Page 14

ДЕЛОВЕН СТИЛ

Кодекс на обле на работно место

Составување и спроведување на прифатлив кодекс на облекување е навистина тешка работа во денешната деловна средина

Тешко може да постигне согласност помеѓу сопственици на бизнис и експерти за човечки ресурси во однос на соодветни стандарди за облекување на работно место. Сепак, бидејќи луѓето сè повеќе се облекуваат неформално и облеката сè помалку скрива, компаниите се обидуваат да го контролираат кодексот на облекување на работа. Во некои индустриски гранки (дистрибуција, медицина, итн) се носат униформи. На овој начин потрошувачите може да ги препознаат вработените и знаат дека си имаат работа со претставник на легитимна компанија. Во други компании, постојат посебни критериуми за облекување (како на пр. кошули карактеристични за компанијата) кои се користат да се создаде свесност за брендот и на тој начин проактивно се создава соодветен кодекс на облекување на работно место. Во некои случаи, се воведува кодекс на облекување со цел да се насочат вработените и да се намали несоодветно облекување. Во одредени работни средини кодексот на облекување се дефинира според безбедносните потреби.

Септември 2009

[14]

Со одгова-рање на следниве прашања ќе успеете подобро да ги дефинирате вашите цели при одредување на тоа каков кодекс на облекување е соодветен за вашата компанија. • Дали во вашата индустриска гранка има општо прифатени стандарди што треба да ги исполнувате? • Дали постои одреден имиџ што компанијата треба да го зачува? Модерен изглед? Конзервативен изглед? Неформален изглед? • Дали несоодветна облека поттикнува несоодветно однесување или ги навредува клиентите или другите вработени лица? • Дали тековните проблеми околу облеката на работно место наложуваат општ кодекс на

v.News 26  

Vrabotuvanje NEWS Broj 26

Advertisement