Page 8

ТЕМА НА БРОЈОТ

Мобинг - да с или не? Пишува м-р Емануела Есмерова

Се позачестено психичкото малтретирање на работното место Во стручната литература, може да се сретнат многу термини со кои се дефинира поимот мобинг како психолошко малтретирање, психолошки тероризам, морално малтретирање, или како што стои во медицината во нашиот закон - вознемирување.Најстудиозно проучување на мобингот почнало пред десеттина години во последниве години на 20 –от век каде што веќе е променет односот кон работникот и неговите права, а доаѓа и до промена во работните правила. Во последниве децении, во светски рамки, работникот добива големи права така што и синдикатот има големи права. Во последно време, во светот има голем број истражувања за овој феномен за што треба да се препознаат и да се дефинираат и одредат неговите елементи за да може да се работи на подобрување на меѓучовечките односи и превенција на мобингот. Во современите услови на живеење, во голема конкуренција на пазарот, организациските промени и глобализацијата, информатизацијата, приватизацијата, реструктуирањето, економската криза во новата економија, несигурноста за зачувување на работните места, како и очекувањата за поголема флексибилност на работниците, доведува до почеста појава на мобингот. И во денешно време, моралните малтретирања стануваат забележливи повеќе од кога било. Работодавците на некој начин се принудени да го анализираат секој проблем кој има негативни последици на продуктивноста, како за пократко време и со помали трошоци да се произведе повеќе производство, а тоа да биде на најекономичен начин, за да опстојуваат на пазарот и да се тркаат со конкуренцијата. Според нашите статистички податоци, компаниите губат од 40.000 до 100.000 долари за работник - жртви на мобинг. Еден еклатантен пример, работник во Германија, кој бил жртва на мобинг, ја чинело компанијата како трошок меѓу 20-60 илјади евра годишно, поради боледување , намалена работна способност , способност

Септември 2009

[8]

на грешки во работата. Статистичките податоци укажуваат дека 50% од работниците кои се жртви на мобинг одат на боледување, пет до шест недели годишно, 30 проценти од еден ипол до 3 месеци, а 10 проценти остануваат дома на боледување повеќе од три месеци годишно. Мобингот или психичкиот терор на работното место се однесува на непријателски и неетничка комуникација која е насочена кон систематски

v.News 26  

Vrabotuvanje NEWS Broj 26