Page 1

Број 3

Е д у ц и р а

I

и н ф о р м и р а

I

и н с п и р и р а


k4t.mk

contact@karas4training.com


Наслов: И еден друг начин на болдеринг Автор: Горан Кузмановски Фотографијата од насловната страна е учесник на минатогодишниот (2017) Конкурс за фотографија на ЕХО Фестивалот на планински филм

Повеќе за авторот www.instagram.com/goran.kuzeto/


Место за Вашата

реклама преземи маркетинг материјал

погледнете го првиот број на Шум

погледнете го вториот број на Шум


Добродојдовте Добродојдовте

В Од уредникот

о природата трчаме, се искачуваме, скијаме, возиме велосипед, летаме ... Изборот на активности на отворено е голем. Некои велат дека со бројните активности, сакаме да ја надоместиме содржината, да побегнеме од себе и од блиската околина во прегратките на надворешните убавини. Но, во недостаток на време, од посетата на природата ни остануваат само спортот и неколку убави фотографии. Како да сакаме со трчањето, искачувањето, скијањето и летањето, одеднаш да ги видиме сите убавини и облици на природата.

Треба да ја почитуваме природата и нејзините закони за да не ни се случат проблеми. Да си дадеме време доволно време за да ја запознаеме природата. Со секоја наша посета ја запознаваме околината, но се запознаваме и себе си, а со тоа ја почитуваме природата. Затоа, на сите ни посакувам да посветиме доволно време за запознавање со природата. Сестрано и длабоко. И задоволни да се вратиме во долината, во друг свет, всушност во ист свет, кој ќе го гледаме со други очи.

Поздрав, Горан Николоски


содржина Интервју Александер Кленов КИН-ЅА-ЅА во Демир Капија 2

ЈоГА Александра Малиновска Пранајама 64

Пролетно скијање Димитар Попов Магија и филозофија на пролетното скијање 12

Патување Горан Николоски До Machu Picchu и повисоко 68

параглајдертвото Ѓорѓи Ристовски Сино небо и безбедни слетувања 18 Трчање Профил на трка Плитвачки Маратон 24 Психологија на маратонското трчање 26 Животен стил Тони Цветковски Маријан Mилановски Прашање-одговор 30 Александар Кирковски Скајранинг, средба на небото и земјата 32 Алпинизам Бојан Митаноски Качување на мешовит терен-Микс 38 Владимир Трповски Качувачки локалитет Демир Капија 46 Планинарење Петар Герасимов Солунска Глава 52 Горан Николоски Голи на планина 62

ИНтересно Горан Николоски Вистинските херои, Phortse-најитересното село на светот 76 Стрип Удар на гром 80 Флора и фауна Наталиина Рамонда 83 ДЕтско Катче Александра Малиновска Децата природни јогини 84


Уредници Горан Николоски Елена Џекова Петар Герасимов Ана Петровска

Автори ПОЧИТУВАНИ СОРАБОТНИЦИ Ѓорѓи Ристовски Бојан Митаноски Александра Малиновска Александар Кирковски Владимир Трповски Димитар Попов Петар Герасимов Горан Николоски

Креативен уредник Елена Џекова

contact@shum.mk info@shum.mk w w w. s h u m . m k

www.facebook.com/ShumMagazin www.shum.mk 1


ИнтервJу

Кин-ѕа-ѕа во Демир Капија Александер Кленов

2

w w w. s h u m . m k


ИнтервJу

Еден од најдобрите спортски качувачи и алпинисти во поранешниот Советски Сојуз и во Русија. Планинар, алпинист, спортски качувач, меѓународен поставувач на насоки, инструктор за качување, тренер, автор на многу филмови за планинарски експедиции

Кој е Александер Кленов? Јас сум човек кој цел живот е поврзан со планините и со качувањето. Планинар, алпинист, спортски качувач, меѓународен поставувач на насоки, инструктор за качување, тренер, член на младинската комисија на UIAA (www.uiaa.org ), автор на многу филмови за планинарски експедиции и други работи поврзани со планината. Како дете прво почнав со планинарење, а потоа со спортско качување и алпинизам. Јас сум еден од првите поставувачи на насоки од Русија на светско ниво. По образование сум инженер, но цел живот се занимавам со планини и спорт. Предложен бев за признанието „Златен цепин“, бев шампион во спортско качување во Советскиот Сојуз, 13 години професионално се занимавав со качување и учествував во натпревари. Сега 6 години живеам во Македонија, во Демир Капија, и сакам од Демир Капија да направам локалитет за качување на светско ниво, бидејќи Македонија има голем потенцијал за спортови на отворено. w w w. s h u m . m k

Дали твоето потекло влијаеше врз твоите постигнувања? Јас сум роден во Советски Сојуз и повеќе од 20 години живеев и учев во градот Екатеринбург, во Русија, близу Урал. Најмногу алпинистички успеси постигнав во воениот спортски клуб СКА 17 во Екатеринбург. Скоро 15 години бев во професионалниот тим на клубот, учествував во натпревари и носев медалји.

Што те движи? Што те поттикнува да одиш напред? Со што и да се занимава човек, треба да достигне некое ниво, да оди напред. И во спорт и во работа. Да не стои во едно место, да напредува. Тоа е смислата на животот. И јас со качувањето сакав да постигнам резултати и рекорди од светско ниво. И постигнав.

Човекот да не стои во едно место, да напредува. Тоа е смислата на животот.

Дали семејството те поддржуваше кога почна со алпинизмот и спортското качување? Јас од почеток не се занимавав со алпинизам, туку со планинарење. Родителите знаеја дека одиме по планините, дека со нас има тренер и инструктор. Подоцна, кога почнав професионално да се занимавам со алпинизам, се плашеа, бидејќи знаеја дека гинат луѓе. Јас сум единствен алпинист во семејството. Можеби мајка ми плачеше некаде во позадина, но сепак ја почитуваа мојата одлука. Сите родители сакаат децата да им направат кариера, на пример, да станат инженери. А, јас сакав да ми биде интересно во животот, да не 3


ИнтервJу

ми биде досадно и тоа што го правам да ми лежи на душата. Кој откри дека имаш потенцијал за спортско качување? Спорските качувачи се подготвуваа во близина каде што ние вежбавме и посакав да пробам. Тренерот ме прифати и почнав да посветувам повеќе време на спортското качување. Но, никогаш не престанав да планинарам. Водев планинарски клуб на факултет, а и денес планинарам со пријателите. Го пренесуваш ли своето знаење на други? Да. Јас во Русија, во 1984 година завршив школа за тренер за спортско качување. Немам завршено специјален факултет, но ако во Русија си „Мастер на спортот“ и ако имаш соодветни обуки, државата доделуваше категорија на тренер. Три години, по 6-7 месеци годишно во период од 2000 - 2003 година, престојував во Бугарија, во Велико Трново, каде што на Бугарите, после долги години застој, им помагав да се вратат на меѓународната сцена со организирање на меѓународни натпревари во спортско качување. Таму учествував и во градбата на најголемиот вештачки ѕид во Бугарија , бев консултант и поставувач на насоки за европски и светски куп, како и за светски шампионат во спортско качување. Денес во Бугарија има многу силни спортски качувачи. 4

Јас многу време поминав во Шамони. При еден натпревар во Шамони, Претседателот на француската алпинистичка федерација Жан Клод Мармие (Jean Claude Marmier) неколку пати не покани повторно да дојдеме таму и со нашите искачувања да ги мотивиравме младите качувачи во Франција. Тогаш искачивме многу нови насоки на Petit Dru, Grand Capucin, Grandes Jorasses и други врвови.

И таму, во Бугарија, на еден светски натпревар, се запознав со Владимир Трповски од Македонија кој ме покани да дојдам во Македонија. Си бил номиниран и за светското алпинистичко признание „Златен цепин“? Три пати бев номинаран за ова големо светско признание.

Ти си и меѓународен поставувач на качувачки насоки. Како се станува Поставувач на насоки? Има меѓународни семинари и школи на кои се добиваат такви лиценци. Јас ја имам таа лиценца од 1996 година. И оттогаш правев насоки на многу светски натпревари. На светско ниво има околу 20-30 поставувачи на насоки. На Балканот поставувач на насоки е Калин Грбов од Бугарија кој го помина курсот, но не сум w w w. s h u m . m k


опрема

Сакам од Демир Капија да направам локалитет за качување на светско ниво, бидејќи Македонија има голем потенцијал за спортови на отворено. сигурен дека го помина целиот процес на лиценцирање. Минимум треба да искачиш 7с „on-sight“ и 8а „after work“, за да станеш Поставувач на насока. Кое е основното правило при поставување на насока? Јас ги посматрам луѓето кои насоки сакаат да ги качуваат, кои се најпопуларни насоки. Ако има тешки насоки и нема луѓе кои ќе ги качуваат, насоките стојат празни со години. Луѓето рекреативно најмногу качуваат полесни насоки, од 5c до 7а. Насоките над 7b се повеќе за професионалци и големи љубители на качувањето кои трошат многу лично време за тренинг. 9а и повисоко се многу тешки насоки и нив можат да ги искачат само 20-30 луѓе од цел свет. Ако збориме за натпревари, најбитен е составот на учесниците. Мора да имаш искуство да направиш насока по која ќе се искачува до горе само еден качувач, а другите ќе ранжираат на различни места за да не се случи сите да паднат на едно фаќалиште. Ако збориме за природна карпа, тоа зависи од многу фактори. Дали насоката е натпреварувачка или рекреативна? Дали има добра инфраструктурата околу тои локалитет, дали има опасност од горе, каква е положба на w w w. s h u m . m k

Јас ги посматрам луѓето кои насоки сакаат да ги качуваат, кои се најпопуларни насоки. Ако има тешки насоки и нема луѓе кои ќе ги качуваат.

5


ИнтервJу

насоката во однос на сонцето? На пример, Зли Дол во Охрид во текот на летото е супер. Кадина е многу жешка, а на зима нема пат и тој локалитет е употреблив само 2 – 3 месеци. Колку насоки имаше поставено во Демир Капија пред да дојдеш ти? Кога дојдов јас имаше околу 40 насоки, а денес има околу 250 спортски и алпинистички насоки. Сам ги поставуваш насоките? Понекогаш ми помагаат и пријатели, а понекогаш и качувачи кои сакаат да научат од моето искуство. Неколкупати, во соработка со UIAA и, порано со спортската комисијата за спортско качување при ФПСМ, а сега самостојна федерација, правев семинари низ Македонија на кои присуствуваа по 30 – 40 луѓе

6

од Македонија и од странство. Денес во Македонија има малкумина заинтересирани за поставување на насоки, така што за вложениот труд нема кој даде вистинска цена. Ова станува активност само за ентузијасти. Има ли во Македонија терени за поставување на нови насоки? Да. На пример, во Демир Капија може да се постават уште најмалку 1000 насоки, па и повеќе, бидејќи има уште еден километар низ кањонот. Во наредните 10 години секој ден можам да правам нови насоки. Исто така, има и други локалитети кои што имаат потенцијал и само чекаат свое време за отварање. Општината Демир Капија ти дава поддршка? Имам морална поддршка. Општината сфаќа дека локалитетот има потенцијал, и многу ми помогнаа кога

го организиравме Outdoor фестивалот. Но, треба да се подобри и инфраструктурата, а за тоа немаат средства. Во 2010 година, пред да се преселам засекогаш во Македонија, спортско - качувачката федерација најде пари и ми помогна при поставувањето на насоки во секторот Сахара, каде што има тешки насоки, и во последно време стана многу популарен сектор. УСАИД ми помогна за фератата со средства за 500 м долга метална сајла, која е многу интересна патека за планинарите.

Не е битно што има на Калимнос или Метеора, бидејќи луѓето бараат друга култура, друга карпа.

Демир Капија е добар локалитет за качување? Локалитетот е многу добар, но бара многу труд. Карпата е многу јака, држи клинови, но има и нестабилни камења, кои се распукуваат поради локалната клима, односно, во зима е топло преку ден, а ладно навечер. Пред местење

w w w. s h u m . m k


ИнтервJу

Сакам да ми биде интересно во животот, да не ми биде досадно и тоа што го правам да ми лежи на душата. w w w. s h u m . m k

7


ИнтервJу

на клиновите треба силна работа за чистење на карпата поради безбедност, но и подоцна, треба постојано да се чисти карпата од нова вегетација.

што не направил дотогаш. Стравот те тера повторно да го провериш јазолот. Има една поговорка: има бестрашни алпинисти и има стари алпинисти.

Што те тераше да одиш и да качуваш низ светот? Сите бараме нови места. Честопати ме прашуваат зошто вложувам во Демир Капија, кога, ете, во близина е Калимнос (остров, качувачки рај во Грција). Но, јас им одговарам дека сите бараат ново место. Не е битно што има на Калимнос или Метеора, бидејќи луѓето бараат друга култура, друга карпа. Сите карпи се различни. 6b насока во Демир Капија е различна од насока 6b на Калимнос. Луѓето не сакаат да одат на едно место, туку сакаат да посетуваат различни места.

Кога ќе удриш во ментален ѕид, што те тера да одиш понатаму? Треба да си ги процениш своите можности. И да имаш искуство. Мене тоа ме води во животот и во качувањето – проценувањето и искуството. Висев над пукнатина длабока 1 км, останав без осигурување, и морав да размислам како ќе излезам од таа ситуација. Стравот ме натера да најдам решение. Избрав варијанта да го закачам цепинот на страна, да направам салто и да се спасам.

Треба ли да се плаши алпинистот? Да. Стравот е твојот помошник. Тие кои што немаат страв, гинат. Стравот те тера да внимаваш. Треба да имаш страв само во главата, но не и во телото, да не ти се тресат рацете. Некој од страв ќе падне, а друг ќе направи нешто

8

Има една поговорка: има бестрашни алпинисти и има стари алпинисти.

Има ли култура на качување и планинарење во Македонија? Луѓето по клубовите се интелигентни и најмалку ја оштетуваат природата. Но, има и планинари кои загадуваат и оставаат ѓубре и кеси. Сега ситуацијата е малку подобра и луѓето повеќе внимаваат. Што се однесува на опремата, малкумина имаат целосна

w w w. s h u m . m k


ИнтервJу

опрема. Само 10 до 15 луѓе во Македонија, качувачи, имаат целосна опрема за качување на тешки насоки. Најчесто се качуваат по полесни насоки, кои не бараат многу опрема. Алпинистите немаат многу опрема за посериозни качувања. Има ли во Македонија спремни луѓе за поозбилни искачувања, вон Македонија? Нема спремни луѓе за посериозни качувања. Немаат навика, немаат многу искуство за посериозни искачувања. Секако не за светско ниво, или за некои јаки класични насоки, или нова насока ... Не, за жал, во моментов нема. Зборувам за постигнувања во рамки на светски рекорд. Си го прошетал цел свет, си бил во Венецуела, Канада, Пакистан, Тајланд, низ Европа. Зошто остана овде? Една од причините е што во Македонија не беше развиено качувањето и сакав да направам нешто ново. Низ Европа сите карпи се избушени и нема што да направиш повеќе. А, овде немаше ниту камп. Од Австрија до Грција, патем има само 1 - 2 кампови. Немаше човек кој што би вложил своја енергија во Демир Капија каде има можности за качување, многу можности за првенствени насоки. Тука има место на кое, се надевам, му е потребно моето искуство и навики. Долго време живеев во големи градови, што генерално, не сакам, и сега кога имам семејство и деца, сакав да живеам во природа. w w w. s h u m . m k

Откако сум овде направив повеќе насоки отколку што имаше направено во цела Македонија.

