Page 1

Прилогот го уредува и го издава „Росијскаја газета“ (Москва), која е целосно одговорна за содржината. Се печати и се дистрибуира во соработка со „Нова Македонија“.

АНАЛИЗА

Мирисот на ураниум на Балканот

ПОЛИТИКА И ОПШТЕСТВО

ruskarec.mk

САБОТА - НЕДЕЛА, 18-19 МАЈ 2013 ГОДИНА

БРОЈ 5

стр. 4-5

Јас помнам! Јас се гордеам! стр. 2-3

ВОЈСКА

Руските трошоци за одбраната закана за мирот? стр. 7

ИНТЕРВЈУ СО СВЕТА БОГОВА-ЈОВАНОВСКА, ОРГАНИЗАТОРКА НА МОДНИОТ ВИКЕНД ВО СКОПЈЕ

Русинката што ја диктира македонската мода

Ани Дими

стр. 10-11

Само на RUSKAREC.MK Повеќе теми на интернет -страницата на „Руска реч“

КУЛТУРА

Богатствата на Русија стр. 12-13

„Росијскаја газета“ уредува прилози за Русија во 26 водечки светски весници, вклучувајќи ги и „Њујорк тајмс“, „Дејли телеграф“, „Фигаро“ и „Зидојче цајтунг“


2|

ПОЛИТИКА И ОПШТЕСТВО

РУСКА РЕЧ

Јас помнам! Јас се гордеам!  Денис Маљцев

На деветти мај годинава Русија одбележа мошне тажен и свечен датум: 68 години од завршувањето на Големата татковинска војна, во која својот живот го изгубија 27 милиони жители на СССР со молба да заминат на фронт, па затоа без преувеличување може да се каже дека Советската војска била доброволничка. Кога сме кај зборот „голема“, со него се истакнува улогата на СССР. Во споменатиот говор Сталин рекол дека целта на војната не е само „ликвидација на опасноста што надвисна над нашата земја“ туку и помош на сите народи на Европа. СССР ја исполни оваа мисија. Без оглед на тоа што победата е постигната со напорите на многу земји, токму СССР ги уништи главните германски воени единици. Повеќе од 74 отсто од вкупниот број човечки жртви (10 до 13,4 милиони) Вермахтот ги даде во борбите со Советската војска. Претседателот на САД Франклин Рузвелт уште во мај 1942 година пишувал: „Тешко е да се

Александар Земљанченко, АП

Во Русија и во многу земји од Заедницата на независни држави под Голема татковинска војна се подразбира војната на СССР против нацистичка Германија и нејзините европски сојузници (Бугарија, Унгарија, Италија, Романија, Словачка, Финска и Хрватска). Таа се водела од нападот врз СССР (22 јуни 1941 година) до капитулацијата на Германија (8 мај 1945 година по средноевропско, односно 9 мај по московско време). Овој назив уште на 3 јули 1941 година го употребил Сталин кога преку радио го повикал целиот народ да се бори против агресорот. Во земјите од англиското говорно подрачје наместо овој назив се користи терминот „Источен фронт на Втората светска војна“, а во германската историографија е познат како „Германско-советска војна“ или „Поход на Русија“. Зошто во Русија се користи токму називот „Голема татковинска војна“, без оглед на тоа што Европејците не го разбираат? Зашто за Русите и за другите народи на СССР оваа војна пред сè била татковинска, односно војна за слобода, за независност и за опстанок на татковината: со нацистичкиот план „Ост“ се предвидувало да бидат уништени 50-60 отсто од Русите. Народите на СССР го уништиле тој план исклучиво со својата самопожртвуваност. За време на војната повеќе од 19 милиони граѓани доброволно се јавиле

премине едноставниот факт дека руската армија уништува повеќе непријателски војници и вооружување отколку другите 25 сојузнички земји заедно“. Црвената армија во периодот од 1941 до 1945 година уништи и зароби 607 непријателски дивизии, а англо-американската војска околу 176. Оттука е сосема разбирливо што граѓаните на Русија се гордеат со оваа победа. Не им е јасно како може да се стави знак на равенство меѓу Сталинградската битка, во која Германија и нејзините сојузници (Италија, Романија, Хрватска) изгубија повеќе од 840.000 луѓе, и битката кај Ел Аламејн, каде што непријателот изгуби околу 30.000 луѓе. А токму на овој начин се прикажува историјата на Втората светска војна во многу европски учебници. Поради сево ова, во Русија постои специфична атмосфера на почит кон поколението на воени ветерани и таа не е променета дури ни сега, во почетокот на 21 век. За жал, ова не е случај во сите постсоветски држави. Во Литванија, на пример, воените ветерани често се изложени на јавни навреди од страна на младите луѓе. На улиците во Русија ваквите сцени се невозможни. Каква било грубост кон луѓето на кои треба да сме им благодарни што сме сега живи би предизвикала револт во руското општество и во државата. Еден пример на искажување почит кон победата во Големата татковинска војна е и ак-

Руски воени возила на Црвениот плоштад во Москва за време на пробата за воената парада на Денот на победата, 9 мај


РУСКА РЕЧ

|3

ИТАР-ТАСС

ПОЛИТИКА И ОПШТЕСТВО

Во руското општество владее атмосфера на длабоко почитување кон ветераните од Големата татковинска војна

цијата „Георгиевска лента“, во која се делат ленти во боите на оние од ордените на Руската Империја и СССР. Според организаторите, целта на оваа акција е „по секоја цена да се спречи новите поколенија да заборават кој и по која цена победил во најстрашната војна на минатиот век, чии наследници сме ние, со што треба да се гордееме и на кого треба да се сеќаваме“. Акцијата што ја поддржуваат 73 отсто од Русите, се спроведува под мотата: „Дедовата

Победа е моја Победа“, „Јас помнам! Јас се гордеам!“, „Ние сме наследници на големата Победа“, „Му благодарам на дедо за Победата!“. Досега се поделени над 50 милиони ленти. Може да се заклучи дека празнувањето на 9 мај, како симбол на единството на нацијата, не се изменило сериозно од советските времиња. Обидите Победата да се „поврзе“ со режимот на Сталин и на внуците и на правнуците на победниците да им се

всади чувство на вина поради подвигот на нивните предци во целост пропаднаа. Современите Руси ја доживуваат оваа војна токму како татковинска, односно како подвиг на народот, кој сам по себе не е поврзан за конкретно политичко раководство. Денис Маљцев е виш научен соработник на Рускиот институт за стратегиски истражувања

Како се празнува 9 Мај во Македонија Во земјите во кои општеството пред сè ги зема предвид политичките процеси што ја следеле победата над нацизмот, празнувањето на победата над заедничкиот непријател ја губи поддршката од страна на јавноста. Овој процес ја зафати и Македонија. Ова е делумно парадоксално, за разлика од многу земји и народи на Европа, кои им се предадоа на освојувачите без борба или кои дури и станаа сојузници на Германија, Македонците имаат со што да се гордеат. Народноослободителната војска на Југославија беше четврта по бројност меѓу сите војски на антихитлеровската коалиција. До 1944 година Македонците и другите Југословени практично самите го одржуваа „вториот фронт“ (како што се нарекува Западноевропскиот фронт во Русија) и успеаја да парализираат 12 до 15 германски дивизии, не сметајќи ги италијанските, унгарските, бугарските и хрватските единици. Сепак, Денот на Победата не е државен празник во Македонија. Во тоа нема ништо невообичаено доколку се поглед-

не како во училиштата во современа Македонија се предава историјата на Втората светска војна. Кога на учениците им се зборува за советската „окупација“ на прибалтичките држави и на Финска и во сите учебници, без исклучок, се истакнува улогата на „руската зима“ во запирањето на германската армија, навистина станува нејасно: што празнуваат Русите? Една работа е да се спомене 607 дивизија што Советската војска ја уништи, а друго е да се каже дека Русија ја спасил „генералот Зима“.

