Issuu on Google+


ОПЕДГОВОП Со големо задоволство Ви ја претставуваме програмата “Млади во акција” (Youth in Action Programme) во Република Македонија. Со отворањето на оваа Програма, македонските граѓани и граѓанските организации активни во областа на млади, за првпат ќе имаат можност да иницираат проекти во кои крајни корисници се младите, а истовремено ќе имаат можност да ја зголемат соработката и размената на искуства со своите партнери од Европа. Програмата “Млади во акција“, преку специфичните дизајнирани активности во вкупно пет Акции, овозможува: активно учество на младите во граѓанското општество и во современите демократски процеси на регионално, на национално и на европско ниво, го поттикнува и развива духот на солидарност и на разбирање меѓу младите луѓе, овозможува зајакнување на меѓукултурниот дијалог, заедничката толеранција и соработка, овозможува надминување на предрасудите и стереотипите и сето ова со една единствена цел, да се изгради современо демократско општество врз основа на заедничко разбирање и почитување. Во Македонија, активностите во рамките на програмата “Млади во акција“, во првата година, ќе бидат спроведени преку т.н. подготвителни мерки. Во оваа фаза, во програмата “Млади во акција“ се одредени определен број акции за кои во 2009 година, за Република Македонија беше објавен Посебен повик за пилот-проекти. Во 2009 година, за апликантите од Република Македонија беа достапни во првите рокови за доставување апликации за пилот-проекти: Акција 1.1 – Младински размени; Акција 2 – Европски волонтерски сервис и Акција 4.3 - Обука и вмрежување на активните во младинската работа и младинските организации.

CIP - Каталогизација во публикација Национална и универзитетска библиотека “Св. Климент Охридски”, Скопје 371.253.044.4(497.7)”2007/2013” MЛАДИ во акција : 2007-2013 - Скопје: Национална агенција за европски образовни програми и мобилност, 2009. - 16 стр. : илустр. ; 21 cm ISBN 978-9989-2920-4-0 a) Континуирано образование - Македонија - Програми б) “Mлади во акција”,образовна програма - Македонија - 2007-2013 COBISS.MK-ID 78943242

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност е одговорна за менаџментот на програмата “Млади во акција“ во Македонија. Националната агенција го организира процесот на објавување Jавен повик за апликации, прибирање апликации кои треба да бидат доставени во определен временски рок, селекција на пријавените предлогпроекти, исплаќа средства и го контролира спроведувањето на проектите. Во оваа публикација освен генерални информации за програмата “Млади во акција“ и структурата на сите пет Акции, посебен акцент е даден на Акциите кои беа отворени за апликантите од Република Македонија во т.н фаза на пилот-проекти. Во име на Националната агенција, Ви посакуваме успешно вклучување во програмата “Млади во акција“. Со почит, Бошко Нелкоски Директор


Ч  “Мла в ацја”? Тоа е финансиска програма која е креирана од Европската Унија за поддршка на пoлитиката на ЕУ за младите луѓе. Целта на програмата е да ја промовира мобилноста во и надвор од границите на Европа, промовирање на неформалното учење и меѓу – културниот дијалог, охрабрува и подржува учество на сите млади луѓе, без разлика на нивното образование, социјална или културна позадина: програмата “Млади во aкција” е достапна за сите млади.

кој МоЖе дА учеСтвувА? Програмата “Млади во aкција” е наменета за млади луѓе на возраст од 13 до 30 години. главна целна група на програмата “Млади во aкција” се млади луѓе на возраст од 15 до 28 години.

За  “Мла в aцја”? Програмата нуди можност младите да учествуваат во: • Промовирање на активното граѓанство на младите луѓе воопшто и особено на нивното европско граѓанство • Развивање на солидарност и промовирање на толерантност помеѓу младите луѓе • Развивање на квалитетот на системите за поддршка на младинските активности • Промовирање на европска соработка во областа на младите луѓе

колкАв е буЏетот нА ПрогрАМАтА МлАди во АкцијА? Вкупниот буџет на програмата “Млади во aкција” за периодот од 2007 – 2013 година изнесува 885 милиони евра.

