучено да се блокира само наставниот процес, но на наставниот кадар, како и на останатите вработени во факултетот, да не им се забранува пристап до зградата и нивните работни места. Влезот ќе е отворен за сите, бидејќи само така би имала смисла програмата за алтернативна настава, која би го тематизирала бесплатното образование и другите блиску поврзани теми. Со таков пристап набрзо се стекна наклоност од одреден број вработени. Одлуката за неблокирање на приватните фирми на факултетот, иако би можела да се смета за идеолошки недоследна, мотивирана е од желбата да не им се наштети на нивните вработени, но и од желбата да се избегне судир со полицијата, која би можела да се почувствува повикана да интервенира во одбрана на приватната сопственост.

12


Како услов за деблокада поставена е единствена цел: бесплатно образование за сите кои ги задоволуваат условите за упис. Проценето е дека со едно цврсто барање од општ интерес може да се постигне далеку повеќе отколку со низа барања. Но како изгледаше подготовката за целата акција?

Подготовка Се започна со идеја за блокада на наставниот процес, со цел да се предупреди за комерцијализацијата на високообразовниот сектор. Ништо револуционерно, бидејќи се работи, пред се, за вообичаен метод во светски рамки. Но, во Хрватска, таа досега беше релативно непозната. Имено, станува збор за држава во која веќе децении немаше посериозни, организирани студентски протести. Основна цел на иницијалната група е да придобие поширока студентска популација за оваа акција. Паралелно се испитува и теренот во врска со наставниот кадар. Сепак, потребно е да се спомне, дека основа за барањето за бесплатно образование постоеше од протестот од 05.11.2008, на кој имаше околу 1500 луѓе, пред се од ФФ, а исто така од организацијата на успешните, многу посетени трибини за бесплатно образование после него (самата блокада започна на 20.04.2009). Значајно е да се каже дека барањето веќе им беше познато на луѓето и веќе беше изнесено. Тој протест, кој имаше масовен одзив, значи, им даде своевидна додатна легитимација на организаторите на блокадата. За организацијата на блокадата, како клучни се покажаа две точки: А) Организацијата на преземање на самата факултетска зграда и блокадите на наставниот процес Б) Директнодемократскиот модел на одлучување за продолжување/прекин на блокадите Во фазата организација на преземање, групата се шири до 50-тина заинтересирани. Групата претежно се состои од студенти, кои во текот на процесот на студирање се бавеле со некој вид студентска активност или кои, понекогаш и случајно, се појавиле на некои од подготвителните состаноци, т.е. се одлучиле да се приклучат. Сепак, некои околности ја издигнаа организацијата до овој степен на комплексност: А) Претходните политички акции, поттикнати од страна на студентите на ФФ (примери: протестот против законот за студентскиот парламент во 1996, протестот против американската инвазија на Ирак во 2003, а пред се петицијата против влезот на Хрватска во НАТО – пактот во 2008, протестот против плаќање на дипломските студии на 07.05.2008, и, најважното, првиот протест за бесплатно образование на 05.11.2008) Б) Интензивно проблематизирање на реформите, поттикнати од болоњскиот процес

13


В) Постоење на активни студентски здруженија Г) За разлика од некои други факултети, легалното студентско претставничко тело, Студентски парламент, на Филозофскиот факултет не беше под контрола на младината од политичките партии или корумпираните институции Д) Постоење на автономен студентски простор на самиот факултет (Клуб на студентите на Филозофскиот факултет) Сепак, како пресуден момент, би го издвоиле протестот од 05.11., бидејќи за време на подготовките за него конечно е темелно дефинирана идејата на борбата за бесплатно образование. Може да се каже дека протестот и подготовките за истиот ги освестија луѓето во однос на прашањето за бесплатно образование и создадоа база, која подоцна ќе се приклучи во блокадата. Воедно, исходот од протестот ја покажа ограниченоста и неефикасноста на конвенционалните облици на протест како што се еднократните демонстрации и така ја промовираше потребата за поинакви порадикални методи на борба. Значи, тоа беа некои основни предуслови, кои овозможија на факултетот да се покрене акција од пошироки размери. По почетокот на акцијата се покажа како нужно спротивставувањето на наводната предодреденост баш на Филозофскиот факултет за ваквиот тип на акција. Таков облик на романтичен идеализам често води директно до дефетизам при проценката на шансите за поттикнување на лични акции во други установи или работни места, па така тие често изостануваат. Наведените погодни околности за преземање на зградата на Филозофскиот факултет не се сами по себе инхерентни на општествено – хуманистичките образовни институции. За организациската успешност на акциите на конец, сепак, пресудни се покажаа конкретната активност, организираност и одлучната истрајност во борба, а не лажната погодност на институционалниот контекст (иако, секако, не е невообичаено ни луѓето на факултет со општествено – хуманистичка насока да се склони кон критичко размислување за општествените процеси). Прашањето е, секако, што да се направи во случај кога мора да се почне од нула и дали воопшто е можно, во таква ситуација, да се организира пленум? Ќе се обидеме преку некои наши искуства да стигнеме до орудијата за организација на пленум во краток временски период и услови на непостоење на темелна инфраструктура.

Пленум во пустина Како што веќе опишавме, во акција може да се стапи со многу ограничен број на луѓе, и обично така и се тргнува. Зависно од големината на колективот, дури и еден човек може да го даде одлучувачкиот иницијален импулс, но да кажеме дека бројка од 5-6 луѓе е доволна да се тргне во акција. Ова го истакнуваме за веднаш да ги негираме дефетизмот и неактивноста, кои често се јавуваат кај малите групи, бидејќи често

14


погрешно се мисли дека масите не можат да се поттикнат без голем број на активисти. Друга честа грешка е наивното верување дека мора да постои некаква “револуционерна” атмосфера, чувство на незадоволство, накратко посебни услови за воопшто да би се тргнало во акција. Стравот од неуспех често го искривува движењето за било што. Она што секогаш мора да се има пред очите е дека не постои идеална ситуација во која работите ќе се случуваат сами од себе. Уште позначајно е дека “револуционерната” атмосфера не настанува спонтано, туку се создава и тоа често преку навидум банални методи. Да одиме со ред. Прва точка која мора да се дефинира е целта. Целта би требало да е јасна, концизна и вгнездена во некое од основните човекови права. Веднаш ќе се чуе приговор дека нешто што се потпира на основни човекови права никако не може да биде јасно и концизно, туку напротив, апстрактно и тешко сфатливо. Но, единствено целите кои поаѓаат од борбата за еднаквост имаат поширок мобилизациски потенцијал. Како борба за еднаквост подеднакво ја сметаме и борбата за бесплатно школство и здравство, како и, на пример, преземање на работничките заедници од страна на работниците. Замка во која не смее да се падне е поставување на цел, која не би бил насочена кон сите членови од општеството, затоа што и покрај разликите во мислењето, склоностите и слично, неопходно е да се инсистира на вклученост на секого. Сите мораат да се чувствуваат повикани. Ако тоа не е така, ако некој се исклучи уште од старт, се намалуваат драстично шансите за успех на тоа движење. Откако е дефинирана целта, група од иницијатори мора да започне со создавање на терен за ширење на идеите кои ги застапува. Лепење на плакати (нашиот метод), делење брошури/памфлети во кои се проблематизираат важни општествени прашања, се добар начин луѓето да се поттикнат на размислување за важните прашања. По пуштањето на таков пробен балон, во наредниот чекор треба да се испита дали почетната акција наишла на плодна почва. Идеален начин е организирање на трибина на која ќе зборуваат истомисленици, чиј глас има одредена јавна тежина. Таму треба да се дискутира онаа тематика, која се проблематизираше на плакатите и/или во брошурите. Трибината е добар показател за иницијалниот број на заинтересирани за проблематиката, а исто така е добра и од мотивациски причини, бидејќи може и треба да се искористи за разјаснување и поттикнување на сите оние кои сеуште се неодлучни на акција. Би можело да се каже дека по поставувањето на целта и по акциите за предупредување на проблематиката, трибината е соодветен индикатор на моменталната ситуација и патоказ за натамошните акции.

Две сценарија По трибината, настаните можат да се одвиваат во две насоки. Првата е онаа поповолната. На трибината се појавија голем број заинтересирани, подготвени за акција. Почетните чекори вродија со плод и сега треба да се започне со нова фаза, а тоа е ширење на групата, од онаа почетната составена само од иницијатори, до сите

15


заинтересирани. Станува збор за процес, кој има специфична динамика, на која ќе се вратиме подоцна. Треба да се позанимаваме со предизвикувачкото прашање, што да се направи во случај трибината да помине незабележано или што ако дојде до жестоки несогласувања или опструкции. Значи, да пробаме да го опишеме сценариото број два. Во него, повторно, се можни два случаи. Прво, трибината поминала незабележано. Очигледно се работи за грешка во еден од првите два чекори: одредување на целта и/или промовирање. Според тоа, неопходно е да се анализира дотогаш направеното и од тоа да се извлече порака како би се поправиле грешките. Откажување поради уверување дека се работи за апатична средина или незгоден момент, често се покажува како премногу избрзан заклучок. Тргнување во акција најчесто е критична точка, по која потешкиот дел од работата е веќе завршен, а понатаму доста често се работи само за прашање на адекватност на тактичкиот пристап. Како да се реагира во случај на несложување и опструкции? Несложувањето значи дека дошло до одзив и дека почетните чекори сепак постигнале успех. Различното мислење е нешто што треба да се очекува и од што не треба да се бега. Дури би можело да се каже дека овој случај спаѓа во поволните сценарија и настанува како последица на успешно започната акција. Опструкцијата обично може да се очекува од управувачките структури и нивните пиони, кои настојуваат по секоја цена да спречат било каков облик на организирање. Со ваков тип на развој на ситуацијата се сретнавме на голем број факултети кои започнаа со активностите, кратко после ФФ во Загреб. Основниот проблем беше недостатокот на време за квалитетна подготовка, како и недостатокот на организациско искуство, т.е. позитивни примери во минатото. Сепак, опструкцијата е јасен показател дека акцијата дава одредени впечатоци и дека опсегот на делување мора да се шири, бидејќи опструкцијата претставува опасност само за недоволно организирано движење, додека за организирано и свесно движење неретко е добредојдена како “помош” за мобилизација на дотогаш можеби инертните делови од општеството. Меѓутоа, да се вратиме сега на првото сценарио кое се одигра во текот на блокадите и превземањето на факултетот.

