Page 1


повеќе од 4 лица

Палачинки со крем Состојки

230 денари

3 јајца Супер јајаце 4 лажици шеќер | 1 ванила 100ml млеко Здравје | 100ml вода 350g брашно Кадино Масло Дијамант 200g Нутела 1 шлаг пена Подравка 1kg банани

Подготовка

Во длабок сад изматете ги јајцата, додајте ги шеќерот, ванилата, млекото, водата и малку масло. Потоа со постојано мешање, додајте го брашното за да не се направат грутки. По потреба, според густината може да додадете уште малку брашно или вода. Испечете ги палачинките и оставете ги малку да се оладат. Потоа секоја палачинка премачкајте ја со тенок слој Нутела, ставете половина банана исечена по должина.Завиткајте ја палачинката и одозгора декорирајте со преходно изматена шлаг пена.


повеќе од 4 лица

Бомбици со кикирики Состојки

200 денари

250ml слатка павлака Халта 100g шеќер во прав 150g чоколада Менаж 200g сецкани печени кикирики 100g мелени печени кикирики 1 лажица рум 3-4 лажици какао Краш

Подготовка Слатката павлака ставете ја да се загрее, заедно со шеќерот во прав. Пред да почне да врие, тргнете ја на страна и додајте го чоколадото искршено на коцки и мешајте додека да се растопи. Потоа додајте ги румот и претходно испечените сецкани и мелени кикирики. Добро промешајте и оставете да се олади малку. Потоа формирајте бомбици и одозгора посипете ги со какао.


Prilog so recepti okt noem 2017 web  
Prilog so recepti okt noem 2017 web  
Advertisement