v.News 114

Page 39

Но, на изненадувањата им немаше крај! На огромно задоволство на сите присутни, свој придонес во оваа хуманитарна акција имаше и македонската поп-рок ѕвезда Влатко Илиевски подарувајќи ги своите познати рефрени и одлични хитови. За да ја зголеми мотивираноста за донирање и со цел да се соберат што повеќе финансиски средства за малата Дарија, Кроациа Осигурување – Живот овој хуманитарен настан го збогати со наградна игра. Секој кој донираше одреден износ за малата Дарија стануваше учесник во оваа наградна игра. Две дечиња кои имаа најмногу среќа беа добитници на два прекрасни велосипеди. Компетентниот тим на Кроациа Осигурување – Живот со ведра и љубезна насмевка го пречекуваа секој посетител на своите пултови. Со насмевка ја поздравуваа секоја донација, подарувајќи купонче за наградната игра. Ги запознаваа присутните дека можат да донираат и преку телефонски броеви, но и со секоја склучена полиса за Детско Штедно Осигурување. „Кроациа Осигурување – Живот “ е компанија која се труди на најмалите да им подари среќно и безгрижно детство и уште посреќна иднина, затоа во рамките на своето портфолио го воведе производот за Детско Штедно Осигурување. Детското Штедно Осигурување покрај тоа што е начин да заштедиме за нашите најмили и да им подариме сигурна иднина, отсега е и начин да бидеме хумани и да донираме за Дарија. Вредносниот ваучер во износ од 2.400 денари, кој досега се доделуваше како поклон со секоја склучена полиса за Детско Штедно Осигурување, во наредниот период ќе биде донација за мала Дарија. Кроациа Осигурување – Живот од се срце им се заблагодарува на сите хумани посетители кои со својата донација се обидоа да и помогнат на малата Дарија. Дополнително, ги повикуваат сите родители да им подарат на своите најмили сигурна иднина и да бидат хумани склучувајќи Детското Штедно Осигурување.


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.