Page 1

ПРИЛОГ СО РЕЦЕПТИ


Свежа туна Состојки салата

4 лица

Состојки

1 конзерва туна цели парчиња Бадуко 200g варена пченка Фриком 1 домат | 1 марула | 1 главица црвен кромид 3 парчиња леб Фурна Диме 2 варени јајца Супер Јајце | 50ml мајонез Полимарк | 50ml јогурт Здравје 1 лажица сенф Полимарк |5-6 маслинки Вкусно црн бибер Хармони | маслиново масло Санса

Подготовка

Во длaбок сад за салата измешајте ги претходно исечканите марула, домати, кромид и претходно сварената и оладена пченка. Лебот исечете го на коцки и пропржете го на маслиново масло додека не добие бакарна боја. Од мајонезот, јогуртот и сенфот направете сос и додадете сол и бибер. Со овој сос зачинете ја салтата и промешајте. Потоа, во средина ставете ја туната од конзерва, коцките леб и парчињата варено јајце. Декорирајте со маслинки и парче лимон.

160 денари


повеќе од 4 лица

Крем салата со шунка, маслинки и сусам Состојки

280 денари

300g шунка Пик Врбовец | 100g кравјо сирење Еко Шар | 100g кравји кашкавал Еко Шар 300g макарони ситни Дивела 100g маслинки со пиперче Вкусно 1 главица кромид | 1 лажиче зачин Вегета 50ml маслиново масло Санса 400ml павлака Зот | 50ml мајонез Полимарк 3 лажици сусам | магдонос

Подготовка

Сварeтe ги тестенините во солена вода. Иситнете го кромидот, наросете Вегета, додајте малку шунка исечкана на коцки и пропржете ги состојките во маслиново масло. Во друга тава со маслиново масло испржете го сусамот кратко. Потоа во еден сад ставете се заедно и додадете ја останатата шунка исечена на коцки, сирењето, кашкавалот и маслинките со сосот од масло и кромид. Додадете ја павлаката, мајонезот и магдоносот. Измешајте ја добро салатата за да се соединат состојките и послужете ја ладна.


Брза пита од леб

повеќе од 4 лица

Состојки

2 векни леб Фурна Диме 250ml газирана вода Горска 200ml павлака Зот 200ml масло Дијамант 200g урда Здравје 50g кашкавал кравји Еко Шар 5 јајца Супер јајце 200g шунка Пик Врбовец

Подготовка

Лебот исечете го на коцки. Изматете ги јајцата, додајте ја киселата вода, павлаката, исечканата шунка, маслото, солта, урдата и измешајте добро. Со оваа смеса прелијте го исечениот леб, измешајте и префрлете во подмачкана тава. Одозгора изрендајте кашкавал и печете во претходно загреана рерна на 200 степени околу 30 минути, додека не порумени.

240 денари


Домашна пица палента

4 лица

Состојки

250g палента Дивела | 1l вода 1 лажиче сол | 20g маргарин Дијамант Фил: 150g сланина Златиборац | 200g кашкавал ајдамер Олденбургер |100ml доматен сос Ким 5-6 сечкани маслинки Вкусно | 1/2 лажиче оригано Кибела | 1 лажиче сусам Сончева Долина | чајна колбасица исечена на тенки листови Златиборац | 2 лажици презла

Подготовка

Откако ќе зоврие водата, додадете ја палентата и енергично мешајте околу 2-3 минути. Тавата за печење премачкајте ја со путер и посипете со презла насекаде. Внимателно натапкајте ја сварената палента во тавата со помош на лажица и порамнувајте ја со рацете за да направите малку подигнати краеви. Ставете ја во предходно загреана рерна на 200 степени и потпечете ја околу 5 минути. Извадете ја тавата, премачкајте одозгора со доматниот сос, потоа распоредете ја ситно сечканата сланина, ренданиот кашкавал, посипете оригано, а на краевите сусам. Од маслинките извадете ги семките и исечкајте ги на тенки парчиња. Со нив и со парчињата чајна украсете ја пицата. Печете во рерна уште 10-тина минути.

