Page 8

8|

РУСИЈА-МАКЕДОНИЈА

ИТАР-ТАСС

Одиме во Русија!

 Емил Ниами Летото е време кога Македонците ги користат своите годишни одмори. Многумина сакаат да појдат на плажа на некое од македонските езера, други, пак, сакаат да заминат на море. Но, постојат и такви што својот годишен одмор го користат за екскурзија по градовите во светот. Како интересна дестинација за македонските државјани, меѓу другите, е и Руската Федерација. Македонските туристички агенции нудат само една тура годишно и тоа за Москва за првомајските празници. Затоа многумина се решаваат да си направат свој аранжман и на тој начин да отпатуваат во Русија. Но, што сѐ е потребно да знаете пред да тргнете на пат? ПОТРЕБНА ЛИ Е ВИЗА?

За македонските граѓани потребна е виза за влез во Руската Федерација. Сепак, со спогодбата потпишана во 2008 година е предвиден безвизен влез за

следниве категории: 1. носители на дипломатски или службени пасоши – со рок на престој до 90 дена; 2. лица што имаат дозвола за привремен или постојан престој во Руската Федерација; 3. бизнисмени, новинари, спортисти, научници, студенти и други граѓани кои патуваат со цел остварување научно-техничка, образовна, културна или спортска размена, краткорочна обука и лекување, како и посета на роднини или познаници, доколку поседуваат оригинала покана издадена од страна на органите за миграција (ФМС) – со рок на престој до 90 дена 4. туристи, доколку поседуваат оригинал ваучер и потврда за прием на странски турист, издаден од страна на руски туристички оператор – со рок на престој до 30 дена. Доколку имате само копија од покана или од туристички ваучер, тогаш е потребно да се добие виза. Особено внимание треба да се посвети на туристич-

ките ваучери. Постојат таканаречени туристички агенции што продаваат вакви ваучери, но штом стасате во Русија може да се случи тие да излезат неважечки. Затоа ве осветуваме да бидете внимателни при купувањето ваучер. Исто така, доколку планирате краткорочна посета на Русија, треба да знаете дека на почетокот од оваа година беше донесена одлука од страна Руската Федерација според која странските државјани можат да се наоѓаат на територијата на Русија без виза во рок од 72 часа. Конзуларното одделение при амбасадата на Руската Федерација е отворено за прием на странки секој вторник, четврток и петок од 9 до 13 часот. Доколку ви се потребни дополнителни информации, можете да контактирате со амбасадата и преку нивната имејл-адреса embassy@russia.org.mk. Амбасадата на Руската Федерација се наоѓа во Скопје на улица Пиринска, бр. 44.

Rr 2014 06  

Рускиот туристичи компас се врти кон Македонија

Rr 2014 06  

Рускиот туристичи компас се врти кон Македонија

Advertisement