којА е улогАтА нА нАционАлнАтА АгенцијА? Националната агенција за Европски образовни програми и мобилност е надлежна за промовирање и менаџирање на програмата “Млади во aкција” на национално ниво во согласност со добиените овласувања од ЕК.


О  цл на амаа Мла в Ацја 1. евроПСко грАЃАнСтво Подигањето на свеста на младите дека и тие се европски граѓани, е приоритет за програмата “Млади во акција“. Целта е да се охрабрат младите кон размислување на европски теми, вклучувајќи го и европското граѓанство, и да се инволвираат во дискусија околу изградбата и иднината на Европската Унија. Врз оваа основа, проектите треба да имаат силна европска димензија и да стимулираат кон размислување околу новонастанатото европското оптштество и неговите вредности.

2. учеСтво нА МлАди луЃе Главен приоритет на програмата “Млади во aкција” е активното учеството на млади луѓе во нивниот секојдневен живот и преку тоа да се потикнат да бидат активни граѓани. Овој приоритет ги содржи следните три димензии: • Да се зголеми учеството на младите луѓе во граѓанскиот живот во нивната заедница • Да се зголеми учеството на младите луѓе во демократските процеси • Да се зголеми подршката за различни форми на учење за тоа како да се учествува Проектите финансирани под програмата “Млади во акција“ треба да ги одразуваат овие димензии и да го применуваат активното учество како педагошка мерка за имплементација на проектот.

3. културнА рАзновидноСт Почитта кон културната разновидност заедно со борбата против расизмот и ксенофобијата се приоритети на програмата “Млади во акција“. Преку заедничките активности на младите луѓе од различни култури, етнички и религиски позадини, програмата има за цел да создаде интеркултурно образование помеѓу младите луѓе.

4. вклучувАЊе нА МлАди луЃе Со огрАничени МоЖноСти Значаен приоритет на Европската Комисија е да им се овозможи пристап на младите луѓе со ограничени можности до програмата “Млади во акција“. Младинските групи и организации треба да преземат соодветни мерки за да се избегне исклучување на одредени таргетни групи. Програмата “Млади во акција“ е програма за сите, и треба да се направат напори за вклучување на младите со посебни потреби. Во тесна соработка со Националните Агенции и SALTO Ресурсните центри, Европската Комисија постави стратегија за вклучување на млади со ограничени можности во програмата “Млади во акција“, особено таргетирајќи ги младите од помалку привилегирани образовни, социо-економски, културни или географски позадини, или инвалидизираните млади.


нефорМАлно учеЊе Преку ПрогрАМАтА МлАди во АкцијА Програмата “Млади во акција“ обезбедува значајни можности за младите луѓе за стекнување вештини и квалификации. Според тоа, претставува клучен инструмент за неформално учење во европски димензии. Проектите финансирани од програмата “Млади во акција“ мора да ги следат принципите на неформално учење. Тоа се: • Неформалното учење е намерно и доброволно • Едукацијата се одвива во различни средини и ситуации за кои обуката и учењето не се неопходна основна или главна активност • Активностите може да бидат водени од професионални фасилитатори (како што се младински тренери/работници) или волонтери (како што се младински лидери или тренери) • Планираните активности имаат неформален карактер и немаат структура на вообичаени образовни курикулуми • Активностите обично се однесуваат на конкретна таргетна група и го документираат учењето на специфичен, организиран начин.

Ра на амаа Мла в Ацја Со цел да се исполнат приоритетите, програмата “Млади во aкција” предвидува пет оперативни Акции.

АкцијА 1 – МлАдите зА евроПА Целите на оваа акција се : • Да се зголеми мобилноста на младите преку поддржување на Младински размени; • Да се развие граѓанството на младите луѓе и нивното взаемно разбирање преку поддршка на Младински инцијативи, проекти и активности кои се однесуваат на нивното учество во демократскиот живот. Акцијата 1 ги содржи следните три под – акции:

1.1 – Младински размени • Поддржува активности за размена на групи млади луѓе од различни земји да се запознаат со различни култури.