Македонците имаат со што да се гордеат Од друга страна, кога се опишуваат настаните од Втората светска војна во Југославија, авторите на македонските учебници мораат да се осврнат и на болниот факт дека во Југославија во тоа време се одвивала и гра-

ѓанска војна меѓу четниците на чело со генералот Дража Михајловиќ и усташите на Анте Павелиќ против Титовите партизани, односно комунистите. Секако, ако настаните се набљудуваат од тој агол, нема што да се слави: победата во граѓанската војна не може да биде општонароден празник. Но, ваквата интерпретација е неоснована: се разбира, СССР, ослободувајќи ги народите на Европа, ги промовираше и своите надворешнополитички цели, но тоа е мошне споредно во однос на општочовечката задача за уништување на германскиот нацизам. Доволно е да се потсетиме на фактот дека советската армија не влегла на територијата на Грција, во која исто така постоело силно комунистичко движење, зашто тоа не било потребно во воена смисла. Времето ќе покаже што ќе преовлада во Македонија: сеќавањето на заедничката Победа ослободено од дневнополитичките потреби или, пак, политиката ќе почне да ја обликува историјата.


4|

РУСКА РЕЧ

АНАЛИЗА

Мирисот на ураниум Голем број армии од различни држави во светот имаат муниција со осиромашен ураниум за црни денови, но само САД се подготвени да ја употребат во сите воени акции каде што е потребен брз успех

Западот нема обичај да евоцира спомени за „оваа“ воена операција. Ова кратко истражување е посветено на една од најнерасветлените епизоди од војната, во која Американците користеа боеви глави со осиромашен ураниум. Од овој вид муниција настрадаа и Србија и соседна Македонија, но и самите војници на НАТО. За нив скандалот изби во 2001 година, кога од леукемија починаа 18 војници на мировниот контингент на НАТО на Косово: 7 Италијанци, 5 Белгијци, 2 Холанѓани, 2 Шпанци и по еден претставник од Португалија и од Чешка. Освен тоа, на 30 италијански, 8 шпански, 4 француски и 4 белгиски војници им беше дијагностициран рак на крвта. Истата дијагноза беше поставена и кај војници од Унгарија, Данска, Германија, Велика Британија и од други земји. Подоцна, специјална комисија на Организацијата на обединетите нации (ООН) утврди дека сите тие се наоѓале на територија што била изложена на влијанието на американското оружје со осиромашен ураниум. Комисијата на ООН кон крајот на 2001 година спроведе истрага во поранешна Југославија, со која беа опфатени и проверени 11 објекти на Косово, при што дојде до заклучок дека сите објекти се загадени со радиоактивни елементи и дека водата во регионот не е за пиење. На мировниците и на хуманитарните мисии во зоната на конфликтот им беше препорачано да ги избегнуваат контаминираните објекти и да не пијат вода од оваа област. Според експертите, за деконтаминација на оваа област би биле потребни неколку милијарди долари. Меѓутоа, САД и нивните сојузници од НАТО воопшто не реагираа на оваа изјава. Не постои причина да не им се верува на меѓународните инспекции што вршеа мониторинг на територијата на Србија. Некои од нив работеа на иницијатива на самите учесници во вооружениот конфликт, меѓу другото, бидејќи заболуваа и војници на „мировниот“ контингент. Всушност, Европејците го отворија праша-

Ројтерс

 Дмитриј Литовкин

Офицер на Југословенската армија покрај радиоактивно поле во селото Рељина кај Прешево, 7 јануари 2001 година

њето за употреба на муницијата со осиромашен ураниум. Но, поранешниот американски државен секретар Медлин Олбрајт ги замолчи партнерите со изјавата дека „не постојат факти што здравствените проблеми на војниците би можеле да ги поврзат со муницијата со осиромашен ураниум“. Индикативно е тоа што најмногу заболени има во италијанскиот контингент на мировните сили, а Италијанците се наоѓаа на границата со Албанија, каде што муницијата со осиромашен ураниум беше употребена во големи количини. Во зоната на одговорноста на Американците, никој не заболе - на нивното подрачје таква муниција практично и не беше користена. Не настрадаа ниту руските мировници, бидејќи по поделбата на Косово на зони на одговорност, тие добија сектор во близина на американските војници. Во Југославија беа применети четири вида

муниција со осиромашен ураниум. За пробивање на меѓукатните конструкции во зградите беа користени бомби долги шест метри. Бомбите, всушност, беа цевки од ураниум тешки по 100 килограми, во соодветна обвивка со кумулативно полнење од тротил. За борба против моторизираната техника се користеа антиоклопни проектили тешки 3,2 килограми со јадро од ураниум. Пистите беа гаѓани со касетни бомби наполнети со парчиња ураниум, со тежина од 600 килограми, кои се разлетуваа по пистата и правеа јами од 10 квадратни метри. Военото воздухопловство, пак, користи проектили тешки по 500 г. Ова оружје е најмногу применувано на Косово и во јужна Србија, односно таму каде што регуларната српска армија најжестоко им се спротивстави на сојузничките трупи. Осиромашениот ураниум (У-238) е спореден

Кој има и кој (не) користи муниција што содржи осиромашен ураниум Руската армија во својот арсенал има проектили со ураниум. Се работи главно за муниција за тенковите T-72/80 и Т-90. Сепак, како што во 2001 година соопшти генерал-мајорот Евгениј Кулешов, вршител на должноста шеф на ракетните и артилериски единици, ниту советските, ниту руските вооружени сили, никогаш во воен конфликт не употребиле таква муниција. Осиромашениот ураниум е спореден производ од збогатувањето на ураниумот. Оттука, тврдењето дека е тоа „нуклеарен отпад“ од реакторите, што преку бомби евтино „се складира“, не е целосно точно. Муниција со осиромашен ураниум денес имаат армиите на над 20 држави: САД, Велика Британија, Франција, Русија, Кина, Индија, Саудиска Арабија, Израел, Бахреин, Египет, Кувајт, Пакистан, Тајланд, Ирак, Тајван, итн. Но, таа користи само од страна на САД.


РУСКА РЕЧ

АНАЛИЗА

на Балканот не се „сплоснуваат“ при удар во зграда или удар врз блиндираната цел. По пробивање на оклопот, остатоците на јадрото се палат и предизвикуваат пожар во внатрешноста на тенкот или на оклопниот транспортер, полнејќи ја кабината со отровни гасови. Сето ова во голема мера ја зголемува ефикасноста на примената на ваквата муниција. Повеќето држави што имаат ваква муниција неа ја чуваат за „црни денови“, во случај да дојде до глобална војна, и не се фалат поради тоа што ја поседуваат. Вашингтон, пак, во своите вооружени сили ја користи како главно ударно средство. САД денес имаат над 50 отсто проектили со компоненти на ураниум и подготвени се да ги употребат во сите воени акции каде што е потребно да се постигне брз успех. На пример, за само три недели на воени дејства против Ирак во 2003 година, пешадијата и моторизираните единици на САД потрошија 9.552 тенковски проектили и 1.700.000 проектили со осиромашен ура-

Ројтерс

производ што се добива при збогатување на ураниумот и се третира како индустриски отпад. Но, според зборовите на професорот на Воената академија, Вадим Козјулин, осиромашениот ураниум, поради својата густина и тежина (речиси 70 отсто е погуст и потежок од оловото), активно се користи во воената индустрија како компонента во производството на оклопот и на јадрото на проектилите, иако се работи за многу токсичен материјал. Периодот на неговото полураспаѓање е 4,5 милијарди години. Сепак, за војската на САД сите негови штетни ефекти, во споредба со резултатите што тој ги дава во војната, се во втор план. Муницијата направена врз база на ураниумот има помала површина, а со самото тоа има и помал отпор кон воздухот, што значи дека побрзо лета и целта ја погодува со поголема сила. Ваквите проектили летаат со брзина од околу 2 км /с (за разлика од обичните, кои летаат со брзина од 1,5-1,7 км /с) и тие

Комисијата на ООН кон крајот на 2001 година спроведе истрага во поранешна Југославија, со која беа опфатени и проверени 11 објекти на Косово, при што дојде до заклучок дека сите објекти се загадени со радиоактивни елементи и дека водата во овој регион не е за пиење

Getty Images / Fotobank

Во зоната на одговорност на Американците на Косово никој не заболе - на нивното подрачје таква муниција практично и не беше користена. Не настрадаа ниту руските мировници, бидејќи по поделбата на Косово на зони на одговорност тие добија сектор во близината на американските војници