Почвата е плодна, што понатаму? На трибината, состанокот или на некој поширок пробен собир се појавува голем број на луѓе. Интерес за проблематиката очигледно постои. Кои се понатамошните организациски чекори? Треба да се организира состанок на кој ќе се повикаат сите заинтересирани дискусија на тема стратегија и понатамошно делување. Замка во која кругот иницијатори не смее да падне е да го пропушти почетниот ентузијазам и да не прошири кругот на соработници. Сепак, она од што треба да се тргне е дискусија

16

за на го за


целта и методите на борбата. Се додека ставовите не се усогласат, не може да се премине на следното, практичната организациска фаза. Веќе опишавме накратко како би требало да изгледа целта. А методите? Превземање и легитимација преку директна демократија. Нашето искуство вели дека луѓето на почеток пружаат отпор поради незнаење, страв или бесмислени предрасуди, создадени преку медиумите или институционалното образование. Но, вчудоневидува брзината со која луѓето ја прифаќаат борбата за основни права и директнодемократски модел на одлучување, по јасните аргументирања и позитивните искуства во пракса. Со чинот на усвојување на директнодемократскиот модел на одлучување е поставена организациска матрица на акцијата. Во таа ситуација станува јасно и што значи тоа дека “одлуките се обврзувачки за сите”. По усвојувањето на директнодемократскиот модел на одлучување, т.е. формирањето на целта на борбата, позади која стојат сите членови на групата, може да се констатира дека се исполнети двата основни критериуми за воспоставување на пленум. Кога велиме “за воспоставување на пленум”, тогаш подразбираме ситуација во која сите досегашни трудови се напишани во релативна тајност, од која имаме намера да се излезе преку заземање и потоа преземање на институции (работнички, образовни или некои трети). Имено, за пленумот навистина да заживее, мора да биде во потполност јавен. Односно, секој кој сака, а има право на учество, во согласност со организацијата на поединечниот пленум, мора да знае кога и каде се одржува. Ни останува да ја опишеме и третата основна фаза при создавање на пленум, која станува важна откако ќе бидат обликувани првите две, односно во моментот кога идниот пленум ќе се здобие со јасни контури. Се работи за односот со медиумите и блиско поврзаното прашање на водство.

Прашање на водство и однос со медиуми Јасно е дека нехиерархискиот, директнодемократски модел на одлучување во потполност ја исклучува потребата за водачи, “стручни” преговарачи или претставници. Исклучително е важно, од самиот почеток јасно да се договори прашањето на водство на движењето. Во пленумскиот модел на одлучување одлуките се носат колективно, нема претставништва, па според тоа, не може да постојат ни истакнати поединци, кои би го претставувале гласот на движењето. Важно е уште на самиот почеток да се побијат “лидерските тенденции”. Тоа треба да се направи на самиот почеток, бидејќи првично оставениот впечаток често остава неизбришлива или тешко отповиклива трага – и интерно, во самото движење, но и во јавната перцепција. Лидерските фигури и опасностите кои ги носат е полесно да се спречат, отколку да се анулираат откако веќе се наметнале во јавната перцепција и потенцијално излегле надвор од контрола на пленумот. Првите сериозни искушенија се јавуваат во односот со медиумите. Обично се смета дека за ваков тип на акции нужно е да се има гласноговорник, т.е. една или повеќе личности кои ќе бидат достапни на новинарите. Со тој обичај е неопходно да се

17


раскине, ако се сака да се спречи персонализацијата и засенувањето на пленумот од страна на овластени гласноговорнички личности. Најефикасен начин на избегнување на таа опасност е анонимност на сите членови на колективот. Анонимноста е одлична превентива од создавање на лидери, бидејќи кога нема имиња, односно кога личностите кои изнесуваат ставови на движењето во јавност, постојано се менуваат, ниеден не би стигнал да се профилира доволно да би можеле потоа со него да го поистоветиме целото движење. Не мора ни да се спомне впечатокот на моќ кој движењето го остава со постојаната ротација на учесниците во јавноста. Врежано е мислењето дека до медиумски простор може да се стигне единствено играјќи по правилата кои медиумите ги поставуваат, а кои во главно значат покорност на логиката на понуда/побарувачка на спектакуларни лични приказни и недискретност. Поради квази лесните рецепциски приемности и чисто политички мотивираните акции, наводно е неопходно да се преведат во лични судбини и шаблонизирани “човечки мотивации”. Со тоа во моментот на својата јавна артикулација, често се жртвува баш политичкиот аспект на акцијата. Еманципаторното движење мора да биде прогресивно на сите полиња од своето делување, па така и при медиумското излагање. Не е важно што медиумите сакаат од движењето, важна е одлуката која движењето сака да ја испрати. Најефикасен начин да се натераат медиумите да ја пренесат пораката се покажа дека е со целосно избегнување на секаков персонализиран спектакл и инсистирање на контрола врз артикулацијата на целите на акцијата преку писмени медиумски изјави. Неопходно е да се отфрлат погрешните ставови, според кои без профилирано водство и конвенционален пристап кон новинарите, движењето не може да успее. Баш напротив, може да се каже дека точно во непостоењето на водич, т.е. во специфичната стратегија при медиумското излагање, беше и најголемата сила на нашето движење. Секојдневната измена на гласноговорниците, внимателно смислените медиумски изјави, како и инсистирањето на важноста на колективот, не сочуваа од две големи опасности: наметнување на лидер и медиумска инструментализација.

Пленум: 1, 2, 3 Како изгледаше самиот пленум? Прво требаше да се реши прашањето на модератор, односно личност која на некој начин ќе биде посредник или координатор на случувањата во салата. На состаноците за подготовка беше одлучено дека ќе има два модератори, што би го олеснало самото одвивање на пленумот, бидејќи се очекуваше голем одзив. Улогата на модератор е сведена на минимален технички допринос при подготовките на предлог дневниот ред, односно грижа за редоследот на давање на збор на самата седница. Пленумскиот модератор ги нема правата на модератор во вообичаена смисла на зборот. Тој не е над пленумот, неговата задача е да ја имплементира минималната група на пленумски одредени правила.

18


Правилата и патоказите кои нашиот пленум ги донесе подоцна се одраз на практичните проблеми со кои се сретнувавме работејќи. Сакаме да истакнеме дека не се работи за правила кои би требало да вредат секогаш и секаде. Станува збор за темелна процедура околу која пленумот се согласи и која ја почитува, но која е подложна на измена во оној момент кога тоа ќе се покаже потребно во секојдневната пракса. Тоа секако не значи дека пленумот функционира по некакви нејасни и произволни правила. Тоа значи дека во секој момент мора да ги следи демократските начела, односно дека секој вид на присила (насилно обврзување на одлуки на пленумот) е целосно неприфатлив. Во самата работа на пленумот дојдовме до некои технички решенија кои значајно го олеснуваат самото одвивање. Како правилото да може да се зборува само на микрофон, со што кај учесниците се создава навика да не упаѓаат во збор, туку да чекаат на микрофонот. Се покажа дека користењето на микрофонот има позитивен ефект врз текот и начинот на одвивање на дискусијата на пленумот. Друга важна иновација е проекцијата на записниците на ѕидот од салата. Со тоа, процесот на водење на записник е потполно транспарентен: сите го следат на ѕидот на салата, со што однапред се отфрла можноста за самоволие на записничарите.

Техничка изведба на пленумот 1. Технички персонал: Техничар – врши припрема на микрофонот, разгласот и останатата техничка опрема за пленумот. Техничкиот персонал доаѓа во просторијата 10 минути пред почетокот на пленумот за да ја вклучи опремата и за да направи проверка на разгласот, компјутерот и останатата потребна опрема. Двајца модератори – го водат пленумот, го читаат дневниот ред, ја модерираат расправата, ги сумираат заклучоците од расправата, го координираат формулирањето на прашањата за гласање. На секој пленум се бираат двајца нови модератори за наредниот. Записничар – го пишува записникот кој е јавно проектиран на ѕид за да биде видлив за сите учесници на пленумот. После пленумот, записничарот служејќи се со записникот, пишува извештај од пленумот кој се објавува на порталот и е достапен за сите, за да можат и тие што не присуствувале на пленумот да знаат што се случувало и одлучило. Записничарот исто така го мери времето на дискусијата, односно по истекот на договореното време, му јавува на модераторот дека може да се прекине дискусијата и да праша дали пленумот сака да ја продолжи истата. Записничарот исто така доаѓа порано за да ги припреми материјалите пред пленумот – документи, видеоснимки и слично.

