Page 13

КУЛТУРА

Музејот во Струга е, всушност, првиот музеј што е основан во Македонија. Тој започнал да функционира како музеј на автохтоната флора и фауна во регионот, за потоа да прерасне во национална установа. Во 1937 година, со понатамошното зголемување на примероците во поставката, било увидено дека пренаменетата просторија е многу мала за да можат да се сместат сите експонати во неа. Истата година властите на Кралството Југославија на овој музеј му го доделила статусот на научна институција, односно тој станал Природонаучен музеј во вистинска смисла на зборот. Тогаш Незлобински сфатил дека е потребно да се направи нова зграда во која ќе бидат сместени сите експонати. За таа цел тој изготвил план за изградба на музејска зграда, која со помош на граѓаните од Струга била изградена за само една година. Веднаш по нејзината изградба Незлобински го осмислил и нејзиното ентериерно решение, со што за многу кус период вратите на музејот биле отворени за посетителите. Интересен е фактот што поставката ја направил самиот Незлобински, распоредувајќи ги сите експонати по логичен редослед и давајќи прецизни информации за видовите. Втората значајна работа на која докторот обрнувал особено внимание биле ендемските видови. Сите експонати од флората и од фауната што се специфични и единствени за ова подрачје биле прикажани и опи-

Екатерина Туришева

Струшко туку и кај поширокото население, а љубезниот доктор со задоволство им ги покажувал своите експонати на посетителите. Токму неговата љубезност и посветениот однос кон заинтересираните, и воопшто кон луѓето од овој крај, го направила Незлобински најсаканиот лекар во Струшко. По само две години збирката станала толку голема што било потребно таа да се смести на некое поголемо место. Со цел примероците да бидат уредно изложени и достапни на јавноста, Незлобински во една од четирите бараки со кои располагал (во едната живеел тој со сопругата си, втората била наменета за неговите помошници, третата за маларичната болница, а четвртата била работилница) ги сместил експонатите. Со ваквиот потег рускиот лекар збирката ја поставил како постојана музејска поставка и со тоа го втемелил Природонаучниот музеј во Струга и музејската дејност во Македонија. На овој мал музеј му се радувале како вработените, така и болните, децата и возрасните од Струга, а тоа на Незлобински му дало елан да продолжи со својата собирачка дејност.

| 13

шани со многу грижливост и со посебна прецизност, со цел да им се даде посебна важност во целата експозиција. Во макотрпната работа на Незлобински му помагале и неговите соработници Елмаз Амза, Геки Дудуш, Суљо Таксим и Миле Шуле, а особена поддршка добивал и од својата сопруга Софија. Повеќе за животот на докторот Николај Антонович Незлобински прочитајте во делот за култура на нашата вебстраница www.mk.rbth.com, каде што ќе можете да најдете и ексклузивни фотографии од Природонаучниот музеј. Со започнувањето на Втората светска војна била прекината и акцијата на збогатување на колекцијата на музејот. Во текот на војната окупаторите ја презеле музејската зграда, ја преадаптирале и почнале да ја користат за свои потреби. Но, Незлобински не дозволил неговата долгогодишна макотрпна работа да биде уништена. Тој заедно со своите сограѓани од Струга ги спакувале експонатите и ги скриле во околните куќи. Со овој потег стружани не само што ја покажале својата почит и уважување кон докторот туку и дале до знаење дека се заинтересирани да го спасат богатството што го поседувало нивниот град. На 17 мај 1947 година Николај Антонович Незлобински умира од срцев удар. Граѓаните на Струга на достоинствен начин се простиле од својот омилен доктор. Гробот на Незлобински и денес се наоѓа во алејата на заслужните граѓани

на градските гробишта во Струга. По ослободувањето музејот го добива името на својот основач Никола Незлобински. Денес музејот претставува голем експозициски комплекс во кој се претставени примероци од флората и од фауната од Македонија. Експозицијата е претставена преку голем број диорами во кои се прикажани животните во своето карактеристично окружување. Исто така, постои и дел во кој се прикажани и голем број инсекти. Најголем дел од примероците се собрани од околината на Струга и на Охрид. Дел од експонатите претставуваат примероци на живиот свет што денес е или исчезнат или е ставен на списокот на загрозени видови, што на музејот му дава уште поголемо значење. Сето ова говори дека Природонаучниот музеј „Д-р Никола Незлобински“ е од особено значење за Република Македонија. За жал, зградата во која се наоѓа музејот е во многу лоша состојба: ѕидовите се слаби и сиви, осветлувањето е лошо, а под забот на времето почнале да пропаѓаат и диорамите. Ова особено се забележува кај делот посветен на инсектите, каде што може да се видат голем број распаднати примероци. Со оглед на големата вредност и на долгата и мачна историја, овој музеј заслужува особено внимание од локалната и од централната власт, со цел тој гордо да може да го прикажува живиот свет на Македонија, што, всушност, била и замислата на омилениот руски лекар на стружани.

Rr 2014 06  

Рускиот туристичи компас се врти кон Македонија

Rr 2014 06  

Рускиот туристичи компас се врти кон Македонија

Advertisement