Полека го градам кампот во Демир Капија (Rock land Camp www.campingmacedonia.com, правиме курсеви за спортско качување, имам клуб за спортско качување, имам и одобрение од Агенцијата за спорт и млади за спортска деjност во спортско

качуване, а бев и на обука за планинарски водич при ФПСМ. Имаме опрема за качување, се грижам за фератата, сами ги обележувам планинарските патеки. Организираме и работилници за компании, обезбедуваме и сместување, имаме интернет страна со многу информации за тоа што го нудиме. Во регионот има музеи, цркви, пештери. Има добри вина, тука е и првата винарија на Балканот. Има неистражени пештери и археолошки локалитети, стар град од XIII век, тврдина од IV – V век. Има потенцијал за кајакарење, има добра инфраструктура. И добри луѓе. Демир Капија е мало место, а има се. Тоа е единствениот локалитет за качување во секоја сезона од година кој има голем потенцијал за развој. 9


107 патеки по масивот

Мон Блан

...со детален опис, фотографии и мапи полни со возбудливи имиња: Col du Bonhomme, Gorge de la Veudale, Torrent de Miage … И 10-дневна предлог тура по Мон Блан која поминува низ Франција, Италија и Швајцарија.


ИнтервJу

животни. Нема многу патеки и планинарски домови, далеку е од градовите и е многу ладно бидејќи има кратки лета. И затоа сум овде, на топло. Спортот имаше голема поддршка од државата, имаше евтини алпинистички кампови и насекаде имаше натпревари. Секогаш спортот беше на прво место, а потоа се друго. Уште кога се појави идеја дека можеби спортското качување ќе биде олимписки спорт, почнавме да работиме на тоа. Во 2020 година спортското качување за првпат ќе биде вклучено како олимписки спорт. А, во школата за олимписки резерви планинарските спортови почнаа да се развиваат уште пред 25 години. Беше вклучено спортско качување и качување за деца. Затоа денеска Русија е много добра во светот во брзинско качување и во болдер, а има успеси и во тежинско искачување.

Ако ги имаш сите пари на светот, што би направил во Демир Капија? Прво би внимавал да не ја оштетам природата. Демир Капија во тој случај би го изгубила духот. Би направил патеки за пешачење, висечки мост, нови насоки, инфраструктура, летниковци, чист камп, ограден и со дрва. Многу би сакал да направам школа за качување за деца. Најдобар маркетинг се луѓето кои доаѓаат во Демир Капија. Ако се задоволни, ако качиле интересна насока, ако добро јаделе, сигурно ќе споделат со пријатели. И по мене тоа е најдобриот маркетинг. Сакам реален маркетинг. Која е најубава насока што си ја искачил низ светов? Сакам ново. Искаченото е искачено. Angel Falls во Венецуела беше многу интересно место. По вторпат би искачил некоја насока само со клиент. Која е најтешката насока што си ја качувал? Според качувачките категории имам искачено 8b+. Која е најдолгата насока што си ја искачил (колку цуга)? Најдолгата насока што сум сум ја искачил е околу 2000 висински метри, што значи околу 40 цуга. А, најдолга насока според време на траење е 24 дена. Зошто насоките имаат толку чудни имиња? Случајни се имињата. Обично ги именуваме откако ќе ја направиме насоката. На w w w. s h u m . m k

пример, сектор „Кин-ѕа-ѕа“. Има научно – фантастичен филм со такво име и кога го правев секторот, син ми 2 – 3 пати дневно го гледаше тој филм. Или, насока „Василица“. Кога ја правев насоката во јануари, за време на празникот Василица, врнеше дожд и имаше магла. Затоа има и насоки „Дожд“, „Магла“, „Василица“. Дали сопругата качува? Рекреативно, не професионално. Нејзината сестра, близначка, од друга страна, е светски шампион во спортско качување и живиее во Германија. Евгенија Оганджанjан. Кажи ни нешто за твојата родна земја, за планините, за спортот. Убав ли е Урал? Убав е Урал. Тоа е многу голема планина, има и карпи, има огромна шума, елки високи и по 50-60 метри, и диви

www.campingmacedonia.com

сектор „Кин-ѕа-ѕа“. Има научно – фантастичен филм со такво име и кога го правев секторот, син ми 2 – 3 пати дневно го гледаше тој филм.

11


с к и ĵ а нЬ е

Скијањето не е зимски спорт, скијањето е снежен спорт!

MАГИЈА И ФИЛОЗОФИЈА

НА ПРОЛЕТНОТО СКИЈАЊЕ

Автор

Димитар Попов

Водич во планина MavrovoOutdoors |Ski Macedonia

12

Н

езависно од календарските месеци, љубовта кон снегот и скијањето за вистинските ски фанатици е горивото кое ги тера да му се радуваат на последно „живо парче снег“, на последниот преостанат снежен јазик, и на последниот засенет кулоар. Честопати, дури одејќи со километри со скиите на ранец, газејќи со ски кондурите низ влажна земја и трева, за да се стигне до парче снег и бескрајно да се ужива. Пролетното скијање е резервирано за најголемите фанатици кои тешко се разбрани дури и од своите најблиски. За „Ски Џедаите“ едноставно нема лош снег и тие секогаш го вадат најдоброто од него. ПРЕДНОСТИ НА ПРОЛЕТНОТО СКИЈАЊЕ Пролетното скијање од март па се додека има снег, честопати нуди епско задоволство. Земајќи ги во предвид условите за скијање во Македонија, пролетното скијање го одликуваат следните предности и карактеристики: • Подолг ден, повеќе часови за целата ски операција, безгрижна реализација на подолги тури, и со тоа услови да бараме подобар снег во повисоките планински појаси, w w w. s h u m . m k


с к и ĵ а нЬ е

на постабилни падини и технички понапорни линии кои во текот на зимата, поради повеќе фактори, се тешко достапни и со висок ризик. • Помирни и предвидливи временски услови, помалку непријатни изненадувања „зад ридот“, поконстантни температури, помирни ветрови, почести сончеви денови. • Поголема предвидливост на лавинска опасност како што стивнува зимата, лавинската опасност станува попредвидлива. Ова не значи дека можеме да бидеме опуштени и невнимателни, бидејќи овој тип на природни сили секогаш се присутни и демнат. • Побезбеден пристап до местата за скијање - поради структурата на снегот

w w w. s h u m . m k

и помалото присуство на ледени блокови, од лавински аспект и од аспект на лизгање по стрмна заледена падина, опасноста е значително помала (но, секогаш отворени инстинкти и максимално внимание!). Снегот е помек и поконзистентен, и нашите стапки добро се вкопуваат во снегот при што имаме постабилна подлога. Многу често дерезите се непотребни (но, имајте ги в ранец и правете добра проценка). Цепинот секогаш носете го со вас, бидејќи тоа е незаменлива алатка при скијање низ дивина (Backcountry skiing - https:// en.wikipedia.org/wiki/ Backcountry_skiing)

13


с к и ĵ а нЬ е

Видео 14

w w w. s h u m . m k


с к и ĵ а нЬ е

• Конзистентна снежна структура – снегот е „испечен“ и „шеќерен“ (www.iceandclimate.nbi.ku.dk/ research/drill_analysing/ cutting_and_analysing_ice_ cores/analysing_gasses/ firn_zone/), без присуство на ледени коцки (www.skimag. com/gear/eat-up-deathcookies), без ледени бразди и со речиси совршена снежна површина. • Погодни временски услови за кампување на висина – пролетната ски сезона нуди идеални денови и временски услови за повеќедневни тури, односно ноќевање високо во планински појаси. Во пролетните месеци, почнувајќи од март, денот значително се зголемува, се зголемуваат и температурите, временските услови се помирни, и ноќевањето во високите планински појаси е одлична прилика за добра авантура и можност да стартувате рано и од високо, поблиску до саканата линијата за скијање. Овој период нуди поволни услови за подигање на неколкудневен базен камп, со цел да скијате повеќе линии во денот, кратејки го времето за пристап до нив. • Чисти планински патишта – во пролет патиштата до саканите планини се попристапни и почисти. Времетраењето на движењето со скијачки крзна на скиите до стартната точка на рутата е значително пократко. А, ја нема ниту заканата дека на враќање може да го најдете возилото завеано од снег. w w w. s h u m . m k

ИДЕАЛНИ ЛОКАЦИИ Како што напредува пролетта, снегот се повлекува повисоко во планиските појаси. На него прво ќе наидеме во појасот на планинско-континентална клима (900-1600 метри надморска височина), потоа во суп-алпскиот климатски појас (1650-2250 м.) и, на крајот, во алпскиот климатски појас (2250 м. па нагоре), појас каде што има квалитетно пролетно скијање и до средина на месец мај. Така што ловечките приказни од типот „А бе, што ќе ми се вакви скии за 20 дена скијање?“ едноставно паѓаат во вода. Ски фанатикот не прашува каков е, туку каде е снегот. Во Република Македонија, пролетното скијање наголемо се одвива по должината на западната планинска трансферзала, по корапскиот и шарпланинскиот масив, а во значителна мерка и на планината Стогово. ОПАСНОСТИ Иако пролетта е „пријателски“ настроена сезона, никогаш не смееме да ги потценуваме силите на природата и да се чуствуваме големи и силни. Секогаш треба смирено да слушаме што се обидува да ни каже планината, бидејќи таа секогаш кажува, но не секој и секогаш ја слуша. Не смее да не обземе еуфорија и да не заслепи убавината затоа што ќе направиме кардинални грешки кои за миг може да не чинат живот. Најчести опасности при пролетното скијање се: Лавини - Во пролетниот период лавините се

Секогаш треба итро и смирено да ја слушаме планината што се обидува да ни каже— таа секогаш кажува, но не секој и секогаш слуша.

од влажен снег, кои, како што осамнува денот, се најприсутни прво на јужните падини, а потоа, како што напредува денот, и на источните, западните и северните падини. Главен фактор за овие лавини се нестабилните тенки меѓуслоеви, настанати поради дожд, врнежи од влажен снег или нагло топење на снегот поради краткотрајно затоплување, кои потоа се прекриени со нов снег. Во услови на повеќе топли денови во континуитет, овие слоеви стануват „лигави“ односно водести, и предизвикуваат лизгање на снежни плочи. Втора најчеста лавинска опасност е лавина од влажен снег која се свлекува од една точка и при движењето надолу по падината се акумулира поголема маса влажен снег која причинува сериозна лавинска опасност. Совет од искуство: секогаш стартувајте рано наутро, значително, дури и пред првите сочневи зраци, кога снегот е сеуште стегнат и тврд, и планирајте да бидете на саканата линија за скијање кога ќе ја допрат првите сончеви зраци, скијајќи по првото мекнење на снегот. Секој кој се

15


с к и ĵ а нЬ е

16

w w w. s h u m . m k


с к и ĵ а нЬ е

што скијачот е беспомошен и занимава со скијање во дивина, доведен во екстремна опасност потребно е да има соодветна од паѓање во бездна, удар во обука за лавинска безбедност. карпи или камења кои наѕираат Секогаш изработете лавински од снегот, и сериозни повреди профил, за да знаете што се и внатрешни крварења кои случува со снегот и неговите честопати се кобни. слоеви. Искуството и знаењето се суштински фактор за безбедно • Испакнати карпи - пролеттното скијање се одвива на потенка враќање дома. снежна покривка, и честопати од тлото под снегот стрчат Состојба на снегот карпи и остри камења. При • Влажен и тежок - пролетното губење контрола и пад при скијање се одива најчесто по скијањето поради тежок, влажен трансформиран или „Шеќерен или заледен снег, или пак снег“ (зрна снег), кој пред налетување на испакнати карпи, изгрејсонце најчесто е стегнат, голема е веројатноста скијачот заледен на површината кој, да се здобие со повреди. како што напредува денот, Повредените скијачи во дивина, омекнува и станува влажен и каде што нема помош наоколу, тежок. Скијањето по ваков снег се во животна опасност не бара посебна внимателност само од смрзнување, туку и и значително искуство, оддиви ѕверови. како и добра проценка на теренот, личните способности ОПРЕМА И ОСНОВНИ и опремата. Скијањето по СРЕДСТВА влажниот снег е релативно бавно, без големи забрзувања, Основна лавинска опрема - лавински примопредавател, што оневозможува добра лопата и сонда. Лавините се контрола и стабилност при случуваат секогаш, секому скијањето. и секаде! Познавањето на • Заледен снег - пред појавата карактеристиките на лавините, на првите сончеви зраци, како и соодветна лавинска обука обично при пристапот до се од клучно значење пред да се линијата на скијање, снегот е впуштите во каква било пролетна заледен, што е многу опасно скијачка авантура. Незгодите се бидејќи се генерираат големи случуваат за миг, а последиците брзини и неконтролирано може да бидат кобни. лизгање по падината, при

w w w. s h u m . m k

Здравиот разум, соодветната обука, присебноста, знаењето, и искуството наспроти егото, еуфоријата и тврдоглавоста, се најдобрата опрема за преживување во планина.

Основна лавинска опрема: www.rei.com/c/avalanchesafety-gear?r=c&origin=web &ir=category%3Aavalanchesafety-gear&page=1 или www. backcountry.com/avalanche-safety Називи на основната лавинска опрема на англиски јазик: • Лавински примопредавател – Avalanche Beacon • Сонда – Avalanche Probe • Лопата – Avalanche Shovel Термометар и компас алатки од суштинско значење. Следете ја температурата на воздухот и насоката на ветрот. Температурата и ветрот играат главна улога во лавинската опасност. Едуцирајте се и надоградувајте се. Секогаш бидете ученик, никогаш учител. Природата е семоќна. Мобилен телефон со полна батерија - не само за ставање на фотографии на Instagram и Facebook, туку и за да може да информирате за вашата локација во случај на незгода. Напомена Здравиот разум, соодветната обука, присебноста, знаењето, и искуството, наспроти егото, еуфоријата и тврдоглавоста, се најдобрата опрема за преживување во планина. Поздрав од планината!

17


Параглаjдерство

Сино небо

и безбедни слетувања Автор

Д

Ѓ о р ѓ и Р ист о в ски

енеска параглајдерите се вистински летачки машини кои ни овозможуваат да летаме со саати и прелетуваме стотици километри, да летаме слободно и да освојуваме големи височини, да се натпреваруваме и да слетуваме каде што ќе

18

посакаме. Но како дошло до ова. Со појавата на управувачките падобрани се родила и идеaта да по долгото и исцрпувачко искачување на планините наместо одење пешки надоле, алпинистите да летнат назад до подножјето на планината и на овој начин да се симнат брзо и безбедно. Со модификација на постоечките падобрани, во Франција во 1988-ма година за првпат успешно е направено првото полетување од планина со падобран-крило од страна на Андре Бон и со тоа започнува параглајдерството.

