Issuu on Google+


• Америка е термин кој се користи за заедно да се означат континентите Северна Америка и Јужна Америка. Оваа огромна земјена маса се наоѓа меѓу Атлантскиот и Тихиот Океан. Терминот често ги вклучува и Карибите, односно островите во Карипското Море, и Гренланд, иако не и Исланд, заради културни и историски причини. Средна Американајчесто географски се смета за дел од Северна Америка. Америка често се нарекува Западна Хемисфера, или за време на колонијалната ера, Новиот Свет.


• Најчесто кога се зборува за Америка, во македонскиот јазик, се претпоставува дека се работи за два континента -Северна Америка и Јужна Америка. Но, во шпанскиот јазик на пример, се претпоставува дека се работи за еден континент, Америка. Се случува и во македонскиот јазик да се најде референца за Америка како Новиот Свет во целина, како на пример во реченицата: „Кристофер Колумбо ја открил Америка.“


Создавање на САД • Во почетокот на XVI век, на американскиот континент стигнале првите доселеници, со надеж дека ќе најдат злато, но мнозина умреле од маларија, а некои се вратиле таму одкаде што дошле. До крајот на XVIII век најмногу доселеници имало од Англија, бидејќи таа ги победила Холандија и Франција и ги истиснала нивните доселеници. Таму имала 13 колонии со околу 3.5 милиони жители. Реката Потомак ги делела овие колонии на северни и јужни. Во северните колонии преовладувало ситно селско фармерскостопанство во кое бил применуван слободниот труд. Во јужните колонии имало огромни плантажи на тутун, памук, шеќерна репка и др. каде бил во употреба бесплатниотробовски труд.


Сојузните држави на САД се вкупно педесет на број и заедно со округот Колумбија и атолот Палмира ги сочинуваат Соединетите Американски Држави. Секоја држава има свој гувернер кој управува со државата

.


Војна за независност •

Англискиот парламент за да ги заштити интересите на својата буржоазија, настојувал да го ограничи развитокот на трговијата и индустријата на американските колонии. Забранил да се гради машинска и текстилна индустрија, а производите од овие гранки наредил да се увезуваат од Англија, забранил луѓето бесплатно да се населуваат во западните краеви, што ги држеле Индијанцијате. Овие огромни предизвикале незадоволство во американските колонии и кај младата американска буржоазија. Револтот бил уште поголем кога бил донесен законот за Такса, со кој во сите трговски операции се наплаќале такси во полза на Англија. Претставници на американските колонии во 1774 г. се собрале на конгрес во Филаделфија и го замолиле англискиот крал да ги укине сите ограничувања. Кралот ги одбил нивните барања и тоа било повод во 1775 г. колониите да започнат борба за слобода и независност, на чело со големиот патриот Џорџ Вашингтон (1732-1799 г.). Колонистите се чувствувале како Американци и во борбата влегувале доброволно и со голем патриотски дух. Во текот на војната американскиот конгрес на 4 јули 1776 г. ја донел Декларацијата за независност, што ја подготвил Томас Џеферсон. Со неа американските колонии се прогласиле за самостојна, слободна и независна држава под име Соединети Американски Држави САД. На страната на американските колонии се бореле Франција и Холандија кои сакале да го уништат својот најголем непријател - Англија. Војната завршила во 1781 г. со победа на Американските колонии, а во1783 г. во Версај, Англија ја признала независноста на САД.


Државно уредување на САД •

Уште во текот на војната, во 1781 г. бил донесен првиот Устав на новата држава, со кој таа била прогласена за конфедерација. Конфедерацијата претставувала не многу цврст сојуз на држави. Во неа секоја држава имала сопствена војска, финансии и царински граници. Ваквото државно уредување се покажало несоодветно, па во 1787 г. Конгресот донел нов Устав со кој била засилена централната власт. Со новиот Устав се предвидувало на чело на извршната власт на републиката да стои претседател,избиран на 4 години. За прв претседател на САД бил избран Џорџ Вашингтон. Законодавната власт ја имал Парламентот, наречен Конгрес, составен од два дома: Горен дом или Сенат, во кој секоја држава испраќала по двајца претставници, и Долен дом или Дом на пратениците, во кој секоја држава избирала пратеници според бројот на жители. Над сите органи стоел Врховниот суд, кој можел да поништува секакви закони за кои сметал дека се противуставни. Изборното право на граѓаните било ограничено, право на глас имале само оние кои имале сопственост, жените не добиле право на глас и ропството не било укинато.


