Page 20

НАКРАТКО ЗА ЛИДЕРИТЕ

Микеле Фереро

Микеле Фереро е сопственикот на една од најголемите фабрики за кондиторски производи Ferrero чиијшто годишен промет се мери во милијарди долари. Заштитните знаци на оваа фабрика се брендовите Ferrero Rocher, Nutella, Tic Tac и Kinder Egg... Неговиот подем кон врвот, почнал при крајот на Втората светска војна кога во Италија владеел голем недостаток на слатки. Во тоа време, слатки во Пиемонте можеле да се набават само од една продавница и тоа за специјални пригоди. Приказната ја започнал неговиот татко Пјетро кој бил одличен мајстор- слаткар, а неговиот прв производ била чоколадната крема со лешници наречена "Pasta Gianduja" која во 1963 година е наречена Nutella. А сегашната продажба е околу 189 000 тони годишно. Системот којшто успеал да го развие Пјетро, бил одличен квалитет за разумна цена. После добивањето на срцев удар, целиот бизнис отпаднал на тогаш 25- годишниот Микеле, чија цел била да му го направи на светот животот посладок и посреќен. Производите на фамилијарната компанија се појавиле надвор од Италија во 1956 кога фабриката го отворила своето претставништво во Германија. Децата го сакаат подарувањето на јајцата, за време на Велигден, и заради тоа јас сакам да им биде Велигден секој ден.! Ете како се појавило киндер јајцето на свет во 1972 година. Со почетокот на седумдесеттите, Микеле ја започнал својата Септември 2009

[20]

експанзија и надвор од Европа кога основал свое претставништво најпрво во САД, а за пробивањето на американскиот пазар, Микеле не ги одбрал своите веќе познати брендови туку она што го пласирал, а се покажало како вистински погодок се бомбончињата Тик-Так. Својата експанзија ја продолжил во Канада, во Австралија, Еквадор, Бразил, Јапонија и Порторико. Стилот и начинот на животот на Микеле Фереро е непознат за повеќето од Италијанците, а посебно за тоа што тој се држи на страна од блицовите, за разлика од останатите милијардери. Всушност, Микеле води банален дури и досаден живот, ако не се земе предвид страста кон работата. И до ден денешен 84- годишниот Микеле, со мала лажичка го испитува квалитетот на секоја создадена чоколадна смеса во неговата фабрика. На чело на компанијата е неговиот син Џовани кој живее во Монте Карло. Таткото и патронот на групата, од време на време, но сосема дискретно, пристигнива од Монте Карло за да се прошета низ супермаркетите за да види како му се продаваат производите. Неговиот последен пронајдок е Gran Soleil, ready-tofreeze dessert кој се чува на собна температура, се протресува се става во замрзнувач околу 2- 3 саати и потоа се добива супер ладен сладолед. Микеле е убеден дека овој продукт ќе биде попопуларен и од Нутелата.

v.News 26  

Vrabotuvanje NEWS Broj 26