1.2 – Младински иницијативи • Поддржува активности за групни проекти креирани на локално, регионално и национално ниво. Вмрежување на слични проекти помеѓу различни држави со цел: зајакнување на европскиот аспект, размена на соработка и искуство помеѓу младите.

1.3 – Младински демократски проекти • Поддржува учество на младите во демократските процеси на локално, регионално и национално ниво, но и на меѓународно ниво. Повеќе информации на следниот линк: http://ec.europa.eu/youth/youth-in-action-programme/doc78_en.htm


АкцијА 3 – МлАдите во Светот АкцијА 2 - евроПСки волонтерСки СервиС што е европски волонтерски сервис? Европскиот волонтерски сервис (ЕВС) поддржува транснационален волонтерски сервис

Оваа акција ги содржи следните две под – акции: •

3.1 Соработка со земјите – соседи на европската унија

Оваа под-акција поддржува проекти со Соседните партнерски ��емји. Особено поддржува младински размени, проекти за обука и вмрежување во полето на младите.

на млади луѓе. Претендира да ја развие солидарноста и да промовира толеранција меѓу младите, пред сe за да се засили социјалното еднинство во Европската Унија. Промовира активно граѓанство и взаемно разбирање на младите. Овие основни цели значително ќе се релизираат преку: • Поддршка на младинското учество во различни форми на волонтерски активности, во и надвор од Европската Унија • Давање можност на младите да ја изразат својата лична посветеност прекуволонтерски активности на европско и интернационално ниво • Вклучување на младите во активности на солидарност меѓу европските граѓани • Инволвирање на млади волонтери во непрофитни, неплатени активности кои се од корист на пошироката јавност во една земја која не е негово/нејзино постојано место на живеење. Европскиот волонтерки сервис е сервис на “учење”. Младите волонтери преку неформално учење стекнуваат нови вештини и ги подобруваат квалификациите за нивен личен, образовен и професионален развој, како и нивната социјална интеграција. Елементите на учење се состојат од заедничко одредување на очекуваните исходи од учењето, процесите и методите, сертификатите за стекнати компетенции, учеството на волонтерите во тренинзи и обезбедување јазична и лична поддршка и поддршка поврзана со задачата, вклучувајќи механизми на превенција и справување со кризи.

3.2 Соработка со други земји во светот

Оваа под-акција се однесува на соработка во полето на младите, особено размената на добри практики со земјите – партнери од други делови на светот. Охрабрува размени и обука за млади и младински работници, партнерства и мрежи на младински организации.


Акција 4 – Младински систем за поддршка Акција 4.3 Обука и вмрежување на активните во младинската работа и младинските организации Соработка и партнерство, обука и размени на добри практики и искуства се клучни во развивањето на младинските организации, граѓанското општество и тие што се инволвирани во младинската работа.Проектите во акцијата 4.3 Обука и вмрежување се многу важни за развивање на идна соработка со организациите. Тие овозможуваат на организациите партнери да научат за начинот на кој работат и да ги истражат и анализираат можностите за развивање на проекти во иднина. Проектите може да вклучат: 1. 2. 3. 4. 5. 6. 7.

Учење на работното место со набљудување Практична посета Состанок за евалуација Студиска посета Активност за градење на партнерства Семинар Курс за обука

Акција 5 - Подршка за европска соработка во областа млади Остварувањето на целите предвидени во Акција 5, може да се реализираат преку следните под-акции: 5.1 – Средби на млади со одговорни лица кои ја креираат политиката за млади Активности насочени кон соработка, семинари и конструктивен дијалог меѓу младите активни во младинската работа и одговорни лица кои ја креираат политиката за млади. 5.2 – Подобро познавање за областа млади Активности кои придонесуваат за идентификација на постоечкото знаење релeвантно за приоритетите во полето млади. 5.3 – Соработка со меѓународни организации Совет на Европа, ОН. Напомена: Оваа акција не е отворена за апликантите од Република Македонија Повеќе информации на следниот линк: http://ec.europa.eu/youth/youth-in-action-programme/doc94_en.htm


Ац   ан за алан  Манја

кој може да биде учесник во младински размени?