Параглајдингот е спорт но воедено и еден вид на вооздушен сообраќај па затоа мораме да почитуваме одредени правила и прописи се со цел да имаме безбедност во летањето

Во Македонија параглајдертвото се појавува во 90тите години, но првите официјални сертифицирани пилоти на параглајдер нешто подоцна во 1997 година, сертификатите ги издава Агенција за цивилно воздухопловство. Параглајдингот е спорт но воедено и еден вид на вооздушен сообраќај па затоа мораме да почитуваме одредени правила и прописи се со цел да имаме безбедност во летањето па поради тоа неможе да имаме самоуки w w w. s h u m . m k


Параглаjдерство

пилоти на параглајдер. Сето ова се учи во неколкуте македонски школи за параглајдерство како што се Вертиго - Скопје, Делта Прилеп, СкајРајдерс - Прилеп, каде што се совладуваат сите техники на летање. Исто така во Македонија постојат и многу клубови за спортско летање како Пг. ВертигоСкопје, Љуботен од Тетово, 2Глајд од Скопје, Аквила од Велес, Летечки Конзули од Битола, Хели XC во Крушево, Делта и СкѕРајдерс од Прилеп, Пеликан Екстрем од Гевѓелија, а нивните членови активно се натпреваруваат во домашните и интернационални параглајдерски натпревари. Параглајдерството е најлесниот и најевтиниот начин да ги доживеете убавините на летањето. За да можете да летате со параглајдер ќе ви биде потребна соодветна параглајдерска опрема која мора да биде безбедна и соодветна на вашето знаење и искуство. Покрај

w w w. s h u m . m k

параглајдерот, седиштето, кацигата и резервниот падобран, во опремата дополнително се вклучени и навигациските инструменти како GPS-от и вариометарот. ГПС-от е навигациски инструмент а вариометарот ни покажува дали се движиме нагоре или надолу низ воздухот така што со негова сигнализација не информира за височината на која се наоѓаме. Една параглајдерска опрема чини од 1500 до 4000 евра во зависност од квалитетот и перформансите. Поради брзиот развој на спортот, денеска имаме многу производители на параглајдери од кои најпознати се Advance, AirDesign, Ozone и други. Сигурен сум дека алпинистите и други авантуристи нема да се сложат со мене но параглајдерството е најавантуристичкиот спорт во моментов :). На пример: Кога одиме на прелет да речеме од Водно имаме план и желба да

Една параглајдерска опрема чини од 1500 до 4000 евра во зависност од квалитетот и перформансите.

стигнеме до Охрид но никогаш не знаеме каде ќе стигнеме, секој ден е различен, како секој да има свој DNA код, во два сончеви дена имаме различен ветер, различен воздушен притисок, различна температура и различна влажност на воздухот сето тоа прави да е невозможно да имаме два исти лета. Пред секое полетување знаеме дека пред нас ќе има многу нови моменти, нови прелетани предели и нови искуства, авантурата е неизбежен дел од секој лет.

19


Параглаjдерство

Параглајдерот лета благодарение на неговата форма на крило (слика1), создавајќи зона на помал притисок на горниот дел од крилото. Управуван од вешт пилот кој има значително познавање од микро метерологија, параглајдерот може да прелета големи дистанци. Бидејќи параглајдерот нема мотор, ние учиме да ја користиме природата на буквално истиот начин како што тоа го прават птиците. Сонцето ја загрева површината на земјата и така се создаваат термички столбови кои параглајдеристите ги користат како лифт за

качување на големи височини. Cloud base односно база на облак е точката на роса или местото каде што се создаваат облаците, Кумулуси. Тоа е и одговорот на често поставуваното прашање колку највисоко можеме да се качиме. Така наречената база е секој ден различна и зависи од влагата и температурата на воздухот, па така и нашата можност да се качиме највисоко зависи од дадениот ден. Во летниот период тие се највисоки и ни овозможуваат да го видиме светот од 3000-4000 метри надморска висина. Одкога ќе “наполниме гориво” читај висина

Овој спорт со себе носи одредени ризици и опасности од кои најголем број доаѓаат од не посетување на школо за пилот на параглајдер и од недоволно почитување на процедурите за припрема и проверка на опремата.

во термичкиот столб одиме кон другиот облак, се додека не останеме без висина и се најдеме на местото за слетување со надеж дека таму не чека ладно пиво. (слика2) Овој спорт со себе носи одредени ризици и опасности од кои најголем број поради неучество на обука за пилот на параглајдер и од недоволно почитување на процедурите за подготовка и проверка на опремата. Вештината на летање со параглајдер според мене е лесно споредлива со скијањето. Ако сакате да скијате на сина (најлесна) патека, со

слика2

Дигање

слика1

20

w w w. s h u m . m k


Параглаjдерство

неколку инструкции многу лесно ќе се снајдете, така и со летањето ако сакате да направите краток лет во мирни временски услови многу брзо ќе ги совладате потребните вештини. Но, ако сакате да скијате на кулоари или црни патеки тогаш ви е потребно повеќегодишно искуство, па така е и со параглајдерството. Опасностите доаѓаат од скокање на потребните скалила во спортот и неправилна проценка на сопствените можности. Школските центри постојат за да ги водат пилотите до нивното сертифицирање на безбеден начин како и создавање на навики и рутини кои ќе го направат пилотот по посигурен.

Параглајдерскиот Клуб Вертиго е најактивен во претходно споменатата дисциплина, прелети. Има уште неколку дисциплини како прецизно слетување, акробации и најново hike & fly или параалпинизам. Ќе се задржам на последнава бидејќи сметам дека може да ве заинтересира повеќе како читатели на Шум. Благодарение на новите технолошки и дизајнерски иновации во параглајдерството, тежината и волуменот на пакување на параглајдерот е многу мал од 4 до 10 килограми. Па така можете да го земете со вас на планина без никаков дополнителен напор и враќањето пешки

Видео Ред Бул Крос Алпс

w w w. s h u m . m k

назад да го замените назад со летање. Оваа дисциплина е промовирана од веројатно нај тешката авантуристичка трка на светот Ред Бул Крос Алпс, каде што натпреварувачите стартувајќи од Салзбург се тркаат се до Монако поминувајќи ги Алпите, при што е дозволено летање со параглајдерот или носење на грб. Опасностите доаѓаат од скокање на потребните скалила во спортот и неправилна проценка на сопствените можности.

Параглајдерскиот клуб Вертиго кој постои од 2001 година е најголемиот клуб во земјава, а воедо е и центар за обука на пилоти. Почетничката обука e долга 5 дена и се оддржува на школскиот рид во близина на селото Ајватовци. Тука ученикот ќе се запознае со опремата, со основни теоретски познавања и останатите неопходни вештини кои ќе му овозможат да полетува и слетува на безбеден начин. Во обуката се вклучени и 3 лета од висина над 1000м, секако, параглајдерот го управува самиот ученикот но под надзор на инструкторот. Покрај тоа нудиме и летања во тандем. Ова е наједноставниот начин да летате, се што ви е потребно е да потрчате неколку чекори и да си понесете патики за планинарење. Кога сме во

21


Параглаjдерство

посетена од огромен број на пилоти преку годината. Микро климата во близина на езерото и поставеноста на планината која гледа на запад од каде што и најчесто ни доаѓа ветерот ни овозможува да летаме преку цел ден со Охридското езеро пред нас правејќи незаборавен контраст на бои. Исто така и Преспанското езеро кое ни се открива додека се качуваме во термичките столбови ја прават Галичица посебна приказна. воздух ваше е само да уживате во погледот а пилотот ќе се погрижи за се останато. За да полетаме со параглајдер, потребно ни е челен ветер и чистинка за да можеме да го отвориме параглајдерот, овие услови ги исполнува секоја планина и точно е дека може да се лета од каде било. За да се олесни работата и ризикот да се сведе на минимум најчесто летаме на одредени официјални полетувалишта. За едно место да го викаме полетувалиште за параглајдер ни треба показател за ветер, пат до местото за полетување и одредено место за слетување во близина. Места кои најмногу ги користиме за летање со параглајдер се Водно, Скопска Црна Гора, Попова Шапка, Крушево, Трескавец и Галичица. Крушево е мека на параглајдингот на Балканот а можеби и пошироко. Секоја година го посетуваат огромен број пилоти од секаде во светот и ужуваат во летовите над Пелагонија која нуди безбедна арена каде што тие можат да летаат со саати на висини над w w w. s h u m . m k

За среќа нашата земја има одлични услови за слободно летање, со многу сончеви денови и одлична клима и поради тоа параглајдерстовото зема се поголем замав.

Видео Лига - Галичица - Автор Дарко Станковски

Видео Freedom - снимено на Галичица. Автор на видеото Дарко Станковски

3300м преку летниот период. Во Крушево секоја година се оддржува најмалку по еден натпревар од највисок ранг како, европски шампионат или Светски куп, а во 2019-та Крушево ќе биде домаќин на светскиот шампионат. Галичица е најпозната за туристичко летање и е исто така

Надвор од границите на нашата земја нај посетени места од страна на параглајдеристи се Анеси во Франција, Олудениз во Турција и Доломити во Италија. Добро проверете ја временската прогноза, проверете ја опремата, проверете неколку пати дали сте добро закачени за истата, и ако се двоумите во воздух за наредниот чекор одлучете се за побезбедната опција. Ви посакуваме сино небо и безбедни слетувања.

Тел. 075 281 090 I vertigo@t.mk I Paraglidingmk.com www.vertigo.org.mk

23


Профил

на

трка

ПЛИТВИЧКИ МАРАТОН Сакате да бидете дел од тимот „Брзи и жестоки“ или дел од тимот „Бавни и жестоки“? Или да трчате заедно со тимот „Спиете ли мирно, Кенијци?“ Тогаш пријавете се на Плитвичкиот маратон кој на 3 јуни 2018 година, по 33-ти пат, се одржува во рамките на Плитвичкиот Национален парк, на 130 км од Загреб, главниот град на Република Хрватска. Ќе трчате заедно со околу 800 маратонци од Хрватска, еден од Саудиска Арабија, 100 маратонци од Словачка, еден од Сингапур, 54 маратонци од Словенија и шестимина од Јапонија. Од Република Македонија веќе има пријавено петмина. На 2 и 3 јуни се одржуваат и други трки: полумаратон, тимска маратонска трка (четворица во група), трка на пет километари и фамилијарен маратон, при што еден член од семејството треба да трча маратон, друг член полумаратон и трет член - пет километарската трка.

На маратонските трки во Плитвице во последните 7 години доминираат маратонците од Африка (Кенија и Етиопија). Во 2012 година, во женска конкуренција победила Даниела Елена од Романија, а во 2010 година во машка конкуренција, победил Томас Тот од Унгарија. Европскиот атлетски сојуз го оценил Плитвичкиот маратон со највисока оценка - 5 ѕвездички!! Организацијата на маратонот гарантира сеопфатно ниво на безбедност, висок квалитет и одлична посетеност на тркачите. 24

w w w. s h u m . m k


Профил

!

кога

?

Почеток на трката: 3 јуни 2018, во 9 часот пред спортската хала Мукиње.

Должина на патеката

на

трка

Стартниот пакет за маратонците содржи: Влезница во Националниот Парк Плитвички езера

цена за маратон Првични пријави: 27 Евра Редовна пријава: 33,50 Евра. Крајни пријави: 50 Евра. Атлетска маица

Маратон како и , 5K и 21K

Награден фонд

9.000 куни

Тестенини, вечерта пред трката

Временски лимит Оброк после трката 9.000 куни (околу 74.000 МКД) за жени и исто толку за мажи

6 часа

Крајна пријава за учество до 10 мај 2018.

Медал

Максимален број на учесници на маратонот и полумаратонот: 1400. Профил на патеката

За учество 2018 година МОЖЕТЕ ДА СЕ ПРИЈАВИТЕ на следниот линк:

www.plitvicki-maraton.com w w w. s h u m . m k

25


За да трчаш ш т о п одо л г о . . .

26

w w w. s h u m . m k


Т р ч а нЬ е

Психологија на маратонското трчање

П

о својата природа, маратонското трчање не е дел од нашата еволуција. Точно е дека нашите претци трчале повеќе од нас, ловеле животни или бегале од нив, но сигурно не трчале 42 километри дневно. Маратонското трчање е надвор од границите на нормалното трчање. Се трча по сонце, дожд, на ладно и на топло време, на рамно и по планини. Но, сепак на многумина им се допаѓа тоа. Кога некој ќе каже дека истрчал маратон, луѓето помислуваат многу работи за него/неа; едни мислат дека тркачот штиклира незавршена w w w. s h u m . m k

И, зошто илјадници луѓе се пријавуваат на маратонските трки? Што добиваат од тоа?

животна обврска; други велат: „Браво, секоја чест“; трети се чудат: „Го изложуваш телото на голем напор, а и даваш пари за тоа. Зошто?“ Некои работи што ги прават луѓето не се логични ако не се гледаат низ еволуциски очила. Не дека трчањето 42 километри е нормално, не е, туку тоа го надминува разумното човечкото однесување. Маратонското трчање е интересен човечки феномен. Тренинзите се тешки и одземаат време. Финансиските трошоци се значителни. Времето во текот на тренинзите и трката честопати е непријатно, топло, ладно, дождливо, снежно.

Дел од научниците тврдат дека маратонското трчање е еволуциска психологија на сигнали – размена на сигнали, кон другите, но и сигнали кон себе.

Дел од научниците тврдат дека маратонското трчање е еволуциска психологија на сигнали – размена на сигнали, кон другите, но и сигнали кон себе. Маратонското трчање е јасен сигнал до другите кој покажува: • Јас сум исклучително силен. • Можам да издржам големи физички напори. • Поупорен сум од обичните луѓе. • Можам да ги ставам краткорочните лични интереси настрана. 27


Место за Вашата

реклама преземи маркетинг материјал

погледнете го првиот број на Шум

погледнете го вториот број на Шум


Т р ч а нЬ е

Но, тоа е исто така и сигнал кон себе. Научниците тврдат дека ние честопати се гледаме себе си преку очите на другите. Обично почнуваме од нула и отпочеток не можеме да истрчаме дури ниту еден километар. Но, со тренинзи полека се гради кондицијата. А, тренинзите одземаат време, енергија, значат станување рано наутро и легнување рано навечер. Тренинзите ги ставаат на тест нашите пријателства и врски. Тренинзите значат и промена во исхраната. Животот се менува согласно планот на тренинзи. Со текот на времето стануваме свесни дека менталната снага е поважна од физичката снага. w w w. s h u m . m k

Добриот тренинг план е основа за успешна маратонска трка, но, на крајот на денот, ние сме единствените кои наутро ќе облечеме тренерки, ќе ги врземе патикте и ќе ја истрчаме патеката. Луѓето можат да ни помогнат, но никој не може да тренира за нас. Што може маратонскиот тркач да научи за себе во тие 3:45 часа или 4:23 часа трчајќи по дожд низ улиците на Скопје? Па, од еволуциска перспектива, може многу да се научи од ваквото искуство. Учиме дека може да постигнеме нешто извонредно, дека сме силни работници кои можат да работат во мачни и неповолни околности, дека имаме тактика и стратегија за постигнување на

Учиме дека може да постигнеме нешто извонредно, дека сме силни работници кои можат да работат во мачни и неповолни околности, дека имаме тактика и стратегија за постигнување на своите повисоки цели.

своите повисоки цели. Велат дека првите 15 километри од маратонот се трчаат со нозете, вторите 15 километри со срцето, а последните десетина километри со главата. Маратонците обично размислуваат дека: „Ако го направив ова, мора да сум способен и за многу поголеми работи“. Маратонското трчање, на свој начин, е врв во себежртвувањето. Поминуваме дел од својот живот во сомневања; дека не сме доволно добри, дека не сме доволно силни, дека не сме ги постигнале посакуваните цели. Маратонот е можност за избавување. Можност, бидејќи се зависи од нас и само од нас. 29


животен

стил

ПрашањеОдговор ПрашањеОдговор ПрашањеОдговор Прашање

Тони Цветковски

повеќе дисциплини Кокан Ајановски. Без неговата помош не би успеал да ги постигнам резулатати што ги постигнувам. Во поново време трчањето е во подем така што да тука се и новите млади сили Дарио, Таско, Андриана. Тоа е елитата, но сепак јас радувам на постарите Бране, Милан, Аце и Благоја. Си викам кога тие можат да трчаат на нивни години можам и јас.  Да не го заборавам и мојот спаринг партнер Бојан Сапунов кој ме “навлече” на маратоните. Кое ти е омилено место за трчање? Kејот на Вардар. Мислам дека го знам секое камче и го знам во километри растојанието помеѓу секои две точки.