190 денари


повеќе од 4 лица

270 денари

Пиле со тарана во земјена тава Состојки

1 пиле Перутнина Птуј 2 чаши тарана Дивела 1 главица кромид | 1 поголем морков магдонос | зачин Вегета црн бибер Витаминка буковец благ Вик Ник масло Дијамант

Подготовка Пилето посолете го со вегета и сварете го. Во тава пропржете го исечканиот кромид, морковот и ставете ја тараната малку да се испржи. Тараната и зеленчукот ставете ги во земјена тава, потоа ставете од течноста од пилето и одозгора додајте исечкан магдонос и благ буковец. Потоа наредете го пилето кое претходно сте го исекле на парчиња. Печете во загреана рерна на 180 степени се додека тараната не ја впие течноста.


Богата тава со свинско и мисиркино месо

повеќе од 4 лица

Состојки

500g свеж свински врат Атанасовски 500g свежо мисиркино филе од надкопан Виндија | 500g свежи Шампињони 300ml павлака за готвење Халта 1 главица кромид | 2 моркови | 1 лажица сенф Полимарк | 1 лажица буковец благ Вик Ник | 1 лажица зачин Вегета | 200мл бело вино Стоби | маслиново масло Санса

Подготовка

Месото исечете го на коцки и ставете го во тавче со вода и вино, па додадете го морковот, кромидот и динстајте еден час. По динстањето испасирајте ги морковот и кромидот. Потоа, претходно исечените печурки на крупни парчиња, пропржете ги во маслиново масло. Месото и печурките заедно со зачините се ставаат во тава за печење. Се додава сенф, буковец и павлака. Се пече 1 час на 200 степени.

390 денари


повеќе од 4 лица

Плескавици од ослик, грашок и компир Состојки

320 денари

500g филети од ослиќ Метро 500g компир 250g варен грашок Фриком 1/2 лимон | помфрит Фриком брашно Жито Лукс | 50g путер Олденбург бибер Витаминка 1 лажичка зачин Вегета

Подготовка Во солена вода ставете да се вари компирот во лушпа. Во друг сад ставете вода да проврие, додадете ги филетите од ослиќот да се варат околу 10 мин. Излупете го компирот и згмечете го како за пире. Сварените филети иситнете ги со рака, нека има парчиња, да не е згмечено и изедначено со компирот. Додадете го и варениот грашок, нарендајте ја кората од лимонот, додадете според вкус вегета. Измешајте ја со лажица убаво целата смеса за да се спојат сите состојки, па со влажни раце направете плескавици. Извалкајте во брашното од сите страни и пржете на загреан путер по 3-4 минути од секоја страна. Служете ги топли, но вкусни се и оладени. Сервирајте ги со прилог од тазе пржен помфрит.


Медитерански тестенини со школки и тиквица

повеќе од 4 лица

Состојки

400g школки Метро | 400g шпагети Дивела 150g мешан кашкавал Еко Шар 1 тиквица, сечкана на ленти | црн бибер Витаминка | 3 лажици маслиново масло Санса 1 лажичка лук мелен Хармони | ½ лажичка рузмарин Хармони | 2 чаши млеко Здравје 2 лажици брашно Жито Лукс 2 лажици ситно рендана лимонова кора

Подготовка

Претходно одмрзнатите школки, исплакнете ги со вода. Исушете ги на кујнска хартија и оставете ги настрана. Во тенџере сварете ги шпагетите со малку сол. Во голема тава на средна температура испржете ги школките во маслиново масло. Зачинете со сол и црн бибер и промешајте. Гответе ги школките со лук 10-тина минути. Одделно во една чинија измешајте го млекото со брашно додека не стане хомогена смеса. Додадете рендан кашкавал, лимонова кора и рузмарин. Ставете го сосот во тавата со школките и гответе додека не почне да се згуснува. На крај додадете ја пастата и тиквичките и промешајте.

300 денари


повеќе од 4 лица

Колач со малини и кокос Состојки

340 денари

450ml млеко Здравје 300g шеќер | 100g бело чоколадо 150g кокос | 100g лешници Дариана 200g бисквити Ети 200g малини Фриком 1 лажиче ванила екстракт 200г желе бонбони Европа

Подготовка Млекото и шеќерот ставете ги во тенџере и загрејте ги до вриење. Откако ќе почнат да вријат оставете ги така уште 1-2 минути. Додајте го чоколадото и ванила екстрактот и мешајте додека да се стопат и соединат. Тргнете ја смесата од оган и додајте го кокосот. Мешајте до соединување. Поделете ја смесата на два дела. Во едниот дел додајте пасирани малини, промешајте, па додајте мелени лешници и бисквити и соединете. Во другиот дел ставете сечкани желе бонбони. Во калап намрсен со масло, истурете ја и натапкајте ја смесата со малини, а потоа и белата смеса со желе бонбоните. Декорирајте со малини.