АкцијА 1.1 – МлАдинСки рАзМени

Во младинска размена може да учествуваат млади на возраст од 13 до 25 години, кои се жители на некоја од Програмските земји. Само мал број на учесници може да бидат постари од 25 години, но не повеќе од 30 години, на крајниот датум на аплицирање. Минимален број на учесници кој е задолжителен за секоја младинска размена е 16 лица. Максимален дозволен број на учесници за младинска размена е 60 лица. Лидерите на групите не се вклучени во минимален и максимален број дозволени учесници.

цели на под акцијата

Секоја група на учесници мора да биде балансирана во поглед на бројот на учесници што значи:

Младинските Размени овозможуваат на една или повеќе групи млади луѓе да бидат домаќини или гости на друга група млади од друга земја со цел да учествуваат во заедничка програма на активности. Овие активности, вклучуваат активно учество на млади луѓе и се дизајнирани да ја активираат нивната свест за различната социјална и културна реалност, да учат едни од други и да го засилат своето чувство на европска припадност. Билатералните младински размени се оправдани особено кога промотерите за прв пат учествуваат во еден европски проект или кога учесниците во овие размени се малубројни локални групи на млади луѓе кои немаат претходно искуство на европско ниво.

кој може да аплицира? • Непрофитна организација или асоцијација • Локално, регионално или национално јавно тело, активно во младинска работа • Неформална група на млади луѓе

• Во билатерални проекти во секоја група мора да има најмалку 8 учесници; • Во трилатерални проекти во секоја група мора да има најмалку 6 учесници;

Место на одржување на активноста

Активноста мора да се одржи во Република Македонија.

времетраење на проектот

Времетраењето на проектот за Младинска размена, вклучувајќи подготовка, имплементација, евалуација и пост-проектни (follow-up) активности, може да изнесува максимум до 15 месеци.

времетраење на активноста

Активноста може да трае од 6 до 21 ден, исклучувајќи ги деновите за патување.

Youthpass

Доколку аплицира неформална група на млади луѓе, во тој случај едно лице (претставникот на групата) ја превзема одговорностa за доставување на апликацијата и потпишување на договорот за финансискиот грант. Секој промотер/апликант мора да биде претставник од Програмска земја.

број на Промотори При поднесување на апликација за билатерални младински размени: потребно е партнерство помеѓу двајца промотери од различни Програмски земји, од кои минимум едниот е од земја на ЕУ.

к: лин т о ни ss/ след outhpa а н y и аци net/ орм -youth. ф н и o еќе .salt Пов //www : http

Секој учесник во младинска размена има право да добие Youthpass, сертификат во кој се опишува и валоризира стекнатото искуство на неформално учење. Преку Youthpass, Европската Комисија обезбедува признавање на стекнатото искуство преку неформално учење во рамките на програмата “Млади во aкција”.


Акција 2 - Европски Волонтерски Сервис

Што е ЕВС ? Програмата “Млади во aкција”, преку Акција 2 - Европски волонтерски сервис – ЕВС поддржува реализација на неформални образовни проекти кои овозможуваат: • подобра мобилност, • можност за меѓу – културно учење, • активна социјална партиципација, • личен и професионален развој, • можност на младите луѓе да се запознаат со европските вредности, како солидарност, различност и еднаквост со младите луѓе од цела Европа и пошироко.

Зашто да се биде волонтер? Волонтерството е еден од најефикасните инструменти за неформално учење на младите луѓе. Преку волонтерството младите луѓе на неформален начин се здобиваат со нови знаења и вештини. Истовремено имаат можност да се соочат со различни меѓу – културни предизвици и да се здобијат со нови лични искуства, проширување на нивните видици, можност да научат повеќе за себеси и пред се да се развијат во здрави личности. Волонтерската работа има позитивен ефект кај волонтерите но истовремно работата и услугите на волонтерите придонесуваат за развој на општеството, локалната заедница каде се одвива волонтерската работа, организациите и најважно од се допринесуваат за самиот проект.

