DEATH OF THE POET
ДИОНИС
Кога светло плавото ќе стане пурпурно црвено, барем само и за миг сети се дека постојам. Кога ке те обземе чувство на капка вода во Сахара, отвори ја твојата душа повикај ме, јас ке дојдам. Кога си во темнина празна и ладна како етер, затвори ги очите тогаш остави ме да те исполнам. Кога ќе зажалиш за водата што истекла, подај ги усните твои кон мојата црвена крв. А кога разумот ке почне да се дави во мене, побегни и заборави ме, до идното среќавање.
01.12.1991
12