Дали имаш совети за тркачите почетници? Занимање: дипл.ел.инженер по информатика На сите ваши читатели би им Работи како проектен менаџер во компанијата Семос препорачал да трчаат. Нека не се Семеен човек среќно оженет со Ленка Цветковска и две прекрасни ќерки Ања и Ива обесхрабруваат ако првиот пат не можат да спојат ни неколку и за решавање на сите останати Колку долго трчаш? стотина метри. Со неколку “нерешливи” проблеми. Почнав во 2014 година трчања веќе се ќе биде полесно. Првиот пат кога јас почнав да Зошто трчаш? Трчаш со или без слушалки трчам едвај истрчав 1 км а сега Почнав да трчам од на ушите? ги трчам по 40км.  На почеток медицинска причина. Долго Најчесто трчам со слушалки и намалете ја брзината и гледајте време посетувам фитнес слушам музика. Но кога имам да трчате без застанување барем клуб и на еден преглед на некој потежок тематски тренинг неколку километри. Најубаво срцето ми беше кажано дека или ако решавам некој проблем, е да се трча во друштво, така срцевиот мускул не го следи тогаш музиката свири но, таа се храбрите за постигнување развојот на другите мускули. едноставно не допира подобри резулатити. Не треба Така го почнав трчањето како до мене. да се претерува со трчањето кардио вежба. После тоа се и задолжително да постојат “заразив”. Се приклучив во Кој ти е пример за денови за одмор. Ако ми клубот НРЦ-Најк РАН КЛУБ трчањето? дозволите на сите би им ја препорачал Најк школата за и сега трчањето ми е начин Ух, примери за трчање колку трчање каде во друштво под на живот. Со трчањето ги сакате.  Со новата технологијата будното око на тренерот ќе победувам сите стресови, ја Фејсбук се брзо се запознават можат да ги направат првите подобрувам мојата здраствена сите сродни души. Секако прв чекори во трчањето. И се состојба, а моменти на трчање пример ми е нашиот тренер разбира сето тоа е бесплатно. ги користам за размислување и долгогодишен шампион во 30

w w w. s h u m . m k


животен

стил

еОдговор ПрашањеОдговор ПрашањеОдговор

ПрашањеОдговор

Маријан милановски

Работи како подофицeр во Армијата на Република Македонија Живее со партнерката во Куманово. Колку долго трчаш? Трчам веќе околу 3 години. Почнав пред три години и еве, стигнав и до маратони. Досега имам истрчано четири полумаратони, а сега се подготвувам за петтиот, Скопскиот WIZZ AIR полумаратон во мај 2018. Зошто трчаш? За да не менувам облека. По природа сум гурман, јадам многу и ако не спортувам, ќе се здебелам. Носам облека со големина меѓу М и Л, и, за да не преминам на големина Л, трчам. Но, секако трчам и w w w. s h u m . m k

поради кондиција, одржување на форма и здравје. Трчаш со или без слушалки на ушите? Како – кога. На подолги дистанци и кога не е опасно трчам со слушалки. Слушам музика и радио. За да се разбие монотонијата на долгите релации бидејќи трчањето на подолги дистанци е досадно. Кој ти е пример за трчањето? Немам пример. Најмногу трчам за себе, за лична сатисфакција.

Кое ти е омилено место за трчање? На периферија, надвор од градот, каде што воздухот е почист. Немам голем избор во Куманово и трчам покрај кеј до крајот на градот. Избегнувам планинарско трчање, најмногу поради напорот и поради повреди. Дали имаш совети за тркачите почетници? Да не се откажуваат и да не форсираат. Да почнат со помали километражи и да видат како ќе им оди. Не е битно дали ќе истрчаат трка за 2 – 3 часа или повеќе. Тоа е повеќе работа на волја, отколку на кондиција. 31


Опрема

Александар Кирковски од Азау 2350м до врв Елбрус 5642 за 5ч 35м

СКАЈРАНИНГ СРЕДБА НА НЕБОТО И ЗЕМЈАТА

Автор

32

А л е к с а н д а р К ирк о в ски

w w w. s h u m . m k


Т р ч а нЬ е

Скајранинг (небеско трчање) според дефиниција е екстремно планинско трчање кое се одвива над 2000 мнв на терени со стрмнина над 30% и техничка тежина која не надминува II UIAA.

Бруно Брунод еден од пионерите и најголемите спортисти во 90-тите

И

ако концептот за трчање по планините поради забава се јавува порано низ 20-тиот век, а одредени вакви трки имаат и по над 30 годишна традиција, за настанокот и развојот на скајранингот како посебна спортска дисциплина заслужен е италијанскиот планинар Марино Џакомети кој заедно со неколкумина колеги планинари и качувачи се пионерите на овој спорт. Уште во 1989 година самиот Џакомети го демонстрира својот нагон за брзина на голема надморска височина, најпрво на Монте Роса од Алања за 3ч 53м, потоа и на Пумори 7200 мнв поставувајќи рекорд до врвот и назад за 14 часа. Според него скајранингот претставува “трчање на места каде се среќаваат Земјата и небото“. Во раните 90-ти години тие ги организираат првите вакви натпревари на масивите Мон Блан и Монте Роса на Алпите. Патот на оваа спортска дисциплина официјално започнува со првиот скајрејс во историјата одржан на 28.07.1992 година w w w. s h u m . m k

на релација од Курмајер до врвот на Мон Блан 4810 мнв и назад со само седум учесници. Победник на таа трка е Адријано Греко со време 8ч 48м, пред Џакомети и Анџело Тодиско. За успех во спортот несомнено се потребни спонзори и поддршка, а веќе

Адриано Греко на првата трка до врвот Мон Блан во 1992 година

во 1993 година брендот ’Фила’ го превзема спонзорството на скајранинг натпреварувањата и истата година тие се шират на повеќе локации на неколку континенти. Во 1995 година е основана Федерацијата за спорт на височина (Federation for Sport at Altitude) со цел 33


Т р ч а нЬ е

Килиан Жорнет при поставувањето на рекордот на Матерхорн

СПОРТСКА ПОДГОТОВКА и ФИТНЕС

“Доломити Скајрејс“ една од најпопуларните во светската серија

да се воспостават правила и регулативи во тогаш новата спортска дисциплина, а од 2008 година спортот го менаџира Светската скајранинг федерација која денес брои 41 земја членка. Овој спорт е во огромен подем со над 200 трки и 30.000 натпреварувачи годишно и голем број на потфати и рекорди надвор од официјалниот систем 34

на натпревари. Светската скајранинг серија како натпреварувачки формат од 15-20 трки низ целиот свет се одржува во континуитет од 2002 година, а меѓу најуспешените спортисти во овој формат се шпанеците Килиан Жорнет и Луис Алберто Хенандо, италијанецот Марко Де Гаспери, а кај дамите Лаура Орге, Емели Форсберг, Корин Фавре и други.

Основата на овој спорт е трчањето и бара одличен фитнес, аеробна база, психолошка подготовка, значително искуство во планина.

Скајранингот брзо се етаблира во самиот врв на планинарските спортови постојано застапуван од врвни планински спортисти. Основата на овој спорт е трчањето и бара одличен фитнес, аеробна база, психолошка подготовка, значително искуство во планина, а понекогаш и алпинистичко искуство и техники. Голем дел од спортистите во скајранингот во зима се занимаваат и учествуваат во ски-мо натпреварувањата, а се карактеризираат со неверојатен фитнес и исклучително висок VO2 max (максимална потрошувачка/искористување на кислород при физички активности со висок интензитет, се мери во милилитри O2 потрошени во 1 минута по килограм телесна тежина). Овој параметар иако не е пресуден за врвни резултати е многу значаен кај спортовите на издржливост и на повисока надморска висина. Килиан Жорнет има измерен VO2 max кој изнесува и до 92мл/кг/мин, речиси сите врвни спортисти имаат над 70мл/кг/ мин додека пак просечен млад човек без редовен тренинг би имал околу 45мл/кг/мин.

Видео Килиан Жорнет – за себе и како тренира изминатите 30 години w w w. s h u m . m k


Т р ч а нЬ е

БРЗИНСКИ РЕКОРДИ НА ПЛАНИНИТЕ ШИРУМ СВЕТОТ Природно за спортот е да напредува и еволуира, а секоја нова генерација да поставува се повисоки стандарди и резултати. Во планините алпинизмот тоа го прави преку потешки рути и поинаков стил, а скајранингот преку се побрзи искачувања и рекорди. Во последните триесет години беа поставени и срушени многу брзински рекорди на различни врвови ширум светот, а постигнатите резултати звучат нереално за пошироките планинарски кругови. Во 90-

тите години некои од најистакнатите личности се Пиер-Андре Гобет, Бруно Брунод, Фабио Мералди и други чии рекорди се задржаа и по 10-20 години. Со развојот и масовното користење на ГПС технологијата резултатите многу попрецизно и веродостојно се следат, иако добар дел се остава и на етиката на самите спортисти. Кога се во прашање хималајските врвови над 8000 мнв постојат највеќе контроверзии и многу

Видео

Видео

Марко Де Гаспери, рекорд на Мон Блан од италијанска страна w w w. s h u m . m k

Брзинско искачување на Мон Блан, Александар Кирковски

Килиан Жорнет при поставувањето на рекордот на Матерхорн

брзински искачувања не се целосно поткрепени со докази. Така до минатата година за брзински рекорд на Монт Еверест од непалска страна се сметаше искачувањето на шерпасот Пемба Дорџе во 2004 година за време од 8 часа 10 минути, но под сомнение и во отсуство на докази судот во Непал истото го поништи после цели 13 години. 35


Т р ч а нЬ е

ВРВ РУТА

ВРЕМЕ

РЕКОРДЕР

Мон Блан 4810 мнв Шамони-МБ-Шамони

4ч 57м

Килиан Жорнет

Мон Блан 4810 мнв Курмајер-МБ-Курмајер

6ч 43м

Марко Де Гаспери

Матерхорн 4478 м Червиниа-Мат-Червиниа

2ч 52м

Килиан Жорнет

Матерхорн 4478 м Хорнли-Мат-Хорнли

2ч 33м

С.Антаматен/М.Лерјен

Елбрус 5642 мнв Азау-Елбрус-Азау

4ч 20м

Карл Еглоф

Килиманџаро 5895м Умбве-Кил-Мвека

6ч 42м

Карл Еглоф

Денали 6194 мнв БК-Денали-БК

11ч 48м

Килиан Жорнет

Аконкагва 6963 мнв Хорконес-Акон-Хорконес

11ч 52м

Карл Еглоф

Ленин Пик 7134 м Базен Камп-Ленин Пик

5ч 06м

Витали Шкељ

Монт Еверест 8848 БК-Еверест (Непал, со О2)

10ч 56м

Лакпа Гелу Шерпа

Монт Еверест 8848 БК-Еверест (Тибет, без О2)

16ч 45м

Ханс Камерландер

СКАЈРАНИНГОТ ВО МАКЕДОНИЈА и БАЛКАНОТ Во Македонија скајранингот нема континуитет и традиција ниту организирана лига на натпревари. Поголема активност се забележува последните неколку години преку низа на трки и индивидуални потфати пред се под влијание на светските трендови. Постои поврзаност на скајранингот со планинското трчање, па претходно во 2005 и 2006 година во рамки на лигата во планинско трчање (тогаш организирана од планинарскиот сојуз) се одржани неколку трки до врвот на Солунска Глава и Пелистер кои според карактеристиките може да се вбројат во овој спорт. Во 2013 година на иницијатива на Трајче Панковски за првпат се организира трка “Вертикален километар“ од Попова Шапка до Антени и истата до денес бележи неколку летни и зимски изданија, а во 2015 и 2016 година е одржан 36

“Шарпланински скајрејс“ од Штрпце до Старо Село преку врвовите Пирибег и Љуботен. Во последните години забележано е учество на наши спортисти на повеќе трки надвор од Македонија со забележителни резултати и подиуми. Со популаризацијата на скајранингот во 2017 година беа реализирани постигнувања кои драстично го кренаа нивото на планинарскиот спорт кај нас. Вредни да се издвојат се низата за наши услови неспецифични и пионерски потфати како: учеството на македонски тим на трката до врвот Елбрус 5642 мнв, брзинско искачување на Мон Блан (за 6 и пол часа до врвот и назад), трчање на други алпски врвови, последователното минување на балканската планинска трилогија (Мусала,Вихрен, Митикас) за рекордни времиња во лето и зима, брзински искачувања на

Македонскиот тим на трката на Елбрус со победникот Карл Еглоф

Кирил Николов – Дизела еден од најдобрите на Балканот

Видео Македонскиот тим на трката Ред Фокс Елбрус 2017 w w w. s h u m . m k


Во август 2017 година Александар Кирковски со логистичка помош на Игор Јовановски ги истрча врвовите Мон Блан 4810м и Ортлер 3905м што претставува редок потфат за балкански услови.

За време на зимската балканска трилогија, 25.12.2017

Видео Шарпланински скајрејс 2015

w w w. s h u m . m k

врвови во Македонија, учество на се повеќе трки итн.Во нашето опкружување со свои национални асоцијации и ситем на натпревари може да се издвојат Грција, Србија и Бугарија, додека пак бугаринот Кирил Николов – Дизела е еден од најуспешните спортисти од регионот во светската лига последниве години остварувајќи пласман на третото место во дисциплината “Скај“ за 2016 година. Во тековната 2018 година дури две трки од светската серија се одржуваат во нашето соседство на Олимп (Грција) и Пирин (Бугарија) што доволно говори за растот и застапеноста на овој спорт на Балканот. За очекување во иднина е овој спорт да расте со уште подобри резултати, но притоа треба да се имаат во предвид опасностите кои со себе ги носи и максимално сериозно да се пристапува особено при индивидуалните потфати низ планините. 37


А л пи н и з а м

КАЧУВАЊЕ НА

МЕШОВИТ ТЕРЕН

38

w w w. s h u m . m k


А л пи н и з а м

МЕ Ш О В ИТ ТЕРЕН

Автор/фото

б о ј а н мита н о ски

Најголем дел од опишаното во вториот број на Шум, качувањето на мраз, важи и за качување на мешовит терентерен каде се качува сува карпа, заснежена карпа, мраз или стрмен снег. Качувањето и овде е со помош на алатки, исто како и кај мразот. И овде се работи за комплексен медиум кој се менува од минута во минута и кој бара добро познавање на условите. Овој начин на качување носи малку поголемо ниво на безбедност, со оглед на тоа што еден дел од точките на осигурување можат да бидат поставени (секако, доколку се располага со потребното знаење и умешност) во карпа, што е постабилен медиум отколку мразот. Тоа не значи дека е тоа лесно. Како што спомнав, бара многу внимателно читање на карпата, антиципација на можниот пад итн., нешто што веќе треба да е совладано од претходни качувања на карпа. Неретко, потребно е чистење на големи количини снег за w w w. s h u m . m k

да се најде одредено место каде може да се постави некаква точка на осигурување било тоа да е френд, чок или клин. И тука, со оглед на тоа што често и веќе претходно поставените клинови не се гледаат (доколку ги има во насоката), поставувањето на сопственото осигурување е напорен процес донекаде отежнат со фактот дека

се работи со ракавици, во услови на студено време, па и во овој случај точките на осигурување се обично на поголемо растојание, со што се рескира поголем пад. Заснежената карпа, особено ако се работи за прашлив снег, е особено подмолна и опасна и бара голема претпазливост и внимание. Мешовитиот терен условува, секако, одредени делници на сува карпа да се минуваат со алатки. Студено е, качувачот често нема време, а ни можност да облекува патики за качување или да качува со голи раце. Затоа е потребно да се совлада техниката на качување сува карпа со бајли и дерези, нешто што е денес познато како драјтулинг (drytooling). Повторно, се работи за нешто што е сосем различно отколку качување со голи раце и со патики, важат поинакви правила на движење, начинот на читање на карпата е сосем поинаков. Во врска со оценките за микс, кои логично го имаат 39


А л пи н и з а м

префиксот „М“ пред бројката (од М1 до М14), ако кај мразот рековме дека се бесмислени, овде пак се во уште поголем хаос. Тоа е така затоа што оценката не се базира само на карактеристиките на самата карпа (наклон, фаќалишта, ронливост…), туку и од условите кои владеат на неа (количество, состојба и вид на снег, односно мраз), па така оценката М7, на пример, може да варира од 6b+ do 6c+ (француска скала на техничка тежина на карпата). Tоa значи дека тoj M7 „се чувствува“ како да качуваме 6b+ слободно, со голи раце и со патики. Од друга страна пак, истиот тој М7, качуван слободно со патики и со голи раце, може да биде оценет со 5c бидејќи нуди доста фаќалишта за рака, а многу малку места сигурно да се постави бајлата или се качува претежно на „триење“ со патики, нешто што не е возможно кога качувате со дерези. Така, лесна насока качувана со патики, може да биде многу потешка при тулинг и обратно, тешка насока може да испадне значајно полесна Зима на северна вихренска карпа (Народна армија 450 m, IV_IV+)

40

Овој начин на качување носи малку поголемо ниво на безбедност, со оглед на тоа што еден дел од точките на осигурување можат да бидат поставени во карпа, што е постабилен медиум отколку мразот.

