Page 1


повеќе од 4 лица

Лешник торта

Состојки

580 денари

Тесто: 7 јајца Супер јајце | 7 лажици шеќер 3 лажици какао Краш 5 лажици брашно Жито Лукс За фил: 250g путер Президент 250g шеќер во прав | 300g мелена Плазма 300ml млеко Здравје | 150g лешници Дариана 1 ванила | За глазура: 150ml слатка павлака Халта | 100g чоколадо Менаж

Подготовка

Ставете ги белките во длабок сад и матете ги заедно со шеќерот. Потоа додајте ги жолчките, какаото и брашното. Смесата ставете ја во плех за печење, претходно обложен со хартија и ставете го тестото да се пече во загреана рерна. Путерот изметете го пенесто со шеќерот во прав. Во друг сад измешајте ја мелената плазма со млекото, додајте ја во путерот и измешајте. Лешниците потпечете ги во тефлонска тава, измелете ги и нив додајте ги во путерот. Тестото исечете го на три ленти и филувајте ја тортата со филот. Слатката павлака ставете ја во сад на оган да се загрее, додајте го чоколадото и мешајте додека да се стопи. Тргнете на страна, малку да се олади , а потоа прелијте ја тортата.


Novogodisen prilog so recepti 2017 2018  
Novogodisen prilog so recepti 2017 2018  
Advertisement