vnews_51

Page 28

БРЗОТО ТЕМПО НА РАБОТА – НАВИКА ИЛИ ЖИВОТЕН СТИЛ БЛИЦ

Секојдневните работни обврски не им дозволуваат на луѓето да го живеат животот онака како што сакаат. Пишува Марија Димулковска, новинар

Велат, работата и времето во животот не можат едно без друго. Завршената работа зависи од тоа колку време ќе í посветиш. За да се завршат пак, секојдневните обврски на работа, потребно е одредено време. За сите луѓе тоа е различно. За некои тоа е пократко, а за некои, пак, тоа е подолго. Па, се поставува прашањето - дали тоа темпо на работа им станува секојдневна навика на луѓето или, пак, тоа е само нивниот животен стил? Животен стил - којшто мораат да го живеат сакајќи или не сакајќи. Па, дури да погледнеме колку е часот, времето и денот за работа поминале. Затоа се вели дека времето е скапоцено и дека вреди пари. Тоа треба да се користи рационално и не треба да се злоупотребува во никој случај. Сепак и на многумина од луѓето тоа им се случува. Тие барајќи време за да завршат одредена работа, велат дека животниот стил тоа им го налага. Но, за некои, пак, тоа е секојдневна навика која не можат или не сакаат да ја избегнат. Силвана Велковска, ВРАБОТЕНА КАКО НЕГУВАТЕЛКА ВО ДРЖАВНАТА ГРАДИНКА ЗА ДЕЦА КОЧО РАЦИН Мојата неколкугодишна работа, како негователка, сепак не дозволува брзо темпо на работа, туку целосна посветеност и внимание на децата. Тоа е моја секојдневна навика. Исто како што стануваш наутро и миеш раце и заби, па така и тоа. Навика која брзо се стекнува, но е тешко да се одвикнеш од неа.

Дејан Андоновски, ВРАБОТЕН КАКО РАБОТНИК ВО ПРОИЗВОДСТВО НА БУРЕК ВО МЕЛНИЦАТА КАДИНО ИНДУСТРИ ГРУП Јас како привремен работник во мелницата Кадино, работата ја гледам како еден вид животен стил. Сепак, за мојата работа е потребна е брзина, снаодливост, вештина, но и храброст. Тоа е работа која сепак бара навремено завршување и самата работа наложува брзо темпо, на коешто човек треба да се прилагоди и да го прифати. Дел од животниот стил, којшто налага да биде онака како што треба да биде направено. Секој ден е нешто различно и секој ден носи некоја новост за мене.

Анчева Николина, РАБОТНИК НА ТЕЗГА НА ПАЗАРОТ БУЊАКОВЕЦ Мојата секојдневна работа на пазар, бара пред сè добра комуникација со луѓето. Тоа не е навика, којашто мораш да ја имаш, туку нешто неопходно за да се опстане во животот. Сепак, секој ден е нешто ново, запознаваш нови луѓе. Дел од животот кој ми наложува и ме учи да бидам трпелива и да можам да се справам со различни луѓе. Работа во која треба да си позитивен и позитивно да ги согледуваш предизвиците. Во спротивно јас самата губам, а некој друг добива повеќе.

Март 2010

[28]


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.