Причини зашто да се волонтира: • Зголемување на јавната свест; • Учење преку работа; • Стекнување на самодоверба; • Откривање на сопствените таленти; • Создавање на чувство на независност; • Зголемување на личните социјални контакти; • Развивање на вештини; • Стекнување на работно искуство; • Зголемување на можностите за професионален развој; • Развој на работни вештини и поголема конкурентност при наоѓање на работно место;

Зашто Вашата организација да учествува во ЕВС? Европскиот Волонтерски Сервис има за цел да го развие волонтерскиот сервис во поширок Европски контекст. ЕВС може да овозможи на Вашата организација: • да изгради партнерство со организации низ цела Европа; • да се развие институционално, • да овозможи одлични можности за личен развој (усовршување) на многу млади луѓе од Вашата земја или на млади луѓе од други земји кои ќе волонтираат во Вашата земја. Со испраќањето на волонтери во странска земја во Акција 2- ЕВС, Вашата организација може да овозможи на Вашите локални волонтери, или други млади луѓе од Вашата земја или заедница: • да работат и живеат подолг период (2- 12 месеци) во друга европска земја; • да се запознаат со нови луѓе од друга земја; • да разменат искуства; • да научат повеќе за различни култури; • да ги видат убавините и предизвиците на различни делови од Европа. • да го проширите и да го поддржите развивањето на Вашата организација во полето на меѓу – културно учење, неформално учење, работење со млади луѓе или други таргет групи, и • да воспостави нова соработка и размена на искуства со партнер организа��ии од Европа. Вашата организација може да прими волонтер од странство што секако може да помогне на развојот на локалната заедница каде делува организацијата преку размена на добри практики и искуства кои ги има волонтерот од земјата од каде што доаѓа. Волонтерската работа на млади луѓе од други земји може исто така да помогне во градењето на отворен однос кон различните култури, религии и други идентитети. Покрај тоа, со примањето на волонтер од друга држава Вашата организација има можност да ја засили меѓународната соработка, да ја збогати својата работа и да ја зголеми мотивацијата и интересот на своите волонтери и членови со кои работи. Волонтерот преку волонтерските активности во Вашата организација може да донесе нови иновативни идеи и меѓу – културни елементи кои ќе придонесат за подобрување на квалитетот на Вашите секојдневни организациски активности.


што е евС? кој може да учествува и како да се аплицира? евС ја претставува Акција 2 од програмата на “Млади во акција”. Со програмата која ја нуди ЕВС, младите луѓе можат да поминат од 2 – 12 месеци во друга европска земја како волонтери и да бидат вклучени во проектните активности на локално ниво во различни области. Волонтерите во ЕВС проектите учествуваат во активности на различни полиња: • животна средина, • уметност и култура, • активности со деца, млади луѓе или постари лица; • културно наследство; • вклучување на младите во спортски активности;

кои се можните структури на проектот? ЕВС активноста вклучува најмалку: • една организација испраќач, • една организација домаќин и • еден волонтер. Времетраење на ЕВС активноста која се одржува во друга европска земја: • најмалку 2 месеци • максимум траење од 12 месеци (исклучуваќи ги подготовките и евалуацијата). Во случај во активноста да се вклучени млади луѓе со помали можности, ако се целосно оправдани, дозволено е минумум траење на активноста од 2 недели.

кои се партнерите во еден евС проект? Секој ЕВС проект и активност се возможни исклучиво преку партнерство помеѓу следните учесници во проект: • Еден или повеќе волонтери • Една или повеќе организации (испраќачи) • Една или повеќе организации (домаќини) • Една организација координатор (апликант), која може да биде (но и не мора) една од организациите испраќач или домаќин. Секој проект се планира, имплементира и евалуира во соработка со сите вклучени партнери.

број на волонтери Било кој ЕВС проект и било која ЕВС активност може да вклучат: • најмалку 1 волонтер • најмногу до 3 волонтери.