19


Личноста која го запишува редоследот на јавувањето за збор - за пленуми на кои има повеќе од 200 присутни. За помалобројни пленуми, оваа функција ја вршат модераторите. Редари - се грижат за редот, го додаваат микрофонот и ги пребројуваат гласовите. Исто така ги забележуваат пораките од пленумот и ги проследуваат на модераторот. 2. Дневниот ред се прави два часа пред пленумот, на работната група за техничка изведба на пленумот. Во дневниот ред се внесуваат сите јасно формулирани предлози пристигнати на меил или изнесени на претходниот пленум. Таа група, се разбира, е отворена за сите. Пред пленумот исто така се подготвуваат и модераторите за пленум земајќи во обѕир дека секој пат се менуваат. На подготовката би требало да присуствуваат и модераторите од претходниот пленум. Инсистирањето на тоа секој пленум да биде воден од различни модератори произлегува од самата идеја за директна демократија во која нагласокот е ставен на рамноправност и на еднаква поделба на одговорноста. Тоа е уште еден начин за вклучување на што поширок круг на луѓе и земање активно учество на пленумот. Колку често модераторите можат да се повторуваат зависи од големината на колективот.

Тек на пленумот Модераторите поздравуваат, се преставуваат и пленумот почнува. На почетокот се чита првата точка на правила и насоки на пленумот. После тоа модераторите го преставуваат дневниот ред и ги сослушуваат евентуалните забелешки и по потреба интервенираат во дневниот ред (дневниот ред не се изгласува посебно). Први на ред се известувањата. За нив нема гласање, а за време на нивното читање на новинарите им е допуштено снимање и фотографирање на пленумот. Станува збор за известувања кои во меѓупленумското време стигнале на мејлот на техничката група или за известувања врзани за акциите со кои пленумот се занимава, делување на факултетот, ситуација во општеството итн. После тоа модераторите им кажуваат на новинарите да престанат со снимање. Следно на дневниот ред, модераторите ги читаат материјалите или даваат збор на личностите кои поднесуваат извештај од работните групи. Прво се слуша извештајот од работните групи, а потоа се оди на поединечни теми кои се внесени во дневниот ред (пристигнатите предлози на мејлот на техничката група пред пленумот; понекогаш темите можат да се внесат по потреба и на самиот пленум). За време на студентската контрола над факултетот постојана (последна) точка е “продолжување или прекин на блокадата“. После секоја тема по потреба може (но и не мора) да се гласа. За некоја тема може да има и повеќе гласања. Темата по потреба

20


може да се упати и на понатамошна расправа во работните групи и гласањето на тој начин ќе се одложи. По секоја точка, ако има интерес, се отвара дискусија која трае до 30 минути. Пред да се запраша пленумот дали сака да продолжи со дискусијата на оваа тема, нужно претходи сумирање на дотогашната расправа и дефинирање на она што ќе се случи ако расправата се прекине – преминување на следната точка, преминување на гласање и сл. Пред да се оди на гласање за прекинување на дискусијата треба да им се даде збор на оние кои се јавиле пред да поминат тие 30 минути. Претходно одбраните членови од техничкиот персонал го запишуваат редоследот на јавување за збор и го додаваат микрофонот на личноста која има збор. Модераторите се должни да предупредат ако аргументите се повторуваат и повремено го сумираат до тогаш изложеното. За да може пленумот полесно да ја следи расправата и што помалку да се повторува, корисно е записничарот да ги забележува и аргументите. Ако дојде до гласање, модераторот или било кој учесник на пленумот ја предлага формулацијата за гласање која мора да биде запишана на екранот. Прашањето мора да биде формулирано така да може да се гласа за, против или воздржано. По потреба на пленумот може да се понуди и поголем избор на одговори (а), б), в), г)...) па да се гласа за секој од нив. Ако нема приговор за формулацијата, односно кога пленумот ќе успее да се сложи околу формулацијата на прашањето се пристапува кон гласање. Ако не е очигледно кои гласови се побројни, се пристапува кон броење на гласовите кое го спроведуваат редарите. За време на пребројување на гласовите никој не смее да влезе или да излезе од просторијата. На крајот на пленумот се избираат модератори за следниот пленум, а по потреба и делегати. Пленумот за тие улоги може да ги предложи само присутните личности, кои потоа мора да ја прифатат кандидатурата и кои на крајот пленумот треба да ги одобри со гласање. Откако модераторите ќе го заклучат пленумот, се задржуваат одредено време на своето место за да можат избраните модератори и делегати да им пристапат и да ги остават своите контакти. Записничарот го праќа записникот на мејлот на групата за технички прашања на пленумот заради можни понатамошни реферирања на одлуките изгласани на тој пленум, а потоа пишува извештај и за веб-порталот.

21


III. Правила и насоки на пленумот на Филозофскиот факултет во Загреб Целта на овој документ не е формализирање или кодификација на пленумот туку помош за нормално функционирање. Во таа смисла подложен е на сите предлози, критики, измени и подобрувања кои се примаат на мејлот на работната група за технички прашања. Сите примени предлози поминуваат низ расправа на јавните состаноци на групата т.е на седниците на самиот пленум.

Правила 1. Право да учествуваат на пленумот имаат сите заинтересирани без разлика дали се студенти на Филозофскиот факултет или не. Одлуките се донесуваат со релативно поброен број на гласови при што пленумот при донесување на одлуки тежнее кон консензус. Дискусијата пред гласањето се одвива во пристоен и толерантен тон, по правилата и насоките кои пленумот ги изгласал, а кои ги спроведуваат модераторите на пленумот. Одлуките донесени на пленумот се обврзувачки за сите. 2. Пленумот се состанува по потреба, а минимално еднаш месечно. Терминот за наредниот пленум се договара на самиот пленум. Свикувањето на вонредни пленуми го прави групата за технички прашања на пленумот, на предлог на било која работна група или поединец. Терминот и темата на состанокот на групата за технички прашања на кој ќе се одлучува за свикување на вонреден пленум мора да се објави (на блог, огласни табли, итн.) најмалку 24 часа претходно. 3. Техничкиот персонал на пленум вклучува: а) редари и нивен координатор б) записничари

22


в) техничари г) личности кои го запишуваат редоследот на јавување за збор д) личноста која ги прима пишаните предлозите за време на седницата. 4. Од пленум во пленум, модераторите се менуваат при што иста личност не смее да ја превземе улогата на модератор повеќе од еднаш во академска година. Личностите кои веќе биле во улога на модератори и гласноговорници можат да бидат избрани за улоги кои не биле. Предност при изборот би имала личност која претходно не извршувала ниту една од тие две улоги. Пред изгласувањето на модераторот и гласноговорникот потребно е да се повика на коментари и предлози. 5. За време на траењето на пленумот на местото до модераторот може да седат исклучиво личностите кои се наведени под точка 3. Никој друг нема право да седи на масата. Пленумот се согласува личностите на одредени технички функции дека не мора да ротираат и да се изгласуваат иако и таа можност постои доколку за тоа се има потреба. И модераторот и техничките личности на пленумот можат да ги изнесуваат своите лични ставови на пленумот под исти услови како и сите други учесници, пријавувајки се за збор и добивање на збор кога ќе им дојде редот. 6. Пленумските работни групи кои се препознатливи како клучни за функционирање на пленумот, како на пример групата за технички прашања, мора да бидат достапни за секого 24 часа и за таа потреба мора да имаат истакнато: а) e mail адреса на блогот, б) јасно означена постојана просторија на Филозофски факутет во Загреб и в) термин за состанокот во периодот меѓу два пленума најавен на блогот најмалку 24 часа претходно. На пристигнатите мејлови би требало да се одговара во некој разумен рок, на пример до два дена. 7. Групата за технички прашања на пленумот се грижи за техничката припрема на пленумот што вклучува: а) координација на личностите од точка 3. б) припрема на модераторите во однос на правилата и насоката на пленумот, досегашните одлуки на пленумот и составување на дневниот ред в) сумирање на вонредните седници на пленумот. Основата на групата за технички прашања ја сочинуваат модераторите на претходниот и следниот пленум односно сите заинтересирани. Групата освен на еден редовен состанок помеѓу двата пленума се состанува и на денот на пленумот. 8. Предлозите за дневен ред се примаат најдоцна 24 часа пред пленумот. Дневниот ред го структурираат модераторите на состанокот на групите за техничка подршка на денот на пленумот. Нагласуваме дека состанокот е отворен за сите

23


заинтересирани. Сите предлози кои не се пријавени во пропишаниот рок, а за кои се смета дека мора да бидат внесени во дневниот ред, се предлагаат на самиот пленум откако модераторот ќе го изложи дневниот ред. За да биде внесен дополнителниот предлог во дневниот ред мора да се објасни зашто предлогот не е предаден на време и зашто е важно баш на тој пленум да се дискутира за тој предлог. Модераторите мора да образложат зашто на време поднесените предлози не се ставени во дневниот ред. 9. За секоја точка на дневниот ред се отвара дискусија. Доколку се покаже дека нема заинтересирани за дискусија може да се премине на гласање. 10. На одлуката за праќање на делегат треба да и претходи дискусија за потребата од праќање на делегат. При тоа не е пресудно за што делегатите се бараат туку за што сме подготвени да ги пратиме. Ако пленумот одлучи да прати делегати, потребно е да ги исполнува следниве услови: а) делегатите од пленумот треба да добијат јасно дефиниран мандат б) ако се во прашање повеќе состаноци, делегатите ротираат Начин на бирање на делегати: а)Се дозволува предлагање на неограничен број кандидати. б) Кандидатите мора да бидат присутни и да ја прифатат кандидатурата. в) Мора да се допуштат аргументирања за и против одреден кандидат. г) Мора да биде изгласана доверливост од страна на пленумот за идните делегати. 11. Донесената одлука внатре во пленумот не смее да се прегласува, освен во случај на кршење на процедурата или накнадно примање на клучни информации.

