v.News 23

Page 4

АКТУЕЛНОСТИ

накратко ... НАК

Стопанска банка доби три светски признанија Стопанска банка Скопје доби три важни признанија за остварените резултати во 2008 година од светски реномираните списанија Euromoney и Finance Central Europe. Од страна на двете списанија е прогласена за најдобра банка во Македонија за 2008 година, а од Finance Central Europe за банка со најголема актива во 2008 и банка со најголем капитал во 2008 година. “Овие признанија се резултат на стабилноста и капиталната сила на Банката, на ефикасноста во нејзиното работење, извонредноста на производите и услугите кои Банката ги нуди, нејзината достапност до клиентите и високата доверба што ја ужива кај компаниите и населението во Македонија” вели во соопштението до медиумите, претседателот на Управниот одбор на Стопанска банка, Глигор Бишев. Според Бишев, дополнителен доказ за сето ова е што на крајот од 2008 година секое семејство од Македонија и секоја втора компанија ги користи услугите од Стопанска банка. Вкупно 347.622 невработени лица до 30 јуни годинава Според податоците на Агенцијата за вработување на Македонија бројот на невработените во јуни во споредба со мај годинава се намалил за 1441 лице. Агенцијата за вработување нагласува дека од вкупниот број регистрирани невработени 277.443 лица активно бараат работа, додека преостанатите 70.179 се пријавуваат само заради остварување на правото на здравствена заштита.

Во јуни во Македонија за првпат бројка од над 1.000 продадени возила Но и покрај тоа бележат тренд на намалена продажба од над 30 отсто во однос на истиот период лани. Се смета дека пазарот полека се стабилизира, но е далеку од враќање на ланските рекордни резултати. Само големите попусти и акции ја одржуваат продажбата на „нормално“ ниво. Во споредба со истиот период лани сегашното намалување е за 35 отсто, и речиси 3.000 возила помалку продадени. Наспроти 8.243 возила во првите шест месеци од 2008 година, сега се продадени 5.304. Сличен тренд има и во јуни, кога намалувањето е 33 отсто. Дури кај 18 марки има намалување на продажбата, а само 15 имаат позитивно работење во однос на истиот период лани. Како најголеми причини за намалувањето на продажбата импортерите ги посочуваат заострените услови за добивање кредит или лизинг и економската криза. Од почетокот на кризата, а особено овие седум месеци Македонците беа навикнати да добијат добар попуст при купување нови возила со повеќе опрема. Тоа полека завршува, а импортерите најавуваат дека од есен тешко дека ќе има толку евтини модели. Последните два-три месеци речиси сите продавачи имаа одредени акции со попусти кои беа и по неколку илјади евра за одредени модели. Сега еднакво атрактивни се и користените возила, особено оние што одредени купувачи ги враќаат за да земат нов модел. Сепак, компаниите ги имаат скратено буџетите за таквите користени возила, па сега и на плацевите пред салоните нема голема понуда. Сегашните прогнози се дека вкупната продажба на нови возила во Македонија годинава треба да се движи околу 12.000. Летниот период традиционално е послаб за пазарење, па повеќе нови купувачи се очекуваат од септември. Јули 2009

[4]


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.