кој може да учествува? Може да учествувате во еден проект од ЕВС, ако припаѓате на една од следниве групи: • Млади луѓе на возраст помеѓу 18 и 30 години • Непрофитни младински организации • Други непрофитни организации, асоцијации и структури кои имаат искуство во полето на млади и неформално учење;

Многу важно !!!! - Секој евС проект и евС активност мора да вклучуваат најмалку една организација од земја членка на еу. За повеќе информации обратете се на следниот линк: http://ec.europa.eu/youth/youth-in-action-programme/doc82_en.htm


што претставува проект за обука и поврзување во мрежа? АкцијА 4.3 – обукА и вМреЖувАЊе нА Активните во МлАдинСкАтА рАботА и МлАдинСките оргАнизАции

Проектот за обука и поврзување во мрежа може да биде од два типа: • Проект со кој се промовираат размени, соработка и обука во областа на младинската работа. Се развива во поглед на имплементација на активност со која се поддржува градење на капацитетите и иновативност помеѓу партнерите, како и размена на искуства, експертиза и добри практики помеѓу оние кои се вклучени во младинската работа;

цели на под-акција 4.3 Под-акцијата 4.3 ја поддржува обуката за сите оние кои се активни во областа на младинската работа и младинските организации на ова поле, особено лидери на проекти, советници на млади и лица за мониторинг на овие проекти. Исто така, се поддржува размената на искуства, експертиза и добри практики помеѓу оние кои се активни во младинската работа и младинските организации, како и активностите кои може да доведат до основање на долготрајни, високо квалитетни проекти.

• Проект кој води кон развој на понатамошни проекти во рамките на програмата “Млади во aкција”. Се развива во поглед на имплементација на активност која им помага на сите потенцијални промотери да подготват и развијат нови проекти во рамките на програмата “Млади во aкција”, особено преку обезбедување на поддршка и know-how за развој на тие проекти; поддршка за пронаоѓање на партнери; алатки и средства за подобрување на квалитетот на проектите.


АктивноСти зА обукА и ПоврзувАЊе во МреЖи Проект за обука и поврзување во мрежи се развива во поглед на имплементација на една од следниве активности:

учење на работното место со набљудување (практично искуствено учење) -

Краток престој во партнер организација во друга земја, со цел да се разменуваат добри практики, да се стекнат вештини и знаење и градење на долготрајни партнерства преку партиципативно набљудување.

Практична посета - Краток состанок со потенцијалните партнери за да се истражи и

подготви потенцијален транснационален проект. Практичните состаноци имаат за цел да ја подобрат и развијат постоечката соработка и да се подготват за иден проект во рамките на програмата “Млади во aкција”.

Состанок за евалуација - Состанок кој е планиран со партнерите, со цел да се направи евалуација на претходни состаноци, семинари, курсеви за обука. Ваквите состаноци им помагаат на партнерите да ги оценат и дискутираат потенцијалните последователни активности, откако ќе се зафатат со заеднички проект. Студиска посета - Организирана студиска посета, за краток период, која нуди преглед на

младинската работа и одредбите на младинската политика во една земја. Студиската посета е фокусирана на одредена тема, и се состои од посети и состаноци за различни проекти и организации во одредена земја.

Активност за градење на партнерства - Настан кој е организиран за да им се

овозможи на учесниците да најдат партнери за транснационална соработка и за развој на проект. Притоа се поврзуваат потенцијалните партнери, и се олеснува развојот на нови проекти на одредена избрана тема и акција во рамките на програмата “Млади во aкција”.

Семинар - Настан кој е организиран за да се обезбеди платформа за дискусија и размена на добри практики, врз основа на теоретски информации, околу избрана тема или теми кои се релевантни на полето на младинската работа. курс за обука - Образовна програма за учење на конкретни теми, која има за цел да

ги подобри способностите, знаењето, вештините и ставовите на учесниците. Курсевите за обука водат кон високо квалитетна пракса во областа на младинската работа генерално или поконкретно за проекти од програмата “Млади во aкција”.