Стефани, Comici-Esher (250 m, M3_4)

со драјтулинг. Неретко насока која е оценета како 4b, кога се качува со бајли/дерези, може да има оценка М6 и обратно, некоја 6b може да испадне М4. Со оглед на тоа дека сѐ што спомнавме погоре за мразот важи и за миксот, се препорачува пред да се почне со водење на микс насоки (или drytooling), колку е можно повеќе качувачот да ги совлада сите аспекти најпрвин на топ роуп, на некој локалитет наменет за тренинг, пред да се влезе во реална ситуација во некоја алпинистичка насока. Кај нас постојат неколку спортски насоки за таа цел

во мавровскиот крај, а секако тука се и локалитетите како Матка или Демир Капија. Обично бараме „диви“ линии каде може да се постави јаже или насоки кои веќе постојат, а со своите карактеристики одговараат за качување со бајли и со дерези, без притоа да бидат оштетени. Се качуваат и долги алпинистички насоки, секако со претходна дозвола од нивните автори, кои за среќа се свесни колку е ова битно во развојот и напредокот на секој алпинист кој има амбиции во таа активност. За крај, важно е да се спомене дека најголем број на локалитети за тренинг (а и алпинистички насоки на големи планини) се во зона на лавинска опасност. Потребно е качувачите претходно да се верзирани за лавинско спасување и да имаат солидно познавање од лавинологијата. Исто така, на Алпите, пристапот до речиси сите насоки е преку глечерски полиња, па е потребно познавање на сите аспекти на движење по глечер и спасување од глечерски пукнатини. Гросглокнер во зима (Stüdlgrat 500 m, UIAA III IV-)

w w w. s h u m . m k


А л пи н и з а м

ОПРЕМА

За КАЧУВАЊЕ НА МРАЗ И

МЕШОВИТ ТЕРЕН

42

Збор два за потребната опрема при ваквите искачувања. Ќе се задржам само на специфичната опрема за мраз и микс, без да навлегувам во детали за сета останата опрема и логистика потребна за качување во зимски услови (облека ранци, додатен алпинистички инвентар, прехрана, хидрација итн.), бидејќи е тоа друга тема за која може цела книга да се напише. Ке почнам со чевлите. Тоа се обично технички, тврди модели, со добра изолација и заштита од снег/вода. Водечки брендови веќе години наназад се Ла Спортива (La Sportiva: Batura 2.0, G5, Nepal Evo GTX, Trango Ice Cube GTX...) и Скарпа (Scarpa: Phantom Guide,Phantom Tech, Mont Blanc GTX…), но тоа не значи дека нема добри модели и од други брендови. Во спортското качување, особено при натпревари, се користи еден поинаков вид чевли, тнр. Фруитбутс (Fruitboots), кои се полесни и со вградени дерези во ѓонот...тие не се предвидени за качување на големи насоки на високи планини. Но се многу попрецизни и полесни. Дерези- обично се користат автоматски или полуавтоматски дерези, обично со 12 до 14 запци. Постои дебата дали се покорисни оние со вертикални или со хоризонтални предни запци. Исто така, може да се користат и дерези со само еден преден забец, тнр. монопоинт (monopoint) модели, кои ја имаат таа предност многу полесноо да пенетрираат во мраз, а на

карпа лесно „ловат“ пукнатини и овозможуваат одредена ротација на стапалото, особено кога се качува превисна карпа, што е доста корисно, но од друга страна пак, значајно ги оптоваруваат листовите на потколеницата. Водечки брендови се Гривел (Grivel: G14, G12, G22 (монопоинт) и Пецл (Petzl): (Lynx, Dartwin, Dart), но има и други модели од брендови како Камп (Самр), Блек Дајмонд (Black Diamond)... Најпрактични се модуларните модели, како Гривел G14, на кои може да им се менуваат предните запци кога ќе се потрошат, а исто така по потреба може едниот да се извади, со што се добива монопоинт дереза. Бајли- бајлите се закривени цепини и од степенот на закривеност на нивното тело зависи и „агресивноста“ на бајлата. Тие кои се со поголемо закривување се за вертикален и превисен терен (Petzl Nomic, Grivel Tech Machine, Camp X-Dream и други). Водечките производители прават и посебни модели кои се користат исклучиво за спортски натпревари. Исто така, речиси сите модели имаат посебни клунови за мраз (обично потенки, понежни) и за карпа (подебели, појаки легури) кои по потреба се менуваат. Телото на бајлата најчесто е направено од алуминиум, иако има и ултра лесни карбонски модели, додека клуновите се најчесто челични легури (хром/ молибден+челик) и тука без конкуренција се легурите на Гривел. Тубуларци- ги има во различни должини (од 10 цм до 22 цм) и сите еднакво w w w. s h u m . m k


„држат“-поставени идеално во супер солиден мраз можат да издржат сериозен пад, но за жал во реалноста може да биде и поинаку, како што спомнавме погоре. Бројот на тубуларци што ќе се користат зависи од должината на насоката, но обично се доволни 12, распоредени во различни должини, повторно во зависност од тоа што очекуваме во насоката. Но едно е сигурно - секогаш се носи еден голем 22 цм заради правење на Абалаков. Денес на пазарот, без конкуренција, се генијалните нови тубуларци на Пецл (Laser Speed Light), комбинација на алуминиум со челични запци - значајно полесни од сите други. Целата оваа „железарија“ бара внимателно одржување. Оние што навистина качуваат ќе забележат како релативно брзо се трошат запците на дерезите и клуновите на бајлите. Пожелно е пред секое качување да бидат добро и правилно наострени. Нараквици- секогаш се носат повеќе пара (најмалку два) во долга насока, додека едните се користат, другите се сушат под јакната...тоа обично се технички нараквици со добра мембрана, доволно прецизни за работа, не премногу дебели, а сепак со изолација. Изборот е строго индивидуален, а квалитетни модели имаат Мамут, Блек дајмонд, Лоув алпајн, Кемп, Реб, Мије (Mammut, Black Diamond, Lowe Alpine, Camp, Rab, Millet) и секако, над сите, американскиот производител Аутдор Рисрч (Outdoor Research). Постојат и тенки, без изолација, ултра прецизни w w w. s h u m . m k

модели кои се користат само за драјтулинг. Другата опрема ( видот на јаже или на јажиња, замки, гуртни, комплети, осигурувања за на карпа итн.), ќе зависи од насоката- кратка спортска, подолга насока на некое вежбалиште или долга сериозна алпинистичка насока. Прва помош- претставува клучен дел од алпинистичката опрема. Денес се продаваат веќе готови комплети во кои има: стерилни гази, ножици, завој, алуминиумска фолија итн. Паметно е да се земат и аналгетици, активен јаглен, антидијаретици, особено ако се планира подолг престој (долга насока, камп во близина на некој локалитет и сл.) За крај, било да е спортска насока или голема алпинистичка насока, никогаш не тргнуваме без термос и горилник- топол чај или супа се незаменливи за квалитетна хидратација во сиот тој студ. За сите оние заинтересирани за овој начин на качување, незаобиколна литература се прирачниците; „Слобода на височините“(„Freedom of the hills”) како почетно запознавање, натаму „Екстремен алпинизам“ („Extreme Alpinism”) од Марк Твајт (Mark Twight) и

„библијата“ на Вил Гад (Will Gadd), „Качување по мраз и по микс – современа техника“ (“Ice and mix climbing- modern technique”). Секогаш корисни информации може да се најдат и во реномираните списанија како „Карпа и мраз („Rock&Ice”) и „Списание за качување“ („Climbing Magazine”). 43


А л пи н и з а м

ИДНИНА? Во последниве години сериозно се наметнува уште една тема кога е во прашање качување на мраз/микс . Тоа е глобалното затоплување. Во Македонија дојде до промена на климата од континентална во медитеранска, што условите за ваков начин на качувања на некои наши планински масиви (Нежилови стени, северната стена на Кобилица, Остри Врв, Среден Камен на Шара…) ги направи крајно неповолни. Мраз на Патишка река има сѐ помалку, а тогаш кога го има, демне сериозна лавинска опасност. Слично е и на други места на Балканот. Ситуацијата на Алпите е крајно загрижувачка. Снегот

44

го има сѐ помалку, глечерите се повлекуваат. Услови за квалитетно микс качување дене има сѐ помалку поради големиот ризик од снежни и камени лавини. „Лепакот“, смарзнатиот снег или мразот, ги има сѐ помалку што качувањето го прави многу поопасно. Некогаш, пред десетина и повеќе години, имаше искачувања и во летниот период, кој всушност беше најповолен, додека денес повеќе не е така- сезоната е или рана пролет или есен. Зимата повторно отпаѓа, поради малите количини снег кој е претежно прашлив и неповолен за искачувања. Нема да помине уште долго кога оваа состојба,

Иднината на овој начин на качување, за жал, не е светла. Човекот, со своето влијание, меѓу многу други нешта, ќе ја уништи и најхрабрата, најкомплексната и најплеменитата планинска активност

за жал, ќе се пренесе и на повисоките планински венци во светот. Иднината на овој начин на качување, за жал, не е светла. Човекот, со своето влијание, меѓу многу други нешта, ќе ја уништи и најхрабрата, најкомплексната и најплеменитата планинска активност која, сурова каква што е, за оној кој ја одбрал како свој пат често, можеби, не дава години во животот, безлична бројка...но затоа пак дава многу, многу живот во годините. Има една насока на Алјаска, која се вика „Подарок што не престанува да дарува“(„The gift that keeps on giving”) и се однесува токму на тој начин на живот. Нема да мине многу време кога ќе престане да дарува. Штета.

w w w. s h u m . m k


А л пи н и з а м

WI Grades WI 1

добар мраз; наклон до 50 степени, многу места за одмор и осигурување.

WI 2

добар мраз, наклон 60-70 степени, многу места за одмор иосигурување.

WI 3

добар мраз, 70-80 степени…

WI 4

добар мраз, до 85 степени или сосем кратки вертикални скокови, со доста места за одмор и осигурување.

WI 4+

скоро вертикален мраз (85-90 степени) или вертикален во цела должина на јаже, но со добар квалитет и доста места за одмор.

WI 5

вертикален мраз во цела должина на јаже (40-60 метра), со малку места за одмор; неквалитетен или тенок мраз со помал нагиб или специфичен мраз оформен во тнр. свеќи, карфиоли итн.(карактеристични за ран мраз). Места за одмор и поставување на осугурување се малку. Исклучително техничко и напорно качување.

WI 6

вертикален или превисен мраз (висулки) со добар квалитет во цела должина на јаже со многу малку или без места за одмор и квалитетно осигурување. Исклучително тенок и/или неквалитетен мраз со помал нагиб во цела должина на јаже без или со многу малку места за одмор и осигурување. Исклучително тешко, техничко качување кое бара многу големо искуство и психичка стабилност. Падовите се често фатални.

WI 7

превисен мраз со лош квалитет (или многу тенок) во цела должина на јаже, без можности за одмор и квалитетно осигурување. Паѓањето е секогаш фатално.

WI 7+

митска оценка. Превисен лошо формиран мраз кој е невозможно да се осигура. Оваа оценка е многу ретко качена и осигурувањата (ако воопшто ги има во цела должина на јаже) се во карпа бидејќи е испресечен истиот со карпести пасажи, но како такви се многу ретки и крајно несигурни. Паѓањето е секогаш фатално. Напомена: во светот постојат и пар 8, 9, 10 и 11 спортски насоки. Оценката произлегува од фактот дека физички и технички се потешки од 7+, но бидејќи не се можно осгурување во самиот мраз, осигурувањето е на експанзиони клинови на карпата која се „меша“ со мразот. Обично користат метални детектори да ги откопаат прво клиновите, па тек потоа се качува. Овие оценки со својата тежина од аспект на качувачка техника, сила и издржливост корелираат со оценките М8- М11 ( „feels like” 7а+ до 8b на сува карпа).

w w w. s h u m . m k

45


Качувачки

Автор

46

локалитет

В л а д и м и р трп о в ски

w w w. s h u m . m k


Качувачки локалитет

Денес локалитетот Демир Капија е најголемиот качувачки локалитет во Република Македонија со 18 сектори и околу 250 насоки за спортско и традиционално качување

w w w. s h u m . m k

47


Качувачки

локалитет

П

рвата спортскокачувачка насока во локалитетот Демир Капија „ВДД“ (од првите букви на имињата Владимир, Дејан и Даниел) е поставена во 1995 година. Насоката е со тежина 7а+ (според UIAA) и први ја искачија Владимир Трповски и Дејан Петровски Декла (www.theuiaa.org/ mountaineering/uiaa-gradesfor-rock-climbing/ ). Денес локалитетот Демир Капија е најголемиот качувачки локалитет во Република Македонија со 18 сектори и околу 250 насоки за спортско и традиционално качување. Во поново време голем придонес во развојот на локалитетот дава и Александер Кленов од Русија, кој во 1996 година првпат дојде во Македонија за да помогне во развојот на качувањето и во 2010 година трајно се пресели во Демир Капија. Во Демир Капија има насоки за качување за сите вљубеници на качувањето: насоки со една или повеќе должини на јаже (од 15 до 200 метри висина) и со тежина од 4а до 8с+ (според UIAA). Многумина качувачи со светско реноме го посетиле локалитетот Демир Капија, биле воодушевени и повторно се враќале да качуваат. Голема улога за промоција на локалитетот има и традиционалниот Фестивал за алпинизам и планинарење кој со поддршка од општината Демир Капија и неколку странски фондации ги привлекува качувачите од целиот свет да искусат нови

48

w w w. s h u m . m k


Качувачки локалитет

w w w. s h u m . m k

49


Качувачки

насоки и после сето тоа добро да се забавуваат. Фестивалот кој се одржува во април или мај месец (оваа година се одржа од 6 до 9 април 2018), им овозможува добра забава и на планинарите, велосипедистите, кајакарите од сите возрасти. 50

локалитет

Пред да тргнете кон Демир Капија детално проучете ја мапата на качувачкиот локалитет https://www. campingmacedonia.com/tmp. На неа се прикажани сите постојни сектори и насоки во локалитетот со детални информации. Одберете сектор

и насоки согласно на своите можности и ... тргнете. Пред влезот на првиот тунел (по сеуште активниот пат кон Грција) се наоѓа секторот „Вардарска Сахара“. Меѓу двата тунела има паркинг. Десно од патот се наоѓаат секторите: Кин-ѕа-ѕа, Хамбургер-берг, w w w. s h u m . m k


2 Берг и Малчик с Палчик. Лево од патот се секторите ALL Inclusive, ВДД, Калабастер и Еротика. Пред ВДД секторот, од левата страна 70 м нагоре, се наоѓаат секторите Арена и Мала Арена. Може да качувате насоки со интересни имиња: „Mama Mia“ (33м, 6b +), „Way Home left» (50м, 5c), „Зоки поки» (18м, 6a +), „Крива вилушка лево (40м, 7b), „Отвори се Сезаме“ (15м, 4), „Зелен трактор“ (7a+), „10 kilos of chocolate“ (5c), „Thanks Alex” (6a+, 25,), „Кредит“ (6b), „Палачинка“ (6a). За повеќедневна посета на локалитетот Демир Капија може да се сместите во кампот Rockland camp во Демир Капија (https://www. campingmacedonia.com/). Ако не се снајдете со мапата со сектори и насоки, или ви требаат дополнителни информации за локалитетот, во Демир Капија побарајте го Александер Кленов. Малата, заспана Демир Капија на 117 км од Скопје, полека станува незаобиколно место кое нуди многу активности на отворено.

w w w. s h u m . m k

51


планини

52

w w w. s h u m . m k


планини

Солунска Глава

Автор/фото

w w w. s h u m . m k

Пе т а р г е расим о в 53


превземи

GPS Кликни

54

w w w. s h u m . m k


планини

ЛЕТНА ПАТЕКА Должина: 23.5 км. Висинска разлика: 1890 м. Д+ Стартна точка: с. Папрадиште Категоризација: многу напорна

Потребна опрема: Планинарски стапчиња облека и обувки според временската прогноза. Храна од ранец, течности најмалку 2,5 литри.