Насоки 1. Има два модератора, едниот ја следи линијата на аргументација и сумира на секои десет минути. Другиот ги прави останатите модераторски должности, на пр. ги повикува пријавените да се откажат од своето право на земање збор, доколку во текот на расправата нивниот аргумент бил изнесен или да ги сумираат долгите излагања и сл. 2. Прашањето „Дали е Пленумот за прекинување на дискусијата?“ претходи на сумирањето за дотогашната дискусија и да се дефинира тоа што ќе се случи доколку дискусијата се прекине, односно: „Дали е Пленум за прекинување на дискусијата и преминување на следната точка од дневниот ред?“ или „Дали е Пленум за прекинување

24


на дискусијата и гласање за Х?“. Прашањето за прекинување на дискусијата се поставува најрано 30 минути после нејзиниот почеток. 3. Предлагачот на точките на дневнот ред би требало при предлагање на точките, доколку е можно, веднаш да формулира прашање за кое Пленумот би требало да гласа. Можноста за формулирање на прашања се дава на секој учесник, а не само на модераторот. Записничарот не би требало да влијае врз формулирање на прашањето. Прашањето пред гласањето мора да биде јасно дефинирано, по можност запишано на табла, при што не треба да се пристапи на гласање пред да биде напишано прашањето. Откако прашањето ќе биде формулирано модераторите пред гласањето прашуваат: „Дали има некој конкретен коментар во однос на формулацијата на прашањето или приговор за кршење на процедурата на гласање?“. 4. Сите одлуки од претходниот Пленум се пишуваат на еден лист за да можат модераторите адекватно да се припремат. Записничарот е тој што тоа треба да го направи. 5. Техничко упатство за модератори: треба да биде смирен, воздржан, објективен, да не ја прекинува нагло дискусијата која не е директно врзана за темата, да не се поставува над Пленумот, да не наметнува заклучоци на Пленумот, да избегнува секаков облик на авторитарност, хуморот е добродојден итн. Ако се поставуваат прашања кои се повторуваат (на пр. колоквиуми, испити и сл.), тоа треба да се реши по пат на известување. 6. Додека се презентираат заклучоците донесени во работните групи, презентерите стојат пред пленумот. Откако ќе се поднесе извештајот тие се враќаат на своето место, и одговараат доколку некој им постави прашање. 7. Основни црти на дневниот ред: а) Претставување на дневниот ред со аргументирани одбиени предлози и можност учесниците на пленумот да предлагаат точки кои на време не биле доставени. б) Известување. в) Извештај на работните групи. г) Актуелно - ги опфаќа задоцнетите точки за расправа. д) Одредување термин за идниот Пленум т.е. изгласување на модератор и гласноговорник. ѓ) Разно - предлози, коментари, известување и сл. кои се земаат за време на седницата на пленумот. Во точките б и ѓ нема гласање. 8. За успешно да функционира Пленум би било добро да се снабдат:

25


- Барем два микрофона (еден за модераторот, и еден безжичен за дискусијата). - Разглас. - Компјутер. - Проектор за да можат сите учесници на Пленум да го следат записникот и да го гледаат прашањето пред да гласаат. 9. Ако одлуката не е јасна, т.е. ако има многу воздржани или бројот на за и против е еднаков, тогаш модераторите прашуваат дали е потребно да се отвори нова дискусија за прифаќање на ваквиот исход од гласањето. Следен чекор е прашањето: „Дали Пленумот прифаќа ваква изгласана одлука?“. В) Анекс - Правилата се задолжителни, додека насоките се само совети. Со одлука на Пленумот насоката може да се претвори во правило. Додавањето на нови насоки е добродојдено. Новите правила треба да се додаваат со големо внимание за да не дојде до претерана формализација на Пленумот. - Сите презентирани правила и насоки поминале низ дискусија во работните групи за технички прашања за Пленумот, а потоа и на самиот Пленум.

-

Кодекс на однесувањето за време на студентската контрола над филозофскиот факултет -

1. За време на студентската контрола на Филозофскиот факултет, со почеток во понеделник на 20.04.2009, влезот во просторот на факултетот останува отворен за сите по сите правила кои важат на факултетот и во редовно време. Никој на ниеден начин не смее да им попречува на вработените на факултетот да дојдат на нивното работно место. Единствена активност која ќе се блокира без исклучок, е наставниот процес. На професорите на факултетите ќе им се оневозможи да одржуваат предавања, семинари и колоквиуми. Од друга страна, во своите кабинети слободно ќе можат да држат консултации, испити итн. 2. Сите активни учесници во преземањето на контролата врз Филозофскиот факултет, како и останатите посетители и вработени на факултетот, ќе се однесуваат едни спрема други т.е спрема личностите и имотот на факултетот со максимално почитување и ќе се трудат во никој случј да не го загрозат.

26


3. Единствена група која има право физички да спречи некого во неговата/нејзината намера е студентската редарската служба, но и тие интервенции мора да пројдат со максимален труд се да се реши мирно и без насилство. Откако преставниците на редарската служба ќе заклучат дека сами не можат да контролираат одредена ситуација, на нивниот повик за помош, можат да им се приклучат и другите. 4. Сите без приговор ги слушаат упатствата на редарите. Слободата на движењето на Факултетот за време на оваа акција ќе биде намалена, но сите мора да бидеме свесни дека за нејзино успешно изведување тоа е потребно. 5. Сите Закони на Р. Хрватска и правилници на Филозофскиот факултет со кои се забранува конзумирање на дрога и алкохол, пушење на факултетот и др. во целост ќе се почитуваат без никакви исклучоци. 6. Сите кои ќе забележат дека некој ги крши зададените правила повикани се да ја предупредат дотичната особа. Доколку со кршењето на правилата се продолжи, должност им е да пријават кај редарите кои понатаму ќе постапат во склад со нивните овластувања. 7. Во случај на полициска интервенција на просторот на факултетот се дава пасивен отпор. На местото на кое интервенцијата ги затекнала сите седнуваат на подот и не возвраќаат со насилство, ни физичко, ни вербално, без обзир на видот на провокацијата. Единствен начин да бидат отстранети од таа локација е полицијата буквално да ги одвлече. 8. Сите одлуки кои се однесуваат на понатамошното функционирање на студентската контрола на факултетот, нејзиното понатамошно траење или прекинување, внесувањето на одредени промени во програмата, кодексот на однесувањето и др. се донесува на пленумите според правилниците и упатствата на пленумот на Филозофскиот Факултет во Загреб. 9. За времетраењето на студентската контрола над факултетот, пленуми се одржуваат секојдневно.

27


IV. СЕКЦИИ И РАБОТНИ ГРУПИ ВО РАМКИ НА БЛОКАДАТА

1. Медиумска стратегија, медиумска секција и медиумска работна група

Медиумска стратегија Медиумската стратегија за главна цел имаше јасно да ги претстави студентските барања во јавноста, т.е. јасно да го презентира барањето за бесплатно образование. Но тоа свесно не се правеше на вообичаениот начин на кој функционираат подлизурковските медиуми со нивните тенденции кон сензационализам и спектакл. Затоа медиумската секција често се соочуваше со неразбирање и недоверба од страна на новинарите, особено на почетокот, но и со пофалби за нивната иновативност. Со оглед на тоа дека не можеше да се смета на наклонетост на медиумите и подршка за студентските барања, медиумските излегувања нужно мораа да бидат што попрецизни и што помалку подложени на потенцијални искривувања и вадења од контекст. Најбитната карактеристика на медиумската стратегија беше деперсонализацијата. Тоа значеше дека нема професионални гласноговорници и дека нема никакво излегување со лично име во име на пленумот. Се настојуваше дури и неслужбените излегувања во медиумите, во свое лично име, сепак да бидат анонимни. Тоа не беше затоа што студентите би се плашеле од евентуални санкции, туку за да се нагласи колективноста на акцијата и општите барања кои не се однесуваат на поединецот, туку на општите интереси. Воедно, со тоа се избегнуваше создавање на лидери и препознатливи лица кои би можеле да го свртат вниманието од самата акција и целите и да ја сведат на создавање на нови медиумски ѕвезди од неколку „главни“ студенти. Ваквата концепција на медиумската стратегија беше во директна врска со методот на директна демократија по која функционираше пленумот и студентската блокада. Бидејќи немаше лидери, туку сè се одлучуваше заеднички со мнозинството на гласови,

