Page 22

ВРАБОТУВАЊЕ СОВЕТУВА

Како да си замининете од старото работно место?

Без разлика на причината за вашето заминување, ќе бидете сметани за предавник!

Имате пријатели коишто еднаш, а некои и повеќепати го смениле своето работно место, а причината била повисока плата, подобри услови, можност за напредување и слично. Вам никогаш не ви се случил таков момент да морате да си заминете, па затоа воопшто не сте се замарале со начинот на кој тоа го направиле вашите пријатели. Како им соопштиле на надредените, на колегите како го прифатиле тие тоа, во какви односи се денес со поранешните соработници....Ама тоа, токму сега, ви се случува вам. Најважно е да го најавите заминувањето еден месец порано, за да им оставите простор на претпоставените да побараат ваша замена. Понатаму: 1. Бидете искени: На претпоставениот и на колегите, кажете им ја точната причина за вашето заминување (во случајот повисока плата). Не заборавајте да се заблагодарите за соработката, да кажете неколку пофални зборови за менаџерот, за соработниците, за работната атмосфера, за искуството што сте го стекнале... 2. Нема потреба да се правдате Доколку

Септември 2009

[22]

започнете да се правдате заради вашето заминување, тогаш колегите или претпоставениот ќе се обидат да ви наметнат уште поголемо чувство на вина, за да на крајот дури и се двоумите дали ја донесовте вистинската одлука.Треба да знаете, дека колку и да е добра одлуката за вас, вие во секој случај ќе бидете сметани за предавнник. Тоа е сосема нормално. И не трудете се директорот од поранешната компанија да ви рече - браво! 3. Оставете простор за понатамошна соработка ! Доколку заминувате во компанија со која вашата, сега веќе поранешна компанија- може да соработува, слободно понудете се да воспоставите таков контакт... 4. Не драматизирајте многу со колегите Не морате да им кажувате колку ќе ви недостига бурекот на Лазе или кафето на Марија или дофрлувањата од соседната канцеларија на Петар, сè до последниот ден однесувајте се како да ќе останете цел живот таму. Така ќе си ја намалите напнатоста, а ќе можете и до крај да си ги завршите сите задачи. Разговорите со поранешните колеги, зачувајте ги за вашите средби. 5. Направете барем една недела пауза Добро би било, пред да заминете на новото работно место, да се одморите една недела.Купете си нова гардероба, излезете со новите колеги (ако веќе познавате некој од нив), ментално и физички подготвувајте се за новото работно место. Можете дури и да отидете со кола до таму, да видите каде можете да се паркирате, колку време ви е потребно до таму...

v.News 26  

Vrabotuvanje NEWS Broj 26