Проектилите со ураниум летаат со брзина од околу 2 километри во секунда (за разлика од обичните, кои летаат со брзина од 1,5 до 1,7 километар во секунда) и тие не се сплоснуваат при удар во зграда или при удар врз оклопна цел. Напротив, јадрото на ураниумот, при удар, станува уште поостро. По пробивањето на оклопот, остатоците од јадрото се палат и предизвикуваат пожар во внатрешноста на тенкот или на оклопниот транспортер, полнејќи ја кабината со отровни гасови

|5

ниум од помал калибар. По Заливската војна Пентагон и официјално призна дека на територијата на Ирак биле фрлени 31 тон ураниум. Вадим Козјулин забележува дека, за жал, муницијата со осиромашен ураниум официјално не спаѓа во забранетите видови оружје. Оттаму, Белград денес не може да упати каков било приговор до Вашингтон. Згора на тоа, дури и ако дојде до договор за забрана за употреба на муницијата што содржи осиромашен ураниум, тој нема да биде ратификуван ниту од Вашингтон, ниту од Москва, ниту од Пекинг. Козјулин смета дека ваквата ситуација е резултат на поделбата на светот на оние што сериозно се подготвуваат за војна и оние што сметаат дека во случај на војна ќе можат да се сокријат зад туѓ грб. Ова, кога станува збор за дваесетте земји што поседуваат муниција со осиромашен ураниум, е делумно точно. Повеќето од овие земји применувале или применуваат воена сила. Што се однесува до „мирољубивите“ сојузници од НАТО што предлагаат мерки за ограничување на овој вид муниција, нив, едноставно, никој не ги слуша, со оглед на безначајното учество на овие земји во мировните операции на Алијансата. Згора на сè, осиромашениот ураниум е најевтиниот, а во исто време и најефикасниот метал. Најблизок конкурент му е волфрамот, а тој е многу скап и далеку помалку го има во природата. Поради овие причини, Армијата на САД во скоро време нема да се откаже од муницијата со осиромашен ураниум, чија примена, без соодветен договор, ќе биде легитимна. Авторот е резервен капетан од трет ранг и воен експерт на весникот „Известија“


6|

РУСКА РЕЧ

ЕКОНОМИЈА

Време на органско земјоделство Како органски или еколошки прехранбени производи се сметаат оние што се одгледувани без користење хемиски ѓубрива, додатоци, а, исто така, и без техногени влијанија. Секако, во Русија отсекогаш постоела храна што се добивала на таков начин. Меѓутоа, до пред пет години тоа главно беше овошје и зеленчук од приватните некомерцијални парцели. Никако не можеше да се зборува за некакви значителни количества органски производи наменети за продажба или за уреден систем за дистрибуција. Имено, уште од првата половина на 20 век, по преминувањето на масовно индустриско производство, сè помалку луѓе сакаа да се занимаваат со земјоделство. И дури пред 56 години во Русија повторно почнаа да се појавуваат луѓе што се подготвени да се занимаваат со одгледување земјоделски производи како бизнис, да вложуваат во купување земја и да произведуваат еколошко чисто овошје, зеленчук и месо за продажба. Борис Акимов, основач на продавницата за органска храна „Лавка-лавка“, раскажува како пред четири години морал да се помачи за да најде производители што би можеле да испорачуваат органски произведена храна. Денес состојбата е многу подобра. Земјоделските стопанства се сè популарни и производителите самите се јавуваат, нудејќи еколошки чисти производи. Борис Акимов тврди дека 99 отсто од денешните руски земјоделци се поранешни жители од градовите, кои дошле на село за да обработуваат земја. На пример, Владимир Луњашин од Пензенската област од „Росселхозбанка“ зел кредит од 300.000 долари. Со тие пари изградил хотел, подигнал плантажа со јаболка и почнал да произведува овошје. Овошјето и зеленчукот ги пласира на пазарот и месечниот обрт на неговата компанија достигнува до 20.000 долари. Според зборовите на директорот на Московскиот гастрономски фестивал, Игор Губернски, во Русија би можело да има и многу повеќе вакви успешни проекти (засега ги има околу 200), но луѓето се двоумат да се впуштат во ваков вид производство поради непостоењето стандарди и недоволна поддршка од страна на државата. Еден од главните проблеми со кои се соочуваат земјоделците се високите каматни стапки за субвенционирани кредити. Тие денес во Русија изнесуваат 5-6 отсто, додека во Европа не ја преминуваат границата од 2 до 3 отсто. Притоа, за почеток на бизнис потребно е да се инвестираат и до 500.000 американски долари. Еден приплоден бик, на пример, чини околу 30.000 американски долари, а исто толку, според изјавата на основачот на фирмата „Ferma at Home“, Максим Ливси, е пот-

Shutterstock

 Алина Уколова

Руската држава планира до 2015-та да почне да ги поддржува производителите на органска храна и очекува бизнисот да се зголеми неколкупати

ребно да се вложи за израмнување и за подготовка за садење на само 10 ари земја. Сепак, постои реална побарувачка за производи од органските земјоделски имоти. Нивната продажба прво почна преку Интернет. Продавниците какви што се „Лавка-лавка“ или „Директно од фарма“, кои на некој начин се придвижувачи на развојот на оваа гранка, креираа свои сајтови преку кои можете да ги нарачате нивните производи, а ќе ви бидат испорачани на вашата домашна адреса. Меѓутоа, денес органските производи можат да се најдат и во сите големи синџири супермаркети. Така, на пример, производите од „Директно од фарма“ можат да се најдат во „Metro Cash & Carry”. Социолошките анкети покажуваат дека 60 отсто од населението на двете престолнини, Москва и Санкт Петербург, се подготвени за „природноста“ да платат повисока цена. На пример, килограм компир што е одгледан со примена на вештачки ѓубрива и хемиски средства против компировата златица чини околу 1,5 американски долари, додека цената на органскиот компир, одгледан без хемикалии, ја надминува сумата од 3 долари за килограм. - Здравиот начин на живот стана во извесна мера хит во Русија, а особено во престолнините, каде што заработката е поголема отколку во внатрешноста. Нема да претераме ако кажеме дека токму оваа мода го поттикна развојот на земјоделските стопанства. Денес органските производи се застапени практично во сите продажни синџири во Москва и во Санкт Петербург, што покажува

Популарноста на здравиот начин на живот во Русија создаде услови за развој на земјоделски имоти на кои се одгледуваат еколошки чисти производи. Дури 99 отсто од денешните руски земјоделци се поранешни жители од градовите, кои дошле на село за да обработуваат земја тренд на развој на оваа гранка - изјави експерт што сакаше да остане анонимен. И законодавната власт презеде одредени чекори во согласност со новите потреби. Кон крајот на февруари Министерството за земјоделство на Русија разработи и испрати на меѓусекторско усогласување федерален нацрт-план за производство на органски земјоделски производи. Овој документ го опишува процесот на сертификација и предвидува државата до 2015 година да почне да им дава поддршка на производителите. Стручњаците сметаат дека доколку производителите на органска храна добијат даночни олеснувања, популарноста на овој бизнис ќе порасне неколку пати.


РУСКА РЕЧ

ВОЈСКА

|7

Руските трошоци за одбраната закана за мирот? Како резултат на лошата економска клима, глобалните трошоци за одбрана во реален израз се намалуваат веќе втора година. Во исто време гледаме нивен реален пораст на Блискиот Исток и во Северна Африка, Русија и Евроазија, во Латинска Америка и во Азија, наспроти реалното опаѓање во Северна Америка и во Европа. Како што предвидувавме минатата година, во 2012 минималните расходи за одбрана во Азија за првпат ги надминаа трошоците на европските земји членки на НАТО, изјави на промоцијата на годишникот „The Military Balance-2013 (Воен биланс2013)“ генералниот директор на Меѓународен институт за стратегиски истражувања (International Institute for Strategic Studies, IISS), Џон Чипмен. Во рефератот што содржи речиси 600 страници, на Русија и на земјите од поранешниот СССР им се посветени 45 страници текст, во кој опширно се зборува за реформата на руските вооружени сили. Аналитичарите на IISS забележуваат дека по оставката на министерот за одбрана Анатолиј Сердјуков во ноември минатата година и по назначувањето на Сергеј Шојгу, реформата, најверојатно, ќе продолжи да се одвива по истиот правец по кој се одвиваше и претходно. „Воените трошоци на Русија растат, а во САД и во Европа се намалуваат“. Ова тврдење може да остави силен впечаток доколку не се знае дека воените расходи на Москва не се споредуваат со аналогните расходи на Вашингтон, а, исто така, и на Лондон и на Париз. Наведените цифри, кои лесно можат да се најдат на Интернет, велат дека расходите на САД за одбрана во 2013 година, а кои се потврдени од Сенатот и од Конгресот, изнесуваат 550 милијарди американски долари. Тоа, секако, е за 100 милијарди американски долари помалку отколку во 2012 и во 2011 година. Трошоците за сопствената армија и за флотата на Велика Британија изнесуваат 90 милијарди американски долари (таа е на трето место во светот според трошоците за одбрана, второто место ѝ припаѓа на Кина со 120-150 милијарди американски долари), на четвртото место според трошоците е Франција (70 милијарди американски долари) и дури на петтото место се наоѓа Русија со 55-60 милијарди долари. Зошто во САД и во Европа се намалуваат воените трошоци, а во Русија се зголемуваат? Познато е дека САД, како и многу други земји од западниот свет, во денешно време поминуваат низ економски тешкотии. Се намалува општиот буџет, па следствено се намалуваат и воените трошоци на Пентагон. Тој ја прекина војната во Ирак, што многу ги намали трошоците, ја повлекува војската од Авганистан, не почна активни дејства (во крајна линија на копното) против ре-