28


логично беше да нема и професионални гласноговорници кои би ги претставувале студентите во јавноста. Со постојаното ротирање на гласноговорниците (како и на делегатите и модераторите на пленумите) сакавме да постигнеме единствениот и колективен политички субјект да биде пленумот. Од тие причини за секоја прес-конференција (кои се одржуваа секој ден за време на блокадата) на секој пленум се бираа по три нови гласноговорници. Ни гласноговорниците не смееја да се повторуваат. Исто така, по потреба, на пленумите секогаш се бираа и различни делегати кои би биле задолжени за пренесување во различни излегувања (за медиуми, на собирите итн.). Таквите излегувања секогаш мораше да ги одобри пленумот. Јасно, студентите секогаш смееја да даваат изјава во свое име за било какви медиуми, но и при тоа се повикуваше на принципот на деперсонализираност: препорачано беше да не се излегува со лични имиња. На пленумите повеќе пати се дискутираше околу испраќање на делегати во одредени ТВемисии кои би се емитирале во живо, но на крајот секогаш беше одбивано бидејќи се заклучуваше дека не се вклопува во медиумската стратегија и намалувањето на контролата на пленумот над јавното претставување на целите на акцијата. Покрај избегнувањето на изнесување на личните имиња, во сите излегувања се правеа напори експлицитно политички мотивираната акција да не се сведе на поединечни лични емотивни приказни, доживувања и чувства. Модусот на излегување и артикулација е конципиран во директна спрега со доминантната таблоидна логика која политичките случувања ги деполитизира со нивната медиумска експлоатација, користејќи ги како повод за произведување на жанровски однапред одредени стории, почнувајќи од жанрот на студентската побуна како политички нужно збунети и наивни младешки „пролетни чистења“ со кои ни пристапуваа медиумите, очекувајќи од нас само да ги делегираме неопходните лица кои однапред зададената улога пред камера „искрено“ ќе ја одиграат. Одбивањето да ставиме акцент на микроперспективата на т.н. „човечки приказни“ својата основна причина ја има во тоа што пошироката социјална и политичка димензија на нашите настојувања станува неразбирлива со прифаќањето на модусот во прво лице и со прифаќањето на обврска за изнесување на дифузни жанровски зададени импресии. За односите со медиумите беше задолжена медиумската секција на која пленумот за тоа и` даде мандат кој беше потврден на неколку наврати. Со медиумите се комуницираше на различни начини – преку медиумски телефон (на кој се јавуваа различни ротирачки анонимни членови на медиумската секција), електронската пошта, преку порталот „Slobodni filozofski“ итн. Меѓутоа, главниот начин на комуникација беа прес-конференциите кои се одвиваа секојдневно за време на блокадата. На пресконференциите се читаше дневната изјава за јавноста во која се известуваше за одлуките на пленумот, додатно се даваше објаснување за барањата за бесплатно образование и се даваа одговори на различни прашања и проблеми според потребите и околностите. По читањето на дневните известувања гласноговорниците даваа одговори на неколку новинарски прашања, кои одговараа во рамките на веќе изгласаните пленумски одлуки.

29


Треба да се напомене дека самиот јазик кој се користеше за медиумските изјави не одговараше на вообичаениот новинарски стил и начин на пишување. Тоа беше свесна одлука преку која сакавме да ги избегнеме вообичаените медиумски ограничености, клишеа и стереотипи. Во јазикот кој се користеше за медиумски изјави намерно не се користеше потпикувачката комуникациска идеологија која денеска доминира не само во економската сфера, од која е директно преземена, туку и во областа на партиската политика. Станува збор за идеологија која се обидува кај слушателите да создаде што подиректен пристап за работите кои им се упатуваат, наместо да им се обраќа ним како полноправни, политички, разумни суштества. Со таква стратегија, тривијализацијата и поедноставувањето не само што се добродојдено средство туку и пожелен професионален стандард. Под претпоставка дека јавноста е недорасната, конечниот исход на таквата логика е дека така претпоставената недораснатост само се создава и продлабочува. Понатаму, нам ни беше важно да го сместиме проблемот на комерцијализација на образованието во рамките на пошироките општествени процеси, надвор од кои е невозможно целосно да се разбере. Ако тој контекст не е во самите изјави тогаш тој би можел да биде во потполност разложен, иако секоја од изјавите содржеше доволно патокази и индикатори во насока на општествената макроперспектива. Тој привиден „вишок“ на информации е она кое доминантната идеологија на PR-комуникациските стратегии го отфрла како шум во каналот и непотребно комплицирање на проблематиката. Воведувањето на овие индикатори на макроконтекст директно произлегува од фундаменталната сигурност во можноста за политизација и политичка самоедукација на демократското мнозинство. Демократијата која не се темели врз претпоставката дека мнозинството има способност целосно да партиципира во политичките процеси – каде што адекватната информираност е нужна претпоставка – престанува да биде демократија и станува манипулација врз масата од страна на меритократското малцинство. Медиумски произведената и одржувана политичка „незрелост“ на масата во таквото сценарио станува цинична легитимација за патерналистичка манипулација на тие привилегирани групи, кои всушност ја должат својата привилегираност на таквите манипулации.

Медиумска секција и медиумска работна група Медиумската секција постоеше уште од предблокадните состаноци како секција со мандат, на која и` беа доверени односите со медиумите. Тој мандат беше потврден на големите, блокадни пленуми, а за самата медиумска стратегија се зборуваше на отворените работилници во текот на блокадата. Медиумската секција мораше да има мандат за да може да реагира брзо во пишувањето на медиумските изјави, како и поради постојаните контакти со медиумите преку медиумските телефони, електронската пошта, итн. Но покрај мандатираната медиумска секција, постоеше и отворена медиумска работна група која, како останатите групи, имаше сопствени состаноци (за време на блокадата – редовни, а во постблокадно време – по потреба, т.е. кога се свикуваше пленум) на кои можеа да присуствуваат сите заинтересирани. На

30


состаноците на медиумската работна група се дискутираше за медиумската стратегија, се предлагаше како да се реагира, на кои теми да се посвети време, и сл.

Медиумските изјави за време на блокадата, под присила на ситуацијата, мораше да бидат напишани во многу кратко време – помеѓу пладневните вести на ХРТ, на кои се дознаваа новите случувања и изјавите на власта, и редовните прес-конференции, контролирани од студентите, на факултетите во 13 часот. Медиумските изјави се пишуваа на редовни состаноци на мандатираната медиумска секција на следниот начин: на почетокот, од практични причини, се договараше што точно ќе се напише (во рамките на темата на дискусија и одлуката на пленумите на таа тема на состаноците на медиумската работна група), па една или две личности правеа груб нацрт на текстот кој потоа заеднички се дообработуваше. За време на блокадата секцијата пишуваше секојдневни изјави за медиумите, како и други потребни дописи (отворени писма, реакција на некои написи во медиумите и слично). Освен тоа, медиумската секција беше во постојан контакт со медиумите телефонски, како и преку електронска пошта. За време на блокадата, членовите на медиумската секција непрекинато даваа и анонимни изјави, интервјуа итн., се разбира, во рамките на параметрите поставени од пленумските одлуки. Медиумската секција припремаше и прес-конференции (за време на блокадата) и ја координираше подготовката на гласноговорникот. На состаноците на медиумските работни групи во голема мера се координираше производството на разни публикации и текстови, едукативни брошури, FAQ-ни (Frequently Asked Questions – често поставувани прашања) итн.

2. Секција за оперативи, логистика и обезбедување

Ова е секција со мандат пред се` поставена за спроведување на преземањето на контрола врз факултетот за време на блокадата. Покрај тоа, се занимаваше со осигурување на основните услови за одржување на пленумите, што вклучува подготовка на достапна технологија (микрофони, звучници, компјутер, видеопроектор итн) и одржување на редот на пленумите. Темелот на кој се гради целокупната организација за контрола на објектите или просториите се редарите. Редарите се студенти доброволци (на почетокот на блокадата на ФФ, од тактички причини, се бараше редари да бидат само студенти од ФФ) кои се задолжени за контрола над факултетот за време на блокадната настава. Редарската служба беше организирана преку редарски смени (одредени од сменоводителот). Секој редар добиваше одредена обврска на која мораше да се пријави и беше известен кој дел од факултетскиот простор треба да го чува. Редарските смени постоеја и преку ноќта и не се контролираше само внатрешноста на факултетот туку и рампата на влезот на факултетскиот паркинг (кој за време на блокадата беше ослободен од автомобили). Во редарските смени можеа да учествуваат повеќе, или помалку редари, зависно од достапноста и околностите.

31


Должноста на редарите вклучуваше чување на објектот и имотот кој му припаѓа, одржување на чистотата, како и задачи кои бараат физички ангажман, како што се пренесување на предмети, поставување и поместување на разни облици на препреки таму каде што за тоа се укажува потреба. По потреба, редарите со помош на други студенти, вршеа и нарушување на настава ако било кој професор се обиде да држи настава и покрај одлуките на пленумот. Прекинувањето на наставниот процес секогаш се извршуваше ненасилно, најчесто со разговор со дотичниот професор и студентите или со оневозможување на наставата со помош на создавање на бучава. Со крајот на смената улогата на редарите не завршуваше. Секогаш кога на некој редар му беше потребна помош, се очекуваше да му се укаже помош од сите останати присутни членови. За време на студентската контрола над ФФ таа помош најмногу се однесуваше на чистење и блокирање на наставниот процес. Редарите беа така поставени за да ги чуваат сите стратешки места на факултетот – рампата на паркингот, влезот, сите ходници на сите катови итн. Надзорот над секој дел од факултетот беше важен за да се наруши обидот да се одржи наставата, како и да се спречат евентуалните обиди за кражба, или други инциденти. Регулацијата на редарските смени, како и организирањето на останатите сегменти за кои е задолжена оваа група, ги вршеа координаторите на кои пленумот им даде мандат за тие задачи. Зависно од бројот и обемот на задачата се ангажира потребен број на координатори. Ако координаторот на иницијалната група е така дефиниран, тие можат самоиницијативно да ангажираат дополнителни координатори кога за тоа ќе се укаже потреба. Таквата практика доста успешно се применуваше. Редарската служба, исто така, преку своите координатори вршеше надзор врз сите простории на факултетот и нивните клучеви, одредуваше простории за состаноците на работните групи, простории за спиење итн. Во рамките на нејзиното делување беше и логистиката – набавката и доставувањето на потребната количина на храна и пијалоци, како и нивното складирање и подготвување. Благодарение на таквата поставеност студентската контрола врз факултетот се покажа многу успешна. Факултетот беше поотворен за јавноста од било кога претходно, сите граѓани можеа слободно да доаѓаат на сите алтернативни предавања кои студентите ги организираа наместо редовните настави, сите можеа да спијат и да се хранат на факултетот, новинарите можеа многу послободно да се движат низ зградата за разлика од редовното време, сите факултетски служби работеа без да бидат попречени (библиотеката, книжарата, бифето, копирницата, канцелариите, деканатот, секретаријатите на сите сектори итн), се одржаа два меѓународни симпозиуми, а кражбата и штетата беше сведена на нула, што не беше случај за време на редовното функционирање на факултетот. За време на блокадата не беа забележани никакви инциденти.

