Page 1

БРОШУРА за промовирање на принципите за безбедност и здравје при работа


БРОШУРА ЗА ПРОМОВИРАЊЕ НА ПРИНЦИПИТЕ ЗА БЕЗБЕДНОСТИ ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА


Публикација: Брошура за промовирање на стандардите за безбедност и здравје при работа Автор:

Регионален центар за застапување – Делчево

Лектура:

Родна Деолска

Дизајн :

Регионален центар застапување – Делчево

Тираж:

100 примероци

Брошурата е изработена како дел од проектот „Едукативен центар за БЗР во Источниот регион, кој го спроведува Регионалниот центар за застапување Делчево во соработка со МЗЗПР, а финансиран од Европската Унија.


СОДРЖИНА Вовед ----------------------------------------------------------------------------------- 5 Стручни работи од областа БЗР ----------------------------------------------------6 Правни рамки и норми----------------------------------------------------------------7 Правилници од Законот за БЗР -----------------------------------------------------8 Регионална мрежа за БЗР-----------------------------------------------------------11 Одговорности и обврски на работниците------------------------------------- 12 Обуки за вработените ---------------------------------------------------------------13 Испитување услови на работна средина --------------------------------------15 Визуелизација на БЗР --------------------------------------------------------------- 16 Поважни контакти и членки на мрежата за БЗР----------------------------- 18


5

ВОВЕД Безбедност и здравје при работа, заштита од пожари и заштита на животната средина се континуирани процеси на кои не може да им се пристапи неодговорно. Примената на мерките, прописите и стандардите во областите безбедност и здравје при работа, заштита од пожари и заштита на животната средина е огромен чекор понатаму во согласност со нормите на добрите стопанственици. Секојa работа, во поголем или помал степен носи ризик и опасност по здравјето и животот на вработениот. Заштита при работа е мултидисциплинарно подрачје (техника, медицина, психологија,организација) во кое постојат голем број на прописи кои се однесуваат на специфични дејности и процеси на трудот. Безбедноста и здравјето при работа се остварува со реализација на пропишаните и признати правила кои мора да се применуваат, така да при извршувањето на работите и работните задачи не дојде до смрт, повреда, професионално или друго заболување на работникот, до прекин или успорување на психофизичкиот развиток на вработениот, оневозможување нормално остварување на функцијата мајчинство или до намалување на преостанатата работна способност на работниците на кои веќе им е намалена.


6

 Стручни работи од областа на безбедноста и здравјето при работа :  Проценка на ризик на работното место и работната околина  Редовно тестирање и контрола на работната опрема  Концепт на изјава за безбедност  Изработка и спроведување на програми за обука на вработените за безбедно извршување на работите, вршење на периодични мерења на хемиски, физички и биолошки штетности и на микроклиматски услови во работната средина.


7


8 Правилници од Законот за безбедност и здравје при работа Правилник за личната заштитна опрема која вработните ја употребуваат при работа Правилник за безбедност и здравје при работа при употреба на опрема за работа Правилник за знаци за безбедност и здравје при работа Правилник за начинот на водење евиденција во областа на безбедност и здравје при работа Правилник за безбедност и здравје при работа на вработените изложени на ризик од бучава Правилник за минималните барања за безбедност и здравје при работа за привремени мобилни градилишта Правилник за начинот на изготвување на изјава за безбедност, нејзината содржина, како и податоците врз кои треба да се заснова проценката на ризикот Правилник за минималните барања за безбедност и здравје на вработените на работниот простор Правилник за безбедност и здравје при работа при рачно пренесување на товар Правилник за мерки за заштита при работа со екрани Правилник за безбедност и здравје при работа на вработените изложени на ризик од механички вибрации Правилник за формата и содржината на образецот за известување за започнување со вршење на дејност Правилник за минималните барања за безбедност и здравје на вработените кои се потенцијално изложени на ризик од експлозивни атмосфери Правилник за минималните барања за безбедност и здравје на вработените од ризиците поврзани со изложување на азбест при работа Правилник за минималните барања за безбедност и здравје при работа на вработени од ризици поврзани со изложеност на биолошки агенси


9

Правилник за минималните барања за безбедност и здравје при работа на вработени од ризици поврзани со изложување на канцерогени, мутагени или супстанци токсични за репродуктивниот систем Правилник за минималните барања за безбедност и здравје при работа на вработени од ризици поврзани со изложување на хемиски супстанци Правилник за минималните барања за безбедност и здравје при работа на бремени работнички, работнички кои неодамна се породиле или дојат Правилник за изменување на Правилникот за минималните барања за безбедност и здравје при работа на бремени работнички, работнички кои неодамна се породиле или дојат Правилник за формата и содржината на поканата за едукација, начинот на спроведување на едукацијата и начинот на водење на евиденција за спроведување на едукација Правилник за минималните барања за безбедност и здравје при работа на вработени во индустријата за вадење на минерали со бушење Правилник за минималните барања за безбедност и здравје при работа на младите работници Правилник за минималните барања за безбедност и здравје при работа на вработени од ризици поврзани со изложување на физички агенси (електромагнетни полиња) Правилник за минималните барања за безбедност и здравје при работа на вработените на рибарски бродови Правилник за видот, начинот и обемот на здравствените прегледи на вработените


10 .Работодавачот има обврска да обезбеди безбедност и здравје при работа за неговите вработени од секој аспект поврзан со работата. Во рамките на неговите обврски, работодавачот мора да презема мерки потребни за безбедност и здравје при работа на вработените, вклучувајќи заштита од професионални ризици, обезбедување информации и обука и обезбедување соодветна организација и потребни средства.