жимот на Моамер Гадафи во Либија. Владата нагло го намали купувањето на многуфункционалниот авијатички комплекс од петтото поколение F-22 (наместо 700 се ограничи на околу двесте), се намалуваат и купувањата на „полесниот“ брат на F-22, F-35. Сојузниците на НАТО, исто така, ги намалуваат нарачките за овие машини. Се знае зошто. Овие истребувачи денес речиси и да немаат свои противници. Можеби тие во некоја далечна иднина можат да се појават кај Русија - во 2015 година треба да почне да функционира перспективниот авијатички комплекс на фронтовата авијација (ПАК ФА) Т-50. Но, да војуваат со ракетно-нуклеарна Русија, ниту САД, ниту НАТО немаат во план. А, за војните што тие ги водеа во изминативе години (Ирак, Авганистан, Јемен, Сомалија, Мали, Либија, Југославија...) доволна беше онаа боева техника и оние системи што западните армии веќе ги имаат. Секако, воено-индустрискиот комплекс ниту на САД ниту, пак, на европските земји, не смее да се лишува од високотехнолошките нарачки - тоа нема да го дозволат ниту „Boeing“, ниту „Lockheed“, ниту „Dassault и Grumman“, ниту „BAE systems“ заедно со „AEDS“, иако тие имаат исто толку големо цивилно производство колку и воено. Но, военото производство е најслаткото и најдоходовно. Затоа со намалување на своите трошоци за одбрана, меѓу кои и поставувањето на четвртата етапа на американскиот систем ПРО во Европа, за што тукушто беше објавено, западните земји и САД нема да се спуштат до руските одбранбени трошоци. Зошто Русија ги зголемува трошоците за одбрана? Дваесет години по исчезнувањето на СССР и создавањето на руската држава врз неговата база, буџетот практично не издвојуваше средства на ново вооружување на Руската армија и флота. И делот на современата боева техника во војската падна за 10 отсто. До што доведе тоа покажаа августовските настани од 2008

година, кога грузиската армија ги нападна руските миротворци, кои беа поставени во Јужна Осетија. Руската армија успеа да ја победи грузинската војска, но пред сè тоа се должи на храброста и на издржливоста, а не благодарение на современата боева техника. И само потоа на програмата за обновување на армијата и флотата во 2011 година беа издвоени 20 билиони рубли (700 милијарди долари) за следните десет години. Да ставиме акцент на десет години. Во 2011 година беа издвоени 1,3 билиони рубли, во 2012 година 1,4 билиони, а во 2013 година, како што и беше планирано, 1,5 билиони рубли. Современата боева техника нема веднаш да се појави во војската. Во почетокот се дава тактичко-техничка задача за нејзино конструирање, потоа се спроведуваат научноистражувачки и експериментално-конструкторски работи, создавање на првите мостри, кои најнапред треба да поминат и воено и државно тестирање, па дури потоа, доколку сè помине успешно, ќе почнат да бидат доставувани до војската. До 2020 година армијата и флотата, благодарение на овие инвестиции, треба да бидат обновени 70 отсто. Значи, некоја посебна воена тајна за растот на руските одбранбени трошоци не постои и сосема е неблагодарно и нечесно со тоа да се заплашуваат жителите на Западот.

ИТАР-ТАСС

 Виктор Литовкин

Во истражување на Меѓународниот институт за стратегиски истражувања во Лондон се тврди дека руските воени трошоци во изминативе години се зголемиле, додека светската економска криза ги натерала САД и Европа да ги намалат своите трошоци во оваа област

Рускиот премиер Дмитриј Медведев стрела со ново оружје на полигон на Експерименталниот центар за современо вооружување на Руската армија


8|

ПОЛИТИКА И ОПШТЕСТВО

РУСКА РЕЧ

Обичен фа(л)шизам  Елена Новосјолова

Неодамна во Германија, на телевизискиот канал ZDF, беше прикажан филмот во три продолженија со наслов „Нашите мајки, нашите татковци“. Филмот зборува за најважната војна од минатиот век од гледна точка на Германците. Тоа е приказна за пет млади луѓе што ги раздвоил фронтот. Секого од нив војната го ставила пред голема морална дилема и тешко искушение. По новата серија се гледа дека Германија е веќе во голема мера изморена од каењето за она што го направила и сега се обидува да се ослободи од чувството на вина, префрлајќи им го на другите, меѓу другото и со помош на филм за советските насилници, полските антисемити и украинските садисти. Филмот е уметничко дело и тој, секако, подразбира авторска слобода. Но, кога станува збор за настани што се толку важни за целото човештво, тогаш, сепак, треба да се води сметка за историските факти. Во Русија германската серија први ја забележаа токму историчарите - членови на Руското военоисториско друштво. Тие издадоа соопштение за јавноста во кое се подвлекува дека здружението „изразува решителен протест против извртувањето на историските факти и против обидот за фалсификување на историјата“, а појавата на филмовите каков што е овој ги оценува како „исмевање на многуте милиони жртви за нацизмот и обид за негова рехабилитација“. Самиот телевизиски канал ZDF не се согласува со критиката што му е упатена. Раководителите на каналот велат дека серијата е „антивоена“ и сметаат дека ниту една сцена со насилство во филмот не е снимана од некакви други побуди. Денес во германското општество се забележува тежнеењето на современите Германци да ги оправдаат постапките на своите татковци и дедовци на територијата на СССР во Втората

Германија по сѐ изгледа е изморена од каење за тоа што го стори во Втората светска војна и сега се обидува да го подобри својот имиџ на „предводник на ЕУ“, префрлајќи ја вината на другите, а пред сѐ, нормално, на СССР. За тоа сведочи и филмот „Нашите мајки, нашите татковци“, што неодамна беше прикажан на каналот ЗДФ светска војна. Врз основа на филмот се добива впечаток дека германските војници дури по доаѓањето на фронтот дознале кое е вистинското лице на нацистичката власт. Во очи паѓа мотивот на носталгични спомени на мирното и среќно предвоено време, како да не постоел никаков Хитлер и никаков „Мајн кампф“ во кој се величи истребувањето на ниските раси. Во серијата е најдено место и за други современи митови. Еден од нив зборува за тоа како советските одреди, кои влегле на територијата на Германија, излегле од контрола и масовно силувале германски жени. Се споменува и бројка: два милиони силувани Германки. Впрочем, во филмот не само Русите се однесуваат „како ѕверови“. Сите Полјаци и Украинци се прикажани како антисемити. Германските жители се плански потхранувани со вакви стереотипи уште од почетокот на војната. Најпрво, Гебелсовата пропаганда ги убедувала Германците дека тие, всушност, војуваат против дивјаци што ќе ги силуваат сите жени од 8 до 80 години. Темата на насилството се појавува и во повоените изданија на западните автори. Потоа се појавија и лекари што зборуваа за два милиони силувани Германки, но то-

гаш веќе почнуваше Студената војна. Секако дека советските војници на територијата на Германија не биле „мачиња“, смета Михаил Мјахков, доктор на историски науки и шеф на Центарот за историја на војувањата и геополитика во рамките на Институтот за општа историја на Руската академија на науките. - Ослободувајќи ја својата земја, тие насекаде наидувале на запалени села и на разурнати градови, на илјадници и илјадници убиени, меѓу кои имало и деца и стари лица. Што требало да чувствува некој наш човек кон Германците? Омраза, која секако ја поддржувала и советската пропаганда, но тоа беше војна за опстанок на нашата национална држава - вели рускиот историчар. Јасно е дека на територијата на Германија било тешко да се избегне одмазничко однесување на определени советски борци кон Германците. На непријателската територија влегла армија од неколку милиони војници, и во неа имало различни луѓе. Но, советското раководство издало цела низа наредби за да се избегне насилството врз германските жени и, воопшто, врз цивилите. Во тие наредби е пропишано дека „пљачкосувањето, насилството, грабежите, бесмисленото палење и уривање

Со напорите на филмската индустрија и на медиумите на Запад намерно се создава испревртена слика за Втората светска војна. Посебен револт предизвикува сцената во која советските војници упаѓаат во германска болница, убиваат ранети и силуваат медицински сестри. Ова „степско ѓубре“, копирано од Гебелсовите текстови, има цел некако да го ретушира Вермахтот во ладнокрвното и систематско уништување на цивилното население во Советскиот Сојуз...