3. Програма и програмска секција 32


Програмата која се одвиваше на ФФ за време на блокадата беше своевидна алтернатива на редовната настава. Пред почетокот на блокадата, главната цел на создавањето на програмата беше да им се обезбеди на студентите на нашиот факултет, кои имаат распоред исполнет со часови, платформа за дијалог и едукација за важни прашања за високото образование, како и за пошироката општествена и политичка ситуација. Преку целодневни предавања, работилници, филмови, но и концерти се обидовме да им ја приближиме на студентите, професорите, но и на сите заинтересирани граѓани програмата која се фокусираше на разни аспекти од проблематиката на социјалната неправда. Имајќи предвид дека високообразовниот систем е важен дел од општеството, првата недела на алтернативни настави беше наменета токму за основните проблеми на општеството. Па така, главните теми беа „Која е цената на партиципацијата?“, „Хрватско образование – општа конфузија“, „Еманципаторно образование и социјалната димензија на болоњскиот процес“, и „Неолиберализам, транзиција и економска демократија“. Прашањето за партиципацијата во високото образование е само едно од низата социјални прашања за кои сметаме дека се занемарени и недоволно дискутирани во јавноста. Затоа деновите на блокадата беа единствената прилика за отварање на таквите прашања. Креирање на разновидна и богата програма се спроведуваше секој ден. Програмата е создадена на неконвенционален начин – на меилот на програмската група се пријавуваа сите студенти, професори, интелектуалци од најразлични области, НВО и др, како и се предлагаа теми за предавања, дискусии или работилници кои би сакале да се одвиваат, или сакаа самите да ги водат. Во исто време баравме предавачи и експерти за одредени теми од општ или потесен интерес на студентите. Така, проблемите во здравството во Хрватска, проблемите на работните групи, цензурата на медиумите, комерцијализацијата на јавниот простор, транзицијата, студентските движења во регионот, како и нееднаквоста во шансата за образовние беа само некои од темите кои се најдоа во нашата програма.

4. Работна група за меѓупленумска соработка Задачата на групата беше да воспостави контакти, комуникација и да организира состаноци помеѓу студенти од различни факултети, со цел организирање и координирање заеднички акции, размена на информации и знаење за начинот на водење на блокадата и целта на блокадата, помош за студентите на другите факултети при организирање сопствени пленуми и движења и креирање на база на активни студенти вклучени во наредните акции, решавање на евентуалните проблеми и недоразбирања помеѓу студенти од разни факултети, без разлика дали се настанати преку директна комуникација, при помош на организирање на трибина и слично. Исто така, оваа група се занимава со прашања кои излегуваат од границите на пленумот, а се должи на заедничка одлука на сите пленуми вклучени во иста акција/борба, при

33


што, таа служи како комуникациски канал, односно пренесува информации на пленумите за случувањата на други факултети, пленуми и градови. Групата е отворена за сите граѓани, но најчесто ги собира студентите од сите факултети на едно место. Студентите од другите факултети кои доаѓаат во групата (а нивното соучество е повеќе од потребно, без тоа групата не би имала смисла) се рамноправни соучесници и имаат прилика да пренесуваат конкретни информации за случувањата на своите пленуми и меѓу студентите на своите факултети. Така се во директен контакт со колегите од други факултети, со што се зајакнува процесот на зближување на локалните пленуми. Своите заклучоци (за потребните акции, случувања, предлозите и барањата поврзани со другите пленуми) групата потоа ги пренесува на пленумот. Соучесниците притоа не се делегати на локалните пленуми и немаат моќ на одлучување, како што нема ни самата група. Но ја имаат слободата да организираат директни акции од организациски, оперативен и комуникациски карактер со цел да се подобри врската, организираноста и координираноста на студентите и пленумите. Поради ширината на задачата, но пред сè поради желбата да се одржат трајни комуникации меѓу локалните пленуми, групата би морала да се состанува редовно, во текот на блокадата ако е можно секојдневно, а во неблокадно време барем еднаш неделно. Акциите кои соучесниците во групата можат самоиницијативно да ги преземаат, во случај да се покажат како нужни, опфаќаат решавање на моментални проблеми и нејаснотии поврзани за начинот на организирање на студентите за време на блокадата, како и методите и целите на блокадата. Како преку директна комуникација (лична, преку телефон или мејл итн.) со заинтересирани студенти, така и преку неформални посети на состаноци на други факултети, или помош при организирање на активните студенти од другите факултети. Исто така, се помага и со организирање на трибини и работилници кои имаат за цел да ги образуваат студентите и да им ги приближат целите и методите. Притоа, ниту една акција не се изведува во име на пленумот, туку во лично име, на повик од страна на заинтересирани студенти од другите факултети. Во таа смисла, меѓупленумската група претставува канал за директна комуникација и меѓусебно образование на студентите од различни факултети со улога да ги шири знаењата и искуствата за целта и методите на борбата (покрај постоечките канали како порталите, брошурите, гласилата итн.). Групата ги прати студентските прашања надвор од земјата и пренесува корисни и важни информации на пленумите. Групата ги организира и големите студентски состаноци од активистите од цела држава (и пошироко), а отворена е и за соработка со одредени нестудентски (работнички, селски и др.) пленуми.

5. Работна група за технички прашања на пленумите Работната група настана со цел што потранспарентно и подиректно-демократски да се решаваат прашањата кои го засегаат функционирањето на пленумите.

34


Тоа ги вклучува примањето на предлози и коментари за функционирањето на самите пленуми, собирање на предлози за дневен ред, спремање на модератори, дневниот ред и сите потребни додатни информации и документи кои се релевантни за пленумот, како и евентуално свикување на вонреден состанок. За да се олесни функционирањето на пленумите, настанаа Правилата и насоките на пленумот на Филозофскиот факултет во Загреб, кои претставуваа опис на функционирањето на одредени аспекти на пленумите и предлог решенија за техничките прашања кои се јавуваат во текот на седницата. Работната група почна да се состанува неколку дена по почетокот на блокадата кога се укажа потреба за систематски пристап на решавање на тековните проблеми во функционирањето на пленумот, но и како место за дискусии за пленумот и за директната демократија воопшто: што е тоа, што се може во нејзините рамки, како се може сè тоа и каква би можела да биде иднината на таквиот начин на политичко организирање. Сепак, со тек на време работната група се профилираше така да ги решава практичните и конкретните проблеми на организираноста на пленумите и работните групи многу повеќе отколку што теоретски дискутираше околу директна демократија. За време на студентската контрола над факултетот, потребата за транспарентно и ефикасно функционирање на пленумите беше решена на следниот начин: 1.Работната група за технички прашања на пленумите имаше секојдневни јавно огласени состаноци, отворени за сите кои се заинтересирани, со присутност на пленумскиот модератор. 2. За предлози, коментари и прашања поставено е сандаче во холот на факултетот и отворен мејл на групата за технички прашања. 3. Секој пристигнат предлог се разгледуваше на состанокот на групата, се вршеше напор да се пронајде решение и на пленумот да се изнесе секој таков случај. За време на привремена суспензија на студентската контрола над факултетот, групата за технички прашања делува како своевиден „ладен погон“ кој ја осигурува транспарентноста на комуникацијата во смисла на известување за актуелни теми и вести преку составување на дневен ред за идниот пленум, припрема на модераторот како и во случајна потреба повикува вонредни пленуми. Состаноците на работните групи се отворени за сите, а преку задолжителната присутност на модераторот на минатиот и идниот пленум се осигурува континуитетот и преносот на информации за актуелни теми. Освен најавените состаноци помеѓу два пленума, групата за технички прашања задолжително се состанува два часа пред секој пленум.