Опис на патеката Патеката е целосно маркирана, до Горна Бабина Дупка со летни маркации а потоа продолжува зимска маркација. На излезот од с. Папрадиште се влегува во висока папрат, потоа патеката води во дабова шума каде има неколку преминувања преку потоци кои во пролетните месеци, во сезоната на топење на снеговите знаат да бидат обилни и проблематични за поминување. На неполни 5 км. и искачени 500 висински метри е планинарскиот дом Чеплес 1450 мнв. Патеката потоа продолжува низ букова шума. На 1685 мнв. пристигнувате на Долна Бабина Дупка каде има чешма. Тоа е последното место каде може да се наполни вода на патот до Солунска Глава. Патеката продолжува низ борова шума и ниска иглолисна вегетација (смреки), во горниот дел до 1800 мнв. Од тука теренот е гол, воглавно тревнат а во горните делови каменит. На околу 2100 мнв. се поминува месноста Горна Бабина Дупка а веднаш потоа се излегува на платото и се скршнува во десно (северно), по видливо маркирана зимска патека, во едно релативно благо искачување се пристигнува пред самиот врв. Последните 200 висински метри до самиот врв е прилично стрмно, каде искачувањето се одвива во „цик-цак“ линија. На самиот врв се поставени стратешки воени објекти поради што е задолжително легитимирање кај дежурното службено лице. Во близината на објектите фотографирањето е забрането. w w w. s h u m . m k

55


планини

Солунска преку Извори на бабуна Должина: 34.5 км. Висинска разлика: 2675 м. Д+ Стартна точка: с. Нежилово Категоризација: многу напорна

Потребна опрема: Планинарски стапчиња облека и обувки според временската прогноза. Храна од ранец, течности најмалку 2,5 литри.

ОПИС НА ПАТЕКАТА Ова е подолга летна тура и се препорачува да се оди во два дена (со преспивање во пл. дом Чеплес). Тргнува од с. Нежилово по земјениот пат кој води до пл. дом Чеплес. На 6 км. има табла кој го покажува правецот за изворите на Бабуна. Од оваа точка до изворите има околу 1.3 км. враќањето е по истата патека и повторна на земјениот пат кој ќе ве одведе до Чеплес. Остатокот од патот до врвот Солунска Глава се одвива по стандардната летна патека која води од планинарскиот дом Чеплес. На враќање наједноставно е да се вратите од домот Чеплес по планинарската патека која води до село Нежилово. 56

w w w. s h u m . m k


превземи

GPS

w w w. s h u m . m k

57


превземи

GPS

58

w w w. s h u m . m k


планини

Солунска преку караџица Должина: 31км. Висинска разлика: 1580 м. Д+ Стартна точка: пл. дом Караџица Категоризација: многу напорна

Потребна опрема: Планинарски стапчиња облека и обувки според временската прогноза. Храна од ранец, течности најмалку 2,5 литри.

Опис на патеката Ова е уште еден приод до Солунска Глава, не е многу атрактивен за планинари бидејќи движењето е во главно по земјениот пат кој води до самиот врв. Патеката е повеќе експлоатирана од страна на планинските велосипедисти. Планинарите оваа патека ја користат исклучиво кога се одржуваат традиционалните маршеви Богомила-Солунска Глава-крст на Водно. w w w. s h u m . m k

59


планини

зимска ПАТЕКА Должина: 22 км. Висинска разлика: 2070 м. Д+ Стартна точка: с. Нежилово Категоризација: многу напорна

Потребна опрема: Во зимски услови: Задолжително цепин, дерези, планинарски стапчиња, астро фолија, ГПС уред, компас, високогорски (топли) кондури, облека отпорна на влага и ветер, капа, поткапа, 2-3 пара ракавици, течности најмалку 2 литри (попатно нема каде да се наполни), храна од ранец.

Опис на патеката Патеката започнува од с. Нежилово. Обележена е со летна маркација до пл. дом Чеплес кој е оддалечен 5 км. и 760 м. Д+. Дижењето е низ листопадна мешана шума. Од Чеплес повторно се влегува во шума, на почеток листопадна, потоа преминува во иглолисна. Зимската патека не оди во правец на Долна Бабина Дупка туку продолжува право нагоре по сртот и тука не е маркирана (се избегнува летната патека преку Долна Бабина Дупка поради опасност од лавина) и некаде пред Горна Бабина Дупка на висина од околу 2000 мнв. повторно се спојува со летната патека од каде што започнува зимската маркација која ве води до Солунска Глава. Во горниот дел кај Нежилови Карпи треба да се биде многу внимателен особено во услови на магла и намалена видливост бидејки на одредени места зимската маркација е на само неколку метри од провалијата. Последните 200 висински метри најцесто се замрзнати и препорачливо е носење цепин и дерези. 60

w w w. s h u m . m k


превземи

GPS w w w. s h u m . m k

61


Интересно

ГОЛИ НА ПЛАНИНА

Автор

62

г о р а н н ик о л о ски

„Тие што го искусиле планинарењето без облека, слободното движење низ големите планински широчини, испружени на сонце, ветерот околу голото тело, пливање во ладните планински реки, знаат колку е ослободувачко движењето без облека“ w w w. s h u m . m k


Интересно

П

ланинарењето со облека многу ограничува велат „Голите планинари / планинарите нудисти“. „Сакаме да се чувствуваме слободни. Имаме право да планинариме без облека таму каде што јавната голотија е легална. „Голите планинари“ / Планинарите нудисти носат само со чизми, чорапи и ранец. И ништо друго. „Никогаш не сме добиле негативни реакции од другите облечени планинари со кои се среќаваме по патеките. Сакаме да ни биде удобно, и ... не прекршуваме ниту еден закон со тоа што планинариме без облека“. Но, така не мислат сите. Непал го забранил планинарењето без облека откако се појавила вест дека непалски планинар се соблекол на Монт Еверест на 8.848 м. за да ја одбележи хармонијата со природата. Монт Еверест е света планина за непалците и многумина се почувствувале навредени од акцијата на голиот планинар. Иронијата е поголема што планинарењето без облека всушност започнало на Хималаите. Џорџ Малори бил меѓу првите планинари нудисти во светот. Тој, голем британски истражувач и планинар, но и ексцентрик првпат се обидел да се искачи на Монт Еверест во 1920 година, но најверојатно успеал да се искачи на Монт Еверест во 1924 година, кога исчезнал. После 75 години било пронајдено неговото тело блиску до врвот, но не се знае дали погинал при искачување или при слегување. На себе немал зимска јакна, туку само w w w. s h u m . m k

сако од твид. Малори бил фотографиран без облека во базниот камп на Еверест. Планинарењето без облека или „Freehiking“ вклучува движење и планинарење без облека. Stephen Gough од Велика Британија, познат како „Голиот Планинар“, во периодот меѓу 2003 и 2006 година планинарел низ Англија и Шкотска, каде што повеќепати бил апсен. Во 2005 и во 2006 година неколкумина планинари планинареле низ европските Алпи, но тоа не предизвикало големо медијско внимание, ниту биле уапсени. Планинарските патеки низ швајцарскиот кантон Appenzell Innerrhoden биле вистински рај / многу популарни меѓу планинарите нудисти поради мирот и питорескните ливади и долини. Но, многубројните голи планинари ги соблазнувале жителите на околните села и учесниците на народниот собир во градот Appenzell кренале раце за забрана на „неморалното планинарење“. Жителите на кантонот не можеле да сфатат дека се популарни низ светот поради таква „непристојна навика“. Казнена регулатива е усвоена во 2009 година од жителите на швајцарскиот кантон Appenzell Innerrhoden, каде што планинарите кои се движат без облека ќе платат казна од 100 швајцарски франци, како и 3330 швајцарски франци за судски трошоци. Во 2009 година 45-годишен Швајцарец планинарел без облека во близината на Herisau во Швајцарија. Жителка на блиското село го забележала

George Malory

и го пријавила во полиција. Во мај 2010 година 45-годишен Швајцарец станал првиот Планинар без облека кој бил осуден да плати 100 плус 3330 швајцарски франци. Планинарењето без облека е популарно во полибералните држави како Франција и Германија, за разлика од поконзервативната Швајцарија. Швајцарската фирма за производство на планинарска опрема Mammut не го поддржува нудистичкото планинарење поради опасностите до кои може да доведе изложување на одредени нежни делови на телото на високите сончеви UV зраци. Дел од аргументите на државните инстуции се дека планинарењето без облека треба да биде забрането поради тоа што може да им штети на децата, на што „Голите планинари“ одговараат дека во денешно време децата секојдневно се среќаваат со фотографии на луѓе без облека, не само на интернет, туку и на киосците за продажба на новини. Во Велика Британија постои и здружение на планинари без облека. Nude Mountaineering Society. Со Претседател и интернет страна. 63


J о га

Пранајама Пранајама се вежби за дишење кои ги расчистуваат физичките и емоционалните пречки во нашето тело за да го ослободат здивот и патеката на енергијата на прана. Преку редовна и постојана практика на пранајама можете да го пренасочите целото тело!

Автор

А л е к с а н д р а ма л и н о в ска

Н

ачинот на кој се движиме, мислиме, делуваме и особено дишеме придонесува за протокот и виталноста на праната универзалната енергија што тече низ нас и сè околу нас. Зошто здивот е толку важен? Тоа е првото нешто и последно што го правиме во нашите животи. Единственото постојано нешто што го имаме. Без здив нема живот! Дневните стресови, тензиите

64

и физичките навики можат да создадат физички и енергетски пречки во нашите тела. Без дури да забележиме дека нашето дишење може да стане постепено доста плитко или кусо, развиваме несвесни начини на дишење кои го ограничуваат протокот на здивот и праната. Кога работиме на ослободување на здивот преку пранајама (вежби за дишење), работиме и на допуштање на протокот на енергија низ телото. Таа има ефект на енергија, релаксирање

и лекување на телото. Буквално тоа е зголемување и рамнотежа на животната енергија во вашиот систем.

преку редовна и постојана практика на пранајама можете да го надминете целото тело!

Придобивките од Пранајама Повторно преку редовна и постојана практика на пранајама можете да го надминете целото тело! На физичко ниво со користење на техники на пранајма можеме да го искористиме и зајакнеме целиот спектар на w w w. s h u m . m k


J о га

Шодхана (Алтернативна ноздра дишење) или Сама Врити (Еднакво дишење), каде што инхалациите и издишувањето се еднакви во должина.

Нашите модели за дишење исто така се многу тесно поврзани со нашите емоционални состојби. Дишеме на поинаков начин кога сме лути, кога сме возбудени, уморни или кога сме нервозни. Сепак, тоа функционира и на друг начин. Ние можеме да се смириме или поттикнеме со менување на нашите модели на дишење. Со нашата свесност за нашиот здив, можеме да помогнеме да почнеме да ги менуваме нашите емоционални состојби.

наши респираторни органи. Ги истражуваме долните, средните и горните делови на здивот и го регулираме вдишувањето, задржувањето и издишувањето на здивот. Редовната практика на пранајама може да го стимулира парасимпатичниот систем, спречувајќи ја претераната стимулација на нашите тела за време на борбата или полетувањето. Панајамата е исто така идеална за секој спортист, бидејќи, колку што поконтролиран здив, толку поголема издржливост и контрола над умот и телото. w w w. s h u m . m k

Придобивките од Пранајама и техники Техниките на Пранајама имаат различни ефекти многу слични на асаните (јога-позициите). Повеќето видови на пранајама се практикуваат седнати со исправен рбет, на пример, во вкрстена нога, Херешка позема или Lotus Pose. Идејата е,здивот да е мазен,спор и не толку затегнат. Со еден збор, мек. Некои, како што се Kapalabhati Pranayama (Skull Shining Breath), го активираат и детоксираат телото со брз ритам и силни абдоминални контракции за да го исфрлат здивот. Други се балансираат или релаксираат како Нади

Најдобро е да се вежба пранајама наутро на празен стомак и во соба со свеж воздух. Некои видови пранајами не се препорачуваат ако сте во циклус, бремени или имате дигестивни проблеми, бидејќи тие вклучуваат абдоминални контракции со нагорно движење.

Пранајамата со брзи ритми или задржување на здивот не треба да се практикува ако имате астма, срцеви заболувања, хипертензија или сте бремени.

Пранајамата со брзи ритми или задржување на здивот не треба да се практикува ако имате астма, срцеви заболувања, хипертензија или сте бремени. Ова не е комплетна листа на мерки на претпазливост, ако имате специфична здравствена состојба ве молиме да разговарате со вашиот здравствен работник или локален јога-терапевт пред да вежбате. За да ги почувствувате вистинските придобивки од праранама, треба да развиете редовна пракса, но само со 20-30 минути дневно ќе се почувствувате поживо, свежо и избалансирано! 65


J о га

Книгата може да е купи во Федерација на планинарски спортови на Македонија

Intervju Kirkovski

66

Не одете на акции ако сметате дека не сте способни или ако тие акции се над границите на вашите можности. Подобро е малку да се потценувате, отколку да се преценувате, па така ќе можете да ја добиете онаа резерва која во евентуален случај може да биде одлучна „да се биде или да не се биде“. Пред сè, не трчајте и не обидувајте се да се докажувате. Ако некогаш се вратите без да стигнете на цел, не го земајте тоа при срце бидејќи планините ќе ве почекаат. Ако пак нешто ви се случи, можеби w w w. s h u m . m k веќе никогаш не ќе можете да ги посетите.


J о га

Пранајама

За секој

спортист Таа помага да се развие длабоко релаксираното дишење со тоа што се постигнува следново: Намалување на ритамот на дишење и зголемување на кислородот. Зголемување на циркулацијата на крвта до виталните органи. Ја циркулира и детоксифицира лимфната течност за да го забрза времето за обновување од тренингот до 15% позабрзано,со еден збор го елиминира заморот. Го зголемува капацитетот на белите дробови. Ги зајакнува белите дробови, дијафрагмата и меѓуребрените мускули. Дава оптимална брзина, виталност и издржливост.