Филмот „Нашите мајки, нашите татковци“ зборува за најважната војна од минатиот век од гледна точка на Германците

kinopoisk.ru

Од соопштението на Руското военоисториско друштво


РУСКА РЕЧ

ПОЛИТИКА И ОПШТЕСТВО

|9

kinopoisk.ru

Филмот како уметничко дело подразбира авторска слобода, но кога се работи за настани важни за целото човештво треба да се води сметка за историските факти

се казнуваат, ако е потребно, и со стрелање“. Од друга страна, не постоеле никакви германски наредби што би го штителе советското цивилно население од насилства. Напротив, на 13 мај 1941 година, врз основа на указ од Хитлер, потпишана е наредба „за дејствување на воен суд на подрачјето на ‘Барбароса’ и за посебните овластувања на војската“, со која, фактички, објавен е режим на неограничен терор на територијата на СССР. Германското раководство сметало дека на исток суровоста ќе има благотворно дејство, па затоа командирите мораат да се жртвуваат и да ги отфрлат сите свои сомнежи. Со други зборови, германската војска имала право, и згора на тоа била обврзана во борбата против СССР, да ги применува сите средства, без никакви ограничувања,

дури и против жените и децата. Можат ли Германците да ја оправдаат својата улога во Втората светска војна? И зошто им е потребно тоа? Денес Германија е водечка членка на Европската Унија. За зачувување на тој статус е потребен определен имиџ во секоја, па дури и во историска смисла. Со други зборови, сликата за германскиот војник треба да се подобри. На Германците им е тешко да ја прифатат историската вистина, чија суштина се состои во тоа дека без победата на Советскиот Сојуз над Хитлер немаше да постојат ниту Германија, ниту Европа во нивниот современ облик. Од завршувањето на војната поминаа речиси 70 години и многу Германци, кога веќе не можат да ги заборават постапките на своите татковци и мајки, се обидуваат барем да ги осмислат како

Реакција на руското министерство за надворешни работи Руското министерство за надворешни работи смета дека филмот „Нашите мајки, нашите татковци“ е неприфатлив. Министерството му упатило писмо на амбасадорот на Германија во кое се истакнува дека „апсолутното мнозинство руски гледачи не го прифаќа овој филм“, а, исто така, се укажува и на „неприфатливиот обид на исто ниво да се постават масовните ѕверства на трупите на Хитлер што биле направени на територијата на СССР и определени ексцеси на советските војници, кои военото раководство строго ги казнувало“. Во писмото, исто така, изразено е и очекување дека во идните германски филмови со воена тематика строго ќе се води сметка за реалната историска основа на настаните од Втората светска војна.

нешто што може да се вброи во сопствениот генетски историски код. Поради тоа на Запад се создава нова претстава за војната во која злосторства правеле и Германците и Русите. Притоа, се забораваат целите на страните што учествувале во војната. Се заборава дека Германија сакала да ги уништи „ниските“ нации, а СССР се борел за својот опстанок. Во таа смисла, филмот „Нашите мајки, нашите татковци“ ѝ покажал на германската нација дека сè уште не доживеала покајување.

„Ајде пак, тато!“ По ослободувањето на концентрациониот логор „Јановски“ во 1944 година, во околината на градот Лавов се откриени монструозни злосторства. Сведоците, на пример, потврдиле дека командантот на логорот, оберштурмбанфирер Вилхауз, „се занимавал со спорт“ - од балконот на својата куќа систематски гаѓал од автомат заробеници што работеле во работилниците. Потоа ѝ го давал автоматот на жена си, па таа ги гаѓала. Понекогаш Вилхауз ја забавувал својата деветгодишна ќерка така што ги терал војниците да фрлаат во воздух деца од 2 до 4 години, а тој пукал во нив. Ќерката ракоплескала и викала: „Ајде повторно, тато!“ И тој повторно пукал.


10 |

РУСКА РЕЧ

РУСИЈА И МАКЕДОНИЈА

ИНТЕРВЈУ СО СВЕТА БОГОВА-ЈОВАНОВСКА, ОРГАНИЗАТОРКА НА МОДНИОТ ВИКЕНД ВО СКОПЈЕ

Ани Дими

Русинката што ја диктира

Екипата на Модниот викенд во Скопје во 2013 година  Емил Ниами

Веќе четврта година по ред во Скопје го организирате FWSK. Според Вас, колку Вие и Вашиот тим созреавте за ова време? - Во почетокот немав доволно информации за модниот бизнис во Македонија, немав никакви извори. Беше потребно да го сфатам менталитетот и историјата на модниот пазар. Во таа ситуација ми помагаа самите дизајнери на кои им се обраќав за совет. Средбите и дискусиите со дизајнерите за тоа што недостасува за развој на модната индустрија во Македонија ми помогнаа да ја организирам првата сезона на Модниот викенд во Скопје. Светот не стои - не стоиме и ние! Во вашиот тим работат и Руси. Дали е тоа само случајност? - За таа случајност беа потребни неколку години, со цел да се формира тимот, чиј резултат го гледате во последниве три сезони.

Руски корења во FWSK имаат пи-ар менаџерот Маша Смирнова, менаџерот на проектот Наталија Терзијоска, кастинг-директорот и кореограф Ирина Илиевска. Македонскиот дел од тимот, во состав: арт-менаџерот Горан Сиџимовски, дизајнерот Анита Гај, асистентот на кастинг-директорот Виктор Цветановски, пи-ар асистентот Лира Ѓоковиќ, фотографите Ани и Дими и одговорните за видео - Благоја Ангеловски и Марина Трајановска, веќе почнаа да учат руски. Тешко ли е да се организира моден настан во Македонија? - Тешкотиите се огледаат пред сè во местото на одржување - воопшто нема локации што се нови, модерни, авангардни, просторни, локации со сите неопходни комуникации. Секоја сезона почнува со прашањето: „Каде?“. Но, ние секогаш наоѓаме место, иако тоа го правиме со големи напори. Втората тешкотија е тоа што, од една стра-

на, странските баери и новинари секогаш трагаат по нови дизајнери и ние би сакале на едно место да покажеме дека имаме многу млади, талентирани дечки, а, од друга страна, треба да се донесат тука тие баери, влијателни луѓе од модната индустрија, новинари. За нив македонскиот моден пазар е многу мал. Каков е ставот на македонските медиуми кон модата во споредба со Русија? Вие сте работеле во женско списание во вашата татковина. Колкаво внимание на модата и на модните настани обрнуваат македонските, а колку руските медиуми? - На FWSK му беше потребно време за да им го привлече вниманието на македонските медиуми. Со нивна помош ние веќе четири години раскажуваме за новите и за веќе познатите имиња од македонската мода. Оваа година ставивме акцент на блогерите, како на странските така и на домашните. Интернетот е потребен, зашто низ целиот свет секои


