Issuu on Google+

Годишен тест по македонски јазик за седмо одделение Ученик_______________________________ I ЈАЗИК 1.Дополни! Првите македонски писатели, ____________________ и _________________________, книгите ги пишувале на _________________ јазик.

3/

2.Од кое дело е следниот извадок и кој е авторот? ,,Чоек кога да има спомиња Бога и молит му се често,тој имат оружие за ѓаволот.А ја гледам у једни луди људи-не земаа такво оружие,туку некаква ствар или хамајлија на капа,на гуша...“ ___________________________ од ____________________________ 2/ 3.Чиј е следниот став? ,,Учи книга на свој јазик,после ако имаш време,учи и на други јазици.Тој што учит книга толко на туѓ јазик,а не на својот,тој е еднаков со оној што ја отфрлјат мајка си и на место неја земат друга. ______________________________________________________ 1/ 4.Што е акцентска целост? __________________________________________________________________________ __________________________________________________________________________

1/

5.Обележи ги акцентските целости и акцентирај ги! црн пипер, дај ми го, вујко ми, не ми кажа

4/

6.Заокружи ја буквата пред реченицата во која има безличен глагол! а)Тој пееше песна. б)Одеднаш силно заврна. в)Многу ми се јаде.

2/

7.Образувај ги и именувај ги сите нелични глаголски форми од глаголот шие! _______________________________________________________________ _______________________________________________________________ _______________________________________________________________ _______________________________________________________________

4/

8.Во следната реченица подвлечи го глаголот и определи во кое лице,број и време се наоѓа. Во шумата видов еден зајак. ____________________________________________________________________________ 4/ 9.Образувај директна заповед од следниве глаголи:лета,учи,шета Еднина Множина ____________ __________________ ____________ __________________ ____________ __________________

3/


10.Заокрижи ја буквата пред реченицата во која има прилог! а)На средбата не дојде Армин. б)Симона трчаше брзо кон целта. в)Јас и Амер сме добри другари.

1/

11.Подвлечи ги предлозите во дадените зборови! зад, вчера, и, со ,лесно, помеѓу

3/

12.Заокружи! Сврзниците се службени неменливи зборови. Т------- Н

1/

13.Во следната реченица подвлечи го предметот и кажи каков е! Вредниот земјоделец ги наполни амбарите. _______________________________________________________

2/

14.Прошири со апозиција за зборот Октиси. Јас живеам во Октиси ___________________________________________.

1/

15.Напиши една сложена реченица! ________________________________________________________________

1/

16.Од колку дел-реченици е составена следнава реченица: Кога петлите од сите четири страни го соопштуваа раѓањето на новиот ден,Бојана ги колнеше и зората и денот,бидејќи безмилосно и го грабнаа љубениот маж. _____________________________________________________ 2/ 17.Дополни ја простата реченица со независносложена! Мачето мјаукаше тажно_________________________________________.

2/

18.Трансформирај ја бесврзничката реченица во сврзничка! Дојдоа гости-бидете мирни. _________________________________________________________________

2/

19.Покрај секоја реченица напиши на кој вид независносложени припаѓа! а)Чашата не ја скрши Вера,туку ја турна Мите._________________________________ б)Или внимателно слушај или напушти ја салава._______________________________ в)Зијада ги изми рацете и отиде во кујната._____________________________________ г)Дува силен ветар,ќе имаме штета.___________________________________________ д)Сите пијат овошен сок, само Моме јаде чипс._________________________________

5/

20.Пронајди ја и поправи ја правописната грешка! Дежурните ученици заѕвониа во девет часот.

1/ Вкупно:

45/


II ЛИТЕРАТУРА 1.Што е мотив? _____________________________________________________________________________

1/

2.Што е социјална песна? ______________________________________________________________________________ ______________________________________________________________________________

2/

3.Напишете наслов на една социјална песна од поетот Кочо Рацин! ________________________________________________________________

1/

4.Дополни! Елегија е лирска песна во која се опеани____________________________________________ 1/ 5.Каков настан се опејува во баладите и напиши наслов на една балада. _______________________________________________________________________________ 2/ 6.Што е романса и каква тема доминира во романсите? _______________________________________________________________________________ _______________________________________________________________________________ _______________________________________________________________________________ 3/ 7.Од која песна е следниот извадок и која стилска фигура ја забележуваш? ,, -Учи ме,мајко,карај ме, како да земам Лилјана, Лилјана мома убава: Лилјана ситен босилок, Лилјана розов карамфил, Лилјана црвен трендафил. “ ______________________________________________________________________

2/

8.Што е рефрен? ____________________________________________________________________________

2/

9.Која стилска фигура ја препознаваш во следниве стихови: ,,Ој,убава земјо моја родна!“ Л.Каровски ____________________

1/

10.Која стилска фигура ја препознаваш: ,,Тонам во море од солзи“ ____________________________________________

1/

11.Дополни! Хипербола е стилска фигура со која се ____________________________________________ ______________________________________________________________________________

1/


12.Заокружи! Расказот е средно по големина епско дело. Т-------Н

1/

13.Кои се особеностите на романот? ______________________________________________________________________________ ______________________________________________________________________________

3/

14.Што е дневник? ______________________________________________________________________________ ______________________________________________________________________________

2/

15.Што е автобиографија? ______________________________________________________________________________ ______________________________________________________________________________

2/

16.Од која автобиографија е следниот извадок: ,,Ќе ти кажам ,кир Коста,чунки те познав оти си патриот,ама ете ти небото и земјата,ако му кажеш на Тимиона или на некој друг.Јас сум сторил ниет да типосам една книга со песни и друзи народни сторенија за да останат за спомен на нашето потекло...“ ______________________________________________________________

2/

17.Исказ на лик е _______________________________________________________________ ______________________________________________________________________________

2/

18.Дијалог е___________________________________________________________________ ______________________________________________________________________________

2/

19.Монолог е__________________________________________________________________ ______________________________________________________________________________

2/

20.Напиши еден исказ на лик! ______________________________________________________________________________ ______________________________________________________________________________

2/

Вкупно:35/ Скала на оценување: Јазик и литература:80 поени 0-30 31-45 46-60 61-70 71-80


Godisen test po makedonski jazik za sedmo oddelenie