Page 11

НАУКА И ТЕХНОЛОГИЈА За време на вториот меѓународен форум „Технопром2014“, кој се одржа во Новосибирск, вицепремиерот на Руската Федерација, Дмитриј Рогозин, и неговиот кинески колега, Ван Јан, се договорија за заедничка космичка соработка врз основа на ГЛОНАСС и Бејду

 Дан Потоцки На 6 јуни на меѓународниот форум „Технопром-2014“ вицепремиерите на Русија и на Кина, Дмитриј Рогозин и Ван Јан, разговараа за развојот на системот ГЛОНАСС, за геотехнологиите и за други теми, кои на еден или на друг начин се поврзани со системите за навигација.

Aртјом Житинев / РИА Новости

ПАРТНЕРИ ОД ИСТОКОТ

Според мислењето на Дмитриј Рогозин поседувањето сопствен навигациски систем е еден од знаците за постоењето на голема држава. Тој стави посебен акцент на постигнатиот договор меѓу системот ГЛОНАСС и кинескиот навигациски систем. - Ние гледаме големи перспективи во соработката меѓу системот ГЛОНАСС и кинескиот Beidou, уште повеќе што нашиот систем во голема мера е ориентиран на северната широчина, а кинескиот систем е појужен. Откако тие заемно ќе се надополнат, ние ќе можеме да создадеме најголем и најмоќен конкурент на кој и да е навигациски систем - појасни тој. Рогозин забележа дека доколку се земе предвид зближувањето на Русија и Кина, Западот ќе добие конкурент, кој едноставно не е способен да се натпреварува според карактеристиките на точност, туку и според други можности на навигацискиот систем. - Нашата задача е да се добие најдоброто во интерес на граѓанското користење - забележа тој. Ван Јан, меѓу другото, ја потенцираше важноста на средбата и на постигнатите договори. Според него, ова не е само важен чекор на линија на научно-техничката соработка, туку, исто така, е и важен политички чекор. Рогозин со својот колега ги разгледа и перспективите за создавање на широкотрупен авион и можност за формирање заеднички авиоконцерн врз основа на ваквото производство, а исто така и создавање нов воен хеликоптер врз база на „Ми-26“.

| 11

Експертите веќе успеаја позитивно да ги оценат договорите постигнати од руската и од кинеската страна за време на „Технопром“. - Гледаме дека нашите односи со Кина се развиваат на највисоко ниво, и космонаутиката тука многу убаво се вклопува - изјави дописниот член на Руската академија за космонаутика Андреј Ионин. Притоа, тој ги нарече САД и Европската Унија „несигурни политизирани партнери“. - Воено-космичката програма на Кина се развива мошне динамично. Тие имаат индустрија што функционира, огромни технолошки ресурси, тимови конструктори, инженери. Тоа е сигурен и вистински партнер, а тоа какво место ние ќе заземеме во таквата соработка, зависи само од нас заклучи Ионин. ПАРТНЕРИ ОД ЗАПАДОТ

Рогозин ја начна и темата за соработката со САД. Вицепремиерот се надева дека до 1 септември 2014 година Русија и Америка ќе успеат да се договорат за позиционирањето на системите ГЛОНАСС и GPS. - Се договоривме дека од 1 јуни станиците GPS на територијата на Руската Федерација ќе бидат изложени на определено влијание, со цел тие во иднина да не можат да се користат за воени цели. Се надевам дека нè слушнаа не само во навигацискиот сектор туку, пред сè, во Вашингтон. Се надевам дека до 1 септември ние или ќе наидеме на целосно разбирање, или ќе треба да правиме нешто со тие станици, нема да кажам што - изјави Рогозин. Да потсетиме дека санкциите во однос на американските навигациски станици следуваа по спорот за стационирање на аналогични руски станици од системот ГЛОНАСС на територијата на САД. Денес Рогозин, кој ѝ се заканува на НАСА во врска со ова уште од минатиот месец, повторно потсети на постоењето проблем. - Уште од почетокот на деведесеттите години од минатиот век во Русија работат 11 станици на GPS, и ние сметаме дека имаме право да очекување стационирање на аналогични станици на територијата на САД. Сепак, ние се судривме со очигледно политизирање на ова прашање, па се слушнаа изјави дека руските станици ќе имаат улога на некакви шпиони - рече Рогозин. Доколку Русија и САД не успеат да се договорат, никој нема да има проблем со навигацијата, зашто системот ГЛОНАСС веќе достигна високи показатели во работата, уверува Рогозин.

Rr 2014 06  

Рускиот туристичи компас се врти кон Македонија

Rr 2014 06  

Рускиот туристичи компас се врти кон Македонија

Advertisement