РУСКА РЕЧ

РУСИЈА И МАКЕДОНИЈА

Света Богова-Јовановска е жената што во изминативе четири години го организира најголемиот моден настан во земјава - Модниот викенд во Скопје (FWSK). Таа по доаѓањето во Македонија своето искуство од работата во списание за жени го пренесува на еден ваков важен настан, кој привлекува огромно внимание во нашата земја. По завршувањето на пролетното издание, Богова-Јовановска раскажува за модата во Македонија и во Русија, за почетоците на нејзината кариера во земјава, како и за своите идни планови три дена има по некоја модна недела. Треба да се бориме за внимание. Воопшто не сакам да правам споредба меѓу македонските и руските медиуми, зашто во Македонија не постојат Vogue, Elle, Harper’s bazaar, L'officiel итн., без кои е тешко професионално да се пропагираат модата и стилот. Што мислите за развојот на модната индустрија во Македонија? - Во денешно време еден од актуелните проблеми е тоа што во Македонија културата сè уште се смета за социјална категорија. Во светот, пак, на неа одамна се гледа како на сериозен економски ресурс. Како пример ќе го наведам случајот кога, откако во еден британски весник се појави материјал за тоа колку пари трошат Британците на облека, премиерот почна да ја посетува модната недела. Тој сфатил дека економијата се засновува на купувањето. Како ги оценувате колекциите на македонските дизајнери? - Тие треба да се стремат во колекциите да има доволно национална идентификација, а притоа да биде присутен и елементот на интернационалност. Дизајнерите почнаа да сфа-

Ани Дими

македонската мода

| 11

ќаат дека ако си почнал со работа, тогаш секоја сезона треба да правиш колекција. Верувате ли дека македонската модна недела може да ги рашири своите граници и да исплива на ново, регионално, па дури и на европско ниво? - Да! Потребно е да се добие поддршка од професионалци. Важно е да се сфати дека модната недела не е забава, туку дека е тоа важен дел од индустријата, тоа е мошне добар начин да се развие економијата, живиот организам, тоа е дијалог меѓу креаторите и потрошувачите. Нашата цел во овој момент е да ги презентираме македонските дизајнери на други модни недели. Во списокот земји што се отворени за соработка се наоѓаат Украина, Хрватска и Србија. Можно ли е во иднина да видиме и некој руски моден креатор? - Многу би сакале да организираме „Вечер на руската мода“, да поканиме млади и талентирани дизајнери во Македонија, но за тоа ни е потребна поддршка од амбасадата и од руското МНР. Професионалците сè уште се сеќаваат на посетата на Слава Зајцев, кој направи прекрасно шоу во Скопје пред 25 години! За тоа се зборува! Колку се разликува стилот во Македонија од оној во Русија? - За новото поколение би кажала дека стилот е заменет со стајлинг. Тоа нам ни го велат блогерите. И не е важно од која земја сте. Стајлингот е излезот кога немате доволно пари, а сакате секогаш да бидете модерни. Тогаш правите микс на дизајнерски, брендирани мас-маркет парчиња и добивате прекрасен изглед. За другите поколенија стилот е под влијание на многу фактори, каков што е, на пример, климата. За руските жени бундата не е раскош, туку е нешто што мора да се има! Ние сакаме да бидеме привлечни и на -20 степени. Од историска и од демографска гледна точка, стилот на руската жена е исто така поврзан и со недостигот на машко население, па затоа сите жени од мали нозе се учат дека секогаш треба да бидат во форма и да изгледаат добро. Што не Ви се допаѓа или, можеби, Ви е чудно и необично во македонската секојдневна облека? - Јас би сакала да видам повеќе добро и со вкус облечени деца и тинејџери, зашто на стил може и треба да се научат.


12 |

РУСКА РЕЧ

КУЛТУРА

РИА Новости

Богатствата на Русија

Свечениот фустан за крунисувањето на императорката Елисавета  Семјон Кваша

Русија - наследничката на Руската Империја и на Советскиот Сојуз, во илјадагодишната историја насобра - создаде, купи, освои во војните - неброени богатства, кои се чуваат во грандиозни музеи. Најголемиот од нив е питерскиот Државен Ермитаж, едно од најголемите складишта на светската уметност, споредуван со Лувр. Таму се чуваат бесценети слики на старите холандски мајстори, Италијанци, Шпанци, Французи - целата историја на уметноста во четири зданија, од кои најголемото и најубавото е Зимскиот дворец, изграден во 18 век од архитектот Растрели. Во московскиот Кремљ, древната престолнина на великите кнезови и цареви на средновековна Русија, се чуваат царските симболи. Најважниот од нив е златната шапка на Мономах, древната руска круна.

Огромен дијамант, златна шапка, 15.000 фустани и килибарна соба се само мал дел од богатствата насобрани од Руската Империја и изложени во музеите во Москва и во Петербург

СВЕЧЕНИОТ ФУСТАН ЗА КРУНИСУВАЊЕТО НА ИМПЕРАТОРКАТА ЕЛИСАВЕТА И ДРУГИТЕ НЕЈЗИНИ 14.999 ПАРЧИЊА ОБЛЕКА

Шапката на Мономах

ИТАР-ТАСС

ШАПКАТА НА МОНОМАХ Тоа е тркалезна конусна златна шапка, украсена со скапоцени камења и обрабена со крзно. Крзното, се разбира, редовно се менува, тоа не трае долго, но шапката, сепак, останува истата. Руската круна е создадена, пред сѐ, во средна Азија, тоа е источна капа. Најсолидната теорија за нејзиното потекло е златната тјубетејка (тркалезно извезено капче), која татарскиот кан Узбек му ја подарил на московскиот кнез Иван Први Калита во 14 век. Московскиот кнез им бил верен вазал и сојузник на татаро-монголите, кои веќе сто години биле владетели на стара Русија. Околу еден век подоцна, неговиот пото-

мок Иван Трети ги победил татарите и станал независен владетел. По падот на Византија, Московското царство останало последната независна православна држава. Токму тогаш била измислена легендата дека регалијата за крунисување на московските цареви е многу постара - наводно византискиот император Константин Мономах му ја испратил уште во 12 век на својот зет Владимир Мономах, киевскиот кнез, предокот на московските кнезови. Со таа легенда шапката замина во историјата. Со неа биле крунисувани московските цареви од старата династија Рјурик, за неа се бореле за време на Бунтовите на почетокот на 17 век, потоа со неа биле крунисувани царевите од новата династија Романови, од кои првиот бил избран на сенароден собор во 1613 година. Последниот што бил крунисан со неа бил царот Иван Петти, постариот брат на големиот реформатор, првиот император, Петар Први. Иван и Петар ги крунисале заедно и за помладиот цар направиле копија на шапката. Потоа престолнината била преселена во новоизградениот главен град Петербург, царевите станале императори и повеќе не се служеле со старата круна дури до 2002 година. Тогаш, за педесеттиот роденден на Владимир Владимирович Путин, како подарок му била направена уште една копија од Шапката на Мономах.

Гореспоменатиот прв руски император Петар Први починал во 1725 година и не оставил машко потомство. Од Петар останале две незаконски ќерки - Елисавета и Ана. По смртта на императорот прво владеела неговата вдовица, потоа внукот, па потоа внуката. И во 1741 година Елисавета го зазела престолот како резултат на преврат на дворот еден од многуте во 18 век. Превратот поминал речиси без крв: според преданието, молејќи се пред ризичниот потфат, Елисавета дала збор дека никого нема да погуби. Потоа царицата била крунисана, за што бил сошиен специјален свечен фустан од мазна сребрена срма со златен вез, кој сега се чува во Палатата на оружјето на московскиот Кремљ. Фустанот бил сошиен во Русија - нејзе ѝ било важно да покаже дека не ги сака многу странците како нејзините претходници. Фустанот бил, според модата во тоа време, огромен - со ширина колку еден човек. Елисавета ја сметале за една од најубавите жени на своето време и таа многу ги сакала фустаните. Кога починала, дваесет години по круни-


РУСКА РЕЧ

| 13

ИТАР-ТАСС

КУЛТУРА

Килибарната соба привлекува посетители од целиот свет

собата ја реставрираа и ја отворија за јавноста во 2003 година во истиот Екатерински дворец, за тристагодишнината на Петербург.

сувањето, таа оставила зад себе 15.000 фустани, еден сандак хулахопки, празна државна каса, недограден Зимски дворец - идниот Државен Ермитаж и огромни долгови. Последните години од нејзиниот живот кројачите одбивале да шијат на кредит за дворецот.