Го нормализира срцевиот ритам. Кислородот е од суштинско значење за производство на АТП - хемиската основа за производство на енергија во телото. Правилните техники на дишење природно ги зголемуваат црвените крвни клетки. Правилното дишење (пранајама) дава висок степен на концентрација и ментален фокус. Мирниот и јасен контролиран ум е од есенцијално значење за секоја спортска трка или меч.

Авторката Александра Малиновска е сертифициран јога инструктор и личен тренер w w w. s h u m . m k

67


п а т у в а нЬ е

До

Machu Picchu и повисоко

Перу е перфектна туристичка дестинација. Планини, океан, стари градби, пустини, џунгла, одлична храна, воодушевувачки рељеф, традиција, суеверие 68

w w w. s h u m . m k


п а т у в а нЬ е

Автор

w w w. s h u m . m k

г о р а н н ик о л о ски 69


п а т у в а нЬ е

„Го гледате врвот? Нели личи на старец кој џвака кока ливчиња и гледа кон сонцето? Е, тоа е планината Machu Picchu“, рече Даниел, нашиот водич, пола Quechua, пола Шпанец, и мирно продолжи напред. „Овде“, покажувајќи кон куќата покрај пругата: “Hiram Bingham (професорот на Универзитетот Јејл, кој во 1911 година го открил Machu Picchu) се запознал со Malchor Artega, трагач по богатство, кој пијан му се пофалил на професорот дека знае каде е скриениот град на Инките“. Даниел неуморно продолжуваше со неговите приказни. И секоја му беше интересна… „Дали пред вас“, стоејќи среде Machu Picchu и покажувајќи неодредено кон планината, „ги препознавате трите свети животни кои го штитат Machu Picchu (пумата, кондорот и змијата)?“, не праша Даниел. Ние збунети гледавме наоколу. „Зарем контурите на планината Huayna Picchu не ве потсетуваат на пума со исправена глава?“ „Даааа?“ – рековме несигурно. „Зарем гребенот на планината не ве потсетува на раскрилен кондор?“ И навистина препознавме форма на кондор. „А, змијата?“ праша Даниел. „Каде е змијата?“ Ќутејќи, се вртевме наоколу. „Тоа е реката Урубамба, завиена околу подножјето на Machu Picchu“, рече Даниел ширејќи ги рацете. Во Лима ја купив книгата „The Lost City of the Incas“ од Hiram Bingham, и со денови не можев да ја испуштам од раце. Сите приказни што патем ни ги кажуваше Даниел, постепено 70

и стручно ги објаснуваше професорот Bingham. На Hiram Bingham му требале 6 дена пешки да стигне од Куско до Machu Picchu (80 км.). Ние, со планинарење по околните врвови, таму стигнавме за 4 дена. А, на помрзливите, со воз и со автобус, им треба само еден ден. А, како се стига до Machu Picchu? Со секојдневни авио летови од некој голем европски град (Амстердам, Париз, Мадрид) до Лима, потоа со авиод до Куско (Cuzco), а со возило до Mollepata, од каде што започнува Salkantay trek во должина од 60 км. Се оди по обележани патеки, се спие во шатори, во едноставни дрвени куќи, се поминува низ многу живописни места, мали села, под глечери, покрај извори на топла вода, низ џунгла, по пруга, покрај реката Урубамба која се влева во Амазон, се искачува до височина од 4.630

„Да го посветиме ова спиритуално патување на тие што ги сакаме, на тие што не се со нас, и на Pacha Mama, и на Apu Salkantay. Сите ги наведнавме главите и веднаш ни одлетаа мислите кон најблиските.“

метри и се спушта до 2.000 метри, и на крај се стигнува до Machu Picchu, на 2.430 м. На почеток на планинарењето, држејќи се со рацете во круг, Даниел кажа молитва: „Да го посветиме ова спиритуално патување на тие што ги сакаме, на тие што не се со нас, и на Pacha Mama, и на Apu Salkantay. Сите ги наведнавме главите и веднаш ни одлетаа мислите кон најблиските.“ Само што почнавме со планинарењето Даниел се одвои напред. „Од каде му е таа сила на овој 60-годишен човек?“ се прашував одејќи зад него. Приметив дека околу вратот носи торбичка во која често посегнуваше и нешто ставаше во устата. „Кока ливчиња“ рече Даниел, „Пробајте. Даваат сила и помагаат против висинската болест“. Зедов неколку суви кока ливчиња, ги иситнив со раката и ги ставив во уста. w w w. s h u m . m k


п а т у в а нЬ е

„Пробајте. Даваат сила и помагаат против висинската болест“

„Џвакај ги, но не ги голтај. Шмукај ги алкалите“, ме поучи Даниел. За кратко време почувствував дека ми се здрви устата, како да примив локална анестезија во вилицата. Се искачивме на 4.630 метри, на седлото под врвот Salkantay висок 6.271 м. Salkantay на јазикот Quechua, ни објаснуваше Даниел, значи„Нема како него, нема подобар од него, див, груб, непобедлив“. Меѓу планинарите планината Salkantay е позната како „Savage Mountain“ (Сурова/ Дива Планина). После краткиот одмор, продолживме надолу, кон Санта Тереза, една од попатните станици кон Machu Picchu. Во Санта Тереза имаше топли термални извори и најдолгата Зип линија во Јужна Америка (долга еден километар). Всушност, имаше 5 метални сајли и еден расклатен висечки мост над реката w w w. s h u m . m k

А, Machu Picchu е едно од најубавите места што сум ги видел. Изградено на седло меѓу два врва, и „загрнато“ од реката Урубамба. Каде и да се свртевме гледавме високи врвови, длабоки кањони, камени тераси и зеленило. Денеска се останати седумстотини камени тераси, природно споени со околината, кои го зачувале градот од ерозија на земјата на стрмниот предел. Дневно и по 5000 луѓе го посетуваат Machu Picchu така што нема време за медитација, за барање енергетски точки и осамување. Градот бил граден меѓу 1450 и 1540 година и останал неоткриен од освојувачите

Sacsara. „Сакаш да леташ како кондор?“, ме праша водичот. „Yesssss“, викнав силно, не знаејќи што ме очекува. Ставив шлем на главата и ракавици на рацете, облеков појас. „Рашири ги рацете, спој ги нозете и … уживај“, ми рекоа. „Ако почнеш да се вртиш околусебе, само собери ја едната рака и управувај со другата“. „Спремен?“. И пред да кажам ДА, веќе летав како кондор. „Ззззззззззз“, ми зуеше тркалцето над главата, срцето ми лупаше како лудо, а потта ми капеше од челото. Неверојатна адреналинска инјекција. Наредниот ден, по железничка пруга пробиена низ џунглата, тргнавме кон Aguas Calientes (Machu Picchu pueblo). Тоа е мало гратче, со многу хостели и хотели, железничка пруга и автобуси со кои за 25 минути се стига до локалитетот Machu Picchu. 71


72

w w w. s h u m . m k


w w w. s h u m . m k

73


п а т у в а нЬ е

се до 1911 година. Со текот на времето, полека тонел во заборав и бил покриен од вегетација. Сите го заборавиле вистинското име на градот, па сегашното име е според планината Machu Picchu која надвиснува над градот. Machu (на јазикот Quechua) значи „Стар или Стар човек“, а Picchu „Врв“. Според едни археолози Machu Picchu било религиозно место, други тврдат дека тоа било затвор, трети место за крунисување на кралевите, четврти - простор за тестирање на земјоделски 74

производи, пети - место за престој на жени … Не е пронајден ниту еден запис во камен или дрво за да потврди барем една од теориите за локалитетот. Америчкото здружение на градежни инженери го прогласило локалитетот Machu Picchu за симбол на светското градежно инженерство, нагласувајќи ја иновативноста и генијалноста на градителите. И после 500 години од изградбата на градот, не може да се провлече нож меѓу ѕидовите. Во наредните денови шетавме

Скоро се е направено од трска: островот, куќата, креветот, столиците, бродовите.

низ „Светата долина на Инките“ (Valle Sagrado de los Incas), на 20-тина километри од Куско. На секој чекор има по некое археолошко наоѓалиште од времето на Инките. Písac, Ollantaytambo, Chinchero. Во селото Chinchero, за кое се вели дека е мистичното родно место на виножитото, посетивме католичка црква изградена врз храм на Инките, со неверојатно убави фрески кои се комбинација на католички и традиционални мотиви. Вистински бисер. Бевме и на езерото Титикака, на границата со Боливија, најголемото езеро во Јужна Америка и највисокото пловно езеро на светот (3812м.). Спиевме на пловечките острови Uros, направени од трска од страна на локалното население Uru. Скоро се е направено од трска: островот, куќата, креветот, столиците, бродовите. Пред да се вратиме дома, поминавме неколку денови во Лима, главниот град на Перу. Десетмилионски град, трет град по број на жители во Америките (после Мексико сити и Сао Паоло). Град на Тивкиот Океан, град на контрасти. Богатите жители живеат покрај океанот, а посиромашните по околните ридови. Градската архитектура е мешавина на стилови; манастири, катедрали и плошатади од колонијалното време, неокласични градби од времето на здобивање на независноста и стаклени висококатници и огромни фонтани од најново време. Покрај океанот има долга променада по која граѓаните на w w w. s h u m . m k


п а т у в а нЬ е

Лима трчаат, возат велосипеди, вежбаат, сурфаат. Перу е перфектна туристичка дестинација. Планини, океан, стари градби, пустини, џунгла, одлична храна, воодушевувачки рељеф, традиција, суеверие.

Перуанците се многу суеверни луѓе. Веруваат во Господ, но и во Taita Inti (Таткото Сонце), во Pacha Mama (Мајката Земја), во водата, во природата. Вели Даниел: „Андеанците имаат две верувања, две религии во едно, католицизмот и

сонцето“држејќи кока ливчиња во раката додека се крстеше и гледаше кон сонцето. „Викај ме Machu (Стари)“, ми рече Даниел. „Чест ми е ако ме викаш така“. И секогаш кога ќе го викнев Machu, ќе се насмееше.

Станете дел од големото семејство на планинарски водичи при ФПСМ

Комисијата за планинарски водичи во соработка со Центарот за стручно образование при Федерацијата за планинарски спортови во Македонија (ФПСМ) најавуваат обука за планинарски водичи за Категорија А1 (Планинарење по лесни патеки во летни услови). Термин: 22 – 27.05.2018 Обуката за Категорија А1, која опфаќа основно водење во суви услови, по лесни означени и лесни неозначени патеки, се состои од теоретско – практичен дел во траење од 55 часа.

www.fpsm.org.mk

www.facebook.com/FederacijanaplaninarskisportovinaMakedonija/ Е-маил адреси: contact@fpsm.org.mk , goran.nikoloski@t.mk w w w. s h u m . m k

75


Интересно

Вистинските Херои

Phortse, најинтересното село на светот Автор

С

г о р а н н ик о л о ски

е воодушевуваме кога ќе чуеме за искачување на највисокиот врв на светот Монт Еверест и тоа го сметаме за врвен спортски дострел кој се прави еднаш во животот. Па следуваат честитки, признанија, телевизии, спортски пензии ... А, што мислиме за луѓето што повеќепати ги искачиле највисокиот врв на светот?

76

Неразумни? Луди? А, луѓето кои повеќе од 10 пати се искачиле на највисокиот врв на светот Монт Еверест? „Скроз откачени“? Или живеат од тоа? На ова воопшто и не помислуваме. Во април 2017 година, одморајќи се во планинарската куќа во Phortse Thanga, на 3.600 метри надморска височина, ја прелистував брошурата

Himalayan Homes Directory 2013, www.hallohimalayanhomes. com во која се рекламираат планинарските куќи (lodges) на Хималаите. И, на страна 121 од брошурата прочитав дека 57 селани од селото Phortse, во Непал, до 2013 година, 261 пат се искачиле на највисокиот врв на светот Монт Еверест. Таа бројка денеска (2018) сигурно е околу 300 пати. w w w. s h u m . m k


Интересно

Селото Phortse

Danuru Sherpa се искачил на Монт Еверест четиринаесет пати, Mingma Tenzing Sherpa се искачил осум пати, Nawang Tenjing Sherpa еднаш, Son Dorjee Sherpa десет пати. Rita Dorjee Sherpa девет пати. Итн. Нивните комшии од соседните села се искачиле и повеќепати. Apa Sherpa, познат како Супер Шерпа, од блиското село Thame, се искачил дваесет и еден пат на Монт Еверест. И се пензионирал. А, Phurba Tashi Sherpa од соседното село Khumjung кој се искачил дваесет и еден пат на Монт Еверест и Ang Dorje Sherpa од селото Pangboche кој се искачил деветнаесет пати на Монт Еверест, сеуште качуваат. Кои се тие „Супер луѓе“? Тоа е населението со име Шерпа, кои живеат на Хималаите и има извонредни кондициски и физички способности за живот и работа на големи височини. Во w w w. s h u m . m k

високите планински делови на Непал, Индија, Кина и Бутан живеат етничките Шерпи (Sherpa), кои во Непал ги има околу 150.000. Тие се етничка група со потекло од Тибет, со свој јазик и обичаи. Селото Phortse, на 3.840 метри надморска височина, се наоѓа во долината Khumbu, во

националниот парк Sagarmatha во Непал, на главната патека која води до највисокиот врв на светот, Монт Еверест. Во селото живеат околу 80 семејства, има неколку планинарски куќи за престој на туристите и во 2003 година изграден е спортски качувачки центар наречен Khumbu Climbing Centre.

77


Интересно

da so svoje znanje pridobili v naši šoli. To je priznanje za njih in tudi za nas. Zaradi izmenjave izkušenj in znanja. Tudi naši inštruktorji so si v Nepalu pridobivali dragocene izkušnje pri usposabljanju drugih, posebej take v visokih gorah. To je spoznala tudi Slovenska vojska, ki je tja večkrat poslala svoje inštruktorje.

Šola ima (je imela) v Nepalu velik ugled Naša šola, na katero smo lahko upravičeno ponosni, saj smo v njej dajali svoje, slovensko znanje, slovenske izkušnje in ne prenašali tujih. Po njej smo (bili) Slovenci znani praktično po vsem alpinističnem svetu – od Evrope do Združenih držav, od Azije do Avstralije. Vodniki, ki smo jih vzgajali na teh tečajih, so se nato srečevali, vodili turiste z vseh koncev sveta, sodelovali na odpravah, trekingih in tako prenašali slovensko znanje in védenje o Sloveniji kot alpinistični velesili tudi na druge. Zanimive so bile besede ameriških prostovoljcev, od katerih je eden delal v Langtangu na vodooskrbnih sistemih,

drugi pa na izobraževanju v Tibetu in Nepalu: "Kako lahko tako majhna država, kot je Slovenija, daje tako veliko pomoč Nepalcem, ki jim je druge, bistveno večje in bogatejše države ne dajejo!"