Чоко колач со лешник

повеќе од 4 лица

Состојки

1 јајце Супер јајце | 75g шеќер | 3 лажици мелен лешник | 3 лажици Нутела | 6 лажици масло Дијамант | 150g кисела павлака Зот 1 лажиче печиво Витаминка | 1/4 лажиче сода бикарбона Витаминка | 1/4 лажиче цимет Хармони | 150g брашно Жито Лукс | Прелив: 100g чоколадо за готвење Менаж | 1 лажица путер Олденбургер | 1/2 чаша млеко Здравје 50g потпечен лешник Дариана

Подготовка

Во посебен сад ставете го јајцето и шеќерот и соединете. Во друг сад соединете ги просеаното брашно, печиво, содата, лешникот и циметот. Во садот додајте ги киселата павлака, маслото, нутелата и на крај претходно соединетите јајце и шеќер. Убаво изедначете ја смесата. Ставете ја во тавче и печете околу 30 минути во загреана рерна на 200 степени. Оставете да се излади тестото, а за тоа време подгответе го преливот. Во сад над пареа ставете ги млекото, путерот и чоколадото. Со вака приготвениот прелив прелијте го испечениот колач и наросете крупно сечкан лешник.

250 денари


повеќе од 4 лица

Жолт колач со вишни Состојки

220 денари

250g вишни Фриком | 150g путер Олденбургер 150g шеќер | прстофат сол 2 јајца Супер јајце 1 пудинг од ванила Подравка 250g брашно Жито Лукс 3 лажички печиво Витаминка 1/2 чаша млеко Здравје Радово

Подготовка Тавата намастете ја и ставете хартија за печење. Рерната вклучете ја да се загрева на 180 степени. Во длабок сад за матење ставете го путерот, шеќерот и солта и матете ги додека путерот побели. Додадете ги јајцата и убаво изматете ја смесата. Брашното, печивото и прашакот за пудинг измешајте ги во еден сад, потоа наизменично со млекото додадете ги во садот за матење. На крај ставете ги вишните и измешајте со лажица. Ставете ја смесата во тавата, израмнете и ставете да се пече околу 45 минути. Кога е печено, извадете од рерна и оставете го колачот потполно да се излади и наросете со шеќер во прав.


Смути фрапе со кафе и банана

4 лица

Состојки

3 банани 2 шолји кафе Гранд 2 шолји какао Краш 200ml кокосово млеко Алпро 2 лажици чиа семе 2 лажици мелен бадем 3 лажици мед Ми-ва 5 коцки мраз

Подготовка

Супер комбинација на вкусови за љубителите на утринско кафе. Овој рецепт е како 2 во 1 - и појадок и кафе во исто време. Прво сварете го кафето и какаото во посебни ѓезвиња, а кога ќе се готови почекајте 10-тина минути да се оладат и внимателно ставете ги во блендерот да не истече талогот. Потоа додајте ги сите состојки заедно со исечканите банани и блендирајте. Додајте коцки мраз по потреба доколку сакате да добиете поладно смути. За да биде поблаго и повкусно додајте мед.

100 денари


4 лица

120 денари

Есенски овошен микс коктел Состојки

2 јаболки 2 круши 1 банана 2 чаши сок од портокал Нектар 3 лажички мед Ми-ва 1 чаша јогурт Здравје 4 коцки мраз

Подготовка Овошјето излупете го и исечете го на коцки. Потоа ставете го во блендер и миксирајте го заедно со медот, сокот од портокал и јогуртот додека не се добие доволно измешана маса. Потоа додајте ги коцките мраз и пак пуштете го блендерот. Ставете во чаши и декорирајте со парчиња овошје по желба. Овој овошен коктел е идеален за наутро или попладне, бидејќи е освежителен и богат со витамини.


Prilog so recepti oktomvri-noemvri 2018  
Prilog so recepti oktomvri-noemvri 2018  
Advertisement