БРИЛИЈАНТОТ „ОРЛОВ“

Килибарната соба ја направиле во Прусија (денес обединета Германија), кралот Фридрих Први му ја подарил на рускиот император Петар Први, а потоа по наредба на императорката Елисавета собата малку ја преправил архитектот Растрели. Тоа е цела работна соба, украсена со изрезбана ламперија од килибар и позлатено дрво. Бил чуван во Екатеринскиот дворец во Царско село, предградие на Петербург, до Втората светска војна. За време на војната Ленинград (тогаш така се викал Петербург) бил опколен, сите предградија биле ограбени и опустошени. Килибарната соба била однесена и цела војна била изложена за јавноста во замокот Кенигсберг, денешен руски Калининград. А, во текот на советскиот напад на Кенигсберг, собата исчезнала. Дали изгорела за време на бомбардирањето, дали ја скриле во визбите на Кралскиот замок, сега таа е закопана засекогаш. Или успеале да ја однесат од Кенигсберг и сега е скриена некаде во Германија, Чешка или Австрија. Никој точно не знае. Потрагата траеше целата втора половина од дваесеттиот век, но најпосле беше донесена одлука да се направи нова Килибарна соба. Реконструкцијата траеше од 1981 до 1997 година, но во целост

Брилијантот „Орлов“

PressPhoto

КИЛИБАРНАТА СОБА ОСМОТО СВЕТСКО ЧУДО

Во Палатата на оружјето на московскиот Кремљ се чува императорскиот жезол на Екатерина Втора, руска царица, со вграден огромен зеленкав дијамант во него со 180 фасети и тежина од 189,6 карати. Овој исторски брилијант бил најден во Индија на крајот на 17 век. Дијамантот од кој е направен отпрвин тежел околу четиристотини карати, но многу загубил при брусењето. На крајот на 18 век каменот за 400.000 златни флорини го купил ерменскиот златар и банкар Иван Лазарев, кој бил во руска служба. А, од Лазарев, потоа, го купил грофот Орлов. Алексеј Орлов бил миленик на Екатерина, покровител на науките, водел преписка со Жан-Жак Русо, одгледал раса коњи „Орловски касан“, му било доверено да управува со државата. Тој ѝ го подарил дијамантот на императорката, а таа заповедала да се вметне во нејзиниот жезол за крунисување и да се нарече во чест на грофот. Според друга верзија, дијамантот ѝ се допаднал на императорката и Орлов во таа ситуација бил само посредник, повикан да ги оттргне од царицата обвинувањата за претерано расипништво. Во секој случај, европските монарси многу ѝ завидувале на Екатерина - никој немал таков дијамант во тој момент. Се разбира, парчињата од гигантскиот дијамант „Кулинан“, кои ѝ припаѓаат на британската круна, се многу поголеми, но тој камен бил пронајден дури во почетокот на 20 век.


14 |

РУСКА РЕЧ

ПАТУВАЊА

Татјана Плотникова

Боговите на Волга

Молење на народот Мари во свештената шумичка  Наталија Курчатова, „Руски репортер“

Во филмот „Полски врабец“(рус. „Овсјанки“, познат и како „Silent Souls“ - „Тивки души“), снимен според сценарио и според истоимената книга на Денис Осокин, двајца мажи носат мртва жена на брегот на реката за да го запалат нејзиното тело според паганскиот обичај на народот Мерија. На филмскиот фестивал во Венеција во 2010 година, каде што филмот доби неколку награди, гледачите поверуваа во овој обред. А, во Русија се посомневаа: „Каков е сега тој народ Мерија, кој живее на територијата на Нижегородската и на соседните области, на таа исконска руска земја, па згора на тоа и ги палат своите мртви покрај вода, а на умрените сопруги им вплетуваат ленти во влакната на Венериниот брег? Такво нешто не постои“. И постои, и не постои. Осокин навистина го измислил обредот исполнет со еротика и со лиризам, а народот Мерија постоел, и дури во 15 век се припоил со великоруската нација, која се формирала во тоа време. Но, тоа не значи дека тие исчезнале без трага: останале како дел од руската земја, во фолклорните мотиви, во гените. Осокин како писател ги измислил Маријците, но како етнолог и како автор на докторска дисертација за угро-финскиот фолклор, редовно ги посетува последните европски пагани, жителите на Република Мариј Ел и нивните шумски олтари и свештеници. Во Моркинскиот округ на оваа мала република се наоѓа селото Шоруњжа. Округот одам-

Јошкар Ола престолнина на паганската република Република Мариј Ел има 692.000 жители и се наоѓа на источниот крај од европска Русија. Главниот град, Јошкар Ола, е основан во 1584 година и е еден од индустриските и научни центри на Поволжјето, а воедно е и културен центар на угро-финските народи на Русија. Во економијата доминира развиената машинска индустрија: во овој град се произведува ракетниот противавионски систем „Антеј-2500“. Мариј Ел има два државни универзитети и повеќе од 200 културно-историски споменици од локално и општоруско значење.

на е познат по своевидниот пагански отпор. Токму тука, во близина на селцето Варангуши, во 1827 година е извршено првото забележано Семериско паганско молење. На овој чин дошле и претставници на царската власт, а началникот на окружната полиција, Микулин, во својот извештај напишал: „Во шумичката најдов околу четири илјади луѓе, кои извршуваа богохулно жртво-

принесување. [...] Освен тоа, таму видов и околу четириесет грла стока, која беше донесена за да се принесе жртва, многу качиња и буриња со пиво и со мед“. Учесниците на жртвопринесување ги истерале началникот и неговите луѓе, а тоа подоцна ги чинело скапо: многумина од нив биле уапсени, камшикувани и протерани на Сибир. И покрај обидите на советските власти да ги натераат Маријците да се откажат од старата религија, паганските обичаи биле продолжени во рамките на земјоделските задруги. Капитон Александрович Казанцев, постар карт (пагански свештеник на народот Мари), се сеќава на еден настан што се случил во седумдесеттите години од минатиот век. За време на молењето во свештената шумичка дошле партиски активисти, ги скршиле олтарите и ги истуриле во оган котлите со жртвената храна. „Кога си заминаа ни остана патка и векна леб. Нашиот карт Порис Петер Кугиза, кој тогаш имаше 90 години, ги зеде патката, векната леб и свеќите, ги стави во вреќа и ги фрли во оган. А, на народот му кажа: ‘Никој нека не гледа, сите замижете!’Ја запали патката. По една недела селскиот учител, оној што ни го искрши котелот, дотрча крај реката директно од училиштето, кое е оддалечено некои три километри, се фрли во реката и умре. Ете што прави една патка!“ Се смета дека ливадските и источните Маријци (третата група ја сочинуваат планинските Маријци, но тие во голема мера се русифицирани) се последните пагани во Европа. Семаријските молења денес се вршат секоја година во доцна есен, кога зимата е на прагот. И


РУСКА РЕЧ

ПАТУВАЊА

| 15

во секое селце каде што останале Чи-Мари („чисти Маријци“, односно Маријци-пагани) се вршат пролетни и есенски обреди на локално ниво во селските свештени шумички. Во една од овие шумички, која мештаните ја нарекуваат Мер Ото („светска свештена шумичка“), лее дожд. Дрвениот олтар е едноставен, а над огромните огнови висат куки за закачување котли. Петте свештени стебла се „нозете на боговите“ на земјата. Едната „нога“ му припаѓа на Ош Кугу Јумо, великиот бел бог, кој понекаде под руско влијание се нарекува и Петро Кугу Јумо, зашто неговиот празник се совпаѓа со православниот Петровден. Дрвото на Ош Кугу Јумо е висока бреза. Десет метри во висина е целата покриена со пешкири, кои паганите ги носат како прилог. Брезата е главно дрво на Маријците, исто како и кај Русите. На друг бог, кој се вика Микола Јумо, му се молат на денот на „летниот“ Свети Никола (кога се празнува пренесувањето на неговите мошти). За Маријците овој празник го означува почетокот на годишниот животен циклус. Ага-пајрем е пролетен обред што во Шоруњжа се прави кон крајот на април и во почетокот на мај, кога земјата станува сува и може да почне сеидбата. Покрај осамената бреза во полето шоружиските картови палат оган, се редат околу него во полукруг и читаат молитви: за плодна година, за здравје и за плодност на тамошните луѓе. Овој празник на прв поглед е од локален карактер, но во суштина има космички размери! По молитвата картовите преку брезата фрлаат јајца и ги закопуваат во земја и се смеат додека го прават тоа: ваквото однесување е дел од култот на плодноста. Дури по Ага-пајрем претседателот на совхозот издава наредба и земјоделската механизација излегува во полињата од хангарите во кои стоела цела зима. Во разговор е тешко да се одвои словен-