Glavni problem Politika ne bije svojih bitk samo v Evropi, ampak po celem svetu. Tudi v Aziji. Čeprav je Nepal relativno majhna dežela, ima dve veliki sosedi. Imeli smo vse možnosti sodelovanja tudi z Indijo, saj smo vzpostavili pristne stike z njihovim predstavnikom, vendar do tega ni prišlo, ker pri nas pri odgovornih državnih organih na že utečeno sodelovanje ni bilo nobenega odziva, kaj šele, da bi začeli novega. Vse do razpada Jugoslavije, ki je tem tečajem nudila stalno, čeprav ne tudi obilno pomoč, saj se je dobro zavedala, koliko táko delo pomeni, smo za ta projekt dobivali določena sredstva tudi od državnih organov od Zavoda za mednarodno tehnično in ekonomsko sodelovanje (ZAMTES). Prvih pet let smo za dva inštruktorja dobili okoli 10.000 takratnih

4

Селаните живеат од земјоделие и од учество во експедициите за искачување на највисоките врвови на Хималаите. Искачувањето на Монт Еверест денеска станува брзорастечки бизнис и „машина за пари“ за сите што се вклучени во него. Се плаќа мало богатство за да се стои на највисокиот врв на светот. 40.000 - 50.000 американски долари. Шерпите им помагаат на качувачите да си го остварат својот сон. Тие живеат од тоа. SLOVENSKA ŠOLA V NEPALU И умираат. Скоро 40% од сите кои што умираат при искачувањето на Монт Еверест и на другите високи хималајски врвови, се Шерпите и помагачите од другите непалски Bojan Pollak Kratek povzetek dela šole националности. За луѓето Dvanajstega oktobra 2014 je minilo natančno petintrideset let, odkar je v Nepalu prvih dvajset udeležencev tečaja za vodnike prejelo однадвор, смртта наgorske некој diplome o uspešno končanem usposabljanju, ki so ga izvedli Jože Непалец кој им помага да Andlovic, Danilo Cedilnik in Jernej Zaplotnik pod vodstvom се Aleša Kunaverja. To je bil poleg alpinističnih odprav nedvomno eden od искачат на врвот на светот е največjih in tudi najuspešnejših mednarodnih projektov Planinske zveze Slovenije,само ki je slovensko planinstvo inодвлекување alpinizem trajno zapisal безначајно v zgodovino. Da je "šola" uspešno delovala, je vse do svoje smrti leta на вниманието. Но, има и za луѓе 1984 skrbel Aleš Kunaver, nato Peter Markič do leta 1995, njim pa

кои сакаат да им помогнат. Поранешна Југославија, а најмногу планинарите од Словенија, во 1977 година, во селото Мананг, во Непал, започнаа со изградба на алпинистичка школа за образование на водичи од Непал. „Домаќините треба да бидат школувани“ велел Алеш Кунавер од Словенија, главниот организатор на проектот. „Алпинистички необразуваните Шерпи учествуваат во сите експедиции на Хималаите. Веќе има премногу несреќи, da so svoje znanje pridobili v naši šoli. To drugi pa na izobraževanju v Tibetu in je priznanje za njih in tudi za nas. Nepalu: "Kako lahko tako majhna država, а,7 треба и да ги оспособиме Zaradi izmenjave izkušenj in znanja. Tudi kot je Slovenija, daje tako veliko pomoč naši inštruktorji so si v Nepalu pridobiNepalcem, ki jim je druge, bistveno večje за планински водичи и vali dragocene izkušnje pri usposabljanju in bogatejše države ne dajejo!" drugih, posebej take v visokih gorah. To самите да водат планинари“, je spoznala tudi Slovenska vojska, ki je tja Glavni problem ne bije svojih bitk samo v Evropi, večkrat poslala svoje inštruktorje. го објаснувал Алеш Politika Кунавер ampak po celem svetu. Tudi v Aziji. Čeprav Šolaсвоето ima (je imela) je Nepal relativno majhna dežela, ima dve и вклучувањето v Nepalu velik ugled veliki sosedi. Imeli smo vse možnosti soNaša šola, na katero smo lahko upraviče- delovanja tudi z Indijo, saj smo vzpostavili на своите пријатели во no ponosni, saj smo v njej dajali svoje, slo- pristne stike z njihovim predstavnikom, vensko znanje, slovenske izkušnje in ne vendar do tega ni prišlo, ker pri nas pri образованието на Шерпите. prenašali tujih. Po njej smo (bili) Slovenci odgovornih državnih organih na že znani praktično po vsem alpinističnem utečeno sodelovanje ni bilo nobenega И така, почнувајќи од 80svetu – od Evrope do Združenih držav, odziva, kaj šele, da bi začeli novega. od Azije do Avstralije. Vodniki, ki smo jih Vse do razpada Jugoslavije, ki je tem тите години на XX век, па до vzgajali na teh tečajih, so se nato srečetečajem nudila stalno, čeprav ne tudi vali, vodili turiste z vseh koncev sveta, obilno pomoč, saj se je dobro zavedala, денес, во школата во Мананг sodelovali na odpravah, trekingih in tako koliko táko delo pomeni, smo za ta prenašali slovensko znanje in védenje o dobivali določena sredstva tudi od се образувани околуprojekt 1000 Sloveniji kot alpinistični velesili tudi na državnih organov od Zavoda za mednarodruge. Zanimive so bile besede ameriških dno tehnično in ekonomsko sodelovanje Непалци кои учествуваат во prostovoljcev, od katerih je eden delal (ZAMTES). Prvih pet let smo za dva

Veliko težav, a vse s srcem

Planinski vestnik | JanUaR 2015 | |

Bojan Pollak ob pomoči Toneta Škarje in drugih do vključno leta 2013.

1

Zakaj šola v Nepalu?

1

Zaradi pomoči ljudem, ki jo potrebujejo. Nepalci imajo izredno kondicijo in fizične sposobnosti za delovanje tudi na velikih višinah, vendar jim manjka tehničnega znanja, ki ga dobijo na našem osnovnem tečaju. S končanim osnovnim tečajem laže dobijo zaposlitev, predvsem pa so pri svojem delu bistveno varnejši. Kot

78

ne govorimo. Lahko se pohvalimo, da je tečaje, na katerih smo sodelovali, obiskalo več kot devetsto ljudi. Zaradi uveljavitve države in Slovencev. Slovenci smo poznani po svetu tudi zaradi športa. Športna tekmovanja ponesejo glas o Sloveniji po celem svetu, vendar tak glas kmalu zamre, če ni vedno novih in novih dosežkov. Alpinizem je

2

v Langtangu na vodooskrbnih sistemih,

Izdelava notranje opreme za šolo leta 1980. Predavalnica je bila končana, tako da so bila predavanja že v njej, bivalni prostori pa še niso bili opremljeni in smo bivali še v šotorih. Foto: Bojan Pollak Ob slovesnem odprtju šole so na strehi učilnice predstavniki Jugoslavije: Aleš Kunaver, ambasador

inštruktorja dobili okoli 10.000 takratnih

4

w w w. s h u m . m k


Интересно

експедиции за искачување на високите хималајските врвови. „Чудно ни е кога подучуваме за обезбедување при искачување кандидат кој веќе три пати бил на Монт Еверест“ велат европските и американските инструктори кои во спортскo качувачкиот центар (KCC - Khumbu Climbing Centre) во селото Phortse ги учат Непалците не само за високогорско искачување, за безбедносни вештини, туку и за комуникациски вештини, меѓучовечки односи, и за менаџирање на ризиците. Монт Еверест е врвен тест за сите авантуристи кои сакаат да ги надминуваат физичките граници, но Шерпите се вистинските херои на Хималаите. Тие живеат и работат на големи височини и нивната извонредна физичка подготвеност е бесценета при искачувањата на високите хималајски врвови. w w w. s h u m . m k

Првото успешно искачување на Монт Еверест било на 29 мај 1959 година (Edmund Hillary од Нов Зеланд и Tenzing Norgay, Шерпа од Непал) На Монт Еверест се искачиле 4.833 луѓе, од кои 536 жени (заклучно со 2017 год.). Досега има 288 жртви. Во 63% од сите експедиции гине по еден член при искачувањето на Монт Еверест. Reinhold Messner од Италија е единствениот планинар на светот кој самостојно и без дополнителен кислород се искачил на Монт Еверест. Jordan Romero од САД со 13 години и 10 месеци е најмладиот искачувач на Монт Еверест.

Американецот Dave Hahn се искачил 15 пати на Монт Еверест, а не е Шерпа. Планинарите при хималајските експедиции дневно трошат околу 10.000 калории. На денот на искачување на Монт Еверест, планинарите трошат и по 20.000 калории. 22-ца се спуштиле од Монт Еверест со скии или со даска за скијање. Шерпите најчесто носат име според денот во кој се родени: • Dawa – Понеделник • Mingma – Вторник • Lhakpa – Среда • Phurba – Четврток • Pasang – Петок • Pemba – Сабота • Nyima – Недела 79


Иван е Лекар и планинарски водич и учествувал на многубројни експедиции. Поради неговото големо искуство го нарекуваат експертот иван

Ќе има громови. Би било добро да ве однесам со возило.

УДАР НА ГРОМ

80

w w w. s h u m . m k


Не знам што би направила ако ме зафати вакво невреме на планина.

Прво, треба се да направиш за да не дојдеш во таква ситуација. Затоа треба редовно да следиш што се случува на небото. Пред да појдеш на планина, провери ги и временската прогноза и предупредувањата. Ако и покрај се ти се случи невреме, следи ги следните правила.

Зависи од ситуацијата.

Избегнувај највисоки точки!

Избегнувај остри предмети!

Избегнувај превиси и влажни падини!

Избегнувај пукнатини и жлебови!

Не стои под осамени дрва!

Свиј се и изолирај се што подобро од подлогата.

Плитка јама, која притоа е и влажна, не е добро засолниште. Во неа е опасно исто како и надвор од неа. Сигурно засолниште нуди длабока јама, или куќа, дури и метална.

w w w. s h u m . m k

Во карпите побарај мал превис, врзи се добро и одвој се и од карпата и од тлото.

81


Убиствено

Ударот на гром не мора да значи смрт. Ќе имаме опекотини на кожата или оштетувања на внатрешните органи од електричниот удар.

На пр., оштетување на срцето, мозокот, црниот дроб, бубрезите.

Пристигнавме. Лека ноќ.

Лека ноќ Иван. Фала. Да, но не сосема.

Стрипот „Планинска медицина за сите“ оргинално е објавен во рамките на Alcotra project Résamont2 (2011-2013). Дел од стрипот е објавен со дозвола на ФПСМ.

82

w w w. s h u m . m k


Интересно

Флора и фауна Н а т а л и и н а ра м он д а (М а к . ) N at a l i a ’s R a m o n da ( А н г л.) R a m on d a na th a l i ae (Ла т . ) R am o n da i N a t al i i t ( А л б . ) Надморска височина на која се среќава растението: 350 – 2150 м. Терциерен реликт (растителни видови останати од некогашен геолошки период) Балкански ендемит (растенија со природно распространување во одреден регион што не се среќаваат на друго место. Период на цветање: март, април и мај

Станишта на кои растението може да се забележи по конкретна патека или на целиот шарпланински масив: пукнатини од карпи; обично се забележува на карпи со северна експозиција. w w w. s h u m . m k

83


Детско

катче

Децата

природни јогини

Предности

Автор

А л е к с а н д р а ма л и н о в ска

во последниве години јогата стана вообичаена за возрасните, но дали некогаш сме размислувале да ја споделиме оваа пракса со нашите деца? Јогата може да има значителна корист за децата, а на некој начин, можеби дури и повеќе отколку што им дава на возрасните 84

1

Јогата е неконкурентна. Во денешниот свет слушаме толку многу за да бидеме најдобри и да постигнеме најмногу. Јогата ги учи децата дека нивните тела се различни; различни тела прават различни работи и сето тоа се во ред. Никој не е подобар или полош во јогата ; сите ние само ги истражуваме нашите тела и учиме од нив на свој начин. Јогата е навистина за секое тело. w w w. s h u m . m k


Детско

2

Јогата учи на себеприфаќање. Како што на децата им дава можност да научат нешто што е неконкурентно, исто така ги учи децата да ги прифаќаат и да се негуваат себеси кави што се. Повторно, со општеството што испраќа толку многу пораки на несоодветност, јогата ги учи децата да се сакаат. Научив млад, ова е неверојатно вредна лекција за децата која ја зголемува самодовербата што доаѓа во текот на тинејџерските години и подоцна.

3

Namaste: (Светлината во мене ја гледа светлината во вас.) Јогата ги учи децата на прифаќање и толеранција кон другите. Во јога праксата, децата учат рано во животот дека сите живи суштества треба да бидат негувани и почитувани какви што се, со што се помага да се создаде помирен свет во нашата иднина.

4

Јога поттикнува здрави навики. Секоја програма за вежбање која ќе се започне во детството им помага на децата да останат физички активни и здрави како начин на живот. Сепак, Јогата ги подучува децата не само на здрави навики, туку и на здрав пристап кон јадењето и го оспособува да се смири и да го фокусира умот.

5

Фокус. Фокус. Фокус. Живееме во свет на одвлекување на вниманието. Се повеќе и повеќе во овие денови, децата изгледаат како дека не можат да се фокусираат на ништо за пристоен временски период. w w w. s h u m . m k

катче

Јогата може да помогне со тоа. Ги учи децата да бидат присутни и да се концентрираат и да се фокусираат на нивното дишење. Тие учат како дишењето може да им помогне во текот на денот, во секоја ситуација. Тие учат да се фокусираат на позицијата така што учат правилно усогласување на телото, и притоа да научат да се фокусираат на нивните тела и како тие функционираат - насочување на секој екстремитет или дел од телото низ нијанси на поза.

Децата се всушност природни јогини. Нивната вродена доверба во другите, во комбинација со недостатокот на ограничувања, им овозможува да ги применат учењата на јогата и да растат од нив на инспиративни начини.

Јогата ги учи на техники на смирување. Младите деца се занимаваат со фрустрации најчесто со плачење и исфрлање на бесот. Кога учат правилно здрави техники за дишење и алатки за да го фокусираат умот, тие почнуваат да учат како да ги применуваат тие алатки во секојдневниот живот и соодветно да реагираат на секоја ситуација. Како возрасен, гледам подобрувања во оваа област врз себе. Замислете ако ги пренесеме овие техники на децата?

7

Децата учат самосвест преку јогата. Повторно, во насочувањето на нивните тела низ позициите, децата учат повеќе за нивните тела и за што се способни. Тие учат повеќе за нивните умови и како можат да влијаат не само на сопствените ставови и пристапи кон животот, туку и на ставовите на другите. Тие учат дека можат да го постигнат тоа преку своите мисли и како избираат да реагираат на било која дадена ситуација. Кога телото, умот и духот работат заедно, тоа им помага на децата подоцна да се развијат во сигурни, љубезни, одговорни лица.

8

Јогата помага за позитивно метално здравје кај децата. Кога децата учат да се прифатат и да се сакаат себеси за тоа кои се, да го 85


Место за Вашата

реклама преземи маркетинг материјал

погледнете го првиот број на Шум

погледнете го вториот број на Шум


Детско

катче

видат доброто во другите, да ги фокусираат и смират своите умови и да бидат свесни за своите вродени способности, учат алатки за издржливост. Поголема е веројатноста да бидат позитивни, оптимисти за животот и нивните способности... Можеби најважно, јогата ги учи децата дека релаксацијата е дозволена. Релаксирањето не е лесно и учењето да се релаксира може да потрае,но затоа резултатите се магични. На децата им се вели дека треба да бидат ангажирани и продуктивни. Тие во текот на денот, а честопати пред спиење, преминуваат од една во друга активност. Јогата ги учи децата да се смират. Ако децата научат како да се смират, ќе можат подобро да го разберат стресот и притисоците кои ќе им се случуваат подоцна во животот. Децата се всушност природни јогини. Нивната вродена доверба во другите, во комбинација со недостатокот на ограничувања, им овозможува да ги применат учењата на јогата и да растат од нив на инспиративни начини. Возрасните имаат многу да учат од начинот на кој децата ја впиваат јогата! Ако можеме да ги водиме до таму, ние не само што ке имаме корист од тоа туку ќе уживаме и ние додека уживаат и тие во тоа. За среќно детство и среќни деца! w w w. s h u m . m k

Авторката Александра Малиновска е сертифициран јога инструктор и личен тренер

87


w w w. s h u m . m k

ШУМ магазин  

Бесплатно електронско списание за сите љубители на спортските авантури. Нашите приказни за спортските активности се со автентичен глас. Во...

ШУМ магазин  

Бесплатно електронско списание за сите љубители на спортските авантури. Нашите приказни за спортските активности се со автентичен глас. Во...

Advertisement