Во овој список се наведени само имињата на линостите кои дале заклетва за да станат Претседатели на Соединетите Американски Држави по ратификацијата на Уставот на САД, важечка од 1789 год. За американски лидери пред ратификацијата, видете Претседател на Континенталниот Конгрес. На листата не стојат вршители на должноста поАмандман XXV од Уставот на САД. Бројките означуваат последнователност на мандати во службата. На пример, Џорџ Вашингтон служел два пати, и се брои за прв претседател (а не за прв и втор). Џералд Фордстанал претседател по оставката на Ричард Никсон, служејќи го остатокот од Никсоновиот втор мандат. Фактот што Форд не бил изгласан не влијае врз броењето, што го прави 38миот претседател. Гровер Кливленд служел повеќе од еден мандат, но не последнователно и затоа се брои како 22-риот и 24-тиот претседател на САД. Поради ова, листава содржи 43 претседателствувања, а само 42 личности.


Доколку планирате да ги посетите САД, посветете внимание. Може лесно да прекршите еден од тамошните закони, а да не ни знаете за тоа. Не говориме за очигледното незаконско однесување, како и секаде во светот. Се работи за несекојдневни престапи што може да ве фрлат во неволја. Според законот што се` уште е на сила во Глендеј, Аризона, на пример, може да бидете уапсени доколку возите во рикверц! И, да не кажете дека не сме ве предупредиле: не е дозволено да спиете во фабриките за производство на сирење во Јужна Дакота. Не може да поставите стапица за глувци во Калифорнија без да имате дозвола за лов. Задевајте го животното смрдливец во Минесота, или пак направете гаргара на јавно место во Њу Орлеанс, Луизијана, и може да завршите зад решетки. Ако патот ве нанесе во Јута, не ловете китови, без оглед на фактот што најблискиот океан е на 1.500 километри од оваа сојузна држава! Сите овие се стари, стари закони што веројатно имале смисла кога биле донесени, но не и денес. Но, никому не му текнало да ги укине.


Интересна паралела меѓу Абрахам Линколн и Џон Ф. Кенеди • • • • • • • • • • • • • •

Абрахам Линколн беше избран во Конгресот во 1846 година, додека Џон Ф. Кенеди беше избран во Конгресот во 1946. Абрахам Линколн беше избран за претседател во 1860 година, додека Џон Ф. Кенеди беше избран за претседател во 1960 година. Двајцата беа посебно загрижени за граѓанските права, а нивните сопруги ги изгубија своите деца додека живееја во Белата куќа. Двајцата претседатели беа убиени во петок и беа застрелани во главата. Сега станува навистина чудно. Секретарката на Линколн се прозиваше Кенеди, додека секретарката на Кенеди се прозиваше Линколн. Двајцата беа убиени од јужњаци, а исто така беа заменети од јужњаци со презиме Џонсон. Ендриу Џонсон кој го замени Линколн беше роден во 1808 година, додека Линдон Џонсон кој го замени Кенеди беше роден во 1908 година. Џон Вилкс Бут кој изврши атентат врз Линколн беше роден во 1839 година, додека Ли Харви Освалд кој го уби Кенеди беше роден во 1939 година. Двајцата атентатори беа познати по нивните три имиња. Двете имиња се составени од по 15 букви. Линколн беше застрелан во театарот наречен „Форд“, додека Кенеди беше застрелан во автомобил „Линколн“ од производителот „Форд“. Линколн беше убиен во театар, а неговиот убиец побегна и се сокри во еден магацин, додека Кенеди беше убиен од еден магацин, а неговиот убиец побегна и се сокри во театар. Двајцата атентатори, Бут и Освалд беа убиени пред нивните судења. Една недела пред да биде убиен Линколн тој престојуваше во Монро, Мериленд, додека една недела пред да биде убиен Кенеди беше со Мерлин Монро.


Америка - Проект по Историја