Татјана Плотникова

Духот на паганска Русија од филмот „Полски врабец“ на Денис Осокин, или балетот „Посветување на пролетта“ од Игор Стравински и понатаму живее на брегот на Волга, во Република Мариј Ел

На средниот тек на Волга се испреплетуваат корените на мултинационална Русија: словенски, татаромонголски и угрофински, православни, муслимански, пагански, живи и мртви

скиот од угро-финскиот свет, исто како жолчката од белката. Анатолиј Јаковлев, поранешен директор на клуб во Шоруњжа, сега „учо“ (помошник на карт) вели: „Бог е еден, тој е во човековата глава, а дали ќе го викаш Јумо, Христос или Алах, нема голема разлика“. Сепак, и ваквата разумна и толерантна вера бара жртви. Старите православни мисионери се ужасиле кога во околината на маријските села, богати и убави како на пасторални слики, нашле паганско молење. Еден од нив вака ја опишал сликата што ја видел: „Таму жреците се во бело, убиваат живина и стока, пердуви летаат на сите страни, насекаде има крв!“ Денес сето тоа се прави на речиси истиот начин. Единствената разлика е во тоа што сега жртвените животни се купуваат од заедничките прилози или ги подаруваат самите домаќини. Во советско време обично колхозот жртвувал јагне или теле. Се верувало дека без таа жртва ќе ги најде некое зло: непрестајни дождови, суша или неродна година. „Недоволно свесни“ претседатели на колхози, кои не принесувале жртва, имало малку. Сето ова предизвикало големо чудење во СССР: „Гагарин лета во космос, а колхозот на Маријската АССР жртвува теле на Микола-Јумо!“, велеле некои. На средниот тек на Волга нема строги граници меѓу живото и мртвото. Во овој магичен

крај максимално се соголени и испреплетени корените на мултинационална Русија: словенски, татаро-монголски и угро-фински, православни, муслимански, пагански, живи и мртви. Според зборовите на Осокин „домородците едноставно ги додале христијанските ликови во својот пантеон. На пример, во мордовската песна ‘Јаболкница’ се пее за тоа како на широкото, преширокото поле стои висока јаболкница и дува ветар и како на нејзините гранки се распоредиле врховниот мордовски бог на кошниците Нишке-паз, богот на сонцето Чи-пас и свети Никола. Тие заедно ја делат среќата на сите луѓе што живеат околу јаболкницата. Зошто да не? Јаболкницата е голема, има место за сите“. Припаднички на народот Мари покрај дрвја што ги нарекуваат „нозе на боговите“

Кога почнува годишниот циклус, картовите со чад со жртвеник будат три дрвја-олтари: липата Миколо-Јумо (Никола - бог на кој му се припишани особините на свети Никола), липата, мајка на раѓањето Шочен-аве (која тука ја нарекуваат и Мајка Божја) и липата бог-чувар на Вселената, Тјуњамбал-Серлагиш. Картовите и нивните помошници палат огнови, ставаат на нив жртвени животни и подготвуваат ритуална храна. Потоа полека се собира народот - жителите на Шоруњжа и на околните села, сите во свечена облека, со лични приноси, многумина со деца - и почнува заедничката молитва. За време на молитвата на боговите им се дава понада низ дрвјата и низ огнот: луѓето заедно со картовите ги посетуваат сите три дрвја, а потоа се упатува лична молитва до боговите. Следува заедничка трпеза, по која сите коски се фрлаат во оган.

Татјана Плотникова

Пролетен обред во свештената шумичка


ИМПРЕСУМ

16 |

КАЛЕИДОСКОП

РУСКА РЕЧ

По завршувањето на зимскиот период во Русија почнува масовното чистење. Се чистат спомениците, фасадите, оградите. Меѓу другото се мијат и старите споменици. На фотографијата работници го мијат споменикот на основачот на советската држава Владимир Илич Ленин во Краснојарск.

Писмата на читателите, колумните и илустрациите означени како „мислење“, како и текстовите од рубриката „погледи“ во овој додаток се избрани за да претстават различни гледишта и не го изразуваат нужно гледиштето на уредникот на проектот „Russia Beyond the Headlines“ или на весникот „Росијскаја газета“. Ве молиме вашите писма и коментари да му ги испраќате на уредникот на urednik@ruskarec.mk

Додатокот „Руска реч“ го финансира, уредува и го издава „Росијскаја газета“ (Москва, Русија). Илја Најмушин, Ројтерс

 Интернет-страница: ruskarec.mk  Еmail: urednik@ruskarec.mk  Телефон: +7 (495) 775 3114  Факс: +7 (495) 988 9213  Адреса: ул. Правды 24, д. 2, Москва 125993, Россия. ЕВГЕНИЈ АБОВ издавач и директор на RBTH ПАВЕЛ ГОЛУБ главен уредник на додатоците на RBTH  ВЈАЧЕСЛАВ ЧАРСКИ извршен уредник за Јужна и за Средна Европа  ЕМИЛ НИАМИ превод, лектура, веб, гостин-уредник на додатокот „Руска реч на македонски“ ЈАНЕ ЈОВАНОВ, ТРАЈЧЕ СТОЈАНОВ превод, лектура, веб ЕКАТЕРИНА ТУРИШЕВА, ИВАН НИКОЛАЕВ асистенција, веб  НИКОЛА ЛЕЧИЌ, ИРИНА РЕШЕТОВА ко-уредници  АНДРЕЈ ЗАЈЦЕВ, НИКОЛАЈ КОРОЉОВ илустрации  За огласување во овој додаток, ве молиме да се обратите на ЈУЛИЈА ГОЛИКОВА, директор на одделот за односи со јавност: julia.golikova@rbth.ru.

© 2013 сите права се задржани од ФГБУ „Росијскаја газета“: АЛЕКСАНДAР ГОРБЕНКО претседател на редакцискиот совет, ПАВЕЛ НЕГОИЦА генерален директор, ВЛАДИСЛАВ ФРОНИН главен уредник. Забрането е копирање, дистрибуција или преземање на содржините од овој додаток, освен за лична употреба, без писмена согласност на „Росијскаја газета“. Ве молиме за дозвола да се обратите на телефон +7 (495) 775 3114 или на и-мејлот urednik@ruskarec.mk. „Russia Beyond the Headlines“ не сноси одговорност за ненарачаните текстови и фотографии.

Иван Секретарев, АП

 ИГОР ДАНИЛОВИЌ координатор на „Руска реч“ во „Нова Македонија“  МАРЈАН ДЕЛЕВСКИ дизајн  САША БЕЛЕВСКА технички уредник

Руски војници маршираат на Црвениот плоштад за време на парадата на Денот на Победата на 9 мај во Москва. Претседателот Владимир Путин одржа краток говор по повод одбележувањето на 68 години од поразот на нацистичка Германија во Втората светска војна.

Електронска пошта на редакцијата „Руска реч“: urednik@ruskarec.mk. Повеќе информации на http://ruskarec.mk

„Коммерсант“

Специјалните додатоци за Русија во светските дневни весници ги уредува и ги издава „Russia Beyond the Headlines“, во организација на „Росијскаја газета“ од Москва. Во моментов додатоци се објавуваат во следниве весници: Le Figaro, Франција • The Daily Telegraph, Велика Британија • Süddeutsche Zeitung, Германија • Еl País, Шпанија • La Repubblica, Италија • Le Soir и European Voice, Белгија • Дума, Бугарија • Политика и Геополитика, Србија • Eleutheros typhos, Грција • The Washington Post, The New York Times и The Wall Street Journal, САД • Navbharat Times и The Economic Times, Индија • Mainichi Shimbun, Јапонија • China Business News, Кина • South China Morning Post, Кина (Хонгконг) • La Nacion, Аргентина • Folha De S. Paulo, Бразил • El Observador, Уругвај • Today, Сингапур • Joongang Ilbo, Јужна Кореја • Sydney Morning Herald и The Age, Австралија • Gulf News, Обединети Арапски Емирати

Уметничкиот директор на Мариинскиот театар, Валериј Гергиев (десно), на својот шеесетти роденден зад диригентскиот пулт на гала-концертот по повод отворањето на втората сцена на Мариинскиот театар на 2 мај во Санкт Петербург.

Руска реч Македонија #5  

Russia Beyond the Headlines, Macedonian Edition, distributed with Nova Makedonija

Read more
Read more
Similar to
Popular now
Just for you