КОЈ МОЕ ДА

АОЛИЦИПА? Еден од партнерите на проектот за обука и вмрежување дејствува како координатор и аплицира во името на партнерството. Апликацијата може да ја достави: • Непрофитна организација или асоцијација • Локално, регионално или национално јавно тело, вклучено во младинската работа • Неформална група на млади луѓе Секој промотер мора да биде претставник од Програмска земја.

број нА ПроМотори кои требА дА бидАт вклучени зА рАзлични АктивноСти

учење на работно место со набљудување: двајца промотери од различна Програмска земја, од кои 1 промотер е од Република Македонија и 1 промотер е од земја на ЕУ. Практична посета: најмалку двајца промотери од различна Програмска земја, од кои 1 промотер е од Република Македонија и 1 промотер е од земја на ЕУ.

за состаноци за евалуација, студиска посета, активности за градење партнерства, семинари и курс за обука: најмалку 4 промотери од различни

Програмски земји, од кои 1 промотер е од Република Македонија и најмалку 1 промотер е од земја на ЕУ.


дозволен број нА учеСници во рАзлични АктивноСти Минималниот и максималниот број на учесници зависи од природата и типот на активноста, и тоа за активност: •

учење на работно место со набљудување: до 2 учесници

Практична посета: до 2 учесници од секој промотер

за состаноци за евалуација, студиска посета, активности за градење партнерства, семинари и курс за обука: до 30 учесници (вклучувајќи ги

ЗОЧСО ДА РЕ ОПИЈАВАМ?

тренерите и фасилитаторите) кои го претставуваат промотерот.

Место на одржување на активноста

Активноста мора да се одвива во Република Македонија.

времетраење на проектот

Секој проект може да трае минимум 3 месеци и максимум 18 месеци.

времетраење на активноста зависи од природата и типот на активноста, и тоа за активност: • учење на работно место со набљудување: 10 до 20 работни денови (не вклучувајќи ги деновите за патување) • Практична

посета: 2 до 3 работни денови (не вклучувајќи ги деновите за патување)

• за

состаноци за евалуација, студиска посета, активности за градење партнерства, семинари и курс за обука: Како генерално правило, активностите не треба да траат повеќе од 10 дена (не вклучувајќи ги деновите за патување)

За повеќе информации обратете се на следниот линк: http://ec.europa.eu/youth/youth-in-action-programme/doc90_en.htm

Ќе иМАМ МоЖноСт дА Се СоочАМ Со рАзлични МеЃу – културн�� Предизвици и дА Се здобијАМ Со нови лични иСкуСтвА. Ќе иМАМ МоЖноСт дА рАботАМ и дА Се друЖАМ Со МлАди луЃе кои иМААт ЖелбА дА диСкутирААт нА рАзлични теМи. Ќе зАПознААМ нови ПријАтели од рАзлични дрЖАви евроПА.

нА

Ќе иМАМ МоЖноСт дА нАучАМ нови вештини и дА СтекнАМ нови знАеЊА Преку нефорМАлно учеЊе. Ќе иМАМ МоЖноСт дА ЖивеАМ и дА рАботАМ кАко волонтер во другА зеМјА нА евроПА. Ќе иМАМ МоЖноСт дА учАМ беСПлАтно СтрАнСки јАзик додекА СуМ волонтер во другА зеМјА. Ќе ПоСетАМ рАзлични дрЖАви во евроПА без дА иМАМ трошоци зА ПАтувАЊе и СМеСтувАЊе.


Каде да најдам интересни информации од млади кои учествувале во активности преку програмата “Млади во акција” ? На веб страницата http://www.myevs.net има интересни информации и искуства од волонтери кои се на волонтерски стаж во некоја од земјите низ Европа. На една од најраспространетите социјални интернет мрежи има многу групи за програмата “Млади во акција“ погледнете го следниот линк: http://www.facebook.com/group.php?gid=17997359880

За сите детални информации поврзани со правилата за користење на програмата “Млади во акција“ погледнете ја официјалната веб страница на Генералниот Директорат за образование и култура: http://ec.europa.eu/youth/youth-in-action-programme


This publication has been funded with support of the European Commission. This publication reflects the views only of the author, and the European Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.


Mladi vo Akcija