Page 6

АКТУЕЛНОСТИ

накратко ... НАКР

Македонските фирми не се многу расположени своите производи да ги продаваат како брендиран национален производ! Заинтересираноста на фирмите од конзервната индустрија производите да ги продаваат под заштитениот географски назив „македонски“ е незначителна и се сведува на - нула! Или, попрецизно, само една од четириесетина фирми во земјава ја искористила погодноста да го произведува ајварот според македонската унифицирана и заштитена рецептура. Тоа е велешката фирма ДПКОЗ-ЈОМИ ФООД, која од Заводот за заштита на индустриска сопственост, односно од Комисијата за контрола на квалитетот и посебните својства на производот при Технолошкометалуршкиот факултет, има добиено согласност да произведува „македонски ајвар“. Во Заводот за заштита на индустриска сопственост не сакаа да го коментираат малиот одглас на домашните преработувачи за користење на географскиот назив. Сепак, на сајтот на Заводот постои известување дека заштитата на географскиот назив „македонски ајвар“ и можноста за негово овластено користење отвора нови перспективи за пласман на овој производ на домашниот и на странскиот пазар. Акцијата за брендирање на македонските земјоделски производи ја поведе Владата заради унапредување на извозот на домашни земјоделски производи. За таа цел, преку Министерството за земјоделство, беше поведена иницијатива за заштита на македонскиот ајвар и другите земјоделски производи, како што се тетовскиот грав, кочанскиот ориз, а таква иницијатива има и за брендирање на сирењето. Преработувачите на земјоделските производи ја прифаќаат идејата за користење на географското потекло, но велат дека нивната примарна цел е странските потрошувачи да ги препознаваат по нивните брендови како производи или како фирма. Владата ќе ги субвенционира трошоците за енергија на сиромашните

Владата донела одлука да покрива дел од трошоците за енергија, пред се на електрична енергија на сиромашните и најранливите групи на граѓани, соопшти премиерот Никола Груевски. “Ова е една од позначајните одлуки од Акциониот план за намалување на т.н. енергетска сиромаштија. Со оваа мерка Владата ќе субвенционира дел од трошоците на најсиромашните категории на граѓани во Република Македонија, со покривање на трошоците за различни видови на енергија пред се за електрична енергија. Оваа мерка ќе обезбеди секој месец директна финансиска помош за најсиромашните граѓани кои се соочуваат со секојдневни егзистенцијални проблеми и не можат да ги плаќаат се поголемите трошоци за енергија“, изјави премиерот Груевски. Семејствата помошта за плаќање на трошоците за енергија ќе ја добиваат во вид на ваучери. Според пресметките на владата, оваа одлука на Владата секој година Sе повлекува од 250 до 450 милиони денари годишно. Се предвидува до крајот на година законот што ќе го подготви владата да ги биде усвоен во Собранието, а граѓаните ќе можат да ги почувствуваат ефектите од оваа одлука дури од втората половина на следната година. Колку точно пари ќе им бидат давани на сиромашните семејства и на колку семејства ќе се знае на крајот од октомври кога ќе бидат направени пресметките за државниот буџетот во 2010 година. Инаку во Македонија во моментов од 50 до 60 илјади семејства земаат социјална помош од државата. Септември 2009

[6]

v.News 26  

Vrabotuvanje NEWS Broj 26