Работодавачот има обврска да воведе такви заштитни мерки и да избере такви работни и производствени методи кои ќе го подобрат нивото на безбедноста и здравјето при работа, а ќе се вклучат во сите дејности на работодавачот и на сите нивоа на организацијата.


РЕГИОНАЛНА МРЕЖА ЗА БЗР ВО ИСТОЧНИОТ РЕГИОН

11 Во рамки на проектот РЦЗ ја формираше првата Регионална мрежа за БЗР во Источниот регион со цел да се мобилизираат сите засегнати страни кои работат или имаат интерес во делот на безбедноста и здравјето при работа. Истите понатаму ќе преземаат иницијативи за промотивни активности во делот на БЗР во регионот.

Во мрежата членуваат невладини организации, бизнис сектор, локални и надлежни институции, експерти од областа на трудовото право и безбедноста и здравјето при работа, граѓани и медиуми од целиот источен регион.


ОДГОВОРНОСТИ И ОБВРСКИ НА РАБОТНИЦИТЕ

12


ОБУКИ ЗА ВРАБОТЕНИТЕ

Обуката за БЗР мора да се прилагоди кон спецификите на работното место и мора да се изведе во согласност со програма која мора да биде ажурирана и изменета во поглед на новите облици и видови на ризици. Теоретските и практичните обуки за безбедно извршување на работата се спроведуваат во работно време кај работодавачот или на друго место. Работодавачот утврдува задолжителни редовни теоретски и практични испити за безбедно извршување на работата за сите вработени на работното место каде што е констатирана зголемена опасност од повреда и нарушување на здравјето при процена на ризикот.

Организирањето и спроведувањето на обуката на вработените и нивните претставници ќе бидат на товар на работодавачот. Инспекторот за труд по извршениот инспекциски надзор може да наложи постојната програма за обука за безбедност и здравје при работа да се прилагоди кон спецификите на работното место во однос на облиците и видовите на ризици.

13


За вработените со зголемен ризик работодавачот е должен на секои три години да им обезбеди проверка на оспособеноста за безбедност и здравје при работа. Претставникот на вработените од областа на безбедност и здравје при работа има право на посебна обука за безбедност и здравје при работа специфични за дејноста на работодавачот.

Работодавачот мора на секој вработен да му обезбеди соодветни обуки за безбедност и здравје и тоа: при вработување, во случај на преместување на ново работно место, во случај на воведување на нова технологија или нови средства за работа во случај на секоја измена на работниот процес кој може да го промени нивото на безбедноста и здравје при работа Стручното усовршување на стручни лица за безбедност при работа се врши преку учество на обуки за стручно усовршување. Стручното усовршување го организираат и спроведуваат наставно-научни установи, државни органи, правни лица од областа на БЗР, кои ги исполнуват следните услови: да имаат најмалку две лица кои спровеле и одржале најмалку три обуки од областа на безбедност при работа на национално и меѓународно ниво да имаат најмалку три години искуство во организирање на меѓународни и национални конференции од областа на безбедност при работа да имаат донесено годишна програма за спроведување на обуки од областа на безбедност при работа и да имаат просторија за обуки

14


15 ЗДРАВА И БЕЗБЕДНА РАБОТНА СРЕДИНА ЗА СИТЕ!

Поради утврдување дали работната средина одговара на условите предвидени со мерките за безбедност и здравје потребно е да се вршат испитувања во работните простории и надвор од нив според следните параметри: Тепература ,важност и брзина на сруење на воздух Прашина Бука и вибрации Опасни хемикалии Опасни зрачења (јонизирачки и не јозирачки) Експлозивни смеши Осветлување Биолошки агенси Испитувањата работодавачот е должен да ги изврши на начин и рокови предвидени со законот за безбедност и здравје при работа и правилниците кои произлегуваат од него. Покрај работните простории на вработените мора да им се обезбедиб езбедни услови и вопомошните просторииодносногардероби,умивалници,таолети,тушеви, просторија за лична хигиена на жени, просторија за пушење итн


16

Знаци забрана

Знаци за известување Знаци за опасност Знаци за обврска


17


18 ПОВАЖНИ КОНТАКТИ И ЧЛЕНКИ НА МРЕЖАТА ЗА БЗР НВО КХАМ Бравура Кооператива

КОМПАНИИ Стопански преглед Рудник САСА Конфекција Витекс

ЕКСПЕРТИ Проф. Војо Белевски , професор по трудово право


ПОВАЖНИ КОНТАКТИ И ЧЛЕНКИ НА МРЕЖАТА ЗА БЗР

19


Profile for Rodne Deolska

Брошура за промовирање на принципите за безбедност и здравје при работа  

Брошурата е изработена во рамки на проектот „Едукативен центар за БЗР во Источен плански регион“ кој го имплементираше РЦЗ во текот на 2019...

Брошура за промовирање на принципите за безбедност и здравје при работа  

Брошурата е изработена во рамки на проектот „Едукативен центар за БЗР во Источен плански регион“ кој го имплементираше РЦЗ во текот на 2019...

Advertisement