6. Работна група за анализа на документи To read without reflecting is like eating without digesting. - Edmund Burke

35


Да се чита без да се размислува, е како да се јаде без да се дигестира. - Едмунд Бурк

Групата за анализа на документи настана после блокадата во 2009 година, пред се’ поради потребите да се разгледаат подобро дописите и документите на Владата и други органи, и истите соодветно да се објаснат. Кога се работи за службени документи како статути, правилници, извештаи и сл., задачата на групата е детално да го прочита текстот и да се проверат сите импликации кои произлегуваат од него. Групата е слободна да се консултира со други луѓе за кои проценила дека можат да помогнат во работата, иако останува на самите членови да ја изнесат конечната анализа. Читањето дописи претставува централна задача на групата, посебно во ситуации кога се врши притисок врз различни институции, а не е отворен канал за непосредна комуникација (бидејќи, на пример, се одлучило да нема преговори). Тогаш групата за анализа на документи мора да ги прочита дописите, да ги протолкува и да ги поврзе со постоечките закони и правила. Службените документи не се пишани на јасен и разговорен јазик, туку со силен бирократски-правен жаргон чија примарна функција оневозможува читање. Во тој случај групата внимателно ја дешифрира секоја реченица и на крај на сиот текст му дава смислена целина. Таа работа бара висока концентрација, па затоа бројот на луѓето во групата не треба да биде поголем од 10 (иако групата е отворена секако за сите). Исто така препорачливо е групата да ја изврши работата без поголеми паузи помеѓу сесии. Оптимално, работата на одреден текст трае два или повеќе дена во неколку интервали од повеќе часови. Може да биде контрапродуктивно (иако и тоа може да се спречи) ако се менува поставата во групата, бидејќи тоа одзема време новите во групата да да се упатат во проблематиката, што носи до прекин во работната динамика, создава психолошки притисок врз дргите присутни и води кон површност. Тоа во голема мера може да се спречи со водење на записник. Групата за анализа на документи по правило се собира ad hoc, по потреба, и не е потребно нејзино постојано одржување. Штом биде повикана, само треба да делува по горенаведените правила. На групата исто така и е потребен и модератор, компјутер и ако постои можност за тоа и проектор или грасфоскоп за документот кој се анализира да биде на видно поле за сите членови на групата. Во смислата на одлучување по директна демократија лежи рамноправниот систем на знаење за сите оние кои се вклучени во носење на одлуката.

7. Работна група за мини акции Работната група за мини-акции настана како платформа за организирање различни акции и интервенции во јавната сфера преку јавни перформанси. Еден од

36


главните постулати на оваа група е неформална организација за организирање на субверзивни или неконвенционални активности. Во таквите активности спаѓаат закачување транспаренти на јавни згради, ненајавени перформанси што се граничат со јавни собири,вечерни акции со различни интервенции во просторот, како и сите акции за кои е потребна координација од повеќе луѓе, зависно од просторно-временскиот контекст. Важно е да се нагласи дека овие активности сами по себе не се нелегални, туку се сметаат како директно влијание врз јавноста. Како и сите други работни групи, така и оваа е отворена за сите заинтересирани. За поголемите проекти потребен е мандат од пленумот, додека за малите акции делувањето е независно, т.е. не бара потврда од пленумот за акции што веќе се спроведуваат. Таквите активности не се преземаат на покана на пленарна седница, туку како лична иницијатива на заинтересирани групи во рамките. Извештаи за работата на групата за мини акции редовно се поднесуваат на пленумот, а ако се појави потреба, сите акции се подложни на расправа на самиот пленум. Во делувањето на групата за мини акции нагласена е интердисциплинарноста – соработка со студенти од други факултети, уметници и заинтересирани граѓани, како и соработка со други групи, на пример со групата за информирање во врска со дистрибуција на информативни материјали и слично.

Акција за поддршка на земјоделците Форма на субверзивни ноќни акции која бара поголема координација на поголем број на луѓе. Идејата беше да се изрази и директна поддршка за земјоделците во текот на нивниот протест пред Министерството за земјоделство. Беа доделени броеви на "5 до 12" и скрипти, и храна и пијалаци колку што можеше да се соберат. Акцијата сама по себе е организирана за малку повеќе од еден час по телефон, а во прилог на логистичка и морална поддршка на земјоделците, се блокираа повеќе улици, што по полициската интервенција престана. Конечно треба да се напомене дека групата на мултидисциплинарни работни мини-акции се базира на студентите, но е отворена за сите заинтересирани граѓани. Иако некои акциите беа во форма на уметнички перформанси, првенствената намера беше да се има форма на политичко дејствување. Овие акции им овозможуваат на граѓаните да изразат поддршка за целите, но и продлабочување на нивното разбирање за истите. За да бидат успешни резултатите од ваквите акции потребно е информирање и мобилизирање на јавноста преку медиумите или преку директен контакт за време на нивното одвивање.

8. Блог/портал и блогерска секција 37


Од почетокот на блокадата на Филозофскиот факултет во Загреб, со работа започна и блогот Slobodni Filozofski (SlobFil), со интернет адреса www.slobodnifilozofski.com. Првата задача на блогот беше да ги информира студентите и пошироката јавност за актуелностите во врска со блокадата. Блогерите редовно објавуваа информации за работата на пленумот и координациите на работните групи (се објавуваа и термините за работа на групите). Slobodni Filozofski со тек на време од блог прерасна во портал. Го следи студентскиот активизам на сите хрватски и надворешни факултети, а освен текстови кои ја обработуваат комерцијализацијата на високото образование, објавува и други едукативни текстови и филмови поврзани со пошироката проблематика на неолоберализмот, економијата, борбата за социјални права итн. Уредништвото на блогот/порталот има мандат од пленумот, а по потреба во него влегуваат и нови членови. Уредништвото има своја слобода и автономија, но во рамките на одлуките на пленумот. На порталот се објавени и оригинални текстови и преводи, а и текстови преземани од други медиуми. Текстовите од порталот во главно се објавуваат и во Скрипта. Постои и меѓународна верзија на порталот на повеќе странски јазици: slobodnifilozofski.org. Текстовите ги преведува работната група за преведување. Slobodni Filozofski соработува со останатите студентски интернет страници во земјата и во странство.

9. Скрипта и работна група за информирање За време на подготовката на блокадата, првите печатени материјали беа плакатите на кои студентите се известуваа дека сите ќе ги плаќаат додипломските студии. После тоа беа лепени плакати и поделени флаери со најава за трибината “Право на бесплатно образование” која беше претворена во пленум и на која 200 студенти со гласање одлучија да се оди на блокада. Првата Скрипта е печатена на денот на блокадата во повеќе од 1000 примероци, а содржеше два прогласи на независната студентска иницијатива за право на бесплатно образование, текст за директна демократија како облик на одлучување, два FAQ-а, кодекс на однесување за време на студентската контрола над факултетот и програма за првите два дена од блокадата. Прогласите и FAQ-овите се објавувани и во многу наредни изданија. За време на блокадата, Скриптата излегуваше секојдневно, а по некогаш и два пати по денот (утринското издание обично ги објавуваше текстовите објавени на блогот, а попладневното FAQ-овите и дневна изјава за медиумите). За време на периодот на суспензијата на блокадата, Скриптата освен за време на кратки летни паузи, излегуваше еднаш (понекогаш два пати) неделно, а тиражот варираше од 1500 до 4000 примероци, во зависност од донациите и помошта на поддржувачите на иницијативата.

38


Секцијата која работи на гласилото има мандат добиен од пленумот, а самата Скрипта е замислена како гласило кое на голем број заинтересирани луѓе ќе им овозможи информирање за блокадата и борбата за право на бесплатно образование. Бројни теоретски текстови кои се објавуваа во неа исто така беа поврзани со борбата за социјални и работнички права. Нивната цел беше борбата за бесплатно образование да се стави во поширок контекст за борба против неолибералистичките реформи кои се обидуваа да ги искоренат тие права. Целта на Скриптата е да допринесе во јавната циркулација на критички анализи на општествените и историските процеси. Со тоа Скриптата не е само студентско гласило, туку и гласило за сите оние кои сакаат да стекнат критички увид на состојбата во општеството, политиката и економијата и да стекнат основни знаења потребни за стратегија во отпорот во социјално-деструктивните процеси. Нејзината дистрибуција покрива, почнувајќи од Филозофскиот факултет, бројни факултети во Загреб и други градови, но и други места како Студентскиот центар, Културно-информативниот центар, кината, книжарниците, фотокопирниците, рестораните итн. Во Скриптата излегоа следните категории на текстови: изјави за медиуми, извештаи од пленумот, поддршка за студентите од разни организации и истакнати поединци, како и поддршка од странство. Одлучувајќи за тоа на пленумот, се даде поддршка и за груги групи во Хрватска, но и во странство, на пример за студентите во Бразил, Германија, Калифорнија, Австрија, Тузла итн. Се припремаа и посебни изданија на Скриптата за посебни прилики. Се издаваше Скрипта што се делеше на кандидатите за приемен испит на ФФ (Skripta – prijamna), средношколска Скрипта, Skripta – ekonomska (во врска со учество на делегати од пленумот во меѓународни студентски конференции организирани од страна на студентите од Факултетот за економија), па Скрипта-преглед со текстови кои даваат детален увид во контекст на борбата за право на бесплатно образование. На многу факултети излегоа разни скрипти, по примерот на првиот модел. Во нив се објавија текстови важни за одредени факултети и нивните проблеми и за бесплатното образование и борбата за истото. За време на блокадата и за време на нејзината суспензија, на многу факултети изработувани се и дистрибуирани студентски гласила поврзани со блокадата и образованието, кои по форма се слични на Скриптата. Тие изданија носеа други имиња, како Ријечка скрипта или Панда из Сплита. За успешно објавување на Скриптата потребна е организираност и тимска работа во секоја фаза на нејзиното создавање и дистрибуција. Повеќе луѓе работат на избор, собирање и преведување текстови за Скриптата и порталот SlobFil. Се преведуваат странски и се печатат домашни текстови. Текстовите во Скриптата обично се прилагодени на моменталните потреби, акции и случувања. Кога материјалот за Скриптата е готов, текстовите се усогласуваат и компјутерски се носат на печатење и копирање. За време на склопувањето на Скриптата и разговорите, понекогаш се гледаат предавања и филмови од образовен карактер, а се смислуваат и нови методи и форми

39


на информирање. Истата група се грижи и за плакатите кои огласуваат за пленумот и работилниците на факултетот и пошироко. Се организира и делење на Скриптите по градот (зависно од потребата). Скриптата може да се симне од интернет од порталот www.slobodnifilozofski.com, каде својата програма ја објавува и СкриптаТВ, покрената на крајот на 2008, со намера на заинтересираните да им донесе првенствено едукативно-активистички програм.

V. Општествениот контекст на борбата за бесплатно образование

Воведувањето на партиципацијата во процесот на високото образование не е прашање кое студентските акции во јавноста ги доведе до критички расправи. Помеѓу партиите и другите “општествени фактори” (како медиумите, различни “стручни лица”, невладини организации и сл.) владееше гласна или премолчена согласност за принципиелната неспорност на воведувањето партиципација во високото образование. Тоа по правило се претставува како прашање на нужна “модернизација” во процесот на напуштање на т.н. “социјалистичко наследство” и приближување кон “европските стандарди“. Во хрватската јавност и по речиси дваесет години на “процес на транзиција”, интервенциите во социјалната структура се оправдани со крајната цел – припадност во Европската унија, па како такви се поштедени од критички преиспитувања. Членството во Европска унија е претставено како гаранција за благосостојба во држвата, па жртвите кои се приложени за таа цел се автоматски оправдани. Медиумите и политичките елити притоа одбегнуваат да поставуваат прашања за реалната структура на ЕУ денес, односно до која мера е таа спојлива со илузиите за западноевропската државна благосостојба. За Лисабонскиот договор – основниот документ на новата и неолибералистичка Европска унија – во Хрватска едвај чуле и т.н. експерти, а камоли за него отворено да се дискутира со цел да се информира широката јавност. Наместо тоа, митот за Европската унија како зона на општа благосостојба и понатаму некритички се поддржува од елитата. Покрај тоа, со неа се оправдува и укинувањето на работничките социјални права денес. Основната контрадикција – укинувањето на социјалните права кои ја дефинираат државата на благосостојба во име на идното членство во зоната на благосостојба – така останува премолчена и нерешена.

40


Нападот на стекнатите социјални права Некритичкиот говор за Европската унија како носител на благосостојба е еден аспект на моќно идеолошко оправдување за губење на стекнатите социјални права. Тоа е една тактика за т.н. „производство на согласност“ од мнозинството за намалување на правата и калкулирано подлегнување на интересите на капиталот (важен пример за второто се потезите како “флексибилизација” на работните односи – а тоа не значи ништо друго освен олеснување на работодавците да им даваат откази на вработените, што е наводно во интерес на истите тие работници.) Друг начин да се „произведе согласност“ од мнозинството е за одредени права – како што е уставно гарантираното право на образование – да престане да се говори како за права. Наместо тоа, тие стекнати права се напаѓаат под образложение дека се ирационални привилегии наследени од социјализмот. Со оглед на тоа што социјализмот се смета за историски поразен проект, секој кој инсистира на стекнатите социјални права е дисквалификуван по идеолошки автоматизам. Така, преку симболичко заплашување (закани со етикети од типот „југоносталгија“, „заостанатост“ или „паразитизам“) се замолчува секоја одбрана на социјалните права. Уште еден важен аспект на таа стратегија на „производството на согласност“ е и приказната за буџетскиот дефицит. Прашањето за воведување партиципација во високото образование така повеќе не е политичко прашање (против интересот на мнозинството), туку е чисто фискална, управна, објективна нужност. После ирационалното трошење во социјализмот неопходно следува рационализација на јавните трошоци. Меѓутоа дури и во случај на реален дефицит во буџетот, таквата аргументација останува проблематична. Имено, со ваквата логика на пожелно организирање на општеството (а социјалните права се само негова институционализирана минимална рамка), се премолчува прашањето на негова техничка изводливост. Значи, наместо да се постави прашање: „Што е неопходно да се направи за да би можеле и понатаму да оствариме здравствена заштита, образование и општи добра достапни за сите?“, тоа прашање премолчено се отфрла поради „фискалните ограничувања“. Притоа се заборава дека буџетот се полни од даноците кои ги плаќа работничкото мнозинство со верба дека вршителите на државните должности ќе ги искористат собраните средства во интерес на мнозинството. Заклучокот дека слабиот буџет нужно води кон намалување на социјалните права на мнозинството не е предмет на објективна и логичка потреба. Напротив, во сржта на таквиот заклучок лежи премолчена политичка одлука против интересите на народот. Самиот факт дека при расправите за буџетскиот дефицит однапред се отфрла можноста за прогресивна даночна политика (на пр. оданочување на профитот на банките), е показател за премолчениот концензус меѓу политичките елити во корист на капиталот, а против интересите на мнозинството.

41


Поимање на демократијата Од сето наведено, произлегува прашањето за природата на таа демократија во која се подразбира дека политичките елити работат против интересите на мнозинството. Како што е кажано, минимално институционално дефинирани интереси на народот се токму историски стекнатите социјални права. Нападот врз нив претставува недвосмислена одлука против демократијата, ако под демократија подразбираме владеење на мнозинството во корист на општото добро, а не изветвен ритуал на гласачки избор меѓу припадници на политички елити кои меѓусебно се разликуваат само по имињата на партиите чии кандидати се. Претставничката (парламентарна) демократија не е форма без инхерентни опасности и противречности. Избраните претставници е лесно да се корумпираат или да се подредат на реалната моќ на капиталот. А важен аспект на моќта на капиталот е и тоа што, за разлика од избраниците во парламентот, е ослободен од обврската секои четири години да се подложува на макар несовршен, минимум демократски повик на одговорност. Моќта на приватната сопственост не подлежи на прашањата за нејзиниот противречен однос со наводното владеење на народот. Во таков контекст, секој кој сериозно ја разбира идејата за демократија, должен е критички да се соочи со тие противречности, особено кога истите резултираат во очигледни противдемократски политички пракси, како што е неолибералниот напад врз социјалните права. Во тој смисол, и студентската борба за правото на бесплатно образование треба да се сфати како дел од целокупната одбрана на интересите на мнозинството, а не како некое партикуларно и себично застранување, какво што се обидуваат да го прикажат повеќето медиуми и политичари. После се` останато што веќе е кажано за директната демократија како форма на одлучување, вреди да се додаде и следново: на одредено ниво, директната демократија е чиста последица на неисполнетите ветувања на претставничката демократија. Директната демократија е чувар и потсетник на фундаменталната смисла на демократијата воопшто.

42


За Слободен Индекс СЛОБОДЕН ИНДЕКС е неформално, партиски и финансиски независно, директнодемократски организирано студентско движење во кое група студенти од државните факултети се борат за подобрување на стандардот на образовниот систем. Како движење Слободен Индекс постои од почетоците на 2009 година, а настана како резултат на синтеза од студент(к)и кои веќе имаа учествувано во студентски активизам, како одбележувањето на 40 години од 1968-ма и активности против комерцијализацијата во високото образование, заедно со новосоздадени групи и индивидуи. Тоа што ги спои овие групи и индивидуи, покрај заедничките проблеми, е и желбата за промена, за делување, за активно учество во градењето на студентското движење. Слободен Индекс се бори за: - БЕСПЛАТНО ЈАВНО ОБРАЗОВАНИЕ, односно високо образование целосно субвенционирано од државниот буџет, кој се полни од даноци кои ги плаќаат нашите родители, и кој според Устав служи за финансирање на општите, јавни добра, какво што е образованието. Следствено на тоа, се залагаме против воспоставување и за целосно укинување на Болоњскиот ЕКТ систем, како посредно одговорен за повторното воведување партиципација на универзитетите по 2001 година. Болоњскиот процес ја забрза неолиберализацијата и комерцијализацијата на високото образование, го намали неговиот квалитет и го претвори знаењето во производ, а студентот во профитабилна машина погодна за пазарот на труд. - НОВ СИСТЕМ НА СТУДЕНТСКО ОРГАНИЗИРАЊЕ, по пат на студентско самоорганизирање, во кое сите студенти ќе можат да учествуваат во ковањето на сопствената студентска судбина и во кое одлуките поврзани со студентите ќе се носат на т.н. пленум, независно тело кое се базира на т.н. „директна демократија“, наспроти сегашниот хиерархиски и елитистички СТУДЕНТСКИ ПАРЛАМЕНТ со сомнителна легитимност, кој се богати на грбот на студентите, незаинтересиран да ги брани нивните права. - ПОДОБРУВАЊЕ НА ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА СТУДИРАЊЕ: слободен простор за организирање разни студентски активности (трибини, презентации, настани); изградба на нови и реновирање на старите студентски домови како и подигнување на хигиенски стандарди во истите; намалување на бирократијата на Универзитетите; стоп на

43


корупцијата и непотизмот кај наставниот кадар, социјални привилегии за социјално непривилегираните студенти… Слободен Индекс јавно плука по власта, опозицијата и општо по целиот државен апарат, кој континуирано ги крати и прекршува фундаменталните социјални права, (како што е правото на образование достапно до сите), а се` во корист на приватните интереси. Секој кој ја дели оваа кауза може да не` контактира на: sloboden.indeks@gmail.com и www.slobodenindeks.tk и да дојде на некој од нашите состаноци што редовно се одржуваат. ОБРАЗОВАНИЕТО НЕ Е НА ПРОДАЖБА!!!

44

Блокаден прирачник  
Read more
Read more
Similar to
Popular now
Just for you